Светско богатство на Унеско - Балкан 1 дел
БАЛКАНСКИ БИСЕРИ НА ДОФАТ НА РАКА ЧЕСТОПАТИ МИСЛИМЕ ДЕКА ЗА НЕЗАБОРАВЕН ОДМОР НИ Е ПОТРЕБНА НЕКОЈА ДАЛЕЧНА И НЕПОЗНАТА ДЕСТИНАЦИЈА, НО ВЕРОЈАТНО ГРЕШИМЕ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ ОСВРНУВАМЕ НА ТОА ШТО НИ Е НА ДОФАТ. ОВОЈ ПАТ БАЛКАНОТ, СО СИТЕ СВОИ НЕОТКРИЕНИ ПРИВЛЕЧНОСТИ И ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЧИЈА УБАВИНА И ВРЕДНОСТ ОЧИГЛЕДНО НАБРЗО ЌЕ СТАНЕМЕ СВЕСНИ, СЕ ПОГРИЖИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊАТА.
МАКЕДОНИЈА
Република Македонија го зазема централниот дел на Балканскиот Полуостров и сосема е природно ова патување да го започнеме со нашата прекрасна земја. Патувајќи низ Македонија ги откриваме убавините на величествениот кањон Матка, паркот Маврово, легендарните Стоби, Битола и Скопје, преубавите езерски убавици, прекрасната Шара... со единствена можност да се ужива во македонската национална храна и да се дегустира добро вино. Охрид и Охридско Езеро Овој наш преубав град, познат и како Вечен град, лежи на бреговите на Охридското Езеро. Тој претставува историја на македонската култура, некогашен најважен образовен центар и лулка на писменоста на словенските народи, каде што се наоѓал и најстариот универзитет во Европа (IX век), благодарејќи на работата на св. Климент и св. Наум. Првпат градот Охрид се споменува во 3 век пр.н.е., а првиот голем опис датира од V век, кога се бранел од племенските напади за време на Големата миграција. Поради големиот број цркви и манастири, градот е познат и како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име Лихнид. Според една легенда, која ја запишале браќата Миладиновци, кога се градела охридската тврдина, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежел градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. колку убав рид и оттогаш гра36 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk
дот се нарекува Охрид. Духот на антиката се чувствува и во амфитеатарот во стариот дел на Охрид. Се верува дека е изграден во III век пр.н.е. Зачувани се многу предмети од тој период, како и од средниот век. Денес во овој амфитеатар се одржуваат многу настани, вклучително и Охридско лето. Ако го посетите Охрид во текот на летните месеци и не гледате претстава токму на ова место, ја пропуштате единствената можност да споделите чувство какво што имале гледачите што седеле тука илјадници години пред вас. Еден од најубавите подароци на природата во Европа се Охридското Езеро и неговата околина. Доволно е само од далечина да го видите како мирува, да ги слушнете брановите и да се загледате во бескрајното синило за да се вљубите во него. Познатиот писател Иво Андриќ во својот патопис „Крај светлото Охридското Езеро“ запишал: „Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се приближете до едно од поголемите меурчиња и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, во него, како во криво огледало, можете да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати...“ Езерото е старо меѓу 4 и 10 милиони го-
дини, а со тоа е најстаро на нашиот континент. Зафаќа површина од 358,2 km2 и може да збуни со својата големина. Човек би помислил дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу високите планини што го опкружуваат од сите страни. Охридското Езеро оправдано го нарекуваат македонско слатководно море а од биолошки аспект претставува најзначаен воден екосистем во Европа. Благодарејќи на овие карактеристики, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото е потврдена во 2010 година кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решиле едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името Охридско Езеро Незаборавно искуство е нуркањето во единствената подводна археолошка локација на Балканот, каде што може да се видат голем број атрактивни ендемични форми на живот, како што е кружниот охридски сунѓер. Езерото изобилува со подводни извори по источниот и по јужниот брег и тоа ги прави неговите води неверојатно бистри. На некои места проѕирноста достигнува до 22 метра длабочина. Повеќето површински извори се наоѓаат во близина на манастирот „Св. Наум “, а во близина на градот се најпознатите извори Студеништа, познати како Билјанини извори.
ЦРНА ГОРА
Тоа е дестинација што никого не го остава рамнодушен бидејќи нуди сѐ: море и плажи, знаменитости во старите градови Котор, Пераст и Будва, луксузниот остров Свети Стефан, природните ресурси на