8 minute read

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ И ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Безбедност во сообраќајот ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ И ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ

ЛЕТНИТЕ ПАТУВАЧКИ ШЕМИ БАРААТ ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГОРЕШТИНИТЕ. ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ НА +40 СТЕПЕНИ НЕ Е МНОГУ ПРИЈАТНО, НО ЗАТОА МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ЗАБАВНО.

Advertisement

Годинашново лето 2020 ќе биде запомнето по тоа што патувањата нема да бидат како во минатото, се мисли на масовноста и на метежот на автопатите, на аеродромите, железничките и на автобуските станици. И покрај сè, сепак, ќе се патува, а како превозно средство најчесто ќе се избира автомобилот поради индивидуалноста.

Другиот сообраќај ќе биде десеткуван како последица на добро познатите причини што нема да ги споменеме затоа што милион пати е зборувано за нив во другите медиуми.

Ние строго ќе се задржиме на патувањата среде летниот период кога температурите во сенка понекогаш достигнуваат и над 40 степени Целзиусови. Горештините умеат да го направат патувањето нервозно и непријатно. Колку и да е ситуацијата напната, мора да бидете подготвени затоа што знаете дека нервозата не

води никаде. Временските услови во лето се такви и тука нема повеќе дискусија. Кој не може и не сака да „се вари“ во автомобил среде лето, нека не тргнува на пат, а за останатите што веќе прават планови имаме неколку совети што ќе им бидат од голема корист. • Избегнувањето на жештината е клучно за попријатно патување. Пред да тргнете автомобилот мора да биде под сенка најмалку два часа и задолжително треба да земете поголеми количества вода за пиење и за миење. Избегнувајте други видови течности, особено сокови затоа што во нив доминира шеќерот и нема да ја изгасне жедта. Покрај неизбежната вода, земете нешто за јадење, омилените јадења го дополнуваат доброто расположение, но земете храна што не се расипува. На топло некои прехранбени производи се подложни на расипување. Некои возачи патувањето го почнуваат во раните утрински часови за да ги избегнат дневните горештини. Сепак, кога патувате треба да бидете добро наспани и одморени, во спротивно можно е да задремете на воланот. Затоа тргнувањето по полноќ е ризично. Во првите часови од возењето сè е в ред, но кризниот момент, дремката, се јавува со појавата на првите сончеви зраци. Најдобро е да сте добро наспани, а потоа возете и уживајте во патувањето. Седењето во автомобилот ќе ви биде поудобно ако на седиштето ставите памучна ткаенина, најчесто тоа се крпите за плажа, фротирките. Со нив нема толку многу да ја чувствувате топлината. Ако патувањето е долготрајно и имате потреба од застанување, тогаш барајте сенка за возилото и откако ќе излезете никако не оставајте ги децата или домашните миленици во автомбилот. Се случува

да нема сенка таму каде што сте наумиле да одморите, па затоа парче ткаенина со светла боја во должина колку автомобилот, ќе ви биде од голема корист. Сончевите зраци нема директно да паѓаат на автомобилот, а тоа значи пониска температура во делот за патници. И оставете ги сите прозорци отворени најмалку по еден сантиметар за да има проветрување. За време на возењето почесто отворајте ги прозорците за да се смени воздухот внатре и вентилацијата задолжително да биде пуштена, отворена. • Клима-уредот задолжително да биде детално проверен пред да патувате и внимавајте со неговата употреба. Ако надвор температурата е +40 степени, во автомобилот сигурно е над +50. Ако на овие температури ја нагодите климата да работи на +20, тогаш не му правите добро на вашиот организам. Големите температурни разлики можат да предизвикаат главоболка, папсаност, а не е исклучена можноста од добивање настинка и активирање на синусите. Затоа внимавајте како ракувате со климата. Колку што е добра, толку е лоша. • Сега ќе се префрлиме на радијаторот од возилото. Има улога да ја намалува температурата на моторот и затоа неговата површина мора да биде чиста, односно неговото „саќе“ да не биде прекриено со мушички и прав. Чистите површини на радијаторот условуваат подобро разладување на моторот и на делот за патници. • Прекривките за предната и за задната шофершајбна ќе ви завршат голема работа ако ги имате. Каде и да застанете, ставете ги каде што им е место, а потоа светлото платно што го споменавме префрлете го на автомобилот и сега имате своја сенка, ситуација многу подобра отколку автомобилот да биде изложен директно на сонце. • Пред да тргнете на патување, како што е ред, на автомобилот мора да му се направи детална проверка. Тоа ќе го направите во некој од сервисите, а во АМСМ имате можност за превентивен технички преглед. При годишното регистрирање на вашето моторно возило АМСМ ви нуди неколку пакети со разни погодности што важат и во странство. • При крај сме со советите и тука некаде ќе ве потсетиме на пневматиците. Тие мора да бидат напумпани како што наложува производителот. Правилно напумпани пневматици даваат помалку отпор, а со тоа помалку се оптоварува моторот. Кога моторот помалку е оптоварен, нема прекумерно да загрева.

Во подготовките за патување спаѓа и деталното миење и чистење на автомобилот. Чистотата на стаклата е од суштинско значење за безбедноста, па откако автомобилот ќе биде измиен, пребришете ги стаклата со алкохол затоа што само така ќе ги отстраните мрсните дамки. Ако стаклата се нечисти, се јавува дисперзирање на светлината што придонесува за намалена, заматена видливост, особено во часовите кога сонцето изгрева или заоѓа, кога зраците паѓаат под остар агол. Пред да ви кажеме дека тоа е сè да ве потсетиме да користите и очила за сонце. •Жарко Атанасоски

Очила за сонце

ОПТОМЕТРИСКИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СИНАТА БОЈА РЕЛАКСИРА, ЦРВЕНАТА ГО ЗАБРЗУВА ПУЛСОТ И ГО ЗГОЛЕМУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК, ДОДЕКА НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА Е ЖОЛТАТА „ЛИМОН“ БОЈА. БЕЛАТА БОЈА Е НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА НОЌЕ, А ЖОЛТАТА ПРИ ОБЛАЧНО ВРЕМЕ И ВО СНЕЖЕН ПРЕДЕЛ. ЦРВЕНАТА БОЈА НОЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА КАКО ЦРНА.

Очилата кои отстрануваат дел од сината светлина, која особено им пречи на возачите, штитат од ултравиолетово зрачење. Денес, по правило, очилата од познатите производители се произведуваат со сите параметри за заштита, но факт е дека е подобро да се носат и несоодветни очила за сонце отколку никакви. За да бидат пријатни за носење, очилата за сонце мора да бидат доволно темни, затоа што тие ја ублажуваат големата светлина, особено ако сме на планина на која има снег, каде што штетното зрачење е значително поголемо. Се препорачуваат зелена, сива, кафена боја за заштита, додека другите бои ги менуваат природните бои на средината и всушност се само моден детаљ. Затемнетите стакла се пријатни за носење кога има силен извор на светлина, но пречат во случај на нагли промени на количеството светлина или во затворени простории, бидејќи на окото му е потребно одредено време за да се прилагоди на светлосните промени. Истражувањата покажуваат дека долготрајното изложу

вање на ултравиолетови и на инфрацрвени зраци им штети на очите. Чувствителноста на овие зраци не е подеднаква кај сите, односно почувствителни се оние кои имаат посветол тен. Добро избраните очила за сонце можат значително да го намалат сјаењето, да ја подобрат изразеноста на предметите и да придонесат за чувство на пријатност во услови на сончевост. Фоточувствителните контактни леќи се користат речиси четириесет години. Тоа се леќи кои го менуваат затемнувањето во зависност од јачината на изворот на штетните ултравиолетови зраци од сонцето. Во темнина тие се обоени 15 отсто, додека надвор потемнуваат дури за 75 отсто. Кај првата генерација на чувствителни леќи затемнувањето одело многу бавно, а било потребно и многу време за да осветлат, дури 12- 15 минути. На денешните брзи фоточувствителни леќи им се потребни само 30 секунди за да постигнат затемнување од 85 отсто и многу брзо се враќаат на целосна проѕирност. Тоа е особено важно за возачите кога влегуваат во недоволно осветлен тунел. Фоточувствителните леќи ги впиваат ултравиолетовите зраци, а освен зрачењето, на потемнетите леќи влијае и топлината на воздухот. Денес, главно, се користат пластични фоточувствителни леќи. Во САД и во многу европски држави постојат закони со кои се штитат корисниците на очила во случај на сообраќајни незгоди, затоа што стаклото може да се распрсне и сериозно да го повреди окото. Поради тоа, пластичните леќи се посигурни и подобри, а особено се соодветни за очила со диоптрија поради еднаквото затемнување на сите делови. Кај минералните (стаклените) контактни леќи, подебелите делови посилно се затемнуваат. Леќите можат да бидат облагородени со разни слоеви кои ќе ја спречат играта на светлината, одблесокот од површината на водата, од снегот, од песокот, што особено пречи во текот на летото и на поголеми височини. Поради тоа потребни се соодветни очила против сонце, со поларизирани леќи и со антирефлексен слој на внатрешната страна, затоа што така значително се подобрува природната боја.

НАЈБРЗО СЕ ГЛЕДА ЖОЛТАТА БОЈА Се проценува дека повеќе од 90 отсто од информациите за сообраќајот возачот ги прима преку сетилото за вид, што значи дека визуелното предупредување е клучно за неговото однесување и за постапките. Во Европа - 26,8 отсто, а во Северна Америка - 31,2 отсто од незгодите се случуваат во квечерина или ноќе. Забележувањето на возилата зависи од периодот на денот, од метеоролошките услови, од бојата на патот и на околината. Влијанието на бојата на возилото врз безбедноста на сообраќајот е комплексно, затоа што различни студии докажуваат дека бојата влијае на сообраќајните незгоди, на ориентацијата и на безбедноста, може да придонесе за зголемување на напорите, за замор, за намалување на визуелната перцепција и слично. Истражувањата покажуваат дека сината боја релаксира, црвената го забрзува пулсот и го зголемува крвниот притисок, додека најзабележителна е жолтата „лимон“ боја. Белата боја е најзабележителна ноќе, а жолтата при облачно време и во снежен предел. Црвената боја ноќе се забележува како црна. Надворешната светлина и светлосната сигнализација на возилото овозможуваат осветлување на патот, со кое се обележува положбата на возилото и укажува на активностите кои возачот има намера да ги направи на автопатот. Во текот на вршењето услуги, како помош на пат, интервенција на полицијата, на службите од патот, итната медицинска помош и пожарникарите, битно е да се обележи положбата на интервентното возило на патот. За тоа се користат ротациони „трепкачи“ или силни светла на жолта, сина, црвена боја или на комбинации од бои. При тоа, сепак не треба да се запостават придружните несакани ефекти на заслепување на возачите и одвлекување на вниманието од управувањето со возилото.

•Жарко Атанасовски

This article is from: