МОНОГРАФИЈА - 80 ГОДИНИ АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Page 1


1.

2.

СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР

1 ВОВЕД

амислете ја Македонија на среди-

ната на четириесеттите години од

минатиот век. Земјата има само пет

километри модерни патишта, а по нив се

движат само 206 патнички автомобили –претежно од марката „форд“, но и неколку од „шевролет“, „есекс“, „понтијак“ и „бјуик“, кои достигнуваат брзина од едвај 20 км/ч.

Во тие услови, создавањето на првите осум авто-мото друштва во 1945 година и иницијативата за формирање на

инволвираност на АМСМ во авто-мото спортот.

ширува

услуги. Почнуваат да функционираат центарот за информации за состојба на патиштата, хелио-службата за медицинска

Македонија, што кулминира со Рели на

олдтајмери одржано во Скопје во 1995

година.

Во деведесеттите години, независноста на Македонија и раздвојувањето од

Авто-мото сојузот на Југославија, донесе нови предизвици и можности. АМСМ ја

почна трката за влез во сите престижни меѓународни асоцијации за автомобилизам, мотоциклизам и туризам. До денешен

ден, АМСМ е единствена мобилити членка

(1994)

ARC Europe (1997), EuroRAP

стил.

По својата естетика

и форма, таа се

вклопува во архитектонските

концепти на

Јапонецот

Кензо Танге (Kenzo Tange)

се

нови услуги за велосипедистите, а нивната безбедност е во фокусот на корпоративната општествена одговорност на

повеќе од 17.000 лојални членови, 18

друштва и богат спектар на услуги, АМСМ и денес е синоним за

Историјата на автомобилизмот во

Македонија почнува во 1905 година, кога во Битола пристигнал првиот автомобил, „форд-К“, купен за 850 американски долари. Овој автомобил, произведен во САД од компаниите „Форд“ и „Џенерал моторс“, се појавил во градот на конзулите, набрзо, само една година по неговото производство.

Во 1911 година, во Скопје пристигнува

за раниот развој на автомобилизмот во Македонија.

Битола, до 1925 година, станува еден од најразвиените градови за автомобилизам, со автомобили како „фордови“, „есекси“, „хадсони“ и „мерцедеси“. Во Скопје, дополнително се возеле „опели“ и „кајзери“, а во Прилеп првиот автомобил му припаѓал на печалбарот Цуцуловски. Работејќи

50 динари, а за паркирање на јавно место

20 динари.

Во 1922 година и Крушево го добива

првиот автомобил, кој бил, исто така, од

марката „форд“, а бил во сопственост на

Васил Николовски. Истата година, во Велес

е донесено возило од типот „пух“, а негов

сопственик бил Лазо Пешов. Таа година,

моторни возила од марката „цитроен“

се појавуваат во Охрид, а во Куманово е

регистрирана првата „прага“, која во тоа

време имала дрвени тркала. Една година

подоцна, односно во 1923 година, првите

автомобили се појавиле и во Кавадарци, а

во 1924 година и во Ресен, Радовиш, Струмица, Берово и Делчево. Во периодот од 1925 до 1939 година, првите автомобили биле забележани и во другите градови од

земјава.

Во триесеттите години од минатиот век се појавуваат и првите автобуси, изработени од страна на занаетчиите-колари, кои, покрај во Скопје, најмногу работеле уште и во Битола и во Прилеп. Всушност,

автобуси се појавуваат во Штип уште во 1923 година.

Што се однесува до специјалните возила, првото е регистрирано во 1924 година

во Станицата за борба против маларија во

Битола. Првиот, пак, автомобил што се користел исклучително за носење пошта е

регистриран во 1926 година во Кавадарци, а првото возило за медицинска помош е

регистрирано во 1927 година во Штип. Ис-

тата година во Скопје е донесено и првото противпожарно возило.

Неготино-Кавадарци. Прв вградувач на

гасен генератор е Герасим Грозданов од

Кавадарци, кој со своето возило „форд“, со

помош на дрва и јаглен, за еден час го минувал растојанието меѓу овие два града во Тиквешијата.

Слично како и првиот автомобил, така и првиот мотоцикл бил забележан на

улиците на Битола, 11 години подоцна од појавата на првиот автомобил, односно во 1916 година, а негов сопственик бил прочуениот филмски снимател Милтон Манаки.

По улиците на Скопје, во 1923 година, првиот мотоцикл го возел Љубе Црвенковски, а подоцна, односно во триесеттите години, почнала и помасовната појава на мотоциклите. Така, во 1931 година, во Македонија се регистрирани

бензин.

Такви пумпи постоеле во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, во Кочани, Струмица, Велес и Гостивар.

На почетокот на триесеттите години се отвораат и првите салони за продажба на автомобили во Скопје и во Битола. Оние во Битола се наоѓале на Широк сокак. Во салонот на Асео Израел можеле да се купат возила од марката „цитроен“, „шевролет“, „форд“ и „линколн“. Ѓорѓи Симеон и Патчев биле претставници на „мерцедес“, додека во другите салони се нуделе уште и возила од марката „есекс“ и „хадсони“. Во Скопје имало, исто така, три претставништва, а се нуделе автомобили од типовите „шевролет“ и „студебејкер“ во салонот

Изложбен саем на возила во педесеттите години, на стариот Скопски саем, кој беше срушен во земјотресот во 1963 година

Уредба за формирање на Федералното автомобилско претпријатие (ФАП), 30.6.1945 година

Во 1946 година регистрирани се 207

патнички автомобили, 35 автобуси и

181 товарно возило.

На 2 декември 1944 година пуштена е првата официјална автобуска линија, која била на релација Скопје-Битола,

иако, според некои податоци, ваква линија функционирала уште во далечната 1932/33 година, кога браќата Поповиќ

вовеле автобуски превоз на овие релации: Скопје-Гостивар-Струга-Охрид и Скопје-Велес-Битола-Охрид.

Сепак, прва посериозна институција што почнала

Во неа се обучувале првите возачи за тешки моторни возила што во Македонија биле

задржани врз основа на репарациите од Втората светска војна. Овие почетоци на автомобилизмот го трасираат патот за основањето на АМСМ, организација која, како што ќе

ИДЕЈАТА ЗА АМСМ

дејата за формирање авто-мото друштва се појавува во 1945 година.

Во 1946 година во сила стапуваат и првите мерки за регулирање на сообраќајот.

Со уредби донесени од страна на Градскиот народен одбор од Скопје, се регулира движењето на пешаците, брзината на движењето на автомобилите, времетраењето на сообраќајот во текот на едно

деноноќие и др. Најголемиот дел од овие

мерки важеле сè до 1968 година, кога биле донесени измени на уредбите за бр-

зината на движењето на возилата. Тогаш,

наместо 30 км/час, брзината на патничките возила на некои поголеми улици во

градовите се зголемила на 50 км/ч.

Во периодот што претстои, следуваат

низа слични активности што, во голема

мера, придонесуваат за развојот и за подоцнежната работа и функционирањето на АМСМ.

Први регулативи

Сè до 1968 година

ограничувањето на брзината на движење

на возилата било 30 км/час.

Така, истата година, со помош на НОМСМ (Народноослободителниот младински сојуз на Македонија) и на Народна техника на Македонија, на четврти септември бил формиран Земскиот одбор за автомобили и за мотоциклизам при Народната техника и спорт, чии основни задачи се совпаѓаат токму со оние што почнале да ги извршуваат авто-мото друштвата, односно: собирање на сите автомобили и мотоцикли во една организација, организирање курсеви за обука на кандидатите за возачи

Обука на возачи

Во 1946 година, АМСМ прераснува во најмасовна школа за

обука на возачи во Македонија.

Следната, 1947 година, бројот се зголемил на 495, во 1948 година на 750, а следните неколку години бројот на возачите, благодарение на АМСМ, се зголемува со исклучително голем интензитет.

Инаку, уште во 1946 година АМСМ воспоставува исклучително плодна соработка со најрелевантните извршни фактори што управуваат со сообраќајната

дејност во тоа време, односно со Министерството за локален сообраќај и Ми-

нистерството за внатрешни работи. На

многубројните заеднички средби АМСМ

иницира голем број разновидни актуелни прашања од сферата на автомобилизмот, меѓу кои и она за типизиран возен

парк, кое од страна на првото министерство било безрезервно поддржано. Токму затоа, во неговиот годишен извештај

до Сојузното министерство на тогашната СФРЈ било истакнато дека АМСМ одиграл

значајна улога во надминувањето на тешкотиите што се среќавале во сферата на автомобилизмот и сообраќајот во тоа

време.

Во овој период, некои од авто-мото друштвата мошне активно се вклучиле и во оспособувањето кандидати за управу-

вање со трактори, во што најмногу предничеле „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Прилепец“ од Прилеп. Не заостанувале и оние од: Куманово, Неготино, Битола, Титов Велес, денес Велес, Струмица и други. Впрочем, само до 1950 година низ овие друштва, односно преку АМСМ, се обучиле близу 800 трактористи.

Во овој период забележани се и првите организирани спортски натпревару-

Почетоци регистрацијанана возила

Во 1947 година во Битола почнува иницијативата за регистрација на моторните возила

Документ за возачки испит од 1945 година, издаден во Битола на име на Милица Х. Ѓеоргиева – првата жена возач во Македонија

ОСНОВАЊЕ

НА АМСМ

а 19 февруари 1950 година одр-

жано е основачкото собрание на

АМСМ, при што во него доброволно пристапиле 17 авто-мото друштва што до оваа година функционирале на територијата на Македонија, а имале вкупно 5.012 члена. Тоа се авто-мото друштвата од Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Кичево, Берово, Штип, Струмица, Гостивар, Радовиш, Гевгелија, Крива Паланка, Тетово, Струмица, Македонски Брод и Ѓорче Петров. Всушност, и другите

Одбележување

Во тоа време со АМСМ претседава Душан Пекиќ, кој бил активен меѓу 1949 и 1951 година.

Tоа се првите почетоци на функционирањето на АМСМ, кој уште тогаш се покажал како една од најмасовните и најкомпетентните организации што се занимавале со автомобилизам.

На крајот од овој краток историски преглед,

АМСМ

ВО ПЕРИОДОТ

ОД 1953-1991 ГОДИНА

о 1953 година, благодарение на

успешните резултати во работата, тогашната Влада на Македонија го

овластува АМСМ да преземе одредени функции што претходно ги извршувале државните органи, особено во областа на сообраќајот, стопанството,

Во 1965 година, на секои 135 жители во Македонија се регистрира по еден автомобил, а во 1975 година, секој 18-ти жител поседува автомобил.

Мотоциклизмот исто така бележи брз развој благодарение на АМСМ. Во 1961 година, Скопје има 701 мотоцикл, Битола 202, Прилеп 78, а Куманово 74. На 12.11.1952 година се одржува првата меѓународна мотоциклистичка трка, а во 1955 година АМСМ

прилив на туристи и кулминира во 1961

година со заедничка стратегија за развој

на моторизираниот туризам што АМСМ ја

прави во соработка со Туристичкиот сојуз на Македонија.

АМСМ свој придонес има и во делот на

авто-мото спортот. Се јавува како организатор на низа настани, меѓу кои и првите мото-крос натпревари во Скопје, Битола и Штип одржани во 1959 година, и првата ридска трка во Катланово. Од 1968 до 1975 година, во соработка со авто-мото друштвото „Страшо Пинџур“, се организираат брзинските трки во Кавадарци, „Тиквешки гроздобер“, кои се во чест на почетокот на бербата на

учествувале најдобрите возачи не само од Југославија

Но, визијата за АМСМ била многу поамбициозна. Во 1969 година, АМСМ изработува наставен план и програма за обука на кандидати за возачи на моторни возила, а од 1970 година на иницијатива на АМСМ обуката ја спроведуваат овластени инструктори.

Во 1975 година е формирана автошколата што претставува дел од Центарот

е запишана во регистарот на стопанските претпријатија и дуќани во Окружниот стопански суд во Скопје. Нејзин раководител тогаш бил Чедо Зафировски.

Во 1978 година, Туринг АМСМ се интегрира во Градска заедница на авто-мото друштвата на Скопје, која почнува со работа на 1.7.1978 година и постои сè до 1989 година, кога повторно преминува во АМСМ.

Сепак, најголемите овластувања АМСМ ги добива со Законот за положбата и овластувањата на АМСЈ, објавен во Службениот весник бр. 22 на СФРЈ, од 28.4.1978

оваа цел, АМСМ, со одлука на Извршниот

одбор бр. 1529/1 од 28.12.1971 година, организациски ја основа Туринг АМСМ – работна организација за туристички и други

видови услуги, посредување и промет со

моторни возила, резервни делови, машински масла, нафта и нафтени деривати. Седиштето било на ул. „Иво Лола Рибар“, бр. 55, во Скопје. На 25.12.1972 година таа

година. Тогаш, меѓу другото, АМСЈ, а преку него и АМСМ, се овластува да извршува повеќе активности. Тие вклучуваат соработка со меѓународни и со национални организации во областа на меѓународниот патен сообраќај, автомобилизмот, мотоциклизмот, обука на возачи, туристичко работење и заштита на моторизираните граѓани и патници (чл. 4). Дополнително, добива овластување за наплата на царинските и на другите увозни давачки на моторните возила. Може да издава меѓународни возачки дозволи, дозволи за управување со туѓо моторно возило, како и дозволи

се одржуваат тие натпревари, издавање

на натпреварувачки дозволи и лиценци

за учество на меѓународните авто-мото натпревари. АМСЈ презема и обврски за собирање и чување на моторни и приклучни возила и нивните делови за кои се води одредена царинска постапка.

Во негова надлежност е и извршување на активности во рамките на Службата за помош на пат и информации.

Во 1978 година почнува со работа Од -

делението за запленети возила, чија основна задача била преземање, чување и

на возила и нивни делови за кои

владини служби. Од јуни 2010 година, Одделението за запленети возила на АМСМ веќе не е активно.

Мото-концентрацијата претставува значаен дел од мотоциклистичкиот живот во Македонија и историјата на АМСМ. Овој вид натпреварувања е официјално востановен на 7.4.1978 година, на седница на претседателството во Кавадарци, под името авто-мото рели „11 Октомври“. Оттогаш, бројот на клубови што учествувале на овие манифестации континуирано се зголемувал. На првиот натпревар во 1979 година учествувале осум авто-мото друштва со 89 натпреварувачи. До 1986 година, бројката достигнува дваесет

Покрај континуираниот развој на авто-мото спортот, АМСМ активно работи и

на сопствениот организациски и технич-

ки напредок. Во 1982 година, Службата за

помош на пат и информации се зајакнува

со набавка на 40 нови возила од марката

„југо 45“. Овие возила биле наменети за

обезбедување брза и ефикасна помош на

патиштата низ цела Македонија, подигну-

вајќи го нивото на услугите. Во рамките на

оваа служба, во 1983 година почнува со ра-

бота и Информативниот центар, кој имал

клучна улога во обезбедувањето ажурни

информации за сообраќајот и патиштата. До 1991 година, односно до осамостојувањето на Република

е сместен во кругот на Воената болница во Скопје, а од 1987 година се префрла во Клиничкиот центар во Скопје. Заради недоволната искористеност и високите трошоци за одржување, Хелио-службата престанува со работа кон почетокот на деведесеттите години.

Во 1990 година, како резултат на многубројните активности и посветеност на АМСМ за развојот

3.1 ОРГАНИЗАЦИЈА

АМСМ

Од своето основање, АМСМ беше предводен од истакнати личности кои одиграа значајна улога во неговиот развој. Првиот претседател на АМСМ беше Благоја Јаниќо (1946-1949), а првиот секретар – Коста Нечевски, кој ја извршуваше оваа должност волонтерски. По него, функцијата претседател ја презема Душан Пекиќ (1949-1951), а низ годините, на оваа функција беа и: Филип Брајковски (19521954), Светозар Пеповски (1954-1955), Атанас Трајковски-Левски (1956-1969), Ванчо Цветковски (1970-1974), Радослав Славевски (1974-1980), Димче Савевски (19801984), Ацо Ицев (1981-1982; 1985-1986), Димитар Николовски (1986-1996), Никола Поповски (1996-1998), Јане Трпков (19982001), проф. д-р Никола Панов (2001-2004) и проф. д-р Спасе Јовковски (2004-денес).

Посебно значајно е да се напомене дека Ванчо Цветковски беше единствениот претседател на Авто-мото сојузот

Коста Нечевски беше првиот генерален секретар, а подоцна ја извршуваше оваа функција уште двапати (1955-1958 и 19741986). Во 1975 година, тој кратко беше и в.д. генерален секретар на АМСЈ. Преостанатите генерации на генерални секретари ги вклучуваат: Шабан Абдураман (19491952), Иван Паковски (1952-1953), Јосиф Секуловски (1958-1974), Јане Трпков (19871993) и Димитар Миновски (1993-денес).

Сиљан Аврамовски, Зоран Алексиев, Миле Атанасов, Петар Бошнаковски, Орце Герасимов, проф. д-р Спасе Јовковски, Мирослав Крстовски, Александар Матески, Димитар Пендев, Петар Прчевски, Воислав Ристовски, Роберто Рогожарски, Митко Смилков, Елизабета Спасова, Томе Спировски, Калинка Танеска и Јован Теговски.

Претходниот состав на Собранието на АМСМ за мандатниот период од 2019

Речкоски, Воислав Ристовски, Роберто Рогожарски, Митко Смилков, Елизабета Спасова, Томе Спировски, Калинка Танеска и Јован Теговски.

Составот на Собранието на АМСМ за мандатниот период од 2015 до 2019 година го сочинуваа: Иван Алексиев, Миле Атанасов, Орце Герасимов, Јордан Дафков, проф. д-р Иво Дукоски, проф. д-р Спасе Јовковски, Мирослав Крстовски, Јонче Матоски, проф. д-р Бошко Ников, Воислав Ристовски, Роберто Рогожарски, Елизабета Спасова, Томе Спировски, Калинка Танеска,

на АМСМ го сочинуваат: Сиљан Аврамовски, Миле Атанасов, проф. д-р Спасе Јовковски, Димитар Пендев, Митко Смилков, Калинка Танеска и Јован Теговски. Претходниот состав на Претседателството ги вклучуваше: Миле Атанасов, проф. д-р Иво Дукоски, проф. д-р Спасе Јовковски, Димитар Пендев, Митко Смилков, Калинка Танеска и Јован Теговски. Составот пред овој ги вклучуваше: Миле Атанасов, Љупчо Делев, проф. д-р Иво Дукоски, проф. д-р Спасе Јовковски, проф. д-р Бошко

рвите авто-мото друштва, како зачетоци на денешниот Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ), се појавува-

уште во 1945 година, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Во тој период почнува организирано дејствување

Скопје и „Тошо Арсов“ (подоцна „Штип“) –Штип.

Иако организациски скромни, тие имаат значајна улога во поставувањето на темелите за развој на авто-мото движењето во земјата. Во првата година од нивното работење, овие друштва

Во следните години, дополнително се формираат следните друштва:

• 1947: „Љуботен“ (подоцна „Тетово“) –Тетово и „Стрела“ – Струмица

• 1948: „Дичо Панов“ – Гевгелија, „Гостивар“ – Гостивар и „Треска“ – Македонски Брод

• 1954: „Злетово“ (подоцна „Пробиштип“)

– Пробиштип

• 1967: „Ванчо Прке“ (подоцна „Виница“)

– Виница

• 1970: „Железник“ – Демир Хисар

• 1975: „Борец“ – Скопје

• 1976: „4 Јули“ – Скопје

• 1978: „8 Септември“ – Делчево

• 1979: „Водно“ – Скопје

• 1984: „Велес“ – Велес

• 1985: „Лопен“ – Кочани

• 1986: „Струга“ – Струга

• 1987: „Крушево“ – Крушево

• 1988: „Јане Сандански“ – Скопје

• 1989: „Чаир“ – Скопје

• 2022: „Вила Зора“ – Велес

Дополнително, значајна улога одиграле и авто-мото друштвата „Водно“ и

од Скопје. Особено авто-мото друштвото „Машинец“, формирано на

факултет,

придонесе

популаризацијата на автомобилизмот. Неговите членови се заслужни за голем број успеси на меѓународни натпревари на релијата ФИМ, освојувајќи 17 пехари до 2005 година, меѓу кои и победи во Единбург (1992), Хаселд (1993) и Прага (1994).

Денес, во последната деценија, во составот на АМСМ фигурираат 18 авто-мото друштва низ целата земја, што претставува значителна разлика за периодот од 2005 до 2015 година, кога постоеја 28 вакви друштва. Тие се конститутивен и носечки дел на АМСМ, без кои организацијата не би можела да функционира на начинот на кој тоа го прави веќе цели осум децении.

Во продолжение,

дински. Првиот спортист во автомобилизам во Македонија, Гаврил Луканов, исто така потекнува од ова друштво. Основачи

на друштвото биле Димитар Сирачевски, Марко Марковски, Божо Пашалиски и Васил Радински, а прв претседател бил Марко

Марковски.

Првата вистинска автошкола во Берово

почнала со работа во 1970 година. Во 1983

година, друштвото станало самостојно, со Бранко Чамински како секретар и со

Пачемска како претседател. Во 1985 година, во

уреди. Покрај стандардните услуги, како сервис на возила, издавање на меѓународни документи и АМСМ членство, друштвото воведува и нови услуги во своето портфолио, како замена на ветробрански стакла на возилата, а од 2020 година и полнење и контрола на клима-уреди на возила.

Во 2024 година, од страна на ентузијасти-членови на друштвото беше организирано рели со теренски возила во околината на Берово, кое АМД „Брегалница“ активно го поддржа. Таа година, во АМД „Брегалница“ прегледани се вкупно 3.282 возила, што е значително пазарно учество, имајќи ја предвид големината

та на првиот посебен објект за авто-мото друштвото. Во 1962 година, функцијата се-

кретар ја презел Методија Ошавков, кој

придонел за развојот на друштвото.

Друштвото „Ѓорѓи Наумов“ поседува модер-

на станица за технички преглед на возилата, пуштена во употреба во 2003 година, со површина од 5.000 м². Друштвото распола-

га и со дополнителна станица за технички преглед, а нуди и услуги како издавање на меѓународни документи, зелени

Друштвото редовно е генерален покровител на едукативната манифестација „Детски семафор“, со што активно придонесува кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот кај најмладите.

Меѓу позначајните инфраструктурни иницијативи е и поставувањето на заштитна ограда на новиот мост на реката Драгор, познат како „црн мост“, во вредност од 17.000 евра. Исто така, по иницијатива и со финансиска поддршка од друштвото, на сите семафори

кој целиот свој професионален ангажман го посветил на развојот на организацијата. Прв претседател бил Блажо

Паракеов, а меѓу основачите се вбројуваат и Душко Захариев, Коце Карев, Илчо Бањански, Боро Аџивасилев и други.

Поинтензивниот развој на авто-мото друштвото „Страшо

станица за технички преглед за моторни и приклучни возила. Во тој период, во рамките на друштвото успешно функционираа и автошкола со сопствена комисија за полагање на возачки испити, СПИ-служба, како и сервис за редовна дневна нега и одржување возила.

Во периодот од 1992 до 2017 година, функцијата секретар ја извршуваше Димитар Пендев. Под негово раководство, друштвото забележа значителен напредок, особено во областа на техничките прегледи и зголемувањето на членството.

Во последната деценија, друштвото се развива во современа организација, која, покрај

Авто-мото друштво „Санде Пејоски“ – Кичево

во чест

на еден од основачите. Прв секретар бил Благоја Пејоски, а прв

Од 1984 година почнува со обука на во-

зачи за категориите „Б“ и „Ц“, како и со

издавање на меѓународни возачки дозволи. Во периодот од 1995 до 1997 година, друштвото почнува со обука за категори-

ите „А“ и „Е“. Во 2000 година, со финансиска

поддршка од АМСМ, отворена е модерна станица за технички преглед, а во 2002 го-

дина е воведен систем за управување со

квалитет според ISO 9001:2000. Друштвото работи во сферата на авто-мото спортот, регистрација на возила, осигурување

и хомологација.

Авто-мото друштво „Киро Бурназ“ – Куманово

настани, со посебен фокус на мото-трките, кои имаат клучна улога во развојот на авто-мото

културата во регионот.

Прв претседател на друштвото бил д-р

Пане Лазаров, а прв секретар Методија

Шутевски – личности кои ја поставиле ос-

новата за понатамошниот развој и јавната

препознатливост на друштвото.

Клучна пресвртница во историјата на

друштвото е 1993 година, кога е изградена современа зграда на магистралниот

на патнички возила, со што се зголеми ефикасноста и обемот на услугите. Покрај техничкиот преглед, друштвото нуди

дополнителни услуги карактеристични за сите авто-мото друштва, меѓу кои: издавање на меѓународни документи, овластувања, членски картички и разни административни услуги за граѓаните. Во моментов, друштвото има вработено 11 лица. Секретар на друштвото е Зоран Златановски, а актуелен претседател е Томислав Спировски.

Авто-мото друштвото „Васил Стефоски“, денес познато како „Охрид“, е едно од најстарите и најпрестижните друштва

Македонија. Основано во 1946 година од Иван Блажевски, Велко Пејчиновски и Благојче Попоски, друштвото се истакнува со својата активност во областа на мото-туризмот. Во партнерство со АМСМ, друштвото било организатор на познатиот рели ФИМ настан „Холандски лалиња“.

Во 1965 година, друштвото претрпува реорганизација, при што за прв претседател

е избран Насте Снегар. Од 1967 година, друштвото станува дел од АМСМ. Денес, функционира во модерна зграда, изградена во 1995 година, која служи како центар за административни и технички услуги, вклучувајќи технички прегледи, хомологација, меѓународни осигурувања и издавање документи. Дополнително, друштвото го поседуваше авто-кампот „Елешец“

Aвто-мото друштвото „Прилепец“ од При-

леп, според достапни извори, почнува со работа уште во 1945 година, а официјално е регистрирано на 20 октомври 1946 година, кога и пристапува кон АМСМ. Како

негови основачи се споменуваат Пане

Напески – прв претседател на друштвото, Благоја Дамески, Крсте Алавантиоски и други визионери од областа на со-

обраќајот. Прв негов секретар бил Трајко Милошески.

Во своите почетоци, друштвото беше сосредоточено на обука на кандидати за управување со моторни возила и организирање курсеви за трактористи, потребни за тогашното време. Со текот на годините, „Прилепец“ прерасна во едно од најактивните авто-мото друштва на спортската сцена. Особено се истакна во организирањето на ридско-брзински натпревари

На инфраструктурен план, од 1992 година друштвото располага со современа станица за технички преглед на возила. Во рамките на „Прилепец“ функционираат служба за помош на пат, автомеханичарски сервис, автошкола, оддел за хомологација и канцеларија за издавање на зелени картони за меѓународно осигурување. Во 2003 година, друштвото се стекнува со сертификат за квалитет ISO 9001:2000.

Во последната деценија, друштвото го проширува својот опсег на услуги и стабилно се позиционира на локалниот пазар. Во 2016 година почнува со издавање овластувања за меѓународни возачки дозволи, дозволи

Авто-мото друштво „Прилепец“ – Прилеп

Во 2024 година беше целосно реновиран автомеханичарскиот сервис, што го комплетираше спектарот на услуги за возачи и возила.

Како дел од својата општествена одговорност, друштвото традиционално организира едукативни презентации во средните училишта во Прилеп, со цел унапредување на сообраќајната култура

кај младите учесници во сообраќајот.

Од 28.10.2021 година, претседател на

друштвото е Кирил Наумоски-Копан, а функцијата секретар од 21.12.2021 година

ја извршува Лилјана Наумоска. Под нивно

водство, друштвото „Прилепец“ ја негува

традицијата, имплементирајќи иновации во работењето.

уште од педесеттите години во рамките на тогашна Југославија.

Основачкото собрание беше организирано по петгодишен прекин во активностите на поранешното здружение, со што беше воспоставен континуитетот на

авто-мото активностите во источниот регион. За прв претседател беше избран професорот Трајче Манев од СТУ – Штип, додека функцијата секретар ја презеде дипл. сооб. инж. Роберто Рогожарски, кој и денес е секретар на друштвото.

развој.

По неколкугодишни напори за обезбедување на сопствен плац, во 2000 година беше завршена изградбата на новиот објект, каде што се префрлија сите дотогашни активности. Согласно законските промени, економските дејности беа пренесени во новооснованиот субјект АМД „Услуги“ ДООЕЛ Штип.

Во рамките на овој субјект, беше формиран и сервис за репарација на гуми – АМД „Штип Шпед“, кој работеше околу две години. Поради пазарните

брокерско

друштво Мобилити Брокер.

Во 2021 година, возниот парк на автош-

колата беше обновен со три нови возила

„опел корса“, а наставната програма беше

проширена со А категорија, за што беше

набавен мотор „сузуки“. Соработката со

мото-клубот „Сол Рајдерс“ резултираше

со заеднички активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот и пошироки општествени иницијативи кои се

од интерес за заедницата.

За жал, 2025 година беше обележана и со трагедија

АВТО-МОТО

Формирано во 1947 година како „Љуботен“, а преименувано во „Тетово“ во 1999

година, друштвото почнало со обука на

возачи за мотоцикли и автомобили. Пр-

вите часови се одржувале со возилата „газики“ и „олимпии“, а моторите биле ДКВ и „пух“. Истовремено, „Тетово“ беше познато по обуката за трактористи и трки со

мотоцикли.

Денес, модерната станица за технички преглед, пуштена во 1999 година, нуди услуги како што се технички прегледи, хомологација, издавање на домашни и меѓународни документи и автошкола што опслужува и околни региони, вклучувајќи го и Гостивар. Покрај тоа, друштвото ја извршуваше својата дејност и во селото Палчиште. И во последната декада, од 2015

Авто-мото друштвото „Стрела“ од Стру-

мица е формирано од Тодор Терзијанов, Гоше Масев, Димитар Младенов и други.

Од почетоците, активно се занимава со

обука на млади возачи, трактористи и со

организирање мото-трки и паради. Во

осумдесеттите и деведесеттите години, друштвото организираше 25 мото-трки и

повеќе авто-рели натпревари.

Во 1993 година, друштвото изгради нова

станица за технички преглед и денес нуди широк спектар услуги, вклучувајќи служ-

ба за помош на пат, хомологација, атести-

рања и осигурување. И во последната декада, од 2015 до 2025 година, друштвото континуирано

Авто-мото друштвото во Гевгелија е формирано во 1950 година под името АМД „Гевгелија“. Во 1954 година, друштвото го

добива името „Дичо Панов“, во чест на истакнатиот автомеханичар и инструктор кој оставил значаен белег во авто-мото

дејноста на регионот. По неколку години стагнација, со поддршка од АМСМ,

друштвото повторно се активира во 1968

година, а официјално станува дел од

АМСМ во 1975 година.

Во минатото, друштвото беше домаќин на

повеќе балкански и државни мото-крос натпревари, кои имаа значајно спортско и друштвено влијание.

Современата развојна приказна почнува

цел да

реализиран во 2023

промовира

здрав, одржлив

кој

урбано прифатлив начин на транспорт. Проектот ја потенцира соработката со локалните училишта, младински организации и институции, ставајќи акцент на безбедното користење на велосипедите и активната вклученост на младата популација. Во рамките на истиот проект, се организираше и „Гевгелиски Велотлон“ – спортски настан со натпреварувачки карактер во три дисциплини: возење велосипед по офроуд-патека, трчање и совладување препреки. Настанот се одржува во 2023, 2024 и 2025 година, а дополнително беше издаден и Прирачник за добри практики во велосипедизмот, со компаративна анализа на примери од ЕУ, регионот и Македонија.

мај 2024 година, почна со работа

обоени стакла за заштита од сонце; механички уреди за спој на

и

но возило; потоа втиснување на идентификациски ознаки на возила; инспекција

на аналогни и дигитални тахографи итн.

Во 2024 година е копмплетно завршено и

внатрешното уредување на административниот и услужен простор со површина од 180 м², со што се заокружи вкупната инфраструктура од 810 м².

со организирање курсе-

ви за возачи. Обуките биле спроведувани

од членовите на друштвото, ентузијасти

кои го поставија темелот на авто-мото

дејноста во регионот.

По извесен период на неактивност, друштвото е обновено на 10.2.1977 годи-

на, кога е одржано основачко собрание.

На ова значајно собрание, за прв претсе-

дател е избран Божидар Цветаноски, а за секретар Боривој Мишкоски. Овој настан го означува новиот почеток на „Треска“.

Денес, друштвото е редовен член на АМСМ

и ги извршува сите дејности карактеристични за авто-мото друштвата

Авто-мото друштвото „Злетово“ (денес „Пробиштип“) е основано во 1954 година, иако првите активности во областа на

автомобилизмот почнале уште во 1946

година, кога биле одржувани курсеви за возачи. Друштвото било обновено во 1987 година, прв претседател бил Николчо Колев, а секретар Миодраг Спасовски.

Во 1990 година беше изградена нова ста-

ница за технички преглед, каде што денес се вршат технички прегледи, сервисирање возила, осигурување, издавање на домашни и меѓународни документи за

возила и сл. Ова друштво е познато и по организирањето натпревари на кружни патеки, за што три години по ред беше наградено со признанија за најдобро

на моторни возила – тренд што

го наложи формирањето на организирирано авто-мото друштво. Основачи на друштвото беа истакнатите граѓани: Ди-

митар Коцанов, Благој Герасимов и други

ентузијасти, кои ја препознаа потребата

од ваква дејност во регионот.

По краток прекин во функционирање -

то, друштвото повторно ја активира

својата работа во 1982 година, кога

беше изградена и ставена во функција

станицата за технички преглед. Во 1974

година, во рамките на друштвото функ -

ционирала и автошкола, која, иако де -

нес не е

Авто-мото друштвото „Железник“ од Демир Хисар, според некои податоци, е основано во 1974 година, но според официјалната статистика водена од страна на актуелното раководство, почнува со ра-

бота во 1983 година. За прв претседател е

избран Дончо Крстески, а за прв секретар Благоја Трајаноски. Почетно, во друштвото бил вработен само автомеханичарот Ѓорѓи Иваноски. Друштвото почнало со

извршување на функцијата за помош на

патиштата. Во 1996 година, претседател на друштвото станува Мишко Милошески, а секретар Стевче Митревски. Друштвото

Ова друштво е основано во 1976 година во рамките на тогашната ЈНА. За прв претседател беше избран Димче Савевски, а за секретар Душан Вуковиќ. Друштвото располагало со автошкола и со секција за мотоконцентрација и авто-рели. Во 1986

година, во соработка со АМСМ, „Борец“ беше организатор на сојузната манифестација „По патиштата на револуцијата“. По осамостојувањето, друштвото продолжи да работи под името АМСМ, но по 1999 година престана со работа.

Друштвото во Делчево е формирано во 1978 година, и покрај тоа што во овој град такси-возилата се возеле уште од 1932 година. Друштвото организирало автошкола што обучувала кандидати не само од Делчево туку и од соседната Македонска Каменица. Денес, ова друштво не функционира.

АВТО-МОТО

Ова друштво е основано на 4.5.1979 година. Се смета за наследник на активностите на друштвото од 1945 година, кога почнале првите иницијативи во областа на автомобилскиот сообраќај. Главен иницијатор на неговите активности е Борис Стојановски, кој воедно бил и негов прв секретар. Во негов состав работела автошкола, а друштвото било сопственик и на полигонот за обука на кандидати за возачи, лоциран под скопското Кале. Актуелен секретар на друштвото е Зоран Стефановски.

Авто-мото друштво „Лопен“ – Кочани

Авто-мото друштвото „Лопен“ од Кочани е официјално основано во 1985 година, иако првите здружувања и активности

поврзани со авто-мото ентузијазмот во

овој град датираат уште од 1950 година.

Особено значајна фигура во историјата на друштвото е Киро Алексиев, дипл.

инж. арх. од Кочани – еден од првите и најдолговечни членови на Авто-мото сојузот на Македонија. Тој станува член

уште во 1950 година, кога го купува својот прв мотор „NSU 250“. Неговата пасија за

моторни возила продолжила со набавка

на

еден од првите приватни автомобили во Македонија – „опел олимпија 51“, донесен од Хановер во 1960 година, со регистарски таблички ŠT 27-06. Во 1967

година набавува „мерцедес бенц 190“, со кој заедно со семејството патува во

то-мото спортот во Македонија. Позната е организацијата на ридско-брзински натпревари на патеката „Пониква“, лоцирана на падините на Осоговските Планини, како и долгогодишната дејност во едукацијата на возачи преку автошколата, која е составен дел од друштвото.

Денес, друштвото располага со станица за технички преглед, сопствена автошкола, полигон за обука и хала за сервисирање на моторни возила.

Претседател е Јорданчо Стоименов, а долгогодишен секретар останува Зоран Алексиев.

Авто-мото друштво „Струга“ – Струга

документи во соработка со АМСМ.

Во последната деценија, друштвото континуирано вложува во модернизација на

својата техничка опрема и услуги. Особено значајни инвестиции се набавката на

уреди за рамнење дискови, полнење автоклими, како и современа опрема за промена и балансирање пневматици, со што

значително се зголемија капацитетите

селото Враништа. Истовремено, друштвото е долгогодишен спонзор на ФК „Караорман“ – Струга.

Нивната општествена ангажираност се гледа и преку многубројни донации, па така на 19.4.2017 година донирани се

прозорци за Заводот за нефрологија и дијализа; на 5.10.2023 година донирана е компјутерска опрема во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга; а на 15.2.2024 година донирани се спортски реквизити во основните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ – Струга.

Актуелен претседател на друштвото е Ромео Деребан, а секретар е Александар Матески.

Ова друштво е формирано на 18.10.1988

година и се здоби со голем углед поради својата автошкола и туристичката агенција „Глобус“. Претседател на друштвото бил Стаменко Попарсов, а секретар Стоилко Спасовски.

АВТО-МОТО ДРУШТВО

Друштвото „Чаир“ е формирано во 1989

година. Имало само сопствена автошкола, а негови претседатели биле Перо Костовски и Иван Блажевски. Денес, ова друштво не функционира.

АВТО-МОТО

Друштвото е формирано во 2022 година со

цел да придонесе кон развојот и унапредувањето на локалната мобилност и безбедност во сообраќајот. Неговите активности се од локален карактер, а фокусот е насочен кон тесна соработка со АМСМ-Велес.

Друштвото активно работи на промоција и популаризација на АМСМ-членството, како и на промовирање на услугите на АМСМ Центар за возила и патна помош. Целта на овие активности е зголемување на пазарното учество и јакнење на присуството во регионот.

ВО

ОД 1991 ДО 2005 година

Dogwiller),

ПРИЕМ ВО

5.1

ако резултат на напорната работа,

АМСМ успеа да обезбеди прием во неколку глобално значајни организации. На 11.10.1993 година, во Париз, АМСМ стана член на Alliance Internationale de Tourisme (AIT), Меѓународната туристичка алијанса основана во 1898 година. Само

неколку дена подоцна, на 15.10.1993 година, исто така во Париз, АМСМ беше примен како прелиминарен член на Federation Internationale de L’Automobile (ФИА). Две години подоцна, на 20 октомври 1995

АМСМ доби полноправен

(ARGE/ZE), што подоцна, во 1998 годи-

на, еволуираше во Coordinative Forum for Eastern and Central European Clubs (COFO), односно Координативен форум за

централните и за источните земји од Евро-

па, со задача да ги застапува интересите на

клубовите од земјите за кои станува збор. Како што ќе видиме понатаму, претставници на

над 40 земји и нуди поддршка преку повеќе од 4.700 повеќејазични агенти за прием на повици за помош на пат, над 60.000 возила за интервенција и транспорт, покрива над 4,7 милиони возила и над 10 милиони квадратни километри низ Европа.

5.2

ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

аралелно со процесот на интеграција на АМСМ во меѓународ-

ните организации, се одвиваше интензивен и значаен развоен процес на проширување и унапредување на активностите на организацијата. Овој процес претставуваше клучен момент во градењето на современиот профил на АМСМ, овозможувајќи поголема ефикасност, иновативност и приспособување кон потребите на членовите. Во 1993 година, почна со

визи и патни такси. Со овој обем на работа, веќе до крајот

алијанса), АМСМ ја отвори својата туристичка агенција. Оваа агенција ста-

на симбол на современиот пристап во

организирањето туристички и делов-

ни патувања, како во земјата, така и

во странство. Основните активности вклучуваа хотелско сместување, организација на семинари, продажба на авионски билети, алтернативен туризам и многу повеќе. Агенцијата се издвојуваше по својата иновативност, располагајќи со сопствен туристички автобус, што ѝ овозможуваше високо ниво на автономија во организирањето патувања. Во своето време, таа беше

преку интернет. Овие фактори доведоа до затворање на агенцијата, завршувајќи една ера од историјата на АМСМ.

Во насока на обезбедување на висококвалитетни услуги и унапредување на работењето, АМСМ во текот на 2000 година почна со имплементација на меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001. Овој процес претставуваше значаен чекор во стремежот на организацијата да ги задоволи највисоките барања на своите членови и партнери. Во периодот од четири години, стандардите беа континуирано унапредувани, а процесите на

во обезбедувањето услуги поврзани со усогласување на возилата со важечките технички стандарди и регулативи, станувајќи значајна точка за професионална поддршка на корисниците.

подобра организација и оптимизација на целокупната

5.3

Во овој период, АМСМ продолжува

да биде активно инволвиран во авто-мото спортот во Република Македонија, негувајќи ја долгогодишната традиција на поддршка на автомобилскиот спорт. Организацијата ја покажува својата посветеност како преку стручен, така и преку финансиски придонес,

Имајќи

сите активности

постигнувања на Авто-мото сојузот на Македонија, како на домашен, така и на меѓународен план, со право може да се заклучи дека периодот од 1991 до 2005 година претставува ера на значаен развој и етаблирање на АМСМ како водечка институција во доменот на

ПРИЕМ

6.1

Во периодот од 2006 до 2009 годи-

на, АМСМ ги реализира своите последни активности во областа на

авто-мото спортот. Со формирањето на

самостојни федерации, Мотофедерација-

та на Македонија (МФМ) – формирана на 7.11.2007 година и Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) –формирана на 9.1.2008 година, АМСМ во целост се повлекува од оваа сфера.

Со Одлука бр. 01-2678 од 22.5.2009 година, АМСМ ѝ даде согласност и

EuroRAP (European Road Assessment Programme)

безбедноста на патната инфраструктура. Во соработка со EuroRAP, во 2014 година, АМСМ во Македонија го реализираше проектот „СЕНСОР“, кој до 2025 година сè уште е единствен проект од ваков вид реализиран во нашата земја.

iRAP (International Road Assessment Programme) – Истата

GMA (Global Mobility Alliance)

EuroNCAP (European New Car

УЛОГАТА НА

6.1.1

АМСМ ВО

логата на АМСМ во меѓународните организации отсекогаш била од

исклучително значење, а тоа најдобро го докажува фактот дека претставници од АМСМ биле членови на највисоките тела на дел од водечките меѓународни авто-мото организации.

Во 2004 година, во Комисијата за екологија при ФИМ (Federation Internationale de Motocyclisme) за член со четиригодишен мандат беше назначен проф. д-р Никола Панов, кој својата функција ја извршуваше сè до крајот на 2010 година. Пред него, член

избран за претседател на COFO (Coordinative Forum for Eastern and Central European Clubs) – Координативниот форум за земјите од Централна и Источна Европа, каде што членуваат 24 авто-мото клуба. Ова претставуваше големо признание не само за АМСМ туку и за Република Македонија на меѓународно ниво. Денес, г. Јовковски е почесен член на COFO.

Неговата активност во меѓународните тела продолжува и во ФИА (Fédération Internationale de l’Automobile). Во 2013 година, тој беше избран за член на Комисијата

при ФИА (FIA Medical Commission), а веќе во 2014 година

6.1.2 АМСМ ДОМАЌИН

окрај активното учество во меѓу-

народните организации, АМСМ во својата историја била организатор и домаќин на значајни настани од глобално значење, како и на видни личности од светот на автомобилизмот. Преку ваквите активности, АМСМ ја зацврстува позиција како релевантен и респектиран партнер на меѓународната сцена, придонесувајќи за развојот на мобилноста, безбедноста и спортот во авто-мото светот.

Еден од најзначајните настани беше X Балканска конференција

дискутираа зa предизвици и можности во авто-мото секторот на Балканот.

Во 1998 година, АМСМ беше еден од првите авто-мото клубови на Балканот, кој имаше чест да биде домаќин на генералниот директор на АИТ, г. Петер Догвилер. Неговата посета беше доказ за угледот што АМСМ го ужива во меѓународните кругови. Во 2005 година, тој повторно ја посети

Со огромен ентузијазам и посветеност, АМСМ во 2010 година ја презеде честа да биде домаќин на 25. Европски сообраќајно-едукативен натпревар на ФИА-ЕТЕЦ (European Traffic Education Contest). Овој значаен настан се одржа на 25.9.2010 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“

во Скопје, а на него учествуваа претставници од 21 европска земја, меѓу кои Австрија, Германија, Финска, Франција, Унгарија, Монако, Норвешка, Полска, Швајцарија и сите соседни земји. По првпат во историјата на

ФИА-ЕТЕЦ, АМСМ овозможи пренос во

живо (live streaming) преку својата интер-

нет-страница, што им даде можност на родителите и поддржувачите од цела Европа

да го следат натпреварот во реално време.

Овој иновативен пристап, заедно со извонредната организација, воспостави нови

стандарди во одржувањето на ФИА-ЕТЕЦ, кои и денес се референција

состанок на Регион I на ФИА. Овој собир ги обедини

на

Преку овие и многу други настани, АМСМ ја потврдува својата посветеност кон развојот на мобилноста, безбедноста и унапредувањето на авто-мото спортот, позиционирајќи се како клучен актер во меѓународните авто-мото организации.

6.2

АМСМ-ЧЛЕНСТВО

често

надвор од границите на земјата, во 2010 година АМСМ креираше и промовираше нови членски пакети, кои беа приспособени на специфичните потреби и барања на физичките и правни лица. АМСМ-членствата „Classic“, „Europe Premium“ и „Light“ се наменети да одговорат на потребите на физичките лица, додека членствата „АМСМ Business“ и „Business Europe Premium“ беа создадени за

Classic“

извлекување возило, хотелско сместување и користење рентакар во случај на членствата „АМСМ Europe Premium“ и „АМСМ Business Europe Premium“.

Покрај основните услуги, членските пакети на АМСМ вклучуваат и дополнителни поволности, како сезонски акции, попусти на технички преглед и сервисни услуги, бесплатни проверки на возилото, членско списание „АМСМ Клуб Мобилити“ и можност за добивање на CCI кампинг-картичка. Ексклузивната програма за попусти „Show your Card!“ (Покажи ја својата картичка) им овозможуваше на членовите

2012 година,

почна

ги

сочува промотивните активности кон жените-возачи како посебна целна група, што резултираше со значителен пораст на жени - членови во структурата.

Следејќи ги пазарните трендови, во 2014 година, благодарение на грант-програмата за развој на ФИА (Development Grant Programme), АМСМ почна со онлајн-продажба на членски пакети преку интернет-страницата и мобилната апликација. Со

оваа новина се зголеми достапноста на услугите, и за една година, преку овој канал, се продадоа 240 нови членски пакети. За одржување на бројот на членови, АМСМ ја воведе програмата „Зачлени пријател“, како и Програмата за лојални членови, која им овозможува специјални привилегии на лојалните членови, вклучувајќи

На 8.10.2007 година, со Решение од

основни активности се

во доменот на тестирање на теоретското

дел

постапката за добивање на возачка дозвола. За таа цел, Испитниот центар располага со четири пријавни места на територијата на градот Скопје, и тоа две во Центар и една во

ОСИГУРИТЕЛНО

ДРУШТВО

о цел да се обезбеди комплетна ус-

луга, на 15.4.2008 година, осигурителното брокерско друштво Моби-

лити Брокер АД Скопје добива лиценца

за вршење на осигурително-брокерски работи. Основните активности на компанијата се насочени кон советување, посредување и застапување во сите области

на осигурувањето, како и застапување на

корисниците пред осигурителните компании со цел обезбедување на најсоод-

ветни решенија за клиентите, согласно нивните специфични потреби.

преку 13 подружници, од кои најголемиот број функционираат во рамките на авто-мото друштвата, и тоа во следниве градови: Скопје (Центар и Чаир), Битола, Велес, Кичево, Охрид, Струга, Струмица, Тетово, Штип, Виница, граничен премин „Делчево“ и граничен премин „Богородица“.

структурата

6.5

стандардите во областа на возилата и транспортот.

На 24.12.2009 година, АМСМ Центарот за возила добива овластување од Министер-

и имплементација на унифицирани стандарди во областа на транспортот сè до 2015 година.

На 1.9.2011 година, АМСМ Услуги – Центарот за возила добива овластување за стручно оспособување на кандидатите за советници и возачи за превоз на опасни материи, како и одржување на курсот за проверка на знаењето. Ова овластување се обновува на секои пет години.

Само

АМСМ Центарот за возила се обновува на

секои десет години.

На 23.4.2014 година, во портфолиото

на услуги на АМСМ Центарот за возила

влегува и стручното оспособување на

кандидати за добивање сертификат за

авто-такси возач, а на 7.5.2014 година, со решение од Министерството за внатреш-

ни работи на РМ, почнува и со вршење

работи на техничка служба за единечно

одобрување возила за превоз на опасни материи.

Во 2014 година од Министерството за економија, АМСМ Центарот за возила добива овластување за вршење

но одобрување возила од категориите „L“, „М“, „N“, „О“, „Т“, „C“,

нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, како и обуки на професионални возачи и имплементирање на законската регулатива во сферата на внатрешен и меѓународен транспорт. Преку него се извршуваат 29% од вкупниот број хомологации на територијата на Р. Македонија, 33% од АДР-прегледите и 44% од ЕКМТ-ЦЕМТ

6.6

дна од

најпрепознатливите и клучни

деловни активности на АМСМ е техничкиот преглед на моторни возила. На 11.6.2008 година, дотогашниот Сектор

за техника беше трансформиран во трговско друштво АМСМ УСЛУГИ – СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ДООЕЛ Скопје. Основните активности на оваа единица се насочени кон редовен технички преглед и регистрација

и брзи услуги. Во 2014 година, во АМСМ-станиците беа регистрирани 123.553 моторни возила, што претставува значителен дел (приближно 30%) од вкупниот број на регистрирани возила во РМ, со што АМСМ останува лидер на пазарот за технички

АМСМ УСЛУГИ

6.7

ПЕТРОЛ

обезбедувајќи

оперативна поддршка.

Во рамките на АМСМ Консалтинг функционираат пет клучни сектори, секој со специфична улога во поддршка на работењето

на организацијата:

1. ИТ-сектор – Основа на технолошкиот развој, одговорен за дигитализацијата, одржувањето

3. Правен

4. Сметководство и финансии – Управува со финансиските текови, сметководствените операции и стратешкото планирање, гарантирајќи финансиска стабилност и транспарентност во работењето.

5. Сектор за човечки ресурси – Воведен во 2011 година, овој сектор се грижи за управувањето со кадарот, професионалниот развој и градењето на продуктивна работна средина. Како

работи тим од осум искусни новинари, кои како надворешни соработници од нејзиното формирање се дел од редакцијата на „АМСМ Клуб Мобилити“, придонесувајќи за неговата

своја електронска верзија. Денес, „АМСМ

Клуб Мобилити“ се објавува во четири

печатени и шест електронски изданија

годишно, достапни на домашните и електронските адреси на членовите, физички

и правни лица.

Големо признание за неговиот квалитет

и релевантност е фактот што од 2007 година, „АМСМ

6.10

АВТОШКОЛА МОБИЛИТИ

6.11

АМСМ

мации АМСМ УСЛУГИ – СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ

период, флотата на службата за помош на пат и шлепување вклучува 26 специјално опремени возила за помош на

пат, меѓу кои: „фиат добло“ (4 возила), „форд транзит конект“ (4 возила), „лада нива“ 1.7 (5 возила), „голф 2“ – 1.6D (12 возила), „тојота терсел“ 4WD (1 возило). За пренос на

возила се користат 17 камиони од типот „застава“, 3 камиони „ивеко карго 1“ и еден камион ДАФ. Како резултат на ваквата техничка опременост, службата може брзо и ефикасно да одговори на

квартални и годишни извештаи. Само во

периодот од 2010 до 2014 година, службата

реализирала околу 28.000 интервенции.

Контакт-центарот на АМСМ Услуги СПИ

на пат е клучен за комуникација со чле-

новите и корисниците. Во негова надлежност се следниве линии: 196 – за итна

помош на пат и шлепување; 15 555 – информации за состојбата на патиштата, за-

стои, гранични премини и туристички информации за Македонија и повеќе од 30

европски земји и 02/3181-181 (АМСМ Инфо-линија) – информации за сите услуги на АМСМ,

Во рамките на Службата за помош и информации на пат (СПИ) во овој период функционираат современи мултибренд сервисни центри за возила, кои нудат широк спектар на сервисни и

АМСМ УСЛУГИ

6.12

ТРЕЈД

АМСМ

ВО ПЕРИОДОТ

ОД 2015 ДО 2025 година

7

АМСМ-ЧЛЕНСТВО

Во изминатата деценија, АМСМ инвестираше во унапредување и дигитализација на членските услуги, со цел подобрување на корисничкото искуство и зајакнување на лојалноста на членовите. Овој период се одликува со иновации, стратешки партнерства и значајни подобрувања.

Во 2018 година, заради олеснета идентификација

на компанијата добиваа членска картичка од АМСМ како дополнителна вредност на нивната полиса. Во 2020 година, беше воведен нов софтвер за централизирана

картичка. Оваа соработка траеше до 2023

година и придонесе за зголемување на членската база.

Истата година, благодарение на техничката поддршка од новиот софтвер, беше лансиран проектот „Семејно членство“, овозможувајќи поволности за потесното семејство на носителот на картичката.

Во рамките на пакетите „Classic“ и „Europe Premium“, членовите добија можност да активираат до четири дополнителни семејни картички. Во септември

Следните две години ги одбележа раз-

војот на нови членски картички и услуги.

Во мај 2022 година, беше лансирана член-

ската картичка „АМСМ ВЕЛО“, специјално

наменета за велосипедисти. Оваа картичка вклучува бесплатна помош на пат

за велосипедисти во централно градско подрачје, превоз на велосипед нонстоп

и попусти за сервисирање. Проектот беше реализиран со поддршка од Grant Development Programme на ФИА и беше во насока

на АМСМ Членство, со воведување опции за споредба на различните членски пакети, онлајн-форма за зачленување пријатели и нов систем за активација на картички купени од надворешни продажни канали.

Во 2023 година, во партнерство со „Шпаркасе банка“ АД Скопје, беше воведена кобрендирана платежна картичка „Visa AMSM“, која покрај редовните услуги, овозможи дополнителни финансиски поволности

Ексклузивно достапен само за активни членови, овој сегмент од мобилната

апликација, им овозможи на членовите

пристап до електронска членска картичка и информации за искористени членски услуги. Преку личниот корисничкиот про-

податоци и на тој начин да креираат електронска сервисна

7.2 ОСИГУРИТЕЛНО

еден од водечките брокери во осигурителниот сектор, нудејќи иновативни решенија за своите клиенти и партнери. Со континуиран развој и адаптација кон потребите на пазарот, компанијата ја зацврсти својата позиција како сигурен

на компанијата.

Постојаното проширување на актив-

бројот на вработени и воведување на нови професионални профили за подобра поддршка на работењето и подобрување на услугите кон клиентите. Денес, Мобилити Брокер вработува повеќе

воведување на нови услуги, како што се инспекција на аналогни и

тахографи и таксиметри, одобрување возила, издавање АДР, АТП, ЕКМТ-ЦЕМТ и други меѓународни сертификати.

Денес, АМСМ Центар за возила има две технички служби, лоцирани во Скопје –Чаир и во Велес, кои ги нудат следните услуги: одобрување на возила, АДР, АТП, ЕКМТ-ЦЕМТ, ПТЕУ, опрема под притисок, пренослива опрема

Во 2017 година почнува со работа лабораторијата за калибрација кога добива прилог кон сертификат за акредитација на лабораторија од седум подрачја со 10 акредитирани предмети за калибрација, кои до 2025 година се проширени на 18 акредитирани предмети за калибрација. Низ текот на годините лабораторијата за калибрација ги проширува подрачјата за калибрација, а со тоа и акредитирани предмети за калибрација. Во 2019 година лабораторијата успешно изврши транзиција на MKC ISO 17025:2006 во МКC ISO 17025:2018. Денес, во лабораторијата за калибрација достапни се следните услуги согласно опсегот на акредитација: калибрација на димензионални големини – должина и агол; калибрација на механички големини – сила, забрзување, притисок и вакуум; калибрација на време и фреквенција; калибрација

на оптички големини – особини на оптички систем; хемиска анализа; калибрација на референтни материјали – гасни смеси; и калибрација на акустични големини –врева.

Во услови на засилена нелојална конкуренција, АМСМ Центар за возила се издвојува преку врвна услуга, иновативни решенија и безрезервна посветеност на безбедноста на своите клиенти.

Под слоганот „Сè за вашето возило на едно место“, АМСМ Центар за возила претставува комплетен центар, кој останува посветен на својот примарен фокус – квалитетна, безбедна и професионална услуга за сите клиенти.

7.4

со

лоцирани во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево претставува столб на долгогодишната посветеност кон безбедноста и сигурноста на патниот сообраќај во РС Македонија. Во 2015 година, АМСМ го имплементираше новиот

придонесе кон

на целокупното корисничко искуство. Новиот простор,

7.5 АМСМ

7.6 АМСМ УСЛУГИ КОНСАЛТИНГ

Континуираната, посветена и висококвалитетна работа на редакцискиот тим се огледа во секое ново издание на списанието, кое прерасна во значаен медиум во областа на мобилноста и сообраќајот.

Успешното функционирање

7.8

АВТОШКОЛА МОБИЛИТИ

за квалитетна обука е модерниот и добро одржуван возен парк.

својот возен парк, а денес располага со осум современи, климатизирани и безбедни вози -

Почнувајќи од 2022 година, па сè до денес Автошкола Мобилити Плус активно соработува со Општина Карпош на проектот „Субвенции за млади карпошани“, со кој општината субвенционира млади

лица за стекнување со возачка дозвола, а автошколата е една од избраните во која

можат да се користат овие субвенции. Од

2025 година, Автошкола Мобилити Плус остварува ваква соработка и со Општина Центар и Општина Кисела Вода.

Во 2022 и 2023 година автошколата ост-

варува

АМСМ

7.9

ги унапреди своите капацитети, услуги

технолошки решенија, задржувајќи ја лидерската позиција во областа на патната

помош и сервисните услуги.

Во овој период, континуираното подобрување на возниот парк беше еден од

приоритетите на СПИ-службата. Во 2018 година, возниот парк беше обновен со пет

Во 2019 година, за потребите на сервисниот центар во Скопје, беше набавена вулканизерска опрема, со што беа создадени услови за продажба и замена

на пневматици. Истата година, набавени беа специјални ролери, кои овозможија полесен

Истата година, во Скопје беше отворен

нов сервисен центар за велосипеди, што

претставуваше значаен чекор во поддрш-

ката на алтернативните облици на мобил-

ност и, секако, поддршка во реализација

на дел од услугите на членската картичка

„ВЕЛО“, која беше претходно спомената.

Во истиот период, во Кичево, СПИ-служба-

та отвори нов сервисен центар за автомобили, обезбедувајќи подобра достапност на услугите во западниот дел на

центар, сега веќе познат како АМСМ Контакт-центар, на 15.10.2023 година, прослави значаен јубилеј – 40 години постоење. Контакт-центарот, кој работи во рамките на СПИ, денес брои десет високообучени агенти кои овозможуваат нонстоп достапност на телефонските броеви 196 (за помош на пат) и 15 555 (за информации за состојбата на патиштата). Благодарение на нивната посветеност и професионалност, Контакт-центарот на АМСМ останува единствена ваква служба во државата, обезбедувајќи сигурност и

Комбето

од седиштето на ARC Europe SA од Брисел, како и делегации од партнерските авто-мото и мобилити клубови од регионот: AMZS (Словенија), HAK (Хрватска), BIHAMK (Босна и Херцеговина), AMSS (Србија), KTA (Косово) и ACA (Албанија). Овој

настан претставуваше важна можност за размена на искуства, планирање на идни заеднички

Периодот од 2015 до 2025 година се

издвојува како исклучително активен во

доменот на општествено одговорните активности што ги реализираше АМСМ, а беа насочени кон различни целни групи учесници во сообраќајот. Оваа монографија ги издвојува најзначајните меѓу

Целта на проектот беше на сите групи учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, возачи и мотоциклисти) да им овозможи од своја перспектива да ги идентификуваат и да ги пријават недостатоците на патиштата, притоа обезбедувајќи систематски, методолошки и трошковно ефикасен начин на собирање на податоци за недостатоците на локалните, магистралните и регионалните патишта во државата. За жал, овој проект не се реализираше до

крај, од причина што

СУГС „Јосип Броз Тито“ и СУГС „Цветан Димов“. По анализа и обработка на податоците, АМСМ достави официјален извештај и барање до надлежните институции

до три годишна возраст. Возилата на

целните групи беа обележани со налепници што се издаваa во АМСМ во времетраење од

една година. Проектот се реализираше во

соработка со Министерството за внатрешни

работи, Министерството за транспорт и вр-

случаи и повредите на патиштата за најмалку 50% во текот на оваа деценија. Како дел од оваа глобална иницијатива, беше изготвен Глобалниот план за Декадата на акција за безбедност на патиштата 20212030, кој предвидува примена на концептот „Безбеден систем“. Овој пристап ја поставува безбедноста на патиштата како еден од клучните двигатели

Проектот од општествена одговорност

во 2022 година го посветивме на младите возачи, а беше насочен кон зголему-

вање на свесноста за ризиците од расеаното возење што се должи на употреба на мобилен телефон. Со поддршка од

грант-програмата на ФИА за безбедност на патиштата, ја развивме алатката „Drive

In the Moment“ („Вози го моментот“), која се заснова на истражување и бихевиористички пристап и е дизајнирана за да

помогне во прекинување на навиката за користење на мобилен телефон во текот на возењето. Промоцијата на проектот се реализираше со поддршка на сите поголеми приватни и државни универзитети и факултети, таргетирајќи повеќе илјади студенти, млади или идни возачи. Беа одржани повеќе

Следната година, во 2023, повторно со финансиска поддршка од ФИА Грант програмата за трансформација беше реализиран проектот „Врти БЕЗГРИЖНО“. Проектот се однесуваше на воведување помош на пат за велосипедисти преку лансирање на нова членска картичка „АМСМ ВЕЛО“ и формирање на посебен сегмент за техничка поддршка на велосипедистите во рамките на АМСМ Служба за помош на пат и информации. Со овие активности, како и преку оние што следуваат, АМСМ го почнува своето репозиционирање на пазарот, од авто-мото сојуз во мобилити клуб, кој

според највисоките меѓународни стандарди. Проектот опфати широк спектар на засегнати страни, вклучувајќи ја не-

формалната заедница на вело-активисти „На точак“, како и Републичкиот совет за

безбедност во сообраќајот (РСБСП), кој

претставува највисоко советодавно тело

во оваа област. Во рамките на проектни-

те активности беа анализирани 130 километри велосипедска инфраструктура во

Скопскиот плански регион.

Врз основа на оваа анализа беа добиени

клучни сознанија за актуелната состојба,

како и за потенцијалите за понатамошно унапредување на безбедноста. АМСМ, како партнер во проектот, ја вклучи шпан-

Како резултат

„FACTUAL Consulting“ (Фактуал консалтинг) изработи детална анализа и извештај со конкретни препораки и мерки за унапредување на безбедноста на велосипедската инфраструктура.

Овој извештај беше доставен до сите релевантни институции, вклучувајќи ги општините во скопскиот регион, ЗЕЛС, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и други надлежни органи. Дополнително, како резултат

Во текот на 2024 година, АМСМ направи

уште еден важен чекор кон дигитализација и модернизација на своите услуги, со официјалната промоција на новата

мобилна апликација наменета за корисниците на паметни телефони. Апликацијата претставува современо дигитално решение, дизајнирано со цел да им овозможи на членовите и сите возачи побрз,

поедноставен и интуитивен пристап до

АМСМ-услугите – директно од нивниот мобилен уред. Преку апликацијата, корисниците добиваат можност да повикаат помош на пат онлајн, со целосна прегледност и можност за следење на статусот на интервенцијата во реално време. Оваа функционалност значително

од авто-мото во модерна мобилити организација што ги застапува интересите на сите учесници во сообраќајот, АМСМ во 2025 година стана стратегиски партнер на Здружението за промовирање на велосипедизмот „ВЕЛО Училишта“. Преку ова партнерство, АМСМ активно се вклучи во обуки, работилници и едукативни настани што „ВЕЛО Училишта“ ги организираат на локално и национално ниво, насочени кон различни целни групи – деца, млади, родители и наставници. Овој тип соработка не само што ја прошируваат мисијата на АМСМ како мобилити клуб туку и ја зајакнуваат неговата општествена одговорност, градејќи

ИЗДАВАЧ: Авто-мото сојуз на Македонија

СЕДИШТЕ НА ИЗДАВАЧОТ: Бул. М.Т. Гологанов, бр.21, 1000, Скопје

УРЕДНИЦИ: Благица Станојевиќ Блажевски, Маргита Поповска

ЈАЗИЧНА

ГРАФИЧКА ПОДГОТОВКА: Мартина Поповска

Печатница:

Тираж: 100 примероци

Скопје, 2025

656.13:061.2(497.7)”1945/2025”

80 години Авто-мото сојуз на Македонија

ISBN 978-9989-9625-6-1

COBISS.MK-ID 66510597

ISBN 13 - 978 - 9989 - 9625 - 6 - 1

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.