
22 minute read
ПАТУВАЊЕ БАЛКАНСКИ БИСЕРИ НА ДОФАТ НА РАКА
Светско богатство на Унеско - Балкан 1 дел
ЧЕСТОПАТИ МИСЛИМЕ ДЕКА ЗА НЕЗАБОРАВЕН ОДМОР НИ Е ПОТРЕБНА НЕКОЈА ДАЛЕЧНА И НЕПОЗНАТА ДЕСТИНАЦИЈА, НО ВЕРОЈАТНО ГРЕШИМЕ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ ОСВРНУВАМЕ НА ТОА ШТО НИ Е НА ДОФАТ. ОВОЈ ПАТ БАЛКАНОТ, СО СИТЕ СВОИ НЕОТКРИЕНИ ПРИВЛЕЧНОСТИ И ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЧИЈА УБАВИНА И ВРЕДНОСТ ОЧИГЛЕДНО НАБРЗО ЌЕ СТАНЕМЕ СВЕСНИ, СЕ ПОГРИЖИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊАТА.
Advertisement
МАКЕДОНИЈА Република Македонија го зазема централниот дел на Балканскиот Полуостров и сосема е природно ова патување да го започнеме со нашата прекрасна земја. Патувајќи низ Македонија ги откриваме убавините на величествениот кањон Матка, паркот Маврово, легендарни те Стоби, Битола и Скопје, преубавите езерски убавици, прекрасната Шара... со единствена можност да се ужива во македонската национална храна и да се дегустира добро вино.
Охрид и Охридско Езеро Овој наш преубав град, познат и како Ве чен град, лежи на бреговите на Охридското Езеро. Тој претставува историја на македонската култура, некогашен најважен образовен центар и лулка на писменоста на словенските народи, каде што се на оѓал и најстариот универзитет во Европа (IX век), благодарејќи на работата на св. Климент и св. Наум. Првпат градот Охрид се споменува во 3 век пр.н.е., а првиот голем опис датира од V век, кога се бранел од племенските напади за време на Големата миграција. Поради големиот број цркви и манастири, градот е познат и како балкански и ев ропски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име Лихнид. Според една легенда, која ја запишале браќата Миладиновци, кога се градела охридската тврдина, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежел градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. колку убав рид и оттогаш гра дот се нарекува Охрид. Духот на антиката се чувствува и во ам фитеатарот во стариот дел на Охрид. Се верува дека е изграден во III век пр.н.е. Зачувани се многу предмети од тој пе риод, како и од средниот век. Денес во овој амфитеатар се одржуваат многу на стани, вклучително и Охридско лето. Ако го посетите Охрид во текот на летните месеци и не гледате претстава токму на ова место, ја пропуштате единствената можност да споделите чувство какво што имале гледачите што седеле тука илјад ници години пред вас. Еден од најубавите подароци на приро дата во Европа се Охридското Езеро и неговата околина. Доволно е само од далечина да го видите како мирува, да ги слушнете брановите и да се загледате во бескрајното синило за да се вљубите во него. Познатиот писател Иво Андриќ во својот патопис „Крај светлото Охридското Езеро“ запишал: „Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро и кога наед наш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се соз даваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се прибли жете до едно од поголемите меурчиња и ќе го задржите здивот за да не го разбие те, во него, како во криво огледало, можете да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати...“ Езерото е старо меѓу 4 и 10 милиони го дини, а со тоа е најстаро на нашиот континент. Зафаќа површина од 358,2 km2 и може да збуни со својата големина. Човек би помислил дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу високите планини што го опкружуваат од сите страни. Охридското Езеро оправ дано го нарекуваат македонско слатководно море а од биолошки аспект претставува најзначаен воден екосистем во Европа. Благодарејќи на овие карактери стики, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото е потврдена во 2010 година кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз ре шиле едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името Охрид ско Езеро Незаборавно искуство е нуркањето во единствената подводна археолошка локација на Балканот, каде што може да се видат голем број атрактивни ендемични форми на живот, како што е кружниот охридски сунѓер. Езерото изо билува со подводни извори по источниот и по јужниот брег и тоа ги прави неговите води неверојатно бистри. На некои места проѕирноста достигнува до 22 метра длабочина. Повеќето површински извори се наоѓаат во близина на манастирот „Св. Наум “, а во близина на градот се најпо знатите извори Студеништа, познати како Билјанини извори.
ЦРНА ГОРА Тоа е дестинација што никого не го остава рамнодушен бидејќи нуди сѐ: море и плажи, знаменитости во старите градови Котор, Пераст и Будва, луксузниот остров Свети Стефан, природните ресурси на
Плитвички Езера

Скадарското Езеро и планинските карпи, авантури со рафтинг на реката Тара или скијање на Дурмитор и Бјеласица.
Котор Со векови Котор, градот со вредни антич ки споменици на културата, цркви и катедрали, претставува предизвик за секој турист. На секој чекор низ Стариот град Котор, барем со имагинацијата, посети телот може се врати во средниот век, во барокот или во периодот кога пиратите делеле правда на бреговите низ светот. Во него се зачувани траги од илирската и од римската култура, готската, ренесанс ната и барокната. Стариот град Котор е еден од медите ранските градови со најдобро зачуванa средновековна урбана целина од XII до XIV век и запишан е во Списокот на свет ско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ранохристијанската базилика што се наоѓа под црквата Пресвета Бо городица, кај главната градска порта на стариот Котор, е најстара археолошки запишана зграда и датира од VI век од н.е. Во XI век Котор го примил патронот на градот свети Трифун, во чија чест била изградена катедралата што денес важи за симбол на Котор. Културното богатство на Котор е непроценливо. Градската риз ница ги крие најважните културни знаменитости: Саат-кулата (VIII век), Катедралата Свети Трифун (XII век), Црквата на Свети Лука (XII век), Ректорската палата (XVII век), Црквата на Света Марија (XII век), Црквата на Пресвета Богородица (XV век), Театарот Наполеон (XIX век). Националниот парк Дурмитор и Кањонот Тара Националниот парк Дурмитор во Црна Гора е лоциран на планинскиот масив Дурмитор, а тука се и кањоните на реката Тара со 1.500 видови растенија и 130 видо ви птици. Националниот парк Дурмитор зафаќа 39.000 хектари, а 20.000 хектари се под заштита на УНЕСКО и од 1980 го дина се запишани во Списокот на светско наследство. На Дурмитор се наоѓа и највисокиот град на Балканот, Жабљак, на надморска височина од 1.456 метри, опколен со дваесет и три врва повисоки од 2.300 метри. Кањонот Тара е прогласен за светски еколошки резерват. Тука се и кањоните Драж и Сушице, долината на кањонот Комарница, голем број планински врвови, од кои 48 со над 2.000 метри височина, 18 глацијални езера со име Планински очи. Како стотици други дестинации ши рум светот, така и овој парк е избран и заштитен од Обединетата национална организација за образование, наука и култура. Ова место е исклучително вред но за човештвото затоа што е центар на развојот на балканската флора, со алпски и алпско-арктички цветни елементи, на јужните падини на кањонските долини се распространети супмедитерански, па дури и медитерански цветни елементи, а околу езерото се наоѓа сибирска тајга. Планинските ливади и пасишта, карпите и пукнатините во нив, боровите, снегул ките, тресет бубачките, екосистемите во слатководните води го прават овој дел од Југоисточна Европа вреден и неспоред лив со кој било друг дел во светот.
СЛОВЕНИЈА Словенија многупати е нарекувана „скриено богатство“. Иако сте слуш нале за неа, можеби не сте помислиле да ја посетите. Секако сте слушнале за познатите места во Словенија, како на пример главниот град Љубљана, или пак, за Бледското езеро, но оваа земја крие уште многу други убавини кои че каат на вас. Доколку се одлучите да ја посетите, ви предлагаме некои од нив.
Шкоцијански јами Јамите во пештерите во Словенија спаѓаат во најзначајните природни фе номени во светот, најголеми подземни кањони, со исклучителна убавина, со уникатен екосистем и големи истори ски вредности затоа што биле населени уште од праисторијата. Поради тоа, во 1986 година биле запишани во Списокот на места за светско наслед ство на УНЕСКО во Европа. Пештерите се издвојуваат од сите други пештери со огромниот кањон на реката Река, со должина од околу 3,5 км, ширина од 10 до 60 метри, со максимална висина од 140 метри. На некои места таа се шири во огромни простории, а со 2,2 милиона м2 просторијата на Мател е најголема во Европа и една од најголемите во светот. Археолошките истражувања от криле дека луѓето ги населувале овие пештери уште од мезолитот, неолитот, бронзеното и железното време, сè до антиката и средниот век, т.е. последни те 5.000 години. Јамите немале само локална вредност туку и голема рели гиозна вредност во праисториските времиња кога било особено важно зем скиот живот да се поврзе со подземниот, задгробниот. Оваа област, исто така, е дом на мно гу ретки и загрозени видови птици и лилјаци, но и ретки пештерски живот ни (на пример, човечка риба). Поради необичните геоморфолошки и микро климатски услови, тука се развил единствен екосистем во кој има комбинација од медитерански, супмедитерански, централноевропски и алпски географ ски системи.

Шкоцијански јами
Идрија Идрија е град и центар на истоимената општина во Западна Словенија. Со веко ви градот Идрија своето постоење им го должи на рудниците за жива, некогаш најбогати во светот, кои сега се затворе ни поради непрофитабилност. Европејците повторно ја откриле живата во Идрија и тука се зачувани делови од најголемиот комплекс за вадење жива во светот, па во 2012 година Идрија била запишана во Списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа под наслов „Наслед ството на живата“, заедно со шпанскиот рударски град Алмаден.
СРБИЈА Кога ќе дојде летото, повеќето од нас сакаат да одат на море, сметајќи дека тое е најдобрата дестинација на која треба да се помине годишниот одмор. Сепак, и покрај тоа што нема море, Србија е толку богата со природни убавини и скриени места што ќе ги задоволат и највисоките критериуми.
Градот Стари Рас и манастирот Сопожани Стари Рас со манастирот Сопожани се издвојува како еден од најважните кул турно-историски комплекси во Србија. Овој локалитет, составен од тврдини, ма настири и цркви, лоцирани во близина на Нови Пазар, бил запишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 го
Манастир Студеница

дина, под името Стари Рас со Сопожани. Стари Рас е средновековен комплекс составен од голем број споменици, рас пространети во Градина, во Пазариште со Подгреже, Трговиште, Градина во По стење, Градината на Реља, црквата во Напрељ и латинската црква во Постење. Името Рас најверојатно потекнува од ста рото име Арса, запишано од византискиот историчар Прокопиј во VI век. Ова име го определило идното име на српската држава Рашка. Долга е историјата на локацијата каде што се наоѓаат остатоците од Стари Рас. При археолошките истражувања е утврдено постоење на населби уште од раното бронзено време. На десниот брег на реката Рашка е откриена римска бази лика од крајот на четвртиот или од почетокот на петтиот век. На овој локалитет се наоѓаат и некои од најзначајните архитектонски споменици во Србија, како што се Црквата на све тите апостоли Петар и Павле, Џурџеви Ступови и Сопожани. Во областа Рас се пронајдени многубројни остатоци од се којдневниот живот, уникатни сведоштва за богатото минато на српската средно вековна држава.
Манастир Студеница Тоа е еден од најголемите и најбогати те манастири на Српската православна црква, кој го основал Стефан Немања во 1190 година. Се наоѓа на 57 км од Краље

во (Кралево). Грандиозните ѕидови на манастирот опкружуваат четири цркви: Црквата Богородица и кралската црква (црквата на светите Јоаким и Ана), из градени од мермер, како и црквата Свети Никола и уште една црква од која се за чувани темелите. Манастирот е познат по својата колекција на фрески од XIII и од XIV век. Во 1986 година УНЕСКО го за пишал Студеница во Списокот на светско наследство. Она што не треба да се одмине се Средно вековни споменици на Косово (Манастир Високи Дечани, Манастир Пеќ, Манастир Грачаница, Црква Девици од Љевиш кои навистина пленат со својата убавина.
ХРВАТСКА Хрватска е земја на илјада острови, со исклучителна природа и богато наслед ство. Тоа е земја чија убавина се слави уште од античко време. Многумина ја на рекуваат рај на земјата, место за вистинска инспирација.
Сплит Во најважниот список на историски и природни места од светско значење е запишан и Сплит, една од најпопуларни те дестинации не само во Хрватска, туку и на целиот Медитеран. Неговото исто риско јадро е пример за тоа како ваков споменик може да биде дел од градскиот живот. Центарот на Сплит е жив, не е само празна музејска школка и затоа трае тол ку долго. Кога се шета низ центарот на Сплит како да се минува низ вековите на градскиот живот, по безброј слоеви исто рија, архитектура и градски дух. Токму затоа Сплит е привлечен за посетители те од цел свет. Но тоа е и модерен град и затоа е посакувана локација за живот или дестинација за патувања. Мора да се сака и да се почитува за да може да живее барем уште 17 века. Задолжително мора да се запознаат неговите плажи, Марјан, старите и новите населби, кул турните институции, музеите, баровите, рестораните, клубовите во кој било пери од од годината. Ако спаѓате во „ловци“ на места на УНЕ СКО, тешко е да најдете подобро од тие на Сплит. Почнете од Сплит и Диоклеција новата палата, која римскиот цар Диоклецијан ја подигнал околу 300 година, каде што престојувал по повлекувањето од престолот. Потоа разгледајте ги Шибеник и локалната катедрала Свети Јаков. Ка тедралата Свети Јаков во Шибеник била градена повеќе од еден век. Постојат повеќе работи што ја прават уникатна, не само во хрватската архитектура, туку и во европската. Катедралата целосно е изградена од камен и без друг мате ријал; уникатна е по храбрата структура на камени плочи без врзувачки мате ријал; единствена е меѓу ренесансните цркви според предната фасада во облик на детелина и според хармонијата на ар хитектурата и редот од 71 реалистичен скулпторски портрет околу апсидите.
На враќање застанете на средновековниот скапоцен камен Трогир. Поминете еден ден на островот Хвар каде што може да ја најдете најубавата мириз лива лаванда. На дневните патувања може да посетите уште две страници на УНЕСКО, Дубровник и националниот парк Плитвички Езера. Единствена локација до која потешко се доаѓа е Еуфразиевата базилика во Пореч. Еуфразиевата базилика спаѓа во најзачу ваните споменици на рановизантиската уметност на Медитеранот. Се наоѓа во Пореч, Хрватска. Била изградена во VI век за време на бискупот Еуфразиј и царот Ју стинијан I. Од 1997 година е под заштита на УНЕСКО. Со градбата на оваа базилика е започнато во 553 година врз темелите на друга базилика од порано време. По доцна во базиликата била изградена и трета црква во готски стил. Иако објектот бил оштетен од земјотреси, пожари и вој ни, сепак мозаикот од V век е зачуван до денес. Најстариот фрагмент на мозаикот датира од III век.
Дубровник Дубровник, или како што уште се наре кува „Бисерот на Јадранот“, е сместен на крајниот јужен дел на Хрватска. „Оние што бараат рај на земјата мора да дојдат во Дубровник“, напишал Бернард Шо, маѓепсан од убавините на градот, чии недопрени градски ѕидови денес се под заштита на УНЕСКО. Основан е во VII век од н.е., од XIV до XVI век Дубровник го доживеал својот најголем подем како ме тропола на трговијата, науката и уметноста, а во шеесеттите и во седумдесеттите години по Втората светска војна, кога почнал да се развива туризмот, станал и најомилена туристичка дестинација на Јадранот. Своето богато културно-исто риско наследство Дубровник најубаво го раскажува при прошетката по неговата главна улица. Славните ѕидови со вели ченствената кула ќе ви подарат прекрасен поглед на магичните острови Шипан, Лопуд и Колочеп, расеани како бисери во морското синило. Од Онофиревата чеш
Дубровник
ма до Градските камбани, преку префинетите зданија на палатата Спонза и славниот Кнежевски двор, како и барокните цркви Св. Влах, катедралата Вознесение Маријана, Св. Игнација, во овој град се кој чекор е доживување само за себе. Во летниот период Дубровник блеска со по себниот сјај на единствената театарска сцена во светот, каде што од близината на тврдината Ловријенац, издигната 37 метри над морето, зборовите на бесмрт ниот Хамлетов монолог „Да се биде или не...“ одекнуваат со посебна тежина.
Национален парк Плитвички Езера Пространи шумски комплекси, исклу чителни природни убавини на езера и водопади, богата флора и фауна, пла нински воздух, контрасти на есенски бои, шумски патеки и дрвени мостови... се дел од уникатната целина што ја пре позна УНЕСКО и во 1979 година беа меѓу првите заштитени. Прошетајте низ овој рај на земјата во секое време од годината затоа што сите езера се волшебни на свој начин. Волшебниот свет на Плитвичките Езера, лоциран меѓу Мала Капела и Пљешивица во Лика, се нарекува и Ѓаволеста градина заради локацијата и историјата. Легенда та вели дека езерата се формирале по голема суша, кога луѓето, животните и растенијата копнееле по капка вода. Луѓето постојано се молеле и тогаш во долината се појавила Црната кралица и им се сми лувала на луѓето и предизвикала силен ветер и грмотевици и конечно почнало да врне. Дождот врнел долго и нивото на водата се зголемило доволно за да се формираат езерата. Верувале или не во легендата, на самиот влез во волшебниот свет на Плитвички Езера ќе ја откриете убавината на 16 си но-зелени езера, меѓусебно поврзани со пенливи водопади и каскади и прекрасен животински свет. Езерата постепено се прелеваат и се спуштаат едни во други во серија од 5.460 метри воздушна ли нија. Првите сериозни почетоци на туризмот

на Плитвички Езера биле забележани во 1861 година, кога била изградена „крал ската куќа“ во која можело да се сместат само тројца, а веќе во 1894 година об ласта ја посетиле илјада туристи и патници. Денес повеќе од еден милион посетители годишно уживаат во нив.
Стариот дел на Трогир и Староградско Поле Градот Трогир лежи на островот меѓу коп ното и островот Чиово. Специфичноста на градот е во скулпторската уметност на каменот. Поради оваа убавина и вред ност, УНЕСКО го вклучи стариот град Трогир во Списокот на светско наследство. Одењето по улиците на Трогир е како патување во минатото, во времето на Гр ците, Римјаните и Венецијанците. Речиси секоја куќа има стилски карактеристики, грб или натпис. Зачувани се голем број палати и куќи, повеќето се од XIII век, и десетина цркви. На јужната страна на градот се зачувани голем број среднове ковни ѕидови со кули. Тука е статуата на св. Ивана, познатата тврдина Камерлен го од XV век, Кулата на свети Марко што била поврзана со кулата Камерленго за одбрана од османлиските напади. Староградско Поле на островот Хвар е заштитен културен пејзаж во кој старата грчка поделба на земјиштето е зачувана до ден-денес како систем на патишта и терасовидни парцели. Станува збор за најдобро зачуван антички грчки ката стар на Средоземното Море, поради што е седмо хрватско место во Списокот за светско наследство на УНЕСКО. Всуш ност тоа е најголема плодна рамнина на сите јадрански острови. Се наоѓа во централниот дел на островот Хвар, меѓу Стари Град и Врбоска. Долго е околу 6 км, со просечна ширина од околу 2 км и зафаќа површина од 1.376 ха. Карактери стични почви на полето се црвената, глинестата и песочната, кои се формирана од алувијални наноси. По северниот раб на полето се наоѓа езерцето Драчевица, единствен површински извор на вода што речиси никогаш не пресушува.
• Маргита Поповска
СО ПРОГРАМАТА SHOW YOUR CARD! КАКО АМСМ ЧЛЕНОВИ ШТЕДИТЕ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА, НО И ВО ВАШАТА ДРЖАВА. ШТО ЗНАЧИ ТОА? ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ПОКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ВО ПРОДАЖНОТО МЕСТО SYC! КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ НАЛЕПНИЦАТА СО ЛОГОТО SHOW YOUR CARD! НА САМИОТ ВЛЕЗ, ВИЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД 10% ДО 50% ПОПУСТ.
ХРВАТСКА
ДУБРОВНИК EMERGENSEA - 10% попуст на асистенција и помош при пловење Концептот на EmergenSea е настанат пред 8 години во Хрватска со цел да се овозможи помош и асистенција на море. Концептот како водечки бренд за морска асистенција развивајќи се во бренд денес брои повеќе од 5.000 членови и 70 оператори низ 5 медитерански земји. Мрежата се состои од група професионалци и ентузијасти со посебен кодекс на однесување чија примарна цел е да им се овозможи помош на морепловците додека пловат. Со специјализирана опрема и обучен тим EmergenSea се 24/7 достапни за услуга. HERTZ РЕНТ - А - КАР - 10% до 15% попуст од најниската цена на изнајмување на возило Hertz е ексклузивен партнер на Show your Card! и ги нуди своите попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 земји, на повеќе од 8.500 локации. Во Дубровник се наоѓаат на повеќе локации. GHETALDUS OPTIKA - 10% попуст на сите производи и услуги Ghetaldus Optika е најголемата оптика во Хрватска со највисоки стандарди. Нивниот кnow-how, конзистентност во работата и широк спектар на очила, диоптерски очила, леќи и рамки за очила од светски брендови се гаранција дека ќе добиете навистина врвна услуга. За одличната услуга зборува и стручноста на нивните офталмолози во нивните очни болници. ОПАТИЈА HOTEL OPATIJA - 15% попуст на стандардни соби со појадок или полупансион и 15% попуст на масажи Хотелот Опатија се наоѓа во центарот на прекрасниот град Опатија на северниот брег на Јадранското море, на само 3 минути од градската плажа. Опкружен со парк и зеленило, со 216 удобни соби и ресторан со прекрасна национална и меѓународна кујна, овој хотел ќе ви овозможи незаборавен одмор. ЦРНА ГОРА HERTZ РЕНТ - А - КАР Од 10% до 15% попуст од најниската цена на изнајмување на возило. Hertz е ексклузивен партнер на Show your Card! и ги нуди своите попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 земји, на повеќе од 8.500 локации. Во Црна Гора се наоѓаат на повеќе локации во Подгорица и во Будва. Повеќе информации и резервации на www.hertz-europe.com. BEST WESTERN HOTELS EUROPE Со околу 1.300 хотели ширум Европа и 2.100 во Америка и Азија, Best Western се секаде каде што сте и Вие. Во Best Western хотелите добивате до 20 % попуст на сите локации во Европа и Азија (вклучувајќи ги и Best Western Premier Хотелите). Букирајте на: http://www.bestwestern.com/deals-offers/special-rates/show-your-card/?IATA=33333003 , АМСМ кодот е: 568 HARD ROCK CAFE Kафе - ресторани застапени во 21 земја Повеќе од 40 години Hard Rock Cafe го оживува духот на музиката. Во однос на храната имате можност да уживате во свежи и високо квалитетно подготвени специјалитети од менито, вклучувајќи ги и легендарните бургери, а, пак, во Rock продавниците ќе уживате во рок-енд-рол инспирираните предмети. Со 194 локации во 60 земји ширум светот Hard Rock Cafe е еден од најпрепознатливите брендови на глобално ниво. Како АМСМ член во Hard Rock Cafe имате 10% попуст на храна и безалкохолни пијалоци. Дознајте повеќе на www.hardrock.com. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! Сите попусти можете да ги пребарате на на нашиот нов пребарувач на www.amsm.mk доколку кликнете на Show your Card! логото, внесете град каде што ќе патувате и одберете категорија. Попустите можете да ги пребарате и на www.showyourcard.eu. Доколку сте постојано во движење симнете ја бесплатната апликација за IOS и Play store Show your Card discounts и пребарајте ги попустите.
1
Секаде каде што ќе го
забележите логото 2
Покажете ја Вашата
АМСМ - ЧЛЕНСКА
картичка
3

и ПОПУСТОТ
„ЛЕТО КАКО ВО ‘МАМА МИА’ “
ЕНИ РОБЕРТСОН
За сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“, од печат излезе романот „Лето како во „Мама миа“ од Ени Робертсон. Приказната во книгата се движи околу Лорел, која не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група „АББА“ и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за грчкиот остров Скопелос, кој се наоѓа на западниот дел од Егејското Море, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…


„THE STUDIO ALBUMS“ ABBA

Сетот, кој содржи осум цедеа, на еден од најпопуларните бендови на светската музичка сцена ќе излезе во продажба на 3 јули, како своевиден „подарок“ за неговите обожаватели. Ќе чини 128 евра. Шведскиот квартет одлучи да го издаде овој сет од осум цедеа (студиски албуми) за да ја одбележат претстојната четириесетгодишнина од издавањето на последната грамофонска плоча во 1981 година - „The Visitors“. И песните што се наоѓаат на останатите седум цедеа беа големи хитови во текот на седумдесеттите, почнувајќи од 1973 год., и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Првиот лонг-плеј беше насловен „Ring Ring“, а потоа следуваа „Waterloo“ (1974 г.), „ABBA“ (1975-та), „Arrival“ (1976 год.), „ABBA the Album“ (1977 г.), „Voulez Vous“ (1979-та), „Super Trouper“ (1980 год.). Интересно е тоа што песните на шведската четворка се слушаат и денес, а освен возрасните, ги пеат и младите, кој во времето на нивното „владеење“ не биле ни родени. Групата остави трајни белези на поп-музиката пред четириесетина го
дини, па и повеќе.•
„MULAN“ (МУЛАН)

Режисерот на „Whale Rider“ и „North Country“, по долготрајна, петнаесетгодишна пауза, се врати во филмската „индустрија“ со најновото остварување - „Мулан“, во продукција на Walt Disney Pictures. Сценариото е на Rick Jaffa, Amanda Silver, Lauren Hynek и Elizabeth Martin. Акционата драма се базира на истоимената балада и е адаптација на анимираниот филм од 1998-та. Се снимаше во Кина и во Нов Зеланд, а Liu Yifei беше избрана во конкуренција од илјада актерки, кои дојдоа на аудицијата. Станува збор за високобуџетно остварување од двесте милиони долари, каде што се зборува за младата Хуа Мулан, најстарата ќерка на болниот кинески воин, која се пријавува да служи војска во империјалната армија, претставувајќи се како негов син.
ЖАНР: акциона драма
ГЛУМЦИ: Liu Yifei, Donnie Yen, Jason Scott
Lee, Yoson An, Gong Li, Jet Li
РЕЖИЈА: Niki Caro