
5 minute read
ПЕТНАЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ
MERCEDES-MAYBACH S650 NIGHT EDITION ПЕТНАЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ

Advertisement


Kога ќе се спомне лимузина од класата „с“ веќе е познато, говориме за марката „Мерцедес - Бенц“ и сè ни е јасно, затоа што тоа е автомобил од горната класа во која луксузот игра главна улога. Но кога на тој ист автомобил од класата „с“ му е додадено името „мајбах“, е тогаш нештата добиваат друга димензија, а луксузот станува уникатен. Има една вистина што се спомнува, тие што купуваат скапи автомобили не им е сеедно кога ќе видат некој на улица со ист автомобил како нивниот. Конкретно „мерцедес – бенц с 650“ е сериски автомобил со долг список од сериска и дополнителна опрема, скап е, но не е тоа тоа, затоа што е сериски и многумина може да го имаат. Најверојатно, производителот затоа нуди несекојдневна лимузина и тоа само за пазарот во САД. Истата лимузина ја нуди со наставка „мајбах“ и сега лимузината го добива името „мерцедес мајбах с 650“. За нагласување на уникатноста, лимузината ќе биде произведена во само 15 примероци и тоа го нагласува во името со „најт едишн“, односно „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“. Ако се само 15 примероци, а толку се според изјавите на производителот, јасно е, моделот ќе го поседуваат само 15 мина во држава со скоро 270 милиони жители и можноста да се сретнат некаде е многу мала. Оваа загарантирана уникатност ќе ги чини сопствениците 250.000 долари, а колку за информација, „обичната“ лимузина без наставката „мајбах најт едишн“ чини 200.000 долари. Што е толку поинаку од обичната до посебната изведба за разликата да биде 50.000 долари? Изработката, материјалите, пардон, грижливо одбраните материјали, не прва класа, туку вон класа, врвни парчиња од материјали, најдобрите што може да ги понуди светот. Сето тоа е вградено во „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ и како додаток имате и порцелански детали, а за кожни и дрвени, тоа во мајбах е секојдневие, за тоа воопшто не треба да се зборува. Во официјалниот извештај е нагласено, цитираме: „снабден е со рачно правен 6,0 литарски V12 мотор....“. Не било каков туку рачно направен и продолжува со два турбо компресори кои помагаат да се извлечат 621 КС потребни да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди. Списокот на опрема во внатрешноста почнува со можноста да бирате каков амбиент сакате во задниот дел од автомобилот. Диодите овозможуваат 64 бои на осветлување и 64 бои на внатрешноста, така што останатото зависи од вас. Удобноста во кабината е надополнета со тридимензионалното амбиентално озвучување „барместер“, двата 12,3 инчни екрани осетливи на допир, со масажа и вентилација во седиштата и што уште нè. Подвозјето е врв од достигнување. Со воздушните перничиња кои играат улога на амортизери управува систем наречен „ерматик“, кој го следи теренот (подлогата на која се вози) и начинот на возење, а потоа системот ги ускладува сите податоци и ја подесува суспензијата на најоптимално ниво. Сета оваа работа ја контролира системот „меџик боди контрол“, за автомобилот да „лизга“ по асфалтот како во море од масло, или како што велат италијанските морнари „бонаца“. Тука е и пакетот од безбедносни помагала „дап“ и системот за ноќна видливост наречен „нвап“. И да, туку има место за дополнителна опрема што вам ви се допаѓа. Конкуренција на „мерцедес мајбах с 650 најт едишн“ се лимузините од Бентли и Ролс Ројс, „флаинг спар“ и „гоуст“. •
LEXUS IS БОРБА ВО КОМПАКТНАТА ПРЕМИУМ КЛАСА
Mоделот „ис“ е припадник на премиум компактната класа и со тоа претставува директен конкурент на „алфа ромео џулија“, „ауди а4“, „бмв 3“, „мерцедес ц класа“, „инфинити ку50“ и „акура акорд“. За справување со конкуренцијата Лексус ја понуди четвртата генерација од популарниот модел „ис“. Бидејќи Лексус нема дизел мотори остануваат трите бензински од кои третиот со зафатнина од 2,5 литри со четири цилиндри е хибриден и поседува 180 КС („ис 300х“). Едниот од преостанатите два агрегати е реден четирицилиндричен со зафатнина од 2,0 литри кој со помош на турбо компресор развива 245 КС („ис 300“), додека другиот е V6 со зафатнина од 3,5 литри и 316 КС („ис 350“). За поголема удобност, но и подобро лепење за асфалтот,
FORD MUSTANG MACH 1 СО НАДЗВУЧНА БРЗИНА
им беа потребни 17 години повторно да го претстават моделот „мустанг мах 1“. Малку чудно, но сега е моментот според нив за светска премиера. Името кажува сè, „мустанг“ е нешто како втор заштитен знак во Форд покрај неговото лого. И веднаш погодувате, производителот го претстави супер купето кое ќе започне да се продава на пролет следната година. Бидејќи спортскиот купе автомобил е од тие кои неретко беа користени за трки, Форд ќе понуди и тркачка изведба, односно комплет, од делови со кои автомобилот се претвора во тркачка машина, а потоа се оди директно на писта, затоа што на таквите таму им е местото. Моторот има осум цилиндри распоредени во V со вкупна за

Лексус ги вградува своите амортизери со двојни вентили, едниот поголем за справување со поголеми нерамнини на асфалтот, а кога нерамнините се мали тогаш одговорен за работата на амортизерот е малиот вентил. Со овој метод на конструирање амортизери се овозможува нивна подолга експлоатација, но и стабилно однесување на автомобилот при поголеми брзини. Производството се одвива во матичната земја, но сите мислеа дека новиот „ис“ ќе се произведува во досегашната фабрика која претставува своевидна лабораторија каде погонот на задните тркала е доведен до перфекција, но производството е префрлено во новите погони. Во зависност од пазарите, „лексус ис“ ќе стигне до купувачите на крајот од

На конструкторите, поточно на одговорните во Форд оваа и на почетокот од идната година •

фатнина од 5,0 литри. Со 480 КС при 7000 врт/мин. Силината се пренесува на задната оска преку шестстепен обичен менувач или 10 степен автоматски во зависност од желбата на купувачот. Во првичните податоци покрај другото, спомнати се 5,7 секунди потребни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч тргнувајќи од место. Велат продажбата ќе започне наредната година на пролет и тоа со цена од 50.000 долари за „основниот“ модел. 480 КС за 50.000 долари, тоа е повеќе од солидна цена, а друга поволност е што секој сопственик може да го надоградува својот автомобил затоа што производителот оставил простор за такво нешто. Тоа „мах 1“ во името е нешто како автомобилот брз исто колку и звукот. •
