Безбедност во сообраќајот
ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ И ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ ЛЕТНИТЕ ПАТУВАЧКИ ШЕМИ БАРААТ ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГОРЕШТИНИТЕ. ВОЗЕЊЕТО АВТОМОБИЛ НА +40 СТЕПЕНИ НЕ Е МНОГУ ПРИЈАТНО, НО ЗАТОА МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ЗАБАВНО.
Г
одинашново лето 2020 ќе биде запомнето по тоа што патувањата нема да бидат како во минатото, се мисли на масовноста и на метежот на автопатите, на аеродромите, железничките и на автобуските станици. И покрај сè, сепак, ќе се патува, а како превозно средство најчесто ќе се избира автомобилот поради индивидуалноста. Другиот сообраќај ќе биде десеткуван како последица на добро познатите причини што нема да ги споменеме затоа што милион пати е зборувано за нив во другите медиуми. Ние строго ќе се задржиме на патувањата среде летниот период кога температурите во сенка понекогаш достигнуваат и над 40 степени Целзиусови. Горештините умеат да го направат патувањето нервозно и непријатно. Колку и да е ситуацијата напната, мора да бидете подготвени затоа што знаете дека нервозата не
28 06.2020 | www.amsmklubmobiliti.mk
води никаде. Временските услови во лето се такви и тука нема повеќе дискусија. Кој не може и не сака да „се вари“ во автомобил среде лето, нека не тргнува на пат, а за останатите што веќе прават планови имаме неколку совети што ќе им бидат од голема корист. • Избегнувањето на жештината е клучно за попријатно патување. Пред да тргнете автомобилот мора да биде под сенка најмалку два часа и задолжително треба да земете поголеми количества вода за пиење и за миење. Избегнувајте други видови течности, особено сокови затоа што во нив доминира шеќерот и нема да ја изгасне жедта. Покрај неизбежната вода, земете нешто за јадење, омилените јадења го дополнуваат доброто расположение, но земете храна што не се расипува. На топло некои прехранбени производи се подложни на расипување.
Некои возачи патувањето го почнуваат во раните утрински часови за да ги избегнат дневните горештини. Сепак, кога патувате треба да бидете добро наспани и одморени, во спротивно можно е да задремете на воланот. Затоа тргнувањето по полноќ е ризично. Во првите часови од возењето сè е в ред, но кризниот момент, дремката, се јавува со појавата на првите сончеви зраци. Најдобро е да сте добро наспани, а потоа возете и уживајте во патувањето. Седењето во автомобилот ќе ви биде поудобно ако на седиштето ставите памучна ткаенина, најчесто тоа се крпите за плажа, фротирките. Со нив нема толку многу да ја чувствувате топлината. Ако патувањето е долготрајно и имате потреба од застанување, тогаш барајте сенка за возилото и откако ќе излезете никако не оставајте ги децата или домашните миленици во автомбилот. Се случува