1099- Kapital magazin

Page 20

АПР. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

конвергентната понуда која е наменета за деловни корисници од сите сегменти, мали, средни и големи компании, нудиме и ИКТ продукти и услуги. Воведуваме стандардни, но и нови, нестандардни услуги односно tailor made понуди за големите компании со што на бизнис корисниците има даваме можност преку А1 Македонија да го имаат својот IT партнер за напредно дигитално работење на нивните компании. Заедно со A1 групацијата и А1 Digital развиваме нови дигитални решенија кои треба го надополнат портфолиото на ИКТ услуги и производи и да допринесат за уште подобро корисничкото искуство за нашите деловни корисници. XШто X донесе, пак, пандемијата за работењето на самата компанија? Како А1 Македонија се прилагоди на новите околности, што од тие прилагодувања можеби ќе остане како трајна пракса и сл.? Како компанија од телекомуникацискиот сектор, покрај тоа што се фокусиравме на овозможување на новиот начин на функционирање преку дигиталните алатки што ги креиравме и понудивме на корисниците и јавноста воопшто, паралелно и самите ние требаше да се адаптираме. Најпрво се соочивме со менување на моделот на работење кој го трансфериравме во целосно онлајн модел, а потоа ги воведовме и надградивме каналите за продажба и за грижа за корисници. Колегите во продажните салони се нашите херои бидејќи останаа на висината на својата задача и претпазливо и со многу внимание се посветени на нашите корисници, како и колегите од техника кои се целосно предадени на обезбедување на сите потребни услови за беспрекорно функционирање на мрежата. Повеќе од една година, од дома работат 80% од вработените при што ниту еден процес не е загрозен. Моделот за флексибилно работно време и работно место A1 Flexy, што веќе беше воведен во компанијата во 2019та година, сега стана наш основен модел на функционирање. Ние сме водечки меѓу големите компании во земјата кои пред пандемијата, а сега уште поизразено, овозможуваме работење на агилен начин, во комплетно дигитално опкружување кое е флексибилно од аспект на работните часови и местото на работа. Свесни сме и за тоа дека новите технологии носат промени и во вештините кои луѓето треба да ги поседуваат, за да можат да бидат во тек со новитетите и да имаат самодоверба да ја користат технологијата од иднината. Во таа насока, ја развивме програмата A1 Future Hub, за нашите колеги од А1 Македонија и А1 Хрватска, која има за цел да не подготви за иднината, да ни понуди нови вештини со кои ќе можеме да одговориме на предизвиците на новите технологии и да го овозможи професионалниот и личниот раст на секој член од А1 тимот. XВеќе X неколку години зборуваме за 5Г технологијата, којашто во 40-тина земји веќе е воведена, во некои е во фаза на тестирање и сл. До каде сме ние во Македонија на тоа поле,

конкретно А1 Македонија? Новата генерација технологии, 5G, е се’ поприсутна во земјите од светот, а од неодамна и во нашето соседство. Имено, А1 Бугарија, која е дел од А1 Телеком Австрија групацијата, на почетокот на овој месец на аукцијата за спектар на радиофреквенции ги добија посакуваните спектари со што станаа првиот оператор во земјата кој лансира 5G мрежа. Со се’ поголема имплементација на 5G во различни земји, се’ повеќе се чувствува бенефитот од новата гигабитна мрежа и кај приватните, но пред се’ кај бизнис корисниците. Оттука, и А1 Македонија како компанија која е насочена кон обезбедување на врвна корисничка услуга за своите корисници е подготвена да одговори на потребата на корисниците од новата генерација 5G. Првите чекори се веќе направени од страна на A1 Македонија, кон крајот на 2019 година кога успешно ја завршивме првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата. Тестовите направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија Но, секако, пред самата имплементација на 5G технологијата од страна на А1 Македонија, неопходно е првенствено да се спроведе аукцијата за фреквенции во нашата земја која наскоро ја очекуваме да се реализира од страна на АЕК. По завршување на оваа фаза, нашите корисници можат набргу да очекуваат дека ќе ги искусат бенефитите од новата 5G мрежа. XОбјаснувано X е повеќе пати досега, но ве молам накратко да објасниме за читателите што ќе значи за корисничкото искуство, бизнисот, приватниот живот, економијата воопшто, искористувањето на оваа технологија? 5G е иднината. Динамиката со која се движи светот бара технологија која може да одговори на брзите промени кои се случуваат. Како што податоците кои ги пренесуваат корисниците меѓусебно се се’ поголеми, во смисла на тежина во бити, и како капацитетите на хардверите за пренос на овие податоци се зголемуваат, така и инфраструктурата преку која се пренесуваат тие податоци треба да се надградува. Токму затоа ни доаѓа новата 5G мрежа која ќе им овозможи на корисниците со поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност да пренесуваат податоци за кои веќе и сега имаат и реална потреба. За да ги согледаме првите бенефити од 5G најдобро е да ги погледнеме реалните искуства на поразвиените земјите како Јужна Кореја, САД, Холандија и Хонгконг, кои веќе имаат поголема 5G покриеност. Во овие земји веќе можат да се забележат самоуправувани возила на улиците, паметно улично осветлување, автономни системи за навигација кои овозможуваат

бродови сами да стигнат до одредена дестинација, онлајн настани креирани во виртуелна реалност, следење на спортски натпревари онлајн каде гледачите сами ја движат камерата, и сето тоа функционира беспрекорно токму поради можностите кои ги нуди 5G. Но, вистинскиот бенефит од 5G технологијата доаѓа кога истата ќе има поголема распространетост и ќе преовладува нејзината употребата над веќе постоечката 4G мрежа. А тогаш кога интерконективноста на уредите ќе биде целосно на новата технологија, ќе дојде до израз интернетот на нештата (IoT) во приватниот и деловниот свет. Масовната распространетост на IoT ќе ја подобри продуктивноста на компаниите, ефикасноста на операциите, брзината на извршување на активностите, а со тоа деловните субјекти и општеството во целина целосно да ја доживеат индустриската револуцијата 4.0. Всушност, 5G е горивото на кое работи индустриската револуција 4.0. Како конкретни примери од иднината ќе може да забележиме во сообраќајот каде возилата ќе комуницираат со светот околу нив во реално време со што ќе успеат да го подобрат текот на сообраќајот но и безбедноста, кај здравствените работници кои ќе можат да ги надгледуваат пациентите од далечина и со користење на вештачка интелигенција да дадат прецизни дијагнози и да овозможат непречено работење на болниците, во производствата каде ќе можe да се управува со високо ефикасни паметни фабрики, во малопродажбата каде ќе се овозможи беспрекорно виртуелно корисничко искуство, како и во многу други индустрии и сегменти на напредното работење. XКажете X ни малку повеќе околу инцијативата „Европска зелена дигитална коалиција“ чиј што потписник е Групацијата А1? Што ќе значи тоа и за компанијата ќерка во Македонија, какви придобивки за заштитата на животната средина и одржливиот развој? Уште од самите почетоци на компанијата, општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата. ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на Групацијата А1 Телеком Австрија официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со истото се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво. Вредно е да се спомне и дека амбициите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот се конкретни и имаат точно


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.