5 minute read

Северна Македонија задолжен за економски прашања

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099 KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE

Cambridge Analytica и манипулацијата со личните податоци на огромен број на луѓе, на крајот всушност се запрашуваме што е всушност тоа реалност? Дали е реалност тоа што го перцепираме преку нашите сетила? Дали е тоа што ни се сервира преку масовната комуникацијата? Тоа што ни го пренесува околината? Или, нешто што е и сосема релевантно, е дека ништо не е реално? Многумина ќе кажат дека тоа што го перцепираат по природен пат преку своите сетила е тоа што е реално, но колку е реално чувството кога ќе сетилото за вид ќе го забележи најновиот автомобил од омилениот бренд, или пак омилениот оброк? Автомобилот и оброкот се токму изработени според желбите на примателот на пораката или ние самите и ги насочува импулсите токму кон сетилата за да се предизвика определена состојба. Во тој случај дали импулсите добиени преку сетилата ја пренесуваат објективно реалност или пак е видно изменета? Основни секојдневни активности како оброк, патување од една до друга локација, облека ни се сервирани нереално, нивното испреплетување продуцира нешто сосема ново, имагинарен свет. Времето во кое моментално живееме и верувањата кои што ги имаме за реалноста на светот, не се ништо пореални или понереални од верувањето на мало дете во светот на бајките. При купување на нов автомобил и верувањето дека истиот ќе донесе определен статус во општеството (што е општа прифатена реалност) е ништо повеќе реално од верувањето на детето во Дедо Мраз. Тежнеењето кон добивањето на општествен статус, во ниту еден момент не се разликува од тежнеењето на детето да го запознае Дедо Мраз. Имагинарни светови како детските се создадени за да веруваме дека тоа што го доживуваме е реално а тој свет е нереален и да го поткрепиме нашето убедување во реалноста. Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни. Селективната насочена комуникација, значајно го менува размислувањето и верувањето на масите за тоа што претставува реално пред се преку манипулација на чувствата на примателите на пораките. Начинот на исхрана е еден класичен пример за брзо менување на верувањата и реалностите кај масите, каде денес еден тип на храна денес која се комуницира како здрава и најдобра за индивидуата, од утре постанува нездрава и штетно влијае, информација која што се прифаќа како реалност во моментот на нејзиното изјавување без воопшто да се анализира нејзината позадина. Прифаќањето на субјективни ставови, кои што се сервирани како реалност го поттикнува размислувањето дека индивидуите се самосвесни и дека “размислуваат со сопствена” глава, кога всушност ниту едно од размислувањата не е реално и не се потпира на објективни факти. Во тој случај индивидуата изјавува реалност е во тоа што верува! Всушност, во тоа што верува е комбинација од многу различни илузии за реалноста, кои во ниту една ситуација или критериум не преставуваат вистинска објективна реалност. Како што ќе биде подоцна во книгата детално појаснето, единствената реалност за која сме сигурни дека ќе се појави, всушност единственото нешто за кое сме сигурни во животот е смртта. Иако, човештвото отсекогаш ја романтизира и и придава посебно значење, денешницата ја обликува на посебно материјално ниво. Толку сме заплеткани во изместената реалност, што повеќе не можеме да видиме било што реално дури и кога за тоа имаме можност. Реалност е кога гледаме обично дрво истото да го перцепираме како ништо повеќе од тоа, но најчесто со самото гледање на дрвото, чувствуваме и мир, одмор, релаксација, колку сме далеку од секојдневните проблеми, а со тоа и целата реалност на дрвото се менува. Од биолошко растение преминува во нешто многу повеќе и повторно поради работи кои се наметнати а не реални. Одморот го бараме најчесто поради тоа што маркетингот и масовната комуникација нe` убедува дека ни е потребен и се убедуваме самите во тоа, мирот се поврзува со “правење нешто за себеси” што повторно се потпира на некакви комерцијални услови кои што ние би требало да ги исполниме. Што доколку немавме познавање што е тоа одмор или што е мир или пак што е релаксација и бегање од проблемите, дали и тогаш со еден краток поглед кон едно растение ќе ги имавме истите чувства или нешто сосема друго? Серијата од испреплетени изместени реалности кои постојано се надополнуваат како една со друга така самите себе, започнуваат да коегзистираат во една целосно нова реалност. Едноставно ние сме прифатиле дека масовниот медиум на кој му веруваме, ја пренесува пораката транспарентно. Како едноставен пример може да се појасни моменталната реалност е анализа на личноста која целосно ја искривува вистината. Започнува со една лага, потоа за секоја ситуација ја изместува вистината, за потоа да продолжи да ги изместува вистините и за последиците од претходните и така натака до моментот кога нема воопшто да се познава што е вистина што е лага и единствената можност е да се прифати приказната како што е да биде реална.

Advertisement

ИНДИВУДУАЛИЗМОТ КАКО ВРВОТ ВО НЕРЕАЛНОСТА!

Индивидуализмот е во полн ек во 21-виот век, поголемиот дел од популацијата повеќе би го живеела животот на некој друг отколку сопствениот најчесто поради материјалниот притисок кој го чувствуваме и потрагата по „фиктивни“ чувства кои би предизвикале среќа и мир. По сите параметри тоа што го бараме

Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”.

и очекуваме е далеку од реалноста за тоа што реално истите претставуваат. Среќата, која е досега недефинирана, субјективно е перцепирана како состојба во која се задоволени барањата и очекувањата на индивидуата за определена ситуација, период, живот. Сепак, по длабински анализирано среќата најчесто не е ништо повеќе од серија наметнати размислувања и погледи кон кои што ние целиме. Од друга страна неисполнувањето на очекувањата предизвикува фрустрација, нереализираност и негативни чувства кои со текот на времето повеќе се продлабочуваат отколку што се решаваат. Како консумеризмот го помогна и сè уште го помага креирањето на хиперреалноста и живеењето во светот на илузијата? Моментално во втората декада на 21-виот век, човекот многу повеќе живее во свет кој нема никаква допирна точка со ништо