7 minute read

PROFILE Јанез Јанша, премиер на Словенија

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Јанша важи за исклучително, честопати и неверојатно безобразен кон медиумите, се разбира кон оние кои не ги величаат неговите лик и дела. И додека за неговиот однос кон сериозните медиуми добива постојани критики од професионалните новинарски организации и меѓународните институции што ја следат слободата на говор, тој ја обожува социјалната мрежа Твитер каде е исклучително популарен меѓу своите поддржувачи, а се прославува честопати и со фрапантни десничарски ставови, дури и со теории на заговор. Прекарот му е „Маршал Твито“

Advertisement

продолжи да биде суден во судскиот процес Патрија. Тој започна да ја издржува својата двегодишна затворска казна непосредно пред предвремените избори во 2014 година. Повторно, СДС беше втор со 21% од гласовите. Јанша помина 176 дена во затвор пред Уставниот суд да нареди негово ослободување и на крајот да ги укине пресудите во 2015 година. Сепак, предметот стана застарен пред да дочека повторно судење. Времето на одржување на клучните настани поврзани со судењето ги натера Јанша и неговата партија да покренат тужби за отштета против државата тврдејќи дека двапати им била украдена изборната победа. Со текот на годините, Јанша и неговата партија се придвижуваа понатаму надесно од политичкиот спектар, усвојувајќи нативистичка агенда (политичка реторика со којашто се пропагира интересот првенствено на домицилните жители наспроти оној на имигрантите и сл., н.з.) од типот застапуван од Виктор Орбан во Унгарија и Доналд Трамп во САД. Оттурнати од неговата тврда реторика и идеолошки разлики, многумина од неговите поранешни приврзаници го напуштија и малку политички партии. Јанша не е почитуван од мејнстрим медиумите, а тој пак нив ги презира. Како и Трамп, тој претпочита да го користи Твитер за да комуницира со јавноста и со неговите над 50.000 следбеници. Јанша важеше за еден од главните „фанови“ на Трамп со теза дека неговата победа во САД е доказ дека светот се движи во нови правци. „Доналд Трамп победи против корпорациите, против режимските медиуми кои беа 90% во корист на неговиот ривал”, рече тој, кога Трамп победи. На последните американски избори ќе остане запаметен твитот во којшто Јанша упорно му честита „победа“ на Трамп додека целиот свет веќе знаеше дека САД добиваат нов претседател. Јанша има напишано неколку книги, вклучително Премики (1992 година, преведен на англиски јазик под наслов „Изработката на словенечката држава“) и „Окопи“ (1994 година, „Барикади“), во кои ги нуди своите ставови за проблемите на преминот на Словенија од комунизмот кон парламентарна демократија. Тој исто така напиша историски роман наречен „Бел пантер“ во кој ги истражува етничките потекла на словенечката нација во Кралството Норик – или Норикум, латинското име за келтското кралство што се простирало пред нашата ера на територијата на денешна Австрија и на дел од Словенија . Јанша е оженет за 20 години помладата лекарка Уршка Башовник. Двајцата се страствени љубители на алпско искачување, имаат две мали момчиња. Тој исто така има и пораснати син и ќерка од претходната врска.

Каде оди Словенија под палката на Јанша?

Наскоро ќе бидеме најдобри во борбата против короната“, порача преку Твитер новинарката Евгенија Карл откако Јанша повторно седна на премиерската фотелја. Карл продолжува во ист, саркастичен тон: „99,9 отсто од населението ја поддржува владата. Стануваме втора Швајцарија, без корупција, без невработеност.“ Повод за тој твит не беа големите очекувања од новата словенечка влада, туку фактот дека владата на Јанша со кадровски промени во Државниот завод за статистика очигледно сака да создаде изгледи не само за една нова и убава Словенија, туку и на нова, убава статистика. Јанез Јанша е на власт нешто повеќе од година. Ја презеде точно на почетокот на корона-рестрикциите. Истиот ден, во некаков вид словенечка верзија на „Ноќ на долгите ножеви“, паднаа „глави“ во армијата, полицијата и воената тајна служба. Следеа и други државни службеници на највисоки позиции. Но, најважното поле на некогашниот новинар Јанша се - медиумите. Норберт Мапес-Нидик во анализа за Дојче Веле пишува дека кога медиумите открија дека новиот министер за здравство Здравко Почивалшек во текот на набавката на заштитните маски му дал предност на „пријателско“ претпријатие, Јанша веднаш започна војна со удари против „предавниците на татковината“, „југофилите“, „комунистите„ и „Удба-мафијата“,типично однесување за тој тип на владетели кога се соочуваат со обвинувања за корупција. Како изгледаат тие удари на сопствена кожа своевремено искуси токму и новинарката на словенечката телевизија Евгенија Карл, која од страна на Јанша во една прилика беше наречена „курва која наплаќа 30 до 35 евра“. Фрапантно е што премиерот тоа смее да го прави и во иднина - словенечкиот Врховен суд заклучи дека новинарите мора да истрпат такви навреди упатени од страна на политичарите. Таков неумерен тон ја следи словенечката политика од самите почетоци. Независноста во 1991 година ја изборија комунистичкиот и антикомунистичкиот табор, но наскоро следеше раскол - поради тоа што комунистите останаа на власт, антикомунистичкото малцинство се чувствуваше изиграно. Тонот се заоструваше со секој изборен пораз кој опозицијата го доживуваше од комунистите. Првиот претседател на Словенија, Милан Кучан, наеднаш во очите на опозицијата стана „сталинист“ и беше споредуван со Слободан Милошевиќ, иако токму тој беше еден од оние кои му се спротивставија на белградскиот диктатор, со што и започна процесот на распаѓање на Југославија. Словенечката комунистичка партија под водство на Кучан беше и таа која не прогонуваше дисиденти и ги штитеше од прогон. Главната кавга помеѓу двата табора се води, слично како и во Хрватска, околу Втората светска војна. Левите и леволибералните политички сили кои произлегоа од комунистичкото движење, се трудат да одржат позитивно сеќавање на партизанското движење. За нив Југославија беше преодна фаза на патот кон независност на Словенија. Десницата се повикува на словенечките домобрани кои соработувале со италијанските и германските окупатори. Во јавниот дискурс доминира борбата околу спомениците, масовните гробници и почесните водови. Економските контроверзии околу приватизацијата и странските инвестиции тука играат неважна улога. Словенија од сите поранешни комунистички држави што пристапија во ЕУ во 2004 година имаше примања најблиски до просекот во ЕУ.

Како дисидентот и борец против комунизмот стана ксенофоб и националист

Јанез Јанша,кој во 1980-те како новинар на „Младина“ важеше за главен словенечки дисидент, кој поради својата работа заврши и

АЛЈАЖ ПЕНГОВ БИТЕНЦ

Во изјава за „Foreign Policy” словенечкиот аналитичар Алјаж Пенгов Битенц вели дека Јанша е опкружен со таканаречени „’да’ соработници“ – луѓе кои постојано се согласуваат со неговите идеи и немаат храброст да му се спротивстават.

во затвор, по прогласувањето на независноста се разви во лидер на десницата, а неговата партија, која на почетокот се нарекуваше социјалдемократска, стана собиралиште на националистите. Неговата Словенечка демократска партија (СДС) никогаш не освои повеќе од 30% на изборите. Од другата страна на политичкиот спектар, левицата постојано произведуваше нови партии и лидери кои потоа исчезнуваа по само еден изборен период. Јанша во 2004 и 2012 година доаѓаше на власт само кога во лево-либералниот табор толку многу ќе се испокараа, што не беа во состојба да формираат влада. Причина за кавгите најчесто беа обвинувањата за корупција. Но, и таборот на Јанша често влегува во корупциски афери. По безбројните превирања, левицата и либералите се додуша и натаму силни, но мнозинството, како што смета мариборскиот политиколог Борис Везјак, станува се’ понесигурно. По изборите во 2018 година на уште еден политичар од левичарскиот табор, на актерот Марјан Шарец, му појде од рака да формира малцинска влада, но таа, по бројни кавги, се распадна на почетокот на 2020. На почетокот на март Јанша успеа да собере парламентарно мнозинство со шарена коалиција - освен неговата СДС, тука се и католичката Нова Словенија, Партијата на пензионерите, на чие чело е 48-годишната (!) Александра Пивец, како и остатоците од некогашната владејачка партија на поранешниот премиер Миро Церар. По бегалската криза во 2015 година, тирадите на Јанша против странците, хомосексуалците и ЕУ наидуваат на се’ помалку критики и во левичарскиот табор, кој се’ уште има најмногу приврзаници меѓу Словенците. На надворешнополитички план Јанша се ориентира во насока на Орбанова Унгарија, чиј премиер во последно време настојува да исплете цврста и влијателна мрежа во регионот. Орбановиот Фидес негува добри односи со националистите во Северна Македонија, а настојува да и’ се приближи што повеќе и на се’ поавтократската Србија. Со Оливер Вархеји како нов еврокомесар за проширување, положбата на Будимпешта во регионот е зајакната. Тоа би можело да се почувствува за некој месец, веројатно и кај нас, кога Словенија, како прва земја со влада од орбитата на Виктор Орбан, на први јули ќе го преземе претседавањето со Европската унија. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Единствениот лик од ерата на битката за словенечката независност, кој сè уште е активен во националната политика, Јанез Јанша го помина најголемиот дел од својата кариера менувајќи страни - од власт во опозиција и обратно. Од почетокот на кариерата, како вработен во тогашниот социјалистички Секретаријат за одбрана, скандалот со „Младина“ и апсењето од комунистичката власт, преку неговата улога во осамостојувањето на Словенија и формирањето на сопствена одбрана, конфликтите со некогаш шефот, а потоа противник Милан Кучан (на фотосот со Јанша некаде во 1990 година), па сè до новото време од 2000 наваму, Јанша е олицетворение на идеолошката поделба во земјата. Едната страна го гледа како жртва на системот што сè уште го водат поранешните комунистички елити, додека другата го доживува како корумпиран и опасен демагог.