18 minute read

ИНТЕРВЈУ на А1 Македонија

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

INTERVIEW

Advertisement

конвергентната понуда која е наменета за деловни корисници од сите сегменти, мали, средни и големи компании, нудиме и ИКТ продукти и услуги. Воведуваме стандардни, но и нови, нестандардни услуги односно tailor made понуди за големите компании со што на бизнис корисниците има даваме можност преку А1 Македонија да го имаат својот IT партнер за напредно дигитално работење на нивните компании. Заедно со A1 групацијата и А1 Digital развиваме нови дигитални решенија кои треба го надополнат портфолиото на ИКТ услуги и производи и да допринесат за уште подобро корисничкото искуство за нашите деловни корисници. XШто донесе, пак, пандемијата за

работењето на самата компанија?

Како А1 Македонија се прилагоди на новите околности, што од тие прилагодувања можеби ќе остане како трајна пракса и сл.?

Како компанија од телекомуникацискиот сектор, покрај тоа што се фокусиравме на овозможување на новиот начин на функционирање преку дигиталните алатки што ги креиравме и понудивме на корисниците и јавноста воопшто, паралелно и самите ние требаше да се адаптираме. Најпрво се соочивме со менување на моделот на работење кој го трансфериравме во целосно онлајн модел, а потоа ги воведовме и надградивме каналите за продажба и за грижа за корисници. Колегите во продажните салони се нашите херои бидејќи останаа на висината на својата задача и претпазливо и со многу внимание се посветени на нашите корисници, како и колегите од техника кои се целосно предадени на обезбедување на сите потребни услови за беспрекорно функционирање на мрежата. Повеќе од една година, од дома работат 80% од вработените при што ниту еден процес не е загрозен. Моделот за флексибилно работно време и работно место A1 Flexy, што веќе беше воведен во компанијата во 2019та година, сега стана наш основен модел на функционирање. Ние сме водечки меѓу големите компании во земјата кои пред пандемијата, а сега уште поизразено, овозможуваме работење на агилен начин, во комплетно дигитално опкружување кое е флексибилно од аспект на работните часови и местото на работа. Свесни сме и за тоа дека новите технологии носат промени и во вештините кои луѓето треба да ги поседуваат, за да можат да бидат во тек со новитетите и да имаат самодоверба да ја користат технологијата од иднината. Во таа насока, ја развивме програмата A1 Future Hub, за нашите колеги од А1 Македонија и А1 Хрватска, која има за цел да не подготви за иднината, да ни понуди нови вештини со кои ќе можеме да одговориме на предизвиците на новите технологии и да го овозможи професионалниот и личниот раст на секој член од А1 тимот. XВеќе неколку години зборуваме за

5Г технологијата, којашто во 40-тина земји веќе е воведена, во некои е во фаза на тестирање и сл. До каде сме ние во Македонија на тоа поле,

конкретно А1 Македонија?

Новата генерација технологии, 5G, е се’ поприсутна во земјите од светот, а од неодамна и во нашето соседство. Имено, А1 Бугарија, која е дел од А1 Телеком Австрија групацијата, на почетокот на овој месец на аукцијата за спектар на радиофреквенции ги добија посакуваните спектари со што станаа првиот оператор во земјата кој лансира 5G мрежа. Со се’ поголема имплементација на 5G во различни земји, се’ повеќе се чувствува бенефитот од новата гигабитна мрежа и кај приватните, но пред се’ кај бизнис корисниците. Оттука, и А1 Македонија како компанија која е насочена кон обезбедување на врвна корисничка услуга за своите корисници е подготвена да одговори на потребата на корисниците од новата генерација 5G. Првите чекори се веќе направени од страна на A1 Македонија, кон крајот на 2019 година кога успешно ја завршивме првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата. Тестовите направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија Но, секако, пред самата имплементација на 5G технологијата од страна на А1 Македонија, неопходно е првенствено да се спроведе аукцијата за фреквенции во нашата земја која наскоро ја очекуваме да се реализира од страна на АЕК. По завршување на оваа фаза, нашите корисници можат набргу да очекуваат дека ќе ги искусат бенефитите од новата 5G мрежа. XОбјаснувано е повеќе пати досега,

но ве молам накратко да објасниме за читателите што ќе значи за корисничкото искуство, бизнисот, приватниот живот, економијата воопшто, искористувањето на оваа технологија?

5G е иднината. Динамиката со која се движи светот бара технологија која може да одговори на брзите промени кои се случуваат. Како што податоците кои ги пренесуваат корисниците меѓусебно се се’ поголеми, во смисла на тежина во бити, и како капацитетите на хардверите за пренос на овие податоци се зголемуваат, така и инфраструктурата преку која се пренесуваат тие податоци треба да се надградува. Токму затоа ни доаѓа новата 5G мрежа која ќе им овозможи на корисниците со поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност да пренесуваат податоци за кои веќе и сега имаат и реална потреба. За да ги согледаме првите бенефити од 5G најдобро е да ги погледнеме реалните искуства на поразвиените земјите како Јужна Кореја, САД, Холандија и Хонгконг, кои веќе имаат поголема 5G покриеност. Во овие земји веќе можат да се забележат самоуправувани возила на улиците, паметно улично осветлување, автономни системи за навигација кои овозможуваат бродови сами да стигнат до одредена дестинација, онлајн настани креирани во виртуелна реалност, следење на спортски натпревари онлајн каде гледачите сами ја движат камерата, и сето тоа функционира беспрекорно токму поради можностите кои ги нуди 5G. Но, вистинскиот бенефит од 5G технологијата доаѓа кога истата ќе има поголема распространетост и ќе преовладува нејзината употребата над веќе постоечката 4G мрежа. А тогаш кога интерконективноста на уредите ќе биде целосно на новата технологија, ќе дојде до израз интернетот на нештата (IoT) во приватниот и деловниот свет. Масовната распространетост на IoT ќе ја подобри продуктивноста на компаниите, ефикасноста на операциите, брзината на извршување на активностите, а со тоа деловните субјекти и општеството во целина целосно да ја доживеат индустриската револуцијата 4.0. Всушност, 5G е горивото на кое работи индустриската револуција 4.0. Како конкретни примери од иднината ќе може да забележиме во сообраќајот каде возилата ќе комуницираат со светот околу нив во реално време со што ќе успеат да го подобрат текот на сообраќајот но и безбедноста, кај здравствените работници кои ќе можат да ги надгледуваат пациентите од далечина и со користење на вештачка интелигенција да дадат прецизни дијагнози и да овозможат непречено работење на болниците, во производствата каде ќе можe да се управува со високо ефикасни паметни фабрики, во малопродажбата каде ќе се овозможи беспрекорно виртуелно корисничко искуство, како и во многу други индустрии и сегменти на напредното работење. XКажете ни малку повеќе околу

инцијативата „Европска зелена дигитална коалиција“ чиј што потписник е Групацијата А1? Што ќе значи тоа и за компанијата ќерка во

Македонија, какви придобивки за заштитата на животната средина и одржливиот развој?

Уште од самите почетоци на компанијата, општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата. ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на Групацијата А1 Телеком Австрија официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со истото се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво. Вредно е да се спомне и дека амбициите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот се конкретни и имаат точно

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА А1 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ ГО ИМА КОРИСНИКОТ ВО ФОКУСОТ

XПокрај плановите околу 5Г, какви

се останатите стратешки цели и планови за иден раст и развој на А1

Македонија, во новонастанатите услови на (пост)пандемично работење и живеење?

Стратегијата за оваа година во својот фокус има повеќе сегменти и домени на работа, се со цел компанијата да овозможи дигитализација на општеството во кое живееме. Во 2021 година ќе се посветиме на развојот на пазарот пред се’ преку воведување на 5G мрежа во нашата земја. Имплементацијата на 5G на пазарот изискува голем обем на работа во подготвителната фаза пред самото лансирање. Надградување на самата радио технологија, усовршување на компетенциите на техничките екипи за работа со 5G и разработувањето на конкретни понуди на услуги и производи за нашите корисници, се само дел од активностите кои влегуваат во проектот на А1 Македонија за воведување на 5G на македонскиот пазар. Исто така, во нашите цели за оваа година е силно втемелена конвергентноста на услугите кои ги нудиме. Ова се однесува од една страна на поголема експанзија на оптичката инфраструктура во нашата земја, но од друга страна и на содржините кои им ги нудиме на нашите корисници. Се’ поголем е фокусот на платформите за содржини кои нашите корисници ги употребуваат, а не само технологијата преку кои ги следат истите. Во таа смисла, во 2021 сме насочени кон воведување на нови платформи за содржини за корисниците како што се А1 Xplore Music и А1 Xplore TV. Понатаму од аспект на иновација ќе работиме на збогатување на понудата на ИКТ услуги како што се сајбер безбедност, IoT и паметни уреди. Оваа година во нашиот фокус ќе биде и подобрување на ефикасноста, модернизацијата и симплификацијата на интерното работење пред се’ преку автоматизација на процесите и употребата на вештачката интелигенција во извршување на операциите, а се’ со цел подобрување на крајната услуга кон нашите корисници. Корисниците исто така во 2021 година можат да очекуваат подобро дигитално искуство во интеракциите со А1 Македонија кое ќе го овозможиме со воведување на нови функционалности на Мојот А1 апликацијата, усовршување на виртуелниот асистент Славчо, кој е во план оваа година да овозможи и разговори на албански јазик, но и целосно нова A1 платформа за e-commerce каде што ќе можат дигитално да го завршат целиот процес на набавка на уреди од купување до испорака. И секако, оваа година планираме да инвестираме во сите членови на А1 тимот преку целосна програма за усовршување на нивните вештини со кои ќе бидат подготвени за иднината. На почетокот на оваа година покрај годишната стратегија, ја утврдивме и среднорочната стратегија на нашата компанија за периодот до 2025 година, во која јас силно верувам и можам да ги уверам корисниците дека тие се ставени во централниот фокус и истата е градена токму да им овозможи подобра услуга за да можат да ги креираат своите дигитални светови.

утврдени цели во три сегменти: Климатски и амбиции за животна средина до 2030 година - Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори, долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно, Социјална амбиција до 2023 година едукација на над 100.000 луѓе - особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост, да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година - Да се зголеми процентот на жени на раководни позиции над 40% и да се подигне и одржи процентот на жени во компанијата над 40% и да се одржи најдобрата практика и надворешно сертифициран усогласен систем за управување со цел да се заштити интегритетот и доверливоста на А1 Телеком Австрија групацијата. Со оваа зададена цел во нашата стратегија за 2021 година, но и сите останати цели за развој на пазарот, подобро корисничко искуство, конвергентност, автоматизација, модернизација и иновација, верувам дека А1 Македонија е на патот кон остварување на уште една успешна година во своето повеќегодишно работење на македонскиот пазар. Уверен сум дека и покрај сите предизвици кои се пред нас и оваа година ќе успееме да бидеме први на пазарот кои им ја овозможуваат дигитализацијата на корисниците, надополнета со врвно корисничко искуство. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЕKОНОМИЈА

Вкупно 23,5 милиони евра ќе бидат распределени како дивиденда за акционерите од две банки во земјава кои веќе одлучија дека ланските профити нема целосно да ги задржат како што им сугерира Народната банка. Одлуките од акционерските собранија на Комерцијална банка и ТТК банка, велат дека овој износ „останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на исплатата на дивиденда или со донесување на решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето“. Дивидендните календари, пак, откриваат дека плановите на овие две банки биле исплатата на дивиденда да почне веќе од мај. Сепак, сосема веројатно е дека овие датуми ќе бидат пробиени и ќе се чека додека монетарните власти не ја преоценат својата привремена забрана за распределба и исплати на дивиденди од банките. Неофицијално, тоа е можно да се случи најрано во јули, откако Народната банка ќе ги разгледа најновите индикатори од банкарскиот сектор за првите шест месеци годинава.

БАНКАРСКИТЕ ДИВИДЕНДИ ЗАГЛАВЕНИ МЕЃУ ЖЕЛБАТА И (НЕ)МОЖНОСТА ЗА ИСПЛАТА

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Вкупно 23,5 милиони евра ќе бидат распределени како дивиденда за акционерите од две банки во земјава кои веќе одлучија дека ланските профити нема целосно да ги задржат како што им сугерира Народната банка. Најголемата банка во земјава, Комерцијална, на своето Собрание на акционери донесе одлука најголем дел од профитот остварен лани, односно 22,2 милиони евра да го подели како дивиденда. Во одлуката е наведено дека овој износ „останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на исплатата на дивиденда: со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките или со донесување на решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето“. Освен тоа, на Собранието на акционерите е одлучено и помал дел од профитот лани, односно речиси 4,8 милиони евра да бидат распределени во резерви, и нешто над 4 милиони евра да бидат задржани како реинвестирана добивка што ќе се користи во 2021 година. „Добивката што се распределува како задржана добивка за инвестициски вложувања служи за развојни цели на Банката, односно за вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста, а со тоа и за остварување на правото за намалување на даночната основа за данок на добивка. Задржаната добивка се вклучува во пресметката на редовниот основен капитал и го зголемува истиот“, пишува во одлуката од Собранието на акционери на Комерцијална банка од крајот на март. Уште една банка која што веќе донесе

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЕKОНОМИЈА

одлука за распределба на добивката како дивиденда, е ТТК банка. Според одлуката на Собранието на акционери што се одржа кон средината на април, најголем дел од профитот, односно околу 1,3 милиони евра ќе бидат исплатени како дивиденда на акционерите, а 145 илјади евра ќе бидат задржани како резерви. Во објаснувањето на одлуката за исплата на дивиденда се наведени истите начини, односно пишува дека добивката ќе се распредели по престанувањето на ограничувањето од Народната банка или кога тоа би било овозможено со друго решение, одлука или акт од надлежен орган. Дивидендните календари, пак, откриваат дека плановите на овие две банки биле исплатата на дивиденда да почне веќе од мај. Според одлуката од Комерцијална банка, исплатата на дивидендата од 600 денари за една обилна акција, што е 60% од номиналната вредност, била планирана од средината на мај. ТТК банка, пак, која планира да исплати дивиденда од 90 денари за една обична акција или 9% од номиналната вредност, планирала исплата од почетокот на мај. Сепак, сосема веројатно е дека овие датуми ќе бидат пробиени и сепак ќе се чека додека монетарните власти не ја преоценат својата привремена забрана за распределба и исплати на дивиденди од банките. Неофицијално, тоа е можно да се случи најрано во јули, откако Народната банка ќе ги разгледа најновите индикатори од банкарскиот сектор за првите шест месеци годинава. Од останатите банки, НЛБ која што допрва ќе одржи седница на Собранието на акционери, има предлог одлука која што не вклучува исплата на дивиденда, туку најголем дел за акумулирана добивка и тоа 16,6 милиони евра, речиси 3 милиони евра за задржана добивка за инвестициски вложувања и нешто над 8 милиони евра за општ резервен фонд. Охридска банка, која што е во процес на спојување со Шпаркасе банка, исто така има објавено предлог одлуки за претстојното Собрание на акционери, според кои, нето добивката од околу 1 милион евра, ќе биде распоредена половина во резервен фонд, и половина како задржана нераспределена добивка.

НБМ „дува и на јогурт“

Пандемијата која што предизвика нова економска т.н. корона – криза, е главната причина поради која домашните монетарни власти во февруари донесоа одлука привремено во текот на оваа година, да се ограничи распределбата на добивките како дивиденди, со цел да се зајакне капиталната позиција на банкарскиот сектор. Според последните податоци на Народната банка, стапката на адекватност на капиталот, што е сооднос помеѓу капиталот на банката и средствата изложени на ризик, до крајот на 2020 година, на ниво на цел банкарски сектор изнесува 16,7% или повеќе од двојно над законскиот минимум. Ако се погледне движењето наназад, нема поголемо отстапување кај овој индикатор којшто последните години постојано е над 16%. Сепак, Народната банка одлучи превентивно во услови на криза да донесе ваква одлука за одржување на стабилноста на финансискиот систем, на линија со препораките на меѓународните финансиски институции. „Банките би требало да се охрабрат да се воздржат од дискреционо исплаќање дивиденди и од откуп на сопствени акции“, истакнаа од ММФ при последната Мисија во земјава. „Со Одлуката донесена од Советот на Народната банка се штити јавниот интерес –стабилноста на банкарскиот систем, а истовремено Одлуката е и во насока на поголема кредитна поддршка на граѓаните и компаниите. Како што и претходно соопштивме од Народната банка, Одлуката, којашто е од привремен карактер и со којашто се делува превентивно во постојните услови на криза, е донесена согласно со Законот за Народната банка, заради остварување на законската цел за одржување на стабилноста на финансискиот систем.“, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за Капитал. Според неа, пандемијата и синхронизираноста на мерките ширум светот за спречување на ширењето на заразата наметнале синхронизирано делување на носителите на политиките за ублажување на негативните ефекти врз економијата и зачувување на стабилноста. Во тој контекст некои од мерките и на централните банки кои овозможија времен мораториум на отплатите на населението и компаниите погодени од кризата, а воедно ја ограничија и распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите, до создавањето услови и обезбедувањето на потребните податоци и информации за негативните ефекти од пандемијата. „Нема централна банка што не ги презеде овие мерки, а одлуките на Советот на Народната банка се во истата насока. Имајќи ја предвид неизвесноста од корона - кризата којашто сè уште трае, се очекува дека банките, како и досега, и натаму претпазливо треба да ги планираат своите капитални потреби и да му дадат приоритет на зачувувањето и на натамошното јакнење на капиталните ресурси.“, додаде вицегувернерката Нацевска. Инаку, за оваа одлука на иста маса веќе разговараа банкарите и надлежните монетарни власти. На седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) на почетокот на март, на која покрај претставниците на сите членки на МБА, присуствуваа и гувернерката, Анита Ангеловска Бежоска, вицегувернерите на Народната банка, биле дискутирани актуелните состојби во банкарскиот систем, влијанието и предизвиците од корона - кризата, како и аргументацијата за донесувањето на Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците.

Пандемијата која што предизвика нова економска т.н. корона – криза, е главната причина поради која домашните монетарни власти во февруари донесоа одлука привремено во текот на оваа година, да се ограничи распределбата на добивките како дивиденди, со цел да се зајакне капиталната позиција на банкарскиот сектор.

Акционерите дивидендата си ја бараа пред Уставниот суд

Но, и покрај тоа, дел од акционерите во банките одлучија да преземат конкретни чекори за укинување на оваа одлука. Правни и физички лица-акционери на Комерцијална банка поднесoa иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Народната банка. Меѓу оние што се обратија до Уставниот суд, се и Хари Костов, главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инженеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лицаакционери на Банката. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената Одлука е донесена од страна на Советот на Народната банка без законско овластување за донесување одлука со таква содржина, односно дека таа не е во согласност со член 47, став 1, точка 25 од Законот за НБРМ. Според нив, во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна. 