1143- Kapital magazin

Page 1

COVER STORY

CHATGPT: КОРИСНА АЛАТКА ИЛИ ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО?

КАКО ИНВЕСТИРААТ ЕВРОПЕЈЦИТЕ?

СЛОВЕНЦИТЕ И ХРВАТИТЕ

НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КРИПТО, ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ

НАЈКОНЗЕРВАТИВНИ

ИНВЕСТИЦИИ

Организатор Фортонмкa, ко-организатор Кликер Маркетинг и главен медиумски партнер Капитал

ИНОВАТИВНИ МОДЕЛИ НА СОПСТВЕНА МАЛОПРОДАЖБА КАКО ДВАТА НАЈГОЛЕМИ ХРВАТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАФЕ СЕ БОРАТ ЗА ПОТРОШУВАЧИ

СКОПЈЕ БЕШЕ ДОМАЌИН НА ФОРУМОТ НА „ВИЕНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА“ ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА И ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ, ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА ДОВЕРБАТА НА ЈАВНОСТА

business magazine БРОЈ 1143 l 31 март 2023 петок година 24 l цена 200 ден. l www.kapital.mk
ВО ВРЕМЕ НА ЕКОНОМСКА НЕИЗВЕСНОСТ
ЗЛАТОТО СЕ ПОКАЖУВА КАКО СИГУРНО
ПРИБЕЖИШТЕ

КАПИТАЛ... 1143

COVER STORY

Додека „вештачки интелигентниот“

ChatGPT крева

прашина, неговите творци најавуваат

20

ЕКОНОМИЈА Народната банка беше домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

26

РЕГИОН И ЕУ Како инвестираат Европејците?

Зачувување на ценовната и финансиската стабилност, за да се зачува довербата на јавноста

14

ИНВЕСТИЦИИ Во време на економска

неизвесност златото се покажува

како сигурно прибежиште

и „суперинтелигенција“ 32

СО АМЧАМ НА ТЕМА Корпоративната

грижа за општествените прашања

претставена преку ESG

COVER STORY

Aлатка или опасност за човештвото?

Додека „вештачки интелигентниот“ ChatGPT

крева прашина, неговите творци најавуваат и „супер - интелигенција“....................................06

ИНВЕСТИЦИИ

Во време на економска неизвесност златото се покажува како сигурно прибежиште.........................................................14

ЕКОНОМИЈА

Народната банка беше домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“.......................20

Зачувување на ценовната и финансиската стабилност, за да се зачува довербата на јавноста

34

КРЕАТИВЦИ Red Bull Doodle

Art настан во Бреинстер Како шкрабаниците стануваат уметност

Словенците и Хрватите најзаинтересирани за крипто, Германците и Французите најконзервативни

40

ИНТЕРВЈУ

Филип Петковски PhD

професор во American High School Skopje IB DP програмата значи врвна

посветеност кон учениците, како успешни и активни учесници во глобалното општество

РЕГИОН И ЕУ Како инвестираат Европејците?.....26

Словенците и Хрватите најзаинтересирани

за крипто, Германците и Французите најконзервативни

СО АМЧАМ НА ТЕМА Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG...........................32

КРЕАТИВЦИ

Red Bull Doodle Art настан

во Бреинстер....................................................34

Како шкрабаниците стануваат уметност

ИНТЕРВЈУ

Филип Петковски PhD............................40

професор во American High School Skopje

IB DP програмата значи врвна

посветеност кон учениците, како успешни и активни учесници во глобалното

општество

BRAIN DRAIN

Здружението на жени менаџерки

ЕЛИТ организираше обуки...............42

Редно е да се потпреме на младите

за да останат во земјава

РЕГИОН

Како двата најголеми хрватски

производители на кафе се борат

за потрошувачи...........................................44

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 30.03.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
06

ИЗРАЕЛЦИТЕ

овеќе од два месеци траат протестите во Израел, а кулминацијата се случи изминативе денови, кога стотици илјади граѓани го искажаа својот револт против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Протестите почнаа поради правосудната реформа

што ја турка власта, а на којашто критичарите ѝ дадоа назив „закон за диктатура“, односно промени што на владата би ѝ дале поголемо влијание во избирањето на судии и би ја ограничиле моќта на Врховниот суд да поништи некоја одредба.

Клучен момент беше што Нетанјаху го

смени министерот за одбрана откако овој ја повика владата да ја стопира реформата. Нетанјаху на крајот реши да ја одложи реформата, но не и да ја сопре. Народот е гневен поради тоа што смета дека реформата е само начин владејачката гарнитура заедно со нивните екстремно десничарски партнери да се обезбедат од било каков судски прогон. Да потсетиме, и самиот премиер Нетанјаху беше предмет на истраги, додека неговиот коалициски партнер е дури и осуден поради провоцирање насилство. nnn

ВО ФОКУС KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 4
П
НА НОЗЕ ПРОТИВ
„ЗАКОНОТ ЗА ДИКТАТУРА“
Скопје - Плоштад Македонија, CityMall, East Gate Mall | Битола - Широк Сокак | www.bozinovski.com.mk
Le Fils de l’homme (1964), oil on canvas, 116 x 89 cm (Collection privée) © Succession René Magritte - SABAM, Belgium, 2023 / BKW Editions

ДОДЕКА „ВЕШТАЧКИ

ИНТЕЛИГЕНТНИОТ“ CHATGPT КРЕВА ПРАШИНА, НЕГОВИТЕ ТВОРЦИ

НАЈАВУВААТ И

„СУПЕР - ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“

Од неговото лансирање во ноември 2022, четботот ChatGPT, а сега и неговата подобрена верзија GPT-4, базирани на вештачка интелигенција, предизвикуваат големо воодушевување, доживувани се како потенцијално многу корисна алатки, но предизвикуваат и загриженост дека може да им одземат многу работни места на луѓето. Исто така, би можеле да станат опасно оружје за ширење дезинформации, лажни вести и малициозни компјутерски вируси.

ем Алтман, директорот

на американската компанија OpenAI, која стои зад развојот на големиот јазичен модел ChatGPT, неговиот наследник GPT-4 и

моделот за креирање слики DALL-E, неодамна на блогот на компанијата

го објави својот план за развој на

вештачка општа интелигенција.

За почеток, накратко да се потсетиме што значат горенаведените термини - Chat-

GPT, DALL-E и вештачка општа интелигенција (AGI).

Што е ChatGPT?

ChatGPT е голем јазичен модел (Large Language Model – LLM) кој користи вештачка интелигенција и

т.н. длабоко учење (deep learning)

за да одговара на прашања, да

пишува текстови и да разговара

со луѓе на начин што е колку што е

можно повеќе сличен на човечкиот разговор. Тој е обучен за голем сет

на податоци, може да комуницира

на многу јазици, вклучително и македонски, и може да пишува есеи на дадени теми, да врши помалку напорно кодирање, да преведува, па дури и да решава одредени училишни задачи и тестови. Моделот се здоби со огромна популарност за многу краток временски период. Веќе во првите пет дена по лансирањето во ноември имаше повеќе од еден милион корисници, а во јануари надмина 100 милиони. Во светот на крајот на 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 6 COVER COVERSTORYSTORY
С

КОРИСНА АЛАТКА

година предизвика големо воодушевување, беше доживеан како потенцијално многу корисна алатка, но предизвика

и загриженост дека може да им одземе многу работни места на луѓето, како, на пример, кодирање, пишување текстови, одговарање на прашања во службите за грижа на корисници, пишување поедноставни медиумски вести и подготовка на правни документи. ChatGPT исто така започна голем

натпревар меѓу конкурентите во развојот и примената на јазичните модели. Google, на пример, неодамна го претстави Bardнеговиот AI chatbot - кој работи со сопствен јазичен механизам наречен Language Model for Dialogue Applications (LaMDA).

Што е GPT-4?

GPT-4 е подобрена верзија на ChatGPT базирана на GPT-3.5. Покрај текст, може да прифаќа и слики и видеа како влезни информации.

Така, на пример, може да препорача различни рецепти врз основа на фотографии од храната што луѓето ја имаат во нивниот фрижидер.

Тој значително е подобрен во општите знаења и способностите за решавање проблеми. За илустрација, OpenAI тврди дека ChatGPT на единствениот американски правосуден испит Uniform Bar Exam (UBE), којшто ги проверува знаењето и вештините

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 7 КОРИСНА
АЛАТКА ИЛИ ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО?
ИЛИ ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО?

што секој адвокат би требал да

ги има пред да стекне лиценца за

извршување адвокатска дејност, остварил успех меѓу 10% најлоши, а

GPT-4 меѓу 10% најдобри резултати.

Што е DALL-E?

DALL-E е генеративен модел на

вештачка интелигенција кој користи

длабоко учење за да креира слики

од текст. На пример, ако на тој

модел му го дадете текстуалниот

опис „нацртај поле со булки во

стилот на Ван Гог“, тој ќе создаде

слика што одговара на тој опис.

DALL-E има потенцијал за примена

во различни области, вклучувајќи

дизајн, уметност и архитектура. Во овој контекст, тој би можел да се користи како алатка, но може да стане и замена за луѓето во некои области од овие професии.

Што е вештачка општа интелигенција (AGI)?

Терминот вештачка општа

интелигенција (Artificial General Intelligence - AGI) се однесува на

вештачка интелигенција која

би била способна да извршува

широк опсег на задачи слични на оние што ги извршуваат луѓето. Ова би вклучувало способност за

учење, прилагодување на нови ситуации, препознавање шеми, донесување одлуки, логично и креативно размислување, итн.

AGI се разликува од вештачката специјализирана интелигенција (ASI), којашто се фокусира на решавање на специфичен вид проблеми, како

што е на пример играње шах или

решавање математички задачи.

AGI генерално се смета за крајна

цел во развојот на вештачката

интелигенција бидејќи таков систем

може да биде исклучително сестран

и корисен за решавање на широк

спектар на проблеми.

Како OpenAI го најави развојот на вештачката општа интелигенција?

Како што наведовме на самиот почеток, на крајот на февруари 2023 година, Алтман објави во својот блог план за развој на вештачка општа интелигенција.

Во него, тој зборува многу општо за чекорите и насоките што OpenAI има намера да ги преземе во развојот на вештачката општа интелигенција. Во самиот вовед, тој наведува дека мисијата на компанијата е „да се погрижи вештачката општа интелигенцијасистеми за вештачка интелигенција кои се генерално попаметни од луѓето - да бидат корисни за целото човештво“.

Авторот ја уверува јавноста дека тоа ќе се прави многу внимателно бидејќи AGI, покрај големите придобивки, ќе има и потенцијал за „сериозни ризици од злоупотреба, несреќи и социјални нарушувања“. „Бидејќи предноста на AGI е толку голема, не веруваме дека е можно или пожелно општеството засекогаш да го запре нејзиниот развој; наместо тоа, општеството и развивачите на AGI мора да смислат како да го направат правилно“, истакнува Алтман.

Потоа тој накратко ги презентира основните принципи на OpenAI на патот кон AGI. „Иако не можеме да предвидиме што точно ќе се случи и, се разбира, нашиот сегашен напредок може да удри во ѕид, можеме да ги артикулираме принципите за кои најмногу се грижиме:

1. Сакаме AGI да го поттикне човештвото да постигне максимален напредок во се’. Не очекуваме иднината да биде безусловна утопија, но сакаме да

ChatGPT е голем јазичен модел (Large Language Model – LLM) кој користи вештачка интелигенција и т.н. длабоко учење (deep learning) за да одговара на прашања, да пишува текстови и да разговара со луѓе на начин што е колку што е можно повеќе сличен на човечкиот разговор. Тој е обучен за голем сет на податоци, може да комуницира на многу јазици, вклучително и македонски, и може да пишува есеи на дадени теми, да врши помалку напорно кодирање, да преведува, па дури и да решава одредени училишни задачи и тестови.

го максимизираме доброто и да го минимизираме лошото, и да се осигуриме дека AGI е зајакнувач на човештвото.

2. Сакаме придобивките, пристапот

и управувањето на AGI да бидат широко и правично споделени.

3. Сакаме успешно да управуваме со огромните ризици. Соочени со овие ризици, препознаваме дека она што во теорија

изгледа правилно во пракса е често почудно од очекуваното.

Веруваме дека мора постојано да учиме и да се прилагодуваме со воведување помалку моќни верзии на технологија за да ги минимизираме сценаријата

каде што ни останува само една опција да ги исправиме работите“, пишува Алтман.

Технолошка утопија

На почетокот, сè во оваа објава може да изгледа прекрасно. Развојот на AGI ќе овозможи невиден напредок на многу полиња, вклучително науката, технологијата и медицината, а со тоа и невиденa благосостојба.

OpenAI ќе се погрижи овој развој да се случи постепено и на одговорен начин за сите да можат подеднакво да имаат корист од AGI и да не предизвикува „сериозни ризици од злоупотреба, несреќи и социјални нарушувања“. Со други зборови, OpenAI ќе се погрижи да не се случи најлошото сценарио, во кое луѓето масовно би останале без работа, јазот меѓу богатите и сиромашните би се зголемил до незамисливи размери, маси на луѓе би биле лишени од економско, а со тоа и од политичко влијание, AGI да се користи за злонамерни цели, итн. Практично може да замислиме дека OpenAI ќе создаде технолошка

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 8 COVER STORY

КОРИСНА АЛАТКА ИЛИ ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО?

утопија (Алтман ја спомнува, иако предупредува дека таа нема да биде безусловна, што и да значи тоа), во којашто луѓето ќе работат

помалку и ќе имаат повеќе време

за себе, за бавење со креативни

и интересни работи што ги сакаат.

Притоа AGI ќе им овозможува

во комбинација со роботите и

автоматите доволно средства за

удобен живот.

Но, како што предупредува

нашиот наслов, има неколку многу сериозни проблеми со ваквата

објава. Овде накратко ќе се

обидеме да претставиме некои од клучните.

Првиот проблем е што, врз

основа на она што го видовме досега, немаме многу причини да веруваме во добронамерноста

и филантропијата на Алтман и OpenAI.

Имено, критичарите истакнуваат

дека OpenAI денес е сè што вети

дека никогаш нема да бидестана корпоративна, затворена

во смисла на криење на својата

технологија и кодови и ориентирана

кон профит. Ова не е во согласност со оригиналните принципи прокламирани од компанијата. Напротив, таа е основана како непрофитна истражувачка организација во 2015 година од бројни лидери во истражувањето на вештачката интелигенција, вклучувајќи го и веќе спомнатиот инвеститор и програмер Сем Алтман; моментално најбогатиот човек на светот, сопственик на Tesla и SpaceX, Илон Маск; милијардерот, ко-основач на PayPal и инвеститор во Facebook Питер Тиел; и коосновачот на LinkedIn, Рид Хофман. Во својата основачка изјава, компанијата објави посветеност на истражувања коишто нема да бидат водени од „потребата да се генерираат финансиски приноси“, со цел „да се унапреди дигиталната интелигенција со најголема веројатност да му служи на човештвото како целина“. На компанискиот блог тогаш пишуваше: „Бидејќи нашето истражување е ослободено од

финансиски обврски, можеме подобро да се фокусираме на позитивното влијание врз луѓето“. Исто така, беше најавено дека сите истражувачи на компанијата ќе бидат охрабрени да „споделуваат

трудови, објави на блогови или кодови и патенти (ако ги има) со светот“.

Но, на почетокот на 2019 година, OpenAI го напушти својот непрофитен статус и воспостави сектор „ограничен профит“ каде

што може да прима инвестиции и да им обезбеди на инвеститорите

профит ограничен на 100 пати

поголем од вложениот износ. Одлуката на компанијата

најверојатно била резултат на

желбата на менаџментот да

се натпреварува со големите технолошки ривали како Google.

Набргу потоа, компанијата доби инвестиција од милијарда долари од Microsoft. Кон крајот на март 2023

година, Microsoft објави неодамна

дека ќе продолжи да инвестира

уште милијарди долари во системи

место за Вашите пари!

ФИКСНА

КАМАТНА СТАПКА

за 36 месеци во МКД

• 3% за 24 месеци во МКД

како што се ChatGPT и DALL-E. www.unibank.mk

• 2,5% за 12 месеци во МКД

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 9
Најдоброто

Конечно, користењето на GPT-4 не е бесплатно. Ако се користи преку ChatGPT Plus, претплатата е 20

долари месечно.

Можни последици од

преголемите очекувања

Овде доаѓаме до вториот

проблем, а тоа е дека OpenAI

создаде нереални очекувања

со својата рекламна кампања и

фама, односно со претераното

истакнување на можностите на ChatGPT, со што привлече огромни средства и огромен број корисници.

Дури и самиот Алтман го призна

ова за StrictlyVC во јануари кога

рече дека GPT-4, наследникот на

GPT-3 моделот на OpenAI, на кој

моментално се базира Chat-GPT, може да заврши како огромно

разочарување, со оглед на

огромното внимание и славата што

компанијата ги добива во последно

време.

Во едно интервју, тој рече дека

„луѓето молат да бидат разочарани

и ќе бидат“ разочарани од

претстојниот јазичен модел.

„Немаме вистинска [вештачка

општа интелигенција], а тоа е нешто

што се очекува од нас“, предупреди

тој.

Преголемата фама што е создадена

околу ChatGPT може да има повеќе

сериозни последици.

Пред се’, разочарувањето

што ќе следи може да има

негативно влијание врз другите

компании вклучени во развојот

на вештачката интелигенција во

разни други подрачја. Ова може да

резултира со општо намалување

на интересот за финансирање

на развојот на вештачката интелигенција во сите сегменти.

Таквата динамика е веќе видена и претходно и се нарекува „зима на вештачката интелигенција.“

Друга сериозна последица може да биде тоа што младите луѓе ќе го изгубат интересот за градење кариера во одредени области каде што може да се очекува да станат заменливи со вештачка интелигенција.

На пример, младите луѓе може да го изгубат интересот за програмерска професија, што може да има негативен ефект врз ИТ секторот и другите индустрии. Имено, ChatGPT може да биде побрз во кодирањето на некои поедноставни програми бидејќи слични кодови веќе постојат и лесно може да ги репродуцира. Сепак, прашање е дали ChatGPT ќе може да најде решенија во ситуации кога се бара нешто сосема ново, некој сосема нов код за сосема нова функција. Ова сепак ќе бара искусни програмери. Тука се наметнува прашањето од каде ќе дојдат тие, доколку младите програмери бидат бескорисни

за решавање на поедноставните задачи на коишто би требало да учат. Истото може да важи и за новинарите и другите професии

во кои вештачката интелигенција

засега сè уште не е, или нема да стане рамна или подобра од сериозните професионалци, барем

во понапорните варијанти на

професијата.

На пример, ChatGPT ќе може

релативно лесно да напише текст за спортски или политички настан

за кој сите информации може лесно да се најдат на Интернет. Но, како ќе ги замени истражувачките новинари кои

Сем Алтман (во средината),

еден од основачите и сегашен директор на OpenAI, компанијата што

го создаде ChatGPT, најави неодамна на корпоративниот блог дека ќе се погрижат

„вештачката општа интелигенција - системи за вештачка интелигенција кои се генерално попаметни од луѓето - да бидат корисни за целото човештво“. Меѓутоа, критичарите велат дека

врз основа на тоа што го видовме досега, немаме многу причини да веруваме во добронамерноста и филантропијата на Алтман и OpenAI.

имаат свои мрежи, свои извори и контакти на кои можат да се јават кога им требаат некои информации кои не се достапни на Интернет? Како ChatGPT ќе препознае што е валидна информација, која е нејзината важност и нејзиниот заклучок? Како ќе стекне социјални вештини неопходни за одржување на мрежите и контактите клучни за истражувачкото новинарство. Како ќе ја заврши работата што бара да седне со некој на кафе во тајност? Овде се поставува прашањето како новинарот ќе стигне до фазата во која ќе стане незаменлив, ако нема можност да ја помине фазата на обука во којашто ќе биде заменлив?

Некои компании, и покрај одредени слабости на ChatGPT и GPT-4, би можеле да им поделат откази на работниците кои ги сметаат за заменливи или би можеле да ја искористат фамата за да ги уценуваат вработените терајќи ги да работат понапорно за истите пари или исто за помалку пари. На пример, германската медиумска групација Axel Springer, која ги поседува весниците Bild и Die Welt, на почетокот на март објави дека многу новинари се во опасност да ги загубат своите работни места бидејќи наскоро би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција како што е ChatGPT. Каде е ChatGPT добар и сигурен?

Од она што досега го видовме од ChatGPT, тој се покажува добар

во генерирање на кохезивен текст, текст кој е флуиден и ги почитува граматичките и семантичките правила на јазикот.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 10 COVER STORY

КОРИСНА АЛАТКА ИЛИ ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО?

Текстот генериран на овој начин е често кохерентен, неговите делови се поврзани во логичка структура. Ова значи дека ChatGPT е навистина добар кога треба да генерирате текст на која било

дадена тема, сè додека не е клучно тоа да е фактички или логички беспрекорен.

Се смета дека може да има голем број на апликации, најмногу во креативната индустрија.

Меѓутоа, ChatGPT не е сигурна

алатка за пребарување на информации, иако многумина

ја користат за оваа намена.

Тоа е затоа што едноставно

не е дизајнирана да генерира

текст врз основа на конкретни

и веродостојни извори на

информации, ниту има способност

да го процени кредибилитетот

на изворите или да го процени

степенот на веродостојност на своите одговори. Тоа се сериозни ограничувања кои ќе треба да

се надминат за да може таквите

модели да се интегрираат во интернет пребарувачите без

да се наруши довербата на корисниците.

На кои работни места GPT-4

би можел да ги замени луѓето?

Од појавувањето на ChatGPT во ноември 2022 година, многу се зборуваше за можноста неговите подобрени верзии да почнат да ги одземаат работните места кои бараат одредени когнитивни способности кои до неодамна се сметаа за резервирани за луѓето. За илустрација, кога Bing на Microsoft, кој веќе користи GPT-4, е прашан во кои работни места и вештини GPT-4 би можел да ги замени луѓето, тој одговара дека тоа би биле пишувањето на новинарски текстови; преведување текст; генерирање на кодови; пишување поезија; генерирање извештаи и заклучоци; пишување сценарија за филмови и ТВ емисии; креирање рекламни слогани и пораки; генерирање финансиски извештаи и анализа на пазари; пишување говори и презентации;

развој на игри; развој на системи

за препознавање слики; развој

на системи за препознавање

говор; итн. Со тоа, практично, вештачката интелигенција би ги

заменила човечките способности

за креативност, логика, анализа, реторика, разбирање на јазици, разбирање на кориснички

потреби, разбирање говор, и

многу други.

Ваквите најави веќе

предизвикуваат одредено

општествено вознемирување, како што споменавме претходно

околу можните последици од

преголемите очекувања. Значи, се чини дека OpenAI не се движи

претпазливо, како што вети

Алтман во објавата на блогот.

Многу експерти предупредуваат

дека воведувањето на

вештачката интелигенција треба

да биде придружено со разни

добро осмислени промени во

образованието и политиките кои

ќе обезбедат милиони луѓе да не

се најдат без работа, на улица.

nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 11

ПРВА

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ

ВО СКОПЈЕ

10 мaј 2023

РЕГИСТРИРАЈ СЕ СЕГА

www.realestateconference.mk

За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за  недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

Иницијатор и организатор на Конференцијата е Фортонмка

Фортонмка е македонска советодавна компанија која на домашниот пазар за недвижности работи веќе 12 години.

Фортонмка успешно посредува во сите сегменти на комерцијалните недвижности: физибилити студии и истражувања на пазарот, исплатливост на вложување во проекти, пристап до финансирање, управување со проекти, изнајмување на малопродажен (retail) простор, изнајмување на

канцелариски простор, магацини, индустриски објекти и земјишта.

На годишно ниво Фортонмка обезбедува советодавни услуги за развој на повеќе од 500.000 м2 недвижен имот во вкупна вредност од над 50 милиони евра.

„Важно е нашиот тим да е постојано во тек со случувањата во регионот, па и пошироко, како секогаш би ја гледале ‘големата слика’ на нештата. Присутни сме на конфе-

ренции за недвижности од каде што носиме идеи, или ги добиваме релевантните информации во врска со актуелни теми во невижностите.

Првата конференција за недвижности во Скопје е наш придонес кон целиот сектор комерцијални недвижности; сметаме дека треба да споделиме искуство, да придонесеме кон едукација, да комуницираме.“, вели Катарина Николов, извршен директор на Фортонмка.

ко-организација

Зошто е битно да бидете дел од првата Конференција за недвижности?

- Нетворкинг можности: конференција за недвижности на пазар во развој овозможува професионалци од секторот да комуницираат меѓу себе, со инвеститори, девелопери или со експерти од регионот и Европа;

- Трендови и новини: на конференцијата се споделуваат сите актуелни трендови, грижи, насоки што на голем број професионалци им помага во носењето на информирани одлуки;

- Личен развој: секој настан од ваков карактер нуди можност за професионален развој, пристап до водечки професионалци од областа, развој на нови вештини и знаења;

- Можности за соработка: Конференцијата создава средина која поддржува соработка помеѓу професионалци од областа, нови партнерства и можност за развој и ширење на бизнисите;

- Диверзификација на инвестициското портфолио: традиционално кај нас, инвестирањето во станбен простор, како најсигурен модел за инвеститорите и купувачите, го води пазарот на недвижен имот. На пазар во развој како македонскиот, конференцијата има за цел да посочи на инвестиции, во различни сегменти освен станбениот на кои вреди да им се посвети внимание на среден и долг рок.

од областа

Во целост, концептот на настанот предвидува да се покријат сите „жешки теми“ во областа на комерцијални недвижности, тргнувајќи од глобални трендови кон локално апликабилни модели. Македонија поседува голем потенцијал за развој, а пазарот го водат оние кои први прават чекор во категории кои се сѐ уште неразвиени.

Во Скопје, на пример, се развиваат неколку исклучителни проекти со мешана употреба кои го менуваат градот, се поставуваат како урбани центри и ја менуваат динамиката на градот во целост. Имаме голем број на врвни градежни компании кои може да парираат на странските девелопери. Постоечкиот потенцијал треба да се искористи и во

другите класи на недвижен имот, покрај домувањето, како на пример логистичките центри. Но, за ова е потребно да се активираат и други инстанци, да се работи на соодветна инфраструктура, да се работи со општините.

Овој цел механизам кога го дискутираат домашни и меѓународни гости, претставува визија, идна цел и нешто на кое секојдневно, свесно треба да се работи.

Говорниците на настанот се врвни професионалци во областа; очекуваме експертски панел дискусии кои ќе опфатат значајни теми на првиот настан од овој вид кај нас, на кој за прв пат заедно дискутираат повеќе од 30 професионалци.

Кој сѐ ќе присуствува на Конференцијата?

• Инвеститори заинтересирани за регионот

• Професионалци од индустријата

за недвижности во Македонија

• Банкарски професионалци

• Консултанти

• Адвокатски фирми

Ко-организатор е агенцијата Кликер

Маркетинг

Осум години по ред Кликер Маркетинг организира FMCG Summit, настан кој беше и главна референца за Фортонмка да ја побара агенцијата Кликер Маркетинг за соработник во организацијата на првата Конференција за недвижности кај нас.

Големото искуство кое го има Кликер Маркетинг во организирање конференции, обуки, настани и прослави е гарант дека со сигурност ќе имаме одлична конференција, беспрекорно организирана.

„Искуството што го има Фортонмка за изборот на теми и говорници, во комбинација со нашето искуство за организирање конференции, гарантирано ќе донесе еден исполнет ден, полн со знаење“, вели Верица Мартиновска, сопственичка на Кликер Маркетинг.

• Агенции за недвижности

• Менаџери за недвижности

• Prop tech компании

• Start –up компании за недвижности

• Менаџери за развој од регионот

кои се во потрага по нови инвестициски пазари

ексклузивен медиумски партнер

Експертски панел дискусии со врвни професионалци
DoubleTree by Hilton

ВО ВРЕМЕ НА

ЕКОНОМСКА

НЕИЗВЕСНОСТ

ПРИБЕЖИШТЕ

Уште еднаш во современата историја на

човештвото златото ја потврдува својата

улога како антитеза на стравот. Глобалната

неизвесност, енергетската криза, војната во

Украина уште еднаш ја истакнаа функцијата

на златото како спас, прибежиште за

инвеститорите во сериозни кризни ситуации.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 14 ИНВЕСТИЦИИ
ЗЛАТОТО СЕ
ПОКАЖУВА КАКО СИГУРНО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 15

31 МАРТ 2023

ложувањето во инвестициско

злато уште еднаш

и во сегашните

сложени, глобално

предизвикувачки

економски услови, се покажа

како најдобро решение за

заштита на имотот на граѓаните и

институционалните инвеститори.

Ова беше заклучокот од Првата

конференција за злато што се

одржа во Загреб деновиве.

Дека на светот, на граѓаните, на

претприемачите и на инвеститорите

им е потребно златото како

безбедно засолниште, докажува

моменталната рекордна цена

на златото од речиси 2.000

долари за унца, беа пораките од конференцијата.

Инаку, на Првата конференција

за злато се разговараше за

моменталната состојба на

стабилноста на банкарскиот систем

во светот и Европа, инвестициите

на пазарите на капитал, но

и вредноста на златото како

неопходен метал во современиот

свет. Златото, кое преку третата

индустриска револуција стана

повеќе од само чувар на вредноста

на имотот - до денес - благороден

метал неопходен во масовното

производство на високотехнолошки

производи, но и основа на 4-та

индустриска револуција.

Дали е златото заштита

од инфлација?

Инфлацијата се врати, а каматите

растат. Светот и глобалната

економија денес се многу понестабилни отколку пред неколку години. Токму затоа златото повторно станува незаобиколен

чувар на вредноста во овие нестабилни времиња.

Кога традиционалните вложувачки

инструменти, како што се обврзниците, заштедите во банките и инвестициите во недвижен имот, стануваат несигурни, граѓаните, како и сите други инвеститори, посегнуваат по инвестициското

Иако „златниот стандард“, кој историски беше столбот на сите монетарни системи, не постои повеќе од 50 години, централните банки на повеќето земји во светот во последните години купуваат злато во големи количини. Во 2022 година, за само една година, централните банки во светот ги зголемија своите средства во злато за дури 152 отсто.

злато. Цената на златото во последните 50 години постојано

се зголемува. На пример, во март 1972 година, цената на унца злато

била 48 долари, а во март 2023 година е речиси 2000 долари. Затоа вложувањето во инвестициско злато е многу поисплатливо од чувањето пари во банка или дома, велат инвестициските советници. „Долго време се сметаше дека инвестирањето во злато е ‘загарантирана’ стратегија. Но, благородниот метал ја изгуби независноста на пазарот и се продава како и секое друго средство на пазарот. Во услови на економска и политичка нестабилност, инвеститорите сакаат да бидат надвор од финансиските пазари. Инвестирањето во злато денес не претставува инструмент за заштита од инфлација и безбедно засолниште, поради тоа што

денес постојат многу деривативни инструменти за инвестирање и тргување со златниот метал и на тој начин инвеститорите се повторно учесници на финансискиот пазар, во услови кога би сакале да бидат подалеку.“, напиша техничкиот аналитичар Снежана Поповска неодамна во својата колумна во Капитал. Но, и покрај моменталната цена на златниот метал, интересот за купување на инвестициско злато постојано расте, додава таа. „Пред извесно време прочитав анкета на LinkedIn во која наидов на доста интересен одговор. Прашањето беше доколку имате 1 млн. долари за инвестирање каде би ги распределиле, во биткоин или во злато? Резултатите од анкетата покажаа дека дури 41% од испитаниците би инвестирале во злато, додека 30% одговорија дека

KAPITAL.MK
I БРОЈ 1143
В
16 ИНВЕСТИЦИИ

УБАВИ

НЕШТА

ДОАЃААТ ОД

ИДНИНАТА!

• Вкупна каматна стапка до 3,3% годишно за депозити во денари и до 2,3% годишно за депозити во евра, гарантирани за целиот период.

• Период на орочување: 12, 24 или 36 месеци.

• Минимален износ: 300.000 МКД или 5.000 ЕУР.

• Сигурна и стабилна банка од доверба

ДЕПОЗИТ
важи до 20.04.2023 Репрезентативен пример: • За 1.000.000 денари орoчени на 36 месеци, однапред ви исплаќаме камата во износ од 99.090 денари. • За 10.000 евра орочени на 36 месеци, однапред ви исплаќаме камата во износ од 690,63 еврa.
Понудата
www.stb.com.mk
ДЕПОЗИТ СО КАМАТА ОДНАПРЕД

31 МАРТ 2023

би ги поделиле парите сразмерно.“, вели Поповска.

Недвижности и злато наместо

акции и обврзници

Иако „златниот стандард“, кој

историски беше столбот на сите

монетарни системи, не постои

повеќе од 50 години, централните

банки на повеќето земји во светот

во последните години купуваат

злато во големи количини. Во

2022 година, за само една година, централните банки во светот ги

зголемија своите средства во злато

за дури 152 отсто.

Зголемената побарувачка за злато

од централните банки покажува

дека тоа продолжува да игра

исклучително важна улога во

стабилизирањето на светските

валути, особено во нестабилни

времиња. Од воведувањето на

еврото пред повеќе од 20 години до

денес цената на златото порасна

дури 6 пати.

Каде сме и како понатаму, е главното

дневно, неделно, годишно прашање

во ова време на неизвесност и

несигурност во кое се наоѓаме

денес. Од деловна гледна точка, безбедносната зона станува далечен

брег - видлив само на хоризонтот.

Во такви услови, недвижностите

и златото ги заменуваат

инвестициите во акции и обврзници

или поседувањето готовина.

Понатамошните настани ќе бидат

интеракција на голем број варијабли

- геополитички, економски, социјални,

а веќе во блиска иднина силно ќе

се испреплетат вистинските настани

и перцепцијата и психологијата на

граѓаните и пазарот.

Во минатото, граѓаните сметаа

дека инвестирањето во злато е комплицирано. Денес можете да

инвестирате во злато на неколку начини, а кога купувате физичко

злато, кое се смета за најдобра

опција, има голем број опции и

вредности, купувањето злато е

едноставно.

Како да купите инвестициско злато во Македонија?

Во нашата земја моментално има

една банка и една компанија која

нуди продажба на инвестициско

злато. УНИБанка е прва банка

на пазарот што на крајот од 2021

година ја воведе услугата увоз и

тргување со инвестициско злато.

Тоа подразбира тргување со златни

плочки и монети со највисока

чистота.

Од банката тогаш изјавија дека

нивната цел е да се создаде

инветициски амбиент кај

постојните и новите клиенти со

запознавање со предностите од

инвестирање во инвестициско

УНИБанка е прва банка на македонскиот пазар што на крајот од 2021 година ја воведе услугата увоз и тргување со инвестициско злато. Тоа подразбира тргување со златни плочки и монети со највисока чистота. УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани

светски познати дилери на злато.

злато и движење на цените на благородните метали на светските

берзи и тоа од високо едуциран и професионален персонал

на банката, кои се спремни да понудат специјализирани услуги

првенствено за инвестирање во инвестициско злато.

„Без разлика дали станува збор за лица кои се во потрага

по најсигурна и најисплатлива инвестиција, или само сакаат да имаат диверзифицирано портфолио, независно дали се професионални

трговци со злато, или пак лица кои имаат страст за историјата, пасионирани нумизматичари, УНИБанка нуди можност за купување инвестицискo злато.“, велат во УНИБанка.

Во банката може да се купат златни плочки со чистота од 999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од 900/1000 (22 карати) и монети со уште поголема чистота.

Златни монети кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои се исковани по 1800 година, и кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства. Како на пример Американскиот Орел (American Eagle), Австрискиот Дукат (Ducat) и Виенската Филхармонија (Vienna Philharmonic), Канадскиот јаворов лист (Maple Leaf), Британската Britannia Gold и други. Најново во понудата се 20-те швајцарски франци-Vrenelli кои се произведувале во периодот од 1897-1949 година, 20-те белгиски франци- Leopold II (1876-1882),

100-те австриски круни Franz Josef I (1908-1915), 20-те француски франци Louis Philippe I (1830-1848) и други кои носат со себе извонредна

вредност заради историската и културната вредност од регионите од кои потекнуваат.

Интересен е податокот дека златната монета од 100 австриски корони е со тежина и чистота кои се загарантирани од австриската суверена влада и со оглед на тоа што содржат 1,08 тројски унци достигнуваат висока сума на пазарот на благородни метали. „Вредноста на инвестициското злато е уште поголема бидејќи тоа многу брзо може да се продаде (секогаш е барано), може да се употреби како залог за кредит, или едноставно да се зачува како највредно наследство за поколенијата. Ослободени се и од ДДВ! Овие уникатни стари монети даваат чувство на патување низ времето и историјата и чувство за тоа како тој свет можеби изгледал пред неколку векови.“, објаснуваат во УНИБанка.

УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато. Набавката се одвива преку овластени дилери за тргување со благородни метали на платформи за тргување со инвестициско злато по моментално котирани берзански цени. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ
1143
18 ИНВЕСТИЦИИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 20 ЕКОНОМИЈА
НА ЦЕНОВНАТА И ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ, ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА
НА ЈАВНОСТА
БАНКА БЕШЕ ДОМАЌИН НА
ФОРУМ НА „ВИЕНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА“
ЗАЧУВУВАЊЕ
ДОВЕРБАТА
НАРОДНАТА
ГОДИШНИОТ

Инфлацискиот раст ќе забави годинава, како во

развиените, така и во економиите во развој, како резултат

на стабилизирањето на цените

на суровините, намалувањето

на притисоците на страната на

понудата и одлучната реакција на монетарните власти. Знаците на забавување се веќе видливи, сепак е рано да се прогласи победа над инфлацијата. Клучно е да се зачува стабилноста на цените, како и финансиската стабилност, бидејќи тоа е единствениот начин да се зачува довербата на јавноста.

Истовремено, финансиските

системи треба да се приспособат

кон преминувањето кон зелена и дигитална иднина.“

Ова беше порачано во воведните обраќања и на првата панелсесија од Годишниот форум на

Знаците на забавување се веќе видливи, сепак е рано

да се прогласи победа над инфлацијата. Клучно е да се зачува стабилноста на цените, како и финансиската

стабилност, бидејќи тоа е единствениот начин да

се зачува довербата на јавноста. Истовремено, финансиските системи треба да се приспособат кон преминувањето кон зелена и дигитална иднина. Ова беше порачано од Годишниот форум на „Виенската

иницијатива“, еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, којшто годинава се одржa во Скопје и чиј домаќин беше Народната банка.

„Виенската иницијатива“, еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, којшто годинава се одржa во Скопје и чиј домаќин беше Народната банка.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска во поздравното обраќање посочи на значајната улога на банкарскиот систем за поддршка на структурните реформи. „Одржувањето на стабилноста и на добрата состојба на банкарскиот сектор е важно и за финансирање на потребните структурни реформи во регионот на ЦЈЕ. Доходот и продуктивноста во регионот заостануваат зад напредните европски економии, а одржувањето на финансиската стабилност и на финансирањето преку банките може да придонесе за намалување на тие разлики. Во исто време, со натамошните климатски промени и технолошките иновации, се поттикнува промената на нашите општества и преминувањето кон позелена и дигитална иднина. Банките можат да имаат клучна улога во финансирањето на двојната транзиција“, истакна гувернерката.

Таа истакна и дека во услови на постојана криза, важна улога има и макропрудентната политика којашто придонесува за отпорноста на банкарскиот систем, а се зголемува и просторот за реакција на монетарната политика. За таа цел, голем дел од централните банки во регионот, вклучително и нашата, по пандемијата донесоа макропрудентни мерки како што се контрацикличниот заштитен слој на капиталот и/или заштитниот слој за системските ризици.

За што се дискутираше на годинашниот Форум Гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ,

во своето воведно обраќање

посочи дека малите и отворени економии во Централна, Источна и Југоисточна Европа во последниот период се погодени од серија невидени надворешни шокови.

Ценовните шокови и глобалната

неизвесност претставуваат огромен предизвик не само за монетарната политика, којашто има јасен мандат за одржување стабилност

на цените, туку и за носителите на фискалната политика.

„Од Глобалната финансиска

криза па наваму, олеснувањето на дијалогот меѓу релевантните чинители во финансискиот

сектор не било од толку голема важност колку што е сега. Така, во ова време на предизвици, станува уште поважна улогата на Виенската иницијатива, како единствена платформа на јавниот и приватниот сектор којашто ги обединува најважните меѓународни и европски финансиски институции, големите банкарски групации коишто работат во странство, како и домашните власти и властите во земјата домаќин. На Годишниот форум разговараме за претстојните предизвици во банкарскиот сектор, за неопходните трансформации на нашите финансиски системи, бидејќи властите и инвеститорите ги притискаат банкарските групи да го забрзаат преминувањето кон позелена иднина, за развојот на финансиските услуги и за тоа како ефикасно да се балансираат придобивките од дигитализацијата“, рече Вујчиќ.

На првата панел-сесија, под наслов „Монетарната и фискалната политика во светот на висока инфлација“, покрај АнгеловскаБежоска и Вујчиќ, учествуваа и гувернерот на Народната банка на Словачка, Петер Кажимир, гувернерот на Централната банка на Црна Гора, Радоје Жугиќ,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 21

31 МАРТ 2023

22 ЕКОНОМИЈА

министерот за финансии, Фатмир

Бесими и потпретседателката на

Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова.

Инфлацијата во еврозоната

ќе биде висока подолго време

Гувернерот на Народната банка на

Словачка, Кажимир, истакна дека

се очекува дека инфлацијата во

еврозоната ќе биде висока подолго

време.

„Не можеме, а и нема да стоиме на

страна. Решени сме да ја сведеме

инфлацијата до нашата цел и ќе

го сториме тоа. Затегнувањето

на монетарната политика почна

да дава резултати, а повисоките

каматни стапки ја постигнуваат

целта. Сепак, нашата борба

со инфлацијата не е завршена.

Ризиците не исчезнаа, напротив, упорно опстојуваат. Значи, сè уште

имаме доста работа на терен,

но убеден сум дека ги имаме

сите алатки на располагање за

да стигнеме до нашата крајна, посакувана цел“, посочи Кажимир.

Гувернерот на централната банка

на Црна Гора, Жугиќ, се осврна

на својата земја, каде што, како

што истакна, еден од клучните

внатрешни фактори што влијаат врз инфлацијата се неодамнешните

зголемувања на платите, коишто

не биле придружени со раст на

продуктивноста или создавање

нова вредност.

„Тие го подигнаа нивото на побарувачката, не само на производите и услугите, туку и на

кредитите, a може да се каже и дека на краток рок ја зголемија даночната основа. Сепак, на среден рок, ова ќе прерасне во голем фискален проблем бидејќи буџетскиот дефицит ќе се зголеми, а ќе се зголемат и трошоците за негово финансирање. Во овој контекст, сите дополнителни најави за зголемување на платите би претставувале голем предизвик“, дополни Жугиќ.

Одржливо инвестициско

трошење клучно за растот во Европа

Министерот за финансии, Фатмир

Бесими, посочи дека нашата земја

како мала и отворена економија

е чувствителна на надворешните

шокови и тие брзо се прелеваат.

„Затоа Владата во координација

со централната банка навремено

презема мерки за намалување

на инфлациските притисоци

и преку постепена фискална

консолидација ја одржуваме

макроекономската и фискалната

стабилност. Владата презеде

мерки за поддршка на граѓаните

и компаниите за намалување

на ценовните притисоци. Така,

АНИТА АНГЕЛОВСКА –БЕЖОСКА

гувернерка на Народната банка Одржувањето на стабилноста и на добрата состојба на банкарскиот сектор е важно и за финансирање на потребните структурни реформи во регионот на ЦЈЕ. Доходот и продуктивноста во регионот заостануваат зад напредните европски економии, а одржувањето на финансиската стабилност и на финансирањето преку банките може да придонесе за намалување на тие разлики.

БОРИС ВУЈЧИЌ

гувернер на централната банка на Хрватска Ние сигурно оваа година нема да зборуваме за можноста за намалување на каматните стапки, а понатаму зависи колку брзо инфлацијата ќе се спушта кон нашата цел од два проценти. Колку побрзо тоа се случи, толку побрзо може да се очекува олабавување на монетарната политика.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143

„Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на ЦИЈЕ. Таа е формирана преку координација на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, за време на првиот бран на Глобалната финансиска криза во 2009 година.

во првите два месеца од 2023

година имаме забавување

на стапката на инфлација (во

јануари 17,1 %, во февруари

16,7 %). Забавување бележат

цените на енергијата, но цените

на храната не го следат трендот

на опаѓање на глобално ниво.

Затоа и се презедоа дополнителни

мерки што веќе се применуваат

со замрзнување на цените на

дел од основните прехранбени

производи. Очекуваме дека

преземените мерки ќе придонесат

за стабилизирање на инфлацијата“, рече министерот Бесими.

Потпретседателката на ЕИБ, Павлова, порача дека одржливото инвестициско трошење и натаму ќе биде клучниот двигател на растот во Европа, и од јавните, и од приватните субјекти.

„Групацијата ЕИБ покажа дека им е доверлив партнер и на двата сектора. Сметаме дека одржливите инфраструктурни проекти не треба да се одложуваат, бидејќи тие овозможуваат активности во синџирот што инаку не би биле возможни. Затоа, инвестициите мора да бидат сконцентрирани на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, иновациите, дигиталните и одржливите инфраструктури, во согласност со приоритетите на секоја земја во која работиме“, истакнува Павлова. „Виенската иницијатива“ е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа,

присутни во регионот на ЦИЈЕ. Таа е формирана преку координација на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, за време на првиот бран на Глобалната финансиска криза во 2009 година. На Годишниот форум во Скопје учествуваа гувернери на централните банки од ЦИЈЕ и високи претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската централна банка и Европската комисија, како и претставници од банкарскиот сектор. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 24
ЕКОНОМИЈА

Користетепаметно! го

времето

паметно.

Посветете го времето на

убави нешта, останатото

препуштете ни го нам.

Преземете ја мобилната

апликација Триглав

Пријава и пријавете штета

по каско осигурување

брзо, едноставно и

ефикасно.

Размислувај зелено, одбери
Триглав Пријава
С
è ќе биде во ред. triglav.mk Триглав Пријава

КАКО ИНВЕСТИРААТ ЕВРОПЕЈЦИТЕ?

СЛОВЕНЦИТЕ И ХРВАТИТЕ ЗА КРИПТО, ГЕРМАНЦИТЕ

НАЈКОНЗЕРВАТИВНИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 26 РЕГИОН И ЕУ

НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНИ И ФРАНЦУЗИТЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 27

Процент на население во ЕУ што инвестира во крипто наспроти традиционални

- дури 18 отсто од населението во Словенија има некаква инвестиција во крипто. Зад неа е Хрватска, со 17% инвеститори во крипто. Од друга страна, побогатите и поразвиените земји на ЕУ се повоздржани во прифаќањето на криптовалутите како можност за инвестирање. На пример, најголемите економии на ЕУ се на самото дно кога станува збор за инвестирање во криптовалути –Германија 6 отсто, Италија 6 отсто и Франција 5 отсто.

покрај големиот раст на свеста и инвестициите во криптовалути во последните неколку години, сепак меѓу земјите од Европската унија постои значителна дискрепанција помеѓу инвестирањето во криптовалути традиционалните инвестиции како што се фондови, акции и

обврзници. Ова го покажува инфографиката на Visual Capitalist , којашто покажува колкав процент

од населението во земјите на ЕУ инвестира во криптовалути, а колку во традиционални средства. Графиконите покажуваат како

различни земји и региони прифаќаат криптовалути. Во рамките на ЕУ, која забележува брзо усвојување на криптовалути, ставовите на граѓаните се

различни.

Според податоците на Евробарометар, врз основа на коишто во Visual Capitalist ги направиле инфографиконите, Словенците најмногу инвестираат во криптовалути, што го поткрепува фактот дека Словенија важи за една од најотворените

земји во светот за криптовалути. Дури 18 отсто од населението

во Словенија има некаква инвестиција во крипто.

Но, веднаш по Словенија, Хрватска е на листата со дури 16 отсто од населението што инвестирало во криптовалути.

Само еден процент повеќе од хрватското население инвестира во фондови, акции и обврзници. Бугарите колку во крипто, толку во акции Во Бугарија, на пример, еднаков

процент од населението - 13 проценти од нив - инвестира во крипто и акции, додека Кипар е единствената земја каде што процентот на населението што инвестира во крипто го надминува бројот на традиционални инвеститори.

Така, во Кипар 13 отсто од населението инвестира во криптовалути, додека 10 отсто инвестираат во традиционални фондови, акции и обврзници. Во Луксембург, кој има силна репутација како глобален финансиски центар, 14 отсто од неговите 640.000 жители поседуваат и крипто средства. Од друга страна, побогатите и поразвиените земји на ЕУ бележат малку пониски нивоа на инвестиции во крипто. На пример, најголемите економии

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 28 РЕГИОН И ЕУ И
Според податоците на Евробарометар, Словенците најмногу инвестираат во криптовалути
начини 0 10 20 30 40 50 60 70 Ирска Шведска Финска Данска Латвија Естонија Холандија Германија Полска Литванија Франција Белгија Чешка Словачка криптовалути акции, обврзници

акции, фондови и обврзници

Извор: Flash Eurobarometer, No.509, 2023

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 29 традиционални начини
Словачка Португалија Шпанија Луксембург Австрија Унгарија Романија Италија Словенија Хрватска Бугарија Малта Грција Кипар

на ЕУ се на самото дно кога

станува збор за инвестирање во

криптовалути – Германија 6 отсто,

Италија 6 отсто и Франција 5 отсто.

Шведска, на пример, се издвојува

како земја каде што дури 60 отсто

од населението инвестира во

традиционални средства, а само

10 отсто од населението инвестира

во криптовалути.

Од горенаведените податоци може

да се заклучи дека граѓаните од

посилните економии инвестираат

помалку во криптовалути, со оглед

на нивната економска стабилност,

додека земјите со повисоки

инвестиции во криптовалути се во просек помалку богати.

Посиромашните повеќе

склони кон ризик Како што напиша Милан Хорват, извршен директор на хрватската компанија FIMA plus на својот профил на LinkedIn, тоа има логика, бидејќи „во просек, граѓаните на помалку развиените земји поинтензивно бараат нови можности и се повеќе склони кон ризикот да го прифатат развојот на дигитална економија отколку граѓаните на поразвиените земји“. „Тие се држат до своите традиционални вредности кои се покажаа како профитабилни и корисни. Иако, според оваа статистика, речиси ист број

Каде се криптовалутите најпопуларни во ЕУ?

граѓани на Република Хрватска

инвестираат во хартии од вредност (17 проценти) како

и оние кои инвестираат во крипто (16 проценти), според моето искуство, тоа се различни возрасни групи и многу поголеми износот на капиталот се инвестира во традиционални хартии од вредност, одошто во крипто. Структурата е исто така различна затоа што помладите луѓе речиси целата своја заштеда ја инвестираат во крипто, додека постарите инвестираат само дел во крипто, на ниво од 5 до 10 проценти од нивните инвестициски заштеди“, смета Хорват. 

криптовалути акции, фондови и обврзници

Каде се криптовалутите најмалку популарни во ЕУ?

Извор: Flash Eurobarometer, No.509, 2021

Извор: Flash Eurobarometer, No.509, 2018

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143
И
31 МАРТ 2023 30 РЕГИОН
ЕУ
Словенија Хрватска Луксембург Бугарија Кипар Словачка Австрија Португалија Чешка Естонија Холандија Литванија Ирска 18% 16% 14% 13% 13% 12% 12% 12% 12% 12% 12% 11% 11% 22% 17% 36% 13% 10% 25% 32% 23% 24% 30% 19% 14% 21%
Малта Шведска Грција Финска Унгарија Романија Полска Латвија Шпанија Данска Белгија Германија Италија Франција 10% 10% 10% 9% 8% 8% 8% 8% 8% 8% 6% 6% 6% 5% 37% 60% 11% 42% 19% 19% 14% 11% 27% 36% 32% 33% 31% 22% криптовалути акции,
и обврзници
фондови

КОРПОРАТИВНАТА ГРИЖА ЗА

ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРАШАЊА

ПРЕТСТАВЕНА ПРЕКУ ESG

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG

се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува.

Автор на текстот е

АмЧам Комитетот за ESG

о услови на подолг и

непрекинат период

на нестабилност

и несигурност

како резултат на

континуираните кризи со кои што

се соочуваме изминатите неколку години, претставува огромен предизвик да се дефинираат

приоритети, но и да се задржи фокусот во решавање на клучните проблеми. Ефектите и последиците

од секоја криза се засилуваат, а листата на приоритети се менува постојано.

Меѓутоа, кога носителите на јавни политики беа ставени во ситуација да донесуваат одлуки каде едниот избор вклучуваше грижа за што е можно повеќе човечки животи, стана евидентно значењето, но и потребата за зголемена грижа за општествените прашања. Од друга страна, имајќи го предвид,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 32 СО
АМЧАМ НА ТЕМА
В

веќе потврденото, силно влијание што овие општествените прашања

го имаат врз целокупното

функционирање на општествено

живеење, јасно е дека грижата

за овие прашања не може да се оствари без колективна акција, а тука особено е значајна и корпоративната грижа.

Стратегиската заложба за

унапредување на општествените прашања веќе се интегрира

во фокусот на корпоративните

агенди, особено од страна на големите корпорации. Дека

позитивните практики во таа насока ќе продолжат, сигнализира и засилената примена на ESG

(Environmental, Social and Governance) концептот. Овој концепт

овозможува да се обезбеди

кохезивен пристап при креирање

на корпоративна стратегија

за одржливост. Во зависност

од вредностите, потребите

и очекувањата на клучните

засегнати страни и деловниот

модел, ESG концептот ги адресира

и интегрира факторите поврзани со

животната средина, општествените

прашања и управувањето во процесите на донесување на одлуки. Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува. Централното прашање се луѓето, како од аспект на нејзините директни операции, што го вклучува управувањето со својот човечки капитал и своите производи и услуги, така и од аспект на индиректните операции, што го вклучува разгледувањето на социјалните политики и практики низ целиот синџир на снабдување, како и корпоративната општествена одговорност. Како резултат на тоа, целите се во насока на унапредување на работната средина за вработените и нивните вештини, заштита на човековите права, вклучително и борба против модерното ропство и детскиот труд, како и активно учество и соработка со членовите во заедницата при решавање на прашања што влијаат на нивната благосостојба.

Мерење на индикатори

За да може успешно да се остварат овие цели, компаниите воспоставуваат индикатори, чија

крајна цел е преку нивно мерење и следење да се унапредат активностите во насока на градење силни општества. Дел од овие индикатори вклучуваат број на нови вработувања, обрт на вработени, процент на вработени кои имаат пристап до информација за кариерен развој, просечен број на часови тренинг по вработен, вкупно часови на волонтерство од страна на вработените, вкупен број на корисници кои имале придобивка од проект или кампања, број на извршени бесплатни услуги или услуги со драстично намалени цени, износ на дадени донации во општеството, како и број на добавувачи кои што се обврзале дека ќе почитуваат одреден кодекс на деловно однесување. Исто така, индикаторите во делот на општествените прашања вклучуваат мерење на податоци поврзани со повредите на работно место, промовирање и унапредување на грижата за здравјето на вработените, половата еднаквост и разновидност.

Сепак, мерењето на овие индикатори со цел да се утврди социјалното влијание на корпоративните активности, има и свои предизвици. Впрочем, преовладува ставот дека кога станува збор за ESG известувањето, општествените прашања е најтешко да се измерат. Имено, покрај стандардните предизвици поврзани со ESG известувањето, комплексноста кај општествените прашања произлегува особено од предизвикот за дефинирање на општоприфатени и унифицирани стандарди за мерење на социјалното влијание. Дополнителен предизвик е и обезбедувањето на вклученост во процесите од страна на засегнатите страни во синџирот на снабдување. Меѓутоа, колку и да е сложено, не е невозможно. Впрочем, многу компании проактивно ги имплементираат факторите поврзани со општествените прашања во нивните стратегии и процеси на одлучување мотивирани од

вредноста што се создава како резултат на истото. Создавање отпорност и превенција на одредени

ризици Покрај зголемување на деловните можности и подобрување на продуктивноста на вработените, како и градење на моќен и

доверлив корпоративен бренд што се препознава од сите засегнати страни, грижата за општествените прашања е особено значајна и за создавање отпорност и превенција на одредени ризици. На пример, грижата за вработените и потрошувачите го минимизира ризикот од работни штрајкови

или протести на потрошувачите кои што можат сериозно да влијаат на профитабилноста и

угледот. Политиките поврзани со синџирите на снабдување може да ја минимизираат изложеноста на различни конфликти и кризи, а со тоа да придонесат кон поголема стабилност во работењето.

Дел од корпоративни практики што ги спроведуваат компаниите коишто се дел на Комитетот за ESG во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија поврзани со општествените прашања вклучуваат различни иницијативи за едукација на млади, грижа за ранливите и повозрасните категории на население, изградба на модели за активно учество на компаниите во решавање на социјални прашања, како и поддршка на културни и спортски настани и активности кои се од јавен интерес. Исто така, во однос на грижата за сопствените вработени, се остваруваат активности за подобрување на нивното физичко и ментално здравје, како и создавање на можности за унапредување на нивните вештини. Активностите во синџирот на снабдување, вообичаено, вклучуваат изработка и дистрибуција на кодекс на однесување за добавувачи преку кој што се обезбедува придружување кон ESG стандардите во деловно работење. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 33

BULL DOODLE ART НАСТАН ВО БРЕИНСТЕР

Од едноставни скици до сложени ремек-дела, сите натпреварувачи кои

поминаа низ креативниот чкртачки процес на Red Bull Doodle Art настанот

во Бреинстер потсетуваат дека најубавите работи во животот доаѓаат

од наједноставните почетоци.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 34 КРЕАТИВЦИ RED
КАКО ШКРАБАНИЦИТЕ СТАНУВААТ УМЕТНОСТ

Red

Art настанот кој

во соработка со

Бреинстер (Brainster)

се одржа на 18.03

уште еднаш покажа како се прославува безграничната креативност и неограничениот потенцијал што лежи во секој од нас. Од едноставни скици до сложени ремек-дела, сите натпреварувачи кои поминаа

низ креативниот чкртачки процес потсетуваат дека најубавите

работи во животот доаѓаат од наједноставните почетоци.

Мајка и ќерка, архитекти, дизајнери, студенти од креативните Бреинстер Академии, креативни

Марко Донев кој учи на Академијата за графички дизајн на Бреинстер и има 20 години, за првпат учествува на ваков натпревар. Вели дека сакал да проба дали може од шкрабаница да направи уметничко дело. Од она што можевме да го видиме, дефинитивно оди кон таа насока. До него беше и неговата колешка од Академија, Габриела Манова (21) која ни сподели дека многу ужива во часовите во Бреинстер и дека ваквите настани додаваат голема вредност на самиот образовен процес.

души кои сакаат да го ослободат својот внатрешен уметник и да му покажат на светот за што се способни…Ова се само дел од лицата кои таа сабота поминаа низ канцелариите во Бреинстер и оставија дел од себе на белиот лист хартија со надеж дека можеби ќе го освојат и жирито и ќе добијат вредна награда. Уште рано утрото првите креативци се појавија спремни да покажат што знаат и умеат, па како минуваше денот, оригиналните дела почнаа да се множат . Од разговорот со повеќето од натпреварувачите дознавме и каде ја бараат нивната инспирација, што ги мотивирало да се пријават

и која награда ја посакуваат.

Многу натпреварувачи, уште повеќе соништа Марко Донев кој учи на Академијата за графички дизајн на Бреинстер и има 20 години, за првпат учествува на ваков натпревар. Вели дека сакал да проба дали може од шкрабаница да направи уметничко дело. Од она што можевме да го видиме, дефинитивно оди кон таа насока. „Главна инспирација ми е секако Red Bull и самата тема, нивниот брендинг ми е многу интересен. Но, конкретно Мac Мiller и албумот Wings ми се нешто од што тргнувам во моментов, па ќе видиме што

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 35

МАРТ

ќе испадне на крај. Сум правел

шкрабаници дома, но не и за

натпревар. Посакајте ми среќа“, ни

рече Марко.

До него беше и неговата колешка

од Академија, Габриела Манова

(21) која ни сподели дека многу

ужива во часовите во Бреинстер

и дека ваквите настани додаваат

голема вредност на самиот

образовен процес.

„Многу сакам да цртам, а вакви

чкртаници имам по сите мои книги

и тетратки и тоа го правам откако

знам за себе. И јас сум првпат

на натпревар. Почнав со идеја

дека сакам да добијам некаков

цртеж што ќе асоцира на Red Bull,

па еве почнав со прасињата што

летаат кои ги гледаме на нивните

реклами. Ако победи мојот цртеж, од наградите ќе одберам студии на

Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College)“, ни се пофали таа.

Што им е заедничко на победничките Red Bull Doodle Art креации?

Што им е заедничко на сите

победнички чкртачки дела на

глобалниот Red Bull Doodle Art

натпревар го прашавме Марко

Гугоски, кој е дел од организацијата

на овој настан.

„Едноставно кажано да е

позитивен. Да е уникатен секако, но важно е да го има оној „го сакам животот“ агол. Да е позитивен, да гледа на убавата страна на животот, тоа е тематиката која се провлекува во сите победнички цртежи. Едноставно, кога ќе ја видиш шкрабаницата да се почувствуваш убаво и позитивно“, вели Марко.

Тие со настанот сакаат да им

дадат крилја на младите уметници

и да им кажат колку е значајно

чкртањето во тетратка и дека тоа може да биде почеток кон многу

исполнителна кариера.

„Самиот факт што од кога постои

настанов се случува голем дел

од луѓето да продолжат да се

занимаваат со цртање или

графички дизајн или станале

артисти ни кажува дека вакви

натпревари се навистина потребни.

Самото чкртање ја вежба раката

понатаму за креирање на цртежи и

уметнички дела, дали дигитални не

е важно. Но важно е постојано да

се чкрта и да се размислува како

идејата да се претвори во цртеж.

Да потенцирам дека најдобрите,

покрај ваучерите од Бреинстер и

од Бреинстер Некст колеџ ќе имаат

шанса да работат со НФТ-уметник

и својот цртеж да го претворат во

НФТ-дело и можеби да направат

кариера во таа насока“, ни објасни Марко.

Викторија е архитектка која покрај оној стандарден цртачки процес како дел од нејзината работа, сака да чкрта и да ги изразува своите мисли и идеи на бел лист хартија. Ни раскажа дека порано, многу повеќе го правела ова и кога ја видела поканата за настанот посакала да дојде со нејзината ќерка.

Поддршка од Бреинстер

инструкторите

Бидејќи на овој настан имаше и повеќе студенти од Бреинстер Академиите, секако дека тие поддршка добија и од дел од нивните ментори. Александар Нофитоски, кој е инструктор на Академијата за графички дизајн на Бреинстер ги следеше дел од своите студенти

како напредуваат со своите чкртачки дела. Тој вели дека секој цртеж практично почнува на истиот начин, со истражување, размислување и дека е самото чкртање е многу важен процес при креирањето на вакви уметнички дела. „Со шкрабаницата практично си ги фаќаш сите твои мисли и сè она што ти се апсорбирало

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143
31
2023 36 КРЕАТИВЦИ

потоа го употребуваш во повеќе

скици, па употребуваш дел од

нив или сите во крајното дело. За

студентите многу е важен овој

процес на чкртање ги учи како да

ги апсорбираат сите идеи и мисли

и да ги преточат во вистинско

уметничко дело“, вели Нофитоски.

И мајка и ќерка се

натпреваруваа на Red Bull Doodle Art

Покрај многуте студенти од

креативните Бреинстер Академии, на чкртачкиот настан дојдоа и

студенти од различни факултети, но

и луѓе од разновидни професии кои

имаат желба за цртање.

На настанот ги запознавме и Викторија и Тамара, мајка и ќерка кои дошле да пробаат да начкртаат шкрабаница за која

се надеваат дека ќе ги однесе на финалниот натпревар во

Амстердам.

Викторија е архитектка која покрај оној стандарден цртачки процес

како дел од нејзината работа, сака

да чкрта и да ги изразува своите

мисли и идеи на бел лист хартија.

Ни раскажа дека порано, многу

повеќе го правела ова и кога ја

видела поканата за настанот

посакала да дојде со нејзината

ќерка.

„Сите сме ние креативни, и двете

мои ќерки. Јас многу сакам да

цртам, постојано чкртам и кога го

видов настанов решив да дојдам и едноставно да се забавувам“, ни

откри таа, која додаде дека за сите

што се занимаваат со цртачкиот

занает, треба да знаат колку е

важно и да се чкртка.

Нејзината ќерка Тамара завршила

дизајн на мебел, професија за која

исто така процесот на цртање е

многу важен.

„Цртачкиот порив дефинитивно ми е наследен од мајка ми, во

последно време се повеќе го правам тоа. Пред да почнам во главата имам некоја идеја, но никогаш не се знае што ќе излезе на крајот, може сосема во друга насока да отиде. Мојот цртеж денеска е чаша во која има кафе, но со многу други интересни елементи“, вели таа.

Го запознавме и Филип Малезанов кој студира архитектура и често учествува на ваков тип на настани.

Неговиот цртеж со кој се надева дека ќе освои награда навистина привлекуваше доста внимание, па сите подзастануваа да видат како ќе го заврши.

„Секогаш сакам да си чкрткам и бидејќи имам веќе учествувано

на ваков настан, знаев дека

ќе биде добро организирано

и интересно. На мојот цртеж можете да го забележите нашиот Македониум кој го ставив во

надреална средина. Сакав да е нешто македонско, а сепак светско.

Како што гледате „Македониумот“

лебди во воздух, па имаме и

вонземјанин. Кога сè на листот ќе биде начкртано, готов сум. Се надевам дека ќе му се допадне на жирито“, ни откри Филип.

Го запознавме и Филип Малезанов кој студира

архитектура и често учествува на ваков тип на настани. Неговиот цртеж со кој се надева дека ќе освои награда навистина привлекуваше доста внимание, па сите подзастануваа да видат како ќе го заврши.

Какви награди ќе добијат победниците?

Сите натпреварувачи кои поминаа на настанот ги нацртаа своите шкрабаници, потоа ги аплицираа на платформата и со тоа влегуваат во официјалниот дел од натпреварувањето, а тројцата најдобри кои ќе ги избере жирито ќе бидат прогласени на 8 април на посебен настан. Постојат три вида на награди за најдобрите од Red Bull Doodle Art натпреварот, а тоа се: 1. Можност за патување во Амстердам (светско финале) и работа со артист-ментор за подобрување на своето дело и негова трансформација во NFT; SWithADot – дизајнот ќе биде инсталиран на патика, во соработка со тимот на SWithADot, а патиките ќе бидат пуштени во комерцијална продажба (лимитирана едиција);

2. Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата];

3. Или попуст на школарината на Бреинстер Некст колеџ, ако победникот е заинтересиран за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];

Победниците ќе бидат прогласени на посебен настан во април. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 38 КРЕАТИВЦИ

IB DP е меѓународно призната образовна

програма.

Дипломата е

препознаена во

многу земји ширум

светот и може да

им даде предност

на учениците при

аплицирање на

универзитети, како

и при почнување на својата кариера во

дадена област.

Филип Петковски PhD

професор во American High School Skopje

IB DP ПРОГРАМАТА ЗНАЧИ ВРВНА

ПОСВЕТЕНОСТ КОН УЧЕНИЦИТЕ, КАКО УСПЕШНИ И АКТИВНИ УЧЕСНИЦИ

ВО ГЛОБАЛНОТО ОПШТЕСТВО

International Baccalaureate Diploma Programme е

меѓународно прифатена

образовна програма во 140

земји од светот, развиена пред

неколку децении од група

едукатори во Женева, Швајцарија.

Програмата е признаена од голем број универзитети во светот, а

од неодамна е достапна и во

Американската Гимназија Скопје.

Разговаравме со професорот

Филип Петковски од Американската

Гимназија Скопје којшто ни објасни

подетално за самата програма и

придобивките што може да ги имаат

средношколците што ќе се запишат на неа.

 Филип, Вие сте класен раководител на IB DP паралелката во Американската Гимназија Скопје. Што е специфично за оваа програма и по што таа се издвојува?

Оваа програма нуди уникатен курикулум дизајниран да обезбеди балансирано образование преку шест групи на предмети: Јазик и книжевност, Усвојување на јазици, Индивидуи и општества, Науки, Математика и Уметност.

Програмата користи различни методи за да го оцени напредокот на учениците, вклучувајќи испити, есеи, усни презентации и практична работа, а исто така го нагласува развојот на критичкото мислење и истражувачките вештини, особено преку предметите Продолжен есеј и Теорија на знаењето. IB DP го поттикнува меѓународниот пристап и ги поттикнува учениците да станат глобални граѓани. Програмата ја нагласува и важноста на разбирањето на различни култури и перспективи, а учениците треба да изучуваат и

ИНТЕРВЈУ KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 40

втор јазик. Понатаму, програмата се стреми да обезбеди холистичко образование и ги поттикнува учениците да учествуваат во екстракурикуларни активности, заеднички мисии и креативни проекти, а ја нагласува и важноста на социјалната, емотивната и физичката благосостојба на учениците.

X Што значи IB DP диплома за учениците, какви придобивки

имаат од неа и како им го олеснува понатамошното образование?

IB DP е меѓународно призната образовна програма. Дипломата е

препознаена во многу земји ширум

светот и може да им даде предност

на учениците при аплицирање на

универзитети, како и при почнување

на својата кариера во дадена област. Понатаму, IB DP се фокусира

на развивањето на критичко

мислење кај учениците, што може

да им помогне да ги збогатат

своите знаења и да се подготват

за предизвиците во нивното понатамошно образование. Програмата ги поддржува

учениците да развиваат вештини за истражување и анализирање, и им помага на учениците да ги разберат

различните култури и перспективи. Ова може да им помогне да бидат успешни во глобалната заедница

и да комуницираат со луѓе од

различни делови во светот.

X Вие предавате предмети што се карактеристични за IB DP, но нови и необични за нашите наставни програми. Каков пристап имате на Вашите часови и што Ви е важно кај учениците?

Јас предавам два од главните предмети во IB DP програмата, односно Теорија на знаење и Креативност, активност и волонтирање. Додека вториот предмет се заснова на екстракурикуларни активности кои учениците ги извршуваат вон наставата, односно во нивното слободно време, Теорија на знаење бара поинаков пристап од останатите предмети. Она што е различно е тоа што целиот час се заснова на критички дискусии, групни вежби, анализа на одредени случаи и примери и дебатирање. Она што ми е важно е учениците да дојдат на час со „отворен ум” и да бидат подготвени да не бидат во право. Мојот пристап се сведува на пост-колонијалистички методи и децентрализирање на Западниот и империјалистичкиот пристап, кој е доминантен во образованието. Оттука, пресудни се критичките дискусии за сè што учениците имаат веќе научено, односно, често ги преиспитуваме информациите кои тие веќе ги знаат, употребувајќи

мета анализа. На крајот од овие дискусии, учениците се често пати изненадени од фактот дека поставувањето клучни прашања

може да им ја промени целата

перспектива за тоа како тие

гледаат на светот. Важно ми е тие да се искрени, да се подготвени да згрешат, да немаат страв гласно да ги изјавуваат своите ставови и да се толерантни кон другите ученици кои можеби не размислуваат исто ко нив.

X Вие имате искуство и од македонското образование, но и од американското. Кои се разликите и како вашето знаење го применувате во Американската Гимназија Скопје?

Морам да наведам дека моето искуство со македонското образование е лимитирано, бидејќи во средно образование предавам само околу седум месеци. Додека живеев во САД, предавав на UCLA, меѓутоа на студенти со високо образование. Не би можел да ги споредам двете искуства бидејќи се работи за многу различни и неповрзани светови, поготово бидејќи UCLA е државен универзитет, а AHSS е приватна гимназија. Меѓутоа, практичното искуство кое го стекнав на UCLA како асистент професор го приспособив на моето ново работно место, процес кој сè уште трае. nnn

IB DP го поттикнува меѓународниот пристап и ги поттикнува учениците да станат глобални граѓани. Програмата ја нагласува и важноста на разбирањето на различни култури

и перспективи, а учениците треба да изучуваат и втор јазик. Понатаму, програмата се стреми да обезбеди холистичко образование и ги поттикнува учениците да учествуваат во екстракурикуларни активности, заеднички мисии и креативни проекти, а ја нагласува и

важноста на социјалната, емотивната и физичката благосостојба на учениците., објаснува професор Петковски.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 41

РЕДНО Е ДА СЕ ПОТПРЕМЕ

НА МЛАДИТЕ ЗА ДА

ОСТАНАТ ВО ЗЕМЈАВА

Целта на овие специјализирани обуки е да им се помогне на младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и да го подобрат својот капацитет, за да станат поконкурентни на пазарот на трудот, да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во развојот на локалната економија.

Преку подобрување на

животот на младите во руралните општини, со поддршка на

локални младински

иницијативи низ обуки, менторирање и грантови

како финансиска помош за

спроведување на иницијативите ќе

успееме да го намалиме одливот на младите лица од нашата земја.

Ова го покажаа обуките кои во

рамки на проектот „Потпри се

на младите“, кој здружението

на жени менаџерки ЕЛИТ,

како партнер го реализираше

со Македонската развојна

фондација за претпријатија

(МРФП) и Рурална коалиција и Џуниор Ачивмент Македонија, а финансиран од ЕУ. Согласно

предвидените активности, спроведен беа пет еднодневни

обуки од областа на развојот на

лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално

претприемништво.

Обуките беа организирани во

Тетово, Охрид, Битола, Куманово и Крива Паланка и на нив присуствуваа над 80 млади и жени од руралните средини од

Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион.

„Целта на овие специјализирани обуки е да им помогнеме на младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и да го подобрат својот капацитет, за да станат поконкурентни на пазарот на трудот, да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во развојот на локалната економија. Фактот дека голем број од учесниците изјавија дека добиле инспирација, мотивација, оптимизам и насоки за идни акции во областа на бизнисот дава надеж дека ја оправдавме проектната цел и дека ќе ги охрабриме младите

од руралните средини да станат активни чинители во заедницата “, велат од Здружението на жени менаџерки ЕЛИТ.

Обуките ги одржа сертифицираниот тренер Ирена Јакимова, која со учесниците работеше на теми како што се: главни функции на менаџерите, лидерски стилови и вештини, запознавање со основните функции и предизвици на секој бизнис, јакнење на способноста за генерирање социјални

бизнис идеи и тимска работа. Дополнително, на обуките преку презентација на реални и постоечки социјални бизниси, учесниците имаа можност практично да се запознаат и со позитивните примери, најдобрите практики, но и постоечките предизвици при развивањето на социјалните бизниси. Здружението на жени менаџерки ЕЛИТ е невладина, непартиска и независна организација посветена на постигнување на родова еднаквост, мир и демократија како и социјална правда во Македонија, преку иницијативи, програми и проекти за подигање на јавната свест, градење на капацитети, создавање на партнерства и мрежно работење. ЕЛИТ –Здружение на жени менаџерки се залага и учествува во сите активности заедно со останатите невладини организации во земјата кои ќе овозможат во Република Северна Македонија да се воведат системски мерки кои ќе го зголемат бројот на жените на одлучувачки функции со што жената ќе стане значаен фактор во македонското општество. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 42 BRAIN DRAIN
Одберете го вашиот во дом во Гранд Ривер со станбениот кредит на НЛБ Банка! grandskopje.mk 070 233 055 & 070 355 351 Паркингот спроти Холидеј Ин

ИНОВАТИВНИ МОДЕЛИ НА СОПСТВЕНА МАЛОПРОДАЖБА

КАКО ДВАТА НАЈГОЛЕМИ

ХРВАТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАФЕ СЕ БОРАТ ЗА

ПОТРОШУВАЧИ

Двата најсилни производители на кафе во Хрватска и во регионот, Франк група и Атлантик група, во последно време развиваат сосема нови продажни канали, всушност сопствена малопродажба. Проектите во суштина се разликуваат, но ги следат најновите трендови во угостителството и каналот HoReCa (хотели-ресторани-кафулиња).

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 44 РЕГИОН

Двата најсилни производители на кафе во Хрватска и во регионот, Франк група и Атлантик група, во последно време развиваат сосема нови продажни канали, всушност сопствена малопродажба. Проектите во суштина се разликуваат, но ги следат најновите трендови во угостителството и каналот HoReCa (хотели-ресторани-кафулиња).

Како што пишува загрепски Лидер медиа, во својот деловен извештај за 2022 година, Атлантик неодамна

само накратко го спомна својот

нов иновативен проект Ziggy's Coffee, бренд и синџир на кафулиња

специјализирани за производство и подготовка на пијалаци од кафе.

„Ова е проект со кој го тестираме

потенцијалот на пазарот за

потрошувачка на кафе за

носење преку нашата сопствена

малопродажба и доаѓаме до нови потрошувачи. Ziggy's Cof-

fee е бренд кој ги контролира

сите фази во подготовката на

кафето, од купување зелено кафе

од производителот до услугата

на баристата (специјализиран

подготвувач на кафе во локалите)

и доставувањето на готовиот

пијалак. Кафето за носење е

основна понуда на Ziggy's Coffee, а не друга опција како повеќето ресторани. Скроивме решение

за сите оние кои не можат или не сакаат да седат во кафулиња, но сакаат да уживаат во кафе на практичен, брз и едноставен начин, чиј квалитет е еднаков или подобар од тој во кафуле. Покрај избор од неколку вкусови на кафе, се нудат и сезонски производи како топло чоколадо, лимонада, ледени чаеви и фрапе“, велат во Атлантик.

Покрај топлите пијалаци, Ziggy's нуди и избор на слатки и солени закуски кои одлично се комбинираат со кафето.

„Ziggy's Coffee е единственото

место во Загреб што ја нуди

популарната португалска торта пастел де ната. Со пријатна атмосфера, персоналот е одлично запознаен со производите на Ziggy и е посветен на процесот на подготовка на кафе. Сите баристи во продажните места минуваат низ детална обука за подготовка и сервирање на кафе“, објаснуваат во Атлантик.

Првото појавување на брендот Ziggy во јавноста се случи на крајот на мај минатата година на меѓународната градинарска изложба Floraart. Во септември, Ziggy's Coffee ја отвори својата прва локација, а брендот ја заврши 2022 година со вкупно пет локации во

Уште за време на пандемијата, загрепски Франк започна со една иновација, платформата на уреди за самопослужување Snogoo, од кои во моментов има повеќе од две илјади на пазарот и нивниот број сè уште расте. Овoj walk-in-store е достапен 24/7, и нуди повеќе од 36 различни напитоци од кафе од нивните познати брендови, како и други топли и ладни пијалаци, сендвичи, колачи, грицки и свежо цедени сокови

Загреб. Во Атлантик најавија дека нивниот концепт ќе се тестира на различни локации преку различни типови на објекти. „Во моментов сме во тест фаза на проектот, а со оглед на посетеноста и повратните информации, можеме да кажеме дека Ziggy's Coffee за краток период од неколку месеци ги освои љубителите на кафе во Загреб. Со проектот раководи тим во рамките на New Growth, одделот за развој на нови бизниси и брендови во Атлантик Група, а тимот го води Томислав Балиќ,

раководител на развојот на новиот комерцијален канал. Овој проект е важен чекор напред за Атлантик Група, бидејќи експериментираме со контрола на целосниот синџир на вредност, од самото производство до малопродажба и директен контакт со потрошувачот“, велат во Атлантик и додаваат дека Ziggy's Coffee воедно им е и совршена алатка за истражување на пазарот која овозможува повратни информации од потрошувачите на самото место.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 45

Кафето за носење е основна понуда на Ziggy's Coffee, а не друга опција како повеќето ресторани. Во Атлантик скроиле решение за сите оние кои не можат или не сакаат да седат во кафулиња, но сакаат да уживаат во кафе на практичен, брз и едноставен начин, чиј квалитет е еднаков или подобар од тој во кафуле.

Snogoo се шири

надвор од Загреб

Уште за време на пандемијата, загрепски Франк започна со една иновација, платформата на уреди за самопослужување Snogoo, од кои во моментов има повеќе од

две илјади на пазарот и нивниот

број сè уште расте. За компанијата

ова е значаен чекор напред во дигитализацијата и во сегментот B2C (бизнис со потрошувач). Минатата година на ул. Илица во Загреб беше отворена првата целосно дигитализирана кафетерија Franck Snogoo, а набргу потоа и на Драшковиќева 16.

„Овoj walk-in-store е достапен

24/7, и нуди повеќе од 36 различни

напитоци од кафе од нашите

познати брендови, како и други

топли и ладни пијалаци, сендвичи, колачи, грицки и свежо цедени

сокови“, велат во Франк. .

Станува збор за концептот на

дигитална платформа која ги

комбинира производите на Франк

и дигитализираниот пристап до

потрошувачот преку мобилна

апликација. Уредите се опремени

со најмодерна IOT (Internet of Things) дигитална технологија, односно телеметрија, а сите уреди

се поврзани 24/7 во реално време со Snogoo Cloud, преку кој со помош на дигиталната платформа се управува со сите технолошки, логистички и квалитативни аспекти на синџирот на снабдување.

„Во пракса, тоа значи дека оперативно во реално време имаме прецизни информации за апсолутно сите аспекти на деловното работење на сите наши продажни места и во машините за самопослужување кафе, како што се состојбата на залихи, температурата и притисокот на машината, квалитетот на зрната, гранулацијата на мелницата за кафе, квалитет и проток на водата, нормативи и слично. Како дел од постоечката дигитална платформа, ја развивме нашата мобилна апликација Snogoo wallet, преку која директно комуницираме со потрошувачите и преку која тие можат да се поврзат преку Bluetooth со секој наш уред за самопослужување, без разлика дали е за топол или ладен асортиман, како и да прават безготовински плаќања и учество во програми за лојалност и систем за наградување преку Snogoo поени“, објаснуваат во Франк. Според податоците на компанијата, нивната продавница дневно

ја посетуваат од 300 до 500 потрошувачи, а имаат над 20 илјади редовни корисници на платформата и мобилната апликација Snogoo. Планот е да се прошири концептот за кафе на Snogoo во други поголеми градови и туристички центри. Заедно со Snogoo, Франк дизајнираше уште еден нов концепт, Franck Experience Store,

а минатата година беа отворени две локации во центарот на Загреб и во самиот центар на Сараево. Станува збор за модерно уреден простор со широк избор на кафиња и чаеви од брендот Franck. „Продавницата носи и една новина што ја прави единствена, а тоа се четири силоси Azomico кои обезбедуваат зрната кафе да останат свежи и да се мелат на лице место, во зависност од преферираниот начин на подготовка. Силосите се полни со азот, кој го спречува процесот на расипување и ги зачувува богатите вкусови на зрната кафе. Во исто време, во изложбениот простор е поставен и пржилница со помал волумен на Petroncini Briciola“, заклучуваат во Франк. Инфлацијата не влијаеше на потрошувачката на кафе И кај двата производители, продажбата на кафе минатата година порасна со двоцифрена стапка и покрај сите инфлациски притисоци. Кафето инаку е најголемата производна категорија во Атлантик Група, што носи околу 20 проценти од вкупниот приход на компанијата. Додека Франк е хрватскиот национален лидер, Атлантик е регионален (лидер на пазарот во Словенија каде го има Barcafee и Србија со брендот кафе Гранд), со повеќе од 23 илјади тони годишно производство. Атлантик во

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31
МАРТ 2023 46 РЕГИОН

својот финансиски извештај објави дека во деловната област на кафе

минатата година остварил приход од околу 185 милиони евра, што е

за 16,2 отсто повеќе од 2021 година.

Најголем раст е остварен на

пазарите во Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Извештајот

објаснува дека растот на продажбата бил под влијание на подобрата епидемиолошка

ситуација на сите пазари, укинувањето на ограничувањата за работата на каналите на HoReCa и успешната туристичка сезона во Хрватска. Дел од зголемувањето на приходите е резултат и на растот на продажните цени поради порастот на цените на сите клучни суровини, материјали за пакување, енергетски производи и услуги.

Растот на приходот на свежо печеното мелено кафе е генериран

пред се од растот на продажните

цени поради значителното

зголемување на цената на суровото

кафе и материјалот за пакување,

а раст на обемот е остварен и

кај другите категории на кафе.

Кафето еспресо во портфолиото

на Атлантик доживува значителен

раст првенствено како резултат на успешните стратешки партнерства

во изминатите години, зајакнувањето

на перцепцијата на брендот и освојувањето нови клиенти во каналите HoReCa и On the Go. Тихана Вујчиќ, маркетинг директор за Barcaffe и On the go сегментот во

стратешката деловна област Кафе, вели дека Атлантик во категоријата кафе на хрватскиот пазар расте од година во година, и во однос на приходите и во однос на пазарниот удел.

„Промислено влегуваме во нови категории и го прошируваме нашиот асортиман, па можеме да кажеме дека секоја наредна година е рекорд за нас, како во малопродажбата, така и во сегментот HoReCa. Во Хрватска моментално работиме со преку 2.500 партнери во HoReCa сегментот, а тој број расте од ден на ден. Одличен пример кој го поттикнува ширењето на еспресото Barcaffe на хрватскиот пазар е бројот на обуки во Академијата Barcaffe во Загреб, каде се закажуваат термини дури и за време на викендите, што е доказ и за интересот и за нашата посветеност за најдобра можна едукација за нашите постоечки и нови партнер“, вели Вујчиќ.

Дефицит на сирово кафе

Во каналот HoReCa, Франк е, како што велат од компанијата, лидер на пазарот за еспресо кафе со удел од околу 35 проценти, а пијалаците на Франк се присутни на околу

7.500 локации на HoReCa. Во 2022 година, Групацијата Франк оствари приходи од продажба од околу 108 милиони евра, што е за 13 отсто повеќе од претходната година.

Заедно со Snogoo, Франк

дизајнираше уште еден

нов концепт, Franck Experience Store, а минатата

година беа отворени

две локации во центарот

на Загреб и во самиот

центар на Сараево.

Продавницата носи

и една новина што ја

прави единствена, а тоа

се четири силоси Azo-

mico кои обезбедуваат

зрната кафе да останат

свежи и да се мелат на

лице место, во зависност од преферираниот

начин на подготовка.

Силосите се полни со

азот, кој го спречува

процесот на расипување

и ги зачувува богатите

вкусови на зрната кафе.

Поради значителното зголемување на цените на суровините, особено на сировото кафе, која е на највисоко ниво во последните 11 години, како и на другите материјали како што се трошоците за пакување и логистика, во 2022 година, според неревидирани податоци, Франк постигнал пониска бруто-маржа за 12,7 процентни поени. Како што неодамна објави компанијата, негативните трендови што доведоа до драстично зголемување на цените на сировото кафе на почетокот на 2021 година продолжија да влијаат на глобалниот пазар во 2022 година, а на глобално ниво за сезоната 2023/2024 година, дефицитот на суровото кафето повторно може да се очекува во споредба со побарувачката, што би било втора сезона по ред на недостиг на сурово кафе во однос на потребите на светскиот пазар, а со тоа и дополнителен притисок врз производителите.

И покрај растот на овие трошоци, Франк се обиде што помалку да го пренесе ефектот од нарушувањата

на пазарот на крајните потрошувачи. Групацијата Франк го амортизираше најголемиот дел од влијанието на трошоците, првенствено преку оптимизирање на внатрешните ресурси, вклучително и прилагодување на бројот на вработени. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 47

ЕКСПЕРТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОД ХАРВАРД СПОДЕЛУВА

БР.1 ПОЖЕЛНА ОСОБИНА ШТО Е МНОГУ РЕТКА, ОСОБЕНО КАЈ МАЖИТЕ

Автор: Хајди Гарднер, Харвард универзитет

Kога младите ме

прашуваат за кариерен

совет, јас секогаш им

велам: „Не се фокусирај

само на сопствените

достигнувања. Биди соработник“.

Низ една деценија настава и

истражување на деловните и

правните факултети на Харвард, открив важен и често занемарен

момент: луѓето кои сфатија како да соработуваат во тимови стекнаа

голема конкурентска предност во

однос на оние кои не успеаја во тоа.

Кога станува збор за вработување, паметните соработници се

многу посакувани кандидати.

Тие обезбедуваат поквалитетни резултати, побрзо се унапредени, повеќе се забележани од повисокото раководство и имаат позадоволни клиенти.

Но, еве што најмногу ме шокираше:

вештините за соработка се изненадувачки ретки, особено кај

мажите.

Студијата на McKinsey од 2021

година покажа дека жените лидери, во споредба со мажите

на исто ниво, имаат двојно

поголема веројатност да потрошат

значително време на соработка

што не е во состав на нивната

формална работа.

Како да се биде

исклучителен соработник

Да се биде соработник не е лесно.

Но, примарната цел е едноставна:

здружување на луѓето за да ги

решат проблемите и да научат

нешто ново.

Еве како да се подобрите во тоа:

1. Бидете инклузивен лидер.

Без разлика дали сте водач на

проектот или не, преземете чекори

за да привлечете различни луѓе

заедно.

Мајндсетот што секогаш го имам е:

„Таа личност размислува поинаку

од мене. Toj/таа знае нешто

поинакво што јас не го знам, и можам многу да научам од него/ неа“.

Овие луѓе не треба да имаат само различни домени на знаење. Тие исто така треба да претставуваат различни професионални средини, возрасти и животни искуства.

2. Покажете ценење и признание. Револуционерна студија на професорот на бизнис школата на Харвард, Борис Гројсберг, покажа дека работниците, особено мажите, често ги земаат здраво за готово нивните професионални мрежи. За време на интервјуата за работа, бидејќи не успеале да сфатат колкава поддршка всушност добивале од своите колеги, верувале дека се повеќе независни и отколку што всушност биле. Овој менталитет „најпрво јас“

е причина за неангажирање менаџери. Дури и Клер Хјуз Џонсон, поранешен потпретседател на Google цели 10 години, вели дека бара самосвест и вештини за соработка „пред што било друго“.

Ако сте задолжени да презентирате извештај за продажба секоја недела, но го правите тоа исклучиво сами, тоа би можело да сугерира да мислите дека вашето мислење е највредното.

Но, ако контактирате со експерти од различни оддели за нивен увид, вашите податоци најверојатно ќе бидат попривлечни.

Не заборавајте да ги споменете имињата на оние кои придонеле, како и нивната стручност. Ова ќе му даде на вашиот извештај поголем кредибилитет.

4. Crowdsource.

Дајте им на луѓето начин да учат без да мора да бидат дел од секој тим. Моето истражување покажа дека желбата за учење е чест двигател на доброволна посветеност. Заедниците создадени преку Slack и слични алатки за комуникација се одличен начин за поттикнување виртуелни форми на соработка, споделување знаење и дистрибуција на знаење. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1143 31 МАРТ 2023 50 КАРИЕРА
Луѓето кои сфаќаат како да соработуваат во тимови стекнуваат голема конкурентска предност.
3. Побарајте помош.
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.