5 minute read

КОЛУМНА Ненад Јовановиќ, граѓански активист

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

PROFILE

Advertisement

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Има или нема нон-пејпер на којшто словенечкиот премиер Јанез Јанша се има „заиграно“ со прекројување на државни граници низ Балканот преку распад на Босна и Херцеговина и дали ако овој скандалозен документ постои негов автор е навистина словенечкиот премиер!? Оваа тема или подобро прашање што изминативе две недели стана апсолутен фокус низ целиот регион собра низа потврди и деманти – едни велат дека тој документ е измислица, а други дека го виделе со свои очи, но и дека постои уште многу од поодамна. Европската Унија до затворањето на овој број на „Капитал“ нема официјален коментар, имајќи предвид дека во дипломатијата никогаш не се потврдува постоењето на нон-пејпер (таков е и самиот збор). Море на новинари, истражувачи, аналитичари и политичари се впуштија во анализи и погодувања – дали ова парче хартија постои и ако да, од кога е и кога било доставено до Европскиот совет. Сериозни аналитичари, особено после неколку деманти од самиот Јанша пренесени низ медиумите како разговори со власта во Сараево, велат дека целата конфузија и скандал е предизвикана не со цел вистинска промена на границите и цртање на нови карти, туку политичка дестабилизација на регионот и нанесување на штета на процесите на европска интеграција. И додека се чекаат официјални вести за развојот на настаните поврзани со влегување во трага на „нон –пејперот“ или лагите за неговото постоење, се чини дека моментот е идеален за да ги потсетиме нашите читатели, за ликот и делото на Јанез Јанша – човекот што се најде во средината на овој скандал, еден од највпечатливите лидери на политичките сили во Европа водени од ѕвездата на конзервативизмот и екстремните десни идеи.

Кој е Јанез Јанша?

Единствениот лик од ерата на битката за словенечката независност, кој сè уште е активен во националната политика, Јанез Јанша го помина најголемиот дел од својата кариера менувајќи страни - од власт во опозиција и обратно. Поседувајќи моќна харизма, 61-годишникот е олицетворение на идеолошката поделба во земјата. Едната страна го гледа како жртва на системот што сè уште го водат поранешните комунистички елити, додека другата го доживува како корумпиран и опасен демагог. Неговото име отсекогаш се поврзуваше со политички скандали, од удари кон демократските нишани на Републиката и газење кон човековите и граѓански слободи, па сè до обвинувања за милионски проневери и злоупотреби на државната каса. Роден во Љубљана на 17 септември 1958 година, Јанша дипломира на студии за одбрана во 1982 година и се вработува во секретаријатот за одбрана, министерството за одбрана во познатата комунистичка ера. Во осумдесеттите години од минатиот век тој напиша серија написи критички настроени кон режимот, многу од нив за тогаш многу актуелниот неделник „Младина“. Во мај 1988 година тој беше уапсен од тајната полиција откако „Младина“ објави препис од состанокот на кој југословенското комунистичко раководство разговараше за апсења на проблематични членови на прогресивната асоцијација на социјалистичката младина (ЗСМС), чиј член беше токму Јанша. Заедно со двајца негови колеги и еден вработен во армијата, тој беше обвинет за објавување на воена тајна и осуден на затвор од воениот суд. Апсењето и судењето предизвикаа масовни протести коишто всушност дејствуваа како катализатор за демократското движење што на крајот доведе до независност на Словенија во 1991 година. На првите повеќепартиски избори во 1990 година, Јанша беше избран за пратеник и стана министер за одбрана во владата изградена од ДЕМОС, коалиција формирана од партии кои се спротивставуваат на комунистичкиот режим. Под негово водство, Словенија воспостави одбранбен систем што овозможи земјата да се избори со агресијата од југословенската армија и да прогласи независност во јуни 1991 година. Јанша беше соборен од функцијата министер за одбрана во 1994 година, поради обвинението дека има овластено специјална армиска единица за напад врз цивили, осомничен за откривање на доверливи воени информации во полиција. Тој повторно ја извршуваше функцијата министер за одбрана под централнодесничарската влада на Андреј Бајук за време на нејзиното шестмесечно владеење во 2000 година. Јанша служеше само еден целосен мандат како премиер, но сепак неговата коалициска влада од 2004 до 2008 година е единствената во Словенија која го отслужила целиот мандат без губење или додавање на нови коалициски партнери. Како премиер тој претседаваше со Советот на ЕУ кога Словенија го имаше ротирачкото претседателство на блокот во првата половина на 2008 година како прв новодојденец што го стори тоа.

Голем фан на Трамп

Неговата партија се врати во опозиција по изборите во 2008 година, по обвинувањата дека Јанша земал мито во договор тежок 278 милиони евра со финскиот изведувач Патриа во 2006 година. Судењето за случајот, кое неговите приврзаници го протолкуваа како повторување на ревијалното судење во 1988 година, започна во септември 2011 година, три месеци пред првите предвремени избори во земјата. Неговата партија беше втора и покрај тоа што беше фаворизирана за победа, но Јанша продолжи да гради коалициска влада откако градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ не успеа, и покрај тоа што неговата партија се појави како изненадувачки победник. Само по една година од терминот, обележан со штедење и масовни антивладини протести, Јанша изгуби гласање на доверба во врска со извештајот за мито, според којшто Јанша се смета за неодговорен во трошењето на јавните пари. Додека Аленка Братушек ја преземаше функцијата, Јанша

АНУШКА ДЕЛИЌ

Новинарката Анушка Делиќ, главен уредник на „Остро“

Кога Јанша ја поздрави победата на Трамп не бевме изненадени, се разбира дека еден „фејк њуз“ премиер ќе честита „фејк њуз“ победа. Таа додава дека низ работата на „Остро“ излегуваат податоци дека сите медиуми контролирани од силите на Јанша се најголем извор на дезинформации и пропаганда во Словенија. Има симбиоза помеѓу политиките и целите на партијата и содржините објавувани во тие медиуми, вели таа. Треба да се спомене дека во 2015 неговата партија си отвори телевизија „Нова 24 ТВ“ чие мото е „Први во служба на вистината“, но овој медиум според FP е всушност во служба на политиките против Муслиманите, бегалците и ЛГБТ заедницата, целосно на линија со крајно десничарските идеи.

Нема никаков нон –пејпер од Јанша. Зборував со него, самиот ми кажа. Исто ми кажа дека не тој, туку Заев заедно со европратениците Пицула и Фајон создале сличен нон пејпер“ кажа лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, само ден пред албанскиот премиер Еди Рама да посведочи дека лично го видел документот. „Разговарав со Јанша уште одамна. Го видов и овој документ што излезе“ вели Рама со што станува јасно дека Јанша мора некого да има излажано – или лидерот на македонската опозиција или премиерот на Албанија. Во меѓувреме, со остар демант се јави Пицула згрозен од како што вели„обидот на Мицкоски да го внесе во валкани игри, неговото навредливо однесување, но и тезите што се на линија со Будимпешта, каде што Груевски избега од кривичен прогон

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

На надворешнополитички план Јанша се ориентира во насока на Орбанова Унгарија, чиј премиер во последно време настојува да исплете цврста и влијателна мрежа во регионот. Орбановиот Фидес негува добри односи со националистите во Северна Македонија, а настојува да и’ се приближи што повеќе и на сè поавтократската Србија. Со Оливер Вархеји како нов еврокомесар за проширување, положбата на Будимпешта во регионот е зајакната.

КОГО ИЗЛАЖАЛ ЈАНША РАМА ИЛИ МИЦКОСКИ?