11 minute read

ИНТЕРВЈУ Гордан Георгиев, политиколог

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ДЕЦАТА НА СОНЦЕТО

Advertisement

Верувале или не, поминаа точно 10 години од емитувањето на првата епизода на првата сезона – 17 Април 2011, од ТВ серијата „Играта на тронови“ на Џорџ Р.Р. Мартин (A Game Of Thrones – George R.R. Martin), Денес кога би направиле една паралела на универзумот во кој се одвива оваа фантази драма, многу од верните фанови би се сложиле дека најмногу сличности имаме со „Децата на шумата“ (The Children of the Forest). Но, бидејќи оваа наша денешна приказна е сончева енергетска приказна, во која зборовите на фамилијата Старк „Зимата доаѓа“, треба да се преточат во овој „наш“ паралелен универзум на универзумот на George R.R. Martin, нашите зборови би можеле да бидат „Децата на сонцето“. Да не заборавиме, Северна Македонија, го има сонцето и како симбол на своето знаме. А кога ја замислувате енергијата на иднината, сончевата енергија веројатно зафаќа голем дел од таа слика, посебно при запазувањето на „Зеленото сценарио“.

Соларни ресурси и капацитети

На европската соларна мапа, територијата на Република Северна Македонија покажува импресивни соларни капацитети. Анализите покажуваат дека западниот дел на земјата поради поволната географска положба, како и оптимална надморска височина (600-800 метри), е подложен на високо ниво на сончево зрачење. Поточно, анализата на годишниот збир на глобално зрачење на земјите од Западен Балкан покажува дека делови од териториите на Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија се меѓу европските територии со најголем сончев потенцијал. За анализа, да направиме споредба на годишното глобално зрачење и сончевата енергија произведена на годишно ниво со инсталирана моќност од 1 MWp во земјите со најмногу, просечно инсталирани капацитети во Европа и Македонија. Анализирајќи ја територијата на Република Северна Македонија, можеме да дојдеме до заклучок дека западниот дел на Македонија, особено регионите во Битола, Преспа и Охрид, заради поволната географска положба, како и конфигурацијата и морфологијата на теренот, како висорамнини на надморска височина од 600-800 метри се исклучително погодни за инсталација на фотонапонски централи.

Светски трендови Игра на тронови

Светскиот пазар за соларна енергија рапидно расте, што е очигледно од високата стапка на раст на годишно ниво на кумулативно инсталираниот капацитет. Соларната енергија е најраспространета и најбрзо растечка обновлива технологија во однос на глобално инсталираниот капацитет. Од приложениот график може да се види дека растот на соларната енергија се одвива по речиси експоненцијална крива. Зголемувањето на глобалната побарувачка на енергија и намалувањето на трошоците за инсталација на системот се примарни двигатели на растот на индустријата за фотоволтаици. Дополнително, грижата за климата и животната средина и владините поддршки дополнително го поттикнуваат растот на пазарот. Според неодамнешниот извештај на GlobalData за пазарот на соларна енергија, се очекува, за време на периодот на прогноза 2017-2025, глобалниот капацитет на PV да се зголеми од 387,3 GW на 969 GW. Уште еден светски тренд кој што придонесува за експоненцијалната крива на растот на соларната енергија е трендот на намалување на цената на фотоволтаичните панели. Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат. Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива. Делот каде што работите може многу да се поместат, е Владината стратегија која предвидува(ше) од буџетот да се финансираат 200 MW фотоволтаични централи, со тоа што државата да преземе обврска да обезбеди услови до градежна дозвола, односно да ги реши бирократските постапки, од аспект на урбанизација, на трансформација на земјиште, како и приклучок на мрежа. Од оваа Владина стратегија е поминат само еден тендер, и тоа 2019-та, т.е. пред две години, преку Министерство за економија, на кој беа објавени 35 MW, 25 во Свети Николе и 10 MW во регионот на Македонски Брод. Тука не би требало да ги заборавиме и планираните (најавени) инвестиции на АД ЕСМ од 200 MW во фотоволтаични централи на нивни локации. За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме. Затоа може да се каже, дека главниот предизвик се локациите, т.е. евтините приклучоци и менаџирање со административната инертност. Освен инвестирање во нова мрежа, неопходно е да се потенцира и потребата од одржување, реконструкција и ревитализација на постојните далекуводи, изградба на нови далекуводи и воведување на смарт технологија, како на преносната така и на дистрибутивната мрежа. Затоа што ако се менаџира паметно, оваа енергетска транзиција, ќе обезбеди значителен број на „зелени“ работни места. Синергијата на државата и приватниот капитал е и тоа како потребна, затоа што придобивките од инвестициите ќе бидат огромни, не само во финансиски аспект, туку и во квалитетот на животот на оваа наша убава сина планета. Кога ја играте играта на тронови, победувате, или умирате! – Серси Ланистер. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Благојче Котески магистер по енергетско машинство

Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат. Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

СТАВ

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА ЕДНА ФАМИЛИЈАРНА ВЛАСТ

Оваа серија би ја поделил на две теми: едната тема е политичка, и тема која ме опседнува со години, ама на самото драмско остварување јас сум воодушевен. Исто така мислам дека ова е ужасно важна серија. Серијата „во првите денови“ на пост - октомвриската влада на Зоран Ѓинѓиќ, многу јасно не враќа назад за да ги видиме причините. И ако сме политички консеквентни да мислиме, ќе видиме зошто немаше „шести октомври“. „Каде бевте сите, маму вам јебем“, што би рекол Слобо во серијата.

Во оваа прилика ќе пишувам за српската мини серијата „Фамилија“ (2021), која е снимена во пет продолженија, а режијата е на Бојан Вулетиќ. Ја погледав на интернет уште пред да ја погледа „генералната публика“. Серијата „Фамилија“ е феноменална српска серија на многу нивоа. И едвај чекав да почне следната епизода во која ќе можам да го погледам продолжението. Има серии за кои одлучувам дека најпрво ќе ги гледам, а ако ме инспирираат, можам и’ да ги „рецензирам“. А оваа серија напросто „те влече да цркнеш“ во желба како ќе заврши. Притоа, сакам бескрајно да се заблагодарам на „Фајерфлај“ (Firefly) продукција која ни прикажа одлична серија. И мислам дека оваа серија е важна во драмска и во политичка смисла. Имено, оваа серија би ја поделил на две теми: едната тема е политичка, и тема која ме опседнува со години, ама на самото драмско остварување јас сум воодушевен. Исто така мислам дека ова е ужасно важна серија. Серијата „во првите денови“ на пост - октомвриската влада на Зоран Ѓинѓиќ, многу јасно не враќа назад за да ги видиме причините. И ако сме политички консекветни да мислиме, ќе видиме зошто немаше „шести октомври“. „Каде бевте сите, маму вам јебем“, што би рекол Слобо во серијата. А од друга страна, Михиз вели: добра претстава има илјадници мани, а лоша само една“. Оваа дефиниција важи и за серијата „Фамилија“. Суштински кога ја гледам целата слика, па и другите коментари и критики кои ги читам, се движат од „ау, па оваа серија го ‘хуманизира’ Милошевиќ, или „ова е некритичко мислење за Милошевиќ“... Да не заборавиме еден детаљ: сите тие луѓе, на самиот ден кога Милошевиќ беше апсен, беа против Зоран Ѓинѓиќ, беа против Чедомир Јовановиќ и нивната политика која потоа, монструозно, беше убиена во 2003 година. Поради сите такви луѓе кои хорски пееја за демократија, за владеење на право, изворно и денденешен се во српската политика, па логично би се поставило прашањето: каде бевте тогаш сите вие кои сте денес тука?

Српска „грчка трагедија“

Серијата „Фамилија“ е класично грчка трагедија: во серијата немате антихерој, туку имате еден човек „по средина“, кого не можеш да го фатиш веднаш. Аристотел велеше: ако злосторникот падне, што тогаш? Во оваа серија имаме особини, имаме „хибрис“: кај Милошевиќ имаме човечки особини на Ричард Трети. И кога вие гледате од првата епизода, кога ги гледате оние воведни монтажни секвенци кои се документарни, сфаќате на почетокот на серијата дека сите го

сакаат Милошевиќ. „Газиместан“, „Слобо ми те волимо“, а Слобо вели – „ќе победиме“. На тој митинг, имало 2 милиони луѓе; па имате, „се здружија странските непријатели и домашните предавници“. Тогаш Милошевиќ – а тоа малку луѓе го забележуваат – го воведува наративот „петоколонаши“; тоа значи дека „домашните предавници“ се чадор, сврзно ткиво за странците. Оттука кога ќе слушнете како некој извикува „Петтоколонашка багра“, знајте дека тоа ви го инсталира Милошевиќ. Во тој момент, сите оние кои се против Милошевиќ „се обележани“, а масата вреска „Слобо Србине“, а тој, пак, вреска, „Да живее единствена социјалистичка република Србија“. И вие тука гледате колку него народот го обожува, и одиш така низ серијата „по ред“, лист-по-лист, доаѓаш до тој злобник во таа вила „Мир“. Е, сега, тој злобник не се родил, него времето го направило, а тој го искористил тоа време; и сите оние кои денес коментираат, не сфаќаат дека сите имаат подеднаква вина, оти Милошевиќ немаше да биде возможен ако на „Газиместан“ не постоеја тие 2 милиони луѓе. Го сакаа, го гласаа. И нема што тука сега да се фемкаме. Милошевиќ не беше Хитлер, тоа беше многу компликувана појава која Србија го изнедри во тој временски период, и кога денес луѓето го коментираат Милошевиќ велат, „ние немаме ништо со тоа“. Серијата цело време е мачна, без разлика што може да ве насмее, серијата е мачна. Од друга страна, гледачот има можност фамилијата Милошевиќ да ја запознае феноменално. Можеш да ја запознаеш нивната динамика, сосема е неважно дали таа е реална, ама сепак, ти (како гледач) потполно ги запознаваш. Ги запознаваш сите нивни фази, ја запознаваш Мира Марковиќ, ја запознаваш Марија Милошевиќ, и ти го запознаваш Слободан Милошевиќ, всушност, ти ја запознаваш Србија во тие неколку денови.

Зошто барање на контекст?

Милошевиќ го затекнуваме мирно, тој живее во вилата „Мир“ која е под надлежност на Воислав Коштуница. Самото качување на власт во деведесеттите, ние имаме можност драматуршки да го видиме симнувањето од власт. Феноменалното во серијата е што нема контекст од типот: тој е крив за ова; тој е крив за она. Ако после дваесет години, денес се бориш со истите проблеми, не го познаваш контекстот, тогаш се работи за потполно безнадежни и

Ненад Јовановиќ

граѓански активист

Серијата „Фамилија“ е класично грчка трагедија: во серијата немате антихерој, туку имате еден човек „по средина“, кого не можеш да го фатиш веднаш.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

трагикомични луѓе. Тоа е под број еден, под број два, серијата и тоа како дава контекст, со монтажните документаристички секвенци на самиот почеток, се’ ти кажува, на паметен гледач не му треба никаков контекст. За мене беше срамно во коментарите за серијата што луѓето бараа контекст, па нека им е срам, ако веќе заборавиле каква политика Милошевиќ создаде. Мира Марковиќ во серијата вели: „Ех, како убаво си живеевме во 91-ва и 92-та“. На почетокот, кога Слободан Милошевиќ се востоличува на власт, се крие зад Југославија, тврди дека со војна ќе ја чува, за во втората епизода да тврди дека „Југославија е илузија“, се’ пропадна, нема што да чуваме. Па, човеку божји, ти рече дека ќе ја чуваш, ти го растури Вуковар заради тоа, ти ги одведе децата да војуваат затоа што рече дека ќе ја чуваш Југославија. Другата секвенца е: Милошевиќ моќен доаѓа на власт, иако луѓе не сфаќаат дека деца страдале заради „српските знамиња“ (таквите керефеки се иманентни на национализмот), јас не знам што повеќе да ни каже самата серија. Серијата практично ни црта, и тоа на коментаторите не им е доста. Сакаат можеби уште да им се нацрта? Да позборуваме за глумците, не сите, се разбира. Јас мислам дека Борис Исаковиќ (Слободан Милошевиќ) е апсолутно генијален на многу нивоа. Не затоа што „му го скина“ профилот, туку затоа што Исаковиќ му направи на Милошевиќ некаков карактер. Покрај тоа што страшно личи на Милошевиќ, направи лик на еден растурен човек; или со други зборови, Исаковиќ направи еден сериозен и трагичен лик. Визуелно, целата куќа „Мир“ ми беше многу напорна, без ќошиња, целата во круг, па гледаш како Слобо ја буди Мира, па тргнува некој „смол ток“; и тука јасно гледаш дека се работи за страшно површни луѓе, нивните карактери се грозен кич. Од друга страна, невозможно е да не се забележи што всушност Зоран Ѓинѓиќ затекнува. Тој стана премиер два месеци после апсењето на Милошевиќ. Ѓинѓиќ реално нема ништо. Има некоја структура која потполно го поддржуваше Милошевиќ на власт, и апсурдот да биде поголем – со тие луѓе тој треба да ја менува земјата. nnn (Продолжува во следниот број)

Серијата цело време е мачна, без разлика што може да ве насмее, серијата е мачна. Од друга страна, гледачот има можност фамилијата Милошевиќ да ја запознае феноменално. Можеш да ја запознаеш нивната динамика, сосема е неважно дали таа е реална, ама сепак, ти (како гледач) потполно ги запознаваш. Ги запознаваш сите нивни фази, ја запознаваш Мира Марковиќ, ја запознаваш Марија Милошевиќ, и ти го запознаваш Слободан Милошевиќ, всушност, ти ја запознаваш Србија во тие неколку денови.