18 minute read

КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE Сергеј Зафироски, “Инсајдер ИД” и издание

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099 KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE

Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни.

Advertisement

реално споредбено со сите претходни генерации. Индивидуата е под толкав притисок од сите страни, што повеќе нема ни можност да помисли што е реално. Во последната декада (иако и многу години претходно) слободата на човекот изразена преку либералната идеологија се повеќе се потенцира. Но всушност, доколку се размисли трезвено, со поголемото нагласување на либерализмот, индивидуата е се повеќе заробена. Либералната идеологија “го тера” човекот да го прави тоа што го прави “среќен” а најчесто среќата и нештата се поврзани со нешто материјално. Дури и кога се убедуваме дека нештата не се поврзани со материјалното, тогаш го вложуваме нашето време кое на крајот во материјалистичко општество е повторно изразено во материјална финансиска вредност. Едноставно да имате време за шетање е потребно да имате количина на средства на располагање. Дел од луѓето потенцираат дека нештата се перцепираат на материјално и духовно ниво и веруваат дека пројавуваат некаква свесност, додека таа не е ништо друго освен рефлексија на однапред дефинирани импулси комуницирани преку различни канали.

ШТО ПОНАТАМУ?

Интересно е дека поголем дел до читателите ќе го квалификуваат текстот како филозофски или пак себеси се исклучуваат од претходно изнесеното, но со мал напор за размислување сите разбираме дека сме дел од поголемиот систем кој приближно и да има детерминирано однесување и краен резултат БЕЗ ИСКЛУЧОК. Моменталниот недостаток од алтернатива и желба за промена, консумеризмот е “религијата” според која барем уште неколку децении ќе се водат политиката, економијата, групниот и индивидуалниот социо-економски живот. Потпирањето на неприкосновениот “економски раст” врз конзумерските навики кој што сите фанатично го “бркаат” и претставува стандард во економијата дополнително ја зацврстува позицијата. Проблемот е што во моментот не постои реална алтернатива за промена не овој начин на функционирање. Не постои ветување кое што е подобро од материјализмот и задоволување на барањето за среќа и себе-исполнување преку никогаш доволното трошење. Потрагата по фиктивната среќа преку консумирање на потребни и непотребни производи е толку навлезено што ќе биде потребна многу голема желба и самосвесност кај индивидуите, групите и економиите за да се направи промената. nnn

Текстот е објавен во дигиталното издание на Le Monde diplomatique

( www.monde-diplomatique.mk )

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

МАРЈАНЧО ДАМЕСКИ

управител на Друштво за управување со отпад „Нула Отпад“ ДОО Скопје

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД ОПАСНОСТ ЗА ДЕНЕШНИЦАТА, ПРЕДИЗВИК И ЗА НАЈРАЗВИЕНИТЕ ОПШТЕСТВА

XОсновањето и почетокот на

дејствување на Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО

Скопје, датира од 2012 година. Која е позицијата на Нула Отпад денес во нашето општество?

Нула Отпад“ ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад, почитувајќи ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење. Во моментов имаме преку 170 компании членки во колективниот систем за отпад од електрична и електронска опрема и преку 130 компании членки кои се увозници на преносни, автомобилски и индустриски батерии и акумулатори. Нула Отпад денес е компанија со остварени национални цели осум години по ред и позитивна оцена од МЖСПП. XЕлектричен и електронски отпад или

се што работи на струја и батерии.

Колкава е листата на уреди земајќи ги во предвид постојаните иновации и брзиот технолошки развој?

Дефиницијата за е-отпад секојдневно се проширува. Во ера на брз технолошки напредок, се повеќе и повеќе софистицирани електронски производи се измислуваат и произведуваат. Само помислете на концептот на „паметен дом“. Лесно е да се препознае колку електронски уреди сега можат да сторат сè, од понуда за безбедност до вклучување и исклучување на светлата, до подготвено свежо кафе пред да се разбудиме. Иноваторите во технологијата продолжуваат да создаваат електрични и електронски уреди дизајнирани да го олеснат и направат поудобен нашиот живот на секој можен начин. Новите модели пристигнуваат дури и кога се чини дека сегашниот работи добро. И покрај тоа, најновата верзија секогаш дава дополнителни функции што ја прават да изгледа премногу примамливо за да се одолее. XРециклирањето на електронскиот

отпад повеќе не е опција, туку неопходност. Зошто е тоа така?

Електричниот отпад содржи опасни, но исто така вредни и ретки материјали. До 60 елементи може да се најдат во сложената електроника. Бидејќи повеќе луѓе купуваат електронска опрема, производителите почнуваат да се соочуваат со недостаток на суровини потребни за производство на нивните производи, па затоа повторната употреба на материјалите од отфрлените производи и отпад - процес наречен урбано рударство, има економска и еколошка смисла. Да се има еколошки извор на рециклиран метал е подобро за животната средина отколку компанија што копа нови извори на руда. Рециклиран алуминиум користи 95% помалку енергија, бакар 85% помалку, олово 65% помалку и пластика 80% помалку енергија- тоа е сценарио кое победува - ние ги штитиме скапоцените ресурси, ги пренасочуваме употребливите материјали од депонија и заштедуваме енергија, време и средства истовремено, и најважно ја заштитуваме животната средина. Без безбедни практики во отстранувањето на е-отпад и уште повеќе со негово мешање со останатиот комунален отпад, високо токсични елементи како жива, олово, литиум и кадмиум завршуваат на депонии или во природа предизвикувајќи огромна штета на животната средина и загрозувајќи човечки животи. XВо тек е глобалната транзиција кон

кружен пристап во управувањето со отпад. Какви предизвици му претстојат на нашето општество во тој поглед?

Силен аргумент во прилог на афирмирање на идејата за циркуларна економија е нејзината основна премиса дека постигнувањето одржлив развој на глобално ниво не значи промена на квалитетот на животот на луѓето, ниту пад на производството и профитот од страна на производителите, но дека кружниот модел може и мора да биде профитабилен како линеарниот и да им овозможи на потрошувачите подеднакво уживање во производите и услугите. Со цел да се воспостават економски и еколошки одржливи модели на развој и на тој начин да се постигнат целите на циркуларната економија, оваа дисциплина става акцент на иновативното размислување во сите процеси на производство (размислување за дизајн), на теории на системи (системско размислување), на продолжување на животниот век на производот, како и рециклирање. XЗошто е циркуларна економија

важна за Р.С.Македонија?

Освен подобрувањето на македонската економија и можноста за создавање на нови работни места, концептот на циркуларна економија е неизбежен, бидејќи тој е вграден во европските регулативи што сите земји-кандидати за членство во ЕУ мора да ги усогласат и применат. Се проценува дека со воведувањето на циркуларна економија во Македонија може да создаде нови 7.500 работни места и зголемување на конкурентноста на домашната економија, особено во секторот за рециклирање. XКој е правилен и најлесен начин

граѓаните и правните лица да ја отстранат старата електроника за истата да заврши на рециклирање?

Граѓаните се заинтересирани да се информираат за важноста и начинот на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид на отпад доколку заврши во нашата животна средина. Но, иако има начини преку кои може тоа да се направи, желбата за промена на навиките и стилот на живеење оди бавно. Затоа Нула Отпад понуди едноставен модел преку Еко Линијата, телефонскиот број 070 236 000, каде со едноставно јавување, секој работен ден граѓаните и правните лица можат да ги пријават неисправните уреди од својот дом или компанија и бесплатно истите ќе бидат преземени и однесени на рециклирање. Единствено треба уредите да бидат исклучени од вода или струја. Во насока на зачувување на животната средина и човековото здравје Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат Еко линијата како БЕСПЛАТЕН, БЕЗБЕДЕН И ЛЕСЕН начин да се ослободат од опасниот отпад. nnn

Со Георгиев разговаравме за демократскиот крах на македонското Собрание во светлото на новата „доза“ партиски уцени, закани и блокади, но ги начнавме и големите теми за функционалноста на македонската демократија воопшто, загрозена не само од теророт на бирократијата (што се чини особено видлив во пандемија), туку и од некадарноста да се обезбеди терен за чиста политичка битка на ставови, ослободена од евтини интриги и еден малограѓански дух, просто навредлив за граѓанинот. Кога се открива пак дека оваа некадарност всушност е партиска стратегија за исполнување на дадена цел по која било цена (вклучително и на јавниот интерес или на самата држава!) лесен е одговорот на прашањето зошто политиката е одбивна за способни и за чесни луѓе и кому таа одбивност му одговара. Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ е брутален во констатациите за колапсот на дадени алки од системот, но еднакво е убеден дека не е сè изгубено и дека и покрај целото оправдано разочарување од тие промени што не дојдоа или од дадени репетитивни поведенија, не смееме да заборавиме оти слободата е тука и оти имаме обврска да ја негуваме... И искористиме!

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

XПоследните настани во македонскиот

Парламент ги запрепастија не само граѓаните, туку и оние кои долги години го следат работењето на пратениците или алармираат за нефункционалноста на таа институција. Вие сте и политиколог, но сте биле и пратеник. Како го коментирате односот во и кон

Собранието, тој однос за којшто „театар“ или „циркус“ личат на еуфемизми?

Парламентот навистина претставува некаков екстракт на народот, но тој е и седимент на изборот на раководствата на политичките партии. Тешко во тој просек ќе најдеме натпросек. Но, тоа не треба така да биде. И народот, и раководствата на партиите, и гласачите имаат споделена одговорност за тоа кого бираат. Сегашниот изборен модел не гарантира претерана расцутеност на парламентот, па затоа и очекувањата треба да ни бидат соодветни. Да не заборавиме, во 2017 токму парламентот, симболично и фактички, доживеа атентат и беше тешко ранет. Не очекувајте брзо закрепнување од тешко ранет пациент. Затоа, парламентот денес и пратениците во него всушност ја силуваат стварноста. Вжештуваат реторика до усвитување, а самите пратеници не се ни автори на таа реторика, ниту актери на политичката игра. Да не се појавеше пратеничката во скафандер, парламентот немаше да „дознае“ дека во Македонија ни се случува Ковид19. Тој е внесен и занесен во меѓупартиската игра и не разбира што се случува надвор од таа огромна стаклена купола. Го знам тоа чувство, сум го изодел. Лош е тој пат, редовно завршува во дополнителна делегитимација на политичките елити, од двете или четирите спротивставени страни. И не е ова само порив да се биде неутрален или непристрасен, туку едноставно во таква спрега се поставени партиските табори што невозможно е да се очекува смирување на тензиите или премостување на разликите.

Изборниот систем помага пратениците да бидат „рачно“ одбрани во цутот на полтронството

XГо делите ли мислењето дека од година

в година имаме сè послаб пратенички состав? Невпечатливи настапи и говори, напишани реплики и контрареплики, никаква изворна политичка енергија, пратенички имиња познати само на партиските кулоари...

Не знам, веројатно. Но, тоа оди и со падот на општата перцепција на граѓаните околу смислата на претставувањето т.е. кој сакаме да нè претставува на агората. Кој ме претставува, дали се идентификувам со неа/него...се помалку ни значи тоа. Падот на гласачите на ВМРО/СДСМ го отсликува тоа исто така. Едно знам, не би се чувствувал удобно во ваков парламент, иако моето друштво од 2011 година беше подобро. Од друга страна, парламентот после 27 април е во состојба на шок, на политичка исхемија. Тој не може нормално да

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

функционира, бидејќи е роден во пазувите на еден тежок конфликт. Таков каков што е, несмасен, неедуциран, без манири и базичен етос, и редовно на најтенка линија на функционално мнозинство, тој мора(ше) да биде составен од екстремно лојални гласачи (пардон, пратеници), кои мораа да ги гласаат сите историски (во буквална смисла!) одлуки и да си ги натоварат сите попатни контроверзии кои одеа со нив. Фала му на Бога, тука дарежливо помага и изборниот систем кој овозможува пратениците да бидат „рачно“ одбрани, уште во самиот цут на сопственото полтронството. Сепак, не можеме да генерализираме сосема, има неколкумина добри пратеници и пред се’ добар претседател (наспроти се’), како и добра и непристрасна администрација и секретаријат. А тие се крвотокот на еден парламент. За жал, пратениците не можеме да „ги бираме“ ние!?. XКога моите колеги или јавноста ја

критикуваат работата на пратениците, обично тоа се прави низ призмата на нивните отсуства од работа, парламентарен молк (голем дел од нив ретко или никогаш не се јавуваат за збор), патни трошоци или гласање исклучително низ призмата на партискиот интерес. Но, ако подобро се погледнат анализите сфаќаме дека проблемот со македонскиот

Парламент е многу подлабок. Дури и кога навидум има дебата тоа е надвор од потребниот демократски минимум - размената не е на аргументи или на одржливи тези, туку на чиста демагогија, честопати и на лаги, зачинети со меѓусебни лични навреди.

Ова заедно со немањето на капацитет на Собранието да биде вистински коректив на владините идеи го прави очигледно прашањето - што ќе ни е глумење на парламентарна демократија?

Ние мораме да продолжиме да „глумиме“ парламентарна демократија, парламентот не смее да „падне“, и покрај се’. Всушност, кога ќе размислите малку подлабоко, само парламентот може да не’ спаси. Тој, заедно со развивање на една граѓанска свест за поголем и постојан надворешен притисок кон системот, се двете состојки кои ја прават демократијата функционална. И затоа, мораме да работиме на подобрување на работата на парламентот и подобрување на квалитетот и интегритетот на пратениците. Тоа партиите нема да го направат, освен ако не почувствуваат одлучен притисок од надвор, надвор од нивните удобни орбити. А политичките партии треба да престанат да глумат дека се грижат околу здравјето на парламентарната демократија. Едноставно е, нека ги тргнат сите партиски калкулации на страна (бидејќи тие калкулации ја контаминираат дебатата и ја прават невозможна) и нека седнат со граѓанството и експертската јавност и нека утврдат кој изборен модел најдобро и најверодостојно ги претставува интересите на граѓаните. И тоа не само на партиските „граѓани“ туку и на оние кои не гласаат за ниту една партија. Секое друго меѓу - партиско договарање за изборниот модел е дил -ориентирано, а најголемите партии

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

INTERVIEW

Во 2017 Парламентот, симболично и фактички, доживеа атентат и беше тешко ранет. Не очекувајте брзо зарепнување од тешко ранет пациент. Затоа, денес и тој и пратениците во него всушност ја силуваат стварноста. Вжештуваат реторика до усвитување, а самите пратеници не се ни автори на таа реторика, ниту актери на политичката игра. Тој е внесен и занесен во меѓупартиската игра и не разбира што се случува надвор од таа огромна стаклена купола. Го знам тоа чувство, сум го изодел. Лош е тој пат, редовно завршува во дополнителна делегитимација на политичките елити, од двете или четирите спротивставени страни.

во Македонија постојано оперираат во рамките на таканаречениот „премолчен консензус“. XДа не ги заборавиме и лидерските

средби. Колку тој формат влијае(л) на дефакторизацијата на Собранието?

Па не можат лидерските средби да влијаат на дефакторизација на Собранието бидејќи главните учесници на лидерските средби (имено, лидерите) се среќаваат токму затоа што веќе претходно го биле дефакторизирале Собранието. Собранието е редовно една перверзна колективна љубовна предигра која го постила теренот за главните дилови, главно зад затворени очи на јавноста. Токму таа клучна разлика (собранието е јавно, лидерските средби се тајни по содржина, иако јавни заради ПР потребите) го прави овој политички театар апсурден, и наместен, и неверодостоен...токму толку колку да ни ја убие секоја желба за учество во јавниот живот (полисот). Лидерски средби во елаборираните демократии се редовна појава, речиси седмична, но тие служат за координирање на важни прашања и приоритети чиишто одлуки потоа секако одат назад во парламентот на дебата па дури потоа на одлучување.

Треба уште притисок, ама партиите се и допрва ќе се менуваат

XКаде и како ја гледате тука улогата на

партиите? Личи дека само тие се „супер - функционални“ во една клиентелистичка и пазарно - коруптивна смисла. На ова прашање сакам да се задржам и од аспект на внатрепартиските реформи.

Видовме еден обид од СДСМ за отворени избори, за волја на вистината со еден кандидат. Но, процесот се отвора, се наметнува таа тема за неопходност од внатрепартиски отворени битки на ставови, наместо византиски „колежи“, и ова важи за сите политички субјекти.

Очигледно ова ќе бидат бавни процеси.

Клиентелизмот е ли главната причина за тромавоста?

Проблемот со внатрепартиски избори е што има опасност претходните византиски „колежи“ да се претворат во внатрепартиски „масакр“ на отворена сцена, а тоа партиите не сакаат и веројатно и не треба да си го дозволат. Сепак, политичка партија е едно високо хиерархизирано суштество, со релативно строги внатрешни правила и авторитарни тенденции на лидерството. Имено, тоа и’ овозможува на партијата да обезбеди дисциплина и посветеност, а со тоа и подобар изборен резултат. Ние во Македонија нема да го решиме вечниот проблем и тензија меѓу партиската автократија и претензијата за извоз на демократија надвор од партијата. Но, ќе ги решиме и ги решаваме полека полека некои од аспектите. Партиите денес се поотворени, поотчетни до некаде, се натпреваруваат за повеќе демократија, биваат предизвикани и од јавноста и од своите членови. Не е веќе така лесно и ќе станува се’ потешко. Ние им го гарантираме тоа. А тоа е за доброто на сите, верувајте. XЗборувавме за Парламентот, но факт

е дека ваква ноншалантност кон улогата што институциите треба да ја имаат во системот е (повеќе или помалку) сеприсутна. Неодамна имавме трагичен настан со смртта на овчарот

Златко Божиновски од кратовско, кој не ја доби навреме потребната помош, токму поради префрлање на одговорност помеѓу надлежните. Ако една институција (а ги има над 1300) не е во функција на јавниот интерес и на граѓаните, веројатно е наивно да прашаме кому служи (очигледно за задоволување на коалициски пазари и купување на партиски мир). Сепак, има друго прашање - дали ваквата поставеност на државниот апарат ја прави Македонија нефункционална?

Да се навратиме на системот. Кога колабира една држава, едно општество? Кога граѓаните комплетно ја губат доверба во институциите, кога се тотално апатични и не сакаат за ништо да знаат, кога НЕ протестираат за ништо, кога граѓанското општество е склеротично и не прави ништо т.е. нема импулс да направи било што. Кога имаме таква атмосфера, обично постојат две опции: или тивок распад и чмаење до недоглед, или општ бунт против целиот систем по системот на „вили и мотики“... Ама тогаш пред очи ми доаѓа Левица, и саркастично си велам: па можеби подобро е да пропаднеме.

Имаме право да сме разочарани, но, тешко можеме да ја спориме извојуваната слобода – ова не е режимот на Груевски!

XПофалбите се тука дека сме успеале

да ослободиме една заробена држава, но дали тежината на бирократијата е еднакво опасна по столбовите на функционалната демократија како и оние партиски стеги?

Ние можеме да сме разочарани, имаме право да сме разочарани, но тешко дека можеме да ја спориме извојуваната слобода и потребата од нејзино негување. Ова денес не е режимот на Груевски, и покрај нервозата што ја покажува понекогаш власта. И таа извојувана слобода не смееме да ја изневериме, треба постојано да се потсетуваме на неа. Поголемата отчетност на институциите и респонзивност на системот денес е повеќе од очигледна во однос на вчера. Од друга страна, системот е една комплицирана спрега на врзани садови, кои даваат сигнали од едно на друго место, а реципиентите на системот правилно ги препознаваат таквите сигнали и ги препраќаат на следната кота. Потоа системот претпоставува повратна спрега, каде што истите тие сигнали, или други сигнали повратно одат до првичните реципиенти. И така во еден релативно затворен круг на комуникација. Во политичкиот систем, како еден потсистем на општествениот систем, работите одат на следниот начин: власта, администрацијата, бирократскиот апарат, носителите на функции преку своето делување овозможуваат граѓаните да се чувствуваат комотно, на свое, на сигурно и безбедно... Со две крајни цели: да плаќаат даноци со што го хранат системот, и да му бидат лојални на системот легитимирајќи го буквално секој ден, а ставајќи му штембил на секои четири години. Системот дозволува дисторзии, како резултат на најразлични фактори. Но, тие се токму тоа, дисторзии. Дисторзиите не можат да го загрозат системот како таков, бидејќи се поправливи. Но, кога системот ќе колабира, нема таков мајстор што може да го поправи.

ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

ПОЛИТИКОЛОГ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Кога колабира една држава, едно општество? Кога граѓаните комплетно ја губат доверба во институциите, кога се тотално апатични и не сакаат за ништо да знаат, кога НЕ протестираат за ништо, кога граѓанското општество е склеротично и не прави ништо т.е. нема импулс да направи било што. Кога имаме таква атмосфера, обично постојат две опции: или тивок распад и чмаење до недоглед, или општ бунт против целиот систем по системот на „вили и мотики“... И тогаш пред очи ми доаѓа Левица, и саркастично си велам: па можеби подобро е да пропаднеме.

XПостојано се зборува за разорната

поларизација во општеството, но паралелно со флоскулите што ни се нудат, гледаме и нови начини преку една дури и воодушевувачка креативност во нападите под појас кон политичкиот противник. Ако партиските челници вака ја разбираат и ја практикуваат политиката, не е ли преамбициозно да се очекува дека членствата нема да го следат тој пат на омраза и раздор?

Поларизацијата нема да запре, барем не во некоја поблиска иднина. Влоговите кои ги диктираат лидерите на политичките партии едноставно се преголеми. Кога некому му се заканувате со затвор, или со насилство, како очекувате да нема поларизација, или омраза. Не може да нема поларизација во општество или држава со ограничени ресурси. Ограничени во поглед на распределба на богатството и капиталот, во поглед на работни места, во поглед на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Конечно, ограничени во поглед на поделбата на наши, ваши и останати. Кога во партијата ќе кажете за некој „тој е наш“, тоа претставува код на препознавање, безмалку билет за влез во едно ексклузивно друштво, друштво кое исклучува. Поларизацијата стана дел од нашата политичка култура, и таа варијабла е бавно менлива. Но, она што во последно време ме плаши и покажува една сурова и соголена вистина е дека поделбите во македонското општество не се по идеолошка линија, не се ни по линија СДСМ-ВМРО или ДУИАлијанса, не се ни по линија антиквизација - словенизација, не се ни по линија за и против ЕУ, не се ни по линија за и против криминал... Поделбите се просто на оние кои се на власт и сакаат да се одржи власта и тие во неа, и оние останатите, кои се надвор од власта. Последново друштво е мешано и меѓусебно непомирливо. Тоа се состои од оние што сакаат да дојдат на власт и да останат на власт, од оние што им е преку глава, од власта, но преку глава им е и од оние што сакаат да дојдат на власт, од оние кои се апатични, мрчатори, негативци, од оние кои не можат веќе да издржат во вакво општество... Па, бирајте друштво. nnn