14 minute read

ЕКОНОМИЈА Акционерски маки големи

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЧЕСТ Е ДА СЕ СЛУЖИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА

Advertisement

Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

Ефектот на мерките врз националната економија

Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година. Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината. Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади.

Нето извозот како сегмент од БДП во четирите пакети беше поддржан со износ од околу 1,8 милиони евра, а бруто инвестициите се поддржани со околу 230 милиони евра. Првите четири пакети, за кои беше изработена анализата, содржат 70 антикризни мерки. Оној дел од мерките кои се реализирани се во вредност од над 700 милиони евра. Дел од мерките се уште се во фаза на имплементација а неколку мерки, веќе сите знаете, беа подолго време закочени во процесот на усвојување во Собранието. Ќе ги споменам и разложам надолу затоа што тие мерки се важни, во дел поради нивната вредност но повеќе поради мултипликаторниот ефект кој ќе го имаат врз економијата. Пред 10тина дена истите беа изгласани а набрзо се очекува и нивната реализација. Кредитната линија од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра со исклучително ниски каматни стапки, наменета најмногу за поддршка на микро, мали и средни претпријатија на кои се уште им е потребна поддршка за одржување на нивната ликвидност; Државната кредитна гаранција, во износ од 10 милиони евра алоцирани како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, за која подоцна беа издвоени и дополнителни 5 милиони евра во петтиот пакет мерки која треба да продуцира повлекување на кредити во вредност од околу 90 до 120 милиони евра кои компаниите корисници ќе можат да ги земаат од комерцијалните банки. Ова според мене е една од најважните мерки која очекувам да ја раздвижи дополнително економијата во следнава година; Државната царинска гаранција во вредност од 3 милиони евра, која ќе биде исклучително добредојдена за извозно ориентираните компании кои ќе бидат во можност да добиваат банкарски гаранции под исклучително поволни услови, за нивните деловни потфати во износи од околу 25 милиони евра.

Инклузивноста и партнерскиот однос во носењето на мерките и политиките, за мене, имаа непроценлива додадена вредност

До сега зборував за економската логика при креирањето на мерките, но овој осврт не би бил целосен доколку не рефлектирам и врз начинот на носење на мерките. Во неколку зборови тоа би било - Консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација, консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација и повторно од почеток. Она што од денешна дистанца можам да го проценам е тоа дека носењето на економските пакети на неколку месеци, што ни овозможи да го имаме овој процес во континуитет се покажа како продуктивна и исправна одлука. Доколку го извртам мојот календар во последната година, од него ќе можам да излистам стотици остварени средби со различни групи од нашето економско и општествено живеење. Средби на кои, на една маса (еднаш и свадбарска :) ), очи во очи се соочивме со тешки прашања и предизвици, системски слабости но, она што е важно, на истите тие, дојдовме заеднички до решенија. Граѓаните и стопанството ја препознаа нашата посветеност, заедно, во партнерски однос, да го движиме кормилото по „немирното море”.

Кризата го тргна фластерот со кој ја имавме покриено сивата економија

Сивата економија е отворената рана на секоја држава и оваа не е новина ниту изненадување. Кризата брзо и болно го тргна фластерот со кој вешто сме ја покривале години наназад. Фатмир Битиќи

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции

Имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 - 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Само за илустрација, прва поразителна бројка која се појави пред целиот тим во владата кога побаравме податоци од надлежните институции за да креираме соодветна мерка за поддршка на угостителскиот сектор беше фактот што од околу 6.000 компании кои фигурираа во јануари 2021 кај повеќе од 2.000 немаше ниту еден вработен. Кај уште скоро 3.000 компании од овој сектор бројот на вработени беше од 1 до 5 вработени, и овие показатели уште во старт даваат премногу искривена слика за било какво понатамошно анализирање и креирање соодветен пакет мерки за поддршка. Но искрено, ова не е присутно само во еден сектор, недостатоците и аномалиите можеа да се видат во низа на сектори од економијата. Сево ова, мене лично но и секоја единка во нашето општество ја става пред дилемата: дали да се занимаваме со последиците, или еднаш засекогаш да седнеме и да ги решаваме причините на аномалиите и недостатоците кои што Кризата ги покажа? Токму заради ова, сметам дека е јасна неопходноста за конзистентност и структура на економскиот развој. Токму затоа, имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 - 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност. На почетокот на годинава го почнавме проектот и истиот треба да вроди со приоритети и стратешки определби за долгорочен и одржлив развој на државата. Во моментов сме во фаза на мапирање на сите постоечки стратешки документи како и креирање на методологијата која ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни. Националната развојна стратегија треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе. Во рамки на овој и тоа како битен процес исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој. За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани а за бизнисот ќе значи предвидливост, што е есенцијално при планирањето на растот. Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките, а тоа од нашето поблиско опкружување се Хрватска и Словенија. Комплексноста на самиот процес, кој за да биде одржлив, покрај условот да е донесен консензуално, наложува да биде иновативен и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време. Покрај Националната развојна стратегија 2021 - 2041 која е стратешки документ на оперативно ниво, во почеток на реализација е и еден голем инвестициски бум кој во распон од следните 3-5 години ќе донесе експанзија и зголемување на бруто домашниот производ а кој оперативно ќе се реализира преку Единицата за следење на Инвестиции, но за тоа, во следната колумна. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

INTERVIEW

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР

Спојувања (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

разговара ИГОР ПЕТРОВСКИ

Г-дин Јовановски, зошто се одлучивте за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот? Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании. Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги. Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија. Г-дин Мертељ, Вам секако добро ви е познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата? Што добива Даталаб со инвестицијата? Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите треба да бидат опремени и да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе. За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија. Инком има фантастичен и високо мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот. Г-дин Јовановски, изминатиов период бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот. Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ?

Pantheon, софтверот на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Ние, како ИнКом ЕРП работевме многу со овој софтвер на проекти од земјава и регионот, па оттука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година.

САШО ЈОВАНОВСКИ

главен извршен директор на Даталаб Македонија

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

АНДРЕЈ МЕРТЕЉ

главен извршен директор на Даталаб Технологије д.д.

Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори: 1. Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи. Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна

Македонија. 2. Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата

Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании. 3. Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат. Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување! Г-дин Мертељ, што носи Даталаб на пазарот во Северна Македонија? Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт. Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера. Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес. 