1099- Kapital magazin

Page 1

business magazine

КОЛУМНИ ЉУПЧО ЗИКОВ ПОЛИТИЧКА КРИЗА!?! ПУСТА ЖЕЛБА

БРОЈ 1099 l 30 април 2021 петок цена 200 ден. l година 21 l www.kapital.mk

ФАТМИР БИТИЌИ

заменик премиер во Владата за економски прашања

COVER STORY ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ

НОВА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА ФИРМИТЕ ШТО ПРИНУДНО СТАВИЈА КАТАНЕЦ

БЛАГОЈЧЕ КОТЕСКИ

магистер по енергетско машинство

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

граѓански активист

ИНТЕВЈУА INTERVIEW

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ Извршен директор на А1 Македонија

ОСТАНУВАМЕ ВОДЕЧКА СИЛА ВО ПОНАТАМОШЕН РАЗВОЈ НА ДИГИТАЛНОТО ОПШТЕСТВО

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

СЕРГЕЈ ЗАФИРОВСКИ: НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КОНСУМЕРИЗМОТ

БАНКАРСКИТЕ ДИВИДЕНДИ

ЗАГЛАВЕНИ МЕЃУ ЖЕЛБАТА И (НЕ) МОЖНОСТА ЗА ИСПЛАТА

ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

политиколог НЕ СМЕЕМЕ ДА ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ ИЗВОЈУВАНАТА СЛОБОДА!

САШО ЈОВАНОВСКИ, АНДРЕЈ МАРТЕЉ – ДАТАЛАБ

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР



3

КАПИТАЛ... 1099 4

8

STAND BY

COVER STORY

Љупчо Зиков

Владата донесе шести пакет мерки

Политичка криза?! Пуста желба

Нова помош од државата за фирмите што принудно ставија катанец

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

19

ИНТЕРВЈУ

Методија Мирчев

Извршен директор на А1 Македонија

22

ЕКОНОМИЈА

Акционерски маки големи

Банкарските дивиденди заглавени меѓу желбата и (не) можноста за исплата

26

28

КОЛУМНА

ИНТЕРВЈУ

Фатмир Битиќи

Сашо Јовановски, Даталаб Македонија

Вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања

Андреј Мертељ

Даталаб Технологије д.д.

STAND BY Љупчо Зиков..............................................4 Политичка криза?! Пуста желба COVER STORY Владата донесе шести пакет мерки......8 Нова помош од државата за фирмите што принудно ставија катанец ИНТЕРВЈУ Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.....................................................16 Остануваме водечка сила во понатамошен развој на дигиталното општество ЕКОНОМИЈА Акционерски маки големи..........................22 Банкарските дивиденди заглавени меѓу желбата и (не)можноста за исплата

КОЛУМНА Фатмир Битиќи.........................................................26 Вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања ИНТЕРВЈУ Сашо Јовановски, Даталаб Македонија и Андреј Мертељ Даталаб Технологије д.д.................................28 Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE Сергеј Зафироски, “Инсајдер ИД” и “Le Monde Diplomatique – Македонско издание”........................................................................30 Неговото височество - Консумеризмот

30

КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE

Сергеј Зафироски

“Инсајдер ИД” и “Le Monde Diplomatique – Македонско издание”

ИНТЕРВЈУ Гордан Георгиев, политиколог.................36 Не смееме да ја изневериме извојуваната слобода! КОЛУМНА Благојче Котески, магистер по енергетско машинство...................................40 Децата на сонцето КОЛУМНА Ненад Јовановиќ, граѓански активист..............................................42 Трагична судбина на една фамилијарна власт PROFILE Јанез Јанша, премиер на Словенија...44 Од дисидент до националист

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 26.04.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

АПР. 2021


АПР. 2021

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Stand By

Политичка криза!?! Пуста желба Неее ... Македонија не е во политичка криза како што јави деновиве една реномирана невладина организација и агенција за испитување на јавното мислење која, види богати чудо, анкетата ја објавува ден по спектакуларното гласање во парламентот (пратеници во скафандери од редовите владејачкото мнозинство гласаа, а лидерот на опозицијата Христијан Мицковски гласањето го нарече – терористички акт)!?!?! Прочуената невладина организација истражувајќи го така “силното и релевантно” јавно мислење по долината на Вардар утврдила дека 78% од испитаниците мислат дека Македонија е во политичка криза!?!? Кој мерак, а? Не дечки - нема криза! Напротив ... само во нечии глави постои желба да има политичка криза, а тоа ќе се согласите е нешто сосема друго!

З

Зошто би била Македонија во политичка криза? Кои би биле карактеристики на таа криза? Кој ја предизвикува или предизвикал!? Имајќи ги во вид овие прашања, не гледам никакви елементи на политичка криза освен ако некој во опозицијата, можеби во делови на власта (што како дефект во власта е евидентно од првиот ден на формирање на Владата во 2017 година), или во некакви таканаречени интелектуални и бизнис кругови (кои претендираат на позицијата како независни!?), имаат проблем што, на пример, сакаме тоа да признаеме или не, периодов почнува енергична борба со криминалот и корупцијата, а во таа борба не се бира партиска припадност, или друга клановска припадност! И тоа е одлично што ни се случува! Како што забележувате, драги пријатели, некако сите сме ”забезекнати” и изненадени од тешките последици кои се директен производ, со свои конкретни појавни форми, на еден долго очекуван периодот на упристојување на оваа држава! Доаѓаат тие времиња! Да …ваквите периоди, секако, дека си имаат своја голема цена. И политичка, се разбира. Таа цена ја платија речиси сите држави кои решително зачекорија кон евроатланските интеграции и успешно стигнаа до целта (прием во ЕУ). Денеска имате држави во рангот на Македонија, а кои се членки на ЕУ, кои очекуваат високи суми пари од европските фондови во наредните седум години актуелен буџет на Унијата!? Хрватска, на пример, во овој период очекува, ако добро забележав, над 9 милијарди евра!? Дали се разбираме? Но, како стигнуваат тие пари? Што треба да направиме за да добиеме процес на преговори и фондови!? Нормално, дека најнапред треба да зачистиме по дома! ЕУ, се разбира, нема намера своите пари да ги дава на берберниците по долината на Вардар, затоа што се смета дека оној што знае да шиша и прави супер фризури, има силна професија во рака чија услуга е скапо платена во убавите и скапи улици низ градовите на ЕУ!? Да, да се

разбира … во нашите случаи ваквите трансфери се поврзани секогаш со криминал и корупција …!? Но, ќе се изнагледаме вакви случаи кај нас, ве уверувам во тоа … Всушност почнуваме да ги гледаме! Тоа ќе бидат денови за паметење, кога ќе откриваме како се злоупотребуваат европски финансиски фондови, други домашни проекти финансирани со странски кредити, како се злоупотребува финансиски буџетот, а се’ тоа Брисел и Вашингтон ќе го гледаат (го гледаат веќе), а ние ќе мислиме дека не не’ гледаат … и така натаму! Впрочем, низ тоа поминаа многу држави на својот пат до полноправно членство на ЕУ! Многу луѓе таму завршија во затвор! Гледаме дека и овде почнаа процесите!? Е да … сега следи период кога на површината ќе излезат многу знаени, и не знаени коруптивни детали од порано, а како што гледаме и од сега! ”А од љубов не се бега, а од љубов неее сеее бееегааа” … како што знаеме!?

Да овде има групи кои посакуваат политичка криза! Се создава привид дека тука се случува политичка криза! Некои групи, најверојатно, посакува политичка криза, како би се закочиле, уште еднаш по кој знае кој пат, во овие триесет години независност, важни длабоки реформски процеси во кои Македонија би добила ”клоца во газ да си потскокне на напред”!?! Единствено... поскандалозно однесување, од примитивната опструкција и блокада на ВМРО ДПМНЕ во парламентот, цели два месеци, за петтиот пакет мерки за компаниите и работниците (напомнувам дека во моментов се подготвува шестиот пакет мерки што е одлично за економијата), е она мачно зуење по цел ден низ социјални медиуми, портали, па дури и низ најголемите медиуми во земјава, на оние, таканаречени ”посебни интелектуалци”! Оние најпаметни Македонци избрани од редот на паметните кои имаат монопол врз мислата по долината на Вардар! Со години иста слика. Тие за ништо што е тема за политиката и партиските односи во Македонија немаат став. Никогаш. Демек згрозени се од македонска политика! Со презир гледаат на политичарите овде, а


omegawatches.com

S P E E D M A S T E R M O O N WAT C H

In July 1969, the Speedmaster earned its nickname when it became the first watch worn on the moon, and in 1970 it went above all expectations when it helped guide the crew of the crippled Apollo 13 mission back to safety. The iconic Moonwatch is also Master Chronometer certified - tested at the highest level by the Swiss Federal Institute of Metrology (METAS) - which guarantees more accuracy, reliability and supreme resistance to magnetism.


АПР. 2021

6

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

повеќето од нив се семејни пријатели со политичарите, кои на доцните вечеринки склопуваат тендерски местенки, проценти во едниот и другиот џеб во стилот има за сите!? А, внимавајте, немаат став за ништо во земјата. Тие се во ”клауд” некаде горе на небото !? Демек македонската политичка сцена им е нешто примитивно, како тие викаат “јоој, фуј, пфф”, и демек тие се бават само со повисоки нешта, возвишени цели за развојот на општеството, со други напредни вредности. Оттука, зборот ми е, дека клиентелизмот, чиј производ е големата корупција овде, ја убива оваа држава. Секој со секој. Името на партијата е само параван зад кој се скриваат политичари и нивни финансиери! Како пејачите и менаџерите! Како менаџерите и келнерите, како макроата и проститутките! Токму такви луѓе ви прават и анкети на јавно мислење! Одамна овде анкетите не се релевантни (барем не оние што се објавуваат јавно). Затоа што зад тие анкети стојат ликови кои можат се да направат, особено ако анкетата ја сметаат како инвестиција во промена на една лоша состојба по нивната групација! Пари, и вакви, и онакви има …!? Па оттука, и такви резултати – македонски граѓани сметаат дека сме биле во политичка криза! Ајде бе … Исти такви, периодов отекоа со темите за ”паркови и зеленило во нашиот убав град”, особено кај Холидеј Ин! А не кажуваат зошто се уште нема пристојна фасада на ГТЦ (ај што нема, туку не сме виделе како тие предлагаат да изгледа ГТЦ и паркингот спроти Холидеј ин. Немаат никаков предлог). Трговскиот центар силно беше гушкан (го гушеа), во време кога багерите и ѕидарите на режимот на Груевски силно ринеа и фасадираа по центарот на Скопје. Па ”паламудење” по цел ден - вака требало, онака требало да се гради ... Па имате и група на лесни мудреци која се залага, ако може да не се гради ... Е тоа би било супер за Скопје!?!? Бирократија, административци, некои лесни типови кои на работа тргаат кога ќе се разбудат … цел ден по кафани ), две еспреса и четврт бурек со јогуртче мало, молам) и тие расправаат како е Скопје најубаво вакво … сега … Оставете го Скопје на мира, и така натаму … Голем е бројот на вакви! Само да не се работело!? А овие лица (дел од нив физички лица дел правни лица) така згрозени од македонската политичка сцена, два месеци немаат никаков став, на пример, за блокадата на ВМРО ДПМНЕ околу пакетот мерки за економијата!?! Тоа им било примитивно да го коментираат !? Тие немаа статуси на социјални мрежи кога се предлагаше електронско гласање во парламентот!?!? И тоа им беше ниско да го коментираат! Дека пратениците требаше да работат од дома!? Тогаш, пак, во дебата

Stand By Во Македонија нема политичка криза ... Овде периодов се случува ПОЧЕТОК со расчистување со криминалот и корупцијата! Се разбира дека не е пријатно оти не сме навикнати на овие процеси. Затоа ни се чини дека е политичка криза!? Оти ние само за политички кризи и знаеме …

велеа дека е дури сега ништо нема да работат пратениците! А види чудо и тогаш ВМРО ДПМНЕ беше против пратениците да гласаат електронски од дома или од канцеларија! Тие немаат став ниту на денот на изборите … Спијат до доцна, одат на викенди во Солун и не гласаат. Но, важно им кој ќе победи … оти после ”муваат”! Затоа велам дека Македонија се соочува со внатрешни блокади!

Од друга страна, не е исклучено дека во нечии глави постои желба да има политичка криза. Тоа се истите тие кои ги опишувам во овој текст, за кои, во случајот на Македонија – Светската банка одамна напиша анализа, која сум ја цитирал повеќе пати – ”во Македонија постои група на луѓе и компании кои цело време ја буткаат земјата во зона на ”ниска реформска рамнотежа”, состојба која се одликува со појавна форма - демек нешто реформски се случува, а всушност ништо не се случува”!

Дека една квази интелектуална и бизнис, полубизнис “назовибизнис” групација составена од илјадници "мали буди" во Македонија, онака “нафурана и подздебелена” во годините наназад поради многу лапање во разните клиентелистички односи со сите влади во независна Македонија, особено со прилично видлива носталгија гледа и си спомнува за “средниот век на режимот на Груевски” од 2006 до 2016 година!? Го гледаат единствено државниот буџет, немаат амбиции да излезат преку граница да се измерат (дометот им е до Врање и Ниш), муваат на ситно од општина до општина!

Тие групации не сакаат реформи … Тие не сакаа НАТО членство, а денес, откако не по нивна волја влеговме во алијансата велат, НАТО може, ЕУ не мора …!? Многумина од нив се спонзори на деструктивни процеси на политичката сцена.

Се потврдува уште еднаш она што сум напишал повеќе пати во годините на назад, во разни временски етапи, по разни поводи. Пак ќе пишуваме годинава оти ќе одбележиме 30 години независност на Македонија! Но, исто ќе пишуваме!?

Овде е проблемот, драги мои! Иднината на оваа земја, и сегашните работоспособни генерации граѓани, особено младите од новата ера, е едноставно ”киднапирана” … Оттука, да заклучиме, во Македонија нема политичка криза ... Овде периодов се случува ПОЧЕТОК со расчистување со криминалот и корупцијата! Се разбира дека не е пријатно оти не сме навикнати на овие процеси. Затоа ни се чини дека е политичка криза. Оти ние само за политички кризи знаеме … Од друга страна, не е исклучено дека во нечии глави постои желба да има политичка криза. Тоа се истите тие кои ги опишав погоре, за кои, во случајот на Македонија – Светската банка одамна напиша анализа, за која сум пишувал повеќе пати – ”во Македонија постои група на луѓе и компании кои цело време ја буткаат земјата во зона на ”ниска реформска рамнотежа”, состојба која се одликува со појавна форма демек нешто реформски се случува, а всушност ништо не се случува”! Тие групации не сакаат реформи … Тие не сакаа НАТО членство, а денес, откако не по нивна волја влеговме во алијансата велат, НАТО може, ЕУ не мора …!? Многумина од нив се спонзори на деструктивни процеси на политичката сцена.



АПР. 2021

COVER STORY 8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

НОВА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА ФИРМИТЕ ШТО ПРИНУДНО СТАВИЈА КАТАНЕЦ


9 ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Додека некои компании се обидуваат да се стабилизираат од оваа криза која трае повеќе од една година и да застанат на сопствени нозе, на дел од нив, особено оние од туристичко – угостителскиот сектор, се уште им е потребна помош. Тешката ситуација во овие сектори, ги извади луѓето на протести, а во меѓувреме Владата донесе шести пакет антикризни мерки коишто се наменети претежно за нив. Секако, клучна ќе биде реализацијата на овие мерки која што повторно ќе зависи од волјата на пратениците да се соберат во доволен број, со или без скафандери, и ги изгласаат соодветните закони коишто ќе овозможат исплата на финансиската помош. Шестиот пакет на мерки, усвоен од Владата, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона - кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, при што се проценува дека ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.


АПР. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

К

орона – кризата не е завршена, особено не за компаниите од туристичкиот и угостителскиот сектор коишто се повторно привремено затворени откако епидемиолошката слика значително се влоши месецов. Додека некои компании се обидуваат да се стабилизираат од оваа криза која трае повеќе од една година и да застанат на сопствени нозе, на дел од нив се уште им е потребна помош. Тешката ситуација во некои сектори како угостителството и туристичката дејност, ги извади луѓето на протести, а во меѓувреме Владата донесе шести пакет антикризни мерки коишто се наменети претежно за нив. Секако, клучна ќе биде реализацијата на овие мерки која што повторно ќе зависи од волјата на пратениците да се соберат во доволен број, со или без скафандери, и ги изгласаат соодветните закони коишто ќе овозможат исплата на финансиската помош. Шестиот пакет на мерки, усвоен од Владата, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона - кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, при што се проценува дека ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи нагласи дека од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, сè со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните. Тој додаде дека пред точно две недели, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за делумно затворање на угостителските објекти, заради заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот. „Уште тогаш најавивме дека истата одлука ќе ја следат соодветни мерки за поддршка и помош и уште еднаш на дело покажуваме дека државата е партнер на граѓаните и стопанството. Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности“, потенцираше Битиќи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека дел од мерките имаат и развојна компонента, во насока на раст на ликвидноста и поттикнување на инвестициите. „Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Оттаму и мерките кои се предлог на Министерството за финансии се во таа насока. Едната е Поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 годинa преку субвенционирање на камати на кредити. Втората мерка е Кредитната линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот, преку посебна кредитна линија во износ од 1

ФАТМИР БИТИЌИ

вицепремиер за економски прашања

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за делумно затворање на угостителските објекти, заради заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот. Уште тогаш најавивме дека истата одлука ќе ја следат соодветни мерки за поддршка и помош и уште еднаш на дело покажуваме дека државата е партнер на граѓаните и стопанството. Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности

Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Оттаму и мерките кои се предлог на Министерството за финансии се во таа насока. Едната е Поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 година преку субвенционирање на камати на кредити. Втората мерка е Кредитната линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот, преку посебна кредитна линија во износ од 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка. Изминатите пакети мерки покажаа дека даваат резултати.

милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка. Изминатите пакети мерки покажаа дека даваат резултати. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии, истиот е амортизиран за 4,2 процентни поени, односно без мерките падот ќе достигнеше дури 8,7%“, посочи Бесими. Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека туристичкоугостителскиот сектор е најпогодениот сектор од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата и токму затоа Министерството за економија во првите пет сета на мерки се фокусираше на поддршката токму на овој сектор. „Досега овој сектор е поддржан со над десет милиони евра и тоа преку ваучери за домашен туризам со вкупно 6,2 милиони евра, со враќање на уплатена туристичка такса со вкупна вредност од 950 илјади евра, со грантови за туристички агенции во вредност од 1,2 милиони евра, со средства за кофинансирање на настани и конференции со финансиска поддршка од државата каде беа наменети 24 илјади евра, преку грантови за

категоризирани ресторани за свадби со 906 илјади евра, грантови за игротеки во вредност од 222 илјади евра, грантови за туристички водичи со лиценца кои добија 82 илјади евра, како и со мерката за продолжување на лиценци за работа на дискотеките и ноќните клубови, мерка која изнесуваше 97 илјади евра“, истакна министерот за економија. Бектеши се задржа на дел од мерките од шестиот пакет кои ќе ги спроведува Министерството за економија, при што посочи дека за поддршка само на туристичко-угостителскиот сектор со шестиот пакет мерки се предвидени мерки во вкупна вредност од 14,8 милиони евра. „Планирана е финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритет на дејност: 56.10 (ресторани и останати објекти за подготовка на храна), 56.29 (останати услуги за подготвување и служење на храна), 56.30 (подготовка и послужување на пијалаци). Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 6.000 компании, со околу 17.000 вработени за што се наменети 9,9 милиони евра. Со оваа мерка ќе се додели финансиска поддршка на сите регистрирани активни субјекти од оваа дејност. Како основа за пресметка


11

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

СИТЕ МЕРКИ ОД ШЕСТИОТ ПАКЕТ Мерка 1

Мерка 4

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра.

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 2 На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Мерка 5 Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка, а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6 Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Мерка 3 Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

СУПЕР потрошувачки кредит

4,25

од

• Одобрување за 30 минути • Износ на кредитот до 1.200.000 мкд • Рок на отплата до 95 месеци • Без жиранти

ФИКСНА КАМАТНА

*Согласно кредитна анализа, банката може да побара дополнително обезбедување - кредитоспособен жирант

СТАПКА

• Полисата вклучува осигурително покритие од Ковид 19

6,25% фиксна за останатиот период

за првите

2 години

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


АПР. 2021

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, на кои се аплицира месечен износ за компензација од 30%, кој ќе биде помножен со соодносот на бројот на денови колку што овие дејности се затворени. За сите субјекти од наведените дејности кои се регистрирани после 2019 година како основ за пресметка ќе бидат земени просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2020 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект од овие дејности ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021 година“, додаде Бектеши. Главниот извршен директор на Развојна Банка, Кире Наумов, истакна дека Владата имала капацитет да се справи со кризата, особено преку пласирање на повеќе бескаматни кредитни линии. „Вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка пласиравме до 186 домашни компании преку деловните банки. Воведовме нов производ - царинска гаранција, за да им го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Компаниите од преработувачката индустрија можеме да ги поддржиме со царинска гаранција до 390.000 евра, додека сите други мали и средни компании сме спремни да ги поддржиме со царински гаранции до 250.000 евра. Преку трите бескаматни кредитни линии со 44,1 милиони евра поддржавме 4.087 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 лица”, нагласи Наумов. Преку Развојната банка ќе се реализираат и две од седумте мерки предвидени во шестиот пакет - нова бескаматна кредитна линија за субјектите во дејноста на емитување на радио и телевизиски програми, и мерка за субвенционирање на трошокот за камата на компаниите кои ја реинвестирале остварената добивка, а ќе овозможи овие компании да имаат ефективно каматна стапка од 0% за новоодобрени кредити за тековни средства од деловните банки.

(Не)задоволни угостители на протест

Претставниците на туристичко – угостителската дејност коишто неколку дена преку протест пред Министерството за финансии бараа поддршка од државата, а притоа им се придружија и сметководителите, по објавувањето на мерките од страна на Владата се разединија. Па така од Независната угостителска комора (НУК) изразија задоволство од предложените мерки бидејќи нивните пресметки покажале дека доколку еден ресторан со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 100.000 денари, а во 2020 година 60.000 денари за периодот од 21 ден, согласно мерка 3 од шестиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 808.000 денари. Според нив, ова е доволна помош за да се преброди оваа ситуација.

КРЕШНИК БЕКТЕШИ министер за економија

Планирана е финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритет на дејност: 56.10 (ресторани и останати објекти за подготовка на храна), 56.29 (останати услуги за подготвување и служење на храна), 56.30 (подготовка и послужување на пијалаци). Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 6.000 компании, со околу 17.000 вработени за што се наменети 9,9 милиони евра. Со оваа мерка ќе се додели финансиска поддршка на сите регистрирани активни субјекти од оваа дејност. Дополнително, секој регистриран активен субјект од овие дејности ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021 година.

„Ги поддржуваме барањата доколку се реални, но во случајов Туристичко – угостителската комора има нереални барања бидејќи се погрешно насочени. Ако веќе нешто бараат, факт е дека грантови добивме сразмерно на угостителската индустрија во буџетот а што се однесува до банките мислам дека е погрешна адресата што се протестира. Оваа мерка е точно детерминирана и селектирана, насочена за угостителите и угостителскиот сектор, прифатени се сите наши сугестии и изработена е според моделот која ние одамна го посочуваме“, истакна Здравко Јосифовски. За разлика од НУК, од Туристичко угостителската комора велат дека не отстапуваат од своите барања. Велат дека мерките од шестиот пакет не се добро објаснети и нема јасна слика на кого ќе му се помогне. „Ние не знаеме на кој начин ќе треба да се аплицира односно кој се ќе може да аплицира за таа помош. Има некои работи кои не ги пишува во мерките меѓутоа одредени функционери ги кажуваат, така што повторно настанува забуна. Ние бараме секоја мерка што точно значи и како да се протолкува“,

КИРЕ НАУМОВ

главен извршен директор на Развојна Банка

Вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка пласиравме до 186 домашни компании преку деловните банки. Воведовме нов производ - царинска гаранција, за да им го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Компаниите од преработувачката индустрија можеме да ги поддржиме со царинска гаранција до 390.000 евра, додека сите други мали и средни компании сме спремни да ги поддржиме со царински гаранции до 250.000 евра. Преку трите бескаматни кредитни линии со 44,1 милиони евра поддржавме 4.087 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 лица.

вели Мартин Ангеловски од ТУК. Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, на пртестите ги повикуваа надлежните институции да ја обезбедат целата барана финансиска поддршка. „Угостителскиот сектор од почетокот на кризата минатата година се до денес работи под бројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосен прекин на активноста, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанување на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Ние во изминатите години докажавме дека знаеме и можеме да работиме, и од нула изградивме претприемачки извор на егзистенција преку кој чесно ги издржуваме нашите семејства. Сега без наша вина, не сме во можност да работиме, а тоа ја доведува во прашање не само иднината на деловните субјекти туку и егзистенцијата на нашите семејства“, додаде Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора. Помош за опстанок бараат и


ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ туристичките агенции, кои поради состојбата со корона кризата не може да jа извршуваат дејноста. „Не бараме поддршка за да заработиме, туку помош за опстанок. Неизвесноста на ситуацијата и зголемениот број на заболени, затворените граници, немањето туристи и падот на прометот од речиси 100 отсто во 2021 година ја оневозможува нашата егзистенција. Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021, бараме ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам и бараме да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени од туристичките агенции според Одлуката на Влада за нереализираните патувања во 2020 година, до крајот на 2022 година“, изјави Ана Марија Алексова, член на Управниот одбор на ТУК. Димитар Кавраков претседател на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници истакна дека туристичките водичи се заборавени и со месеци воопшто немаат никакви примања за егзистенција поради кризата. „Ние сме амбасадори на македонската култура и знаменитости, не може овој сектор да биде оставен на немилост сред пандемија“, истакна Кавраков.

Поради големиот број на заболени во незавидна состојба се наоѓаат и игротеките. „Бројот на заразени е голем поради што и воопшто нема интерес за славење на роденден во игротеките, поради што и бараме финансиска поддршка се додека не се создадат услови за работа. Веќе 14 месеци сме без деловни активности, без помош ќе згаснат нашите деловни субјекти“, изјави Трајко Николовски од Групацијата на рекреативни дејности.

860 милиони евра помош досега

Инаку, од март минатата година кога коронавирусот почна забрзано да се шири во Европа и во земјава, ги затвори и границите и граѓаните дома, нагло се прекина вообичаената економска активност. Оттогаш досега, државата во шест наврати креираше таканаречени антикризни мерки, коишто главно имаа за цел да им помогнат на компаниите да се справат со неликвидноста поради застојот во производството и да можат да ги исплатат платите на своите вработени, да обезбедат бескаматни кредити, но освен тоа имаше и повеќе социјални мерки со директно исплаќање пари на сметките на граѓаните коишто најмногу ја почувствувале корона – кризата. Реализацијата на антикризните мерки, се проценува дека достигнува над 860 милиони евра. Тоа значи дека досега реализацијата изнесува 82%, а властите изразија надеж дека овој процент дополнително

13

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ќе се зголеми. Секоја земја преземаше мерки согласно расположливиот фискален простор. Согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4% од БДП во Бугарија, 2,8% во Албанија, 3% Босна и Херцеговина, 3,7% во Црна Гора, 4,1% Косово, Хрватска со 7%, ние со околу 10%, Србија на слично ниво со 11,3% и Словенија и Грција со околу 14% од БДП. Но во исто време, кај Словенија и кај Грција има значително зголемување на државниот долг од почетокот на кризата, кај едната за 13 процентни поени, а кај другата за 19,4 процентни поени. Со тоа државниот долг на Словенија на крајот на третиот квартал изнесува 78,5% од БДП, додека на Грција двојно повеќе од БДП. Кај останатите земји во регионот тој се движи од 90,8% Црна Гора, 56,8% Србија, Босна и Херцеговина 38,9% и Косово 22,1%, согласно податоците на европската статистичка агенција „Евростат“. „Согласно овие податоци, може да се види дека кај нас е направен добар баланс помеѓу стимулативните пакети и задржувањето на долгот на едно ниво, коешто на среден рок ќе се стабилизира и нема да преставува закана или пречка за понатамошниот економски развој и макро - финансиската стабилност“, објаснува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Покрај мерките кои ги преземаа фискалните власти, дополнителна


АПР. 2021

14 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Претставниците на туристичко – угостителската дејност коишто неколку дена преку протест пред Министерството за финансии бараа поддршка од државата, а притоа им се придружија и сметководителите, по објавувањето на мерките од страна на Владата се разединија. Па така од Независната угостителска комора (НУК) изразија задоволство од предложените мерки бидејќи нивните пресметки покажале дека доколку еден ресторан со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 100.000 денари, а во 2020 година 60.000 денари за периодот од 21 ден, согласно мерка 3 од шестиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 808.000 денари. Според нив, ова е доволна помош за да се преброди оваа ситуација. За разлика од НУК, од Туристичко - угостителската комора велат дека не отстапуваат од своите барања. Велат дека мерките од шестиот пакет не се добро објаснети и нема јасна слика на кого ќе му се помогне. поддршка кон ублажување на ефектите од Ковид - кризата имаа и мерките кои ги преземаа монетарните власти. Намалувањето или задржување на референтната каматна стапка на ниско ниво и дополнителни мерки преку други инструменти на монетарната политика, придонесоа за одржување на ликвидноста во економиите. Така на пример, Европската Централна Банка

преку нејзините каматни стапки водеше приспособливо - монетарна политика во насока на поддржување на економијата, односно цело време ја одржуваше на негативно ниво. Со тоа се влијаеше врз останатите каматни стапки, на пример ЕУРИБОР остана негативен за цел кризен период а со тоа и трошоците за финансирање беа поволни. Оваа поставеност на монетарната политика

влијаеше на зголемена понуда на пари во финансиските пазари што придонесе за намалување на каматните стапки и трошоците за позајмување на земјите за финансирање на економските мерки. Истовремено, ниската инфлација овозможи монетарната политика да биде поактивна во борбата против ефектите од пандемијата. nnn


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


АПР. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099


INTERVIEW

17

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА А1 МАКЕДОНИЈА

ОСТАНУВАМЕ ВОДЕЧКА СИЛА ВО ПОНАТАМОШЕН РАЗВОЈ НА ДИГИТАЛНОТО ОПШТЕСТВО Во добра насока сме во реализирање на нашата визија да овозможиме дигитален живот за сите граѓани. Затоа ќе продолжиме и понатаму со збогатување на функционалностите на постоечките дигитални канали и остануваме непоколебливи во својата определба да бидеме водечка сила за понатамошен развој на дигитално општество, секако во соработка со бизнис секторот и институциите.

AПР. 2021


АПР. 2021

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

А1

Македонија, едниот од двата водечки телеком оператори на македонскиот пазар, покрај кампањите за новите продукти и услуги периодов, актуелен е и по промоцијата на една, за нив, мошне битна предност во однос на конкуренцијата, а тоа е дека мобилната мрежа на А1 е најбрза во земјава, според мерењата на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК. Директорот на А1 Македонија г-дин Методија Мирчев вели дека овој резултат е плод на инвестицијата од преку 30 милиони евра во нова, најмодерна мрежа базирана на LTEтехнологија, како и на посветеноста и стручноста на А1 тимот во лоцирање на потребите на корисниците. Со г-дин Мирчев разговаравме околу сето она што го направи и се’ уште го прави компанијата во насока на прилагодување кон „новата нормалност“ што ја наметна пандемијата, и како во новонастанатите услови ќе се спроведат зацртаните стратешки планови, како што се почеток на 5Г мрежата, конвергентноста, но и новите функционалности за физичките лица и компаниите. XГ-дин X Мирчев, периодов доста го комуницирате фактот дека мобилната мрежа на А1 е најбрза во земјава, според мерењата на АЕК. Што беше потребно да се направи во позадина за да постигнете ваков резултат и што значи тоа за вас како телеком провајдер и за квалитетот на услугите кон корисниците? Телекомуникациската индустрија во основа, во текот на минатите години, а особено денес, се соочува со предизвиците на огромен раст на податочниот волумен и корисничките побарувања за истото, па оттука A1 Македонија настојува да ја развива својата инфраструктурата и да вложува дополнителни инвестиции за да им излезе во пресрет и да ги задоволи корисничките побарувања. Во изминатиот период се насочивме кон надградба и модернизација на мрежата на А1 Македонија со што инвестицијата надмина 30 милиони евра што резултираше со изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE-технологија, а само во 2020 година со инвестиција од над 1,5 милиони евра целосно се надградени базните станици со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија. Нашите корисници нé препознаваат како провајдер на стабилен и најбрз интернет што беше потврдено и со последните мерења за квалитетот на јавните електронски комуникациски услуги што беше спроведено од страна на Агенцијата за електронски комуникации. Мерењата покажаа дека А1 Македонија има најдобри резултати за брзина на мобилен интернет и најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор и тоа на територијата на целата држава. Инвестициите значително влијаат на перформансот на мобилната мрежа, но исклучителна важност има и начинот

на кој оперираме со неа. Успехот и измерените перформанси не се инцидентни туку дојдоа како резултат на посветеноста и стручноста на А1 тимот во лоцирање на потребите на корисниците, а потоа и планирањето за надградување на самата мрежа со цел испорачување на услуга со висок квалитет. Дека корисниците на А1 Македонија уживаат во привилегијата да имаат сервиси на ниво на 5те најдобри држави во Европа укажуваат и бројни резултати измерени од независни организации за benchmark на мрежи, а објавени во телекомуникациски списанија. Во април минатата година од страна на реномираното списание Connect.de, А1 Македонија беше позиционирана на 12то место во конкуренција на сите европските оператори. Но, квалитетот на услугата која ја нуди А1 Македонија покрај официјалните мерења е препознаена и од корисниците кои телекомуникациските услуги што ги користат ни ги довериле нам, што за нас е уште позначајно признание. Во последниот Извештај за развој на пазарот за електронски комуникации во третиот квартал од 2020 година, спроведен од АЕК, се наведува дека 51% од активните претплатници на мобилни услуги и 53% од активните претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2Г/3Г/4Г) се корисници на мобилни услуги на А1 Македонија, но и дека над 51% од количината на сообраќај (GB) остварен од активните претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) се остварени на нашата мобилна мрежа, што не прави доминантни во уделот и реализираниот сообраќај на мобилни услуги. Ова претставува уште една потврда за нашиот успех, дека покрај тоа што имаме најдобар квалитет на мобилни услуги во земјата, истата ја користи најголем процент на населението во земјата. XКако X пандемијата влијаеше врз резултатите на А1 Македонија во 2020 година? На пример, онлајн работењето и школувањето од дома придонесоа за поголема побарувачка на интернет конекции и други услуги, од една страна, но колку пак долгите престои дома поради карантините и сл., ја намалија потрошувачката на мобилен интернет? Како сето тоа се избалансира на крајот во резултатите на компанијата? Почетокот на пандемијата несомнено придонесе за промена на нашите навики како и зголемување на употребата на интернет сообраќајот независно од уредот. Нашите училници, канцеларии и целото наше функционирање се пресели во нашите домови, а нашите уреди и нивната поврзаност ни станаа неопходни за да работиме, да го одржиме нашиот бизнис, да останеме поврзани со светот околу нас. Едноставно, сите започнавме да функционираме онлајн, вклучително и плаќањето на режиските трошоци кое до сега најголемиот број од населението ги извршуваше преку шалтер, сега е комплетно префрлено преку дигиталните алатки кои ги нудат компаниите. XОва X наметна и зголемена потреба на нашите корисници за дигитална

испорака на нивните фактури, а нашите последни податоци велат дека во моментов 73% од нашите корисници ги добиваат своите фактури дигитално, со што на најголем дел од корисниците им е овозможено завршување на сите свои обврски од удобноста на својот дом. Во текот на целата пандемија, особено во периодите на полициските часови, кои беа и по неколку дена, забележуваме зголемен говорен сообраќај помеѓу корисниците и двојно зголемување на интернет сообраќајот од дома и од мобилен телефон. Овој податок ни го потенцираше круцијалното значење на услугите на А1 Македонија во секојдневието на нашето население во време на пандемија. Услугите кои ги нудиме станаа основна потреба без која бизнисите не би можеле да работат непречено, луѓето не би можеле да ги извршуваат своите работни обврски и да останат поврзани со своите најблиски, а сепак да бидат физички оддалечени. Токму од тие причини, како општествено одговорна компанија, А1 Македонија прва реагираше и ги обезбеди пакетот “Заедно сме со Вас” кој овозможи 10GB бесплатен мобилен интернет за сите приватни и деловни корисници преку апликацијата Мојот А1 и зголемен број на ТВ канали без дополнителна претплата за сите корисници на ТВ услугите. Во ова непречено испорачување на услугата до нашите корисници имаат голема улога и нашите колеги од А1 Македонија, кои и покрај предизвиците и неизвесноста со која и самите се соочуваа, целосно се посветија на нашите корисници и понудија беспрекорно корисничко искуство што ги прави вистински херои во ова време на пандемија. Исто така, брзиот пораст на употребата на онлајн каналите, резултираше и со зголемено користење на Мојот А1 апликацијата која има повеќе од 500 илјади преземања и преку која над 330 илјади корисници направиле барем една сесија во последните 6 месеци, зголемување на интеракциите на социјалните мрежи и зголемување на посетеноста на нашата веб страница. Горди сме дека и во вонредни услови успеавме да ја лансираме првата и единствена виртуелна продавница А1 Live Shop каде корисниците разговараат директно со продажен агент на А1, во живо преку видео стриминг и одблизу можат да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани како и да купуваат преку интернет. Всушност, корисниците преку А1 Live shop виртуелно го добиваат целото корисничко искуство кое би го добиле и во секој друг наш продажен салон. Постојано го надградуваме и Славчо, четбот базиран на вештачка интелигенција кој одговара на прашањата на нашите корисници во реално време на теми поврзани со продукти, а одговара и на нивниот интерес поврзан со технички нејаснотии. Сите овие активности ни укажуваат на фактот дека сме во добра насока во реализирање на нашата визија да овозможиме дигитален живот за сите граѓани, затоа ќе продолжиме и понатаму со збогатување на функционалностите


19

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА А1 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Нашите корисници нé препознаваат како провајдер на стабилен и најбрз интернет што беше потврдено и со последните мерења за квалитетот на јавните електронски комуникациски услуги што беше спроведено од страна на Агенцијата за електронски комуникации. Мерењата покажаа дека А1 Македонија има најдобри резултати за брзина на мобилен интернет и најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор и тоа на територијата на целата држава. на постоечките дигитални канали и остануваме непоколебливи во својата определба да бидеме водечка сила за понатамошен развој на дигитално општество, секако во соработка со бизнис секторот и институциите. Кои се во моментов најбараните продукти и услуги од страна на потрошувачите? И какви се вашите предвидувања и очекувања за периодот што ќе следи, постпандемичниот живот секако наметнува една „нова нормалност“… Што ќе донесе тоа за телеком индустријата? Како што кажав и претходно, во фокусот на нашето внимание секогаш биле и остануваат корисниците и нивните телекомуникациски потреби. Нашата стратегијата е да се креираат понуди со нов дополнителен квалитет што носат вредност за корисниците кои ќе добијат целосно комуникациско решение и тоа не само за себе како поединци, туку и за семејството и компанијата во која работат. Токму такво решение е A1 Combo тарифата која им овозможува на нашите корисници целосен пакет услуги со дополнителни бенефити. Со оваа тарифа корисниците ги добиваат сите наши услуги: најбрзиот мобилен интернет во земјата, неограничен фиксен интернет, бесплатна фиксна телефонија и најатрактивните телевизиски содржини, со дополнителна можност да одберат уред со големи попусти. A1 Combo нуди и флексибилност за корисниците во креирањето на пакетите согласно нивните потреби за интернет, телевизија и телефонија, со што

AПР. 2021

секоја А1 Combo тарифа им овозможува целосна слобода во комбинирањето на обемот на секоја од услугите вклучени во тарифата. Исто така, содржините кои им ги нудиме на нашите корисници на телевизиски услуги, кон почетокот на годината ги збогативме со Арена Спорт ТВ канали со што нашите корисници ќе можат да уживаат во најгледаните спортски настани. Постојано го следиме пазарот, фокусирани сме на тоа да излеземе во пресрет на корисничките барања и потреби и да ја овозможиме дигитализацијата во нашето општество, а сето тоа е возможно само ако се вложува во најнова технологија и се креираат нови производи и услуги што ќе бидат конкурентни на пазарот. Неодамна воведовте и нова понуда за бизнис корисниците. Дали е креирана според условите на „новото нормално“ функционирање? Квалитетот на телекомуникациските услуги е уште поважен кога станува збор за бизнис корисниците. Со најбрзиот мобилен интернет на територијата на целата земја, конвергентно портфолио на производи и услуги, достапност на нашите агенти 24/7 за бизнис корисниците, А1 Македонија претставува вистински партнер на компаниите во нивното дигитално работење. Новото А1 Business портфолио производи и услуги специјално креирано за деловните корисници нуди комплетно телекомуникациско решение за сите компании. Воведовме нови пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија и

фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди. Деловните корисници кои ќе направат А1 Combo Business пакет имаат можност да добијат неограничен интернет и фиксна линија за кои промотивно нема да се наплаќа претплата во првите 6 месеци, заедно со вклучени А1 Business мобилни линии на најбрзата мобилна мрежа. Ова е вистинско време деловните корисници да ја искористат можноста и да го направат вистинскиот бизнис потег во изборот на модел на комуникација.. Остануваме посветени на градењето партнерскиот однос со нашите деловни корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот. Досегашниот интерес за оваа понуда од страна на деловните корисници ни покажува дека навистина ја препознаваат нашата заложба за креирање иновативни понуди и решенија кои одговараат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници, што не мотивира да продолжиме со изнаоѓање уште подобри комуникациски решенија кои ќе донесат вредност во нивното функционирање. Фокусирани сме на бизнис заедницата да понудиме едноставни и безбедни дигитални решенија, па покрај


АПР. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

конвергентната понуда која е наменета за деловни корисници од сите сегменти, мали, средни и големи компании, нудиме и ИКТ продукти и услуги. Воведуваме стандардни, но и нови, нестандардни услуги односно tailor made понуди за големите компании со што на бизнис корисниците има даваме можност преку А1 Македонија да го имаат својот IT партнер за напредно дигитално работење на нивните компании. Заедно со A1 групацијата и А1 Digital развиваме нови дигитални решенија кои треба го надополнат портфолиото на ИКТ услуги и производи и да допринесат за уште подобро корисничкото искуство за нашите деловни корисници. XШто X донесе, пак, пандемијата за работењето на самата компанија? Како А1 Македонија се прилагоди на новите околности, што од тие прилагодувања можеби ќе остане како трајна пракса и сл.? Како компанија од телекомуникацискиот сектор, покрај тоа што се фокусиравме на овозможување на новиот начин на функционирање преку дигиталните алатки што ги креиравме и понудивме на корисниците и јавноста воопшто, паралелно и самите ние требаше да се адаптираме. Најпрво се соочивме со менување на моделот на работење кој го трансфериравме во целосно онлајн модел, а потоа ги воведовме и надградивме каналите за продажба и за грижа за корисници. Колегите во продажните салони се нашите херои бидејќи останаа на висината на својата задача и претпазливо и со многу внимание се посветени на нашите корисници, како и колегите од техника кои се целосно предадени на обезбедување на сите потребни услови за беспрекорно функционирање на мрежата. Повеќе од една година, од дома работат 80% од вработените при што ниту еден процес не е загрозен. Моделот за флексибилно работно време и работно место A1 Flexy, што веќе беше воведен во компанијата во 2019та година, сега стана наш основен модел на функционирање. Ние сме водечки меѓу големите компании во земјата кои пред пандемијата, а сега уште поизразено, овозможуваме работење на агилен начин, во комплетно дигитално опкружување кое е флексибилно од аспект на работните часови и местото на работа. Свесни сме и за тоа дека новите технологии носат промени и во вештините кои луѓето треба да ги поседуваат, за да можат да бидат во тек со новитетите и да имаат самодоверба да ја користат технологијата од иднината. Во таа насока, ја развивме програмата A1 Future Hub, за нашите колеги од А1 Македонија и А1 Хрватска, која има за цел да не подготви за иднината, да ни понуди нови вештини со кои ќе можеме да одговориме на предизвиците на новите технологии и да го овозможи професионалниот и личниот раст на секој член од А1 тимот. XВеќе X неколку години зборуваме за 5Г технологијата, којашто во 40-тина земји веќе е воведена, во некои е во фаза на тестирање и сл. До каде сме ние во Македонија на тоа поле,

конкретно А1 Македонија? Новата генерација технологии, 5G, е се’ поприсутна во земјите од светот, а од неодамна и во нашето соседство. Имено, А1 Бугарија, која е дел од А1 Телеком Австрија групацијата, на почетокот на овој месец на аукцијата за спектар на радиофреквенции ги добија посакуваните спектари со што станаа првиот оператор во земјата кој лансира 5G мрежа. Со се’ поголема имплементација на 5G во различни земји, се’ повеќе се чувствува бенефитот од новата гигабитна мрежа и кај приватните, но пред се’ кај бизнис корисниците. Оттука, и А1 Македонија како компанија која е насочена кон обезбедување на врвна корисничка услуга за своите корисници е подготвена да одговори на потребата на корисниците од новата генерација 5G. Првите чекори се веќе направени од страна на A1 Македонија, кон крајот на 2019 година кога успешно ја завршивме првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата. Тестовите направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија Но, секако, пред самата имплементација на 5G технологијата од страна на А1 Македонија, неопходно е првенствено да се спроведе аукцијата за фреквенции во нашата земја која наскоро ја очекуваме да се реализира од страна на АЕК. По завршување на оваа фаза, нашите корисници можат набргу да очекуваат дека ќе ги искусат бенефитите од новата 5G мрежа. XОбјаснувано X е повеќе пати досега, но ве молам накратко да објасниме за читателите што ќе значи за корисничкото искуство, бизнисот, приватниот живот, економијата воопшто, искористувањето на оваа технологија? 5G е иднината. Динамиката со која се движи светот бара технологија која може да одговори на брзите промени кои се случуваат. Како што податоците кои ги пренесуваат корисниците меѓусебно се се’ поголеми, во смисла на тежина во бити, и како капацитетите на хардверите за пренос на овие податоци се зголемуваат, така и инфраструктурата преку која се пренесуваат тие податоци треба да се надградува. Токму затоа ни доаѓа новата 5G мрежа која ќе им овозможи на корисниците со поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност да пренесуваат податоци за кои веќе и сега имаат и реална потреба. За да ги согледаме првите бенефити од 5G најдобро е да ги погледнеме реалните искуства на поразвиените земјите како Јужна Кореја, САД, Холандија и Хонгконг, кои веќе имаат поголема 5G покриеност. Во овие земји веќе можат да се забележат самоуправувани возила на улиците, паметно улично осветлување, автономни системи за навигација кои овозможуваат

бродови сами да стигнат до одредена дестинација, онлајн настани креирани во виртуелна реалност, следење на спортски натпревари онлајн каде гледачите сами ја движат камерата, и сето тоа функционира беспрекорно токму поради можностите кои ги нуди 5G. Но, вистинскиот бенефит од 5G технологијата доаѓа кога истата ќе има поголема распространетост и ќе преовладува нејзината употребата над веќе постоечката 4G мрежа. А тогаш кога интерконективноста на уредите ќе биде целосно на новата технологија, ќе дојде до израз интернетот на нештата (IoT) во приватниот и деловниот свет. Масовната распространетост на IoT ќе ја подобри продуктивноста на компаниите, ефикасноста на операциите, брзината на извршување на активностите, а со тоа деловните субјекти и општеството во целина целосно да ја доживеат индустриската револуцијата 4.0. Всушност, 5G е горивото на кое работи индустриската револуција 4.0. Како конкретни примери од иднината ќе може да забележиме во сообраќајот каде возилата ќе комуницираат со светот околу нив во реално време со што ќе успеат да го подобрат текот на сообраќајот но и безбедноста, кај здравствените работници кои ќе можат да ги надгледуваат пациентите од далечина и со користење на вештачка интелигенција да дадат прецизни дијагнози и да овозможат непречено работење на болниците, во производствата каде ќе можe да се управува со високо ефикасни паметни фабрики, во малопродажбата каде ќе се овозможи беспрекорно виртуелно корисничко искуство, како и во многу други индустрии и сегменти на напредното работење. XКажете X ни малку повеќе околу инцијативата „Европска зелена дигитална коалиција“ чиј што потписник е Групацијата А1? Што ќе значи тоа и за компанијата ќерка во Македонија, какви придобивки за заштитата на животната средина и одржливиот развој? Уште од самите почетоци на компанијата, општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата. ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на Групацијата А1 Телеком Австрија официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со истото се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво. Вредно е да се спомне и дека амбициите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот се конкретни и имаат точно


21

МЕТОДИЈА МИРЧЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА А1 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ ГО ИМА КОРИСНИКОТ ВО ФОКУСОТ XПокрај X плановите околу 5Г, какви се останатите стратешки цели и планови за иден раст и развој на А1 Македонија, во новонастанатите услови на (пост)пандемично работење и живеење? Стратегијата за оваа година во својот фокус има повеќе сегменти и домени на работа, се со цел компанијата да овозможи дигитализација на општеството во кое живееме. Во 2021 година ќе се посветиме на развојот на пазарот пред се’ преку воведување на 5G мрежа во нашата земја. Имплементацијата на 5G на пазарот изискува голем обем на работа во подготвителната фаза пред самото лансирање. Надградување на самата радио технологија, усовршување на компетенциите на техничките екипи за работа со 5G и разработувањето на конкретни понуди на услуги и производи за нашите корисници, се само дел од активностите кои влегуваат во проектот на А1 Македонија за воведување на 5G на македонскиот пазар. Исто така, во нашите цели за оваа година е силно втемелена конвергентноста на услугите кои ги нудиме. Ова се однесува од една страна на поголема експанзија на оптичката инфраструктура во нашата земја, но од друга страна и на содржините кои им ги нудиме на нашите корисници. Се’ поголем е фокусот на платформите за содржини кои нашите корисници ги употребуваат, а не само технологијата преку кои ги следат истите. Во таа смисла, во 2021 сме насочени кон воведување на нови платформи за содржини за корисниците како што се А1 Xplore Music и А1 Xplore TV. Понатаму од аспект на иновација ќе работиме на збогатување на понудата на ИКТ услуги како што се сајбер безбедност, IoT и паметни уреди. Оваа година во нашиот фокус ќе биде и подобрување на ефикасноста, модернизацијата и симплификацијата на интерното работење пред се’ преку автоматизација на процесите и употребата на вештачката

утврдени цели во три сегменти: Климатски и амбиции за животна средина до 2030 година - Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори, долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно, Социјална амбиција до 2023 година едукација на над 100.000 луѓе особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост, да

AПР. 2021

интелигенција во извршување на операциите, а се’ со цел подобрување на крајната услуга кон нашите корисници. Корисниците исто така во 2021 година можат да очекуваат подобро дигитално искуство во интеракциите со А1 Македонија кое ќе го овозможиме со воведување на нови функционалности на Мојот А1 апликацијата, усовршување на виртуелниот асистент Славчо, кој е во план оваа година да овозможи и разговори на албански јазик, но и целосно нова A1 платформа за e-commerce каде што ќе можат дигитално да го завршат целиот процес на набавка

им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година - Да се зголеми процентот на жени на раководни позиции над 40% и да се подигне и одржи процентот на жени во компанијата над 40% и да се одржи најдобрата практика и надворешно сертифициран усогласен систем за управување со цел да се заштити интегритетот и доверливоста на А1 Телеком Австрија групацијата. Со оваа зададена цел во нашата стратегија за 2021 година, но и сите

на уреди од купување до испорака. И секако, оваа година планираме да инвестираме во сите членови на А1 тимот преку целосна програма за усовршување на нивните вештини со кои ќе бидат подготвени за иднината. На почетокот на оваа година покрај годишната стратегија, ја утврдивме и среднорочната стратегија на нашата компанија за периодот до 2025 година, во која јас силно верувам и можам да ги уверам корисниците дека тие се ставени во централниот фокус и истата е градена токму да им овозможи подобра услуга за да можат да ги креираат своите дигитални светови.

останати цели за развој на пазарот, подобро корисничко искуство, конвергентност, автоматизација, модернизација и иновација, верувам дека А1 Македонија е на патот кон остварување на уште една успешна година во своето повеќегодишно работење на македонскиот пазар. Уверен сум дека и покрај сите предизвици кои се пред нас и оваа година ќе успееме да бидеме први на пазарот кои им ја овозможуваат дигитализацијата на корисниците, надополнета со врвно корисничко искуство. nnn


АПР. 2021

22 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Вкупно 23,5 милиони евра ќе бидат распределени како дивиденда за акционерите од две банки во земјава кои веќе одлучија дека ланските профити нема целосно да ги задржат како што им сугерира Народната банка. Одлуките од акционерските собранија на Комерцијална банка и ТТК банка, велат дека овој износ „останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на исплатата на дивиденда или со донесување на решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето“. Дивидендните календари, пак, откриваат дека плановите на овие две банки биле исплатата на дивиденда да почне веќе од мај. Сепак, сосема веројатно е дека овие датуми ќе бидат пробиени и ќе се чека додека монетарните власти не ја преоценат својата привремена забрана за распределба и исплати на дивиденди од банките. Неофицијално, тоа е можно да се случи најрано во јули, откако Народната банка ќе ги разгледа најновите индикатори од банкарскиот сектор за првите шест месеци годинава.

БАНКАРСКИТЕ ДИВИДЕНДИ ЗАГЛАВЕНИ МЕЃУ ЖЕЛБАТА И (НЕ)МОЖНОСТА ЗА ИСПЛАТА автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

В

купно 23,5 милиони евра ќе бидат распределени како дивиденда за акционерите од две банки во земјава кои веќе одлучија дека ланските профити нема целосно да ги задржат како што им сугерира Народната банка. Најголемата банка во земјава, Комерцијална, на своето Собрание на акционери донесе одлука најголем дел од профитот остварен лани, односно 22,2 милиони евра да го подели како дивиденда.

Во одлуката е наведено дека овој износ „останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на исплатата на дивиденда: со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките или со донесување на решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето“. Освен тоа, на Собранието на акционерите е одлучено и помал дел од профитот лани, односно речиси 4,8 милиони евра да бидат распределени во резерви, и нешто

над 4 милиони евра да бидат задржани како реинвестирана добивка што ќе се користи во 2021 година. „Добивката што се распределува како задржана добивка за инвестициски вложувања служи за развојни цели на Банката, односно за вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста, а со тоа и за остварување на правото за намалување на даночната основа за данок на добивка. Задржаната добивка се вклучува во пресметката на редовниот основен капитал и го зголемува истиот“, пишува во одлуката од Собранието на акционери на Комерцијална банка од крајот на март. Уште една банка која што веќе донесе



АПР. 2021

24 ЕKОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

одлука за распределба на добивката како дивиденда, е ТТК банка. Според одлуката на Собранието на акционери што се одржа кон средината на април, најголем дел од профитот, односно околу 1,3 милиони евра ќе бидат исплатени како дивиденда на акционерите, а 145 илјади евра ќе бидат задржани како резерви. Во објаснувањето на одлуката за исплата на дивиденда се наведени истите начини, односно пишува дека добивката ќе се распредели по престанувањето на ограничувањето од Народната банка или кога тоа би било овозможено со друго решение, одлука или акт од надлежен орган. Дивидендните календари, пак, откриваат дека плановите на овие две банки биле исплатата на дивиденда да почне веќе од мај. Според одлуката од Комерцијална банка, исплатата на дивидендата од 600 денари за една обилна акција, што е 60% од номиналната вредност, била планирана од средината на мај. ТТК банка, пак, која планира да исплати дивиденда од 90 денари за една обична акција или 9% од номиналната вредност, планирала исплата од почетокот на мај. Сепак, сосема веројатно е дека овие датуми ќе бидат пробиени и сепак ќе се чека додека монетарните власти не ја преоценат својата привремена забрана за распределба и исплати на дивиденди од банките. Неофицијално, тоа е можно да се случи најрано во јули, откако Народната банка ќе ги разгледа најновите индикатори од банкарскиот сектор за првите шест месеци годинава. Од останатите банки, НЛБ која што допрва ќе одржи седница на Собранието на акционери, има предлог одлука која што не вклучува исплата на дивиденда, туку најголем дел за акумулирана добивка и тоа 16,6 милиони евра, речиси 3 милиони евра за задржана добивка за инвестициски вложувања и нешто над 8 милиони евра за општ резервен фонд. Охридска банка, која што е во процес на спојување со Шпаркасе банка, исто така има објавено предлог одлуки за претстојното Собрание на акционери, според кои, нето добивката од околу 1 милион евра, ќе биде распоредена половина во резервен фонд, и половина како задржана нераспределена добивка.

НБМ „дува и на јогурт“

Пандемијата која што предизвика нова економска т.н. корона – криза, е главната причина поради која домашните монетарни власти во февруари донесоа одлука привремено во текот на оваа година, да се ограничи распределбата на добивките како дивиденди, со цел да се зајакне капиталната позиција на банкарскиот сектор. Според последните податоци на Народната банка, стапката на адекватност на капиталот, што е сооднос помеѓу капиталот на банката и средствата изложени на ризик, до крајот на 2020 година, на ниво на цел банкарски сектор изнесува 16,7% или повеќе од двојно над законскиот минимум. Ако се погледне движењето наназад, нема поголемо отстапување кај овој индикатор којшто последните години постојано е над 16%. Сепак, Народната банка одлучи превентивно во услови на криза да донесе ваква одлука за одржување на стабилноста на финансискиот систем, на

Пандемијата која што предизвика нова економска т.н. корона – криза, е главната причина поради која домашните монетарни власти во февруари донесоа одлука привремено во текот на оваа година, да се ограничи распределбата на добивките како дивиденди, со цел да се зајакне капиталната позиција на банкарскиот сектор. линија со препораките на меѓународните финансиски институции. „Банките би требало да се охрабрат да се воздржат од дискреционо исплаќање дивиденди и од откуп на сопствени акции“, истакнаа од ММФ при последната Мисија во земјава. „Со Одлуката донесена од Советот на Народната банка се штити јавниот интерес –стабилноста на банкарскиот систем, а истовремено Одлуката е и во насока на поголема кредитна поддршка на граѓаните и компаниите. Како што и претходно соопштивме од Народната банка, Одлуката, којашто е од привремен карактер и со којашто се делува превентивно во постојните услови на криза, е донесена согласно со Законот за Народната банка, заради остварување на законската цел за одржување на стабилноста на финансискиот систем.“, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за Капитал. Според неа, пандемијата и синхронизираноста на мерките ширум светот за спречување на ширењето на заразата наметнале синхронизирано делување на носителите на политиките за ублажување на негативните ефекти врз економијата и зачувување на стабилноста. Во тој контекст некои од мерките и на централните банки кои овозможија времен мораториум на отплатите на населението и компаниите погодени од кризата, а воедно ја ограничија и распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите, до создавањето услови и обезбедувањето на потребните податоци и информации за негативните ефекти од пандемијата. „Нема централна банка што не ги презеде овие мерки, а одлуките на Советот на Народната банка се во истата насока. Имајќи ја предвид неизвесноста од корона - кризата којашто сè уште трае, се очекува дека банките, како и досега, и натаму претпазливо треба да ги планираат своите капитални потреби и да му дадат приоритет на зачувувањето и на натамошното јакнење на капиталните ресурси.“, додаде вицегувернерката Нацевска. Инаку, за оваа одлука на иста маса веќе разговараа банкарите и надлежните монетарни власти. На седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) на почетокот на март, на која покрај

претставниците на сите членки на МБА, присуствуваа и гувернерката, Анита Ангеловска Бежоска, вицегувернерите на Народната банка, биле дискутирани актуелните состојби во банкарскиот систем, влијанието и предизвиците од корона - кризата, како и аргументацијата за донесувањето на Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците.

Акционерите дивидендата си ја бараа пред Уставниот суд

Но, и покрај тоа, дел од акционерите во банките одлучија да преземат конкретни чекори за укинување на оваа одлука. Правни и физички лица-акционери на Комерцијална банка поднесoa иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Народната банка. Меѓу оние што се обратија до Уставниот суд, се и Хари Костов, главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инженеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лицаакционери на Банката. Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената Одлука е донесена од страна на Советот на Народната банка без законско овластување за донесување одлука со таква содржина, односно дека таа не е во согласност со член 47, став 1, точка 25 од Законот за НБРМ. Според нив, во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна.




NLB Pay - мобилен паричник

Плаќајте со NLB Pay за нов велосипед! Во периодот од 12.04.2021 до 30.05.2021, плаќајте со NLB Pay мобилниот паричник и искористете ја можноста да добиете велосипед. Секој петок во периодот до 30.05.2021 година, следува велосипед за корисникот со најмногу трансакции изминатата недела.

Pay www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


АПР. 2021

26 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЧЕСТ Е ДА СЕ СЛУЖИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

С

о задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

Ефектот на мерките врз националната економија

Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година. Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината.

Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади.


27

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Нето извозот како сегмент од БДП во четирите пакети беше поддржан со износ од околу 1,8 милиони евра, а бруто инвестициите се поддржани со околу 230 милиони евра. Првите четири пакети, за кои беше изработена анализата, содржат 70 антикризни мерки. Оној дел од мерките кои се реализирани се во вредност од над 700 милиони евра. Дел од мерките се уште се во фаза на имплементација а неколку мерки, веќе сите знаете, беа подолго време закочени во процесот на усвојување во Собранието. Ќе ги споменам и разложам надолу затоа што тие мерки се важни, во дел поради нивната вредност но повеќе поради мултипликаторниот ефект кој ќе го имаат врз економијата. Пред 10тина дена истите беа изгласани а набрзо се очекува и нивната реализација. Кредитната линија од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра со исклучително ниски каматни стапки, наменета најмногу за поддршка на микро, мали и средни претпријатија на кои се уште им е потребна поддршка за одржување на нивната ликвидност; Државната кредитна гаранција, во износ од 10 милиони евра алоцирани како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, за која подоцна беа издвоени и дополнителни 5 милиони евра во петтиот пакет мерки која треба да продуцира повлекување на кредити во вредност од околу 90 до 120 милиони евра кои компаниите корисници ќе можат да ги земаат од комерцијалните банки. Ова според мене е една од најважните мерки која очекувам да ја раздвижи дополнително економијата во следнава година; Државната царинска гаранција во вредност од 3 милиони евра, која ќе биде исклучително добредојдена за извозно ориентираните компании кои ќе бидат во можност да добиваат банкарски гаранции под исклучително поволни услови, за нивните деловни потфати во износи од околу 25 милиони евра.

Фатмир Битиќи

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции

Инклузивноста и партнерскиот однос во носењето на мерките и политиките, за мене, имаа непроценлива додадена вредност

До сега зборував за економската логика при креирањето на мерките, но овој осврт не би бил целосен доколку не рефлектирам и врз начинот на носење на мерките. Во неколку зборови тоа би било - Консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација, консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација и повторно од почеток. Она што од денешна дистанца можам да го проценам е тоа дека носењето на економските пакети на неколку месеци, што ни овозможи да го имаме овој процес во континуитет се покажа како продуктивна и исправна одлука. Доколку го извртам мојот календар во последната година, од него ќе можам да излистам стотици остварени средби со различни групи од нашето економско и општествено живеење. Средби на кои, на една маса (еднаш и свадбарска :) ), очи во очи се соочивме со тешки прашања и предизвици, системски слабости но, она што е важно, на истите тие, дојдовме заеднички до решенија. Граѓаните и стопанството ја препознаа нашата посветеност, заедно, во партнерски однос, да го движиме кормилото по „немирното море”.

Кризата го тргна фластерот со кој ја имавме покриено сивата економија

Сивата економија е отворената рана на секоја држава и оваа не е новина ниту изненадување. Кризата брзо и болно го тргна фластерот со кој вешто сме ја покривале години наназад.

Имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 - 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност.

Само за илустрација, прва поразителна бројка која се појави пред целиот тим во владата кога побаравме податоци од надлежните институции за да креираме соодветна мерка за поддршка на угостителскиот сектор беше фактот што од околу 6.000 компании кои фигурираа во јануари 2021 кај повеќе од 2.000 немаше ниту еден вработен. Кај уште скоро 3.000 компании од овој сектор бројот на вработени беше од 1 до 5 вработени, и овие показатели уште во старт даваат премногу искривена слика за било какво понатамошно анализирање и креирање соодветен пакет мерки за поддршка. Но искрено, ова не е присутно само во еден сектор, недостатоците и аномалиите можеа да се видат во низа на сектори од економијата. Сево ова, мене лично но и секоја единка во нашето општество ја става пред дилемата: дали да се занимаваме со последиците, или еднаш засекогаш да седнеме и да ги решаваме причините на аномалиите и недостатоците кои што Кризата ги покажа? Токму заради ова, сметам дека е јасна неопходноста за конзистентност и структура на економскиот развој. Токму затоа, имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 - 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност. На почетокот на годинава го почнавме проектот и истиот треба да вроди со приоритети и стратешки определби за долгорочен и одржлив развој на државата. Во моментов сме во фаза на мапирање на сите постоечки стратешки документи како и креирање на методологијата која ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни. Националната развојна стратегија треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе. Во рамки на овој и тоа како битен процес исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој. За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани а за бизнисот ќе значи предвидливост, што е есенцијално при планирањето на растот. Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките, а тоа од нашето поблиско опкружување се Хрватска и Словенија. Комплексноста на самиот процес, кој за да биде одржлив, покрај условот да е донесен консензуално, наложува да биде иновативен и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време. Покрај Националната развојна стратегија 2021 - 2041 која е стратешки документ на оперативно ниво, во почеток на реализација е и еден голем инвестициски бум кој во распон од следните 3-5 години ќе донесе експанзија и зголемување на бруто домашниот производ а кој оперативно ќе се реализира преку Единицата за следење на Инвестиции, но за тоа, во следната колумна.

nnn


АПР. 2021

28

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

INTERVIEW

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР

Спојувања (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

разговара

ИГОР ПЕТРОВСКИ Г-дин Јовановски, зошто се одлучивте за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот? Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании. Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата

за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги. Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија. Г-дин Мертељ, Вам секако добро ви е познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата? Што добива Даталаб со инвестицијата? Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите

треба да бидат опремени и да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе. За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија. Инком има фантастичен и високо мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот. Г-дин Јовановски, изминатиов период бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот. Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ?


29

AПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Pantheon, софтверот на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Ние, како ИнКом ЕРП работевме многу со овој софтвер на проекти од земјава и регионот, па оттука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година.

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

САШО ЈОВАНОВСКИ АНДРЕЈ МЕРТЕЉ главен извршен директор на Даталаб Македонија Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори: 1. Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи. Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна Македонија.

главен извршен директор на Даталаб Технологије д.д.

2. Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании. 3. Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат. Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување! Г-дин Мертељ, што носи Даталаб на пазарот во Северна Македонија? Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат

своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт. Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера. Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес. 


АПР. 2021

30

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО

КОНСУМЕРИЗМОТ


31

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

автор:

СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ Генерален менаџер на “Инсајдер ИД” и Главен Уредник на “Le Monde Diplomatique – Македонско издание”

Д

а запрашаме било кој на земјината топка ќе даде некакво видување или размислување за тоа што претставува терминот “Консумеризам”. Социјалните медиуми, големиот пристап до информации, “бомбардирањето” со реклами и платена содржина, лажните вести и динамиката на денешното живеење го насочува однесувањето на луѓето во насоки за кои е дискутабилно колку се “свесни” за истиот. Сепак, колку всушност знаеме што претставува? Во 21-виот век може да се каже дека истиот претставува светска религија, во која иако не се “крстиме” и те како ја поддржуваме и не само тоа, туку и интензивно практикуваме. Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

ШТО Е КОНЗУМЕРИЗАМ?

Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

Консумеризмот е општествено – економски поредок кој го поттикнува и охрабрува купувањето на производи и услуги во секогаш поголеми количини, за да се реализира постојаниот економски раст. Со индустриската револуција, особено во 20-итот век, масовното и прекумерното производство кое што неколкукратно ја надминува потребата на пазарот доведува до тоа производителите да располагаат со залихи на готови производи кои немаат можност и пазар да ги пласираат. Компаниите се насочуваат кон пропагандата и маркетингот да ја креираат до определен степен нереални потреби или да ја интензивираат потребите за купување на што поголем број на производи, се со цел потрошувачката низ времето неограничено да се зголемува. Со пласманот на голем број нови, различни, подобрени, унапредени производи и услуги поттикнува постојано “трошење” на месечните буџети на ”консумерите” во производи, кое надополнето со интензивната манипулација со желбите за поседување на истите, се креира затворен циклус во кој индивидуата има постојано желби и потреби кои никогаш не се исполнуваат, додека компаниите никогаш не престануваат со пласман на нови производи. Единствено е важно индивидуата да ги троши парите со кои располага, но и не ретко со тие кои што не располага. Консумеризмот најчесто се поврзува со материјализмот кој пак може да биде анализиран од повеќе гледишта. Од аспект на филозофски монизам, материјализмот претпоставува дека материјата е основа на целата природа, што подразбира дека и свеста и менталните состојби се резултат на интеракција помеѓу физичките материјали.

Од општествен општоприфатен аспект, материјализмот претпоставува дека индивидуата му придава поголемо значење на материјалното наспроти духовното богатство. Целта е да во текот на животот да се поседуваат што е поголем број на материјални добра и постојан материјален комодитет. Вистината е дека моменталното општество на 21-виот век на свесно ниво го одрекува материјализмот и привидно му дава значење на духовното, додека несвесно духовното богатство го постигнува исклучиво преку материјалните средства. Всушност и самите “духовни” вредности се значајно променети и се во директна корелација со материјалниот свет. Тоа го поддржува консумеризмот, каде компаниите постојано ги менуваат бизнис моделите за да ги пресретнат барањата на консументите, со единствена цел да трошат се повеќе средства и време. Поврзувањето помеѓу консумеризмот и материјализмот е и повеќе од очигледно. Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20-тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”. Двете се поврзани со прикажување на статус и слика за себеси во општеството, а не на функционалност и потреба.” Всушност во една од подоцнежните книги од Веблен “Статусна потрошувачка” јасно дефинира дека за дел од добрата (производите и услугите) цената не е креирана како последица на понудата и побарувачката, туку со зголемување на цената се зголемува и “посакуваноста” односно побарувачката за производите, концепт кој е економски нелогичен со цел стекнување на статус во општеството. Веблен на еден сатиричен начин ја појаснува “лежерната класа” и начинот на нејзиното нелогично однесување со единствена цел за проекција на општествена репутација. Во тој случај дали консумеризмот е просто купување на материјални добра? Во последниот век е направен таков култ кон потрошувачката и кон брендовите што многу тешко може да се квалификува како едноставна активност.

ШТО НИЕ ГЛЕДАМЕ ВСУШНОСТ, РЕАЛНОСТ ИЛИ…?

Живееме во свет кој што има повеќе елементи на нереалност отколку било што реално. Слобода, човекови права, брендови, пари, финансиски институции, хуманизам, либерализам, комунизам, капитал, алтернативи, политика, масовни медиуми, филмови, континуиран страв, виртуелен свет и уште многу други сегменти од нашето постоење кои што директно влијаат во обликувањето на целокупниот наш живот и во обликувањето на самата реалност. Со самото тоа и влијаат во креирање на нашата реалност. Доколку го видиме пристапот на податоци кој што го имале


АПР. 2021

32

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Cambridge Analytica и манипулацијата со личните податоци на огромен број на луѓе, на крајот всушност се запрашуваме што е всушност тоа реалност? Дали е реалност тоа што го перцепираме преку нашите сетила? Дали е тоа што ни се сервира преку масовната комуникацијата? Тоа што ни го пренесува околината? Или, нешто што е и сосема релевантно, е дека ништо не е реално? Многумина ќе кажат дека тоа што го перцепираат по природен пат преку своите сетила е тоа што е реално, но колку е реално чувството кога ќе сетилото за вид ќе го забележи најновиот автомобил од омилениот бренд, или пак омилениот оброк? Автомобилот и оброкот се токму изработени според желбите на примателот на пораката или ние самите и ги насочува импулсите токму кон сетилата за да се предизвика определена состојба. Во тој случај дали импулсите добиени преку сетилата ја пренесуваат објективно реалност или пак е видно изменета? Основни секојдневни активности како оброк, патување од една до друга локација, облека ни се сервирани нереално, нивното испреплетување продуцира нешто сосема ново, имагинарен свет. Времето во кое моментално живееме и верувањата кои што ги имаме за реалноста на светот, не се ништо пореални или понереални од верувањето на мало дете во светот на бајките. При купување на нов автомобил и верувањето дека истиот ќе донесе определен статус во општеството (што е општа прифатена реалност) е ништо повеќе реално од верувањето на детето во Дедо Мраз. Тежнеењето кон добивањето на општествен статус, во ниту еден момент не се разликува од тежнеењето на детето да го запознае Дедо Мраз. Имагинарни светови како детските се создадени за да веруваме дека тоа што го доживуваме е реално а тој свет е нереален и да го поткрепиме нашето убедување во реалноста. Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни. Селективната насочена комуникација, значајно го менува размислувањето и верувањето на масите за тоа што претставува реално пред се преку манипулација на чувствата на примателите на пораките. Начинот на исхрана е еден класичен пример за брзо менување на верувањата и реалностите кај масите, каде денес еден тип на храна денес која се комуницира како здрава и најдобра за индивидуата, од утре постанува нездрава и штетно влијае, информација која што се прифаќа како реалност во моментот на нејзиното

изјавување без воопшто да се анализира нејзината позадина. Прифаќањето на субјективни ставови, кои што се сервирани како реалност го поттикнува размислувањето дека индивидуите се самосвесни и дека “размислуваат со сопствена” глава, кога всушност ниту едно од размислувањата не е реално и не се потпира на објективни факти. Во тој случај индивидуата изјавува реалност е во тоа што верува! Всушност, во тоа што верува е комбинација од многу различни илузии за реалноста, кои во ниту една ситуација или критериум не преставуваат вистинска објективна реалност. Како што ќе биде подоцна во книгата детално појаснето, единствената реалност за која сме сигурни дека ќе се појави, всушност единственото нешто за кое сме сигурни во животот е смртта. Иако, човештвото отсекогаш ја романтизира и и придава посебно значење, денешницата ја обликува на посебно материјално ниво. Толку сме заплеткани во изместената реалност, што повеќе не можеме да видиме било што реално дури и кога за тоа имаме можност. Реалност е кога гледаме обично дрво истото да го перцепираме како ништо повеќе од тоа, но најчесто со самото гледање на дрвото, чувствуваме и мир, одмор, релаксација, колку сме далеку од секојдневните проблеми, а со тоа и целата реалност на дрвото се менува. Од биолошко растение преминува во нешто многу повеќе и повторно поради работи кои се наметнати а не реални. Одморот го бараме најчесто поради тоа што маркетингот и масовната комуникација нe` убедува дека ни е потребен и се убедуваме самите во тоа, мирот се поврзува со “правење нешто за себеси” што повторно се потпира на некакви комерцијални услови кои што ние би требало да ги исполниме. Што доколку немавме познавање што е тоа одмор или што е мир или пак што е релаксација и бегање од проблемите, дали и тогаш со еден краток поглед кон едно растение ќе ги имавме истите чувства или нешто сосема друго? Серијата од испреплетени изместени реалности кои постојано се надополнуваат како една со друга така самите себе, започнуваат да коегзистираат во една целосно нова реалност. Едноставно ние сме прифатиле дека масовниот медиум на кој му веруваме, ја пренесува пораката транспарентно. Како едноставен пример може да се појасни моменталната реалност е анализа на личноста која целосно ја искривува вистината. Започнува со една лага, потоа за секоја ситуација ја изместува вистината, за потоа да продолжи да ги изместува вистините и за последиците од претходните и така натака до моментот кога нема воопшто да се познава што е вистина што е лага и единствената можност е да се прифати приказната како што е да биде реална.

ИНДИВУДУАЛИЗМОТ КАКО ВРВОТ ВО НЕРЕАЛНОСТА!

Индивидуализмот е во полн ек во 21-виот век, поголемиот дел од популацијата повеќе би го живеела животот на некој друг отколку сопствениот најчесто поради материјалниот притисок кој го чувствуваме и потрагата по „фиктивни“ чувства кои би предизвикале среќа и мир. По сите параметри тоа што го бараме

Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”.

и очекуваме е далеку од реалноста за тоа што реално истите претставуваат. Среќата, која е досега недефинирана, субјективно е перцепирана како состојба во која се задоволени барањата и очекувањата на индивидуата за определена ситуација, период, живот. Сепак, по длабински анализирано среќата најчесто не е ништо повеќе од серија наметнати размислувања и погледи кон кои што ние целиме. Од друга страна неисполнувањето на очекувањата предизвикува фрустрација, нереализираност и негативни чувства кои со текот на времето повеќе се продлабочуваат отколку што се решаваат. Како консумеризмот го помогна и сè уште го помага креирањето на хиперреалноста и живеењето во светот на илузијата? Моментално во втората декада на 21-виот век, човекот многу повеќе живее во свет кој нема никаква допирна точка со ништо


НОВ АВТОМОБИЛ НА УМ?

5%

фиксна камата

0%

сопствено учество

1%

провизија при исплата

075/475-219 mkd.Krediti@procredit-group.com

www.pcb.mk


АПР. 2021

34

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни.

реално споредбено со сите претходни генерации. Индивидуата е под толкав притисок од сите страни, што повеќе нема ни можност да помисли што е реално. Во последната декада (иако и многу години претходно) слободата на човекот изразена преку либералната идеологија се повеќе се потенцира. Но всушност, доколку се размисли трезвено, со поголемото нагласување на либерализмот, индивидуата е се повеќе заробена. Либералната идеологија “го тера” човекот да го прави тоа што го прави “среќен” а најчесто среќата и нештата се поврзани со нешто материјално. Дури и кога се убедуваме дека нештата не се поврзани со материјалното, тогаш го вложуваме нашето време кое на крајот во материјалистичко општество е повторно изразено во материјална финансиска вредност. Едноставно да имате време за шетање е потребно да имате количина на средства на располагање. Дел од луѓето

потенцираат дека нештата се перцепираат на материјално и духовно ниво и веруваат дека пројавуваат некаква свесност, додека таа не е ништо друго освен рефлексија на однапред дефинирани импулси комуницирани преку различни канали.

ШТО ПОНАТАМУ?

Интересно е дека поголем дел до читателите ќе го квалификуваат текстот како филозофски или пак себеси се исклучуваат од претходно изнесеното, но со мал напор за размислување сите разбираме дека сме дел од поголемиот систем кој приближно и да има детерминирано однесување и краен резултат БЕЗ ИСКЛУЧОК. Моменталниот недостаток од алтернатива и желба за промена, консумеризмот е “религијата” според која барем уште неколку децении ќе се водат политиката, економијата, групниот и индивидуалниот социо-економски живот. Потпирањето

на неприкосновениот “економски раст” врз конзумерските навики кој што сите фанатично го “бркаат” и претставува стандард во економијата дополнително ја зацврстува позицијата. Проблемот е што во моментот не постои реална алтернатива за промена не овој начин на функционирање. Не постои ветување кое што е подобро од материјализмот и задоволување на барањето за среќа и себе-исполнување преку никогаш доволното трошење. Потрагата по фиктивната среќа преку консумирање на потребни и непотребни производи е толку навлезено што ќе биде потребна многу голема желба и самосвесност кај индивидуите, групите и економиите за да се направи промената.

nnn

Текстот е објавен во дигиталното издание на Le Monde diplomatique ( www.monde-diplomatique.mk )


ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

35

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

МАРЈАНЧО ДАМЕСКИ

управител на Друштво за управување со отпад „Нула Отпад“ ДОО Скопје

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД ОПАСНОСТ ЗА ДЕНЕШНИЦАТА, ПРЕДИЗВИК И ЗА НАЈРАЗВИЕНИТЕ ОПШТЕСТВА XОсновањето X и почетокот на дејствување на Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Која е позицијата на Нула Отпад денес во нашето општество? Нула Отпад“ ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад, почитувајќи ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење. Во моментов имаме преку 170 компании членки во колективниот систем за отпад од електрична и електронска опрема и преку 130 компании членки кои се увозници на преносни, автомобилски и индустриски батерии и акумулатори. Нула Отпад денес е компанија со остварени национални цели осум години по ред и позитивна оцена од МЖСПП. XЕлектричен X и електронски отпад или се што работи на струја и батерии. Колкава е листата на уреди земајќи ги во предвид постојаните иновации и брзиот технолошки развој? Дефиницијата за е-отпад секојдневно се проширува. Во ера на брз технолошки напредок, се повеќе и повеќе софистицирани електронски производи се измислуваат и произведуваат. Само помислете на концептот на „паметен дом“. Лесно е да се препознае колку електронски уреди сега можат да сторат сè, од понуда за безбедност до вклучување и исклучување на светлата, до подготвено свежо кафе пред да се разбудиме. Иноваторите во технологијата продолжуваат да создаваат електрични и електронски уреди дизајнирани да го олеснат и направат поудобен нашиот живот на секој можен начин. Новите модели пристигнуваат дури и кога се чини дека сегашниот работи добро. И покрај тоа, најновата верзија секогаш дава дополнителни функции што ја прават да изгледа премногу примамливо за да се одолее. XРециклирањето X на електронскиот отпад повеќе не е опција, туку неопходност. Зошто е тоа така? Електричниот отпад содржи опасни, но исто така вредни и ретки материјали. До 60 елементи може да се најдат во сложената електроника. Бидејќи повеќе луѓе купуваат електронска опрема, производителите почнуваат да се соочуваат со недостаток на суровини

потребни за производство на нивните производи, па затоа повторната употреба на материјалите од отфрлените производи и отпад процес наречен урбано рударство, има економска и еколошка смисла. Да се има еколошки извор на рециклиран метал е подобро за животната средина отколку компанија што копа нови извори на руда. Рециклиран алуминиум користи 95% помалку енергија, бакар 85% помалку, олово 65% помалку и пластика 80% помалку енергијатоа е сценарио кое победува - ние ги штитиме скапоцените ресурси, ги пренасочуваме употребливите материјали од депонија и заштедуваме енергија, време и средства истовремено, и најважно ја заштитуваме животната средина. Без безбедни практики во отстранувањето на е-отпад и уште повеќе со негово мешање со останатиот комунален отпад, високо токсични елементи како жива, олово, литиум и кадмиум завршуваат на депонии или во природа предизвикувајќи огромна штета на животната средина и загрозувајќи човечки животи. XВо X тек е глобалната транзиција кон кружен пристап во управувањето со отпад. Какви предизвици му претстојат на нашето општество во тој поглед? Силен аргумент во прилог на афирмирање на идејата за циркуларна економија е нејзината основна премиса дека постигнувањето одржлив развој на глобално ниво не значи промена на квалитетот на животот на луѓето, ниту пад на производството и профитот од страна на производителите, но дека кружниот модел може и мора да биде профитабилен како линеарниот и да им овозможи на потрошувачите подеднакво уживање во производите и услугите. Со цел да се воспостават економски и еколошки одржливи модели на развој и на тој начин да се постигнат целите на циркуларната економија, оваа дисциплина става акцент на иновативното размислување во сите процеси на производство (размислување за дизајн), на теории на системи (системско размислување), на продолжување на животниот век на производот, како и рециклирање. XЗошто X е циркуларна економија важна за Р.С.Македонија? Освен подобрувањето на македонската

АПР. 2021

економија и можноста за создавање на нови работни места, концептот на циркуларна економија е неизбежен, бидејќи тој е вграден во европските регулативи што сите земји-кандидати за членство во ЕУ мора да ги усогласат и применат. Се проценува дека со воведувањето на циркуларна економија во Македонија може да создаде нови 7.500 работни места и зголемување на конкурентноста на домашната економија, особено во секторот за рециклирање. XКој X е правилен и најлесен начин граѓаните и правните лица да ја отстранат старата електроника за истата да заврши на рециклирање? Граѓаните се заинтересирани да се информираат за важноста и начинот на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид на отпад доколку заврши во нашата животна средина. Но, иако има начини преку кои може тоа да се направи, желбата за промена на навиките и стилот на живеење оди бавно. Затоа Нула Отпад понуди едноставен модел преку Еко Линијата, телефонскиот број 070 236 000, каде со едноставно јавување, секој работен ден граѓаните и правните лица можат да ги пријават неисправните уреди од својот дом или компанија и бесплатно истите ќе бидат преземени и однесени на рециклирање. Единствено треба уредите да бидат исклучени од вода или струја. Во насока на зачувување на животната средина и човековото здравје Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат Еко линијата како БЕСПЛАТЕН, БЕЗБЕДЕН И ЛЕСЕН начин да се ослободат од опасниот отпад. nnn


АПР. 2021

36 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

ПОЛИТИКОЛОГ

НЕ СМЕЕМЕ ДА ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ ИЗВОЈУВАНАТА СЛОБОДА!


37

AПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Со Георгиев разговаравме за демократскиот крах на македонското Собрание во светлото на новата „доза“ партиски уцени, закани и блокади, но ги начнавме и големите теми за функционалноста на македонската демократија воопшто, загрозена не само од теророт на бирократијата (што се чини особено видлив во пандемија), туку и од некадарноста да се обезбеди терен за чиста политичка битка на ставови, ослободена од евтини интриги и еден малограѓански дух, просто навредлив за граѓанинот. Кога се открива пак дека оваа некадарност всушност е партиска стратегија за исполнување на дадена цел по која било цена (вклучително и на јавниот интерес или на самата држава!) лесен е одговорот на прашањето зошто политиката е одбивна за способни и за чесни луѓе и кому таа одбивност му одговара. Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ е брутален во констатациите за колапсот на дадени алки од системот, но еднакво е убеден дека не е сè изгубено и дека и покрај целото оправдано разочарување од тие промени што не дојдоа или од дадени репетитивни поведенија, не смееме да заборавиме оти слободата е тука и оти имаме обврска да ја негуваме... И искористиме!

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XПоследните X настани во македонскиот Парламент ги запрепастија не само граѓаните, туку и оние кои долги години го следат работењето на пратениците или алармираат за нефункционалноста на таа институција. Вие сте и политиколог, но сте биле и пратеник. Како го коментирате односот во и кон Собранието, тој однос за којшто „театар“ или „циркус“ личат на еуфемизми? Парламентот навистина претставува некаков екстракт на народот, но тој е и седимент на изборот на раководствата на политичките партии. Тешко во тој просек ќе најдеме натпросек. Но, тоа не треба така да биде. И народот, и раководствата на партиите, и гласачите имаат споделена одговорност за тоа кого бираат. Сегашниот изборен модел не гарантира претерана расцутеност на парламентот, па затоа и очекувањата треба да ни бидат соодветни. Да не заборавиме, во 2017 токму парламентот, симболично и фактички, доживеа атентат и беше тешко ранет. Не очекувајте брзо закрепнување од тешко ранет пациент. Затоа, парламентот денес и пратениците во него всушност ја силуваат стварноста. Вжештуваат реторика до усвитување, а самите пратеници не се ни автори на таа реторика, ниту актери на политичката игра. Да не се појавеше пратеничката во скафандер, парламентот немаше да „дознае“ дека во Македонија ни се случува Ковид19. Тој е внесен и занесен во меѓупартиската игра и не разбира што се случува надвор од таа огромна стаклена купола. Го знам тоа чувство, сум го изодел. Лош е тој пат, редовно завршува во дополнителна делегитимација на политичките елити, од двете или четирите спротивставени страни. И не е ова само порив да се биде неутрален или непристрасен, туку едноставно во таква спрега се поставени партиските табори што невозможно е да се очекува смирување на тензиите или премостување на разликите.

Изборниот систем помага пратениците да бидат „рачно“ одбрани во цутот на полтронството XГо X делите ли мислењето дека од година в година имаме сè послаб пратенички состав? Невпечатливи настапи и говори, напишани реплики и контрареплики, никаква изворна политичка енергија, пратенички имиња познати само на партиските кулоари... Не знам, веројатно. Но, тоа оди и со падот на општата перцепција на граѓаните околу смислата на претставувањето т.е. кој сакаме да нè претставува на агората. Кој ме претставува, дали се идентификувам со неа/него...се помалку ни значи тоа. Падот на гласачите на ВМРО/СДСМ го отсликува тоа исто така. Едно знам, не би се чувствувал удобно во ваков парламент, иако моето друштво од 2011 година беше подобро. Од друга страна, парламентот после 27 април е во состојба на шок, на политичка исхемија. Тој не може нормално да

функционира, бидејќи е роден во пазувите на еден тежок конфликт. Таков каков што е, несмасен, неедуциран, без манири и базичен етос, и редовно на најтенка линија на функционално мнозинство, тој мора(ше) да биде составен од екстремно лојални гласачи (пардон, пратеници), кои мораа да ги гласаат сите историски (во буквална смисла!) одлуки и да си ги натоварат сите попатни контроверзии кои одеа со нив. Фала му на Бога, тука дарежливо помага и изборниот систем кој овозможува пратениците да бидат „рачно“ одбрани, уште во самиот цут на сопственото полтронството. Сепак, не можеме да генерализираме сосема, има неколкумина добри пратеници и пред се’ добар претседател (наспроти се’), како и добра и непристрасна администрација и секретаријат. А тие се крвотокот на еден парламент. За жал, пратениците не можеме да „ги бираме“ ние!?. XКога X моите колеги или јавноста ја критикуваат работата на пратениците, обично тоа се прави низ призмата на нивните отсуства од работа, парламентарен молк (голем дел од нив ретко или никогаш не се јавуваат за збор), патни трошоци или гласање исклучително низ призмата на партискиот интерес. Но, ако подобро се погледнат анализите сфаќаме дека проблемот со македонскиот Парламент е многу подлабок. Дури и кога навидум има дебата тоа е надвор од потребниот демократски минимум - размената не е на аргументи или на одржливи тези, туку на чиста демагогија, честопати и на лаги, зачинети со меѓусебни лични навреди. Ова заедно со немањето на капацитет на Собранието да биде вистински коректив на владините идеи го прави очигледно прашањето - што ќе ни е глумење на парламентарна демократија? Ние мораме да продолжиме да „глумиме“ парламентарна демократија, парламентот не смее да „падне“, и покрај се’. Всушност, кога ќе размислите малку подлабоко, само парламентот може да не’ спаси. Тој, заедно со развивање на една граѓанска свест за поголем и постојан надворешен притисок кон системот, се двете состојки кои ја прават демократијата функционална. И затоа, мораме да работиме на подобрување на работата на парламентот и подобрување на квалитетот и интегритетот на пратениците. Тоа партиите нема да го направат, освен ако не почувствуваат одлучен притисок од надвор, надвор од нивните удобни орбити. А политичките партии треба да престанат да глумат дека се грижат околу здравјето на парламентарната демократија. Едноставно е, нека ги тргнат сите партиски калкулации на страна (бидејќи тие калкулации ја контаминираат дебатата и ја прават невозможна) и нека седнат со граѓанството и експертската јавност и нека утврдат кој изборен модел најдобро и најверодостојно ги претставува интересите на граѓаните. И тоа не само на партиските „граѓани“ туку и на оние кои не гласаат за ниту една партија. Секое друго меѓу - партиско договарање за изборниот модел е дил -ориентирано, а најголемите партии


АПР. 2021

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

во Македонија постојано оперираат во рамките на таканаречениот „премолчен консензус“. XДа X не ги заборавиме и лидерските средби. Колку тој формат влијае(л) на дефакторизацијата на Собранието? Па не можат лидерските средби да влијаат на дефакторизација на Собранието бидејќи главните учесници на лидерските средби (имено, лидерите) се среќаваат токму затоа што веќе претходно го биле дефакторизирале Собранието. Собранието е редовно една перверзна колективна љубовна предигра која го постила теренот за главните дилови, главно зад затворени очи на јавноста. Токму таа клучна разлика (собранието е јавно, лидерските средби се тајни по содржина, иако јавни заради ПР потребите) го прави овој политички театар апсурден, и наместен, и неверодостоен...токму толку колку да ни ја убие секоја желба за учество во јавниот живот (полисот). Лидерски средби во елаборираните демократии се редовна појава, речиси седмична, но тие служат за координирање на важни прашања и приоритети чиишто одлуки потоа секако одат назад во парламентот на дебата па дури потоа на одлучување.

Во 2017 Парламентот, симболично и фактички, доживеа атентат и беше тешко ранет. Не очекувајте брзо зарепнување од тешко ранет пациент. Затоа, денес и тој и пратениците во него всушност ја силуваат стварноста. Вжештуваат реторика до усвитување, а самите пратеници не се ни автори на таа реторика, ниту актери на политичката игра. Тој е внесен и занесен во меѓупартиската игра и не разбира што се случува надвор од таа огромна стаклена купола. Го знам тоа чувство, сум го изодел. Лош е тој пат, редовно завршува во дополнителна делегитимација на политичките елити, од двете или четирите спротивставени страни.

Треба уште притисок, ама партиите се и допрва ќе се менуваат XКаде X и како ја гледате тука улогата на партиите? Личи дека само тие се „супер функционални“ во една клиентелистичка и пазарно - коруптивна смисла. На ова прашање сакам да се задржам и од аспект на внатрепартиските реформи. Видовме еден обид од СДСМ за отворени избори, за волја на вистината со еден кандидат. Но, процесот се отвора, се наметнува таа тема за неопходност од внатрепартиски отворени битки на ставови, наместо византиски „колежи“, и ова важи за сите политички субјекти. Очигледно ова ќе бидат бавни процеси. Клиентелизмот е ли главната причина за тромавоста? Проблемот со внатрепартиски избори е што има опасност претходните византиски „колежи“ да се претворат во внатрепартиски „масакр“ на отворена сцена, а тоа партиите не сакаат и веројатно и не треба да си го дозволат. Сепак, политичка партија е едно високо хиерархизирано суштество, со релативно строги внатрешни правила и авторитарни тенденции на лидерството. Имено, тоа и’ овозможува на партијата да обезбеди дисциплина и посветеност, а со тоа и подобар изборен резултат. Ние во Македонија нема да го решиме вечниот проблем и тензија меѓу партиската автократија и претензијата за извоз на демократија надвор од партијата. Но, ќе ги решиме и ги решаваме полека полека некои од аспектите. Партиите денес се поотворени, поотчетни до некаде, се натпреваруваат за повеќе демократија, биваат предизвикани и од јавноста и од своите членови. Не е веќе така лесно и ќе станува се’ потешко. Ние им го гарантираме тоа. А тоа е за доброто на сите, верувајте. XЗборувавме X за Парламентот, но факт е дека ваква ноншалантност кон улогата што институциите треба да ја имаат во системот е (повеќе или помалку) сеприсутна. Неодамна имавме трагичен настан со смртта на овчарот

Златко Божиновски од кратовско, кој не ја доби навреме потребната помош, токму поради префрлање на одговорност помеѓу надлежните. Ако една институција (а ги има над 1300) не е во функција на јавниот интерес и на граѓаните, веројатно е наивно да прашаме кому служи (очигледно за задоволување на коалициски пазари и купување на партиски мир). Сепак, има друго прашање - дали ваквата поставеност на државниот апарат ја прави Македонија нефункционална? Да се навратиме на системот. Кога колабира една држава, едно општество? Кога граѓаните комплетно ја губат доверба во институциите, кога се тотално апатични и не сакаат за ништо да знаат, кога НЕ протестираат за ништо, кога граѓанското општество е склеротично и не прави ништо т.е. нема импулс да направи било што. Кога имаме таква атмосфера, обично постојат две опции: или тивок распад и чмаење до недоглед, или општ бунт против целиот систем по системот на „вили и мотики“... Ама тогаш пред очи ми доаѓа Левица, и саркастично си велам: па можеби подобро е да пропаднеме.

Имаме право да сме разочарани, но, тешко можеме да ја спориме извојуваната слобода – ова не е режимот на Груевски! XПофалбите X се тука дека сме успеале да ослободиме една заробена држава, но дали тежината на бирократијата е еднакво опасна по столбовите на функционалната демократија како и оние партиски стеги? Ние можеме да сме разочарани, имаме право да сме разочарани, но тешко дека можеме да ја спориме извојуваната слобода и потребата од нејзино негување. Ова денес не е режимот на Груевски, и покрај нервозата што ја покажува понекогаш власта. И таа извојувана слобода не смееме да ја изневериме, треба постојано да се потсетуваме на неа. Поголемата отчетност на институциите и респонзивност на системот денес е повеќе од очигледна во однос на вчера. Од друга страна, системот е една комплицирана спрега на врзани садови, кои даваат сигнали од едно на друго место, а реципиентите на системот правилно ги препознаваат таквите сигнали и ги препраќаат на следната кота. Потоа системот претпоставува повратна спрега, каде што истите тие сигнали, или други сигнали повратно одат до првичните реципиенти. И така во еден релативно затворен круг на комуникација. Во политичкиот систем, како еден потсистем на општествениот систем, работите одат на следниот начин: власта, администрацијата, бирократскиот апарат, носителите на функции преку своето делување овозможуваат граѓаните да се чувствуваат комотно, на свое, на сигурно и безбедно... Со две крајни цели: да плаќаат даноци со што го хранат системот, и да му бидат лојални на системот легитимирајќи го буквално секој ден, а ставајќи му штембил на секои четири години. Системот дозволува дисторзии, како резултат на најразлични фактори. Но, тие се токму тоа, дисторзии. Дисторзиите не можат да го загрозат системот како таков, бидејќи се поправливи. Но, кога системот ќе колабира, нема таков мајстор што може да го поправи.


39

ГОРДАН ГЕОРГИЕВ ПОЛИТИКОЛОГ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Кога колабира една држава, едно општество? Кога граѓаните комплетно ја губат доверба во институциите, кога се тотално апатични и не сакаат за ништо да знаат, кога НЕ протестираат за ништо, кога граѓанското општество е склеротично и не прави ништо т.е. нема импулс да направи било што. Кога имаме таква атмосфера, обично постојат две опции: или тивок распад и чмаење до недоглед, или општ бунт против целиот систем по системот на „вили и мотики“... И тогаш пред очи ми доаѓа Левица, и саркастично си велам: па можеби подобро е да пропаднеме. XПостојано X се зборува за разорната поларизација во општеството, но паралелно со флоскулите што ни се нудат, гледаме и нови начини преку една дури и воодушевувачка креативност во нападите под појас кон политичкиот противник. Ако партиските челници вака ја разбираат и ја практикуваат политиката, не е ли преамбициозно да се очекува дека членствата нема да го следат тој пат на омраза и раздор? Поларизацијата нема да запре, барем не во некоја поблиска иднина. Влоговите кои ги диктираат лидерите на политичките партии едноставно се преголеми. Кога некому му се заканувате со затвор, или со насилство, како очекувате да нема поларизација, или омраза. Не може да

AПР. 2021

нема поларизација во општество или држава со ограничени ресурси. Ограничени во поглед на распределба на богатството и капиталот, во поглед на работни места, во поглед на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Конечно, ограничени во поглед на поделбата на наши, ваши и останати. Кога во партијата ќе кажете за некој „тој е наш“, тоа претставува код на препознавање, безмалку билет за влез во едно ексклузивно друштво, друштво кое исклучува. Поларизацијата стана дел од нашата политичка култура, и таа варијабла е бавно менлива. Но, она што во последно време ме плаши и покажува една сурова и соголена вистина е дека поделбите во македонското општество не се по идеолошка линија, не

се ни по линија СДСМ-ВМРО или ДУИАлијанса, не се ни по линија антиквизација - словенизација, не се ни по линија за и против ЕУ, не се ни по линија за и против криминал... Поделбите се просто на оние кои се на власт и сакаат да се одржи власта и тие во неа, и оние останатите, кои се надвор од власта. Последново друштво е мешано и меѓусебно непомирливо. Тоа се состои од оние што сакаат да дојдат на власт и да останат на власт, од оние што им е преку глава, од власта, но преку глава им е и од оние што сакаат да дојдат на власт, од оние кои се апатични, мрчатори, негативци, од оние кои не можат веќе да издржат во вакво општество... Па, бирајте друштво. nnn


АПР. 2021

40 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ДЕЦАТА НА СОНЦЕТО

В

ерувале или не, поминаа точно 10 години од емитувањето на првата епизода на првата сезона – 17 Април 2011, од ТВ серијата „Играта на тронови“ на Џорџ Р.Р. Мартин (A Game Of Thrones – George R.R. Martin), Денес кога би направиле една паралела на универзумот во кој се одвива оваа фантази драма, многу од верните фанови би се сложиле дека најмногу сличности имаме со „Децата на шумата“ (The Children of the Forest). Но, бидејќи оваа наша денешна приказна е сончева енергетска приказна, во која зборовите на фамилијата Старк „Зимата доаѓа“, треба да се преточат во овој „наш“ паралелен универзум на универзумот на George R.R. Martin, нашите зборови би можеле да бидат „Децата на сонцето“.

Да не заборавиме, Северна Македонија, го има сонцето и како симбол на своето знаме. А кога ја замислувате енергијата на иднината, сончевата енергија веројатно зафаќа голем дел од таа слика, посебно при запазувањето на „Зеленото сценарио“.

Соларни ресурси и капацитети

На европската соларна мапа, територијата на Република Северна Македонија покажува импресивни соларни капацитети. Анализите покажуваат дека западниот дел на земјата поради поволната географска положба, како и оптимална надморска височина (600-800 метри), е подложен на високо ниво на сончево зрачење. Поточно, анализата на годишниот збир на глобално зрачење на земјите од Западен Балкан покажува дека делови

од териториите на Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија се меѓу европските територии со најголем сончев потенцијал. За анализа, да направиме споредба на годишното глобално зрачење и сончевата енергија произведена на годишно ниво со инсталирана моќност од 1 MWp во земјите со најмногу, просечно инсталирани капацитети во Европа и Македонија. Анализирајќи ја територијата на Република Северна Македонија, можеме да дојдеме до заклучок дека западниот дел на Македонија, особено регионите во Битола, Преспа и Охрид, заради поволната географска положба, како и конфигурацијата и морфологијата на теренот, како висорамнини на надморска височина од 600-800 метри се исклучително погодни за инсталација на фотонапонски централи.


41

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Светски трендови

Светскиот пазар за соларна енергија рапидно расте, што е очигледно од високата стапка на раст на годишно ниво на кумулативно инсталираниот капацитет. Соларната енергија е најраспространета и најбрзо растечка обновлива технологија во однос на глобално инсталираниот капацитет. Од приложениот график може да се види дека растот на соларната енергија се одвива по речиси експоненцијална крива. Зголемувањето на глобалната побарувачка на енергија и намалувањето на трошоците за инсталација на системот се примарни двигатели на растот на индустријата за фотоволтаици. Дополнително, грижата за климата и животната средина и владините поддршки дополнително го поттикнуваат растот на пазарот. Според неодамнешниот извештај на GlobalData за пазарот на соларна енергија, се очекува, за време на периодот на прогноза 2017-2025, глобалниот капацитет на PV да се зголеми од 387,3 GW на 969 GW. Уште еден светски тренд кој што придонесува за експоненцијалната крива на растот на соларната енергија е трендот на намалување на цената на фотоволтаичните панели.

Игра на тронови

Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат. Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива. Делот каде што работите може многу да се поместат, е Владината стратегија која предвидува(ше) од буџетот да се финансираат 200 MW фотоволтаични централи, со тоа што државата да преземе обврска да обезбеди услови до градежна дозвола, односно да ги реши бирократските постапки, од аспект на урбанизација, на трансформација на земјиште, како и приклучок на мрежа. Од оваа Владина стратегија е поминат само еден тендер, и тоа 2019-та, т.е. пред две години, преку Министерство за економија, на кој беа објавени 35 MW, 25 во Свети Николе и 10 MW во регионот на Македонски Брод. Тука не би требало да ги заборавиме и планираните (најавени) инвестиции на АД ЕСМ од 200 MW во фотоволтаични централи на нивни локации. За да може да се развива и да се искористи потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, државата, мора да ги детектира локациите на кои може да се изградат овие потенцијали и да обезбеди евтини приклучоци за потенцијалните инвеститори. Без оваа поддршка од страна на државата не е можна поголема пенетрација на ОИЕ и искористување на потенцијалот со кој што како држава располагаме. Затоа може да се каже, дека главниот предизвик се локациите, т.е. евтините приклучоци и менаџирање со административната инертност. Освен инвестирање во нова мрежа, неопходно е да се потенцира и потребата од одржување, реконструкција и ревитализација на постојните далекуводи, изградба на нови далекуводи и воведување на смарт технологија, како на преносната така и на дистрибутивната мрежа. Затоа што ако се менаџира паметно, оваа енергетска транзиција, ќе обезбеди значителен број на „зелени“ работни места. Синергијата на државата и приватниот капитал е и тоа како потребна, затоа што придобивките од инвестициите ќе бидат огромни, не само во финансиски аспект, туку и во квалитетот на животот на оваа наша убава сина планета. Кога ја играте играта на тронови, победувате, или умирате! – Серси Ланистер. nnn

Благојче Котески магистер по енергетско машинство

Соларната енергија, засега добро ја води играта за тронот за лидер во сегментот обновлива енергија. Децата на сонцето, во оваа битка за тронот, се сојузници со забележителни поместувања на своите сили, но сепак доста далеку од тоа што може да го направат. Новиот Закон за енергетика, обезбеди можности за инвестиција и раст на овој сегмент. Но, засега само срамежливо може да кажеме, дека во овој енергетски сектор почнуваме да го следиме светскиот тренд на експоненцијална крива.


АПР. 2021

42 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА ЕДНА ФАМИЛИЈАРНА ВЛАСТ Оваа серија би ја поделил на две теми: едната тема е политичка, и тема која ме опседнува со години, ама на самото драмско остварување јас сум воодушевен. Исто така мислам дека ова е ужасно важна серија. Серијата „во првите денови“ на пост - октомвриската влада на Зоран Ѓинѓиќ, многу јасно не враќа назад за да ги видиме причините. И ако сме политички консеквентни да мислиме, ќе видиме зошто немаше „шести октомври“. „Каде бевте сите, маму вам јебем“, што би рекол Слобо во серијата.

В

о оваа прилика ќе пишувам за српската мини серијата „Фамилија“ (2021), која е снимена во пет продолженија, а режијата е на Бојан Вулетиќ. Ја погледав на интернет уште пред да ја погледа „генералната публика“. Серијата „Фамилија“ е феноменална српска серија на многу нивоа. И едвај чекав да почне следната епизода во која ќе можам да го погледам продолжението. Има серии за кои одлучувам дека најпрво ќе ги гледам, а ако ме инспирираат, можам и’ да ги „рецензирам“. А оваа серија напросто „те влече да цркнеш“ во желба како ќе заврши. Притоа, сакам бескрајно да се заблагодарам на „Фајерфлај“ (Firefly) продукција која ни прикажа одлична серија. И мислам дека оваа серија е важна во драмска и во политичка смисла. Имено, оваа серија би ја поделил на две

теми: едната тема е политичка, и тема која ме опседнува со години, ама на самото драмско остварување јас сум воодушевен. Исто така мислам дека ова е ужасно важна серија. Серијата „во првите денови“ на пост - октомвриската влада на Зоран Ѓинѓиќ, многу јасно не враќа назад за да ги видиме причините. И ако сме политички консекветни да мислиме, ќе видиме зошто немаше „шести октомври“. „Каде бевте сите, маму вам јебем“, што би рекол Слобо во серијата. А од друга страна, Михиз вели: добра претстава има илјадници мани, а лоша само една“. Оваа дефиниција важи и за серијата „Фамилија“. Суштински кога ја гледам целата слика, па и другите коментари и критики кои ги читам, се движат од „ау, па оваа серија го ‘хуманизира’ Милошевиќ, или „ова е некритичко мислење за Милошевиќ“... Да не заборавиме еден детаљ: сите тие луѓе, на самиот ден кога Милошевиќ

беше апсен, беа против Зоран Ѓинѓиќ, беа против Чедомир Јовановиќ и нивната политика која потоа, монструозно, беше убиена во 2003 година. Поради сите такви луѓе кои хорски пееја за демократија, за владеење на право, изворно и денденешен се во српската политика, па логично би се поставило прашањето: каде бевте тогаш сите вие кои сте денес тука?

Српска „грчка трагедија“

Серијата „Фамилија“ е класично грчка трагедија: во серијата немате антихерој, туку имате еден човек „по средина“, кого не можеш да го фатиш веднаш. Аристотел велеше: ако злосторникот падне, што тогаш? Во оваа серија имаме особини, имаме „хибрис“: кај Милошевиќ имаме човечки особини на Ричард Трети. И кога вие гледате од првата епизода, кога ги гледате оние воведни монтажни секвенци кои се документарни, сфаќате на почетокот на серијата дека сите го


43

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

сакаат Милошевиќ. „Газиместан“, „Слобо ми те волимо“, а Слобо вели – „ќе победиме“. На тој митинг, имало 2 милиони луѓе; па имате, „се здружија странските непријатели и домашните предавници“. Тогаш Милошевиќ – а тоа малку луѓе го забележуваат – го воведува наративот „петоколонаши“; тоа значи дека „домашните предавници“ се чадор, сврзно ткиво за странците. Оттука кога ќе слушнете како некој извикува „Петтоколонашка багра“, знајте дека тоа ви го инсталира Милошевиќ. Во тој момент, сите оние кои се против Милошевиќ „се обележани“, а масата вреска „Слобо Србине“, а тој, пак, вреска, „Да живее единствена социјалистичка република Србија“. И вие тука гледате колку него народот го обожува, и одиш така низ серијата „по ред“, лист-по-лист, доаѓаш до тој злобник во таа вила „Мир“. Е, сега, тој злобник не се родил, него времето го направило, а тој го искористил тоа време; и сите оние кои денес коментираат, не сфаќаат дека сите имаат подеднаква вина, оти Милошевиќ немаше да биде возможен ако на „Газиместан“ не постоеја тие 2 милиони луѓе. Го сакаа, го гласаа. И нема што тука сега да се фемкаме. Милошевиќ не беше Хитлер, тоа беше многу компликувана појава која Србија го изнедри во тој временски период, и кога денес луѓето го коментираат Милошевиќ велат, „ние немаме ништо со тоа“. Серијата цело време е мачна, без разлика што може да ве насмее, серијата е мачна. Од друга страна, гледачот има можност фамилијата Милошевиќ да ја запознае феноменално. Можеш да ја запознаеш нивната динамика, сосема е неважно дали таа е реална, ама сепак, ти (како гледач) потполно ги запознаваш. Ги запознаваш сите нивни фази, ја запознаваш Мира Марковиќ, ја запознаваш Марија Милошевиќ, и ти го запознаваш Слободан Милошевиќ, всушност, ти ја запознаваш Србија во тие неколку денови.

Зошто барање на контекст?

Милошевиќ го затекнуваме мирно, тој живее во вилата „Мир“ која е под надлежност на Воислав Коштуница. Самото качување на власт во деведесеттите, ние имаме можност драматуршки да го видиме симнувањето од власт. Феноменалното во серијата е што нема контекст од типот: тој е крив за ова; тој е крив за она. Ако после дваесет години, денес се бориш со истите проблеми, не го познаваш контекстот, тогаш се работи за потполно безнадежни и

Ненад Јовановиќ

граѓански активист

Серијата „Фамилија“ е класично грчка трагедија: во серијата немате антихерој, туку имате еден човек „по средина“, кого не можеш да го фатиш веднаш.

трагикомични луѓе. Тоа е под број еден, под број два, серијата и тоа како дава контекст, со монтажните документаристички секвенци на самиот почеток, се’ ти кажува, на паметен гледач не му треба никаков контекст. За мене беше срамно во коментарите за серијата што луѓето бараа контекст, па нека им е срам, ако веќе заборавиле каква политика Милошевиќ создаде. Мира Марковиќ во серијата вели: „Ех, како убаво си живеевме во 91-ва и 92-та“. На почетокот, кога Слободан Милошевиќ се востоличува на власт, се крие зад Југославија, тврди дека со војна ќе ја чува, за во втората епизода да тврди дека „Југославија е илузија“, се’ пропадна, нема што да чуваме. Па, човеку божји, ти рече дека ќе ја чуваш, ти го растури Вуковар заради тоа, ти ги одведе децата да војуваат затоа што рече дека ќе ја чуваш Југославија. Другата секвенца е: Милошевиќ моќен доаѓа на власт, иако луѓе не сфаќаат дека деца страдале заради „српските знамиња“ (таквите керефеки се иманентни на национализмот), јас не знам што повеќе да ни каже самата серија. Серијата практично ни црта, и тоа на коментаторите не им е доста. Сакаат можеби уште да им се нацрта? Да позборуваме за глумците, не сите, се разбира. Јас мислам дека Борис Исаковиќ (Слободан Милошевиќ) е апсолутно генијален на многу нивоа. Не затоа што „му го скина“ профилот, туку затоа што Исаковиќ му направи на Милошевиќ некаков карактер. Покрај тоа што страшно личи на Милошевиќ, направи лик на еден растурен човек; или со други зборови, Исаковиќ направи еден сериозен и трагичен лик. Визуелно, целата куќа „Мир“ ми беше многу напорна, без ќошиња, целата во круг, па гледаш како Слобо ја буди Мира, па тргнува некој „смол ток“; и тука јасно гледаш дека се работи за страшно површни луѓе, нивните карактери се грозен кич. Од друга страна, невозможно е да не се забележи што всушност Зоран Ѓинѓиќ затекнува. Тој стана премиер два месеци после апсењето на Милошевиќ. Ѓинѓиќ реално нема ништо. Има некоја структура која потполно го поддржуваше Милошевиќ на власт, и апсурдот да биде поголем – со тие луѓе тој треба да ја менува земјата. nnn

(Продолжува во следниот број)

Серијата цело време е мачна, без разлика што може да ве насмее, серијата е мачна. Од друга страна, гледачот има можност фамилијата Милошевиќ да ја запознае феноменално. Можеш да ја запознаеш нивната динамика, сосема е неважно дали таа е реална, ама сепак, ти (како гледач) потполно ги запознаваш. Ги запознаваш сите нивни фази, ја запознаваш Мира Марковиќ, ја запознаваш Марија Милошевиќ, и ти го запознаваш Слободан Милошевиќ, всушност, ти ја запознаваш Србија во тие неколку денови.


АПР. 2021

44 PROFILE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЈАНЕЗ ЈАНША ПРЕМИЕР НА СЛОВЕНИЈА

ОД ДИСИДЕНТ ДО НАЦИОНАЛИСТ Додека се чекаат официјални вести за развојот на настаните поврзани со влегување во трага на „нон –пејперот“ (за прекројување на границите на Балканот преку распад на БиХ) или пак на лагите за неговото постоење, се чини дека моментот е идеален за да ги потсетиме нашите читатели, за ликот и делото на Јанез Јанша – човекот што се најде во средината на овој скандал, еден од највпечатливите лидери на политичките сили во Европа водени од ѕвездата на конзервативизмот и екстремните десни идеи.


45

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099


АПР. 2021

46 PROFILE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

И

ма или нема нон-пејпер на којшто словенечкиот премиер Јанез Јанша се има „заиграно“ со прекројување на државни граници низ Балканот преку распад на Босна и Херцеговина и дали ако овој скандалозен документ постои негов автор е навистина словенечкиот премиер!? Оваа тема или подобро прашање што изминативе две недели стана апсолутен фокус низ целиот регион собра низа потврди и деманти – едни велат дека тој документ е измислица, а други дека го виделе со свои очи, но и дека постои уште многу од поодамна. Европската Унија до затворањето на овој број на „Капитал“ нема официјален коментар, имајќи предвид дека во дипломатијата никогаш не се потврдува постоењето на нон-пејпер (таков е и самиот збор). Море на новинари, истражувачи, аналитичари и политичари се впуштија во анализи и погодувања – дали ова парче хартија постои и ако да, од кога е и кога било доставено до Европскиот совет. Сериозни аналитичари, особено после неколку деманти од самиот Јанша пренесени низ медиумите како разговори со власта во Сараево, велат дека целата конфузија и скандал е предизвикана не со цел вистинска промена на границите и цртање на нови карти, туку политичка дестабилизација на регионот и нанесување на штета на процесите на европска интеграција. И додека се чекаат официјални вести за развојот на настаните поврзани со влегување во трага на „нон –пејперот“ или лагите за неговото постоење, се чини дека моментот е идеален за да ги потсетиме нашите читатели, за ликот и делото на Јанез Јанша – човекот што се најде во средината на овој скандал, еден од највпечатливите лидери на политичките сили во Европа водени од ѕвездата на конзервативизмот и екстремните десни идеи.

Кој е Јанез Јанша?

Единствениот лик од ерата на битката за словенечката независност, кој сè уште е активен во националната политика, Јанез Јанша го помина најголемиот дел од својата кариера менувајќи страни - од власт во опозиција и обратно. Поседувајќи моќна харизма, 61-годишникот е олицетворение на идеолошката поделба во земјата. Едната страна го гледа како жртва на системот што сè уште го водат поранешните комунистички елити, додека другата го доживува како корумпиран и опасен демагог. Неговото име отсекогаш се поврзуваше со политички скандали, од удари кон демократските нишани на Републиката и газење кон човековите и граѓански слободи, па сè до обвинувања за милионски проневери и злоупотреби на државната каса. Роден во Љубљана на 17 септември 1958 година, Јанша дипломира на студии за одбрана во 1982 година и се вработува во секретаријатот за одбрана, министерството за одбрана во познатата комунистичка ера. Во осумдесеттите години од минатиот век тој напиша серија написи критички настроени кон режимот, многу од нив

за тогаш многу актуелниот неделник „Младина“. Во мај 1988 година тој беше уапсен од тајната полиција откако „Младина“ објави препис од состанокот на кој југословенското комунистичко раководство разговараше за апсења на проблематични членови на прогресивната асоцијација на социјалистичката младина (ЗСМС), чиј член беше токму Јанша. Заедно со двајца негови колеги и еден вработен во армијата, тој беше обвинет за објавување на воена тајна и осуден на затвор од воениот суд. Апсењето и судењето предизвикаа масовни протести коишто всушност дејствуваа како катализатор за демократското движење што на крајот доведе до независност на Словенија во 1991 година. На првите повеќепартиски избори во 1990 година, Јанша беше избран за пратеник и стана министер за одбрана во владата изградена од ДЕМОС, коалиција формирана од партии кои се спротивставуваат на комунистичкиот режим. Под негово водство, Словенија воспостави одбранбен систем што овозможи земјата да се избори со агресијата од југословенската армија и да прогласи независност во јуни 1991 година. Јанша беше соборен од функцијата министер за одбрана во 1994 година, поради обвинението дека има овластено специјална армиска единица за напад врз цивили, осомничен за откривање на доверливи воени информации во полиција. Тој повторно ја извршуваше функцијата министер за одбрана под централнодесничарската влада на Андреј Бајук за време на нејзиното шестмесечно владеење во 2000 година. Јанша служеше само еден целосен мандат како премиер, но сепак неговата коалициска влада од 2004 до 2008 година е единствената во Словенија која го отслужила целиот мандат без губење или додавање на нови коалициски партнери. Како премиер тој претседаваше со Советот на ЕУ кога Словенија го имаше ротирачкото претседателство на блокот во првата половина на 2008 година како прв новодојденец што го стори тоа.

Голем фан на Трамп

Неговата партија се врати во опозиција по изборите во 2008 година, по обвинувањата дека Јанша земал мито во договор тежок 278 милиони евра со финскиот изведувач Патриа во 2006 година. Судењето за случајот, кое неговите приврзаници го протолкуваа како повторување на ревијалното судење во 1988 година, започна во септември 2011 година, три месеци пред првите предвремени избори во земјата. Неговата партија беше втора и покрај тоа што беше фаворизирана за победа, но Јанша продолжи да гради коалициска влада откако градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ не успеа, и покрај тоа што неговата партија се појави како изненадувачки победник. Само по една година од терминот, обележан со штедење и масовни антивладини протести, Јанша изгуби гласање на доверба во врска со извештајот за мито, според којшто Јанша се смета за неодговорен во трошењето на јавните пари. Додека Аленка Братушек ја преземаше функцијата, Јанша

АНУШКА ДЕЛИЌ

Новинарката Анушка Делиќ, главен уредник на „Остро“

Кога Јанша ја поздрави победата на Трамп не бевме изненадени, се разбира дека еден „фејк њуз“ премиер ќе честита „фејк њуз“ победа. Таа додава дека низ работата на „Остро“ излегуваат податоци дека сите медиуми контролирани од силите на Јанша се најголем извор на дезинформации и пропаганда во Словенија. Има симбиоза помеѓу политиките и целите на партијата и содржините објавувани во тие медиуми, вели таа. Треба да се спомене дека во 2015 неговата партија си отвори телевизија „Нова 24 ТВ“ чие мото е „Први во служба на вистината“, но овој медиум според FP е всушност во служба на политиките против Муслиманите, бегалците и ЛГБТ заедницата, целосно на линија со крајно десничарските идеи.

Н

ема никаков нон –пејпер од Јанша. Зборував со него, самиот ми кажа. Исто ми кажа дека не тој, туку Заев заедно со европратениците Пицула и Фајон создале сличен нон пејпер“ кажа лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, само ден пред албанскиот премиер Еди Рама да посведочи дека лично го видел документот. „Разговарав со Јанша уште одамна. Го видов и овој документ што излезе“ вели Рама со што станува јасно дека Јанша мора некого да има излажано – или лидерот на македонската опозиција или премиерот на Албанија. Во меѓувреме, со остар демант се јави Пицула згрозен од како што вели„обидот на Мицкоски да го внесе во валкани игри, неговото навредливо однесување, но и тезите што се на линија со Будимпешта, каде што Груевски избега од кривичен прогон


47

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

На надворешнополитички план Јанша се ориентира во насока на Орбанова Унгарија, чиј премиер во последно време настојува да исплете цврста и влијателна мрежа во регионот. Орбановиот Фидес негува добри односи со националистите во Северна Македонија, а настојува да и’ се приближи што повеќе и на сè поавтократската Србија. Со Оливер Вархеји како нов еврокомесар за проширување, положбата на Будимпешта во регионот е зајакната.

КОГО ИЗЛАЖАЛ ЈАНША РАМА ИЛИ МИЦКОСКИ?


АПР. 2021

48 PROFILE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

Јанша важи за исклучително, честопати и неверојатно безобразен кон медиумите, се разбира кон оние кои не ги величаат неговите лик и дела. И додека за неговиот однос кон сериозните медиуми добива постојани критики од професионалните новинарски организации и меѓународните институции што ја следат слободата на говор, тој ја обожува социјалната мрежа Твитер каде е исклучително популарен меѓу своите поддржувачи, а се прославува честопати и со фрапантни десничарски ставови, дури и со теории на заговор. Прекарот му е „Маршал Твито“ продолжи да биде суден во судскиот процес Патрија. Тој започна да ја издржува својата двегодишна затворска казна непосредно пред предвремените избори во 2014 година. Повторно, СДС беше втор со 21% од гласовите. Јанша помина 176 дена во затвор пред Уставниот суд да нареди негово ослободување и на крајот да ги укине пресудите во 2015 година. Сепак, предметот стана застарен пред да дочека повторно судење. Времето на одржување на клучните настани поврзани со судењето ги натера Јанша и неговата партија да покренат тужби за отштета против државата тврдејќи дека двапати им била украдена изборната победа. Со текот на годините, Јанша и неговата партија се придвижуваа понатаму надесно од политичкиот спектар, усвојувајќи нативистичка агенда (политичка реторика со којашто се пропагира интересот првенствено на домицилните жители наспроти оној на имигрантите и сл., н.з.) од типот застапуван од Виктор Орбан во Унгарија и Доналд Трамп во САД. Оттурнати од неговата тврда реторика и идеолошки разлики, многумина од неговите поранешни приврзаници го напуштија и малку политички партии. Јанша не е почитуван од мејнстрим медиумите, а тој пак нив ги презира. Како и Трамп, тој претпочита да го користи Твитер за да комуницира со јавноста и со неговите над 50.000 следбеници. Јанша важеше за еден од главните „фанови“ на Трамп со теза дека неговата победа во САД е доказ дека светот се движи во нови правци. „Доналд Трамп победи против корпорациите, против режимските медиуми кои беа 90% во корист на неговиот ривал”, рече тој, кога Трамп победи. На последните американски избори ќе остане запаметен твитот во којшто Јанша упорно му честита „победа“ на Трамп додека целиот свет веќе знаеше дека САД добиваат нов претседател. Јанша има напишано неколку книги, вклучително Премики (1992 година, преведен на англиски јазик под наслов „Изработката на словенечката држава“) и „Окопи“ (1994 година, „Барикади“), во кои ги нуди своите ставови за проблемите на преминот на Словенија од комунизмот кон парламентарна демократија. Тој исто така напиша историски роман

наречен „Бел пантер“ во кој ги истражува етничките потекла на словенечката нација во Кралството Норик – или Норикум, латинското име за келтското кралство што се простирало пред нашата ера на територијата на денешна Австрија и на дел од Словенија . Јанша е оженет за 20 години помладата лекарка Уршка Башовник. Двајцата се страствени љубители на алпско искачување, имаат две мали момчиња. Тој исто така има и пораснати син и ќерка од претходната врска.

Каде оди Словенија под палката на Јанша?

Наскоро ќе бидеме најдобри во борбата против короната“, порача преку Твитер новинарката Евгенија Карл откако Јанша повторно седна на премиерската фотелја. Карл продолжува во ист, саркастичен тон: „99,9 отсто од населението ја поддржува владата. Стануваме втора Швајцарија, без корупција, без невработеност.“ Повод за тој твит не беа големите очекувања од новата словенечка влада, туку фактот дека владата на Јанша со кадровски промени во Државниот завод за статистика очигледно сака да создаде изгледи не само за една нова и убава Словенија, туку и на нова, убава статистика. Јанез Јанша е на власт нешто повеќе од година. Ја презеде точно на почетокот на корона-рестрикциите. Истиот ден, во некаков вид словенечка верзија на „Ноќ на долгите ножеви“, паднаа „глави“ во армијата, полицијата и воената тајна служба. Следеа и други државни службеници на највисоки позиции. Но, најважното поле на некогашниот новинар Јанша се - медиумите. Норберт Мапес-Нидик во анализа за Дојче Веле пишува дека кога медиумите открија дека новиот министер за здравство Здравко Почивалшек во текот на набавката на заштитните маски му дал предност на „пријателско“ претпријатие, Јанша веднаш започна војна со удари против „предавниците на татковината“, „југофилите“, „комунистите„ и „Удба-мафијата“,типично однесување за тој тип на владетели кога се соочуваат со обвинувања за корупција. Како изгледаат тие удари на сопствена кожа своевремено искуси токму и новинарката на словенечката телевизија Евгенија Карл,

која од страна на Јанша во една прилика беше наречена „курва која наплаќа 30 до 35 евра“. Фрапантно е што премиерот тоа смее да го прави и во иднина - словенечкиот Врховен суд заклучи дека новинарите мора да истрпат такви навреди упатени од страна на политичарите. Таков неумерен тон ја следи словенечката политика од самите почетоци. Независноста во 1991 година ја изборија комунистичкиот и антикомунистичкиот табор, но наскоро следеше раскол - поради тоа што комунистите останаа на власт, антикомунистичкото малцинство се чувствуваше изиграно. Тонот се заоструваше со секој изборен пораз кој опозицијата го доживуваше од комунистите. Првиот претседател на Словенија, Милан Кучан, наеднаш во очите на опозицијата стана „сталинист“ и беше споредуван со Слободан Милошевиќ, иако токму тој беше еден од оние кои му се спротивставија на белградскиот диктатор, со што и започна процесот на распаѓање на Југославија. Словенечката комунистичка партија под водство на Кучан беше и таа која не прогонуваше дисиденти и ги штитеше од прогон. Главната кавга помеѓу двата табора се води, слично како и во Хрватска, околу Втората светска војна. Левите и леволибералните политички сили кои произлегоа од комунистичкото движење, се трудат да одржат позитивно сеќавање на партизанското движење. За нив Југославија беше преодна фаза на патот кон независност на Словенија. Десницата се повикува на словенечките домобрани кои соработувале со италијанските и германските окупатори. Во јавниот дискурс доминира борбата околу спомениците, масовните гробници и почесните водови. Економските контроверзии околу приватизацијата и странските инвестиции тука играат неважна улога. Словенија од сите поранешни комунистички држави што пристапија во ЕУ во 2004 година имаше примања најблиски до просекот во ЕУ.

Како дисидентот и борец против комунизмот стана ксенофоб и националист

Јанез Јанша,кој во 1980-те како новинар на „Младина“ важеше за главен словенечки дисидент, кој поради својата работа заврши и


49

АПР. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

АЛЈАЖ ПЕНГОВ БИТЕНЦ Во изјава за „Foreign Policy” словенечкиот аналитичар Алјаж Пенгов Битенц вели дека Јанша е опкружен со таканаречени „’да’ соработници“ – луѓе кои постојано се согласуваат со неговите идеи и немаат храброст да му се спротивстават.

во затвор, по прогласувањето на независноста се разви во лидер на десницата, а неговата партија, која на почетокот се нарекуваше социјалдемократска, стана собиралиште на националистите. Неговата Словенечка демократска партија (СДС) никогаш не освои повеќе од 30% на изборите. Од другата страна на политичкиот спектар, левицата постојано произведуваше нови партии и лидери кои потоа исчезнуваа по само еден изборен период. Јанша во 2004 и 2012 година доаѓаше на власт само кога во лево-либералниот табор толку многу ќе се испокараа, што не беа во состојба да формираат влада. Причина за кавгите најчесто беа обвинувањата за корупција. Но, и таборот на Јанша често влегува во корупциски афери. По безбројните превирања, левицата и либералите се додуша и натаму силни, но мнозинството, како што смета мариборскиот политиколог Борис Везјак, станува се’ понесигурно. По изборите во 2018 година на уште еден политичар од левичарскиот табор, на актерот Марјан Шарец, му појде од рака да формира малцинска влада, но таа, по бројни кавги, се распадна на почетокот на 2020. На почетокот на март Јанша успеа

Единствениот лик од ерата на битката за словенечката независност, кој сè уште е активен во националната политика, Јанез Јанша го помина најголемиот дел од својата кариера менувајќи страни - од власт во опозиција и обратно. Од почетокот на кариерата, како вработен во тогашниот социјалистички Секретаријат за одбрана, скандалот со „Младина“ и апсењето од комунистичката власт, преку неговата улога во осамостојувањето на Словенија и

да собере парламентарно мнозинство со шарена коалиција - освен неговата СДС, тука се и католичката Нова Словенија, Партијата на пензионерите, на чие чело е 48-годишната (!) Александра Пивец, како и остатоците од некогашната владејачка партија на поранешниот премиер Миро Церар. По бегалската криза во 2015 година, тирадите на Јанша против странците, хомосексуалците и ЕУ наидуваат на се’ помалку критики и во левичарскиот табор, кој се’ уште има најмногу приврзаници меѓу Словенците. На надворешнополитички план Јанша се ориентира во насока на Орбанова Унгарија, чиј премиер во последно време настојува да исплете цврста и влијателна мрежа во регионот. Орбановиот Фидес негува добри односи со националистите во Северна Македонија, а настојува да и’ се приближи што повеќе и на се’ поавтократската Србија. Со Оливер Вархеји како нов еврокомесар за проширување, положбата на Будимпешта во регионот е зајакната. Тоа би можело да се почувствува за некој месец, веројатно и кај нас, кога Словенија, како прва земја со влада од орбитата на Виктор Орбан, на први јули ќе го преземе претседавањето со Европската унија. nnn

формирањето на сопствена одбрана, конфликтите со некогаш шефот, а потоа противник Милан Кучан (на фотосот со Јанша некаде во 1990 година), па сè до новото време од 2000 наваму, Јанша е олицетворение на идеолошката поделба во земјата. Едната страна го гледа како жртва на системот што сè уште го водат поранешните комунистички елити, додека другата го доживува како корумпиран и опасен демагог.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.