ИНФОРМАТОР БР.3 / 2014

Page 76

Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

БРИШЕЊЕ ОД ТРГОВСКИОТ РЕГИСТАР ПОРАДИ НЕПОДНЕСУВАЊЕ НА ГС И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕАКТИВНОСТ ДО КРАЈОТ НА ТЕКОВНАТА ГОДИНА - се утврдува дека трговци-поединци и трговски друштва кои не доставиле годишна сметка и писмено известување дека не биле активни за последната деловната година до последниот работен ден од тековната година, се бришат од един-ствениот трговски регистар на начин и постапка определени со ЗТД (нов став 12). ТРГОВЦИТЕ КОИ НЕМА ДА ПОДНЕСАТ ГС/ ФИ ВО ЗАКОНСКИОТ РОК, ДОЛЖНИ СЕ ДА ГИ ДОСТАВАТ СО ПРЕТХОДНО ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НАЈДОЦНА ДО 31 ДЕКЕМВРИ

76

- се утврдува дека трговците-поединци или трговските друштва кои нема да поднесат годишна сметка и финансиски извештаи во законски утврдениот рок, се должни до ЦРМ да достават годишна сметка и финансиски извештаи со претходно извршена ревизија од овластен ревизор, најдоцна до 31 декември во тековната година (нов став 15).

7. Субјекти за кои УЈП ќе утврди дека не ги исполнуваат условите за неактивни субјекти се задолжуваат за деловната година повторно да достават ГИ/ФИ до ЦРМ со претходно извршена ревизија Во членот 477-а од ЗТД кој ја уредува постапката на утврдување на статус на неактивен субјект, со неколку нови реше-нија се врши доуредување на оваа постапка во делот на ингеренциите на Управата за јавни приходи (УЈП) и обврските за субјектите за кои ќе се утврди дека не ги исполнуваат условите за неактивни субјекти. Потсетуваме дека овој член е дел од измената на ЗТД (166/12, во примена од 1 јануари 2013 година) и ја уредува координираната акција меѓу ЦРМ и УЈП www.p

во постапка на утврдување на статус на неактивен субјект, на следниот начин: ЦРМ електронски ја известува УЈП за секој субјект за кој утврдил дека ги исполнува условите од членот 477 став 10 од ЗТД (н.з. за субјект кој поднел годишна сметка и писмено известување дека не бил активен). УЈП поведува постапка на утврдување на статус на неактивен субјект за наведните субјекти (субјекти од член 477 ставови 9 и 10) за кои е известана од ЦРМ. Во постапката УЈП, според член 477-а став 2 утврдува дали во периодот за кој не била поднесена годишна сметка и финансиски извештаи,* субјектот: а) реализирал трансакции по кој било основ преку трансакциската сметка отворена кај носител на платен промет (вклучително и ако е остварен само прилив на средства) или б) на друг начин располагал со своите средства и имот што УЈП го утврдила при вршење на работите од нејзиниот делокруг на надлежност. * Напомена:

Законската формулација дека: „УЈП утврдува дали во периодот за кој не била поднесена годишна сметка и финансиски извештаи субјектот...“ бил активен од член 477-а став 2, според мислењето на авторот на овој текст, би требало да претрпи измена и да се усогласи со предметот на уредување на овој член, а тоа е утврдување на статус на неактивен субјект за субјектите од член 477 став 10 од ЗТД т.е. за трговци-поединци и трговски друштва кои не вршеле никаква трговска дејност и поради тоа поднеле изјава за неактивност.* Потврда за ваквиот став произлегува и од новиот член 552-б кој утврдува дека недоставување на годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година е причина за бришење на тговецот.* Во случај кога кај субјектот како должник постои одлив на средства или пренос

roagens.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.