ИНФОРМАТОР БР.1 / 2014

Page 1


2014

INFORMATOR

www.proagens.mk

1

Januari

2014


2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS

Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 08.01.2014 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:

Informacija:

M-r Pavle GACOV

Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.

Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik

Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:

D-r Zoran MINOVSKI

D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


1 S O D R @ I N A: ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 1) НАЈНОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

5

ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

www.proagens.mk

2) ШТО ДОНЕСУВА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

16

ДАНОЧНА ПОСТАПКА 3) НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАПЛАТА НА ДАНОЧЕН ДОЛГ

22

РАБОТНИ ОДНОСИ 4) НОВИНИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

30

ДАНОЦИ НА ИМОТ 5) ПРОМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

33

ДДВ 6) ИНФО ПО ПРЕДЛОГ - ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

35

ТРГОВСКО ПРАВО 7) НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОЈАСНУВАЊЕ

37

ФИСКАЛИЗАЦИЈА 8) ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА

38

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 9) ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2014-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

41

ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ 10) НОВО УПАТСТВО ЗА ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

45

ИНФОРМАЦИЈА 11) ИЗМЕНИ ВО ЦАРИНСКИОТ ЗАКОН

57


S O D R @ I N A:

1

ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2013-ТА ГОДИНА 12) ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2013-та ГОДИНА

62

ПОПИС 13) ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

67

РЕФЕРЕНТНА И КАЗНЕНА КАМАТА 14) НАМАЛУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА НБРМ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ЗА ПЕРИОДОТ: 1 ЈАНУАРИ - 30 ЈУНИ 2014 ГОДИНА

76

ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА 15) ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2014 ГОДИНА И ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА

79

ИНФОРМАЦИИ - ИЗМЕНЕТИ ПРОПИСИ 16) ДНЕВНИЦИТЕ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО СЕ ПРЕСМЕТУВААТ НА ИСТИОТ НАЧИН ДО КРАЈОТ НА 2014 ГОДИНА

84

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 17) ДОНЕСЕН НОВ ПРАВИЛНИК И ИЗМЕНЕТИ ЧЕТИРИ ПРАВИЛНИЦИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4 5 6

И

Т ЗА БУЏЕ

86

4

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИТОЛА, х. МИЛЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

НАЈНОВИ Измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход

П

М-р Павле ГАЦОВ *

осле подолго време Законот за персоналниот данок на доход е предмет на посериозно изменување и дополнување. Од донесувањето на основниот текст на Законот објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 80/93, последното објавено во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13, од 30.12.2013 година е 20-то по ред негово новелирање. Ако кон основниот текст и 20-те новелирања на Законот ја додадеме единствената исправка и 3-те укинувачки одлуки на Уставниот суд на РМ ќе добиеме вкупно 25 службени објави (за период од 20 години) со кои се уредува оданочувањето на персоналниот доход на граѓаните. Последната измена и дополнување на Законот за персонален данок на доход, објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13 и истата е во сила од 7 јануари 2014 година, а ќе се применува ретроактивно од 1 јануари 2014 година. Во продолжение ќе се осврнеме на најновите измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход.

1. Доуредување на даночните ослободувања (член 6 на ЗПДД) Даночните ослободувања на персоналниот данок на доход се уредени во членот 6 на Законот. Со последните измени и дополнувања, извршени се извесни прецизирања на веќе постојни ослободувања, со исклучување на одредени примања од овој повластен режим и воведување на други во категоријата на ослободени од данок примања. Во продолжение ќе ги искоментираме по ред.

1.1. Д аночно ослободување за организираниот превоз до и од работа и исхраната за време на работа Организирана исхрана за време на работа Во дефинираните ослободување од персонален данок на доход се вклучува и (нова точка 6-б од ЗПДД): * Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“

p_gacov@proagens.com.mk

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

- о рганизираниот превоз до и од работа, како и исхраната за време на работа утврдени со закон, општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.

5


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Дефиниции во Колективните договори Според членот 35 став 4 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството: „Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Трошоците за исхрана може да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.“ Според членот 21, став 1 алинеја 1 и 2 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија: „Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа утврдени со закон и тоа:

6

- з а исхрана, доколку исхраната не е организирана; - н а трошоци за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци.“ Со додавањето на оваа нова точка (6б) во ослободувањата од данок на доход (член 6 од ЗПДД) се задржува правната логика и се констатира признат факт, дека организираниот превоз до/од работа и исхраната за време на работа не претставува примање за работникот туку трошок на работодавачот. Дефиниции во прописите за данокот на добивка Во продолжение потсетуваме на дефинициите на овие две трошковни категории дадени во прописите за данокот на добивка. Логична е претпоставката дека е потребно исполнување на истите предуслови за превозот и исхраната да имаат неоданочив третман и кога се работи за персоналниот данок на доход.

02/ 3162-979 i 3298-763

www.p

Напомена:

Согласно со членот 11 став 1 точка 3 од Законот за данокот на добивка (ЗДД), повисоките трошоци од пропишаните со ЗДД за организирана исхрана и превоз на вработените се оданочиви. Оданочив е делот на трошоците за организирана исхрана на вработените исплатени над износите утврдени со закон (според ЗРО - 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година: 4.180 денари за 2013 г.; согласно со Соопштението на ДЗС, бр. 4.1.13.15 од 27.2.2013 г., 20% x 20.902 денари = 4.180 денари). Внимавај:

Во Законот за данокот на добивка се користи терминот “исплатени” трошоци за организирана исхрана, иако не станува збор за можноста за парична исплата на трошокот за исхрана во корист на вработените, туку за искажување на ваквиот трошок кај даночниот обврзник - работодавач. Дефиниција според Правилникот за ДД: Организирана исхрана подразбира постоење на организациона единица во рамките на деловниот процес на работодавачот, во која на организиран начин работодавачот самостојно или со посредство на други компании врз основа на склучен договор за приготвување и дистрибуција на топол оброк (!?) им обезбедува исхрана на вработените. Организираната исхрана може да се јави кога местоположбата на извршувањето на работите и работните задачи кај работодавачот (фабрика, истурена градежна и др. оператива, рудник и сл.) или природата на работењето не им овозможува на вработените лица да се обезбедат со храна на друг начин. Пример:

Даночниот обврзник за своите 97 работници (бројот на работници претставува просек на работниците присутни на работа;

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

од пресметката се исклучуваат отсутните работници - боледување, службен пат и сл.) за месец декември 2013 година (22 работни дена), искажал трошок за ис-

 

храна во сопствената менза во вкупен износ од 428.626. Признаениот трошок за даночни цели изнесува 4.180 денари по работник месечно.

П р е с м е т к а: - Д аночно признаен трошок за организирана исхрана за 97 работници за месец декември 2013 година (4.180 х 97)

405.460

- В ишок над даночно признаениот расход за месец декември 2013 година (428.626 - 405.460)

23.166

- П ерсонален данок на доход (23.166 х 11,1111%)

2.574

431.200

- О даночив расход за месец декември 2013 година (431.200 - 405.460)

25.740

- В купен расход за организирана исхрана (428.626 + 2.574)

оради потребата персоналниот данок П на доход да се пресмета и плати за сите 97 вработени поединечно, демотивирачки е да се пробие максималниот износ за даночно признаени трошоци за организирана исхрана пред се заради администрирањето со персоналниот данок на доход. Дилема:

Дали се смета за организирана исхрана, користењето на сендвичи и друга храна од угостителски објекти кои разнесуваат храна за вработените во фирмата и истата ја фактурираат? Ваквата форма на исхрана не може да се смета за организирана исхрана за даночни цели, затоа што не се исполнети условите дефинирани со прописите за данокот на добивка (постоење на организациона единица - читај ПОДРУЖНИЦА, како и постоењето на фабрика, истурена градежна и др. оператива, рудник и сл).

рганизиран превоз на вработените О до / од работа Согласно со колективните договори и прописите за данокот на добивка, трошоците за превоз на вработените до /од работа се признаваат во висина на стварните трошоци во јавниот собраќај. INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

Дефиниција според Правилникот за ДД: Организиран превоз подразбира посебен линиски превоз само на определена група на патници со исклучување на други патници. Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на работници од дома до местото на работа и обратно, врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу правно лице кое го нарачува превозот и превозникот во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај. Напомена:

Доколку не се исполнети условите превозот да се смета за организиран за даночни цели, истиот ќе биде вклучен во режимот за оданочување со персонален данок на доход и ќе има третман на даночно непризнаен расход. Обрнуваме внимание дека ваквата опција не треба да се злоупотребува заради можноста истата да се препознае како скриена исплата на плата (која се оданочува и со сите социјални придонеси).

7


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

1.2. П рецизирање на дефиницијата за даночниот третман на надоместок на штета од осигурување Со новото решение, покрај надоместокот на штета од животното осигурување и имотното осигурување, извршен е опфат и на надоместокот на штета од целокупното неживотно осигурување (имотното осигурување е дел од групата неживотно осигрување), во категоријата на даночно ослободени примања. Напоменуваме дека класите на осигурување се дефинирани во членот 5 од законот за супервизија на осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 27/02, 98/02, 79/07, 88/08, 67/10, 44/11 и 112/11); Одлуки на Уставниот суд на РМ - 84/02, 33/04, 8/08, 56/09, 7/12, 45/12, 60/12, 64/12 и 23/13; Закон за задолжително осигурување во сообраќајот - „Службен весник на РМ“, бр. 88/05).

8

Со новото решение е напуштен режимот на проверување од страна на осигурителното друштво за тоа дали трошоците на осигурувањето паднале на товар на осигуреникот, како услов за даночно ослободување при исплата на штета. Во иднина исплатата на надоместокот на штета по основ на животно и неживотно осигурување е ослободено од оданочување, без оглед на чиј товар паѓаат трошоците за осигурувањето. Всушност дури сега се констатира фактот дека исплатата на надоместокот на штета претставува покривање на настаната загуба, а никако приход за граѓанинот.

1.3. П риходите од продажба на корисен цврст отпад стануваат предмет на оданочување Се брише ослободувањето од оданочување на приходите остварени од продажба на корисен цврст отпад. Со новото решение, откупувачите на корисен цврст отпад под условите утврдени во Законот за управување со отпадот ќе имаат обврска при секоја поединечна исплата во www.p

корист на собирачите на корисен цврст отпад да пресметат, задржат и уплатат данок на доход, да издадат пресметка, потоа на крајот на годината да изготват Збирен податок за секој поединец одделно, како и овие исплати да ги вклучат во Годишниот извештај наменет за даночниот орган. Правни последици од последните измени на Законот за управување со отпад (во сила од 5 ноември 2013 г.). Со последните измени на Законот за управување со отпад се забрани вршење на дејноста трговија со неопасен отпад, освен доколку правното или физичкото лице поседува дозвола за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад. Како исклучок, не е потребно поседување на дозвола за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад, во следниве случаи за: 1) неопасен отпад кој потекнува од сопствено производство, 2) неопасен отпад кој потекнува од оштетена и употребена сопствена опрема и 3) продажба на неопасен отпад од страна на индивидуални собирачи на отпад, доколку купувачите поседуваат дозвола за складирање, третман и/ или преработка на отпад. Обврски на откупувачите на отпад Регистрираните откупувачи на отпад (кои поседуваат склад) се должни да водат евиденција и да го утврдуваат потеклото на примениот или испорачаниот отпад на посебни обрасци за примениот или испорачан отпад, како и да водат евиденција на индивидуалните собирачи на неопасен отпад од кои примиле и откупиле отпад. Ваквата евиденција откупувачите се должни да ја чуваат најмалку пет години. Ако не можат да го утврдат потеклото на примениот или испорачаниот отпад, откупувачите не смеат истиот да го откупат. Начинот на водење на евиденцијата, формата и содржината на обрасците ги пропишува министерот за животната средина.

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

Производите и материјалите што се во општа употреба како што се: метални и електрични делови од железничка опрема; метални делови од електрични водови и далноводи; метални делови и метална жица од воздушни телефонски водови; сите видови шахти, сливници за атмосферска канализација и граничници на шахти; бакарни кабли со висок пресек; алуминиумски кабли; еластични огради - браници за патишта; сите видови на сообраќајни знаци и патокази; громобрани; бисти, споменици и други уметнички и археолошки предмети и делови од нив (букви од натписи и слично) и други производи и материјали со чие оштетување или одземање може да се загрозува животот и здравјето на луѓето, сигурноста на јавниот сообраќај или објекти на јавни инсталации, како и нивното нормално функционирање, откупувачите не смеат да ги откупуваат од индивидуални собирачи. Вршителите на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад, можат само од правни и физички лица, да откупуваат производи и материјали што се во општа употреба, доколку истите презентираат доказ дека производите и материјалите што се во општа употреба се во нивна сопственост.

 

озволите за трговија со неопасен отпад Д издадени согласно со Законот за управување со отпад („Службен весник на РМ”, бр. 68/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11 и 123/12) ќе продолжат да важат до 5 мај 2014 година. По истекот на овој рок, издадените дозволи за трговија со неопасен отпад престануваат да важат. Напомена:

Од 5 ноември 2013 година се укина вредносното ограничување за продажба на неопасен отпад до 30.000 денари по индивидуален собирач на отпад на годишно ниво. Потсетуваме дека извршениот откуп на отпадот задолжително се плаќа на трансакциска сметка на граѓанинот. Како доказ за извршениот откуп, потоа како основ за вршење на исплатата и на крајот како извор за материјална евиденција, откупувачот задолжително треба откупот да го документира преку Дневник за евиденција за постапување со отпад, за кој како инпут треба да се користи кантарна (откупна) белешка.

Пример на откупна белешка

Серија Д 89541

ОТКУПНА БЕЛЕШКА бр. 16/14 Откупувачот на корисен цврст отпад „МН“ потврдува дека од лицето Марин Наумовски со ЕМБГ 1404962468902, адреса на живеалиште ул. „Благоја Стевковски“ бр. 5 село/општина, град: Бардовци - Карпош, Скопје на 22. 02. 2014 година е откупен следниот корисен цврст отпад: Ред. бр. 1 2 ...

Шифра на отпадот (100/05)

Вид на отпадот (Опис) Отпадно железо Ламарина ... ВКУПНО:

Купувач (откупувач): “МН”

Количина на примен отпад 1.870 кг 600 кг ...

Поединечна нето цена 12 7 ...

Вредност 22.440 4.200 ... 26.640

Продавач: Марин Наумовски

Напомена: Продавачот Марин Наумовски е согласен личните податоци да се користат за целите на евиденцијата согласно со Законот за управување со отпад и даночните прописи. Изјавил: Марин Наумовски INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

9


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Откупната белешка претставува основ и за пресметување на персоналниот данок на доход. Пресметка:

денари

Нето износ за исплата на извршениот откупен корисен цврст отпад (Откупна белешка бр. 16/14)

26.640

Персонален данок на доход (26.640 х 11,1111%)

2.960

Вкупен износ (26.640 + 2.960)

29.600

Откупната белешка е документ кој служи како основа за евидентирање на набавените количини: Книжење на извршениот откуп на корисен цврст отпад: Должи 6509

Побарува 2208 23509

О п и с - по откупна белешка бр. 16/14 Вредност на стоките по пресметка на добавувачот Обврски према добавувачи за откупен корисен цврст отпад (Марин Наумовски) Обврски за персонален данок на доход за откупен корисен цврст отпад (Марин Наумовски)

Вредност 29.600 26.640 2.960

Книжење на плаќањето на обврските (кон лицето и за персоналниот данок): Должи

10

Побарува

2208 23509 1000

О п и с - уплата на трансакциска сметка за откуп од физичко лице и платен персонален данок на доход Обврски према добавувачи за откупен корисен цврст отпад (Марин Наумовски) Обврски за персонален данок на доход за откупен корисен цврст отпад (Марин Наумовски) Парични средства на трансакциски сметки во денари

Вредност 26.640 2.960 29.600

Книжење на примените стоки (отпад) на залиха: Должи

Побарува

6600 6509

О п и с - примени откупени стоки на залиха Залиха на стоки (корисен цврст отпад) од добавувачи физички лица Вредност на стоките по пресметка на добавувачот

При утврдувањето на вредноста на залихата, треба да се има на ум и можноста за вклучување на други зависни трошоци, како што се превозот, манипулационите трошоци и сл. Напомена:

Напоменуваме дека, откупувачот на корисен цврст отпад, доколку е регистриран ДДВ обврзник има обврска при продажбата на отпадот да пресмета и излезно ДДВ по стапка од 18% на основица продажна цена без ДДВ. Ваквата обврска не се однесува на прометот направен во корист на странски купувач (извоз).

29.600 29.600

1.4. Н адоместокот за учество на лице во органите за спроведување на избори се ослободува од оданочување Во членот 11 од Изборниот законик е уредено ослободување од плаќање на данок, царина и такса. Законот за персоналниот данок на доход досега немаше одредба со која се уредуваше ослободување на примањата поврзани со изборите. Со последните измени и дополнувања е воведено ослободување од данок на доход на надоместокот за учество во органите за спроведување на избори.

 www.p

Вредност

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

2. Прецизирање на дефиницијата за даночната основа

година усогласено со 50% од стапката на остварениот по­раст на пла­ти­те на вра­бо­те­ ни­те во Република­та во минатата година, согласно со податоците од Државниот завод за статистика. Износот се објавува најдоцна до 31 декември во тековната година од страна на министерот за финансии.

Даночната основа за утврдување на персоналниот данок на доход се дефинира како збир на сите приходи остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, во земјата и во странство, во текот на даночниот период, намалена за:

3.1. Сите искористени

аконтативни лични ослободувања ќе бидат признаени при составувањето на Годишната даночна пријава

1) придонесите од задолжително социјално осигурување; 2) личното ослободување во износ од 84.000 денари при годишно пресметување на данокот на доход и

Досега заради применетиот софтвер на УЈП, граѓаните кои во текот на годината примиле повеќе од 12 плати не беа во можност во Годишната даночна пријава да ги искористат сите аконтативни лични ослободувања. Ослободувањето беше лимитирано до износот на годишното лично ослободување (еднакво на 12 месечни износи). Иако Законот и досега не беше лимитирачки во врска со ова, сепак со новото решение се прецизира дека при пресметување на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното лично ослободување при аконтативното пресметување на персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија.

3) нормираните или стварните трошоци предвидени со овој закон. Со бришењето на исклучокот од ставот 2 на членот 10, произлегува дека намалувањето на даночната основа за придонесите, личното ослободување и нормираните или стварните трошоци, се однесува и за нерезидентите кои остваруваат доход на територијата на Р. Македонија. Според старото (сега укинато) решение, наброените намалувања на даночната основа не се применуваа при пресметување на данокот на доход остварен од нерезиденти на територијата на Македонија.

3. Нов модел на утврдување на личното ослободување

Со ваквото ново решение ќе се избегнат доплатите на данок поради аконтативно искористени 13 (и повеќе) лични ослободувања во текот на една година.

Личното ослободување за наредната година се утврдува врз основа на износот на личното ослободување од тековната Пример:

 

За известувачката година, лицето Стојан Трајков примило 13 плати и регрес за годишен одмор, за што примило Збирен податок од исплатувачот, од кој ја составило својата Годишна даночна пријава на следниот начин:

Бруто износ на приход

Вк. износ на одбитоци

Платени аконтации

390.000

105.300

19.020

2. Регрес 20.000

2.000

Вкупно: 410.000 199.797

21.020

1. Плата

Искористено даночно ослободување при аконтативно оданочување 94.497

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

11


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Иако лицето искористило 13 аконтативни лични ослободувања (7.269 х 13 = 94.497) за известувачката година, УЈП сепак нема да го задолжи со доплата бидејќи поради променетиот режим на составување на образецот ПДД-ГДП, аконтативно искористените лични ослободувања ќе бидат прифатени и во Годишната даночна пријава.

4) Ново уредување на оданочувањето на добивките од игри на среќа Обврзник на данокот на доход за добивките од игри на среќа е физичкото лице кое остварило добивка од игри на среќа, а ос но ва за прес ме ту ва ње на да но кот кај игрите на среќа прет ста ву ва износот на по е ди неч ната исплата на до би вката.

12

Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа. Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката. Данок на доход за добивките од ОПШтИтЕ ИГРИ НА СРЕЌА не се плаќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари. Ако поединечниот износ на добивката е поголем од 5.000 денари (досегашниот износ беше 10.000 денари), данокот се пресметува на целиот износ. Напоменуваме дека во категоријата на општи игри на среќа влегуваат:

Примери:

1. Ф изичко лице добило телевизор во вредност од 22.000 денари како награда во компаниска наградна игра. Во пресметката на персоналниот данок на доход ќе се вклучи вкупната вредност на наградата според следната методологија: 22.000 х 11,111% = 2.444 денари. 2. Во лотарија, физичко лице остварило добивка од 4.800 денари. Со оглед дека се работи за општа игра на среќа и дека добивката е помала од 5.000 денари, персонален данок на доход не се плаќа. 3. Физичко лице остварило добивка од спортска обложувалница во износ од 3.500 денари. Пред исплатата, организаторот има обврска да пресмета, задржи и уплати персонален данок на доход според следната методологија: 3.500 х 10% = 350 денари. Физичкото лице ќе добие нето надомест во износ од 3.150 денари.

5. Процедури за одбегнување на двојно оданочувања заради остварен приход во странство За прв пат во Законот за персоналниот данок на доход се уредуваат процедури за одбегнување на двојно оданочување со персонален данок на доход заради остварен приход во странство од домашни физички лица и остварен приход на странаски физички лица во Република Македонија.

Даночни погодности за домашни физички лица

- лотариски игри, - електронски игри - наградни игри и - интерактивни игри. Добивките остварени од ПОСЕБНИТЕ ИГРИ на среќа (казино, обложувалници, автомат клубови) и ИНТЕРНЕТ ИГРИТЕ се оданочуваат во целост (без да се користи ослободување до 5.000 денари).

Заради одбегнување на двојно оданочување на даночниот обврзник - македонски резидент му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на пропишаната даночна стапка (10%).

 www.p

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

Заради примена на даночно ослободување или олеснување кое произлегува од билатералните договори за одбегнување на двојното оданочување, Управата за јавни приходи по барање на даночниот обврзник - резидент издава потврда за даночен резидент на Република Македонија. Формата и содржината на барањето како и начинот за издавање на потврдата за даночен резидент, ги пропишува министерот за финансии.

Даночни погодности за странски физички лица При пресметување на данок по одбивка на приходот од членот 75 на ЗПДД кој го остварува физичко лице - нерезидент кој е стварен корисник на тој приход, исплатувачот на приходот ги применува одредбите од важечкиот договор за одбегнување на двојното оданочување, доколку физичкото лице го докаже статусот на даночен резидент на државата со која Република Македонија има склучено договор. Доколку примателот на приходот кој се оданочува со данок по одбивка е даночен резидент на странска држава со која Република Македонија има склучено договор за одбегнување на двојното оданочување, тогаш на приходот кој се оданочува се применува даночна стапка која не смее да ја надмине висината на даночната стапка која е пропишана за тој вид на приход согласно со договорот. Даночно ослободување или пониска стапка одредена во договорот со странска држава се применува на приходот кој се оданочува со данокот по одбивка ако исплатувачот располага со пропишани обрасци заверени од Управата за јавни приходи и од надлежниот даночен орган на странската држава, или одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи. Начинот и постапката за примена на даночно ослободување или олеснување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

приходот кој го остварува странско физичко лице, како и формата и содржината на обрасците ги пропишува министерот за финансии. Доколку исплатувачот на приходот примени одредби од договорот за одбегнување на двојното оданочување, а не се исполнети условите од членовите 75-а и 75-б од ЗПДД и поради тоа е платен помал износ на данок, исплатувачот на приходот е должен да ја надомести разликата помеѓу платениот данок и долгуваниот износ на данок. Управата за јавни приходи по барање на нерезидентот е должна да издаде потврда за платениот данок во Република Македонија.

6. Барање за паушално оданочување се поднесува до УЈП секоја година бврзникот кој поради определени околО ности не е во состојба да ги води деловните книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање до органот за јавни приходи, данокот на доход за приходите од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето приход. УЈП одлучува по ова барање во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето, за тоа дали постојат околностите поради кои обврзникот не е во состојба да ги води деловните книги или нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста. Обврзникот кој ги исполнува условите, секоја година поднесува барање за паушално оданочување до УЈП најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.

13


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

7. Скратување на рокот за поднесување на Годишните извештаи до управата за јавни приходи Годишниот извештај за персоналниот данок на доход - образец ПДД-ГИ наместо до 15 февруари како досега, до УЈП ќе се поднесува најдоцна до 31 јануари. Со последните измени се воведуваат и два други извештаи кои се поднесуваат до УЈП до крајот на месец јануари. Се работи за Исплатувачот кој врши откуп на корисен цврст отпад од физички лица кој е должен на УЈП да му доставува Годишен извештај за исплатените приходи, нај доц на до 31 јануари на ред на та го ди на.

14

Ова се однесува и на трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, кој е должен на УЈП да му доставува Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, најдоц на до 31 јануари наред на та го ди на која следува по годината за која се поднесува извештајот.

Аконтацијата на персоналниот данок на доход за месец јануари во тековната година се плаќа во висина на платената аконтација за месец декември од претходната календарска година. Месечната аконтација на персоналниот данок на доход се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец. Обврзникот на данокот на доход за приходите остварени од самостојна дејност е должен разликата меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок на доход да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишниот даночен биланс - образец ПДД - ДБ. Ако обврзникот на данокот во вид на аконтација платил поголем износ на данок од износот што бил должен да го плати, може од органот за јавни приходи да бара враќање на повеќе платениот износ. Заради ваквиот режим на самооданочување, престанува обврската за поднесување на аконтативна даночна пријава. 9.1. Помошта за претрпени

8. Пократок рок за донесување Решение за оданочување на приходите од земјоделска дејност

штети од елементарни непогоди - нов даночно признаен расход во Даночниот биланс (ПДД-ДБ)

Решение за утврдување на данокот за обврзниците што остваруваат приход од земјоделска дејност, органот за јавни приходи е должен да донесе најдоцна до 30 април (стариот тајминг беше 30 јуни) во годината за претходната година.

9. Самооданочување за вршителите на самостојна дејност

Во даночниот биланс на самостојните вршители на дејност (образец ПДД-ДБ) како даночно признаен расход се признава и исплатената помош за претрпени штети од елементарни непогоди во износ кој не го надминува најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија.

За прв пат се воведува самооданочување кај вршителите на самостојна дејност. Месечната аконтација на персоналниот данок на доход за приходите од самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаестина од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс (ова не се однесува на обврзниците на паушалното оданочување). www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

10.Преку законот за даночна постапка се утврдува задолжително електронско доставување на даночниот биланс и извештаите пропишани со законот за персоналниот данок на доход до уЈП Членот 57 од ЗДП, со кој е се уредува формата, содржината и начинот на поднесување на даночна пријава и кој од 1 јануари 2013 година (како дел од измената на ЗДП - 84/12) воведе задолжително доставување во електронска форма на даночни пријави на данокот на додадена вредност и даночни биланси пропишани со Законот за данок на добивка, се дополнува со нов став 13 во насока на проширување на обврската за електронско доставување и во однос на даночните обврзници кои имаат обврска да доставуваат даночен биланс и извештаи пропишани со законот за персоналниот данок на доход.

Даночниот биланс и извештаите пропишани со Законот за персоналниот данок на доход се: Годишниот даночен биланс - образец ПДД-ДБ на вршителите на самостојна дејност (трговец поединец), како и на физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања кои се оданочуваат според вистинскиот приход, Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзникот за пресметаниот и платениот данок и придонес по одбивка и вкупно исплатените нето приходи - образец ПДД-ГИ,

Новата обврска се однесува на сите даночни обврзници (правни и физички лица), без оглед дали се ДДВ обврзници и без оглед на нивната големина, доколку имаат обврска да доставуваат даночен биланс и извештаи пропишани со законот за персоналниот данок на доход.

Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, Годишен извештај за исплатените приходи за извршен откуп на земјоделски производи од физички лица и Годишен извештај за исплатените приходи за извршен откуп на корисен цврст отпад од физички лица.

www.proagens.mk

СОВЕтуВАњЕ зА ГОДИШНА СмЕтКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНтИНЕНтАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШтИП, х. ОАзА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4 5 6

И

зА БуЏЕт

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНтИНЕНтАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИтОЛА, х. мИЛЕНИум 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕмИОт ИНтЕРЕС, КОНКуРЕНтНИтЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОт БРОЈ НА мЕСтА зА тРАДИЦИОНАЛНОтО СОВЕтуВАњЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОтРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИтЕ ВО АГЕНЦИЈАтА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНуАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

4

15


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ШТО ДОНЕСУВА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 1. Мотив на законодавецот за донесување на Законот за финансиска дисциплина

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

Н

овиот Законот за финансиска дисциплина е објавен во „Службен весник на РМ”, бр. 187 од 30 декемри 2013 година, влегува во сила на 7 јануари 2014 година а ќе отпочне да се применува од 1 мај 2014 година, со исклучок на примената на одредени одредби на кои е укажано во точките 14 и 15 од овој текст. Мотив на законодавецот за донесување на Законот за финансиска дисциплина е елиминирање на проблемите со задоцнето извршување на обврските во деловните трансакции помеѓу субјектите од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од приватниот и јавниот сектор, што резултира со нарушување на нивната ликвидност, неможност за намирување на обврските кон доверителите и вработените, нарушување на конкурентноста, отворање на стечајни постапки и во рамките на синдромот на верижни случувања, со влошување на севкупната економска состојба.

16

Правен инструмент со кој ќе се спроведува финансиско дисциплинирање на субјектите се законски дефинирани рокови за исполнување на парични обврски низ призмата на засилен надзор од државните механизми за контрола (УЈП и Министерството за финансии преку Финансиската инспекција во јавниот сектор), прекршочната одговорност на лошите плаќачи и високи глоби за правните субјекти и одговорните лица. Новите мерки за подобрување на наплатата, заедно со измената на Законот за задолжница во насока на задолжително издавање на задолжница во должничко доверителски односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе, што се предвидува да започне од 2015 година би требало ќе ја засилат пазарната моќ на деловните субјекти преку ефектуирање на извршените деловни активности со расположиви парични стредства и да ги подобрат нивните инвестициски способности.

2. Предмет на уредување на Законот за финансиска дисциплина * Правен советник d_jacimovic@proagens.com.mk

Предметот на уредување на Законот за финансиска дисциплина (во натамошниот текст: Законот) е навременото исполнување на парични обврски, односно спречување на неисполнување на паричните обврски во предвидените рокови www.p

roagens.mk


ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

 

согласно со Законот, кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции меѓу: 1) економските оператори од приватни-

от сектор (трговско друштво или трговец поединец, и физички и правни лица кои вршат профитна дејност) и

Од примената на Законот се исклучени економските оператори над кои е отворена постапка за стечај и во случаите кога со посебен закон се утврдени рокови за исполнување на парични обврски на начин различен од утврдениот со овој закон.

2) субјектите од јавниот сектор и еко-

3. Рокови за плаќање меѓу економските оператори (приватен сектор)

Субјекти од јавен сектор се:

3.1. Траење на рокот

номските оператори од приватниот сектор.

органите на државната управа и еди-

ниците на локалната самоуправа,

фондови, агенции, дирекции, бироа,

јавни установи основани од РМ и јавни установи основани од единиците на локална самоуправа,

јавни претпријатија и трговски друштва основани од РМ, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и друштва врз кои државата или органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови на акционерите/ содружниците и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото и други институции основани со закон. Законот се применува на деловните трансакции согласно со кои едната страна се обврзува да обезбеди стоки, услуги, или вршење на работи (доверител), а другата страна се обврзува да ги исполни паричните обврски кои произлегуваат од трансакцијата (должник). Законот се применува на деловните трансакции согласно со кои едната страна се обврзува да обезбеди стоки, услуги, или вршење на работи (доверител), а другата страна се обврзува да ги исполни паричните обврски кои произлегуваат од трансакцијата (должник).

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

Законот утврдува дека економските оператори од приватниот сектор во меѓусебните деловни трансакции не можат да предвидат рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена. По исклучок, во деловната трансакција помеѓу економските оператори од приватниот сектор може да се предвиди рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни.

3.2. Момент од кога започнува да тече рокот Рокот за исполнување на паричните обврски започнува да тече првиот нареден ден од денот: 1) кога должникот ја примил фактура-

та, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата договорна обврска;

2) кога доверителот ја исполнил сво-

јата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање;

3) кога доверителот ја исполнил сво-

јата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска или

02/ 3162-979 i 3298-763

17


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

4) на истекот на рокот за преглед и

потврдување на стоките и услугите, односно прием на извршените работи, ако со закон или договор е предвидена постапка за преглед, потврдување или прием со која се утврдува сообразноста на стоките, услугите и работите, а должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето, при што рокот за преглед на предметот не може да биде подолг од 30 дена од денот на прием на стоката или извршената услуга, односно работа, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите на стоките, услугите и работите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.

18

4. Рокови за плаќање меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор 4.1. Траење на рокот Во договор меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор не може да се предвиди рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена, во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник. По исклучок, рокот за исполнување во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, може да биде подолг од 60 дена ако се работи за договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка. Избегнувањето да се стават некакви законски временски рамки за плаќање во врска со повеќегодишните јавни набавки претставува неконзистентност на Законот. Законодавецот можел да пропише плаќање во транши, по извршени работи, по периоди на известување и сл. Временска недефинираност на рокот за плаќање кај повеќегодишните јавни набавки секако дека ќе биде злоупотребувана во праксата.

kontakt@proagens.com.mk www.p

4.2. М омент од кога започнува да тече рокот Рокот за исполнување на паричните обврски меѓу наведените субјекти од јавниот и приватниот сектор започнува да тече од денот утврден во точката 3.2. од овој текст.

4.3. Рок за поднесување на Барање за плаќање на достасаните фактури од страна на субјектите од јавниот сектор Субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии се должни барањето за плаќање на достасаните фактури спрема економски оператор од приватниот сектор да го достават до Трезорот во Министерството за финансии заклучно со триесеттиот ден од денот кога започнува да тече рокот (види во точката 3.2.). Министерството за финансии, во наведениот случај, е должно да ги исплати средствата на кои гласи доставената фактура на сметката на економскиот оператор од приватниот сектор во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за плаќање во трезорските канцеларии.

5. Рок за исполнување кога страните не го утврдиле рокот за плаќање Со Законот е пропишан рок за плаќање во случај кога договорните страни не го утврдиле, односно кога договорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање. Во овие случаи согласно со Законот, должникот треба да ги исполни своите парични обврски во рок од 30 дена од денот на: 1) примот фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата договорна обврска; 2) исполнување на обврската од страна на доверителот, кога не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање;

roagens.mk


ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

3) исполнилнување на обврската од страна на доверителот, кога должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни обврската или 4) истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, ако со закон или договор е предвидена таква постапка, а должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето, при што рокот за преглед на предметот не може да биде подолг од 30 дена од денот на прием на стоката или извршената услуга, односно работа, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите на стоките и услугите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.

6. Еднократен надоместок за доцнење при исполнувањето Законот утврдува дека доверителот има право на еднократен паричен надоместок за доцнење при исполнувањето на паричната обврска од должникот во износ од 3.000 денари, доколку паричната обврска не е исполнета во роковите утврдени со Законот, без претходно потсетување и опомена на должникот. Ваквото право не претставува и обврска за доверителот да бара негово исполнување. Сметаме дека законодавецот не успеал да го уреди, односно поедностави до крај механизмот на наплата на надоместокот, во услови кога должникот не сака истиот доброволно да го плати. Правото на надоместок за доцнење не го исклучува правото за надоместок на трошоците кои доверителот има право да ги побарува врз основа на договор или други прописи, на казнена камата која се пресметува и наплатува согласно со Законот за облигационите односи и не ги опфаќа трошоците за извршување кои се наплатуваат во извршната постапка. Правото на надоместокот за доцнење престанува да важи во рок од три години од денот на истекот на рокот на доспевање на паричната обврска. INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

7. Казнена камата на задоцнето плаќање

Доверителот има право да пресметува и наплаќа казнена камата во висина утврдена со закон (н.з. Законот за облигационите односи) на паричните обврски кои не се исполнети во роковите утврдени со Законот, под услов да ги исполнил сите договорни обврски. При делумно намирени обврски во утврдените рокови, казнената камата се пресметува и плаќа само на износот на ненамирените парични обврски.

8. Што се смета за ништовна договорна одредба Законот утврдува дека како ништовна договорна одредба ќе се смета одредбата која во однос на доверителот е значително неправедна и на нефер начин го одредува датумот или периодот за плаќање, казнената камата или надоместокот на трошоците за задоцнето плаќање. Притоа се дефинира дека за значително неправедна и нефер се смета договорна одредба со која се утврдува: 1) рок за плаќање кој е подолг од законски утврдениот рок; 2) рок кој го определува датумот на прием на фактурата и 3) исклучување, ограничување и условување на правото на казнена камата и на правото на надоместок за доцнење.

9. Кој врши надзор над спроведувањето на Законот 9.1. К ога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник Се утврдува дека надзор над спроведувањето на одредбите од Законот, меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник врши Министерството за финансии, преку Финансиската инспекција во јавниот сектор. Притоа, уредено е дека доколку економскиот оператор поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или

19


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

предлог за платен налог до нотар, според кои се пречекорени законските рокови за плаќање на обврските од страна на субјектот од јавниот сектор, судот, извршителот или нотарот се должни писмено да го известат Министерството за финансии – Финансиска инспекција во јавниот сектор, со цел да утврди дали се прекршени одредбите на овој закон од страна на субјектот од јавен сектор.

9.2. К ога договорот е меѓу економските оператори од приватниот сектор

20

Во договорите меѓу економски оператори од приватниот сектор, во случај кога должникот нема да ја исполни паричната обврска во роковите предвидени со Законот и доверителот поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар, според кои се пречекорени законските рокови за плаќање на обврските од страна на должникот, судот, извршителот или нотарот се должни писмено да ја известат Управата за јавни приходи, со цел да утврди дали се прекршени одредбите на Законот од страна на економскиот оператор.

9.3. П оведување прекршочна постапка Законот ја уредува постапката што ја спроведува Финансиската инспекција во јавниот сектор или Управата за јавни приходи по применото писмено известување од страна на наведените субјекти и роковите во кои надлежните институции се должни да постапат, за да утврдат дали се прекршени одредбите на Законот. Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи доколку утврдат повреди на Законот, постапувајќи во редовен или вонреден надзор и контрола над субјектите кои ги контролираат, ќе поведат прекршочна постапка.

10. Ништовност на договорните одредби Законот утврдува дека одредбите од деловните договори склучени меѓу економwww.p

ските оператори, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, кои не се во согласност со неговите одредби, се сметаат за ништовни и немаат правно дејство.

11. Супсидијарна примена на ЗОО Се утврдува супсидијарна применува на одредбите од Законот за облигациони односи, во однос на сите прашања кои не се уредени со Законот за финнсиска дисциплина.

12. Пресметковните начини на плаќање мора да се усогласени со Законот Цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори не смеат да се користат на начин кој ќе предизвика одложување на исполнувањето на паричните обврски во согласност со утврдените рокови во Законот.

13. Глоби за непочитување на Законот Со Законот се пропишани следните глоби за непочитување на пропишаните рокови за плаќање на обврските: Глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за правното лице субјект од јавен сектор и правното лице економски оператор од приватниот сектор, доколку нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со Закон. Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за трговецот поединец, доколку нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со Закон. Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице економски оператор од приватниот сектор, доколку не ја намири паричната обврска во роковите утврдени со Закон. Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице субјект од јав-

roagens.mk


ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

ниот сектор, доколку не се намири паричната обврска во роковите утврдени со Законот, во случаите кога барањето за плаќање во трезорот на Министерството за финансии е доставено по истекот на рокот. Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за министерот за финансии доколку не се намири паричната обврска во роковите утврдени со Законот, а субјектот од јавниот сектор го доставил барањето за плаќање во трезорот на Министерството за финансии во рокот, а Министерството за финансии не ги исплати паричните средства на кои гласи фактурата во рокот. Глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за правното лице субјект од јавен сектор и правното лице економски оператор од приватниот сектор доколку цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори ги користи на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со Законот. Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице економски оператор и на одговорното лице во правното лице субјект од јавниот сектор, доколку овозможил користење на цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со Закон.

14. Роковите за плаќање од 60 дена со одложена примена за субјектите од јавниот сектор од 01.01.2016 година Законот пропишува дека утврдениот рок за плаќање од максимум 60 дена во договорите меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор ќе се применуваат од 01.01.2016 година. При тоа се мисли на овие субјекти од јавниот сектор: Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

  средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар, како и јавните претпријатија и трговски друштва основани од Република Македонија, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и друштва врз кои државата или органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови на акционерите/содружниците и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото и единиците на локалната самоуправа. Роковите кои ќе се применуваат за наведените субјекти до критичниот датум 01.01.2016 година, се: 1) од денот на отпочнување на примена на Законот (01.05.2014) до 31.12.2014 година – рокот за намирување на паричните обврски не може да биде подолг од 120 дена. 2) од 01.01.2015 до 31.12.2015 година – рокот за намирување на паричните обврски не може да биде подолг од 90 дена.

15. Законот нема ретроактивно дејство Одредбите од Законот ќе се применуваат на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од при-ватниот сектор, настанати од денот на отпочнувањето на примената Законот - 1 мај 2014 година. Одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на инспекциски надзор (член 13 од Законот) и роковите во кои надлежните институции: Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи се должни да постапат за да утврдат дали се прекршени одредбите од Законот, ќе се применуваат од 01.01.2015 година.

21


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАПЛАТА НА ДАНОЧЕН ДОЛГ ПРЕДМЕТ НА НОВИ РЕШЕНИЈА

З

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

аконот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка објавен во „Службен весник на РМ”, бр. 187 од 30 декември 2013 година и влезен во сила на 7 јануари 2014 година, донесува неколку нови решенија во даночната постапка 1 со кои се иницира обидот за подобрување на наплатата на даночниот долг преку инструментите за заострување на даночната дисциплина особено - афирмирање на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: УЈП) како вршител на финансиско-сметководствена форензичка анализа во постапката на проверка на веродостојноста на книжењата и другите евидентирања, со примена на соодветна опрема и методологија, - воведување на обврска УЈП на својата веб страница месечно да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основ на даноци, придонеси, акцизи и царини,

22

- создавање правен основ за третирање на содружниците, застапниците и должниците на даночниот должник како гаранти за наплата на доспеан и неплатен даночен долг и - значајни промени во постапката за присилна наплата. Дел од измената на Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП) се однесува на засилување на електронската комуникација на УЈП и даночните обврзници според Законот за персоналниот данок на доход, на постапката за воспоставување на залог пред присилна наплата на даночен долг и на прекршочните одредби.

ПРЕГЛЕД НА НОВИТЕ РЕШЕНИЈА 1. Се утврдува дека обврската за чување на даночна тајна не е повредена ако УЈП дава информации на даночен орган на странска држава во постапка за размена на информации и меѓународна правна помош

* Правен советник d_jacimovic@proagens.com.mk

Во наведена смисла, со новата точка 5 во ставот 3, се дополнува членот 9 од ЗДП (под наслов „Даночна тајна“), кој со 1

„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12, 84/12 и 187/13; Одлуки на У. суд објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 90/07, 145/07, 21/08, 23/09 и 76/09 и 166/11. www.p

roagens.mk


ДАНОЧНА ПОСТАПКА

пристапот на негативна енумерација ги дефинира дејствијата на службените лица кои не претставуваат повреда на даночна тајна а се поврзани со располагање со документарниот материјал кој содржи податоци и факти за даночен обврзник.

2. Се утврдува дека УЈП без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница објавува листа на должници со што обврската за чување на даночна тајна не е повредена Членот 9 од ЗДП понатаму се дополнува со уште седум нови става (4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10) со кои, по основ на нагласување дека обврската за чување на даночна тајна не е повредена, се овозможува УЈП на својата веб страница, без согласност на даночниот обврзник, да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долг е: 1) повисок од 120.000 денари, за физичките лица и самостојни вршители на дејност и 2) повисок од 300. 000 денари, за правните лица. При пресметката на висината на неведениот долгот, не се вклучуваат обврските кои доспеале за плаќање во последните три месеци пред објавата на листата на должници, додека извршените плаќање во овој период се земаат предвид при пресметката на долгот. Објавата на листата на должници се врши еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот, со тоа што најдоцна 15 дена пред овој рок, УЈП го известува должникот дека доколу не го намири долог, истиот ќе биде објавен на листата на должници на доспеани и неплатени долгови. Листата на должници содржи: име и презиме или назив на должникот, година на раѓање на физичкото лице, место на живеење

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

  или престој на физичкото лице или седиште за правното лице, поединечен износ кој се должи според видот на долгот како и вкупен износ на долгот. Заради утврдување на идентитетот на должникот, УЈП може да ја дополни или допрецизира листата, со податоци за: датумот и место на раѓање на физичкото лице и име на родителот на физичкото лице, како и со податоци за преземените мерки за наплата на долгот од страна на надлежната инситуција. Во листата на должници не се внесуваат податоци за долгот за кој на должникот му е одобрено одложено плаќање. Обврската за чување на даночната тајна не е повредена и во случаите кога УЈП објавува податоци заради исправка на непотполни информации кои претоходно биле објавени.

3. Се утврдува дека лицата кои се одговорни за пресметувањето и за плаќањето на задржаниот данок во смисла на Законот за данокот на добивка, гарантираат за пресметувањето и за плаќањето на овој данок Со дополнување на членот 34 од ЗДП кој ја уредува гаранцијата при одбивка, се создава правен основ кој овозможува лицата кои се одговорни за пресметувањето и за плаќањето на задржаниот данок во смисла на Законот за данокот на добивка, да гарантираат за пресметувањето и за плаќањето на овој данок. До измената, одредбата за гаранција при одбивка ги опфаќаше лицата кои се одговорни за пресметувањето и за плаќањето на данок по одбивка во смисла на Законот за персонален данок од доход, да гарантираат за пресметувањето и за плаќањето на овој данок.

4. Се дефинираат гарантите на даночниот долг на даночниот должник Со внесување на нов член 35-а во ЗДП под наслов: „Гаранција при откриен или неплатен данок“ се утвдрува правна основа

23


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

со која, на група на лица кои според оценката на законодавецот се најодговорни за работењето на даночниот должник, им се доделува правна способност на гаранти за доспеан и неплатен даночен долг на даночниот должник. Попрецизно, новиот член 35-а предвидува дека за даночниот долг на даночниот должник, утврден со решение на УЈП или неплатен кај поведување на постапка за присилна наплата, наплатата со сиот свој имот ја гарантира лицето кое со своите одлуки влијаело врз стопанските активностите на даночниот должник, од кои произлегол даночниот долг. Лице чии одлуки влијаат врз активностите на даночниот должник е: лицето кое има удел во даночниот обврзник кој е должник, сразмерно на процентот на уделот;

24

лицето кое го застапува даночниот обврзник кој е должник, во висина која одговара на товарот кој произлегува од даденото овласување за застапување; лицето кое има долг кон даночниот обврзник кој е должник, до висина на долгот кон него и лицето кое го презема долгот, до висина на преземениот долг даден во нотарски заверената изјава. По исклучок, првите две категории на лица (иматели на удел и застапници на даночниот обврзник) не се гаранти за пристигнатиот и неплатен долг на даночниот должник настанат по основ на самооданочување или утврден од страна на УЈП, доколку докажат дека биле оневозможени за плаќање на пристигнатиот данок поради претходно нерешено правно прашање за кое е надлежен државен орган или суд. УЈП го определува лицето кое гарантира за даночниот долг со решение донесено во постапка за утврдување на даночна гаранција од член 83 од ЗДП.

www.p

Очигледен е обидот на законодавецот со новиот член 35-а да се зајакне системот на наплата на даноците. Но, дали даночните цели низ призма на воспоставените законски одредби се доволно силен аргумент за проширување на одговорноста на содружниците како гаранти на долгот на даночниот должник, ако се има предвид дека содружниците според членот 27 став 3 од Законот за трговските друштва не одговараат за обврските на друштвото, ако со овој закон (н.з. ЗТД) поинаку не е определено. Членот 28 од ЗТД ја третита неограничената и солидарна одговорност на содружниците за обврските на друштвото како посебна одговорност, во случаите ако: го злоупотребиле друштвото како правно лице за да постигнат цели што за нив како поединци, се забранети; го злоупотребиле друштвото како правно лице за да им нанесат штета на своите доверители; спротивно на законот, располагале со имотот на друштвото како со свој сопствен имот или во своја корист или во корист на кое било друго лице го намалиле имотот на друштвото, а знаеле или морале да знаат дека друштвото не е способно да ги изврши своите обврски спрема третите лица. Според тоа, ЗТД ја врзува одговорноста на содружниците која е неограничена и солидарна за штетата што ќе ја причинат на доверителите со злоупотреба на друштвото, или со намалување на имотот на друштвото во своја или туѓа корист, или со располагање со имот на друштвото како со сопствен имот спротивно на законот, што ја интегрира вината на содружникот за нанесување на штета, а вината било да се манифестира како умисла/намера (повисок степен на вина) или како небрежност (понизок степен на вина) секогаш мора да се докаже за да предизвика правни последици за извршителот. Со воведување на одговорноста на содружникот како гарант на даночниот долг на друштвото со сиот негов имот

roagens.mk


ДАНОЧНА ПОСТАПКА

 

како законски принцип, и покрај јасните одредби на ЗТД дека за обврските на друштвото одговара самото друштво со целиот свој имот, а содружниците, во контек-стот на проблематиката, само кога ќе го злоупотребат друштвото со цел да му наштетат на доверителот (во случајов: УЈП), односно го намалат имотот на друштвото во своја или туѓа корист а знаеле или морале да знаат дека друштвото не е способно да ги изврши своите обврски спрема третите лица, се постапува прашањето на степенот на усогласноста на овие два законски акти кај принципите на одговорноста и за правната сигурноста на сопствениците на капиталот. Ретроспективен аспект на правната судбината на одредбата за гаранција на застапникот: Во однос на одговорноста на застапникот на друштвото како гарант на даночнит долг на друштвото, нашата правна и даночна јавност веќе има искуство со едно слично решение од некогашниот член 29 од ЗДП под наслов: „Гаранција на застапникот“, кој со интервенција на Уставниот суд (Одлука на Уставниот суд на РМ, У.бр. 152/2008 од 11.02.2009 година, објавена во „Службен весник на РМ”, бр. 23/09) беше укинат. Членот предвидуваше дека застапниците по закон гарантираат за даночни долгови во врска со лицето кое го застапуваат, кога со умисла или од небрежност, воопшто не ги исполниле или ненавремено ги исполниле должностите што им се доверени. При анализата на укинатиот член 29, Судот оценил дека станува збор за нејасни, неизведени до крај правни норми, кои оставаат простор за арбитрерност и нивна различна примена, норми што создаваат правна несигурност, што не е во согласност со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на РМ од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. За Судот, не е спорна потребата на законодавецот да се обезбеди што поголемо плаќање на даноците, но анализирајќи ја содржината на одредбите не е јасно дали со оваа одредба

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

обврската на застапникот се ослабува или зајакнува со промената на статусот застапник во гарант или даночен должник кога тој воопшто не ги исполнил или ненавремено ги исполнил должностите што му се доверени. Притоа се имаше предвид дека застапникот е лице кое во име и за сметка на застапуваното лице ја исполнува даночната обврска, гарантот е лице кое гарантира за туѓи даночни долгови, под условите пропишани со закон, а даночен должник е лице кое треба да исполни одредена обврска за плаќање од даночната постапка. Исто така, не е јасно дали промената на статусот би предизвикала најнапред да се бара наплата од реалниот даночен должник, а потоа од некогашниот застапник, променет во гарант, или нов даночен должник или во секој случај даночната обврска ќе ја изврши некогашниот застапник, иако тој со тоа што не ги исполнил или ненавремено ги исполнил должностите што му се доверени веќе јасно ставил до знаење дека обврската за застапуваното лице нема да ја изврши.

ромената на статусот на застапниците П во гаранти или нови даночни должници, според Судот не го санкционира на јасен начин и во доволна мера однесувањето на застапниците спротивно на нивните преземени обврски, поради што оцени дека оспорениот член е нејасен и создаваат правна несигурност и како таков не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

5. Се утврдуваат повеќе права на УЈП во функција на утврдување на веродостојноста на книжењата и други-те евидентирања на даночниот обврзник, со промовирање на можноста за примена на финансиско-сметководствена форензичка анализа Во членот 47 од ЗДП, под наслов: „Книжења и други евидентирања“, покрај интервенцијата на законодавецот во ставот 6 во насока на уредување главно во

25


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

формално-техничка смисла со суштествено новелирање само во делот на трошоците, се додаваат и два нови става: 7 и 8, при што со ставот 7 се создава основ за промовирање на УЈП како можен вршител на финансискосметководствена форензичка анализа.

26

Според изменетиот став 6, се потврдува досегашното право на УЈП кое и овозможува, доколку книжењата и другите евиденции се обработени со систем за обработка на податоци, да добие увид во меморираните податоци и да го користи системот за обработка на податоци за испитување на истите. УЈП може да побара податоците да бидат обработени според нејзините потреби или меморираните податоци да и бидат доставени на уред за пренос на податоци. Новина која се однесува на ставот 6, а произлегува од новиот став 8 во членот 47 од ЗДП, е што се предвидува трошоците кои настануваат при спроведувањето на оваа постапка да ја товарат УЈП, наместо даночниот обврзник како што гласеше одредбата пред измената. Заради истата цел, проверка на веродостојноста на книжењата и другите евидентирања, со новиот став 7 во членот 47 се утврдува дека Управата за јавни приходи може да примени финансиско-сметководствена форензичка анализа. Според новиот став 8 во членот 47, трошоците и за оваа постапка паѓаат на товар на УЈП. Во истата насока се врши и дополнување на членот 57 од ЗДП под наслов: „ Изведување и оцена на докази,“ со што во рамките на новата точка 5 се утврдува дека УЈП, зради проверка на веродостојноста на книжењата и другите евидентирања ја применува финансиско – сметководствена форензичка анализа, покрај другите доказни средства за утврдување на фактите битни за оданочување (како што се: собирање информации од даночниот обврзник и од други лица, одредување вештаци, прибавување на исправи и списи и излегување на увид). Во ЗДП се внесува и целосно нов член 60-а под наслов: „Финансиско – сметководствена форензичка анализа“ кој претставува правен www.p

основ за спроведување на финансиско – сметководствена форензичка анализа од страна на УЈП. Во рамките на членот се пропишува дека УЈП: спроведува финансиско – сметководствена форензичка анализа со употреба на опрема и методологија за прибирање, прегледување и анализирање на податоците од уредите на даночниот обврзник кои содржат медиум за меморирање, складирање и чување на дигитални податоци; има право да ги прегледа постојните податоци, да направи веродостојна копија од истите и да изврши реконструкција на изменетите и избришаните податоци и има право да побара уредите на кои се содржани податоците да се проверуваат во простории на УЈП.

6. Се утврдува задолжително електронско доставување на даночниот биланс и извештаите пропишани со Законот за персоналниот данок на доход до УЈП Членот 57 од ЗДП, со кој е се уредува формата, содржината и начинот на поднесување на даночна пријава и кој од 1 јануари 2013 година (како дел од измената на ЗДП - 84/12) воведе задолжително доставување во електронска форма на даночни пријави на данокот на додадена вредност и даночни биланси пропишани со Законот за данок на добивка, се дополнува со нов став 13 во насока на проширување на обврската за електронско доставување и во однос на даночните обврзници кои имаат обврска да доставуваат даночен биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход. Новата обврска се однесува на сите даночни обврзници (правни и физички лица), без оглед дали се ДДВ обврзници и без оглед на нивната големина, доколку имаат обврска да доставуваат даночен биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход.

roagens.mk


ДАНОЧНА ПОСТАПКА

Даночниот биланс и извештаите пропишани со Законот за персоналниот данок на доход се: Годишниот даночен биланс - образец ПДД-ДБ на вршителите на самостојна дејност (трговец поединец), како и на физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања кои се оданочуваат според вистинскиот приход, Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзникот за пресметаниот и платениот данок и придонес по одбивка и вкупно исплатените нето приходи - образец ПДД-ГИ, Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, - образец ПДД-ГИ/ЗП Годишен извештај за исплатените приходи за извршен откуп на земјоделски производи од физички лица - образец ПДД-ГИ/ОЗП и Годишен извештај за исплатените приходи за извршен откуп на корисен цврст отпад од физички лица.

7. Се уредува постапката за воспоставување залог пред присилна наплата на данок Членот 122 од ЗДП кој ја интегрира правната основа за воспоставување на законско заложно право во корист на РМ ведаш по доспеаноста на данокот а пред да се пристапи кон присилна наплата, се менува во насока на попрецизно уредување на постапката. Се утврдува дека запишувањето на заложното право се врши со решение за обезбедување на даночниот долг пред присилна наплата. Во постапката за воспоставување залог пред присилна наплата на данок, соодветно се применуваат одредбите од членовите 134, 135, 136, 137 и 138 од ЗДП.

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

  8. Се утврдува дека во постапката за присилна наплата на долг согласно со Законот за придонеси, доколку на сметката на должникот нема средства истата се блокира се до обезбедување на средствата за целосно намирување Членот 142 од ЗДП, ја уредува постапката за присилна наплата на данок и на споредни даночни давачки од парични средства на должникот по основ на пренос на средства од сметка на должникот кај носител на платен промет на соодветна уплатна сметка на јавните приходи. Во ставот 3 се уредува присилна наплата во случај кога на сметката на должникот привремено нема средства врз основа на прифатениот принцип за сукцесивено извршување на решението за присилна наплата спрема расположливите средства на сметка, се додека решението во целост не се изврши. Со дополнувањето на овој член, преку новиот став 4 се воведува исклучок од правилото од ставот 3 за сукцесивно извршување, на начин што се утврдува дека во постапката на присилна наплата на долг согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, ако на сметката на должникот привремено нема средства носителот на платниот промет ќе ја блокира сметката се до обезбедување на средствата за целосно извршување на решението за присилна наплата. Дополнувањето е мотивирано од усогласување на ЗДП во делот на присилна наплата од парични средства на должникот на персоналниот данок и придонесите од задолжително социјално осигурување со одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Правилникот за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување со кои е регулирано едновремено плаќање, со единствен збирен налог (Образецот ПП 53), и во тој контекст наместо сукцесивна наплата, со новото решение се уредува целосна наплата на решението за присилна наплата на придонесите и персоналниот данок.

27


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

9. Се утврдува дека на барање на УЈП процената на движни предмети може да ја врши овластен проценувач Процената на движни предмети во постапката за присилна наплата од движни предмети на должникот ја врши даночен извршител во текот на пописот согласно со член 147 став 1 од ЗДП. Во изменетиот став 2 на истиот член е утврдена можност УЈП процената на вредноста на движни предмети да ја довери на овластен проценувач, со што се исклучува можноста процената да се врши од други лица, стручни институции или организации, како што беше уредено пред измената. Со изменетата одредба од член 147 став 2, ЗДП се усогласува со Законот за за процена.

28

10.Се воведува можност со непосредна спогодба да се продаваат движни предмети со вредност до 30.000 денари по спроведена неуспешна аукција и комерцијална продажба Новелираниот член 151 од ЗДП, ја уредува продажбата на движни предмети во постапката за присилна наплата од движни ствари на должникот, при што продажбата по пат на јавна аукција (наддавање) во усна или електронска форма, ја утврдува како основен начин на продажба, а по исклучок, ако предмет е подложен на расипување или ако неговото чување бара големи трошоци, УЈП тој предмет го продава по пат на непосредна спогодба, без одлагање. Непродадени предмети на аукција, можат од страна на УЈП да бидат продадени по пат на слободна (комерцијална) продажба. Со дополнување на членот 151 со новиот став 3, се воведува можност, која претставува исклучок бидејќи е врзана за движните предмети чија проценета вредност е до износ од 30.000 денари, да се продаваат по пат на непосредна спогодба, под услов претходно да се спроведени основните начини на продажба: една јавна аукција и барем една слободна (комерцијална) продажба, кои останале неуспешни. www.p

11.Се дефинира дека почетната вредност на недвижноста се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот Во функција на усогласување со Законот за процена, се менува и членот 154 во ставот 2 од ЗДП, во кој се утврдува дека во постапката за присилна наплата од недвижности почетната вредност на недвижноста се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, наместо според методологијата што ја уредуваше министерот за финансии. Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот („Службен весник на РМ“, бр. 54/12, 17/13 и 21/13), врз основа на Законот за процена е донесена од министерот за транспорт и врски.

12.Се утврдува дека при неуспешна продажба на недвижниот имот РМ станува сопственик а даночниот долг се намалува во износ кој одговора на 50% од проценетата пазарна вредност на недвижноста Новелираниот член 155 од ЗДП ја уредува присилната наплата од недвижностите на даночниот должник која се врши по пат на продажба со јавна аукција (усна или во електронска форма). Во овој член се менува ставот 10, кој ја уредува ситуацијата на неусшената продажба и после втората јавна аукција, како завршно ниво на продажба во даночната постапка, после која РМ станува сопственик на непродадениот недвижен имот. Истиот став ја дефинира и судбината на даночниот долг при преносот на сопственоста врз недвижноста на РМ, и токму во овој дел се воведува ново решение според кое во наведената ситуација даночниот долг се намалува во износ кој одговора на 50% од проценетата пазарна вредност на недвижноста. На овој начин се заменува старото решение од ставот 10 според кое РМ стануваше сопственик на недвижноста по цена која

roagens.mk


ДАНОЧНА ПОСТАПКА

одговара на износот на даночниот долг зголемен за висината на трошоците и каматата, освен во случај на постоење на хипотекарно право од друг доверител. Со ваквата формулација, старото решение даваше основ за целосно бришење на даночот долг со споредните давачки (трошоци за присилана наплата, камати), без оглед на реалната вреднот на недвижноста. Со новото решение, меѓутоа, даночниот должник не се аместитра од даночниот долг за износот на разликата над 50% од вредноста на имотот.

13.Се пропишуваат нови прекршочни одредби со кои се санционира кршењето на одредбите во делот за присилна наплата Со д о полнување на членот 179-б од ЗДП во делот на прекршочни одредби, во ставот 1 со новите точки 6, 7, 8, 9 и 10 се санкционираат следните дејствија на даночен обврзник - правно лице, поврзани со одредби од постапката за присилна наплата по изршениот попис на имотот, истиот го оттуѓи или оштети (член 136 ставови 1 и 2);

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

ја попречува постапката за попис на имот ( член 137 и член 138); обврзникот за пресметка и уплата придонесите односно исплатителот на плата кој нема да постапи согласно со решението со кое му е наложено при секоја исплата на плата/пензија да уплаќа 1/3 од износот до целосно намирување на долгот за сметка на должникот (член 140 став 1 точка 1 и став 2); ја попречува постапката за заплена на попишан имот (член 148 и член 153) и ја попречува постапката за јавна аукција (член 151 и член 155). Износот на глоба за даночен обврзник - правно лице е од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност, за одговорното лице во правното лице од 1.500 евра во денарска противвредност. За истите дејствијата на правното лице може да му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност во траење од три до најмногу 30 дена.

www.proagens.com.mk

29


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

НОВИНИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ Две измени на Законот за работни односи

С

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

о Законот за изменување на Законот за работните односи објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 170/13, во сила од 14 декември 2013 година, извршена е тринаесетата по ред измена на ЗРО 1. Само две недели покасно, се случи четрнаесетото изменување и дополнување на ЗРО објавено во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13, од 30 декември 2013 година, во сила од 7 јануари 2014 година. Преглед на новините од двете измени е даден во продолжение.

1. Измена на ЗРО (170/13) во сила од 14 декември 2013 година Со измената се воведува посебен рок на застарување на отказот кога истиот е предизвикан од причини на вина од страна на работникот.

30

Измената се однесува на членот 94 од ЗРО, под наслов: „Застареност“, во кој се додава нов став 2, според кој отказ на договорот за вработување поради причини на вина од страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот: во рок од шест месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен/апсолутен рок). Причини на вина како основ за отказ се уредени со членовите: 81 и 82 од ЗРО, кои во продолжение се дадени во интегрална форма. Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок (член 81) (1) Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и * Правен советник d_jacimovic@proagens.com.mk

1

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13; како и 10 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10 и 132/10. www.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување со отказен рок, особено ако: 1) не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот; 2) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски; 3) не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место; 4) не се придржува на работното време, распоредот и користењето на работното време; 5) не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа; 6) поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот; 7) со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа; 8) настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот; 9) не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа; 10) предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата и 11) незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот. (2) Со закон, колективен договор и со правилата на работодавачот за работниот ред и дисциплина може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина. (3) Правилата за работниот ред и дисциплина, работодавачот е должен да ги истакне на видно место во работните простории

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

на работодавачот и да ги достави до синдикатот. Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок (член 82) (1) Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот: 1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; 2) го злоупотреби боледувањето; 3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина; 4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства; 5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и 6) оддаде деловна, службена или државна тајна. (2) Со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок. Напомена:

Рокот на застареност на отказот од лични причини на страна на работникот според член 94 став 1 останува непроменет 3 (три) месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно

31


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

6 (шест) месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен-апсолутен рок).

Со новиот член 170-а, под наслов: „Неплатено родителско отсуство“ се уредува дека: По завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на три годишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.

Лични причини за отказ постојат кога работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (член 76 точка 1 од ЗРО).

32

Составен дел на измената (170/13), кој ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година, се однесува на техничко усогласување на ЗРО во делот на правото на жалба против решението на инспекторот на трудот од членовите 258, 259 и 262 од ЗРО, со кое се утврдува дека жалбата ќе се изјавува до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, наместо до министерот за труд и социјална политика.

Доколку за време на користење на ова право, работничката забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство. Неплатеното родителско отсуство, со дополнување на членот 77 од ЗРО под наслов: „Неосновани причини за отказ“, преку точката 3, се приклучува кон групата на причини кои претставуваат законски неоправдан основ за отказ. Во членот 213-г од ЗРО со кој се уредува постапката по барање за утврдување на репрезентативност, во точката 3 се врши техничко усогласување на ЗРО, односно се предвидува по жалбите за репрезентативност да одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, наместо Владата на РМ.

2. Измена на ЗРО (187/13) во сила од 7 јануари 2014 година Со измената на ЗРО објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13 и во сила од 7 јануари 2014 година се воведува ново право за работничката поврзано со остварување на родителско право а тоа е неплатено родителско отсуство до три месеци.

GODI[NA PRETPLATA ZA 2014 GODINA

14.900

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА СКОПЈЕ, хотел “КОНТИНЕНТАЛ” 27 - 28. 01. 2014 година (понеделник - вторник) САНДАНСКИ (BG), хотел “ИНТЕРХОТЕЛСАНДАНСКИ” 30. 01 - 02. 02 2014 година

(четврток - недела)

ШТИП, хотел “ОАЗА” 04. 02. 2014 година (вторник) ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ: СКОПЈЕ, хотел “ИМПЕКСЕЛ 2” 05. 02. 2014 г.(среда)

СКОПЈЕ, хотел “КОНТИНЕНТАЛ” 06 - 07. 02. 2014 година (четврток - петок) БИТОЛА, хотел “МИЛЕНИУМ” 11. 02. 2014 година (вторник) www.p

roagens.mk


ДАНОЦИ НА ИМОТ

 

ПРОМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

З

аконот за даноците на имот („Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11 и 84/12) е изменет и дополнет со објава во “Службен весник на РМ”, бр. 188 од декември 2013 година, при што промените влегоа во сила на 8 јануари 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето). Промените на Зaконот се однесуваат на: - М етодологијата за процена на пазарната вредност на недвижниот имот,

Ирена НИКОЛОВСКА *

- ослободувањата од данок на имот, - д аночната основа на данокот на промет на недвижности и - ослободувањата од данок на промет на недвижности.

ЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА М ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ Со последната промена на Законот, изменет е членот 5 став 3 во насока пазарната вредност на недвижниот имот да се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, без да се потенцира дека оваа методологија е донесена согласно со одредбите на Законот за процена, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 54/12, 17/13 и 21/13. Досега постоеја дилеми при проценката на пазарната вредност на недвижниот имот, кои произлегуваа од паралелното постоење на две Методологии за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот (една донесена од Владата на РМ согласно со Законот за даноците на имот, а друга донесена од министерот за транспорт и врски согласно со Законот за процена). Меѓутоа, со оглед дека е избришан ставот 4 на членот 5, во кој е регулирано дека Владата на РМ ја пропишува Методологијата, се претпоставува дека законодавацот сметал дека не треба појаснување во ставот 3, со оглед дека Методологијата донесена од Владата веројатно ќе се повлече од примена и ќе се применува само Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот по основ на Законот за процена. * Даночен советник

i_nikolovska@proagens.com.mk

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

33


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

РЕЦИЗИРАНИ ОСЛОБОДУВАЊА П ОД ДАНОК НА ИМОТ Изменет е членот 8 на Законот, во кој се пропишани ослободу-вањата од данок на имот, во насока на дообјаснување и прецизирање на, и досега, даночно ослободените верски објекти и објектите наменети за примарна обработка на земјоделски производи. Т ака со измената на членот 8, данок на имот не се плаќа за: - в ерски објекти во кои се врши богослужба, молитва и други манифестации на верата како храм, џамија, молитвен дом, синагога, гробишта и други простории на црква, верска заедница и религиозна група и - о бјекти наменети за примарна обработка на земјоделски производи и тоа: • о бјекти наменети за одгледување на добиток и риби;

34

• о бјекти за сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на примарните сточарски и земјоделски производи на земјоделско стопанство; • о бјекти за сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема на земјоделско стопанство; • о бјекти за складирање, прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски производи и храна за животни на земјоделско стопанство; • о бјекти, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија; • р езервоари за вода поврзани со активности во земјоделско производство на земјоделско стопанство и • о бјекти за третман на отпад од активности во земјоделско производство на земјоделско стопанство.

www.p

ОПОЛНЕТА ДАНОЧНА ОСНОВА Д НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ Членот 21 на Законот, во кој се регулира даночната основа на данокот на промет на недвижности, е дополнет со случајот на: - р еализирана продажба на недвижен имот во постапка на јавно наддавање спроведена од државни органи и единиците на локалната самоуправа, кога за даночна основа се смета постигнатата продажна цена во постапката на јавно наддавање.

ОВИ ОСЛОБОДУВАЊА ОД ДАНОК Н НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ о членот 25 на Законот, во кој се регулиВ раат ослободувањата од данок на промет на недвижности, е избришано даночното ослободување на промет на недвижност во постапка на комасација од причина што ваква мерка не е предвидена во други закони, односно истата престанала да постои со Законот за престанување на важење на Законот за комасација („Службен весник на РМ“, бр. 103 од 2008 година). сто така, извршено е дополнување на И членот 25 со следните даночно ослободени промети: - п ромет на недвижности во постапката на конфискација; - п рометот на станови во општестве-на сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот; - к ога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки.

roagens.mk


 

ДДВ

Информација

ИНФО ПО ПРЕДЛОГ - ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

С

о новопредложените измени и дополнувања во Законот за ДДВ (сеуште во собраниска процедура), предвидени се бројни НОВИНИ во оданочувањето со ДДВ, кои кратко ги презентираме во следните 8 точки. 1. Ќе се воведат нови даночни ослободувања за проекти финансирани врз основа на договор за донација, со кој ќе се обезбедат проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) така што даночното ослободување ќе се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање (предвидена примена од 1 јули 2014 година); 2. Ќе се пропише посебна даночна основа за оданочување на услугата за отстапување на привремен агенциски работник на работодавач корисник; Надоместокот за услугата за отстапување на привремен агенциски работник на работодавач корисник (услуга што ја даваат Агенции за привремени вработувања) конечно добива свој јасен третман, со подредување на провизијата во „посебна даночна основа“ за оданочување со ДДВ, согласно со членот 19 од Законот за ДДВ. На овој начин, при отстапување на привремен агенциски работник согласно закон, даночната основа за оданочување на оваа услуга ќе претставува само издвоената провизија што му се фактурира (со 18% ДДВ) на работодавачот- корисник на услугата. 3. Предвидено е ослободување од данок на додадена вредност, без право на одбивка на претходен данок за услугата „употреба на јавен пат, негов дел или објект од патот (патарина)“;

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

4. Со механизмот на пренесување на даночната обврска Reverse Charge, се предлага од 1 февруари 2014 година, во промет извршен помеѓу даночни обврзници регистрирани за целите на ДДВ, даночната обврска од вршителот на прометот, да се префрла за пресметување и плаќање кај примателот на прометот на добра и услуги. Ова е случај кога станува збор за следните промети на добра и услуги: • градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно законот со кој се уредува градењето; • прометот со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба, отпад, индустриски и неиндустриски отпадни материјали, отпаден материјал кој може да се рециклира, делумно преработен отпад и • недвижности во извршна постапка или во постапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање. Даночниот обврзник кон кого се врши прометот ќе биде даночен должник и во случај на плаќање кое ќе го врши однапред (аванс), пред да биде извршен наведениот промет на добрата и услугите. 5. Со пропишување на посебни одредби за “инвестициско злато“, ќе се пропише даночно ослободување на прометот и увозот на инвестициско злато, со право на одбивка на претходен данок (предвидена примена од 1 февруари 2014 година);

35


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

6. Ќе се бришат одредбите за годишни даночни обврзници, па даночните обврзници кои доброволно се регистрирале за цели на данокот на додадена вредност, наместо календарска година даночниот период ќе им биде календарско тримесечје. (Овие даночни обврзници преминуваат од годишни во тримесечни даночни обврзници од 1 јули 2014 година, но за прв даночен период во 2014 година, ќе им се смета периодот од 01 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година). 7. Кај новорегистрираните даночни обврзници, за прв даночен период ќе им се смета само периодот од датумот на регистрација.

8. Предвидено е доставување на нов даночен извештај за извршените промети во случаи на пренесување на даночна обврска (Reverse Charge). Станува збор за „ИЗВЕШТАЈ за извршените промети на добра и услуги од даночните обврзници кои вршат испорака на добра или услуги, за кои даночен должник за данокот на додадена вредност е примателот на прометот.“ Извештајот ќе се доставува заедно со даночната пријава на данокот на додадена вредност за соодветниот даночен период.

36 СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4

И

Т ЗА БУЏЕ

5 6

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИТОЛА, х. МИЛЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

www.p

roagens.mk


ТРГОВСКО ПРАВО

 

НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОЈАСНУВАЊЕ Мотив за новата измена на Законот за трговски друштва

С

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

о измена на Законот за трговските друштва (ЗТД) 1, објавена во „Службен весник на РМ”, бр. 119 од 29 август 2013 година во сила од 06 септември 2013 година, во ЗТД се воведоа нови решенија со кои се предвиде можност под одредени услови да се изврши трансформација на заем и дополнителна доплата во влог во друштвото. Во тие рамки во членот 3 став 1 точка 4-а беше воведена нова дефиниција: „Заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото“ е заем даден од содружникот односно акционерот, кој е наменет за трговско друштво во целосна негова сопственост, или заем даден од друго трговско друштво основано од содружникот, односно акционерот на трговското друштво кое го дава заемот, а кое е во негова целосна сопственост. Она што недвосмислено произлегуваше од дефиницијата на заемот што може да се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото, е дека тој мора да потекнува од содружникот, односно акционерот кој е единствен сопственик на друштвото на кое е даден заемот. Вториот дел од одредбата: „... или заем даден од друго трговско друштво основано од содружникот, односно акционерот на трговското друштво кое го дава заемот, а кое е во негова целосна сопственост“, беше окарактеризиран како недоволно јасен, поради отсуство на правна логика предизвикана можеби од техничките пропусти на изготвувачот/предлагачот, иако беше видлива интенцијата на законодавецот за создавање можност за трансформација на заем даден меѓу поврзани лица.

* Правен советник

Новелирањето на ЗТД објавена во „Службен весник на РМ”, бр. 187 од 30 декември 2013 година, во сила од 7 јануари 2014 година, претставува интервенција токму во членот 3 став 1 точка 4-а, со која се врши поедноставување и појаснување на дефиницијата на заем што се трансформира во влог во друштвото, но во суштинска смисла не се менува. Според новата дефиниција: „Заем што се трансформира во влог во друштвото во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото“ е кога заемот исклучиво е даден од страна на содружникот, односно од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост.

d_jacimovic@proagens.com.mk

1

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13 и 187/13.

37


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА

З

аконот за регистрирање на готовинските плаќања е повторно изменет и дополнет со објава во „Службен весник на РМ“, бр. 188 од 31 декември 2013 година, при што измените влегоа во сила на 8 јануари 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето).

Ирена НИКОЛОВСКА *

ДЛОЖУВАЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА ПОСЛЕДНИТЕ О ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ (79/13) - ОД 1 МАЈ 2014 ГОДИНА Најважно е да напоменеме дека со измената на Законот се врши пролонгирање на почетокот на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (“Службен весник на РМ”, број 79/13), кој влезе во сила на 8 јуни 2013 година, така што истиот ќе се применува од 1 мај 2014 година, наместо од 1 јануари 2014 година.

38

З аконот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 79/13), чија примена се одложува од мај 2014 година, главно се однесува на: - имплементацијата на интегрираниот автоматски систем за управување, како пропишан составен дел на фискалниот систем на опрема, преку кој сe овозможува постојана електронска комуникација на деловните објекти на даночните обврзници со УЈП и следење на готовинскиот промет во реално време (преку неговите составни делови: GPRS терминал и крипто модул, кои може да бидат надворешно поврзани или вградени во фискалната апаратура). Kомуникацијата и преносот на податоците меѓу GPRS терминал и серверот во Управата за јавни приходи се врши преку GPRS мрежа на мобилните оператори во Република Македонија наменета за пренос на податоци,

* Даночен советник i_nikolovska@proagens.com.mk

- враќањето на претходно пропишаната содржина (укината од Уставен суд во 2008 година) на фискалната сметка и изгледот на фискалното лого т.е. составните елементи: податоци за продадени македонски производи и идентификациска ознака отпечатена на секоја фискална сметка со сонце со пораките „ДА КУПУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ”, „ЗА НАШЕ ДОБРО”, „Made in Macedonia”. Новите обрасци за фискална сметка (ФСwww.p

roagens.mk


ФИСКАЛИЗАЦИЈА

01), фискално лого (ФЛ-04), сторна сметка (СС-02), Книга за дневни финансиски извештаи (КДФИ-01) и Итна сметководствена книга (ИСК03) се објавени во новодонесениот Правилник за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образецот на фискалното лого, издавањето на документ касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи, начинот и постапката за издавање на дозвола за одобрување за користење на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите (“Службен весник на РМ” број 126/13, во примена од 1.1.2014 г.), меѓутоа истите ќе се применуваат од 1 мај 2014 година, поради одложувањето на примената на претпоследните промени на законот (79/13), - ново ослободување т.е. непостоење обврска за воведување и користење одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања за продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и книжни пари и - други промени кои се однесуваат на автотакси превозот. Напомена:

Во ИНФОРМАТОР број 6/2013 година е објавен коментар на горенаведените измени и дополнувања на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 79/13), кои ќе почнат да се применуваат од 1 мај 2014 година.

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

ДЛОЖЕНИ РОКОВИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ О НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ реодните рокови за воведување на интеП грираниот автоматски систем за управување, се одложија на следниот начин: 1) 1 мај 2014 до 31 јули 2014 година (наместо 1 јануари 2014 до 31 март 2014 година) за: - даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, - даночни обврзници кои вршат угостителска дејност и - даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи), 2) 1 мај до 31 октомври 2014 година (наместо 1 јануари 2014 до 30 јуни 2014 година) за: - сите други даночни обврзници.

БВРСКА ЗА ЧУВАЊЕ КРИПТО КАРТА О КОЈА Е СОСТАВЕН ДЕЛ НА КРИПТО МОДУЛОТ о новата промена на Законот (188/13) се С менува членот 3-а ставот 5, кој беше новододаден со претпоследните промени на Законот (79/13) што сега се одложуваат од 1 мај 2014 година, во насока на прецизирање, така што регулира дека даночниот обврзник е должен да ја замени крипто картата која е составен дел на крипто модулот еднаш годишно и заменетата крипто карта да ја чува најмалку пет години во објектот. Претходната одредба гласеше дека даночниот обврзник е должен да го замени крипто модулот еднаш годишно и заменeтиот крипто модул да го чува најмалку пет години во објектот.

39


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

УПУВАЧОТ БЕЗ ОБВРСКА ДА ПЛАТИ К ДОКОЛКУ НЕ ДОБИЕ ФИСКАЛНА СМЕТКА о промената на Законот се пропишува С нов член 4-а, со кој се регулира дека ако даночниот обврзник на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата во моментот на предавањето на доброто, односно на извршувањето на услугата не му издаде фискална сметка, купувачот на доброто, односно корисникот на услугата нема обврска да ја плати цената на доброто, односно цената на услугата, во сила од 8.1.2014 година.

40

Оваа одредба претходно беше пропишана во член 4 став 3 на законот и укината со Одлука на Уставен суд („Службен весник на РМ“, бр. 60/07), во сила од 16 мај 2007 година, со образложение дека ваквата одредба е неуставна и поттикнува своевидно беззаконие и охрабрување на граѓаните да стекнуваат добра/услуги без да платат и тоа токму од оние продажни/услужни места кадешто не се издаваат фискални сметки, а со сето тоа доаѓа до правно нереализирани пазарни односи и несигурност на воспоставените односи на пазарот.

Г ЛОБА ЗА КУПУВАЧОТ АКО НЕ ПОБАРА/ЧУВА ФИСКАЛНА СМЕТКА Преку пропишување на нов член 21-в во законот, се враќа претходно пропишаната глоба во износ од 20 евра (претходно во износ од 100 евра) во денарска противвредност, која ќе му се изрече на физичко лице - купувач на добро, односно корисник на услуга доколку не побара фискална сметка или фискалната сметка не ја чува до 15 метри од напуштањето на местото на прометот на доброто, односно на услугата (член 6 став 1), во сила од 8.1.2014 година. ретходно, во тековно избришаниот П член 23 на законот, беше пропишана глоба од 100 евра за купувачот/корисникот кој не земал фискална сметка. Членот 23 беше укинат со Одлука на Уставен суд („Службен весник на РМ“, бр. 123/07), во сила од 9.10.2007 година, а потоа и избришан со измена на законот објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 6/12. Образложението на Уставниот суд беше дека чувањето на фискалната сметка од страна на купувачот може да се прифати како рационално, законско решение, заради овозможување контрола, како доказ за легално направена трансакција или за потребите на рекламација на производот, меѓутоа казнувањето на граѓаните-потрошувачи заради непоседување фискална сметка не претставува оправдана рационална мерка, односно тоа дејствие нема карактер на противправно/ неморално однесување на граѓаните за да се санкционира, дополнително што преку поседувањето на фискална сметка неможе во никој случај да се сузбие сивата економија, како крајна цел на законодавецот при воведувањето на фискализација.

kontakt@proagens.com.mk

www.p

roagens.mk


БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

 

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2014-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

Н

Ирена НИКОЛОВСКА *

аменско, рационално, ефикасно и економично користење на средствата на буџетот, од страна на буџетските корисници и единките корисници, се обезбедува со посебен Закон за извршување на буџетот. Во “Службен весник на РМ”, бр. 180 од 23 декември 2013 година е објавен Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, во понатамошниот текст: Законот, со кој, како и секоја година, се наложува преземање на обврски и правење расходи, без надминување на одобрениот лимит со Буџетот. 1

ИЗВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ уџетските корисници од централната власт можат да ги коБ ристат средствата само доколку во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот до Трезорот при Министерството за финансии достават годишен финансиски план по квартали за користење на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки. Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници. рз основа на извадокот, единките корисници изготвуваат свој В финансиски план по квартали, сметки, програми, потпрограми и ставки, кои имаат обврска да го достават до надлежното министерство, а надлежното министерство консолидираниот финансиски план да го достави до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Во текот на годината буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се ра* Даночен советник

Буџетските корисници од централната власт - министерствата кои

1

i_nikolovska@proagens.com.mk

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

во својот состав имаат единки корисници се должни да го контролираат наменското и законитото користење на средствата со кои располагаат единките корисници.

41


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

боти за расходи кои не можеле да бидат навремео планирани и за истото е потребно да се достави образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. Врз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот при Министерството за финансии најдоцна пет дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. уџетските корисници од централната Б власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до Трезорот при Министерството за финансии да достават и збирен квартален план по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки за своите единки корисници.

42

Во текот на дадениот квартал буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на кварталниот финансиски план по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, во рамките на износите одобрени за дадениот квартал.

Исплата на платите Исплатата на платите на буџетските корисници се одобрува и контролира од страна на Министерството за финансии. Согласно со член 7 од Законот за извршување на буџетот, буџетските корисници од централната власт и единките корисници се задолжени, два дена пред исплатата на платата, до Министерството за финансии да достават Барање за одобрување на средства за плати, кон кое треба да приложат: - образец МБП,

- о бразец Ф-1 за бројот на вработените по име и презиме, плата, како и

www.p

Во случај на нови вработувања, буџетските корисници од централната власт и единките корисници се должни да достават известување за обезбедени финансиски средства и да приложат Образец М-1.

Исплата на надоместоците

Надоместок на трошоци за одвоен живот

Надоместокот на трошоци за одвоен живот од семејството во 2014 година е утврден во висина од 30% од просечната месечна нето плата во Република Македонија исплатена во претходните 3 месеци и истиот им следува на работници - избрани и именувани функционери кај буџетските корисници од централната власт и единките корисници. Надоместок на трошоците за одвоен живот не им припаѓа на лицата чие место на живеење е оддалечено помалку од 100 километри од работното место. Како одвоен живот од семејството се смета кога наведените лица кои имаат семејство за издржување ќе засноваат работен однос во орган на управата надвор од нивното живеалиште, а во местото каде што е седиштето на органот, не живеат со своето семејство. Напомена:

На функционерите кај буџетските корисници од централната власт и единките корисници кои користат надоместок за одвоен живот од семејството не им следува надоместок за трошоците за превоз заради посета на потесното семејство. Надоместок за закупнина на стан

- к опија од рекапитулацијата за пресметани плати,

- други податоци во пишана и

електронска верзија (на ЦД, дискета, е-маил и друго) за односниот месец за кој се однесува исплатата.

Надоместокот за закупнина на стан им следува на лица кои имаат право на користење на службен стан, доколку истиот не може да им се обезбеди. Висината на надоместокот

roagens.mk


БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

за закупнина на стан ја одредува Владата на РМ и во тој случај не следува надоместок за одвоен живот. Напомена:

а лицата на кои им следува право на Н користење на службен стан, со членот 12 од Законот е предвидено и правото на надоместок за селидбени трошоци во висина на вистинските трошоци за превоз на покуќнината, под услов да не примаат надоместок за одвоен живот. Надоместите за одвоен живот и за закупнина ги добиваат и лицата на служба во Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, на кои согласно закон им следуваат овие права. Напомена:

За деновите кога вработениот е на службен пат, боледување, годишен одмор и отсуство од работа по било која друга основа, надоместокот за одвоен живот, според член 11 од Законот, не му се исплатува. Парична помош за боледување Членот 13 го регулира правото за парична помош на вработен кој е на непрекинато боледување подолго од 6 месеци. Висината на паричната помош е една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде е вработен. Отпремнина за пензија Согласно член 14 на Законот, во случај на заминување на работникот во пензија му се исплатува двократен износ за отпремнина пресметан врз основа на просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата. Парична помош за починат работник и член на семејство Покрај претходната можност за доделување помош на вработените, дадено е и пра-

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

во на парична помош на семејството на починат работник, регулирано со членот 15. Висината на помошта по овој основ е утврдена фиксно, во износ од 30.000 денари. Во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување), доколку живеел во заедница, на вработениот му следува парична помош во висина од 15.000 денари по семејство. Живеење во заедница подразбира вработениот и членот на потесното семејство да се со место на живеење на иста адреса што се докажува со соодветен документ за идентификација (лична карта или пасош). Горенаведената парична помош се исплатува по претходно доставено барање со комплетирана документација во годината на настапување на смртта, односно во годината која следи по годината на настапување на смртта. За работниците ангажирани со договори за отстапување на работник за привремени вработувања, средствата за исплата на солидарна помош на вработените ги обезбедува работодавачот, а исплатата ја врши Агенцијата за привремени вработувања. Напомена:

Буџетските корисници согласно со член 16 од Законот, ги исплаќаат надоместоците за: одвоен живот, закупнина на стан, селидбени трошоци, боледување подолго од шест месеци, отпремнина за пензија, смрт на работник или на член на неговото потесно семејство, од одобрените средства со Буџетот.

Можност за нови вработувања Буџетските корисници и единките корисници на буџетски средства, јавните претпријатија, агенциите и јавно-правните субјекти основани од централната власт, како и трговските друштва основани од РМ, освен независните регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, можат

43


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

да вработуваат работници на определено време, на неопределено време и да склучуваат договори за отстапување на работник за привремени вработувања, за вршење на привремени работи само под услов ако за тоа се обезбедени финансиски средства во Буџетот на РМ, односно во финансиските планови за тековната фискална година. Министерството за финансии, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за вработување на нови работници, писмено ги известува наведените субјекти (институции) за обезбедените финансиски средства за бараните вработувања.

ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТИТЕ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ, ДОНАЦИИ И ЗАЕМИ

44

Буџетските корисници од централната власт можат да ги користат приходите остварени од самофинансирачките активности, од донации и заеми, за намените и во висина на износите утврдени со Буџетот врз основа на годишен финансиски план по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој е потребно да се достави до Трезорот при Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот.

Напомена:

Во текот на годината, буџетските корисници од централната власт можат да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да достават образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. Врз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот, најдоцна 5 дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. Буџетските корисници, кои во својот состав имаат единки корисници, се должни да достават до Трезорот и збирен квартален план по месеци, по сметки, програми, потпрограми и ставки, за своите единки корисници. Напомена:

Буџетските корисници од централната власт, кои во својот состав имаат единки корисници, се должни во рок од 5 дена од донесувањето на Буџетот, до секоја единка корисник, да достават извадок од годишниот финансиски план по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници.

Во текот на дадениот квартал, буџетските корисници од централната власт можат да достават барање за измена на кварталниот финансиски план по месеци, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, во рамките на износите одобрени за дадениот квартал.

Врз основа на овој извадок, секоја единка корисник изработува сопствен годишен финансиски план, по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој има обврска да го достави до надлежното министерство и до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесување на Буџетот.

Прераспределба на средства

02/ 3162-979 i 3298-763 www.p

Прераспределбата на утврдените средства на посебните сметки, меѓу расходните ставки, програми и потпрограми во рамките на Буџетот на буџетскиот корисник, се врши со претходна согласност на министерот за финансии.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

 

ИНФОРМАЦИЈА

НОВО УПАТСТВО ЗА ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ ВОВЕД

В

о „Службен весник на РМ”, бр. 183 од 25.12.2013 година е објавено новото Упатство за начинот на трезорското работење (во натамошниот текст: Упатство), со што престана да важи претходното Упатство (“Службен весник на РМ” бр. 161/09, 171/10 и 118/12). ва:

Новото Упатство, како и претходните го регулира и пропишу- водењето на Регистарот на буџетските корисници; - к ласификацијата на сметките на буџетските корисници во рамките на Трезорската сметка; - отворањето и затворањето на сметки на буџетските корисници во рамки на Трезорската сметка; - формата и содржината на обрасците за плаќање што ги користат буџетските корисници; - и зготвување, доставување и одобрување на финансиски планови на буџетските корисници; - у платите и исплатите на сметките на буџетите и на буџетските корисници во рамките на Трезорската сметка; - извршување на плаќањата за потребите на буџетските корисници; - в одење на евиденција на преземените обврски на буџетските корисници; - доставување на податоци за ненамирени обврски на буџетските корисници; - најавувањето на очекуваните приливи и одливи; - с проведувањето на временото финансирање на буџетските корисници.

Новото Упатство е во примена од 1 јануари 2014 година, меѓутоа истото не воведува многу суштински измени во однос на досегашното вообичаено работење кај буџетските корисници и единки корисници на средства од Буџетот на Република Македонија и Буџетот на единиците на локалната самоуправа (понатаму: буџетски корисници), со исклучок на неколку новини поврзани со пријавата и водењето евиденција на преземените обврски и доставување на податоци за ненамирените обврски, како и променетите рокови за исполнување на некои обврски. Во продолжение ќе се осврнеме на новините, а ќе потсетиме и на пропишаниот начин на уплати и исплати на сметката на

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

45


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

буџетот и на сметките на буџетските корисници, извршувањето на плаќањата за потребите на буџетските корисници и за најавувањето на очекувани приходи и планирани расходи.

1. НОВИНИ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ПРЕЗЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ Упатството посебно ги уредува обврските околу водењето на евиденција на преземените обврски, која опфаќа пријавување, промена и поништување на пријавените преземени обврски.

1.1. Пријава според рочноста (тековни и повеќегодишни) во примена од 1 јануари 2014 г.

46

Трезорот води евиденција на пријавените обврски од страна на буџетските корисници во единствена база на податоци. Евиденцијата се постигнува со внесување на податоците искажани во посеб-но пропишаните обрасци (образец О1 и ПО1). При внесувањето на податоците се проверува сметката на буџетскиот корисник, потпрограмата и расположивиот износ на расходната ставка од која би се вршеле плаќањата. Потоа се доделува број на преземената обврска, а информација за доделениот број буџетскиот корисник добива преку изводот за состојбата на сметката. Со точката 83 од Упатството (која ја заменува точката 82 од претходното Упатство), се налага на буџетските корисници евидентирањето на пријавувањето, промената и поништувањето на преземените обврски да го вршат одделно за: - п реземениповеќегодишни (долгорочни) обврски и - п реземени обврски за тековната година (обврските кои достасуваат до крајот на известувачката година).

02/ 3162-979 i 3298-763 www.p

З а таа цел, буџетските корисници најнапред ги пријавуваат обврските на тој начин што, за: - п овеќегодишните обврски - поднесуваат (НОВ) Образец за пријавување на повеќегодишни обврски - ПО1, кој е даден во Прилог 7 и е составен дел на Упатството. - о бврските за тековната година - поднесуваат Образец за пријавување на обврски во тековна година - О1, кој е даден во Прилог 8 и е составен дел на на Упатството. (Исто така станува збор за нов, видоизменет образец.)

Доставувањето на обрасците ПО1 и О1 во хартиена форма во трезорските канцеларии се врши најдоцна до 12.30 часот, за разлика од претходно кога обрасците (за тековни обврски) можеа да се доставуваат до 14 часот. Е видентирање на преземени обврски се врши со доставување на обрасците во хартиена форма во трезорските канцеларии или по електронски пат (преку веб апликација со примена на сертификати за електронски потпис). При доставување на обрасците во хартиена форма се доставуваат два примерока, еден примерок од обрасците останува во трезорската канцеларија, а вториот примерок го задржува буџетскиот корисник. За користење на веб апликацијата за евидентирање на преземени обврски, буџетските корисници се регистрираат во Трезорот со цел обезбедување право на пристап за комуникација со системот за евиденција на преземени обврски.

1.2. Пријавување на тековните обврски со нов лимит, од 1 јануари 2014 година уџетските корисници продолжуваат како Б и досега, да ги пријавуваат преземените обврски за тековната година, за склучен договор, порачка, решение за службено патување, законска обврска и други документи кои може да предизвикаат обврска за плаќање во некој иден период, со тоа што од

roagens.mk


ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

1 јануари 2014 година, предмет на пријавување се обврските во износ еднаков или поголем од 370.000 денари (околу 6.000 евра). о ова значајно се подигна новата граС ница, над онаа од 590 евра која се применуваше од 25 септември 2012 година до крајот на 2013 година. Тоа значи дека се намалуваат и обврските за буџетските корисници. (Инаку пред 25 септември 2012 година границата со која се пријавуваа тековните обврски изнесуваше скоро колку и новата: 5.900 евра.) уџетските корисници ги пријавуваат Б преземените обврски за тековната година, за склучен договор, законска обврска и други документи кои можат да предизвикаат обврска за плаќање во некој иден период во тековната година, за износ еднаков или поголем од 370.0000 денари и тоа за следните видови на расходи (освен за исплатите кои се вршат од разделот 09002- Министерство за финансии - функција на држава): 421 - Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, за следните расходни потставки: 421220 - Дрва 421230 - Јаглен 421240 - Течни горива 421290 - Други материјали за греење 421430 - Транспорт на стоки 421440 - Транспорт на луѓе 423 - Материјали и ситен инвентар - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 424 - Поправки и тековно одржување - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 425 - Договорни услуги - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 426 - Други тековни расходи, за следните расходни потставки: INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

426210 - Расходи за репрезентација 426310 - Семинари и конференции 426410 - Објавување на огласи 426990 - Други оперативни расходи 480 - Купување на опрема и машини - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 481 - Градежни објекти - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 482 - Други градежни објекти - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 483 - Купување на мебел - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 484 - Стратешки стоки и други резерви - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 485 - Вложувања и нефинансиски средства за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите расходни потставки 486 - Купување на возила - за оваа расходна ставка се врши пријавување на преземените обврски за сите рас-ходни потставки. Пријавувањето на преземените обврски за тековната година се врши во рок од 15 работни дена (а не како досега во рок од 10 работни дена), од денот на нивното настанување. Напомена:

Буџетските корисници кои имаат евидентирано преземени повеќегодишни обврски, за делот од обврската евидентиран во образец ПО1 кој се однесува за тековната фискална година, поднесуваат образец О1.

www.proagens.mk

47


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ри пријавување на преземените обврски П за тековната година согласно точка 100 од ова упатство, во образецот О1, се обележува полето “пријава преку ПО1“ и во елементот “Број на ПО1*“ се внесува доделениот број на претходно пријавената повеќегодишна обврска со образец ПО1. Пријавувањето на обврска со О1 поврзана преку ПО1, се врши во рок од 30 дена по пријавувањето на повеќегодишната обврска со образец ПО1, односно најдоцна до 31 јануари за евидентирани повеќегодишни обврски од претходните фискални години. Кога повеќе буџетски корисници учествуваат во преземање на обврска кон еден добавувач, секој буџетски корисник поединечно ја пријавува преземената обврска за тековната година, за сопствениот дел од обврската, доколку износот на истата е еднаков или поголем од 370.000 денари.

48

Во случај на пријавување на преземени обврски за тековната година, по договори во кои е утврдена само вкупната вредност на договорот или единечната цена на добрата или услугите кои се предмет на договорот, и во кои износот на месечните обврски зависи од количината на извршените испораки, буџетскиот корисник, во терминискиот план ги утврдува и пријавува вкупните месечни износи на преземените обврски, а исплатите по истите можат да се извршуваат во текот на месецот со доставување на едно или повеќе барања за плаќање зависно од извршените испораки (точка 106 од Упатството). Кога се врши плаќање на вака пријавена преземена обврска вкупниот износ на сите барања за плаќање поднесени за плаќање на месечната обврска, треба да биде еднаков или помал од износот на месечната обврска наведен во терминскиот план. При пријавување на преземените обврски за тековната година, кај кои износот во документацијата која е основ за нивно преземање е искажан во странска валута, односно постои девизна клаузула, истиот се пријавува во валутата во која е преземена обврската.

www.p

Напомена:

Доколку елементите во образецот О1, не се уредно, целосно и правилно пополнети, како и кога податоците внесени во образецот О1 не соодветствуваат со податоците од единствената база на трезорот или со податоците од документот од кој произлегува обврската, пријавените преземени обврски нема да бидат евидентирани и потребно е, буџетските корисници е да ја повторат постапката за пријавување на обврската. По внесување на податоците од О1 обрасците и извршената проверка, истите се потврдуваат како евидентирани преземени обврски по претходна усогласеност со единствената база на трезорот (сметка на буџетски корисник, потпрограма, расположиви средства на расходната ставка од каде се пријавува обврската за плаќање). ри пријавување на преземените обП врски за тековната година, преку веб апликација, потврдувањето на истите се врши наредниот работен ден.

• Плаќање на евидентираните пријавени преземени обврски При плаќање на евидентираните пријавени преземени обврски, буџетскиот корисник во барањето за плаќање, во полето “цел на дознака” ги впишува буквите ”ОБ” и го внесува бројот на преземената обврска (од образец О1), потоа ја впишува буквата “Р” и го внесува бројот на рата по која се врши плаќање согласно со терминскиот план за плаќање. Износот наведен во барањето за плаќање треба да биде еднаков или помал од износот наведен во терминскиот план за плаќање. При доставување на барање за плаќање по пријавена преземена обврска со образец О1, кој не е поврзан со ПО1, доколку се врши плаќање на прва рата, истовремено со барањето за плаќање, во трезорската канцеларија се приложува и примерок од склучен договор, законска обврска и други документи кои се основ за обврската за плаќање. Во трезорската кан-

roagens.mk


ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

 

целарија се врши контрола на вкупниот износ на преземената обврска согласно со приложената документација, со вкупниот износ во пријавениот образец О1.

престанување на законска обврска и сл. При поднесување на образецот О1 за одјавување на обврската, буџетските корисници го пополнуваат само елементот “број на обврска”.

Плаќањето на претходно евидентираната пријавена преземена обврска треба да се изврши согласно со терминскиот план за плаќање наведен во образецот О1, но не подоцна од 30 дена по истекот на истиот. Доколку буџетските корисници не поднесат барање за плаќање во наведениот рок, потребно е да извршат промена на термините за плаќање со поднесување на образецот О1.

Во случај кога буџетските корисници претходно вршеле плаќања по евидентираните пријавени преземени обврски за тековна година кои делумно се одјавуваат, истите се одјавуваат само за износот кој останува за плаќање.

• Промена во тековните обврски Буџетските корисници ги пријавуваат и промените на евидентираните преземени обврски, при што во образецот ги пополнуваат елементите: број на обврска и елементите кои се менуваат. Промената на евидентираната преземена обврска ќе се евидентира доколку податоците од образецот О1 се усогласени со податоците во единствената база на трезорот (сметка на буџетски корисник, потпрограма, расположиви средства на расходната ставка од каде се пријавува обврската за плаќање). Евидентираните преземени обврски можат да претрпат промени, така што буџетскиот корисник поднесува друг образец 01. Во него се наведува евидентираниот број на преземената обврска, елементот кој се менува, датум и место кога и каде се поднесува. Образецот го потпишува и оверува овластеното лице на буџетскиот корисник. Трезорот врши проверка и ако проверката е позитивна ги внесува променетите податоци во базата на податоци.

• Поништување на тековните обврски уџетските корисници ги поништуваат Б претходно евидентираните пријавени преземени обврски за тековната година, во случај на раскинување на склучен договор,

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

1.3. Евидентирање на преземени повеќегодишни обврски д 1 јануари 2014 година, буџетските коО рисници имаат обврска да ги пријавуваат и преземените повеќегодишни обврски за склучен договор, кои предизвикуваат обврска за плаќање во наредни години, за сите видови на расходи кои се предвидени и кај пријавувањето на тековните обврски (дадени во претходната точка), освен за исплатите кои се вршат од разделот 09002 Министерство за финансии - функција на држава. ријавувањето на преземените обврски П се врши во рок од 15 работни дена, од денот на нивното настанување. Напомена:

Ден на настанување на обврската е датумот кога договорот е потпишан од сите договорни страни. При пријавување на преземените обврски, буџетскиот корисник покрај образец ПО1 доставен во хартиена форма потребно е да приложи и примерок од склучениот договор и добиена согласност согласно со член 47 од Закон за буџетите. ри пријавување на преземените обврски П од страна на буџетскиот корисник преку веб апликација, договорите и согласноста се доставуваат по електронски пат. Доколку буџетскиот корисник не ја пријави обврската во дадениот рок, Трезорот нема да ја евидентира обврската и по истата нема да може да се реализираат плаќања.

49


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ога повеќе буџетски корисници учествуваК ат во преземање на повеќегодишна обврска, секој буџетски корисник поединечно ја пријавува преземената повеќегодишна обврска со образецот ПО1, за сопствениот дел од обврската. При пријавување на преземените повеќегодишни обврски кај кои износот во договорот е искажан во странска валута, односно постои девизна клаузула, истиот се пријавува во валутата во која е преземена обврската. околку елементите во образецот ПО1, не Д се уредно, целосно и правилно пополнети, како и кога податоците од документот од кој произлегува обврската, не соодветствуваат со внесените податоци во образецот ПО1, обврските нема да бидат евидентирани и буџетските корисници е потребно да ја повторат постапката на пријавување на обврската.

50

По внесување на податоците од образецот ПО1 и нивна проверка и потврдување, буџетските корисници се информираат за бројот на пријавената обврска преку изводот за прометот и состојбата на сметката. При пријавување на преземените повеќегодишни обврски, преку веб апликација, потврдувањето на истите се врши наредниот работен ден.

• Промена на обврска ри промена на евидентираните повеќеП годишни преземени обврски, во образецот ПО1 се обележува полето “промена” и се пополнуваат следниве елементи: бројот на обврската, елементите кои се менуваат, датум и место на поднесување и потпис и печат. - бројот на обврската, - елементите кои се менуваат, - датум и место на поднесување и - потпис и печат. При промена, со образецот ПО1 доставен во хартиена форма или преку веб апликација,

www.p

се приложува и примерок од договор или друг акт со кој се потврдува промената на обврската, само доколку промената се однесува на вкупниот износ на обврската.

• Одјавување на обврска При одјавување на евидентираните повеќегодишни обврски, се поднесува образец ПО1, при што во образецот се обележува полето ”одјава” и се пополнуваат само елементите: - број на обврска, - датум и место на поднесување и - потпис и печат. о случај кога буџетските корисници претВ ходно вршеле плаќања по евидентираните пријавени преземени обврски за тековна година кои делумно се одјавуваат, истите се одјавуваат само за износот кој останува за плаќање. При одјавување, покрај образец ПО1 доставен во хартиена форма или преку веб апликација, се приложува и примерок од договор или друг акт со кој се потврдува одјавувањето на обврската.

• Усогласување со трезорот во рок од 20 дена по изминување на кварталот Буџетскиот корисник на квартално ниво врши усогласување со извештаите од Трезорот за пријавените повеќегодишни обврски и во рок од 20 дена по изминување на кварталот (претходно немаше пропишан рок), за кој се врши усогласување доставува потврда до Трезорот, со која потврдува дека сите склучени повеќегодишни договори, се пријавени со ПО1 образец. о истекот на секоја фискална година, за П сите евидентирани преземени повеќегодишни обврски пријавени за таа година, по кои не се извршени сите најавени плаќања, за делот на нереализираните плаќања буџетскиот корисник врши промена со доставување на образец ПО1, за пренесување на преземените обврски во наредните години.

roagens.mk


 

1.4 Доставување на податоци за достасани ненамирени обврски на буџетските корисници

може да го одложи одобрувањето на финансиските планови на буџетскиот корисник или да го одложи одобрувањето на барањата за плаќање поднесени од страна на буџетскиот корисник.

ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

уџетските корисници на основниот буБ џет на Република Македонија во рок од 15 дена по истекот на секој месец (а не како претходно: до 10-ти во месецот), доставуваат преглед на достасани ненамирени обврски (кој е даден во Прилог 9 на Упатството), со состојба од последниот ден на претходниот месец. И овој образец е изменет во согласност со измената во расходните ставки за кои ќе се пријавуваат обврските. Прегледот на достасани ненамирени обврски ги содржи следните податоци: - раздел на буџетскиот корисник, - РКБ на буџетскиот корисник, - назив на буџетскиот корисник, - о бврски до 30 дена (освен за расходните ставки 401 и 402 ), - о бврски до 60 дена (освен за расходните ставки 401 и 402 ), - о бврски над 60 дена (утужени, неутужени и вкупно, освен за расходните ставки 401 и 402), - в купно ненамирени обврски по достасаност (освен за расходните ставки 401 и 402), - в купно ненамирени обврски по расходна ставка и - в купно ненамирени обврски за сите расходни ставки. За сите достасани ненамирени обврски над 60 дена буџетскиот корисник доставува детално писмено образложение. Буџетските корисници кои во својот состав имаат единки корисници доставуваат збирен преглед за своите обврски и за обврските на своите единки. Доколку буџетските корисници не го достават прегледот на достасани ненамирени обврски во предвидениот рок, Трезорот

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

2. УПЛАТИ И ИСПЛАТИ НА СМЕТКАТА НА БУЏЕТОТ И НА СМЕТКИТЕ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ Во рамките на Трезорот работи Трезорската сметка. Сите уплати и исплати што ги имаат Буџетот на Република Македонија, Буџетот на единиците на локалната самоуправа и буџетските корисници од прва и од втора линија (понатаму буџетски корисници) се одвиваат преку Трезорската сметка. Секој буџетски корисник може да поседува повеќе сметки, секоја за посебна намена во состав на Трезорската сметка. Упатството посебно регулира, за секоја од сметките, кои уплати и исплати можат да се вршат и начинот на кој се вршат плаќањата.

Уплати и исплати на сметката на Основниот буџет (630) На товар на сметката на Основниот буџет се врши пренос на средства на сметките за буџетско работење (637, 603) на буџетските корисници. За да се изврши пренос, потребно е буџетските корисници да имаат доставено барања за плаќање и истите да бидат одобрени од Трезорот. Воедно од оваа сметка можно е да се врши поврат на повеќе или погрешно уплатени средства на оваа сметка. Во корист на сметката на Основниот буџет (630) се уплаќаат средства по основ на приходи и други приливи во основниот буџет, или поврат на повеќе или погрешно уплатени средства. На оваа сметка се уплаќаат и средства од поврат на погрешно исплатени средства од сметките за буџетско работење на буџетските корисници (637, 603).

51


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Уплати и исплати на сметката за Основниот буџет кај буџетските корисници (603, 637)

ректно на сметката на Буџетот (630), бидејќи сметката за редовно работење може да прима средства исклучиво од Буџетот.

Сметката на основниот буџет 603, односно 637 кај Министерствата е основна сметка за работа кај буџетските корисници (тнр. „буџетска сметка“). Од оваа сметка се вршат плаќања кон физички и правни лица, небуџетски корисници, или пак на посебните сметки на другите буџетски корисници (787, 788), освен на нивните сметки за донации и кредити (785, 786), како и кон сметките за расходи на буџетот на дотации (937, 903). Буџетските корисници на товар на сметките на Основниот буџет (637, 603) вршат:

52

- п лаќања кон сметки надвор од трезорската сметка и на сметки на другите буџетски корисници (освен на сметките на буџетот од донации и заеми и сметките на расходи на буџетот на дотации) и - п ренос на средства на своите сметки за донации и заеми по основ на буџетско учество по одредени проекти. Согласно Упатството, сметката на Основниот буџет (буџетската сметка) може да прима средства во своја корист исклучиво од Буџетот (630). Салдото на сметката за основниот буџет, во секој момент мора да биде “0”. Тоа се постигнува на тој начин што секој буџетски корисник има одобрено одредена висина на средства за трошење. Одобрените средства се наоѓаат на сметката на Буџетот. На сметката на буџетскиот корисник се пренесуваат онолку средства колку што изнесува и плаќањето, кое се спроведува заедно со преносот. Состојбата на одобрените и потрошените средства од сметката за основниот буџет, буџетските корисници ја следат преку известувањето што го добиваат од трезорската канцеларија со банковиот извод, како негов составен дел. Во случаите кога од сметката за основниот буџет (603, 637) се исплатени повеќе или погрешни средства, повратот се врши диwww.p

Уплати и исплати на сметката за Основниот буџет (631) Буџетските корисници на товар на сметката на Основниот буџет (631) можат да вршат: - п лаќања по разни основи кон сметки надвор од трезорската сметка и - п лаќање кон сметки на други буџетски корисници (освен сметките на буџетот за дотации, сметките на расходи на буџетот на дотации, донации и заеми). Во корист на овие сметки се вршат: - у плати од сметки надвор од трезорската сметка и од сметки на другите буџетски корисници и - в раќање на повеќе или на погрешно платени средства.

Уплати и исплати од сметките за самофинансирачки активности (787, 788) При работењето со сметката за самофинансирачки активности (787, 788), (тнр. сопствени приходи) во сопственост на буџетските корисници продолжуваат да се применуваат истите правила и постапки. Трошењето на средствата се врши исклучиво со годишно односно квартално одобрување од Трезорот. Преку оваа сметка можат да се вршат плаќања кон небуџетски корисници или пак кон сите сметки на други буџетски корисници (освен кон сметките за дотации, донации и кредити). Сметките за самофинансирачки активности на буџетските корисници, средства може да примаат од други небуџетски корисници, физички и правни лица, од сметките на други буџетски корисници, како и поврат на повеќе односно погрешно уплатени средства. Не е овозможено да се примаат средства од Буџетот и од сопствената буџетска сметка.

roagens.mk


ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

За разлика од буџетската сметка, на оваа сметка може да има салдо на средства. Со банковиот извод се добива и известување за одобрените и расположиви средства за трошење согласно со одобрените финанисиски планови. Средствата кои на крајот на годината ќе останат неискористени, како салдо на банковиот извод, се пренесуваат за трошење во наредната година.

Уплати и исплати на сметката за донации и на сметката за кредити (785, 786) Сметките за донации, односно сметките за кредити, ќе работат на истиот принцип како и досега. Овие сметки се отвораат со посебно одобрување по одредени проекти или договори за заеми. Сметката за донации, која има наменски карактер, функционира се додека има средства на неа кои се трошат согласно со динамиката утврдена и договорена со донаторот. На овие сметки, буџетските корисници можат да примаат средства од донатори, небуџетски корисници, од своите буџетски сметки, како и поврат на средства по разни основи. Исплати можат да се вршат кон небуџетски корисници и кон посебните сметки на другите буџетски корисници (освен сметките за дотации, донации и кредити).

Уплати и исплати на сметките на Буџетот на приходи на дотации (930) На товар на сметките на буџетот на приходи на дотации (930) се врши: - п ренос (трансфер) на средства на сметките на расходи на буџетот на дотации (937 и 903) на буџетските корисници при плаќања од тие сметки и - в раќање на повеќе или на погрешно платени средства. Во корист на сметките на буџетот на дотации (930) се вршат: - у плати од страна на буџетските корисници од сметката на основниот буџет (637) и

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

- в раќање на повеќе или на погрешно платени средства.

Уплати исплати на сметките на Буџетот за расходи на дотации (937, 903) На товар на сметките на расходи на буџетот на дотации (937 и 903) се вршат плаќања кон сметки надвор од трезорската сметка и на сметки на другите буџетски корисници (освен на сметките на буџетот на донации, заеми и дотации). о корист на овие сметки, кои на дневна В основа завршуваат со салдо “0”, се врши исклучиво пренос на средства од буџетот на приходи на дотации (930). Овие сметки се во функција на буџетите на локалната самоуправа (тнр. општински сметки). Овие сметки функционираат на истиот принцип како и буџетските сметки 637 и 603. Средства примаат исклучиво од Буџетот за приходи на општината (930). При евентуално погрешно или поголемо плаќање на средства од оваа сметка, поврат на истите се врши директно на Буџетот за приходи на дотации (930) на општината од која се финасираат. Плаќања можат да се вршат по разни основи кон небуџетски корисници како и кон сметки на други буџетски корисници освен кон нивните снетки за дотации, донации и кредити. Салдото на банковиот извод мора секогаш да биде “0”. За одобрените а не потрошени средства од општината, кои можат да се користат за подмирување на обврските постои известување во склоп на банковиот извод.

Уплати и исплати на уплатните сметки (840, 843 и 845) Уплатните сметки 840, 842, 843 и 845 служат за уплата на јавните давачки како од небуџетските така и од буџетските корисници. Уплатата се врши во согласност со Упатството за начинот на евидентирање и распоредување и поврат на јавните приходи.

53


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Уплати и исплати на сметките за самопридонес на општините (784) на депозитната сметка (696) и на останатите наменски сметки (889, 697, 789) Сметките за самопридонес на општините, уплати примаат од обврзниците за самопридонес и служат за трансфер на уплатените средства кон сметката на основниот Буџет на општината (930). На депозитните сметки (696) се вршат уплати од депозити а служат за трансфер на други сметки, плаќања по разни основи и за поврат на депозитот. Останатите сметки (889, 697, 789) функционираат во согласност со намената и потребите на буџетските корисници кои ги поседуваат овие сметки.

Други комуникации помеѓу сметките

54

Продолжува да се одобрува и дополнителната комуникација помеѓу сметките кај буџетските корисници. Ваквата дополнителна комуникација може да се јави поради разни специфични случаи кај буџетските корисници во текот на работењето, а се одобрува по барање на буџетскиот корисник. Упатството предвидува неколку од нив, што не значи дека не можат да се јават и други случаи, и тоа: - к ога буџетски корисник кој во својот состав има единки корисници, остварува приходи од донации, односно кредити за проект во кој учесници се и единките корисници, ќе се дозволи пренос на средства на сметките за донации, односно на сметките за кредити на единките корисници, на товар на сметката за донации, односно кредити на буџетскиот корисник; - к ога еден буџетски корисник остварува приходи од донации, односно проектни кредити, а во проектот учествуваат и други буџетски корисници или единки корисници и на истите треба да се пренесат средства на сметwww.p

ките за донации, односно на сметките за проектни кредити, можно е пренесување средства од сметката за донации, односно кредити од еден на друг буџетски корисник; - к ога буџетскиот корисник покрај редовната дејност врши и друга дејност која се финансира од приходи од самофинансирачки активности или од приходи од органи, при што истиот ги користи тие услуги и за тоа е потребно да се изврши плаќање од редовниот буџет, дозволено е префрлање средства од буџетската сметка (603) на сметката за самофинансирачки активности (787, 788) - други специфични случаи.

3. ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊАТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ Начинот за извршување на плаќањата на буџетските корисници е составен дел на Упатството и е соодветен на вообичаениот начин при трезорско работење. Барањата за плаќање се доставуваат до Одделението за трезорско работење кое го покрива реонот во кој се наоѓа буџетскиот корисник, (Трезорска канцеларија) најмалку еден работен ден пред денот кога треба да се изврши плаќањето. За подигање на готовина буџетските корисници пополнуваат образец 80 и истиот во два примерока го доставуваат до трезорската кнцеларија, најмалку еден ден пред денот на исплатата. Исплатата се врши наредниот ден на шалтерите на некоја од филијалите на деловната банка со која Министерството за финансии има склучено договор за вршење на услуги за готовински исплати. Трезорските канцеларии вршат контрола на барањата само од формален аспект и истите ги внесуваат податоците од барањата за плаќање во системот. Сите барања најдоцна до 15 часот електронски се доставуваат на одобрување до Министерството за финансии - Сектор за трезор.

roagens.mk


ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

За исплата на плати, надоместоци и придонеси, барањата за плаќање се доставуваат на електронските медиум и тоа на образец 62 (за оној дел кој се однесува за нето плата и се уплаќа на трансакциските сметки на лицата вработени кај буџетскиот корисник) и образец 70 (за уплата на персоналниот данок, придонесот за ПИО, придонесот за здравствено осигурување, придонесот за вработување, придонесот за дополнително здравствено осигурување и други дополнителни придонеси), до трезорските канцеларии по истекот на месецот за кој се однесува платата. Покрај доставувањето на барањата на електронски медиум истите се доставуваат заедно со две печатени спецификации за содржината на електронскиот медиум. Кога има задршки од плати по кредити и останато, се користи образец 60 со кој средствата се уплаќаат на соодветните сметки. Барање за безготовински поврат и пренос на средства (образец 73) се користи за поврат на повеќе, на погрешно или на уплатени средства без правен основ од сметките на буџетските корисници, од уплатните сметки и од други сметки во рамките на Трезорската сметка, кон сметки во и надвор од Трезорската сметка, како и на пренос на средства помеѓу сметки во рамки на Трезорската сметка. Барање за пренасочување на јавни приходи (образец 78) се користи за пренасочување на јавните приходи помеѓу уплатните сметки и за распределба од сметки на буџетските корисници на уплатните сметки. Барање за плаќање помеѓу Трезорот и Трезорот на Фондот (образец 76) се користи за плаќања од сметките на буџетските корисници или од уплатните сметки отворени во рамки на Трезорската сметка кон сметките на јавните здравствени установи отворени во рамки на здравствената трезорска сметка и обратно. Барањата за плаќање можат да се достават во хартиена или електронска форма освен Збирно барање за плаќање кое се доставува во електронска форма. INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

Барањата за плаќање кои се доставуваат на хартија се поднесуваат до трезорската канцеларија во два исти примерока. Еден примерок останува во трезорската канцеларија, а еден примерок задржува буџетскиот корисник за своја книговодствена евиденција. Барањата за плаќање кои се изработени во електронска форма се доставуваат заедно со две печатени спецификации за содржината на електронскиот медиум на кои истите се запишани, заверени со печат и потпис од овластени потписници на буџетскиот корисник. Покрај елементите кои ги содржат барањата за плаќање во зависност од видот на плаќањето, електронскиот медиум ги содржи и следниве елементи: датум на валута на барањата, вкупен број на барањата, вкупен износ на барањата, реден број на барањето и износ по поединечно барање.

• Збирно барање за плаќање кон сметки надвор од Трезорската сметка Збирното барање за плаќање кон сметки надвор од Трезорската сметка е појасно уредено со новото Упатство. стото се користи за безготовинско плаИ ќање кон трансакциски сметки надвор од Трезорската сметка кога како налогодавач се јавува една сметка, а како налогопримач се јавуваат повеќе трансакциски сметки од една банка. Збирното барање за плаќање се доставува на електронски медиум, во кој се содржат елементи од Барањето за плаќање кон сметки надвор од Трезорската сметка (образец 60) каде елементите “трансакциска сметка” и “назив и седиште на примач” се пополнуваат за повеќе налогопримачи.

• Појаснување во врска со задршките од плати Во случај кога се врши задршка од плата, а средствата е потребно да се рефундираат во соодветните буџети од каде е извршено

55


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

финансирањето се користи образец 70 при што, се наведува во новото Упатство: во полето “цел на дознака” се впишува зборот “рефундација“, сметката, расходната потставка и програмата на која треба да се изврши сторнирањето на расходот. Бришана е поранешната одредба дека за спроведување на оваа постапка за сторнирање на расходот е потребна согласност од трезорот.

4. НАЈАВУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ ПРИХОДИ И ПЛАНИРАНИ РАСХОДИ Заради планирање на ликвидноста на трезорската сметка, со Упатството е предвидено дека буџетските корисници треба да ги најавуваат очекуваните неделни приходи и

56

планираните неделни расходи поголеми од 10.000.000 денари, до Министерството за финансии. Најавувањето треба да се изврши најдоцна до последниот работен ден во тековната недела, за да може наредната недела да се вклучи во проектираните приходи и расходи. Во најавата е потребно да се наведе типот на сметката, двоцифреното конто, износот и деновите во кои ќе се реализираат приливите и одливите Доколку буџетските корисници, во предвидениот рок, не ги најават сите очекувани приливи и планирани одливи Трезорот може да го одложи одобрувањето на барањата за плаќање поднесени од страна на буџетскиот корисник.

СОВЕТУВАЊЕ ЗА гОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАл 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4

ТИ ЗА БУЏЕ

5 6

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕл 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАл 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИТОлА, х. МИлЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ гОлЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОгРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАлНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АгЕНЦИЈАТА ПРО АгЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 гОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

kontakt@proagens.com.mk www.p

roagens.mk


 

ИНФОРАМЦИЈА

ИНФОРМAЦИЈА ИЗМЕНИ ВО ЦАРИНСКИОТ ЗАКОН

О

д новите измени и дополнувања во Царинскиот закон (објавени во „Службен весник на РМ”, бр. 187/13), кои влегуваат во сила од 7 јануари 2014 година издвоивме повеќе поважни новини кои ќе бидат проследени во овој текст.

1. Усогласување на одредби од Законот кои се однесуваат на транзитната постапка Со најновите законски измени се изврши усогласување на одредбите од Царинскиот закон кои се однесуваат на транзитната постапка, а кои се предуслов за спроведување на заедничката транзитна постапка согласно тнр. „Конвенцијата за заеднички транзит“. Новиот Компјутеризиран Транзитен Систем (НКТС) е заснован на употреба на напредни компјутерски системи и електронска обработка на податоци и гарантира помодерно и поефикасно управување во однос на системот базиран на документи на хартија. Тој се применува при движење на стоки во рамките на националните, заедничките транзитни постапки и транзитните постапки на заедницата, односно овозможува движење на стоки во транзитна постапка помеѓу кои било две места во кои било земји членки на Конвенцијата за заеднички транзит, со користење на една единствена транзитна декларација во електронска форма и единствена гаранција.

ни околности привремено да забрани користење на: - о пшта транзитна гаранција со намален износ (ваква гаранција имаат лицата кои на царинскиот орган му докажале дека ги исполнуваат „повисоките стандарди“ на доверливост) или - к ористење на општа транзитна гаранција (која покрива повеќе транзитни операции кога царинскиот орган му одобрил на главниот обврзник користење на таква гаранција) за стоки кои биле предмет на измами од поголем обем.

2. Надоместок за полагање на стручен испит за лиценциран застапник

Според податок на Министерството за финансии, во проектот се вклучени 32 земји и истиот поврзува приближно 2.300 царински испостави во Европа.

Со измените во членот 6 од Царинскиот закон со кој се уредуваат условите и постапката за давање одобрение за вршење на работи на застапување во царински постапки и лиценца за вршење на застапување, се уредува начинот на утврдување на надоместокот за издавање на лиценца за вршење на застапување и издавање на идентификациска картичка, при што се предвидува дека овој износ не смее да биде повисок од стварните трошоци за издавање на лиценцата и идентификациската картичка, како што се предвидува и дека надоместокот за стручниот испит за лиценциран застапник не смее да биде повисок од стварните трошоци за спроведување на стручниот испит од страна на определената Комисија за негово спроведување.

Со измените во член 107 со кои се додаваат два нови става се предвидува можноста Владата на Република Македонија во посеб-

Пропишувањето на конкретните износи на овие царински надоместоци е доделено на министерот за финансии.

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

57


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

3. Трошоците за анализа и преглед на земените мостри на товар на царинскиот орган Со измените во член 79 став (3) од Царинскиот закон се врши усогласување со одредбите на ЕУ, согласно со кои царинскиот орган ги сноси трошоците за анализа и преглед на земените мостри. Со членот 79 од Царинскиот закон е предвидено, превозот на стоката до местото за преглед или земање на мостри и сето ракување неопходно за преглед на стоката или земање на мостри, да го врши декларантот или да се врши на негова одговорност. Настанатите трошоци се на товар на декларантот.

58

Доколку земањето на мостри е во согласност со пропишана постапка, царинскиот орган не е должен на декларантот да му плати надоместок за земените мостри, меѓутоа, она што е новина во Законот, царинскиот орган ќе ги сноси трошоците за анализа и/ или преглед на земените мостри.

4. Измени во постапувањата со стоки во слободни зони и слободни складови (со примена од 1 јануари 2014 година) Усогласување на одредбите на Царинскиот закон со легислативата на ЕУ се врши и во поглед на царинскиот третман на стоката наменета за слободните зони или слободните складови. Еве како гласи новиот член 181: „Член 181 (1) Стоката која се внесува во слободна зона или слободен склад не мора да се стави на увид на царинскиот орган, ниту пак за неа да се поднесе царинска декларација. Одредбите од овој став не ја исклучуваат

примената на членот 178 став (4) 1 од овој закон. (2) Стока се става на увид на царинскиот орган и за неа се спроведуваат пропишаните царински формалности кога: а) таа е ставена во царинска постапка која завршува во моментот на внесување на стоката во слободна зона или слободен склад. Кога со предметната царинска постапка е одобрено изземање од обврската за ставање на стоката на увид, ставањето на увид не е потребно; б) таа со внесувањето во слободна зона или слободен склад е предмет на одлука за враќање или простување на увозни давачки; в) г и исполнува условите за примена на мерките од членот 176 точка б) на овој закон и г) т аа е внесена во слободна зона или слободен склад директно од странско царинско подрачје. (3) Царинскиот орган може да бара да биде известен за стоката која е предмет на извозни давачки или на други извозни прописи. (4) На барање на странката, царинскиот орган го потврдува домашниот или странскиот статус на стоката ставена во слободна зона или слободен склад.“ Сите лица кои вршат дејност која вклучува чување, обработка или преработка, или продажба или набавка на стока во слободна зона или слободен склад, мора да водат евиденција за стоката во облик одобрен од страна на царинскиот орган. Стоката се внесува во евиденцијата веднаш по нејзиното внесување во просториите на тоа лице. Евиденцијата мора да му овозможи на царинскиот орган идентификација на стоката и мора да го евидентира нејзиното движење.

Член 176 став 4 гласи: Царинскиот орган може да проверува стока која се внесува, изнесува или

1

останува во слободна зона или во слободен склад. За овозможување на вршење на такви проверки, копија од транспортниот документ кој ја придружува стоката при внесување или изнесување, се предава на располагање на царинскиот орган или се чува од страна на лице кое тој орган го определил за таа цел. Кога има потреба од вакви проверки, стоката треба да биде достапна на царинскиот орган. www.p

roagens.mk


ИНФОРАМЦИЈА

Со измените во член 186 се воведува обврска за поднесување на влезна збирна декларација во случаите кога стоката се внесува во слободната зона директно од странско царинско подрачје и обврската за поднесување на излезна збирна декларација во случаите кога стоката од слободната зона директно го напушта царинското подрачје на Република Македонија: „Кога стоката се претовара внатре во слободната зона, евиденцијата која се однесува на претоварот се чува за да му биде на располагање на царинскиот орган. Краткорочното чување на стоката во врска со таков претовар се смета како составен дел на претоварот. За стоката која се внесува во слободната зона директно од странско царинско подрачје или од слободната зона директно го напушта царинското подрачје на Република Македонија, се поднесува збирна декларација во согласност со членовите 46-а до 46-в или 192-а до 192-г на овој закон“ (од изменетиот член 186 став 2 на Царинскиот закон). • Напуштање на стоката од слободна зона или слободен склад Кога стоката го напушта царинското подрачје на Република Македонија од слободна зона или слободен склад, царинскиот орган треба да утврди дека се почитуваат сите прописи со кои се уредува извозот, извозот за облагородување, повторниот извоз, одложувачките постапки, како и одредбите од Поглавје 5 на овој закон, со кои се уредува изнесувањето на стока од царинското подрачје, а не само прописите со кои се регулира извозот или повторниот извоз, како што досега предвидуваше членот 19 од Царинскиот закон.

5. Објава на царинските должници на веб страницата на УЈП Согласно со измените на Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр. 13/06, ... и 187/13), кои се основа за измена и во членот 16 од Царинскиот закон, се овозможи објавувањето на царинските

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

  должници на веб страницата на Управата за јавни приходи. Имено, со дополнување во членот 16 се предвидува дека обврската за чување на доверливи информации, не е повредена кога Царинската управа без согласност на царинскиот должник ги достави за објавување на веб страница на Управата за јавни приходи податоците со листа на должници за доспеани и неплатени долгови подолги од 90 дена, по основ на увозни и извозни давачки и други давачки и даноци од надлежност на Царинската управа. Царинската управа најдоцна до 5-ти во месецот до Управата за јавни приходи ќе ги доставува податоците со листа на должници, а најдоцна 15 дена пред овој рок е должна да го известува должникот дека доколку не го намири долгот, истиот ќе биде објавен на листата на должници на доспеани и неплатени долгови (со податоци и на начин пропишан согласно со Законот за даночна постапка).

6. Ослободување од плаќање увозни давачки за опрема наменета за научно-истражувачка и иновациска дејност Со членовите 193 до 200 од Царинскиот закон се предвидени бројни ослободувања од плаќање на увозни давачки, а со овие измени на законот истите се прошируваат (со точка 17 во членот 196) за уште едно ослободување, кое се однесува на опремата наменета за научно-истражувачка и иновациска дејност. Ова ослободување ќе важи само за субјектите на иновациската дејност и е со цел за поттикнување на развојот и зголемување на вложувањата на деловните субјекти во проекти од областа на иновациите.

59


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

7. Нови ослободувања за проекти во рамките на ИПА инструментот и за подароци од странски донатори за јавно правни субјекти (со примена од 1 јануари 2014 г.) Со измените во член 198 од Царинскиот закон уредени се уште неколку ослободувања од увозните давачки: - се пропишува ослободување од плаќање на увозни давачки за стока наменета за реализација на проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА);

60

- се допрецизира ослободувањето од плаќање на увозни давачки кога се работи за стока потребна за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација, ако со договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки - се пропишува основ за регулирање на начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки по горните два основа, со подзаконски акт (кој треба да го донесе министерот за финансии) и - се ослободува од плаќање на увозни давачки стока која како подарок е добиена од странски донатори, како и увезена стока купена со паричните средства добиени како подарок на државните органи, општините и градот Скопје и на јавно правни субјекти. За ослободувањето од последната алинеа, Владата на Република Македонија по предлог на министерот за финансии ги пропишува поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободување од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки.

www.p

8. Можност за отпис на ненаплатливите побарувања Заради надминување на тековната состојба и создавање на правна рамка за расчистување на сите застарени побарувања, како и регулирање на привремениот отпис на ненаплатливите побарувања (затворен стечај, ликвидација, немање на имот, бришани субјекти и др.) со додавањето на нов член 246-а од Царинскиот закон се воведе можноста за царинскиот орган да го отпише износот на давачки евидентиран во сметководстветната евиденција доколку се утврди дека наплатата нема да успее или трошоците за наплата не се во сооднос со долгот. Постапката на отписот на долгот се врши согласно со одредбите на Законот за даночна постапка.

9. Измени во одредбите за увозот за облагородување Во рамките на водењето на постапката поврзана со увозот за облагородување, беше предвидено царинскиот орган да го одредува нормативот на операцијата за облагородување или, каде е тоа потребно, методот за утврдување на нормативот. Нормативот се утврдува врз основа на стварните околности под кои операцијата за облагородување се спроведува или треба да се спроведе. Оваа одредба се дополнува со нов став (2) во членот 133 од Царинскиот закон, кој појаснува дека, кога околностите тоа го оправдуваат, особено во случај на операција за преработка на стоки која вообичаено се врши под јасно дефинирани технички услови и која вклучува стока со постојани карактеристики и резултира со производство на добиени производи со постојан квалитет, може да се утврдат стандардни нормативи во согласност со посебен пропис (Уредба на Владата на РМ), врз основа на претходно утврдените реални податоци.

roagens.mk


 

ИНФОРАМЦИЈА

Во врска со царинскиот третман на облагородувањето се регулира и постапката на извоз на добиени прозводи во постапка на увоз за облагородување со систем на одложено плаќање, во случај кога истите се произведени со користење на идентична домашна стока на начин што се прецизира дека истите се ослобени од плаќање на извозни давачки. Ова е предвидено со новиот член 142-а кој гласи:

„Член 142-а Постапката на увоз за облагородување со систем на одложено плаќање се применува исто така со цел добиените производи да се ослободат од плаќање на извозни давачки на кои подлежат идентични производи добиени од домашна стока наместо од увозна стока.“

10. Одложување на примената на влезна и излезна збирна декларација Со измената се врши повторно одложување на примената на одредбите на Царинскиот закон со кои се регулира употребата на влезна збирна декларација, согласно со член 46-б и 46-в од Царинскиот закон, од 1 јануари 2015 година.

61

2014 2014

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2013-та ГОДИНА

С

огласно со член 39 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, бр. 44/99, ... и 155/12) периодот за кој регистрираните ДДВ обврзници го пресметуваат и плаќаат данокот на додадена вредност е даночен период во кој се утврдуваат конечни даночни износи на ДДВ (даночен долг и претходен данок).

Д-р Рефика МУРИЌ *

Наспроти ваквиот концепт на Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници сепак имаат можност, со заклучување на ДДВ евиденцијата за годината (во случајов 2013-та) да извршат конечно и точно утврдување на данокот, преку одредени дозволени корекции, кои ќе се внесат во ДДВ Пријавата од последниот даночен период. Значи, во пријавата за последниот даночен период од календарската година, која се доставува со краен рок до 25 јануари наредната година, треба да се вклучат и одредени корективни износи за неточно прикажани даноци и износи во текот на годината, произлезени од конечни пресметувања во одредени сегменти од влезен и излезен промет.

62

Согласно со член 40, став 3 од Законот за ДДВ, даночниот обврзник е должен да изврши конечна пресметка на данокот кој се должи за една календарска година во последната даночна пријава од календарската година, во следните случаи: - кога се врши апроксимативна поделба на претходните даноци во текот на годината (со право и без право на одбивка) или - кога дополнително се разграничува прометот со различни даночни стапки. Покрај ова, согласно со член 41-а од Законот за ДДВ, во последната даночна пријава од календарската година се прикажуваат и ситни износи на исправка, за даночни износи кои не се искажани или неточно се искажани во претходните ДДВ пријави од годината, доколку се работи за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период, кој е помал од 1% од пријавениот данок. Даночните износи кои произлегуваат од разликите утврдени со пописот на крајот на календарската година исто така ќе се искажуваат во даночната пријава за последниот даночен период. * Даночен советник r_muric@proagens.com.mk

www.p

roagens.mk


ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2013-ТА ГОДИНА

1. ПРЕСМЕТКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИ ДАНОЦИ ( согласно со член 36 од Законот за ДДВ) Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра или примените услуги, како за промет со, така и за промет без право на одбивка на претходниот данок, може да го одбие само оној дел од претходниот данок, кој отпаѓа на прометот со право на одбивка на претходниот данок. Предуслов за поделба на претходните даноци е даночниот обврзник да ги користи добрата или услугите, кои ги набавил или увезол за цели на неговата стопанска дејност, како за промет за кој постои право на одбивка на претходниот данок, така и за промет за кој е исклучено правото на одбивка на претходниот данок, според член 35 точка 1 од Законот за ДДВ. Кога ќе се утврди постоење на претходен данок со и без право на одбивка, неговата поделба се врши според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка. Даночниот обврзник може делумните износи за кои постои правото на одбивка, да ги утврдува и преку проценка која ќе одговара на фактичката состојба. Притоа, применетото мерило на поделба мора да го има за своја основа начелото на економска поврзаност. Доколку не постои друго соодветно мерило на поделба според фактичката состојба, делумните износи кои можат да се одбијат можат да се утврдуваат единствено според „клуч” од односот на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон останатите видови на промет. При примена на клучот за поделба на прометот, следните видови на промет не се земаат предвид, доколку се работи за помошен промет: 1. ф инансиски промет од член 23 точка 5 од Законот за ДДВ и 2. п ромет на недвижности и други инвестициони средства користени за цели на стопанска дејност. Даночниот обврзник може при пресметката на данокот за месечните (или тримесечните) INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

даночни периоди привремено да ја врши поделбата според состојбата од изминатата календарска година или според предвидениот сооднос во тековната календарска година. Со оглед дека ова претставува апроксимативно утврдување на претходниот данок потребно е усогласување на вака добиената вредност со вредноста што на крајот на годината ќе се утврди според фактичката состојба или според соодветно утврден клуч за распределба по начелото на економска поврзаност. Ова усогласување ќе се прикаже во последната ДДВ пријава за календарската година, така што во полињата 9 и 10 од ДДВ-Пријавата ќе се додадат или одземат износи, согласно со точно утврдените износи со право на одбивка, во однос на претходно пријавените износи.

2. УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ДОБРА СО РАЗЛИЧНИ ДАНОЧНИ СТАПКИ Даночниот обврзник е должен раздвојувањето на даночните основи според даночни стапки (член 52 став 2 точка 1 од Законот за ДДВ) да го обезбеди преку опрема за обработка на податоци, фискални каси или други технички уреди. Доколку ова не може да се очекува од даночниот обврзник во дадени околности (во малопродажбата), даночниот орган може на барање да одобри лицето да врши дополнително раздвојување на даночните основи врз основа на влезот на стоки или според други соодветни карактеристики. Примената на поедноставената постапка може да се ограничи на одделни подружници, филијали или други организациони делови. Ваков ќе биде примерот за оние даночни обврзници кои вршеле промет на мало, со производи од различни ДДВ стапки, без фискални уреди за регистрирање на прометот (иако ваквите случаи се многу ретки), затоа што немаат евиденција за продажбата на производи по видови – од општа или повластена даночна стапка, како и за износот на ДДВ содржан во продадените производи. Кај ваквото извршување на прометот на мало, обврската за данокот се утврдува поа-

63


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ѓајќи од бруто реализираниот промет. Со примена на утврдени коефициенти од учество на производи со општа и повластена стапка при задолжувањето, се утврдува (поточно: се претпоставува) и учеството на прометот на производи со општа и повластена стапка во вкупниот промет. Меѓутоа, точната обврска за ДДВ од реализацијата се утврдува врз основа на пописот- и утврдувањето на залихата во продавниците под 31.12., со тоа што одделно ќе бидат прикажани залихите на производи со општа даночна стапка од оние со повластена даночна стапка.

Напомена:

Овој начин на утврдување на „аконтативни” даночни долгови според Законот за ДДВ и Правилникот за ДДВ е дозволив само за оние субјекти кои, врз основа на Барање, за тоа ќе добијат Решение од Управата за јавни приходи.

64

3. ИСКАЖУВАЊЕ НА „СИТНИТЕ” ИСПРАВКИ Пропишано е олеснување за ситните ис-правки на повеќе или помалку пријавен данок, во износ до 1% од пријавениот данок. Овие корективни вредности се вклучуваат во последната даночна пријава од календарската година. Од причини на поедноставување, наместо да се пријави исправка на ДДВ-пријавата за одреден даночен период, даночниот обврзник е должен да изврши исправка на неточна или нецелосна даночна пријава во последната даночна пријава од календарската година на која се однесува грешката, доколку се работи за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период кој е помал од 1% од пријавениот данок (според член 41-а став 2 од Законот за ДДВ). Пример:

Даночниот обврзник “ХХ” за даночниот период јануари 2013 година пријавил данок од 400.000 денари. Меѓутоа, врз основа на извршени грешки во евиденцијата, бесwww.p

правно извршил одбивка на претходни даноци во висина од 2.500 денари. Грешките биле воочени во јули 2013 година. Бидејќи вишокот на претходниот данок кај обврзникот изнесува помалку од 1% од пријавениот данок, тој (со право) може да чека со исправката до поднесувањето на последната ДДВ-пријава за 2013 година, кога во полињата 9 и 10 ќе искаже износи намалени за износот на погрешно искажаниот данок и неговата основица. Исто ќе се постапеше и во случај да е погрешно прикажана даночна обврска, само што корекциите ќе се внесат во соодветните полиња за оданочивиот промет (1 и 2, или 3 и 4)

4. ИСПРАВКА НА ДДВ-ПРИЈАВА Доколку се утврди дека неточно или нецелосно биле пријавувани промети, даноци или претходни даноци од претходни периоди, кои не се предмет на корекција во последната ДДВ-пријава од календарската година, даночниот обврзник е должен да изврши исправка на ДДВ-пријавата за соодветниот даночен период, преку поднесување на нова исправена ДДВ-пријава. Крајниот рок за доставување на исправките на претходно поднесени ДДВ пријави е до рокот за доставување на годишната сметка. Според ова, секоја од поднесените ДДВ пријави во 2013 година како и ДДВ пријавата за последниот даночен период (доставена до 25 јануари во 2014 година), може да претрпи исправки кои ќе бидат доставени до 28 февруари 2014 година (односно 15-ти март, доколку даночниот обврзник го има овој рок за доставување на годишната сметка). При поднесувањето на исправката не е дозволено наведување единствено на разликата во износите, односно, разликата се утврдува и се внесува целосниот точен износ, а полињата кои не се корегираат се препишуваат во ист износ. Обврската за вршење на исправки на неточно и нецелосно пријавени промети, даноци или претходни даноци, е уредена со член 41-а, со која е пропишана должноста, но и правото за вршење

roagens.mk


ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2013-ТА ГОДИНА

исправки на даночните пријави за соодветен даночен период. Овде не станува збор за исправки од член 22 поради промена на даночната основа.

Напомена:

Исправките од член 22 од Законот за ДДВ се вршат поради промена на даночната основица за некој конкретен промет, во некој нареден период по извршениот промет и поднесената ДДВ пријава во која истиот е пријавен. Ваквата исправка обично се спроведува во случај на враќање на добра, поништување на купопродажни договори или заради промена на цената за некој веќе извршен промет. Исправките се искажуваат во даночниот период во кој е извршена промената, со корекција во даночната и сметководствената евиденција и нејзино внесување во поле 14 од ДДВ Пријавата (како даночен износ кој се должи или со предзнак минус, како даночен износ кој се побарува).

5. ФАКТУРИ ИЗДАДЕНИ ПО ИСТЕК НА ДАНОЧНИОТ ПЕРИОД Во утврдување на даночниот долг, покрај сите фактури (сметки) од извршен промет, кои се со дата од даночниот период, влегуваат и оние кои се однесуваат на испорака на добра и услуги под овој датум, иако за нив фактурите можат да бидат издадени со дата по истекот на даночниот период (согласно дадениот законски рок од 5 работни дена за испоставување на ДДВ фактура). Пример:

Даночниот обврзник „ХХ” за извршена испорака на свои трговски стоки по испратница бр. 120 од 28.12.2013 година, испоставува фактура со дата: 02.01.2014 година. Во овој случај, моментот на настанување на даночниот долг, согласно член 31 од Законот за ДДВ, е 28.12.2013 година, што значи дека овој промет заедно со пресметаниот ДДВ за него треба да влезе во Даночната пријава за месец декември (односно тримесечниот период октомври-декември) 2013 година (односно годишниот период јануари-декември). INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

Фактурите од влезниот промет, кои се однесуваат на трошоци и набавки во даночниот период (до 31.12.2013), а кои се со дата на издавање од добавувачот после истекот на даночниот период, треба да се земат во предвид за одбивка во наредниот период (јануари 2014 година), во кој истите ќе бидат примени и евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.

6. ПОТСЕТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА ДДВ ПРИЈАВА ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста. Во случај на промена на даночниот период, врз основа на поднесено и одобрено барање од УЈП, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е поднесено барањето, за периодот од почетокот на календарската година до крајот на месецот во кој е поднесено барањето. Даночните должници кои неовластено (нерегистрирани) истакнале ДДВ во фактурите, должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг. Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште ниту подружница во РМ.

7. ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ Право на регистрација според Законот за данокот на додадена вредност имаат само субјектите од категоријата “даночни обврзници” која подразбира вршење на стопанска дејност.

65


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Согласно членот 51 од овој закон, обврзани да извршат регистрација за данокот на додадена вредност се сите “даночни обврзници” кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а чиј вкупен промет: - надминал износ од 2.000.000 денари во изминатата календарска година или - чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или - во текот на годината го надмине износот.

66

Законот за ДДВ посебно ја утврдува и издвојува категоријата на субјекти кои не се “даночни обврзници” според овој Закон, па според тоа и немаат обврска да се регистрираат за ДДВ. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки. Даночен обврзник може да биде и лице буџетски корисник (корисник на буџети/ фондови, единка корисник, ЈЗУ) непрофитен субјект или физичко лице, кое трајно или повремено самостојно врши стопанска (приходна) дејност, доколку го достигне износот на вкупен промет кој влегува во прагот за регистрација за ДДВ. При неподнесена пријава за регистрација во случаи на постоење таква обврска, предвидена е парична казна според член 59 и 60 од Законот за ДДВ (4.000 до 5.000 Евра за правно лице, односно 500 до 1.000 Евра за физичко лице). Но, преку изостанувањето на регистрацијата не може да се избегне примената на одредбите од Законот за ДДВ во врска со настанувањето, пресметувањето, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност.

Што претставува “вкупен промет”? Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од Заwww.p

конот за ДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Според тоа, не влегуваат во вкупниот промет за мерење на прагот за регистрација само прометите од член 23 од Законот за ДДВ (на пример, банкарски и финансиски услуги, промет и изнајмување на станови и станбени згради за станбени цели, образование, здравство, осигурување, услуги од областа на културата, меѓународен превоз на патници...). Ако даночните обврзници вршат промети кои не се спомнати во членот 23 од Законот за ДДВ и врз основа на истите остварат промет во вредност од (и над) 2.000.000 денари, должни се да побараат регистрација за ДДВ. При тоа, ако дејноста е вршена само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година.

Рок за пријавување за регистрација Регистрацијата за цели на ДДВ поради достигнат праг за регистрација на вкупен промет во изминатата година, се врши најдоцна до 15 јануари во годината, со поднесување на Пријава за регистрација за ДДВ на Образец “ДДВ-01” до регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето на обврзникот. Во истиот период, 1-15 јануари, можат да се регистрираат и субјектите кои сакаат да го направат тоа на доброволна основа, иако не го достигнуваат наведениот праг на регистрација. Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари, даночниот обврзник ја поднесува даночната пријава најдоцна до 15-ти во месецот, кој следи по месецот кога е остварен прометот. Субјектите кои започнуваат со вршење на дејноста во текот на годината, своето доброволно регистрирање се должни да го направат со поднесена пријава во рок од 15 дена од почетокот на вршење на дејноста (извршен промет на добра или услуги) или од прва извршена набавка на добра (основни средства, трговска стока) или на услуги (закуп, истражување на пазар и др.).

roagens.mk


ПОПИС

 

ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ 1. ЗАВРШНИ РАБОТИ КАЈ ПОПИСОТ (Извештај за попис)

П

Д-р Рефика МУРИЌ *

о завршувањето на пописот, пописните комисии се должни да состават Извештај за извршениот попис и преку аналитички пристап да ги утврдат причините за искажаните разлики по пописот, сугерирајќи начини за постапување по нив. Затоа лицата вклучени во пописот мора да бидат запознаени со вредноста на средствата кои ги попишуваат за да можат да дадат реален предлог за расход или вредносно усогласување на имотот (средствата) кои значително отстапуваат од сметководствената вредност. Податоците од сметководството, како и соодветните евиденции за количините и вредностите се внесуваат во пописните листи дури после извршениот физички попис, поради што раководителот на сметководството, како и лицата кои ги водат посебните аналитички евиденции не смеат да ги даваат сметководствените податоци за количините и вредностите на пописните комисии, додека не се уверат дека физичкиот попис е завршен. После внесување на сметководствените состојби на стоките се утврдуваат разлики помеѓу стварната и сметководствената состојба - по количина и по вредност.

1.1. С одржина на Извештајот за извршен попис Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните комисии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него треба да се наведат и: - П реглед на материјалните (физичките) и вредносните разлики меѓу фактичката и сметководствената состојба и причините за разликите; - П реглед на сметководствената вредност на средствата и обврските чија фактичка вредност на денот на пописот не е утврдена, со соодветни образложенија; * Даночен советник

r_muric@proagens.com.mk

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

- З абелешки и објаснувања во врска со утврдените разлики дадени од лицата кои ракуваат со средствата, односно кои се задолжени со материјалните (физичките) и паричните вредности;

67


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- П редлози за ликвидација на утврдените разлики (пребивање на кусоците и вишоците настанати по основ на замена на исти и слични видови, односно средства и вредност, начинот на надоместување на кусоците и приходување на вишоците, отпис на застарените побарувања, приходување на застарените обврски) и - о станати забелешки и предлози на комисијата за попис во врска со пописот. Врзано за бараните содржини на Извештајот за попис, сугерираме уште на самите пописни листи да се направат соодветни забелешки, за сите утврдени несогласувања на фактичката со сметководствената вредноста на средствата, побарувањата и обврските, кои подоцна ќе се пренесат и објаснат во Извештајот за попис.

1.2. О длучување по Извештајот за извршениот попис

68

Органот на управување го разгледува Извештајот за извршениот попис во присуство на претседателите (членовите) на комисиите за попис и раководителот на сметководството и донесува Одлука за резултатите од извршениот попис. Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните комисии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него се наведуваат причините за разликите по пописот - кусок или вишок, причини за високи залихи, застарени побарувања, неплатени обврски и сл. Со Одлуката се даваат извршни насоки за постапување во врска со настанатите разлики помеѓу сметководствената и фактичката состојба на средствата и изворите на средства (утврдениот вишок или кусок), односно во врска со нивното усогласување и евидентирање во сметководството.

www.p

2. РАЗЛИКИ ПО ПОПИС И ДАНОЧеН АСПеКТ НА РеЗУЛТАТИТе ОД ПОПИСОТ 2.1. Даночен третман на кусокот Кусокот на производи (добра) вообичаено се дефинира како недостаток на добра кој може да биде оправдан или неоправдан. Кусокот кој не можел да се предвиди и кој настанал неочекувано под дејство на виша сила, провална кражба и сл., се дефинира како оправдан кусок, односно како штета, што според Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, бр. 44/99, ... и 155/12) не се смета за промет затоа што не постои противисполнување ниту примател на прометот. Од наведените причини оправданиот кусок не се оданочува со ДДВ. Кусокот кој настанал поради несоодветно чување, несоодветна потрошувачка, невнимание, поради земање за лична потрошувачка, присвојување од страна на вработените, подарување и слично, претставува неоправдан кусок. Таквиот кусок се поистоветува со промет затоа што се работи за свесни дејствија на отуѓување или подарување, или пак, земање за сопствени потреби, што иако се врши без надомест, според член 3 став 3 точка 1 од Законот за ДДВ се третира како промет со надомест (земање на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност). Од тука, за неоправданиот кусок, како за промет со надомест, се должи ДДВ. За прометот на добра од член 3 став 3, а согласно член 19 од Законот за ДДВ, предвидено е оданочувањето да се врши на основица: набавна цена или цена на чинење на производите. Ова претставува можност, кусокот кој ќе биде третиран како земање за лични потреби на даночниот обврзник или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност, да биде оданочен со ДДВ на основица набавна цена, односно цена на чинење.

roagens.mk


ПОПИС

 

Меѓутоа, кога со кусокот на производи и стоки во продавница се задолжува одговорно лице, таквото задолжување треба да се изврши по полна продажна цена (со вклучен ДДВ; основица е продажната цена во која не е содржан ДДВ), затоа што постапката на задолжување на одреденото лице се изедначува со промет извршен кон него. Кусоците утврдени по пописот, вклучително и евентуалните даночни обврски што ќе бидат искажани за неоправданиот кусок ќе се прокнижат под 31 декември. Од претходното се наметнуваат три различни постапувања кај кусокот, од даночен (ДДВ) аспект: а) настанатиот кусок да е оправдан (виша сила, докажана провална кражба и др.), што не се третира за промет и не се оданочува; б) за настанатиот кусок да се товарат расходите на работењето, кога кусокот се поистоветува со самопотрошувачка од член 3 став 3 точка 1 од Законот за ДДВ, па за него се пресметува ДДВ, кој паѓа на товар на даночниот обврзник и в) з а настанатиот кусок да се товари одредено лице - кога кусокот се поистоветува со промет и за него се пресметува ДДВ, кој паѓа на товар на одговорното лице.

Од аспект на составувањето на Даночниот биланс за оданочување на непризнаените расходи - член 11 точка 7 од Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 80/93, ... и 79/13), кусокот е оданочив расход доколку: - н е е предизвикан од вондредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), - н е паѓа на трошок на платата на одговорното лице. Според претходното, даночниот обврзник ќе го вклучи во даночниот биланс за оданочување како непризнаен расход секој кусок кој не е предизвикан од вонредни настани, а е преземеан на товар на даночниот обврзник (односно ако за кусокот не е задолжено одговорното лице).

2.2. Е видентирање на кусок на производи (стоки)

69

Пример:

За констатиран кусок на залиха на стока во продавница од 10.000 денари, за која нема доказ дека настанал под дејство на виша сила, ќе се книжи на товар на расходите на субјектот:

Книжење на товар на расходите на субјектот (неоправдан кусок) Кога кусокот е во вообичаен износ - прифатлив за деловниот субјект, се евидентира на товар на субјектот, но истиот е непризнат расход кој се оданочува со ДДВ. 1 4640 - 6640 - 6641 - 6690 -

1

Кусоци утврдени со попис ( до вообичаени износи во дејноста) Вкалкулиран ДДВ (18%) Вкалкулиран ДДВ (5%) Разлика во цените на стоките 6630 -Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по општа даночна стапка

8.000 1.068 143 2.000

7.000

Пријавувањето на даночниот долг за ДДВ од разликите утврдени со пописот на крајот на календарската година, со оглед дека истите се утврдуваат и книжат со дата 31.12., соодветно е да се искажуваат во даночната пријава за последниот даночен период во годината за која се известува.

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014


Pr  fesionalna Edukacija

-

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

6631 - Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по повластена даночна стапка 2300 - Обврска за ДДВ (18%) 2301 - Обврска за ДДВ (5%) неоправдан кусок на стоки

3.000 1.068 143

За другите два случаи, кусок со доказ дека настанал под дејство на виша сила и кусок за кој се товари одговорно лице, книжењата би биле следни:

Книжење на товар на расходите на субјектот (виша сила) Кога кусокот е настанат под дејство на потврдена провална кражба, односно вонреден настан, истиот се смета за признат расход и не се оданочува:

70

4641 - Кусоци утврдени со попис (над вообичаени износи во дејноста) 6640 - Вкалкулиран ДДВ (18%) 6641 - Вкалкулиран ДДВ (5%) 6690 - Разлика во цените на стоките 6630 - Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по општа даночна стапка 6631 - Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по повластена даночна стапка - оправдан кусок на стоки

6.789 1.068 143 2.000

7.000 3.000

Книжење на товар на одговорното лице (вработен “НН”) Кога за кусокот се товари одговорно лице - вработен, тој се задолжува за износот на кусокот заедно со пресметаниот ДДВ:

4641 - Кусоци утврдени со попис (над вообичаени износи во дејноста) 6640 - Вкалкулиран ДДВ (18%) 6641 - Вкалкулиран ДДВ (5%) 6690 - Разлика во цените на стоките 6630 - Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по општа даночна стапка 6631 - Стоки во продавница со вкалкулиран ДДВ по повластена даночна стапка - неоправдан кусок на стоки

6.789 1.068 143 2.000

7.000

3.000

8.789 1.068 143

1451 - Побарувања од вработените за кусоци на добра 10.000 7692 -Други приходи од надомести на штети 2300 - Обврска за ДДВ (18%) 2301 - Обврска за ДДВ (5%) - побарување за кусокот на товар на одговорното лице “НН”

www.p

roagens.mk


ПОПИС

 

2.3. Д аночен третман на расходите по основ на кало, растур, крш и расипување Третман од аспект на данокот на додадена вредност Калото, растурот, кршот и расипувањето, како категории кои означуваат расходи поради физичко губење на добра, растурање, разлевање, расипување на квалитетот, губење на функционалноста и карактерните својства на добрата, не претставуваат ниту промет со надоместок, ниту кусок. Поради тоа, не може да им се даде третман на оданочивост со данок на додадена вредност, без оглед на нивната утврдена вредност. Исто така, третман на расход има и отписот на добрата со изминат рок и изгубена употребна вредност. Поради ваквиот став кон расходите, истите треба да се реално и објективно прикажани, записнички констатирани од соодветни стручни комисии, односно надлежни специјализирани организации за контрола на квалитет и квантитет. Валиден доказ се и записници на наоди на стручни служби на осигурителни друштва, документи за преземени количини и видови на материјали за отпад од организации задолжени за отпремување на отпад и други независни и специјализирани организации. Во признавање на расходите од кало, растур... без оданочување со ДДВ, а за кои нема обезбедено од гореспомнатите докази, ќе се применува ист даночен третман (во однос на признавање на количините) како и за признавањето на расходите од аспект на данокот на добивка, подолу појаснет.

Даночен третман од аспект на Данокот на добивка Согласно со членот 11 став 1 точка 16 од Законот за данокот на добивка, не се оданочуваат трошоците по основ на кало, растур, крш и расипување - до нивото на нормираните износи утврдени за соодветната гранка. Исто така не се оданочуваат ваквите

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

трошоци што настанале како резултат на вонреден настан или виша сила, во целост. Со измените во Законот за данокот на добивка (79/13) се наложи на министерот за финансии да ги пропише за даночни цели нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи, за секоја соодветна гранка. Правилник за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделени призводи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели (во натаможниот текст: Правилник) се донесе и објави во „Службен весник на РМ“, бр. 106/2013 од 29 јули 2013 година, но со одложена примена од 1 јануари 2014 година. Така, и за 2013 година немаме покривање на појавените износи на раход по основ на кало, растур, крш и расипување со пропис. Но бидејќи истите се категорија (природна и редовна појава) која не може да започне или престане со пропис (Правилник) следува и за оваа година, како и во претходните, произлезените расходи од редовно работење, во нормални и реални количини, да бидат третирани како признат расход. Само што сега, критериумот за „нормални и реални количини“ го имаме во прописот - Правилникот. Оправдувањето за признавање на овој расход секако го имаме во одредбата од од член 11 точка 1 од Законот за данокот на добивка која како непризнати расходи ги смета „расходите кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа дејност”. (Калото, растурот... се поврзани со вршење на дејност на субјектот и се последица од вршењето на таа дејност.)

2.4. Евиденција на расходите Според Правилникот за Сметковниот план евидентирањето на расходите по основ на кало, растур, крш и расипување настанати при манипулирање со средствата (залихите), се врши на иста сметка со кусоците, односно на сметката:

71


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

464 - Кусоци, кало, растур, крш и расипување

Во рамките на оваа сметка, за евидентирање на расходите од кало, растур, крш и расипување, потребно е да се отворат посебни аналитички сметки за расходите кои настануваат - во рамките на дозволените - н ормирани количини и како такви претставуваат признат расход,

- над нормираните количини, за чие даночно признавање и објективно настанување е потребно докажување. Исто така, сугерираме одделно евидентирање на расходот на залихите на материјали на склад, во транспортот или во трговијата (посебно за даночно признатите и посебно за оние за кои не е докажано реалното настанување).

Примери за расход (кало, растур, расипување и кршење) 1) Со пописот е утврдено калирање на прехранбени производи (во висина на вообичаен процент од вкупните набавени залихи) со вредност од 45.000 денари. Книжење:

72

4642 - Кало, растур, расипување и кршење утврдени со попис (до вообичаени износи во дејноста) 6600 - Залиха на трговски стоки - оправдан расход за кало, растур, расипување

45.000

45.000

2) Со записник е утврден вообичаен крш при манипулација со залихите на материјали во вредност од 10.000 денари и растур на зрнести стоки во вредност од 18.000 денари. (За овие расходи постои доказ за нивно објективно настанување.) Книжење:

4644 - Кало, растур, крш и расипување при манипулирање, до нормирани износи 310 - Залиха на материјали 660 - Залиха на стоки - оправдан расход за кршење и растур

28.000

10.000 18.000

3) Пример за отпис (расход) на стоките во продавница чиј рок на употреба изминал Со пописот на стоките во продавница е утврдено дека вредноста на стоките чиј рок на употреба изминал изнесува 50.000 денари по продажна вредност со вкалкулиран ДДВ по општа стапка во износ од 7.627 денари и разлика во цени во износ од 7.063 денари. Согласно со член 47 од Законот за заштита на потрошувачите забранета е продажба на производи чиј рок на употреба е изминат. Книжење:

4567 - Вредносно усогласување на залихите на стоки 669 - Разлика во цени на стоките 664 - Вкалкулиран ДДВ (18%) 663 - Стоки во продавница

- отпис на стока

www.p

roagens.mk

35.310 7.063 7.627

50.000


ПОПИС

 

4) Пример за отпис (расход) на добра потрошени во процес на преработка, кој го надминува вообичаеното, со норматив, предвидено кало и растур Во погон за производството на пекарски производи, примени се на залиха во текот на годината 4.000 кг брашно. Со требовања, во производството се дадени 3.300 килограми, а на залиха по попис на 31.12. е утврдено количество од 630 килограми. Вкупното количество на кало, растур изнесува 70 кг. Бидејќи од искуствени податоци (и според интерен акт), дозволеното кало, растур на рефусното брашно изнесува 1%, што во случајов изнесува 40 кг, 30 кг треба да се евидентираат како непризнат расход и со обврска за оданочување со ДДВ: Книжење:

4642- Кало, растур, расипување и кршење утврдени с о попис (до вообичаени износи во дејноста) ( 40 кг. х 30 ден.) 4645- Кало, растур, крш и расипување, над нормирани износи ( 30 кг. х 30 ден. + 5% ДДВ) 3100 - Суровини и материјали на залиха (20 кг. х 30 ден.) 2301 - Данок на додадена вредност (5%) - за отпис на расходувани залихи

1.200 945 2.100 45

Како заклучок: Од претходново станува јасно дека даночниот третман на утврдените разлики по попис, во многу зависи од самите даночни обврзници, односно од начинот на кој тие ќе ја презентираат разликата – како кусок или како расход, како и од аргументите со која ја објаснуваат. Како добри аргументи, овде можат да послужат интерните акти (правилници за вообичаено кало, растур, крш и расипување), како и поедниечните записници за констатирани расходи, со тоа што сугерираме истите да бидат прикажани за количини блиски на предвидените со Правилникот.

2.5. Даночен третман на вишоците Во Законот за данокот на додадена вредност, како и во другите даночни закони, не се пропишани никакви одредби за даночниот третман на вишоците. Меѓутоа, во праксата се јавуваат примери на вишоци на добра настанати од следните причини:

Како вишок обично се јавуваат залихи на суровини и материјали, резервни делови, готови производи или трговски стоки. Меѓутоа, можно е да се утврди вишок и на одредени категории на основни средства, ситен инвентар и сл.

- н емање документациона основа (фактура за набавка, договор и сл.) поради што не е прокнижен влез на доброто,

Со оглед дека во прописите вишокот на добра нема третман на промет на производи, средствата се евидентираат во сметководството на даночен обврзник за ДДВ, без задолжување со данок на додадена вредност. Единствено што е потребно е истите да се прокнижат со признавање на приход. (Даночна обврска за нив настанува само при нивното евентуално пуштање во промет продажба.)

- н аправен пропуст во евидентирањето на добрата, поради што не се заведени во сметководствената евиденција; - с редството е внесено (донесено) од некој од вработените или основачите (како подарок), а не е внесено во евиденцијата или не е активирано; - и скнижен поголем излез на доба од фактичкиот итн.

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

kontakt@proagens.com.mk

73


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

1) Пример за вишок на основни средства - набавна вредност - и справка на вредноста - сегашна вредност

120.000 90.000 30.000

Вредноста на средството е утврдена со проценка. Книжење: 012 - Постројки и опрема 019 - Акумулирана амортизација 7640 - Вишок на материјални средства по попис - вишок на основно средство

120.000

90.000 30.000

1.068 143 2.000 6.789

2) Пример за вишок на стоки во продавници Книжење:

74

663 - Стоки во продавница 6640 - Вкалкулиран ДДВ (18%) 6641 - Вкалкулиран ДДВ (5%) 6690 - Разлика во цените на стоки 7643 - Вишок на стоки по попис - за утврден вишок на стоки во продавница

10.000

3. ВРеДНОСНО УСОГЛАСУВАЊе НА ЗАЛИХИ Покрај по основ на кусок и кало, растур, крш и расипување, кај залихите може да се изврши расходување и по основ на намалување на вредноста, на предлог на пописните комисии. Во овој случај станува збор за дозволено вредносно усогласување на залихите според МСС 2, односно оддел 13 на МСФИ за МСе. Овој расход ќе се евидентира на сметката 456. Сметката 456 - Вредносно усогласување (обезвреднување) на залихи, ќе се користи за евидентирање на обезвреднувањето на материјали, резервни, делови, ситен инвентар и автогуми, производи и залиха на стоки во магацин и во продавница. Вредносно усогласување, врз основа на проценки спроведени согласно обврските од Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) може да се спроведе и над нетековни и други тековни средства. www.p

При тоа се евидентираат негативните ефекти од вредносното усогласување на нематеријалните средства, материјалните средства, залихите, финансиските средства и побарувањата, во согласност со следните стандарди: - з а нематеријални и материјални средства согласно МСС 36 и оддел 27 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; - з а биолошки средства согласно МСС 41 и оддел 34 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; - з а вложувања во недвижности согласно МСС 40 и оддел 16 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; - з а побарувања и депозити согласно МСС 39 и оддел 11 и 12 на меѓународниот

roagens.mk


ПОПИС

 

Пример за исправка на вредност на стоките во продавница чиј рок на употреба е пред изминување

стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; - з а залихи согласно МСС 2 и оддел 13 на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти; - з а нетековни средства кои се чуваат за продажба согласно МСФИ 5.

02/ 3162-979 i 3298-763

Со пописот на стоките во продавница е утврдено дека голем број парчиња од неколку артикли е со рок на употреба кој е пред изминување, така што е направено нивелирање на цените во износ од 50.000 денари. Истото е признат расход кој ќе се евидентира, без обврска за ДДВ, преку следното

Книжење: 456 - Исправка на вредноста 669 - Разлика во цени на стоките 664 - Вкалкулиран ДДВ (18%) 663 - Стоки во продавница (по аналитика) - отпис на вредноста на стока

35.310 7.063 7.627

50.000

75 СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4 5 6

И

Т ЗА БУЏЕ

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИТОЛА, х. МИЛЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ИНФоРМАцИЈА

НАМАлувАЊЕ НА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА НБРМ ЗА ПРЕСМЕТувАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ЗА ПЕРИодоТ: 1 ЈАНуАРИ - 30 ЈуНИ 2014 годИНА

в 76

рз основа на членот 266-а став 6 од Законот за облигационите односи („Службен весник на рМ”, бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13-исправка) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата („Службен весник на рМ”, бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на република Македонија обЈавИ дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година изнесува 3,25%.

Согласно со спомнатата објава на Народна банка на република Македонија, бр. 40842 од 31.12.2013 година, извршено е НаМалување на референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот 1.1. - 30.06.2014 година (во однос на претходната референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата која изнесуваше 3,50%, намалувањето изнесува 0,25 процентни поени). во продолжение објавуваме преглед по периоди на висината на референтната стапка на НбрМ за пресметување на стапката на казнената камата.

РЕФЕРЕНТНА КАМАТНА СТАПКА НА НБРМ Период на примена 1 01.02 - 30.06.2010 01.07 - 31.12.2010 01.01 - 30.06.2011 01.07 - 31.12.2011 01.01 - 30.06.2012 01.07 - 31.12.2012 01.01 - 30.06.2013 01.07 - 31.12.2013 01.01 - 30.06.2014

Рефер. каматна Број и датум на одлука стапка на НБРМ на НБРМ 2 3 8,5% 8562 од 30.12.2009 5% 4474 од 30.06.2010 4% 2521 од 29.12.2010 4% 5978 од 30.06.2011 4% 9901 од 28.12.2011 3,75% 5631 од 29.06.2012 3,75% 10257 од 31.12.2012 3,50% 23009 од 28.06.2013 3,25% 40842 од 31.12.2013

Консеквентно на објавата на НбрМ и годишната стапка за пресметување на казнената камата е соодветно намалена. прегледот на висината на стапката за пресметување на казнаната камата за периодот од 1.2.2010 година до 30.06.2014 година е даден во продолжение. Напоменуваме дека за периодите пред 1.2.2010 година висината на стапката на затезната камата можете да ја најдете во проагенсовиот „Инфо-регистар”.

www.p

roagens.mk


РЕФЕРЕНТНА И КАЗНЕНА КАМАТА

 

За побарување / долг во денари

1. Стапка на казнена камата за побарување / долг во денари помеѓу трговци, односно трговци и лица на јавното право = Референтна каматна стапка за претходно полугодие + 10 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.06.2014

Стапка на казнена камата 18,5% 15,0% 14,0% 14,0% 14,0% 13,75% 13,75% 13,50% 13,25%

2. Стапка на казнена камата за побарување / долг во денари помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е граЃанин) = Референтна каматна стапка за претходно полугодие + 8 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.06.2014

Стапка на казнена камата 16,5% 13,0% 12,0% 12,0% 12,0% 11,75% 11,75% 11,50% 11,25%

З а побарување / долг во странска валута (ВАЛУТНА КЛАУЗУЛА)

1. Стапка на казнена камата за побарување / долг во странска валута помеѓу трговци, односно трговци и лица на јавното право = едномесечна стапка на Еурибор што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие + 10 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.06.2014

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

Стапка на казнена камата 10,453% 10,485% 10,782% 11,325% 11,024% 10,373% 10,109% 10,123% 10,216%

77


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

2. Стапка на казнена камата за побарување / долг во странска валута помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е гРАЃАНИН) = едномесечна стапка на Еурибор што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие + 8 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.16.2014

Стапка на казнена камата 8,453% 8,485% 8,782% 9,325% 9,024% 8,373% 8,109% 8,123% 8,216%

ФоРМулА за пресметка на пропорционална каматна стапка

78

Кк =

г х п х н --------------------36.500 (36.600)

О б ј а с н у в а њ е: Кк - казнена камата; г - главнина п - стапка на казнена камата н - број на денови на доцнување 36.500 (36.600) - каматен фактор за година со 365 дена (366 дена)

НАЈвИСоКА каматна стапка во трговските договори и договорите помеѓу ТРговцИ и лица на јавното право во трговските договори и договорите помеѓу ТрговЦИ и лица на јавното право може да се договори и повисока стапка од стапката на законската казнена камата што важела на денот на склучување на договорот (договорна казнена камата), но најмногу до 50 проценти повисока од утврдената законска казнена камата. лица на јавното право - дЕФИНИцИЈА Согласно со член 266-а, став 7 од Законот за облигационите односи, како лица на јавното право, се сметаат лицата кои се обврзани да постапуваат според постапката за јавни набавки, освен трговците.

www.p

roagens.mk


ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА

 

Информација

ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2014 ГОДИНА И ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА 1. ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД И ИНФО ЗА ПЛАТИТЕ ВО 2014 ГОДИНА Почнувајќи од јануари 2014 година, месечното лично ослободување за пресметување на персоналниот данок од плати и пензии изнесува 7.276 денари, односно на годишно ниво за 2014 година во износ од 87.315 денари Согласно со Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ“, бр.

189/13), личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 3) од Законот за персоналниот данок за 2014 година на годишно ниво изнесува 87.315 денари (за 2013 = 87.228). Месечното лично ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија за 2014 година изнесува 7.276 денари (за 2013 = 7.269) и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2014 година.

Преглед на месечните и годишните даночни (лични) ослободувања за пресметување на персоналниот данок од доход на плати и пензии од 2008 година до 2014 година Лично ослободување за 2008 година: 39.528 денари (3.294 денари / месечно). Лично ослободување за 2009 година: 84.000 денари (7.000 денари / месечно). Лично ослободување за 2010 година: 84.420 денари (7.035 денари / месечно). Лично ослободување за 2011 година: 87.792 денари (7.316 денари / месечно). Лично ослободување за 2012 година: 89.640 денари (7.470 денари / месечно). Лично ослободување за 2013 година: 87.228 денари (7.269 денари / месечно). Лично ослободување за 2014 година: 87.315 денари (7.276 денари / месечно). Стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување за 2014 година не се менуваат и остануваат исти во однос на 2013 година. Придонес за ПИО Придонес за задолжително здравствено осигурување Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување Придонес за осигурување во случај на невработеност Вкупно:

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

18% 7,3% 0,5% 1,2% 27%

79


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Поднесување на пресметки за плата за 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 година Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој пе2009

19%

7,5%

риод, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важеле за тој период согласно Законот. Напоменуваме дека само за 2009 година стапките на придонесите од плата беа повисоки од тековните стапки, додека од 2010 година наваму тие се исти и не се менуваат. 1,4%

0,5%

28,4%

Подесување на МПИН-софтверот за 2014 година

80

При составување на МПИН-от за платата за месец јануари 2014 година не заборавајте дека во делот „Параметри за пресметка на придонеси“ треба да отворите нов период и да го смените износот на личното ослободување (внесувате 7.276). Останатите параметри не ги менувајте. Потешкиот пат е да го симнете најновиот клиентски софтвер од сајтот www.ujp.gov.mk.

2. 20 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА ОБРАЗЕЦОТ “ДД-07“ - БАРАЊЕ ЗА ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ВОВЕДЕН ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА ЗА 2013 ГОДИНА Барањето за даночно ослободување за воведен фискален систем на опрема за 2013 година - образецот „ДД-07“, се поднесува - до 20 јануари 2014 година. Право на намалување на пресметаниот данок на добивка остваруваат даночните обврзници, кои според одредбите од член 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 31/01; 42/03; 47/03 (испр.); 40/04; 70/06; 126/06; У. суд - 60/07; У. суд - 123/07; 88/08, 133/09, 171/10, 185/11, 6/12, 145/12, 79/13 и 188/13), вовеле во употреба и користат одобрен систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања. Даночното намалување се остварува во висина на набавените и воведени во употреба ДО ДЕСЕТ фискални апарати, во www.p

висина на нивната фактурна вредност. Даночните обврзници кои што остваруваат право на поврат на данокот на додадена вредност (регистрани ДДВ обврзници), правото на даночно намалување од член 36-б став 1 од Законот за данокот на добивка го остваруваат во износ кој одговара на висината на фактурната вредност на набавените и воведени во употреба до десет фискални апарати, намален за износот на пресметаниот данок на додадена вредност (ДДВ). Со измената на Законот за данокот на добивка објавена во Службен весник на РМ, бр. 47/11, во сила од 16 април 2011 година, укината е можноста даночното ослободување по овој основ обврзникот да може да го користи аконтативно преку намалување на месечната аконтација на да-

roagens.mk


ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА

нокот, што значи дека истото ќе се користи само при составувањето на Даночниот биланс за оданочување на непризнаените расходи - образец “ДБ”.

Правото се пренесува за користење во наредните даночни периоди Доколку ова право не биде искористено во целост, истото се пренесува во наредниот период, се до неговото целосно искористување. Пренесеното право на даночно намалување во годината што следи, се искажува во Даночниот биланс - образец - ДБ (АОП 38 под З - Посебни податоци).

Набавната вредност на фискалната апаратура се одбива од вредноста на пресметаниот данок на непризнаени расходи за даночниот период Даночното намалување се остварува за износот на набавената и воведена во употреба фискална апаратура за регистрирање на готовинските плаќања без износот на пресметаниот ДДВ, кај регистрираните ДДВ обврзници. Овој износ се искажува на АОП 32 од Даночниот биланс во делот Ѓ. Даночни олеснувања и ослободувања. Фискалната апаратура, набавена од овластен производител, се состои од: - е лектронски каси со фискална меморија; - фискални принтери; - е лектронски систем со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало преку сметачки средства за количината и потрошокот на течни горива (бензиски пумпи, плински пумпи и сл.) и - читач на платежна картичка. Даночниот обврзник заедно со барањето, до УЈП ги поднесува следните прилози: - К опија од фактура за извршената набавка на фискалната апаратура;

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

- К опија од Решение за регистрација на фискалниот систем на опрема (образец ФА-02/1) издадено од страна на органот на управата (за секој набавен систем на опрема, одделно). Во Барањето се пополнува табелата во која се наведува: реден број на одобрената фискална апаратура (најмногу 10), видот на апаратот, бројот на решението за регистрација на фискалниот систем на опрема издадено од УЈП (доколку обврзникот има ставено повеќе фискални системи во употреба треба да се наведат броевите на решенијата за секој поединечен систем), датумот на решението и износот на набавениот фискален систем на опрема (набавна вредност намалена за ДДВ, за обврзник регистриран за целите на ДДВ, или набавна вредност со ДДВ, за обврзник кој не е регистриран за целите на ДДВ). Барањето се поднесува за даночниот период, во кој одобрениот систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања е набавен и воведен во употреба, пред поднесувањето на образецот „ДБ“ во кој се остварува правото на намалување на данокот. Барањето се доставува најдоцна до 20 јануари во годината што следи по годината во која е извршена набавката и воведувањето на одобрениот фискален систем на опрема. Доколку набавката и воведувањето на фискалната апаратура (до 10 фискални апарати) се врши во повеќе даночни периоди, за секој нов воведен систем на фискална апаратура се поднесува ново барање. Барањето “ДД-07” даночниот обврзник го доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма. При пополнување на барањето, податоците се внесуваат читливо и целосно, со печатни букви. Податоците се внесуваат во точно означените полиња. Не се впишува ништо во полињата кои ги пополнува Управата за јавни приходи. Износите се искажуваат во денари, без дени.

kontakt@proagens.com.mk

81


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Во образецот задолжително се внесуваат податоците за: единствен даночен број, скратен назив и адреса на вистинско седиште за контакт и даночен период за кој се поднесува барањето, како и името, презимето и својството на потписникот, како и датумот на поднесување на барањето. Не заборавајте своерачно да го потпишете ова барање и да ставите печат. Напомена:

Управата за јавни приходи е должна да постапи по Барањето - “ДД-07” во рок од 30 дена од денот на неговото поднесување.

82

- извршиле промени во вредноста на веќе претходно пријавениот имот (доградба, проширување и сл.) или - никогаш досега не го пријавиле претходно стекнатиот имот, треба да поднесат Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2014 година (образец “ДИ”), до општинската администрација (и администрацијата на градот Скопје) каде се наоѓа конкретниот имот, до 31 јануари 2014 година. За имотот во рамки на општините во градот Скопје, пријавите се поднесуваат само до администрацијата на Градот Скопје.

3. 31 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2014 ГОДИНА

4. 31 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2013 ГОДИНА

Данок на имот се плаќа на недвижен имот, согласно со СЗаконот за даноците на имот, 1 кој не е даночно ослободен, односно на:

Со најновите измени на Законот за персоналниот данок на доход извршено е скратување на рокот за доставување на Годишните извештаи за персоналниот данок на доход до Управата за јавни приходи. Краен рок за доставување на овие извештаи за 2013 година е 31 јануари 2014 година. За прв пат од оваа година, согласно со најновите измени на Законот за даночната постапка извештаите задолжително мора да бидат доставени во електронска форма преку е-taf режимот на УЈП.

- з емјиштето (земјоделско, градежно и шумско, како и пасиштата); - з градите - станбени згради или станови, - деловни згради и деловни простории, - а дминистративни згради и административни простории, - з гради и станови за одмор и рекреација и - други градежни објекти, како и - и нсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив. Даночните обврзници (физички и правни лица-сопственици на недвижен имот), кои: - стекнале нов имот во текот на 2013 година или - оттуѓиле постоечки имот во текот на 2013 година или 1

Годишен извештај за персоналниот данок на доход – образец „ПДД-ГИ“ Eкономските субјекти - исплатувачи (правни лица, трговци-поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои во изминатата 2013 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска по електронски пат преку htt ps:// etax-fl .ujp.gov.mk да поднесат Годишен извештај (образец ПДД-ГИ), најдоцна до 31 јануари 2014 година.

“Службен весник на РМ”, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12 и 188/13. www.p

roagens.mk


ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА

Во Годишниот извештај - ПДД-ГИ, економските субјекти ги пријавуваат брутоприходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи во 2013 - образец „ПДДГИ/ОЗП“ Економските субјекти - исплатувачи кои вршеле исплати на граѓани во 2013 година по основ на откуп на земјоделски производи должни се по електронски пат преку htt ps:// etax-fl .ujp.gov.mk да поднесат Годишен извештај (образец ПДД-ГИ/ОЗП), најдоцна до 31 јануари 2014 година. Во Годишниот извештај ПДД-ГИ/ОЗП, економските субјекти ги пријавуваат податоците за физичките лица од кои вршеле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход.

 

Годишен извештај на организатор на зелен пазар за корисниците на продажни места на зелените пазари во 2013 - „ПДД/ГИ-ЗП“ Економските субјекти кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да ги пријават во УЈП корисниците на продажните места на зелениот пазар во изминатата 2013 година, со електронско поднесување на Годишен извештај (образец ПДД/ГИ-ЗП) преку htt ps:// etax-fl .ujp.gov.mk, најдоцна до 31 јануари 2014 година.

4.1

До 15 јануари - Обврска за издавање на Годишна Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2013 година!

Економските субјекти - исплатувачи кои вршеле исплати на граѓани и имале обврска да го пресметаат и уплатат персоналниот данок задолжително треба на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2013 година, најдоцна до 15 јануари 2014 година. Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приход, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

4.2 Непочитување на законските рокови и обврски Доколку до 31 јануари, економските субјекти не поднесат годишен извештај (ПДДГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД/ГИ-ЗП), како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2013 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност. INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

83


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ДНЕВНИЦИТЕ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО СЕ ПРЕСМЕТУВААТ НА ИСТИОТ НАЧИН ДО КРАЈОТ НА 2014 ГОДИНА

Д

невниците за службени патувања во странство, за приватниот и јавниот сектор, се исплатуваат согласно со:

- Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (во понатамошниот текст: Уредба) (“Службен весник на РМ”, бр. 50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12 и 5/13).

84

Поврзан пропис со претходно наведената Уредба, во кој се пропишани највисоките износи на дневници за службени патувања во странство, е: - Решението за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци (во понатамошниот текст: Решение) (“Службен весник на РМ”, бр. 50/00, 74/02 и 49/04). Во „Службен весник на РМ“, бр. 1 од 3 јануари 2014 година е објавена измената на спомнатата Уредба, која влезе во сила со денот на објавувањето, според која дневниците за службени патувања во странство продолжуваат да се пресметуваат на истиот начин како и досега, до 31.12.2014 година, односно при сместување со/без доручек да се исплатува 35% од пропишаната дневница во Решението и да не се исплатува дневница при полу/полн пансион.

ни патувања во странство (од 50% на 35% од пропишаната висина на дневниците во Решението за службени патувања во странство при сместување со/без доручек, односно од 20% на НУЛА кога се работи за полу/полн пансион), но рокот на важење на овие изменети членови беше ограничен - до 31.12.2011 година, така што во јануари 2012 година настана правен вакуум поради кој статусот на дневниците беше нерешен, без постоење на одредба која би го уредувала истиот. Со измената на Уредбата (12/12, во сила од 27.01.2012 година), пролонгирањето на намалените/укинатите дневници за службени патувања во странство беше лоцирано до крајот на 2012 година. Правен вакуум во врска со примената на одредбите на Уредбата беше направен на идентичен начин и за првите 9 дена од 2013 година. Владата и овој пат задоцни со донесувањето на измените на Уредбата. Сепак, со објавата на измените на Уредбата во „Службен весник на РМ“, бр. 5/13, се реши правната дилема преку продолжување на рокот на важење на изменетите членови 10, 15 и 16 до 31.12.2013 година.

Да потсетиме дека со измена на Уредбата, објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 82/10, од 21.6.2010 година, се изменија одредбите на членовите 10, 15 и 16, со што се намалија и укинаа дневниците за службе-

www.p

roagens.mk


ИНФОРМАЦИИ - ИЗМЕНЕТИ ПРОПИСИ

ИЗМЕНИ ВО УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО - НОВИ ШИФРИ НА ОСНОВИ Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство (“Службен весник на РМ”, бр. 78/11, 156/11, 58/12, 173/12, 51/13 и 144/13) е изменето со “Службен весник на РМ”, бр. 186 од 30 декември 2013 година, при што промените влегоа во сила со денот на објавувањето, а ќе се применуваат од 1 јануари 2014 година.

 

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ Во “Службен весник на РМ”, бр. 188 од 31 декември 2013 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за девизно работење (“Службен весник на РМ”, бр. 34/01, 49/01, 103/01, 54/02, У. суд 32/03, 51/03, 81/08, 24/11 и 135/11), кои влегоа во сила на 8 јануари 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето). Промените на законот се однесуваат на следното:

Со промената е заменет прилогот број 4 со сосема нов прилог број 4 - ШИФРИ НА ОСНОВИ ЗА НАПЛАТИ И ПЛАЌАЊА, што значи дека од 1 јануaри 2014 година во примена се овие нови шифри на основи што се користат при трансакциите меѓу резиденти и нерезиденти, во платниот промет со странство.

- во делот на дефинициите се врши терминолошко усогласување со Законот за хартии од вредност и се воведува нова дефиниција за инвестициско злато, со цел да се прави разлика од монетарното злато, - се врши усогласување на домашното законодавство со Регулативата на Европскиот парламент за контрола на готовината која влегува и излегува во и од границите на Европската унија. Имено, се регулира пријавувањето на внесувањето и изнесувањето на ефективни странски и домашни пари и чекови во Република Македонија да се врши на образец што ќе го пропише министерот за финансии, а кој ќе биде достапен на граничните премини и на интернет страните на Министерството за финансии и Царинската управа,

ифрите на основи се објавени во ИНФО Ш РЕГИСТАР-от за 2014 година, во рамки на делот V - Уплатни сметки - шифри, поддодел III.

- се регулираат и условите и начинот на кој инвестициски фондови резиденти можат да издаваат удели, односно акции на затворениот фонд надвор од Република Македонија, како и условите и начинот под кои нерезидентни инвестициски фондови можат да понудат удели, односно акции на продажба во Република Македонија,

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

- во делот на вршењето на инспекцискиот надзор се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор.

85


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ИНФОРМАЦИЈА

ДОНЕСЕН НОВ ПРАВИЛНИК И ИЗМЕНЕТИ ЧЕТИРИ ПРАВИЛНИЦИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

К

омисијата за хартии од вредност, на седницата одржана на 30.11.2013 година, донесе еден нов правилник (како замена на претходно важечкиот) и измени и дополнувања на четири правилници, сите објавени во “Службен весник на РМ”, број 171 од 10 декември 2013 година, како што следи: - П равилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност,

86

- П равилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност, - П равилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на

барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност, - Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и - Правилник за изменување и дополнување на Правилник за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет.

КОНТРОЛА НА ОВЛАСТЕНИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ПАЗАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ Новодонесениот Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност, влезе во сила на 18 декември 2013 година (осум дена од денот на објавувањето), со кој датум престана да важи претходниот Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност (“Службен весник на РМ”, број 6/2007). поред преодните одредби на новиот ПраС вилник, започнатите постапки на контрола според претходно важечкиот Правилник, ќе продолжат според новодонесениот Правилник. www.p

Со Правилникот за начинот и постапката за вршење контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност се пропишуваат начинот и постапката на вршење контрола на работењето на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност (депозитари, берзи, банки, брокерски куќи, брокери и инвестициони советници) и подетално се уредуваат надлежностите и постапките на овластените лица од Комисијата за хартии од вредност, заради примената на Законот за хартии од вредност, правилниците донесени врз основа на законот и правилата на саморегулирачките организации (берзи и депозитари).

roagens.mk


ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

ПРОСПЕКТ И ПОКАНА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

И УПЛАТА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ”, број 28/08, 147/10 и 128/13), објавен во “Службен весник на РМ”, број 171/13, влезе во сила на 10 декември 2013 година (со денот на објавувањето), со кој датум престана да важи Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ”, број 128/13). Правилникот за формата и содржината на проспектот и поканата за запишување и уплата на хартии од вредност ја пропишува формата и содржината на проспектот за запишување и уплата на хартии од вредност по видови издавачи и на поканата за запишување и уплата на хартии од вредност. Со промената Прилогот 5 кон Правилникот се дополнува со нови точки и се врши измена на постоечките точки.

БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ЈАВНА ПОНУДА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ - ЕДИНИЦА НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вред-ност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност (“Службен весник на РМ”, број 28/08 и 128/13), објавен во “Службен весник на РМ”, број 171/13, влезе во сила на 10 декември 2013 година (со денот на објавувањето), со кој датум престана да важи Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност (“Службен весник на РМ”, број 128/13).

INFORMATOR 1 I JANUARI 2014

 

равилникот за документите што ги П доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност ги пропишува документите што ги доставува издавачот за хартиите од вредност при поднесување на барање за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност. Последните промени на овој Правилник главно се однесуваат на пропишување на нови одредби, со кои се регулира начинот на поднесување барање за одобрение за издавање на хартии од вредност по пат на јавна понуда до Комисијата за хартии од вредност, кога издавачот на хартии од вредност е единица на локална самоуправа.

ПОСЕБНИ ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ - ЕДИНИЦА НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА КАКО ИЗДАВАЧ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ равилникот за изменување и дополнуП вање на Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија и извештај за сопственост на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, број 112/08, 31/11, 31/12 и 76/13), објавен во “Службен весник на РМ”, број 171/13, влезе во сила на 10 декември 2013 година (со денот на објавувањето). оследните промени на овој Правилник П главно се однесуваат на пропишување нови одредби, со кои се регулира обврска за известување на Комисијата за хартии од вредност (покрај од страна на акционерските друштва со посебни обврски за известување, кои се запишани во Регистарот на Комисијата) и од страна на единиците на локалната самоуправа, кои имаат издадено должнички хартии од вредност.

87


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

КАТЕГОРИИ НА СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА И ИЗНОСОТ И СТРУКТУРАТА НА ВЛОГОВИТЕ ПРИ ОСНОВАЊЕ И СРЕДСТВАТА ОД АКТИВАТА НА ОВЛАСТЕНО ПРАВНО ЛИЦЕ Правилникот за изменување и дополнување на Правилник за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет (“Службен весник на РМ”, број 150/101 и 35/11), објавен во “Службен весник на РМ”, број 171/13, влезе во сила на 18 декември 2013 година (осмиот ден од денот на објавувањето) и е од времен карактер во важност од најмногу 90 дена од денот на објавувањето.

88

Правилникот за утврдување на категориите на сопствени средства и начинот на пресметување на износот и структурата на влоговите при основање и средствата од активата на овластено правно лице со кои треба да располага и во континуитет ги уредува категориите, износот, структурата, начинот на пресметка, одржувањето и контролата на сопствените средства, влоговите при основањето и средствата со кои треба да располага во континуитет и кои треба да бидат во износ на основната главнина при основање на овластено правно лице.

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4

И

Т ЗА БУЏЕ

5

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок).

6

БИТОЛА, х. МИЛЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

02/ 3162-979 i 3298-763

www.p

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.