ИНФОРМАТОР БР.7 / 2014

Page 1


2014

INFORMATOR

www.proagens.mk

7

juli

2014


2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS

Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 30.06.2014 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:

Informacija:

M-r Pavle GACOV

Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.

Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik

Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:

D-r Zoran MINOVSKI

D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


7 S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

ДАНОК НА ДОБИВКА 1) СО ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ИЗВРШЕНА Е ИЗМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ОБРАСЦИ И ВОВЕДЕН Е НОВ ОБРАЗЕЦ „И-ПД“ - ИЗЈАВА ЗА ИСПЛАТЕНА ДИВИДЕНДА НА ДОМАШНИ ПРАВНИ ЛИЦА

5

РАБОТЕН ОДНОС 2) ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

21

АВАНСИ 3) АВАНСИТЕ ЗА ПРОМЕТИ КОИ НЕ СЕ ВО СИСТЕМОТ НА REVERSE CHARGE

51

БЕНИФИЦИРАН СТАЖ 4) ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)

58

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 5) ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

69

СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА 6) ОД 2015 ГОДИНА - ВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ ПРАВИЛА ВО ОДНОС НА ПРЕСМЕТКАТА НА ДНЕВНИЦИТЕ (ВО ПОВИСОК ИЗНОС) ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО

79


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

СО ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ИЗВРШЕНА Е ИЗМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ОБРАСЦИ И ВОВЕДЕН Е НОВ ОБРАЗЕЦ „И-ПД“ - ИЗЈАВА ЗА ИСПЛАТЕНА ДИВИДЕНДА НА ДОМАШНИ ПРАВНИ ЛИЦА Вовед

М-р Павле ГАЦОВ *

Со последната измена на Законот за данокот на добивка објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 13/14, во сила од 31 јануари 2014 година, се изврши менување на даночниот третман на дивидендата (и други распределби од добивката 1) исплатена во корист на домашни правни лица. Со измената и овие дивиденди се вклучија во режимот „се оданочува со данок на добивка“, после што не постои можност да се изврши исплата на дивиденда по потекло од 2009 година и наваму без да се плати данок на добивка. Данокот на добивка е данок кој го товари исплатувачот на добивката како даночен обврзник и овој данок не треба никако да се сфати како даночен товар за примателот на дивидендата. Од 31 јануари 2014 година, примателите на дивиденда во зависност од тоа за каков субјект се работи, после исплатената дивиденда и платениот данок од страна на исплатувачот може да се најдат во една од „даночните ситуации“ презентирани во продолжение. Субјект-примател на дивиденда Домашно правно лице

1

* Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“

p_gacov@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Даночен третман на примената дивиденда по потекло од 2009 година наваму При приемот на приходот од дивиденда, домашното правно лице не плаќа данок, а при исплатата на „својата“ дивиденда, не плаќа данок на делот од приходот од претходно примената дивиденда за кој исплатувачот платил данок на добивка. Услов: Примена Изјава (И-ПД) од Првиот Исплатувач на дивиденда, која вториот Исплатувач заедно со ДД-ИД ќе ја достави до УЈП при исплатата на „својата“ дивиденда.

В о категоријата на други распределби од добивката влегуваат: - исплата од ликвидационата маса над вредноста на запишаниот капитал, - износот на зголемената вредност на основачкиот влог над номиналниот кој се исплатува при истапување на содружник и - други исплати од добивката (лични примања на сопствениците и примања на вработените кои не се пресметани во бруто плата).

5


Pr  fesionalna Edukacija

Физичко лице (домашно и/или странско)

Странско правно лице

6

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Примената дивиденда претставува оданочив приход од капитал согласно со член 47-49 од Законот за персоналниот данок на доход. Персоналниот данок на доход го пресметува, задржува и уплатува Исплатувачот на дивидендата пред, односно истовремено со исплатата на нето дивидендата на физичкото лице. Иако членот 71 од Законот за ПДД пропишува обврска за поднесување до УЈП на аконтативна даночна пријава од страна на физичко лице, до сега ваква пријава за приходите од дивиденда не е пропишана. Странските физички лица може да користат даночно ослободување или пониска стапка за оданочување на приходот од дивиденда согласно со функционалниот Договор за одбегнување на двојното оданочување со односната земја, ако Исплатувачот располага со: - пропишани обрасци заверени од Управата за јавни приходи и од надлежниот даночен орган на странската држава или - одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи. Странските правни лица може да користат даночно ослободување или пониска стапка за оданочување на приходот од дивиденда согласно со функционалниот Договор за одбегнување на двојното оданочување со односната земја ако се спроведе пропишаната процедура.

Согласно со базичниот концепт на оданочување на добивката уреден со членот 19 од Законот за данокот на добивка (159/08): „Дивидендите и другите распределби на добивката ... кои се однесуваат на остварени добивки до 31 декември 2008 година, нема да се оданочуваат.“ Напомена: Без оглед на потеклото на дивидендата и поврзано со тоа без оглед на нејзиниот даночен третман, доставата на образецот „ДД-ИД“до УЈП е задолжителна. Преглед (временска линија) на менувањето на даночниот третман на исплатените дивиденди и други распределби од добивката кои потекнуваат од 2009 година наваму Објавено во Датум на Одредба (член) „Сл. весник“, бр. примена од Законот за ДД

159/08

1-ви јануари 2009 г.

36-г, став 3

Цитат на одредбата

Краток коментар

„Износот којшто се рас- Со исклучувањето на фипределува во вид на ди- нансискиот резултат од виденди и други рас- годишната даночна оспределби од добивката новица, моментот на одабило да е во паричен ночување, без исклучок, или непаричен облик се се помести на денот на оданочува во моментот исплатата на дивиденда на нивната исплата.“ (како за правни, така и за физички лица - основачи).

www.p

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

85/10

7-ми јули 2010 г.

 

36-г, став 3

„Износот којшто се Се исклучуваат од одараспределува во вид ночување дивидендите на дивиденди и други исплатени во корист на распределби од добив- домашни правни лица. ката, било да е во паКако предмет на оданоричен или непаричен чување остануваат дивиоблик, се оданочува во дендите исплатени во моментот на нивната корист на физички лица исплата, освен диви-основачи и странски дендите коишто даправни лица-основачи. ночниот обврзник ги исплатува на правни лица резиденти на Република Македонија.“ „ За правни лица ре- Во категоријата на оданозиденти на Република чиви дивиденди покрај Македонија од ставот дивидендите исплатени 3 на овој член, не се во корист на физички сметаат лицата осно- лица - основачи и странвани во согласност со ски правни лица - основаЗаконот за здруженија чи се додаваат и дивидени фондации.“ дите исплатени во корист на лицата основани во согласност со Законот за здруженија и фондации (здруженија на граѓани, непрофитни субјекти, невладини организации и фондации).

47/11

16-ти април 2011 г.

36-г, став 4

!

НАЈНОВО

ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО

РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров

740

страни

3.150 денари

тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

7


Pr  fesionalna Edukacija

13/14

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

31-ви 36-г, „Износот којшто се Се брише ослободувајануари став 3 и став 4 распределува во вид њето за исплатените ди2014 г. на дивиденди и други виденди во корист на распределби од добив- домашни правни лица. ката, било да е во па- Исплатата на дивиденди ричен или непаричен по потекло од 2009 годиоблик, се оданочува на наваму се оданочува во моментот на нив- во секој случај. ната исплата.“, освен Примателот на дивидендивидендите коишто да правно лице, при исданочниот обврзник платата на „своја“ диги исплатува на правни виденда нема да плалица резиденти на Рети данок на добивка на публика Македонија. приходот од претходно (36-г, ст. 3) применета оданочена Приходите од дивиден- дивиденда. Имено, приди остварени со учест- ходот од применета диво во капиталот на друг виденда учествува во даночен обврзник не се генерирањето на втората вклучуваат во даночна- дивиденда. Со ваквото та основа, под услов да решение се одбегнува се оданочени кај даноч- двојно оданочување на ниот обврзник кој врши приходите од дивиденисплата на дивиденди. да, преку механизмот на (36-г, ст. 4) Изјава за платен данок на исплатена дивиденда издадена од страна на исплатувачот на „првата“ дивиденда.

8

Со извесно задоцнување, после влегувањето во сила (31.01.2014) на последната измена и дополнување на Законот за данокот на добивка (13/14), беше објавен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување („Службен весник на РМ“, бр. 72/14, кој влезе во сила на 08 мај 2014 година, нареден ден од денот на објавувањето). Во рамките на овој Правилник се објавени 4 нови обрасци со кои се заменуваат постојните стари обрасци и е додаден еден целосно нов образец (кој во поинаква форма постоеше и во минатото).

kontakt@proagens.com.mk www.p

Се работи за следните обрасци: - ДБ - Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (замена на стариот образец), - ДБ-ВП - Даночен биланс на вкупен приход (замена на стариот образец), - ДД-ИД - Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката (замена на стариот образец), - ДД-И - Извештај за уплатениот данок по задршка (замена на стариот образец) и - И-ПД - Изјава за платен данок на исплатена дивиденда (нов образец). Потсетуваме дека дека обврската за задолжителна достава во електронска форма преку e-tax режимот на УЈП се однесува

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

само за ДДВ обврзниците и само за првите два биланси (ДБ и ДБ-ВП). Останатите три обрасци може да се поднесуваат и во хартиена форма. Со оглед на тоа дека се работи за нов образец најнапред ќе се осврнеме на Изјавата за платен данок на исплатена дивиденда - И-ПД.

1. Функционалност на новиот образец „И-ПД“ - Изјава за платен данок на исплатена дивиденда

И-ПД

ЕДБ на исплатувач на дивиденда

Назив и седиште на исплатувач на дивиденда

4

0 3

0 9 9 8 4

2

0 2

6

1

„Либра-југ“ „Слобода“, бр. 26 Скопје

9

ИЗЈАВА за платен данок на исплатена дивиденда 2

На распределената дивиденда по основ на добивка за

ЕДБ на примател на дивиденда: Назив на примател на дивиденда: Износ на дивиденда: Износ на платен данок:

4

0

3

0

9

9

0

9

1

4

3

година е пресметан и платен данок на:

9

7

2

3

4

„Просперитет“ „Владимир Коморов“, бр. 11/4 Скопје 4

5

0

0

0

0

0

денари

5

0

0

0

0

0

денари

Место и датум,

Потпис на овластено лице,

1/1

INFORMATOR 7 I JULI 2014

* Образецот е објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр. 72/14 и важи од 08.05.2014 година


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Овој образец всушност претставува „враќање на отпишаниот“. Имено, образец со слична форма и со иста намена се применуваше заклучно со 2008 година и не беше во функција од 2009 година до мај 2014 година. Сепак заради 5 годишниот прекин во користењето, во продолжението на текстот ќе го нарекуваме „новиот образец И-ПД“.

10

Новиот образец И-ПД - Изјава за платен данок на исплатена дивиденда ќе се користи како доказ со кој Исплатувачот на дивидендата тврди (изјавува) дека при исплатата на дивидендата (по потекло од 2009 година и наваму) пресметал и платил данок на добивка, наведувајќи ги следните податоци: - својот даночен број (ЕДБ), назив и седиште, - годината од која потекнува добивката која се распределува за дивиденда, - ЕДБ на приметелот на дивидендата и неговиот назив, како и - раздвоените износи на: а) дивидендата (без данок на добивка) и б) износот на платениот данок на добивка. Новиот образец - Изјава за платен данок на исплатена дивиденда (И-ПД) треба да се „движи“ на следниот начин: (1) Исплатувачот на дивиденда („А“) му го доставува (дава/предава) образе-

цот-Изјава на примателот на дивиденда („Б“). Еден примерок од Изјавата се чува во евиденцијата на Исплатувачот. Субјектот „А“ Изјавата не ја доставува до УЈП, туку само образецот ДД-ИД. Субјектот „А“ го плаќа данокот на исплатената дивиденда. (2) Истата оваа Изјава (образец „И-ПД“), примателот на дивиденда („Б“) ја приложува до УЈП заедно со свој образец ДД-ИД при евентуална исплата на „своја“ дивиденда во корист на своите основачи („В“ и „Г“). Со ваквиот доказ, исплатувачот „Б“, остварува право на намалување на даночната основа за данок на добивка, со искажување на приходот од примената дивиденда во својот образец ДД-ИД на АОП 05 - Приходи од дивиденди остварени со учество во капиталот на домашно правно лице оданочени со данок на добивка кај исплатувачот. (3) При евентуална продолжена исплата на дивиденда од страна на субјект-правно лице од трета линија („В“), во корист на основач („Д“), заедно со образецот „ДД-ИД“ до УЈП се поднесува и Изјавата на исплатувачот „В“ („И-ПД“), со што ќе се создаде можност за намалување на даночната исплата и кај субјетот „Д“.

Шематски приказ Исплатува дивиденда (пресметува Правно Правно данок на добивка и поднесува ДДлице лице „А“ ИД до УЈП, а на правното лице „Б“ „Б“ му издава Изјава/И-ПД)

Приказ 1:

Исплатува дивиденда (не пресметува данок на добивка на приходот од примената ди-виденда од Правно лице „А“ и поднесува ДД-ИД до УЈП, заедно со примената Изјава/И-ПД )

Пример на пополнет образец И-ПД - Изјава за платен данок на исплатена ивиденда д

2. Што е различно во новиот Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ) во однос на стариот образец? Во новиот образец ДБ - Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (замена на стариот образец) се додадени три нови редни броеви, додека останата содржина не е менувана. Напоменуваме дека за разлика од стариот образец во новиот не е лоцирана пози-

www.p

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

ција за печат што претставува усогласување со измените во ЗТД и новата електронска форма на достава (со дигитален потпис). Истото решение (потпишување без удирање на печат) е прифатено и кај сите останати обрасци пропишани со последните измени и дополнување на Правилникот за данокот на добивка. Во продолжение ќе ги коментираме накратко само новите позиции (редни броеви) во Даночниот биланс. 2.1. Нов реден број 21 во делот А. Утврдување на непризнаени (оданочиви) расходи за даночни цели од тековната година и се однесува на износот на ненаплатените побарувања од заеми. Со последните измени на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 13/14, во сила од 31 јануари 2014 година) во категоријата на оданочиви расходи беа вклучени и ненаплатените ПОБАРУВАЊА (кои никако не спаѓаат во категоријата расходи) кои произлегуваат од трансфери (пренос) на парични средства кои по својата економска суштина се ЗАЕМИ, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот. Напоменуваме дека со подвлекувањето на „економската суштина“ на заемот всушност се неутрализира неговата правна форма (постоењето на договор за заем/позајмица). Во овој контекст подвлекуваме дека е недозволиво како заеми да се третираат побарувања по реално дадени аванси за промет на добра и услуги, потоа активни временски разграничувања и други активни салда на 31.12., сето тоа во функција на проширување на даночната основа и на штета на даночните обврзници. Важно:

Новиот даночен третман на побарувањата по основ на заеми не го погодува работењето на банките, штедилниците и финансиските друштва кои според одделните законски дефиниции одобруваат кредити, а не заеми. Новото решение не се однесува на заемите одобрени најдоцна до 30 јануари 2014 го-

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

дина, без оглед тие дали ќе имаат салдо на 31 декември или пак ќе бидат вратени. Заради ваквиот различен даночен третман на побарувањата по основ на одобрени заеми се налага потреба од воведување на аналитичка евиденција за: а) заемите одобрени заклучно со 30 јануари 2014 година и б) заемите одобрени после овој датум. Потсетуваме дека новиот даночен третман на побарувањата по основ на заеми се однесува на правните лица - обврзници на данокот на добивка, а не и на обврзниците на годишниот данок на вкупен приход. Од 31 јануари 2014 година наваму даночно неутрален ќе биде одобрениот КРАТКОРОЧЕН заем кој ќе биде вратен до крајот на годината на одобрување. Со новото даночно решение треба да се внимава на четири правила и на два критични моменти поврзани со заемите. Правила: - Н овото решение се однесува само на ПОБАРУВАЊАТА по основ на одобрени заеми - Н овото решение не се однесува на ОБВРСКИТЕ по основ на примени заеми, - Р ешението се применува без оглед на поврзаноста на деловните субјекти (поврзаноста е небитна) и - Р ешението не се однесува на даночниот третман на каматите по одобрени/примени заеми. За даночниот третман на каматите важат посебни правила согласно со законски дефинираната поврзаност на субјектите. Критични моменти: - П рвиот е 31 јануари 2014 година (новото решение се применува за заемите одобрени од 31 јануари 2014 година наваму) и - Вториот е 31 декември секоја година.

02/ 3162-979 i 3298-763

11


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Оданочувањето на побарувањето за заемот, дава можност за користење на даночен кредит во периодот на негово враќање Платениот данок за одобрениот заем кој не е вратен до крајот на годината за која се известува сепак не претставува трајно изгубено средство (ликвидност). Со враќањето на заемот, во наредните даночни периоди, даночниот обврзник - давател на заемот има можност да користи ДАНОЧЕН КРЕДИТ, односно да ја намали даночната основа во годината на враќање соодветно за износот на наплатените побарувања по одобрени заеми, за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа. Со ваквото намалување на даночната основа, всушност ќе биде соодветно намалена и даночната обврска за износот на претходно платениот данок.

12

Практични примери поврзани со даночниот третман на заемите Пример 1: О добрен и вратен заем во ист даночен период Претпоставка: Претпријатието „Пари“ дало паричен заем на 14 март 2014 година на поврзано правно лице „Долг“ во износ од 150.000 денари. Заемот е вратен на 27.12.2014 година. Каков е даночниот третман на заемот во овој случај? Одговор: Иако заемот е одобрен после 31 јануари 2014 година, со оглед на фактот дека истиот е вратен во истиот даночен период (година), даночни импликации не постојат, односно заемот нема да се вклучува во основата за оданочување. Напоменуваме дека поради поврзаноста, претпријатието „Пари“, за даночни цели има обврска да пресмета камата, со примена на каматната стапка од најмалу SKIBOR + 1 процентен поен за соодветната рочност (9 месеци). Претпријатието „Долг“, треба да внимава на висината на трошковната камата, заради оданочивоста на делот пресметан по каматна стапка повисока од SKIBOR + 1 процентен поен за соодветната рочност www.p

Појаснување: Пресметувањето на камата која се евидентира во сметководството зависи од облигациониот однос (камата се пресметува ако истата е договорена). Ако висината на пресметаната камата во сметководството ги задоволува даночните критериуми (SKIBOR + 1 процентен поен за соодветната рочност), тогаш таа нема влијание на формирањето на даночната основа. (Приходната камата ќе учествува во генерирањето на потенцијална добивка која во моментот на исплатата како дивиденда ќе биде оданочена.) Во спротивно, само за целите на оданочувањето, во независна даночна пресметка се пресметува камата согласно со даночните правила имајќи ја предвид соодветната рочност. Правила за висината на каматната стапка за даночни цели: - трошковната камата < (да биде помала од, или еднаква на) SKIBOR каматата + 1 процентен поен, - приходната камата > (да биде поголема од, или еднаква на)SKIBOR каматата + 1 процентен поен. Пример 2: О добрени повеќе заеми под различни услови Претпоставка: Претпријатието „А“ на 22 април 2014 година дало заем на 4 правни и едно физичко лице. Физичкото лице е сопственик на правното лице „А“, а две од правните лица („Б“ и „В“) кои добиле заем се основани од правното лице „А“. Состојбата со побарувањата за одобрените заеми кај претпријатието „А“ на 31.12.2014 година е следната: - п обарување за одобрен заем на правно лице „Б“ (поврзано со „А“), 124.600 денари, - п обарување за одобрен заем на правно лице „В“ (поврзано со „А“), 820.000 денари, - п обарување за одобрен заем на правно лице „Г“, 0 денари (заемот е вратен во 2014 година),

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

- п обарување за одобрен заем на правно лице „Д“ 1.240.000 денари - п обарување од физичко лице „МН“ (поврзано со „А“), 95.000 денари. Одговор: При составувањето на Даночниот биланс за 2014 година, даночниот обврзник „А“, ќе ја зголеми даночната основа за сите невратени заеми со салдо на 31.12.2014 година во вкупен износ од 2.279.600 (124.600 + 820.000 + 1.240.000 + 95.000). При тоа не треба да се заборави и даночниот третман на каматата кога се работи за деловен однос со поврзано лице (правните лица „Б“ и „В“ и физичкото лице „МН“). Најниската камата што треба да се пресмета заради нејзино даночно неутрализирање (без да има влијание врз зголемувањето на даночната основа) е во висина на SKIBOR каматната стапка + 1 процентен поен за соодветната рочност. Ако облигациониот однос е бескаматен (не е договорено пресметување на камати) или се договорени пониски приходни камати од SKIBOR каматната стапка + 1 процентен поен за соодветната рочност (кај примените заеми се оданочува повисоката трошковна каматна разлика над овој репер), тогаш разликата е оданочива, односно кај одобрените заеми: пониската приходна каматна разлика под SKIBOR реперoт е предмет на оданочување. Продолжение на примерот - стекнување на право на даночен кредит Во 2015 година на претпријатието „А“ му е вратен заемот од правното лице „Б“ во износ од 100.600 денари, а од „В“ е вратен вкупниот износ од 820.000 денари. Правното лице „Д“ и физичкото лице „МН“ не вратиле ниту денар од земениот заем. Даночниот обврзник во 2015 година ќе ја намали даночната основа за 920.600 денари (100.600 + 820.000) со искажување на износот на АОП 28 (реден број 27) од новиот Даночен биланс (образец „ДБ“). Заради ова намалување на основата, даночниот обврзник ќе плати помалку данок на непризнаени расходи за консеквентен износ од 92.060 дена-

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

ри, пребивајќи го на тој начин платениот данок на салдата по основ на побарување за заеми во претходната (2014) година. Наш став: Користењето на даночен кредит за наплатените побарувања по заеми е уредено преку измена на членот 17 став 2 од Законот за данокот на добивка (13/14). Членот 17 од Законот за данокот на добивка со кој е овозможено намалување на даночната основа за наплатените побарувања по основ на заеми (користење на даночен кредит), нема конзистентна содржина од аспект на односот: финансиско Vs даночно известување. Имено, наплатата на заемот не претставува приход за заемодавателот туку затворање на побарувањето, за разлика од вредносното усогласување на побарувањата кое прво се искажува како расход на периодот и соодветно на тоа како приходот во моментот на неговата евентуална наплата. При следна измена на Законот ова решение мора да биде (барем номотехнички) поинаку уредено. 2.2. Нов реден број 37 во делот З. Посебните податоци, се однесува на искажувањето на Остварените приходи од дивиденди од учество во капиталот на домашно правно лице оданочени со данок на добивка кај исплатувачот. Напоменуваме дека вредностите искажани во делот Посебни податоци не влијаат ниту на намалување ниту на зголемување на даночната основа, а со тоа и на висината на пресметаниот данок. Тие имаат информативна содржина. На оваа позиција искажува податок субјектот што примил дивиденди (по потекло од 2009 година и наваму) од исплатувач - домашно правно лице - која е оданочена со данок на добивка кај исплатувачот. Заради променетиот даночен режим и укинатото ослободување за исплатените дивиденди во корист на домашни правни лица, на оваа позиција ќе се искажува износот на остварените приходи од дивиденди од учество во капиталот на домашно правно лице оданочени со данок на добивка кај исплатувачот. Како доказ

13


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

за платената дивиденда, примателот на дивидендата ќе добие Изјава за платен данок на исплатена дивиденда (И-ПД) од Исплатувачот на дивидендата. Примената Изјава (ИПД) не се приложува кон Даночниот биланс. Со оглед на тоа дека моментот на оданочување на дивидендата се врзува со нејзината исплата, законодавецот ја исклучува можноста и примателот на дивиденда да го вклучи приходот од остварената дивиденда во основата за оданочување што се формира при исплата на својата дивиденда. Ослободувањето за приходот од примената дивиденда не е можен преку образецот ДБ, кој во принцип е алатка за оданочување на расходи. Избегнувањето на двојното оданочување на приходите од дивиденди се врши преку образецот ДД-ИД. Цитат на член 36-г, став 4 од ЗДД:

14

„Приходите од дивиденди остварени со учество во капиталот на друг даночен обврзник не се вклучуваат во даночната основа, под услов да се оданочени кај даночниот обврзник кој врши исплата на дивиденди.“

Пример 3: Распределена и исплатена дивиденда

По одобрувањето на годишната сметка за 2013 година, правното лице „П“ на 20 март 2014 година донесува одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за дивиденда на основачот, правно лице „Р“ во износ од 1.200.000 денари. Дивидендата е генерирана од добивките после 2008 година. Пресметка: Бруто дивиденда Данок на дивиденда (10%) (1.200.000 х 10%) Дивиденда за исплата (нето) (1.200.000 - 120.000)

.200.000 1 120.000 1.080.000

До УЈП, правното лице „П“ исплатувач на дивидендата поднесува само образец ДД-ИД (без изјава за платениот данок на добивка). До правното лице „Р“,правното лице „П“ исплатувач на дивидендата ја поднесува Изјавата за платен данок на исплатена дивиденда (И-ПД).

Книжење кај исплатувачот на дивиденда - правното лице „П“: СМЕТКА ОПИС должи побарува 950 Задржана (акумулирана) добивка од претходни години 254 Обврски по основа на учество во добивката 233 Обврски за данок на добивка

ИЗНОС должи побарува 1.200.000 1.080.000 120.000

- по одлука за распределба и објавена исплата на дивиденда 254 Обврски по основа на учество во добивката 233 Обврски по основа на учество во добивката 1000 Парични средства на трансакциски сметки во денари

1.080.000 120.000 1.200.000

- исплатена дивиденда и платен данок на добивка

Уплатна сметка на данокот на дивиденда Уплатната сметка на која Исплатувачот на дивидендата ќе го уплати данок на добивка при нејзината исплата е следнава: 840 - 01648 - Данок на исплатена дивиденди и друга распределба од добивката (приходно конто: 711230).

www.p

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

Централната нумерација на уплатната сметка е троцифрен број според седиштето на Исплатувачот на дивидендата (пр. 182 - за општина Центар). О вој данок се уплатува на уплатните сметки за данокот на добивка на Образецот „ПП-50“ - Налог за јавни приходи со користење на следните податоци: - Назив на примачот: Трезорска сметка - Банка на примачот: Народна банка на РМ - Скопје - Сметка:

100 - 0000000630 - 95

02/ 3162-979 i 3298-763

НАЈНОВО !

Повластена можност за Полугодишна претплата на Проагенсовите изданија за 2014 година! Почитувани,

С

татусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. На колегите кои не се стекнале со ваков статус им даваме повластена можност да станат наши претплатници преку Полугодишна претплата. Во пакетот „Полугодишната претплата", покрај списанијата „Информатор" за 6 месеци (до крајот на 2014 година), вклучуваме плус: - Информатор бр. 6-12 (јуни-декември 2014) - Инфо-регистар (ажуриран за цела 2014) - 24/7 повластен пристап до скриениот дел на www.proagens.mk - б рзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку ЕДНА Ваша службена е-маил адреса - непосредни консултации од помал обем преку телефон и службено електронско сандаче - попусти на советувања и обуки - попусти на прирачници и посебни изданија и - два прирачника како подарок. Подарок плус - ДВА Прирачници !

Со извршената полугодишна претплата за 2014 година добивате и ДВЕ изданија како ПОДАРОК - Прирачник за персоналниот данок на доход (издание од 2013 година) и Прирачник за ДДВ (издание од 2013 година). Не заборавајте дека даночните инспектори се враќаат по неколку години назад при даночните контроли. Затоа и изданијата од изминатите години треба да ви бидат секогаш при рака. Цената на полугодишната претплата изнесува 8.500 денари (со вклучено ДДВ кое имате право да го одбиете)! Поштенските трошоци се на наша сметка. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2014 година" и повикување на број: 400.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

15


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s” И-ПД

Приказ 2: Пополнет образец И-ПД - Изјава за платен данок ЕДБ на исплатувач на на исплатена дивиденда на правното лице „П“ 4 0 3 0 0 0 4 2 4 6 1 9 2 дивиденда

Назив и седиште на исплатувач на дивиденда

„П“ „Гоце Делчев“, бр. 11 Скопје

ЕДБ на исплатувач на дивиденда

Назив и седиште на исплатувач на дивиденда

4

0 3

И-ПД

0 0 0 4

2

4

6

1

9 2

„П“ „Гоце Делчев“, бр. 11 Скопје

ИЗЈАВА за платен данок на исплатена дивиденда 2

На распределената дивиденда по основ на добивка за

ЕДБ на примател на дивиденда: Назив на примател на дивиденда: за

16

4

0

3

0

9

9

0

9

1

2

3

3

година е пресметан и платен данок на:

4

2

9

6

ИЗЈАВА „Р“ „Самоилова“, бр. 14/2 платен данок на исплатена дивиденда Скопје

1 0 8 0 0 0 0 Износ на дивиденда: денари 2 0 1 3 На распределената дивиденда по основ на добивка за година е пресметан и платен данок на: Износ на платен данок: денари 1 2 0 0 0 0

ЕДБ на примател на дивиденда: Назив на примател на дивиденда:

4

0

3

0

9

9

9

2

3

4

2

9

6

0

8

0

0

0

0

денари

1

2

0

0

0

0

денари

„Р“ „Самоилова“, бр. 14/2 Скопје

Износ на дивиденда:

1

Износ на платен данок:

Место и датум,

Потпис на овластено лице,

Книжење кај примателот на дивидендата - правното лице „Р“: СМЕТКА ОПИС должи Место побарува и датум, Побарување од поврзани субјекти * Образецот е објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр. 72/14 и важи од 08.05.2014 година 1180 по основ на објавена дивиденда Приходи од распореден дел од нето добивката 773 од поврзани друштва - по одлука за распределба и објавена исплата на дивиденда 1000 Парични средства на трансакциски сметки во денари Побарување од поврзани субјекти 1180 * Образецот е објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр. 72/14 и важи од 08.05.2014 година по основ на објавена дивиденда - примена исплата на дивиденда www.p

roagens.mk

ИЗНОС должи 1/1 Потпис на овластенопобарува лице, 1.080.000

1.080.000

1.080.000 1/1

1.200.000


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

Пример 4: Распределба на дивиденда од страна на правното лице „Р“ По одобрувањето на годишната сметка за 2014 година, правното лице „Р“ на 20 мај 2015 година донесува одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за дивиденда на основачот, физичко лице „МН“ во износ од 2.800.000 денари. Дивидендата е генерирана од добивките после 2008 година. Пресметка: Бруто дивиденда

2.800.000

М инус: Бруто дивиденда на која е платен данок на добивка од правното лице „П“ 1.200.000 -----------------------------------------------------------------------------------------------

руто дивиденда што треба да се оданочи Б (2.800.000 - 1.200.000)

1.600.000

Данок на дивиденда (10%) (1.600.000 х 10%)

160.000

Проверка: 2.520.000 - 1.080.000 = 1.440.000 х 11,11% ----------------------------------------------------------------------------------------------Дивиденда за исплата (нето) 2.640.000 (2.800.000 - 160.000)

17

До УЈП, правното лице „Р“ исплатувач на дивидендата поднесува образец ДД-ИД, како и Изјавата за платен данок на исплатена дивиденда (И-ПД) примена од правното лице „П“. Напомена: Приходот од дивиденда што правното лице „Р“ го остварило со учество во капиталот на субјектот „П“ нема да се вклучи во даночната основа на даночниот обврзник „Р“. Пример 5: Исплата на дивиденда од добивка отворена заклучно со 2008 година По одобрувањето на годишната сметка за 2013 година, правното лице „Малку радост“ на 16 април 2014 година донесува одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за дивиденда на основачот, правно лице „Просперитет“ во износ од 400.000 денари. Дивидендата е генерирана од добивките пред 2008 година. За дивидендата по потекло од добивката акумулирана заклучно со 2008 година не се пресметува данок на добивка. Сепак и за ваквата неоданочена исплата на дивиденда до УЈП се поднесува образецот ДД-ИД. Книжење кај „Малку радост“ за дивидендата исплатена од акумулираната добивка остварена заклучно со 2008 година: СМЕТКА должи побарува 950 254

ОПИС Задржана (акумулирана) добивка од претходни години Обврски по основа на учество во добивката

- по одлука за распределба на дивиденда и објавена исплата на дивиденда 254 Обврски по основа на учество во добивката 1000 Парични средства на трансакциски сметки во денари - исплатена дивиденда INFORMATOR 7 I JULI 2014

ИЗНОС должи побарува 400.000 400.000 400.000 400.000


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Книжење на евентуална исплата на дивидендата која произлегува од акумулираната добивка остварена заклучно со 2008 година, во корист на ФИЗИЧКО ЛИЦЕ - СОПСТВЕНИК (Пример): СМЕТКА ОПИС должи побарува 950 Задржана (акумулирана) добивка од претходни години 254 Обврски по основа на учество во добивката 235 Обврски за персонален данок на доход - по одлука за распределба на дивиденда и објавена исплата на дивиденда 254 Обврски по основа на учество во добивката 235 Обврски за персонален данок на доход 1000 Парични средства на трансакциски сметки во денари

ИЗНОС должи побарува 400.000 360.000 40.000 360.000 40.000 400.000

- исплатена дивиденда и платен персонален данок на доход

Исплатата на дивидендата ќе се изврши на трансакциска сметка на физичкото лице. Книжење на евентуална исплата на дивиденда која произлегува од акумулираната добивка остварена заклучно со 2008 година во корист на СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ - СОПСТВЕНИК (фирма од Словачка: задржан данок = 5%), (Пример):

18

СМЕТКА ОПИС должи побарува 950 Задржана (акумулирана) добивка од претходни години 254 Обврски по основа на учество во добивката 233 Обврски за задржан данок - по одлука за распределба на дивиденда и објавена исплата на дивиденда 254 Обврски по основа на учество во добивката 233 Обврски за задржан данок 1000 Парични средства на трансакциски сметки во денари 103 Девизни сметки

ИЗНОС должи побарува 400.000 380.000 20.000 380.000 20.000 20.000 380.000

- исплатена дивиденда и платен задржан данок

2.3.Нов реден број 41 исто така во делот на искажување на посебните податоци и се однесува на искажувањето на износот на пренесена даночна загуба од претходни години за кои правото на покритие од 5 години не е изминато. Согласно со членот 17-а од Законот за данок на добивка, доколку износот на даночната основа за даночниот период е помал од износот на намалувањето на истата за истиот даночен период, тогаш даночниот обврзник искажува даночна загуба. Даночната загуба се пренесува на товар на даночната основа во наредните даночни периоди, но не подолго од пет години, започнувајки по годината во која даночната загуба е искажана. Наwww.p

малувањето се врши последователно почнувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби. Намалувањето на даночната основа за износот на пренесените даночни загуби се врши преку АОП 30 - Пренесени даночни загуби од минати години, од новиот образец ДБ, кое се наоѓа после непризнаените расходи од годината на оданочувањето корегирано за даночениот кредит за расходите со одложено признавање. Токму остатокот од пренесените даночни загуби од минати години кои не се застарени се искажува на АОП 45 (реден број 41) од новиот образец ДБ.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

3. Новиот образец ДД-ИД е усогласен со последните измени на Законот за данокот на добивка ди двојниот даночен режим на оваа трансакција: првиот, се однесува на оданочувањето со данок на добивка на правното лице - исплатувач и вториот, кој се однесува на оданочување на примателот на дивиденда (остварувач на приходите - физичко лице, односно правно лице - нерезидент).

Исплатата на дивидендата е поврзано со задолжително поднесување на образец ДДИД - Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивка. Составувањето и поднесувањето на образецот ДД-ИД до УЈП е обврска на правното лице, исплатувач на дивидендата. Правното лице ќе го плати данокот при исплатата (уписот) на дивиденда, задржувајќи го истиот од бруто дивидендата утврдена со Одлуката за исплата на дивиденда.

Каква е формата и содржината на новиот образец ДД-ИД? Во новиот образец ДД-ИД бројот на редни броеви (АОП) во делот А. Податоци за извршената распределба е намален од 8 на 3. Поради изедначениот даночен третман, веќе не е уредено раздвојување на податоците за исплатените дивиденди во корист на домашни правни лица посебно од останатите исплати. Составувањето на новиот образец ДД-ИД ќе го презентираме во продолжение низ пример.

По затворањето на оваа даночна обврска, остатокот на дивидендата претставува бруто дивиденда (дивиденда број два) од која се пресметува персоналниот данок на доход, односно данокот по задршка при исплата на странско правно лице (овие даноци паѓаат на товар на примателите на дивидендата). Ваквото раздвојување е потребно зара-

19

Пример 6: Составување на новиот образец ДД-ИД По одобрувањето на годишната сметка за 2013 година, правното лице „Лист“ на 16 мај 2014 година донесува одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за дивиденда на основачот, правно лице „Трева“ во износ од 8.400.000 денари. Дивидендата е генерирана од добивките според следниот преглед: - дивиденда од 2013 година

3.220.000 денари

- дивиденда од периодот 2012 година

1.000.000 денари

- дивиденда од периодот 2011 година

1.145.000 денари

- дивиденда од периодот 2010 година

1.200.000 денари

- дивиденда од периодот 2009 година

800.000 денари

В купно за периодот 2009 -2014 година

4.145.000 денари

- дивиденда од периодот до 2008 година

1.035.000 денари

8.400.000 денари

ВКУПНО:

Претходно, правното лице „Лист“ има остварено приход од дивиденда по оданочување со данок на добивка во износ од 2.400.000 денари. За исплатената дивиденда, Исплатувачот доставил до основачот „Лист“ Изјава за платен данок на исплатена дивиденда (образец И-ПД).

Пополнување на образецот ДД-ИД

А. Податоци за извршената распределба 1. Од добивката остварена во претходната година 2. Од пренесена нераспределена добивка остварена со состојба на 31.12.2008 година

INFORMATOR 7 I JULI 2014

3.220.000

1.035.000


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

3. О д пренесена нераспределена добивка остварена по 31.12.2009 година

4.145.000

Б. Утврдување на дночната основа и на данокот

5. И знос на исплатена дивиденда (ред. број 5 = ред. број 1 или ред. број 5 = ред. број 3) 7.365.000 Во новиот образец со зборот „или“ погрешно се сугерира избор на податокот од реден број 1 или реден број 3, без да се земе предвид и можноста за нивен збир, како во нашиот пример. 6. Приходи од дивиденди остварени со учество во капиталот на домашно правно лице оданочени со данок на добивка кај исплатувачот 2.400.000 На оваа позиција се искажува дивидендата после оданочување со данок на добивка (односно намалена за данокот на добивка) искажана во Изјавата И-ПД. 7. Даночна основа (ред. број 5 - ред. број 6) > 0 4.965.000 8. Износ на пресметан данок (ред. бр. 7 х 11,1111%) 551.666

В. Намалување на пресметаниот данок (∑ ред. бр. 9 + 10 + 11)

20

Пресметаниот данок се намалува по следните основи:

9. Намалување на данокот за сразмерниот дел на учеството на странското лице во вкупниот капитал на друштвото утврден на 31 декември 2009 година, доколку вложувањето е остварено пред 31.12.2006 година (Правото на намалување на данокот произлегува од член 33 од Законот за данокот на добивка и член 36 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 139/06). Ова намалување се искажува само ако се распределува добивката од 2009 година. 10.Намалување за данокот по задршка (задржан данок) платен на реализираните приходи по основ на дивиденди остварени од нерезидентни лица, согласно со Договорите за одбегнување на двојното оданочување, според член 37 од Законот за данокот на добивка во висина на платениот данок, но не повеќе од данокот што би се добил со примена на пропишаната даночна стапка (10%) во Република Македонија. З а таа цел даночниот обврзник кој остварува приходи во странство, доставува доказ за платениот данок од наwww.p

длежниот даночен орган на странската држава. 11.Намалување за данокот кој го платила подружницата во странство под услов остварената добивка да е вклучена во приходите на матичното правно лице во Република Македонија, но не повеќе од износот на данокот што би се добил со примена на пропишаната стапка (10%) во Законот за данок на добивка. Покрај измените во делот А и Б на образецот ДД-ИД, соодветно е изменет и делот за искажување на Иплстен аванс на дивиденда за тековната година. Бројот на АОП е намален од 9 на 5. Редните броеви во кои посебно се искажуваше исплатата на аванс на дивиденда кон домашни правни лица се тргнати од образецот. На крајот од образецот се уредени две групи на информации, едната за составувачот и втората за потписникот. На ист начин се уредени и новите обрасци ДД-И и ДБ-ВП. Во обрасците ДД-И и ДБ-ВП нема промени. И овде напоменуваме дека за разлика од старите обрасци во новите не е лоцирана позиција за печат што претставува усогласување со измените во ЗТД и новата електронска форма на достава (со дигитален потпис).

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 1. ВОВЕД 1.1. Содржина на главата VII од Законот за работните односи (ЗРО)

О

ткажување на договорот за вработување освен што е мошне честа појава во нашата практика, воедно е правно гледно и исклучително деликатна постапка пропратена со различни социјални последици и со речиси редовно процесуирани предмети пред судовите, познати како работни спорови. Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

Во Законот за работните односи – ЗРО1, ова проблематика е уредена со членовите: 70 - 104, содржани во глава VII, под наслов: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот“. Но, насловената глава, покрајот типичниот отказ на договорот за вработување, опфаќа уште две основи кои доведуваат до престанување, односно до прекин на договорот за вработување, а тоа се:  судска одлука (пресуда, односно решение за трајна неспо-

собност за работа - членови 102 и 103 од ЗРО) и

 возраст на работникот (член 104 од ЗРО).

Во врска со наведните правни ситуации, ЗРО ги уредува следните прашања: причините за откажување на договорот за вработување; формата на отказот; траењето на отказниот рок; приговор против одлуката за отказ; застареност на отказот поради лични причини и причини на вина; обврска на работодавачот за информирање и консултирање со претставниците на работниците при колективни отпуштања; испратнината; правата и обврските во случај на отказ од деловни причини; отказ од страна на работодавач во посебни случаи; отказ од страна на работник во посебни случаи и други значајни прашања кои се поврзани со престанокот на работниот однос, а чие поблиско согледување е воедно и предмет на интерес во овој текст. Посебно е значајна актуелната содржина на членот 101 од ЗРО, кој е резултат на измената на ЗРО (13/13, во сила од 31.01.2013 година). Со овој член детално се уредуваат аспектите на забраната за отказ заради бременост, раѓање и родителство, со разрешување но, и отворање на одредени дилеми, во насока на зацврстување на принципот на посебна заштита на работникот кој остварува права по основ на родителство од примената на институтот отказ. * Правен советник

d_jacimovic@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

1

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13; како и 10 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10 и 132/10.

21


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Во оваа глава (VII) од ЗРО се сместени и одредбите со кои се уредуваат: понуда на нов договор за вработување пред отказ (член 78), отстранување на работникот од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ (член 83) и парична казна (член 84). Во овој текст е даден осврт на членовите 78 и 83 како на посебни целини. Единстевно не е офатена паричната казна, со оглед дека во нормативно-материјална смисла местото на оваа дисциплинска мерка не може да биде во делот на ЗРО посветен на отказот.

1.2. Останати начини од ЗРО за престанување на договорот за вработување

22

- Останатите начини на престанување на договорот за вработување наброени во членот 62 од ЗРО (глава VI), се однесуваат на настапување на раскинлив услов под кој е склучен договорот или кој произлегува од за-

кон, па со негово исполнување договорот престанува да важи. Таквите раскинливи услови (основи) кои предизвикуваат престанување на важноста на договорот за вработување - изминување на времето за коешто бил склучен (договор за вработување на определено време) - член 64;

- с мрт на работникот или работодавачот

(физички лица) - член 65 и

- п оведување постапка за престанок на

работодавачот согласно со закон (случај на стечај или ликвидација) - член 66.

Посебен основ за престанок на договорот за вработување е раскинување на истиот со писмена спогодба (член 69 од ЗРО), која претпоставува постоење на волја на страна на работникот и на страна на работодавачот за престанокот на работен однос на денот на склучување на договорот (спогодбата) за раскинување.

2. ДОЗВОЛЕНОСТ НА ОТКАЗ 2.1. Општо за дозволеноста на отказот Отказ од страна на работникот Според член 70 од ЗРО, договорот за вработување може да биде откажан и од работникот и од работодавачот и тоа само во целост. Разликата е во тоа што работникот може да го откаже договорот за вработување со едноставно давање писмена изјава дека сака да го откаже договорот за вработување, без какво било образложение (член 71 став 1). Пример на Изјава на работникот за откажување на договорот за вработување До _______________________________ (работодавач/овластен орган/лице) Предмет: Изјава за престанок на работен однос Согласно со член 71 став 1 од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 187/13), јас (вработениот) ________________ писмено изјавувам дека сакам да ми престане работниот однос заснован со договорот за вработување бр. ____ од ____ година, на работното место ___________ кај работодавачот _____________ заклучно со __________ година (на пр. со истекот на отказниот рок од најмалку 30 дена од поднесувањето на Изјавата). www.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

(Алтернатива: Доколку постои согласност и на страната на работодавачот согласен сум отказниот рок да се намали или сосема да се исклучи, со што работниот однос би ми престанал веднаш по донесување на одлука на работодавачот.)

Место _______, датум _________ година

Отказ од страна на работодавачот Работодавачот, пак, според член 71 став 2 од ЗРО, може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ од членот 76, поврзана со: a) однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот) или б) поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или в) потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина на страна на работодавачот). Причините (случаите) за отказ, треба да се определени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина (т.е. акт на работодавачот) и договорот за вработување.

2.2. Причини за отказ Основаните причини за отказ, ЗРО во членот 76 ги дели на три поголеми групи и тоа:  случаи кога постои лична причина на страна на работникот (заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос) - член 76 став 1 точка 1;  случаи кога постои причина на вина на работникот (ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос) - член 76 став 1 точка 2;  случаи кога постојат деловни причини на страна на работодавачот (престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, INFORMATOR 7 I JULI 2014

Подносител на Изјавата (работник) Име и презиме _________________ организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот) - член 76 став 1 точка 3. Неоснованите причини за отказ се дадени во членот 77 од ЗРО, и се однесуваат на:  членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор;  поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи;  одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство и нега на член на семејството и неплатено родителско отсуство; (Со измената на ЗРО (187/13) во сила од 07.01.2014 година, се воведува ново право за работничката поврзано со остварување на родителско право а тоа е неплатено родителско отсуство до три месеци. Со новиот член 170а, се уредува дека, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на три годишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.)  користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор;  отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и  други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со ЗРО.

23


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

3. ЛИЧНИ ПРИЧИНИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Услови за откажување од лични причини Според членовите 79 и 80 од ЗРО, работодавачот може да го откаже договорот за вработување од лични причини на страна на работникот. Во членот 76 став 1 точка 1 од ЗРО јасно е нагласено дека под лични прични за отказ се подразбира неспособноста на работникот за работа предизвикана од неговото однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон. За постоење на валиден отказ од лични причини, треба да се исполнети следните услови:

24

- Неспособноста на работникот треба да се манифестира во вид на неизвршување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување (член 79); - На работникот (член 80): а) да му се обезбедени потребните услови за работа и б) да му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено предупредување од работодавачот во врска со работата

дека работодавачот не е задоволен од начинот на извршување на работните обврски и в) по даденото предупредување во рокот утврден од работодавачот, работникот да не го подобри своето работење. Членот 80 од ЗРО, со измената (25/13, во сила од 19.02.2013 година) се дополни во насока на укажување на потребата случаите кои доведуваат до откажување на договорот за вработување од лични причини на работникот да бидат утврдени со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел, односно на ниво на работодавач. И самите општи колективни договори: член 12 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, односно член 10 од ОКД за јавниот сектор, предвидуваат со колективен договор на ниво на гранка односно оддел (во јавниот сектор: со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач) да се уредат случаи на однесување, на недостаток на знаење или можности, неисполнување на посебните услови определени со закон како и кршењето на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски од страна на работникот кои доведуваат до откажување на договорот за вработување од лични причини и причини на вина.

Пример на Предупредување поради неспособност за работа (лични причини) Врз основа на член 80 во врска со член 76 став 1 точка 1 од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05,... и 187/13), органот на управување (управител / генерален директор / овластено лице) на „__________________“ (работодавач), на ден _______ 20___ г. му упатува на вработениот ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА Вработениот ______________ во подолг временски период (цели шест месеци од ______ до ______), не ги исполнува своите работни обврски утврдени со договорот за вработување бр. _____ од _____ год. на работното место _______________ и покрај дадените инструкции од управителот, со што покажува дека не е способен да одговори на задачите во обемот и со квалитет кој од него се очекува со оглед на посебните услови за вработување во неговиот случај (___________________________________________________________________________). www.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

Се предупредува работникот ____________ на можен отказ на договорот за вработување бр. ____ од ______ год. во согласност со член 80 од ЗРО, доколку во рок од еден месец, сметано од денот на ова предупредување, не го подобри своето работење во согласност со дадениите насоки.

Место _______, датум _________ година

За работодавачот ________________

4. ПРИЧИНИ НА ВИНА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 4.1. Отказ поради кршење на работниот ред и дисциплинаили работните обврски, со отказен рок Причините на вина поради кои работодавачот може да го откаже договорот за вработување се уредени со членовите 81 и 82 од ЗРО. Во членот 81 од ЗРО се наброени случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските од страна на работникот, поради кои работодавачот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок. Овие причини, во споредба со причините од членот 82 од ЗРО, претставуваат полесни прекршувања на работните обврски, редот и дисциплината и постојат ако работникот: - не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот; - не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски; - не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место; - не се придржува на работното време, распоредот и користењето на работното време; - не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа; - поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот;

INFORMATOR 7 I JULI 2014

- со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа; - настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот; - не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа; - предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата и - незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот. При тоа, во членот 81, став 2 е утврдено дека со закон, колективен договор и со правилата на работодавачот за работниот ред и дисциплина може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина кои доведуваат до отказ. Особено значајно решение претставува давањето на можност со интерните правила на работодавачот да се предвидат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина, под услов да бидат: a) истакнати на видно место во работните простории на работодавачот и б) д оставени до синдикатот.

4.2. Отказ поради кршење на работниот ред и дисциплинаили работните обврски, без отказен рок Во наредниот, член 82 став 1 од ЗРО, дадени се потешки случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски од страна на работникот, поради кои работодавачот може да го от-

25


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

каже договорот за вработување без отказен рок, со нагласување во ставот 2 дека со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи, меѓутоа не и со правилата на работодавачот. Случаи кои претставуваат основ за отказ без отказен рок, постојат особено ако работникот: - неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; - го злоупотреби боледувањето; - не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина;

26

- внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства; - стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и - оддаде деловна, службена или државна тајна.

4.3. Предупредување пред отказот заради вина на страната на работникот Дури и кога постојат основани причини за отказ кои ЗРО ги утврдува како причини на вина или како лични причини на страна на работникот, работодавачот мора пред откажување на договорот за вработување, писмено да го предупреди работникот за неисполнување на обврските и можноста на отказ во

www.p

случај на натамошни кршења на истите - член 73 и член 80 од ЗРО. Членот 73 од ЗРО, поконкретно ја уредува оваа проблематика под наслов: „Постапка пред отказот заради вина на страната на работникот“, утврдувајќи дека работодавачот пред откажување на договорот за вработување поради причини на вина (н.з. причини од членовите 81 и 82 од ЗРО, а не од член 80 како што погрешно пишува во ЗРО) мора писмено да го предупреди работникот за неисполнување на обврските и можноста на отказ во случај на натамошни кршења на истите. Во однос на членот 73, постои забелешка дека со својата формулација не ги покрива сите причини на вина од ЗРО на кои укажуваат членовите: 71 став 2 и 76 став 1 точка 2, а кои се материјализирани во членовите 81 и 82, и во својата севкупност значат кршење на: а) работниот ред и дисциплина или б) работните обврски. Имено, од формулацијата на членот 73 од ЗРО произлегува дека работодавачот е должен претходно писмено да го предупреди работникот само во случај на неисполнување на обврските и дека само при повторување на однесувањето кое се состои во неисполнување на обврските а не и во кршење на работна дисциплина, на работникот може да му се откаже договорот за вработување. Поради ова, стручната јавност ја оцени одредбата од членот 73 како нејасна бидејќи изразот: „неисполнување на обврските“, сам по себе не го инкорпорира и кршењето на работната дисциплина.

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

Пример на Предупредување за кршење на работната дисциплина (причини на вина) Врз основа на член 73, во врска со член 76 став 1 точка 2 од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 187/13), органот на управување (управител / генерален директор / овластено лице) на „________“ (работодавач), на ден ___ 20__ година, му упатува на вработениот ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА РАБОТНАТА ДИСЦИПЛИНА Во повеќе наврати: на ден _____, на ден ______ и на ден ______ работникот __________ ја повреди работната дисциплина со непридржување на распоредот и користењето на работното време. Се предупредува работникот _________ на можен отказ на договорот за вработување бр. ______ од ______ година во согласност со ЗРО, доколку продолжи со кршењето на работната дисциплина и непочитување на утврдениот распоред на почетокот и завршетокот на работното време според правилата пропишани од страна на работодавачот во наредниот период од _________ сметано од денешниот ден ________ година.

Место _______, датум _________ година

За работодавачот _______________

27

5. ФОРМА И СОДРЖИНА НА ОТКАЗОТ 5.1. Елементи на отказот Според членот 74 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма. Работодавачот е должен во содржината на писмениот отказ да ги запази следните елементи:  да го образложи откажувањето на договорот;  да му укаже на работникот на правната заштита (правна поука за право на приговор) и  да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, што се остваруваат во Агенцијата за вработување на РМ, согласно со закон.

5.2. Образложение на отказот - докажување на основаноста на причината за отказ При откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот, според ЗРО тој е е должен да го образложи отказот, на начин што во образложението ќе го наведе основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот (т.е. одредба на која го заснова отказот, како на пр.: „Врз основа на член 81 став 1 точка 4 од ЗРО ...“) и ќе ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот (член 72 од ЗРО). Докажување на оправданоста на отказот би значело во одлуката за отказ да се даде подетален опис на активното или пасивното однесување на работникот поврзано со работата и работното место или во врска со работата кое ги содржи елементите на основот (причината) за откажување.

kontakt@proagens.com.mk INFORMATOR 7 I JULI 2014


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Пример на образложение на отказот На работникот __________ на работно место ___________ му престанува работниот однос заснован на неопределено време / определено време, со отказ од работодавачот поради непридржување на распоредот и користењето на работното време согласно со член 81 став 1 точка 4 од ЗРО. Отказниот рок е 30 дена и почнува да тече од наредниот ден по денот на врачувањето на одлуката за отказ. О б р а з л о ж е н и е Вработениот ________________ на ден _______ 20____ беше писмено предупреден од работодавачот за кршење на работната дисциплина поради непридржување до распоредот и користење на работното време. Иако предупреден на можните последици, вработениот на ден _______ 20____ повторно ја прекрши работната дисциплина, со тоа што _______________________________________. Доказ: Увид во евиденцијата на работното време. По укажувањето, во своја одбрана работникот изнесе дека _____________________, со што не успеа да го оправда своето однесување. Поради наведеното, работодавачот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

28

Повикување на соодветен основ за отказ и аргументирано образложение на истиот се пропишани во функција на заштита на работниците од евентуално самоволие на работодавачот, бидејќи непостоење на основана причина за отказ го прави истиот незаконски со што на страната на работникот се отвора реална можност успешно да го оствари своето законско право на заштита, пред се пред надлежните органи кај работодавачот, а понатаму и пред надлежниот суд.

5.3. Укажување на правната заштита на работникот (правна поука за право на приговор) Вториот елемент на содржината на отказот сп о ред членот 74 од ЗРО е укажување на правната заштита на работникот кое се материјализира преку правната поука за правото на приговор против одлуката за отказ. Во областа на остварувањето и заштитата на правата, обврските и одговорностите од работниот однос, ЗРО го утврдува системот на двостепено одлучување кај работодавачот и можноста за решавање на работните спорови во судската постапка (судска заштита). www.p

Според општата одредба од членот 181 став 4 од ЗРО, против одлуката за отказ на договорот за вработување работникот има право на приговор до органот на управување, односно работодавачот, во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на договорот за вработување. Според став 5 на членот 181 од ЗРО, кога не е донесена одлука по приговорот, во рок од осум дена од денот на поднесувањето на приговорот или кога работникот не е задоволен со одлуката донесена по приговорот, во рок од 15 дена од денот на добивањето на одлуката по приговорот, работникот има право да поведе спор пред надлежниот суд. Општиот став за правото на приговор понатаму се прецизира преку посебните одредби од членивите 91 и 93 од ЗРО, во кои се третирани ситуациите на правото на приговор против: А) одлуката за отказ без отказен рок и Б) одлуката за отказ со отказен рок. Од формално-правен аспект, приговорот против одлуката за отказ со отказен рок е идинтичен со приговорот на одлуката за отказ без отказен рок, односно одлуката за отстранување на работникот од кај рабо-

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

тодавачот, како и со приговорот против секоја друга одлука со која работодавачот одлучува за поединечните права/обврски на работникот од работниот однос: се поднесува во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на договорот за вработување до органот на управување, односно работодавачот; конечната одлука по приговорот се донесува во рок од осум дена од денот на поднесувањето на приговорот; кога одлука по приговорот не е донесена во рок или кога работникот не е задоволен со одлуката донесена по приговорот, има право да поведе спор пред надлежниот суд. Разлика сепак постои во ставот на ЗРО по однос на правното дејство на приговорот од аспект на тоа дали го одлага или не извршувањето на одлуката за отказ. Основен принцип кој го застапува ЗРО е одложно (суспензивно) дејство на приговорот. Исклучок од одложното дејство постои само во два случаи утврдени во член 91 од ЗРО, во однос на: - Одлуката за откажување на договорот за вработување, без отказен рок (во случаи од членот 82 од ЗРО) и - Одлуката (налогот) за отстранување на работникот од кај работодавачот (случај уреден со член 83 од ЗРО). По основ на овие одлуки, веднаш по нивното врачување, работникот се одјавува од работниот однос, односно се отстранува од кај работодавачот. Против сите останати одлуки на работодавачот со кои се одлучува за правата и обврските на работникот, вклучувајќи ја и одлуката за отказ на договорот за вработување со отказен рок (член 93 став 3 од ЗРО), приговорот го одлага извршувањето до донесување на одлука по приговорот (второстепена одлука) која е конечна во постапката пред работодавачот, односно до истекот на рокот за поднесување на приговорот, доколу истиот не е поднесен. Најчесто, со оглед на внатрешната организација на работодавачот, приговорот се поднесува до надлежниот второстепен орган кај

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

работодавачот (управител, собир на содружници, одбор на директори, управен одбор, односно друг орган на управување), а кај работодавачот - поединец до самиот работодавач кој веќе одлучувал во прв степен. а) Пример на Правна поука кај одлуката за отказ со отказен рок: Правна поука: Против оваа одлука за отказ работникот има право да вложи приговор до ________ (второстепениот орган кај работодавачот) во рок од 8 дена од приемот на одлуката. Приговорот го одлага извршувањето на одлуката до донесување на одлука по приговорот. б) Пример на Правна поука кај одлуката за отказ без отказен рок, односно налогот за отстранување на работникот од кај работодавач: Правна поука: Против оваа одлука за отказ/отстранување од кај работодавачот работникот има право да вложи приговор до ____________ (второстепениот орган кај работодавачот) во рок од 8 дена од приемот на одлуката. Приговорот не го одлага извршувањето на одлуката.

5.4. Запознавање на работникот со правата од осигурување во случај на невработеност Обврската на работодавачот од членот 74 од ЗРО да го запознае работникот со неговите права од осигурување во случај на невработеност во рамки на одлуката за отказ подразбира работодавачот да се повика на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработенот, во кој се уредени правата на работникот од осигурување во случај на невработеност во согласност со членот 64 од ЗВОСН. Доказот дека работникот бил запознаен со овие права, ќе претставува посебна клаузула за неговите права внесена во писмениот отказ.

29


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Пример на клаузула за укажување на правата по основ на осигурување во случај на невработеност „На работникот му се укажува дека по престанокот на работниот однос стекнува права по основ на осигурување во случај на невработеност во согласност со членот 64 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (право на подготовка за вработување: обука, преквалификација или доквалификација; право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита, односно право на паричен надоместок во случај на отказ од деловни причини и право на пензиско и инвалидско осигурување на корисник на паричен надоместок доколку има 18 месеци до остварување право на старосна пензија, а нема 15 години стаж на осигурување.)“

30

6. ВРАЧУВАЊЕ НА ОТКАЗОТ Лично врачување на отказот Законот за работните односи ги содржи и правилата што се однесуваат на врачување на отказот на работникот - член 75. Отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување. Работодавачот е должен да му го врачи отказот лично на работникот по правило: - во просториите на работодавачот, односно - на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето, од кое работникот дневно доаѓа на работа. Ако работникот не може да се пронајде на односната адреса или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување, отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот. По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено.

www.p

7. ПОНУДА НА НОВ ПРОМЕНЕТ ДОГОВОР ПРЕД ОТКАЗ 7.1. Отказ на постојниот договор за враборување, со понуда за склучување на нов договор за вработување Членот 78 од ЗРО, почнувајќи од 2005 година кога е донесен актуелниот ЗРО, внесе новина во нашето трудово право, промовирајќи нов модел на отказ на договорот за вработување: отказ, со понуда (предлог) на нов договор за вработување. Така, според член 78 став 1 од ЗРО, работодавачот може да го откаже договорот за вработување и на работникот истовремено да му предложи склучување на нов променет договор за вработување. Меѓутоа, законодавецот не пропишува децидно поради кои оправдани причини на работникот може да му се даде отказ на постојниот и едновремено да му се понуди нов променет договор за вработување, со исклучок на ситуацијата во која се актуелизираат правата и обврските во случај на отказ од деловни причини: работодвачот, пред да го откаже договорот од деловни причини, може на работникот да му понуди како едно од алтернативните права нов договор за вработување, согласно со член 96 став 1 точка 3 од ЗРО. По прифаќање на анекс на договорот за вработување (со измената на ЗРО - 124/10 од 28 септември 2010 година) како дозволена форма за вршење измени на договорот за вработување при постоење на согласност на двете договорни страни, примената на членот 78 од ЗРО во практиката се сведе на исклучок, и тоа само во случај кога менување на елементите на договорот за вработување не можно да се изврши со анекс поради отсуство на согласноста на страните.

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

7.2. Можни последици од произнесување на работникот по однос на понудата Според член 78 став 2 од ЗРО, работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата. Во моментот кога ќе изјави дека не ја прифаќа понудата или ако во утврдениот рок од 15 дена воопшто не се изјасни за понудата што би значело дека молкум го манифестира наприфаќањето, се актуелизира отказот на постојниот договор за вработување. Од денот на изјавата за неприфаќање, односно од денот на истекот на рокот од 15 дена, започнува да тече рокот за поднесување на приговор на одлуката за отказ согласно со член 93 став 2 од ЗРО. Во овој случај, работникот има право на испратнина како при отказ од деловни причини. Ако ја прифати понудата на работодавачот, според член 78 став 3 од ЗРО, работникот: а) нема право на испратнина поради престанување на претходниот договор за вработување, а

б) го задржува правото да ја оспорува пред надлежниот суд одлуката за промена на договорот за вработување. Задржување на правото пред надлежниот суд да ја оспорува основаноста на причината на која се заснова одлуката за отказ со понуда на променет договор за вработување, не би требало да се толкува во смисла дека во условите на прифаќање на понудата за нов договор, работникот има право исклучиво на судска заштита против одлуката за отказ, односно дека го губи правото на заштита кај работодавачот. Работникот и во овој случај го задржува правото на приговор согласно сио член 181 став 4 од ЗРО. Членот 78 од ЗРО бара дополнителни интервенции на законодавецот, со цел да се отстранат бројните дилеми околу неговата примена. Напомена:

а крајот на овој текст даден е пример на Н одлука за отказ со понуда на нов договор за вработување.

8. ОТСТРАНУВАЊЕ ОД РАБОТА ДО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Во членот 83 од ЗРО, децидно се наброени причините поради кои со писмен налог, работникот може да биде отстранет од кај работодавачот, до донесување на конечната одлука за отказ (одлука по приговор) на договорот за вработување. Тие причини постојат, доколку работникот со своето присуство кај работодавачот: - го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; - штетно влијае врз работењето кај работодавачот и - оневозможува утврдување на одговорност за повреда на работните обврски.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Посебна причина за отстранување постои кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата. За време додека трае отстранувањето, работникот има право на надомест во висина од 50% неговата плата која ја примил во претходниот месец. тстранувањето на работникот од кај рабоО тодавачот се однесува на случаите на отказ, со или без отказен рок од членовите 81 и 82 од ЗРО. Против одлуката за отстранување од кај работодавачот (налог за отстранување) работникот има право на приговор во рок од осум дена од врачувањето на одлуката (спо-

31


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ред член 91 став 2 од ЗРО). Со оглед дека приговорот во овој случај нема одложно дејство, веднаш по врачувањето на писмениот налог за отстранување, работникот се отстранува од кај работодавачот (член 91 став 4 од ЗРО). Пример на одлука за отстранување на работникот од кај работодавачот Врз основа на членовите 83 став 1 точка 1) и член 91 од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05,… и 187/13), органот на управување на „_____________“ (работодава-чот), на ден ________ 20__ година, донесе ОДЛУКА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИКОТ На работникот ____________ на работното место ______, му се наложува отстранување од кај работодавачот „___________“, до донесување на конечната одлука за отказ на договорот за вработување бр. ___. Оваа одлука е составен дел на Одлуката за отказ бр. ______20___ година. Работникот за време на траење на отстранувањето има право на надомест во висина од 50% на неговата плата исплатена во претходниот месец. О б р а з л о ж е н и е

32

Против работникот __________ на работното место ___________, е покрената постапка за отказ на договорот за вработување бр. _____ од _______ 20___ поради предизвикување неред и насилничко однесување за време на работата согласно со член 81 став 1 точка 10 од ЗРО. Поради тоа што работникот __________ со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот и здравјето на останатите работници како и поради постоењето на опасност од оштетување на средства за работа од поголема вредност, работодавачот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Правна поука: Против оваа одлука работникот има право на приговор до _________ (вто ростепениот орган) во рок од 8 дена од приемот на одлуката.

Приговорот не ја задржува од извршување одлуката за отстранување од кај работодавачот.

есто _______, датум _________ година М

За работодавачот ________________

9. ОТКАЗНИ РОКОВИ 9.1. Минимално траење на отказни рокови Во членовите: 87 - 90 и членот 92 од ЗРО уредени се повеќе прашања во врска со правниот институт: „отказен рок“. Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законwww.p

скиот или договорно определениот отказен рок. Тие мораат да го почитуваат минималниот рок на траење на отказниот рок, одреден со ЗРО, колективниот договор на ниво на дејноста, односно на ниво на работодавач. ЗРО ги утврдува минималните отказни рокови и тоа различно, во зависност од тоа дали отказот го дава работникот или работодавачот.

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

Ако отказот го дава работникот, отказниот рок е еден месец, со можност со договорот за вработување или со колективниот договор да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од три месеци. Ако отказот го дава работодавачот, минималниот отказен рок е еден месец во случај на индивидуален престанок на работниот однос или на помал број работници, а два месеци во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот.

9.2. Отказен рок од седум работни дена за сезонска работа Со дополнување на ЗРО (25/13, во сила од 19.02.2013 година) во членот 88 став 4 е предвиден посебен, минималне отказен рок од седум работни дена при откажување на договорот за вработување на работник на сезонска работа, во случај кога договорот го откажува работодавачот. Меѓутоа, не е утврден и посебен минимален отказен рок кога договорот го откажува сезонски работник, иако, според аналогијата со општите правила за траењето на отказните рокови (види во точката 9.1.) истиот не би требало да е подолг од рокот што како исклучок е предвиден за работодавачот чија дејност има сезонски карактер - седум работни дена.

9.3. Првиот ден од отказниот рок Отказниот рок започнува да тече наредниот ден од денот на врачувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување (член 89 од ЗРО). Според формулацијата на членот 89 од ЗРО, отказниот рок почнува да тече првиот ден по денот на врачување на одлуката за отказ, што се поклопува со денот од кој тече правото на работникот на поднесување приговор против одлуката за отказ.

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

9.4. Права и обврски на страните за време на отказниот рок

За време на отказниот рок, работникот покрај тоа што ги задржува сите права од работниот однос (бруто плата, додатоци на плата, надоместоци на плата...), по основ на член 92 од ЗРО се стекнува и со едно ново право карактеристично за праваната ситуација во којашто се наоѓа а кое се манифестира во обврска на работодавачот да му овозможи отсуство од четири часа во текот на работната недела заради барање на ново вработување. За часовите на отсуството од работа, работникот има право на надоместок на плата, согласно со колективен договор.

9.5. Паричен надоместок наместо отказен рок Исплата со денот на престанокот на работниот однос Членот 90 од ЗРО предвидува можност работодавачот и работникот да се договорат за паричен надоместок наместо отказен рок. Ако се постигне договор за паричен надоместок наместо отказен рок работодавачот е должен паричниот надоместок на работникот за целиот отказен рок да му го исплати со доставувањето на отказот, со денот на престанокот на работниот однос. ЗРО не го утврдува минималниот износ на паричниот надоместок наместо отказен рок, оставајќи го ова прашање на слободно уредување на договорните страни. При неговото определување треба да се има предвид дека отказниот рок во поглед на „паричните“ права на работникот значи задржување на правото на (бруто) плата, односно надоместоците на плата (за: празници, одмор, боледување, платено отсуство и сл.). Затоа, надоместок наместо отказен рок во висина на „изгубената“ нето плата се чини како најобјективен надоместок, доколку работникот и работодавачот не договорат поинаку.

33


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Лично примање од работен однос Паричниот надоместок наместо отказен рок, како и секое парично побарување на работникот од работниот однос кое во формално правна смисла претставува лично примање од работен однос, влегува во основицата за пресметка и плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок.

10. ЗАСТАРЕНОСТ Во членот 94 од ЗРО уредено е прашањето на застареноста на правото на работодавачот да му даде отказ на работникот од лични причини, а со измената на ЗРО (170/13) во сила од 14 декември 2013 година, се утврдува и посебен рок на застарување на отказот кога истиот е предизвикан од причини на вина од страна на работникот.

34

10.1. Застареност на отказот од лични причини Отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од три месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основ за давање на отказот (субјективен рок на застареност), односно најдоцна во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основ за давање на отказот (објективен / апсолутен рок на застареност). Отказ на договорот за вработување, работодавачот може да му даде на работникот поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата, најдоцна до истекот на рокот за застареност утврден во закон за стореното кривично дело.

10.2. Застареност на отказот од причини на вина Од 14 декември 2013 година (измена на ЗРО-170/13) во членот 94 од ЗРО е додаден нов став 2, според кој отказ на договорот за вработување поради причини на вина од

www.p

страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот:  во рок од шест месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно  во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен / апсолутен рок). Без навлегување во анализа на оправданоста на овие рокови, не е целосно јасна причината за утврдување на посебни, различни рокови на застареност при постоење на причини на вина, ако се има предвид дека и роковите кај личните причини од три, односно шест месеци се сосема доволни за донесување на конечна одлука за отказ.

11. ОТКАЗ ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ Отказот од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) е уреден во членовите од 95 до 98 од ЗРО. Во нив се опфатени прашањата за обврската на работодавачот, во однос на: а) информирање и консултирање со претставниците на работниците при колективни отпуштања; б) рокот за известување (советување) со нив; в) задолжително писмено известување на службата надлежна за посредување при вработување, заради помош и услуги од посредување при вработувањето и г) правата и обврските во случај на отказ од деловни причини. Се работи за популарно наречениот технолошки вишок кој во нашата пракса низ целиот период на транзиција па и денес е честа појава.

11.1. Критериуми за утврдување на технолошки вишок Едно од основните прашања кое се поставува при прогласување на технолошки вишок е начинот на определување на работниците на кои ќе им престане работниот однос. Ниту ЗРО, ниту постојните општи колективни договори (ОКД за прив а тниот сектор од областа на

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

стопанството и ОКД за јавниот сектор) не ги дефинираат критериумите врз основа на кои би се утврдувала структурата на работниците на кои ќе им престане работниот однос поради економски, технолошки, структурални или слични промени. Единствено, ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството содржи одредба (член 13) со која ова прашање им се остава на уредување на колективните договори на ниво на работодавач. ОКД за јавниот сектор, нема ваква одредба. Важечките колективни договори на ниво на гранка, оддел односно на ниво на работодавач, ги дефинираат критериумите за определување на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ поради економски, организациони, технолошки, структурни или слични промени, а кои критериуми всушност претставуваат мерила за утврдување на приоритет при задржување на работното место. Особено прецизен пристап кон ова прашање има Колективниот договор за комуналните дејности („Службен весник на РМ“, бр. 107/06) кој со група членови од 19 до 34, ги дефинира критериумите и постапката за утврдување на бројот и структурата на работниците на кои им престанува работниот однос поради деловни причини на работодавачот. Во овој колективен договор, како критериуми се наведуваат: успешноста во работата; стручната подготовка и квалификација; работниот стаж кај работодавачот; возраста; здравствена состојба - инвалидност; економско - социјалната состојба. Секој од овие критериуми понатаму се вреднува со одреден број бодови врз основа на кои се формира структурата на работниците на кои ќе им престане работниот однос со отказ од деловни причини, односно кои имаат право на приоритет во однос на задржување на своето работно место. Слични критериуми утврдува и Колективниот договор за текстилна индустрија на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 137/07, 134/09 и 149/12), но освен нивното набројување (успешност во работата; стручна подготовка и квалификација; работниот стаж и

INFORMATOR 7 I JULI 2014

  возраста), не навлегува во пошироко уредување на постапка за утврдување на технолошки вишок, туку остава со колективен договор на ниво на работодавач да се утврдат и други критериуми, како и нивното вреднување да се врши според мерилата утврдени на ниво на работодавач. Колективниот договор за хемиска индустрија („Службен весник на РМ“, бр. 10/13) на пример, прашањето за критеримите за определување на вработените на кои им престанува работниот однос од деловни причини го препушта на колективен договор на ниво на работодавач, а ги утврдува мерилата за приоритет при задржување на работното место (работничка за време на бременост или со дете до 2 години; родители со потешко хендикепирано дете; самохран родител или посвоител на дете до 7 години; инвалид на трудот, .... работници помлади од 18 години.) Со оглед на фактот дека ЗРО не го третира ова прашање, а голем број колективни договори на ниво на гранки, односно работодавачи сеуште не се склучени, реалноста бара прашањето за критериумите и постапката за утврдување на бројот и структурата на работниците на кои им престанува работниот однос поради деловни причини да се уреди, дури и со акт на работодавачот (правилник и сл.) во недостиг на други норми. Законскиот основ за ваквото уредување произлегува од членот 12 став 1 од ЗРО според кој, при склучувањето и престанувањето на договорот за вработување и во времетраењето на работниот однос, работодавачот и работникот се должни да ги почитуваат одредбите на ЗРО и други закони, меѓународни договори што ја обврзуваат РМ и други прописи, колективните договори и актите на работодавачот. Дефинирањето на јасни крутериуми за технолошки вишок е во интерес на двете страни во работниот однос: работодавачот со ова ќе постигне избегнување на работен спор што работникот на кој му престанал работниот однос од деловни причини по правило го поведува, а работникот ќе ја зацврсти својата правна сигурност во поглед на задржување на работното место.

35


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

11.2. Обврска за информирање и консултирање со претставниците на работниците при колективни отпуштања

За да им овозможат на претставниците на работниците да подготват конструктивни предлози, работодавачите навреме ги обезбедуваат со сите релевантни информации, и тоа за:

Според член 95 од ЗРО, под наслов „Информирање и консултирање при колективни отпуштања од деловни причини“ прецизно се уредуваат обврските на работодавачот во врска со информирањето и консултирањето со претставниците на работниците при колективни отпуштања, условите, роковите, опфатот на прашањата и информациите за информирањето и консултирањето, како и самото информирање на службата за посредување при вработување во ваквите случаи.

- причините за планираните отпуштања;

Како колективно отпуштање од деловни причини се смета:

36

- п рестанок на работен однос на поголем број работници (повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот пред престанокот на работниот однос, согласно со член 88 став 2 од ЗРО), но и - п рестанок на работен однос на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок на работен однос без оглед на вкупниот бројот на работниците кај работодавачот, Кога работодавачот има намера да спроведе колективни отпуштања тој е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците, најмалку еден месец пред почетокот на колективното отпуштање и да ги обезбеди со сите релевантни информации пред започнување на консултациите, заради постигнување договор. Консултациите најмалку ги опфаќаат начините и средствата за: - и збегнување на колективни отпуштања т.е. намалување на бројот на отпуштени работници или - у блажување на последиците преку прибегнување кон придружни социјални мерки со цел да помогнат на отпуштените работници повторно да се вработат или обучат. www.p

- б ројот и категориите на работници кои се отпуштаат; - в купниот број и категории на работници кои се вработени и - п ериодот за кој планираните отпуштања треба да се случат. Обврските за информирање и консултирање се применуваат без разлика дали одлуката за колективни отпуштања се донесува од работодавачот или од лице кое врши контрола на работодавачот, односно работодавачот не се ослободува од одговорноста за информирање и консултирање доколку се повика на необезбедување на барани информации од страна на правно лице кое ја донело одлуката за колективни отпуштања. Работодавачот е должен по завршување на консултациите, писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување (Агенција за вработување на РМ), заради помош и услуги од посредување при вработувањето. Ова известување ги содржи сите релевантни информации во врска со планираните колективни отпуштања и за консултациите со претставниците на работниците во врска со причините за отпуштањата, бројот на работниците кои се отпуштаат, вкупниот број работници кај работодавачот и периодот за кој отпуштањата треба да се случат. Работодавачите доставуваат до претставниците на работниците копија од известувањето доставено до службата надлежна за посредување при вработување, по кое претставниците на работниците можат да достават свои предлози до службата. Известувањето за планираните колективни отпуштања работодавачот е должен да го достави до службата надлежна за посредување при вработување, најдоцна до 30 дена пред донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос на работниците. Доколку

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

рокот е пократок од 60 дена, службата за посредување при вработување може да побара продолжување на рокот до 60 дена по известувањето (до донесувањето на одлуката), ако проблемите кои произлегуваат од планираните колективни отпуштања не можат да се решат во рамките на почетниот период.

тодавачот не се однесуваат за вработување од трговско друштво, односно трговец поединец во: државен орган, јавно претпријатие, јавна установа, единица на локалната самоуправа и градот Скопје, фондови, агенции, заводи и други правни лица основани со закон.

Исклучок од примената на одребите од членот 95 од ЗРО е утврден за колективни отпуштања кои произлегуваат од прекинување на: а) дејностите на установата (т.е. деловна единица, според дефинициите на ЗРО) поради судска одлука, б) договорите за вработување на определено време и в) во тела на јавната администрација.

Во случај на понуда на нов договор за вработување пред отказ, работодавачот треба да постапи според членот 78 од ЗРО, а тоа значи на работникот на кој треба да му престане работниот однос од деловни причини да му врачи отказ на договор за вработување и истовемено да му предложи склучување на нов договор за вработување (отказ, со понуда /предлог/ на нов договор за вработување - види погоре во точка 7. со поднаслов: „Понуда на нов променет договор пред отказ“).

Доколку и покрај противењето на претставниците на работниците да се донесе одлука за отказ од деловни причини, работодавачот сепак донесе таква одлука, против одлуката индивидуално секој работник има право на приговор, согласно со член 93 од ЗРО.

11.3. Права на работниците при отказ од деловни причини Во членот 96 од ЗРО, под наслов: „Права и обврски во случај на отказ од деловни причини“ дадени се мерките кои работодавачот може да ги преземе заради спречување и ублажување на штетни последици на отказот од деловни причини. Работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди: - вработување кај друг работодавач

без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација;

- стручно оспособување (обука, преква-

лификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач) или

- нов договор за вработување.

Трите наведени права на работникот, односно обврски што може да ги преземе рабо-

INFORMATOR 7 I JULI 2014

11.4. Испратнина Според член 97 од ЗРО, во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина. Испратнина е еднократен паричен надоместок што му се исплатува на работникот со денот на престанок на работниот однос и тоа само кога работниот однос му престанува од деловни причини. Основица за пресметка на испратнината претставува: - просечната нето плата на работни-

кот во последните шест месеци пред отказот, но

- не помала од 50% од просечната нето

плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот - член 97, став 2 од ЗРО.

Износот на испратнина зависи од должината на работниот однос остварен кај последниот работодавач. Како последен работодавач во смисла на работниот однос, се смета и претходниот работодавач, на кој поради настаната статусна промена, правен следбеник е последниот работодавач.

37


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, и тоа: - до пет години работен однос - во висина од една нето плата; - од пет до десет години работен однос - во висина од две нето плати; - од десет до 15 години работен однос - во висина од три нето плати; - од 15 до 20 години работен однос - во висина од четири нето плати; - од 20 до 25 години работен однос - во висина од пет нето плати и - над 25 години работен однос - во висина од шест плати. Барањето на работодавачот работникот да се откаже од правото на испратнина, односно давањето на согласност за откажување од правото на испратнина од страна на работникот се ништовни.

38

11.5. Исклучување на испратнина кај сезонска работа до 3 месеци Со дополнување на ЗРО (25/13, во сила од 19.02.2013 година), во рамки на членот 97 став 6, се утврди дека испратнина не се исплатува во случај на откажување на договор за вработување од деловни причини на работник кој врши сезонска работа која трае до три месеци.

11.6. Ослободување од персонален данок на доход до законскиот износ на испратнина Во согласност со членот 6 точка 23 од Законот за персоналниот данок на доход, на испратнината не се пресметува и плаќа персонален данок на доход. Ослободувањето од персоналниот данок се однесува само на износот на испратнината утврден во согласност со членот 97 од ЗРО (види во потточка 11.4.). Под претпоставка да биде утврден и исплатен поголем износ на испратнина, на разликата ќе се пресмета и плати персонален данок. На пример, КД за комуналните дејности предвидува поповолна испратнина од ЗРО за www.p

работниците со над 30 години стаж бидејќи им признава право на испратнина во висина од осум плати. На разликата од законскиот износ (шест плати) до износот од колективниот договор (осум плати) ќе се пресмета и плати данокот.

11.7. Осврт на правата од осигурување во случајна невработеност На ова место, заради посебен интерес на вработените и работодавачите, е даден осврт на статусот на лицата на кои им престанал работниот однос поради деловни причини и кои од сферата на ЗРО се „селат“ во сферата на права и обврски од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр. 37/97,... и 44/14; понатаму: Закон за вработување). По откажување на договорот за вработување од деловни причини, работникот на кој му престанал работниот однос, сега невработено лице, остварува права од осигурување во случај на невработеност во согласност со Законот за вработување и прописите за општа управна постапка. Правата од осигурување во случај на невработеност се утврдни во членот 64 од Законот за вработување. Тоа се: - паричен надоместок; -

подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација);

- п раво на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; - п раво на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за пензиското и инвалидското осигурување на невработеното лице корисник на паричен надоместок на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на условите за стекнување право на старосна пензија, а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на 15 години стаж на осигурување и

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

- п рава на инвалидни лица за вработување под поволни услови во согласност со закон. Овие права се остваруваат во Агенцијата за вработување каде што е евидентирано невработеното лице, врз основа на поднесено писмено барање.

Услови за остварување на право на паричен надоместок Работникот на кој му престанал работниот однос со отказ од деловни причини има право на паричен надоместок ако, според член 65 од Законот за вработување, бил во работен однос: - најмалку девет месеци непрекинато или - 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Вториот услов за остварување на правото на паричен надоместок, даден во член 66 став 1 од Законот за вработување, е за невработеното лице да се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување за времето поминато во работен однос и тоа: - в о работен однос со полно работно време; - в о работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време; - в о работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и - з а работа во странство. За остварување право на паричен надоместок како време поминато во работен однос не се смета времето за кое невработеното лице примало паричен надоместок (член 66 став 2 од Законот за вработување). Со оваа одредба се прецизира дека во времетраењето на работниот однос потребен за остварување на правото на паричен надоместок не се пресметува времето за кое невработеното лице примало париINFORMATOR 7 I JULI 2014

 

чен надоместок во случај на невработеност. Ваква ситуација постои при повторно стекнување на услови за остварување на правото па паричен надоместок во случај на невработеност. Тогаш, времето за кое невработеното лице примало паричен надоместок по основ на невработеност во минатото (кога прв, односно втор, .... итн. пат било прогласено за технолошки вишок) се минусира од траењето на работниот однос во моментот на повторното остварување на правото.

Време за кое се исплатува паричниот надоместок Во членот 71 став 2 од Законот за вработување утврдено е траењето на времето за кое се исплатува паричен надоместок во случај на невработеност и должината на стажот на осигурување потребна за остварување на ова право. Паричен надоместок на невработеното лице се исплатува: - еден месец, ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци; - два месеци, ако има стаж на осигурување над 18 месеци до две и пол години; - три месеци, ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; - четири месеци, ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; - п ет месеци, ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; - шест месеци, ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол год.; - седум месеци, ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 год.; - осум месеци, ако има стаж на осигурување над 15 до седумнаесет и пол год.;

02/ 3162-979 i 3298-763

39


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- д евет месеци, ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 год.; - д есет месеци, ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол год.; - е динаесет месеци, ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 год. и - д ванаесет месеци, ако има стаж на осигурување над 25 години. Паричниот надоместок на невработеното лице продолжува да се исплатува и по истекот на определеното времето: - н а жена корисник на паричен надоместок за време на бременост и породување според прописите за работните односи;

40

- а ко Агенцијата го упатила невработеното лице на обука, преквалификација или доквалификација до истекот на времето определено за тоа (член 72 од Законот за вработување).

ва право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж. Од ова произлегува дека на невработено лице, кое има минимун 60,5 години возраст (жена) односно минимум 62,5 години возраст (маж) и над 15 години стаж на осигурување, паричниот надоместок му се исплатува до негово вработување, односно до настапување на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок.

Основица за пресметување на надоместок Основицата за пресметување и исплата на паричен надоместок за време на невработеност преставува просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, утврдена од пресметаните и исплатени плати кај работодавачот согласно со закон, колективен договор и договор за вработување.

Износ на надоместок

Паричен надоместок до пензионирање Членот 71 став 3 од Законот за вработување утврдува два посебни услови за исплатување на паричен надоместок на невработеното лице до неговото вработување, односно до настанувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок (на пример: до пензионирање според Законот за пензиското и инвалсидското осигурување). Тие услови треба да се кумулативо исполнети, а подразбираат невработеното лице да има: 1) над 15 години стаж на осигурување и 2) најмногу до 18 месеци пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија. Условите за стекнување право на старосна пензија се дадени во членот 18 од Законот за ПИО („Службен весник на РМ“, бр. 98/12,... и 44/14). Според него, осигуреникот стекнуwww.p

Според член 68 став 1 од Законот за вработување, висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност изнесува: - за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеца: 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца и - за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време (над 12 месеци) 40% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца. Овој надоместок е лимитиран во поглед на максималниот износ и не може да изнесува повеќе од 80% просечната месечна нето плата по работник во Републиката, обја-

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

вена за последниот месец - член 68 став 2 од Законот за вработувањето.

Основица за придонеси за корисниците на надоместок Основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за здравстевно осигурување за невработени лица корисници на паричен надоместок за време на привремена невработеност претставува надоместокот остварен во случај на невработеност - член 14 став 1 точка 11 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. За овие лица највисоката месечна основица за двата придонеси (ПИО и здравство) изнесува 80% од просечната плата по работник во РМ објавена во јануари во тековната година според податоците на ДЗС и е утврдена со член 16 став 5 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Воочлива е неусогласеноста на двата максимални износи: на највисокиот паричен надоместок за невработено лице (80% просечната месечна НЕТО ПЛАТА по работник во Републиката, објавена за последниот месец - член 68 став 2 од Закон за вработување) и на највисоката месечна основица за пресметка на придонеси на невработено лице (80% од просечната (БРУТО) ПЛАТА по работник во РМ објавена во јануари во тековната - член 16 став 5 од Законот за придонеси од социјално осигурување).

Барање за остварување на право на паричен надоместок Паричниот надоместок на невработеното лице му припаѓа од денот на престанокот на работниот однос, ако невработеното лице поднесе барање до Агенцијата кај која е уплатуван придонесот за вработување, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос (член 74 од Законот за вработување). Ако невработеното лице поднесе барање по истекот на овој рок, паричниот надоместок му припаѓа од денот на поднесување на

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

барањето за преостанато време. На пример, ако според член 71 од Законот за вработување, на невработеното лице му следува надоместок со време на исплата од 10 месеци, ваквиот целосен, 10-месечен надоместок, ќе може да го користи само доколку барањето го поднело во првите 30 дена по престанокот на работниот однос. Ако барањето го поднесе во некој од следните 30 дена по истекот на овој рок, ќе му се исплати надоместок за 9 месеци и содветен број на преостанатите денови сметано од денот на поднесување на барањето. Бројот на денови на задоцнето поднесување на барањето, сразмерно го намалува времетраењето на исплатата на надоместокот, така што паричен надоместок не му припаѓа на невработеното лице кое поднело барање по истекот на времето за кое што му следува исплатата на истиот (член 74 став 3 од Законот за вработување).

Задолжително јавување во Агенцијата на секои 30 дена Според член 59 став 3 од Законот за вработување, невработеното лице кое користи право на паричен надоместок е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец.

12. З АБРАНА НА ОТКАЗ ЗАРАДИ БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И РОДИТЕЛСТВО 12.1. Критички осврт на актуелните решенија од членот 101 на ЗРО Преку целосно менување на содржината на членот 101 со измената на ЗРО (13/13) во сила од 31.01.2013 година, под наслов: „Забрана за отказ заради бременост, раѓање и родителство“, чија основна карактеристика е комплексност како во поглед на на бројноста на одредбите (10 става), така и во содржинска смисла, се разрешуваат дилеми иницирани од непрецизноста на поранешната, една единствена одредба посветена на ова прашање, која предвидуваше дека работодавачот не смее да го откаже договорот за вра-

41


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ботување на работникот за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство заради нега и чување на деца, како и во случаи на користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко и посвоител на дете (член 167 од ЗРО). Двосмисленоста на оваа одредба неизбежно го наметнуваше прашањето дали забраната за отказ поради наведените околности е апсолутна, така што работодавачот и при реално постоење на причини за отказ (кршење на работните обврски и дисциплина), треба да се воздржи од истиот поради фактот што работникот започнал да ги остварува правата по основ на родителство?

42

Актуелните решенија даваат јасна слика за релативноста на забраната за отказ заради родителство т.е. родителството само по себе не смее да биде причина за отказ, но и не го амнестира работникот од отказот доколку постојат законски основани околности за отказ. Меѓутоа, проблемот во примената на членот 101 од ЗРО реално ќе настане поради решенијата со кои, дури и кога постојат причини за отказ, важноста на отказот се условува со додатни услови - претходна согласност на синдикалната организација, односно инспекторот на трудот, па потоа и со можност изјавата за недавање на согласност за отказ да се преиспитува пред надлежниот суд, при што неизбежно ќе се воочат и слабите страни на членот 101. Освен тоа, она што би можело да се истакне како особено спорен момент кај членот 101 од ЗРО е фактот дека со него сосема се исклучува отказот на договорот за вработување на носителите на правата по основ на радителство доколку се работи за кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок според член 81 од ЗРО. Произлегу-ва дека посебна заштита на лицата по основ на остварување на родителско право од членот 101 станува предимезионирана, ставајќи ги овие лица над законот, со апсолутно амнестирање од законските последици (отказот) за поблаги случаи на кршење на работните обврски, редот и дисциплината, а работодавачите во безизлезна состојба.

02/ 3162-979 i 3298-763 www.p

12.2. Причини за ништовност на отказот Членот 101 од ЗРО ги уредува следните аспекти на забраната за отказ заради бременост, раѓање и родителство: 1) Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на-бременост, раѓање и родителство, - сместување на дете кај посвоител, - отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете, - скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и - спреченост за нега на дете до тригодишна возраст. 2) Отказот на договорот за вработување е ништовен: - доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите од точката 1) или - доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите од точката 1) со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.

12.3. Условна дозволеност на отказотпри постоење на причините од точката 12.2. a. Околностите од точката 12.2. под 1) НЕ

го спречуваат престанокот на договорот за вработување склучен на ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ, со истек на времето за кое тој договор е склучен.

b. Забраната за отказ поради причините

од точката 12.2. под 1) НЕ се однесува на откажување на договорот за вработување поради ПОТЕШКИ ПРЕКРШУВАЊА на договорните обврски, односно поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски за кои се дава ОТКАЗ БЕЗ ОТКАЗЕН

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

РОК согласно со закон и колекти-вен договор, доколку е обезбедена ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ НА СИНДИКАТОТ чиј член е работникот кој се штити од отказ. в. Д околку синдикатот во рок од осум дена не се изјасни за откажување на договорот со давање или недавање на согласност, ќе се смета дека СЕ СОГЛАСИЛ со одлуката на работодавачот. г. Д околку синдикатот не даде согласност за откажување на договорот за вработување на работникот, работодавачот може во рок од 15 дена од денот на доставувањето на изјавата за недавање на согласност да поведе постапка за нејзино преиспитување со судска или арбитражна одлука. д. Постапката за преиспитување на согласноста ја спроведува надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на тужба од работодавачот. ѓ. Д околку кај работодавачот не е формиран синдикат или работникот кој остварува права по основ на родителство не е член на синдикат, претходна согласност за отказот на договорот за вработување дава надлежниот инспектор на трудот. е. Во текот на постапката за претходна согласност во која учествува надлежниот инспектор на трудот, се применуваат роковите и дејствијата од точките в, г и д.

13. Д РУГИ СЛУЧАИ НА ОТКАЗ О Д СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ Во членот 99 од ЗРО дадени се одредени специфични случаи во кои работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, поради постоење на: - правосилна судска одлука и - незадоволителна оценка на работодавачот за успешноста на завршената пробна работа. Врз основа на правосилна одлука работодавачот ќе му даде отказ на работникот ако INFORMATOR 7 I JULI 2014

  со неа на работникот: а) му е забрането да врши определени работи од работниот однос или б) му е изречена воспитна, заштитна или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или в) мора поради издржување на затворска казна да биде отсутен од работа повеќе од шест месеци. Ако поради санкцијата работникот мора да отсуствува од работа пократко од 6 месеци, тогаш се активира институтот мирување на работен однос согласно членот 45 од ЗРО, а не отказ. Во членот 60 од ЗРО е уредена пробна работа. Треба да се има предвид дека основот за вршење на пробната работа е склучување на договорот за вработување, во кој со посебна клаузула се договара пробна работа и времетраењето на истата, кое не може да биде подолго од шест месеци. Работодавачот може врз основа на оцената за неуспешно завршена пробна работа, по изминувањето на периодот за пробната работа, да го откаже договорот за вработување - член 60 став 6 и член 99 став 1 точка 2.

14. МОЖНОСТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ПРИПРАВНИК Во членот 59 од ЗРО, се до измената (25/13, во сила од 19.02.2013 година) беше утврден принципот на ограничување на отказ на приправникот од страна на работодавачот, на начин што одредбата гласеше: „За времетраење на приправничкиот стаж работодавачот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот“. Ваквата формулација создаваше дилема дали ова ограничување на отказот на приправникот треба да се толкува како апсолутна забрана, дури и во случаи на посериозни повреди на работните обврски и дисциплина со кои се нарушува системот на неговото оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос, а кои се предизвикани по вина на приправникот од повисок степен (намера или тешка небрежност).

43


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Дилемата конечно се разреши со дополнување на одредбата од членот 59 од ЗРО (25/13, во сила од 19.02.2013 година), со кое се изврши релативизирање на забраната за отказ на приправникот, преку елимирање на истата во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски согласно со закон, покрај случајот на престанување на работодавачот (причини на вина на работникот за откажување на договорот за вработување - членови: 81 и 82 од ЗРО).

15. ПОСЕБНИ СЛУЧАИ НА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ Основно правило е дека работникот може да го откаже договорот за вработување секогаш, без образложение и со просто поднесување на писмена изјава до работодавачот. Вака е утврдено во општата одредба од членот 71 став 1 од ЗРО, која веќе ја споменавме.

44

Токму поради оваа општа можност за откажување на договорот за вработување, без било какво условување на работникот, се чини непотребна одредбата од членот 100 од ЗРО, во која се наброени посебни случаи кои го овластуваат работникот да може да даде отказ. Меѓутоа, специфичноста на одредбата од членот 100, е во обидот да се зголеми заштитата на работникот и да се зајакне неговата положба во случај кога е принуден да даде отказ поради кршење на обврските од страна на работодавачот. Засилувањето во наведениот случај се состои во гарантирањето на правото на испратнина на работникот како кај отказот од деловни причини и во извесно обештетување - најмалку во висина на изгубената плата за време на отказниот рок. Од работникот се бара единствено претходно писмено да го предупреди работодавачот на исполнувањето на обврските, а по истекот на три дена од предупредувањето, да му го откаже договорот за вработување ако:

спекција за забрана на вршење на работниот процес или забрана на примена на средствата за работа подолго од 30 дена и работодавачот не му ја исплаќа законски определената плата; - работодавачот најмалку три месеци исплаќа намалена плата; - работодавачот три пати последователно или во период од шест месеци не исплаќа плата во законски, односно договорно определениот рок; - работодавачот не ја обезбедува заштитата на работникот при работа, а работникот претходно побарал отстранување на заканувачката непосредна и неизбежна опасност за животот и здравјето; - работодавачот го навредува и насилнички се однесува кон него или наспроти неговите предупредувања не го спречува таквото однесување од страна на другите работници; - работодавачот не му обезбедува еднаков третман со оглед на полот и - работодавачот ништо не презел работникот да не стане жртва на полово вознемирување. Испратнината што му припаѓа на работникот во наведените случаи кога тој дава отказ, треба да биде иста како испратнина при отказот што го дава работодавачот од деловни причини. Исто така, отказ од страна на работникот којшто во наведените случаи е изнуден со однесувањето на работодавачот, е и во функција на обезбедување на основа за анулирање на важноста на договорната клаузула за конкурентско дејствување од член 37 од ЗРО, доколку таква клаузула постои во договорот за вработување.

- работодавачот повеќе од три месеца не му обезбедува работа и плата; - не му е овозможено вршење на работата заради одлука на надлежната инwww.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

Пример на писмено Предупредување од страна на работникот за неисполнување на обврските на работодавачот До _______________________________ (работодавач/овластен орган/лице) Врз основа на член 100 став 1 точка 3 од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 187/13), јас, работникот ____________, на ден ____ 20___ година, му упатувам на работодавачот _________ следното: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА Со намалена исплата на платата во последните три месци: ____, ___, ___, 20__ год. работодавачот изврши повреда на својата законска и договорна обврска во однос на висината на мојата плата. Доколку работодавачот не ја исплати разликата до полниот износ на платата во рок од три дена од доставувањето на ова предупредување, го известувам за можниот отказ на договорот за вработување бр. ___ склучен на ден ____ год., поради непочитување на обврската за исплата на утврдениот износ на плата од ________ денари.

Подносител на предупредувањето/Работник Пример на Изјава на работникот за откажување на договорот за вработување поради неисполнување на обврската на работодавачот

До _______________________________ (работодавач/овластен орган/лице) ИЗЈАВА ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС Согласно со членот 100 став 1 точка 3 и став 2 од од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05,... и 187/13), а во врска со Предупредувањето од _________ 20___ година, јас, работникот ________ писмено изјавувам дека сакам да ми престане работниот однос заснован со договорот за вработување бр. ____ од ____ год. на работното место ________ кај работодавачот „___________“, заклучно со __________ 20___ година, бидејќи работодавачот не ја исполнил својата обврска / исплата на разликата до полниот износ на платата. Барам работниот однос да ми престане без отказен рок (алтернатива: по истекот на отказниот рок од најмалку 30 дена од поднесувањето на изјавата / по истекот на годишниот одмор). (Можно: Изјавувам дека конкурентската клаузула од договорот за вработување не ме обврзува поради откажувањето на договорот за вработување поради неисполнување на обрската од страна на работодавачот, согласно со член 39 став 2 од ЗРО.) Исто така, барам работодавачот да постапи како во случај на отказ од деловни причини, т.е. да ми исплати испратнина и обештетување во висина од ______________ (најмалку во висина на изгубената плата за време на отказниот рок), согласно со ЗРО.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Подносител на изјавата/Работник

45


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

15. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА СУДСКА ПРЕСУДА 15.1. Права на работникот поради незаконски отказ (надомест на штета или надомест на бруто плата) Во членот 102 од ЗРО, се содржани повеќе одредби со кои се уредуваат некои исклучително важни сегменти на правата и обврските на работникот и работодавачот во случај на оспорување на отказот пред надлежниот суд и донесување на правосилна одлука во корист на работникот. Ако судот донесе правосилна одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право: а) да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара - член 102 став 1 и

46

б) да му се исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос - член 102 став 2. Со новелирањето на ЗРО (125/13, во сила од 19.02.2013), членот 102 кој инаку е еден од почесто менувани членови, повторно претрпе измена, дел во насока на техничко подобрување на законот, а дел што е уште поважно, во насока на враќање на старото решение за правото на работникот на надоместување на штета, доколку истиот по своја желба не се врати на работа, како што е објаснето во продолжение. Имено, во членот 102 ставот 4, законодавецот го враќа старото решение (се применуваше пред измената на ЗРО 11/12, во сила од 1 февруари 2012 година), според кое на работникот ќе му се досуди надоместок на штета (наместо: бруто плата, намалена за износот на приходот кој работникот го ос тварил врз ос но ва на ра бо та, по пре ста но кот на ра бот ни от од нос, како што гласеше досегашното решени) во случај кога за него не е приwww.p

фатливо да остане во работен однос, па судот, кој со одлука утвр дил де ка не за кон ски му пре станал ра бот ни от од нос, на ба ра ње на работ ни кот ќе го опре де ли и де нот на преста нокот на ра бот ни от од нос. На овој начин, почнувајќи од 19.02.2013 година, законодавецот утврдува различни форми на надоместок што му се исплаќа на работникот на кој незаконски му престанал работниот однос, во зависност од тоа дали се враќа на работа: - ако по сопствено барање не се враќа на работа, на него му се исплаќа надоместок на штета т.е. надоместок којшто има елементи на облигационен институт (член 102 став 4 од ЗРО), додека - во случај на враќање на работата кога му продолжува статус на вработен, му се досудува бруто плата, која би ја земал кога би бил на работа, сог лас но со за кон, ко ле кти вен до го вор и до го ворот за вра бо ту ва ње, намалена за износот на приходот кој работникот го ос тварил врз ос но ва на ра бо та, по пре ста нокот на ра бот ни от од нос (член 102 став 2 од ЗРО). Се чини дека повторно враќање на надоместокот на штета во законскиот текст за работни односи, од којшто законодавецот еднаш се откажал со измената на ЗРО (11/12 во сила од 1 февруари 2012), под образложение за неговата непрецизност, сега повторно ќе отвори простор за различни толкувања на содржината на овој надоместок, иако во правно-формална смисла надоместок на штета има поголема правна логика од исплата на плата во случај на официјализирање (со правосилна судска одлука) на престанокот на работен однос.

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

15.2. Надоместок намален за приходот на работникот Осврнувајќи се критички на одредбата од членот 102 став 2 од ЗРО за исплата на бруто платата намалена за износот на приходот кој работникот го ос­тва­рил врз ос­но­ва на ра­бо­ та, по пре­ста­но­кот на ра­бот­ни­от од­нос, ја искажуваме нивната директна колизија со универзалните принципи на заштита на работниците како послаба страна во договорот за вработување. Од спорните одредби произлегува дека само работникот кој ништо не работел и не остварувал никакви приходи додека ја чекал судската разврска, има право на целосен износ на надоместокот: бруто плата. Останатите работници кои поради отказот биле принудени да бараат друга работа и да заработуваат за егзистенција, ќе се „казнат“ со намалување на бруто платата којшто работодавачот ќе треба да им ја исплати. Работодавачот, пак за кој е утврдено дека незаконски постапил давајќи му отказ на работникот, ќе биде награден, со тоа што ќе исплати помалку на име бруто плата, или нема да исплати ништо доколку остварените приходи на работникот го проголтале износот на платата. 15.3. Престанување на договорот

за вработување изречено со судска одлука

Во членот 102, ставови 5 и 6 од ЗРО уредена е и можност за престанување на договорот за вработување врз основа на правосилна одлука на судот со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, но и покрај тоа, работникот, односно работодавачот инсистира на престанувањето на работниот однос поради тоа што продолжувањето на работниот однос, за работникот не е прифатливо, односно за работодавачот поради оправдани околности, со уважување на интересите на двете договорни страни, не е можно. Во наведените случаи, во судската одлука ќе се определи денот на престанокот на работниот однос. И во двата случаи, работодавачот би ја имал обврската за надомест на штета на работникот по основ на судски

INFORMATOR 7 I JULI 2014

  утврдениот незаконски престанок на работниот однос. Работодавачот и работникот можат барањето за престанок на договорот за вработување да го поднесат до окончувањето на главната расправа пред првостепениот суд (член 102 став 6 од ЗРО). 16. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА

НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗАРАДИ УТВРДЕНАТА ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА

Членот 103 од ЗРО го содржи основот за престанок на договорот за вработување по сила на закон, кога со правосилно решение е утврдено дека кај работникот дошло до губење на работната способност. Договорот престанува со денот на доставување на правосилното решение за утврдување на изгубената работна способност.

17. П РЕКИН НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПОРАДИ ВОЗРАСТ НА РАБОТНИКОТ Почнувајќи од 4 септември 2008 година (кога стапи во сила измената на ЗРО „Службен весник на РМ“, бр. 106/08), членот 104 од ЗРО, во кој како основ за престанокот на договорот за вработување се утврдува возраста на работникот, доби нова содржина. Со императивна одредба од став 1 на член 104 од ЗРО, за работодавачот се утврдува обврска да го прекине договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и најмалку 15 години пензиски стаж, со тоа што во став 2 на овој член, се дава можност на барање на работникот работодавачот да го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, доколку со закон поинаку не е утврдено. Со актуелното решение, законодавецот утврдил еднакви услови (64 години возраст и најмалку 15 години стаж) и за мажи и за жени како основ за престанок на работниот однос. Со ова не се задира во правото на жена осигуреник да оствари право на старосна пензија кога ќе наполни 62 години возраст и најмалку 15 години стаж според член 18 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

47


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Пример на Одлука за прекин на работен однос поради возраст Врз основа на член 104 став 1 од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 187/13), управителот на „____________________“ на ден ______ 20____ год. донесе ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПОРАДИ ВОЗРАСТ НА РАБОТНИКОТ На работникот __________________ на работно место __________ му престанува работниот однос по основ на прекинување на договорот за вработување заведен под бр. _________ од __________ година поради возраста на работникот, заклучно со ____________ 2014 година. О б р а з л о ж е н и е Работникот _________________ на ден ______________ навршува 64 години возраст со што настанува условот од членот 104 став 1 кој го обврзува работодавачот да му го прекине договорот за вработување бр. _________ од __________ година поради возраст. Работникот нема поднесено барање за продолжување на договорот за вработување до 65 години возраст.

48

Правна поука: Против оваа одлука работникот има право на приговор до _________ во рок од 8 дена од приемот на одлуката. За работодавачот

18. ОБВРСКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ И ИЗДАВАЊЕ ПОТВРДИ ПРИ ОТКАЗ Според членовите 63 и 143 став 2 од ЗРО, при престанување на работниот однос работодавачот е должен на работникот, најдоцна во рок од три дена, да му: - г и врати сите негови оригинали на документи, - и здаде потврда за видот на работата што ја вршел и - и здаде потврда за искористен годишен одмор. Напомена:

тодавач - член 143 став 1) годишниот одмор за тековната календарска година. Намерата е да се избегне ситуација на двојно користење на годишен одмор во една календарска година, преку воспоставување на форми на комуникација на релација стар - нов работодавач. Ако работникот кај претходниот работодавач искористил дел од годишниот одмор, би имал право кај новиот работодавач да го искористи остатокот, согласно правилата за утврдување на траењето на годишниот одмор кај новиот работодавач.

Работодавачот не смее во потврдата за видот на работата што работникот ја вршел кај него да наведе ништо што би му го отежнало на работникот склучувањето на нов договор за вработување. Издавањето на потврдата за искористен годишен одмор има за цел да го извести новиот работотодавач со кој работникот склучува договор за вработување дека работникот го искористил (т.е. не го искористил, ако така се договорил со стариот рабоwww.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

Пример на ОТКАЗ, СО ПОНУДА НА НОВ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (член 78) Врз основа на членовите 78, 85, 86 и 96 став 1 точка 3) од Законот на работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05,.. и 187/13), органот на управување кај работодавачот „_____________“, на ден _____ 20____ година, донесе ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. _____ ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ СО ПОНУДА НА НОВ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ На работникот ____________ на работното место _______ му престанува работниот однос заснован со договорот за вработување бр. ___ од ______ год. на неопределено време со отказ поради укинување на работното место согласно со Програмата за технолошко унапредување на друштвото _________________________________________. На работникот ________________ со оваа одлука му се дава понуда за склучување на нов договор за вработување за ново работно место __________________________ кај работодавачот, на начин и под услови содржани во договорот, кој е даден во прилог на оваа одлука. Работодавачот се обврзува на работникот да му обезбеди стручно оспособување (преквалификација или доквалификација) за работа на новото работно место на свој товар. Работникот мора да се изјасни за понудениот нов договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата. Доколку не ја прифати понудата, од првиот ден по денот на изјавата за неприфаќање, односно по денот на истекот на рокот од 15 дена, почнува да тече отказниот рок на работникот во траење од 1 месец. (Алтернатива: Во текот на отказниот рок на работникот му се одобрува правото на користење на годишен одмор во траење од _______ работни дена / или на работникот му се исплатува надоместок за неискористен годишен одмор). Работниот однос на работникот му престанува заклучно со последниот ден од отказниот рок. На работникот му се исплатува испратнина во висина од ______ денари како еднократен надоместок пресметан согласно со член 97 од ЗРО. Испратнината ќе се исплати со денот на престанокот на работниот однос. Образложение На работникот ____________________________ на работното место ______________ му престанува работниот однос заснован на неопределено време со отказ од деловни причини поради укинување на работното место согласно со Одлуката бр. ___________ донесена врз основа на Програмата за технолошко унапредување на друштвото во која е дадена анализа на причините за укинување на работното место ____________ поради неговата економска неоправданост и нерационално оптоварување на работодавачот. Согласно со Одлуката и Програмата изготвена е и новата Систематизација на работните места во која не е предвидено работното место ________, при што со сите наведени акти е запознаен овластениот претставник на синдикатот на _____________ и е обезбедно неговото мислење. На работникот __________________ со ова одлука му се дава понуда за склучување на нов договор за вработување за работа на ново работно место ________________ кај истиот работодавачот, на начин и под услови содржани во договорот, кој е даден во прилог на оваа одлука. Работодавачот се обврзува на работникот да му обезбеди стручно оспособување (преквалификација или доквалификација) за работа на новото работно место на свој товар _________ _________________________________________________________________________.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

49


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Доколку работникот не ја прифати понудата за склучување на нов договор за вработување во рок од 15 дена од врачувањето, првиот ден по истекот на овој рок, односно првиот ден по изјавата на работникот за неприфаќање на понудата во сила стапува Отказот на договорот за вработување од деловни причини, согласно со диспозитивот на оваа одлука и членот 78 од ЗРО. Работникот е должен да се пријави во службата надлежна за посредување при вработување, заради остварување на правата по основ на невработеност (право на: паричен надоместок, здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување и други права согласно член 64 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.) ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука работникот може да вложи приговор согласно член 93 од ЗРО до ____________ (второстепениот орган) во рок од 8 дена на следниот начин: - А ко работникот ја прифати понудата и склучи нов договор за вработување, приговорот може да се поднесе во рок од 8 дена по денот на склучувањето на новиот договор за вработување или - А ко работникот изјави дека не го прифаќа понудениот нов договор, приговорот може да се поднесе во рок од 8 дена по денот на изјавата за неприфаќање на договорот или - А ко работникот во рок од 15 дена од врачувањето на оваа одлука не се изјасни по предлогот, приговорот може да се поднесе во рок од 8 дена по денот по истекот на рокот на 15 дена од врачувањето на оваа одлука.

50

Приговорот го одлага извршувањето на одлуката за отказ до донесувањето на конечната одлука по приговорот.

!

НАЈНОВО

ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО

РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров

740

страни

3.150 денари

www.p

roagens.mk

За работодавачот:


АВАНСИ

 

АВАНСИ ЗА ПРОМЕТИ КОИ НЕ СЕ ВО СИСТЕМОТ НА REVERSE CHARGE

С

о измените на образецот на ДДВ пријавата направени со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 46/14) се напушта методот на одделно пријавување на авансираните промети, така што данокот содржан во истите нема да се истакнува посебно, туку се враќа на позициите за искажување на редовниот промет (влезен и излезен).

Д-р Рефика МУРИЌ *

ите плаќањата кои се примени или дадени пред извршување С на прометот (авансни плаќања) се пријавуваат во даночниот период во кој се извршени, така што се внесуваат како основица и данок, во соодветните полиња во ДДВ-пријавата во зависност од видот на прометот за кој се однесуваат. Исто така, направените авансни плаќања за кои даночниот обврзник има право на одбивка на влезниот данок од примените авансни фактури се внесуваат во соодветните полиња во ДДВпријавата, зависно од видот на влезниот промет за кој се однесуваат.

1. ПРИМЕНИ АВАНСИ Кај даночниот обврзник – примател на аванс, со конечната фактура се врши севкупна пресметка за извршениот промет на добра или за извршените услуги, при што се минусираат надоместоците или делумните износи примени пред извршување на прометот (авансни плаќања), како и износите на данокот кој настанал за нив. Разликата од вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет и авансните плаќања се пријавува во соодветните полиња зависно од видот на прометот. Во случаите кога плаќањето е примено пред извршувањето на прометот, за примателот настанува даночен долг според член 31, став 2 од Законот за ДДВ, кој се пријавува за даночниот период во кој се примени на сметка авансните средства. Даночниот долг кај авансните плаќања кои не се однесуваат за промети со reverse charge (пренесување на даночна обврска) настанува во висина на данокот вклучен во вредноста на плаќањето, односно тој претставува припаѓачки дел во вкупниот износ. Пример:

* Даночен советник

r_muric@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Ако е примена авансна уплата од 5.900 денари за испорака на стоки со општа даночна стапка, даночниот долг кој настанува со прием на авансот изнесува 900 денари, а остатокот (5.000) е вредност на стоката за испорака (5.900/1,18 = 5.000). Примателот на авансот, во рок од 5 работни дена од приемот на средствата, треба да испостави авансна фактура. Докол-

51


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ку примателот е регистриран ДДВ обврзник аванасната фактура ја изготвува со сите елементи од член 53 точка 10, особено наведувајќи го предметот на прометот за кој е примено плаќањето, надоместокот (наместо надоместокот од член 53 став 10 точка 6 од Законот за ДДВ, во фактурата за авансно плаќање се наведува делумниот или целосниот надоместок примен пред вршењето на прометот, во случајов вредност од 5.000 денари), стапката на оданочување (во случајов, 18%), износот на данокот (900 денари) и вкупниот износ на авансната фактура (5.900 денари). Потоа, за даночниот период во кој е примен авансот (дури и без оглед на тоа дали е испоставена авансна фактура), истиот се

пријавува во ДДВ Пријавата на следниот начин: - в о поле 1 (оданочив промет по општа даночна стапка) се внесува износот 5.000; - в о поле 2 (ДДВ) се внесува износот на данокот 900. д авансната фактура, уплатувачот на О средствата, доколку е регистриран ДДВ обврзник, може да го одбие данокот (900 денари), во даночниот период во кој ја примил и прокнижил оваа фактура, под услов набавката да ја врши за цели на дејноста (член 34 од Законот за ДДВ) и за истата да не е исклучено правото на одбивка со членот 35 од Законот за ДДВ.

1.1. Пример за испорачани добра во вредност што е еднаква на сумата на примениот аванс Пример:

52

“Зенит” ДОО Скопје, на 26 март 2014 година, на својата трансакциска сметка примил авансна уплата од “Мерло” Скопје за трговска стока - компјутери, во износ од 315.000 денари. Наредниот ден, согласно обврската од членот 53 на Законот за ДДВ, за примениот аванс, на “Мерло” му испоставил авансна фактура бр. 18, со засметан ДДВ (5%) 15.000. На 5 април е извршена испораката на стоката и е испоставена конечна фактура во износ еднаков на авансот. Книжење: За примениот аванс: СМЕТКА должи побарува ОПИС 100 Парични средства 222 Примени аванси од купувачи

ИЗНОС должи побарува 315.000 315.000

- за примен аванс во месец март 222 Примени аванси од купувачи 2301 Пресметан данок по повластена стапка

15.000 15.000

- издадена ф-ра за примен аванс со истакнат ДДВ

Во даночната пријава за месец март, износот на основицата (300.000) се внесува во поле 3 од ДДВ Пријавата, а износот на данокот (15.000) се внесува во поле 4. За испоставена конечна фактура во април: СМЕТКА должи побарува ОПИС 120 Купувачи во земјата 741 Приходи од продажба на стоки 2301 Пресметан данок по повластена стапка - за испоставена конечна фактура www.p

roagens.mk

ИЗНОС должи побарува 315.000 300.000 15.000


АВАНСИ

 

222

Примени аванси од купувачи 120 Купувачи во земјата 2301 Пресметан данок по повластена стапка - сторнирање на даночната обврска од авансот и затворање на побарувањата и обврските

300.000

315.000 15.000

Во даночната пријава за месец април, со оглед дека нема разлики меѓу авансираниот и конечно фактуриран промет, ништo нема за внесување во ДДВ пријавата. Исто така, со оглед на тоа што износот на авансот е еднаков на вредноста на испорачаната стока, не се искажува разлика во побарувањата/обврските, ниту во даночните износи. Случаите кога авансираниот износ не е еднаков со оној во конечната фактура, се посложени и предлагаме нивно евидентирање како во наведените примери во продолжение.

1.2. Пример на испорака на добра со вредност повисока од примениот аванс “ Зенит” ДОО Скопје, во март 2014-та примил авансна уплата од “Мерло” Скопје, во износ од 315.000 денари. За примениот аванс испоставил авансна фактура бр. 18/14, со засметан ДДВ 15.000. Но во текот на наредниот даночен период извршена е стварна испорака во вредност од 420.000 денари. ДДВ искажан во конечната фактура изнесува 20.000 денари. Во фактурата се прикажани следните износи: Испорачани компјутери 10 х 40.000 = Минус по авансна фактура бр. 18/14 За доплата (без ДДВ): За доплата ДДВ (100.000 х 5%) = Вкупно за доплата:

53

400.000 300.000 100.000 5.000 105.000

Разликата во фактурираниот износ од 105.000 денари е дополнително уплатена на сметката на “Зенит”. Книжење за примениот аванс: СМЕТКА должи побарува ОПИС 100 Парични средства 222 Примени аванси од купувачи

ИЗНОС должи побарува 315.000 315.000

- за примен аванс во месец март 222 Примени аванси од купувачи 2301 Пресметан данок по повластена стапка

15.000 15.000

- издадена ф-ра за примен аванс со истакнат ДДВ

За испоставена конечна фактура во април: СМЕТКА должи побарува ОПИС 120 Купувачи во земјата 741 Приходи од продажба на стоки 2301 Пресметан данок по повластена стапка - за испоставена конечна фактура

INFORMATOR 7 I JULI 2014

ИЗНОС должи побарува 420.000 400.000 20.000


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

222 100

Примени аванси од купувачи Парични средства 120 Купувачи во земјата 2301 Пресметан данок по повластена стапка - сторнирање на даночната обврска од авансот и затворање на побарувањата и обврските

300.000 105.000

420.000 15.000

Во даночната пријава за месец април се внесуваат само износите кои претставуваа разлика во однос на претходно прикажаниот авансиран промет, односно износот на основицата 100.000 се внесува во поле 3 а износот на ДДВ 5.000 се внесува во поле 4.

1.3. Пример на испорака на добра со вредност пониска од примениот аванс “Зенит” ДОО Скопје, иако примил авансна уплата од “Мерло” Скопје во износ од 315.000 денари, извршил испорака во вкупна вредност од 210.000 денари, при што во конечната фактура искажал ДДВ во износ од 10.000 денари. За повеќе платениот износ се врши поврат на средствата. Книжење: За примениот аванс:

54

СМЕТКА должи побарува ОПИС 100 Парични средства 222 Примени аванси од купувачи

ИЗНОС должи побарува 315.000 315.000

- за примен аванс во месец март 222 Примени аванси од купувачи 2301 Пресметан данок по повластена стапка

15.000 15.000

- издадена ф-ра за примен аванс со истакнат ДДВ

За испоставена конечна фактура во април: СМЕТКА должи побарува ОПИС 120 Купувачи во земјата 741 Приходи од продажба на стоки 2301 Пресметан данок по повластена стапка

ИЗНОС должи побарува 210.000 200.000 10.000

- за испоставена конечна фактура 222 Примени аванси од купувачи 300.000 100 Парични средства 120 Купувачи во земјата 2301 Пресметан данок по повластена стапка - сторнирање на даночната обврска од авансот и затворање на побарувањата и обврските, со поврат на разликата од повисокиот аванс

105.000 210.000 15.000

Во даночната пријава за месец април се пријавува за побарување само разликата за повеќе платениот ДДВ 5.000 (содржан во износот што се враќа заедно со ДДВ, од 105.000), што се спроведува како исправка на промет, преку прикажување на даночниот износ со минусен предзнак во поле 27 (- 5.000). www.p

roagens.mk


АВАНСИ

 

Ако повеќе платениот аванс (105.000, заедно со ДДВ) не се враќа туку и понатаму останува во евиденција како платен аванс (се чека нова испорака), тогаш сметката на обврска од примен аванс се сторнира за износот на фактурата за испораката, а повеќе платениот аванс останува во евиденција, како и делот на данокот на сметката 2301 содржан во остатокот од авансот: Во тој случај, делумното затворање на авансот би се книжело: 222

Примени аванси од купувачи 200.000 120 Купувачи во земјата 2301 Пресметан данок по повластена стапка - сторнирање на дел од даночната обврска од авансот и затворање на дел од побарувањата и обврските

Во овој случај, во даночната пријава за месец април нема да се внесуваат износи, затоа што „новонастанатиот аванс“ веќе е евидентиран (како даночна основа и ДДВ) во ДДВ Пријавата од март. Исто така може да се сторнира целосниот износ на авансот, а повеќе платениот износ да се прекнижи на нов аванс (како нова обврска од примен аванс). Само што, во ваков случај би требало повторно да се испостави авансна фактура за износот на основицата (100.000 денари евидентирани на сметката 223) и износот на ДДВ (5.000 денари евидентиран на сметката 2301), а прикажувањето на прометот би било дефектно во однос на пријавениот промет во ДДВ пријавата, кој на овој начин би се дуплирал, поради веќе еднаш прикажаниот во март.

2. ДДВ КАЈ ДАДЕНИ АВАНСИ о случаите кога плаќањето е извршено В пред извршувањето на прометот, согласно член 33, став 2, точка 2 од Законот за ДДВ, а врз основа на примената авансна фактура, се побарува ДДВ за платениот аванс, преку искажување на неговиот износ во полето 19 од ДДВ Пријавата. Стварно авансираната сума платена за набавка на материјали и стоки е всушност бруто исплатениот износ намален за претходниот данок, ако согласно со член 34 од Законот за ДДВ купувачот има право на одбивка на претходниот данок. Инаку, за остварување на правото на одбивка на данокот на додадена вредност од авансот, потребно е:

INFORMATOR 7 I JULI 2014

210.000 10.000

- да е извршена уплата на авансот, - д вете страни во трансакцијата да се регистрирани ДДВ обврзници, - ф актура добиена од добавувачот (примателот на авансот); - ф актурата да ги содржи сите елементи од член 53 од Законот за ДДВ. Пример:

Ако е примена авансна уплата од 5.900 денари за испорака на стоки со општа даночна стапка, износот од 5.000 денари претставува вредност на стоката, а 900 денари е ДДВ содржан во авансот. Давателот на авансот, врз основа на примената авансна фактура, во ДДВ-Пријавата треба да постапи на следниот начин: - в о поле 18 (даночна основа без ДДВ) се внесува износ 5.000; - во поле 19 (ДДВ) се внесува износ 900. (Во даночната пријава од периодот кога е добиена конечната фактура, кај купувачот се постапува соодветно на постапката кај продавачот - доколку нема разлики во конечно фактурираните ианоси, ништо не се внесува во ДДВ Пријавата.) Меѓутоа, доколку во истиот даночен период, се изврши и испораката, заедно со конечната фактура, прометот еднаш се прикажува во ДДВ Пријавата.

02/ 3162-979 i 3298-763

55


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Напомена:

Претходен данок не може да се книжи со самата уплата на авансот, бидејќи без примена авансна фактура давателот на авансот не ги стекнал условите за одбивка на данокот. Пример:

а 15-ти март платен е аванс од “ЕНЕЛ” за набавка на 1.000 парчиња (100 ден./парче), маН теријал во износ од 118.000 денари (од кои 18.000 е ДДВ). Примена е авансна фактура од добавувачот “МАКОФИН”, со дата од 20-ти март, во која е посебно искажан ДДВ во износ од 18.000 денари. Книжење: СМЕТКА должи побарува ОПИС 1223 Дадени аванси за набавка на стока 100 Парични средства - по извод за исплата на аванс 1300 Претходен данок од фактури за дадени аванси 1223 Дадени аванси за набавка на стока - за примена авансна фактура

56

ИЗНОС должи побарува 118.000 118.000 18.000 18.000

Во даночната пријава за месец март, износот на основицата (100.000 денари) се внесува во поле 18, а данокот (18.000) се внесува во поле 19 од ДДВ Пријавата. На 20-ти април примена е испорака на 900 парчиња во износ од 106.200 (90.000 + 16.200 ДДВ), по што е затворен авансот со примен поврат на остатокот на авансираните средства. (Останатите 100 парчиња е договорено да бидат дополнително испорачани и независно фактурирани.) Книжење на испораката во април: СМЕТКА должи побарува ОПИС 6600 Стоки на залиха 1300 Претходен данок по општа стапка 220 Обврски кон добавувачи - за примена фактура заедно со испорачаните стоки 220 Обврски кон добавувачи 100 Парични средства 1300 Претходен данок од фактури за дадени аванси 1223 Дадени аванси за набавка на стока - затворање на авансот со сторно на претходниот данок и со поврат на износот на повисокиот аванс

ИЗНОС должи побарува 90.000 16.200 106.200 106.200 11.800 18.000 100.000

Во даночната пријава за месец април, во полето 27 од ДДВ Пријавата се внесува исправениот износ на претходен данок (1.800), но со позитивен предзнак. На овој начин се анулира побарувањето за данок од аванси, искажано врз основа на авансната фактура во претходниот период. Разликата на повисокиот износ на авансот 11.800 (10.000 основа + 1.800 ДДВ) му се враќа на “ЕНЕЛ”.

www.p

roagens.mk


АВАНСИ

 

За појаснување на трансакцијата, даваме приказ на Т-сметки: 100 - Парични средства 1223 - Аванси за набавка на стока

11.800

118.000

118.000

100.000

18.000 220 - Добавувачи 106.200 106.200

1300 - Претходен данок 18.000 16.200 18.000

6600 - Стоки на залиха 90.000

Од Т-сметките се заклучува дека е евидентирана набавка на стоки за 90.000 (салдо на сметка 6600) плус ДДВ 16.200 (салдо на сметка 1300), за што е направен вкупен одлив од 100.000 денари (салдо на сметка 100). Сметката 1223 и 220 се затворени на нула. Доколку “ЕНЕЛ” одлучи да не побара поврат на средствата туку износот на остатокот од авансот да остане за понатамошни набавки, тогаш не треба да се сторнира целиот претходен данок евидентиран со дадениот аванс, туку се сторнира само износот ед-

наков на оној искажан во фактурата од испорака на добрата. Во овој случај фактурата од испорака нема да се смета за за конечна фактура. Повеќе пријавениот износ на претходен ДДВ за одбивка од авансната фактура, во однос на оној по фактурата за делумната испорака (1.800 денари), не се прикажува во ДДВ Пријавата, со оглед дека конечно затворање на авансот ќе се направи со следна испорака. Во овој случај, во ДДВ Пријавата не се прикажуваат никакви износи, а делумното затворање на авансот би се евидентирало со следното

Книжење: СМЕТКА должи побарува ОПИС 220 Обврски кон добавувачи 1300 Претходен данок од фактури за дадени аванси 1223 Дадени аванси за набавка на стока - делумно затворање на авансот со сторно на претходниот данок

INFORMATOR 7 I JULI 2014

ИЗНОС должи побарува 106.200 16.200 90.000

57


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ) РАВО НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ШТО СЕ СМЕТА П СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)

Ирена НИКОЛОВСКА *

П

равото на пресметување на стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (т.н. бенефициран стаж) е регулирано со Законот за пензиското и инвалидското осигурување - ЗПИО („Службен весник на РМ“, бр. 98/12, 166/12, 15/13, 53/13-преч. текст, 170/13, 43/14, 44/14 и 97/14). Стажот на осигурување што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) е право на: - о сигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места, - о сигурениците кои работат на работни места на кои по наполнувањето на определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност.

58

тепенот на зголемувањето на стажот на осигурување завиС си од тежината на штетноста на работата, односно од природата на работата, така што работните места се распоредуваат во пет групи, со тоа што секои 12 месеци ефективна работа, се смета како: 14 месеци, 15 месеци, 16 месеци, 17 месеци и 18 месеци стаж на осигурување. Со придонесот за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) се обезбедуваат средства за покривање на зголемените обврски на пензиското и инвалидското осигурување, кои настануваат поради сметањето на стажот на осигурувањето со зголемено траење и намалувањето на старосната граница за стекнување со право на старосна пензија.

Работни места кои се особено тешки и штетни по здравјето на осигурениците * Даночен советник i_nikolovska@proagens.com.mk

ако работни места на кои стажот на осигурување се смета К со зголемено траење, затоа што работата на нив е особено тешка и штетна по здравјето, може да се утврдат работните места на кои се исполнети следниве услови: www.p

roagens.mk


БЕНИФИЦИРАН СТАЖ

1) во врска со извршувањето на работите на работните места да постојат позначителни штетни влијанија врз здравствената состојба и врз работната способност на работниците и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз отстранувањето и намалувањето на штетните влијанија; 2) работите на работните места под тешки и по здравјето штетни услови да се извршуваат непосредно покрај изворите на штетните влијанија во непрекинатиот тек на работата и 3) работите на работните места под горенаведените околности во точките 1 и 2 да ги извршува ист работник во текот на полно работно време, земајќи го како полно работно време и работното време пократко од 40 часа неделно, определено за одделни работни места поради посебните услови за работа.

аботни места на кои векот на врР шење на професионалната дејност е ограничен со возраста на осигуреникот Како работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, затоа што векот на вршење на професионалната дејност е ограничен со наполнување на определени години возраст, може да се утврдат работните места во оние занимања во кои поради природата и тежината на работата, физиолошките функции на организмот опаѓаат во толкава мера што на работникот му го оневозможуваат натамошното успешно вршење на истата професионална дејност. POLUGODI[NA PRETPLATA 2014 - INFORMATOR - DODATOK NA INFORMATOR - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

INFORMATOR 7 I JULI 2014

8.500 denari

  РАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ П НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА КОИ СТАЖОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ) Според членот 110 на ЗПИО, работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење затоа што работата на нив е особено тешка и штетна по здравјето се утврдуваат со правилник кој го донесува министерот за труд и социјална политика. До објавувањето на овој број на ИНФОРМАТОР, сеуште не е донесен нов правилник врз основа на членот 110 на ЗПИО (објавен во 2012 година), туку се постапува според Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење („Службен весник на РМ“, бр. 32/11), кој е донесен врз основа на членот 126а од стариот (тековно неважечки) Закон за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 11/12). Во усна комуникација со надлежните лица во Министерството за труд и социјална политика ни беше укажано дека не се очекува наскоро министерот за труд и социјална политика да донесе нов правилник за утврдување на работните места со бенефициран стаж врз основа на членот 110 на важечкиот ЗПИО. о Правилникот за утврдување на работВ ните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење се утврдени: 1) работните места на кои што работата е особено тешка и влијае штетно врз здравствената состојба и работната способност на работникот, и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз отстранувањето и намалувањето на штетните влијанија, 2) работните места на кои што, поради природата и тежината на работата, физио-

59


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

лошките функции на организмот опаѓаат во толкава мера што на работникот му го оневозможуваат натамошното успешно вршење на истата,

60

- овчарско производство, - работење со огноотпорни материјали, - одржување на далноводи,

3) степенот на зголемувањето на стажот на осигурување на работните места од горенаведените точки 1 и 2, кој што, согласно со членот 125 од (стариот) Закон за пензиското и инвалидското осигурување, може да се смета како 14, 15, 16, 17 или 18 месеци стаж на осигурување за секои 12 месеци ефективна работа, во зависност од тежината, штетноста, односно природата на работата.

- одржување на јавни патишта,

аботните места со бенефициран стаж, Р според Правилникот, се наведени според азбучен редослед во рамки на следните дејности (работни места со определена опрема/материјали), со пропишан степен на зголемување на стажот на осигурување:

- текстилна индустрија,

- работење со акумулатори,

- фармацевтска индустрија,

- р аботење со безалкохолни пијалоци (производство од страна на лица со инвалидитет),

- феролегури,

- органско-хемиска индустрија, - работа на ниски температури, - работа под вода, - рудници, - сообраќај, - сопирачки системи за шински возила, - индустрија за стакло, - термоелектроцентрали, - технички гасови, - топилници за олово и цинк, - уметничка дејност,

- работење со градежни материјали,

- ф изичко-хемиски и металурушки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата,

- градежништво,

- хидроцентрали,

- графичка индустрија,

- царинска управа,

- гумарска индустрија,

- шумарство.

- работење со електроматеријали, - железарници, - работење со жичани производи, - работење со заварени цевки и профили, - здравствени установи, - каменоломи, - керамичка индустрија, - кланици, - ковачници, - кожарско-преработувачка индустрија, - комунални дејности, - леарници, - д истрибуција и промет на нафтени деривати,

www.p

Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење Работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, а кои не се опфатени со Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, како и начинот за нивното утврдување и степенот на зголемувањето на стажот на осигурување на тие работни места го утврдува Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење. Комисијата за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со

roagens.mk


БЕНИФИЦИРАН СТАЖ

зголемено траење ја формира министерот за труд и социјална политика во состав од три члена, од кои два члена стручни и компететни лица од областа на безбедноста и здравје при работа и еден член од областа на пензиското и инвалидското осигурување. Со акт на министерот за труд и социјална политика се уредува организацијата и начинот на работа на Комисијата за ревизија. аботните места со бенефициран стаж Р кои не се опфатени со Правилникот се утврдуваат по претходно прибавено мислење од соодветни стручни организации, на иницијатива на работодавачите. Овие работни места подлежат на ревизија од страна на Комисијата за ревизија, која се врши најдоцна во рок од пет години од денот на утврдувањето на тие работни места. Исто така, на ревизија подлежат и работните места утврдени во спомнатиот Правилник. З а работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, работодавачот може да иницира постапка за промена на техничко-технолошките услови на работа.

ЕНЕФИЦИРАН СТАЖ ЗА ПОСЕБНИ Б ГРУПИ НА ОСИГУРЕНИЦИ сигуреници од областа на одбраО ната, внатрешните работи и правда, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови Стажот на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж) им се смета на осигурениците кои се: - в оен и цивилен персонал согласно со закон (осигуреници од одбраната), - о властените службени лица во смисла на прописите за вршење на внатрешните работи и работниците во Министерството за внатрешни работи, кои работат на работни места чијашто тежина и посебни услови под кои тие се вршат влијаат врз намалувањето на работната способност, а се утврдени од Владата на РМ по предлог на министерот за внатрешни работи,

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

- о властените работници согласно со прописите за извршување на санкциите и работниците во Министерството за правда, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, кои работат на работни места чијашто тежина и посебни услови под кои тие се вршат влијаат врз намалувањето на работната способност. Во стаж на осигурување со зголемено траење се смета и времето за кое осигурениците биле осигурени во пензиското и инвалидското осигурување во својство на воен осигуреник или граѓанско лице на служба во Југословенската народна армија, освен времето што граѓанското лице на служба во Југословенската народна армија го поминало во трупа и тоа под условите и во обемот што се утврдени со прописите со кои било уредено пензиското и инвалидското осигурување на воените осигуреници.

сигуреници со инвалидитет О / заболување Стажот на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж) им се смета и на осигурениците кои во работен однос, односно на работа врз основа на која биле задолжително осигурени, поминале работејќи со полно работно време како осигуреници: - со телесно оштетување од најмалку 70%, - воени инвалиди од I до VI група, - ц ивилни инвалиди од војната од I до VI група, - слепи лица, - л ица заболени од дистрофија и сродно мускулни и невромускулни заболувања, - л ица заболени од параплегија, церебрална и детска парализа и од мултиплекс склероза. На наведените осигуреници секои 12 месеци ефективно поминати во работен однос, врз основа на кој се осигурени, им се смета како 15 месеци стаж на осигурување, а старосната граница за здобивање на старосна пензија за осигуреници со бенефициран стаж пропишана во членот 19 на ЗПИО им се

61


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

намалува за по една година за секои пет години ефективно поминати на таква работа.

минати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци и

а осигурениците кои користат право на Н надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете согласно со Законот за социјална заштита и кои работат на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, стажот на осигурување им се зголемува само за она време што ефективно го поминале на работа. Но, по исклучок, на горенаведените осигуреници со инвалидитет/заболување на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, тој стаж им се зголемува и ако работеле со скратено работно време, како да работеле со полно работно време.

6) секои три години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци.

АМАЛУВАЊЕ НА СТАРОСНАТА Н ГРАНИЦА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ЗА ОСИГУРЕНИЦИ СО БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ

62

Според членот 19 на ЗПИО, на осигуреникот на кого стажот на осигурување му се смета со зголемено траење, старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува зависно од степенот на зголемувањето на стажот, и тоа за по една година за: 1) секои седум години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци; 2) секои шест години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци;

а осигуреникот на кого ефективно поН минати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја и кој во текот на осигурувањето бил распореден на работи и работни места со различни степени на зголемување на стажот на осигурување, старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува за секој период поминат на работно место со одреден степен на зголемување на стажот пропорционално на времето поминато на тоа работно место со намалување на старосната граница како што е погоре наведено. Вкупното намалување на старосната граница се утврдува како збир на пропорционално утврдените намалувања за секој поединечен период.

РИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО П СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО ОСНОВ НА ПЛАТА ЗА ОСИГУРЕНИЦИ СО БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ Според Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08, 64/09, 156/09, 166/10, 53/11, 185/11, 44/12, 15/13, 91/13, 170/13 и 97/14; У. суд - 62/09 и 150/12; во понатамошниот тeкст: Закон за придонеси), во задолжително социјално осигурување спаѓаат придонесите за:

3) секои пет години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци;

1) пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата;

4) секои четири години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци;

3) стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење (бенефициран стаж);

5) секои три години и шест месеци поминати на работни места на кои ефективно поwww.p

2) задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;

4) здравствено осигурување и 5) осигурување во случај на невработеност.

roagens.mk


БЕНИФИЦИРАН СТАЖ

 

редствата собрани од задолжително соС цијално осигурување по основ на придонеси за стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) се приход на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. бврзник за плаќање на придонесот за О пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) е работодавач за своите вработени на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, согласно со закон.

тапки на придонеси за задолжителС но социјално осигурување и за стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) Според членовите 5 и 6 на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 185/11 од 30.12.2011 година и бр. 170/13 од 06.12.2013 година), кои се во сила од 14.12.2013 година, стапките на придонесите за задолжително социјално осигурување за 2014 и 2015 година се пропишани како што следи:

2014 година Стапки на придонес за пензиско и инвалидско осигурување за БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ 9% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 7,5% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 6% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 4,5% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 3% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 1,5% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 2014 година Редовни стапки на социјални придонеси 18% задолжително пензиско и инвалидско осигурување 7,3% задолжително здравствено осигурување 0,5% дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 1,2% задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 2015 година Стапки на придонес за пензиско и инвалидско осигурување за БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ 8,8% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 7,33% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 5,87% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 4,4% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци

INFORMATOR 7 I JULI 2014

63


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

2,93% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 1,47% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 2015 година Редовни стапки на социјални придонеси 17,6% задолжително пензиско и инвалидско осигурување 7,3% задолжително здравствено осигурување 0,5% дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 1,2% задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност Согласно со членот 25 на Законот за придонеси, стапките на придонесите за задолжително социјално осигурување за 2016 година и понатамошните години се пропишани како што следи:

64

2016 година и понатаму Стапки на придонес за пензиско и инвалидско осигурување за БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ 8,75% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 7,29% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 5,83% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 4,38% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 2,92% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 1,46% вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 2016 година и понатаму Редовни стапки на социјални придонеси 17,5% задолжително пензиско и инвалидско осигурување 7,3% задолжително здравствено осигурување 0,5% дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 1,1% задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност

РЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА ОСИГУРЕНИЦИ СО СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ П ШТО СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ) За осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење (бенефициран стаж), според Законот за придонеси, работодавачот плаќа: - р едовни придонеси од задолжително социјално осигурување (за ПИО, www.p

здравствено осигурување и за вработување) по основ на нивната плата, но и - дополнителен придонес за пензиското и инвалидското осигурување за бенефицираниот стаж со примена на пропишаните стапки според видот на

roagens.mk


БЕНИФИЦИРАН СТАЖ

 

работното место, кое е распоредено во рамки на петте групи (во кои секои 12 месеци ефективна работа, се сметаат како 14 месеци, 15 месеци, 16 месеци, 17 месеци и 18 месеци стаж на осигурување). аботодавачот го плаќа дополнителниот Р придонес за пензиското и инвалидското осигурување за бенефицираниот стаж, на товар на своите трошоци, значи истиот не претставува дел од бруто платата на работникот и не учествува во намалувањето на даночната основица за пресметка на персоналниот данок на доход на плата. Дополнителниот придонес за ПИО за бенефициран стаж претставува признат даночен расход за работодавачот. сновица за пресметка на дополнителО ниот придонес за пензиското и инвалидското осигурување за бенефицираниот стаж е бруто платата на работникот, кој работи на работно место за кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење, која не смее да биде пониска од пропишаната најниска основица за придонеси (50% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година спо-

ред податоците на Државниот завод за статистика, односно за 2014 година: 15.451 денари). Доколку, платата е пониска од оваа минимална основица на придонеси, работодавачот треба да изврши доплата на дополнителниот придонес на ПИО за бенефициран стаж. Највисоката основица за пресметка на дополнителниот придонес за пензиското и инвалидското осигурување за бенефицираниот стаж е во висина на шест просечни плати по работник во Република Македонија, според платата објавена во јануари во тековната година согласно со податоците на Државниот завод за статистика, односно за 2014 година: 185.412 денари). Пример на пресметка: аботник-ракувач со виљушкар во друшР тво што произведува градежни материјали, за чие работно место стажот на осигурување се смета за ефективно поминати 12 месеци како 14 месеци, остварува бруто плата во износ од 18.000 денари. Во 2014 година, стапката на дополнителниот придонес на ПИО за бенефициран стаж за овој тип на работно место изнесува 3%.

ОПИС Бруто плата на работникот Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто платата : 18.000 х 27% (3.240+1.314+90+216) Придонес за ПИО - 18% Придонес за здравствено осигурување - 7,3% Придонес за дополнително здравствено осигурување - 0,5% Придонес за вработување - 1,2% Лично ослободување Даночна основа: 18.000 - 4.860 = 13.140 - 7.276 Персонален данок на доход : 5.864 х 10% Нето плата за исплата на работникот 18.000 (бруто плата) - 4.860 (вк. придонеси) - 586 (ПДД) Дополнителен придонес за ПИО за бенефициран стаж (на товар на трошоците на работодавачот) 18.000 x 3%

02/ 3162-979 i 3298-763

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Вредности 18.000 4.860 3.240 1.314 90 216 7.276 5.864 586 12.554 540

kontakt@proagens.com.mk

65


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Книжење: СМЕТКА Должи побарува 4210 2400 2340 2342 2344

66

ОПИС

Вкалкулирани бруто плати Обврски за нето плати Обврски за персонален данок на плата Обврски за придонес за ПИО Обврски за придонес за здравствено осигурување Обврски за придонес за дополнително 2345 здравствено осигурување 2346 Обврски за придонес за вработување - месечна пресметка на плата 4225 Придонес за ПИО за бенефициран стаж Обврски за придонес за ПИО 2343 за бенефициран стаж - пресметка на дополнителен придонес за ПИО за бенефициран стаж 2400 Обврски за нето плати 2340 Обврски за персонален данок на плата 2342 Обврски за придонес за ПИО 2344 Обврски за придонес за здравствено осигурување Обврски за придонес за дополнително 2345 здравствено осигурување 2346 Обврски за придонес за вработување Обврски за придонес за ПИО 2343 за бенефициран стаж Парични средства на трансакциска сметка 1000 во банка - извод бр.

Начин на пополнување на МПИН апликацијата за плата по основ на бенефициран стаж Според Упатството на УЈП за Месечната пресметка за интегрирана наплата - 2013 (понова верзија не е достапна на веб страната на УЈП - www.ujp.gov.mk) и интерактивното упатство на УЈП (видео) за пресметување на плата за стаж на осигурување со зголемено траење (бенефициран стаж) - пример 7, исто така, достапно на интернет страната на УЈП, за вработените (во примерот: ракувач со виљушкар во друштво што произведува градежни материјали) се пополнуваат два или повеќе реда во МПИН апликацијата за плата.

www.p

roagens.mk

ИЗНОС должи побарува 18.000 12.554 586 3.240 1.314 90 216 540 540 12.554 586 3.240 1.314 90 216 540 18.540


БЕНИФИЦИРАН СТАЖ

 

о првиот ред на МПИН апликацијата за работникот се пополнуваат податоците од реВ довната пресметка на плата: Пополнување на соодветните полиња на МПИН 3.14. 3.15. 3.40. Плата во Придонес Придонес вкупен износ за ПИО (18%) за здравство (7,3%) 18.000

3.240

1.314

3.42. 3.44. Допол. Придонес придонес за врабоза здравтување ство (1,2%) (0,5%) 90 216

3.46. Персонален данок (10%)

3.13. Нето плата

3.31. Ефективна нето плата (после задршки)

586

12.554

12.554

Во вториот ред на МПИН апликацијата за работникот се задржува истиот реден број, се пополнуваат основните податоци и во поле 3.17 - Шифра за вид на стаж на осигурување се пополнува шифра за стаж на осигурување со зголемено траење (6103). Во вториот ред каде што се пополнува шифрата за стаж на осигурување со зголемено траење се пополнуваат и следните полиња: 3.18. Се пополнува соодветна шифра за стажот на осигурување кое Степен на зголемување за се смета со зголемено траење, само за вработените кои работат стаж со зголемено траење на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење. 9% 7,5% 6% 4,5% 3% 1,5%

3.19.а Од ден

вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци

Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 3 Се пополнува датумот во месецот кој се смета за почеток на периодот на осигурување со зголемено траење. Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 1

INFORMATOR 7 I JULI 2014

67


Pr  fesionalna Edukacija

3.19.б До ден

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Се пополнува датумот во месецот кој се смета за престанок на периодот на осигурување со зголемено траење. пр. За обврзник на кој секои 12 месеци ефективна работа му се сметаат како 14 месеци стаж на осигурување. Обврзникот е прераспределен на работно место кое се смета со зголемено траење на 15-ти во месецот, а месецот има 31 ден. Во втор ред од образецот МПИН во полето 3.19а се внесува “15”, а во полето 3.19б се внесува “31”, при што полето 3.18 се пополнува со шифра “2”.

3.20 Вкупно денови

68

3.21. Основица за стаж со зголемено траење (бенефициран стаж) 3.22. Износ на придонес за стаж со зголемено траење (бенефициран стаж) 3.22.б. Доплата до најниска основица за стаж со зголемено траење (бенефициран стаж)

Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 31 Се пополнува бројот на денови на стажот на осигурување што се смета со зголемено траење. Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 31 Се пополнува бруто основицата (плата) за периодот од полињата 3.19а и 3.19б. Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 18.000 Се пополнува придонесот за стаж со зголемено траење (3.21 помножено со соодветна стапка на придонес од прегледот со шифри од 3.18, соодветно за секој период) Во нашиот пример, ќе се внесе податокот: 540 Се пополнува доплатата на придонес до најниска основица за стаж со зголемено траење (бенефициран стаж). Во нашиот пример не се внесува податок (нема доплата).

УПЛАТНА СМЕТКА ЗА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПИО ЗА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ Согласно со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи (“Службен весник на РМ”, број 114/09, 153/09, 43/10 и 185/11), работодавачот го уплатува придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж), на следната уплатна сметка: 843-128

Придонес за пензиско и инвалидско осигурување за стаж на осигурување што се смета со зголемено траење

www.p

roagens.mk

712111


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

 

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ПРАШАЊЕ: Каков третман има примениот условен капар (со можност за враќање, ако за неисполнување на Договорот или неизвршување на трансакцијата не е виновен давателот на капарот) и како се евидентира кај примателот? ОДГОВОР: Д-р Рефика МУРИЌ *

Според член 71 од Законот за облигационите односи (18/11... и 161/09, испр. - 123/13) ако во моментот на склучувањето на договорот едната страна и дала на другата извесен паричен износ или извесно количество на други заменливи предмети како знак дека договорот е склучен (капар), договорот се смета склучен кога капарот е даден, ако не е договорено нешто друго. Капарот, како и другите видови на инструменти со кои се обезбедува сериозната намера на купувачот да исполни некој договор (како што се и дадени гаранции, кауции и депозити) претставува обврска за продавачот истите да ги врати кога договорот (трансакцијата) ќе се реализира. Обично, со исполнување на договорот капарот се враќа. Според тоа, истиот не се третира како дадени аванси за иден промет и не е предмет на оданочување согласно со член 31 став 2 од Законот за ДДВ. Капарот кој се очекува да биде вратен, се евидентира како обврска за примени капари и гаранции на сметка 222 (1000/222), а доколку истиот се задржи поради неизвршување на договорот по вина на давателот на капарот, обврската се приходува како надомест на штета односно приход од наплатени капари во рамките на сметката 769 - Останати приходи од работењето. Напомена:

* Даночен советник

r_muric@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

Доколку при исполнување на договорот е предвидено капарот да се засмета во исполнувањето на обврската, истиот би можел да се третира како примен аванс за договорениот промет, со што повлекува и последици поврзани со обврската од член 31 став 2 како и од член 53 од Законот за ДДВ, за издавање авансна фактура (со или без ДДВ, во зависност од прометот) во рок од 5 работни дена од приемот на капарот. Со неговото враќање на купувачот, во услови на неможност (не по негова вина) за исполнување на договорот, би се извршила исправка на „евидентираниот авансиран промет“.

kontakt@proagens.com.mk

69


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПРАШАЊЕ:

ОДГОВОР:

Како Ваши претплатници би сакале да се консултираме во врска со неколку фактури примени за објекти кои се во наша сопственост како и за објекти кои се во туѓа сопственост и дали истите треба да бидат со пренесена даночна обврска? 1. За објекти кои се во наша сопственост: Компанија која врши одржување на нашите објекти ни издава фактури во кои има ставки за изведени градежни работи (спуштен плафон на објектот, преграден ѕид), сервис на инвентарот (замена на цевки, сијалици, инсталации), услуги за монтажа и демонтажа на инвентар, поставување на нов или замена на дотраен инвентар, услуги за молерисување и поставување на прозори и врати во објектот.

70

Напоменуваме дека се работи за објекти што се користат со години. Прашуваме дали овие промети треба да се фактураат со пренесена даночна обврска или со пресметан данок. Доколку само дел од работите се со пренесена даночна обврска кои се тие, за да се издвојат на посебна фактура?

За примена на reverse charge е важно да се утврди дали станува збор за градежна услуга според Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник („Службен весник на РМ“, бр. 45/14) и дали истата е дадена од еден регистриран обврзник за ДДВ кон друг регистриран обврзник за ДДВ, како единствени услови за примена на reverse charge. Во таа смисла, од наведените промети во прашањата треба да се издвојат работите кои можат да се подведат под градежни услуги спомнати во Одлуката, како што се следните од вашите фактури: поставување на подни и ѕидни облоги, преградни ѕидови, спуштени плафони, услуги за молерусување, поставување на прозорци и врати, изработка, монтажа и демонтажа на дрвена столарија. Кај електричарските работи, само инсталирање на електрична мрежа, без замена на цевки и сијалици, би влегла во системот на reverse charge. Всушност, најдобро е ако услугите се наведени како во наименуванијата од точките во Одлуката, како на пример:

2. З а објекти кои се во туѓа сопственост, а кои ги закупуваме за продажба на наша стока:

• Е лектроинсталатерски работи од точка 11 од Одлуката, и тоа:

Во овој случај добиваме една збирна фактура со пренесен данок за гипсарски работи (изведба на преграден ѕид), молерски работи, електричарски работи, столарски работи за изработка на инвентарот во продавницата, услуги за монтажа и демонтажа на ивентарот.

• П оставување на инсталации за водовод, канализација и плин и инсталации за греење и клима-уреди (точка 12 од Одлуката),

Прашањето и овде е дали фактурираните изведби треба да се сите на една фактура со пренесена даночна обврска? Доколку само дел од работите се со reverse charge, а дел со засметан ДДВ, кои се тие, за да се издвојат на посебна фактура? Дали засметаното ДДВ или ДДВ кое сами го пресметуваме како пренесена обврска, е со право на одбивка кај нас?

www.p

- инсталирање на електрична мрежа,

• М алтерисување на згради и други објекти со малтер за надворешни и внатрешни површини, вклучувајќи и слични материјали (точка 14), • П оставување на столарија (според точка 15) и тоа: а) поставување на врати, прозорци, рамки за врати и прозорци, б) вградување на готови кујни, ормари, скали, опрема за продавници и слично, и

roagens.mk


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

 

в) внатрешни завршни работи како што се тавани, подвижни преградни ѕидови, • Поставување на подни и ѕидни облоги, односно обложување, поплочување, поставување или опремување на згради и други објекти (согласно со точка 16) со: - ѕидни или подни плочки и - подни и ѕидни облоги, • Внатрешно и надворешно бојадисување на згради (точка 17).

ПРАШАЊЕ: Извршено е преместување на надворешна единица-мотор од приземје на покрив. Употребена е старата демонтирана инсталација со додавање на нова. Дали услугата да се фактурира со reverse charge? ОДГОВОР: Во овој случај нема градежна услуга по член 32-а од Законот за ДДВ, така што треба да фактурирате со ДДВ (18%).

Монтажата и демонтажа на инвентар, како и замената на цевки и сијалици не спаѓаат во наведените услуги од Одлуката (т.е. не се во reverse charge) и треба да бидат фактурирани со ДДВ 18%.

Во веќе постоечки стар објект- магацин, треба:

Инаку, во една фактура можат да бидат фактурирани и ставки со ДДВ и ставки со reverse charge, под услов да се издвојат и посебно презентираат како групи со посебен даночен третман во фактурата.

- д а се постават два нови преградни ѕида од панели,

Што се однесува до правото на одбивка на претходниот данок (засметан од добавувачите или самопресметан по член 32-а), истото зависи пред се од тоа, дали вложувањето е направено за цели на вашата дејност која е со право на одбивка, како и од тоа дали истото е јасно предвидено во Договорот за закуп. Имено, во Договорот би требало да се дефинира можноста, намената и исходот од тие вложувања, како и јасно предвиденото постапување со остатоците од вложувањето: дали ќе бидат отстранети од објектот или пак ќе бидат подарени или продадени на закуподавецот. Ако од наведените елементи јасно произлегува дека вложувањето е специфично и е подредено на Вашата дејност и дека единствено вие располагате со него додека трае закупот, тогаш имате и право на одбивка од тие влезни исполнувања. Но, во моментот кога со вашето вложување ќе може да располага некој друг (како на пример закуподавецот од моментот на престанок на закупот) должни сте да пресметате ДДВ на преотстапената вредност од вложувањето.

ПРАШАЊЕ:

- п остоечки ѕид од керамички блок да се обложи од внатрешната страна со панели,

- д а се изврши замена на постоечки надворешен ѕид од лим со ѕид од ѕидни панели и - з амена на стари покривни елементи со нови кровни панели. Дали услугата да се фактурира со reverse charge? ОДГОВОР: Во случајов сметаме дека треба да примените пренесување на даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ, како за услуги кои според точка 16: Поставување на подни и ѕидни облоги, односно точка 19: Работи на покривни конструкции од Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник, се во системот на reverse charge.

02/ 3162-979 i 3298-763

INFORMATOR 7 I JULI 2014

kontakt@proagens.com.mk

71


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПРАШАЊЕ: Врз основа на склучен договор со конзорциум (фирма од Словенија и домашна фирма) каде главен партнер е странската фирма, доставена ни е фактура за развивање на софтвер како надградба на постоечкиот со кој работиме. Фактурата е без искажан данок па не интересира дали ние имаме некаква обврска за ДДВ, бидејќи се работи за странски добавувач? Напоменуваме дека сме јавна инстиуција и како таква не сме регистриран даночен обврзник. Сите плаќања се реализираат од трезорска буџетска сметка, а во рамки на буџетот за овој проект не се предвидени дополнителни средства на име плаќања за ДДВ.

72

Ве молиме за мислење, со оглед на околностите, дали сме обврзани да пресметаме и уплатиме ДДВ за примената услуга, во буџетот на РМ? Доколку таква обврска постои, како истата ќе се спроведе, како и каков третман би имале во однос на платениот ДДВ, доколку бевме регистриран ДДВ обврзник? Во самата фактура фирмата ја има наведено напомената: VAT reverse charge under Article 44 of VAT Directive 2006/11/ES. Што точно ова значи? Во тендерската документација и во Договорот за услугата истото не е наведено. ОДГОВОР: Согласно со член 32 точка 4 од Законот за ДДВ, даночен должник е и примателот на доброто или корисникот на услугата, доколку истиот е даночен обврзник или институција во смисла на член 10 став 1 од овој закон, во случај на промет, извршен од страна на даночен обврзник, кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија. Во тие случаи, обврската за пресметување на данокот (член 40), за поднесување даночна пријава (член 41), за плаќање на данокот (член 43) и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот www.p

(член 44) паѓа на товар на даночниот должник. Со оглед дека сте примател на услуга извршена од странски субјект, која се оданочува кај корисникот на услугата (според член 14 став 3 од Законот за ДДВ, оваа услуга припаѓа на групата услуги чие место на оданочување е кај корисникот, па следува истата да се оданочи кај Вас), а оваа обврска се однесува и за институции во смисла на член 10 став 1 од Законот за ДДВ, каква што е вашата (т.е. за државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа и други јавноправни тела кои не се даночни обврзници за дејности што претставуваат извршувањето на јавни функции), следува дека имате обврска за пресметување на ДДВ според член 32 точка 4 од Законот за ДДВ. Одредбите на Законот за ДДВ не се исклучуваат заради трезорскиот начин на работење на институциите, така што и износите за ДДВ треба да се планираат како и расходот за услугата. Во случај да сте регистриран ДДВ обврзник, би имале можност данокот (ДДВ) пресметан по член 32 точка 4 и да го прикажете за одбивка, но само под еден дополнителен услов, да имате право на одбивка за дејноста што ја вршите и кон која е подреден проектот. Оттаму, ако Вашата дејност (за која се имплементира проектот) е без право на одбивка (на пример, извршување јавна функција за која се наплатува надомест без ДДВ), независно од тоа што би биле регистриран ДДВ обврзник, не би имале право на одбивка на ДДВ на вака засметаниот ДДВ по член 32 точка 4, така што исходот би бил ист - плаќање на данокот. Членот 44 од Европските директиви за ВАТ (ДДВ) предвидува исто што и нашиот член 14 став 3 од Законот за ДДВ, во кој е преземена европската одредба на VAT reverse charge under Article 44 of VAT Directive 2006/11/ES, а кој го одредува местото на оданочување на услугата кај корисникот на истата (односно неговото седиште).

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ПРАШАЊЕ: Дали може фирма чија основна дејност е производство на горна облека, а е инвеститор во изградба на станбена зграда, за дел од работите околу изградбата (на пример преградување со блокови, малтерисување, белење, лепење плочки....) да вработи лица кои ќе ги извршуват горенаведените работи. Во тој случај дали инвеститорот може сам да ги набавува материјалите потребни за градба и од фактурите за набавка на истите да има право на поврат на ДДВ? Дали фирмата инвеститор ќе има право на одбивка на ДДВ од фактурите за набавка на потребниот градежен материјал доколку материјалот го набавува сам, но вградувањето на истиот го врши фирма чија основна дејност е градежништво ? ОДГОВОР: Одговорот на двете прашања би бил: Како инвеститор и организатор на градбата можете да се вклучите во одредени фази на градбата со сопствени ресурси во луѓе и материјали, но е важно да се придржувате на одредбите на Законот за градење, односно според член 26 од Законот за градење, за ваков објект која е градба од втора категорија треба да се назначи изведувач која има лиценца Б за изведувач.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

  Инаку за добивање на лиценца Б за изведувач, правното лице е потребно да достави доказ дека: - е регистрирано за вршење на соодветната дејност и - и ма вработено најмалку пет лица од кои две лица со овластување Б за инженер за изведба. Бидејќи, изведувачот може врз основа на Договор, изведувањето на одредени градежни работи да го довери на друго правно лице (подизведувач), кое ги исполнува условите за изведување на тие работи согласно со Законот за градење, Вие би можеле во договорот за соинвеститорство да се вклучите како соинвеститор и подизведувач. Обемот во кој Вие се вклучувате во изградбата, е пресуден во однос на моментот КОЈ (?) ќе има право да го фактурира првиот промет на готови станови (кој е со 5% ДДВ, заклучно до 31.12.2015 г.). Законот за ДДВ, во член 3 точка 6, ова право му го дава на оној кој со сопствени материјали и труд учествува во претежно целата изградба, така што доколку Вие сте претежниот вложувач, изведувачот и подизведувачите, како и добавувачите на градежен материјал, ќе Ви фактурираат со ДДВ 18%, на кој Вие имате право на одбивка, а продажбата на станови која би ја вршеле би претставувала прв промет фактуриран со 5% ДДВ.

73


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПРАШАЊЕ: Ме интересира, во поглед на изработка на конечна фактура и одбивањето на претходно авансиран износ во истата, како треба да изгледаат фактурата и книжењето? Напоменувам дека се работи за авансиран и испорачан промет на трговска стока. ОДГОВОР: Пресметката во Вашата конечна фактура, низ пример со претпоставени бројки, треба да ја прикажете вака: Вкупно испорачано Минус по авансна фактура бр. ___/14 За доплата : Вкупно за доплата:

400.000 + 72.000 ДДВ 300.000 + 54.000 ДДВ 100.000 + 18.000 ДДВ 118.000 денари

При книжење ќе евидентирате: должи 120

74

СМЕТКА ОПИС побарува Купувачи во земјата 741 Приходи од продажба на стоки 2300 Пресметан данок по општа стапка

ИЗНОС должи побарува 472.000 400.000 72.000

- за испоставена конечна фактура 222 Примени аванси од купувачи 300.000 120 Купувачи во земјата 2300 Пресметан данок по општа стапка - сторнирање на даночната обврска од авансот и затворање на побарувањата и обврските

354.000 54.000

Или сумирано (скратена верзија): СМЕТКА ОПИС должи побарува 120 Купувачи во земјата 222 Примени аванси од купувачи 741 Приходи од продажба на стоки 2300 Пресметан данок по општа стапка - за побарување по фактура намалено за авансиран износ

ИЗНОС должи побарува 118.000 300.000 400.000 18.000

ПРАШАЊЕ: Во нашите деловни простории поставивме ламинат и од давателот на услугата добивме ф-ра со пренесена даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ. Ве молам да ни одоговорите дали добавувачот исправно постапил, бидејки се работи за веќе изграден објект. ОДГОВОР: Бидејќи според точка 16 од О Д Л У К А-та за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник, поставувањето на подни облоги спаѓа во системот на reverse charge, така што, www.p

roagens.mk


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

без оглед што не се работи за нов објект, услугата треба да се фактурира со пренесена даночна обврска, според член 32-а од Законот за ДДВ. ПРАШАЊЕ: Ве молам за една симулација на продажба на основно срество, во врска со начинот на утврдување на обврската за ДДВ. Компјутер набавен во 2011 се продава по истек на три години од набавката. Колкава е најмалата продажна вредност на која може да се пресмета ДДВ, а да бидат запазени правилата за ДДВ при продажба пред навршени 5 години? ОДГОВОР: За инвестициското средство кое сте го користеле три години во дејност со право на одбивка, и го продавате со изразување на ДДВ во фактурата, исправката по член 37 од Законот за ДДВ ја вршите со самото оданочување на продажбата. При тоа, за даночна основица треба да се земе реална пазарна цена на употребуваното средство. Само во случаи кога пресметаниот данок не би одговарал на евентуално позната основица-пазарна цена или кога таа основица не дава данок кој отпаѓа на периодот до истекот на петата година од набавката на средството (во вашиот случај – тој преостанат период е 2 години, што значи две петини од одбиениот данок при набавката) при даночни контроли се инсистира на надополнување на таа сума на ДДВ. Конкретно во Вашиот пример, би било прифатливо ако пресметаниот ДДВ во фактурата би изнесувал најмалку 2/5 од одбиениот данок. Вака добиениот износ се пријавува за оданочување доколку е поголем од оној што би бил пресметан на неотпишаната сметководствена вредност или од оној пресметан на договорената продажна цена, доколку неможете да докажете дека тие одговараат на реална пазарна цена.

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

ПРАШАЊЕ:

Ве молам за појаснување во поглед на примената на член 32-а во случај на изведба на бунар за соодветна локација. Дали во случајот важи примената на член 32-а? Дали во случајот треба да го имаме и договорот на изведувачот со главниот инвеститор? Дали за да важи примената на член 32-а треба да постои ланец главен инвеститор-изведувач и изведувач-подизведувач. Дали може да се примени член 32-а само ако и нашиот нарачател (изведувачот) фактурирал по член 32-а на главниот инвеститор, за изведба на градежни работи на соодветниот локалитет? ОДГОВОР: Бидејќи според точка 5 од О Д Л У К А-та за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник, изградба на комунални објекти за течности и тоа: в) дупчење на бунари за вода, претставува услуга која е опфатена во системот на reverse charge, изведбата на бунарот во Вашиот случај, треба да се фактурира со пренесена даночна обврска според член 32-а од Законот за ДДВ. Дополнителни услови за примена на одредбите од член 32-а, не се поставени во Законот за ДДВ. ПРАШАЊЕ: Нашата фирма врши продажба на градежни матријали и монтажа на истите. За таа намена имаме вработено и монтери кои при вградувањето на градежни матријали, изготвуваат работни налози. За продадениот и вградениот матријал, го одбиваме данокот (ДДВ од 18 %). Дали е тоа во ред ? ОДГОВОР: Набавките на материјалите, без оглед дали само ги продавате или ги вградувате (монтирате) и фактурирате по систем на reverse charge од член 32-а од Законот за

75


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ДДВ (или како секој друг промет оданочив со ДДВ), се со право на одбивка на претходниот данок. ПРАШАЊЕ: Како би се третирале продажбата на земјиштето под објект, како и на гаражите, внатрешните и надворешните паркинг места и дворно место на станбена зграда, во поглед на стапката на ДДВ? ОДГОВОР:

76

Ова прашање во Поглавје 37 на Упатството за примена на Законот за ДДВ на Министерството за финансии („ДДВУ“) е уредено на следниот начин: „Според член 23 точка 1 од ЗДДВ, ослободен од данок без право на одбивка на претходни даноци е прометот со станбени згради и станови во оној дел во кој се користи за станбени цели... Доколку станбените згради и станови се испорачуваат заедно со земјиштето на кое се изградени, даночното ослободување го опфаќа и самото земјиште.“ Наведеното е применливо и во однос на даночен третман на првиот промет на станови со 5% ДДВ, така што земјиштето под изграден објект што се смета за стан или делови од стан, треба да се оданочи со 5% ДДВ. Според Поглавје 5 точка 4 од „ДДВУПО“ (Упатство на Министерството за финансии за приемна на преодните одредби на Законот за данокот на додадена вредност): „Кон станбените згради и станови припаѓаат на пример: 1. дневни соби, спални, кујни и споредни простории од одреден стан; 2. просториите наменети за просторно уредување на станбен објект или стан, како на пример заеднички простории, простории за перење алишта или за готвење, подруми и простории за сушење алишта; или 3. гаражите или паркингот кои се составен дел од станбените згради или станови.”

www.p

Според претходното, на земјиштето под објект, гаражите и паркирните места кои се продават заедно со становите, се применува ист третман како и за станбените единици, односно: ослободување од ДДВ, доколку не станува збор за прва продажба, или повластената стапка на ДДВ доколку станува збор за прв промет на станот (пропишаното важење на повластената стапка 5% е до 31.12.2015 г.), но продажбата на дворно место која не се смета за поврзана со продажбата на становите, следи да се даночи како промет на земјиште со 18% ДДВ. ПРАШАЊЕ: Во возниот парк поседуваме 2 комби возила за сопствени потреби (пренос на стока до нашите продавници). Дали е потребно да извадиме лиценца од Министерство за транспорт и врски за овој превоз и какви се условите за нејзино добивање? Дали е потребно и за возачите да се вади лиценца? ОДГОВОР: Според член 6 од Законот за превоз во патниот сообраќај, при вршењето на превоз во земјата должни сте во возилото да имате: извод од лиценца за превоз на стоки за сопствени потреби и уредно пополнет патен налог. Лиценца не е потребна само за превоз за сопствени потреби кој се врши со возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг вклучувајќи ја и приколката. За добивање на лиценца за превоз на патници и стока за сопствени потреби во внатрешниот сообраќај, потребно е фирмата да ги исполни најмалку следните услови: - д а е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај;

roagens.mk


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- д а има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата; - у правителот или овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност (исто изваден од Министерството за транспорт и врски). ПРАШАЊЕ: Дали провизијата за продадените авиобилети е без ДДВ? ОДГОВОР: Бидејќи во член 24 став 5 од Законот за ДДВ е предвидено ослободување и за посредничките услуги поврзани со ослободените услуги од овој член 24, така и посредувањето поврзано со даночното ослободување за меѓународен превоз на патници во воздушниот сообраќај, а кое се врши во форма на продажба на авиобилети во име и за сметка на лицата кои ги вршат авионските превози, е без ДДВ. Оттука, на остварената провизија од продажба на авиобилети, со повикување на ослободување по член 24 точка 5 од Законот за ДДВ, не се пресметува ДДВ. ПРАШАЊЕ: али поставувањето на банкомат треба Д се фактурира со reverse charge? ОДГОВОР: Банкоматите не се градежни објекти и ништо во врска со нив не може да е во системот на reverse charge, освен ако банкоматот е предвиден како дел од опремување на некоја банка која се гради или реконструира и истиот е вклучен во проектот за градење или реконструирање, како елемент при комплетирање на целокупниот објект.

INFORMATOR 7 I JULI 2014

 

ПРАШАЊЕ:

На e-tax, во новата апликација на ДДВ-04, меѓу другите обврски има и обврска за прикачување на спецификација на ДДВ ф-ри за набавка. Дали ова значи спецификација на добавувачи по член 32-а или пак спецификација на добавувачи по сите останати основи? ОДГОВОР: Станува збор за Прилогот кој се однесува на ДДВ содржан во залихите на стоки затекнати кај даночни обврзници кои за прв пат влегуваат во системот на ДДВ (се регистрираат за ДДВ). Новорегистрираниот даночен обврзник е должен, за добрата на залиха наменети за натамошна продажба, за кои сака да изврши одбивка на претходниот данок во системот на ДДВ, да изврши попис на залихите за натамошна продажба, а потоа податоците (за испорачателот, износите по фактури, износот на ДДВ во залихите и датумот на извршеното плаќање на фактурите) треба да се внесат во делот на образецот наречен „ДДВ содржан во залихи на добра наменети за нартамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ”. ПРАШАЊЕ: Дали при продажба на отпадно масло од масла за јадење, кое купувачот го филтрира и извезува во Австрија, треба да се примени член 32-а од Законот за ДДВ или тој член се однесува само на цврстиот отпад? ОДГОВОР: Отпадното масло не е вклучено во Одлуката на Владата (за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник) и за него се пресметува ДДВ (18%) при продажбата.

77


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ПРАШАЊЕ: Изведуваме санација на брана така што нашата услуга е поставување на подземна мембрана за да не пропушта вода и да не истекува вода од браната. Ние како изведувачи имаме и подизведувачи од кои користиме цемент, готов бетон и др. Дали влезните фактури кои ги примаме треба да бидат со искажано ДДВ или ние треба да го пресметаме и одбиеме? ОДГОВОР: Во случајов кој го опишувате, Вашите добавувачи не се подизведувачи туку само добавувачи за градежен материјал (цемент, готов бетон и сл.) кои треба да фактурираат кон Вас со ДДВ - 18%.

78

Само доколку доставувачите на бетон истиот го сипаат во рамки на градежна услуга (активности) од точката 2 на Одлуката на Владата (Одлука за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник) која гласи „2. Изградба на патишта и автопати и тоа: а) изградба на автопати, улици, патишта, велосипедски и пешачки патеки;

’и наведуваат во описот дека вршат некоја од цитираните услуги, тогаш истите би требало да извршат пренесување на даночна обврска по член 32-а, без да Ве задолжат со ДДВ во фактурата. ПРАШАЊЕ: Би сакале да знаеме дали двете подолу дадени групи на услуги треба да ги фактурираме според член 32-а од Законот за ДДВ- менување на брава и поставување на нова и - м олерофарбарски услуги (стругање, глетување и боење со поликолор)? ОДГОВОР: Во првиот случај нема градежна услуга така што треба да фактурирате со ДДВ, а во вториот случај треба да примените пренесување на даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ, со оглед дека според Одлуката за определување нa добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна нa друг даночен обврзник, точка 16 - Поставување на подни и ѕидни облоги, како и по точка 17 - Бојадисување и застаклување, се со reverse charge.

б) изградба на коловозна конструкција на улици, патишта, надвозници...”

02/ 3162-979 i 3298-763

Повластена можност за Полугодишна претплата на Проагенсовите изданија за 2014 г. Почитувани,

С

татусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. На колегите кои не се стекнале со ваков статус им даваме повластена можност да станат наши претплатници преку Полугодишна претплата. Во пакетот „Полугодишната претплата", покрај списанијата „Информатор" за 6 месеци (до крајот на 2014 година), вклучуваме плус: - Информатор бр. 6-12 (јуни-декември 2014) - Инфо-регистар (ажуриран за цела 2014) - 24/7 повластен пристап до скриениот дел на www.proagens.mk - б рзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку ЕДНА Ваша службена е-маил адреса - непосредни консултации од помал обем преку телефон и службено електронско сандаче - попусти на советувања и обуки - попусти на прирачници и посебни изданија и - д ва прирачника како ПОДАРОК - Прирачник за персоналниот данок на доход (издание од 2013 година) и Прирачник за ДДВ (издание од 2013 година). Цената на полугодишната претплата изнесува 8.500 денари (со вклучено ДДВ кое имате право да го одбиете)! Поштенските трошоци се на наша сметка.

www.p

roagens.mk


СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА

 

ОД 2015 ГОДИНА - ВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ ПРАВИЛА ВО ОДНОС НА ПРЕСМЕТКАТА НА ДНЕВНИЦИТЕ (ВО ПОВИСОК ИЗНОС) ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 90 од 11 јуни 2014 година е објавена измената на Уредбата за издатоците за службе-ни патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци („Службен весник на РМ“, бр. 50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 5/13 и 1/14), која влезе во сила на 11.6.2014 година (со денот на об-јавувањето), но со одложена примена од 1.1.2015 година. Всушност, со оваа измена на Уредбата, се враќаат старите правила во однос на пресметката на дневниците за службените патувања во странство, во повисок износ, кои важеа до 21.06.2010 година, односно до измената на уредбата објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 82/10, кога членовите 10, 15 и 16 беа променети во насока на намалување на дневниците за службени патувања во странство, како и на нивно укинување во одредени случаи, со важност до 31.12.2011 година. Овој ограничен период на примена на вака изменетите одредби се пролонгираше три пати преку измена на Уредбата за изменување на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци („Службен весник на РМ“, бр. 82/10). Прво, со „Службен весник на РМ“, бр. 12/12 од 26.1.2012 година, при што се одложи примената на одредбите што пропишуваат намалување / укинување на дневниците до 31.12.2012 година, по-тоа со „Службен весник на РМ“, бр. 5/13 од 10.1.2013 година, при што се одложи примената на одредбите што пропишуваат намалување / укинување на дневниците до 31.12.2013 година и најпосле со „Службен весник на РМ“, бр. 1/14 од 3.1.2014 година кога по трет пат се одложи примената на

INFORMATOR 7 I JULI 2014

одредбите што пропишуваат намалување / укинување на дневниците до 31.12.2014 година.

ПРЕСМЕТКА НА ПОВИСОКИ ДНЕВНИЦИ ОД 01.01.2015 ГОДИНА Со измена на членот 10 на Уредбата, која ќе се применува од 01.01.2015 година, дневниците повторно ќе се пресметуваат во повисок износ, на стариот начин кој важеше до 21.06.2010 година, односно: - 50% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата (35% до 31.12.2014 г.), - 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат на товар на органот на управата (не се исплатува дневница до 31.12.2014 г.), - 5% од утврдената дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа (не се исплатува дневница до 31.12.2014 г.). Напомена:

Ослободен од оданочување со персонален данок согласно со членот 6 на Законот за персонален данок („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14) и даночно признат расход согласно со членот 11 на

79


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14) е надоместокот на трошоци за службени патувања (дневници) на вработени лица во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа - а тоа е пропишаниот износ во горенаведената уредба. Според ова, од 1.1.2015 година, повисоко исплатените износи на дневници за службени патувања во странство, во висина пропишана со уредбата, ќе бидат ослободени од оданочување со персонален данок и ќе се сметаат за даночно признати расходи.

80

ПРЕСМЕТКА НА ПОВИСОКИ ДНЕВНИЦИ ОД 01.01.2015 ГОДИНА ПРИ ПРЕКИН НА ПАТУВАЊЕ СО АВИОН / ПРИ ПАТУВАЊЕ СО БРОД Со измена на членот 15 на Уредбата, која ќе се применува од 01.01.2015 година, дневниците повторно ќе се пресметуваат во повисок износ, на стариот начин кој важеше до 21.06.2010 година, во случај на прекин на патувањето со авион или при патување со брод. Во случај кога заради прекин на патувањето со авион трошоците за исхрана и

 www.p

сместување ги сноси авионската компанија се исплатува 20% од утврдената дневница (не се исплатува дневница до 31.12.2014 г.), односно 50% ако ги сноси само трошоците за сместување (35% до 31.12.2014 г.). Ако во цената на билетот за патување со брод се пресметани и трошоци за исхрана и ноќевање се исплатува 20% од утврдената дневница (не се исплатува дневница до 31.12.2014 г.).

ПРЕСМЕТКА НА ПОВИСОКИ ДНЕВНИЦИ ОД 01.01.2015 ГОДИНА ПРИ ПАТУВАЊЕ СО КОЛА ЗА СПИЕЊЕ Со измена на членот 16 на Уредбата, која ќе се применува од 01.01.2015 година, дневниците повторно ќе се пресметуваат во повисок износ, на стариот начин кој важеше до 21.06.2010 година, при патување со кола за спиење. Издатоците за користење на кола за спиење на службено патување во странство се пресметуваат во износ од 50% од утврдената дневница (35% до 31.12.2014 г.) ако: 1) патувањето трае непрекинато најмалку 24 часа; 2) се патува ноќе од 22 часот до 6 часот; 3) се патува најмалку шест часа ноќе по 20 часот.

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.