ИНФОРМАТОР БР.2 / 2014

Page 1


2014

INFORMATOR

www.proagens.mk

2

fevruari

2014


2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS

Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 18.01.2014 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:

Informacija:

M-r Pavle GACOV

Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.

Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik

Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:

D-r Zoran MINOVSKI

D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


2 S O D R @ I N A: ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 1) ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2013 ГОДИНА - ПРВ ПАТ ДОСТАВА ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА

9

www.proagens.mk

ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ 2) УСВОЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ И НАЈАВА ЗА НОВЕЛИРАЊЕ НА НЕЛОГИЧНОСТИТЕ ВО ПРЕОДНИТЕ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ НА ЗАКОНОТ

34

КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊE 3) НОВА УРЕДБА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

42

РАБОТНИ ОДНОСИ 4) ИЗМЕНА НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

49

ДАНОЧНО ПРАВО 5) ВАЖЕЧКИ ЗАКОНИ СПОРЕД КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ПОСТАПУВА КАКО ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН СО ОБВРСКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ

55

МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ 6) ПРОМЕНИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА ГРЕШКИ (МСС 8 И ОДДЕЛ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ)

61

УГОСТИТЕЛСТВО 7) ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ

74

МОБИНГ 8) ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА МЕРКИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ЗАШТИТАТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

77

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО 9) ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

87

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 10) НЕКОЛКУ ОДГОВОРИ НА ИНТЕРЕСНИ ПРАШАЊА ПОСТАВЕНИ ОД ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ

99


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2013 ГОДИНА - ПРВ ПАТ ДОСТАВА ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА Скратување на рокот за доставување на Годишните извештаи и воведување на електронската форма на достава како ЗАДОЛЖИТЕЛНА

М-р Павле ГАЦОВ *

С

о последните измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход (објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13, во сила од 01 јануари 2014 година), извршено е скратување на рокот за:

а) доставување на Годишните извештаи за персоналниот данок на доход,

• П ДД-ГИ

Годишен извештај за исплатените риходи во 2013 година п

• П ДД-ГИ/ОЗП Г одишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи во 2013 година • П ДД-ГИ/ЗП

Г одишен извештај на организатор на зелен пазар за корисниците на продажни места на зелените пазари з а 2013 година

Напомена:

Во оваа група на извештаи влегува и Годишниот извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад, којшто за прв пат ќе се достави до УЈП во 2015 година за исплатените оданочиви приходи во 2014 година.  Рокот за доставување на Годишните извештаи на персоналниот данок на доход за 2013 година е скратен на 31 јануари 2014 година (претходно 15 февруари).

* Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“

p_gacov@proagens.com.mk

Освен скратувањето на рокот со споменатата измена на ЗПДД, со последната измена и дополнување на Законот за даночната постапка - член 53, став 13 („Службен весник на РМ“, бр. 187/13), извршена е и промена на формата за доставување на овие Годишни извештаи. Наместо во хартиена форма, сите Извештаите за персоналниот данок на доход за 2013 година се поднесуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО во ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА, преку системот е-даноци на УЈП: https://etax-fl.ujp.gov.mk. Напоменуваме дека задолжителната електронска форма на доставување се однесува и на Годишниот даночен биланс Образец ПДД-ДБ.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

9


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

б) издавање на Годишната Збирна пресмет-

ка (Збирен податок) за исплатената аконтација на данокот на доход и платените придонеси за 2013 година. Рокот за издавање на Збирната пресметка за 2013 година е скратен за цел месец - на 15 јануари 2014 година (претходно 15 февруари).

ДВА други слични Годишни извештаи со иста содржина кои се издаваат согласно со други прописи и во други рокови 1) Закон за работните односи - член 110 став 2; Рок 31 јануари Г одишен Извештај со речиси идентична содржина е пропишан со членот 110 став 2 од Законот за работните односи, според кој:

10

„Работодавачот е должен да му издаде на работникот при секое исплаќање на платата како и до 31 јануари на новата календарска година писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период, односно за изминатата година од кои, исто така, се гледаат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.“

2) Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување - член 22 став 1; Рок 15 февруари „(1) Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите - работодавач за своите вработени и самовработено лице за своите вработени, согласно со прописите од областа на работните односи е должен да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на обврзникот за плаќање на придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај по исте-

www.p

кот на годината најдоцна до 15 февруари наредната година. (2) Обврзникот за плаќање на придонеси ја известува Управата за јавни приходи, доколку обврзникот за пресметка и уплата на придонесите постапи спротивно на ставот (1) на овој член.“ (15/13, во сила од 02.02.2013) ВАЖНО: Со член 28 од истиот Закон, пропишана е глоба во износ од 1.500 до 1.700 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку постапи спротивно на членот 22 став (1) од Законот за придонеси. Ваква несинхронизираност на роковите за издавање на овие ТРИ Збирни Годишни извештаи (пресметки) за вработените (пред се) со кои секој поединец се известува за исплатените приходи (вклучувајќи ја и платата и надоместоците на плата), платените аконтации на данок на доход и придонесите од плата - во три посебни прописи: - Законот за персоналниот данок на доход (15 јануари), - Законот за работни односи (31 јануари) и - Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (15 февруари), веројатно може да се премости со повикување на сите три прописи во рамките на еден единствен збирен Годишен извештај за секој поединец (физичко лице) кој ќе ги содржи сите барани информации и кој ќе биде издаден најдоцна до 15 јануари (како прв рок пропишан во еден од овие три закони - најкраткиот рок го пропишува Законот за персоналниот данок на доход). Сепак се чини дека полесниот пат е да се изврши синхронизација на овие рокови и да се пропише единствена форма на Збирниот извештај од страна на законодавецот со соодветна координација на законските решанија.

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

ВАЖНО: Потсетуваме дека рокот за поднесување на Годишната даночна пријава - ПДД-ГДП останува непроменет - 15 март 2014 (за 2013 година), и истата и понатаму се поднесува во хартиена форма (сепак постои можност и за електронска достава).

I. ГОДИШEН ИЗВЕШТАJ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2013 ГОДИНА - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА ОБРАЗЕЦОТ „ПДД-ГИ“ Составувањето на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход за 2013 година ќе се изврши на образецот ПДД-ГИ кој се доставува единствено во електронска форма. Законот за даночна постапка со кој е воведена ваквата задолжителна форма на достава до УЈП, не предвидува поинаква форма на доставување на овој извештај. ВАЖНО: Даночните обврзници (правни и физички лица) кои во текот на 2013 година немаат извршено никакви исплати на физички лица (граѓани) кои се оданочиви со персонален данок на доход немаат обврска да достават до УЈП - Годишен извештајобразец ПДД-ГИ. Оваа не се однесува на субјектите што исплатувале плати. Веројатно поради ригидноста на законодавецот и барањето Годишниот извештај да се доставува само во електронска форма, што подразбира трошоци за набавка и активирање на електронски потпис (ТОКЕН), УЈП попушти во барањето за задолжителна достава на образецот ПДД-ГИ и во ситуациите кога даночните обврзници (правни и физички лица) не извршиле никакви оданочиви исплати во корист на физички лица (не исплатиле дури ни плати, зашто немаат вработени лица). Ваквиот став е потврден со одговор на прашање преку info@ujp.gov. mk. Согласно со ваквиот став, даночните об-

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

врзници (правни и физички лица) кои не извршиле никакви оданочиви исплати во корист на физички лица НЕМААТ обврска да достават Годишен извештај - ПДД-ГИ. Годишниот извештај - образец ПДД-ГИ е пропишан согласно со Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка (“Службен весник на РМ”, бр. 03/07, 28/07, 03/08, 09/09, 16/09 и 15/10), кое мора да претрпи измени во насока на усогласување со обврската за задолжителна електронска достава на извештајот. Освен ова, потребно е да се усогласи и рокот за достава кој во Упатството остана да биде 15 февруари (член 29 став 1 од Упатството). Цитат од членот 29 став 1 од Упатството: „Годишниот извештај за бруто остварените приходи, се поднесува до органот за јавни приходи, најдоцна до 15 февруари наредната година.“ И овој пат Ви обрнуваме внимание на неколку мерки на претпазливост кои мора да се применуваат во рамките на процесот на составување на образецот ПДД-ГИ.

Мерки на претпазливост при составувањето на Образецот ПДД-ГИ 1. Од 1 јануари 2009 година, за прв пат беше воведено правилото, пресметката на платите од претходна година што се исплатуваат во тековната година, да се врши со примена на стапката и личното ослободување што важеле за претходната година. Аналогно на претходното и пресметката на платите за тековната година што ќе се исплатуваат во наредната година се врши со примена на стапката и личното ослободување што важат за тековната година. За илустрација: за 2013 година, месечното лично ослободување изнесува 7.269 денари (за 2012 година: 7.470 денари), а збирната стапка на придонесите од плата изнесува 27%. Стапката пак на персоналниот данок на доход од 2008 година наваму е непроменета и изнесува 10%. Ако плата која се однесува на 2012, се ис-

11


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Досега заради применетиот софтвер на УЈП, граѓаните кои во текот на годината примиле повеќе од 12 плати не беа во можност во Годишната даночна пријава да ги искористат сите аконтативни лични ослободувања. Ослободувањето беше лимитирано до износот на годишното лично ослободување (еднакво на 12 месечни износи). Иако Законот и досега не беше лимитирачки во врска со ова (праксата беше проблем), сепак со новото решение се прецизира дека при пресметување на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното лично ослободување при аконтативното пресметување на персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија.

платува во 2013 година, се применува месечното лично ослободување за 2012 година, износот од 7.470 денари. Софтверот за пресметување и исплатување на бруто платата преку електронскиот систем за интегрирана наплата (МПИН), ја овозможува примената на ваквото логично решение.

Напомена:

Напоменуваме дека при составување на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход - образец ПДД-ГИ за 2013 година, во предвид се земаат само оние плати кои се исплатени во рамките на календарската година - период: 01.01-31.12.2013 година. Во праксата може да се јават случаи кога наместо 12 се исплатуваат 13 плати во рамките на календарската година.

12

Со ваквото ново решение ќе се избегнат доплатите на данок поради аконтативно искористени 13 (и повеќе) лични ослободувања во текот на една година. Се разбира помалку искористените аконтативни лични ослободувања исто така ќе се искажат во висина на искористениот помал износ.

Со последната измена на Законот за персоналниот данок на доход - 187/13 (член 11 став 3) е утврдено дека при пресметувањето на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното право на лично ослободување при аконтативното пресметување на персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија.

Пример:

За известувачката година, лицето Стојан Трајков примило 13 плати и регрес за годишен одмор, за што примило Годишен Збирен податок од исплатувачот, од кој ја составило својата Годишна даночна пријава на следниот начин:

Бруто износ на приход

Вк. износ на одбитоци

Платени аконтации

1. Плата

390.000

105.300

19.020

2. Регрес

20.000

2.000

скористено даночно ослободување И при аконтативно оданочување

94.497

Вкупно:

410.000

199.797

21.020

Иако лицето искористило 13 аконтативни лични ослободувања (7.269 х 13 = 94.497) за известувачката година, УЈП сепак нема да го задолжи со доплата бидејќи поради променетиот режим на составување на образецот ПДД-ГДП, аконтативно искористените лични ослободувања ќе бидат прифатени и во Годишната даночна пријава.

www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

На ваков начин е структуиран и самиот Годишен извештај за персоналниот данок на доход (ПДД-ГИ), според кој во колоната 5 во делот (страна) 3 и (страна) 4 од образецот се внесува збирниот износ на даночното олеснување што е искористено во текот на годината при аконтативното оданочување на наведениот вид на исплата. Годишното лично ослободување се искажува како даночно олеснување (во колоната 5 од образецот ПДД-ГИ). 2. Извештајот ПДД-ГИ треба да биде точно пополнет со наведување на сите исплати извршени само кон физички лица од 01.01. - 31.12. за 2013 година (година за која се известува), односно да ги содржи целосните информации за сите лица по сите видови на исплати. Ова значи дека: - не треба да се даваат податоци за исплати на правни лица; - не треба да се даваат збирни податоци за исплати на приходи на повеќе неидентификувани физички лица (на пример: „сезонски работници“); - не треба да се даваат податоци за исплати на приходи, кои се однесуваат на пример за 2013 година, а се исплатени во 2014 година; - треба да се опфатат сите исплати на приходи, кои се однесуваат за 2012 и други претходни години, а се исплатени во 2013 година. 3. Податоците за секое физичко лице треба да бидат дадени целосно и точно, и тоа: - полно и точно име и презиме, - ЕМБГ (не смее да се обележуваат симболи, да се остава празен простор, да се наведува број на лична карта или пасош или сл., а за ЕДБ на странски физички лица може да се контактира ДГДО, Дирекцијата за големи даночни обврзници), - точните износи (суми) на бруто, нето исплати, персонален данок и даночни ослободувања, - еден даночен обврзник (ЕМБГ) треба да биде наведен само еднаш со податоци

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

  за одредениот вид на приход, односно треба да бидат дадени во една ставка збирни податоци за сите исплати кои се однесуваат на ист вид на приход, а не смее да се наведуваат пооделно сите исплати за едно лице, кои се однесуваат за еден вид на приход.

4. Извештајот ПДД-ГИ треба да содржи математички точни податоци, и тоа: - точни збирови во хоризонтала (по лице или по видови на приходи во сумарниот извештај), - точни збирови во вертикала, односно да нема разлики меѓу збировите во поединечниот извештај (за сите лица) и податоците од сумарниот извештај. 5. Извештајот ПДД-ГИ треба да се поднесе исклучиво на образецот во електронска форма (преку e-tax системот наУЈП): 1. С о On-line внесување на податоците преку соодветни форми за внес во системот за е-Даноци. Ваквиот начин на поднесување и подготовка на податоците (без подготовка и прикачување на прилози) се препорачува за даночните обврзници кои имаат мал број на вработени. 2. С о прикачување на прилози кон електронската пријава во .TXT формат и со содржина дадени во соодветните Упатства за електронска подготовка на Годишните извештаи. Напомена: Доколку се прикачат друг тип на прилози, извештаите ќе бидат одбиени како невалидни. 3. С о импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .XML формат кој е објавен на системот за е-Даноци. На даночните обврзници кои имаат голем број на вработени или исплати им се препорачува поднесување со прикачување на прилози (2) или со импортирање на претходно подготвени податоци (3). При доставувањето на Годишните извештаи до УЈП преку системот е-Даноци, истите електронски се потпишуваат.

13


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

6. Мора да се запази законскиот рок за поднесување на Извештајот ПДД-ГИ - 31ви јануари тековната за претходната година.

донеси, има обврска за приходите за кои е пресметан данок по одбивка:

а) да изготви Годишен Збирен податок за

секој обврзник - физичко лице/граѓанин (вработен или надворешно лице) за вкупно платените аконтации на данокот и придонесите (придонесите биле плаќани само за лицата што примале плата/надомест на плата), за целата календарска година - по истекот на годината.

7. Во Извештајот треба да бидат наведени и податоците од сите деловни единици, филијали и подружници на даночниот обврзник - Исплатувач.

Вовед

Согласно со членот 77 од Законот за персоналниот данок на доход, исплатувачот на приходи - правно и физичко лице што води деловни книги, покрај обврската при секоја исплата на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за платената аконтација на данокот на доход и платените при-

З бирен податок му се дава на секое физичко лице/граѓанин за износот на исплатените приходи во текот на годината (лични примања, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, други приходи, ...).

Пример на Збирен Податок за 2013 година (за редот 3.1. од ПДД-ГИ)

14

За ХХХХ година, лицето Тошо Петров со ЕМБГ: 1609956458096 и живеалиште на ул. “Перо Наков” 13 Скопје, оствари приходи од ТД “Трговија” - Скопје, како што е дадено во следниот, Збирен (годишен) податок за 2013 година: бр. 178 / 2013 / 14 ата Д на исплата

Вид

руто износ Б (Даночна основа)

ПДД

14.01.2013

закупн.

13.654

1.024 /

12.630

18.01.2013

автор.

16.157

808 /

15.349

28.01.2013

јубилеј. 22.878

2.288 /

20.590

31.12.2013

плата

480.000

26.317 129.600

324.083

…………..

...…….. . …....….

……...... ..………

..………

Вкупно за 2013 г.

532.689

_____________, 2014 г.

Придонеси

30.437 Потпис на примачот __________________

129.600

Нето износ

372.652 Исплатувач __________

Рок за давање на Збирниот податок на секое физичко лице што остварило приходи кај Исплатувачот е 15 јануари (2014 година), за претходната година (2013 година).

б) Покрај Збирниот податок, Исплатувачот - правно и физичко лице што води деловни

книги, има обврска да поднесе Годишен Извештај за бруто остварените приходи на обврзникот, за платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската година.

Годишниот извештај на Образецот ПДД-ГИ со податоци за исплати остварени во период од 01.01 до 31.12 претходната (2013) година, се поднесува до органот за јавни приходи во електронска форма преку режимот e-tax. www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

Рокот за поднесување на овој Извештај е скратен на 31 јануари 2014 година, за претходната (2013) година.

на приходи (образец ПДД-ГИ), при исплатата мора секогаш да се регистрира даночниот број, односно ЕМБГ на обврзникот што ги остварува приходите (на Примерокот од пресметката).

Во функција на лесно и ефикасно составување на Годишниот извештај на исплатувачот

Пример на Пресметка на надомест за извршена услуга (за редот 3.8. од ПДД-ГИ) Лице на кое му се исплатува надоместот: Тошо Петров

ЕМБГ: 1609956458096

Адреса: ул. “Перо Наков” 13 Скопје

Пресметка: бр. ______

Бруто износ (Даночна основа)

ПДД

Придонеси

Нето износ

13.523

/

12.171

Потпис на примачот ___________________

1.352

Скопје, 14.04.ХХХХ г.

сплатувач И __________

в) Покрај Збирниот податок, Исплатувачот - правно или физичко лице што води деловни

книги, во текот на годината, при секоја поединечна исплата (согласно членот 77, став 1 од ЗПДД), има обврска на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и платените придонеси (пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и вработување - за обврзникот што прима плата/надомест на плата). Плати. Работодавачот - обврзник за пресметка и уплата на персонален данок и придонеси од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој обврзник и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставува до органот за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образецот МПИН.

1. П РИХОДИ ШТО СЕ ОДАНОЧУВААТ Персонален данок на доход се плаќа на следниве видови приходи, остварени во пари, бонови, парични потврди, хартии од вредност, во натура (стоки) или во некој друг вид кој има парична вредност, како во земјата така и во странство, и тоа: 1) лични примања, 2) приходи од самостојна дејност, 3) приходи од имот и имотни права, 4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, 5) приходи од капитал, 6) капитални добивки, 7) добивки од игри на среќа и други наградни игри и 8) други приходи.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

15


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

апоменуваме дека од 2014 година Н согласно со измената на Законот за персоналниот данок на доход (187/13) од точката 7 е исклучена категоријата „и други наградни игри“.

гласно со Законот за волонтерството. Плаќањето на овој придонес е поврзано со претходно поднесување на електронската апликација МПИН преку: celaplata@ujp. gov.mk. Поднесувањето на МПИН-от и плаќањето на придонесот е обврска на образовната институција (член 13, точка 9 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

2. П РИХОДИ ШТО НЕ СЕ ОДАНОЧУВААТ Согласно членот 6 од Законот за персоналниот данок на доход, данок на доход за 2013 година не се плаќаше на примањата по основа на: 1) награди што ги доделува Организацијата на обединетите нации и меѓународните организации;

3-б) н агради на ученици и студенти освоени на натпревари во рамките на образовниот систем;

16

3-а) н агради на ученици и студенти за време на задолжителна практична работа и обука до 4.000 денари месечно;

4) награди на спортисти за постигнати резултати на официјални меѓународни натпревари; 5) стипендии за спортисти;

Појаснување:

есечните исплати од страна на клубоМ вите на име премии, патни и дневни трошоци, исплати на име кирии и останати трошоци за сместување на спортистите (не се работи за стипендии), потоа исплати на делегати, судии, клубски лекар, физеотерапевт и сл., подлежат на оданочување со персонален данок на доход (како поединечно остварен приход врз основа на договор за привремено/ повремено вршење на услуги). (За професионалните спортисти важат правилата за вработените лица.)

огласно со членот 31 од Законот за спорС тот („Службен весник на РМ“, бр. 29/02, ... и 187/13), спортските активности се извршуваат професионално и аматерски. Спортистот кој спортските активности ги врши професионално, сите права и обврски од работен однос ги остварува при спортски клуб - работодавач, на начин утврден со закон и колективен договор.

Појаснување: Се работи за поединечен износ на месечно ниво, остварен во рамките на образовниот систем како задолжителната практична работа за ученици и студенти уредена согласно со годишните програми и планови на образовните институции. Согласно со член 8 на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на РМ”, бр. 142/08 ... и 170/13), за ученик и студент за време на практична работа се плаќа придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест, со примена на стапката 4% на основица 50% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката објавена во јануари во тековната година. Овој придонес, согласно со член 9 на истиот закон, се плаќа и за волонтери ангажирани соwww.p

Овие награди произлегуваат од посебен ангажман/успех на натпревари организирани во рамките на образовните институции.

2) награди за животни достигнувања во науката, културата и спортот; 3) стипендии и кредити на ученици и студенти што ги доделуваат органите на државната управа и фондации во согласност со закон;

Напомена:

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

огласно со членот 32 од истиот закон, на С спортистите кои спортската активност ја вршат аматерски, може да им се обезбеди бесплатно користење на објекти, опрема и реквизити, да им се исплаќа надомест за изгубена плата, патни и дневни трошоци за време на спортски тренинг и натпреварите, како и да им се создаваат други потребни услови за постигнување врвни спортски резултати.

то на вработени лица, во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа; 6-а) н адоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно;

а спортистите кои спортската активност Н ја вршат аматерски, спортскиот клуб може да им обезбеди хранарина до висина на просечна месечна плата што се остварува на ниво на Републиката. портистите-аматери, исто така можат С да примаат парични и други награди за остварени спортски резултати, односно за вршење на спортска активност, под услови кои се утврдуваат со акт на клубот. сплатите од страна на спортскиот клуб И на име парични и други награди, патни и дневни трошоци, трошоци за сместување и останати трошоци, на спортисти кои спортската активност ја вршат аматерски, подлежат на оданочување со персонален данок на доход (како поединечно остварен приход врз основа на договор за привремено/повремено вршење на услуги, односно договор на дело). исплатите на надоместоци за делегати, И судии, комесари, клубски лекар, ангажирани тренери (волонтери) и сл., исто така подлежат на оданочување со персонален данок на доход (како поединечно остварен приход врз основа на договор за привремено / повремено вршење на услуги). 5-а) н адоместок на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјални првенства и други меѓународни натпревари;

6) надоместок на трошоците за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејство-

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

7-б) н адоместок на лицата волонтери согласно со Законот за волонтерството;

Појаснување:

адоместокот на трошоци за храна и троН шоците за превоз до и од местото на волонтирањето се утврдува најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во РМ исплатена за претходната година (за 2013 година: 4.600 денари = 15% х 30.669 денари). Трошоци за службени патувања трошоците за обука во иста висина како и за вработените кај организаторот на волонтерската работа.

8) надоместок за инвалидност, плата и пензија на инвалидно лице; 9) детски додаток; 10) други социјални додатоци за деца, утврдени со закон; 11) паричен надоместок за време на невработеност, утврден со закон; 12) помош во случај на смрт на вработениот и на член на семејството, до пропишаниот износ; 13) помош за претрпени штети од елементани непогоди, до најнискиот износ утврден со општиот колективен договор на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа;

17


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

14) надоместок по основа на здравствено осигурување, освен надоместок на плата; 15) помошти за социјална заштита; 16) надоместок за телесно оштетување; 17) надоместок на штета по основа на осигурување на живот и имотни осигурувања, доколку трошоците за осигурувањето се на товар на осигуреникот; 18) камати по јавни заеми; 19) камати по обврзници издадени од Република Македонија и единиците на локалната самоуправа; 20) камати на штедни влогови, тековни сметки и депозити по видување; 21) алиментации и надоместоци на штета по судска одлука и надоместок на штета како последица на несреќа при работа;

18

21-а) приходи од продажба на корисен цврст отпад, остварен од страна на физичко лице; Напомена:

Од 2014 година приходот од продажба на корисен цврст отпад ќе биде предмет на оданочување. 21-б) приходи од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, остварени од физичко лице; 22) отпремнина која се дава при заминување во пензија во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци; 23) еднократен надоместок во вид на испратнина, заради трајно работно ангажирање на работниците, под услови и начин утврдени со закон; 24) примени донации во согласност со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности; и 25) плати на вработените лица кај обврзникот кој е корисник на технолошка индустриска развојна зона, за период од десет години од започнувањето на вршењето на дејwww.p

носта во зоната, односно од првиот месец во кој корисникот ќе изврши исплата на плата, без разлика на бројот на вработените лица кај корисникот, под услови и постапка утврдени со Законот за технолошки индустриски развојни зони.

3. Л ИЧНИ ПРИМАЊА (НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС) Ш ТО НЕ СЕ ОДАНОЧУВААТ СО ДАНОК НА ДОХОД Не се предмет на оданочување со персонален данок на доход оние лични примања (надоместоци на трошоци од работен однос) што се исплатуваат на лица вработени кај исплатувачот, до износ лимитиран согласно членот 6 на ЗПДД (наведени во претходниот поднаслов од овој текст). Напомена:

Исплатата на повисоки износи од пропишаните во член 6 на ЗПДД, на вработените лица, се предмет на оданочување со персонален данок како „Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси“ (поле 3.2. во “ПДД-ГИ”). Почитувајќи ги претходните услови, не се оданочуваат следните примања (надоместоци на трошоци од работен однос) остварени во 2013 година: - надоместок на трошоци за службени патувања Потребни услови (документи) и начин на утврдување на даночно ослободениот износ Не се оданочуваат документирано докажани и фактички направени патни трошоци, потврдени со налог за патување и прилог на патарини за оние правци кон кои се поставени наплатни рампи, како и дневници за службено патување во земјата во висина на 8% од просечната месечна плата во РМ исплатена во претходните три месеци.

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

За вработените во јавниот сектор (буџетски/фондовски корисници) не се признава дневница за патување во земјата согласно со Законот за извршување на буџетот за 2013-та година. Во 2010 година, според член 13 од Законот за извршување на Буџетот за 2010 година („Службен весник на РМ“, број 156/09), висината на дневницата за службено патување во Републиката без трошоци за ноќевање, за лица вработени кај (единки) корисници на буџетски средства, беше намалена (од претходните 800 денари до 2009 година), на 500 денари, но со измена на Законот за извршување на Буџетот за 2010 година („Службен весник на РМ“, број 95/10), во примена од 16.7.2010 година, членот 13 беше избришан, а со тоа се елиминираше и правото на дневници за службен пат во земјата. За патувања во странство, дневниците не се оданочуваат до висината утврдена според Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на држав-ната управа им се признаваат во тековни трошоци („Службен весник на РМ“, бр. 50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 5/13 и 1/14) и Решението за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци („Службен весник на РМ“, бр. 50/00, 74/02 и 49/04). Во „Службен весник на РМ“, бр. 82 од 21 јуни 2010 година беше објавена измена на горенаведената Уредба, која влезе во сила од 21.06.2010 година, но со примена во ограничен временски период - до крајот на 2011 година. Измената на членовите 10, 15 и 16 од Уредбата се однесуваше на намалување на дневниците за службени патувања во странство, како и на нивно укинување во одредени случаи, со важност до 31.12.2011 година. Потоа, во „Службен весник на РМ“, бр. 12/12 од 26. 01.2012

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

година повторно е објавена измена на Уредбата, со која се пролонгираше рокот на важење на изменетите членови 10, 15 и 16, односно рокот на примена на намалените / укинатите дневници за службени патувања во странство до 31.12.2012 година, истото е направено и со објавата во „Службен весник на РМ“, бр. 5/13 од 10. 01.2013 година, со која рокот на примена на намалените / укинатите дневници за службени патувања во странство се пролонгираше до 31.12. 2013 година, а во „Службен весник на РМ“, бр. 1/14 од 03.01.2014 година е објавена последната измена на Уредбата со која рокот на примена на намалените / укинатите дневници за службени патувања во странство се пролонгираше до 31.12.2014 година.. огласно со изменетиот член 10 на УредбаС та (со важност за цела 2013 година), износот на дневница се исплатува на следниот начин: - 35% (претходно до 20.06.2010 г. 50%) од пропишаната дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата, - а ко издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управување не се исплатува дневница (претходно до 20.06. 2010 г. - 20% од пропишаната дневница), и - а ко издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена не се исплатува дневница (претходно до 20. 6.2010 г. - 5% од пропишаната дневница). Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална или билатерална основа.

kontakt@proagens.com.mk

19


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

отсетуваме дека оваа Уредба се ПРИМЕП НУВА ЗА СИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, со оглед на тоа што Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, кој е задолжителен за сите припадници на приватниот сектор, уредува дека нејзината примена се однесува и на овие субјекти, кога се работи за службени патувања во странство.

Исплатата на дневници на лица кои не се во работен однос кај Исплатувачот, има третман на поединечно остварен приход од повремено и привремено вршење на услуги. При пресметката на персоналниот данок за овие лични примања се применува стапката од 10% на бруто износот или 11,1111% на нето износот.

- трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот

20

П отребни услови (документи) и начин на утврдување на даночно ослободениот износ

Не се оданочуваат документирано докажаните и фактички направените трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот (потврдени со интерна Одлука и Налог за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот, во кој е содржана и прес-

www.p

метка на патувањето (локал или надвор од населеното место), вклучувајќи и прилог на патарини за оние правци кон кои се поставени наплатни рампи), пресметани во износ од 30% од цената на литар употребено гориво по поминат километар, но најмногу до 3.500 денари месечно по работник (над овој износ, исплатите се предмет на оданочување со персонален данок со примена на стапката од 11,1111%). Напоменуваме дека ЗРО, истиот овој надомест го дефинира како “надомест на трошоци за користење на приватен автомобил за службени патувања”.

!

Важно:

аботниците што примиле по овој (или по Р било кој друг) основ, оданочив износ на надомест на трошоците од работен однос (над 3.500 денари месечно по работник), ги исполниле условите за задолжително доставување на Годишна даночна пријава за 2013 година (образец ПДД-ГДП) до УЈП. Имено, покрај платата, во ваков случај работникот остварил и приход по основ на (3.2) Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси. Ова се однесува и за примањата по основ на регрес за годишен одмор, јубилејна награда, новогодишен надомест и слични оданочиви примања.

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

Пример на Одлука за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот Врз основа на член 113 став 1 точка 3 од Законот за работните односи, член 35, став 1 алинеја 6 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството (односно член 21 став 1 алинеја 7 од ОКД за јавниот сектор) и член __ од колективниот договор (на ниво на гранка или на ниво на работодавач), а во согласност со Договорот за вработување, работодавачот (управител на ДОО, управен одбор на АД, или друг овластен орган во друштвото) ја донесе следната ОДЛУКА за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот Патничкиот автомобил марка (тип) CITROEN C 4 со регистарски таблички SK: 9274-AB, во сопственост на работникот Тошо Петров, вработен на работното место ____, на чие име гласи сообраќајната дозвола на возилото број ТО 148169, повремено ќе се користи за потребите на работодавачот (службени цели). Надоместувањето на трошоците за користење на патничкиот автомобил за потребите на работодавачот ќе се врши во висина на 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот (ЕВРОДИЗЕЛ) за секој изминат километар, со патен налот. На вака пресметаниот нето надомест на трошоците, се пресметуваат евентуалните даночни обврски согласно со закон. Поединечен налог за службено патување со возилото ќе издава одговорно лице кај работодавачот. Работникот има обврска да поднесе потпишан патен налог со соодветно образложение во рок од 48 часа од завршувањето на службеното патување. Образложение Предметниот патнички автомобил на работникот Тошо Петров по потреба ќе се користи за вршење на службено патување за потребите на работодавачот, во рамките на неговата стопанска дејност. На работникот му се надоместуваат трошоците направени за користење на патничкиот автомобил за потребите на работодавачот. Овој надомест ги покрива трошоците за гориво и тнр. експлоатациони трошоци на автомобилот - амортизација, поправки и сл. Сите овие трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за годишна регистрација на автомобилот паѓаат на товар на работникот - сопственик на автомобилот и истите посебно не се надоместуваат. Посебните (зависните) трошоци на службеното патување (со налог), за кои постои фактички доказ (патарини, надомести за траекти, премини на граници, еколошки такси и сл.) паѓаат на товар на работодавачот. Правна поука: Против одлуката работникот има право на приговор до ______________ (второстепен орган во друштвото), во рок од 8 дена од врачувањето на Одлуката. Приговорот го одлага извршувањето на Одлуката.

Во __________, на ______ година

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

Овластено лице ______________

21


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Објаснување: При патувањето со сопствен автомобил за потребите на работодавачот, покрај трошоците за бензин, често пати настануваат и други пропратни трошоци кои ги зголемуваат вкупните трошоци на службеното патување. Најчесто станува збор за трошоците за патарини кои се плаќаат при секое поминување на наплатна рампа. Алтернатива за непојавување на ваквите трошоци би можело да биде возењето по заобиколни патишта на кои не се поставени патарини, што во наши услови е главно неможно и економски неоправдано.

22

Покривањето на овие пратечки трошоци на службеното патување не претставуваат приход за физичкото лице што ги наплатува, бидејќи со оствареното примање работникот всушност ги покрива фактички (документирано) настанатите трошоци, кои претходно ги платил (редоследот може да биде и обратен: работникот да подигнал паричен аванс за службено пативање - користејќи шифра за исплата 188 и истиот по враќањето од патувањето авансот да го затвори со приложените документи). Покрај, надоместувањето на експлоатационите трошоци за користењето на возилото (30% од цената на литар употребено гориво по поминат километар), потоа пратечките трошоци за патарини, работникот од едно службено патување може да оствари и дневници за службеното патување, издвојувајќи го посебно трошокот за хотелското сместување (и исхрана). Ваквите зависни трошоци се надоместуваат и кога работник ќе биде испратен на службено патување со службен автомобил (во посед на работодавачот), за што може да му се исплатува и соодветна дневница, но исто така ќе му бидат признаени и трошоците за патарини, гаражирање (паркинг), хотелско сместување и сл. Со оглед дека со пропис не е забрането, односно таксативно не е наброено кои од трошоците поврзани со користење на сопствениот автомобил за потребите на работодавачот (се работи за трошоци кои www.p

директно не се поврзани со самото користење на автомобилот, како што се трошоците за гориво, односно трошоците за сервисирање, регистрирање на возилото и сл.). ќе му бидат надоместени на работникот, сметаме дека платените патарини, плаќањето за користењето на тунели, возови, траекти, паркинзи или хотелски гаражи и сл. претставуваат друг трошок на службеното патување (кој не е експлоатационен) и кој треба да му се надомести на вработениот, независно од нормираниот надоместок на трошокот за користење на сопствениот автомобил за потребите на работодавачот. Со надоместувањето на ваквите трошоци, вработениот само ќе ги покрие реално направените издадоци што документирано ќе ги докаже. Бидејќи надоместувањето на овие трошоци не претставува приход за работникот, истите не се предмет на оданочување со персонален данок на доход (не се декларираат во годишниот извештај на исплатувачот, ниту во годишната даночна пријава на даночниот обврзник - физичко лице), нивното настанување е во функција на дејноста на работодавачот (поради што овие трошоци имаат третман на даночно признаени расходи во Даночниот биланс на обврзниците на данокот на добивка / данокот на вкупен приход / данокот од самостојно вршење на дејност). - теренски додаток отребни услови (документи) и начин на П утврдување на даночно ослободениот износ Теренскиот додаток се одобрува и неговата висина се утврдува со Одлука на друштвото - исплатувач. Во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), не се оданочува овој надомест до најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - ОКДПСС (т.е. индиректно со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач), односно за вработените во несто-

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

панството (јавниот сектор), во висина утврдена со прописите за органите на државната управа. Согласно со член 21 став 1 алинеја 5 од ОКД за јавниот сектор на

РМ, работникот има право на теренски додаток во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.).

Пример на Одлука за исплата на теренски додаток Врз основа на член 113 став 1 точка 2 од Законот за работните односи, член 35 став 1 алинеја 3 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанство и член _____ од колективниот договор (на ниво на дејност или на ниво на работодавач), а во согласност со Договорот за вработување, работодавачот (управител на ДОО, управен одбор на АД, или друг овластен орган во друштвото) ја донесе следната ОДЛУКА за упатување на работа на терен и за исплата на теренски додаток Работникот Тошо Петров, вработен на работното место _______ се упатува на работа надвор од седиштето на работодавачот (друштвото) - на терен. На работникот од ставот 1 на оваа Одлука, му се исплатува теренски додаток за работа на терен во висина на фактичките трошоци за сместување и исхрана. Образложение Работникот Тошо Петров, вработен на работното место _______ се упатува на работа надвор од седиштето на работодавачот (друштвото) - на терен, заради извршување на инсталатерски работи, во рамките на дејноста на работодавецот (друштвото), во траење од 15 работни дена, сметано од _________ до _________ година. На работникот му се исплатува теренски додаток за работа на терен во висина на фактичките трошоци за сместување и исхрана, поради тоа што работодавачот нема организирано сместување и исхрана. Правна поука: Против одлуката, работникот има право на приговор до ___________ (второстепен орган во друштвото), во рок од 8 дена од врачувањето на Одлуката. Приговорот го одлага извршувањето на Одлуката. Во __________, на ______ година

- о двоен живот Потребни услови (документи) и начин на утврдување на даночно ослободениот износ Надоместот за одвоен живот од семејството е право кое му припаѓа на работникот кога тој привремено е распореден на работа вон местото во кое постојано живее, односно надвор од седиштето на фирмата. Овој надомест не се оданочува, до најнискиот износ утврден со Општиот INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

Овластено лице ______________ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - ОКДПСС, односно во износ од 60% од просечната месечна нето плата во Републиката исплатена во претходните три месеци, а за вработените во јавниот сектор (буџетски/ фондовски корисници), согласно Законот за извршување на буџетот за 2013-та година, во висина на 30% од просечна месечна нето плата исплатена во РМ во претходните три месеци (за избраните и именувани функционери).

23


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Пример на Одлука за исплата на надомест за одвоен живот Врз основа на член 113 став 1 точка 4 од Законот за работните односи, член 35 став 1 алинеја 4 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанство и член __ од колективниот договор (на ниво на дејност или на ниво на работодавец), а во согласност со Договорот за вработување, работодавачот (управител на ДОО, управен одбор на АД, или друг овластен орган во друштвото) ја донесе следната ОДЛУКА за упатување на работа во ______ (место надвор од постојаното живеалиште, односно надвор од седиштето на работодавачот) и за исплата на надоместок за одвоен живот од семејството Работникот Тошо Петров, вработен на работното место _____ се упатува на работа во Берово, надвор од местото на неговото постојано живеалиште (алтернативно: надвор од седиштето на работодавачот). На работникот од ставот 1 на оваа Одлука му се исплатува надоместок за одвоен живот од семејството во висина од 60% (или во друг повисок износ) од просечната месечна нето плата во Републиката исплатена во последните три месеци. О б р а з л о ж е н и е

24

Работникот Тошо Петров, вработен на работното место _____ се упатува на работа во Берово, надвор од местото на неговото постојано живеалиште (алтернативно: надвор од седиштето на работодавачот), во траење од два месеца, заради извршување на инсталатерски работи, во рамките на дејноста на работодавачот (друштвото). На работникот му се исплатува надоместок за одвоен живот од семејството во висина од 60% (или друг повисок износ) од просечната месечна нето плата во Републиката исплатена во последните три месеци. На работникот не му се исплатува надоместок за одвоен живот, за време на користење на годишен одмор, боледување и неплатено отсуство. Правна поука: Против одлуката работникот има право на приговор до ______________ (второстепен орган во друштвото), во рок од 8 дена од врачувањето на Одлуката. Приговорот го одлага извршувањето на Одлуката. Во __________, на _____ година

- отпремнина за пензија Потребни услови (документи) и начин на утврдување на даночно ослободениот износ За исплата на отпремнина за заминување во пензија потребно е известување од кадровското одделение на друштвото и одлука на управата на друштвото. Не се

www.p

Овластено лице ______________ оданочува со данок на доход отпремнината која се исплатува при заминување во пензија до висината на две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци. Со оглед на тоа што за вработените во јавниот сектор износот на отпремнина е пропишан во друг износ, односно во висина на две про-

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

сечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Македонија во последниот месец, потребно е да се внимава на неоданочивиот лимит при исплатата на отпремнина за пензија кај овие субјекти, заради евентуална обврска за плаќање персонален данок на разликата во износот. - испратнина заради трајно работно ангажирање согласно Законот за работни односи отребни услови (документи) и начин на П утврдување на даночно ослободениот износ За исплата на испратнина заради трајно работно ангажирање согласно со Законот

 

за работни односи - ЗРО потребно е да се испочитуваат критериумите и процедурата од член 13 на ОКДПСС, да се приложи известување од кадровското одделение на друштвото и одлука на управата на друштвото. Ослободувањето од персоналниот данок се однесува само на испратнината утврдена со ЗРО, како што е децидно пропишано во членот 6, точка 23 од Законот за персоналниот данок на доход. Според членот 97 од ЗРО, во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, и тоа:

Полни години поминати во работен однос до пет години од пет до десет години од десет до 15 години од 15 до 20 години од 20 до 25 години над 25 години Под работен однос, согласно со ставот 3 од истиот член на ЗРО, се смета времето поминато во работен однос кај ист работодавач и работниот однос кај претходниот работодавач, на кој поради настаната статусна промена, правен следбеник е последниот работодавач. Основица за пресметка на испратнината е просечната нето плата на работникот во последните шест месеци пред отказот, но истата да не биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот. Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос. - п омош во случај на смрт на работник отребни услови (документи) и начин на П утврдување на даночно ослободениот износ

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

Испратнина во висина од: една нето плата две нето плати три нето плати четири нето плати пет нето плати шест нето плати

По приложен доказ (посмртница) и одлука на управата на друштвото, овој надомест (помош) не е предмет на оданочување до пропишаниот износ. Согласно со ОКДПСС, овој надомест е пропишан во висината на три основици просечна месечна нето плата во Републиката исплатена во претходните три месеци. За вработените во буџетските корисници, овој надомест изнесува 30.000 денари. Надоместокот се исплатува на семејството на починатиот работник. - помош во случај на смрт на член на семејството Потребни услови (документи) и начин на утврдување на даночно ослободениот износ По приложен доказ (посмртница и изјава на вработениот) и одлука на управата на

25


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

друштвото, овој надомест (помош) кој се исплатува на работникот не е предмет на оданочување до пропишаниот износ. Согласно со ОКДПСС, надоместот е утврден во висината на две основици - просечна месечна нето плата во Републиката исплатена во претходните три месеци. За вработените во буџетските корисници надоместот изнесува 15.000 денари. - помош во случај на елементарна непогода отребни услови (документи) и начин на П утврдување на даночно ослободениот износ

26

Врз основа на потврда од Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, или друг надлежен орган, изјава на вработениот и одлука на управата на друштвото), исплатата на овој надомест (помош) не е предмет на оданочување со данок на доход до најнискиот износ утврден со ОКДПСС, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа. Согласно со ОКДПСС, надоместот е пропишан во висината на просечната месечна нето плата во Републиката исплатена во претходните три месеци. За вработените во буџетските корисници, една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен работникот.

3. Л ИЧНИ ПРИМАЊА (НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС) ШТО СЕ ОДАНОЧУВААТ СО ДАНОК НА ДОХОД Регресот за годишен одмор, новогодишниот надомест, јубилејната награда и надоместот за долготрајно боледување над 6 месеци поради повреда на работа / професионално заболување се предмет на оданочување со персонален данок, во целост. Оданочиви се и евентуалните исплати по основ на исхрана и превоз до и од работа (истите се вклучуваат во бруто платата на работникот). Согласно со членот 35 став 1 алинеја 8 од ОКДПСС, со колективен договор на ниво на гранка односно оддел се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок. Висината на јубилејната награда (се исплатува за најмалку 10 години работа кај ист работодавач) е уредена со членот 35 став 2 алинеја 5 од ОКДПСС и изнесува една просечна месечна нето плата по работник во РМ, исплатена во последните три месеци. Во иста висина е утврден и надоместокот за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување.

4. СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД - ЕЛЕКТРОНСКИ ОБРАЗЕЦ ПДД-ГИ Годишниот извештај за персоналниот данок на доход го изготвува Исплатувачот (правно и/или физичко лице, што води деловни книги). Во Годишниот извештај се внесуваат податоци само за приходите исплатени во текот на даночниот период за кој се составува Извештајот. Приходите кои не се исплатени и ќе бидат исплатени во текот на следниот даночен период ќе се вклучат во личните примања на периодот што следи, а соодветно на тоа и физичкото лице ќе ги

www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

вклучи во Образецот ПДД-ГДП, за следниот даночен период. Со измената на Законот за персоналниот данок на доход (159/08), данокот на лични примања по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот се пресметува и плаќа според стапката и личното ослободување што важат за месецот за кој се пресметува и исплатува платата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот. Образецот ПДД-ГИ на кој се составува Годишниот извештај на исплатувачот на приходи, за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи, се состои од четири дела:

 

2. Класификација на извештајот Се внесуваат податоци за: 2.1. Г одината за која се поднесува извештајот, т.е. изминатата календарска година На пример, извештајот се поднесува во 2014 година, а се впишува 2013 година. 2.2. Н ачин на поднесување на извештајот Единствен начин на доставување на Извештајот е електронскиот. 2.3. Податоци за подносителот

3. Сумарни податоци за исплатите и

Во овој дел се пополнуваат три позиции: за местото и датумот на поднесување, како и позицијата за потпис и печат на обврзникот, со што се потврдува точноста и комплетноста на наведените податоци.

4. Податоци за исплатите на обврзниците.

3. Сумарни податоци за исплатите

1. Податоци за исплатувачот, 2. Класификација на извештајот,

Покрај овие делови, образецот содржи: податоци за подносителот, општи напомени, упатство за пополнување на образецот, како и упатство за компјутерска подготовка на годишниот извештај на исплатувачот. 1. Податоци за исплатувачот Во овој дел се внесуваат податоците за единствениот даночен број на исплатувачот, називот/фирмата на исплатувачот, како и неговата адреса на која органот за јавни приходи по потреба ќе може да се обрати за дополнителни информации и појаснувања за податоците во Годишниот извештај. Пример: ЕДБ:

Назив:

4030004501873 “Трговија”

дресни А податоци: ул. “Даме Груев” бр. 24, 1000 Скопје, Аеродром Т елефон: 0 2.4652.924; Телефакс: 02.4696.823 е-пошта:

info@trgovija.com.mk

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

Се внесуваат сумарните податоци за сите исплати и за сите обврзници по секој од видовите на исплата што биле извршени во тeкот на изминатата година. За видовите по кои не е извршена исплата во тој период се запишува “0” во колоната 2: Број на обврзници по видови на исплати, а во колоните 3 7 не се впишува ништо. Постојат 7 колони во овој дел: 1) Вид на исплата (плати, пензии, различни надоместоци, примања, приходи, добивки и др., со соодветна нумерација од 3.1 до 3.14.) 2) Број на обврзници по видови на исплата Се внесува број на лица на кои им е извршена исплата по наведениот основ. 3) Вкупен износ на бруто приходи/примања (денари) Се внесува збирот на сите извршени исплати во бруто износ во кој се содржани елементите од колоните 4, 6 и 7 (вкупен износ на одбитоци, вкупен износ на платен персонален данок, вкупен износ на исплатени нето приходи/примања).

27


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

4) Вкупен износ на одбитоци (денари) Се внесува збирот на сите платени придонеси, јавни давачки и трошоци што не влегуваат во основата за оданочување според видот на исплата. Пример: За исплатите на плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси, за пензиите, се впишува износот на платените придонеси за ПИО, здравствено осигурување и вработување, како и платениот придонес за доброволно (и „приватно“) ПИО. Се искажува износот на сите платени придонеси, јавни давачки и трошоци што не влегуваат во основата за оданочување, за исплатите на:

28

- плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кој не е заштитно друштво, на вработените инвалидни лица; - плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност - кај заштитно друштво; - плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кај корисници на ТИРЗ; - плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

5) Вкупен износ на даночно олеснување (во денари) Се внесува збирниот износ на даночното олеснување што е искористено во те-кот на годината при аконтативното оданочување за наведениот вид на исплата. Напоменуваме дека за 2013 година, вкупниот износ на даночно (лично) олеснување за 12 плати (пензии) изнесува 87.228 денари. 6) Вкупен износ на платен персонален данок (во денари) Се внесува збирниот износ на платените аконтации на персоналниот данок во текот на годината за наведениот вид на исплата, освен во точките 3.1-а, 3.1-б, 3.1-г во кои се внесува состојба 0 (нула). 7) Вкупен износ на исплатени нето приходи/примања (во денари) Се внесува збирниот износ на исплатените нето приходи, односно примања во текот на годината. 4. Податоци за исплатите на обврзниците Овој дел содржи податоци за: 4.1. Вид на исплатите Се означува само едно од полињата со Х во зависност од видот на исплатите што се извршени на лицата наведени во извештајот. Делот 4.1 содржи 18 полиња, еднакво на можностите за пополнување на сумарни податоци за исплатите. 4.2. Исплатите на обврзниците Се внесуваат податоците за сите лица на кои во текот на изминатата година е извршена исплата по видот означен во точката 4.1 - Вид на исплата.

За исплатите на приходи од имот и приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, се впишуваат трошоците нормирани со ЗПДД или стварните трошоци признаени при пресметка на данокот. За исплатите на други видови приходи платени по одбивка, се впишува износот добиен со нормираното намалување од 35%.

www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

Напомена:

Делот 4.2 содржи 7 колони: 1. Е динствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот; Се впишува 13-цифрениот Единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) на лицето на кое е извршена исплата. 2. И ме и презиме на обврзникот; Се впишуваат името и презимето на лицето на кое е извршена исплатата. Пример: Ана Наум Костовска, Охрид 3. И знос на бруто приходи/примања (во денари); 4. Износ на одбитоци (денари); 5. И знос на даночно олеснување (во денари); 6. И знос на платен персонален данок (во денари) и 7. И знос на исплатените нето приходи/ примања (во денари). Во колоните 3 - 7, се пополнуваат податоците за секое лице на начин објаснет во делот 3 од Образецот.

www.proagens.mk

За секој различен вид на исплата се приложува посебен преглед на податоците за исплатите на обврзниците (на пр. ако е извршена исплата на плати, по основ на договор за повремено или привремено вршење на услуги и на приходи од имот, се приложуваат 3 прегледи. Ако на едно исто лице се извршени исплати од ист вид повеќе пати во текот на годината (на пр. плата), се впишува збирниот податок од сите исплати од тој вид извршени во тој период (на пр. збирот на сите 12 плати).

Пример: 1407984454012

 

Казнени одредби

Согласно со член 145 од ЗПДД, на правното лице-исплатувач на приходи (ако не ги исполнува обврските од член 77 т.е. не поднесе навремено Годишен извештај ПДДГИ и не издава примероци од пресметка на платениот данок и придонеси на физичките лица-приматели на приходот), ќе му се изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. За овој прекршок, на одговорното лице кај правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност.

Пример на пополнување на образецот “ПДД-ГИ” 1 Податоци за исплатувачот 1.1

Единствен даночен број: 4030004501873

1.2

Назив на исплатувачот: “ТРГОВИЈА” ДОО - Скопје

1.3

Адресни податоци:

ул. “Даме Груев” бр. 24, 1000 Скопје, Аеродором

Тел. 02 / 4652.924; Телефакс: 02 / 4696.823

е-пошта: info@trgovija.com.mk

2 Класификација на извештајот 2.1

Година за која се поднесува извештајот:

2013

2.2

Начин на поднесување на извештајот:

х електронски

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

29


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Податоци за подносителот Место на поднесување:

Скопје

Датум на поднесување:

31.01.2014 година

Потпис и печат на обврзникот: ТП

Вид на исплата

3 Сумарни податоци за исплатите Број на обврзници по видови на исплата

Вкупен износ на бруто приходи / примања (денари)

Вкупен износ на одбитоци (денари)

Вкупен износ на даночно олеснување (денари)

(2)

(3)

(4)

(5)

(1)

Вкупен износ Вкупен износ на платен на исплатени персонален нето приходи/ данок примања (денари) (денари) (6)

(7)

3.1 Плати, надоместоци и дополнителни примања од редовен работен однос на кои се платени придонеси

10

4.800.000

1.296.000

872.280

263.172

3.240.828

3.2 Пензии 3.3 Дополнителни примања и надоместоци од работен однос на кои не се платени придонеси 10 150.000 15.000 135.000 3.4 Примања на членови на органите на управување и надзор на трговските друштва

30

3.5 Примања на функционери, пратеници и советници 3.6 Надоместоци за работа на судии, поротници, вешти лица и стечајни управници кои немаат својство на вработени лица кај исплатувачот 3.7 Надоместоци на членови на МАНУ 3.8 Лични примања по договор за повремено или привремено вршење на услуги 2 25.000 2.500 22.500 3.9 Приход од имот (закупнини на движен и недвижен имот) 1 72.000 18.000 5.400 66.600 3.10 Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост 10 140.000 70.000 7.000 133.000 3.11 Дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката кај исплатувачот 3 260.000 26.000 234.000 3.12 Приходи од камати од заеми, обврзници и други хартии од вредност и орочени штедни и други депозити 3.13 Добивки на игри на среќа и други наградни игри 3.14 Други видови приходи платени по одбивка

www.p

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

4 Податоци за исплата на обврзниците 4.1

В ид на исплата - П лати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси (ред 3.1. од ПДД-ГИ)

Х Плати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси

4.2 И сплати на обврзниците Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот (1)

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

(2)

(3)

1609956458096 Тодор Петров ... ...

480.000 ...

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

Износ на платен персонален данок (денари)

Износ на исплатени нето приходи/ при-мања (денари)

(4)

(5)

(6)

(7)

129.600 ...

87.228 ...

26.317 ...

324.083 ...

4.1 Вид на исплата - Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси (ред 3.2. од ПДД-ГИ) Х Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси

4.2 И сплати на обврзниците Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот (1)

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

Износ на платен персонален данок (денари)

Износ на исплатени нето приходи/ при-мања (денари)

(3)

(4)

(5)

(6)

(7)

(2)

1609956458096 Тодор Петров ... ...

31

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

15.000 ...

/ ...

/ ...

1.500 ...

13.500 ...

4.1 Вид на исплата - Лични примања по договор за повремено или привремено вршење на услуги (ред 3.8. од ПДД-ГИ) Х Лични примања по договор за повремено или привремено вршење на услуги

4.2 И сплати на обврзниците Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот (1)

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

Износ на платен персонален данок (денари)

Износ на исплатени нето приходи/ примања (денари)

(3)

(4)

(5)

(6)

(7)

(2)

2709986450009 Мите Крстев ... ...

25.000 ...

/ ...

/ ...

4.1 Вид на исплата - Приходи од имот (закупнини на движен и недвижен имот) (ред 3.9. од ПДД-ГИ) Х Приходи од имот (закупнини на движен и недвижен имот)

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

2.500 ...

2.500 ...


Pr  fesionalna Edukacija

4.2 Исплати на обврзниците Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот (1)

(2)

0610999450012

Петар Митев ... ...

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

Износ на платен персонален данок (денари)

Износ на исплатени нето приходи/ примања (денари)

(3)

(4)

(5)

(6)

(7)

72.000 ...

(2)

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

(3)

(4)

(5)

1804968454009 Митре Трајков ... ...

5.400 ...

66.600 ...

14.000 ...

7.000 ...

Износ на Износ на платен исплатени персонален нето приходи/ данок примања (денари) (денари) (6)

/ ...

(7)

700 ...

13.300 ...

4.1 Вид на исплата - Дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката кај исплатувачот (ред 3.11. од ПДД-ГИ) Х

/ ...

4.2 Исплати на обврзниците

(1)

18.000 ...

Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост

Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот

32

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

4.1 Вид на исплата - Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост (ред 3.10. од ПДД-ГИ) Х

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Дивиденди и други приходи, остварени со учество во добивката кај исплатувачот

4.2 Исплати на обврзниците Единствен Име матичен број на и презиме граѓанинот (ЕМБГ) на обврзникот на обврзникот (1)

(2)

2211974450012 Лидија Велева ... ...

Износ на бруто приходи/ примања (денари)

Износ на одбитоци (денари)

Износ на даночно олеснување (денари)

Износ на платен персонален данок (денари)

Износ на исплатени нето приходи/ примања (денари)

(3)

(4)

(5)

(6)

(7)

100.000 ...

/ ...

/ ...

10.000 ...

90.000 ...

II. ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПЛАТЕНИТЕ ПРИХОДИ ПРИ ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА ОБРАЗЕЦОТ „ПДД-ГИ/ОЗП“ Исплатувачот кој води деловни книги и кој врши откуп на земјоделски производи од физички лица кои немаат регистрирана дејност, е должен до Управата за јавни приходи да поднесе Годишен извештај за исплатени приходи - електронски образец ПДД-ГИ/ ОЗП. Годишниот извештај, за периодот од 1 јануари до 31 декември во тековната година, www.p

се поднесува најдоцна до 31 јануари наредната година, преку e-tax режимот на УЈП. Во Годишниот извештај ПДД-ГИ/ОЗП, Исплатувачот ги пријавува податоците за физичките лица од кои вршеле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход.

roagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

III.

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПРОДАЖНИТЕ МЕСТА НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА ОБРАЗЕЦОТ „ПДД-ГИ/ЗП“

Согласно со член 31 став 5, точка 1 од Законот за персоналниот данок на доход, физичките лица кои вршат трговска дејност исклучиво преку продажни места на зелените пазари имаат можност данокот на доход да го плаќаат според паушално утврдениот нето приход. Со цел продавачите на зелените пазари да бидат опфатени во режимот на паушално оданочување, трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало е должен на органот на јавни приходи да му достави Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари - “ПДД-ГИ/ЗП” (член 31 став 6 од ЗПДД).

На трговецот кој организира зелен пазар, ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, ако на органот на јавни приходи не му доставува годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари. Паушалното оданочување на обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари согласно со Законот за персоналниот данок на доход, ќе се применува до пристапување на Република Македонија во членството на Европската унија.

www.proagens.com.mk

33 СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

1 2

ВАЖНО!

3

СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 27-28 јануари 2014 г. (понеделник - вторник). САНДАНСКИ, (BG) х. INTERHOTELSANDANSKI 4* 30. 01 - 02 . 02. 2014 г. (четврток - недела). ШТИП, х. ОАЗА 04 февруари 2014 г. (вторник).

4 5 6

ТИ ЗА БУЏЕ

СКОПЈЕ, х. ИНПЕКСЕЛ 2 (кај Универзална сала) 05 февруари 2014 г. (среда). СКОПЈЕ, х. КОНТИНЕНТАЛ 06 - 07 февруари 2014 г. (четврток - петок). БИТОЛА, х. МИЛЕНИУМ 11 февруари 2014 г. (вторник).

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС, КОНКУРЕНТНИТЕ ЦЕНИ И ОГРАНИЧЕНИОТ БРОЈ НА МЕСТА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНОТО СОВЕТУВАЊЕ ВО САНДАНСКИ (BG) ВО х. INTERHOTELSANDANSKI 4* ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ПРО АГЕНС, НАЈДОЦНА ДО 17 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА.

Пријавувањата за Советувањата е задолжително!

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ И НАЈАВА ЗА НОВЕЛИРАЊЕ НА НЕЛОГИЧНОСТИТЕ ВО ПРЕОДНИТЕ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ НА ЗАКОНОТ Вовед

М-р Павле ГАЦОВ *

Објавена измена и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи

С

обранието на РМ усвои измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи, објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 188/13 од 31.12.2013 година, влезени во сила од 08 јануари 2014 година, со исклучок на одложената примена од една година од денот на влегувањето во сила на Законот којa се однесува на одредбите со кои се уредува целокупната постапка за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител.

34

Измена и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи во НАЈАВА Речиси истовремено со усвојувањето на претходно споменатите измени на Законот, владата на РМ усвои НАЈНОв Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, кој на 30 декември 2013 година е доставен на усвојување до Собранието на РМ и кој во прво читање, како 26-та точка е ставен на Дневен ред на 82-та седница на Собранието на РМ закажана за 16 јануари 2014 година. ПРеДЛОЖеНИТе РеШеНИЈА на Законот за вршење на сметководствени работи кои ќе се усвојуваат на почетокот на 2014 година ги засегаат сите сметководители во делот на пролонгирањето на рокот на важење на привремените уверенија за сметководител/овластен сметководител, како и останатите рокови за усогласувања и упис во соодветните регистри, но исто така ги засегаат и оние лица кои од определени причини не успеаја да се стекнат со статус на сметководител или овластен сметководител според иницијалните решенија на Законот за вршење на сметководствени работи, а кои сега добиваат вТОРА ШАНСА за остварување на своето право. * Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“

во продолжение најнапред ќе се осврнеме на ИЗМеНИТе во НАЈАвА, кои ќе се усвојуваат на почетокот од 2014 година.

p_gacov@proagens.com.mk

www.p

roagens.mk


ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

1. ПРЕДЛОЖЕНИ РЕШЕНИЈА ВО НАЈАВЕНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ (82ра Собраниска седница закажана на 16 јануари 2014 г.) Потсетуваме дека со членот 48 став 1, односно 49 став 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (95/12), лицата кои определено време вршеле сметководствени работи можеа да поднесат барање за добивање на уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот - до 3 февруари 2013 година. Поради различни причини, некои од заинтересираните лица не успеаја да го фатат пропишаниот рок, додека други не ги исполнуваа бараните услови за професионален стаж на денот на истекувањето на можноста за поднесување на барање до Министерството за финансии. Предлог Законот дава можност на лицата кои до 3 февруари 2013 година не поднеле Барање за стекнување на привремено уверение за стекнување статус на сметководител, односно овластен сметководител (едни заради пропуштен рок, а втори заради неисполнување на условите, а кои во меѓувреме ги исполниле бараните услови) да можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на предложените измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение за сметководител или уверение за овластен сметководител (доставувајќи ги доказите за исполнетост на условите). Потсетуваме на условите за стекнување на привремено уверение за сметководител или овластен сметководител: СМЕТКОВОДИТЕЛ 1) средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи или

02/ 3162-979 i 3298-763

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

2) вишо образование (прв степен) и најмалку две години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку една година работно искуство во вршење на сметковод-ствени работи. ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ 1) средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 2) вишо образование (прв степен) и најмалку осум години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи. Кон барањето задолжително се доставува: 1) доказ (уверение) за завршено образование; 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж; 3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени работи и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител.

1.1. Можност за замена на привременото уверение за сметководител со привремено уверение за овластен сметководител Лицата кои добиле уверение за сметководител и кои до денот на влегувањето во сила на предложените измени на Законот ќе ги исполнат условите за добивање уверение за овластен сметководител, можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на Законот да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение за овластен сметководител и да достават докази за исполнетост на условите. Овие лица како доказ го приложуваат оригиналот од добиенто уверение за сметководител или овластен сметководител. Со денот на издавањето на уверението престанува да важи претходно издаденото уверение.

35


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

1.2. Можност за замена на привременото уверение за сметково-дител / овластен сметководител со трајно уверение за овластен сметководител

36

ководител или овластен сметководител нема право да врши сметководствени работи доколку не го положи испитот за сметководител или овластен сметководител.

Лицата кои до денот на влегувањето во сила на предложените измени на Законот ги исполниле условите (имаат најмалку 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи) за добивање уверение со трајна важност, а кои добиле уверение за сметководител или овластен сметководител, можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на предложените измени на Законот да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение со трајна важност и да достават докази за исполнетост на условите. Овие лица како доказ го приложуваат оригиналот од добиеното уверение за сметководител или овластен сметководител. Со денот на издавањето на трајното уверението престанува да важи претходно издаденото уверение. Се чини дека Законодавецот и овој пат ја пропушта можноста за НАМАЛУВАЊЕ на професионалниот стаж како услов за стекнување на трајно уверение за ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ОД 25 НА 15 ГОДИНИ, без притоа да има некое посериозно оправдување, освен можеби некакви лукративни интереси на поединци и лоби групи кои имаат силно влијание врз решенијата што се предлагаат од надлежните органи (читај: поединци).

1.3. Рок за издавање и рок на важење на новите уверенија Министерството за финансии ги издава уверенијата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. Се предлага тие да имаат важност од 30 месеци од денот на издавањето, освен трајното уверение кое има трајна важност. По истекот на рокот од 30 месеци, лицето кое добило привремено уверение за сметwww.p

1.4. Продолжен рок на важење на старите уверенија СТАРИТе привремени уверенија за сметководител или овластен сметководител, кои што се издадени според првата содржина на преодните и завршни одредби на Законот за вршење на сметководствени работи (до денот на влегувањето во сила на предлог Законот), наместо 24 месеци ќе имаат важност од 48 месеци сметано од денот на нивното издавање. Ова не се однесува на уверенијата со трајна важност, кои немаат ограничен рок на важење.

1.5. Нов рок за воспоставување на регистрите Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители, Регистарот на трговци поединци - сметководители, Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од изборот на Управниот одбор на Институтот.

1.6. Нов рок за усогласување на работењето на правните лица што вршат сметководствени работи (сметководствени бироа) Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење на сметководствени работи се должни да се усогласат со одредбите од овој закон и да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок од шест месеци од денот на изборот на Управниот одбор на Институтот.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

1.7. Нов рок за одржување на првиот испит Првиот испит за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок од девет месеци од денот на изборот на Управниот одбор.

2. УСВОЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ („Службен весник на РМ“, бр. 188/13) 2.1. Прецизирање на образовните критериуми за полагање на испитот за сметководител/овластен сметководител - во примена од 08.01.2015 година Со уредување на членот 15 став 2 точка 1 и став 3 точка 1 на Законот за вршење на сметководствени работи се прецизира на актуелен начин и согласно со прописите за високото образование, формата на стекнато високо образование, како услов за стекнување на статусот сметководител или овластен сметководител. а) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува: - д оказ (уверение) за завршено средно економско образование или уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредиттрансфер систем (ЕКТС); б) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува: - у верение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

кредити според европскиот кредиттрансфер систем (ЕКТС). Со старото решение се бараше доказ за завршено високо образование од областа на економијата и бизнисот. Покрај доказот на завршеното образование, лицата заинтересирани за полагање на испитот доставуваат и доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот. Потсетуваме дека за полагањето на испитот за сметководител не е потребен работен стаж, додека за полагање на испитот за овластен сметководител е потребно најмалку ТРИ ГОДИНИ работно искуство во вршење на сметководствени работи, за што како доказ се приложува: потврда од Агенцијата за вработување за работниот стаж и Потврда од работодавачот за професионалниот стаж од најмалку 3 години. Со новите одредби Институтот со решение ќе утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител. Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

2.2. Целосна детализација во врска со испитот за сметководител/ овластен сметководител - во примена од 08.01.2015 година Дури 21 член од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи (188/13) се однесуваат на спроведувањето на испитот за сметководител/овластен сметководител и содржат најситни детали кои се чини требало да се уредат со подзаконски прописи.

ва дела на испитот за сметководител Д /овластен сметководител Испитот за сметководител или овластен сметководител се состои од два дела: 1) прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и

37


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

2) втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста од областа на сметководството и примената на прописите во практиката. Првиот (Теоретски) дел од испитот се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

Првиот дел од испитот за сметководител се полага по предметите: 1) Финансиско сметководство, 2) Финансиско известување, 3) Деловно право, даночен систем и професионална етика. Првиот дел од испитот за овластен сметководител се полага по предметите: 1) Финансиско сметководство, 2) Финансиско известување, 3) Деловно право, даночен систем и професионална етика. 4) Управувачко сметководство, 5) Финансиски менаџмент, 6) Информациони системи, 7) Ревизија и системи на внатрешна контрола. Втор дел од испитот ториот дел на испитот за сметководител, в односно овластен сметководител се состои од: 1) практичен пример и 2) прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример и/или 3) задачи кои треба кандидатот да ги реши врз основа на анализата на практичниот пример.

kontakt@proagens.com.mk www.p

Испитот за сметководител или овластен сметководител се полага според програма во која се содржани градиво и прописи. Обуката за предметите од програмата за полагање на испит за сметководител или овластен сметководител ја спроведуваат едукатори ангажирани од Институтот. Едукатори

Предмети што ќе се полагаат во првиот дел од испитот

38

Програма и обука

едукатор може да биде лице кое има универзитетско образование и работно искуство од десет години од соодветната област за која ќе држи предавања. во спроведувањето на обуката може да учествуваат и признати стручњаци од праксата од земјата и од странство. е дукаторите и членовите на Комисијата за спроведување на испит за сметководител или овластен сметководител имаат право на паричен надомест што го определува претседателот на Институтот. Износот на паричниот надомест се определува врз основа на бројот на изготвени прашања, како и сложеноста на материјата. Годишниот износ на паричниот надомест не го надминува износот на три просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година објавена од Државниот завод за статистика.

База на прашања, нивна верификација и ревизија азата на прашања и/или задачи за Б испитот за сметководител или овластен сметководител ја подготвуваат едукаторите. Прашањата за испитот за сметководител или овластен сметководител ги верификува Комисија за спроведување на испит за сметководител или овластен сметководител, составена од: 1) двајца претставници овластени од министерот за финансии, 2) еден универзитетски професор и 3) Претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот.

roagens.mk


ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

Начинот на формирање и работењето на Комисијата поблиску го пропишува Институтот. Комисијата врши и ревизија и ажурирање на базата на прашања најмалку еднаш годишно. При ревизијата Комисијата особено ги има во предвид промените на прописите на кои е засновано прашањето, бројот на кандидати кои го одговориле, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базата на прашања. Врз основа на извршената ревизија на базата на прашања, Комисијата одлучува прашањата да бидат изменети или целосно отстранети од базата на прашања.

Спроведување на испитот Стручните и административните работи за потребите на спроведување на испитот за сметководител или овластен сметководител ги врши Институтот, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија избрано од Институтот. Постапката за спроведување на испитите по соодветните предмети, поблиску ја пропишува Институтот.

Обука за испитот буката и испитот за сметководител или О овластен сметководител се спроведуваат врз основа на констатирана потреба од страна на Институтот, но најмалку еднаш годишно. Институтот со оглас во дневен печат и на својата интернет страница ги известува заинтересираните кандидати за времето и местото на одржување на обуката, односно испитот. Доколку не се пријават најмалку пет кандидати, Институтот може да не ја спроведе обуката, односно испитот. Испитот за сметководител или овластен сметководител се полага по завршување на обуката за секој предмет пооделно. За обуката и за полагање на стручниот испит, кандидатот плаќа надоместок.

02/ 3162-979 i 3298-763

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

Висината на надоместокот ја определува Институтот врз основа на реално направените трошоци за обука и полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија. Надоместокот се уплатува на сметката на Институтот.

Известување и пријавување на полагањето на испитот за сметководител/овластен сметководител Кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испит за сметководител или овластен сметководител, преку електронска пошта се известува за времето и местото за полагање на испитот, најдоцна во рок од осум дена пред полагањето на испитот. На кандидатот мора да му се овозможи да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител. Kандидатот е должен во рок од пет дена од добивањето на известувањето, преку електронска пошта да го пријави учеството на испитот за сметководител или овластен сметководител.

„ Рецептура“ за полагање на испитот Испитот за сметководител или овластен сметководител се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјалнотехничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. Датумот и времето на полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител се објавува на интернет страницата на Институтот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. Полагањето на испитот за сметководител или овластен сметководител се снима и во живо се емитува на интернет страницата на Институтот, а ако поради технички причини

39


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на интернет страницата на Институтот. Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполнува просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот кои услови поблиску ги пропишува Институтот. о просторијата за полагање на стручниот в испит, за време на полагање на испитот се присутни: - д вајца овластени претставници од Институтот, - ч леновите на Комисијата за спроведување на испитот, - е ден претставник од Министерството за финансии,

40

- е ден претставник од владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на Претседателот на владата на Република Македонија и - е ден информатичар предложен од Министерството за информатичко општество и администрација. Пред почетокот на полагањето на испитот за сметководител или овластен сметководител, овластен претставник од Институтот го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта или патна исправа. а кандидатот за време на полагањето на Н првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. За време на полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител, на кандидатот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот, калкулатор и пенкало. спитот за сметководител или овластен И сметководител започнува со полагање на www.p

првиот дел на испитот за сметководител или овластен сметководител. вториот дел на испитот за сметководител или овластен сметководител се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел на испитот. Начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител поблиску го пропишува Институтот. Првиот (Теоретски) дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се полага по секој од соодветните предмети, со пет опции за заокружување од кои едната е точна, две се слични, и две се неточни. Кандидатот мора да ги положи сите испити од првиот дел во најмногу три последователни сесии. Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот, ќе се смета дeка испитот не го положил. Бројот на прашањата од првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител го пропишува Институтот. Бројот на прашањата и/или задачите и начинот на полагање на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител поблиску го пропишува Институтот. Кандидатот мора вториот дел од испитот да го положи во две последователни сесии по завршувањето на теоретскиот дел. Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот, ќе се смета дека испитот за сметко-водител или овластен сметководител не го положил. Полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се врши со проучување на практичен пример од областа на предметот и одговарање на прашања и/ или решавање на задачи кои кандидатот треба да ги одговори, односно реши врз основа на практичниот пример, во вид на електронско софтверско решение. Задачите кои се составен дел на вториот дел од стручниот испит се решаваат писмено на хартија. Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, практичниот

roagens.mk


ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА)

пример и прашањата кои произлегуваат од практичниот пример и нивните одговори, како и задачите и нивните решенија, доколку се во електронска форма, се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. Електронскиот систем содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања од областа на соодветните предмети за потребите на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител од кои најмалку 40% прашања се од стручната литература, како и јавно достапна база од најмалку 50 практични примери, прашања и задачи за потребите на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител. о електронскиот систем е содржано и В посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител и прописите за вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител. Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Резултатите од полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител му се достапни на кандидатот најдоцна во рок од пет дена од денот на полагањето. Кандидатот кој не го положил вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител, како и кандидатот кој смета дека одговорите не му се соодветно бодувани, во рок од три дена може да изврши увид во својот испит и да испрати писмена забелешка до Институтот. Доставените писмени забелешки ги разгледува Комисијата најдоцна во рок од седум дена од денот на приемот на забелешките и може да направи корекција на бројот на освоени бодови доколку утврди дека е настаната грешка при бодувањето. По истекот на рокот за разгледување на забелешките Институтот на својата интернет

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

страница објавува официјална листа на кандидати кои го положиле испитот за сметководител или овластен сметководител. Институтот го воспоставува единствениот електронски систем за полагање на испитот за сметководител и овластен сметководител. Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител, изнесува 120 минути за секој од предметите. Се смета дека испитот за сметководител или овластен сметководител го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата и/или решавање на задачите од практичниот пример од вториот дел испитот за сметководител или овластен сметководител, изнесува 120 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Тестовите, прашањата и задачите се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на испитот за сметководител или овластен сметководител. Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и задачите за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и задачите, како и снимките од одржаниот испит за сметководител или овластен сметководител се чуваат во Институтот. Институтот формира Комисија за ревизија на одржаните испити за сметководител или овластен сметководител. Во Комисијата за ревизија, покрај другите членови, задолжително членуваат и две лица определени од Министерството за финансии. Комисијата за ревизија се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку една сесија одржана во тековната година. Комисијата за ревизија има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите за сметководител или овластен сметководител одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на комисијата.

41


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

НОВА УРЕДБА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ХРОНОЛОШКИ ОСВРТ

Н Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

овата Уредба за канцелариско и архивско работење е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 1 од 3. јануари 2014 година и влезена во сила на 11. јануари 2014 година. Со денот на влегување во сила на оваа уредба престана да важи Уредбата за канцелариско и архивско работење („Службен весник на РМ“, бр. 58/96).

Уредбата за канцелариско и архивско работење е донесена врз основа на новиот Закон за архивски материјал („Службен весник на РМ“, бр. 95 од 26.7.2012 во сила од 3.8.2012 година), со тоа што имателите на архивски и документарен материјал: органи, правни или физички лица со чие дејствување тој настанува или се носители на правото на владение над архивскиот и документарниот материјал, беа задолжени да го усогласат своето работење со новиот Закон за архивски материјал во рок од една година од денот на неговото влегување во сила. Со денот на влегувањето во сила на новиот Закон за архивски материјал престана да важи Законот за архивска граѓа („Службен весник на СРМ”, бр. 36/90 и „Службен весник на РМ”, бр. 36/95 и 86/08), како и зборовите: „и архивската граѓа во изворна, комплетна и средена состојба со попис и опис, како и документарниот материјал со подолги рокови на чување, платни списоци, ЕВТ2 картони, обрасци М-4 и пријави и одјави на вработените да ги предаде во Државниот архив на Република Македонија” од членот 200 став 5 точка 2 од Законот за стечај („Службен весник на РМ“, бр. 34/06, 126/06, 84/07 и 47/11).

42

* Правен советник d_jacimovic@proagens.com.mk

Со цел да се обезбеди подетално разработување и уредување на законските одредби, со Законот за архивски материјал се предвиде денесување на подзаконски акти во рок од една година од денот на неговото влегување во сила, со забелешка дека до тогаш ќе се применуваат постојните (старите) подзаконски акти, во чиј домен спаѓаат: Уредба за канцелариско и архивско работење („Службен весник на РМ“, бр. 58/96); Уредба за утврдување на критериумите за подолги рокови за користење на архивската граѓа („Службен весник на РМ“, бр. 31/96); Уредба за посебна заштита на архивската граѓа во воена и вонредна состојба („Службен весник на РМ”, бр. 37/98); Упатство за начинот и постапката за одбележување на документите со подолги рокови на користење („Службен весник на РМ“, бр. 59/98); Упатство за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцеларис-

www.p

roagens.mk


КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

кото и архивското работење („Службен весник на РМ“, бр. 60/97); Упатство за единствено задолжително евидентирање на архивската граѓа („Службен весник на РМ“, бр. 16/75). До сега, врз основа на новиот Закон за архивски материјал се донесени Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење (јули 2013) од страна на директорот на Државниот архив на РМ и Уредбата за канцелариско и архивско работење од страна на Владата на РМ, која е предмет на наш интерес во овој текст. Уредбата за канцелариско и архивско работење содржи општи одредби за архивско и канцелариско работење, но целосно разработување и појаснување на нејзината нормативна содржина, со кое би се обезбедила функционална и правилна примена на Уредбата од страна на имателите на архивски и документарен материјал треба да уследи по донесување на соодветни подзаконски акти (упатства) кои даваат конкретни оперативни насоки. Пример за тоа е Упатство за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење („Службен весник на РМ“, бр. 60/97) досено врз основа на старата, сега веќе неважечка Уредба, чиј состев дел претставуваат обрасците: за приемниот и роковниот штембил; за водењето деловодник, посебен деловодник, попис на акти, попис и опис на архивската граѓа, попис на документарниот материјал, регистар, картотека и помошни доставни книги, потоа и Планот на архивските знаци за распоредување на актите, Листата на архивска граѓа од трајна вредност и Листата на документарен материјал со рокови на чување.

 

ПРЕДМЕТ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И НА НОВАТА УРЕДБАТА Закон за архивски материјал Предмет на Законот за архивски материјал е уредување на заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал, инспекцискиот надзор и надлежностите на Државниот архив на Република Македонија (Државниот архив). Некои од изразите употребени во Законот за архивски материјал, а во овој текст во функција на правилно разбирање на Уредбата за канцелариско и архивско работење, го имаат следното значење: Архивскиот материјал, е целокупниот изворен и репродуциран (пишуван, цртан, печатен, фотографиран, филмуван, аудиовизуелизиран, механографиран, електронски, дигитално, оптички или на друг начин забележан) документарен материјал од трајна вредност кој е од значење за Републиката, науката, културата, имателите, како и за други потреби; Документарниот материјал, како извор на архивскиот материјал, го сочинува целокупниот изворен и репродуциран (пишуван, цртан, печатен, фотографиран, филмуван, аудиовизуелизиран, механографиран, електронски, дигитално, оптички или на друг начин забележан) материјал и книги и други евиденции за тој материјал создадени во работата на имателите, додека тој е од значење за нивната тековна работа и сé додека од него не е издвоен архивскиот материјал; Имател на архивски и документарен материјал е орган, правно или физичко лице со чие дејствување тој настанува или е носител на правото на владение над архивскиот и документарниот материјал;

 INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

kontakt@proagens.com.mk

43


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Канцелариско работење претставува прием, прегледување и распоредување на документ/запис, заведување на документот/записот, доставување на документот/записот во работа, административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот, разведување и класифицирање на документот/записот и одлагање на решениот документ/запис во писарницата и

44

Архивско работење претставува одбирање на архивскиот од документарниот материјал, средување на архивскиот и документарниот материјал, евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал, категоризација на архивскиот материјал, попишување на документарниот материјал на кого му изминал рокот за чување, уништување на предложениот документарен материјал, сместување, чување, заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документарниот материјал во соодветен простор, стандардна опрема, техничко-технолошки средства и предавање на архивскиот материјал на трајно чување во Државниот архив.

Уредба за канцелариско и архивско работење Уредбата за канцелариско и архивско работење (во натамошниот текст: Уредбата) е заснована на член 7 став 1 од Законот за архивски материјал, според кој канцелариското и архивско работење го уредува Владата на РМ. Уредбата го регулира канцелариското и архивското работење на сите државни органи и институции, јавните установи и служби, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата или во кои доминантен капитал има државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, правните и физичките лица на кои со закон им се доверени јавни овластувања,

www.p

приватните правни лица и физичките лица кои самостојно вршат дејност (во натамошниот текст: иматели). Уредбата ги опфаќа конвенционалните видови на документи/записи забележани на хартиена основа, микрофилм и слично и неконвенционалните видови како што се електронските и дигитализирани документи/записи. КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ Првиот дел од Уредбата, кој се однесува на „канцелариското работење“, ги регулира следниве прашања: прием, прегледување и распоредување на документот/записот, заведување на документот/записот, доставување на документот/записот во работа, административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот, разведување и класифицирање на документот/записот и одлагање на решениот документ/запис во писарницата. Уредбата, во рамките на канцелариското работење ги уредува работите кои се вршат преку писарница: прием, прегледување на документот/записот, заведување и зaдружување на документи/записи, доставување во работа, испраќање на документот/записот, разведување на документот/записот и негово архивирање од писарницата во архива. Документот/записот со кој се покренува службено дејствие и документот/записот со степен на класификација го прегледува овластено службено лице. Основна книга за евиденција на документите е деловодникот, кој се води според систем на основни броеви и подброеви. Деловодникот ги содржи и следните елементи: пренос на документот или предметот, датум на приемот, податоци за испраќачот или примачот, број и датум на испраќањето, архивски знак на организационата единица и разведување на документот или предметот. Деловодникот може да се води и во електронска форма - електронски деловодник.

roagens.mk


КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

 

Имателот, по правило, води еден деловодник, а по исклучок, одделни организациони единици кај имателот може да водат одделни деловодници ако тоа е определено од функционерот, односно од одговорното лице. За документите/записите и предметите со степен на класификација се води посебен деловодник - деловодник за класифицирани документи/записи според степенот на класификација на документот/ записот.

Архивските знаци не можат да се менуваат во текот на годината, но можат да се додаваат нови.

Покрај деловодникот, заради полесно и побрзо ракување со документите/записите, се водат и помошни книги за евиденција: попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место.

Вториот дел од Уредбата се однесува на „архивското работење“ на имателите. Во него се регулираат следниве прашања: одбирање на архивскиот од документарниот материјал; средување на архивскиот и документарниот материјал; евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал; категоризација на архивскиот материјал; попишување на документарниот материјал на кого му изминал рокот за чување и негово уништување; сместување, чување, заштита и обезбедување и користење на архивскиот и документарниот материјал во соодветен простор, стандардна опрема, техничко-технолошки средства; предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија (во натамошниот текст: Државниот архив); чување на јавен документарен материјал кај имателот и чување на приватен архивски и документарен материјал кај имателот или предавање во документарен центар.

Од посебно значење се одредбите кои се однесуваат на класифицирање на решените документи/записи и предмети, нивното одлагање (архивирање). Решените документи/записи и предмети се класифицираат и се средуваат според архивски знаци утврдени со Планот на архивски знаци. Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување, содржат Општ и Посебен дел. Општиот дел од Планот и Листите е задолжителен за сите иматели. Општиот дел од Планот и Листите содржи архивски знаци, рокови за чување или ознаката „трајно“ за документите/записите што настануваат во рамките на организационите единици, односно групите на работи: Основање, организација и развој; Управување и раководење; Канцелариско-архивски, правни и општи работи; Човечки ресурси; Финансиско и материјално работење; Одбрана и безбедност; Електронски систем и АОП. Посебниот дел на Планот и Листите содржи архивски знаци и рокови за чување или ознаката „трајно“ за документите/ записите што настануваат во рамките на организационите единици, односно групите на работи од основната и специфична дејност на имателот.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

Сите решени документи/записи, предмети и книги за евиденција (заклучени и официјализирани), на крајот од годината се предаваат (одлагаат) од писарницата во архивата на имателот.

АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Во делот на архивско работење посебно е уредено пополнување и содржината на роковниот штембил. На целокупниот документарен материјал што го создава и прима имателот, по заведувањето во десниот горен агол се става роковен штембил што содржи: архивски знак според Планот на архивски знаци, рок на чување според Листите, датум на одлагање во писарницата и потпис на службеното лице кое го решавало документот/записот или предметот. Роковниот штембил го пополнува лицето кое го решило предметот. Решените документи во писарницата, односно архивата се класифицираат, средуваат

45


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

и сместуваат во архивски кутии/фасцикли според Листите и тоа, посебно архивскиот материјал, а посебно документарниот материјал. Имателот врши тековно (редовно) одбирање на архивскиот материјал и издвојување на документарниот материјал и заради ова е должен да донесува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. Планот и Листите се изготвуваат комисиски, се доставуваат до Државниот архив заради добивање на согласност за примена на планот и листите, до 30 ноември во тековната година, а се применуваат во наредната година.

46

При одбирањето на архивскиот од документарниот материјал имателите посебно го одбележуваат архивскиот примерок (штембил архивски примерок). Архивски примерок претставува најдобро изготвениот или умножен примерок, како прв примерок - оригинал. Архивскиот примерок се официјализира со потпис на овластено службено лице и со службен печат и се користи само по исклучок и со реверс односно копирање, а во оригинал кога треба да послужи како доказно средство. Категоризација на архивскиот материјал кај имателите се врши со цел да се обезбеди дополнително вреднување и ефикасна заштита на материјалот. Категоризацијата се врши врз основа на критериуми и на начин утврден со подзаконски акт. Целокупниот архивски материјал што се создава и чува кај имателот се евидентира на единствен начин (попис и опис). Евидентирањето се врши по одбирањето на архивскиот од документарниот материјал од страна на комисија на имателот. Евиденцијата (попис и опис) на архивски материјал опфаќа: назив на имателот, година кога е создаден архивскиот материјал, реден број, архивски знак и деловоден број на документот или предметот, опис на содржината на архивскиот материјал, количина на архивскиот материјал изразена во листови и

www.p

забелешка Евиденциите што се однесуваат на тековната година кога е создаден архивскиот материјал, се изготвуваат по изминување на годината и се доставуваат до Државниот архив најдоцна до 31 март во наредната година. Уредбата ја регулира и постапката за издвојување и уништување на документарниот материјал. Издвојувањето на документарниот материјал се врши комисиски, редовно секоја година, врз основа на Листата на документарен материјал со рокови на негово чување. По истекот на рокот на чување, комисијата изготвува пописен лист на документарниот материјал кој се предлага за уништување. Пописниот лист опфаќа: назив на имателот, реден број, година кога е создаден документарниот материјал, архивски знак, сумарен опис по видови документарен материјал, количина изразена во метри должински, образложение зошто се предлага документарниот материјал за уништување, потписи на членовите на комисијата, потпис на функционерот/одговорното лице и печат на имателот. Според Законот за архивски материјал пописот со барање за уништување имателот го доставува до Државниот архив заради добивање на согласност за уништување. Државниот архив нема да даде согласност за уништување на предложениот документарен материјал, доколку имателот нема извршено попис и опис на архивскиот материјал за периодот за кој се предлага уништувањето на документарниот материјал. Имателот го уништува документарниот материјал со предавање на субјектот за откуп на отпадни материјали или на друг начин. Имателите се должни одбраниот архивски материјал да го чуваат, обезбедуваат и заштитуваат од секаков вид на отуѓување, оштетување и уништување.

roagens.mk


КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

ЕЛЕКТРОНСКИ АРХИВСКИ И ДОКУМЕНТАРЕН МАТЕРИЈАЛ Посебен дел од Уредбата е посветен на електронскиот архивски и документарен материјал, што претставува новина во однос на старата Уредба за архивско и канцелариско работење и е во согласност со новите решенија за електронска архива од Законот за архивски материјал. Електронска архивa опфаќа чување на електронските документи во изворен облик во кој се креирани, испратени, примени и архивирани, облик со кој изворната содржината не се менува. Електронските документи треба да се заверени со електронски потпис. Електронските документи треба да бидат архивирани во соодветен облик, со соодветна технологија и постапки, кои заедно со електронскиот потпис ќе дадат гаранција за нивната веродостојност и целокупност за време на чувањето, како и гаранција дека не можат да бидат менувани или неовластено избришани. Имателот обликува електронски систем и применува програма (софтвер) за канцелариско и архивско работење. Во софтверот се обликува и електронски деловодник како основна евиденција на документите/записите по електронски пат, во кој се опфатени истите елементи и рубрики, како и деловодникот во хартиен облик во согласност со Уредбата. Имателот својот електронски деловодник го отпечатува на хартија секој работен ден, на крајот од работното време. Во овој дел од Уредбата содржани се одредбите за криптозаштита и електронски потпис, со кои се обезбедува заштита, сигурност, автентичност и веродостојност на документите/записите во сопствениот компјутерски систем и преку глобалните мрежи, со примена на техника за криптографија на електронските записи. Криптозаштита се врши според мерките и упатствата за постапување кои се определуваат од страна на имателот.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

Имателот, самиот оределува начин на создавање и чување на документите/записите и тоа: кои целосно и изворно ги создава и чува во хартиен облик, а кои од нив ќе ги дигитализира; кои изворно и целосно ги создава и чува во електронски облик и за архивскиот материјал обезбедува хартиена копија; кои одразуваат една и иста активност, а дел од нив е создаден во хартиен, а друг дел во електронски облик, имателот и двата вида ги поврзува со упатници и индекси. Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материја со рокови на негово чување се вградуваат во софтверот за управување со електронските документи, уште за време на обликувањето на електронскиот ситем на имателот, пред да настане било кој електронски запис. Изборот на носачите на електронски записи се врши врз основа на: - бараниот степен на интегритет на документите и примена на технологија што спречува секаква измена на забележаните податоци. - постапката за миграција на документите/записите да биде спроведена најмалку 2-3 години пред да истече рокот на траење на носачот. Имателот изработува повеќе примероци на истиот електронски документ/запис, ако е можно на повеќе носачи од различен вид („редунданција“), дислоцирани и депонирани на две или повеќе места за чување.

47


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА КОНВЕНЦИОНАЛЕН И НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН АРХИВСКИ И ДОКУМЕНТАРЕН МАТЕРИЈАЛ Дел од Уредбата се однесува на дефинирање на форми и стандарди со кои се обезбедува чувањето и заштитата нa конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. Чувањето и заштитата се врши вo соодветен простор и опрема и тоа во: a) Документарен ормар, б) Документарна соба (писарница), в) Архива, г) Архивски сеф, д) Серверска соба и ѓ) Документарен центар. Просторот и опремата за чување и заштита на материјалот треба да ги исполнуваат стандардите за: конструкција и статика на објектот; алармен систем за откривање и дојава на неовластен пристап; огноотпорност и заштита од пожар; систем за микроклиматска заштита.

Видови и постапки за чување и заштита на архивскиот и документарниот материjал во неконвенционален облик се: а) Чување на сопствен сервер во активна врска (интранет) во сопствената компјутерска мрежа; б) Чување на туѓ сервер со активна врска (online, преку интернет) надвор од сопствената компјутерска мрежа; в) Чување на посебен медиум без активна врска (offl ine) во сопствената компјутерска мрежа и г) Чување преку конверзија на неконвенционалниот материјал во конвенционаленоблик и обратно преку дигитализација на конвенционален материјал.

kontakt@proagens.com.mk

48

2014 2014

www.p

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

ИЗМЕНА НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО ВОВЕД

Н

а 1 јануари 2014 година влезе во сила: „Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството“ (во натамошниот текст: Спогодбата) објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 189 од 31.12.2013 година.

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

Со членот 14 од Спогодбата важноста на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (во натамошниот текст: ОКДПС) се продолжува за уште 2 години сметано од денот на објавувањето на измените и дополнувањата во „Службен весник на РМ“ (денот на објавување е 31.12.2014) до 31.12.2016 година.

НОВИНИ ВО ОКДПС 1. Усогласување со ЗРО во делот на одредбите за забрана на дискриминација Со новиот член 4-а, внесен во делот на ОКДПС под наслов: „Забрана на дискриминација“, се врши усогласување на ОКДПС со одредбите од Законот за работните односи (ЗРО) за забрана на вознемирување на работното место (мобинг) при што се утврдува забрана на кој било вид на вознемирување на работното место. Работникот има право на заштита од вознемирување на работното место. Случаите на забрана на психичко вознемирување на работното место се утврдуваат согласно со закон и колективен договор 2. Вршење друга работа која не е предвидена со договорот за вработување може да трае до една година во случај на замена на подолготрајно отсутен работник ОКДПС во членот 8 ги утврдува работите кои работникот е должен да ги врши иако не се предвидени со договорот за вработување. Услови за вршење на овие работи се: работата да е во рамките на неговата стручна подготовка, да постои писмен акт (одлука) од страна на работодавачот и работата да се врши не подолго од два месеци само во следните пропишани случаи: * Правен советник

d_jacimovic@proagens.com.mk

1) кога треба да се замени отсутен работник; 2) кога е зголемен обемот на работата; 3) ако на работното место на кое работи е намален обемот на работа;

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

49


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

4) на елементарни непогоди кои се случиле или непосредно се закануваат и кога е неопходно за отстранување или спречување на последиците во случаите на природна непогода или друга несреќа; 5) на неопходно завршување на започнат процес, чие прекинување со оглед на природата на технологијата на работата би предизвикало материјални загуби; 6) на спречување на расипување на суровини и материјали, односно отстранување на дефекти на опремата и на средствата за работа; 7) на завршување на итни и неодложни работи и 8) во други случаи утврдени со колективен договор.

50

Со Спогодбата, членот 8 се дополнува со нов став 2, кој предвидува исклучок во поглед на траењето на работата на друго работно место по основ на едностран акт на работодавачот, бидејќи со него се утврдува траење на работа на друго работно место од максимум една година и само во случај кога се работи за замена на отсутен работник кој е на подолготрајно боледување. Условите за вршење на наведената работа од исклучокот се исти како и во погоре наброените случаи (точки: 1)8)), а тоа се: работата да е во рамките на стручната подготовка на работникот, да постои писмен акт (одлука) од страна на работодавачот и работата да се однесува само на случај кога се работи за замена на отсутен работник кој е на подолготрајно боледување. Според актуелниот став 3 на членот 8 од ОКДПС, работникот во сите случаи кога врши друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, има право на еднаква плата каква што примал на своето работно место, односно, плата која за него е поповолна.

3. Нови проценти на надоместок на плата за време на боледување Се менува членот 31 од ОКДПС, кој ги пропишува процентите на надоместокот на плата за време на времена неспособност за работа, на начин што утврдува дека: - до 15 дена работникот има право на надомест на плата во висина од 70% основицата утврдена со закон; - над 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон и - во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот. Со ова се напушта стариот режим на исплата на надоместокот за боледување на товар на работодавачот кој вклучуваше постепено зголемување на процентите според следната скала: 70% од основицата за боледување до 7 дена; 80% од основицата за боледување до 15 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето и 90% од основицата за боледување до 30 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето. Основицата од која што се пресметува и исплатува надоместок на плата на работникот во приватниот сектор за време на боледувањето е без промене и претставува просечната плата на работникот во последните 12 месеци пред боледувањето, ако со ЗРО или друг закон поинаку не е определено. Во платата како основица за надоместок влегуваат сите елементи на плата: основната плата, делот за работната успешност и додатоците по основ на распоредот на работното време, што на работникот му се исплатени во последните 12 месеци. Основицата е пропишана со член 112 став 8 од ЗРО и член 28 став 2 од ОКДПС.

 www.p

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

При тоа новото решение од членот 31 од ОКДПС предвидува и надоместок на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот. Единствен случај, за сега, утврден со законот (член 112 став 4 од ЗРО) како исклучок кога работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, е случај на боледување предизвикано со повреда на работа како последица на необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот. Во записникот од извршениот увид кај работодавачот инспекторот на трудот е должен да наведе дали конкретната повреда е поради непреземање мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот. Примерок од записникот инспекторот на трудот доставува и до Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Во контекст на обврската на работодавачот за плаќање на боледување за цело времетраење доколку е предизвикано со повреда на работа поради необезбедување на мерките за заштита при работа (членот 112 став 4 од ЗРО, кој е дел од измената на ЗРО 39/12, во сила од 30 март 2012 година), потсетуваме на обврската на работодавачите од членот 36 од Законот за безбедност и здравје при работа според која работодавачот веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено го известува органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот, за повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена. Известувањето на работодавачот покрај општите податоци содржи и краток опис на настанот и неговите последици. Токму реализирањето на оваа обврска од страна на работодавачот го инкорпорира основот за

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

спроведување на увид кај работодавачот од страна на инспекторот на трудот, кој треба да утврди дали конкретната повреда е резултат на непреземање мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот и за тоа да го извести Фондот за здравствено осигурување на Македонија. (Напомена:

Министерството за труд и социјална политика има утврдено унифициран образец за пријавување на несреќа на работа, при што пријавувањето може да се врши и по електронски пат на e-mail адресата: prijava@mtsp.gov.mk. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд.)

4. Дневниците за службени патувања во странство се утврдуваат согласно со колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач, но не помалку од Уредбата Во врска со дневниците за службени патувања во странство, како вид на надоместокот на трошоците поврзани со работа на кои работникот има право согласно со член 113 од ЗРО и член 35 од ОКДПС, се воведува ново решение во поглед на начинот на утврдување на нивната висина преку делегирање на ова право на колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач, а со повикување на износите од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци, како критериум (лимит) под кој дневниците не може да се утврдуваат. Произлегува дека со новото решение со кое се врши дополнување на членот 35 став 1 алинеја 2 од ОКДПС, се отвора простор за утврдување на повисоки износи на дневници во странство, дури и само врз ос-

51


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

нова на едностран акт на работодавач (одлука), покрај колективен договор на ниво на работодавач како алтернативен правен основ за дефинирање на износот на дневницата за странство.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со ОКДПС.

Но, од аспект на даночниот третман на дневниците за службени патувања во странство нема промени, бидејќи Законот за персоналниот данок на доход го врзува даночното ослободување за минималните износи на дневниците утврдени во ОКДПС, според тоа индиректно го врзува на износите утврдени со Уредбата. Истиот износ претставува и даночно признаен расход.

Даночен третман на регресот за годишен одмор останува непроменет: при исплатата се пресметува, задржува и плаќа персонален данок на доход од 10%, односно 11,1111% ако се пресметува од износот што се исплатува (нето примање). Регресот за годишен одмор е признаен даночен расход во Даночниот биланс во висина на 40% од просечната месечна бруто плата во РМ.

5. Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач

52

Особено внимание привлекуваат новите решенија во врска со регресот за годишен одмор (популарно: К-15). За прв пат, во ОКДПС се дефинира не само правото туку и минималниот износ на регресот за годишен одмор кој е задолжителен за сите субјекти од приватниот сектор кои не се вклучени во системот на колективното договарање на ниво на гранка/дејност, односно на ниво на работодавач кој систем предвидува посебни, поголеми износи за регрес. Новите правила за исплата на регресот за годишен одмор, утврдени преку измената на членот 35 став 1 алинеја 7 од во ОКДПС се следните: - минимален задолжителен износ на регресот е 40% од основицата (тримесечна нето плата исплатена во РМ), - се исплатува под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, - се исплатува еднаш во текот на годината и - износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. www.p

6. Надомест за смрт на член на семејство: сопруг, сопруга, деца и родители кои живеат во иста семејна заедница Со нова прецизна одредба, во рамките на членот 35 став 1 алинеја 9 од ОКДПС, се расчистува дилемата околу припадниците на семејно домаќинство во случај на чија смрт работникот има право на надоместок во висина на две основици (тримесечна нето плата исплатена во РМ). Според новата одредба, цитираме: „во случај на смрт на сопруг, сопруга, деца и родители кои живеат во иста семејна заедница, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици“. На овој начин, се исклучуваат сите останати членови кои живеаат во истото домаќинство, на иста адреса со работникот. Овој надоместок не подлежи на оданочување со персонален данок - ПДД и претставува даночно признаен расход.

7. Право и висина на новогодишен надоместок може да се утврди со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач Во посебен, нов член 35-в од ОКДПС се уредува новогодишниот надоместок, кој преку внесување на овој член во рамките на новата точка 5. под наслов: „Останати видови на

roagens.mk


РАБОТНИ ОДНОСИ

надоместоци“, се издвојува од групата на надоместоци на трошоци од членот 35, каде со години наназад, заедно со регресот за годишен одмор во рамките на алинеја 8 ја делеше судбината на воспоставеното право без конкретизиран износ, оставајќи износот да се утврдува со колективните договори на ниво на гранка, односно оддел. Новото решение од членот 35-в од ОКДПС, на новогодишниот надоместок му ја одзема силата на право утврдено со колективен договар од највисок ранг (ОКДПС) кој е задожителен за сите субјекти од приватниот сектор и го сведува на можно право кое постои само доколку се договори со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач. Цитат: „Со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се утврди правото и висината на новогодишниот надоместок“. Даночниот третман на новогодишниот надоместок е ист како и на регресот за годишен одмор. И новогодишниот надомест се оданочува со персонален данок - ПДД (нето износ х 11,111%), но различно од регресот, новогодишниот надоместок се оданочува и преку Даночниот биланс – образец ДБ (по стапка од 10%).

8. Формално-техничко уредување на нормативната структура на ОКДПС Креаторите на колективното договорање од највисок ранг (Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија) направија интервенција и во насока на формално техничко уредување на нормативната структура на ОКДПС. Во рамките на новоформираната точка 5. под наслов: „Останати видови на надоместоци“, во пет нови члена (35-а до 35-д) се внесуваат, покрај одредбите за новогодишен надоместок (нов член 35-в), и одредбите за: - п раво на надоместок по основ на придонес од иновации, рационализа-

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

  ции и други видови творештва за потребите на работодавачот, кој се утврдува со договор склучен меѓу работникот и работодавачот (нов член 35-а) претходно уредено во рамки на сега бришаниот член 29; - н епрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување согласно со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач се исплатува надоместок во висина на основицата - тримесечна нето плата исплатена во РМ (нов член 35-б), претходно уредено со член 35 став 2 алинеја 4; - надоместок во случај на потешки последици од елементарни непогоди, најмалку во висината на една основица - тримесечна нето плата исплатена во РМ (нов член 35-г), претходно уредено со член 35 став 2 алинеја 3; - можност за исплата и на други надоместоци согласно со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач. Покрај ова, во функција на номотехнички интервенции ОКДПС ја напушта терминологијата: „најнизок степен на сложеност“ и ја заменува со „најниска група на сложеност“, односно „степен“ на сложеност се заменува со „коефициент“ на сложеност, во членовите 17, 18 и 19 кои се однесуваат на пресметка на основна плата и на групирање на работи и работните места според групи и коефициени на сложеност. Интервенцијата нема суштинско материјално значење.

9. Усогласување со ЗРО и прописите за безбедност и здравје при работа Со новиот член 52-б од ОКДПС се утврдува дека на ниво на работодавач синдикатот избира или именува претставник за информирање и консултирање. За избраниот или именуваниот претставник синдикатот го информира работодавачот.

53


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Преку новиот член 52-б, ОКДПС се усогласува со член 94-а и 95 од ЗРО, со кои се уредува обврска за работодавачите за информирање и консултирање на работниците во трговско друштво, јавно претпријатие и друго правно лице што имаат над 50 работници и на установи што имаат над 20 работници. Посебно се прецизираат обврските на работодавачот за информирање и консултирање со претставниците на работниците при колективни отпуштања.

54

Понатаму, по главата XII, во ОКДПС се додава нова глава XII-а под наслов „Претставник на работниците за безбедност и здравје при работа“ со нов член 53-а, според кој претставникот за безбедност и здравје при работа го избираат вработените од своите редови, на синдикален собир на мнозинскиот синдикат, по предлог на синдикатот. Бројот на претставниците зависи од бројот на вработените во претпријатието, согласно со Законот за безбедност и здравје при работа. Осврт на Законот за безбедност и здравје при работа Потсетуваме дека според член 29 од Законот за безбедност и здравје при работа бројот на претставниците за безбедност и здравје при работа зависи од бројот на вработените кај работодавачот, со тоа што тој број не може да биде помал од:

Бројот на претставниците, начинот на нивното обучување и функционирање се уредува со акт на работодавачот согласно со Законот за безбедност и здравје при работа и колективен договор. Претставникот на вработените, ги застапува интересите на вработените во поглед на безбедноста и здравјето при работа пред работодавачот. Претставникот има посебна заштита од работен однос што ја има и претставникот на синдикатот кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор т.е. работодавачот мора на претставникот да му овозможи непречено вршење на неговата функција, преку обезбедување на соодветно време и потребни средства без намалување на платата, при што не смее да го стави во неповолна состојба поради неговите активности (член 30 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа). Претставникот на вработените има право на: обиколување на работните места; комуницирање со работодавачот за потребите и проблемите на безбедноста и здравјето при работа; известување на инспекцијата на трудот; слободен пристап до изјавите за проценка за безбедноста и другите документи во врска со планирањето и уредувањето на безбедноста и здравјето при работа (членот 30 став 1 од Законот за безбедност и здравје при работа).

- еден претставник, кој се избира кога има над десет вработени; - д вајца претставници на 101 до 500 вработени и - тројца претставници кај работодавачот кој има над 501 вработен. Независно од бројот на вработени, претставник се избира во секој работен простор каде што постои опасност по безбедноста и здравјето на работниците.

www.p

roagens.mk


ДАНОЧНО ПРАВО

 

ВАЖЕЧКИ ЗАКОНИ СПОРЕД КОИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ПОСТАПУВА КАКО ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН СО ОБВРСКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ 1. УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ КАКО ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН

С

о Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 88/08 и влезен во сила на 24 јули 2008 година, Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: УЈП) се стекна со овластувања на прекршочен орган. Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

УЈП стана прекшочен орган по основ на воведување на посебен „ДЕЛ ЧЕТИРИ-А“ во Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП) 1 под наслов: „Прекршочен орган и начин на работа на прекршочниот орган“ кој ги опфаќа членовите од 178-а до 178-г, а од измената на ЗДП - 171/10, која е во сила од 07.01.2011 година, овој дел е дополнет со уште два члена: 178-д и 178-ѓ чија примена започна на 1 јануари 2011 година. Со одредбите од наведените членови уреден е статусот на УЈП како прекршочен орган при што е извршено соодветно усогласување со одредбите од Законот за прекршоците и со новите управни мерки на инспекциските служби насочени кон ублажување на казнената политика.

2. ПРЕКРШОЦИ ЗА КОИ Е НАДЛЕЖНА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ Опфат на Законите по кои постапува УЈП Во членот 178-а став 1 од ЗДП е утврден опфатот на законите во однос на кои УЈП настапува како прекршочен орган, а што е од особен интерес за даночните обврзници во поглед на заштитата на нивната правна положба во односите кон даночниот орган при утврдување на прекршокот. Во согласност со наведениот член 178-а став 1 од ЗДП, УЈП како прекршочен орган е надлежна за водење на прекршочна постапка и за изрекување на прекршочни санкции за прекршоците пропишани со: 1) ЗДП 2) Законот за данокот на добивка, 3) Законот за персоналниот данок на доход, * Правен советник

d_jacimovic@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09,

1

145/10, 171/10, 53/11, 39/12 и 84/12. Одлуки на Уставен суд објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 90/07, 145/07, 21/08, 23/09 и 76/09 и 166/11.

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

55


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

4) Законот за данокот на додадена вредност,

кот на работната седмица и одлучува само во полн состав.

5) Законот за регистрирање на готовинските плаќања

Комисијата, во своето постапување може да изведува докази и собира податоци неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи согласно со ЗДП и Законот за прекршоците. Таа е должна да води евиденција на прекршоците, изречените прекршочни санкции и донесени одлуки на начин уреден со Законот за прекршоците.

6) Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување и 7) Законот за игри на среќа и забавните игри. д групата на закони над кои се протегаат О ингеренциите на УЈП како прекршочен орган изземен е Законот за акцизите со измената на ЗДП (105/09), почнувајќи од 1 јануари 2010 година. Тогашните незавршени постапки пред УЈП кои се однесуваа на акцизите, од 1 јануари 2010 година, продолжија да се водат пред Царинската управа, согласно со членот 9 од измената на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 105/09).

56

Последен закон кој е приклучен кон групата на закони по кои постапува УЈП е Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување преку измената на ЗДП (84/12), во сила од 12 јули 2012 година, со што и формално е извршено усогласување на овие два закона. Според член 23 став 1 од Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување контролата, утврдувањето, наплатата, присилната наплата, застареноста и отпишувањето на придонесите ги врши УЈП, согласно со Законот за даночната постапка.

Комисија за прекршоци Прекршочната постапка ја води тричлена Комисија за одлучување по прекршок (Комисија за прекршоци), именувана од страна на директорот на УЈП. Комисијата за прекршоци е составена од овластени службени лица вработени во УЈП. Членовите на Комисијата за прекршоци имаат свои заменици. Начинот на работење и дејствување на Комисијата за прекршоци поблиску се уредени со Деловникот за работа. Комисијата за прекршоци, заседава по укажана потреба, а најмалку три пати во теwww.p

Основни принципи според кои треба да се раководат членовите на Комисијата за прекршоци во својата работа се самостојност, независност, да одлучуваат согласно со своето стручно знаење, слободно и самостојно убедување и стандардите на етичко и професионално однесување. УЈП заради запазување на законски определената месна и стварна надлежност, во својот состав формира повеќе комисии за прекршоци на ниво на регионални дирекции и тоа за временски период од две години со право на реизбор на членовите. УЈП во прекршочна постапка одлучува и изрекува прекршочни санкции и управни мерки. Против решенијата за прекршоците на УЈП со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе тужба за поведување на управен спор.

3. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОРАМНУВАЊЕ КАКО НАЧИН НА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА Членот 178-г од ЗДП ја уредува ПОСТАПКАТА НА ПОРАМНУВАЊЕ, согласно со Законот за прекршоците („Службен весник на РМ“, бр. 62/06, исправка - 69/06 и 51/11), која има за цел постигнување на согласност меѓу сторителите на прекршоци и надлежните органи (во случајов: УЈП) за отстранување на штетните последици од сторениот прекршок, со цел да се избегне водење на прекршочна постапка пред прекршочниот орган. Според овој член: - За сите прекршоци за кои е надлежна УЈП (види во точката 2: Опфат на Законите), даночните инспектори

roagens.mk


ДАНОЧНО ПРАВО

- -

-

-

-

или други овластени лица (во натамошниот текст: овластени лица), при констатирање на прекршокот се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка на порамнување, пред да го поднесат барањето за прекршочна постапка. Постапката за порамнување Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА. Доколку овластеното лице констатира прекршок, должено е да состави записник во кој ќе ги забележи сите битни елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието и лицата затекнати на самото место, и да го понуди на сторителот на прекршокот/одговорното лице во правното лице или лице кое има писмено овластување дека има право да го потпише записникот, истиот да го потпише во знак на согласност. Во случај кога сторителот на прекршокот се согласува со констатираниот прекршок, овластеното лице е должно на сторителот на прекршокот ДА МУ ИЗДАДЕ ПЛАТЕН НАЛОГ и тоа дополнително да го прибележи во записникот. Доколку овластеното лице констатира прекршок, го состави записникот и го нуди заради потпис, а сторителот не се согласува со констатираниот прекршок, односно одбива да го потпише записникот, овластеното лице на самото место на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глоба, а тоа ќе го прибележи во записникот. Во случај кога сторителот на прекршокот/одговорно лице во правното лице или друго лице кое има писмено овластување да го потпише записникот ќе одбие да ја прими поканата за плаќање глоба, овластеното лице го забележува тоа во записникот, а поканата за плаќање на глобата ја

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

  доставува согласно Законот за прекршоците. - Сторителот на прекршокот е должен во рок од осум дена од денот на приемот на поканата да ја плати глобата. - По истекот на рокот предвиден за плаќање на глобата, во случај да не е платена глобата, овластеното лице поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за прекршоци. За поведените постапки за порамнување и исходот од нив, овластеното лице е должно да води посебна евиденција.

4. ПЛАТЕН НАЛОГ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ Бидејќи УЈП како прекршочен орган е должен да постапува според горенаведните одредби од ЗДП, но исто така и според одредбите од Законот за прекршоците, во овој дел ќе ја дообјасниме постапката за порамнување во моментот кога УЈП ќе му издаде платен налог на сторителот на прекршокот во согланост со член 49 од Законот за прекршоците. Според овој член: - А ко сторителот го признае делото што му се става на товар или ако овластеното службено лице прекршокот го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни технички средства и направи, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог. - П латниот налог за прекршок содржи: лично име и адреса и единствен матичен број на граѓанинот, ако се работи за странец и број на патната исправа и држава, податоци за вработување на сторителот; за правното лице, назив и седиште и даночен број, место и време на сторување на прекршокот, правна квалификација на прекршокот, износ на глобата, број на сметката за плаќање и правна поука, а може и други податоци во согласност со прописите.

57


Pr  fesionalna Edukacija

58

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- Се смета дека сторителот на прекршокот со потписот на приемот на платниот налог се согласува да ја плати глобата. - Сторителот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на платниот налог на сметката на органот назначен во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок, ЌЕ ПЛАТИ САМО ПОЛОВИНА ОД ИЗРЕЧЕНАТА ГЛОБА. Поуката за тоа право е дел од правната поука на платниот налог. - Ако сторителот не ја плати глобата во рокот, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. - Во постапката која ќе заврши со издавање на платен налог не се плаќаат трошоци на постапката. - Сторителот кој со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш да ја плати глобата. За платената глоба се издава потврда.

нивно објавување на веб страницата на УЈП. Двата члена се со примена од 1 јануари 2011 година.

5. ПОСТАПКА ЗА ЕДУКАЦИЈА СПОРЕД ЗДП

ЗДП пропишува спроведување на постапка за едукација за повреда на следните членови:

Едукација како инспекциска мерка Членот 178-д од ЗДП, со кие е дополнет ЗДП со измената (171/10 во сила од 07.01.2011 година) пропишува постапката за едукација на даночните обврзници кои за прв пат сториле одреден прекршок, со цел да се избегне водење на прекршочна постапка. Во прашање е релативно нов инструмент во постапувањето на даночниот орган при вршење на контрола, кој треба да ја олесни позицијата на даночниот обврзник што сторил законски дефинирана неправилност доколку е подготвен истата да ја исправи во пропишаниот рок. “ДЕЛ ЧЕТИРИ-А” на ЗДП посветен на УЈП како прекршочен орган, со истата измена (171/10), е заокружен со членот 178-ѓ, кој воведува обврска за УЈП за изготвување на квартални извештаи во однос на бројот на извршените контроли и

www.p

Различно од постапката за порамнување, која значи казнување со преполовен износ од пропишаната казна без водење на прекршочна постапка по основ на согласност на страните во постапката (даночен обврзник и УЈП), постапката за едукација во даночната постапка е управна мерка на УЈП која му претходи на порамувањето и целосно го исклучува, а со тоа и понатамошното прекршочно гонење на даночниот обврзник, доколку тој во утврден рок ја отстрани повредата констатирана при контрола од страна на даночниот орган. Оваа инспекциска мерка се разликува од порамнување во даночната постапка и по тоа што има со закон ограничена примена, т.е. се применува само во однос на одделни прекршоци пропишани со горенаведните закони по кои УЈП постапува како прекршочен орган.

Спроведување на едукација

I. - член 38 став (5) од Законот за даночна постапка - според овој член даночните обврзници се должни да поднесат пријава за регистрација во рок од пет дена од денот на започнување на дејноста; - член 64 од Законот за персоналниот данок на доход - според овој член обврзникот е должен деловните книги, другата евиденција и документацијата да ги чува во деловната просторија. Ако водењето на деловните книги е доверено на регистриран финансиско - книговодствен сервис, деловните книги и документацијата се чуваат во просториите на тој сервис; - член 7 од Законот за регистрирање на готовински плаќања - според овој член даночниот обврзник е должен, на видно

roagens.mk


ДАНОЧНО ПРАВО

место, да постави соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка. Доколку даночниот обврзник ЗА ПРВ ПАТ стори неправилност во смисла на наведените членови од точката I. овластениот даночен службеник е должен да состави ИЗВЕСТУВАЊЕ за констатираната неправилност со укажување истата да биде отстранета во РОК ОД ПЕТ ДЕНА, и едновремено да му врачи ПОКАНА за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде е утврдена неправилноста. II. Доколку носителот на платен промет ЗА ПРВ ПАТ стори неправилност во смисла на член 41 став (7) од Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ), а тоа значи: - п о електронски пат до надлежниот даночен орган не достави периодични извештаи од денарски трансакциски сметки и девизни сметки преку кои даночниот обврзник регистриран за цели на ДДВ го остварува своето работење, за период и во рок во кој се поднесува даночната пријава (согласно со ставовите 1, 3, 4 и 5 од член 41).

Во наведениот случај од точната II. ако носителот на платниот промет неправилноста ја отстрани во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок или овластениот даночен службеник ја констатира истата неправилност во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок од истиот член на ЗДДВ, во тој случај овластениот даночен службеник е должен да состави известување за констатираната неправилност со укажување истата да биде отстранета во рок од ПЕТ ДЕНА. Едновремено овластениот даночен службеник му врачува ПОКАНА за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде е утврдена неправилноста. III. Доколку даночниот обрзник ЗА ПРВ ПАТ стори неправилност во смисла на член 51 став (10) од ЗДДВ, а тоа значи: - н е поднесе пријава за регистрација за ДДВ најдоцна до 15 јануари во теков-

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

  ната година (во случаи кога: вкупниот промет во изминатата календарска година го надминал износот од 2.000.000 денари; доброволна регистрација за ДДВ од даночните обрзници со вкупниот промет под 2.000.000 денари); - не поднесе пријава во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста во случај кога започнал со вршењето на својата дејност во текот на календарската година; - не поднесе пријава најдоцна до 15 во месецот кој следи по месецот кога е остварен вкупен промет во износ кој го надминува износот од 2.000.000 денари. Во наведените случаи од точката III. доколку даночниот обврзник неправилноста ја отстрани во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок или овластениот даночен службеник ја констатира истата неправилност во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок од истиот член на ЗДДВ, во тој случај овластениот даночен службеник е должен да состави ИЗВЕСТУВАЊЕ за констатираната неправилност со укажување истата да биде отстранета во рок од ТРИ ДЕНА. Едновремено овластениот даночен службеник му врачува ПОКАНА за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде е утврдена неправилноста. Едукацијата ја организира и спроведува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на констатираната неправилност. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. Доколку се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. Доколку овластениот даночен службеник при спроведување на контролниот надзор

59


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

утврди дека не се отстранети горенаведените неправилности за констатираниот прекршок на сторителот на прекршокот му предлага постапка за порамнување. Порамнувањето ќе се сроведе на начин како што е веќе објаснето во точките 3. и 4., така што даночниот обврзик кој можел да биде целосно “амнестиран” преку едукацијата, сега, поради неотстанување на констатираната неправилност во утвдениот рок, го присилува инспекторот да го казни, макар и со преполовена глоба, односно со глоба во полн износ доколку не се согласи со порамнување па поради тоа биде покрената прекршочна постапка.

Едукација според Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување

60

Во Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување едукацијата е предвидена во членот 23-а, според кој доколку обврзникот за пресметка и уплата на придонесите - работодавач за прв пат стори неправилност во смисла на членот 22 став 1 од Законот за придонеси, овластениот даночен службеник е должен да состави известување за констатираната неправилност со укажување истата да биде отстранета во рок од осум дена. Истовремено овластениот даночен службеник му врачува покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста, согласно со Законот за даночната постапка. Членот 22 став 1 се однесува на обврската на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите - работодавач за своите вработени и самовработено лице за своите вработени, согласно со прописите од областа на работните односи да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на обврзникот за плаќање на придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај по истекот на годината најдоцна до 15 февруари наредната година. www.p

Евиденција за спроведената едукација Управата за јавни приходи, води евиденција за спроведената едукација. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата се пропишани со: “Правилникот за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на евиденција за спроведената едукација”, објавен во “Службен весник на РМ”, бр. 36/11, во сила од 24 март 2011 година.

6. ЗАКЛУЧОК ВО ФУНКЦИЈА НА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗДП Бидејќи од правилната примена на ЗДП од страна на службените лица на УЈП во голема мерка зависи правната сигурност на даночните обврзници и заштитата на уставното начело на владеење на правото, уште еднаш потенцираме дека во секој случај кога се во прашање прекршоците по: Законот за даночната постапка, Законот за данокот на добивка, Законот за персоналниот данок на доход, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување и Законот за игри на среќа и забавните игри, УЈП има законска обврска на даночниот обврзник да му издаде платен налог доколку истиот го признава прекршокот, во кој ќе нагласи дека плаќањето на глобата, доколку се изврши во рок од 8 дена, доведува до двојно намалување (преполовување) на износот на пропишаната глоба. Исто така, нагласуваме дека задолжителната примена на постапката за порамнување од страна на УЈП не е доведена во прашање, односно не може да се занемари од страна на службеното лице на УЈП со образложение дека порамнувањето не е пропишано во самите, горенаведени материјални закони, бидеjќи ингеренцијата на УЈП како прекршочен орган и начинот на нејзиното постапување целосно се покриени со ЗДП и Законот за прекршоците.

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

промени на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки (МСС 8 И ОДДЕЛ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ)

П

Ирена НИКОЛОВСКА *

равилникот за водење сметководство (“Службен весник на РМ”, бр. 159/09, 164/10 и 107/11) го содржи Меѓународниот сметководствен стандард (МСС) 8 Сметководствени политики, промени на сметководствени проценки и грешки, кој го применуваат големите и средни субјекти, како и Одделот 10 - Сметководствени политики, проценки и грешки на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ), кој го применуваат малите и микро субјекти и кој претставува скратена и поедноставена верзија на МСС 8. Овие два стандарда, соодветно за субјектите кои ги применуваат, ги пропишуваат критериумите за избор и примена на сметководствените политики употребени во подготовката на финансиските извештаи, како и сметководствениот третман и обелоденувањето на промените на сметководствените политики, промените на сметководствените проценки и исправките на грешки од изминатите периоди. Целта на стандардите е да се подобри релевантноста и веродостојноста на финансиските извештаи на субјектот и споредливоста на овие финансиски извештаи, како со извештаите на субјектот од претходни периоди, така и со финансиските извештаи на други субјекти. Во продолжение на текстот ги прикажуваме насоките од овие стандарди одделно во два дела I и II.

I. СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА промениТЕ на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки СОГЛАСНО СО МСС 8 (ГОЛЕМИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ) I.1. ЕФЕКТИ ОД Промени на сметководствени политики Сметководствени политики се специфични принципи, основи, конвенции, правила и практики усвоени од страна на едно друштво при подготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи.

* Даночен советник

i_nikolovska@proagens.com.mk

Друштвото треба да ги избере и да ги применува своите сметководствени политики конзистентно за слични трансакции, други настани и услови, освен во случаи кога некој друг МСФИ посебно бара или дозволува категоризација на ставки, за кои може да бидат соодветни различни политики, во кој случај треба да се избере и применува сметководствена политика конзистентно за секоја категорија.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

61


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Корисниците на финансиските извештаи имаат потреба да бидат во можност да ги споредуваат финансиските извештаи на субјектот во рамките на определен временски период за да ги идентификуваат трендовите во неговата финансиска состојба, успешноста во работењето и паричните текови. Поради тоа, истите сметководствени политики се применуваат во секој период и од еден период до друг, освен кога промената на сметководствената политика е неопходно да се направи согласно со МСС 8. промена на сметководствена политика, согласно со МСС 8, треба да биде направена само ако промената: - се бара со одреден МСФИ,

62

- р езултира во поверодостојно и порелевантно обезбедување на информациите во финансиските извештаи на субјектот, во однос на ефектите од трансакциите, другите настани или услови за финансиската состојба на субјектот, финансиската успешност или паричните текови. МСС 8 определува што не претставува промена на сметководствените политики: а) примена на сметководствена политика за трансакции, други настани или услови кои суштински се разликуваат од оние кои претходно постоеле и б) примена на нова сметководствена политика за трансакции, други настани или услови кои не се случиле претходно или биле незначајни. напомена:

промената на сметководствена политика, зависно од барањата на стандардот, се применува: - ретроактивно или - проспективно.

I.1.1. ретроактивна примена на променета сметководствена политика МСС 8 регулира промената на сметководствената политика да се примени ретроактивно, освен кога не е практично да се утврдат било ефектите кои се специфични за периодот или пак кумулативните ефекти кои произлегуваат од промената (МСС 8, точки 19 и 23), односно кога: а) друштвото треба да ја евидентира промената на сметководствената политика, која произлегува од првична примена на некој МСФИ во согласност со конкретните преодни одредби, доколку ги има, во тој МСФИ, б) друштвото ја менува сметководствената политика при првична примена на некој МСФИ, кој не вклучува конкретни преодни одредби, кои се применуваат за таа промена, или кога станува збор за доброволна промена на сметководствената политика. ретроактивната примена резултира во примена на новата сметководствена политика на трансакциите, останатите настани и услови, на начин како новата сметководствена политика отсекогаш да била во употреба. Друштвото треба да го корегира:

МСС 8, точка 17, предвидува исклучок во примената на своите одредби при промена на одредена сметководствена политика. Имено, почетната примена на политиката за евидентирање на средствата по ревалоризирани износи според дозволениот алтернативен третман во МСС 16 недвижности, постројки и опрема или МСС 38 - нематеријални средства, претставува промена на сметководствена политика, меѓутоа таа се третира како ревалоризација во согласност со МСС 16 или МСС 38, а не во согласност со МСС 8. www.p

- почетното салдо на секоја компонентна на главнината, на која таа промена има влијание, од најраниот претходен период кој е презентиран и - другите споредбени износи кои се обелоденети за секој претходен период, кои треба да бидат презентирани како новата сметководствена политика отсекогаш да била применувана.

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

Вообичаено исправката се врши на акумулираната (задржаната) добивка, но може да биде направена исправка и на друга компонентна од главнината (на пример, за да биде во согласност со барањата на МСФИ). Било која друга информација за претходните периоди, како на пример историско резиме на финансиски податоци, исто така, се корегира за колку што е можно најдалечни периоди за кои тоа е практично. Кога друштвото применува нова сметководствена политика ретроактивно, ја применува новата сметководствена политика на споредбените податоци за претходните периоди за колку што е можно најдалечни периоди за кои истото е практично. Износот на резултирачката исправка која се однесува на периоди кои претходат на периодите кои се презентирани во финансиските извештаи се врши на почетното салдо на секоја компонентна на главнината од најраниот презентиран период, на која има влијание промената. Даночните ефекти од ретроактивните корекции направени заради примена на промените во сметководствените политики се евидентираат и обелоденуваат во согласност со МСС 12 - Даноци на добивка.

 

ример за промена на П сметководствена политика ретроактивна примена: Во текот на xxx1 година, “Делфи” ја променила својата сметководствена политика во врска со третманот на трошоците за позајмувањата, кои директно се припишуваат на стекнувањето на една хидроцентрала, чија изградба е во тек од страна на “Делфи”. Во претходните периоди, “Делфи” ги капитализирала таквите трошоци, без данокот на добивка, во согласност со дозволениот алтернативен треман на МСС 23 - Трошоци за позајмувања. “Делфи” одлучила да ги расходува, наместо да ги капитализира таквите трошоци со цел да се усогласи со основниот третман во МСС 23. “Делфи” ги капитализирала стекнатите трошоци за позајмување во износ од 2.600 денари во xxx0 година и 5.200 денари за периодите пред xxx0 година. Сите стекнати трошоци за позајмувањата во претходните години во врска со стекнувањето на хидроцентралата биле капитализирани. Сметководствената евиденција на “Делфи” за xxx1 година искажува добивка од редовни активности пред оданочување и камати во износ од 30.000 денари; расходите за камати се во износ од 3.000 денари (кои се однесуваат само на xxx1 година) и данок на добивка во износ од 2.700 денари. “Делфи” сеуште не признала било каква амортизација на хидроцентралата, бидејќи таа не е ставена во употреба.

kontakt@proagens.com.mk

Во xxx0 година, “Делфи” искажала: Добивка од редовни активности пред камати и оданочување Расходи за камати Добивка од редовни активности пред оданочување Данок на добивка (10%) Нето добивка

18.000 / 18.000 1.800 16.200

Почетните акумулирани добивки во xxx0 година биле 20.000 денари, а крајните акумулирани добивки изнесувале 36.200 денари.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

63


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Ефект од промена на сметководствена политика - ретроактивна примена: друштво “делфи” Извадок од Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) опис

година xxx1

Добивка од редовни активности пред камати и оданочување расходи за камати Добивка од редовни активности пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка

30.000 (3.000) 27.000 (2.700) 24.300

година xxx0 (повторно пресметани) 18.000 (2.600) 15.400 (1.540) 13.860

друштво “делфи” Извадок од Извештај за промени на главнината (само колони за акумулирана добивка) година xxx1

опис

64

акумулирана добивка, почетна, како што е претходно искажана промена на сметководствена политика - (намалено за данок на добивка од 780 за xxx1 година /7.800 x 10%/ и 520 за xxx0 година /5.200 x 10%/) - (Белешка број 1) акумулирана добивка, почетна, повторно искажана нето добивка акумулирана добивка, заклучна

друштво “делфи”

29.180 24.300 53.480

15.320 13.860 29.180

денари (xxx1 година) и 2.600 денари (xxx0 година). Почетните акумулирани добивки за xxx0 година се намалени за 5.200, заради усогласување со поранешните периоди до xxx0 година.

Извадок од белешките кон финансиските извештаи Белешка 1: Во текот на xxx1 година, “Делфи” ја променила својата сметководствена политика во врска со третманот на трошоците за позајмувањата, кои се однесуваат на хидроцентралата во изградба за користење од страна на “Делфи”. Со цел да се усогласи со основниот треман на МСС 23 - Трошоци за позајмувања, друштвото сега ги расходува наместо да ги капитализира овие трошоци. Оваа промена во сметководствената политика водела кон ретроактивни пресметувања. Споредливите извештаи за xxx0 година биле исправени за да се усогласат со променетата политика. Ефектите од промената резултирале во зголемување на расходите за камати во износ од 3.000

www.p

36.200 (7.020)

година xxx0 (повторно пресметани) 20.000 (4.680)

I.1.2.проспективна примена на променета сметководствена политика (ограничување на ретроактивната примена) Кога е непрактично друштвото ретроактивно да ја примени новата сметководствена политика, заради тоа што не може да го утврди кумулативниот ефект од примената на политиката на сите претходни периоди, друштвото ја применува новата политика проспективно од почетокот на најраниот период за кој тоа е практично. на тој начин, со ова се изоставува делот на кумулативната исправка на средствата, обврските и главнината кои произлегле пред таа дата.

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

Промена на сметководствена политика е дозволено дури и доколку е непрактично да се примени политиката проспективно за било кој претходен период. Примената на некое барање станува непрактична, доколку друштвото и покрај направените разумни напори сепак не успева да го примени тоа барање. За одреден претходен период, не е практично да се примени промена на сметководствена политика ретроактивно, доколку: а) ефектите од ретроактивната примена не можат да се утврдат, б) р етроактивната примена бара проценки на намерите на раководството во тој период, в) ретроактивната примена бара значителни проценки на износи и не е возможно објективно да се разграничат информациите во врска со тие проценки кои: - о безбедуваат докази за околностите кои постоеле на датата (датумите) на кои тие износи треба да се признаат, измерат и обелоденат, - б и биле на располагање кога финансиските извештаи за тој претходен период биле одобрени за издавање од другите информации. Точките од 50-53 на МСС 8 обезбедуваат подетално упатство во однос на тоа кога е непрактично да се примени нова сметководствена политика на еден или повеќе претходни периоди. Во МСС 8 точки 24 и 25 се наведени две основни правила, според кои: а) к ога е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот кои произлегуваат од промената на сметководствената политика за споредбените информации за еден или повеќе презентирани периоди, друштвото треба да ја примени новата сметководствена политика на сегашната вредност на средствата и обврските на почетокот

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

  од најраниот период за кој е практична ретроактивната примена, што може да биде тековниот период и треба да се направат кореспондирачки корекции на почетното салдо за секоја компонента од главнината во тој период на кој има влијание промената,

б) к ога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект кој произлегува од промената, на почетокот од тековниот период, од примената на сметководствената политика на сите претходни периоди, друштвото треба да ги корегира споредбените податоци за да ја примени новата сметководствена политика проспективно од најраната дата која е практична. Како идна (проспективна) примена на промена во сметководствената политика, се смета примената на новата сметководствена политика на трансакции, други настани и услови кои се случуваат по датумот на промена на политиката. На пример, друштвото може да одлучи да ја промени својата сметководствена политика за трошоците за позајмување и да ги капитализира овие трошоци во согласност со дозволениот алтернативен третман во МСС 23 - Трошоци за позајмување. Според проспективната примена, новата политика се применува само на трошоците за позајмување коишто настануваат по датумот на промената на сметководствената политика.

I.2. ЕФЕКТИ ОД Промени на сметководстве ни проценки Сметководствените проценки се всушност разумни расудувања засновани на последните расположиви соодветни информации. Проценките се потребни поради тоа што голем број на ставки во финансиските извештаи не можат прецизно да се измерат, туку можат само да се проценат, како резултат на неизвесностите со кои се соочува

65


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

друштвото во своето секојдневно работење. Користењето на разумни проценки претставува значаен дел на подготвувањето на финансиските извештаи и не ја намалува нивната веродостојност.

а) периодот на промената, доколку промената влијае само врз тој период или

Проценките можат да бидат потребни, на пример, за:

на пример, промена на проценката на износот на ненаплатливи побарувања влијае само врз тековниот период и, според тоа, веднаш се признава. Меѓутоа, промената на проценетиот корисен век на употреба или на очекуваниот модел на трошење на економските користи на средство кое се амортизира (методот на амортизација) влијае врз расходот за амортизација во тековниот период и во секој период во текот на преостанатиот корисен век на употреба на средството, така што ефектот на промената кој се однесува на тековниот период се признава како приход или расход во тековниот период, а сите ефекти врз идните периоди се признаваат во идните периоди.

- у тврдување на износот на ненаплативите побарувања, - о пределување на застареноста на залихите, - о пределување на објективната вредност на финансиските средства или финансиските обврски, - о пределување на корисниот век на употреба на средствата или

66

- о пределување на очекуваниот модел на трошење на економските користи на средствата кои се амортизираат (определување соодветен метод на амортизација), - о пределување на гаранциските обврски. Доколку се случат промени во врска со околностите на коишто била заснована проценката, или дојде до последователни случувања, или пак друштвото се стекне со нови информации и поголемо искуство, може да биде потребно да се ревидира определена проценка. По својата природа, ревидирањето на проценките не се однесува на претходни периоди и не претставува исправка на грешка. напомена:

Во случаи кога е тешко да се направи разлика помеѓу промена на сметководствена политика и промена на сметководствена проценка, промената се третира како промена на сметководствена проценка. Ефектот од промена на сметководствена проценка, освен од промената наведена во точката 37 на МСС 8, треба да биде признаен проспективно со негово вклучување во утврдувањето на добивката или загубата во:

www.p

б) п ериодот на промената и идните периоди, доколку промената влијае и врз двете.

Според исклучокот пропишан во точката 37 на МСС 8, до степенот до кој промената на сметководствената проценка влијае на зголемувањето на промената на средствата и обврските, или се однесува на одредена ставка од главнината на друштвото, ефектот од промената на сметководствената проценка треба да се признае со исправка на сметководствената вредност на поврзаното средство, обврска или ставка од главнината во периодот на промената.

I.3. Е ФЕКТИ ОД ИСПраВКа н а ГрЕШКИ Во сметководството и подготвувањето на финансиските извештаи можат да настанат грешки, во вид на математички грешки, грешки во примената на сметководствените политики, погрешно толкување на факти, поради измама или превиди. Грешки од изминатиот период се пропусти и грешки во финансиските извештаи на друштвото за еден или повеќе претходни периоди настанати поради недостатокот од користење, или од погрешно користење, на веродостојни информации кои:

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

- б иле на располагање кога финансиските извештаи за тие периоди биле одобрени за издавање, - б и било разумно да се очекува дека тие би биле обезбедени и земени во предвид во подготовката и презентирањето на тие финансиски извештаи. Финансиските извештаи не се во согласност со МСФИ, доколку тие содржат било материјални (значајни) грешки или пак нематеријални (незначајни) грешки, кои се направени намерно за да се постигне одредено презентирање на финансиската состојба, финансиската успешност или паричните текови на едно друштво. Потенцијални грешки во тековниот период, кои се откриени во тој период, се корегираат пред да се одобрат финансиските извештаи за издавање. Меѓутоа, понекогаш материјални грешки не се откриваат се до поминување на последователен период, и тие грешки од претходен период се корегираат во споредбените податоци кои се презентирани во финансиските извештаи за тој последователниот период. Материјални (значајни) испуштања или погрешни прикажувања на ставки се материјални, доколку тие би можеле, индивидуално или заедно, да влијаат на економските одлуки, кои ги донесуваат корисниците врз основа на финансиските извештаи. Материјалноста зависи од големината и природата на ставката за која се расудува во околностите на окружувањето. Напомена:

Исправањето на грешки се разликува од промените на сметководствените проценки. Сметководствените проценки по својата природа претставуваат приближни вредности, кои можеби ќе треба да се ревидираат доколку станат познати некои дополнителни информации. На пример, добивката или загубата, која е признаена во врска со резултатот на даден неизвесен настан, којшто претходно не можел веродостојно да се процени, не претставува исправка на грешка.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

Грешката од претходен период, зависно од барањата на стандардот, се корегира со ретроактивно повторно прикажување, освен до степенот до кој е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот или кумулативниот ефект од грешката. Даночните ефекти од исправките на грешки од изминатите периоди се евидентираат и обелоденуваат во согласност со МСС 12 - Даноци на добивка. I.3.1. Исправка на грешки со ретроактивно повторно прикажување Ретроактивно повторно прикажување е исправка на признавањето, мерењето и обелоденувањето на износите на елементите на финансиските извештаи како грешката од претходните периоди никогаш да не настанала. Друштвото треба да ги корегира материјалните грешки од претходниот период ретроактивно во првиот сет на финансиски извештаи кои се одобрени за издавање откако тие ќе бидат откриени со: а) повторно прикажување на споредбените износи за претходниот презентиран период(и) во кој настанала грешката, б) доколку грешката настанала пред најраниот претходен период кој е презентиран во финансиските извештаи, треба повторно да се прикаже почетната состојба на средствата, обврските и главнината за најраниот претходен период кој е презентиран. ример за исправка на грешка - ретроП активно повторно прикажување: Во xxx1 година, сметководителот на друштвото “Бета” открил дека во xxx0 година друштвото не го евидентирало расходот за амортизација во износ на 20.000 денари, кој се однесува на ново изградена зграда. Следат извадоци од Извештајот за сеопфатна добивка (биланс на успех) и Извештајот за промени во главнината за xxx1 година и xxx0 година пред исправката на грешката:

67


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

опис Бруто добивка Општи и административни трошоци, вклучувајќи амортизација Добивка од редовни активности, пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка акумулирана добивка, почетна акумулирана добивка, заклучна

година xxx1 200.000 (80.000) 120.000 (12.000) 108.000 165.000 273.000

година xxx0 230.000 (80.000) 150.000 (15.000) 135.000 30.000 165.000

Корекција на грешка - ретроактивно повторно прикажување: друштво “Бета” Извадок од Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) година xxx1

опис Бруто добивка Општи и административни трошоци, вклучувајќи амортизација Добивка од редовни активности, пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка

68

200.000 (80.000) 120.000 (12.000) 108.000

година xxx0 (повторно пресметани) 230.000 (100.000) 130.000 (13.000) 117.000

друштво “Бета” Извадок од Извештај за промени на главнината (само колони за акумулирана добивка) година xxx1

опис

акумулирана добивка, почетна, како што е претходно искажана корекција на грешка - нето ефект на данок на добивка, во износ од 2.000 (20.000 расход на амортизација x 10% данок на добивка 1 ) - (види Белешка број 1) акумулирана добивка, почетна, повторно искажана нето добивка акумулирана добивка, заклучна

година xxx0

165.000

(повторно пресметани) 30.000

(18.000)

/

147.000 108.000 255.000

30.000 117.000 147.000

друштво “Бета” Извадок од белешките кон финансиските извештаи Белешка 1: Друштвото не евидентирало расход на амортизација во износ од 20.000 денари во xxx0 година. Финансиските извештаи за xxx0 година се повторно искажани за да се корегира грешката. 1

неприкажаниот расход на амортизација од 20.000 денари, претходно предизвикал прикажување на повисока

добивка, за што е платен и повеќе данок. Овде се неутрализира тоа со корегирање на грешката од 20.000 денари за нето даночниот ефект.

www.p

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

I.3.2. Исправка на грешки при ограничување на ретроактивното повторно прикажување Кога е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот во однос на грешката на споредбени податоци за еден или повеќе презентирани претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже почетните состојби на средствата, обврските и главнината за најраниот период за кој е практично ретроактивното повторно прикажување (што може да биде тековниот период). Кога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект, на почетокот на тековниот период, за грешка во однос на сите претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже споредбените податоци за да се корегира грешката проспективно од најраната дата која е практична. Корекцијата на грешката од претходен период е исклучена од добивката или загубата за периодот во кој се открила грешката. Сите информации презентирани во однос на претходни периоди, вклучувајќи ги и сите историски збирни финансиски податоци, повторно се прикажуваат за колку што е можно најдалечен период за кој тоа е практично. Кога е непрактично да се утврди износот на грешката (на пример, грешка во примената на сметководствена политика) за сите претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже споредбените информации проспективно од најраната дата која е практична. На тој начин, со ова се изоставува делот на кумулативната исправка на средствата, обврските и главнината кои произлегле пред таа дата.

 

II. СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА промениТЕ на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки СОГЛАСНО СО ОДДЕЛОТ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ (МАЛИ И МИКРО СУБЈЕКТИ) Одделот 10 на МСФИ за МСЕ обезбедува насоки за избирање и примена на сметководствените политики употребени во подготовката на финансиските извештаи на малите и микро субјекти, како и за начинот на сметководствено спроведување на ефектите од нивните промени. Исто така, овој оддел ги опфаќа промените во сметководствените проценки и исправки на грешки во финансиските извештаи од претходни периоди. Во продолжение се прикажани преработени примери користени од Прирачникот за обука на МСФИ за МСЕ, на Фондацијата за МСФИ (В. Британија) од 2009 година.

II.1.ЕФЕКТИ ОД ПРОМЕНИ ВО СМЕТКОВОДСТВЕНИТE ПОЛИТИКИ Друштвото ја менува сметководствената политика само ако промената: а) ја бараат измените во МСФИ за МСЕ или б) резултира во финансиски извештаи кои обезбедуваат веродостојни и порелевантни информации за ефектите на трансакциите, другите настани или услови на финансиската состојба, финансиските резултати и парични текови на друштвото. Следново не се смета за промена во сметководствените политики: а) примената на сметководствена политика за трансакции, други настани или состојби што во суштина се разликуваат од оние што претходно се појавиле,

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

69


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

б) примената на нова сметководствена политика за трансакции, други настани или состојби што претходно не се појавиле или не биле материјални, в) промена во моделот на набавна вредност кога повеќе не е достапна веродостојна мерка за објективната вредност (или обратно) за средство за коешто МСФИ за МСЕ бара или дозволува да се мери по објективна вредност. Доколку МСФИ за МСЕ дозволува избор на сметководствен третман (вклучувајќи основа за мерење) за одредена трансакција или друг настан или услов и друштвото го промени неговиот избор, тоа е промена во сметководствената политика.

70

Кога е тешко да се направи разлика меѓу промена во сметководствената политика и промена во сметководствената проценка, промената се третира како промена на сметководствена проценка. Друштвото ги евидентира промените во сметководствената политика како што следува: а) друштвото ја евидентира промената во сметководствената политика што резултира од промена во барањата од МСФИ за МСЕ во согласност со преодните одредби, доколку постојат, утврдени во таа промена, б) кога друштвото избрало да го следи МСС 39 - Финансиски инструменти: Признавање и мерење наместо следење на Оддел 11 - Основни финансиски инструменти и Оддел 12 - Други финансиски инструменти како што е дозволено со став 11.2 и се променат барањата од МСС 39, друштвото ја евидентира таа промена во сметководствената политика во согласност со преодните одредби, доколку постојат, наведени и ревидирани во МСС 39, и в) друштвото ги евидентира сите останати промени во сметководствената политика ретроактивно.

www.p

Пример за точка б: Промена на сметководствена политика согласно со МСС 39 Во согласност со единствената можност на МСФИ за МСЕ да се користат целосните МСФИ (горенаведена точка б), друштвото ги применува барањата на МСС 39. Во тековниот период, МСС 39 се изменил. Преодните одредби на промената на МСС 39, бараат промената на сметководствената политика да се евидентира како прилагодување на акумулираната добивка на почетокот на тековниот период на известување. Друштвото пресметало дека 70.000 денари од намалувањето на акумулираната добивка во износ од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување, како резултат на промена на сметководствената политика, припаѓа на годините пред споредбениот период на известување. Ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно прикажување на акумулираната добивка на почетокот на тековниот период на известување - намалување од 110.000 денари. Во согласност со преодните одредби на промената на МСС 39, споредбените износи не мора да бидат повторно искажани.

Пример за точка в: ретроактивна примена на промена на сметководствена политика Во тековниот период на известување, друштвото доброволно променило сметководствена политика. Кумулативниот ефект на промената на сметководствената политика врз акумулираната добивка на друштвото е намалување од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување, од кои 70.000 денари припаѓаат на годините пред споредбениот период на известување. Во согласност со горенаведената точка в), ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно искажување на акумулираната добивка на почетокот на споредбениот период на известување (намалување од

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

70.000 денари) и 40.000 денари намалување во добивката за споредбениот период. Кумулативниот ефект на овие повторни прикажувања е намалување на акумулираната добивка во износ од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување.

II.1.1. Ретроактивна примена на промена на сметководствена политика Кога се прави ретроактивна промена во сметководствена политика, друштвото ја применува новата сметководствена политика на компаративните информации за претходните периоди до најраниот датум кога тоа е изводливо, исто како новата сметководствена политика да била применета отсекогаш. Кога е непрактично да се одредат ефектите на поединечните периоди на промена во сметководствената политика на компаративните информации за еден или повеќе презентирани периоди, друштвото ја применува новата сметководствена политика на сметководствените вредности за средствата и обврските на почетокот на најраниот период за кој е изводлива ретроспективна примена, што пак може да биде тековниот период и ги прави соодветните корекции на почетното салдо на секоја засегната компонента на главнината за тој период.

ример за ретроактивна примена П на промена на сметководствена политика: Во 2013 година, друштвото доброволно променило сметководствена политика. Во согласност со точката 10.11 в), друштвото мора да ја евидентира оваа промена ретроактивно. Кумулативниот ефект на промената е намалување на акумулираната добивка во износ од 120.000 денари на 1.1.2013 година - почетокот на тековниот период на известување.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

Друштвото презентира две години на споредбени информации (2011 и 2012) и пресметало дека ефектот од промената на сметководствената политика изнесува 30.000 денари пониска добивка за секоја од минатите 4 години (2012, 2011, 2010 и 2009). Ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно искажување на: - а кумулираната добивка на 1.1.2011 година - намалена за 60.000 денари, - д обивката за годината што завршува на 31.12.2011 година - намалена за 30.000 денари, - д обивката за годината што завршува на 31.12.2012 година - намалена за 30.000 денари. Кумулативниот ефект на овие повторни искажувања изнесува 120.000 денари пониско повторно искажување на акумулираната добивка на 1.1.2013 година (на почетокот на тековниот период на известување).

II.2. Е ФЕКТИ ОД ПРОМЕНА ВО СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕНКИ Промената во сметководствените проценки е корекција на сметководствената вредност на средството или обврската, или пак износот на периодичната потрошувачка на средството, што резултира од оценка на тековната состојба и очекуваните идни користи и обврски поврзани со средствата и обврските. Промените во сметководствените проценки резултираат од новите информации или развојот и соодветно не се корекции на грешки. Друштвото го признава ефектот на промената во сметководствената проценка, освен за промената во долунаведениот случај (точка 10.17), вклучувајќи ја во иднина во добивката или загубата во: а) периодот на промената, доколку промената влијае само на тој период, или

71


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

б) п ериодот на промената и идните периоди, доколку промената влијае на двата. По исклучок, се додека промената во сметководствената проценка предизвикува промени во средствата и обврските, или се однесува на ставка од главнината, друштвото ја признава преку корекција на сметководствената вредност на ставките за поврзаното средство, обврска или главнина во периодот на промената (точка 10.17).

ример - проспективна промена П на сметководствена проценка:

72

на 31.12.2012 година, друштвото вреднувало едно свое побарување во износ од 240.000 денари (720.000 денари бруто износ намален за 480.000 денари резерва за сомнителни побарувања). Проценката на големината на сомнителното побарување била соодветно направена врз основа на сите информации кои биле расположливи. Друштвото примило известување од ликвидаторот на должникот дека ќе прими 300.000 денари како целосно и крајно подмирување на долгот на 31.12.2013 година. Друштвото мора да вклучи 60.000 денари (300.000 денари на 31.12.2013 година намалено за 240.000 денари на 31.12.2012 година) како зголемување на добивката за годината која завршува на 31.12.2013 година поради промена на сметководствена проценка.

II.3. И СПраВКИ на ГрЕШКИ ВО ПрЕТХОДнИ ПЕрИОДИ Грешките во претходниот период се пропусти и погрешни прикази во финансиските извештаи на друштвото за еден или повеќе претходни периоди што настануваат заради неупотребување или злоупотребување на веродостојните информации коишто: а) биле достапни кога финансиските извештаи за тие периоди биле одобрени за објавување, и б) може реално да се очекува дека биле добиени и земени предвид во подгоwww.p

товката и презентирањето на тие финансиски извештаи. Таквите грешки ги вклучуваат ефектите на математички грешки, грешки во примена на сметководствените политики, превиди или погрешни толкувања на фактите, како и измама. Колку што е тоа изводливо, друштвото ретроактивно ја исправа материјалната грешка од претходен период во првиот финансиски извештај одобрен за објавување, откако истата била откриена, така што: а) повторно ги прикажува компаративните износи за претходниот презентиран период(и) кога грешката се појавила, или б) доколку грешката се појавила пред да биде презентиран најраниот претходен период, повторно ги прикажува почетните салда на средствата, обврските и главнината за најраниот претходно презентиран период. Кога е непрактично да се одредат ефектите на грешката за специфичен период врз компаративните информации за еден или повеќе претходно презентирани периоди, друштвото повторно ги прикажува почетните салда за средствата, обврските и главнината за најраниот период за кој е изводливо ретроактивно повторно прикажување (што може да биде и тековниот период).

Пример за точка а: ретроактивно исправање на грешка Во 2013 година, откако друштвото ги одобрило за издавање финансиските извештаи за 2012 година, открило дека трошокот за амортизација за 2012 година бил потценет за 43.200 денари, поради пресметковна грешка. Потценувањето во износ од 43.200 денари на трошокот за амортизација во финансиските извештаи за 2012 година е грешка на претходно презентиран период. Ефектот од корекцијата на грешката на претходно презентиран период (2012) мора да биде презентиран како:

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

- п овторно искажување на добивката за годината што завршува на 31.12.2012 година како намалување од 43.200 денари, како и

Друштвото утврдило дека е непрактично да се утврдат индивидуалните ефекти на исправката на грешката за периодите пред 2012 година.

- п овторно искажување на акумулираната добивка на 1.1.2013 година (почетокот на тековниот период на известување) со намалување за 43.200 денари (за цели на примерот, ги игнорираме даночните ефекти).

Ефектот на исправката на грешката од претходно презентирани периоди мора да се презентира како:

Пример за точка б: ретроактивно исправање на грешка Во 2013 година, друштвото открило програмска грешка во системот за определување на цена на чинење на неговиот главен производ. Корекцијата на грешката од претходно презентирани периоди треба да се изведе ретроaктивно. Кумулативниот ефект од исправката на грешката изнесува 120.000 денари намалување на акумулираната добивка на 1.1.2013 година (почетокот на тековниот период на известување). Друштвото презентира две години на споредбени информации (2011 и 2012) и пресметало дека ефектот на исправката на грешката изнесува 30.000 денари пониска добивка за секоја од минатите 4 години (2012, 2011, 2010 и 2009).

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

- п овторно искажување на акумулираната добивка (и залихите-средство) на 1.1.2012 година, намалена за 90.000 денари, - н амалување на добивката за годината што завршува на 31.12.2012 година за 30.000 денари, - п овторно презентирање на акумулираната добивка со намалување од 120.000 денари (и залихите-средство) на 1.1.2013 година (почетокот на тековниот период на известување). не е практично да се искажат повторно споредбените информации за годината која завршува на 31.12.2011 година. Друштвото мора да обелодени објаснување на причините зошто е непрактично да се утврдат износите за периодот пред 1.1.2012 година.

kontakt@proagens.com.mk

73


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ИНФОРМАЦИЈА

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ

С

о новите измени и дополнувања во Законот за угостителска дејност (објавени во „Службен весник на РМ”, бр. 187/13), кои влегуваат во сила од 7 јануари 2014 година предвидени се бројни НОВИНИ, кои кратко ги презентираме во следните 7 точки.

1. Проширена е листата на комплементарни угостителски објекти Со Законот за угостителска дејност (во по-

74

натамошниот текст: Законот), се уредуваат условите и начинот на вршење угостителска дејност во Република Македонија, во кој домен спаѓаат и угостителските објекти за сместување. За цели на подобрување и збогатување на содржината на туристичката понуда во земјата, се прави проширување на листата на комлементарните угостителски објекти за сместување со нова категорија на објекти – „ловни домови и куќи“.

Исто така, предвидено е вклучување на овие нови објекти – „ловни домови и куќи“ на листата на угостителски објекти за сместување, кои подлежат на задолжителна категоризација, согласно со членот 27 од Законот.

2. Допрецизирање на постапката за издавање на ознака за национален ресторанмеана Со бришење на одредби од членот 19 на Законот за уредување на постапката за доделување ознака национален ресторанмеана, истите подетално се разработени во пет нови члена (19-а, 19-б, 19-в, 19-г и 19-д) каде се допрецизира постапката за www.p

добивање ознака за национален ресторан -меана. За да може да ja добие ваквата ознака, угостителскиот објект треба да ги исполни следниве критериуми: 1) извршена категоризација согласно со членот 27 од Законот, со неизминат рок на важност; 2) понудата на храна во листите за јадење, треба да биде во сооднос од најмалку 70% домашни традиционални јадења споредбено со интернационалните јадења, додека понудата на вино и други пијалоци треба да биде во сооднос од најмалку 80% вина и други пијалоци произведени во Република Македонија споредбено со интернационални вина и други пијалоци; 3) при надворешното и внатрешното уредување на угостителскиот објект, да се употребуваат природни материјали, како и мотиви од домашната традиционална култура, народни инструменти, носии, покуќнина-садови и слично; 4) облеката на персоналот треба да има апликации и мотиви од традицијата и 5) музиката која ќе се изведува во угостителскиот објект треба да биде изворна со акустичен звук. Начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката ги донесува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за економија во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон. Постапката за добивање на ознаката ја спроведува Комисија за спроведување постапка за добивање на ознаката национален

roagens.mk


УГОСТИТЕЛСТВО

ресторан-меана (во натамошниот текст: Комисија) составена од пет члена, кои имаат заменици. Комисијата ја формира министерот за економија и е составена од еден член на Министерството за економија (кој е и претседател на комисијата), еден член од Министерството за култура, еден член од Кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресурси, еден член од туристичките комори и еден член од угостителското стопанство. За спроведената постапка Комисијата изготвува решение кое се издава со важност од три години. Трошоците за добивање на ознаката ги сноси угостителот. Ознаката не може да се пренесува. Висината на трошоците ги определува министерот за економија, врз основа на реално направените трошоци за работење на Комисијата и изготвувањето на решението. За добивање на ознаката угостителот поднесува барање (на посебно пропишан образец) до Министерството за економија. Со барањето се приложува: 1. р ешение од Централен регистар на Република Македонија и 2. решение за извршена категоризација. Министерот за економија води Регистер за националните ресторани-меани.

3. Допрецизирање на постапката за издавање на ознака за угостителски услуги во домаќинства од рурални средини Со измените на Законот се бришат и одредбите од членот 47 за уредување на постапката за доделување ознака за вршење угостителска дејност за сместување од страна на физички лица во селски домаќинства во рурални средини, за истите подетално да

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

бидат разработени во шест нови члена (53а, 53-б, 53-в, 53-г, 53-д и 53-ѓ) со кои се уредува начинот, постапката и критериумите за добивање на овие ознаки, за кои е предвидено поблиску да бидат утврдени со подзаконски акти донесени од страна на министерот за економија. За да може да се добие ознаката, угостителските објекти за сместување во рамки на селските домаќинства во руралните средини, треба да ги исполнат следниве критериуми: 1) извршена категоризација согласно со членот 47 од Законот за угостителска дејност, со неизминат рок на важност; 2) при надворешното и внатрешното уредување на угостителскиот објект, да се употребуваат природни материјали, како и мотиви од традиционалната култура, народни инструменти, носии, покуќнина-садови и слично и 3) топлите и ладни јадења, пијалоци и напитоци кои се послужуваат да бидат домашни и еколошки произведени. Постапката за добивање на ознаката ја спроведува Комисија за спроведување постапка за добивање на ознаката за рурални средини составена од три члена, кои имаат заменици. Комисијата ја формира министерот за економија и е составена од еден член на министерството за економија (кој е и претседател на Комисијата), еден член од туристичките комори и еден член од угостителското стопанство. Трошоците за добивање на ознаката ги сноси носителот на селското домаќинство. Висината на трошоците ги определува министерот за економија, врз основа на реално направените трошоци за работење на Комисијата и изготвувањето на решението.

kontakt@proagens.com.mk

75


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

За добивање на ознаката угостителот поднесува Барање (образец кој ќе биде посебно пропишан) до давателот на ознаката, со кое се приложува: 1) документ за регистрирана дејност од регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност што се води во општината и 2) решение за извршена категоризација. Во министерството за економија ќе се води Регистер за добивање на ознака за руралните средини.

4. Потсетник за истекување на лиценца за угостителски објекти

76

Со дополнување во членот 21 пропишана е услугата „потсетник за истекување на лиценца за угостителски објекти“ (ноќен бар, кабаре, диско клуб) и се утврдува начинот на спроведување на истата. Имено, Министерството за економија 30 дена пред истекот на рокот на важноста на претходно издадена лиценца го потсетува носителот на лиценцата за периодот на важноста на истата. Потсетувањето се врши преку доставување на електронска порака на е-маил адресата од тековната состојба на правното лице.

5. Бришани одредби за автокампови Заради усогласување со посебниот пропис за автокампови (Законот за автокампови) од Законот за угостителска дејност се бришат одредбите со кои се регулира вршењето дејност кампирање и угостителски услуги за кампирање.

6. Најава на посебен пропис од Министерот за економија Во членот 17 од Законот, се додава нова одредба која претставува основ за донесување подзаконски акт од министерот за економија за доуредување на видот на угостителските објекти, предвидени во членот 16 како објекти за сместување и објекти за исхрана.

7. Усогласување на прекршочните одредби Се врши и усогласување во прекршочните одредби со тоа што глобата од член 67-а која се изрекува на самото место за прекршок на физичко лице вршител на дејност, се зголемува од 300 евра на 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност (зголемување за 10, односно 20 пати).

Потсетувањето може да се врши и со СМС-порака, доколку носителите на лиценца дале претходна согласност дека тоа ќе биде на нивен трошок.

www.p

roagens.mk


МОБИНГ

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА МЕРКИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ЗАШТИТАТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО (согласно со барањата на Законот за заштита од вознемирување на работно место „Службен весник на рм“, бр. 79 од 31 мај 2013, во сила на 8 јуни 2013 година)

1. СУБЈЕКТИ КОИ МОЖАТ ДА БАРААТ ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

Заштита од вознемирување на работно место можат да бараат: - вработените - врз основа на договор за вработување (на определено или неопределено време, со полно или со скратено работно време, приправници, на пробна работа), - кандидатите за вработување, - лицата ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело, авторски договор и други видови на договори (на пример:, договор за практиканство) кои учествуваат во работата кај работодавачот.

2. СУБЈЕКТ КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ВРШИТЕЛ НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО Вршител на вознемирување на работно место може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување без оглед на нивното својство: - работодавач во својство на физичко лице (самостоен вршител на дејност, трговец-поединец) - одговорно лице кај работодавач – правно лице (управител, директор, раководител) - вработен или група вработени кај работодавач (колега или група колеги) или - трето лице со кое вработениот или работодавачот доаѓа во контакт при извршувањето на работите на работното место. Поимите вршител на вознемирување на работно место и вознемирувано лице имаат неутрално значење и се однесуваат и за жени и за мажи.

* Правен советник

d_jacimovic@proagens.com.mk

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

77


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

3. ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО И ЗЛОУПОТРЕБА НА ПРАВАТА НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ Се забранува кој било вид на психичко и полово вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.

78

- ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ на работно место, е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место. - ПОЛОВО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост. - Вознемирување на работно место претставува и ПОТТИКНУВАЊЕ ИЛИ НАВЕДУВАЊЕ на другите на однесување кое значи психичко и полово вознемирување. Злоупотреба на правата на вознемирување на работно место врши вработен кој знаел или морал да знае дека не постојат причини за поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место, а повел или иницирал поведување на ваква постапка, со цел за себе или за друг да прибави материјална или нематеријална корист или да нанесе штета на трето лице.

kontakt@proagens.com.mk

www.p

4. МЕСТО И ВРЕМЕ НА ВРШЕЊЕ НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО 4.1. Место на вознемирување

Како место на вршење на психичко и полово вознемирување на работно место се смета • р аботното место на кое вработениот вообичаено работи или • местото на кое вработениот е упатен да работи од страна на работодавачот. Како место на вознемирување на работно место може да се смета и местото/местата низ кои минува вработениот кој е изложен на вознемирување при неговото вообичаено доаѓање и заминување од работното место, но само во случај кога вознемирувањето го врши вработен кај ист работодавач или друго лице кое работи кај истиот работодавач, кое патува или се движи заедно или во непосредна близина со вработениот. 4.2. Време на вознемирување

Како време на вршење на психичко и половото вознемирување на работно место, се смета времето во рамките на работното време и времето на патување до и од работното место, кога е извршен видот и начинот на однесувањето кое се смета за вознемирување на работно место.

5. ОДНЕСУВАЊА И АКТИВНОСТИ КОИ НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СПОРЕД ЗАКОН Однесувања и активности кои не се сметаат за вознемирување на работно место се: 1) поединечните акти (одлуки, решенија)

донесени од страна на работодавачот со кои се одлучува за права, обврски и одговорности од работен однос, против кои вработениот има право на заштита во постапка утврдена со закон;

roagens.mk


МОБИНГ

 

2) лишување и оневозможување на оствару-

вање и користење на права утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработување, чија заштита се остварува во постапка кај работодавачот и пред надлежен суд;

3) секое неоправдано правење на разлика

при нееднакво постапување спрема вработениот по кој било основ на дискриминација, кое е забрането и во врска со кое се обезбедува заштита, согласно со закон и

4) повремени разлики во мислењата во врска

со прашања и проблеми поврзани со вршењето на работите и работните задачи, освен ако истите немаат за цел да го повредат или намерно навредат вработениот.

6. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊАТА НА РАБОТОДАВАЧОТ И ВРАБОТЕНИОТ ПРИ РАБОТА И работодавачот и вработените се должни да го почитуваат достоинството на другите како и правилата на однесување во врска со превенцијата и заштитата од вознемирување на работното место.

О брски на работодавачот: Работодавачот се обврзува во текот на работата да: - обезбеди услови во кои работата ќе се врши во атмосфера за заемно почитување, соработка, без непријателско, понижувачко или навредливо однесување, - развива свест кај вработените за потребата од заемно почитување и тимска работа во извршувањето на работните задачи, - им овозможи на вработените право да изнесуваат свои ставови, мислења и предлози во врска со вршењето на работата на работното место, а поради тоа вработените да не трпат штетни последици.

1

ИНФОРМИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА МЕРКИТЕ, ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО 1

аботодавачот е должен вработениот при Р самото вработување писмено да го запознае со забрана од вознемирување на работното место и со мерките и постапката во врска со заштитата од вознемирување, како и во текот на работењето работниците да ги информира за мерките, правата, обврските и одговорностите во врска со заштитата од вознемирување на работно место. СОСТАВУВАЊЕ НА ЛИСТА НА ПОСРЕДНИЦИ КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ СО НАД 50 ВРАБОТЕНИ

аботодавачот кај кого се вработени 50 Р или повеќе вработени е должен да состави листа на посредници од редот на вработените кои ќе посредуваат меѓу страните во случај на вознемирување на работно место. Посредникот се избира од листата на посредници определена од работодавачот. СПОГОДБЕНО ОПРЕДЕЛУВУВАЊЕ НА ПОСРЕДНИКОТ КАЈ РАБОТОДАВАЧИ СО ПОД 50 ВРАБОТЕНИ

Кај работодавач кој има помалку од 50 вработени посредникот спогодбено го определуваат: вработениот кој е изложен на вознемирување на работно место, вршителот на вознемирувањето и вработениот кој ќе го определи работодавачот. ПОСРЕДНИК – НЕУТРАЛНО ЛИЦЕ

Посредникот кој е редот на вработените е неутрално лице кое посредува меѓу страните (вршителот на вознемирување и вработениот кој смета дека е вознемируван) со цел за решавање на нивниот спорен однос. Посредникот е должен да постапува независно и непристрасно. Лицето не може да биде посредник ако во постапката на посредување е предложен во својство на сведок.

Доказ дека вработените се информирани во форма на Изјава е составен дел на ова Известување.

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

79


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА

За штетата која како последица на вознемирување на работно место е предизвикана на вработен кај работодавачот од страна на одговорно лице кај работодавачот – правно лице, работодавач – физичко лице, вработен или група вработени или трето лице со кое вработениот или работодавачот доаѓа во контакт при извршувањето на работите на работно место (вршители на вознемирување), одговара секое од овие лица поединечно за предизвиканата штета (лична одговорност за штета).

Права и обврски на вработениот Вработените и лицата ангажирани со договор кои учествуваат во работата кај работодавачот имаат право на заштита од вознемирување на работно место и има право да поведе постапка за заштита од вознемирување на работно место, согласно со закон.

80

Вработениот, како и лицата ангажирани со договори кои учествуваат во работата кај работодавачот во текот на работа треба да се однесуваат коректно, пристојно и достоинствено спрема другите вработени и работодавачот, - придонесуваат за создавање на работна околина во која нема да има возменирување на работното место, - придонесуваат за превенција и спречување на вознемирување на работното место,

7. ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ Постапката за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот се состои од: А) Претходната постапка (писмено предупредување) која по својот карактер е обид за надминување на спорната ситуација без поведување на постапката за заштита пред работодавачот, односно пред надлежниот суд, и Б) Постапката за заштита од вознемирување при постоење на неуспешен обид во претходната постапка.

7.1. Претходна постапка (ПИСМЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВРШИТЕЛОТ НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ) 2 Во оваа постапка вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, треба ПИСМЕНО ДА СЕ ОБРАТИ до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел за решавање на спорната состојба, односно случај, без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место и ДА ГО ПРЕДУПРЕДИ дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.

- го информираат работодавачот - правно лице (работоводниот орган или друго овластено лице), односно работодавачот-физичко лице ако забележат постоење на вознемирување на работно место.

 2

02/ 3162-979 i 3298-763

Пример на писмено предупредување е составен дел на ова Известување. www.p

roagens.mk


МОБИНГ

 

7.2. Поведување постапка за заштита од вознемирување при постоење на неуспешен обид во претходната постапка (ПИСМЕНО БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ) 3

ога се поведува постапката за заштита К од вознемирување Оваа постапка се поведува кога вознемирувањето го врши лицето кое не е работоводен орган (одговорно лице) кај работодавач-правно лице, односо работодавач со својство на физичко лице. Во таков случај вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работното место, по безуспешна претходна постапка, пред поднесувањето на тужба пред надлежен суд, поднесува ПИСМЕНО БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ на работно место до работодавачот.

______________ (работодавачот - физичко лице или друго лице кое тој ќе го овласти). Кој може да поднесе барање од името на вработениот Барањето може, покрај вработениот, да поднесе и друго лице (претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените), по писмена согласност на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место. Што мора да содржи барањето Во брањето мора да бидат наведени: - податоци за подносителот на барањето, - п одатоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето,

Кога поведувањето на постапката за заштита кај работодавачот не е потребно

- п одатоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување;

Вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување од страна на работоводен орган (орган на управување: управител, директор) во правното лице или физичко лице како работодавач, може да поднесе тужба пред надлежниот суд по претходното писмено предупредување до вршителот на вознемирувањето, БЕЗ ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА од вознемирување на работно место кај работодавачот.

- к раток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место,

До кого се поднесува барање за заштита од вознемирување Барањето за заштита од вознемирување вработениот го поднесува до: _____________ (одговорното лице кај работодавачот - правно лице: управител, директор или друго овластено лице), односно 3

- т раење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување; - наведување на факти и докази. Рок за поднесување на барање Барањето може да се поднесе најдоцна во рок од шест месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место. Со истекот на овој рок правото за поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место застарува.

Пример на барањето е составен дел на ова Известување.

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

81


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Начин на постапување по поднесување на барањето - Избирање на посредник По поднесувањето на барањето за заштита од вознемирување на работно место работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на барањето на страните во спорот да им предложи посредување како начин на разрешување на спорниот однос и да им предложи да изберат лице од листата на посредници. Ако страните и работодавачот не можат да се спогодат за избор на посредник, одговорното лице кај работодавачот е должно во наредниот рок од осум дена по истекот на рокот во кој им е предложено посредување, на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, да му достави писмено известување дека не е избран посредник.

82

Рок за поднесување тужба Од денот на доставувањето (или не доставувањето во наведениот рок) на писменото известување дека не е избран посредник, отпочнува да тече рокот од 15 дена, за поднесување на тужба до надлежниот суд за заштита од вознемирување на работно место. Спроведување на постапка за посредување Постапката за посредување кај работодавачот е итна и затворена за јавноста. Постапката за посредување посредникот треба ја заврши во рок од 15 дена. Податоците прибрани во текот на постапката можат да се соопштуваат само на учесниците во постапката и нивното изнесување, претставува повреда на работните обврски. Посредникот е должен да постапува независно и непристрасно на начин за да им помогне на страните да постигнат спогодба.

02/ 3162-979 i 3298-763 www.p

Можност за учество на претставник на синдикат Во постапката за посредување, на барање на страните во спорот, може да учествува и претставник на синдикатот во кој членува вработениот, односно претставник на вработените. Тек на постапката за посредување Страните можат да се спогодат за начинот на кој ќе се спроведува постапката за посредување а доколку не постигнат спогодба, посредникот ќе спроведе постапката за посредување на начин за кој смета дека е адекватен, имајќи ги предвид околностите на спорниот однос и интересите на страните, со почитување на начелото на итност. Тој може - д а води заеднички или одвоени разговори со страните, како и - в о согласност со едната страна на другата страна да и пренесе и достави предлог и ставови за одделни прашања. По потреба, посредникот во текот на постапката може да направи разговори и со лица кои се предложени како сведоци од страна на страните. Посредникот изготвува извештај за секое преземено дејстивие за направените разговори со страните и со сведоците. Успешно посредување (постигнување на спогодба) Постапката за посредување е успешна доколку страните во постапката се спогодат. Во тој случај посредникот во рок од три дена од денот на завршувањето на постапката за посредување ИЗГОТВУВА СПОГОДБА КОЈА СОДРЖИ ПРЕПОРАКИ за вршителот на вознемирувањето на работно место и за работодавачот за: - престанокот на вознемирувањето, - н ачинот на отстранување на можностите за продолжување на вознемирувањето на работно место,

roagens.mk


МОБИНГ

 

- п реместување на вработениот во друга работна просторија, односно на друга локација. Спогодбата ја потпишуваат двете страни и посредникот. Работодавачот е должен да постапи по препораките од спогодбата. Неуспешно посредување Ако страните во постапката не постигнат спогодба, посредувањето е неуспешно.

Мерки за утврдување на одговорност на вработениот Работодавачот може на вработен кој врши вознемирување на работно место или злоупотреба на правото за заштита од вознемирување на работно место да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, односно за повреда на работните обврски согласно со закон. Тоа се следните мерки според ЗРО:

При неуспешно посредување, посредникот е должен во рок од три дена од завршувањето на постапката за посредување да изготви ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА НЕ Е ПОСТИГНАТА СПОГОДБА, односно дека посредувањето е неуспешно.

- предупредување и

Писменето известување за неуспешно посредување се доставува до двете страни и до работодавачот.

- д а му го откаже договорот за вработување, односно

Запирање на постапката Во текот на постапката за посредување страните може со писмена изјава се откажат од натамошното водење на постапката. Во таков случај посредникот е должен во рок од три дена од добивањето на изјавите да донесе заклучок за запирање на постапката. Заклучокот посредникот го доставува до двете страни и до работодавачот. Мерки за спречување на вознемирување до завршувањето на постапката Ако на вработениот, според мислењето од овластена здравствена установа која врши дејност медицина на трудот, му е нарушена здравствената состојба поради вознемирувањето на работно место, работодавачот е должен до завршување на постапката за заштита од вознемирување на работно место: - в работениот привремено да го премести во друга работна просторија, односно работна средина.

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

- парична казна. Доколку вработениот на кого му била изречена мерка, во рок од шест месеци повторно изврши вознемирување, работодавачот може:

- д а му изрече мерка престанок на работниот однос. Заштита на учесниците во постапката На работодавачот изречно му се забрането вработениот кој ја повел постапка за заштита од вознемирување на работно место, како и учесникот во таа постапка во својство на сведок, неосновано, само заради постапката, да: - г о стави во понеповолна положба во поглед на остварување на правата и обврските од работен однос, - п оведе постапка за утврдување на дисциплинска, материјална и друга одговорност - м у го откаже на договорот за вработување и - п рогласи престанок на работниот однос од деловни причини (прогласување на технолочки вишок), • во рок од две години од денот кога е поведена постапка за заштита од вознемирување или од денот кога учествувал како сведок во постапка за заштита од вознемирување на работно место.

83


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

8. С УДСКА ЗАШТИТА

Товар на докажување

Вработениот кој не е задоволен од исходот на постапката за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот, или ако вршителот на вознемирување е работоводен орган кај работодавачот-правно лице, односно физичко лице-работодавач, може да поднесе тужба до надлежниот суд. Споровите за заштита од вознемирување имаат карактер на работни спорови. Во постапката по споровите заштита од вознемирување на работно место е применуваат одредбите од Законот за парнична постапка.

ко во текот на постапката тужителот го А сторил веројатно постоењето на вознемирување на работно место, товарот на докажувањето дека немало конкретно однесување кое претставува вознемирување на работно место е на тужениот.

Привремени мерки

ред започнување или во текот на П постапката судот може на предлог на странката на одреди привремени мерки заради спречување на насилничко однесување или заради отстранување на ненадоместлива штета. Во привремени мерки спаѓаат:

Видови на тужбено барање

84

Вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место со тужба може да бара:

- забрана за приближување до работното место на вработениот и

- утврдување дека претрпел вознемирување на работно место,

- забрана на телефонирање и комуницирање (вербално или електронски).

- забрана на вршење на однесувања кои претставуваат вознемирување на работно место, односно забрана на повторување на вознемирување на работно место,

Жалбата против решението за изрекување на привремени мерки не го задржува извршувањето на решението.

9. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

- преземање на дејствија заради отстранување на последици од вознемирување на работно место и

Инспекциски надзор над спроведување на Законот за заштита од вознемирување на работно место врши органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот.

- надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работно место. Место______, датум ________ година

www.p

Работодавач ___________

roagens.mk


МОБИНГ

 

ИЗЈАВА ЗА СПРОВЕДЕНО ИНФОРМИРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО Јас ________________ како вработен кај работодавачот ________________________ (правно или физичко лице, орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), на работното место ____________________, по основ на Договорот за вработување _____________ бр. од ______________ година, со оваа изјава потврдувам дека сум информиран/а од страна на работодавачот за мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и дека сум целосно запознаен/а со моите права, обврски и одговорности во рамки на остварувањето на оваа заштита пред работодавачот и можноста за поведување работен спор под определени услови. Информирањето од страна на работодавачот е извршено со посебен интерен акт насловен: („Информации за вработените за мерките и постапката за заштита од возмемирување на работно место“), кој ми е врачен на денот на потпишување на оваа оваа изјавa, а кој претходно ми беше доставен на мојата e-mail адреса.

Во Скопје, на ден ___________ 2013 година

Давател на Изјавата Вработен/а _________________

(име и потпис на вработен)

До Вработен Стојан Стојчевски

(вршител на вознемирување-друго вработе но лице)

ул.__________________________, Скопје

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ПОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ КАЈ РАБОТОДАВАЧ Повеќе од три месеци, од почеток на месец септември 2013 година, кога кога склучив договор за вработување на неопределено време како сметководител кај работодавачот _____________, а последен пат на 1 декември 2013 година, речиси секојдневно ми се обраќаш со навредливи и понижувачки изрази: ______, _____, ______, во присуство на останатите вработени, па дури и во присуство на странките, со што ми го повредуваш достоинство и угледот поради што се чувствувам понижено, непријатно и фрустрирано, а се со цел да ја омаловажиш мојата стручност. Бидејќи ваквото твое однесување се одразува и врз мојата здравствена состојба до таа мера што по препорака на лекарот почнав да пијам средства за смирување и имам лекарски извештај дека поради вознемирувањето на работното место ми зе заканува непосредна опасност за здравје, а и дома ја пренесувам нервозата поради што трпи и моето семејтво, ти се обраќам и барам од тебе веднаш да престанеш со таквото неприфатливо однесување, во спротивно ќе поведам постапка за заштита од вознемирување на работното место кај работавачот.

о Скопје, на ден ___________ 2013 година В

INFORMATOR 2 I ФЕВРУАРИ 2014

Давател на предупредување Вработена Вида Видовска _______________________

85


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

До Работодавач: ДОО ____________________ ул. ___________________ Скопје за одговорно лице ____________

БАРАЊЕ ЗА ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО КАЈ РАБОТОДАВАЧ Вработена сум во ДОО___________________, на работно место сметководител со Договор за вработување на неопределено време бр. ___________, почнувајки од 1 септември 2013 година. Претходно работев во истиот субјект на определено време, по кој основ договорот ми е повеќе пати продолжуван. Но, откако го склучив на неопределено време, односот на колегата Стојан Стојчевски од вработен на работното место сметководител, целосно се измени. Почнувајќи од првата недела во месецот септември 2013 година тој континурано ми се обраќа со навредливи и понижувачки изрази: ______, _____, ______, во присуство на останатите вработени, па дури и во присуство на странките, со што ми го повредува достоинството и угледот а се со цел да ја омаловажи мојата стручност, поради што се чувствувам понижено, непријатно и фрустрирано.

86

Посебно тешко ми падна навредата од 1 декември 2013 година кога ми се обрати со зборови ______________, при што во стресна состојба побарав лекарска помош и добив лекови за смирување. Според мислењето на лекарот – специјалист по медицина на трудот, поради вознемирувањето на работното место ми зе заканува непосредна опасност за здравје.

Доказ: Извештај на здравствена установа по медицина на трудот од 1.12.2013 година.

Нагласувам дека поради неприфатливото однесување на Стојан Стојчевски трпи и целото мое семејство ____________________________________________________________________. Бидејќи и писменото предупредување што на вработениот Стојан Стојчевски му го испратив по пошта на 1.12.2013 (со доказ дека го примил), не резултираше со коригирање на неговото недолично онесување, со оглед дека вчера на 9.12.2013 година повторно ме навреди во присуство на колегите: Јанко Јанковски и Ивана Ивановска, предлагам работодавачот да ја спроведе постапката за заштита од вознемирување на работното место и до окончувањето на постапкапкта да ме преместите во друга работна просторија во согласност со Законот за заштита од вознемирување на работно место.

Доказ: Писмено предупредување од 1.12.2013, со доказ за прием.

Во Скопје, на ден ___________ 2013 година

Подносител на барањето Вработена Вида Видовска

ул. ___________________ Скопје

Доставено до: - Одговорното лице кај работодавачот _____________ (потпис од одговорнот лице) - Архива

www.p

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

 

ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА) 1. АСИГНАЦИЈA КАКО ПРЕСМЕТКОВЕН НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Д

Данијела ЈАЌИМОВИЌ *

оговорот за упатување, во деловниот свет попознат под името асигнација, е регулиран со Законот за облигационите односи - ЗОО („Службен весник на РМ“, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09 и 161/09 - во натамошниот текст: ЗОО). Во прашање е специфичен вид на облигационо правен однос, кој има широка примена во прометот на стоки и услуги. Современото работење се соочува со голем број на потешкотии претежно се од финансиска природа. Главен проблем врзан за финансирањето е, генерално, проблемот на ликвидноста. Ваквите услови погодуваат во современата деловна пракса да се развијат и се поинтензивно да се користат одредни правни механизми кои ја олеснуваат наплатата на трговските побарувања и ја подобруваат ликвидноста на учесниците во трговинскиот промет, намалувајќи ги едновремено трошоците на работењето. Таквите механизми, кои по својата суштина се правни работи - договори, се на пример: асигнација, цесија, компензација, преземање на долг и во последно време кај нас се почесто и факторинг. Сите овие своевидни средства во прометот на стоки, услуги и права за финален ефект имаат исполнување на обврските и затворање на побарувањата на доверителите, по договорна основа. Допуштеноста на асигнацијата како и на компензација, цесија, преземање на долг и други облици на меѓусебно намирување на обврски и побарувања (плаќање со пресметка) кај субјектите со блокирани сметки е временски ограничена со Законот за платниот промет 1 и завршува со 31 декември 2013 година. Се предлага преку измена на Законот за платен промет, овој рок да се одложи до 31 декември 2015 година.

* Правен советник

d_jacimovic@proagens.com.mk

Според тоа, од 1 јануари 2016 година согласно со член 25 од законот (измена на Законот за плате промет 11/12, во сила од 1 јануари 2012 година), субјектите со блокирани сметки не ќе можат легално да вршат плаќање со прес-метка. Забраната „Службен весник на РМ“, бр. 113/07, 22/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12, 59/12 и 166/12.

1

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

87


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

во наведена смисла, веќе од 1 јануари 2009 година е во примена кај буџетските корисници, единките корисници и другите институции кои имаат сметки во Трезорската главна книга а се со блокирана сметка (измена на Законот за платен про-мет објавена во “Службен весник на РМ”, бр. 22/08), како и кај јавните здравствени установи кои имаат сметки во Здравствената главна книга и имаат блокирана сметка (измена на Законот за платен промет објавена во “Службен весник на РМ”, бр. 145/10, во сила од 13 ноември 2010 година). Во правниот промет, асигнацијата може да се јави во две основни функции: 1) како облигационен договор, кој нема основ во претходна должничко - доверителна правна работа - асигнација како самостоен, независен облигационен однос и

88

2) како облигационен договор со кој се исполнува обврска, која произлегува од основниот должничко - доверителен однос - асигнација како акцесорен (зависен) облигационен однос. Кога се јавува како начин на исполнување на обврската од примарниот договорен однос, се забележува сличноста на асигнацијата со договорот за пренос на побарување (цесија) и со договорот за преземање на долг. Во продолжение ќе ги запознаеме правните специфики на договорот за упатување еден од најчесто користените начини на плаќање во нашата деловна пракса.

GODI[NA PRETPLATA 2014 - INFORMATOR - DODATOK NA INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII

14.900 denari

www.p

2. ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Н А АСИГНАЦИЈА (УПАТУВАЊЕ) 2.1. Поим на асигнацијата (упатување) Асигнацијата (asignati o – дознака) е уредена со одредбите на ЗОО, содржани во членовите од 1059 до 1073. Законска дефиниција на договорот за упатување гласи: 

Со упатување (асигнација) едно лице, упатувач (асигнант) овластува друго лице, упатеник (асигнат), за негова сметка да изврши нешто за определено трето лице, примач на упатување (асигнатор), а него го овластува да го прими тоа извршување од свое име.

Страните во договорот за упатување (асигнација) се: 1) Упатувач (асигнант); 2) Упатеник (асигнат) и 3) Примач на упатување (асигнатор). Произлегува дека со асигнацијата едното лице (асигнант, упутувач) му дава задача (упатува) на другото лице (асигнат, упатеник) да изврши плаќање или друго дејствије на третото лице (асигнатор, примач на упатување).

2.2. Конститутивни елементи на договорот за асигнација Асигнацијата е еднострана правна работа, бидејќи настанува врз основа на еднострана изјава на упатувачот. Таа е неформална правна работа, која, како што е случај и со другите облигациони работи, по правило се дава во писмена форма. Но бидејки асигнацијата мора да биде прифатена и од упатеникот (асигнат) и од примачот на упатување (асигнатор), изјавата на волја на сите три страни најчесто се дава во рамките на еден акт, во форма на договорот за асигнација.

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

Асигнацијата, како тристран договор, содржи согласност меѓу упатувачот, упатеникот и примачот на упатувањето. За полноважноста на договорот потребни се: а) овластувања дадени од упатувачот до упатеникот и до примачот на упатување за извршување, односно примање на определено извршување;

 

2.3. Предмет на упатување редмет на упатување може да биде П извршување на парично или непарично (материјално или нематеријално) дејствие (побарување).

2.3.1. Асигнација кога упатувач (асигнант) е должник на примачот на упатувањето (асигнатор)

б) с огласност на упатеникот за прифаќање на упатување и в) с огласност на примачот на упатување за примање на упатувањето. Трите наведени точки се конститутивни елементи на асигнацијата, во моментот на склучувањето на договорот. Според тоа, кај асигнацијата се формираат три правни односи: 1. однос меѓу упатувачот и упатеникот; 2. о днос меѓу упатувачот и примачот на упатување и 3. о днос меѓу упатеникот и примачот на упатување.

Кога упатувањето е во функција на извршувањето на обврската од основниот (главен) договор, во кој упатувачот (асигнант) е должник, примачот на упатувањето (асигнатор) е доверител, а упатеникот (асигнат) е должник на упатувачот (должников должник), се создава правна ситуација слична како кај цесијата, кога се јавува како пренос на побарување заради наплата. И кај асигнацијата, исто како и кај овој вид на цесија, должникот од основниот договор (асигнант), останува во обврска, се до нејзиното исполнување. Со оглед дека извршувањето го презема должниковиот должник (асигнат, односно цесус), должникот (асигнант, односно цедент) се јавува како гарант, бидејќи од него ќе се бара исполнување на обврската доколку главниот должник (асигнат, односно цесус) не ја исполни.

Упатувач А

Побарува 75.000 од

Упатеник Б

Примач на упатување В

Побарува 50.000 од

Упатувач А

Упатувачот А

Го овластува

Упатеникот Б

Упатувачот А

Го овластува

Примачот на упат. В

Упатеникот Б

Да му плати 50.000

Плаќа 50.000 на

Да прими 50.000

на Примачот на упат. В од Упатеникот Б

Примачот на упатување В

Престанува обврската на А према В во целост Престанува обврската на Б према А за 50.000 (останува долг од 25.000). н. INFORMATOR Упатувачот А 2 IГоFEVRUARI овластува 2014 Упатеникот Б

Упатувачот А

Го овластува

Да му плати 50.000

Примачот на упат. В

Да прими 50.000

на Примачот на упат. В од Упатеникот Б

89


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

2.3.2. Асигнација како самостоен, независен договор

Асигнацијата како независен облигационен однос, на пример, може да се состои од овластување на упатувачот дадено на примаСо оглед дека асигнацијата може да бичот на упатувањето да бара од упатеникот, де и самостоен и непосреден (единствен за негова сметка а во свое име да: израбод оговор меѓу трите договорни страни, без ти слика; испорача возило (подарок во претходени должничко - доверителни врски предмети); изврши транспорт на стока; меѓу нив, предмет на асигнацијата може врши сметководствени услуги (подарок во да биде кое било чинење (дозволено и услуги); даде позајмица; подарок во пари и можно), врз основа на кое примачот на слично. Најчесто, причините за овој вид на упатувањето (асигнатор) стекнува право асигнацијата се тесно поврзани со личниот да бара негово извршување од упатеникот однос на упатувачот и примачот на упатува(асигнатот). Во овој случај асигнатот не долње, е првенствено Престанува обврската на А кој према В во целост приватен а помалку жник на асигнантот, туку станува должник Престанува обврската на Б према А деловен. за 50.000 (останува долг од 25.000). на асигнаторот, по давање на изјавата за прифаќање на асигнацијата. н. Упатувачот А

Го овластува

Упатеникот Б

Упатувачот А

Го овластува

Примачот на упат. В

90

Упатеникот Б

Да му плати 50.000 Да прими 50.000

Плаќа 50.000 на

на Примачот на упат. В од Упатеникот Б

Примачот на упатување В

А нема обврска кон В / Б нема обврска кон А / Б е во обврска кон В А нема обврска кон В / Б нема обврска кон А / Б е во обврска кон В За А настанува обврска кон Б по релизацијата на упатувањето За А настанува обврска кон Б по релизацијата на упатувањето

2.3.3. Дејствија (побарувања) кои не можат да бидат предмет на упатување Иако ЗОО изречно не пропишува кои дејствија (побарувања) не можат да бидат предмет на асигнација, тука, според принципот на аналогија, ќе важи правилото од членот 424 од ЗОО, кој определува што не може да биде предмет на цесија. Тоа се: а) дејствија (побарувања) чие пренесување е забрането со закон;

в) дејствија (побарувања) кои според својата природа му се спротивставуваат на извршувањето за друг, г) д ејствија (побарувања) за кои доверителот (упатувачот) и должникот (упатеникот) се договориле дека нема да можат да бидат извршени на трето лице.

б) дејствија (побарувања) кои се врзани за личноста на упатувачот (побарувања кои имаат строго личен карактер и кои не можат да се пренесуваат без промена на нивната содржина: на пример, не е можно пренесување на побарување врз основа на законска обврска за издржување),

02/ 3162-979 i 3298-763 www.p

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

3. ПРАВНИ ОСНОВИ НА АСИГНАЦИЈАТА Правни основи на асигнацијата се договор и хартија која гласи на доносител или по наредба.

3.1. Упатување во форма на договорот Основна правна форма во која се врши упатување, според ЗОО, е договор. ЗОО не пропишува посебна форма во која мора да биде склучен договорот за упатување (асигнација). Договорот за асигнација е консензуален (неформален), исто како и цесијата и договорот за преземање на долг, бидејќи за неговото склучување е доволна согласност на волјите на договорните страни, во било која форма. И тука, согласно општите правила за облигационите односи, доколку е во прашање упатување чиј извор е во некое правно дело за кое законот бара определена форма (на пример: договор за продажба со отплата на цената во рати; договор за продажба на недвижни предмети, кои мораат да бидат склучени во писмена форма), тогаш и договорот за упатување мора да биде склучен во истата форма.

3.2. Упатување во форма на хартија на доносител и хартија по наредба осебни случаи на упатување претставуП ваат писмени упатувања во форма на хартија на доносител и хартија по наредба. Упатувањето во форма на хартија на доносител содржи клаузула: „Упатувањето да му се изврши на доносителот“ или слично. Упатувањето во форма на хартија по наредба содржи клаузула: „Упатувањето да се изврши по наредба на Наум Наумовски“ или слично. Во случај кога писмено упатување е издадено во форма на хартија која гласи на

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

  доносител, секој имател на хартија има спрема упатеникот положба на примач на упатување и тој е должен на него да му го исполни упатувањето. Односите што со упатувањето настануваат меѓу примачот на упатувањето и упатувачот, во овој случај настануваат само меѓу секој одделен имател на хартија и лицето што му ја отстапило хартијата. исменото упатување кое гласи на пари, П на хартии од вредност или на заменливи предмети, може да биде издадено со клаузула „по наредба“, ако упатеникот е лице кое се занимава со трговска дејност и ако тоа што треба да го изврши влегува во рамките на таа дејност.

4. О ДНОСИ МЕЃУ ПРИМАЧОТ НА УПАТУВАЊЕТО И УПАТЕНИКОТ 4.1. Дејство на прифаќање од страна на упатеникот (асигнатот) Во моментот кога упатеникот (асигнатот) ќе му изјави на примачот на упатувањето (асигнаторот) дека го прифаќа упатувањето, примачот на упатувањето (асигнаторот) стекнува право да бара од него исполнување кое е предмет на упатувањето. Прифаќањето на упатувањето, кое е израз на слободната волја на упатеникот (асигнатот), не може да се отповика. Со прифаќањето на упатувањето меѓу примачот на упатувањето (асигнаторот) и упатеникот (асигнатот) настанува должнички однос независен од односот помеѓу упатувачот (асигнантот) и упатеникот (асигнатот), како и од односот меѓу упатувачот и примачот на упатувањето. Во однос на приговорите, според ЗОО, упатеникот може на примачот на упатувањето да му ги истакне само: 1) приговорите што се однесуваат до полноважноста на прифаќањето;

91


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

2) приговорите што се засноваат врз содржината на прифаќањето или врз содржината на самото упатување (на пример, ако се работи за дејствие (побарување) кое не може да биде предмет на упатување), како и 3) приговорите што ги има лично спрема него (на пример: приговори на кои упатеникот има право од некој поранешен облигационен однос со примачот на упатувањето, како приговор за пребивање на побарувања, приговор за застареност на побарувањето и сл.).

92

Меѓутоа, кај асигнацијата, законодавецот не предвидел дека упатеникот може да му ги истакне на примачот на упатувањето и приговорите што можел да му ги истакне на упатувачот. Ваквиот став може да се толкува како последица на фактот што со асигнацијата се создава, посебен, независен должнички однос помеѓу примачот на упатувањето и упатеникот.

4.2. Можност за пренесување на упатување на трети лица

Упатувањето може да се пренесува.

Примачот на упатување (асигнаторот) во секој момент до исполнувањето, може да го пренесе упатувањето врз друг, дури и пред прифаќањето на упатувањето од страна на упатеникот. Лице на кое е пренесено упатувањето - прибавувач на упатување, може да го пренесува понатаму. Единствено ограничување во однос на преносот може да произлезе од самото упатување (на пример: клаузула за забрана на преносот) или од посебни околности (на пример: специфичен однос меѓу упатеникот и примачот на упатувањето и сл.) кои упатувањето го прават непреносливо.

www.p

4.2.2. Обврска на упатеникот Ако упатеникот му изјавил на примачот на упатувањето дека го прифаќа упатувањето (овластување да дејствува за сметка на упатувачот а во име на примачот на упатувањето), тоа прифаќање има дејство спрема сите лица врз кои упатувањето би било пренесено едноподруго. Значи, дека упатеникот е во обврска спрема секој легален прибавувач на упатувањето. Упатеникот не може на прибавувачот да му ги истакне приговорите што ги има лично спрема примачот на упатувањето.

4.3. Задолжително известување на упатувачот

4.2.1. П раво на примачот н а упатување

Со ЗОО не е пропишана форма во која се врши пренос на упатувањето на друго лице, но во практиката упатувањето се пренесува со писмена изјава која примачот на упатувањето ја дава на друго лице на кое се врши пренос, другото на третото и така натаму, но во истиот износ. Останатите учесници кои со изјвата извршиле пренос н упатувањето, вршам меѓусебна компензација.

Примачот на упатувањето (асигнаторот), според ЗОО, е должен веднаш, под закана на одговорноста за штета, да го извести упатувачот (асигнантот) во случај ако упатеникот (асигнатот): - ј а одбие согласноста на упатувањето, или - г о одбие исполнувањето што му го бара примачот на упатувањето (а претходно се согласил) или - и зјави однапред дека не сака да го изврши. Навременото известување на упатувачот од страна на примачот на упатувањето за негативниот став на упатеникот кон упатувањето, е во функција на запазување на

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

роковите за исполнување на обврската. Доколку упатувачот падне во задоцнување со исполнување на обврската, поради ненавремената информација од страна на примачот на упатувањето, штетата од задоцнувањето (договорна казна, затезна камата, ризикот од пропаѓањето на предметот на обврската и сл.) ќе ја надомести примачот на упатувањето. Или, попрецизно кажано, примачот на упатувањето како доверител ќе нема право на наведените надоместоци во случај на задоцнување предизвикано со неговата неактивност (неинформирање на упатувачот). Покрај тоа, ќе биде должен на упатувачот да му ја надомести и реалната штета, што би ја претрпел поради неговиот пропуст.

4.4. Застареност на правото да се бара исполнување на упатувањето Правото на примачот на упатувањето да бара исполнување од упатеникот застарува за една година. Застареноста почнува да тече од истекот на рокот кој бил договорен за исполнување на упатувањето. Ако за исполнувањето на упатувањето не е определен рок, застареноста почнува да тече кога упатеникот ќе го прифати упатувањето. Ако тој го прифатил пред да му биде дадено на примачот на упатувањето, тогаш, застреноста почнува да тече кога упатувањето ќе му биде дадено на примачот на упатувањето. Настапувањето на застареноста на правото да се бара исполнување на упатувањето од упатеникот, не го повлекува престанувањето на правото на примачот на упатувањето како доверител да бара од упатувачот како должник исполнување на обврската. Но, исто така, ова не ја исклучува одговорноста за штета на примачот на упатувањето предизвикана со неговото неоправдано пропушање на рокот за барање на исполнување на упатувањето.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

 

5. ОДНОС МЕЃУ ПРИМАЧОТ НА УПАТУВАЊЕТО И УПАТУВАЧОТ 5.1. Кога примачот на упатувањето е доверител на упатувачот Кога примачот на упатувањето (асигнаторот) е доверител на упатувачот (асигнантот), тој според ЗОО не е должен да се согласи со упатувањето што му го направил должникот (упатувачот, асигнантот) заради исполнување на својата обврска. Единствено е должен за своето одбивање веднаш да го извести должникот (упатувачот), инаку ќе му одговара за штетата. Меѓутоа, доколку се согласил со упатувањето, доверителот е должен да го повика упатеникот да го изврши упатувањето. Доверителот не може да се откаже од дадената согласност, за разлика од примачот на упатувањето кој не е доверител.

5.1.1. У патувањето не е исполнување Самото упатување и неговото прифаќање од страните во договорот, не доведува до престанок на обврската за упатувачот. Имено, кога доверителот (асигнаторот) се согласил со упатувањето направено од неговиот должник (асигнантот) заради исполнување на обврската која произлегува од основниот договор, таа обврска не престанува (ако поинаку не е договорено), ниту со неговата согласност со упатувањето, ниту со прифаќањето од страна на упатеникот, туку дури со исполнувањето од страна на упатеникот (асигнатот). Во случај упатеникот, да не го исполни упатувањето во определено време, доверителот може да бара од упатувачот да му го исполни она што му го должи. Но, ЗОО дозволува странките поинаку да се договорат т.е. доверителот и должникот да се согласат обврската на должникот да прес-

93


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

тане со прифаќањето на упатувањето од упатеникот и доверителот. Во овој случај, би била ирелевантна одредбата од ЗОО, според која обврската престанува дури со исполнувањето од страна на упатеникот.

5.2. Кога примачот на упатувањето не е доверител на упатувачот Примачот на упатување кој не е доверител на упатувачот и кој не сака да го користи упатувањето може да се откаже од него, дури и ако веќе изјавил дека го прима, но е должен да го извести за тоа упатувачот без одлагање.

5.3. Отповикување на овластувањето дадено на примачот на упатувањето

94

Упатувачот, пак, може да го отповика овластувањето што му го дал со упатувањето на примачот на упатувањето, освен: 1) ако упатувањето го издал заради исполнување на некој свој долг спрема него (кога примачот на упатувањето му е доверител) и 2) ако упатувањето го издал само во интерес на примачот на упатувањето.

6. О ДНОС МЕЃУ УПАТУВАЧОТ И УПАТЕНИКОТ 6.1. Кога упатеникот е должник на упатувачот

6.2. Отповикување на овластувањето дадено на упатеникот Според ЗОО, упатувачот може да го отповика овластувањето што му го дал на упатеникот со упатувањето с# додека овој не му изјави на примачот на упатувањето дека го прифаќа упатувањето, или додека не го изврши. Тој може да го отповика и кога во самото упатување е наведено дека е неотповикливо, како и кога и со отповикувањето би се повредувала некоја негова обврска спрема примачот на упатувањето. Отворањето на стечај над имотот на упатувачот според самиот закон повлекува отповикување на упатувањето, со исклучок на случајот кога упатеникот веќе го прифатил упатувањето пред отворањето на стечајот, како и кога во моментот на прифаќањето не знаел ниту морал да знае за тој стечај. 7. СМРТ И ЛИШУВАЊЕ

Упатеникот (асигнатот) не е должен да го прифати упатувањето, дури и ако му е должник на упатувачот (асигнантот), освен ако тоа му го ветил. Кога упатувањето е издадено врз основа на долг на упатеник спрема упатувачот, упатеникот е должен да го изврши до износот на тој долг, ако тоа не му е во ништо по-

www.p

тешко од исполнувањето на обврската спрема упатувачот. Со извршувањето на упатувањето издадено врз основа на долг на упатеникот спрема упатувачот, упатеникот се ослободува во иста мера од својот долг спрема упатувачот. Со асигнацијата, според тоа, меѓусебни обврски на трите страни се извршуваат во една трансакција, што е во интерес на сите учесници, бидејќи без асигнација би постоеле две трансакции и трошоците би биле двократно поголеми.

ОД ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ

Смртта на упатувачот, на примачот на упатување или на упатеникот, како и лишувањето од деловната способност на некого од нив, нема влијание врз упатувањето.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

 

8. ПРИМЕР НА ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА) Во продолжение е даден пример на Договорот за упатување, кога упатувачот и примачот на упатување се должник и доверител, и кога упатеникот е должник на упатувачот - чл. 1064 и чл. 1069 од ЗОО. ДОГОВОР ЗА УПАТУВАЊЕ (АСИГНАЦИЈА) склучен во _____________на ден __________ година, помеѓу: 1. _____________________________________(во натамошниот текст: Упатувач/Асигнант) 2. ________________________(во натамошниот текст: Примач на упатување/Асигнатор) 3. _____________________________________(во натамошниот текст: Упатеник/Асигнат) Член 1 Со овој договор, упатувачот (асигнант) го овластува примачот на упатувањето (асигнатор) од упатеникот (асигнат) да го прими исполнувањето на неговото побарување од Договорот _________ бр. ____, склучен на ден ___________, во вкупниот износ од 50.000 денари. Упатувачот го овластува упатеникот да го изврши во целост побарувањето од став 1 на овој договор за своја сметка а во име на примачот на упатувањето. Член 2 Долгот на упатеникот кон упатувачот, кој е основа на ова упатување, изнесува 75.000 денари по ф-ра бр. ______, од ______ год. и Договорот ______ од ________ год. Со извршувањето на упатувањето, согласно со член 1 на овој договор, упатеникот се ослободува од својот долг кон упатувачот во висина на побарувањето на примачот на упатувањето кон упатувачот. За остатокот на долгот од 25.000 денари, упатеникот останува во обврска кон упатувачот. Член 3 Примачот на упатувањето и упатеникот, се согласни со упатувањето од член 1 на овој договор. Примачот на упатувањето и упатеникот, не можат да се откажат од дадената согласност од став 1 на овој член. Член 4 Упатеникот е должен да го исполни упатувањето со уплата на трансакциска сметка на примачот на упатувањето бр. XXX-xxxxxxxxxx-xx кај __________________ банка. Уплатата ќе се изврши во рок од _____ дена од склучувањето на договорот (или веднаш, или на точно утврдена дата и сл.). Член 5 Упатувачот одговара за исполнување на побарувањето од Договорот __________ бр. __________ од член 1 на овој, се додека истото не биде исполнето од упатеникот.

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

95


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Доколку во утврдениот рок побарувањето не биде исполнето во целост или биде делумно исполнето од страна на упатеникот, побарувањето ќе го изврши упатеникот, според условите утврдени со Договорот_______ бр. __ од член 1 на овој договорот. (може да се предвиди и: Упатеникот се обврзува да му предаде на примачот на упатувањето заверен препис на фактурата и Договорот, како доказ за основот на упатување.) Член 6 Со уплата на износот на побарувањето од страна на упатеникот, се гаси обврската на упатувачот кон примачот на упатувањето во целост (може да се предвиди престанок на обврската во моментот на прифаќањето на упатувањето од примачот на упатување). Член 7 За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од ЗОО. Член 8 Евентуалните спорови по овој договор, договорните страни ќе ги решат по мирен пат (спогодбено). Доколку спорот не се реши согласно претходниот став на овој член, спорот ќе го решава надлежниот суд во __________________, како стварно и месно надлежен суд. Член 9 Овој договор е склучен во 3 идентични примероци од кои по еден задржува секоја од договорните страни. Договорни страни

96

Упатувач/Асигнант ________________

патеник/Асигнат Примач на упатување/Асигнатор У ________________ ____________________________

9. СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА Книжења што се вршат кај фирмата - Упатувач: а) Евиденција на претходна трансакција меѓу фирмата - Упатувач и фирмата - Упатеник 120 - Побарување од купувачите во земјата

75.000

751 - Приходи од извршени услуги на домашен пазар

63.559

260 - Данок на додадена вредност (18%)

11.441

- и звршена транспортна услуга во земјата за фирмата - Упатеник

www.p

roagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

 

б) Евиденција на претходна трансакција меѓу фирмата - Упатувач и фирмата - Примач на упатувањето

4194 - Графички услуги

42.373

7.627

50.000

160 - Данок на додадена вредност (18%)

220 - Обврски спрема добавувачи во земјата

- п римена ф-ра за извршена графичка услуга - печатење од фирмата - Примач на упатувањето

в) Евиденција на извршеното упатување кај фирмата - Упатувач

220 - Обврски спрема добавувачи во земјата

50.000

- п римено известување од фирмата - Примач на упатувањето за приемот на средствата од фирмата - Упатеник

120 - Побарува од купувачите во земјата

50.000

Напомена: Со оглед на тоа, дека во нашиот пример Договорот за упатување не значи затворање на побарувањата и обврските на Упатувачот, истиот може да се евидентира единствено вонбилансно. г) Наплатен остаток на побарувањето од фирмата - Упатеник

1000 - Жиро-сметка

120 - Побарува од купувачите во земјата

25.000

25.000

- наплатен остаток на побарувањето од фирмата - Упатеник Книжења што се вршат кај фирмата - Примач на упатувањето: а) Евиденција на претходна трансакција меѓу фирмата - Примач на упатувањето и фирмата Упатувач

120 - Побарува од купувачите во земјата

50.000

751 - Приходи од извршени услуги на домашен пазар

42.373

260 - Данок на додадена вредност (18%)

7.627

- извршена графичка услуга - печатење за фирмата Упатувач б) Евиденција на извршеното упатување кај фирмата - Примач на упатувањето

120 - Побарување од купувачите во земјата - Аналитика за фирмата - Упатеник

50.000

- и спратено известување од фирмата - Примач на упатувањето до Упатувачот за приемот на средствата од фирмата - Упатеник

120 - Побарува од купувачите во земјата - Аналитика за фирмата - Упатувач

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

50.000

97


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Напомена: Со оглед на тоа, дека во нашиот пример Договорот за упатување не значи затворање на побарувањата на Примачот на упатувањето, истиот може да се евидентира единствено вонбилансно. в) Наплатено побарување од фирмата - Упатеник

1000 - Жиро-сметка 120 - Побарување од купувачите во земјата - Аналитика за фирмата - Упатеник

50.000

63.559

50.000

- наплатено побарување од фирмата - Упатеник Книжења што се вршат кај фирмата - Упатеник: а) Е виденција на претходна трансакција меѓу фирмата - Упатеник и фирмата - Упатувач

410 - Транспортни услуги

160 - Данок на додадена вредност (18%)

11.441

220 - Обврски спрема добавувачи во земјата

75.000

50.000

- примена транспортна услуга од фирмата - Упатувач

98

б) Евиденција на извршеното упатување кај фирмата - Упатеник 220 - Обврски спрема добавувачи во земјата - Аналитика за фирмата - Упатувач 50.000

220 - Обврски спрема добавувачи во земјата - Аналитика за фирмата - Примач на упатувањето

- промена кај носителот на обврската, наместо фирмата - Упатувач, обврската е префрлена кон Примачот на упатувањето 220 - Обврски спрема добавувачи во земјата - Аналитика за фирмата - Примач на упатувањето 50.000 1000 - Жиро-сметка - плаќање на обврската кон фирмата - Примач на упатувањето 220 - Обврски спрема добавувачи во земјата - Аналитика за фирмата - Упатувач 25.000

1000 - Жиро-сметка

- п лаќање на разликата од обврската кон фирмата - Упатувач

www.p

roagens.mk

50.000

25.000


 

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ИНФОРМАЦИЈА

НЕКОЛКУ ОДГОВОРИ НА ИНТЕРЕСНИ ПРАШАЊА ПОСТАВЕНИ ОД ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ Прашање број 1:

?

Во текот на 2013 година над субјектот е завршена постапката на ликвидација и даночниот обврзник е одјавен од Централен регистар и од УЈП (матична евиденција). Во процесот на ликвидација субјектот извршил исплати во корист на физички лица. Дали сега треба да се поднесе ПДД-ГИ и доколку треба дали треба да се поднесе во електронска форма? (фирмата не постои во системот на УЈП и нема мејл адреса). Одговор:

Обврзници кои заради стечај или ликвидација во 2013 година престанале да постојат, а треба да поднесат Годишен извештај за персоналниот данок на доход за 2013 година, не мора да набават токен и тие треба да поднесат Годишен извештај за 2013 година во хартиена форма. Со оглед дека се работи за даночни обврзници кои се со завршена стечајна или ликвидациона постапка, односно не постојат како активни, не гледаме оправдана причина за „токенизирање“ на непостоечки субјект. Прашање број 2:

?

Физичко лице-странец има вработено 2 физички лица-куќни помошнички за кои поднесува МПИН. МПИН се поднесува со матичен број на првата вработена помошничка. Физичкото лице не е регистрирано во ниту еден регистар и не може да пријави мејл адреса. На кој начин лицето да ја изврши обврската за поднесување на ПДД-ГИ? Ако треба електронски како да пријави мејл адреса?

Одговор:

Согласно со Законот за даночна постапка („Сл. весник на РМ“, бр. 13/06, ... и 187/13), во член 53 став 13 се предвидува законска обврска со која исплатувачите задолжително ги доставуваат даночниот биланс и извештаите пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи. Системот на е-даноци овозможува физички лица да се регистрираат и со електронски дигитален потпис да доставуваат соодветни обрасци. Прашање број 3:

?

Дали поднесувањето на аконтативните даночни пријави за персонален данок на доход Образец-ПДД-АДП/ДП и ОбразецПДД-АДП/КД се исклучени од поднесување согласно со измените во член 82 од Законот за персоналниот данок на доход (ЗПДД) и истите се поднесуваат согласно со член 71 од Законот. Одговор:

Со измените во член 82 од ЗПДД, не е исклучена обврската за поднесување на аконтативните даночни пријави за персонален данок на доход Образец-ПДД-АДП/ДП и Образец-ПДД-АДП/КД. Со измените во член 71 и 82 од ЗПДД, престанува обврската за поднесување на Аконтативна даночна пријава САМО за самостојните вршители на дејност („Образец ПДД-АДП/СВД“). Прашање број 4:

?

Лице извесен период плаќа осигурување на живот во осигурително друштво. Плаќањето го врши со средства од платата која ја при-

INFORMATOR 2 I FEVRUARI 2014

99


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ма и која се смета за веќе оданочена сума. По извесен период одлучува да го раскине договорот со осигурителното друштво и од осигурителното друштво ги добива назад платените средства. Се поставува прашање: Дали исплатената сума на трансакциона сметка треба да ја пријави во УЈП и дали оваа сума подлежи на повторно оданочување? Одговор:

100

Во случај кога осигурителната компанија исплаќа средства на физичко лице заради раскинување на договорот за осигурување таквата исплата не е предмет на оданочување со персонален данок на доход, доколку износот на примените средства е помал од износот на уплатените премии. Во спротивно, доколку станува збор за исплата на поголем износ во однос на уплатените премии, осигуритрелната компанија на соодветно пропишаната основица треба да задржи, пресмета и плати персонален данок на доход. Прашање број 5:

?

Правно лице во текот на 2013 година по судска одлука (со вид на исплата 103 и 109) за одредени лица има платено придонеси и персонален данок на доход за период од 2007 г. до 2013 година. Придонеси и персоналниот данок кој се однесува за 2013 година ќе влезат во Годишниот извештај за 2013 година. Што со придонесите и персоналниот данок за претходните периоди од 2006 г. до 2012 година? По судска одлука за повеќе лица платени се придонеси и персонален данок за период од повеќе години. Дали треба овие придонеси и персонален данок за минати години да се прикажат во ПДД-ГИ за 2013 година, и ако треба како да бидат прикажани бидејќи се работи за период од повеќе години каде ослободувањето ќе биде многу поголемо од пропишаното за 2013 година. Одговор:

Согласно со член 77 став 2 од Законот за персоналниот данок на доход, исплатувачот e должен до Управата за јавни приходи да достави Годишен извештај за бруто остварените www.p

приходи на обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите по одбивка и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската година. Годишниот извештај со податоци за исплатите извршени во период од 1 јануари до 31 декември претходната година (пр. за 2013 година), се поднесува најдоцна до 31ви јануари во годината која следи (пр. 2014 година), до Управата за јавни приходи, според седиштето на исплатувачот. Согласно со наведеното сите исплатени приходи во 2013 година треба да се пријават во Годишниот извештај кој ќе го поднесете во Управата за јавни приходи најдоцна до 31 јануари 2014 година. Прашање број 7:

?

При експропријација на земјиште Општината врши исплата на транскациска сметка на физичкото лице и истата исплата од страна на Општината е пријавена во ПДД-ГИ. Дали физичкото лице има обврска да поднесе ПДД-ГДП? Одговор:

Согласно со член 18 од Законот за експропријација, за експроприраната недвижност припаѓа праведен надоместок кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста. Пазарната вредност на недвижноста се утврдува под услови и начин утврдени со овој закон, според методологија, правила и стандарди согласно со Законот за процена. Правото да се бара надоместок за експроприрана недвижност не застарува. На оданочување подлежат сите приходи остварени во земјата и во странство, што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид, наведени во член 3 став 1 на ЗПДД. Добиениот надоместок од општината за одземен имот не преставува оданочив приход според одредбите од ЗПДД, и за истиот исплатителот (во случајов Општината), нема обврска да пресмета и плати персонален данок на доход. Со тоа и физичкото лице нема обврска да поднесе Годишна даночна пријава (Образец ПДД-ГДП).

roagens.mk



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.