Информатор бр.6 / 2014

Page 21

Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

тодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со ОКДПС.

20

Според претходните правила, минималниот износ кој мора да се исплати како регрес за годишен одмор изнесува 40% од тримесечна нето плата исплатена во РМ како основица за утврдување на трошоци од работен однос согласно со членот 35 став 2 од ОКДПС. Со оглед дека износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесување на Одлуката за исплата, ќе има мали отстапувања во висината на истиот зависно од месецот во кој одлуката за исплата ќе се донесе. Доколку одлуката се донесе во јуни 2014 година, минималниот нето износ на регресот е 8.436 денари (нов податок од кој се пресметува регресот за годишен одмор е објавен на 28.05.2014 г. и истиот ќе се користи заклучно со 26.06.2014 г.). Во одлуката ќе се утврди и датумот на исплата, на пример 1 август 2014 година, при што датумот на исплатата кој се случува подоцна од датумот на донесувањето на одлуката, не влијае на веќе утврдениот износ во одлуката за исплата. Како да се разбере одредбата дека К-15 се исплатува еднаш во текот на годината, дали со истата се анулира можност за исплата на повеќе делови во текот на годината или значи нешто друго. Исправното толкување би одело во насока дека во една календарска година може да се исплати еден регрес,

а ратите на исплата би зависеле од можностите на работодавачот, што би требало подетално да се дефинира во одлуката за исплата. Имено, инспирацијата за ваквата одредба договорните партнери на ОКДПС очигледно ја добиле од членот 9 на Законот за исплата на платите во РМ кој се однесува на субјектите од јавниот сектор, според кој регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата. Условот дека работникот треба да работи најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, за да му се исплати К-15, благо кажано е апсурден. Ако ЗРО условот од 6 месеци непрекината работа кај исти работодавач го врзува само за прво вработување заради стекнување со цел одмор од минимум 20 работни дена, тогаш од каде произлезе „генијалната“ идеја на договорачите на „поголеми права“, право на регрес секоја година да го условуваат со шест месеци работа кај ист работодавач, без оглед на претходниот стаж. Произлегува дека регресот не може да се исплати пред 1 јули. Што ако работникот замине од фирмата пред 1 јули, а претходно го искористил одморот за тековната година? Дали поради заминување, го губи правото на регрес, чија генеза се наоѓа всушност во правото на годишен одмор?! Условот е толку апсурден, што би требало едноставно да се занемари.

4. ИЗНОС НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ПО ОДДЕЛНИ ГРАНКИ Во приватниот сектор во поголемиот дел од важечките колективни договори на ниво на гранка/оддел, висината на регресот за годишен одмор главно е утврдена на ниво на просечната месечна плата во РМ исплатена во последните 3 месеци (види во тебела 2).

Табела: Висина на регресот за годишен одмор во важечките к олективни договори на ниво на гранка/оддел Ред. Гранка / Оддел бр. 1 Комунални дејности (107/06) 2 Тутунско стопанство (135/09, 140/10 и 161/11 и 75/12)

www.p

Пропишана висина на регресот за годишен одмор Една просечна исплатена нето плата во РМ во претходни 3 месеци. Една просечна месечна плата во РМ во претходни 3 месеци.

roagens.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.