Информатор бр.6 / 2014

Page 20

ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС

излезе дека фирмата не мора да е потписник на ОКДПС, непосредно или преку асоцијации на работодавачи, за да ја обврзуваат правата на работникот утврдени со него, меѓу кои и исплатата на надоместокот за годишен одмор. Ова јасно стои и во членот 2 од самиот ОКДПС според кој, цитат: „Овој колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор.“ (истата одредба е уредена и во членот 205 став 1 од ЗРО). Во однос на правниот основ на регресот за годишен одмор во приватниот сектор, нема промени, односно и понатаму овој надомесок постои само во колективните договори и не е дел од нормативниот концепт на ЗРО. Но овој факт нема влијание во врска со прашањето за задолжителната исплата на регресот, со оглед на членот 1 став 2 од ЗРО во кој стои дека работниот однос се уредува со овој (ЗРО) и со друг закон, КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР и договорот за вработување, што влече корени од Уставот на РМ според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ (член 32 став 5 од Уставот на РМ). Понатаму, во членот 12 став 4, ЗРО утврдува дека правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР не можат да се одземаат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот. Сите овие одредби укажуваат на задолжителоста на колективните договори за работодавачите, бидејќи самиот Устав на РМ ги става во ист ранг со законот во однос на правата на вработените и нивната положба. Но, меѓу самите колективни договори постои разлика во поглед на опфатот на субјектите за кои се задолжителни. Различно од ОКДПС, колективен договор на ниво на гранка, односно оддел, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на работодавачи потписници на колективниот договор или кои дополнително му пристапиле на тоа здружение (член 205 став 3 од ЗРО). Со оглед дека со колективен договор на ниво на гранка, оддел,

INFORMATOR 6 I JUNI 2014

 

односно на ниво на работодавач, може да се утврдат и други права и обврски, како и поголеми права на работниците од оние утврдени со закон или со ОКДПС (член 3 од ОКДПС), произлегува дека ОКДПС всушност ги содржи минималните обврски за работодавачите, кои понатаму можат се прошируваат со пониските колективни договори (гранка/оддел/работодавач) типувани само за одредена група на деловни субјекти. Заклучок што неминовно ќе произлезе е дека доколку фирмата не сака да има други (посебни) и поголеми обврски кон вработените, не треба да потпишува колективни договори (гранка/оддел/работодавач), бидејќи во таков случај ќе биде обврзана само со ОКДПС и тоа со минималните задолжителни износи за исплата.

3. ИЗНОС НА РЕГРЕСОТ СПОРЕД ОКДПС За прв пат, со измената на ОКДПС во примена од 1 јануари 2014 година, се утврдува не само правото туку и минималниот износ на регресот за годишен одмор, задолжителен за сите субјекти од приватниот сектор кои, како што нагласивме, не се вклучени во системот на колективното договарање на ниво на гранка/оддел/дејност/работодавач кој систем познава поголеми износи на регрес (види табела од точката 4 на овој текст). Новите правила за исплата на регресот за годишен одмор, утврдени во членот 35 став 1 алинеја 7 од во ОКДПС се следните: - м инимален задолжителен износ на регресот е 40% од основицата (просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци) - с е исплатува под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, - се исплатува еднаш во текот на годината, - и зносот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата и - с о колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на рабо-

19


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.