94 infomacef

Page 3

ИНФОМАЦЕФ 94

Страна 3

• Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% Канцеларијата на WeBSECLF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Одлука за давање согласност на утврдената стапка на надоместок од вкупниот приход на друштвата кои вршат енергетска дејност за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2011 г., „Службен весник на РМ“

бр. 3 од 11.01.2011 •

Одлука за започнување на постапка за јавно приватно партнерство за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, „Службен весник

на РМ“ бр. 5 од 14.01.2011 •

Програма за субвенционирање на потрошувачка на енергија за 2011 г., „Службен весник на РМ“ бр. 6 од 17.01.2011

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Стручна поддршка во доменот на ЕЕ и ОИЕ за општините Почитувани членови на МОМЕЕ, Ве известуваме дека МОМЕЕ направи голем исчекор во изминатиот период и беше и официјално регистирано како здружение на граѓани. Во тек е формирање на органите на здружението, се разбира со претставници на највисоките структури во локалните самоуправи. Целта на МОМЕЕ, статутот и органите ќе бидат наскоро објавени на интернет страницата www.momee.org.mk, кои меѓудругото ги има поставено следните цели: 1. Обединување на членовите за зголемување на енергетската ефикасност како средство за разрешување на важни национални задачи за политиките за енергетика и животна средина 2. Намалување на буџетските расходи на општините за енергија и создавање на услови за искористување на заштедените средства за финансирање на други приоритетни дејности за територијата на општините 3. Намалување на расходите за енергија на другите крајни корисници во општините и создавање поволна клима за поширока општествена поддршка во спроведување на општинската политика за интелигентно користење на енергијата 4. Заштита на животната средина. Во цел постигнување на погоренаведеното, ве известуваме дека МОМЕЕ има стручен и искусен тим кој може да Ви даде директна поддршка во изготвување на Општинските програми за енергетска ефикасносот, како и последователните Акциони планови. Ова се единствени достапни алатки кои можат да ви помогнат во намалување на трошоците за ененргија и ставање под контрола на потрошувачката во разни услови. Доколку сеуште не сте член на МОМЕЕ, пријавете се на 02 3090 177, и почнете со користење на бенефициите уште денес!

Новости од Македонија Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk Во рамките на проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ спроведен од страна на УНДП и Министерстовото за животна средина е развиен нов портал за енергетска ефиксаност. Порталот е информациска алатка за енергетска ефикасност во објекти. На оваа веб страница можете да го најдете целокупната легислатива, подзаконски акти и директиви кои имаат овластувања во ова поле. Поскапувањето на природниот гас ја намалува конкурентоста на извозниците По барање на Макпетрол, регулаторната комисија го одобри поскапувањето на природниот гас од 5,4%. Меѓутоа најголемите индустриски капацитети во Македонија негативно реагираат на ова поскапување. Од индустријата за челик реагираат дека поскапувањето ќе се одрази врз производството и ќе се зголемат трошоците на компаниите. Тоа ќе ја намали конкурентноста на македонските извозници на меѓународниот пазар. Ова поскапување може да биде основа за повторно поскапување на централното греење. Повеќе Зголемени трошоци за увоз на енергенси во 2011 Енергетскиот биланс на министерството за економија покажува дена во новата 2011 г. во Македонија ќе се трошат повеќе пари за увоз на енергенси. Тоа значи 7% повеќе увезена енергија од минатата година. Меѓутоа добрата страна е што во план е да се вклучат две комбинирани термоелектрани во системот што значи ќе донесе и до 30 % повеќе производство од изминатите две години. Покрај електрична енергија, зголема потрошувачка се очекува и на нафтените деривати и за 7% се зголемуваат потребите за јаглен. Повеќе... Кина ќе ја гради Вардарска долина Кина е заинтересирана да ја гради Вардарска долина преку мега проект кој предвидува изградба на 12 хидроцентрали. Студијата за исплатливост ќе ја финансира кинеската страна, а ќе ја ревидира македонската. Од кинеска страна проектот ќе го финансира државна развојна банка на Кина, а ќе биде во реализација на енергетската компанија - China International Water&Electric Corporation – CWE. Доколку студијата биде позитивна ќе биде склучен меѓудржавен договор за изградба на хидроцентрали кои ќе бидат во државна сопственост на Македонија, во стопанисување на ЕЛЕМ или новоформирана посебна компанија. Повеќе...

Пониски критериум и за изградба на Чебрен и Галиш те

Владата ги намали тендерските критериуми за Чебрен и Галиште за да привлече повеќе инвеститори. Шестиот оглас по ред, кој ќе биде објавен во текот на месец февруари во Фајненшл Тајмс се очекува да биде атрактивен и за помалите компании. Заинтересираните во првата фаза ќе треба да приложат доказ за вкупен приход од 100 милиони евра во последните две години и реализирани енергетски проекти од 300 милиони каде едниот е со вредност од најмалку 100 милиони евра. Првата фаза се очекува да се заврши до средината на март, а втората фаза предвидено е да заврши до крајот на јули. Повеќе...

Новости од светот

Европската комисија повикува на „конкретен напредок“ кон енергетската ефикасност Европската комисија сигнализираше дека ќе изврши притисок врз земјите членки да остварат „конкретни чекори“ кон целта на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност за 20% до 2020 година. Претседателот, Жозе Мануел Баросо, изјавува дека „земјите членки се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.