94 infomacef

Page 1

Број 94

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јануари 2011

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражуваме за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Програма за ЕЕ на општина Центар Во тек е изработка на СЕАП за град Скопје WidetheSEE подготвува конференција Кредитна линија на ЕБОР/ЕУ за ЕЕ и ОИЕ во индустријата Два настани во нашето поле на интерес го одбележија месец јануари. Првиот, беше отпочнување на јавни консултации за модернизација на политиката за јавни набавки на ЕУ. Бидејќи јавните набавки учествуваат со 17% во БДП на ЕУ, може да се направи значителен напредок, а тие да претставуваат едновремено и поддршка за иновациите, заштитата на животната средина, употреба на еко-материјали итн. Зелената книга ќе има за цел да ги информира граѓаните за предлог измените на политиката и следствено нужните регулаторни промени до 2012 г, кога се очекува нивна примена. Ова е одлична можност Македонија да направи промени во тек со политиките на ЕУ. Повеќе информации. Вториот се однесува на усвојување на Коминике за обновлива енергија (ОЕ) во кое се наоѓа извештај за напредокот на ЕУ по однос на промоција на ОЕ и целите за 2010 на земјите членки за уделот на ОЕ во електричната енергија и транспортот. А, ќе содржи и преглед на изворите на финансирање на ОЕ од аспект на ЕУ и членките. Овие извештаи се во согласност со предвиденото во Директивите за ОЕ 2001/77/EC, 2003/30/EC and 2009/28/EC. По модел на ЕУ, време е и кај нас да отпочнеме со следење на инвестициите во ОЕ, а на тој начин да идентификуваме можности за зголемување на нивното искористување. Ќе почекаме споменатиот документ да биде објавен и да видиме што можеме кај нас да предложиме да се примени како успешен модел. До тогаш, Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија

Активности на МАЦЕФ Програма за енергетска ефикасност на општина Центар Тимот на МАЦЕФ продолжува со изработката на ОПЕЕ на општина Центар. Првата фаза, која подразбира посета на сите објекти под надлежност на општината, е успешно завршена и собрани се податоци потребни за анализа. Се работеше во тешки услови, во раните утрински часови и на ниски температури со цел да се постигне реален приказ на состојбите со греењето во објектите. Впрочем енергетските контроли вклучуваат и контрола со термовизиска камера, а топлинската пропустливост на објектите се забележува оптимално во утринските часови кога греењето во објектите е со најголем интензитет, а надворешните температури се најниски. Во тек, е следната фаза на обработка на собраните податоци, како и собирање на податоци за системите за јавно осветление под надлежност на општината. МАЦЕФ работи во софтвер кој е наменет специјално за вакви анализи на податоци, а го користи во изминатите 6 години во соработка со компанијата ЕНСИ од Норвешка. Освен, за општина Центар, неодамна МАЦЕФ изработи Студија за ЕЕ на град Скопје, а даде стручен придонес и го раководеше со процесот на изготвување на Програмата и во општина Чашка. Проект Wide the SEE by Succ Mode Во рамки на активностите за зголемување на употребата на термални сончеви колектори, проектот локално раководен од МАЦЕФ, подготвува Конференција за потенцијалот за зголемување на употребата на термални сончеви колектори во домаќинствата и индустријата. Конференцијата ќе се одржи на 3-ти март во Мулти бизнис центарот на Скопски саем, во тек на саемската манифестација „Градежништво 2011“. Организаторите, покрај МАЦЕФ се Хуманополис, Ера сити и Универзитет Американ Колеџ Скопје. На конференцијата ќе имаме можност да чуеме мислења на професори и инженери кои вршат долгогодишни следења на состојбите и можностите за искористување на сончевата енергија, најдобри пракси од Полска и Грција, а ќе биде претставена и Студијата за „Влијанијата на зголемената употреба на термалните колектори врз животната средина.“ Конференцијата ќе понуди и содржини како што се претставување на производство на сончеви колектори во републиката, како и резултатите и заклучоците од истражувањето на јавното мислење за придобивките од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 94

Страна 2

употребата на сончевите колектори во домашни услови спроведено на крајот од 2010 г. од страна на проектот. Ве очекуваме на 3ти март 2011, во 10 часот на Саем! Исто така, Ве потсетуваме дека можете сите проектни информации, и документи преведени на македонски јазик да ги

добиете на веб www.widethesee.eu

страницата

на

Проектот

и

тоа

Проект „Училишен сервис“ Тимот на проектот „Училишен сервис“ успешно ги извршува подготовките за регионалните и финалниот квиз наменети за училиштата во кои се реализираа работилници во првото полугодие на оваа учебна година. Како што најавивме во предходниот број, регионалните квизови ќе се одржат во три града во републикава. Датумите и местата на одржување се веќе утврдени, 16ти е закажан квизот во Охрид во ОУ „Св. Климент Охридски“, на 18ти ќе се одржи квизот во Скопје во ОУ„Дане Крапчев“ и на 21ви последниот регионален во Струмица во Дом на АРМ, сите во месец февруари со почеток во 12 ч. и времетраење од по 3 часа. Финалниот квиз ќе се одржи во Скопје, а во него знаењата за видовите извори на енергија, заштеда на енергија и нејзино рационално користење ќе ги измерат победниците од регионалните квизови. Оваа фаза од проектот претставува приоритет во овој период, но не заостанува ниту подготовката за работилниците

предвидени во второто полугодие, истите се одвиваат парарелно. Повеќе за забавата и победниците од квизовите во оваа фаза на Училишниот сервис очекувајте во следниот број на Инфо МАЦЕФ. Со почеток од овој број, ќе објавуваме по една страница од стрипот–боенка, специјално изработена за потребите на наставната програма од страна на МАЦЕФ. Повелете уверете се како преку забавна содржина Мила и Марко ја учат баба им како да штеди електрична енергија во домот. СЕАП за град Скопје во тек Неколку месеци тимот на МАЦЕФ со поддршка на неколку активисти работи на комплетирање на податоците потребни за изготвување на Акциониот план за одржлива енергија (СЕАП) на град Скопје во рамки на регионалниот проект на ГТЗ. Локалниот тим е во секојдневна комуникација со колегите од Загреб по чиј урнек се изработува планот. Се прават пресметки за јаглеродни емисии, мерки за ЕЕ нивни влијанија и уште многу други содржини кои сеопфатно ќе ја претстават состојбата во Градот и можностите за делување. Наскоро се очекува јавно претставување и расправа по предлог Докуменотот по што следи процесот на воведување на забелешките и негово изгласување за официјален стратешки документ од страна на градското собрание. Технолошки парк на иницијатива на општина Карпош Во тек е разработка на проектна идеја за изградба на своевиден технолошки парк на територијата на општина Карпош. Идејата е повеќето од системите за искористување на

обновливи енергии и достигнувањата на полето на заштеда на енергија во објекти да се применат и во исто време да служат како наставен и показен материјал. Во тимот на експерти, меѓудругите признати стручњаци во својата област, учество земаат и преставници од МАЦЕФ. За сите останати детали ќе информираме во следната проектна фаза. Ја поздравуваме идејата на општина Карпош и се надеваме на скорешна реализација. (Фотографија: Од првиот состанок на експертскиот тим во просториите на општината)

Кредитната линија за ЕЕ и ОИЕ на ЕБОР На македонските приватни бизниси веќе неколку месеци им е достапна Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан –WeBSEFF овозможена преку ЕБОР и ЕУ/ Фонд за Западен Балкан. Линијата се реализира преку локални банки во Србија, БиХ и Македонија. Ова е најповолна линија во регионот бидејќи освен конкурентните каматни стапки, обезбедува готовински грантови во однос на обемот на кредитот како и бесплатна експертска помош за проектните спонзори со цел да им помогне да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во вредност од 100.000 - 2 милиони EUR по проект. Охридска банка - Societe General и ИК банка се веќе во преговори со клиенти – идни корисници на средствата и поддршката која ги нуди програмата. Шемата за готовински грантови е следната: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за вградување на котли на биомаса и воведување на мали когенеративни/ тригенеративни постројки.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 94

Страна 3

• Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% Канцеларијата на WeBSECLF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

Одлука за давање согласност на утврдената стапка на надоместок од вкупниот приход на друштвата кои вршат енергетска дејност за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2011 г., „Службен весник на РМ“

бр. 3 од 11.01.2011 •

Одлука за започнување на постапка за јавно приватно партнерство за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, „Службен весник

на РМ“ бр. 5 од 14.01.2011 •

Програма за субвенционирање на потрошувачка на енергија за 2011 г., „Службен весник на РМ“ бр. 6 од 17.01.2011

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Стручна поддршка во доменот на ЕЕ и ОИЕ за општините Почитувани членови на МОМЕЕ, Ве известуваме дека МОМЕЕ направи голем исчекор во изминатиот период и беше и официјално регистирано како здружение на граѓани. Во тек е формирање на органите на здружението, се разбира со претставници на највисоките структури во локалните самоуправи. Целта на МОМЕЕ, статутот и органите ќе бидат наскоро објавени на интернет страницата www.momee.org.mk, кои меѓудругото ги има поставено следните цели: 1. Обединување на членовите за зголемување на енергетската ефикасност како средство за разрешување на важни национални задачи за политиките за енергетика и животна средина 2. Намалување на буџетските расходи на општините за енергија и создавање на услови за искористување на заштедените средства за финансирање на други приоритетни дејности за територијата на општините 3. Намалување на расходите за енергија на другите крајни корисници во општините и создавање поволна клима за поширока општествена поддршка во спроведување на општинската политика за интелигентно користење на енергијата 4. Заштита на животната средина. Во цел постигнување на погоренаведеното, ве известуваме дека МОМЕЕ има стручен и искусен тим кој може да Ви даде директна поддршка во изготвување на Општинските програми за енергетска ефикасносот, како и последователните Акциони планови. Ова се единствени достапни алатки кои можат да ви помогнат во намалување на трошоците за ененргија и ставање под контрола на потрошувачката во разни услови. Доколку сеуште не сте член на МОМЕЕ, пријавете се на 02 3090 177, и почнете со користење на бенефициите уште денес!

Новости од Македонија Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk Во рамките на проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ спроведен од страна на УНДП и Министерстовото за животна средина е развиен нов портал за енергетска ефиксаност. Порталот е информациска алатка за енергетска ефикасност во објекти. На оваа веб страница можете да го најдете целокупната легислатива, подзаконски акти и директиви кои имаат овластувања во ова поле. Поскапувањето на природниот гас ја намалува конкурентоста на извозниците По барање на Макпетрол, регулаторната комисија го одобри поскапувањето на природниот гас од 5,4%. Меѓутоа најголемите индустриски капацитети во Македонија негативно реагираат на ова поскапување. Од индустријата за челик реагираат дека поскапувањето ќе се одрази врз производството и ќе се зголемат трошоците на компаниите. Тоа ќе ја намали конкурентноста на македонските извозници на меѓународниот пазар. Ова поскапување може да биде основа за повторно поскапување на централното греење. Повеќе Зголемени трошоци за увоз на енергенси во 2011 Енергетскиот биланс на министерството за економија покажува дена во новата 2011 г. во Македонија ќе се трошат повеќе пари за увоз на енергенси. Тоа значи 7% повеќе увезена енергија од минатата година. Меѓутоа добрата страна е што во план е да се вклучат две комбинирани термоелектрани во системот што значи ќе донесе и до 30 % повеќе производство од изминатите две години. Покрај електрична енергија, зголема потрошувачка се очекува и на нафтените деривати и за 7% се зголемуваат потребите за јаглен. Повеќе... Кина ќе ја гради Вардарска долина Кина е заинтересирана да ја гради Вардарска долина преку мега проект кој предвидува изградба на 12 хидроцентрали. Студијата за исплатливост ќе ја финансира кинеската страна, а ќе ја ревидира македонската. Од кинеска страна проектот ќе го финансира државна развојна банка на Кина, а ќе биде во реализација на енергетската компанија - China International Water&Electric Corporation – CWE. Доколку студијата биде позитивна ќе биде склучен меѓудржавен договор за изградба на хидроцентрали кои ќе бидат во државна сопственост на Македонија, во стопанисување на ЕЛЕМ или новоформирана посебна компанија. Повеќе...

Пониски критериум и за изградба на Чебрен и Галиш те

Владата ги намали тендерските критериуми за Чебрен и Галиште за да привлече повеќе инвеститори. Шестиот оглас по ред, кој ќе биде објавен во текот на месец февруари во Фајненшл Тајмс се очекува да биде атрактивен и за помалите компании. Заинтересираните во првата фаза ќе треба да приложат доказ за вкупен приход од 100 милиони евра во последните две години и реализирани енергетски проекти од 300 милиони каде едниот е со вредност од најмалку 100 милиони евра. Првата фаза се очекува да се заврши до средината на март, а втората фаза предвидено е да заврши до крајот на јули. Повеќе...

Новости од светот

Европската комисија повикува на „конкретен напредок“ кон енергетската ефикасност Европската комисија сигнализираше дека ќе изврши притисок врз земјите членки да остварат „конкретни чекори“ кон целта на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност за 20% до 2020 година. Претседателот, Жозе Мануел Баросо, изјавува дека „земјите членки се

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 94

Страна 4

согласиле на 20% целите (за енергетска ефикасност), но досега тие не дават резултати, и начинот на кој што процесот се реализира е далеку од совршен“. Целта за подобрување на енергетската ефикасност е единствената која сеуште не е обврзувачка. Повеќе

резервоар од овој „еколошки бензин“ би можело да се вози околу 500 до 600 километри, исто како и со вистинскиот бензин, а цената изнесувала околу 70 центи по литар, што е двојно помалку од сегашната цена. На Повеќе... пазарот може да очекуваме да се најде за 3 – 5 години.

Enel Green Power постигна договор за развој на геотермалната енергија во Турција Enel Green Power постигна договор со Турската групација Узун за развој на електрани на геотермална енергија во Турција. Преку овој договор ЕGP доби пакет од 142 лиценци за истражување што е од клучно значење за исполнување на владината цел да има 600МW од новиот геотермален капацитет до 2015 година. Повеќе

Првата зграда опремена со 12 осцилирачки ветерници во Чикаго Чикаго стана првиот град со зграда што има 12 осцилирачки ветерници. Ветерниците се произведени од Хеликс Винд и тие се фино вклопени во фасадата на зградата, наместени во две колони на јужно-западниот агол од зградата. Повеќе...

Групацијата ЧЕЗ со сериозни намери ЧЕЗ групација ќе произведе дополнителни 60.000 MWh чиста енергија за 12 години од хидроелектрични централи во однос на сегашната состојба, благодарение на обемната програма за зголемување на ефикасноста на централите. Оваа дополнителна моќност ќе ја покрие годишната побарувачка на повеќе од 17 илјади домаќинства во Повеќе Република Чешка. Вибрирачки генератор Vibro-Wind Професорот Франсис Мун со студентите од Универзитетот Корнел дизајнираа прототип генератор наречен Vibro wind. Vibro wind e прототип на генератор кој е составен од 25 лопатки кои осцилираат на ветер нешто слично како што се движат листовите на дрвата кога ќе дувне ветер. Лопатките се прикачени на пиeзоелектрични ќелии кои произведуваат електрична енергија со секое вибрирање. Функционира на различни брзини на ветер и причинува мала бучавост, што го прави идеален за урбани простори. Предвиден е да се поставува странично и на покриви на објекти, напојувајќи ги електричните уреди деноноќно. Повеќе... Франција инвестира 10 милијарди евра во ветерници Целта е да се изградат 600 ветерници во морето со капацитет од 3000 мегавати, истакна францускиот претседател Николас Саркози. Локацијата на ветерните централи не се посочува. Повеќе... Јапонски конзорциум во Бугарија ќе гради една од најголемите сончеви централи во светот Tokyo Electric Power Co, Toshiba Corp и јапонската Влада заедно ќе градат една од најголемите централи за сончева енергија во Бугарија. Постројката ќе се гради во источниот дел од Бугарија во градот Јамбол кон крајот на 2011 година. Повеќе... Нов тенок слој на материјал погодни за генерирање енергија од прозорци Тим од научници инженери пронајдоа материјал кој апсорбира светлина и ефикасно генерира полнење и поделба на полнењето. Овие тенки слоеви се транспарентни, што ги прави одлични за прозорци. Ова може да доведе во иднина $ прозорците да станат извор на енергија во домаќинствата. Повеќе... Ново гориво на повидок Британски научници работат на усовршување на ново вештачко гориво , кое во ист момент би било и ефтино и еколошко. Горивото е засновано врз водород кој при согорување не ослободува гасови на стаклената

Најголемиот енергетски сончев покрив во Кина Најголемиот сончев покрив во светот на железничка станица во Кина, за производство на енергија, потпомога на возовите да постигнат поголема брзина. Кина изобилува со ефикасност, така и најголемиот објект во светот го интегрираше проектот со фотоволтажни панели кој е наменет за напојување на железницата со енергија, низ која поминуваат Повеќе... најбрзите возови во светот.

Корисни web-адреси www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации „Конференција за потенцијот за зголемување на употребата на термални сончеви колектори“ 3-ти март 2011, Мулти бизнис центар, Скопски саем, Скопје, Македонија Организатор: WidetheSEEbySuccMode/МАЦЕФ Пријава на присуство на macef@macef.org.mk „7ми Конгрес и саем за ЕЕ и ОИЕ“ 13 – 15 април 2011, Софија, Бугарија Учесниците ќе се информираат за најновите трендови, експертски анализи и предвидувања, контакти лице в лице со претставниците од институциите на јавна администрација, инвеститори како и чинители од индустријата на ОИЕ, ЕЕ, енергетски инженеринг, финансии и инвестиции и др. Повеќе... Енергетски менаџмент во културното наследство 6-8 април 2011, Дубровник, Храватска Конференцијата ќе ги прикаже најдобрите практики и стандарди во полето на енергетски инфраструктурна реконструкција, надоградување и енергетска ефикасност генерално во културно наследните згради, со сегашен тренд на енергетска ефикасност. Повеќе... Форум за домаќинста во Европа и централна Азија 4-6 април, 2011, Будимпешта, Унгарија Клучните одлучувачи и чинители во секторот за домување ќе го постават прашањето на пристојно домување и развивање на координирана визија во регионот. Повеќе... Саем ENREG ENERGIA REGENERABILA®, Arad International 7- 9 април, 2011, Арад, Романија Меѓународен саем и конференција за Обновлива енергија и енергетски ефикасна градба и реновација. Повеќе... Е- камп 2011 25ти – 29ти мај 2011, Кападокија, Турција Повеќе... „6та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе...

градина. Водородот е совршено гориво по единица тежина дава три пати повеќе енергија отколку бензинот, а при согорување произведува само вода. Енергијата на водородот може да се искористи преку согорување на овој гас или пак при негова комбинација со кислород, во енергетските ќелии кои произведуваат електрична енергија.Со полн

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски и Ж. Илиевски

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.