InfoMACEF br 211

Page 1

Број 211

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2020

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

     

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани членови и симпатизери на МАЦЕФ, Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 влијание и на состојбите во енергетскиот сектор. Меѓународната агенција за енергетика во неодамна публикуваниот „Преглед на енергетиката во светот“ за 2020, вели дека не постои едно решение или еден одговор туку ќе мора да се бараат од повеќе извори како излез од глобалната криза. Имено, прегледот ги истражува можните излези од кризата со особен фокус на наредните десет години до 2030. Предвидува дека глобалната потреба од енергија ќе се намали за 5% во 2020, а јаглеродните емисии за 7%, додека инвестициите во енергетиката за 18%. Намалувањето на потрошувачката на 2.4 гига тони, го врати светот онаму каде што беше пред десет години во однос на емисиите на CO2. Но, индикациите дека не се забележува слично намалување на емисиите на метанот и покрај намалената употреба на нафтата и гасот во енергетскиот сектор се загрижувачки. Каде грешиме и дали сме доволно посветени на чист и одржлив развој, се прашања кои ќе ги поставуваат граѓаните во неколку градови во Македонија во екот на грејната сезона. Веќе нарушеното здравје на граѓаните како резултат на пандемијата дополнително ќе го обременат смогот и загадувањето на воздухот. Затоа ова претставува вистински момент секој да даде личен придонес кон намалување на загадувањето преку инспекција на грејните тела и станбените објекти. МАЦЕФ-ци се на располагање за консултации и изработка на енергетски контроли, брзи и ефикасни термовизиски снимања за идентификување на недостатоците кај фасадите, покривите, прозорците и вратите како и совети за расположливи финансиски алатки за енергетско-ефикасно реновирање во домот. Секое добро,

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на консултантски организации - РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - Деловен совет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Програмата за ЕЕ за општина Аеродром Овој месец се посетија сите објекти во надлежност на општината Аеродром со цел да се приберат реални податоци за состојбата на објектите и нивната потрошувачка. Оваа база на информации претставува појдовна основа за планирање на сценаријата за унапредување на нивото на енергетска ефикасност во наредниот период. Чекор напред претставува и изработката на детални енергетски контроли пропратени со Сертификати за енергетски карактеристики на зградите и термовизиски снимања, што е клучна важност за транспарентноста на работата на општинската администрација и информирањето на граѓаните за ефикасноста на објектите.

Од посетата на ОУ Александар Македонски Првичната слика и проекции упатуваат на фактот дека општината во рамки на своите можности инвестира во енергетската ефикасност на нивните објекти. М.Д. & С.П. Соработката со Агенцијата за поддршка на претприемништвото преку обуки за конкурентност на МСП МАЦЕФ понуди три програми за поттикнување на конкурентноста на макро, малите и средните претпријатија. За две од обуките ангажираше врвни консултанти од Словенија. Обуката наменета за консултанти, за поддршка во процесот на наследување на семејни бизниси ја реализираа проф. др. Јака Вадњал и Македонка Димитрова, МППМ комбинирајќи физичко и виртуелно присуство во Скопје, Куманово и Битола. Ова е пионерски обид во Македонија да се воспостават програми за поддршка на развој на семејните бизниси.

Проф. др. Матеја Вадњал, организација Подјетна, Словенија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207/208

Страница 2

Проф. др. Матеја Вадњал во соработка со Зденка Николовска, МППМ одржаа две обуки за развој на женското претприемништво во Велес и Струмица на тема разлики и предизвици за жените претприемачи и мотивација за основање на сопствен бизнис. Со овие две обуки, МАЦЕФ, го проширува своето делокруг во доменот на претприемништвото, додека последниот турнус на обуки за конкурентност на ММСП се однесуваше на зелена економија. Проф. др. Филип Ивановски, м-р Ико Брдароски и Македонка Димитрова, ги одржаа обуките кои кружната економија ја ставија во фокус на осигурување на конкурентна предност кај компаниите во Скопје, Прилеп, Струмица и Тетово. МАЦЕФ ќе продолжи да развива програми во овие полиња со цел да помогне во економскиот развој на државата. М.Д.

производство на нова стаклена амбалажа додека загадувањето на воздухот се намалува за околу 20%. Но, регионот на Западен Балкан заостанува за европските пракси, и поголемиот дел од искористената стаклена амбалажа завршува во депониите, а притоа и треба 5.000 години да се распадне. Затоа проектот, преку локалните партнери, ЗЕЛС, двете општини, Пакомак и Канцеларијата на ГИЗ во Македонија работат на воспоставување на систем за одржливо раководење со стаклена амбалажа. Се соработува со колеги од регионот со цел постигнување на позитивно придвижување во ЗБ и воспоставување на најдобри пракси во рурални и урбани општини како останатите би можеле да го следат примерот. Моментално се поставуваат појдовните основи за мерење на резултатите по методата оддолу-нагоре, и се моделираат сценарија за следење на резултатите. М.Д.

Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ дава техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод диоксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн.

Нови профили во градежната и индустрија за ЕЕ/ОИЕ Проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање нови и подобри работни места“, кој ќе се спроведува до март 2012 година од страна на УНДП, а финансиран од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска / Амбасада на Велика Британија Скопје. Целта на проектот е да помогне во намалување на невработеноста преку премостување на „јазот кај вештините“ во три клучни сектори, и тоа текстилниот и градежниот сектор, и енергетиката т.е. потесната гранка за обновливите извори на енергија. На основа на неколку истражувања и мапирања за согледување на реалната ситуација и испитување на потребите од нови и напредни вештини на пазарот, проектот ќе дизајнира и тестира на модели за обука, вклучително и за пост-средно образование и неформална обука. Новите вештини се од клучно значење за постигнување на поголема конкурентност на локалните работодавачи, но и можност за повторно освојување на изгубените пазари. Македонка Димитрова од МАЦЕФ, е ангажирана во улога на локален експерт за градежната индустрија и работи на реализација на пазарното истражување со експертите од другите два сектори, но и со меѓународните консултанти од Британија. За да се разбере влијанието што новите технологии ќе го имаат врз вештините и работните места во градежниот сектор, се организираа фокусни групи со работодавачите и спроведувачите на стручно образование и обука. Фокусните групи од градежништвото (високоградба) покажаа дека има потреба од обуки за поддршка на развивање на нови вештини и за доквалификација на постоечката работна сила.

За повеќе информации обратете се во МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или електронската пошта macef@macef.org.mk. Д.Т. Општините Илинден и Штип пионери во раководење со отпад од стаклена амбалажа Јасминка Димитрова Капац и Македонка Димитрова, во улога на надворешни експерти, работат на проектот на ГИЗ Овозможување на трошковно-ефективен ланец за рециклирање на стакло во Западен Балкан преку Отворениот фонд за ЈИЕ, Модернизација на општинските услуги (ORF MMS/developPPP.de).

Островски систем за одлагање на отпад во Штип Проектот има за цел да воспостави одржлив систем за раководење со процесот на рециклирање на стаклена амбалажа во Западен Балкан во избрани пилот општини. Во Македонија, општините Илинден и Штип се вклучени во проектните активности. Имено, стаклената амбалажа има значителен удел во генерирањето на отпад и учествува со 4% во целокупниот отпад од амбалажа во регионот на Западен Балкан. Стаклото имам можност за 100% рециклирање, во безброј наврати, и затоа селекцијата и собирањето претставуваат голем потенцијал за општините и пошироко заедницата. Всушност, 1 тон стакло заштедува околу 40% енергија и 50% вода потребни за

Приказ на градежен објект во БИМ софтверска алатка Помеѓу дискутираните вештини се најдоа: техничар за БИМ (Building Information Management), техничар за ЛиДАР (мерење на далечина преку осветлување на целта со ласерска светлина), геодетски техничар, пилот на дрон и аналитичари на податоци, како и техничар за 3Д печатење во бетон. Во наредниот број на ИнфоМАЦЕФ ќе известуваме за резултатите од истражувањето и ќе пренесеме дел од заклучоците и за останатите два сектори. М.Д.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207/208

----------------------------------------------------ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програмa и Акционен план за ЕЕ За членовите – бесплатни совети и помош!

Новости од Македонија Меѓународна конференција во организација на ЗЕМАК Во организација на македонското здружение на енергетичари ЗЕМАК и годинава на 1 и 2 октомври се одржа меѓународната конференција „Енергетика 2020“ во вебинар формат. На дводневната конференција повеќе од 50 учесници презентираа над 30 труда од различни енергетски области. И годинава ЗЕМАК доби поддршка од домашните енергетски компании, а во воведно обраќање на присутните се обрати и м-р Ева Шуклева, генерална директорка на А.Д. МЕПСО. Повеќе тука

Новости од регионот и светот Економски и инвестициски план вреден 9 милијарди евра за Западен Балкан Европската комисија даде зелено светло за Зелената агенда за Западен Балкан тврдејќи дека еколошката транзиција на Европа е можна само доколку и најблиските соседи се вклучат ефективно со активностите. Се планира со климата во ЕУ да постигне неутрална точка до 2050, а се очекува балканските лидерите да ја поддржат иницијативата European Green Deal. Комисијата излезе со предлози за спроведување на Зелената агенда преку пет сектори, и тоа климатски промени, циркуларна економија, биодиверзитет, загадување на воздух, вода и почва, како и системи за одржлива храна и рурални области. Првите чекори подразбираат паралелно делување во доменот на дигиталната трансформација, прифаќање на ЕУ еколошката легислатива како и усогласување со Шемата за тргување со јаглеродни емисии на ЕУ. Финансирањето на акциите ќе се реализира преку ИПА 3 во периодот од 2021-2027 година. Дополнително се формира Програма за финансирање на ЗП која

Страница 3

се очекува да привлече околу 20 мил евра за поддршка на инвестициите. Програмата предвидува воспоставување на ветерен парк и инвестиции со сончеви централи во Македонија, транзиција од јаглен кон гас, коридор Македонија – Косово и МакедонијаСрбија, нова фаза на реновирање на згради како и воспоставување на регионални системи за раководење со отпад во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Извор: ЕУ и Balkan Energy News) Иницијатива за поддршка на транзицијата на регионите кои сеуште користат јаглен во Западниот Балкан Секретаријатот на Енергетската заедница најави платформа за поддршка на земјите од Западен Балкан кои користат јаглен во процесот на транзиција кон декарбонизација на системот. Украина ќе понуди размена на знаење, студиски посети, техничка поддршка, пристап кон глобалната академија на знаење и финансиска помош за проектите кои ќе помогнат во транзицијата. Секретаријатот ќе претставува едно од телата за реализација на процесот придонесувајќи кон планирање на активностите на национално ниво за регионите кои ископуваат јаглен и потребните реформи во енергетските системи. Светската банка, Европската комисија, ЕБОР, Колеџот Европа и Владата на Полска се вклучени во процесот на реализација на платформата. Извор: Енергетска заедница Нова финансиска рамка 2021-2027 - LIFE Финансирањето на проекти во секторот на енергетска ефикасност од 2021 година, а претходно поддржани од Програмата Хоризонт 2020, ќе се одвива преку новата програма LIFE (2021-2027). Специјален сегмент од LIFE наменет за „Транзиција кон чиста енергија“ ќе поддржува активности кои ќе овозможат транзиција кон економија базирана на енергетска ефикасност, обновлива енергија, како и климатски неутрална и одржлива економија. Првите повици се планирани за почетокот на 2021 г. Акциите за истражување и иновации во домен на енергетската ефикасност ќе се пренасочат преку 5. европски кластер на Хоризонт за Клима, енергија и мобилност, во Столбот 2 за Глобални предизвици и конкурентност на индустријата во Европа од 2012 година натаму. Индекс на светска енергетска трилема за 2020 Светскиот енергетски совет, формиран во 1923, од 2010 година наваму спроведува истражување на годишно ниво и дава препораки за развој на политиките и дијалогот во енергетскиот сектор во однос на Индексот на светската енергетска трилема. Индексот, преку дефиницијата за енергетска стабилност, се базира на три клучни полиња, и тоа: енергетска безбедност, енергетски капитал и еколошка одржливост на енергетските системи. Барајќи го балансот помеѓу трите полиња, за постигнување на просперитет и конкурентност на секоја од земјите учеснички во истражувањето, процесот води кон трилема. Извештајот се фокусира на проценка на изведбата на енергетските системи во секоја земја одделно рефлектирајќи баланс и комплексност во трите полиња на интерес. Ако во 1923 година енергијата играла улога во постигнување на мир помеѓу нациите, по Втората Светска Војна имала за цел да обезбеди развој на пазарите и државите, денес таа прераснува во концепт насочен кон луѓето и планетата што би се постигнало преку заедниците и мрежите и тоа со процесот на декарбонизација, децентрализација, дигитализација и редовни пореметувања со секојдневното и вообичаено работење.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207/208

Токму затоа моменталната визија е одговор на предизвикот кој Ковид -19 пандемијата ја наметна и се однесува на Визија за хуманизација на енергијата до 2025. Оваа визија се однесува на: премин од создавање на вредност за крајниот корисник кон иновации на страната на побарувачката што ќе причини прекројување на снабдувањето со енергија; зголемување на празнината во пристап до извори на енергија во рамки на нациите и помеѓу нив – без разлика на малиот напредок во надминување на јазот на основен пристап до енергија на светско ниво; итна потреба од вклучување на луѓето кои се засегнати во енергетската транзиција во дизајнирање и раководење со процесот – работници и локални заедници; потреба повторно да се поврзат пазарната цена на новите технологии и целосниот трошок на општеството за побрза трансформација и еластичност на енергетскиот систем во целина.

Страница 4

ублажи и избегне влијанијата врз деградацијата на животната средина и климатските промени. Димензијата се фокусира на продуктивноста и ефикасност на производство, пренос и дистрибуција на енергијата, декарбонизацијата и квалитетот на воздухот. Во Европа се наоѓаат најодржливите енергетски системи, карактеризирани со изобилие на обновливи извори, во смисла на различни технологии, распространета примена на енергетска ефикасност и пониски нивоа на емисии на јаглерод диоксид и честички. Во 2020 година, шест од највисоко рангираните 10 земји се од Европа, и тоа Швајцарија (90.0), Шведска (87.5) и Норвешка (87.2). Македонија, според целокупното рангирање на 108 земји се наоѓа на 46 место. Главен партнер со спроведување на истражувањето е консултантската куќа Oliver Wyman. Се споредуваат енергетските системи на 128 земји од светот. Извештајот е достапен на следниот линк.

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Извадок од средното рангирање на земјите, 2020 г. Во категоријата енергетска безбедност, кој ја мери способност на земјата да одговори за тековните и идните енергетски потреби, како и реакцијата на системот во услови на непостојаност и шокови за минимизирање на проблеми во снабдувањето, мерена преку ефективноста на раководење во домашните и надворешните енергетски извори и постојаност на инфраструктурата, Канада (77.1), Финска(75.4) и Романија (74.5) се на врвот на листата. Понатаму, енергетскиот капитал ја проценува способноста на земјата да обезбеди универзален пристап до сигурна, достапна и енергија во изобилие за домашна и комерцијална употреба. Димензијата која опфаќа основен пристап до електрична енергија и чисти горива и технологии за готвење, пристап до нивоа на потрошувачка на енергија што овозможува просперитет и достапност на електрична енергија, гас и нафта. Тука на врвот се Луксембург (99.9), Катар (99.8) и Кувајт(99.8). И, третата димензија, одржливоста на животната средина на енергетските системи ја мери способноста на земјата да ги

8ми Виенски форум за европско енергетско право Оваа година форумот ќе се одржи виртуелно во ноември и декември, а има за цел да дискутира за теми кои ќе помогнат во надминување на празнините во енергетската дебата помеѓу ЕУ и Енергетската заедница. Доколку сте претставник на правниот сектор, институциите и организациите како и академската фела која може да ја збогати дебата, пријавете се на следниот линк Регистрација. Учеството е без надомест. Програма: 23.11 - Европско климатско право 30.11- Цена на декарбонизацијата 7.12 – Приватниот сектор во помош на енергетската транзиција Конференција за Зелено закрепнување на Европа 14. Конференција за стратешка енергетска технологија (СЕТ План) ќе се одржи онлајн, во организација на германското претседателство и Советот на ЕУ на 23 и 24 ноември. Ќе се дискутира за придонесот на СЕТ План за постигнување на амбициозните енергетски и климатски цели за 2030 и 2050, во процесот на економско и социјално закрепнување. СЕТ Планот има за цел да ги катализира програмите за истражување и иновации како и политиките за реализација на зацртаните цели на национално и европско ниво преку унапредување на конкурентноста во индустријата за чиста енергија. Регистрација.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д. Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.