InfoMACEF 214

Page 1

БРОЈ 214, ЈАНУАРИ 2021

ИНФО МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European Commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на консултантски организации - РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe

ЗЕЛЕНИ БИЗНИСИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ Македонка Димитрова, МППМ Економскиот развој интензивно го привлекува вниманието на истражувачите во изминатите два века. Фердинандо Галијани во Della Moneta од 1751 година и Адам Смит со делото The wealth of nations од 1877 година ја поставуваат основата на економската теорија. Развојот, пак, го дефинираме како активност или процес на развој, раст и напредок. Но, ниту дефинициите за економски развој ниту дефинициите за развој не се доволни за еднакво задоволување на потребите на седумте милијарди жители на планетата Земја, ниту пак се соодветни за рационално користење на природните ресурси. Затоа во раните години на 21-от век се артикулира нов правец или нова форма на економски развој или развој кој претставува сеопфатна рамка за работење и живеење, а тоа е одржливиот развој. Доколку пошироко го дефинираме, се однесува на развој кој ги задоволува реалните и тековни потреби без притоа негативно да влијае на задоволување на потребите на идните генерации.


ИНФО МАЦЕФ

број 214, јануари 2021

_________________________________________________________________________________ За упатените, извештајот „Our Common Future: Report of the World Commission on Environment and Development“ на Светската комисија за животна средина и развој при Обединетите нации од 1987 година или познат како „Brundtland Report“ го означува почетокот на дискусиите за одржлив развој. Но, зошто требаше да ја прошириме дефиницијата за развој? Еве зошто. Повеќето стратешки документи, без разлика на државата во која се донесуваат, се однесуваат на период не подолг од 30 години притоа фокусирајќи се на краткорочните и среднорочните цели, со визија за долгорочните цели. На пример, во декември 2020 година Владата на Република Македонија донесе Стратегија за развој на енергетиката до 2040. Ако треба да чекаме да помине овој период, да следиме, оценуваме и проценуваме што е постигнато од зацртаното и дури тогаш да правиме нова стратегија која ќе се однесува на периодот до 2060 година, тогаш сме ја изгубиле битката. Затоа Обединетите нации (ОН) се заложија за нов светски поредок на основа на постигнување на 17 глобални цели. Целите за одржлив развој се однесуваат на постигнување на глобална рамнотежа помеѓу животната средина, економиите и луѓето, како и нивна интеграција кон сеопфатни општества. Тие се клуч на поздраво живеење и посилни економии. Но, повеќе сегашни ситуации и последици веќе беа идентификувани во Агендата за одржлив развој до 2030 и Договорот за климатски промени од Париз. Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, уште повеќе ги потенцираше нееднаквоста, разликите и ранливите економии. Ова го потврдува во една прилика и генералниот секретар на ОН, г. Антонио Гутереш, каде порачува дека светот има потреба за опоравување од пандемијата преку нејзино претворање во вистинска можност со цел да се исправат грешките од минатото. ЗЕЛЕНИ БИЗНИСИ ИЛИ ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА БИЗНИСИТЕ Прашањето кое се обидуваме да го одговориме во овој истражувачки текст се однесува на потенцијалот на зелените бизниси да придонесат во значајна мера за постигнување на некои од целите за одржлив развој. Тука си поставуваме и неколку потпрашања од типот...како ќе знам дека еден бизнис е зелен, дали се работи за процес или за краен резултат, дали е полесно да се дефинира отколку да се практикува, дали зелените бизнис се привилегија на богатите и напредни економии? Кога мислиме на зелени бизниси и/или на зелени работни места, секако тоа не се однесува на бојата на нивниот бренд туку на начинот на кои тие ги користат природните ресурси и човечкиот капитал за да создаваат вредност. Затоа многу посоодветно би се нарекувале зезеленети бизниси или зазеленети работни места. Суштината на овие бизниси е совесното работење. Дури и помеѓу истражувачите нема консензус што овие две категории претставуваат, но во поширока смисла се однесуваат на подобрување, заштита, одржување и унапредување на животната средина преку примена на едноставни постапки за искористување на нови технологии кои на било кој начин се грижат за воздухот, водата и почвата, и на тој начин го намалуваат штетното влијание на компаниите и индивидуалците. Бизнисите кои напредно ги применуваат овие начела, велиме дека применуваат концепт на кружна економија, кој предвидува намалување или повторна употреба на ресурсите, рециклирање, намалување на отпадните супстанции и материјали како и штедење на енергија. Овој концепт во голема мера вклучува и зелени работни места. Оттука, Програмата за животна средина на ОН зелените работни места ги дефинира како работни места во земјоделието, производството, истражувањето и развојот и услугите кои имаат за цел во голема мера да го одржат и да го зачуваат квалитетот на животната средина. Според, Меѓународната организација на трудот (ИЛО), зелените работни места вклучуваат активности како што се: -

зголемување на ефикасно користење на енергија и суровини; намалување на емисиите на стакленички гасови; минимизирање на сметот и загадувањето; заштита и конзервација на екосистеми; дејствија за прилагодување кон климатските промени; позитивни текови во глобалната економија.


ИНФО МАЦЕФ

број 214, јануари 2021

_________________________________________________________________________________

Во извештајот „Report on the Emissions Gap“ на ОН од 2019 година, се наведува дека глобалните емисии на стакленички гасови треба да се намалат за 7.6% на годишно ниво помеѓу 2020 -2030 година за да се постигне целта согласно Договорот од Париз за ограничување на глобалното затоплување од 1.5 °C или 2.7% годишно, на најмногу 2 °C. Но, дури и сите заложби да се испочитуваат, температурата до крајот на векот ќе се зголеми за 3.2 °C што ќе причини зачестени и несакани климатски состојби. Оваа ситуација, ИЛО во извештајот „Work in a changing climate: The Green Initiative“ од 2017 година предвидува дека ќе причини пораст во идните работни места особено во земјите во развој. Фокусот ќе биде на промените на пазарот во секторот на производство и користење на енергија, како одговор на предвидувањата за пораст на глобалната температура, што може да доведе до креирање на 18 милиони работни места во светската економија. Новонастанатите пазарни услови, ќе диктираат премин кон циркуларна економија и декарбонизација на работењето за бизнисите, а особено ќе се истакнат неколку сектори. Енергетскиот сектор, според Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) и „The Renewable Energy and Jobs Annual Review 2019“, бележи пораст на работните места годишно ниво од најмалку 5% во секторот на обновлива енергија на светско ниво, а се смета дека секторот вработува повеќе од 12 милиони луѓе. Еден податок укажува дека инженери на раководни позиции во сончеви централи се едни од најдобро платените зелени работни места во светот. Во Македонија, неодамна се спроведуваше проект на ЕУ во чии рамки се понудија нови профили на работни места во секторот на обновлива енергија, а проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање нови и подобри работни места“ на ОН, работи на профилирање на инсталатери на сончеви колектори, инсталатери на фотонапонски панели и инсталатери на фотонапонски - термални панели. Во производната индустрија, се зазеленуваат постоечките профили на инженери, со надградување на нивните вештини за препознавање на можни заштеди и примена на стандарди за енергетски менаџмент. Понатаму, се вложува во истражување и развој и примена на технологии кои се повеќе наклонети кон животната средина. Се воведува рециклирање, повторна употреба на материјали и слично. Во Македонија, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), работи со бизниси од сите големини, за оптимизирање и унапредување на потрошувачката на енергија преку идентификување на тесни грла и дијагностика во котлари и инсталации. Понатаму, строгите европски регулативи бараат од производителите да се зголемат стапките на рециклирање, но и да воведат строги критериуми за еколошки дизајн. Ова се однесува на свеста на потрошувачите од една страна, но и примена на еколошки параметри почнувајќи од производите, нивното пакување, својствата итн. Градежната индустрија, исто така, претрпува револуција почнувајќи од процесот на проектирање со изведување и ставање во употреба на објектите и патиштата. Имено, на објектите се припишуваат 30-40% искористување на примарна енергија, јаглеродни емисии и генерирање на смет на светско ниво. Затоа и потенцијалот за зелени работни места е огромен. Во Европа, на голема врата влегува употребата на Информациски системи за згради (БИМ), а во Македонија е во зародиш. Споменатиот проект на ОН, подготвува образовни програми за идните зелени работни места кои се однесуваат на БИМ специјалист, специјалисти за ласерски премер на терен и објекти и специјалисти за 3Д печатење во цемент. Понатаму, веќе неколку генерации енергетски контролори кои посетуваа обука во МАЦЕФ веќе работат на зазеленување на објекти. Имено, концептите на nZEB и ZEB, ги поддржуваат зелените работни места во доменот на реконструкција, осветление, фасадни системи, системи за греење и ладење, енергетски ефикасна опрема како и енергетски ефикасни апарати за домаќинство. Транспортот е уште една гранка која причинува повеќе од 30% загадување со јаглеродни емисии во Европската унија од кои повеќе од 70% отпаѓаат на копнен транспорт. До 2050 година, ЕУ се заложи да ги намали овие емисии за 60% споредено со 1990 година. Оваа заложба ќе придонесе за нови работни места во јавниот транспорт, индустрија за електрични возила и видоизменет железнички транспорт. Секако, земјоделието доживува голема преобразба, во 2017 година, Европа бележи раст од 10,5% на продажба на органска храна, во висина од повеќе од 37 милиони евра. Овој пазар е во раст и ќе бара се повеќе работни позиции со нови вештини, особено е атрактивен концепт за земји во развој како што заклучува „Research Institute of Organic Agriculture“.


ИНФО МАЦЕФ

број 214, јануари 2021

_________________________________________________________________________________

Во индустриите кои ќе придонесуваат за зголемен број на зелени бизниси и зелени работни места е и угостителската и туристичката индустрија. Во подем се екотуризмот, руралниот туризам, и авантуристичкиот туризам во однос на масовниот туризам. Во Македонија, Светската банка и УСАИД во повеќе наврати поддржуваа проекти кои се однесуваа на развој на алтернативен туризам, но има потенцијал за зголемување на понудата. Во една скорешна студија „Green Jobs“ се идентификуваат неколку препреки за развој на зелени бизниси и зелени работни места во Македонија, меѓу кои: -

организациски ограничувања; финансиски препреки; регулаторни и правни препреки; технички препреки; образовни ограничувања.

Дел од препреките се во фаза на надминување, но потребни се поголеми заложби, како од владините тела, така и од страна на бизнисите. Фондот за иновации и технолошки развој, може да им помогне на фирмите да ја надминат како финансиската така и организациската бариера, меѓународните организации во поддржување на проекти кои ќе влијаат на правната рамка и образовните програми особено оние за образование на возрасни, а преку соработка со истражувачки институти и граѓанскиот сектор да се олесни прифаќањето на новите технологии и информираноста за можностите и промените кои претстојат. За надминување на потешкотии околу финансирањето, Европската банка за обнова и развој предничи во понуда на поволни кредитни линии за бизнисите за примена на мерки за енергетска ефикасност или воведување на решенија кои вклучуваат обновливи извори на енергија. МАЦЕФ работеше на реализација на првата кредитна линија за финансирање одржлива енергија на Западен Балкан, спроведувана од неколку локални банки. Компаниите кои ја користеа кредитната линија, се пионери – зелени бизниси во Македонија. Понатаму, преку Фондот зелено за развој (GGF), МАЦЕФ ја продолжува својата мисија за зазеленување на бизнисите. Секако, во однос на организациските ограничувања, преку програмите за општествена одговорност може да се придонесе за одржливо работење на компаниите, но и за општ одржлив развој. Здружението Конект е првенец во овој домен во Македонија и успеа одговорноста на компаниите да ја подигне на високо ниво. Но, секако дека има голема можност да се направи повеќе во овој домен, со зголемено информирање на јавност за пошироката слика, значењето на целите за одржлив развој како и зелените бизнис т.е. зелените производи и услуги. Во Третиот двогодишен извештај за климатски промени на Министерството за животна средина и просторно планирање од август 2020 година се наведува дека бројот на зелените работни места зависи од сценаријата, но во најголем процент истите се поврзани со примена на мерки за енергетска ефикасност. До 2030 година се очекуваат зелените работни места да бидат 5.309 од кои 61% во директна врска со мерките за енергетската ефикасност, а остатокот од обновливи извори на енергија. Во второто сценарио до 2035 година, таа бројка се проценува на 9.895 работни места. Но, потребна е сеопфатна рамка за унапредување на состојбата и позицијата на зелените работни места во соработка со стопанските комори и реалната потреба од нови профили, образовните институции за унапредување на постојните и понуда на нови образовни профили, владините тела и министерства кои имаат влијание на политиките за поттикнување на зелени работни места како што се ресорите за животна средина, економија, транспорт, земјоделство и труд и социјала.


ИНФО МАЦЕФ

број 214, јануари 2021

_________________________________________________________________________________

ИНТЕБАКО д.о.о. е фирма од енергетскиот сектор што има сопствено производство на опрема и инсталации за соларни и фотонапонски системи. Во соработка со МАЦЕФ, работи на истражувачки проект финансиран од ФИТР за креирање на ОРЦ постројка за производство на електрична енергија преку искористување на отпадната топлина од процесите.

Понекогаш, бизнисите зазеленуваат кога се прави интервенција во ланецот на вредности, а не се однесува на основната дејност. На пример, во случајот на пицеријата „Џакомо“, која врши достава на пиците со електрично возило. Одличен пример за еколошко транспортно решение.

Фабриката за сокови „Вивакс“ е пионер во инвестиција во енергетската ефикасност во производна компанија преку Програмата за одржлива енергија за Западен Балкан на ЕБОР. Фабриката за сокови направи замена на стара и неефикасна машина за пакување Обемот на инвестицијата изнесуваше €253.000. Резултати:  Годишни заштеди: €83.500  Стапка на енергетски заштеди: 25%  Период на поврат: 3 год.  Намален CO2: 9.76 т/год. Останати придобивки:  Елиминација на шкарт- €42.830  Намалени трошоци за одржување - €39.000

Уникатен пример за премин од класичен кон зелен бизнис во текстилната индустрија е дизајнерката Росица Мршиќ. Во услови на консумеризам, сезонска облека, Росица Мршиќ, основан во 2009 година, е бренд кои произведува одржливи и уникатни колекции на основа на фер-трговија, бавна мода и еко-пријателски парчиња облека.

Издавач: Центар за енергетска ефикасност на Македонија, 2021г.; Рекакција: Ј. Д. Капац, гл. уредник, М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д. Трпкоска


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.