InfoMACEF br 207-209

Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 207-209

Лето 2020

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

      

околина околу своите канцеларии, како и пошумување и позеленување на околината. По примерот на Центарот за енергетска ефикасност на Македонја – МАЦЕФ, локалните претпријатија исто така се вклучија во акцијата, со своите можности и распоред. Да изградиме подобра работна средина и услови заедно! (СП) Повеќе

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија Новости од светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во овој број ќе читате:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации Секое добро, До читање

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

МАЦЕФ - Програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром Во месец мај, МАЦЕФ ја доби обврската за изработка на Програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром. Според обврските од потпишаниот договор МАЦЕФ ќе ги изработи следните документи Програма за енергетска ефикасност, Акциски план, енергетски контроли и Сертификати за енергетските карактеристики на јавните објекти кои се под владение на општината. Тимот на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија ќе започне со исполнување на своите обврски, откако ќе бидат спроведени подготвителните состаноци со административните претставници од општината. Програмата за енергетска ефикасност ќе ги рефлектира напредните стратешки определби на општината, која е една од најактивните општини во полето на енергетската ефикасност и одржување на одлични услови за престој и користење на јавните објекти во државата. (СП) Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund)

Активности на МАЦЕФ МАЦЕФ го одбележа Светскиот средина со работна акција

ден

на

животната

Здружението Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, во време на криза и поради безбедносни причини, се реши да не организира настани, туку Светскиот ден на животната средина да го одбележи преку една работна акција. Имено, тимот на МАЦЕФ изврши целодневно пролетно чистење на пошироката

Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ДТ

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207-209

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

„Македонија без отпад“ - 5ти Јуни Светски ден на животната средина По повод 5 Јуни Светскиот ден на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Агенцијата за млади и спорт и општините во РМ со Јавните комунални претпријатија, ја спроведе пролетната акција, која е дел од од националната кампања за чистење на несоодветно депонираниот отпад „Македонија без отпад“. Во рамки на акцијата се вклучија и: општина Сарај - на влезот на езерото Треска, кај новата пречистителна станица за отпадни води беше отстранет несоодветно одложениот отпад, при што со своето присуство, поддршка на акцијата даде и македонскиот боксер Вели Мумин; општина Неготино - се чистеше околу спортската сала „Младост“, а таму на чистењето активно се приклучи и македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе; општина Кавадарци - нуркачкиот клуб Врело изврши подводно чистење на отпад на Тиквешкото Езеро; општина Конче – собирање отпад на местото Ирон Дол во близина на н.м Лубница. Во акцијата масовно се вклучија и Сојузот на извидници на Македонија, Црвен Крст на Република Македонија, колективни постапувачи со отпад и други комерцијали субјекти. Ваквите акции имаат големо значење бидејќи со нив се развива свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и се развивават механизми за подршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со несоодветно и неорганизирано фрлање на отпад во нивните заедници. Но за трајно расчистување на дивите депонии не се доволни само активностите на централната и на локалната власт, туку е потребна и високо развиена свест дека секој од нас треба одговорно да се однесува и со животната околина и со отпадот кој што самиот го произведува.

Страница 2

Затоа, мораме да бидеме одговорни и свесни дека само со заеднички и координирани активности можеме да го постигнеме конечниот резултат – здрава и чиста животна средина. Повеќе Конференција на тема „Енергетски ефикасни училишта“ На 9 јуни се одржа интернет конференција на тема „Енергетски ефикасни училишта“ на која присуствуваа 77 учесници, претставници на училишта и општини од цела Македонија. Целта на конференцијата беше да се информираат училиштата за можностите и предизвиците при имплементација на мерки за енергетска ефикасност, како и да се поттикнат да се вклучат поактивно во процесот на зголемување на енергетската ефикасност. Говорниците од Агенцијата за енергетика, директорот Нехри Емрула, Панче Атанасовски и Дарко Ангелков се осврнаа на законската регулатива и правилниците со кои се дефинира енергетската ефикасност, како и обврските на општините кои треба да ги исполнат. Претставниците од Агенцијата потенцираа дека една од главните обврски на општините е да ги изготват тригодишни програми за енергетска ефикасност и да ги достават до Агенцијата. Програмите за енергетска ефикасност се и клучни документи во кои и училиштата треба да се инкорпорирани за да понатаму можат да развијат конкретни проекти и да се пристапи до барање финансии за имплементација на програмата за енергетска ефикасност. Љупчо Димов, раководител на секторот енергетска ефикасност од општината Карпош, се осврна на чекорите кои се неопходни да се преземат за општината и училиштата успешно да најдат финансии и имплементираат мерки за енергетска ефикасност: Првиот чекор е енергетската контрола што секое училиште треба да ја направи. Енергетската контрола опфаќа проценка на состојбата на кровови, фасади, прозори, трансмисиски загуби, потреби за енергија за греење, анализа на потрешена енергија во изминтатите три години, внатрешно осветлување итн. Вториот чекор е донесување на стратешки и плански документи во општината, каде врз база на енергетската контрола ќе има конкретни мерки и вредности за точно планирање на средствата потребни за реализација, заштеди и време на повраток на инвестицијата. Третиот чекор е затворање на финансиската конструкција за реализацијата на мерките на енергетска ефикасност, каде општината мора да избуџетира сопствено учество. И четвртиот чекор е следење на ефектите од реализираните мерки. На крајот, г-дин Димов истакна дека во периодот од 2007 до 2014 година успешно се имплементирани мерки за енергетска ефикасност во сите 10 училишта во општината Карпош следејќи ги овие чекори. Здравко Стефановски, сениор експерт за енергетска ефикасност и ЕСКО компании, на почетокот истакна дека е многу важен систематскиот и консолидиран проток на информации и улогата на ЗЕЛС во организацијата на општините. Тој истотака, направи осврт на улогата на ЕСКО компаниите и поддршката која тие можат да ја обезбедат за училиштата (и општините) за да пристапат кон имплементација на мерки за енергетска ефикасност. ЕСКО компаниите можат да обезбедат целосна поддршка во сите чекори кои г-динот Димов ги истакна погоре, како дел од договор за енергетски. Повеќе МЕПСО: реконструкција на 110 киловолтната постројка во ТС „Битола 2“ МЕПСО ја реконструира 110 киловолтната постројка во „ТС Битола 2“, со тоа што дури после 38 години употреба ги заменува старите со нови прекинувачи. Во оваа фаза од реконструкцијата на овој енергетски јазол МЕПСО вложува 1 милион евра во нова високонапонска опрема, а средствата се обезбедени од европската банка за обнова и развој. Според генералната директорка Ева Шуклева се врши замена на 13 стари и недоверливи 110 kV прекинувачи и демонтажа на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207-209

старите системи за управување. Со процесот на реконструкција на долг рок се зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенегетскиот систем и се вградува нова и високо доверлива опрема. Оваа трафостаница е почетна точка на интерконективниот далекувод Битола-Елбасан со што се овозможува поврзување со Република Албанија, но исто така оваа трафостаница е почетна точка на уште еден интерконективен далекувод Битола-Лерин. Оваа трафостаница е енергетски јазол со огромно значење во преносната мрежа затоа што на оваа трансфостаница станица е приклучен и тука ја предава електричната енергија РЕК Битола, најголемиот производител во земјава на електрична енергија. Воедно од оваа трафостаница се снабдуваат со електрична енергија и двата рудника за ископ на јаглен Суводол и Брод-Гнеотино кои обезбедуваат погонско гориво за производството во РЕК Битола. Поради процесот на работа, рехабилитацијата на постројката ќе биде во повеќе фази. Повеќе... Изградба на 400/110 kV ТС „Охрид“ На 29 јули се одржа состанок меѓу работниот тим на АД МЕПСО и претставници на изведувачот Кончар КЕТ, консултантот JV decon international GmbH/CONSULECTRA Unternehmensberatung GmbH/VEVE Group како и претставници на НИПАК и WBIF. Со овој почетен состанок се дефинираа подготвителните активности за изградбата на еден од двата највредни енергетски објекти во инвестициската програма на МЕПСО: 400/110 kV трансформаторска станица кај Охрид. Проект има големо значење за доверливо снабдување со квалитетна електрична енергија на југозападниот дел од Македонија во следните 3 децении. Повеќе... АД ЕСМ со отворен повик за БОГДАНЦИ II ФАЗА АД ЕСМ го објави повикот за проширување на енергетскиот капацитет на ветерниот парк Богданци Богданци II фаза, на овој начин компанијата ги покани компаниите да изразат интерес за испорака и инсталирање на придружни компоненти за ветерниот парк Богданци. Повикот се состои од 2 дела, првиот дел од повикот се однесува на набавка на ветерни турбини а вториот дел се однесува на баланс на постројката – придружна опрема и дополнителни услуги. Во оваа втора фаза на ветерниот парк се планира да се постават уште 3 или 4 ветерни турбини со вкупен капацитет од 13,2 до 15 MW. Постоечкиот ветерен парк располага со 16 ветерни турбини со вкупен капацитет од 36,2 MW. АД ЕСМ претходно најави дека нивната намера е проширувањето на капацитетот на паркот да биде со турбините на Сименс Гамеса (Simens Gamesa), а вредноста на овој проект е проценета на 21 милион евра. Со вториот дел од повикот баланс на постројката - придружна опрема и услуги, ќе биде опфатено: поставување на внатрешна среднонапонска мрежа и кабли за оптички влакна, поврзување на новите турбини со трафостаницата, изградба на внатрешни патишта и крански платформи и привремено складирање. Со овој проект вкупниот капацитет на ветерната електроенергетска централа Богданци ќе биде 50MW. Според АД ЕСМ со проширувањето на енергетскиот капацитет со 13,8 MW, се проценува дека годишно ќе се произведат дополнителни 137 GWh електрична енергија и воедно годишната заштеда на емисија на СО2 ќе биде 35000 t. Повеќе... Обновено сопстевното напојување во хидроцентралите АД ЕСМ набави и монтира нови стационарни акумулаторски батерии за хидроцентралите „Тиквеш“ – Кавадарци, „Маврово“ – Гостивар и „Црн Дрим“ – Струга. Стационарните акумулаторски батерии се еден од клучните елементи за напојување со електрична енергија за сопствени

Страница 3

потреби на секоја хидроелектрична централа, постоечките батерии беа постари од 15 години. Дополнително, во ХЕЦ „Тиквеш“ е набавен и преносен исправувач (полнач) за стационарни аку-батерии, кој по потреба може да се користи и во трафостаницата во Ветерниот парк „Богданци“. Повеќе...

Новости од светот Еколошки фонд за продолжување на грант програмите ставени во мирување поради COVID-19 во Хрватска Хрватскиот фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност ги обновува програмите за грантови за поединци и деловни активности по прекин предизвикан од пандемијата COVID-19. Најавувајќи го продолжувањето на редовните активности во јуни, Синиша Кукиќ, директорот на фондот, рече дека над 79,3 милиони евра се очекува да бидат одобрени во рамките на грантовите програми до крајот на годинава, се вели во соопштението на веб-страницата на фондот. Новите јавни повици за грантови главно се однесуваат на енергетската ефикасност, рече тој. Фондот планира да продолжи со кофинансирање на енергетското реновирање на семејните куќи, покривајќи 60% од трошоците на проектот. За ранливите групи, трошоците за реновирање на енергијата ќе бидат покриени во целост. Посебни јавни покани ќе бидат издадени за примена на обновливи извори на енергија во домаќинствата и јавните установи, како и за земјоделските домаќинства, според Кукиќ. Продолжат и субвенциите за набавка на електрични возила На крајот на јуни и на почетокот на јули, фондот ќе ја продолжи програмата за субвенции за набавка на електрични возила (ДВ), до 9.250 евра по возило. За таа цел, фондот има буџетирано 2,9 милиони евра за физички лица и исто толку за правни лица, додека дополнителни 1,3 милиони евра ќе бидат издвоени за кофинансирање на инсталацијата на станици за наплата на ЕВ. За поддршка на натамошниот развој на одржлива мобилност, во септември треба да се распише јавен повик за субвенции за кофинансирање на набавка на енергетски ефикасни јавни транзитни возила со употреба на алтернативни горива, со буџет од 13,2 милиони евра, како и за проекти од интегриран и интелигентен сообраќај и развој на алтернативна инфраструктура за гориво, во вредност од 4 милиони евра. Во областа на управувањето со отпадот, фондот ќе го кофинансира транспортот на отпадот од островите до копното, додека продолжува со набавка на повеќе од еден милион отпадоци за сортирање отпад за хрватските градови и општини. Повеќе Tesla S е првиот електричен автомобил кој има домет од над 400 милји Компанијата Tesla направи добра надградба на својот модел Tesla S, со што му овозможи да има домет од 402 милји (647километри) со едно полнење. Илон Маск и претходно годинава уверуваше дека овој модел веќе има достигнато домет од 400 милји и рече дека EPA направила грешка при тестирањето на новиот модел Model S Long Range Plus. Но, минатата недела EPA повторното тестирање потврди дека S Long Range Plus електричното возило достигнало домет

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207-209

од 402 милји, што е подобрување од 20% споредено со Model S 100D кој има ист дизајн на батеријата. Со ова е демонстрирана посветеноста кон енергетската ефикасност. Тимот на Tesla изјавил дека “неколку промени во суштинскиот хардвер и архитектурата на системот развиени од страна на тимовите за проектирање, дизајн и производство, овозможиле подолг и поефикасен домет“. Овие промени меѓу останатото вклучуваат: значително намалување на масата, нови пневматици, максимизирање на регенеративното сопирање и континуирано инвестирање во суперполнење. Повеќе Цените на електричните возила се намалуваат како што се зголемува просечниот опсег Цените на електричните возила се намалуваат, додека нивниот просечен опсег порасна, што ги прави попривлечни за клиентите, се вели во извештајот на „Лукс истражувач“, давател на услуги за истражување и советодавни услуги со технологија во САД. Електричните возила во батерии (БЕВ) постојано напредуваат колку далеку можат да одат, со просечен опсег сега 230 милји (околу 370 км), според Крис Робинсон, постар аналитичар во „Лукс истражувач“. Во исто време, просечната предложена малопродажна цена се намали од 42.198 УСД во 2016 година на 33.901 УСД во 2019 година, вели тој. Автомобилската индустрија е под притисок да ги намали емисиите, како од владите така и од потрошувачите, а електрифицираните погони се ветувачки пат за постигнување на таа цел, се вели во извештајот. Електричните возила би можеле да учествуваат со над 50% од целата продажба на автомобили до 2040 година Lux Research предвидува дека ќе бидат потребни до 2035 до 2040 година за електрични возила да соберат повеќе од половина од целата продажба на возила, додека исто така верува дека влијанието од пандемијата COVID-19 само ќе предизвика краткорочни пречки. Повеќе ЕУ - поставување на повисоки цели до 2030 година со цел постигнување на климатска неутралност до 2050 година Европската комисија започна процес за проценување за поставување на поамбициозни цели до 2030 за обновливата енергија и интензивирање на активностите за енергетска ефикасност, за да може до 2050 година да се исполни предвидената цел дека ЕУ ќе стане климатски неутралнапоточно да се постигне емисијата стакленичките гасови да биде нула. Процесот започнува со преглед на Директивата за обновлива енергија (2018/2001 / ЕУ) и Директивата за енергетска ефикасност (2012/27 / ЕУ и 2018/2002 / ЕУ). Прегледот ќе биде од суштинско значење за да се идентификува како енергетските политики за обновливи извори и енергетската ефикасност ќе придонесат за постигнување на климатските и еколошките цели на Европскиот зелен договор, изјавија од Комисијата. Европската комисија објави патоказ за секоја од директивите за да процени дали треба да се подигне целта на ЕУ за обновлива енергија од најмалку 32% до 2030 година и да се процени соодветноста на правилата за да се испорача постоечката цел за енергетска ефикасност од најмалку 32,5 % до 2030 година. Европскиот комесар за енергија Кадри Симсон изјави: „Јасно е дека секој пат кон постигнување климатска неутралност бара зголемување и забрзување на производството на обновлива енергија и зајакнување на нашите активности за зголемена енергетска ефикасност. Ние мора да ги разгледаме сите расположливи механизми што ги имаме за да се оствари таа цел“. Една од целите на Европскиот зелен договор е да се зголемат климатските амбиции на ЕУ, така што на одговорен начин до 2030 година да се постигне намалување на емисиите на

Страница 4

стакленички гасови за најмалку 50%, а по можност и до 55%. Повеќе...

Занимливости Виена ја овластува втората метро станица со конвертор на енергија на сопирачките на возовите Кога подземните возови пристигнуваат на Алтс Ландгут во јужниот кварт во Виена, енергијата на сопирањето се користи за осветлување и постоечките електрични уреди на станицата. Триењето создава топлина и сопирањето ја ослободува енергијата. По успешниот пилот проект во 2018 година, операторот за јавен превоз во австриската престолнина воведе инвертер на друга подземна станица. Вишокот на енергија произведена од пристигнувањето на возовите на метрото на Алтс Ландгут на југот на Виена се внесува во мрежата за осветлување, ескалаторите и лифтовите. Речиси целата флота за електричен транспорт што ја води Винер Линиен, вклучувајќи и трамваи, е веќе опремена за повторна употреба на енергијата од сопирањето.Поновите модели првично беа набавени со инсталиран со систем, а другите се прилагодуваат и опремуваат со соодветната опрема. Електричните трамваи и возови веќе ја користат енергијата на сопирање. Кога нема друг воз на подземната станица, енергијата на сопирањето би се претворила во загревање. Иновацијата беше лансирана на станицата Хардегассе У2. Алтс Ландгут, отворена во 2017 година, на линија U1. Виена, која редовно се рангира на врвот на меѓународните листи за мобилност, обновлива енергија и заштита на животната средина, го изработи проектот во рамките на своите напори да дефинира климатски модел за градовите. Винер Линиен учествува во напорите да се направи Виена модел град во однос на климата и заштитата на околината. Колку повеќе енергија се обновува и се користи, толку помалку треба да се генерира. Двете станици се во суштина електрични централи, заштедувајќи 3 GWh годишно, што е еквивалентно на потрошувачката на 720 домаќинства и 400 тони јаглерод диоксид. Следниот објект е планиран за U4 станицата Обер Свети Веит и треба да биде инсталиран следната година, според распоредот. Проектот е финансиран од федералната банка за развој и националната фондација за истражување, технологија и развој Остеррајх-Фондс. Напомена: соларни панели инсталирани минатата година на Отакринг покриваат до 50% од потребите за електрична енергија на терминалот U3. Од јануари, Виенер Линиен купува само домашна обновлива енергија без емисија на CO2. Повеќе Најновиот британски рекорд: два месеци без употреба на јаглен Според најавата на британскиот дистрибутер на електрична енергија National Grid, Велика Британија денес одбележува два месеци производство на електрична енергија без употреба на енергија од јаглен. Поточно, го одбележа најдолгиот период без употреба на енергија од јаглен од 1880-тите години: новиот рекорд е 61 ден или 1.464 часа! Велика Британија за прв пат користеше јаглен за производство на електрична енергија во 1880 година, но 140 години подоцна, благодарение на намалената потрошувачка на електрична енергија како резултат на пандемијата COVID-19, последните четири електрани на јаглен беа затворени на 9 април. Падот на потрошувачката на енергија, предизвикан од намалената побарувачка од економијата и домаќинствата, заедно со многу сончева светлина во мај, овозможи да се потпреме на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 207-209

Страница 5

сончевата енергија и на другите обновливи извори на енергија, како што е ветерот. Претходниот рекорд беше поставен во јуни 2019 година и беше 18 дена, шест часа и 10 минути. Сепак, овие бројки важат само за Велика Британија – Англија, Велс и Шкотска, бидејќи National Grid не ја опфаќа Северна Ирска. Ниските цени на електрична енергија предизвикани од намалената индустриска побарувачка, како резултат на мерките за борба против пандемијата COVID-19, како и даноците на емисиите на СО2, го направија лансирањето на електрани на јаглен целосно непрофитабилно. Фактот дека Велика Британија веќе два месеци произведува електрична енергија без употреба на фосилни горива, ја потврдува драматичната трансформација на британската енергија. Пред само десет години, околу 40 отсто од електричната енергија потекнуваше од јаглен, додека сонцето и ветрот обезбедија помалку од три проценти од потрошувачката на електрична енергија. Велика Британија се надева дека ќе ги затвори преостанатите електрани на јаглен до 2024 година, како дел од напорите да се постигне целта на владата со нулта емисија до 2050 година. Во споредба со електроцентралите со гас, електраните со јаглен испуштаат скоро двојно повеќе јаглерод диоксид – клучна причина за глобалното затоплување. Повеќе Нанотехнологијата соларни панели

нуди

флексибилни,

печатени

Фотоволтаиците од третата генерација се тенки, лесни и полутранспарентни и можат да бидат во различни бои. Нанотехнологијата овозможува печатење на флексибилни соларни фотоволтаични панели со бесконечна примена. Фотоволаичните панели се со дебелина помалку од еден милиметар и тежат помалку 500 gr/m2, флексибилните органски фотоволтаични модули се нова генерација на материјали со широка примена, компатибилни се со градежните материјали. Големината и дизајнот на нанотехнолошките печатени модули може да се прилагодат според намената и тие можат да покриваат многу поголеми површини од нивните статички и тешки претходници. Панелите се главно наменети за фасади, но заради нивната флексибилност нудат бројни можности за нивна примена. Компанијата ОЕТ (Organic Electronic Technologies) од Солун посочува дека новата технологија е во согласност со развојот на законодавството на Европската унија и со цел подобрување на енергетската ефикасност во зградите. Органските фотоволтаични (OPV) соларни ќелии може да се користат за покривање на оранжерии, а можат да се користат и во системите за греење и ладење. Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации SolarPower Summit 2020 - Virtual Од 28 септември до 02 октомври 2020 година Пријавување и повеќе информации за самитот...

Интернет самитот ги нуди следните можности за сите учесници: - Запознајте ги вистинските луѓе: насочени можности за вмрежување - Поврзете се со учесниците пред, за време и по главните денови на настанот - Целосен пристап до голема содржина на податоци - пред, за време и по настанот - Интерактивни сесии - придружете се на разговорот со експерти за соларна енергија - Виртуелна изложба - откријте ги најновите технологии за искористувањ ена сончевата енергија на некои од највлијателните компании во секторот - Бесплатни билети (ограничени и условени од одредени критериуми). RW – Rethinking Waste Интеренет форум Од 22 до 23 септември 2020 година Пријавување и повеќе информации за форумот... Настанот претставува висртуелна изложба и форум во организација на Меѓународната асоцијација за цврст отпад (ISWA) и Waste Management World, а епотпомогнат од WEKA Industrie Medien. Настанот ќе се осврне на следните теми: Собирање и справување со отпад; Третман на биолошкиот отпад; Рециклирање; Од отпад до енергија; Зелена обнова и Затворање на депонии. Осми саем за енергија Од 30 септември до 4 октомври 2020 година Будва, Црна Гора Повеќе... Настанот ќе се стави акцент на енергетската ефикасност, алтернативните и обновливи извори на енергија, како и преносот на електрична енергија. Со промоцијата на нови производи и технологија, фер платформата може да ги посочи силните страни и квалитетите на современите решенија при изградбата и опремувањето на објектите на квалитетен начин. Во рамките на саемскиот настан ќе биде организирана богата, сеопфатна и разновидна програма креирана според реалните економски трендови во соработка со државните и академскитњ институции, професионалните здруженија и поединците од областа на енергетскиот сектор. Вебинари – Визија за иднината на електроенергетскиот систем Од 12 до 14 октомври 2020 година Пријавување и повеќе информации... ENTSO-E организира серија на вебинари со цел да се отвори дискусија помеѓу засегнатите страни на тема Визија за иднината на електроенергетскиот систем. На дебатите ќе се разгледаат кои се претстјните предизвици и можности на Европскиот електроенергетски систем до 2030 година, кои активности е неопходно да се превземат за да се постигне климатска неутралност до 2050 година... Енергетски Самит 2020 Од 28 до 30 октомври 2020 година Гранд Хотел, неум Босна и Херцеговина Пријавување и повеќе за самитот... Целта на самитот е на едно место да ги собере сите важни учесници во енергетскиот сектор за да разговараат за најважните теми од областа на електрична енергија како што се инвестиции / реинвестирање во секторот електрична енергија, функционирање на малопродажниот пазар на електрична енергија и интеграција на пазарот на БиХ во регионалниот пазар. Самитот организира и технички сесии кои ќе се занимаваат со актуелни теми во енергетскиот сектор.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д.Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.