ИнфоМАЦЕФ бр. 206

Page 1

Број 206

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Мај 2020

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

     

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! И покрај настаните во светот кои не затворија во нашите домови, ние почнуваме пополека да се враќаме во „нормала“, секако, со засилени мерки за безбедност и одговорно однесување. Во МАЦЕФ бевме активни во почетокот на месец мај со работа на неколку проекти, како изработката на Програмата за енергетска ефикасност на општина Богданци, подготовка за изработка на Програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром, како и проектот ОРМАК. Покрај нашите активности, во овој број можете да прочитате за новостите во Македонија и светот, занимливости поврзани со енергетиката, како и претстојните настани кои може да Ве интересираат. Ви пожелуваме пред се добро здравје и многу работа после крајот на оваа епидемија! Секое добро, До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Заврши петтиот квартал на проектот „ОРМАК“ На крајот на месец мај заврши петтиот квартал од започнувањето на проектот „ОРМАК“, кој е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој, а кој е спроведуван од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, заедно со партнерите компанијата Интербако ДОО Скопје, а во проектот е вклучен и Машинскиот Факултет Скопје. Проектот ја продолжи активната работа според претходно утврдениот план, без одложувања и последици од настанатата ситуација, па за резултатите, ќе ве информираме во наредните броеви на нашиот информатор.

МАЦЕФ е во подготовка за почеток на изработката на Прогарамата за енергетска ефикасност на општина Аеродром Во месец мај, МАЦЕФ ја доби обврската за изработка на Програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром. Оваа обврска е збогатена со изработка и на Акциски план, како и дополнително, изработка на енергетски контроли и Сертификати за енергетските карактеристики на јавните објекти кои спаѓаат под владение на самата општина. Се очекува дека Центарот за енергетска ефикасност на Македонија ќе ја започне работата на Програмата во текот на месец јуни, после подготвителните состаноци и логистика и дека самата програма ќе ги рефлектира напредните стратешки определби на општината која е една од најактивните општини во полето на енергетската ефикасност и одржување на одлични услови за престој и користење на јавните објекти во државата. Изработка на Програмата за енергетска ефикасност на општина Богданци Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, во мај, ја заврши подготовката на Програмата за енергетска ефикасност на општина Богданци, во договор со општината. Наредниот месец почнува нејзиното официјализирање и административни чекори. Општината Богданци, која со своите цели, допринесува значително кон целите на државата, се очекува дека веќе од наредниот месец, ќе почне да ја спроведува истата. Дополнително, во изминатито месец, програмата беше збогатена со целите на општината кон гасификација, и поинтензивно користење на обновливите извори на енергија, за кои општината има одлични услови. (СП) Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 204

Страница 2

ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

„Алкалоид“ го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во Ѓорче Петров Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, АЛКАЛОИД АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации. Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOxгасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke, изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал. Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема. Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, АЛКАЛОИД

придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост. Повеќе Бектеши: Почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија, потпишани договори со 23 инвеститори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција на 19.05.2020 информираше за успешната реализацијата на јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште, што ќе значи почеток на еден нов инвестициски циклус во делот на обновливите извори на енергија во Севрна Македонија. Како што информираше Бектеши, еден од главните приоритети на Владата е подобар квалитет на животот на своите граѓани, а овој приоритет се применува и во енергетскиот сектор преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија како и унапредување на енергетската ефикасност. Министерството за економија како надлежно министерство за политиките во делот на енергетиката, поддржува активности за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, со цел реализација на зацртаните цели за учеството на обновливите извори на енергија утврдени во стратешките документи во насока на постигнување на национална цел за заштеда на енергија. Со новиот Закон за енергетика и со големиот број инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификација, Владата го стабилизираше вртоглавиот раст на цената на струјата. Споредено со времето на претходната влада, кога цената на струјата порасна за 100%, денеска, граѓаните ja плаќаат една од најниските просечни цена за киловат/час во регионот, и во Европа, потенцираше министерот Бектеши. Министерот потсети дека со Стратегијата за енергетика е обезбедена регулатива и политики за максимално искористување на обновливите извори на енергија, што и една од главните цели на енергетската политика на Владата. Бектеши потенцираше дека и во овој момент во време на светска пандемија која предизвика и економска криза во целиот свет, Министерството за економија не застана со реализацијата на своите проекти кои значат подобар и поквалитетен живот за граѓаните, што се потврдува и денеска со финализацијата на јавниот повик и потпишувањето на договорите за нови инвестиции во обновливи извори на енергија. Министерството за економија објави 2 меѓународни тендери за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, при што првиот е успешно завршен. Дополнително во ноември минатата година АД ЕСМ го потпиша договорот за изградба на 10 мегавати фотоволтаична централа во ТЕЦ Осломеј со компанијата „Гиришим Електрик“, а во февруари годинава беше објавен јавен повик за изградба на фотоволтаична централа од 100 мегавати на просторот на некогашниот рудник за јаглен ТЕЦ Осломеј. Тендерската постапка за доделување на премии се спроведе како отворена постапка, најтранспарентно, при што беа доставени 44 понуди, и по комплетно спроведената евалуација, и роковите за жалби, се утврди дека од понудените 27 MW, потпишани се Договори за право на користење на премија за вкупно 21 MW, согласно доставените понуди за 29 локации низ целата држава со вкупно 23 инвеститори во 16 општини. Според него, со сите овие инвестиции, како и планираната фотоволтаична електрана во РЕК Битола која се проектира на 20 МВ, ќе се постигнеме инсталираната моќност од 200 МВ којашто Владата ја вети на почетокот. Повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 204

Страница 3

Конференција за проектот Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорот Вук Жугиќ, координатор на ОБСЕ за економски активности и активности за заштита на животната средина ја отворија воведната конференција за проектот Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југо-источна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија. Конференцијата е посветена на зајакнување на процесот на регионална консултација за климатски промени и безбедност и е дел од проектот што има за цел да ги намали безбедносните закани поврзани со климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија, преку подигање на свеста, развој на капацитети и споделување на знаење во рамките на регионите, како и преку спроведување на мерки за адаптација кон климатските промени во најранливите географски области. Во воведното обраќање министерот Нуредини ја истакна потребата за меѓународна соработка и инвестиции со цел да се избегнат можните сценарија предизвикани од климатските промени. Бидејќи се соочуваме со тројна криза: здравствена криза, можна економска криза и тековна климатска криза, Министерот ја истакна потребата за засилена внимателност, со оглед дека овој период треба да ни послужи како лекција. „Ние мора да работиме заедно за да ги надминеме слабостите во нашето глобално општество. Прекините во ланецот на снабдување со храна предизвика аларми во многу делови на светот, и ова е она со што во иднина може да се соочиме многу често ако не преземеме акција за ризиците што ги предизвикуваат климатските промени. Нашата мисија е да предложиме мерки и политики кои ги намалуваат емисиите на јаглерод и ја зголемуваат одржливоста на нашата земја и регионот преку сеопфатен и транспарентен процес. Светот се менува на многу начини. Да научиме, да се прилагодиме, да ги направиме вистинските промени. Да создадеме безбедна иднина каква што ја сакаме. Заедно! “, заклучи министерот Нуредини. Проектот се реализира како резултат на соработка на ОБСЕ со Европска Комисија и Австриската агенција за развој. Инаку ОБСЕ покрај климатските промени како важно прашање кое се дискутира на глобално, регионално и на национално ниво, преку специфични проекти се осврнува и на поврзаноста помеѓу климатските промени и потенцијалните влијанија врз безбедноста. Повеќе

Новости од светот Објавена ранг листа на земји според индексот на енергетска транзиција за 2020 година Иако глобалниот премин кон производство на енергија од високо загадувачките фосилни горива кон обновливи извори тече побавно отколку брзината во спроведувањето на обврските во борбата против климатските промени пропишани со Парискиот

договор, во текот на изминатата деценија, многу земји во светот имаат направено занчаен исчекор во енергетската транзиција. Имено, голем број земји започнаа со затворање на термоцентралите на јаглед и преминаа на одржливи енергетски извори. На последната ранг листа на индексот на енергетска транзиција (Energy Transition Index 2020), објавен од страна на Светскиот економски форум (WEF – World Economic Forum), рангирани се вкупно 115 земји од целиот свет. Светски лидери во енергетската транзиција, според ова рангирање се Шведска, Швајцарија и Финска. На дното на листата се Нигерија, Либан и Хаити. Од регионов, најдобро рангирана е Словенија на 23-тото место, додека најлошо рангирани се Србија на 100-тото и Босна и Херцеговина на 103-тото место. После нив на листата нема други европски држави. Македонија воопшто не е опфатена со ова истражување. Врз исклучително лошото рангирање на Србија и Босна и Херцеговина влијаеле исклучително ниските оценки по однос на индикаторот за влијание врз животната средина, подготвеноста за транзиција, човечкиот капитал и структурата на енергетските системи. Еден од најдоминатните фактори е секако високото учество на јагленот во енергетскиот микс. Повеќе Италија им овозможува на сопствениците на домови да инсталираат PV системи бесплатно Италијанската влада го зголеми т.н. еко-бонус за инсталации и системи за складирање на фотоволтаични (PV) системи од 50% на 110%, со што им овозможи на сопствениците на домови да инсталираат PV системи без трошоци. Повисоките субвенции се дел од мерките за зајакнување на економијата на земјата во услови на криза со СОВИД-19. Според новите одредби, еко-бонусот ќе се примени за сите трошоци направени помеѓу 1 јули 2020 година до 31 декември 2021 година, се вели во извештајот на магазинот ПВ-списание. Економскиот бонус од 110% ќе се однесува на три вида проекти за реновирање - градежна изолација, замена на системи за ладење и греење во станбени згради и замена на системите за ладење и греење во семејните домови, се вели во извештајот. PV-проектите кои се поврзани со реновирање на згради, но не се квалификуваат за супер еко-бонус од 110%, сепак ќе им биде доделен постојниот бонус од 50%. Корисниците ќе имаат три начини да го обезбедат еко-бонусот: преку намалување на данокот во период од пет години, преку трансфер на надоместок од данок што се одбива за монтери и добавувачи на производи, или преку фактурирани попусти. Максималната цена за PV системите е инсталирана 2.400 ЕУР по kW Максималната цена утврдена од италијанската влада е 2.400 евра за kW инсталирани за PV системи и 1.000 евра за kWh за системи за складирање, што значи дека сопствениците на домови можеби ќе мора да се соочат со дополнителни трошоци особено за складирање - за проекти за кои се потребни висококвалитетни компоненти. Во текот на изминатите неколку години, 50% еко-бонус за PV поврзан со проекти за одржливо градење беше еден од главните двигатели на развојот на сончевата енергија во Италија. Повеќе GGF слави 10 години зелено влијание со портфолио на проекти за обновливи извори на енергија од над 1 GW Фондот „ Green for Growth“ досега го поддржуваше развојот на над 1 GW во капацитет за обновлива енергија. Југоисточна Европа сочинува две третини од портфолиото што ГГФ го

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 204

Страница 4

изгради до својата десетта годишнина на крајот на 2019 година, соодветствувано со уделот на заштеда на примарна енергија.

Фондот „ Green for Growth Fund“ изјави дека не беше лесно но и истакна дека создадените партнерства во текот на изминатата деценија го опременија со сила да го надмине влијанието на пандемијата на коронавирус. Инвестициската компанија со седиште во Луксембург ја одбележа својата десетгодишнина и го објави извештајот за влијанието на ГГФ 2019 година, во кој ги истакнува достигнувањата во енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и ефикасноста на ресурсите во целните региони на Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот исток и Северна Африка. Во документот се забележува дека вкупниот капацитет на досега поддржаната обновлива енергија надминува 1 GW, што е еквивалентно на сончевата централа од 940 фудбалски игралишта. Зелени финансии повеќе од една милијарда евра се обезбедени на над 36,000 крајни приматели, придонесувајќи за седум од целите за одржлив развој на Обединетите нации. Повеќе

Занимливости Секој нов покрив во Виена мора да има соларен панел Австрија постави цел да инсталира фотоволтаични системи на еден милион нејзини покриви, а тоа сигурно ќе биде потпомогнато со најновите измени во регулативата за градење на Градот Виена. Оваа реформа вклучува, меѓу другото, и обврска за инсталирање на фотоволтаични системи на секој нов градски покрив. Оваа реформа и носи на австриската престолнина поголема можност за заштита на климата и дигитализација на важен економски сектор, со што градот и нејзиниот живот ќе бидат уште поповолни за иднината. Кон реформата се додадени целите кои треба да се земат предвид при дизајнирање и дополнување на плановите за зонирање и развој. Така, на пример, додадени се мерки за да се ублажат ефектите од климатските промени, да се овозможи подобро управување со подземните води или да се зголеми примената на принципите на кружна економија. Исто така, Виенската Советодавна комисија за урбанистичко планирање и просторно планирање сега мора да вклучи барем еден експерт од областа на климата и енергетската заштита, што ќе го направи ова клучно прашање уште поважно во иднина. Повеќе Прва хибридна пловечка платформа која произведува енергија од Сонце, ветер и бранови Германската компанија SINN Power ја развила првата пловечка платформа која произведува енергија со помош на три обновливи извори – Сонце, ветер и енергијата на брановите. Во текот на ова лето, компанијата ќе им овозможи на

производителите на соларни панели прилика за тестирање на своите производи, во склоп на оваа необична енергетска постројка во градот Ираклион во Грција. Покрај тоа што ќе претставува идеален извор за снабдување на крајбрежните населби со енергија од чисто потекло и нема да бара приклучок на електричната мрежа (off grid), SINN Power најавува дека оваа своевидна хибридна електрана ќе биде издржлива. Имено, тестовите покажале дека ниту брановите од 6 метри нема да го попречуваат нејзиното функционирање, па експлоатавијата ќе биде можна и во подрачјата со бурно море. „Иако конструкцијата е модуларна, иновативна и робустна, сепак ќе биде достапна“, најавуваат од компанијата. SINN Power работи и гради системи за енергија од бранови, уште од 2015 година. Во нивното портфолио се наоѓаат и високотехнолошки генератори, електроенергетски компоненти и системи за складиштење на енергија. Повеќе

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Cretan Energy Conference and Exhibition 4 ноември 2020 година Хераклион (Грција) Настанот ќе претстави единствена платформа за здружување на националните власти, директори на индустријата и експерти од Грција, Медитеранот и други земји со цел споделување информации и увид во врска со енергијата, испораката и одржливиот развој. Financing Wind Europe 4 -5 ноември 2020 година Лондон, Велика Британија Конференцијата ќе ги собере на едно место врвните финансиери и инвеститори за чиста енергија со што се надградува мрежата што е потребна за да се градат подобри, попрофитабилни, поодржливи, обновливи извори на енергија. International Conference on New Energy and Future Energy System 3-6 ноември 2020 Ксиан, НР Кина Темите за дискусија на конференцијата се плазма горивни системи за технологии за чист јаглен и др.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски. К. Димитров, Д.Трпкоска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.