144 infomacef

Page 4

ИНФОМАЦЕФ 144

Страница 4

претставниците на медиумите, на која како предавачи учествуваа стручни лица од ЕВН, од Министерството за економија и од Агенцијата за енергетика на РМ, која од годинава станува нов партнер на Платформата за енергетска ефикасност. (СП) Повеќе Хабитат Македонија – завршна манифестација Во присуство на највисоки претставници на УСАИД и Министерствата за Животна средина и локална самоуправа, се одржа завршниот форум на проектот кој опфати реконструкција на поголем број приватни згради во Македонија. Во реализацијата на дел од обврските од овој проект, во делот на енергетски контроли, се вклучи и МАЦЕФ во соработка со ТИМЕЛ. Инвестициски форум за енергетска ефикасност во општина карпош Примената на мерките за енергетска ефикасност кај резиденцијалните објекти дава исклучително добри резултати и сериозни заштеди на краток рок. Ова беше истакнато на Инвестицискиот форум за енергетска ефикасност, кој се одржа во општина Карпош во рамките на проектот “Енергетско ефикасни домови”. На форумот од УСАИД и невладината организација “Хабитат Македонија”, присуствуваа над 50 учесници од јавниот и приватниот сектор. (РГ) Повеќе... Нови фотоволтаици и мали хидроелектрани Во Македонија расте бројот на мали хидроелектрани и на соларни електрани за производство на електрична енергија. Според ажурираниот регистар на производители на Агенцијата за енергетика од почетокот на март годинава, во Република Македонија се отворени вкупно 137 енергетски објекти кои ги искористуваат обновливите извори на енергија, со вкупна инсталирана моќност од 87,58 MW и планирано годишно производство од 258330 MWh електрична енергија. Во списокот се вметнати 95 фотоволтаични електрани, 40 мали хидроелектрани, една ветерница и една електрана на бигоас. Во споредба со крајот на декември минтата година, во регистарот на електроцентрали се впишани нови пет мали хидроелектрани и три соларни централи. (РГ) Повеќе...

Новости од светот

Иновативните „паметни мрежи“ од централно значење за ЕУ На 4-тата годишна конференција „ИноГрид2020+“ (InnoGrid2020+), која се одржа во Брисел од 31 март до 01 април, свое обраќање имаше европскиот комесар за Клима и енергија, г-динот Мигуел Аријас Кањете. Според европскиот комесариновативните паметни мрежи ќе играат важна улога во реализација на плановите на ЕУ при формирање на Енергетската Унија. Г-динот Кањете ги напомена придобивките од иновативните паметни мрежи, меѓу кои: интегриран енергетски пазар погоден за потрошувачите, ЕУ ќе остане број еден во светот во искористувањето на обновливите извори на енергија и ќе обезбеди гаранција дека снабдувањето со енергија ќе ги задоволи побарувањата за енергија. Воедно, нагласи дека во Европа состојбата на енергијата се менува доста брзо. Моментално, обновливите извори на енергија покриваат 25% електричната енергија во ЕУ, притоа ова ниво до 2030 година може да достигне до 50%. Заради постојаната промена на енергијата која се добива од обновливите извори потребни се пофлексибилни мрежи, нов пристап, нови технологи и нови пазари. (ДТ) Повеќе... Оджливи практики за управување со отпадот во ЕУ – енергија отпад Постројките за енергетска преработка на отпадот се важен дел од системот за управување со отпадот во Европската Унија. Во овие постројки се произведува топлинска и електрична енергија за приближно 14 милиони жители на Унијата. На подрачјето на ЕУ, во 2013 година е започната изградба на 14 нови постројки.

СО користење на горивото од отпадот и мешаниот комунален отпад како енергент, се намалува увозот и зависноста на Унијата од фосилните горива. Експертите укажуваат дека дури 80% од енергијата од отпадот може да биде вратена во енергетскиот сектор. Затоа, во развиениот свет повеќето постројки за преработка на отпадот се лоцирани во големите градови и се поврзани со електричната мрежа. Од друга страна пак, за сите мисии во воздухот од овие постројки постојат јасно утврдени гранични вредности, јасно дефинирани постапки за испитување, континуирано мерење и обврски за надзор и инспекции. Повеќе...

Занимливости

Изградба на првиот климатски позитивен центар за податоци во светски рамки Во шведскиот град Фалун се гради првиот климатски позитивен центар за податоци во светот. EcoDataCenter ќе биде еден од 13те најсигурни центри за податоци на светот, бидејќи со своите врвни перформанси ги исполнува највисоките стандарди за сигурност. Информациската и комуникациската технологија се ново подрачје на примена на методите на енергетска ефикасност, бидејќи тој сектор троши околу 10% од вкупната потрошувачка на енергија во светот. Само еден центар за податоци може да се консумира повеќе енергија во споредба со еден град од средна големина. Голем дел од таа енергија никогаш не се искористува бидејќи веќе се претвора во топлина и се оддава во атмосферата, придонесувајќи со тоа на ефектот на глобално затоплување. Гледајќи според податоците од неколку истражувања, емисиите на јаглероден диоксид од сите тие центри за податоци, за само пет години ќе ги надминат вкупните емисии на јаглероден диоксид од глобалната авионска индустрија. Вишокот на топлина од центрите за податоци и останатата информатичка опрема ќе се користат за загревање на домаќинствата во областа Фалун, бидејќи центарот за податоци ќе биде поврзан со локалниот систем за греење на областа. Во текот на летото вишокот на пареа од локалната електрична централа ќе се искористи за системите за ладење на центарот за податоци. Електричната енергија која ја користи центарот за податоци во целост доаѓа од обновливи извори на енергија. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција - материјали, методи и технологии 7 до 11 јуни 2015, Бургас, Бугарија Меѓународната конференција – материјали, методи и технологии. Со можност за претставување на својот труд од прикажаните области или пак на други релевантни теми кои ќе бидат исто така добредојдени. Повеќе... Меѓународна конференција - „Флексибилна и чиста конверзија на горивото во индустријата“ 1 до 3 јуни 2015, Фрајзинг, Германија Конференцијата опфаќа теми поврзани со согорувањето на горивото и технологии на конверзија, со посебен фокус на индустриската примена. Повеќе... Меѓународна конференција за обновливата енергија и биоенергијата 27 до 30 јуни 2015, Букурешт, Романија Главната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за научници, инженери, академици, како и индустриски професионалци од целиот свет да ги презентираат своите истражувачки резултати во полето на обновливата енергија и биоенергијата. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, Р. Гаврилов.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.