144 infomacef

Page 1

Број 144

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Март 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Како и секогаш, обврските се реализираат успешно и на време. Превземаме многу активности кои треба да обезбедат финансиски средства за успешно функционирање. Тоа значи дека доста сме насочени кон обидите (повеќе или помалку успешни) да се вклучиме во „меѓународната поделба на трудот“, што не е лесно ниту едноставно. Започнавме со активност за повторно вклучување во програмата на ХОРИЗОН 2020. Критериумите се високи, композицијата на тимот е квалитетна, но, сеуште тоа не е гарант за сигурно прифаќање на Проектот. Во меѓувреме, интензивно се приготвуваме за работниот состанок кој треба да с еодржи во Каунас (Литванија) како дел од проектот multEE (ХОРИЗОН 2020). За активностите од трите проекти од програмот на Интелигентна енергија можете да видите во прилозите. Заврши и обуката на 30 учесници, кандидати за енергетски контролори. Веднаш почнува и ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НОВ ЦИКЛУС ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ. Со пријавување на над 10 кандидати веднаш ќе почнеме со нов циклус на обука. Заврши наставата на третиот циклус обука на енергетски контролори. Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Во Стопанска комора, МЕИ одржа квалитетен состанок. Од него произлезе битна препорака која во целост ја поддржуваме: Да се донесат такви прописи кои ќе овозможат секое домаќинство да има право да вгради сончеви фотонапонски системи за сопствено производство на електрична енергија. Дистрибутерот (или операторот на мрежата) да има обврска да го превземе вишокот на произведена електрична енергија. Таа количина превземена енергија да не се плаќа, туку да се обезбеди на производителот да превземе електрична енергија кога му е потребна (размена на енергија, без финансиски обврски). Хабитат Македонија го претстави ефектно завршувањето на проектот, финансиран од страна на УСАИД. Многу граѓани обезбедија нови прозорци, фасади, па и цели станови (Велес) преку овој проект. Браво! Како и секогаш, Ве покануваме да испратите свои коментари или убави примери за ваши реализирани успеси. Да споделиме информации за успешни достигнувања! Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко.

МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Обука на енергетски контролори - трет циклус Со доделувањата на уверенијата за успешно завршена обука, заврши и третиот циклус на обука на енергетски контролори. За време на обуката, во согласност со новите законски прописи, на учесниците им беа дадени решенија за дел од задачите кои ќе треба да се полагаат во организација на Министерството за економија. За одбележување е дека повеќе од половина од учесниците (30 учесника) не беа од Скопје, а редовно присуствуваа на настава. Наша дополнителна обврска е на колегите да им помогнеме целосно додека не ги завршат и обврските со испитот, а потоа да продолжиме со професионална соработка. Во исто време ОБЈАВУВАМЕ: ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА СЛЕДЕН ЦИКЛУС на обука. Во моментот кога ќе имаме пријавено над 10 кандидати ние ќе организираме настава за нив! Oбука за преставниците на невладиниот сектор за ЕЕ и климатски промени

На 4-ти и 5-ти март, во организација на Центарот за истражување и креирање на политики, а во рамки на проектите „Зајакнување на улогата на на невладините организации во рамки на собранискиот дијалог за ублажување на климатските промени и енергетска ефикасност“ (ГИЗ ОРФ ЕЕ) и „Зајакнување на улогата на невладините организации во јавниот дијалог за заштита од климатските промени во ЈИЕ„ (ДБУ), се одржа обука за невладиниот сектор за ЕЕ и климатски промени. На обуката здруженијата се здобија со продлабочени знаења од областа на климатските промени и енергетската ефикасност, со цел заеднички настап пред Собраниската комисија за економски прашања на која ќе се дискутираат актуелни теми од областа на енергетиката и климата, со посебен акцент на Фондот за ЕЕ. Дел од предавачите беше и Игор Петрушевски од МАЦЕФ, кој имаше две предавања на тема: „Државни и политики на ЕУ за енергетска ефикасност“ и „Енергетската ефикасност во домаќинствата и сообраќајот: состојби и предизивици“. (ИП)

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 144

Страница 2

Проект REACH - Обуки за енергетски советници во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ - Скопје Во втората половина на месец март, во рамките на проектните активности на проектот „Намалување на користењето на енергијата со менување на навиките“ (кр. REACH) се одржаа неколку двочасовни предавања во присуство на ученици од од средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“. Обуките беа реализирани за надградување на веќе стекнатите знаења од областа на енергетската ефикасност на слушателите со цел истите да бидат обучени да бидат енергетски советници во енергетски сиромашните домаќинства. Неколкудневната обука беше остварена во просториите на СЕТУГС „Михајло Пупин“, кои покажаа голема поддршка и интерес за обуката, а истата ја реализираа членови на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ кои се вклучени во проектот. Предавањата се осврнаа на сите оние теми кои ја вклучуваат потрошувачката на енергија и вода во домаќинствата, при што беа наведени можните начини за заштеда на енергија преку енергетско ефикасни мерки кои вклучуваат уреди но и менување на навиките на корисниците. Еден дел од обуката го опфати и делот на меѓучовечките комуникации како основен предуслов за успешност на планираните посети на енергетски сиромашните домаќинства. Според проектните активности, во месец мај е планирано започнување на посетите, со што ќе се започне со реализација на временска најдолгата активност од самиот проект. (ЖИ) Втор работен состанок на RePublic_ZEB проектот Во Атина, Грција, во периодот од 18-20 март 2015 година се одржа вториот работен состанок на проектот RePublic_ZEB. Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. На овој состанок се дискутираа завршените материјали и дефинирани беа чекорите кон создавање на нивната финална верзија: „Проценка на ситуацијата и анализа на можностите за реконструкција на јавните објекти“, „Критериуми за дефинирање на nZEB во јавни објекти“, „Анализа на јавните згради и дефинирање на референтни објекти“, „Проценка на ситуацијата и анализа на можностите за реконструкција на јавните објекти“. Дискутирани беа и активностите во наредните 6 месеци. Една од активностите е и користење на алатка за пресметка на енергетските карактеристики на објектите , вклучувајќи пресметка на оптимален (во однос на трошоците) пакет на мерки за секоја референтна зграда. За Македонија, избрани се два референтни објекти, едно училиште и еден административен објект. Наредниот состанок на RePublic_ZEB проектот ќе се одржи во септември, 2015 година во Барселона, Шпанија. (СП) Повеќе Студиска посета на биоклиматски енергетски ефикасен објект и лабораторија за енергетска ефикасност во Пикерми, Грција На 19 март 2015, партнерите на Републик ЗЕБ проектот направија две студиски посети на објекти во Пикерми, Грција.

Посетена беше една биоклиматска енергетски ефикасна зграда и една лабораторија. Биоклиматскиот енергетски ефикасен објект претставува канцеларија на Центарот за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС. На објектот применети се пасивни и хибридни сончеви системи, како Сончеви колектори за воздух поставени на јужната фасада, сончева комора (стаклен дел од покривот за користење на сончевата радијација во грејна сезона) итн. Применети се технологии за пасивно ладење како автоматски системи за засенчување со вертикална оска и систем за природна вентилација преку механичко отворање на отвори на покривот и вентилатори кои се користат по потреба. За потребите за греење, ладење и вентилација се користат обновливи извори на енергија преку геотермална топлинска пумпа. И топлинска пумпа вода-воздух која работи со помош на сончева енергија. Во објектот е вграден и од систем за управување со енергија за автоматска контрола на електричните и машинските инсталации. При посетата во лабораторијата за енергетска ефикасност, можеше да се види најразлична опрема за идентификација на термички карактеристики на градежните компоненти, термичка и воздушна пропустливост на градежните материјали, вентилациски стапки и квалитет на внатрешен воздух, квантитативна и квалитативна проценка на протокот на воздух во објекти и градежни блокови со користење на модели на објекти во воздушен тунел, експериментални студии за термичка удобност во контролирани услови затворен простор, мерењата на топлинска акустика и оптичка удобност во затворен и отворен простор, со употреба на преносни мерна опрема, микроклиматски анализи итн. Повеќе Студиска посета на нЗЕБ објект во Лутраки, Грција На 20 март 2015 година, во рамки на вториот работен состанок на Републик ЗЕБ проектот, направена беше посета на нЗЕБ објект – општинска библиотека во Лутраки, Грција. На објектот поставена е зголемена термичка изолација на сите елементи од обвивката, тромбов ѕид, зелен покрив и надворешен подвижен систем за засенчување. Објектот има инсталирано геотермална топлинска пумпа. Потребите за енергија на овој објект се 1,36 kWh/m2 годишно за греење и 57,68 kWh/m2 годишно за ладење. Посебно значајно за овој објект е тоа што истиот е рекоструиран и преадаптиран кон нЗЕБ, што претставува главна цел на Републик ЗЕБ проектот. (СП) Повеќе... Проект Улично осветлување – ЕПЦ (Streetlight EPC) Во месец март реализацијата на проектните работни обврски тече според предвидената динамика. Во тек се подготовките за првиот настан од вкупнотрите предвидени настани од работниот пакет 3. Првиот настан ќе биде Конференција и ќе се одржи на 28-ми април 2015 година во Свечената сала на Град Скопје, замислено е на конференцијата да се направи спој на сите 3 засегнати страни вклучени воспроведување на проекти за договори за енергетски карактеристики во уличното осветление. На конференцијата ќе бидат поканети градоначалниците од сите 80 општини во Република Македонија, претставници од финансиски институции

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 144

Страница 3

и претставници од сите приватни компании кои се занимаваат со производство, увоз на опрема за улично осветление. Настанот е поддржан од градоначалникот на Град Скопје, господинот Коце Трајановски, а е во организација на локалните проектни партнери Здружението МАЦЕФ – Скопје и Град Скопје. (ДТ) Училишен проект – работилница за наставници и нов Зелен енергетски клуб во ОУ„Петар Поп Арсов“ -Скопје Во рамки на Училишниот проект на ЕВН Македонија на 16-ти Март во просториите на Академија ЕВН Македонија се одржа работилница за одговорните наставници на Зелените енергетски клубови од училиштата кои се работат оваа година. На овој настан, секоја граѓанска организација партнер во проектот имаше свое обраќање на одредена тема која одблизу го доближува проектот на наставниците. Своја презентација имаше и Зоја Таревска од МАЦЕФ на тема „Енергетска ефикасност преку едукација“. Следно, новина во проектот е работа со ново училиште, ОУ„Петар Поп Арсов“ од о.Карпош. Едукаторите од МАЦЕФ е задолжен за реализација на работилниците во училиштето. Во училиштето се формира Зелен енергетски клуб, кој одлично функционира и посветено ги реализира активностите предвидени со прирачникот. Учениците од трите училишта кои МАЦЕФ е задолжен да ги води, се во тесна конкуренција со останатите ушилишта од Македонија, а знаењето и креативноста ќе си ја измерат на 19-ти Мај во Охрид на национален квиз. (ЗТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Правилник за изменување на Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги „Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2015 од 04.03.2015 година

Статут на Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје (Пречистен текст) „Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2015 од 04.03.2015 година

Закон за изменување на Законот за енергетика

Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/2015 од 05.03.2015 година

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности „Службен весник на РМ“ бр. 33/2015 од 05.03.2015 година

Годишна програма за изградба на магистрален гасовод, Делница „Клечовце–Блок станица 5“ за 2015 година „Службен весник на РМ“ бр. 42/2015 од 17.03.2015 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина „Службен весник на РМ“ бр. 44/2015 од 19.03.2015 година

Мрежни правила за изменување и дополнување на Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија Скопје „Службен весник на РМ“ бр. 50/2015 од 30.03.2015 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Почна изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип Руската компанија „Стројтрансгас“ на 14 март ја почна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Блок станица 5, како дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија, соопшти Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“. Од гасоводот Клечовце - Неготино кој е планиран во должина од 96,6 километри, „Стројтрансгас“ треба да изгради 61 километар до јуни следната година. Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг. Трасата на новиот гасовод од Клечовце, според проектот, треба да биде приклучок на постојниот гасовод Крива Паланка - Скопје. Оттаму ќе се движи кон Свети Николе кое ќе биде заобиколено, каде е предвидено да има приклучно место за крак кон тој град и кон Велес. Понатаму, гасоводот ќе поминува во близина на индустриската зона во Штип. За останатиот дел од трасата до Неготино и Кавадарци треба да се обезбедат дополнителни финансии. Освен Штип, со гасовод треба да бидат поврзани и Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар. Предвидено е гасоводот да се поврзе и со термоелектраната „Неготино" и која од мазут ќе почне да функционира на гас. Изградбата на националниот гасовод е прва фаза од проектот за гасификација на Македонија. Втора фаза е изградба на дистрибутивна мрежа која треба гасот да го однесе до општините, а нивниот избор е во тек. (СП) Повеќе Продолжува проектот „Платформа за енергетска ефикасност“ Под мотото „Енергетска ефикасност на дело“ продолжуваат активностите во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, што ја спроведуваат ЕВН и Министерството за економија на РМ. Практични совети за енергетска ефикасност во секојдневниот живот за граѓаните, имплементирање на енергетските пасоши, примена на нови енергетски ефикасни технологии за компаниите и енергетска ефикасност во дистрибутивната мрежа, се главните теми на кои ќе бидат фокусирани активностите во следниот период. Новата фаза од Платформата за енергетската ефикасност стартуваше со работилницата за Енергетска ефикасност за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 144

Страница 4

претставниците на медиумите, на која како предавачи учествуваа стручни лица од ЕВН, од Министерството за економија и од Агенцијата за енергетика на РМ, која од годинава станува нов партнер на Платформата за енергетска ефикасност. (СП) Повеќе Хабитат Македонија – завршна манифестација Во присуство на највисоки претставници на УСАИД и Министерствата за Животна средина и локална самоуправа, се одржа завршниот форум на проектот кој опфати реконструкција на поголем број приватни згради во Македонија. Во реализацијата на дел од обврските од овој проект, во делот на енергетски контроли, се вклучи и МАЦЕФ во соработка со ТИМЕЛ. Инвестициски форум за енергетска ефикасност во општина карпош Примената на мерките за енергетска ефикасност кај резиденцијалните објекти дава исклучително добри резултати и сериозни заштеди на краток рок. Ова беше истакнато на Инвестицискиот форум за енергетска ефикасност, кој се одржа во општина Карпош во рамките на проектот “Енергетско ефикасни домови”. На форумот од УСАИД и невладината организација “Хабитат Македонија”, присуствуваа над 50 учесници од јавниот и приватниот сектор. (РГ) Повеќе... Нови фотоволтаици и мали хидроелектрани Во Македонија расте бројот на мали хидроелектрани и на соларни електрани за производство на електрична енергија. Според ажурираниот регистар на производители на Агенцијата за енергетика од почетокот на март годинава, во Република Македонија се отворени вкупно 137 енергетски објекти кои ги искористуваат обновливите извори на енергија, со вкупна инсталирана моќност од 87,58 MW и планирано годишно производство од 258330 MWh електрична енергија. Во списокот се вметнати 95 фотоволтаични електрани, 40 мали хидроелектрани, една ветерница и една електрана на бигоас. Во споредба со крајот на декември минтата година, во регистарот на електроцентрали се впишани нови пет мали хидроелектрани и три соларни централи. (РГ) Повеќе...

Новости од светот

Иновативните „паметни мрежи“ од централно значење за ЕУ На 4-тата годишна конференција „ИноГрид2020+“ (InnoGrid2020+), која се одржа во Брисел од 31 март до 01 април, свое обраќање имаше европскиот комесар за Клима и енергија, г-динот Мигуел Аријас Кањете. Според европскиот комесариновативните паметни мрежи ќе играат важна улога во реализација на плановите на ЕУ при формирање на Енергетската Унија. Г-динот Кањете ги напомена придобивките од иновативните паметни мрежи, меѓу кои: интегриран енергетски пазар погоден за потрошувачите, ЕУ ќе остане број еден во светот во искористувањето на обновливите извори на енергија и ќе обезбеди гаранција дека снабдувањето со енергија ќе ги задоволи побарувањата за енергија. Воедно, нагласи дека во Европа состојбата на енергијата се менува доста брзо. Моментално, обновливите извори на енергија покриваат 25% електричната енергија во ЕУ, притоа ова ниво до 2030 година може да достигне до 50%. Заради постојаната промена на енергијата која се добива од обновливите извори потребни се пофлексибилни мрежи, нов пристап, нови технологи и нови пазари. (ДТ) Повеќе... Оджливи практики за управување со отпадот во ЕУ – енергија отпад Постројките за енергетска преработка на отпадот се важен дел од системот за управување со отпадот во Европската Унија. Во овие постројки се произведува топлинска и електрична енергија за приближно 14 милиони жители на Унијата. На подрачјето на ЕУ, во 2013 година е започната изградба на 14 нови постројки.

СО користење на горивото од отпадот и мешаниот комунален отпад како енергент, се намалува увозот и зависноста на Унијата од фосилните горива. Експертите укажуваат дека дури 80% од енергијата од отпадот може да биде вратена во енергетскиот сектор. Затоа, во развиениот свет повеќето постројки за преработка на отпадот се лоцирани во големите градови и се поврзани со електричната мрежа. Од друга страна пак, за сите мисии во воздухот од овие постројки постојат јасно утврдени гранични вредности, јасно дефинирани постапки за испитување, континуирано мерење и обврски за надзор и инспекции. Повеќе...

Занимливости

Изградба на првиот климатски позитивен центар за податоци во светски рамки Во шведскиот град Фалун се гради првиот климатски позитивен центар за податоци во светот. EcoDataCenter ќе биде еден од 13те најсигурни центри за податоци на светот, бидејќи со своите врвни перформанси ги исполнува највисоките стандарди за сигурност. Информациската и комуникациската технологија се ново подрачје на примена на методите на енергетска ефикасност, бидејќи тој сектор троши околу 10% од вкупната потрошувачка на енергија во светот. Само еден центар за податоци може да се консумира повеќе енергија во споредба со еден град од средна големина. Голем дел од таа енергија никогаш не се искористува бидејќи веќе се претвора во топлина и се оддава во атмосферата, придонесувајќи со тоа на ефектот на глобално затоплување. Гледајќи според податоците од неколку истражувања, емисиите на јаглероден диоксид од сите тие центри за податоци, за само пет години ќе ги надминат вкупните емисии на јаглероден диоксид од глобалната авионска индустрија. Вишокот на топлина од центрите за податоци и останатата информатичка опрема ќе се користат за загревање на домаќинствата во областа Фалун, бидејќи центарот за податоци ќе биде поврзан со локалниот систем за греење на областа. Во текот на летото вишокот на пареа од локалната електрична централа ќе се искористи за системите за ладење на центарот за податоци. Електричната енергија која ја користи центарот за податоци во целост доаѓа од обновливи извори на енергија. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Меѓународна конференција - материјали, методи и технологии 7 до 11 јуни 2015, Бургас, Бугарија Меѓународната конференција – материјали, методи и технологии. Со можност за претставување на својот труд од прикажаните области или пак на други релевантни теми кои ќе бидат исто така добредојдени. Повеќе... Меѓународна конференција - „Флексибилна и чиста конверзија на горивото во индустријата“ 1 до 3 јуни 2015, Фрајзинг, Германија Конференцијата опфаќа теми поврзани со согорувањето на горивото и технологии на конверзија, со посебен фокус на индустриската примена. Повеќе... Меѓународна конференција за обновливата енергија и биоенергијата 27 до 30 јуни 2015, Букурешт, Романија Главната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за научници, инженери, академици, како и индустриски професионалци од целиот свет да ги презентираат своите истражувачки резултати во полето на обновливата енергија и биоенергијата. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: З. Таревска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, И. Петрушевски, Р. Гаврилов.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.