Issuu on Google+

AMAK

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION

BESPLATEN PRIMEROK

PRES

OHRIDSKI NOVINI

www.amac.com.mk/novini

marketing

070 / 462-362

Godina V - Broj 83 25 Fevruari 2008

КОМПАНИЈАТА АМАК СП СО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ

www.brodgaleb.com.mk www.shipgaleb.com.mk www.amakpres.com.mk www.kkamak.org.mk

ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ СЕ ТРУЈАТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ШЕТААТ НА ВРВОТ

ЉУПЧО ПОПСТЕФАНИЈА

definitivno najevtino

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

АЛЕКСАНДАР КОВАЧЕСКИ

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИНАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ


DA NAPRAVIME REZIME

НЕКОЛКУТЕ МАКЕДОНИИ

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: press@amac.com.mk За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски Уредник: Сузана Вренцовска Новинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко Постолоски Техничка редакција: Бранислав Сиљаноски Фотографија: Томе Љушев (Шпанец) Лектор: Милчо Јованоски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

2

AMAK

PRES

Нова Македонија, Горна Македонија, Уставна, Демократска или Независна Република Маедонија. Петте предлози од нашиот кум Метју Нимиц за името на нашата мила Македонија. Се ми се чини дека од сето ова ние ќе се закачиме за името Независна Република Македонија. И мене сето тоа некако и не ми изгледа толку лошо. Како прво ми изгледа деак е во ред, затоа што Македонија и е независна држава. А како второ зошто ми се допаѓа овој предлог е затоа што Македонија покрај тоа што е географски поим, таа е и географски поим со малку пошироко значење од овој политичкиот термин Република Македонија. Па така ако земјава се вика Независна Република Македонија, одма на памет ми доаѓа дека само оваа Македонија е независна, или поконкретно само територијата која ја опфаќа политичкото име Независна Република Македонија е независна Македонија, додека се друго што е опфатено со географскиот термин Македонија е зависно или не е во независнаа Македонија. Ако нашата земја се вика независна, тогаш со генерации ќе се пренесува наследството дека има и зависна Македонија. Некој сега ќе каже дека ширам фашистички теории, но , јас мислам дека не е така. Бидејќи трендот народите да имаат по неколку држави започна од пред дванаесетина години и деновиве кулминира. Да потсетам дека во Дејтон, Србите добија своја втора држава. Тогаш покрај Република Србија, тие ја добија и Република Српска која зазема 49% од територијата на Босна и Херцеговина, а деновиве гледаме дека Албанцте добиваат уште една своја држава Косово и тоа е 15 % од територијата на Србија. И сето тоа се направи со благослов на големите демократии кои се истовремено и најпрокламирани правни држави, колевки на демократијата и правото, земји кои се загрижени за секој агол на планетата земја, и мисионерски со тешка артилерија, тешки бомбардери, ракети со голем дострел, тенкови, топови и проектили одат по светот и ја шират демократијата и правдата и притоа преку телевизија им испракаат љубов од срцата на сите кои живеат во земјите каде што тргнале да одат и да донесат препород. Така можеби еден ден и нашиот народ ќе има две држави, една Независна Република Македонија и една Нова Македонија или можеби јужна ќе е или источна или можеби ќе е Македонска Република, или како и да се вика само нека е Македонска. Некои ќе ме обвинат дека сум антиевропски, но, јас ќе речам дека сум целосно во склад со европските трендови и размисли во новото време.


LOKAL

КОМПАНИЈАТА АМАК СП СО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ

К

омпанијата АМАК СП деновиве во употреба стави три нови сајтови. Се работи за сајтот на бродот Галеб, Кошаркарскиот клуб АМАК СП и новиот сајт на весникот Амак Прес Охридски Новини. Бродот Галеб од сега како туристичка понуда ќе се презентира на www. brodgaleb. com.mk и на www. shipgaleb.com. mk . Сајтот на бродот во моментов е изработен на Македонски, Англиски и Српски јазик, а наскоро ќе се чита и на Грчки, Албански и Бугарски јазик. На сајтот посетителите може да се запознаат со изгледот на бродот Галеб, и се она што во него се нуди. Посетителите за да добијат подобра претстава за бродот може да го видат и на видео клип. Кошаркарскиот клуб АМАК СП се презентира на сајтот www.kkamak.org. mk . На сајтот се презентираат кошар-

карите кои играат во К.К АМАК СП, поставени се информации за клубот, раководството и настаните поврзани со кошарката. На сајтот ќе биде поставен и форум на кој ќе може да се огласуваат навивачите и фановите на К.К АМАК СП Во наредните неколку денови и весникот Амак Прес Охридски Новини ќе се презентира на нов сајт www. amakpres.com.mk кој носи многу новини во електронското презентирање на печатените медиуми со тоа што е изработен во web 2.0 технологија, која овозможува весникот виртуелно да биде листан на интернет и да се чита на сличен начин како што се читаат пе-

чатените изданија. Овие новини во електронската презентација на Амак Прес Охридски Новини ќе овозможат и рекламите кои се во весникот да се најдат на интернет, но, и ќе се добие една проширена понуда за рекламирање на интернет сајтот каде ќе се понуди поставување на банери и реклами засебно на сајтот. На овој сајт ќе бидат поставени форуми каде читателите на Амак Прес Охридски Новини ќе можат да пишуваат свои коментари и да изнесуваат мислења. Овие нови сајтови, како и претходните ги има изработено Алан Каоу шеф на секторот на АОП во АМАК СП. Каоу ги им изработено и сајтот на Kомпаниjaта www.amac.com.mk и сајтот www.aaf. com.mk како и сајтот на Едриличарскиот Клуб www.amacsp-bofor.com. mk и Едриличарската федерација на Македонија www.еfm.org.mk.

www.amac.com.mk/novini

Љ.Таневски

3


ЛОКАЛ

ОПОЖАРЕНА ТРСКАТА КАЈ СЛИВОТ НА САТЕСКА

Д

еновиве е опожарена поголема површина од трската која е на брегот на езерото помеѓу сливот

на реката Сатеска и селото Подмоље. Изгорена е погоелма површина трска, а видливо е дека се опожарувало и земјиште околу патот ОхридСтруга. Нашите напори да добиеме коментар од релевантните институции во Општина Дебрца под чија јуриздикција е овој регион по

новата теритријална поделба, останаа без успех. Ни таму, ниту во општините Охрид и Струга никој не можеше да коментира што се случило, а немаа коментар ни во Макеоднија пат. Ова не е прв пат да се опожарува трска на езерскиот брег. Вакви примери имало и порано, но, сепак останува впечатокот дека трската се уништува токму таму каде што треба да се сочува,надвор од централните градски подрачја и најурбаните зони на крајезерските населби. Љ.Т

ПЕТИЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЛЕСКОЕЦ

ДА СЕ УРНЕ АНТЕНАТА НА ВИП ОПЕРАТОРОТ

О

колу 50 граѓани од Лескоец, до Локалната самоуправа имаат поднесено петиција со која го оспоруваат поставувањето на антена на кабелскиот интернет на ВИП- НЕТ операторот.Жителите на Лескоец,сметаат дека од радиоактивно зрачењето на антената ќе се наруши нивното здравје. Раководителот на Инспекциските служби,Танас Танасоски, потврдува дека до Локалната самоуправа е поднесена петицијата за нелегално поставување. Според Танасоски, за поставување на телекомуникациски објекти од прва и втора категорија е надлежено Министерството за транс-

4

AMAK

PRES

порт и врски,при што во овој случај Локалната самоуправа нема никаква надлежност и одговорност, да реагира. Иако овој проблем не е во надлежност на Локалната самоупава, инспекцијата изврши увид, по барањето на жителите на Лескоец,објаснува Танасоски. Танасоски, вели дека,за овој проблем е информирано Министерстото за транспорт и врски,но од таму одговор,сеуште нема.Овој не е прв случај на поставување на антени на текомуникациски и кабелски оператори во градов,без да се консултира локалната самоуправа,затоа,при секое поставување на телекомуникациски

антени, локалната самоуправа од министерството за транспорт и врски,ќе бара стручно мислење дали телекомуникациските антени со своето радиоактивно зрачење,имаат штетни влијанија по здравјето на граѓаните и околината. Инспекторот Танасоски, вели дека во градов има поставено десетина телекомункациски и кабелски антени, од нив само две имаат дозвола за работа , а другите се “диви”. К.С.


ЛОКАЛ СРЕДБА,ГРАЃАНИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ “ ДА ГО ПРАШАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ”

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МНОГУ ВЕТИ, НО КОЛКУ ЌЕ ИСПОЛНИ ?!

Н

а средбата да го “Прашаме градоначалникот” што се одржа неодамна,градоначаланикот Александар Петрески, одговраше на прашања од комуналната инфраструктура, урбанизмот,експропирацијата на градежното земјиште,за проблеми од водоводната и канализациона мрежа, нехигиената и за судски спорови, што граѓаните неможат да ги решат по десет и повеќе години. На средбата со градоначалникот Петрески,повеќе граѓани, поставија прашање за нерешени имотноправни спорови поради недефинирана експропријација на градежното земјиште,а како последица на тоа неможат да се отворат и неколку улици во градов.Ваквата состојба во многу го отежнува решавањето на проблемите на граѓаните и создава многу товар за службите на локалната самоуправа. Градоначалникот Петрески на средбата со граѓаните вети дека годи-

нава ќе се реши проблемот од недостиг на вода во Лескоец и Велгошти. Неколку граѓани ,запрашаа ,кога конечно ќе се решат проблемите во такавиканиот Болнички комплекс.Градоначалникот Петрески,рече дека 80 отсто од канализационата мрежа,кој�� е најчуствителна, е заршена, а другите комуналните проблеми,ќе се решат годинава, со исклучок на уредување на неколку улици, кои не се многу проблематични. На средбата со граѓаните, градоначалникот Петрески, најави отворање на нови улици во градов. Но тоа ќе зависи од приливот на средствата во буџетот. Меѓу ново проектирание улици што треба да се пробијат е улицата од старата автобуска станица во насока на Булевар Туристичка, и на улицата “Пирин планина” од кај ТИМ Маркет на Булеварот Туристича до улицата Железничка. Градоначалникот Петрески со струч-

ниот тим и директорите на неколкуте Јавни претпријатија,на средбата најави дека ,проблемите од комуналната свера и имотно-правните спорови на граѓаните ќе се решаваат согласно програмата за Комунално уредување за 2008 година, и приливот на буџетските средства. Општ е впечатокот дека, прашањата што ги поставуваа граѓаните кои ги имаше во не толку голем број во големата сала на општината ,се веќе познати,и повеќе пати повторувани на многу вакви и слични средби.Градоначалникот Петрески ,вети реализација на многу капитални комунални зафати во оваа година,но поради неподмирениот долг од пет милиони евра, тешко дека и годинава ветеното ќе биде остварено.

www.amac.com.mk/novini

К.С.

5


ЛОКАЛ

ПО ВТОР ПАТ ЧАО НА ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

В

о догледен временски период општина Охрид нема можност да влезе во втората фаза на фискална децентрализација;Затоа е неопходна измена на законските норми според кои еден од најважните услови за влез во втората фаза на фискална децентрализација е одблокирана жиро сметка;државата исто така мора да им даде појзамици или кредити на оние општини кои имаат финансиски потешкотии, беше заклучено на трибината што во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ, се оджа во општинската зграда. “Мислам дека грешни беа критериумите според кои општините кои должат и работат со блокирани жиро сметки не можат да влезат во фтората фаза на фискална децентрализација, очекувам тие критериуми наскоро да се про-

менат “, истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој додаде дека локалната самоуправа успеала поранешните долгови кои изнесувале околу 15 милиони евра да ги намали на околу 5 милиони евра.“Очекувам овој долг од околу пет милиони евра, со инвестиционата помош на централната власт да го вратиме за шест месеци“, додаде Петрески. Според пратеникот од ВМРО –ДПМНЕ, Цветко Грозданов, не постои законска основа, локалната самоуправа да зема кредити или позајмици од владата, но ќе има можност за разгледуваење на она што е позајмица или кредит доколку централната власт има директен увид како се трошат дадените пари. “Логиката на нештото е ако земете кредит, тогаш мора да имате одреден га-

ВО ОХРИД ПРОМОЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ

“ДЕН НА ДРВОТО -ЗАСАДИ ЈА ИДНИНАТА“

П

овторно пошумување на планинските места кои минатата година настрадаа во пожар, стоп за дивосечачите и крадците на дрва и обезбедување на чиста животна средина се главните цели на националната акција “Ден на дрвото- засади ја иднината“ чија промоција се одржа во Охрид. Со засадување на трите садници, во дворот на охридската гимназијата „Св. Климент Охридски“, на симболички начин се најави еднодневната национална акција за пошумување ширум Македонија што ќе се

6

AMAK

PRES

спроведе на 12 март годинава. Се настојува тој ден на предвидените соголени планински предели да се засадат два милиони и 56 садници колку што жители има Македонија. Промоции за проектот покрај во Охрид се одржале и во 12 други градови, а во него учествуваат познати јавни личности, меѓу кои:оперскиот пејач, Борис Трајанов, Калиопи, Есма Реџепова, актерот Бубо Каров и други. Проектот финансиски е поддржан од владата на Република Македонија. Ангела Белевска

рант.Кој ќе ви даде кредит ако имате долг, кој ќе биде вашиот гарант дека ќе ги вратите парите. Дали владаата би им дала гарант на општините кога таа нема ништо повратно од нив, односно неможе да врши увид во трошењето на парите, тоа е ставено под знак прашање“, истакна Грозданов. Иако, градоначалникот , Петрески смета дека Охрид може директно да влезе не во втора туку во четврта фаза на фискална децентрализација зашто има најдобри резултати од сите општини во Македонија во повеќе свери на работењето, сепак неопходна е одблокирана жиро сметка за влез во втората фаза на фискална децентрализација. Ангела Белевска


КОЈ ГИ ТРУЕ ОХРИДСКИТЕ КУЧИЊА ?

ДОМАШНИТЕ СЕ ТРУЈАТ СКИТНИЦИТЕ ШЕТААТ

‘‘ГО ОТРУЈА МОЈОТ ЛАБРАДОР ВО МОМЕНТОТ КОГА ГО ШЕТАВ ВРЗАН СО КАИШ А УЛИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ. БЛЕК БЕШЕ ЧЛЕН ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВОТО И ЗА ТОА НЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА’’ , ВЕЛИ ПРОЕВА

С

правувањето со хроничниот проблем со кучињата скитници кој во последно време стана повторно актуелен, испровоцира поголем број граѓани кои имаат иста болна приказна, нивните домашни миленици се отруени додека биле на прошетка покрај кејот на Охридското Езеро и во центарот на градот. Она во што уште се едногласни е периодот во кој се случила оваа, како што велат, крајно нехумана постапка, во екот на туристичката сезона пред одржувањето на самитот на НАТО. А тоа, сметаат граѓаните, доволно зборува дека станува збор за организирана акција на надлежните но не сакаа конкретно да посочат виновник. Покрај болката која и по неколку месеци не ги напушта, кај дел од нив голем е и револтот што расните кучиња се трујат а улиците се преполни со кучиња скитници. - Денот кога го отруја мојот Блек е најтешкиот во мојот живот. Сеуште не ми е јасно зошто се случи тоа. Бевме на прошетка со мојата пријателка покрај кејот на езерото, а моето куче беше врзано со каиш. Додека јас и таа разго-

варавме видов како тој човек му подаде мартадела и Блек ја изеде. Го прашав зошто го направи тоа а тој веднаш ми призна дека му дал отров. Следните 30 тина минути се борев за неговиот живот успеав да го однесам и на ветеринар, но се беше залудно. Блек почина, а мене целиот свет ми се сруши- раскажува во солзи Весела Проева која цели 8 години го чувала црниот лабрадор. Вели, ‘‘и денес после 7 месеци сеуште не стивнува болката‘‘. Проева случајот го пријавила во полиција, но кога го видела записникот дополнително се разочарала. Наместо името и презимето од човекот кој таа им го посочила, стоело непознат сторител. Од таму и било објаснато дека тие немаат надлежност да покренат постапка и доколку сака може приватно да го тужи. - Изгубивме член од семејството и за тоа некој мора да одговара. И покрај тоа што сум свесна дека се потребни и средства и време сепак правдата ќе ја терам до крај. Човекот го познавам и ќе го тужам. Знам дека не е вработен во Комуналец и не сум сигурна дали тие се инволвирани во целава работа. Но моите сомнежи доаѓаат од она што со сигурност можам да го потврдам- вработени во јавното претпријатие повеќе пати наутро ме имаа предупредено на кое место има фрлено отров за да не го шетам таму моето куче‘‘, вели Проева која пред само 7 години и самата учествувала во проект за справување со кучињата скитници како дел од ЕД Грашница. Но проблемот и тогаш, вели Проева, биле средствата и се останало само на иницијатива за изградба на стационар во Охрид. -Еден туристички центар како што е Охрид е недозволиво да функционира без шинтерска служба. Замислете во сред туристичка сезона некој да се шета со отров во рака и да труе кучиња. Затоа сметам дека без разлика кој е виновникот одговорноста е на градоначалникот кој мора да најде начин да се справи со овој проблем ‘‘, вели Проева. Останатите граѓани кои се дел од приказната – труење расни кучиња- раскажаа за својот проблем но сакаа да

останат анонимни. Меѓу нив има и огорчени и револтирани, но повеќето од нив изјавија дека никако неможат да се помират со фактот дека ги изгубиле своите миленици на најнехуманиот начин. Сите тие со солзи раскажуваа како умреле нивните миленици со пена на устата, а тие биле немоќни да им помогнат. Еден од нив кој го изгубил две годишниот миленик вели дека доколку не е сигурно шетањето по улици за домашните кучиња тогаш нека се одреди место каде би се шетале кучињата. Инаку, како што дознаваме на едно од кучињата му била направена биопсија и според состојките на отровот кој бил причина за смрта јасно било кој користи такви отрови, но никој не се осуди барем засега јавно да го изговори името на сторителот на ова дело. И Проева а и останатите велат дека ‘‘убиецот‘‘ го прави тоа преку трети лица со цел да не биде поврзан со настаните. Се чини дека секоја активност која се презема за да се реши случајот со кучињата скитници завршува со скандали и пропусти. Пред повеќе од една година со акцијата за кастрирање на кучињата скитници беа кастрирани и деветте загари од фармата на Аљил Полиси со што на охриѓанецот му беше уништен 40-годишниот бизнис. Неодамна првиот човек на комуналното претпријатие Боро Павлоски најави дека со пушки за успивање ќе го решавал проблемот, но јавноста таквиот чин остро го осуди. Тој ги отфрли сите шпекулации дека Комуналец стои зад труењето на кучињата. Од локалната признаваат дека Охрид има проблем со кучињата скитници но и дека тешко се справува со нив. Градоначалникот Петрески излезот го гледа во изградба на стационар каде би се сместиле скитниците. Но, проблем и овојпат се парите. Според Петрески изградбата и третманот на животните во овој период се скапа инвестиција за општината која има долгови и блокирана сметка. -Како привремено решение треба да се користат постоечките стационари во Македонија, а екипите кои ќе ги ловат кучињата ќе добиваат одреден надомест- вели Петрески кој најави дека по враќањето на долговите изградбата на стационар ќе биде една од приоритетните работи на локалната. Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

7


LOKAL

8

AMAK

PRES


ЛОКАЛ

ПО ОДЛУКАТА СТРАНЦИ ДА МОЖАТ ДА КУПУВААТ ИМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ВО ОХРИД НЕМА СТАНОВИ ЗА ПРОДАЖБА

ОХРИЃАНИ ГИ ПОВЛЕКОА СВОИТЕ СТАНОВИ ОД ПРОДАЖБА. ЧЕКААТ ДА ДОЈДАТ СТРАНЦИТЕ И ДА ГИ ПРОДАДАТ ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ПАРИ.

П

онудата на становите за продажба намалена, побарувачката во пораст. Цените за квадратен метар на станбените површини и на земјиштето одат нагоре, а станови за продажба во агенциите за недвижности скоро и да нема- ова е епилогот по владината одлука да се отвори пазарот на недвижности со што ќе им се дозволи на странски и правни лица да купуваат имот во Македонија. Охрид според најавите ќе биде најатрактивен за странците. Моменталните цени за станбен квадратен простор се зголемени за 20% и се движат од 700-1200 евра во зависност од местоположбата на становите. Цената пак на градежното земиште бележи пораст од дури 50% односно метар квадратен се продава од 100 евра, па се до 300 евра за земјиште непосредно покрај езерото. Од агенциите за недвижности потврдуваат дека ваквиот пораст на цените е од пред 5 месеци и е последица на очекувањата Македонија да добие покана за влез во НАТО и додаваат дека со либерализацијата на пазарот на недвижности се очекува цените драстично да се зголемат. Од таму додаваат дека во последниве 4 месеци понудата е сведена на минимум, а голем е бројот на заинтересираните кои сакаат да купат стан во Охрид. Според искуствата од земјите каде се отвори пазарот на недвижности за странците, во Охрид како еден од на-

шите најголеми туристички центри се очекува да почувствува вистинско туристичко раздвижување. Но од секторот за локален економски развој при општина Охрид предупредуваат дека нетреба да се избрзува во носењето на светските хотелски брендови а општината треба да создаде услови за брзиот развој кој го очекува градот. -Кога се работи за странски инвестиции треба да се користат позитивните искуства, а да се одбегнуваат негативните. Најпрвин треба да се утврди што е приоритет за Охрид кога станува збор за развој на туризмот како и да се подобри целата инфраструктура. Будва доживеа вистински бум на странски инвестиции, но тој непланиран развој предизвика проблем со водоснабдувањето. И во Охрид сакале или не ќе се случува брз туристички развој. Секојдневно имаме заинтересирани инвеститори од Турција, Израел, Холандија кои сакаат да градат во Охрид, но мора да внимаваме на тоа дека просторот во градот е ограничен. Јас не сум многу да се радуваме на странските инвеститори, туку треба да се стимулираат домашните, а со тоа и профитот ќе остане кај нас, вели Гоце Симоноски од ЛЕР. Одлуката на Владата пак како позитивна ја оцени градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Според него во Охрид конечно ќе влезат странски инвестиции, но и ќе се продолжи тристичката сезона.

-Доколку странците би имале свој имот би престојувале и по 5-6 месеци а не како досега по 10-тина дена. Ќе се отворат и директни авионски линии кои досега преставуваа еден од најголемите проблеми. Со зголемувањето на цената на имотите и градежното земјиште граѓаните ќе имаат поголема заработувачка при продажбата, вели Петрески. Тој најави дека локалната има мерки со кои би се спречила евентуалната нагла градежна експанзија. -Ќе се дозволи странците, кои и досега купуваа станови и приватно земјиште преку трети лица, да можат да купат имот само на одредени локации и тоа во населбата Андон Дуков, Горица и Чекоштина, вели Петрески Инаку, според агенциите за недвижности порастот на цените на становите и градежното земјиште е и резултат на приближувањето на периодот кога Македонија треба да добие покана за НАТО, како и добивањето на датум за преговори за влез во ЕУ, па според најавите се очекува тие да пораснат и за минимум 50%. Но од таму велат дека сеуште понудата и побарувачката како и локацијата ја диктираат цената на станот и земјиштето. Се очекува најпривлечни за странците да бидат куќите од стариот дел на градот, како и земјиштето, становите и хотелите вдолж охридското крајбрежие Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

9


LOKAL КОМИСИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ДЕМОНСТРИРАШЕ ТРАНСПАРЕНТНОСТ , ОХРИЃАНИ РЕВОЛТИРАНИ

ВИДОВМЕ КАКО ЕФИКАСНО РАБОТАТ ТУЃИ ПРЕДМЕТИ

KОМИСИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ИМОТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ОХРИД И РЕСЕН КОЈА РАБОТИ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НЕОДАМНА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОХРИД ИМ ДЕМОНСТРИРАШЕ СО КАКВА ТЕХНИЧКА ПОСТАПКА ГИ РЕШАВА ПРЕДМЕТИТЕ. ОХРИЃАНИ НЕМАА МОЖНОСТ ДА ГИ ИЗНЕСАТ СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ НО МОЖЕА ДА СЛУШНАТ ДЕКА ПО НИВНИТЕ ПРЕДМЕТИ СЕ РАБОТИ СОВЕСНО ЧЕСНО И ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ. ИСТО ТАКА МОЖЕА ДА ЈА ВИДАТ БРЗИНАТА СО КОЈА СЕ РЕШАВА ПРЕДМЕТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМОТ ПА НЕ ИМ БЕШЕ ЈАСНО ЗОШТО И ПО 6 ГОДИНИ СЕУШТЕ НЕ ИМ Е ВРАТЕНО НИВНОТО ЗЕМЈИШТЕ.

зминативе 5 години ми се исполнети со исчекување и надеж дека ќе си го вратам одземениот имот од 100 000 метри квадратни во Андон Дуков. Надежта не ме напушта и очекувам дека земјиштето ќе ми биде вратено, вели Донка Димитриеска една од многуте граѓани кои долги години заглавиле во лавиринтите на овој процес надевајќи се дека конечно ќе си ги повратат имотите. Таа и останатите неодамна имаа можност во практика да го видат начинот на решавање на предметите од страна на Комисијата за денационализација која наместо да ги разгледува нивните предмети демонстрираше транспарентност со решавање на случаи од граѓани од Ресен, Прилеп, Струмица. Ваквиот пристап на работа на комисијата предводена од претседателот Славко Лазоски сездале револт меѓу охриѓани кои едногласно ја оценија средбата како обична фарса со која на граѓаните им се продава ‘‘транспарентност‘‘ во работење. -Можеби ова е начин на работа кој треба да се поздрави со оглед на транспарентноста, но вака требаше да се работи и во претходниот состав. Сега ни продаваат демагогии како транспарентно треба да се работи, а истите тие луѓе ни ги направија сите зла со кои сега се соочуваме. Овде сме со нашите конкретни проблеми а не да видиме

10

AMAK

PRES

како работи оваа комисија, вели Орхан Зехир кој револтирано ја напушти средбата. Тој сепак верува во правната држава и очекува дека одземениот имот од 700 метри квадратни пред хотелот Палас ќе му биде вратен. ‘‘Законот е на моја страна‘‘, вели Зехир. Елшанецот Кире Кочоски пак вели дека додека се одржуваат вакви празни состаноци чија цел е само да се земат дневници, неочекува дека позитивно ќе му биде одговорено на неговото барање за враќање на имотот од 12 000 метри квадратни шума во НП Галичица. -Чекам 6 години за денационализација но од тоа по се изгледа ништо. Дојдовме овде за да видиме како тие брзо и ефикасно решаваат предмети од граѓани кои не се од Охрид, а нам не ни дозволија ни да дискутираме за нашите проблеми. Тоа е смешно, вели Кочоски. -Неверував дека вакво нешто можеше да се случи. Покрај нашите маки да гледаме како комисијата работи. Од вакви состаноци и од ваква транспарентност неочекувам ништо, е коментарот на еден од 36-те сопствениците на имотите во Градиште и претседател на здружението на одземени имоти Ѓоко Танески на кого државата треба да му врати 2 500 метри квадратни. Приказната за денационализација за овие граѓани е долга по 6 и повеќе години исчекување и надеж имотите да

им бидат вратени. Повеќето од случаите кои се одбиени од првостепената комисија се наоѓаат во рацете на второстепената комисија, но исто така голем е бројот на оние кои правдата ќе ја бараат преку судска разврска. Јавна тајна е дека комплексниот процес на денационализацијата создава можност за корупција почнувајќи од катастарот до првостепената и второстепената комисија. Дел од граѓаните кои несакаа јавно да зборуваат, признаваат дека во обидот да ја завршат работата што побрзо, а во случај кога и по неколку пати биле враќани за еден документ неретко се одлучувале и да платат. Останува прашањето, дали во периодот на денационализација ни се случува навистина денационализација кога бројката на незадоволни граѓани е енормно голема и кога предметите стојат во фиока и по повеќе од 5 години. Иако се очекуваше денационализацијата одамна да заврши овој процес се одолговлекува во недоглед. Законот за денационализација е донесен во 2000 год. и со него беше предвидено да се исправи тешката неправда која им е направена на граѓаните уште од пред 50-тина години. Крајниот рок кој го одреди Владата за завршување на овој процес е 30 јуни до кога треба да се решат 500-те случаи за враќање на имотите.


1 Сузана Вренцовска

www.amac.com.mk/novini

11


LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE НАЈАВИ

ЌЕ СЕ СКИЈАМЕ ЛИ КОНЕЧНО И НА ГАЛИЧИЦА ! ? СО ДЕЦЕНИИ НАЈАВУВАНИОТ СКИ ЦЕНТАР И ЖИЧАРНИЦА ДО ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА ВЕРОЈАТНО НАСКОРО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА. ОХРИЃАНИ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ДОЈДАТ ПОДОБРИТЕ ВРЕМИЊА НА ТУРИЗМОТ КОЈ ТОГАШ БИ ТРАЕЛ ЦЕЛА ГОДИНА.

Ј

авноста изминатите денови повторно беше израдувана со информации дека конечно на планината Галичица ќе се изгради долгонајавуваната жичарница со која од Св. Стефан ќе се стигнува на падините на оваа планина погодни за скијање. Како што информираа од ХОТАМ планирана е изградба на жичара која бо почнувала од населбата Свети Стефан и би се протегала до еден од врвовите на Галичица. Според овие најави, на самата планина за почеток не би се граделе хотелски капацитети туку туристите кои ќе скијаат на Галичица ќе ги користат хотелите на брегот на езерото. Од ХОТАМ велат дека овие најави се крајно сериозни, а тоа го поткрепуваат со фактот дека во Министерството за транспорт и врски во наредниов приод ќ се изготви проектна документација за жичарницата. Од ХОТАМ влеат дека тие се

12

AMAK

PRES

задоволни што конечно се прават конкретни планови за заживување на овој простор како зимски центар и дека од тоа Охрид со својата економија ќе влече повеќекратна корист, а охридските хотелиери велат дека оваа инвестиција доколку се реализира ќе донесе финансиски препород не само на хотелиерите туку дека ќе значи еден нов момент во целокупната економија на градот. Од ХОТАМ најавуваат дека ако се продолжи со ова темпо на активности во изработката на проектот најверојатно можно би било веќе следната сезона да се стартува со скијање на Галичица, бидејќи нема да се градат хотелски капацитети туку само жичара и ски лифт, што значително го поедноставува целиот проект, а го прави и поевтин со што полесно може да се најдат инвеститори за него. Фактот што како главни сместувачки капацитети ќе се користат

хотелите во градот, дава надеж и кај приватното сместување дека може да прима гости и во зима, бидејќи сосема е јасно дека дел од гостите, пред се помладите ќе сакаат да се сместат во Охрид, каде би биле во урбана зона која нуди и руги форми на забава за нив. Од ова корист би влечеле повеќе стопански гранки во Охрид, бидејќи во зима би се повторувале туристичките бранови слични на они кои се случуваат во главната сезона. Проектот зимски центар на Галичица со години се користи на сите избори и граѓаните со децении слушаат разни ветувања за изградба на жичарница и ски лифт, а од сите ветувања до сега остана само надежта дека нешто и ќе се направи и Охрид конечно ќе има сезона преку цела година. Љ.Таневски


www.amac.com.mk/novini

13


NA VRVOT ЛУПЧО ПОП СТЕФАНИЈА, СПОРТСКИ РАБОТНИК ЗА 2007 ГОДИНА

ЕДРЕЊЕТО Е ДЕЛ ОД

МОЈОТ ЖИВОТ

НАПРАВИВМЕ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ И ЗА ОВАА ГОДИНА. САКАМЕ ЗА ПРВ ПАТ МАКЕДОНСКИ ЕДРИЛИЧАРИ ДА НАСТАПАТ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ТУРЦИЈА ВО КЛАСАТА ОПТИМИСТ И ДА СЕ ИСПРОБАМЕ СО СИТЕ СВЕТСКИ ЕДРИЛИЧАРИ. МОИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ КОИ ГИ ЗАЦРТАВМЕ ЗАЕДНО СО ЕДЕН МЛАД ТИМ НА ЕНТУЗИЈАСТИ СО КОЈ ПОСТОЈАНО РАБОТАМ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДРИЛИЧАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ЉУПЧО ПОП СТЕФАНИЈА.

Љ

упчо Поп Стефанија, претседателот на едриличарската федерација на Македонија е најдобар спортски работник за 2007 година- вака одлучија спортистите, спортските новинари и спортските работници од Македонија. Наградата, која му беше врачена на манифестацијата ‘‘ Асовите бираат асови‘‘ во организација на ТВ Сител, е едно големо признание за човек кој цели 40 години успешно опстојува на спортската сцена, но и поттик за нови дострели. ‘‘Тоа е едно признание кое го задоволува човекот, го потсетува на се она што има направено и сум бескрајно благодарен на оние кои се сетиле да ми одадат едно вакво признание. Исто така преставува и поттик за мое понатамошно ангажирање во спортот, вели Поп Стефанија. Покрај тоа што е едриличар Поп Стефанија често пати е ангажиран и како организатор на едриличарски на-

14

AMAK

PRES

стани, учествува на голем број натпревари, претседател е на ЕК Стрмец од Охрид, член е на претседателството на едриличарскиот сојуз на Македонија а во 80-тите години бил член и на претседателството на едриличарскиот сојуз на Југославија...Во спортот е долги години, а животот како што вели, го има посветено токму во развојот на едриличарството. Првите почетоци во едрењето ги направил на 15 години и од тогаш до денес ги совладува ветрот и брановите. -Кога јас почнав со едрење имаше дрвени едрилици. Мојата прва едрилица беше јола олимпија која во тој период беше во изумирање и се трудевме да ја одржиме. Во 1968 година го реактивиравме клубот Стрмец. Почнавме скромно се една едрилица оптимист и неколку стари едрилици. Чекор по чекор го заживеавме овој спорт кој крајот на 70тите и почетокот на 80-тите доживеа

вистински бум. Успеавме да стигниме до 7 место на државното првенство во класата оптимист. Тогаш бев и тренер и организатор, но бев волонтерски ангажиран, се присеќава Љупчо на времето кога ги направил првите почетоци во едрењето. Вели дека со влегувањето на Компанијата АМАК СП во овој спорт се бележи нова страница во подемот на едрењето кај нас. Инаку, покрај со едрењето Поп Стефанија се занимавал и со многу други спортови како, веслање, кајакарство, ватерполо, скијање а еден период од својот живот го поминал и како организатор на планинарскиот живот во Охрид. Она што моментално најдобро знае да го работи е организирање и развој на едриличарството во Македонија како прв човек на Едриличарската федерација на Македонија. -Едриличарството во Македонија во последно време е во подем. Тоа пред се e заслуга на залагањата и одличната соработка со младиот тим од Извршниот одбор на федерацијата. Минатата година организиравме настап на македонски едриличари на првенството на Југоисточна Европа во класата оптимист во Србија. Учествувавме на Балканијадата со 10 едриличари во Грција, каде за прв пат имавме позабележителни резултати во конкуренција на едриличарските велесили Грција, Турција... Повеќе не сме аутсајдери како порано. Мојот ангажман исто така е насочен и кон осовременување на едриличарската федерација на Македонија, решавање на сите правни законски нормативи, регистрација на едриличарите согласно законските прописи како и вклопување на новите клубови во федерацијата, вели првиот човек на едриличарската федерација кој е еден од најзаслужните во реализацијата на најголемиот спортски настан кај насМеѓународната илинденска регата која годинава го понесе епитетот настан на годината.


МЕЃУНАРОДНАТА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТАНАСТАН НА ГОДИНАТА

Најголемата спортска манифестација меѓународната илинденска едриличарска регата која традиционално се одржува во Охрид по повод националниот празник Илинден годинава е прогласена за настан на годината за 2007 година. Во водите на Охридското Езеро минатата година настапија рекордни 150 едрилици и исто толку натпреварувачи од 10 земји. Еден од

најзаслужните Охрид да добие ваков спортски настан кој му доликува на еден туристички центар, покрај организаторот ЕК АМАК СП БОФОТ е токму Љупчо Поп Стефанија кој е дел од самата организација, од контактите со учесниците до одржувањето на регатата. -Целта е од година во година да привлечеме се поголем број на едриличари, учесници на оваа голема спортска манифестација која оваа година беше најдобро и најуспешно организирана во државава и со право беше прогласена за настан на годината, вели најдобриот спортски работник за најуспешната манифестација.

ци во едрењето барем што се однесува до околните земји Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија. Од друга страна школата за едрење, покрај тоа што е расадник на млади едриличари, таа ги

ИДНИНАТА НА ЕДРЕЊЕТО Е ЕДРИЛИЧАРСКАТА ШКОЛА

учи и оспособува понатака во животот да се занимаваат рекреативно со едрење развива љубов кон ваков начин на живеење со спорт кој е еколошки здрав за младата популација, вели Поп Стефанија.

Едриличарската школа која што активно функционира последниве години донесе голем број млади едриличари кои докажаа дека се рамноправни бор-

Сузана Вренцовска

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: contact@kralemarko.org.mk tel: 070/775-025 www.amac.com.mk/novini

15


ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ АЛЕКСАНДАР КОВАЧЕСКИ- ФОТОГРАФ

НИЕ СОЗДАВАМЕ СПОМЕНИ КОИ НЕ ВРАЌААТ ВО МИНАТИОТ ЖИВОТ

Ф

отографијата е сеќавање на минатото, сведок на сегашноста и спомен во меморијата на иднината, таа зборува за едно време некогаш, сега и во иднината. Нема ништо поубаво од можноста минатото да го допреш со рака да бидеш повторно дете, девојка или момче, крај тебе повторо да се оние кои веќе ги нема на овој свет. Можеби затоа за мнозинството од нас- луѓето е подраг споменот на фотографија, отколку на ЦД. “Ако, фотографот слика со љубов тогаш сликата има во себе живот“, ова ни го кажа Александар Ковачески еден од најпознатите фотографи во Охрид. Иако е дипломиран машински инженер, одлучил негова животна професија да биде фотографирањето, и никогаш не зажалил за тоа. “Завршив машински факултет со висок просек, и сум работел како инженер, но ако тогаш размислував како денес сигурно немаше да ги изберам тие студии, ќе студирав фотографија на една о�� високо научните институции

16

AMAK

PRES

во странство“ , вели Ковачески за кого фотографиите биле интересни од раното детство, а првите посериозни фотографии ги направил кога бил студент. “Првиот апарат со кој јас сликав беше од марката “ЗЕНИТ“, ги сликав роднините на плажа а тогаш фотографирањето ми беше опсесија која подоцна прераснува во љубов. Во студентските денови заедно со колегите од факултетот одев на тогашните спортски игри- машинијади, кои се организираа по градовите во бивша Југославија. На едно од тие патувања во Пореч, ја направив мојата најомилена фотографија, фотографирав еден од моите другари кој ненамерно падна во базен. На сликата јасно се гледа неговиот пад во водата“,раскажува Ковачески, кој денеска во своето фото студио и продавница ги има најсовремените фото апарати. По неговиот “ЗЕНИТ“, се редат низа апарати, а еден меѓу последно набавените е најновиот модел од марката “НИКОН“.Ако на почетокот било потребно повеќе од еден месец за сликата

да ја види светлината на денот сега таа се развива за помалку од 240 секунди. “Оваа професија е многу скапа односно техниката, фото-апаратите се скапи, но мора да се оди во чекор со времето. Во склад со финансиските можности, колку што можам се трудам навреме да бидам информиран за новините во оваа област. Често посетувам фото- саеми. На 17 ноември минатата година, во Њујорк излезе најновиот модел на апарат од НИКОН, јас со него сликав неколку денови подоцна“, вели Аце,кој не се плаши од бројната нелојална конкуренција на пазарот, зошто муштеријата знае да го препознае квалитетот, вели тој. Не попусто се рекло дека квалитетот секогаш излегува на видело, не е потребно некој да те поттурнува до целта таа самата доаѓа. Благодарение на квалитетните и убаво изработени фотографии Ковачески, е фото репортер на Информативната Агенција МИА и весникот “Утрински весник“. “Во времето на немирите во


Србија,успеав со моментите доловени на неколку мои фотографии да ги побијам ставовите на припадниците на тогашното НАТО,дека не фрлаат отровен отпад во нашите реки. Сликите во кои се гледа како тие фрлаат фекалии во речните води ги испратив до редакцијата на “Утрински Весник“. Вистината конечно излезе на видело, а јас добив работен ангажман во весникот. За овој фотограф, кој подеднакво ги сака црно – белите и фотографиите во боја најпривлечни за сликање се,црковните манифестации и јубилеи на МПЦ кои се белег на градов како и другите преснастани и случувања во Охрид. “Еден од моите најинтересни ангажмани беше кога локалната самоуправа ме ангажира да бидам фотограф на принцот Чарлс кога тој престојуваше во Охрид. При неговата посета во црквата Св.Богородица Перивлепта, неговиот батлер, дискретно ни укажа дека ние фоторепортерите мора да ја напуштиме црквата. Јас мислев дека како ангажиран од општината имам “поголеми привилегии“, од другите па и по опомената останав внатре. Принцот запали тир свеќи, најверојатно двете кои ги стави на горниот дел од свеќникот беа за здравје на своите двајца синови, а таа во долниот дел за спомен на починатата сопруга, принцезата Дијана“, се сеќава Александар, на кого чест му било да ја слика нашата најпозната поп- ѕвезда, легендарниот Тоше Проески, како и многу други естрадни уметници и политичари од земјава и странство. Иако е тешко да се живее од оваа професија таа е вистинско задоволство ако се работи со мерак и ќејв, а нејзе подеднакво ја сака и сопругата Маја која исто така фотографира. Двајцата се целодневно ангажирани, но секогаш наоѓаат време за своите две ќерки, Михаела и Сара.

“Ние создаваме спомени,тие не враќаат во нашиот минат живот затоа јас правам реални фотографии без монтажа го фотографирам настанот таков каков што е“, ни кажа на крајот од разговорот, Александар Ковачески за кого

фотогенична на пример е кралицата на Јордан,Ранија Ал- Абдулах, па и тој би сакал да ја фотографира.

www.amac.com.mk/novini

Ангела Белевска

17


КУЛТУРА НА 23 ОВОЈ МЕСЕЦ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ИЗВЕДЕНА

„СОЛУНСКИТЕ ПАТРДИИ“ -ПРЕТСТАВА НА ОХРИДСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

В

икендов во Центарот за култура “Григор Прличев“, беше изведена драмската претстава “Солунските Патардии“. Двигатели на комедијата се 30-ина ученици , членови на драмската секција при гимназијата Св. Климент Охридски. “Солунските патардии“, комедија, во која се раскажува животот на еден мариовчанец кој заминува по трговија во Солун. Но од наводниот трговец не бидува ништо.Тој се опушта и ги троши

парите на куртизани, јадење, пиење и помин заборавајќи не само на родителите туку и на свршеницата. Младите ентузијасти и драмски таленти од гимназијата “Св.Климент Охридски“, предводени од професорката Светлана Голабоска се погрижија за режијата и костимите. Главните улоги ги играат:Армин Бахитијароски-Итар Пејо; Илија Пердуловски го игра ликот на Секула; Бојан Стојановски во претставата е Сотка, а Александар Шалески

е Цанде. Со изведбата на оваа комедија се продолжува традицијата на охридската гимназија, секоја година по повод патрониот празник на гимназијата да се одржуваат претстави. Поради големата заинтересираност од публиката “Солунските патрдии“, ќе се прикажува и на први март исто така во Центарот за култура “Григор Прличев“. Ангела Белевска

ПРЕД ФЕСТИВАЛСКИ ПЕРИОД НА ФЕСТИВАЛОЛТ ОХРИДСКО ЛЕТО

ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ -МОНОДРАМАТА “ФИЛИП ВТОРИ“

М

онодрамата,“ Филип Втори“, што минатиот викенд се изведе во Центарот за култура “Григор Прличев“го означи почетокот на пред фестивалскиот период на ,,Охридско лето''. Повеќе од еден час, драмското сиже на бројната публика му го доловуваше актерот Петар Темелковски. Во монодрамата Македонскиот крал Филип Втори,беше претставен како една генијална македонска и светска величина, која еден ден заминува од овој земен живот, но не престанува да дејствува како семантика, симболика и метафизика во нашата свест. Ние замислуваме дека тој се пробудува од гробницата и доаѓа во ова време во на-

18

AMAK

PRES

шиов свет во својата земја во која овој пат се судрува со податоците кои не одговараат на вистината, а камо ли на неговите чувства. Двигателот на дејството, актерот Темелковски вели дека како актерски хабитус повќе сака претстави во кои игра со други колеги и партнери, но и тогаш кога мора да биде сам на сцената, настојува да му даде живот и слика на текстот на најдобар можен начин. “Прилично е тешко 65-66 минути да се биде сам на сцената, целиот товар паѓа на самата личност. Потребна е добра концентрација и изострено помнење особено кога станува збор за текстови со историска содржина кои изобилуваат со податоци,имиња, години....Пу-

бликата еднаш, два пати ќе ти ја прости грешката но повеќе не“, вели Темелковски кој за македонската јавност е познат и по монодрамата “Поделбата на Македонија“. Монодрамата „Филип Втори“, премиерно беше прикажана на 19 Октомври минатата година во Драмскиот тетатар во Скопје,а во Охрид беше нејзино 17-то по ред прикажување. Сценограф на претставата е Тихомир Спировски, а костимите беа на Мери Јовановска,музиката е избор на Пеар Темелковски. Фактографските елементи се земени од делата на светски познатите научници-историчари,Урих Вилхем и Џорџ Екс. Ангела Белевска


СО ХОЛАНДСКА ПОМОШ

“ЗОШТО ЦВЕТА?“-КНИГА ЗА ПЕЧАЛБАРСКИОТ ЖИВОТ

“З

ошто Цвета?“, е насловот на најновата книга на стружанецот Абас Цаноски,што неодамна излезе од печат. Оваа книшка е склоп на поезија и проза во која се пее и раскажува за печалбарството како судбина на мнозинство македонци. “Како автор, уште еднаш повторувам дека „Цвета“е приказна за едно сиромашно семејство растргнато помеѓу сиромаштијата и гурбетлакот, но немам конкретен одговор на прашањето што ми го поставуваат многу мои пријатели и љубители на народната песна. Нави-

стина не можам да им одговорам која е таа мистериозна и таинствена неверна Цвета.Меѓутоа, цврсто сум убеден дека одговорот се крие во објаснувањето дека се додека постои печалбарството или гурбетлакот во сите негови форми и пројави, низ сите временски периоди ќе постои и егзистира и Цвета и многу други такви Цвети како неа, особено во односите помеѓу мажот и жената, помеѓу брачните партнери од првото и второто доба, растргнати, фрлени и оставени во два света, физички и временски одвоени со невидливата рака

на судбината“, ни изјави авторот Цаноски. Абас Цановски- песнописецот за Македонците кај нас и во дијаспората стана познат по песната “Кога тргнав Цвето во туѓина“, а неговиот потпис стои и позади песните:“ Ожени се мили сине“, “Горе долу шетав низ чаршија“, “Излези ќерко,Фатимо“, “Песна за саканата Струга“ и други. Ангела Белевска

НА 29 ОВОЈ МЕСЕЦ ВО МАНУ-СКОПЈЕ

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ОД ДРАГАН СПАСЕСКИ ОХРИДСКИ

Н

а 29 овој месец, со почеток во 19 часот во ликовниот салон на Македонската Академија на Науките и Уметностите во Скопје, ќе биде отворена ликовната изложба на охриѓанецот Драган Спасески –Охридски. Уметничките дела се изработени во техниката масло на платно, дваесет слики се од циклусот “Мајка и син“, а

10 се портрети. “Време има за се, човекот нештото или го прави или не, но кога го правиш прави ��о до крај за да имаш позитивен резултат“, ни изјави Драган Спасески Охридски кој иако по професија е доктор –хирург покажува позитивни резултати и во сферата на културата. Драган Спасески Охридски има организирано 22 самостојни и повеќе групни

изложби. Првата поголема самостојна изложба ја организирал во 1989 година насловена како “Апокалиптичен нарцис“, втората “Секретори“ е поставена во 1995 година а третата поголема самостојна изложба ја отворил во 2004 година.

www.amac.com.mk/novini

Ангела Белевска

19


SPORT ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ЕП ВО РАКОМЕТ

САЛАТА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА ДО МАЈ Д

о почетокот на мај во спортската сала Билјанини извори ќе бидат отстранети сите недостатоци со што ќе ги завршиме нашите обврски за одржувањето на ЕП во ракомет за сениорки, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека доколку Охрид и сега биде посетен од најавената инспекција на ЕХФ ќе добие зелено светло од челниците на Европската федерација да биде домаќин на ЕП во декември. -Моментално се прават поголемите за-

фати околу оспособување на прес центарот што беше една од главните забелешки од страна на ЕХФ. Исто така напоредно ќе се пристапи кон санирање на помалите пропусти како вратите, ѕидовите, осветлувањето. Најбитно за нас е да се покажеме како добри домаќини на еден вака голем спортски настан, вели Петрески Што се однесува до диското кое се наоѓа во салата, а кое според пропозициите треба да се дислоцира, Петрески вели дека е изнајдено привремено решение

кое нема да го попречи одржувањето на првенството. -Со сопствениците разговаравме и договоривме диското да се пренамени во тој период како ресторан, да се отвори преминот од таа страна и да се пуштат тоалетите во употреба. Со тоа целосно ќе одговориме на обврските кои се бараат од нас, вели Петрески С.В

ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН НА 19 ЈУЛИ Н

ајголемата спортска м а н и ф е стација во Републикава, Охридскиот пливачки маратон, според календарот на ФИНА за трките од Светскиот куп,годинава ќе се одржи на 19 јули. Покровител на ова атрактивна спортска манифестација која во терминот на одржување од секогаш, привлекува неколку илјади посетители е претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенкоски. Наградниот фонд за пливачите кој досега изнесуваше 10.000 долари и имаше најнизок ранг во однос на другите светски познати пливачки маратони, во оваа 2008 година е зголемен на 25.000 долари.Порастот на наградниот фонд за 15.000 долари,повеќе од сигурно е дека ќе привлече поафирмирани и поквалитетни светски имиња од маратонската пливачка елита.

20

AMAK

PRES

Активностите околу годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон,интензивно се одвиваат иако,до неговото одржување има уште пет месеци,вели членот на Организациониот одбор Кочо Паскали: Подршка за успешна организација на Охридскиот пливачки маратон, даваат Пливачката федерација на Македонија,Локалната самоуправа на Охрид и други институции,организации и Пливачкиот клуб “Охриски бранови” Охрид. Охридскиот пливачки маратон традиционално ќе се плива на патеката “Климе Савин” во должина од 30 ки-

лометри од Свети Наум до Охрид.Организациониот одбор на оваа спортска ма н и ф е с т а ц и ј а , и годинава ќе ја додели наградата “Климе Савин”, за која во опција се тројца кандидати кои низ постоењето на маратонот, дале особен придонес во обновувањето и опстојувањето на оваа најголема меѓународна спортска манифестација кај нас.Да потсетиме, од постоењето на маратонот,досега најуспешен е петкратниот победник бугаринот Петар Стојчев. Админстрацијата на Охридскиот пливачки маратон од неодамна наместо во Трговскиот центара “Трудбеник” е преместена во старите простории во бараката до базенот кај Спортско рекреативниот центар “Билјанини извори”. К.С.


ИГОР ГАЦОВ НАЈАВУВА

НЕ ОЧЕКУВА СЕРИЈА ПОБЕДИ

П

о четирите одиграни кола кошаркарите на АМАК СП забележаа три порази и една победа на домашен терен и со тоа се најдоа на шестото место на табелата. На последниот натпревар со лидерот на табелата Фени Индустри во Кавадарци каде по двете продолженија избраниците на Гацов немаа сила да стигнат до нова победа и со триумфот над Струмица 2000 да направат победничка серија која ќе ги врати во живот охриѓани по поразите од Пелистер и МЗТ. -Навистина тежок распоред имавме на

почетокот од вториот дел. Сега не очекува серија од натпревари, Работнички дома, Соколи, Вардар па го пречекуваме Пелистер, на кој реално се очекува да триумфираме и со тоа да се најдеме некаде горе на табелата. Што се однесува до последниот натпревар каде изгубивме после двете продолженија сметам дека причината пред се е во тоа што немаме квалитетна клупа за ротација на играчите, но исто така не смее да се заборави дека ова се млади играчи кои немаат доволно искуство, вели Гацов.

Според него причините за слабиот старт во вториот дел се последица и на некој други фактори. -Не е мое да ја коментирам играта и дали можеше поинаку има за тоа коментатори кои и тоа како коментираат. Тврдам дека има атмосфера во клубот и постои хемија помеѓу играчите но има и некои други фактори кои не се во моја надлежност, а кои влијаат за ваквиот развој на настаните за што не би сакал да коментирам во овој момент, вели тренерот на АМАК, Гацов. С.В

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ- НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ Војдан Стојаноски е најдобриот млад спортист според спортистите и спортските новинари прогласен на манифестација ‘‘Асовите бираат асови‘‘ во организација на ТВ Сител. За младиот Војдан ова признание преставува посебна чест, но и обврска за нови докажувања. -Навистина сум презадоволен што сум избран за најдобар млад играч иако искрено не се надевав на вакво признание.

Посебно сум среќен што сум прогласен за најдобар од страна на спортските работници и спортските новинари кои ги следат моите успеси. Во иднина ќе настојувам да ја оправдам довербата што ми ја дадоа, вели Војдан. Неговиот тренер Игор Гацов кој му ја има дадено целосната доверба како еден од играчите носители на играта вели дека Војдан со право е награден Но ваквите награди, според него, мла-

дите играчи треба да се во втор план. ‘‘Најважно е неговото докажување. Многу публицитет не е позитивен за вакви млади играчи на кои им треба уште многу работа и докажување. Сепак сметам дека секој успех на играчите треба да се награди, вели Гацов С .В

Ohridnews.com

www.amac.com.mk/novini

21


OGLASI PISMA KULTURA

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во нашиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ. Се продава плац 66 м2 поволен за градба во Варош со поглед на езеро (без маркица) тел: 071/751-771

Се продава голф 3 TD , регистриран до мај 2008 год. со поминати 130.000 к.м. Цена 5.000 Евра. Телефон: 070/391 - 250.

Продавам телешко месо и прасиња до 30 кгр. Телефони: 257 - 073 и 071/ 732 - 316.

Се продаваат јоги душек, тепих и две гуми со димензии 195-60-15. Телефон: 264 - 713.

Продавам “ Застава “ 750, 1982 год. Цена 220 Евра и “ Рено “ 21 1988 година по цена од 2.200 Евра, регистрирано до 28.12.2008 година. Телефон: 252 - 272.

Продавам спална и санитарија за купатило. Телефон: 070/ 69 - 89 - 90.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU “ GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Продавам фрижидер “Кончар “ исправен од 310 Л за 3.000 денари. Продавама хармоника “ Velmaster “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плинска боца. Телефон: 070/ 307 - 289.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, поволно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117 Се продава лозје во месноста Алтанин мост од 396 метри квадратни. Цена по договор. Телефони: 250 - 399 и 075/ 293 - 049. Продавам “ Сеат Толедо “ 1.9 TD со фул опрема, без клима произведена декември 1994, регистрирана до 11.2008 година, фарбана за такси. Цена 3.400 Евра. Телефон: 288 - 787. Ѓоко.

22

AMAK

PRES

Издавам 3 деловни простори новогрдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 4551 и 070/ 474 - 274.

Продавам камион “ Застава Там Фургон “, произведен 1998 год. Цена по договор. Телефон: 252 272.

Продавама: апарат за гиро, фритеза и кафемат “ Фаема “. Телефон: 075/ 445 - 642

Се продаваат 14 улишта со пчели. Цена по договор. Информации на телефон 270 - 851 во секое време.

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна употреба. Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Продавам женски чевли, црни, лакирани на штикла, и кафеави со мала штикла. Броеви од 35 до 41. Цена 350 денари пар од “ ЧИК “ Куманово. Продавам козјо млеко 40 денари литар. Телефон: 075/ 829 - 027.


ЕФЕКТИ

www.amac.com.mk/novini

23



АМАК ПРЕС 83