СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
АМАК ПРЕС
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 119, Февруари. 2010, Бесплатен примерок
Фискално-финансиска зима и понатака за Охрид
2
Збор на уредникот
Схоластика во здравството, ренесанса во културата!
Фото Варе
“Многу арно, не е на арно“вели една народна поговорка. Дека тоа е така се уверив и самата. Во време кога се ми одеше од рака и ми “цветаа ружи“ на речиси секој план ,јас искусив и сфатив дека се е ништо, и ништо не е важно без сопственото и здравјето на најблиските. Здравјето е основа на се. Не можеш да бидеш среќен ако здравје немаш. Без него нема успех на ниту едно поле, зошто иднина без здравје не може да се креира. А колку кревко суштество е човекот. Ненадејно ќе се заниша тлото под нозете и потоа...материјалното богатство е неважно, општествената позиција уште помалку. Тогаш важен е само животот, мој ,ваш на сите нас. Ете, тогаш сите ние сме еднакви. Затоа најмили мои уживајте во секој миг од денот како да е последен. Радувајте се на она што само Вас ве прави среќни. Не бегајте од среќата, дофатете ја веднаш. Колкава иронија... Од една страна сведоци сме на тотална схоластика во здравството а од друга доживуваме ренесанса во културата. Ние не сме ни свесни каков хаос и лоши услови за функционирање на здравствената дејност има кај нас. Без потребните апарати, без помагала или доволен број лекови, нашите доктори се трудат да спасат човечки живот. Имено, можеби Македонија е единствената земја во светот која има само девет апарати за дишење. Замислете сите клиники во државава имаат вкупно девет респиратори за дишење, ни помалку ни повеќе. Тоа значи дека од 2 милиони и 200 илјади жители кои живеат во Македонија само деветмина се привилегирани да се борат за својот живот. А што станува со другите болни кои имаат потреба од вакви помагала? И додека на клиниките во Турција или Словенија, подалеку не мора да се оди, вработените и пациентите имаат чувство дека се наоѓаат во хотел од највисока класа, кај нас “не дај Боже“да заглавиш на Државна Клиника. “Не дај Боже“ да те затекне болест ако си “со плиток џеб“. Знаете ли колку чини кај нас една трансплатација на бубрези зад која финансиски не стои државата. Многу. А уште пострашно е кога по успешната операција мора да се прима терапијата во здравствени оделенија кои имаат катастофални хигиенски услови а да не коментираме за друго.. Во туристички град пак, како што е Охрид жално е да нема услови за дијагностицирање на посложена болест, а знаете ли зошто, затоа што нема ниту еден “саглам“ нов апарат. Не е ли срамно среде центарот на Охрид да имаме здравствена установа од типот на Маларична која е изградена во далечната 1927 година и од тогаш речиси и да не е обновена. Можеби пред 83 години кога почитуваната докторка Каваева ја подигнала зградата, таа била една од најубавите. Но се си има рок на траење. Времето остава белег и на најубавото. За жал од тогаш со рака не мрдна ниту Централната ниту Локалната Власт од ова здание да направат репрезентативен здравствен објект... А за лабараторијата во Маларична нема ни да коментирам. И додека здравството ни тоне, Македонија ја доживува својата културна ренесанса. Како никогаш до сега се инвестира во културата. Така во центарот од главниот град на Македонија,Скопје, ќе видете се и сешто, многу споменици и бисти кои по ниедно правило на етика и естетика не си одговараат едно со друго. Бронзената “Скопска шмизла“,неколкуте играорци и едно цело животинско царство чинат неколку милиони евра. За схоластиката во здравството и ренесансата во културата подетално ќе читате во еден од наредните броеви на “Охридските новини“. Дотогаш ве оставам во добро здравје и убаво расположение секако во рака со овој број на Охридските новини“ во кој Ви нудиме текстови со актуелни и интересни содржини.
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
Редовни рубрики: Наш Охрид Наши бизнисмени Образование Репортажа Ви најавуваме... Чест ни е... Од друг агол Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска
belevska.angela@gmail.com
Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
3
Наш Охрид
Централната власт прави кочници за Охрид
О
хрид не може да влезе во втора фаза на децентрализација поради опструкции од централната власт, неодамна изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој тврди дека Охрид, ги има исполнето сите критериуми предвидени со децентрализацијата и заслужува да е многу понапред во овој процес. Единствена пречка за поголема самостојност на општината е стариот долг кој истата го има наследено од порано и од кој до сега има исплатено две третини.
4
Градоначалникот објаснува дека сметката на општината е блокирана, поради заостанатиот долг кој сега изнесува околу 5 милиони евра, но и покрај бројните барања кои општината ги упатила до Владата, таа не сакала да излезе во пресрет. -Покрај тоа што не ни дава заем, како што им даде на некои други општини, како што е на пример Кичево, централната власт не сака да ни даде ниту одобрение за да земеме кредит, за да го вратиме стариот долг. Ние сме финансиски спремни да ја плаќаме ратата на кредитот, но само ни треба едно обично одо-
брение, другите обврски ќе си останат наши. Според мене, ова што и го прават на нашата општина е чисто политичка пресметка, што не е во ред ниту за Охрид ниту за самата држава, вели Петрески. Според него Локалната Самоуправа со свои сили ќе може да го исплати заостанатиот долг најдоцна до септември, но за тој период Охрид може да изгуби многу. Покрај тоа што не може да донесе ниту еден странски инвеститор,општината не може да аплицира ниту за проекти и средствата од меѓународни фон-
дови за развој. Тоа се должи на фактот што општината нема надлежност врз државното земјиште, чија што сопственост треба да ја добие во втората фаза на децентрализација. Според Петревски , доколку централната власт и понатаму нема да покаже слух за Охрид, тој ќе преземе дополнителни мерки и ќе ги информира сите амбасадори во Македонија за односот на Владата врз една од најзначајните општини во државата.
Наш Охрид До 2012 година
Нови патиштата до охридските села
Л
окалната самоуправа од Охрид ќе издвои околу 2,5 милиона евра за реконструкција на локалните патишта и улици во селата. Реализацијата на овие проекти, според развојните програми на општината, треба да заврши до 2012 година.
Најголем дел од парите ќе се потрошат за асфалтирање улици и патишта во село Лескоец, или околу 700.000 евра. Од нив околу 600.000 евра ќе бидат наменети за поправка на локалниот пат од селото Лескоец до црквата „Св. Богородица“ во село Скребатно, а околу 100.000 за асфалтирање на улиците во селото. За обновувањето на патот до селото Велестово Општината ќе издвои околу 320.000 евра. Значајна сума ќе биде потрошена и за реконструкција на патот од булеварот Туристичка, преку селото Орман, до селото Лакочереј и патот во делот од Прентов Мост до селото Куратица. За реализација на овие два проекта планирани се вкупно 390.000 евра. Се планира поправка и на патишта до селата :Велгошти, Елшани, Свињишта, Рамне и Завој, а ќе бидат асфалтирани и селските улици во Росино, Подмоље, Љубаништа, Сирула, Орман, Трпејца како и повеќе мостови. Министерство за транспорт и врски во најголема мера ќе ги финансира овие проекти,односно преку заем од Светска банка, а останатиот дел ќе го обезбеди Републичкиот фонд за патишта.
5
Наш Охрид
Министерството за култура ќе го финансира секој културен настан во Охрид
М
инистерството за култура донесе годишна програма за остварување на националниот интерес во културата за 2010 година, во која се опфатени и културните установи во Охрид. Средствата се обезбедени од буџетот на Република Македонија и се распределуваат по дејности. Во делот на издавачката дејност ќе бидат издвоени финансиски средства за манифестацијата «Поетска ноќ во Велестово». Парични средства ќе бидат одобрени и за Национална Установа Библиотека «Григор Прличев» за збогатување на книжниот фонд, за заштита на движното културно наследство (односно библиотечни добра). Понатаму, дел од средствата ќе бидат наменети за културната манифестација «Прличеви беседи - охридска визита». Пари ќе бидат обезбедени и за заштита на движното културно наследство - Охрид низ слики, за аудиозаписите на роднокрајните автори, за опремување на библиотеката со видео бим и изработка на веб - страница, како и за културни активности. Во областа на фолклорната и сценско - уметничката дејност, парични средства ќе бидат доделени и за НУ Центар за Култура «Григор Прличев», за Охридските старо градски средби, за културната манифестација «Александар Македонски» на ансамблот за народни песни и игри «Бисери», како и за културно - уметничките друштва «Гоце Делчев» од Волино, «Охриѓанка» и «Македонка» од Охрид. Во рамките на ликовната и галериска дејност средства ќе
6
бидат обезбедени за Заводот за заштита на спомениците на културата - Охрид и за Центарот за култура за самостојни и групни традиционални изложби, како и за уметничката колонија «Дебарца». Министерството ќе издвои финансии и за фестивалот «Охридско лето», за меѓународната ПЕН - конференција во Охрид во организација на ПЕН - центарот на Македонија, како и за Балканскиот фестивал на народ-
ни песни и игри во организација на Центарот за Култура од Охрид. Пари ќе има и за конзервација и реставрација на ракописот од апостол од 13-тиот век, на ракописот «Посен и цветен триод», како и за заштита на текстилни етнолошки предмети, за презентација на кошулите и покривалата за глава од етнолошката збирка на Националната Установа Завод и Музеј - Охрид. Конзервирани ќе бидат дрвените етнолошки предмети од покуќнина, земјоделство и слично. Ќе се дадат и средства за презентација на килими од етнолошката збирка на Заводот откупени во 2009 година, како и
за претставување на црквата «Свети 40 Великомаченици» во Охрид. Ќе се инвестира и во истражување на фрескописот од 15-ти до 19- ти век во Дебарца и селските слави во одредени села, а ќе се спроведат и истражувачки активности на Охридското Езеро, на локалитетот «Сараиште», како и подводното депо на оружје и во работилницата за рачна изработка на хартија «Свети Кли-
мент Охридски». На сметката на Заводот за заштита на споменици ќе има пари и за заштита на недвижно културно наследство, а во програмата за инвестиции ќе биде застапен и Центарот за Култура, каде ќе бидат набавен лап топ, статичен компјутер и видео бим, опрема за озвучување и осветлување, како и проекционо платно. Во делот на музичката и музичко -сценската дејност, за фестивалот «Охридско лето» е определена котизација и членство во Европската асоцијација на фестивалите и учество на Генералното собрание на Европската асоцијација на фестивалите во
Гент, Белгија. Финансиска поддршка е предвидена и за учество на претставници на «Охридско лето» на манифестацијата «Музички и балетски педагози на Македонија», како и на меѓународниот натпревар за млади музичари «Охридски бисери». Ќе биде определена котизација и за национален и меѓународен натпревар во Германија, а ќе се финансира и организацијата и учеството на европски концерти во Словенија, Украина и во Луксембург и на генералното собрание на Европската Унија за интернационални натпревари за млади музичари во Холандија. Со годишната програма се утврдуваат програмите и проектите што се од национален интерес во културата во рамките на средствата определени во целосното и континуирано остварување на дејноста на националните установи, како и рамноправна положба на сите субјекти независно од правниот статус, етничката или друга припадност под еднакви услови утврдени согласно со закон. Согласно со законот за култура, правилникот за критериумите на финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности на културата и правилникот на елементите што треба да бидат содржани во програмите и проектите од национален интерес во културата, стручни и компетентни комисии направија избор од програмите доставени на конкурсот во 2009 година, врз основа на кои е утврдена Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата во 2010 година.
Наш Охрид
Трет Саем за туризам во Охрид
О
хрид по трет пат беше домаќин на Саемот за туризам на кој беа презентирани македонските туристички атракции, традиционалната кујна автентична за нашето поднебје и сортните специфични вина. На оваа меѓународна манифестација темелно беа обработени многу теми, имаше плодна работа, се зборуваше за недостатоците кои најитно треба да се санираат во следниот период, се со цел за привлекување на што поголем број на странски туристи Годинешното саемско издание имаше сосема поинаков концепт од минатите две. Целокупната Македонска туристичка понуда беше презентирана пред странските туроператори. но во исто време и нашите домашни туристи имаа можност да
видат кој дел од нашата земја, кои туристички атрактивности ги нуди. Потпишани се повеќе меморандуми за соработка меѓу Стопанската комора за туризам и Асоцијациите за туристички агенции, се очекува оваа соработка да биде конкретизирана, да се реализираат повеќе туристички аранжмани, се со цел за привлекување што поголем број туристи, вели Зоран Стрезовски, директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. «Саемот го посетија околу 10 000 граѓани, а беа присутни 24 туроператори од повеќе асоцијации на туристички агенции од Израел, Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Италија, Словенија и Унгарија што мислам дека по сите наши анализи кои сега ги правиме, слободно мо-
жеме да речеме дека саемот заврши успешно. Исто така она што беше куриозитет оваа година, е по прв пат организираниот фестивал на плашица каде се нудеа гастрономии од риба»-потенцира Стрезовски Форумот за туризам навистина ја реализира својата цел, бидејќи темелно обработивме многу теми, имавме плодна работа, зборувавме за недостатоците кои најитно треба да се санираат во следниот период, се со цел за привлекување на што поголем број на странски туристи. Крајниот заклучокот за саемот е дека ваквиот концепт на истиот треба да продолжи да се негува и во иднина. Големиот број на гости навистина задоволни си заминаа со големи импресии, дополнува Стрезовски.
Прв фестивал на плашица На првиот фестивал на плашицата што се одржа во рамките на Саемот за туризам во Охрид, учествуваа 20тина рибари од поширокиот регион кои подготвија рибна чорба, познат охридски специјалитет, уловена на натпреварот што се одржа ден пред саемот. Овој специјалитет рибарите го подготвија неколку часа пред отворањето на саемот за туризам пред ресторанот ''Парк''. Вкусно подготвената рибна чорба потоа беше дегустирана од страна на посетителите на саемот, заедно со другите специјалитети од риба.
Охрид ќе гради дом за стари лица
И
зградбата на дом за стари лица е дел од годинашната програма за социјална заштита на Општина Охрид, но се уште не се знае дали ќе има доволно пари за да се изгради. Од Општината велат дека од буџетот за 2010 година за оваа намена се планирани околу 65.000 евра, но овие пари не се доволни. За комплетна реализација на проектот
за изградба на ваква установа потребни се многу повеќе пари, кои ќе треба да се обезбедат од донации. Покрај најавите од швајцарски донатори, од Општината го наведуваат и Министерството за труд и социјална политика како можен финансиски реализатор на изградбата. - Со проектот за изградба на домот за стари лица имаме аплицирано и во надлежното Министерство, но се' уште немаме одговор дали ќе
издвојат пари за оваа намена - велат во Општина Охрид. Според урбанистичкиот план, предвидено е домот за стари и изнемоштени лица да биде изграден во населбата Далјан, каде што општината располага со сопствено земјиште. Според првичните планови, тој нема да функционира како болница за геријатрија, туку само како установа за згрижување стари лица со постојан престој. Освен на стари-
те лица од Охридско, овој дом ќе им биде достапен и на старите лицата од целиот Југозападен регион. Потребата од изградба на дом за стари лица неколку пати ја актуелизираше и Здружението на пензионерите од Охрид. Тие сметаат дека ваква установа му е неопходна на градот.
7
Економија Низок животен стандард и енормно висока цена на електричната енергија. ЕВН безмилосно ги “бриче“ граѓаните.
Се исклучува струјата и за една неплатена сметка!
Е
ВН исклучува струја и за една неплатена сметка од 2 000 денари. Без никаква претходна опомена, деновиве дел од граѓаните се непријатно изненадени кога пред куќната врата наоѓаат вработени од ЕВН со налог семејството веднаш да биде исклучено од електричното напојување, затоа што не платило една односно последната пристигната сметка за струја. Не стивнуваат поплаките на охриѓани за некоректниот однос на компанијата кон своите потрошувачи. Во услови на сиромаштија, кога платите речи-
си секаде доцнат, а граѓаните едвај сврзуваат крај со крај ЕВН изнаоѓа дополнителни начини за собирање на екстра профит -обвинуваат граѓаните. Покрај основниот долг впишан во сметката, се наплатуваат и затезни камати и дополнителни 800 денари за приклучок. Граѓаните неодамна се жалеа и на ненавременото доставување на сметките и ја обвинија компанијата за кражба. “Сметките за струја, вода, телефон до пред една година никогаш не се носеле пред 15-ти во месецот. Јас повеќе години работев како книговодител и знам дека за секоја смет-
ка има рок на плаќање во период од осум дена. Тоа значи дека дистрибутерот треба сметката да ја достави до потрошувачите до осми а не на 17-ти или 18 во месецот како што е практика кај нас. Од 15-ти до денот кога ја плаќаш сметката ЕВН ти зарачува затезна камата. Навистина не знам зошто нашава Влада или некој друг, не преземат нешто против ваквото монополско работење на дистрибуција“,вели охриѓанката Златана Николоска револтирана од високата цена на електричната енергија и лошата политика што ЕВН ја спроведува кон граѓаните на
Чартер летови од Холандија до Охрид
Н
ови чартер летови на релација Холандија - Македонија ќе се воведат од 29 април годинава. Летовите ќе ги спроведува „Трансавиа“, фирма -ќерка на холандскиот превозник КЛМ.
Како резултат на договорот меѓу „Трансавиа“, холандско- македонскиот тур-оператор „Каратанова -турс“ и аеродромот „Шифол“ во Амстердам, летовите ќе се реализираат од Амстердам до Скопје и Охрид најмалку еднаш во неделата во периодот од април до октомври годинава. Со ова Македонија ќе биде на двоиполчасовно растојание од „Шифол“, еден од најголемите транзитни аеродроми во светот. Од Амбасадата на Кралството Холандија, од каде што информираат за оваа иниција, истакнуваат дека покрај збогатувањето на понудата на одмори за холандските туристи, еден од главните ефекти на иницијативата ќе бидат и зголемувањето на македонскиот туристички потенцијал и зајакнување на конкурентноста на Македонија на меѓународниот туристички пазар. Амбасадата најавува дека група од 30 холандски туристички оператори и новинари ќе ја посетат Македонија наредниот месец за поблиску да се запознаат со нејзините убавини и да им ги претстават на холандските туристи. Според информациите од Државниот завод за статистика и Народната Банка на Македонија во 2008 година се реализирани 587.447 ноќевања од странски туристи, со што е остварен приход од 166,9 милиони евра. Проценетата бројка на ноќевања од холандски туристи во 2008 година е околу 15.000 и бележи постојано зголемување.
8
Македонија Покрај енормно високите сметки за електрична енергија кои ги наплатува компанијата монопол, граѓаните останаа и смрзнати и со празни џебови. Од компанијата велат дека ќе се исклучуваат сите корисници кои имаат долг над 2 000 денари. А можно ли е сметката за струја во зимски услови да биде со помал износ од споменатиот?, прашуваат охриѓани. Тие бараат од ЕВН, да ги почитува правата на своите потрошувачи, да се однесува потолерантно кон нив и да се придржува кон законските норми.
Интервју
definitivno don.com.mk www.
9
Чест ни е... ВЛАДО ЖУРА -хроничар на охридското време `Ерколку да бидит чоек шоп и нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. З`шчо татко имаме еден, а таткојната је ногу таткој. Мајка имаме една , а таткојната је иљади мајки. Братја имаме пет али десет , а таткојната је небројани братја. Еден чоек шчо не си је милвит таткојната појке од татка и мајка и појќе од себеси, тој не можит да бидит чесен чоек!` - запишал премудриот наш беседник Прличе
Целиот работен век врзан за Радио Охрид
Владимир Ангеличин-Жура, како име и презиме ми биле одамна познати од кажувањата на моите родители. Иако тогаш бев дете можев да го проценам квалитетот зaшто уште тогаш во малата детска глава правев слика за древниот Охрид слушајќи го на брановите на Радио Охрид циклусот најубави снимени радио емисии досега сега веќе култната“Реликвија“, или гледајќи ги бројните телевизиски документарни филмови за Охрид во кои учествуваше токму тој, Владо Жура. Господинот Жура лично го запознав пред нецела една година кога и започна неговиот работен ангажман во Охридските Новини каде токму тој ја пишува рубриката Охридски Легенди. Верувам дека и вие ќе се согласите со мене оти подобар познавач на охридското време од него нема и дека токму поради тоа Охридските Легенди, што тој ги пишува се едни од најчитаните страници во овој медиум... Беше топол јунски ден а јас и чичко Владо се договаравме околу темата за првиот негов текст кој требаше да биде објавен во ова списание....“ Дојди и погледни го езерото и целиот град од тука. Ова е невидена убавина, мелем за душата“, ми дофрли Жура излегувајќи на терасата од својата семејна куќа на Калето под Самуиловите тврдини.Секој оној што се родил и имал среќа да живее во ваква божја убавина, има не само привилегија ами и должност да си го сака и да се гржи за своето родно место!- ми рече во таа прогода. -Не сум погрешила во изборот, тоа е вистинскиот човек, хроничар на охридското време, кој ќе има што да им каже, а и на свој посебен начин да ја излее сета своја љубов кон минатото одлично и не само да предизвика интерес ами и да всади гордост во срцата на читателите - си помислив тогаш. Тој е тотален вљубеник во Охрид.... А нема поголема чест од таа да се седи спроти повозрасниот и доста искусен колега и да се слуша неговата животна приказна. Неговиот работен век целосно врзан со дејноста на Радио Охрид.
10
РАНИТЕ ПОЧЕТОЦИ а. детски години “Почетоците на мојата поврзаност со Радио Охрид датираат од многу одамна, речиси од мали нозе, всушност уште со самото основање .Во 1958-та година Радио Охрид почна да снима радиоемисии за деца во Работничкиот Универзитет. Стануваше збор за детски приредби во кои учество земаа децата кои присуствуваа во салата. Тогаш како дете првпат бев поканет јавно да изрецитирам една песничка или стихотворба. И денес паметам во кој ред се наоѓаше столчето на кое јас
што седев, но името на песничката не го паметам. Водител на манифестацијата беше Видое Видически. Всушност тоа беше мојот прв контакт со подвижното студио на Радио Охрид. Од тогаш моите посети во овој медиум зачестија. Во 1959-та година станав член на дилетантската детска драмска група со која спремавме едночинки и радио пиески на кои Видое Видически беше режисер а Андон Стрезоски снимател. Добро се сеќавам дека снимањето беше зимски период. Јас бев настинат, се закашлав па поради тоа 10-ината дечиња мораа одново да ги снимаат репликите од пиеската, зашто техниката беше примитивна. Тоа беа моите први контакти со Радио Охрид кога и се роди и затемели љубовта кон овој медиум. Всушност во тој
Чест Локал ни е... миг беше предодреден мојот професионален животен тек, односно да се посветам целосно на новинарството“, се сеќава Жура, кој од раната младост покажува интерес за дискофилството а другарите од детството паметат дека тој од секогаш купувал , па дури и набавувал од странство грамофонски плочи и станал познат колекционер. Дел од нив и денес ги има во архивата на Радио Охрид.. било како стара грамофонска плоча, лента, касета...носач на запис, звук! “Јас бев љубопитно дете. Често одев во студиото на Радио Охрид .Ги разгледував грамофонските плочи, големи ...графитни. Анализирав како излегува звукот. Тогаш се роди желбата во мене и јас еден ден да имам дома голем грамофон на кој ќе ги слушам моите грамофонски плочи. Така се роди идејата да си направам своја колекција од плочи. Тогаш бев дете на 12 години. Така почнав да се занимавам со дискофилство а плочите во тоа време беа реткост не само во Охрид туку и во другите градови низ Македонија. Како дете со родителите живеев во станбениот комплекс во близина на хотелот Палас и имав можност да контактирам односно да ширам познанства со врсници деца од бројни туристи кои во него престојуваа. Благодарение на контактите солидно ги совладував странските јазици -францускиот, италијанскиот, англискиот јазик. ...На тој начин почнав да се допишувам со мои врсници од странство со кои разменував грамофонски плочи и така набрзо станав познат колекционер. Мојата колекција се разбира беше целосно ставена на располагање и на Радио Охрид, а со тоа споделувана и со сите радио слушатели.“ Посериозните ангажмани на Жура во Радио Охрид започнуваат во 1961 година. Најпрво бил музички соработник на младинските емисии кои ги раководел Сталин Лозановски . Наредната година почнал да пишува по некој новинарски текст а тогашен уредник на младинската емисија била преранопочинатата Татјана Бафчанџиева. Кога Татјана го напушта уредничкото место заради заминување на студии во Скопје, на нејзино место е поставен Жура. “Во тоа време, значи 60-те години од минатиот век претежно во мода беа италијанските и мексиканските песни, но ние се трудевме преку музичките желби на помладите слушатели да делуваме едукативно. Но, сепак ќе кажам дека најмногу се слушаа италијанските канцони, особено оние “belcanto“, макар што свој пробив тогаш правеа и младите `urlatori` на чело со Мина и Челентано. Имаше и француски хитови а и поп музиката го пробиваше својот пат до слушателите. Во тоа време англиската музика се уште не беше застапена на програмата на тогашните радија кои беа многу ретки. До 60- те години на минатиот век грамофонските плочи беа графитни, а веќе од 61- та година тие беа мали, пластифицирани. Подоцна излегоа long play односно долго-свиречките плочи.“
б. момчешка возраст - младинска програма, прв радио ди-џеј Пристап во младинската емисија имаше секој младинец кој имал радиофоничен глас и интерес да пишува и зборува пред микрофон .
и се снаоѓавме со разменување. Плочите беа скапи но вредеа да се купат затоа што ја збогатуваа радио програмата, а со тоа и слушаноста. Би сакал да споменам дел од луѓето кои ни помагаа во подготвувањето на музичките емисии како: Славко Упевче, Владо Тунте, Славче Тасеска, Владо Матјан, Андон Групче, Јово Патче,Вскре Башеска, Георги Хаџиев и многу други. Се трудевме да имаме квалитетна музичка програма. Пуштавме и џез музика. Кога се отвори фестивалот “Охридско лето“ пуштавме и по некоја омиленаоперска арија од Калас, Џиљи, Тебалди...“
“ Во редовен работен однос во радиото беа малкумина, а `хонорарци` за скромен надомест од општинската младинска организација работеа пред мене Ванчо Котлар, Сталин Лозаноски , Татјана Бафчанџиева...а некаква хумористична емисија водеше и покојниот Максим Стрезоски кој имаше и свои соработници. Всушност тоа беше време на себедокажување. Тогаш имаше многу натпревари односно емисии од типот на “Микрофонот е ваш“ и “Вие пред микрофонот“. Се јавуваа млади таленти, наши сограѓани како Косте Маркулев кој беше ракометар а постигна голем успех и со песната “Послушајте ме другари“, која по една две децении стана голем хит под името “Послушајте патриоти“. Се сеќавам и на една девојка Арсена Ристеска која прва ја запеа песната “Ќе ме грабит Нане“, тоа беше голем успех. Во тоа време и Елеонора Чекреџи направи незаборавен успех кога за прв пат ја отпеа “Параходот ми пристигна “, која последниве години имаше едно ре издание. Се сеќавам и на покојниот Стефан Курте еден од синовите на некогашните чалгаџии од Куртевци. Тој ја пееше убаво песната “Фанче ојде во Калишча“.Свои обиди имае и Стевчо Спростран, Ѓорѓи Василески-Дајо, Љупчо Константинов... и многу други луѓе кои пееја мексикански а подоцна и помодерни песни. Потоа се појави рокенролот кој претежно се превземаше од италијанската естрада . Соработници во младинската и музичка емисија беа и сите надарени талентирани деца од средните училишта кои пишуваа поезија.“ Во охридското радио, Жура бил главниот набавувач на грамофонски плочи, и секако ленти од `поголемиот брат` Радио Скопје, што сведочи дека бил и најдобриот познавач на тогашната музика и највештиот критичар на изведувачите. “Тогаш музика емитувавме од плочи. А плочите беа онолку колку што тогаш се нудеа на пазарот. Претежно изведувачите беа од Србија и Хрватска , а имаше и од Македонија. Нашите претежно пееја народна музика а малубројни беа оние кои изведуваа македонска забавна музика поради тогашниот комерцијален неинтерес на југословенскиот пазар. Тоа значи дека ретко кој се осмелуваше да сними плоча со забавна македонска музика. Само Радио Скопје имаше своја продукција на забавни мелодии. Благодарение на разбирањето на тогашниот директор на Радио Охрид, Живко Димоски, одев во Скопје и со тамошните вработени снимавме по една -две ленти кои не беа доволни за да се исполни целата програма на Радио Охрид. Од 1964 година почнаа да се слушаат и „Битлси“, “Ролинг стоунс“, “Енималс“ кои ги преплавуваа светските топ листи, кои штотуку се воведуваа. За жал кај нас нивните плочи не се печатеа
НОВИ ИСКУСТВА СИЛЕН ПОТТИК ЗА НОВ ЕНТУЗИЈАЗАМ Во 70-те години на минатиот век В.Жура заминува во Холандија каде престојува една година, а отсуството од родната земја го убедува во едно, дека поважно од `таткојната` нема. Сите треба да си ги познаваме сопствените корени од деда и прадеда, да си го знаеме минатото и да го прикажуваме за другите да нè почитуваат нас. По враќањето од Холандија за Владо Жура започнува најплодниот работен период во Радио Охрид. “Во 70- те години на минатиот век јас решив да заминам во странство за да го запознам светот. Заминав за Холандија, земја која во тој период беше мост кон Англија, Германија и Франција. Една година бев отсутен од земјава а со тоа и од радиото со кое не ги прекинав контактите . И во Холандија работев како новинар, односно бев социјален работник за македонските работници на територијата на целата земја, а соработував и со тамошните локални весници. Секојдневно патував и имав одлична можност да ја зголемам својата колекција на грамофонски плочи. Кога конечно се вратив од Холандија на аеродромот ме пречека цела делегација од радиото а по неколку месеци добив работна понуда за постојан ангажман во овој медиум. Тоа беше пролетта, 1971 година. Од тогаш почнува мојот најплоден период во Радио Охрид. Бевме мал колектив со многу работни обврски. Љупка Димоска ја доставуваше поштата и ги пишуваше материјалите. Имавме двајца спикери Елеонора Чекреџи и Цветко Божиноски . Мака мачевме со техничари, откако замина Амет Бајрам. Долго време ни требаше да ги најдеме вистинските , често се менуваа се до доаѓањето на Гоце Крстаноски, кој и се пензионира како техничар . Директор беше Живко Димоски . Точно не се сеќавам на сиот новинарски кадар. Нè имаше повеќе ама постојано се менуваа...Во 1974 година јас заминав да го отслужувам воениот рок ...и тогаш , за време моето отсуство )се случија политички превирања на општинско ниво.
РАДИО ОХРИД, ЕЗЕРСКИ ГЛАС, КНИГОИЗДАТЕЛСТВО Почесто имавме надворешни соработници, како
11
Чест ни е... ќе се сеќавам на малиот црковен хор, чии членови беа повозрасни жени, домаќинки предводени од Андон Кољуши. Тие во црквата Св. Варвара покрај црковни песни пееја и литургии компонирани од Рахмањинов . Тогаш, во тој мал простор, ми прозвучија вонземно убаво...почиствував гордост и милина како да сум во најубавата концертна сала на светот! Радиото беше отворено како за врвни политичари и уметници така и за обични луѓе од секојдневието.“
РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКАТА СТАРОЗАМАНСКА ПЕСНА
што беа Благо Војдан , Димче Маленко, извонредниот Милчо Балески, Љубен Батко, Цветан Стефанов, Наум Целакоски, Живко Георгиевски.... Како што кажав бевме мал колектив па затоа секој од нас имаше по неколку работни обврски. Јас бев и музички уредник, што подразбираше избор на музика за целата недела, средување на дискотеката и фонотеката. Еден период бев и администратор и благајник а работев и како новинар односно следев дневни настани и случувања, но не ретко знаев да заменам и колега од техниката...па дури и да застанам пред микрофонот и да читам`поздрави и честитки`! Споредна дејност ми беше саботната емисија `Од минатото на градот и околината` а како новинар правев интервјуа со врвни уметници кои настапуваа на фестивалот Охридско Лето и на Струшките Вечери на поезијата и низа културни настани со кои обилуваше Охрид през летните месеци. Сега, ми се навраќаат спомени за бројни средби и разговори со познати општественици како Киро Глигоров, тогашен претседател на Собранието на СФРЈ, па Илија Џувалекоски , извонредниот актер но и прв радио спикер кој од Русија во етерот за прв пат проговори на македонски јазик уште во текот на Втората Светска војна. Го интервјуирав и Благој Дрнков, кој ги овековечуваше убавините на Охрид пред и по Втората Светска Војна, а да не ги споменувам врвните лица од светската музичка сцена и домашната (екс-ју)естрада . Интервјуа не правевме само со познати личности туку и со луѓе од секојдневието, со гости и туристи кои доаѓаа во Охрид. Се сеќавам на интервјуто што го направив со Мари Терез која беше турист и повторно дојде по 10 години кога веќе не можеше ни да ги види трагите од `чајничето` односно некогашното охридско вовче. Имаше еден Холанѓанец, се викаше Теодор Јакобс. Тој и покрај годините што ги носеше односно имаше навлезено во осмата деценија од животот беше пасиониран риболовец и дошол во Охрид поради тој спорт. Написите што ги пишував и разговорите што ги водевме беа интересни за слушателите, бидејќи тие откриваа камче по камче од мозаикот што го сочинува и сочинувала живеачката тука, во Охрид, и беа поврзани со вистинскиот живот. Јас секогаш
12
Плоча Охридски трубадури Најпрво Радио Охрид било сместено во просториите од Домот на Културата односно во рамки на Работничкиот Универзитет .Потоа работело самостојно во просториите над книжарницата “ Култура“, среде главната чаршиска улица .“Тука беше и студиото кое подоцна се одвои и се наоѓаше во едни несоодветни простории на горниот кат во старото кино “Охридско Езеро“, кое се наоѓаше во Карабего маала. Редакцијата и понатака си остана над книжарницата “Култура“. Тоа беа несоодветни услови за работа. Во првата половина на 70-те години од минатиот век од Доброволното Противпожарно Друштво добивме простории во сегашната матична служба на Противпожарната професионална единица. Тогаш се прошири редакцијата а исто така и студиото кое имаше и просторна спикерница . Имаше доста голем простор за работа, за манипулација. Тогаш се роди благородна идеја да се обноват
Препород на старската песна
трубадурските записи. Видете, последната тајфа охридски трубадури(онаа на Климе Садило) која е и последна чалгаџиска тајфа на Балканот згасна на крајот од 50-те односно на почетокот од 60-те години на минатиот век. Четворицата уметници сите заедно имаа некаде околу 300 години. Најмлад беше Ѓоре Чочек, Садило имаше 81-82 години. Интересен куриозитет беше што двајца од трите виолинисти свиреа со лева рака. Тие звуци што ги доловуваше гудалото во допир со струните на ќемането , не може ни професионален музичар да ги изведе. Во својот репертоар оваа тајфа имаше над 500 песни. Музичката група свои настапи имаше во Бугарија, Србија и низ цела Македонија. Тоа беа музичари кои свиреа и на свадби, значи репертоарот им беше разновиден. Покрај патриотските и песните во кои се опеваше градскиот живот имаа и песни за старото охридско време за далечното минато. Репертоарот им беше богат и за жал од него остана само мал дел сместен на една long play плоча со 4-5 песни. Плочата е издадена во Бродвеј – Америка. Една сингл плоча со песните за Фросина и Деспина и Калајџиското оро беше издадена од“ Југотон“- Загреб , а исто така неколку аматерско снимени записи имаше и во Радио Охрид. Дел од тие записи ги правеле етнографите од НУ Завод и Музеј, дел со примитивни магнетофони ги снимиле група Холанѓани , а дел од снимките поседува Заводот и Музеј и Радио Охрид. Мене ми беше позволено од тогашните етнолози Виктор Плевнеш и Абдухак Салих да преснимам дел од фонотелниот материјал . Лентите беа во лоша состојба , па со селотејп лепевме парче по парче за да станат употребливи не заради емитирање ами идно регенерирање на подзаборавените песни. Од друга страна пак продукцијата што ја имаше Радио Скопје ја сочинуваа песни кои беа многу видоизменети и отстапуваа од изворните песни што се пееја во Охрид. Затоа слушателите на охридското радио односно охриѓани не можеа нив да ги прифатат. Тоа не поттикна на една идеја, песни што беа на лентите да бидат препеани од тогашните нови Охридски Трубадури на чело со виолинистот и одличен мелограф и педагог Стојан Златаноски. Песните му ги дадов нему, па некои и на и на Кузман поп Стефанија, со намера да ги испеат. Решивме во радиското импровизирано студио да направиме 12-13 записи. Пред микрофоните во малата спикерница ја поставивме целата тајфа. Тројца –четворица членови од тајфата имаа над 60-70 години. Во групата беше и последниот член од тајфата на Садило, Ѓоре Чочек. Чубукчијата Рушан свиреше на специфичниот инструмент лаута, Усеин исто така свиреше на лаута а виолинисти беа Стојан Златаноски и вундеркиндот Павел Ковачески. Стевчо Спростран и Ристе Бакал беа останатите двајца членови на тајфата. Зад едниот микрофон беа сместени професионалните а зад другиот старите музичари, со намера да доловиме убава староградска песна. Како што кажав снимивме 13 песни (“ Ој, љубов љубов“,“Димчета аскер го писаја“, “Три години стана“, “Немам мило немам драго“, “Извикна Јана провикна“, “ Детенце мало ..“, “Срамежлив љубовник“, “Дафинка платно белеше“, «за Спирета»..) и четири ора кои за жал ниту едно од сегашните културни уметнички друштва не ги свири. Такви ора беа: Беранче, Соборско, Калајџиско“, се присетува Владо и раскажува дека во тоа време на музички план охридското радио соработувало само со Радио Скопје.
Чест Локал ни е...
НОВИ ПРЕДИЗВИЦИНОВИНАР ВО ПЕЧАТЕН МЕДИУМ
Исечок од весник “ Далечната 1974 –та година бев на отслужување на воениот рок и тогаш во Охрид се случија некои општествено политички промени , кои се разбира имаа свој одраз и врз работата на радиото. Радиот покажуваче се поголеми амбиции - под раковдство на Благоја Сиљаноски освојуваше значајни награди за документарни емисии, па покрај весникот се зафати и со издавачка дејност книги посветени на бележити личности од охридската историја...и кај мене настана пресвртница! Не можам да речам дека бев заситен од радио новинарството, ама `луди, млади години` се преиод на предизвици па сакав да се обидам и во печатените медиуми. Првите написи, доста испофалени, ги напишав за Езерски Глас, а потоа целесно се посветив на `фабричкиот печат`. Од 14 април 1975 година заминав како уредникна весник и портпарол денеска би се рекло, во ГП “Трудбеник“, кој тогаш вработуваже 3.000 работници од кои 1.000 надвор од границите на тогашна СФРЈ. Оттука и потребата сите тие да бидат исцрпно информирани за се што се случува во нивната фирма. Но , врските со радиот не значи дека ги прекинав- воведовме редовна рублика `Како да го уредите својот дом`, секоја недела на уро познати архитекти даваа совети за радиослушателите а јас во рамките на дневните настани на радиото давав информации за работењето на Трудбеник во Охрид, низ земјата како и од работите во Либија, Ирак, Чехословачка..како и уредував посебни страници во `Езерски Глас`! Иако работата во весникот ГП Трудбеник ми донесе бројни награди и признанија ширум републиката и тогашната СФРЈ, како и највисокото општинско признание наградата `Седми ноември ` за вонредни постигнувања на полето на културата, информирањето и техничката култура за 1985 година, сепак , радиото ми недостигаше...па дури и копнеев да дадам и придонесам уште повеќе, да споделам со радиослушателите многу нешта. Знаете весникот си има една димензија а радиото друга- постои некаков флуид, невидлива н сепак блиска врска, посебно задоволство претставува кога си пред микрофонот и зборуваш, се вклучуваат слушателите и заеднички делите спомени, незаборавни сеѓавања за нешта минати...па затоа се решив , со поддршка на Славчо Николоски да покрениме на радиобрановите циклус од едноча-
совна емисија посветена само на Охрид и ја нарековме `Реликвија`.
РЕЛИКВИЈА - култна емисија Владо Жура е автор и водител на досега најубавиот снимен циклус радио емисии насловени како “Реликвија.“ Токму оваа емисија и секако нејзиниот автор Жура како публицист и новинар се споменуваат и во првата енциклопедија на МАНУ, која иако спорна, преку безброј двд изданија и преку интернет стана достапна секому. “Циклусот од 118 емисии кои го носеа името “Реликвија“ почнаа да се емитуваат на брановите на Радио Охрид во 1991 година најпрво во рамки на експерименталната утринска програма. Тие се емитуваа еднаш во неделата. Циклусот траеше повеќе од две години. «Виновници» за оваа емисија беа новинарите Димитар Смилески и Славчо Николоски, кој и го предложи името на емисијата. Последната 118-та емисија се емитуваше на патрониот празник на градов 8-ми 1985 г. добитник на највисоко општинско признание за вондредни достигнувања во областа на културата, уметноста и техничката култура
декември по повод 35 години од постоењето на Радио Охрид. И ден денес го носам белегот на “Реликвија“. Оваа емисија разработуваше легенди за одредени места, обработка на популарни песни па кажувања, лоцирање спомени за бележити личности и датуми од историјата и минатото на градот па именување улици. Во неа се споменуваа и актуелни теми поврзани со денешното живеење и минатото на Охрид. Јас се водев од една сентенца што пред околу 150 години ја има кажано Прличе дека “Ер колку чоек да је шoп пак таткојната му је најмила на векот“. Тој вели : “Татко имаме еден- таткојната е многу таткои, мајка имаме една- таткојната је иљада мајки, братја имаме пет али десет- таткојната је небројани братја. Еден чоек што не си је миљвит таткојната појќе од татка и од мајка и појќе од себеси немојт да бидит чесен чоек“. «Мене и друго нешто ме поттикна да се зафатам со потготвување една ваква емисија.Имено, кога престојував во Холандија бев изненаден колку малку таму се знаеше за Македонија. Всушност и како млад новинар кога во радиото ги интервјуирав обичните гости- туристи кои доаѓаа во Охрид ги прашував: -“Дали знаете каде сте дојдени?“ а мнозинството од нив одговараа, “Не знам, се качив на авион, и пристигнав овде. Во прв момент не знаев дали сум во Европа или некаде во Африка, главно ние сме трагачи по сон-
це. Кај вас има сонце и убаво ни е, има вино и убаво езеро.“ А ние не само што имаме природна убавина, археолокалитети, имаме и древни цркви, калдрма, карпи, вода, а малку имаме сознанија за тоа. Во странство пак и на нетолку вредни работи им се придава голема важност. Пример, во Италија чичероните ќе ви покажат обичен камен и ќе ви разврзат легенда како Ромео поткачен на тој камен и мавтал на Јулија и ....дај 50 лири, ќе ви наплатеа! Кај нас пак за жал за вистинските културноисториски вредности, цркви, зданија и паметници знаеме многу малку. “Реликвија“ ми го определи натамошното мое интересирање за минатото на Охрид особено од 19-от век. Мене од татко ми, ми е оставена оклетија, завет, аманет...како сакате речете,а нему од татко му да си ги познаваме корените. Не е битно каде е роден човек , од каде дошол во Охрид, битно е лебот што го јаде, што го заработува во Охрид некако да му се оддолжи. Знаеме дека во Охрид по повеќе од 30 години живееја воени лица од `братските` републики а немаа научено ниту еден македонски збор, а над 30 и повеќе години јадеа македонски леб. Сето тоа кај мене побуди една позитивна нитка на национализам и така јас почнав да се интересирам и да го иследувам минатото на Охрид. Истражував не само од литературата што ја поседува нашиот Историски Архив туку заминав и во Скопје, Белград и Софија. Посебно пријателско разбирање наидов во софиските архиви , заради лични врски и стотини страници микрофилмувани и ископирани документи сега се наоѓаат во историското одделение на охридскиот Завод и Музеј. Сите овие години пронаоѓав материјали кои на достапен начин им ги презентирав на слушателите . Појдовната намера не ми беше да откријам нешто што до сега не е објавено, туку она што е објавено од врвни еминентни лица да го преточам и доблиѓам секому. За мене најголема награда беше кога мојот автомеханичар еднаш ми кажа дека бил врсник и пријател со познати и меѓународно признати личности што се занимаваат со историја и историја на уметноста, а кои кога ќе се појавеле на телевизија со нивниот “висок“ стил на изразување некој впечаток не му оставале, па незаинтересирано само ќе ги погледнел. Во моите емисии допадлив му бил едноставниот народски стил на изразување, допадлив и приемчив за слушање и додека лепел гуми или вршел други поправки на автомобилите, моето кажување преку радио брановите напросто му се лепело за душата. Иако беа 118 емисии на број и се емитуваа повеќе од две години по кажувања на слушателите беа следени со огромен интерес.Интересно е што и денденес сеуште се сеќаваат мошне живо на нив.“
ЖУРА ЗА ЖУРА КНИГА КОЈА И ДЕНЕС Е БАРАНА По завршувањето на тој циклус емисии Владо Жура ја објавува книгата “Жура за Жура“ , без да има намера книгата да ја понуди на пошироката читателска јавност. Книгата излезе најпрвин во едно издание од 500 примероци , за по само еден месец да се допечатуваат уште 500 или вкупно 1 000 примероци. Книгата се разграба “како алва“,
13
Чест ни е... name is a name` -sigurjon einarson
а има луѓе кои и денденес прашуваат каде можат да ја набават. “Делото има невообичаен наслов “Жура за Жура“, тоа значи Жура за себе си - одн. за татко ми, или Жура синот за татка си или Жура односно јас за моите синови, како оклетија да го сакаат и да работат секогаш за доброто на Охрид. Насловот може да се разбере на различен начин. Мојот татко целиот свој живот си запишуваше на некакви парчиња хартија, некакви пусулчиња, правеше прибелешки. Десет години по неговата смрт јас ги разгледав неговите записи и видов дека во нив има многу интересни работи кои можат да им служат и на идните генерации. Направив избор од истите и со помош на Благоја Сиљаноски направивме обид истите да ги отпечатиме,Книгата не е автобиографија ами сликовито раскажани настани и портрети на лица, едно свое видување на живеачката во неговото време.Целта ми беше да му направам омаж на татко ми и воедно да им оставам аманет на моите синови. Секако и да поделам по некој примерок на најблиските семејни пријатели. По совет на воодушевените мои рецензенти Никола Бошале и Драги Стефанија, книгата си најде свој облик онаква каква што излезе- на стар варошки говор со мноштво стари фотографии.
14
Всушност во книгата низ спомените на татко ми за животот и личности во Охрид и пошироко во периодот меѓу двете светски војни,претставува летопис за еден период кој за жал во историографијата е недоволно расветлен , бидејќи ние кога учевме некако од Илинден 1903 веднаш прескокнувавме на првите партизански пушки што пукнале во Прилеп и Куманово! Татко ми Благоја Жура во записите е споредна личност, тој е повеќе набљудувач, хронограф. Преку своите автобиографски податоци татко ми дава слика за градот, времето во кое живееле неговите комшии, неговите другари, сограѓани ...и тоа оние не кои што биле на власт, ами секојдневните, обичните , со кои напросто се сопнуваш на секој чекор а не ги заприметуваш,а тие сепак оставиле печат врз таа тогашна живеачка..“
МАЛИ НОЌНИ МУАБЕТИ Неодамна пред микрофонот во Радио Охрид
Во 1993 година од месец мај Владо Жура се јавува како водител на експерименталната ноќна викенд програма меѓу сабота и недела Програма-
та започнувала во 22 часот и траела до 2 часот по полноќ. “ И тука користев материјали од „Реликвија“ , но емисијата се викаше “Мали ноќни муабети со Владо Жура“ во која каневме гости. Дел од нив беа видни луѓе (тогашниот директор на Фестивалот Охридско Лето, Љубен Баткоски, Драги Стефанија, па Ристо Кузманоски кој беше еден од најдобрите познавачи на охридското минато)а дел од гостите беа луѓе кои претставуваа нешто во градската чаршија (Номче Тунте, кој беше некогашен артист на пред и повоениот театар). Емисиите беа интересни и на број беа десеттина или дванаесет. Имаше и видни гости од јавниот, општествениот живот на земјата...Тука завршува мојот редовен настап на Радио Охрид. Во 1995 година беше емитувана последната односно 118-та емисија “Реликвија“ која беше свечена. Подоцна, во повеќе наврати бев гостин во емисии кај колегите Васе Жилеска, Александра Котуш, Мирјана Мијалкова, Милчо Јовановски...а најголемо и нераскинлово пријателство ме врзува со мојот долгогодишен соработник Славчо Спростран. Апсолутно, кај мене секогаш постои оптимизам и енергија, позитивна секако, негативна не ни постои, за натамошно истражување и изучување на охридското минато, градскиот живот и и генеалогијата на охридските семејства“, рече Жура привршувајќи го пријатниот разговор и напоменувајќи дека за наредниот број од “Охридските Новини“ веќе подготвил интересен текст привлечен за читателите. Хроничарот, општественик, публицист и новинар Владо Жура кој над 40 години работно бил ангажиран во Радио Охрид и понатаму со несмален жар работи на иследување и откриване на непознати нешта од минатото на Охрид,` својата таткојна` и е широко отворен за соработка со сите видови медиуми, за што редакцијата му посакува уште низа натамошни плодни остварувања и успеси!
Актуелно
25
Репортажа
Хрватска –земја на морето и медитеранското сонце Хрватска со своите 56 542км² површина и 4 551000 жители е балканска,средоземноморска и со еден дел средноевропска земја. Местоположбата на Хрватска на Балканскиот полуостров е дефинирана од крајните источни рабови на источните Алпи,на северозапад до Панонската низина,брегот на Дунав на исток.Средниот дел на државата го покрива планинскиот масив Динара,а јужниот дел завршува на брегот на Јадранското море. Делот на Хрватска на копно изнесува 56 542 км²,а површината на територијалното море е 31067 км². Морскиот брег,покрај тоа што е преубав,има должина од 5 835 км од кои 4 058км припаѓаат на островите,чиј број изнесува 1 185. Географските услови овозможуваат разлики во климатските услови,така што на брегот има умерена медитеранска клима,во внатрешноста континентална,а на високите делови и планинска клима. Населението во главно го сочинуваат Хрвати,но има и малцинства како Босанци,Муслимани,Срби,Словенци,Италијанци, Унгарци и други. Главен град е Загреб, кој е културен, административен и индустриски центар. Во него се развиени електротехничката,машинската,текстилната,прехранбената и други индустриски гранки.
ХРВАТСКА КУЈНА Хрватската кујна својата разновидност им ја должи на различните кујни ,самостојно развиени во различните регии во Хрватска. Своите корени ги влече од античкиот период,се до современите влијанија .Разликите се најочигледни ако го споредиме изборот на намирници , кој укажува на два типа на кујна- континентална и приморска .Континенталната кујна ја претставуваат типичните супи кои користат доста коренести зеленчуци кои се нарекуваат гринцајг,збогатени со пилешки џигери,парчиња месо и кнедли од гриз. Во зима се готват погусти супи од компир,грав или зелка,а во лето од кра-
16
ставици и павлака зачинети со црвен пипер и лук. Приморската кујна е богата со најразлични рецепти за приготвување на разновидните морски плодови,со кои изобилува Јадранското море. Месото е постојано присутно на хрватската трпеза како печено,суво меснати производи, приготвени по стари рецепти. Сеприсутни се шунката,колбасите и т. н .крвавици,чешњовки и шрек. Во оброците со месо неизбежно е да се спомене муштарде -сенф кој редовно е служен,особено со колбаси. Од зеленчукот се приготвува и зимница од зелка мешан зеленчук,цвекло,мармалади и џемови од овошјето. Од млекото се приготвуваат сирења и кајмак,матеница и димено кравјо
Репортажа Загреб брои околу 1 милион жители
сирење и кашкавал. Десертите носат австроунгарско влијание и се претставени од орасници,колачи со мак,штрудли со фил од разни овошја,штукли и бучници,како убав завршеток на еден пријатен оброк.
НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
државниците од целиот свет. Останатите национални паркови се: Крка, Пакленица, Расњак, Мљет и Северен Велебит.
ЗА ДУБРОВНИК...
селени острови и островчиња и претставува вистински лавиринт на море и карпи. Географски и морфолошки најинтересен е надворешниот дел кон брегот,бидејќи содржи најмногу острови,а тука се и доста познати осртови чии врвови достигнуваат до 100 м.
БРИЈУНИ
Плитвичките езера се најубавиот најпознатиот хрватски парк,заштитен од УНЕСКО. Националниот парк опфаќа 16 поврзани езера,природно формирани,кои се прелеваат едно во друго преку водопади. Нај-големиот дел од паркот го покриваат шуми од бука, елка,смрека и бел бор. Посебно се истакнува Чоркова увала во која се високите елки и смреки, со висина до 50 м.
КОРНАТИ Корнати се најраспределена група на остро-
ви на Медитеранот. Се состои од 410 мали нена-
Бријуни се национален парк и се сочинети од два поголеми и 12 помали островчиња,на западниот брег на Истра. Овие острови се локалитет со најдобро сочувана медитеранска вегетација. Значаен е западниот дел на големиот остров на Бријуни кој е претворен во пејзажен парк збогатен со автентични и донесени растителни и животински врсти .Клучната вредност на овој парк секако е во историското наследство и спомениците од римскиот и византискиот период во локалитетите Вериге и Кострум. Поради исклучителната природна убавина,овие острови од почетокот на ХХ век се омилено летувалиште за
Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Хрватска. Бил основан со соединувањето на два мали града: Лаус,град на мал остров јужно од далматинскиот брег и Дубрава,населено место од Словени во подножјето на шумовитиот рид Срџ.Познат и под името Рагуса,тој е еден од најстарите градови на Јадранското море. Стариот град- тврдина е прогласен за дел од светското наследство од страна на УНЕСКО. Сместен е на брегот на Јадранот и има население од 43 770 жители. Овој “Бисер на Јадранот”,бил единствениот град држава во средновековниот источен брег на Јадранот и ривал на тогашна Венеција. Ирскиот светски познат писател Георге Бернард Схањ,кој бил во Дубровник во 1929 год. во своите писма запишал:”Ако сакате да го видите рајот на земјата,дојдете во Дубровник”.Прошетката низ улицата Страдун Ве враќа во минатото и Ве прави дел од историјата. Дубровник е место каде воедно може да се ужива во природата,историското наследство и да се помине незаборавно летување,благодарејќи на преубавото море и медитеранското сонце.
17
Наши бизнисмени Бошко Илоски- сопственик на градежното претпријатие “РЕМИС“
Со работа и само работа до голем успех !
К
ога ќе го “измота“ филмот назад и ќе ги преброи професиите со кои се занимавал, за себе вели дека делумно си го исполнил сонот од детството. “ Јас бев палаво, итро дете. Што ќе фатев во рака умеев да го препродадам. Затоа татко ми сакаше да станам трговец. Татковиот сон не го исполнив но затоа пак мојата професија е блиска со трговијата. И таа бара контакти со многу луѓе, остварувања средби и претприемништво“, вели сопственикот на градежното претпријатие “РЕМИС“ и еден од најпознатите охридски бизнисмени, Бошко Илоски. Работниот век му започнува во Германија кога во раните 80-ти години од минатиот век престојувал во Берлин. Најпрво се занимавал со цвеќарство потоа работел низ тамошните кафеани за на крај
18
среќата да ја побара во градежништвото. Во родниот Охрид се вратил во 1999 година. “Нема поубаво место од сопствениот дом. А домот на секого му е во сопствената земја. Најубаво е да работиш за доброто на татковината и инвестираш во нејзината иднина“, истакнува Илоски кој вели дека Градежното Претпријатие “РЕМИС“ кое денес е едно од најпрофитабилните кај нас, се развивало постапно и на почетокот било само мала фирма која броела едвај 10-ина вработени. “На почетокот, работата си ја бркавме сами односно секој од нас вработените одевме од куќа на куќа и прашувавме: Дали некој сака да гради нешто или некаде? Така полека се развиваше бизнисот. На почетокот на пазарот бевме само ние како градежно претпријатие и “Трудбеник“. Но, како тогаш така и денес за нас конкуренција нема. Односно,
нас воопшто не не`плаши фактот дека секојдневно расте бројот на градежните фирми. Наши најдобри адути се квалитетот и стручноста. Градежното претпријатие “РЕМИС“ ги прати квалитетите на светскиот тренд,односно гради со најдобри материјали кои ги набавува од Македонија и странство. “Секогаш настојуваме да градиме со квалитетни материјали, затоа што објектите се подигнуваат за век и веков а не од денес за утре“,истакнува Илоски и вели дека како резултат на чесноста, квалитетот и упорноста полека но сигурно го освојуваат пазарот и стануваат градежно претпријатие број еден кое зад себе ги оставило зградите кај хотел “Ривиера“, кај старата автобуска станица и многу други објекти низ Охрид меѓу кои и дел од Охридатите. Од 2004 година “РЕМИС“ почнува
со изградба на станови и во Скопје. До сега таму се подигнати 500 нивни станови а во тек се преговори за нови локации. Според годишниот план за 2010 година ова градежно претпријатие има предвидено да изгради од 800 до 1 000 станови на територијата на Охрид и Скопје. Годинава “РЕМИС“ започна и нов проект и во соседна Албанија. На сопствено земјиште пред Драч започна изградба на станбен деловен комплекс. (...по барање и молба на соговорникот не е објавена ниту една негова фотографија. ) “Јас сум човек кој не сака да се фотографира. Во јавноста не сакам многу да се експонирам, за мене говорат моите дела, односно она што сум го сработил“Бошко Илоски.
Репортажа
29
Наша гордост Охридската чаршија
Светот трага и се стреми да го сочува автентичното и традиционалното а ние сами ги уништуваме белезите од минатото
С
поред белешките на турскиот патеписец Евлија Челеби од 17-от век, охридската чаршија зафаќала доста голем простор. Во неа биле сместени сите занаечиски работилници и трговски дуќани. Евлија Челеби набројува 150 дуќани и седум добро опремени и прекрасни кафеани (кахве- хане), во кои се состанувал образованиот свет. Во чаршијата немало јавни бозаџилници (боза -хане ) ниту крчми- меани. Затоа пак, во тврдината , во христијанските маала, има-
20
ло многу меани во кои се точело чисто вино. Освен тоа, во градот тогаш работеле “три прекрасни анови кои, веројатно, се идентични со трите “бесплатни конаци“,т. е. карван- сараи, за кои патеписецот раскажува за посебно место,додавајќи дека “најдобар е оној караван- сарај на Малиот пазар (Ќучук –пазар), сместен во дебела ладовина на чинари, со 40 огништа т.е. простории и дека караван –сарајот на Охризаде, исто така бил цврсто граден. Според зборовите на Челеби, самата чаршија, во која немало безис-
тен, но која изобилувала со секаква стока била “разбиена и растурена на четири места“од кои едното се наоѓало на главната улица, а другите по сокаците. Охридската чаршија се развивала и понатаму, така што во првите децении од 19 век бројот на дуќаните во градот веќе бил нараснат на 250.Имало седум кафеани во кои се состанувал образованиот свет. Менаите биле сместени во ритчестиот дел на градот, каде живеело христијанското население. Според овој патеписец повеќето дуќани во старата чаршија- како и самата таа
биле направени рачно од камен. Челеби во своите записи го споменува и амамот односно турската бања. Таа се наоѓала среде чаршија спроти некогашната книжарница “Култура“. Денес на нејзино место се наоѓа истоимениот трговски центар. Ете, таа позната градска бања –амам, ја користеле и муслиманите и христијаните. Заедничката градска бања постоела до раните шеесетти години од минатиот век, кога била срушена и на нејзино место биле подигнати градските клозети.
Наша гордост
Исчезна душата на чаршијата кога ја снема калдрмата Пишани историски документи од 30-те години на минатиот век го потврдуваат фактот дека Охридската чаршија била направена од клдарма уште од времето на балканските војни. Во 1937-38 година прв пат се извршила рачна реконструкција на чаршијата,тогаш од камен и чакал била направена коцката под чинарот кај рибарниците. Старите мајстори со кеив и мерак ја дотерувале чаршијата која добивала само нова насмевка на истиот лик, зошто тие нејзините создавачи не сакале да и го уништат претпознатливиот белег-клдрмата. Во далечната 1953 година била по втор пат обновена чаршиската калдрма.
Нејзиниот камен потекнува од селото Рамне и според испитувањата во Македонскиот институт за градежни материјали е варовник. Тој камен ја задржа автентичната форма на старата охридска чаршија до почетокот на 2001 година кога локалните власти на чело со тогашниот градоначалник, Никола Наумоски –Попчето одлучија од корен да го сменат ликот на чаршијата, ја искорнаа калдрмата и стариот камен го заменија со камени плочи. “Со корнењето на старата клдарма се реши голем проблем, се оствари сепарирање односно одвојување на фекалната од дождовната канализација,а се постави подземна електрична и кабелска инфраструктура која дотогаш ја немаше во Охрид“ ,изјави за АМАК ПРЕС -Охридски Новини тогашниот координатор на проектот и сегашен раководител на Комуналниот инспекторат, Танас Танаскоски. „Првичната идеја беше истиот камен да се обработи и да се постави по чаршијата, но тој не можеше
да се обработи па по едногодишните испитувања беше заклучено дека стариот камен кој потекнува од селото Рамне има својства на варовник. Најсличен на него беше каменот кој го носевме од Гостивар, а го поставуваше градежната фирма ЛОТЕ КОМПАНИ која по распишаниот тендер беше ангажирана за таа активност“, истакнува Танаскоски. Во тој период општинската сметка е блокирана поради долгот кон градежното Претпријатие Гранит. Долгот од 300 000 денари направен од времето на градоначалникот Никола Матлиески Пашата, секојдневно растел поради што е попречено брзото реконструирање на чаршијата. Градежните работи се вршеа етапно во период од две години. Беа поставени 8 000 метри квадратни плочки, а вкупната инвестиција чинеше 600 000 евра. Танаскоски, тврди дека сегашните камени плочки го имаат истиот квалитет како стариот камен, разликата е во обликот, но токму таа неправилната форма на камената клдрма
и даваше специфичен претпознатлив белег на Охридската чаршија. Денес наместо камењата што беа обработувани рачно имаме светкави камени плочки на кои се познава отисок на прст а не станува збор за огромните флеки оставени од гуми за џвакање и дру отпад. Дел од каменот на чаршиската клдарма требаше да се постави во дворорното место на црквата Св. Богородица Перивлепта, но плановите пропаднаа во вода. Десеттина од старите камења но со нов облик се поставени пред старата стоковна куќа „Билјана“ и бутикот “Азаро“, останатиот дел на клдрмата гние во просториите на ЈП Комуналец. Додека светот трага и сака да гледа нешто автентично, создадено од век и веков, ние сами си го искорнавме минатото за да го читаме и гледаме на фотографиите од историските документи и книги.
Бројот на занаетчиските дуќани некогаш бил 150 а сега тие се помалку од 5
21
Прашање-одговор Локал
Alopecia areata или “косо пас“ Прашање: Цели 29 години имам долга коса. Пред неколку дена бев кај мојата фризерка и таа ми рече дека на три места на главата косата ми е опадната. Јас бев запрепастена бидејќи ништо не сум почувствувала и не сум знаела за тоа. Многу сум исплашена да не останам без коса. Зошто дошло до опаѓање и дали ќе ја изгубам косата?
примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог
Одговор: Веројатно се работи за alopecia areata на косматиот дел на главата. Сепак за да се утврди за кој вид alopecia се работи и каква ќе биде прогнозата во смисла дали ќе се обнови косата или не, потребен е подетален преглед и соодветни испитувања кои ги врши дерматолог. Инаку alopecia areata претставува состојба на отсуство на влакна на места каде тие вообичаено растат:коса, брада, веѓи, трепки и по целото тело што е помалку забележливо поради реткоста и светлата боја на lanugo –влакната. Има многу видови alopecii кои произлегуваат од различни параметри и причини во нивното појавување, така што и класификацијата на истите е обемна. Јас ќе дадам една поделба на alopecia која ќе не доведе до одговорот на вашето прашање. 1.Значи зависно од причината поради која дошло до опаѓање на влакната се разликуваат два вида alopecii: пилогена и папилогена. Пилогената alopecia се должи на оштетување на видливиот дел на влакното, а папилогената се должи на оштетување на папилата(коренот) од влакното. 2.Зависно од распространетоста alopeciata може да биде: -циркумскриптна, како едно или повеќе жаришта со отпаднати влакна низ косата или брадата и -дифузна со целосно отпаѓање на целата коса и другите влакна на телото. Оваа втората може да биде конгенитална (вродена) или стекната во животот после прележани некои специфични болести и примена на специфични терапевтски процедури. 3. Според прогнозата во смисла на повторно раѓање на влакната alopeciata се дели на : цикатрициелно, иреверзибилно опаѓање каде нема повторно растење на влакна и нецикатрициелно, реверзибилно опаѓање каде влакната се обновуваат во целост. Значи одговорот на прашањето на читателката би бил дека се работи за мултилокуларно , нецикатрициелно, реверзибилно опаѓање на косата кое се вика alopecia areata или во народот познато како “косо пас“. Alopecia areata по дефиниција претставува кружно опаѓање на влакната како едно или повеќе жаришта, по правило реверзибилни ќелави места со лесна фоликуларна инфламација во почетокот на заболувањето. -ги погодува претежно децата и младите луѓе. Почесто мажите отколку жените а во 20 % од случаите е пронајдена фамилијарна предиспозиција. - испитувањата покажале дека се работи за имуномедиран одговор на коренот на влакното кон постоењето на антигени од бактериска,вирусна или габична инфекција во организмот. Оваа инфекција најчесто клинички не е експонирана и треба упорно да се бара. Најчести фокуси се: кариозни заби, синуси, инфекции на нос, хронични тонзилити, уринарни инфекции и т н. - Клиничката слика е без субјективни симптоми. Обично се јавува нагло, едно или повеќе кружни или овални места, без атрофирачка кожа на главата, влакната на работ на алопетичното жариште лесно се епилираат . Најчесто се јавува на косматиот дел на главата (косата), поретко на главата и веѓите. -дијагнозата се поставува врз основа на типичната клиничка слика и наодот на трихотрамот. -терапијата се состои во локална и per os апликација на стимулирачки препарати за побудување на коренот од влакното од специфични витамини до локални кортикостероиди, и второ најважно откривање и лечење на постоечки воспалителни фокуси во организмот. Прогнозата е добра по терапијата иако трае подолг период (и до 4 месеци). Состојбата се санира во целост, но не е исклучена можноста за повторно опаѓање на косата или влакната од другите влакнести места понатака во животот.
Ако болеста “мрзливо око “се открие во раното детство таа се лекува Прашање: Имам 53 години. Изминативе 7-8 години, имам проблеми со едното око, односно со него гледам само форми и силуети, значи јасно гледам само со едното око. Очниот лекар ми кажа дека окото ми е мрзливо. Што е тоа мрзливо око и дали оваа болест може да се лекува?
спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар
22
Одговор: Намалувањето на видната острина без органски промени во окото со кои би можело да се објасни тоа намалување се нарекува амблиопиа или мрзливо око. Терминот се употребува од старо време од страна на Хипократ. Причина за амблиопиата е секое пореметување што не дозволува да се формираат еднакви слики во двете очи и спроведување на исти сигнали до видните центри на големиот мозок. Ако едното око постане водечко, видната острина на другото око останува на нивото на кое била при настанувањето на овие сензорни промени или доаѓа до пад на видната острина .При тоа водечкото око и понатаму ја развива својата видна острина. Најчести причини кои водат до амблиопиа или мрзливо око се: страбизам ,аномалии на рефракција како хиперметропиа, миопиа,астигматизам. Амблиопиата се развива во период од раѓањето на детето до деветтата година .Многу е важно навреме да се открие и најмало пореметување во окуломоторната рамнотежа кај детето. Раното откривање на развојот во монокуларниот и бинокуларниот вид и нивното отстранување можат да спречат создавање на сензорни пореметувања. Првите мерки се едноставни и лесни за примена ;атропинизирање на водечкото око или затварање на водечкото око со цел да се развива мрзливото ,и многу рана и правилна оптичка корекција на рефракционата аномалија , давање соодветни очила.
Прашање-одговор Локал
Можни се повеќе причинители за намалено либидо спец. д-р. Иво Захариевски гинеколог
Прашање: Имам 24 години и многу сум загрижена што во последните години мојот интерес за секс се намалува. Во последно време сексуалниот нагон во стварност е наполно изгубен. Често имам повторливи габични инфекции. Дали сметате дека можеби недостатокот на естроген може да биде причина за моите проблеми ? Одговор: Намалено либидо е честа појава и може да има повеќе причини. Ако сексуалниот нагон е наполно изгубен за повеќе од три месеци, прашајте го вашиот доктор да го испита нивото на хормонот пролактин во вашата крв. Друга причина за намалено либидо може да биде оралната контрацептивна таблета, така што ако користите хормонска контрацепција, разговарајте со вашиот доктор да ги замени таблетите или да премине на друга форма на контрацепција. За вашите проблеми со повторувачки габични инфекции треба да се јавите на гинеколог за точно да се утврди за кој вид на инфекција се работи и да се даде односно препише соодветен третман. Пореметувањето на бактерискиот баланс познат како бактериска вагиноза може да биде причината и тогаш е потребно соодветно антибиотско лекување. Како помош за намалениот сексуален нагон може да се советува избегнување на силни стресови, доволно спиење, редовни вежби за подобрување на вашето ниво на фитнес, како и да се намали прекумерната тежина. Користење на мултивитамини со минерална поддршка исто така е корисно во подобрувањето на сексуалниот нагон.
ФОКАЛНИ ИНФЕКЦИИ Прашање: На моето дете почна да му опаѓа косата во вид на кругови. Педијатарот ме информира дека причина за тоа може да се расипаните заби. Дали е точно тоа? д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија
Одговор: Да, тоа е патолошка состојба на организмот во која одредени ограничени огништа во организмот се во состојба да предизвикаат заболување на разни органи и системи. Тоа се нарекува фокална инфекција (фокус или жариште). Уште Хипократ препорачувал вадење на заби при болки во желудник, зглобови и срце. Првата научна интерпретација на фокалните инфекции е во 19-от век од Песлер кој директно ги обвинува периапикалните (загноените заби)и авиталните заби за разните видови кардиопатски, нефропатски, реуматски состојби (заболувања на срце, бубрези, зглобови). Значи, фокуси можат да бидат сите хронични процеси на коренот од забот, гангренозни заби, ендодонски третирани заби (лечени). Но не секој ваков заб може да биде фокус. Кај децата млечните заби се во 35 % случаи причина за фокалоза а кај трајните до 30 %. Дали еден хроничен процес ќе делува како фокус и ќе предизвика консекутивно заболување или не многу значајна улога има имунолошкиот систем . При солиден имунолошки систем можностите за активирање на жариштето се минимални. Но, ако се инхибира имунолошкиот систем тогаш жариштето може да делува како фокус. Имунолошкиот систем може да се инхибира при стрес, настинка, болест, тежок дијабетес при што микроорганизмите и нивните токсини и алергени преку крвта одат низ целото тело и можат да предизвикаат заболување на срце, бубрези, зглобови, паѓање на коса, чести респираторни заболувања, заболување на очи. Значи, за да не дојде до овие заболувања превентивно е потребно редовна посета кај стоматолог и навремена санација на млечните и трајните кариозни заби. Ако е потребна екстракција на заби со хроничен процес (гранулом) тогаш е потребно претходно да се изврши испитување кај стоматолог, со кое ќе се потврди или негира, дали забот е жариште. Потоа се дава антибиотска терапија и на крај се вади забот. Значи, мој совет до родителите е да практикуваат редовна посета кај стоматолог, санација на млечните и трајни заби и да ја разберат важноста на денталното и оралното здравје , кое е директно поврзано и има голем удел во општото здравје на организмот.
23
Празнувања
Февруари месец на љубовт Свети маченик Трифун заштитник на виновата лоза
С
вети Трифун се празнува на 1-ви сечко според стариот или на 14 февруари според новиот календар. Во повеќе краишта во Македонија на овој ден рано наутро се оди во црква, каде што попот пее молитва и свети вода. Од оваа вода, за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земаат во шишиња и ги попрскувале лозјата , при што го изведуваат и обредното закројување. Во некои краеви, како Охрид и Прилеп Св. Трифун е познат и како Св. Трипун(или Триун)- Пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и во народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и лозарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штетници и несреќи, поради што луѓето во негова чест изведувале многу интересни обичаи. Во Охридско – струшкиот регион овој празник го викаат и Триун пијаница и го сметаат како покровител на градинарството и лозарството , бидејќи ги чувал градинарските сеидби и лозјата од инсектите. За време на овој ден, уште рано наутро градинарите повикуваат свештеник да освети вода и со неа да ги пороси посевите. Лозарите со истата цел уште од зора, секој оди во своето лозје и искаструва неколку пенушки. Тоа се вика “зарежување“. Во Скопско на овој ден во црквите се крштева вода , од неа секој селанин носи по лозјата заедно со пепел, каде што прво истура од пепелта, па потоа ја полева со крстената вода за да има бериќет ( да бидат поголеми зрната од грозјата). Во Куманово членовите на лозарскиот еснаф од своите редови избираат кум што “ќе сече колач“ за празникот. Колачот го меси домаќинката на кумот од пченично брашно. На празникот еснафот со попот оди во лозјата, каде што попот свети масло, крштева вода и го сече колачот за секој да земе по едно парче од него. Тука сите јадат, пијат и се веселат со свирки и со тапани. Во Гевгелиско се верува дека Св. Трифун бил винар и имал многу лозја. Бидејќи овој крај се наоѓа на југ се смета дека овој празник почнува да мириса на лето и се велело:“ Св. Трифун сече ама на лето мирисе“. Од овие причини , на овој ден се почнува работа во полето, особено во лозјата и во бавчите. Жените на овој ден не работат ништо особено и избегнуваат работа со игла. Попладнето одат во полето , каде што берат зелје зашто се верува дека на тој ден треба да се касне зеленило.
Вистини и заблуди за виното Во виното е вистината (in vino veritas),вели старата поговорка. Виното е искрено и романтично , духовито и сензуално. Лекарите препорачуваат секојдневно да се консумира вино во ограничено количество зашто е исклучително здраво и добро за крвната слика. Тоа најдобро го знаат Французите , светски шампиони за правење вино и во консумирање различни типови вино. Посебен доказ се жителите на покраината Бургундија, која е позната како земја на долгиот живот и на најквалитетните вина. Ако се поврзе овој факт со фактот (не е стереотип!)дека Французите се и најдобри љубовници на светот, се добива добра причина за пиење вино. Но... Прво- не е исто да се пие добро домашно и квалитетно вино во софистициран ентериер и да се налокаш со евтино вино(направено повеќе од дршки, а помалку од грозје) во некој парк. Таквите сеанси најчесто завршуваат со главоболка, со киселини во желудникот и со неможност дијалектички да се поврзете со спротивниот пол. Второ – можеби и поважно. Не е виното тоа што го прави добар сексот, туку партнерите. Виното во целата ситуација е само афродизијак, силен колку што љубовниците сакаат да биде. Врелата крв ќе се распламти и без литри вино, кое треба да биде декор на масата и силен симбол за тоа што сакаме од партнерот.
Св. Валентин низ вековите Кој е Св. Валентин Св. Валентин или денот на вљубените се слави на 14-ти февруари и него го прославуваат католичките христијани. Уште во далечната историја кај старите Римјани тој ден бил многу романтичен и бил многу сличен на она што денес го прави речиси целиот свет, но за тоа постојат три различни легенди. Првата легенда вели дека Св. Валентин бил свештеник , кој служел во Рим за време на владеењето на царот Клаудиј Втори. Тогаш царот им забранил на
24
Празнувања
та , виното и простувањето момчињата што не го отслужиле воениот рок да се женат, затоа што ако имаат жена и семејство , постојано со мислите ќе бидат кај нив и ќе станат многу лоши војници. Свештеникот Валентин сфатил дека оваа одлука е многу себична и неправедна, па продолжил тајно да ги венчава младите брачни двојки. Откако бил откриен, царот наредил да биде погубен. Втората легенда вели дека Валентин бил погубен затоа што им помагал на христијанските заробеници при бегството од римските затвори. Третата легенда, пак вели дека Валентин бил првиот што испратил љубовна честитка. Додека бил во затвор, Валентин се заљубил во млада девојка, која била ќерка на еден затворски чувар. Според легендата, пред самата смрт, Валентин и напишал писмо, кое го потпишал со зборовите “Од твојот Валентин“. Овој слоган и ден –денес стои на многу честитки што се наменети за овој празник на вљубените. Некои пагански верувања се уште живеат Постојат низа обичаи и верувања врзани за Свети Валентин или заштитникот на вљубените. Некои од нив потекнуваат од паганството, а некои од средниот век, други од поново време, но сите создадени верувања, пишани или усни, се провлекуваат низ вековите од генерации на генерации, од колено на колено. Некои од нив се прекрасни, а некои пак смешни, некои се уште живеат.... 1. Купидон станал заштитен знак за празникот на вљубените, бидејќи, според римската митологија, тој е син на Венера, божицата на љубовта. 2. Едно старо верување вели дека ако девојката на Свети Валентин види црвеношијка ќе се омажи за морнар, ако покрај неа пролета врапче ќе се омажи за сиромав човек со кого ќе биде многу среќна, додека пак ако види трнарско врапче ќе земе богат маж. 3. Друго интересно верување е дека и овошјето може да помогне за да се дознае кој ќе биде вашиот Валентин или Валентина. Земете јаболко в рака, фатете го за дршката, почнете да го вртите и притоа кажувајте машки ,или женски имиња, што ви се допаѓаат. На кое име ќе се скине дршката тој ќе стане вашиот љубовник. 4. Во 1800 година, Ричард Кетбери ја направил првата чоколадна бонбониера како подарок токму за Свети Валентин. 5. Англискиот крал Хенри Осми го прогласил 14-ти февруари за службен празник. 6. Најубавиот љубовен подарок во историјата се смета индискиот Таџ Махал, кој монголскиот цар Шахјахан го направил како гробница за својата жена, која умрела при породувањето 7. Старите Египќани верувале дека љубовната вена што оди директно во срцето, поминува низ четвртиот прст на левата рака, па затоа сега венчалниот прстен се носи на левата рака. 8. Во Велс, на 14-ти февруари се резбале и подарувале дрвени лажици на љубовта. Омилени декорации на лажиците биле срциња, клучеви и клучалки. Декорациите имале значење “го имаш клучот до моето срце“.
Прочка Во третиот век во Антиохија живееле двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Еден ден тие толку се налутиле еден на друг, по што не сакале да се видат. По некое време Никифор ја сфатил бедата на лутината и побарал прошка од Саприкиј, кој бил свештеник. Овој не сакал ни да чуе. Сите молби останале попусти. Во тоа време, при едно гонење на Христијаните, Саприкиј бил затворен и ставен на маки, зашто не се откажувал од Христа. Најпосле го осудиле и го повеле кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молел да му прости, но на Саприкиј срцето му останало тврдо. Така и ја изгубил благодатта и на губилиштето се откажал од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побарал и бил погубен наместо него. Празникот Прочка е ден пред светиот Велигденски пост. Проштевањето е духовен процес што од верникот бара лично преиспитување, покајување и како круна на тоа, да следува вистинско проштевање. Тоа значи секој да се преиспита дали во изминатиов период навредил некого со помисла, збор или дело и за тоа искрено да се покае на овој ден. Барањето „прочка“ значи јавно да се признае делото и да се побара простување, но истовремено да се биде подготвен и на тој што згрешил целосно да му се прости. Прочка или Велики поклади е ден на меѓусебно простување пред почетокот на велигденскиот пост Прочка се одбележува со богат ручек а денот завршува со амкање јајца Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
25
Здрав живот
Овошјето ве открива Јаболко: одговорна и вредна личност. Кога ќе добиеш некоја задача, даваш се од себе за да ја завршиш најдобро што можеш,без разлика колку е тешка. Јагода: сакаш возбудлив живот. Екстравагантноста е твој имиџ.Сакаш да ги имаш најубавите и најскапите работи. Ти си голем оптимист и имаш смисла за хумор. Уживаш кога си во друштво на многу луѓе, па затоа и имаш многу пријатели. Грозје: за тебе може да се каже дека си нежна личност. Оние што добро те познаваат за тебе ќе речат дека си таинствена личност зашто ретко ги покажуваш чувствата. Но,во исто време знаеш да бидеш добар пријател и затоа си популарен/популарна во друштвото. Лубеница: не губиш ни минута. Ти си динамична личност. Оптимизмот е твојата најголема доблест. Не се грижиш за проблемите зашто си сигурен/на дека за се постои решение. Круша: ти си личност без предрасуди. Имаш позитивен став кон луѓето што те опкружуваат. Тоа значи дека другите те гледаат како љубезна и внимателна личност. Пријателите те почитуваат и го уважуваат она што сакаш да го кажеш.
Колку е корисно какаото Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и меѓу другото го забавува и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје. Тим научници од универзитетот «Корнел» установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај. Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајќи од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се консумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти. Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте. Навистина е многу вкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се надевам дека ако се уште не е и ваш, набрзо ќе стане. Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението.
Чоколадата корисна и во бременоста Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и меѓу другото го забавува и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје. Тим научници од универзитетот «Корнел» установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај. Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајќи од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни кисе-
26
Здрав живот лини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се консумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти. Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте. Навистина е многу вкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се надевам дека ако се уште не е и ваш, набрзо ќе стане. Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението.
Сојата најкомплетна храна Стручњаците за храна велат дека сојата е супер производ, а во американските лаборатории веќе одамна е добиена и нова сорта која е отпорна на хербициди. Во што е нејзината тајна? Здрава и многу важна во исхраната на човекот, понекогаш дури се јавува и како природен лек. Доказ за тоа е «челичното» здравје на Јапонците кои останаа верни на својата традиција. Сојата и натаму е присутна во нивната исхрана, а со самото тоа дејствува превентивно во лекувањето на тумор на градата и на простатата. Се претпоставува дека тоа својство го има благодарение на своите хормони (исофлавоноиди), кои го регулираат лачењето на естрогенот во телото. Во пролог на тоа говори и веста од Универзитетот во Бостон, во која се вели дека ефикасноста на билните хормони се докажува и против валунгот во менопаузата. Сојата е единствена и по својата висока содржина на протеини (36%, што е двапати повеќе од месото). Без холестеролот и богатите есенцијални аминокиселини, овие протеини се моќна потпора во борбата против болестите на срцето и на крвните садови. «Добри» се и мастите што таа ги содржи во големо количество. Тие содржат повеќекратни заситени масни киселини, значајна концентрација на «омега 3» кои се неопходни во одбраната на организмот и развојот на новите клетки. Во мастите спаѓаат и лецитините, супстанци кои дејствуваат против холестеролот и стресот. Предноста на сојата лесно се забележува, па затоа се препорачува да се консумира два до три пати неделно, и тоа во облик на семе, брашно или трошки. Важно е да знаете дека нејзините корисни супстанции организмот може да ги искористи подобро во комбинација со тестенини или други жита. Уште подобро е ако додадете и некое јајце или друг млечен производ, со што значително ќе се зголеми количеството на есенцијални аминокиселини. Во продолжение ви даваме краток преглед на производите од соја (освен снегулки), кој се надеваме дека ќе ве поттикне да го збогати вашето мени. Семе - жолтото семе е побогато со активни состојки. Му требаат два до три дена да омекне стоејќи во вода, а потоа може да се свари (околу 3 часа) заедно со ароматични тревки. Се додава на чорби и јадења од зеленчук и жито. 'Ртилци - се добиваат од зеленото семе. Најдобро е да се употребуваат свежи во салата или заедно со обарен или варен зеленчук. Масло - богато со незаситени масти. Се препорачува против зголемен холестерол и не се употребува за готвење. Брашно - идеално за подготвување кох, суфле, омлет и тестенини. Сепак, се препорачува да се употребува интегрално брашно. Млеко - без лактоза и холестерол. Го заменува кравјото млеко. Јогурт - одличен десерт. Се подготвува од соиното млеко.
Сојата полезна за мажите
Американските научници од Државниот универзитет на Колорадо, тврдат дека консумирањето соја го намалува ризикот од заболување од рак на простатата и го спречува опаѓањето на косата. Во нивното истражување е утврдено дека молекулот што настанува во дигестивниот систем, во текот на варењето на сојата, го спречува дејството на ДХТхормонот, кој го зголемува ризикот од заболувања од рак на простатата и предизвикува ќелавост. Според нивното мислење, тоа би можело да се објасни зошто мажите во Јапонија ретко заболуваат од рак на простата. Сојата во Јапонија е многу присутна во исхраната. Научниците веруваат дека молекулот што настанува при варењето на сојата, би можел да се искористи како темел за новите третмани против рак и опаѓање на косата. Моментно постојат лекови кои ја спречуваат конверзијата на хормонот тестостерон во ДХТ, но утврдено е дека предизвикуваат негативни споредни дејства. Витаминот Ц во производство на матични клетки Витаминот Ц може да потпомогне во трансформацијата на возрасните клетки во матични, кои според карактеристиките одговараат на оние кои потекнуваат од ембрионите, велат кинеските научници. Истражувачите велат дека возрасните клетки може да се репрограмираат во матични клетки преку активирање на одредена група гени. Ваквите наоди би можеле да имаат големо влијание на полето на регенеративната медицина, се наведува во студијата објавена во стручниот магазин „Cell Stem Cell“.
27
Совети
44
Неизвесна судбината на Охридскиот маратонот
Датумот на одржување на најголемата спортска манифестација во МакедонијаОхридскиот пливачки маратон, за жал се уште не е утврден,иако сезоната на Гран при серијата на ФИНА веќе започна. Во Календарот на маратони на ФИНА се утврдени датумите на одржување,но Охридскиот маратон не е вметнат ,најверојатно поради неплатената котизација од 5.000 долари. Истовремено, не е утврден и наградниот фонд кој треба да го добијат маратонците кои ќе
пливаат на патеката ,,Климе Савин,, од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри. Минатата година, наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон изнесуваше 25.000 долари,Но годинава, поради кризата, наградниот фонд најверојатно ќе биде рестриктивен односно намален на околу 10 до 15.000 долари. Од обновувањето на Охридскиот пливачки маратон во 1992 година, речиси постојано, организато-
рите на оваа афирмирана спортска манифестација, никако да ги разрешат, сите недоследности ,што се провлекуваат секоја година. Пред се, се мисли на навремената уплата на котизацијата, висината на наградниот фонд и точниот термин на одржување на пливачкиот маратон. Поради ваквите пропусти околу организацијата и одржувањето на маратон кој за охриѓани е од посебно значење а со нив и за неколкуте илјади туристи,крајно време е Пливачката Федерација на Македонија,
Спорт
заедно со покровителот, претседателот на државава и другите институции,асоцијации,Локалната самоуправа на Охрид, и спонзорите, на заедничка маса, да се позанимаваат и еднаш засекогаш да ги дефинираат и разрешат сите дилеми,на оваа респектибилна,атрактивна и авторитетна спортска манифестација кај нас. Маратонот мора да се дефинира со сите свои белези,бидејќи не само Охрид туку и Македонија се препознатливи во светот токму по него.
29
Спорт
Ердал Лушо единствен македонски едриличар на хрватската регата
С
тружанецот Ердал Лушо беше единствениот македонски претставник на 33- та регата Европа куп во Хрватска. Лушо на годинешната регата на која учествуваа 21 земја со рекордни 345 натпреварувачи кои се натпреваруваа во три дисциплини Ласер Стандар, Ласер Радијал и Ласер 4.7 заврши како 55 во конкуренција од вкупно 62 едриличари во класата Ласер 4.7.
“Поради недостаток на финансии мораме на вакви квалитетни регати да учествуваме сами со сопствени средства. Задоволен сум од настапот но и од приемот бидејќи како единствен учесник од нашата земја на регатата беше истакнато македонско знаме и напишано уставното име на нашата држава Македонија без никакви додавки“, вели младиот стружанец
30
дисциплина. “Во класата ласер 4.7 покрај тактичката подготвеност се бара и голема физичка и кондициска подготвеност. Конкуренцијата во класата ласер 4.7 е многу поголема, а ова класа втора по бројност веднаш зад оптимистот. Ме очекува упорна работа и многу тренинзи како и настап на многу регати по што мислам дека ќе се вклопам во новата европска конкуренција. Финансиите ги кројат наредните планови, доколку се обезбедат доволно средства од клубот планираат да настапат на регатата во Франција. Планираат да настапат на регатите од евро куп, преку кои може да се добијат поени за пласман во светскиот ранг во класата ласер 4.7 Лушо кој беше прогласен за најдобар спортист за Струга за минатата година, од класата оптимист
премина во класата Ласер 4.7. Секаква споредба за резултати е прерана бидејќи допрва Ердал треба да ги запознава вештините во новата
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
27
Спорт
32