Skip to main content

АМАК ПРЕС 117

Page 1

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 117-118, Дек. Јан. 2009/2010, Бесплатен примерок

Среќна 2010-та година


2


Збор на уредникот

Среќни празници! П

ериодот на новогодишните празнувања за мене почнува порано од другите. Нова Година ја чувствувам крај себе кога ја пишувам новогодишната честитка за татко ми кој привремено престојува во друга земја и посакувајќи му искрени желби за добро здравје и среќа јас, се враќам во периодот на моето детство. “Елко, елко порасни уште две-три педи”, беше песната што ја пеевме околу новогодишната елка јас и моите најмили , ноќта кога ја чекавме Новата Година а вистинско доживување беше кога моите родители се преправаа во најдобриот дедо на светот Дедо Мраз. И денес по толку минати години јас се уште верувам дека се што е убаво и се што се вика среќа, Дедо Мраз ни го праќа од вреќа. И денес сум повторно дете кога ја китам големата новогодишна елка и се радувам од помислата дека еден ден заедно со моите најблиски ќе се радувам на годините што ни доаѓаат. Всушност кај мене секогаш постои едно убедување дека зимските прославувања, почнувајќи од славите, имендените а потоа и Нова Година, Бадник, Божик и Водици се семејни празници. Тоа се собири во кои сите заедно си посакуваме подобро утре. “Бидете радосни кога и да ви се пржи можност за тоа и кога и да најдете снага во себе за тоа. Зошто моментите на чиста радост вредат и значат повеќе отколку целиот ден и месец од нашиот живот поминати во матните игри на нашите ситни и крупни желби и страсти, а минутите на чиста радост остануваат во нас засекогаш како сјај што не може ништо да го замрачи”, напишал Иво Андриќ . Потрудете се да бидете среќни и среќата сама ќе Ви дојде, таа е во секојдневието во се она што е околу нас, а дали среќата ќе ја видиме порано или подоцна зависи од самите нас. Овој број на “Охридските Новини “ наместо на 15-ти во месецот излезе од печат подоцна а намерата ни беше да бидеме со вас во времето на празничната еуфорија, да не имате во рака и да не читате непосредно пред дочекот на Новата Година. Како секогаш така и сега во Новогодишниот број ви нудиме интересни содржини, не ви ги откривам јас, ќе ги прочитате самите Вие. За оваа година од нас толку. Со желба за добро здравје, среќа и успех на секој план редакцијата на АМАК- Прес, Охридски Новини, Ве остава во добро расположение и Ви ветува дека во идната 2010 година ќе имате во рака исто толку интересни изданија од ова списание.

Фото Варе

Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост во срцето младост. Во работата успех, многу среќа и убави моменти нека Ви донесе Новата Година. Среќна Нова Година и среќен Божик !

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com

Редовни рубрики: Наш Охрид Интервју Образование Репортажа Ви најавуваме... Охридски легенди Од друг агол Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска

belevska.angela@gmail.com

Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3


Наш Охрид

Н

Охриѓани дома или на Плоштад за дочек на Новата Година

ајголемиот дел од охриѓани Новата Година ќе ја дочекаат дома а дел од нив ќе бидат на градскиот плоштад каде ќе ги проследат настапите на српскиот пејач Бојан Бјелиќ, охриѓанецот Ѓоко Танески и познатите “Аренси бенд“.

- Снижувањата немаат голем ефект. Иако цените се намалени, побарувачката за новогодишна облека е многу мала. Засега само помладата генерација се интересира за купување на нова облека. Повозрасни муштерии ретко имаме. За разлика од изминатите години, намален

Речиси во сите ресторани и кафулиња низ Охрид, се организираат свечени новогодишни дочеци. Цените за свечената вечер, се движат од 1.000 до 3.000 денари по лице. Угостителите велат дека оваа година повеќе резервираат помладите, за разлика од минатото, кога

Угостителите, туристичките работници, трговците и фризерите, велат дека пред новогодишната атмосфера кај граѓаните е на многу ниско ниво, во споредба со онаа од пред неколку години. За патувањата во странство најголем интерес има за новогодишните аранжмани во Србија, Грција, Бугарија и Турција.

-Порано имавме многу поголем промет пред Нова Година, но годинава робата ни се продава послабо. Од тие што купуваат можеме да кажеме дека најчесто купуваат декоративни сијалички, а поретко украси за елка и честитки.-велат продавачите на новогодишните тезги кај чинарот.

- Цените на понудите се различни, но клиентите почесто се одлучуваат за поевтините. Оваа година иако имаме многу голема понуда на поевтини новогодишни аранжмани, побарувачката за нив, во споредба со минатото, е опадната. - вели Јаким Маленко, од туристичката агенција Вис Пој. Излозите на речиси сите дуќани низ Охрид деновиве се новогодишно украсени. Цените на облеката и обувките се различни од продавница до продавница и зависат од марката и производителот на истата. Во некои од бутиците има и снижување на цените.

4

ничен и не стига за сите. Поважно ми е децата да си поминат убаво, тие се млади ним им е поинтересно, сакаат да се дотераат, да купат нова облека. Иако цените за дочекот во кафулињата се високи, не може, да не ги пуштиме на прослава, кога сите млади ќе одат. Значи имале немале, за Нова Година ќе се снајдеме.-вели мајка на еден тинејџер. За разлика од минатите години кога не се штедеше за новогодишни украси, кои се неодминлив детаљ на новогодишната ноќ, годинава трговците забележале помал интерес за купување на елки и лампиони.

е и интересот за свечена облека. И оние кои ќе одат на свечен дочек, купуваат облека што ќе можат да ја носат секојдневно -велат сопствениците на неколку охридски бутици.

на свечен дочек одеа и оние од средната генерација. - На дочек ќе одат само децата, ние постарите, ќе ја чекаме Новата Година дома. Домашниот буџет е огра-

Сите охриѓани со кои разговаравме, намалената новогодишна атмосфера му ја препишуваат на економската криза како нов проблем, но и на старите проблеми како што се невработеноста, нередовните плати и презадолженоста со кредити.


Наш Охрид

Охрид полупразен за Новогодишните празници

О

хрид, полупразен за Новогодишните празници. Масовно се откажуваат новогодишните резервации во Охрид. Паника владее меѓу хотелиерите и туристичките работници. Охрид ќе остане полупразен. Гостите од Србија и Бугарија кои минативе години беа најбројни, годинава нема да дојдат во нашиов туристички центар. Под влијание на визната либерализација и лошата ценовна политика тие се одлучуваат за други дестинации. Според експертите клучни се смрзнатите цени во охридските хотели и приватното сместување. Пакет аранжманите за европските метрополи се со многу поповолни цени за разлика од оние кај нас.

“Турите почнаа да се откажуваат од пред еден месец, а сега и многу помасовно. Поради тоа хотелиерите ги фати паника. Поради тоа Охрид за Новогодишните празници ќе остане полупразен . Во приватниот сместување цените се пореални, но тоа не е слушај со хотелите. Хотелските аранжмани кај нас чинат околу 200 евра, ако се вклучат и трошоците за туристички водичи и превозот цената би била 400 евра. За 200 евра со чартер летови од Софија или Белград се стигнува до Турција. Затоа ние ги губиме гостите, се е одредено од цената“, вели Стевчо Каневче, туристички работник од Охрид. Хотелиерите причината за оваа состојба ја бараат во светската еко-

номска криза, свинскиот грип, инертноста на Владата и локалната самоуправа, само не кај себе. Според нив, новогодишниот пакет понуди биле со пристапни цени, но градот немал стратегија за развој на туризмот. Туристичките работници не се сложуваат. “Гостите што до лани сме ги имале во Охрид, ги изгубивме. Тие не остануваат за дочекот на Новата Година дома туку наместо кај нас одат на друго место. Нивната определба зависи од цената. Охрид е прескап. Нормално мора да ја пратиме конкуренцијата, но сега е доцна. Со визната либерализација дури и постојаните досегашни наши гости пред се од Србија во последен момент почнаа да ги откажуваат

аранжманите“, додава Каневче. Додека сите напразно зборуваат за некаква стратегија, координација, ценовна политика, взаемна соработка и слично, градот трпи ненадоместлива штета на полето на туризмот. Првенствено не напуштија домашните гости, а тоа го потврдија не само нивните чести поплаки туку и официјалната статистика, сега заминаа и оние најпосакуваните, Србите и Бугарите. Деновиве охридските хотелиери, одговорија на апелот од градоначалникот Александар Петрески да ги намалат цените за услугите кои ги нудат. Во “пет минути до 12 часот“ тие ги намалија цените за 15%. Колкав ќе биде исходот од овој потег ќе оценуваме по новогодишните празници.

5


Наш Охрид

2010-та тешка година за Охридскиот туризам

С

о најавата дека Шенген визите за Македонија, Србија и Црна Гора ќе се укинат, барањата за резервации за новогодишните празници од овие земји беа намалени во споредба со минатата година, а со донесувањето на конечната одлука дека се укинуваат визите и воопшто веќе нема барања, вели Дончо Танески - претседател на Хотелската асоцијација на Македонија - ХОТАМ. Тој посочува дека дури дел од потврдените резервации почнле да се откажуваат и дека постои опасност присуството на српските гости кои во изминативе години беа најбројни на македонскиот пазар, на дочекот на Нова година и целата наредна година да биде намалено и за 30-40 проценти. Танески укажува дека е многу веројатно да се намали и бројот на домашните гости затоа што по одлуката за укинување на визите дел од авиокомпаниите кои летаат до Скопје најавиле евтини летови до одредени европски дестинации со

6

примамливи цени од 29 до 99 евра за повратен билет. Згора на тоа, нискобуџетните авиокомпании почнаа да слетуваат во Белград и да летаат кон европските дестинации по цена од 19 до 29 евра за повратна карта, вели Танески. Според него на состојбите во туризмот влијае и даночната политика во Македонија која единствено од земјите во регионот не го намали ДДВ-то на услугата во хотелските објекти. „Во 2010 година вкупно 22 земји од Европската Унија ќе имаат намалено ДДВ на ноќевањето и храната во хотелските капацитети и рестораните“ - посочува Танески. Претседателот на ХОТАМ предупредува дека најавеното зголемување на струјата за 15% ќе значи автоматско зголемување на режиските трошоци кои и без тоа се многу високи. Танески ја критикува и програмата за активности на Агенцијата за промоција и поддршка на развојот на туризмот во РМ, која според него е лоша, и предвидува минимални средства. Про-

грамата не е направена во соработка со локалните самоуправи и стопанството и во истата не се земени во предвид случувањата на туристичкиот пазар, смета Танески. Според него негативно на туризмот ќе влија е и ригорозниот закон за заштита од пушење кој стапува на сила на први јануари. Првиот човек на ХОТАМ песимизмот го темели и на односот на државата која според него не презела мерки за ублажување на кризата која го зафати туризмот. - Државата сеуште ја нема признаено продажбата на туристичките пакети како извоз, и тие автоматски немаат ослободување од ДДВ, а нема позитивно одговорено и на нашето барање за намалување на ДДВ-то. Не сме директно поврзани со Европа со конкурентни цени, најавата за воспопставување врска со Украина не се реалзира, а за наредната година освен чартер летовите од Израел нема ниту една друга најава, вели Танески.

Според него ништо не е направено и за подобрување на лошата патна инфраструктура, и во врска со усогласувањето на образовните програми во средните стручни училишта со потребите на стопанството и продуцирањето на неквалитетен стручен кадар. Проблем е и немањето долгорочни кредитни линии со пониски каматни стапки, што го забавува подобрувањето на понудата на хотелско-угостителските капацитети, смета Танески. Исто така, додава тој, не се регулирани и авторските права и односот со ЗАМП, што дополнително ги усложнува состојбите на пазарот. - Сето ова го потврдува нашето мислење дека во текот на идната година доколку не се преземат конкретни мерки и доколку маркетиншки не се настапи многу поагресивно, претстојат многу тешки денови за македонскиот туризам, завршува Танески


definitivno don.com.mk www.


Интервју Венко Шапкар,познат бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

АМАК ја преживеа кризната година и оди кон посветла иднина Еден од најпознатите македонски бизнисмени и генерален директор на компанијата АМАК СП, Венко Шапкар, вели дека 2009-та година беше една од најтешките години за неговата фирма која изминативе 10 години бележеше годишен обрт на капиталот и до 15 милиони евра. “Животот е борба, тој е предизвик и мора да продолжиме напред. Во новата 2010-та година на професионален план очекувам да реализираме два крупни проекти. Станува збор за нови еколошки производи, а ние ќе бидеме едни од првите во Европа и светот кои ќе пласираат такви производи“, вели Шапкар секогаш оптимистички и позитивно расположен. Зад нас оставаме година на голема економска криза, која најнегативно се одрази и најмногу ја погоди автомобилската индустрија. Ако 2009 година беше година на искушение за големите гиганти Опел и Краислер кои речиси беа пред тотален колапс, каква беше за Компанијата АМАК СП? -Токму така, мислам дека 2009 е една од многу тешките да не кажам најтешката година од постоењето на АМАК. И додека, во целиот свет зад кризата која беше најизразена во

8

автомобилската индустрија застана државата со конкретна реална, финансиска помош кај нас за жал немаше таков потез. Но сепак, со големи напори успеавме некако да ја поминеме оваа 2009-та година и да посакаме никогаш повеќе да не се повтори. Почнавме без работа, во текот на годината обезбедивме минимални приливи, минимална работа, меѓутоа сепак доволна за да ги покриеме неопходните трошоци и да дотуркаме до крајот на оваа година. Навистина не би сакал оваа година уште еднаш да се повтори,

таа беше, тешка, кризна,црна година и да се надеваме дека наредната 2010-та ќе биде многу подобра. Компанијата АМАК е пред се компанија ориентирана кон извозот. Што се случуваше годинава на тој план? -Навистина нашата компанија целосно е свртена кон извозот. Ние немаме клиенти на домашниот пазар. Токму затоа, поради проблемите на пазарот надвор и ние се најдовме во големи тешкотии и проблеми. АМАК е присутен на светскиот па-

зар, буквално се бориме со гиганти во автомобилската индустрија. Наша конкуренција се еден Ауто Лиф, којшто е број еден во светот во производство на безбедносни системи , компанија која што има годишен обрт од преку 20 милијарди долари. Иако таа компанија на рускиот пазар ни е главен конкурент успеавме годиниве наназад да се избориме за парчето од колачот таму. Така и оваа година останеме присутни таму и сега сме повторно пред потпишување на нов договор за наредната година. Верувам дека


Интервју и во 2010-та ќе имаме можности и приливи од нашиот извоз со кои што ќе ги покриваме тековните трошоци и едноставно ќе успееме да се избориме за опстанок. Заслгата е лично Ваша, од некогашната фабрика “Застава“ која беше под стечај, создадевте гигант. АМАК СП, неколку години наназад беше најуспешна извозна компании кај нас, со најголем годишен обрт во производството. Светската економската криза негативно се одрази во извозната политика на компанијата, но каде е тука Владата, Ви помогна ли таа за надминување на кризната? - Конкретни потези и преземања за фирмите кои што работаат во автомобилската индустрија немаше, и помош не осетивме. Меѓутоа во рамките на она глобално кое што беше превземено од страна на Владата или беа направени обиди за да се помогне, тогаш како сите компании така и нашата можеби имаше и некоја придобивка. Тука пред се мислам на банкарскиот сектор и во поглед на смалувањето или не дозволувањето на натамошно зголемување на каматите. Значи, во еден момент во почетокот на 2009 година каматите неајнормно се зголемија и се затегна монетарната политика во смисла на неможност за добивање на кредити. Ние бевме изложени на голема беспарица и изложени на неможност да добиеме нови кредити од банките а и за оние за кои бевме задолжени беа драстично зголемени каматите, буквално од 6 скокнаа на 13 %,

што навистина во услови на намален обем на производство беше неиздржливо. По одреден период со преземање на одредени мерки во тој поглед, односно со смалувањето на каматите на банкарските записи сепак малку се смалија тие камати и токму тоа ни овозможи да опстанеме. Инаку,доколку продолжеше трендот на зголемувањето на каматите мислам дека не само ние туку и многу други фирми ќе дојдеа во уште потешка ситуација или буквално ќе бевме притиснати да ја затво-

риме фирмата. Имаше многу работи во текот на годината кои што навистина наместо да ни помогнат ни одмогнаа, односно строгата политика која што ја водеше Владата во поглед на реализација на сите оние планови за исполнување на буџетот ни беше пречка за нормалниот опстанок на фирмата. Значи, обврските во поглед на царинските давачки, даноците и токму тука во текот на месец март имаше некое мало незначително олабавување на таа политика. Тој период можев-

ме да земеме здив и да продолжиме да живееме . Меѓутоа затегањето на ременот во поглед на тие би ги нарекол “драконски“ мерки за наплата на обврските кон државата навистина многу фирми па и нашата ги доведоа на работ на опстанок. Ние моравме да ги подмируваме редовно своите обврски за ДДВ, за данок, за царински давачки кон државата а мислам дека токму тука државата требаше да преземе некои мерки или се уште треба да преземе мерки да ги помогне фирмите кои што се извозно ориентирани со олабавување на таа политика, за да можат да опстанат. Би сакал, во мерките кои што Владата ќе ги предвиди за наредната година да има малку полиберален став кон оние фирми кои што се извозно ориентирани и кои што носат нето девизен прилив во оваа држава и кои обезбедуваат егзистенција за поголем број вработени. Ние сме една таква фирма и потребна ни е поддршка во тој правец како би можеле побезбедно да се бориме со конкуренцијата на светскиот пазар. Вие сте иницијатор, основач и издавач на медиумот за кој го давате ова интервју. Зошто и во моментите на економската криза од која најпогодена беше и Вашата компанија Вие без двоумење продолживте да ги издавате “Охридските новини“?Не само што не го згаснавте овој печатен медиум туку давате целосна финансиска поддршка во неговото усовршување. Зошто Ви е потреб-

9


Интервју но сето ова? - Прашањето Ви е точно онакво какво што и јас честопати самиот себе си го поставувам. Зошто? Големо е тоа, Зошто? Ние Македонците сме познати по инаетот или да бидам попрецизен, упорноста. Многу е лесно да згаснеш многу работи да затвориш фирми, да се тргнеш на страна и да чекаш “она што водата ќе го донесе, за тоа да се фатиш“. Во слатките води живее една риба што ја викаат сом таа лежи на дното и чека со зината уста да го голтне пленот што самата вода ќе и го донесе. Никогаш не сум бил и не би сакал да бидам нешто такво, ниту другите луѓе да бидат такви. Животот е борба, тој е предизвик. Така и одржувањето на еден ваков медиум, кој што не е лесно да се создаде е предизвик. Минаа доста години од создавањето на “Охридските новини“. На почетокот идејата беше весникот да биде само фабричко гласило, меѓутоа постепено прерасна во градски медиум . Денес АМАК Прес Охридски Новини е единствен печатен медиум во Охридско- струшкиот регион. Мислам дека охриѓани го очекуваат со нетрпение секој нареден број на ова веќе убаво списание кое е препознатливо по стилот, содржината и по влијанието што го има врз околината. Навистина би било штета еден ваков медиум после толку години од неговото постоење да го згаснеме. Меѓутоа, се по изразените или потешките услови за егзистирање и опстојување можат лесно да доведат крајот да биде неминовен. Сепак додека постои можност јас нема да дозволам АМАК Прес, Охридски новини да згасне. Две години сте дел од медиумскиот проект врзан со Радио Охрид, односно сте сопственик на првото охридско радио, Радио Охрид..... - Во 2007 година го презедовме мнозинскиот пакет во Радио Охрид кое исто така беше исправено пред предизвикот на обезбедување на сопствениот опстанок. Дури многумина вработени во него во одреден момент изразија недоверба во иднината и се откажаа од него а сепак во услови на изразена криза во компанијата АМАК кога многу вработени ги загубија своите работни месата и кога и самиот АМАК се судри со предизвикот на сопствениот опстанок, успеавме и Радио Охрид да го задржиме и мислам дека и

10

таму направивме голема радикална преродба и ребрендирање. Мислам дека радиото во оваа година го имаше своето најголемо искушение и дека на некој начин успеа да го преброди тој момент и да тргне по еден нов пат исто како и весникот Охридски Новини кој сега со нов имиџ продолжува напред. Мислам дека и двата медиуми натаму ќе тргнат по една помирна патека кон подобар успех и посветла иднина. Вие сте единствениот охридски бизнисмен и воопшто единствениот охриѓанец кој од петни жили се бори за културно и спортско оживување на Охрид. Спонзориравте голем број културно- спортски манифестации и случувања во градов, финансирате меди-

и животот ме присилуваат сите тие активности да ги сведам на минимум. Едноставно, наместо да наидам на одобрување и поддршка од околината наидов на осуда и разочарувачки моменти. Мислам дека другите биле во право. Секој треба да си го гледа само своето и ништо друго на страна. Можеби еден ден повторно ќе се најде некој друг Венко кој ќе вложува и во спортот и во културата и ќе помага насекаде и можеби луѓето тогаш ќе почнат да го ценат сето тоа наместо да го осудуваат. Јас искрено не наидов на разбирање, затоа кошарката ја затворив, стрелаштвото исто така, едрењето е сведено на минимални гранки на поддршка. Останаа уште медиумите но и за нив ми е потребно разбирање и поддршка. Јас не сум расипник, јас

Шапкар со внуката Марија во моменти на одмор

уми,...Зошто Ви е потребно тоа кога можете како сите други да стоите на страна и среќно и весело да живеете до крајот на вашиот живот? -Повторно, Зошто? Сето тоа го правам со желба да бидам пример или да привлечам што повеќе мои истомисленици да тргнат по тој пат. Мислам дека светска криза ги расколеба и оние малкумина кои што го делеа моето мислење, расположение или желба да тргнат во тој правец . А и кај мене лично не владее повеќе такво уверување дека е исправно тоа што го правам. Можеби погрешив, можеби другите биле во право што не се занимавале со такви работи и можеби навистина не вреди човек да вложува и едноставно покрај постоечките проблеми во работењето да си изградува уште и нови. Јас бев ангажиран на многу страни но актуелната ситуација

сум стопанственик, бизнисмен кој знае да создава да твори и со една таква желба да вложува во развојот на многу гранки и сегменти од општествениот живот. Затоа што еден општествен живот не го сочинува само еден бизнис туку го сочинуваат и културата а дел од неа се и спортот, театарот,медиумите и се она што е дел од секојдневието. И токму со една таква желба за развој на културата во нашиот град јас и вложував. Меѓутоа, реалноста, кризата и проблемите кои ги има насекаде ќе ме присилат да престанам со сите тие мои активности. Што е она што во моментов Ве релаксира и оттргнува од секојдневните проблеми? -Во моментов најмногу ме релаксира внуката Марија. Таа е мојот“ лексилиум“ кој помага да надминам се во животот. Таа е најсветлата точка

во мојот живот и најверојатно треба да се посветам на неа, мислам дека и мене така ќе ми биде најубаво. Што очекувате, во Новата 2010та година на професионален план? Очекувам да не се повтори 2009-та година. И покрај кризата што ја имавме вложивме доста во развој на нови проекти. Тераме два нови проекти кои мислам дека имаат голема иднина. Едниот се однесува на топло изменувачите. Зафатот се одвива веќе трета година и мислам дека конечно во 2010-та година ќе биде реализиран со исфрлување готов производ на пазарот за кој што има голем интерес и голема побарувачка затоа што е еколошки и се работи за производ кој што е токму од оние производи кои доведуваат до смалување на потрошувачката на енергија, а тоа е еден од правците кои што неодамна во Копенхаген го разгледуваа големите светски сили, како на глобално ниво да се смали потрошувачката на енергија. Другиот проект се однесува на производот за заштита на човековата околина и е исто така едно од прашањата за кое расправаат големите сили во Копенхаген. Тоа е еколошки производ којшто ќе ја штити човековата околина од загадување, односно еколошки издувни системи кои што се патентирани но во фаза на хомологирање. Штом биде завршена таа фаза ние преминуваме во трета фаза на реализација на производната програма и мислам дека и тој производен програм во 2010-та година исто така ќе заживее. Многу очекувам од него затоа што сме едни од првите со овие два производи, од првите во Европа и во светот кои што ќе имаат нов тип на производ кој што има своја иднина. Значи, покрај тоа што очекувам во 2010-та година да ме држи здравјето, малку да ни се насмевне среќата со овие два производи да ги завршиме работите и да тргнеме полека кон некоја подобра и посветла иднина. Ја користам оваа можност на сите наши читатели да им ја честитам Новата 2010- та Година со искрени желби за многу здравје и среќни, безгрижни денови во неа. На сите христијани им го честитам и Божик.


Чест ни е...

11


Интервју

За доброто на охриѓани со нови проекти во Новата Година Годинава што останува зад нас, беше бурна на политички и економски план. Зад нас оставивме година со локални избори во која по втор пат бевте избран за градоначалник на Охрид. Според Вас кој настан или инвестиција на локалната ја одбележа 2009 –та година? Годината зад нас ќе остане запаметена и по глобалната економска криза од која не остана поштедена ни нашата земја. Кон сите наведени кризни и неповолни елементи се надоврзува и застојот во

12

реализација на општинските програми заради изборниот циклус. Тука се изгубија непотребно неколку месеци. Но, и покрај кризата и сите други тешкотии Охрид во својот развој најмалку ги осети неповолните последици. Дури и во услови на светска криза кога туризмот во познатите туристички држави забележа пад, ние во Охрид бележиме поволна туристичка година. Покрај тоа, забележителни беа инфраструктурните проекти кои ги реализиравме, а кои значат натамошен модерен развој на општина-

та на целото подрачје што значи и периферијата и селските населби а не само градското подрачје. Веднаш по Вашиот реизбор за градоначалник се зафативте со инвестиции во сферата на инфраструктурата, асфалтиравте неколку улици во Охрид, се заложивте за колекторскиот систем кај с. Пештани. Кои инфра -структурни зафати може да се очекуваат во 2010 –та година? Мојата девиза, која се покажа како исправна, е дека во услови на криза

најдобро и најбрзо може да се излезе од неа токму преку инвестирање во инфраструктурата. Ваквиот однос го практикуваме во целиот мандатен период од пред четири години. Ние доколку го сакаме Охрид и доколку работиме за доброто на неговите граѓани мораме тоа да го правиме и да ги реализираме таквите проекти, а не како претходните 10-тина или 20 години да се одлагаат проблемите.Несфатливо е Охрид да е град на УНЕСКО а 20 насто од подрачјето да нема канализација. Покрај другите зафати во таа смисла


Интервју Во годината што изминува Локалната самоуправа презеде неколку инфра -структурни зафати. Со истата динамика ќе се продолжи и во 2010-та година. Ќе бидат завршени колекторот и канализацијата во с. Пештани и с. Лескоец. Колекторот ќе биде предаден во употреба за празникот Водици. Ќе биде завршена изградбата на резервоарите за вода во с. Рамне и с. Трпејца. Во 2010-та година ќе бидат изградени катни гаражи на просторот зад хотел “Ривиера“, кај некогашниот полигон за мали спортови, во близина на спортскиот центар, кај Пазарот и пред Горна Порта, со тоа ќе биде решен долгорочниот проблем со паркинг просторот треба да се посочат реагулацијата на коритото на „Грашница“, изградбата на канализација во Велгошти и Подмоље каде не било инвестирано со децении. Во 2010 година ке продолжиме со започнатата динамика. Ке ги завршиме колекторот и канализацијата во Пештани и Лескоец. Колекторот ќе биде предаден во употреба веќе за празникот Водици. Ке ја завршиме изградбата на резервоарите за вода во Рамне и Трпејца со што ќе се реши целосно прашањето за водоснабдување. Во моментов Охрид нема услови за развој на елитен туризам“вака изјавивте Вие пред три месеци за овој медиум, на прашањето “Дали во Охрид можат да се донесат богати гости“. Дали од тогаш до денес се промениле условите а со тоа можеби и Вашиот одговор на ова прашање? За жал Охрид сеуште го нема тоа што го заслужува и што го посакуваме бидејки нема ни елементарни услови за елитен туризам кој бара елитни сместувачки објекти, пропратни содржини, извонредна сообраќајна поврзаност и пат-

на инфраструктура. Не е изграден ни еден хотелски објект од елитен карактер иаку имаше неколку обиди за тоа. Државата сеуште не покажува разбирање за автопатно поврзување на Охрид со Скопје и изградба на патниот правец Охрид-Св.Наум со приклучок уште кај Косел и негово дислоцирање од крајбрежјето. Кога на ова би додале дека на охридскиот Аеродром сега слетуваат по 10-тина авиони месечно, наместо 10-тина полетувања и слетувања да има дневно, тогаш е јасно зошто го немаме елитниот туризам. Во Охрид туризмот треба да биде основната туристичка гранка. 2-3 години наназад се најавуваат странски инвестиции и градење на елитни хотели. Последниве месеци се најавува изградба на елитен хотелски комплекс “Окото на Охрид“, во близина на Билјанини извори. Но сепак работата никако да тргне, зошто? Сопственоста на земјиштето е спорното прашање за реализација на оваа инвестиција. Се надевам дека државата која полага право на земјиштето и „Трудбеник“ кој го обезбеди инвеститорот за изградба на спомнатиот хотел ќе изнајдат што поскоро прифатливо решение. Ова прашање, во друга или слична форма, се појавува како пречка кај многу други инвстиции или привлекувањето на инвеститори.

мовиран Охрид. Од една страна во најубаво светло се промовира Охрид низ светот а од друга страна УНЕСКО под чија заштита е Охрид, предупредува, Дрезден нека биде лекција за Охрид. Имано надлежните од УНЕСКО за Охрид најголеми замерки имаат откако се искорна старата камена калдрма од охридската чаршија и се замени со големите плочки кои немаат никаква естетска вредност. Замерки има и на реставрацијата на Самуиловата Тврдина како и на градежните зафати кои зачестено се случуваат во првиот ред од езерскиот кеј и во стариот дел од градот. Ве заплашуваат ли Ваквите реакции од УНЕСКО и можноста градот да биде ставен на листата со загрозени подрачја? Тоа се најобични шпекулации за

дневно - политичка употреба. Ги протураат одвреме на време неколкумина сограѓани кои сметаат дека на тој начин ќе му напакостат на актуелниот градоначалник или актуелната локална власт. Никаде и ниту една официјална личност од УНЕСКО или националниот комитет нема забелешка од типот на таквите шпекулации. Впрочем, и старата чаршија и калдрмата и тврдината се грижа на министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Се чини, со протурањето на такви шпекулации како ние самите да сакаме да биде Охрид избришан од регистарот на УНЕСКО за да некој си има дежурна тема за политички препукнувања а не за доброто на Охрид. Конечно, дека е точно ова што го наведувам, дека нема ни збор за некакви забелешки од УНЕСКО,

Владата на Република Македонија има намера под концесија да ја даде секоја педа слободна земја на Охридското крајбрежје. Тоа значи никнување на плажи на секоја педа. Каков е ставот на локалната самоуправа околу ова прашање? Веке е познато дека од 2011 година со земјиштето па и крајбрежјето ке стопанисува општината. Сметаме дека нема потреба за една година да се креира крајбрежјето по мерка на министерството кога се знае дека општината најдобро може да ги решава потребите за плажи и сл. Мојот став е дека крајбрежјето треба да го уредува општината бидејки и одржувањето, од аспект на хигиената е обврска и грижа на општинското комунално претпријатие. “Охрид – град на светлината“ беше насловен спотот кој се емитуваше на светски познатата мрежа СИ-ЕН-ЕН , неодамна во елитното списание “Парламент“ што во 15. 000 примероци се дистрибуира во Евро- парламентот, на три страници беше про-

13


Интервју

14

јавноста во неколку наврати се увери и од искажувањата на Паско Кузман како прв човек на Управата за заштита на наследството, па и Амбасадорот на УНЕСКО, Јордан Плевнеш. Верувам дека и сега тие можат да ви го потврдат истото.

Сепак, останувам на ставот дека се’ она што ја грди сликата за изгледот на градот особено стариот дел, ке биде отстрането па затоа е добро граѓаните да не трошат попусто пари во такви намери бидејки ќе им биде пропадната инвестицијата.

Оваа есен најавивте рушење на сите дивоградби во Стариот дел на градот а потоа и на други места во Охрид. Како се движат работите на овој план. Сте рушиле ли нешто до сега и како ќе се справувате во иднина со дивоградбите? Најавите за расчистување на проблемот со дивоградбите се базираа на најавеното донесување на Законот за легализација на дивоградбите од страна на владата за месец септември. Како што гледаме тој закон сеуште не е донесен, а го очекуваме него заради тоа што треба да се знае дали некои градби можат да се вклопат во плановите и под кои услови, а кои не може. Не смееме да си дозволиме грешки во смисла нешто да срушиме а подоцна , со Законот се утврди дека можело таква градба да се легализира. Вториот сегмент е и најавеното донесување на Законот за Охрид бидејки и со овој закон многу нешта битни и за урбанистичкото уредување ке бидат регулирани.

Наплатни рампи на секој чекор, премногу возила а малку места за паркирање. Состојбата е особено хаотична во лето кога бројот на возила се зголемува паралелно со бројот на туристи кои престојуваат во Охрид. Уште пострашно е што охриѓани не се платежно моќни да плаќаат по 30или 50 денари ако го остават автомобилот на паркинг. Токму поради тоа мнозинството од нив автомобилите ги паркираат таму каде што ќе најдат место најчесто во аголот на некоја улица. Само да не платат. Има ли услови во Новата година Охрид да добие катна гаража, или постои друг начин да се реши сообраќајниот хаос? Гужвите кои во сообраќајот се создаваат во еден период на летната сезона се далеку од она што би се нарекло хаос. Ние како домаќини сами придонесуваме до таквата слика бидејки охригани кои од домот можат за 5 минути пешки да дојдат до центарот, доагаат со своите воз-

ила и ги запоседнуваат паркинзите. Втор елемент за таквите гужви е навиката на охригани место гаражи во куќите да прават деловни простори кои ги издаваат под наем за неколку стотини евра а возилата ги оставаат на тротоарите или ќошиња од улиците, Како и да е, заради подобрување на амбиентот на градот и подобрување на туристичката понуда, ние ке продолжиме со инвестирање во нови паркинг простори. Во план е изградба и на катни гаражи на просторот зад хотел „Ривиера“, кај некогашниот полигон за мали спортови, во близина на спортскиот центар, кај Пазарот и пред Горна Порта. Сметаме дека со тоа ке се реши долгорочно и проблемот со паркинг простор. Постојат ли услови или до каде е работата со децентрализацијата во сферата на културата и образованието во Охрид. Во неколку наврати имам кажано дека е жалосно што сме најцентрализираната држава во Европа. Дури и земјите во нашето опкружување ја спровеле децентрализацијата одамна, а кај нас моментално таа е во целосен застој. Сметам дека тоа е чисто заради политички причини. Инаку, факт е дека онаму каде ни се пренесени некакви ингеренции,

таму постигнуваме извонредни резултати па така е и во образованието. Јас постојано укажувам дека е нужно децентрализацијата да биде што поскоро завршена бидејки тоа е во интерес на граѓаните и е илустрација за степенот на демократизација на општеството. Каква е тоа придобивка за граѓаните од една локална заедница, станува јасно ако се наведе фактот дека во децентрализираните држави дури 50 до 70 насто од остварените приходи и зафаќања остануваат во општините, а сега кај нас тоа е само 3 посто. Па проценете сами колку се обесправени општините односно граѓаните за својот локален развој. Која е Вашата новогодишна порака до Охриѓани? Вообичаено е на своите сограѓани и пријателите на Охрид кои ги имаме секаде низ светот да им посакам добро здравје, радосна и бериќетна година. Нека биде тоа година со помалку проблеми за секој посебно и за заедницата во целина, да ни се остварат планирањата и да забележиме нов исчекор кон подобар и посреќен живот.


Охридски легенди


Од друг агол д-р. Томислав Тунтев

Семејството е смислата на мојот живот Томислав Тунтев е доктор по технички науки и единствен од областа на воздушниот сообраќај кај нас Тој е професор по стручни предмети на Техничкиот факултет во Битола,директор на Секторот за Сообраќај на Охридскиот аеродром и актуелен советник во градскиот совет. “За се она што сум денес заслужно е моето семејство, тоа ми ја дава енергијата потребна за реализирање на сите професионални и други општествени обврски. Од денешен аспект ги сфаќам зборовите на татко ми Никола кој додека бев ерген и “скитав“ низ кафулињата и дискотеките често ми велеше“Синко, еден ден сам ќе си се сретнеш по чаршија“.И навистина било така, човек без семејство е никој и ништо колку и да е професионално успешен“, вели Тони Тунтев секогаш расположен за дружење и комуникација. Кога бев дете себе си се замислував како.... Јас имав голем број замисли. Се замислував како доктор она што беше татко ми Никола. По некоја традиција тоа што го гледаш од родителите тоа те привлекува. Еден период ме привлекуваше научно едукативната- педагошка дејност односно да бидам професор како мајка ми Поликсена. Сакав да бидам и пилот како секо дете. Кога ќе видев авион на небото мислев дека нив ги управуваат натприродно надарени, талентирани луѓе. Судбината ме натера професијата да ја насочам токму кон воздушниот сообраќај. Всушност кога се запишав на факултет не ни знаев каков факултет запишав. Имено, кога завршив средно училиште почнав да ги спремам приемените предмети, хемија и биологија за Медицин-

16

скиот факултет а сето тоа го правев токму да ја испочитувам семејната традиција, татковците доктори си ги спремаа децата да ја наследат нивната професија. Добро се сеќавам дека веќе ја имав поминато неорганската хемија и а од биологија областите:клетка и ткиво. Татко ми беше доктор кој си ја сакаше работата и беше целосно внесен во неа. По еден сериозен разговор со него тој ми кажа дека во основа медицината е тешка професија која бара големи жртви во приватниот живот и дека е добро да размислам за некоја друга област. Сега сфаќам дека татко ми беше гласот на совеста во мене. “Има еден факултет во Белград кој се вика сообраќаен“ ми кажа тогаш тој. Самото име на факултетот ме асоцираше на полиција. Во тој момент јас немав претстава за каков факултет станува збор.

Но од директор на охридскиот аеродром, кој беше добар пријател со татко ми, разбравме дека станува збор за сообраќаен факултет од делот на воздушниот сообраќај и транспорт и дека се дефицитарни таквите кадри на охридскиот и скопскиот аеродром. Немав време за размислување, морав брзо да донесам одлука се работеше не за денови туку за часови. Спремав предмети за приемниот испит по медицина а веднаш требаше да се фатам за книгите по физика и математика. За два часа расчистив самиот со себе и тогаш видов дека сум склон на нови предизвици. Желбата за нешто ново, непознато и да бидам единствен кај нас што ќе го заврши тоа училиште беше основниот порив во еден ден да се одредам за тој факултет. Станав прв дипломиран инженер за воздушен

сообраќај и транспорт во Република Македонија. Зажаливте ли за донесената одлука, не Ве плашеше фактот дека студирате на “неиспробан “ факултет? Мислев дека ќе биде предност, а на почетокот всушност беше голема мана. Во прво време немаше ни со кого да правам муабет на теми од областа на воздухопловството ниту некој ме разбираше. Секогаш повеќе ме ценеа надвор во околниве држави одошто кај нас. Но јас бев упорен, темелит, трпелив и полека почнав со професионална активност овдека на охридскиот аеродром. И во мојот професионален работен стаж од 18 години, секој ден се потврдува дека има можности и услови ако човек сака да работи и да се внесе во професијата


Од друг агол Да небеше Вики крај мене јас немаше да бидам она што сум денес

и дека има можности да ги канализира работите. Ми се потврди фактот дека изборот беше правилен и јас продолжив со мојата стручна едукација. Во меѓу време се расплинав и на повеќе други области , но мојот професионален избор остана до денеска. Какво дете беше Тони? Од мал, комуникативен, дружељубив. Малку незграпен но секогаш расположен за детските игри во кои најчесто бев полицаец. Ќе се вратев од училиште и веднаш ги завршував училишните обврски. Тоа подоцна стана и мое животно мото. Тоа што е обврска во моментот да се заврши. Јас не разбирам луѓе кои некоја работа едвај чекаат да не ја завршат или одложат. Заврши ја работата без одлагање за твое и добро на оној што ја чека таа работа. По Вашето враќање од студиите во Белград, покрај професијата Ве интересираа и многу други работи од областа на културно- забавниот живот во Охрид. Во 90-те години од минатиот век во голема мера придонесовте да заживеат една локална телевизиска куќа и две радио станици а бевте познат како човекот кој умее да ги организира најубавите ноќни и денски забави во тогашната дискотека “Палас“. Бевте режисер и актер во Охридскиот театар при домот на култура а во истиот тој период 1993-96 година учествувавте во работата на машкиот камерен хор. Зошто Ви беа потребни толку многу ангажмани? Не Ви беа ли доволни професионалните обврски? -Во Белград во периодот кога јас бев таму 1986- 1991 година имаше студенти од цел свет. Тоа беше вре-

Тони со сопругата Виолета и децата Поликсена и Теодор

ме кога Господ шеташе по земја. Тоа беа години на неверојатна либерализација на младиот свет, ослободување од политички стеги. Да бидеш студент во Белград беше привилегија не само од едукативен туку и од аспект на слободен студентски живот. Секојдневно се одржуваа по десетици театарски претстави и концерти. Во студентскиот град постојано се случуваа некои перформанси затоа што студентското движење беше најсилно во Белград . Културно –забавниот живот беше во полн ек а јас бев постојан корисник- консумент на тие случувања. Тоа беше одлична можност за културно издигнување. Тоа беше време на појавување на првите приватни радио- телевизиски станици. Немаше табу теми за се јавно се зборуваше и коментираше. Студентските демонстрации против режимот на Милошевиќ во кои учествував јас, никогаш нема да ги заборавам. Прв пат на тие демонстрации се почувствував како некој и нешто кој може нешто да промени, да учествува во градењето на една нова иднина. Кога се вратив во Охрид се вработив како стипендиста на охридскиот аеродром, и тогаш се најдов во едно сивило, медиумско, културно, уметничко. Во Охрид ништо не се случуваше. По завршување на работното време можевме да одиме само во кафулињата “Мецо- форте “ и “Леа“. Немаше кино и театар. Тогаш си реков себе си, ако не можам да бидам консумент на добри издржани уметнички перформанси добро е да се обидам да ги направам. Најдов неколку личности со кои го делев моето мислење и така влегов во работата на една локална телевизиска куќа и во две радио станици меѓу кои и радиото “УНО ФОРТЕ“. Забавите во дискотеката “Па-

лас“ никогаш нема да се заборават. Имаше диџеј и тиџеј ( јас бев вториот оној кој се обидуваше да анимира и да произведи некоја забава за посетителите. Мислам дека и денес сите се сеќаваат на тие забави особено дневните кои беа единствени во Македонија. Во тие години се зафатив со една голема работа. Сакав да го обновам театарот, собрав 30 млади ентузијасти. Јас сум горд што во тој театар прв пат почна да глуми Ирена Ристиќ потоа Ристо Бимбилоски , Долорес, Саше Робески, Жанко З`Ш Голабоски и многу други. Ако денес е чудно да се работи без пари тогаш беше реалност. Овие млади ентузијасти и јас вежбавме глума по 5-6 часа секој ден без никаков паричен надомест за вложениот труд. Сите делевме една мисла “Ќе изгинеме за слава“. Нас ни беше битно да се појавиме на сцена и да кажеме дека има охриѓани кои умеат да отворат и радио и телевизија и театар. Јас бев тој што се осмели на плакатите да напише: Охридски Драмски Театар. Првата претстава се викаше “Куклите убиваат“ на текст од Казанзакис. Тогаш ја добивме првата театарска критика објавена во дневниот весник “Нова Македонија“. Втората претстава “Ѓаволски приказни“ беше направена на текст на Кирил Пенушлиски. Претставата беше емитувана 13 пати а учествувавме и на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани. Следуваа гостувања низ градовите во Македонија.“Кукавичино јајце“ беше третата драмска претстава а паралелно со неа јас се зачленив во Машкиот камерен хор што во Домот на Култура “Григор Прличев“ го водеше Наум Гаврилоски. Мене ми е жал што пропадна проектот со театарот но се уште не е доцна. Како сегашен советник ќе се залагам за негово оживување. Се чувствувам

горд што сум придонел некои работи да тргнат во права насока. Велат дека човек кој не успеал да оформи семејство колку и да е успешен во професијата се му паѓа во вода. Колку е значајно за Вас семејството и дали тоа допринело за она што денес сте Вие? - Кога прв пат ја здогледав Виолета мојата денешна сопруга веднаш ми одвлече внимание. Можеби не во првиот но веќе во вториот момент јас знаев дека таа е жената на мојот живот. Во брак сме 12 години. И јас и таа знаеме дека сме имале касмет. Во секој случај јас сум имал поголем касмет што сум со неа отколку таа со мене. Секогаш велам дека најмногу уживав на мојата свадба. Чувството кога ни се роди ќерката Ена го знае само оној кој станал родител. Никогаш по возвишено и позбунето не сум се чувствувал. Одите на гинекологија двајца а се враќате тројца, тоа е чудо на природава, тоа не се објаснува со зборови. Од тој момент човек почнува да ја сфаќа смислата на животот. Додека сте млад ве интересира само излегување по диска и кафулиња, но тоа не може да биде секогаш приоритетно. Јас се сеќавам на еден муабет од татко ми што ми го кажа кога бев млад и буквално не се завртував дома. Тој ми рече вака “еден ден сам ќе си се сретнеш по чаршија“. Тоа не го сфаќав тогаш. Човек додека е млад мисли дека тоа што го прави тоа е смислата на животот. Кога ќе сфатиш дека си одговорен за еден нов живот кој зависи од тебе тогаш веќе гледаш дека се тоа што си го правел до тогаш има смисла само заради ова што е случено. Така јас размислувам. За мене основната поента на секој брак се децата. Се се трансформира во животот, нема

17


Од друг агол Се што правам има смисла затоа што е за ќерка ми Ена и син ми Тео

чувства што владеат од раѓање до смрт. Има трансформација на чувства и добро е што ја има . Човек секој ден е побогат со нови искуства и чувства. Некогаш се добри, некогаш не. И лошите чувства тој што знае да ги преболи се искуство за да можете повеќе да уживате во убавите работи. Животот во основа е убав. Со раѓањето на ќерка ми мене ми се промени сфаќањето за животот. По четири години ни се роди синот Теодор. Јас трошам енергија, ме има на сите страни а сето тоа има смисла затоа што е за нив, за моето семејство. Сопругата Вики е жртва за моите амбиции за професионално напредување во мојата кариера, таа е жртва за моите амбиции во областа на стручната едукација, таа е жртва на моите политички ангажмани и чести патувања и ангажмани како професор на факултет. Терминот жртва сфатете го условно затоа што таа уште од почетокот беше подготвена на таа обврска и како мајка и како сопруга. Јас сум многу среќен што дома моето отсуство кое најчесто е оправдано децата не го чувствуваат затоа што Вики им дава една огромна мајчинска љубов и грижа. Обврските дома речиси во целост се нејзини. Затоа велам дека поголем касмет сум имал јас што сум ја нашол неа отколку таа мене. Мислам дека најмногу време ми недостига да поминам со нив дома. Мислам дека нема ништо што може да се спореди со она што може човек од фамилијата да го црпи. Јас тврдам дека целава енергија што ја имам во себе и сакам да ја потрошам на различни прогресивни работи ја земам од семејството. Човек не може да има успешна кариера во ниеден профил или област доколку дома не постои слога, љубов и разбирање. Се согласувам со мислењето дека зад секој успешен маж стои успешна жена. Можеби успешноста на едниот или другиот партнер нема да биде вери-

18

фицирана со титули или функции но тврдам дека јас без мојата сопруга немаше да бидам она што сум сега. Секако за мојот успех заслужни се и моите две деца односно она што како љубов и енергија го добивам од нив. Свое место имаат и искрените пријатели, зошто ние не сме ни богови ни ѕверови да живееме сами. Денеска сте актуелен советник во градскиот совет, како влеговте во политиката? -Во политиката не влегов со цел да влезам со политиката. Има луѓе кои во политиката влегуваат да градат политичка или пак професионална кариера. Мојата професионална кариера и се што сум постигнал на професионален план без оглед дали се работи за аеродром или како професор на битолскиот факултет нема никаква врска со мојот политички ангажман. Јас мислам дека за активно бавење со политика се уште сум млад затоа што мислам дека се уште можам да придонесам многу во мојата професија. Да ја искористам струката и знаењето за лично и општо добро а на стари години можеби и активно ќе се бавам со политика во смисла да градам политичка кариера . Значи јас не влегов во политика нити со намера за политичка кариера ниту со намера за професионална кариера. Јас влегов во политика воден од мое убедување дека “Луѓе прават, луѓе расипуваат“. Читајќи стручна литература и согледувајќи ги фактите од историјата јас сфатив дека лево ориентирана партија носи развој значи по логика на нештата десно ориентирани партии се конзервативни. За мене политичка партија не претставува личност, претседателство или извршен одбор или кој ќе е лидер. За мене е важна идејата. Моите партиски активности не почнаа со некоја цел или намера. Оваа година јас изразив желба да бидам

член во советот. Главната причина е да се обидам и на тој план нешто да се направи подобро за Охрид. Тргнувајќи од интересите на сопствената улица и мала па од интересите на тие што живеат во другите делови на Охрид. Можеби наивно но се уште верувам дека секој поединечно може да придонесе такви работи да се случуваат. Не можам да кажам дека работите се одвиваат така како што планирав. Морам да кажам дека некогаш политиката е многу гнасна работа, таа е многу неблагодарна но тоа не дава за право да се откажеш од неа. Политиката е поле на само докажување .Не велам дека ќе успеам меѓутоа велам дека не сум оптоварен со мислата дека четири години мора да останам советник или дека после тоа морам да станам пратеник, директор или министер. Тоа не се мои амбиции. Во општински совет нема голема политика, елементарните потреби на луѓето во Охрид не зависат од политиката туку од водоводот,канализацијата,

држење на вежби и предавања под менторство за група воздухопловни предмети на насоката за воздушен сообраќај на Сообраќајниот отсек на Техничкиот факултет во Битола. По објавениот конкурс за после дипломски студии “Сообраќајно транспортно планирање и инженерство“ на факултетот размислував дали да се запишам или не. Да бидам искрен немав некоја амбиција затоа што професионалнава ориентација веќе ја имав одбрано. Но под влијание на сопругата и мајка ми се запишав на после дипломските студии. По две години и шест месеци се стекнав со звањето магистер на сообраќајни науки. Од аспект на магистер јас можев под менторство да држам предавања и вежби на студенти. Есента 2006-та година почнав да собирам материјали за докторатот во мај идната година доставив пријава до Техничкиот факултет за да ми се прифати тема за докторат. На 12-ти март 2009-та година успеав да ја одбранам докторската дисертација и со тоа станав доктор на науки

Не сакам снег но одиме на зимување атер на децата

екологијата, од тоа дали ќе стигне платата за покривање на месечните трошоци. За решавање на овие проблеми не е потребна политика, туку залагање на советниците истите да се решат. Во моментот кога ќе почувствувам дека “со глава ѕид не се урива“односно нема услови за донесување одлуки во полза на охриѓани јас ќесе повлечам од политиката. Покрај професионалните ангажмани на Охридскиот аеродром, вие сте и професор по предмети од областа на воздушниот сообраќај и транспорт на Техничкиот факултет во Битола.... - Мојата кариера на полето на едукација дојде природно, затоа што веќе бев ангажиран како експерт од областа на стопанството за

од областа на Техничките науки и првиот од областа на воздушниот сообраќај. Ме радува фактот што темите од магистерската и докторатот се поврзани со моево професионално искуство и се однесуваат, магистратурата на аеродромот во Скопје а докторатот на аеродромот во Охрид .Станува збор за применливи модели. Тоа ме радува ни магистратурата ни докторатот не се апстрактни и залудни. Кога би имал волшебна моќ што би променил за време од 10 минути? - Би симнал неколку килограми од мојата телесна тежина. Друго ништо не би менувал, задоволен сум од животот онаков каков што ми е.


На кафе Локалсо...

19


Охридски легенди

Куќата на Уранија вистински мал дворец пишува Владо Жура Некој рекол : столот си е секогаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, ако во неа не живее никој! Минувајќи секојдневно по улиците наши, замислени во сопствените обврски и грижи, а најповеќе задумани за длабочините на нашите џепови, врвиме покрај убави куќи, зданија ....необрнувајќи им го заслуженото внимание. За нас тоа се куќи ! Големи, мали... убави, грди , приземја со дуќани, разни офиси, претставништва, канцеларии... со пред нив истопорени тезги од разноразни производи од пластика па се до прехранбени земјоделски производи - тикви, јаболка....! За нас се тоа куќи . Воопшто не не интересира кога се изградени, кој ги проектирал или дали во неа некој живее... Стариот дел од градот не се одликува со толку голема раздвиженост по тесните улици, нема продавници, нема комерцијални објекти... ама има историски споменици, цркви... и стари, и нови, ем реновирани куќи - вредни примероци од некогашната градска архитектура , на која и се восхитувале и светски познавачи на градителските умешности. Тие останувале напросто омаѓијани и вчудовидени од духот на куќите , взаемната поврзаност на нивните жители со својата куќа - дом по своја мерка на мало парче земја ама вклопен, напросто сраснат со околната природа ! Напросто биле стаписани од внатрешнота на тогашните куќи, нивната до најтесен ќош искористеност а во исто време и просторност, не само заради комотно и топло домашно живеење, ами дури и за раскош, се разбира во потоплиот дел од годината! И денеска старото градско јадро го красат прекрасни куќи - стари, обновени, новоизградени...ама духот како да го нема. Најубавите примероци на градската архитектура се само куќи...а не и домови! Некој рекол : столот си е секогаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, ако во неа не живее никој! А такви куќи во Варош- приемната или гостинската одаја на Македонија, има многу. Старите прекрасни зданија на некогашната славна охридска градска архитектура се урнати или пак обновени и пренаменети во институции, кафеани, сезонски ноќевалишта...или пак во празни палати за дваесетдневно престојување во текот на годината, како белег на успешноста на нејзиниот нов сопственик , во овој таканаречен транзициски ( се прашувам кон што??!) период од нашето живуркање. Со два-три збора духот на некогашниот начин на живеење неповратно исчезна ! Во стариот дел на градот животот замира, како што згаснал и во прекрасната куќа, денес позната како `Уранија`, во која некогаш се живеел живот, се слушал детски џагор, деца се раѓале, стари умирале...!

ОТКАДЕ ИМЕТО `УРАНИЈА`

Ако само малку гребнеш со ноктот по не толку застарени и со прашина покриени документи од нашето минато, пред нас се појавува една неверојатна слика а може и да се напише еден цел роман за значењето на оваа куќа и поколенијата нејзини жители, во текот на децении и векови наназад ! Според усните преданија на повозрасните изградбата, или поточно обновата на куќата со нејзиниот препознатлив лик , денес викана ` Уранија`, се поклопува со обновата на куќите Робески , отспротива на истата , во шеесеттите години од деветнаесеттото столетие. Стопаните тогашни, соседи, напросто се натпреварувале кој ќе изгра-

20

ди поубава и повисока куќа, кој што повеќе ќе зафати од небесната убавина.. како доказ на престиж, на нивното материјално богатство и местото во тогашното општество . Тоа подразбира дека и и едните и другите биле градски првенци иим се можело да си дозволат таков салтанат, да нарачаат мајстори кои ќе направат ремек дела за приказ , ем архитектонски надворешно да пленуваат со својата убавина, ама ем со невидена разиграност и раскош во внатрешноста, кои долго ќе сведочат за едно време од бурната историја на нашиот град.

КУЌИТЕ НА АНГЕЛЕ И ТАСО РОБЕ Прекрасните две куќи денес споени во една позната како Куќата на Робеви - Музејот на Охрид , секому е познато дека денешниот изглед го добила по 1861 година, по насилничкото опожарување од страна на аздисаниот Устреф беј! Пишаните документи укажуваат дека споменатите Ангеле и Тасо, синови на Стефан Робе ( кој починал 1814 оставајќи им трговска фирма) не биле староседелци во оваа куќа, значи истата не им се пад-

денес куќата на Уранија и Робевци нала во наследство од нивните стари, ами куќата ја купиле во текот на 1825 год.од нејзиниот тогашен стопан Јаким Пендо . Браќата, тогаш веќе стасани заможни трговци имале можност да си дозволат да купат куќа на најпогодна локација и купената куќа да ја урнат до темели за да подигнат сосема нова куќа - од приземје и два ката. Истата била завршена и предадена во употреба на 15 април 1827 година. Во јануари 1861 Устреф беј ( брат на Осман беј - оној истиот од песната`Ја излези на пенџера...` , страстен љубовџија, но и злодејпознат и како убиец на Константин Бакал , виден охридски трговец ) ја запалил до темели куќата на Робевци, па еден од нејзините стопани познатиот Д-р Константин Робе направил давија, која ја упатил до властите во Битола , од таму дошол јузбашија и наместо Устрефа го затворил даскалот Димитрија Миладин, под об-

винение дека бил шпион руски, за кое нешто бил наклеветен од Ристо Капче, чиј внук од брат - сирак Јон Капче, даскалот Митре го пуштил на учење во Русија! Ова е битно за натамошниот след на настаните!) Да споменеме и тоа дека на опожареното место никнала сосема нова градба- односно две споени куќи, чиј главен градител се споменува Тодор Петков од с.Гари, а куќите се граделе полека, мераклиски во периодот 1861-1863 г. и мајсторите-резбари не смееле да општат ниту да ги гледаат своите дела межусебно. Така кажува преданието. Д-р Константин Робе живеел во левата половина од денешната куќа, а неговите братучеди Јаким, Димитри, Никола и зетот Јонче Паунче во десниот дел. Разликите при градбата и внатрешното уредување и ден денеска се очевидни!

КУЌАТА `УРАНИЈА` Преданието вели дека како пандан на куќите од Тасо и Ангеле Робе била изградена куќата од каршија, само на неколку чекори . Додека куќата Робеска плени со својата


Охридски Локал легенди

ЗА ФАМИЛИЈАТА САПУНЏИЈОСКА куќата Уранија некогаш

грандиозност, куќата `Уранија` плени со својата внатрешнина, топлина, дух...и распосланост над карактеристичните охридски тесни сокаци-познати како `темници`! Кои биле сопствениците и жителите на оваа прекрасна куќа, вистински мал дворец? Како последен нејзин жител, во еден дел од ова волшебно здание, се споменува Уранија, старица која живееле осамено, повлечено.. и душа пуштила на длабока старост некаде 1936-тата, не оставајќи зад себе пород, само неколку блиски наследници. Нејзиното име било Уранија и била една од трите ќерки на Гаврил Сапунџи, заможен граѓанин, кој можел да се натпреварува дури и со пребогатите трговци, лихвари, доктори...од фамилијата Робе. Гаврил Сапунџи, самиот или веројатно со своите браќа Јон и Григор е нарачателот на обновувањето на старата семејна куќа Сапунџијоска. Намерно го споменувам фактот дека куќата била вековно наследство во рацете на фамилијата Сапунџијовци, познавајќи го значењето и присутноста на оваа охридска фамилија во севкупниот живот на градот, како и нејзиното разгранување од колено на колено. Тука би го навел фактот на совпаѓање при делбата на куќите од колено на колено во една иста маала- на пример малата Геракомија (Дом за старци), во која се наоѓа и споменатата куќа `Уранија`. Веднаш до `Уранија` залепена е куќата од Филевци (`гонскион`) чиј предок Стефан Филе дошол во куќата како домазет за Елена Сапунџи, а веднаш до оваа куќа е онаа од Дулета Узунчета (Христо Узунов) чија што баба од мајчина страна била од фамилијата Сапунџијоска , Агнија Сапунџи-Чакар ! Се работи од комплекс кој го сочинуваат три не така мали куќи, одвоени од останатите соседи со сокачиња од сите четири страни!

попис на домаќинства Геракомија ,Коста Сапунџи

тестамент на Уранија 1935 г., жителка на ул. Кралица Марија 79

Кољо Сапунџиев, имигрант Во текот на децениите и столетијата зад нас секако се правени пописи на населението . Причините биле најразлични, но во основата битна била бројноста на главите на семејствата и работоспособноста на граѓаните заради оданочување од страна на тогашните власти, а и за потребите на црквата- кои биле парохјани, кои денови чинеле слава на своите домашни светци-заштитници...и заради честитање именден! Ние располагаме со еден попис од пред 320 год кој го направила една мошне интересна личност позната под името Кузман Китијски! Тој, чие вистинско име било Константин ( син на Елисавета и Димитри Мавруди ), бил по потекло од Тунис ! Неговиот животен пат е исполнет со бројни перипетии, престојувал на Кипар, па во Цариград, на Синај...бил дури и во Версај, Париз и имал лични средби и преписки со тогашниот крал Луј XIV ( попознат како `кралот сонце`, како и по изреката `државата-тоа сум јас!)...ама патиштата се чудни и непознати, па преку Елбасан стигнува во Охрид, како вршител на должно-

ста архиепископ на Охридскиот престол.... за по неколку години да го оконча својот животен пат во Драч, под името Кузман Дирахијски ! За неговиот придонес кон црковното дело, во некоја друга прилика, сега го имаме пред нас пописот на парохјаните по цркви во Охрид , а нас не интересираат главите на семејствата кои се водат при црквата Св.Никола Геракомија: поп Нико, Коста(нтин) Сапунџи , папа Гаврилица, Нико Стамо, Сардос нику (Шардо Нико), Русе

терзи-ја, Ѓоршо /е/мануил, Кочо Мили, Заро Шуље, Герасим шулиа / Шулка ?/ , Димовица божа, Стефан ровпи (Робе?) , Крста , Нико Дедо , Захариа Марко , Балку Манули, Стефан Киријак ??, Митре Терзија, Нинко кујунџи.. .или вкупно19 домови (в.оригинал )! Секако ќе речете не е од некоја голема користнема фамилијарни имиња одн. презимиња....но има податок дека некој Константин Сапунџи....и евентуално Стефан Робе биле стопани

21


Охридски легенди - глави на фамилии и жители на маалата Геракомија, во која и денес се издигаат предметните куќи! Огромен број на факти следуваат во наредниот период... _______________________________ Од записите на хроничарите имама повеќе факти за фамилијата Сапунџијоска:1815 во нивата на Никола Сапунџи тогашниот господар на Охрид Џеладин беј почна да го гради Јени сарај! Во 1821, на 7 април, паднала наредба да се попиши сето оружје варошко - и тоа се направи горе во нивата на Јакима Сапунџи, па се однесе сето на Сарај;26 април му го украдоја сапунот на Григора Сапунџи-сите се потписале кефили еден за друг ..Во 1829 хроничарот запишал дека градски првенци тогашни биле Ангеле Робе , Атанас Димзо, Ангеле Никола Сапунџи, Јон Чобан, Наум Топејнчар, Никола п:Стефанија, Константин Паунче, Д-р Димитри Залакоста, Ангеле Наум Бакал, Кочо п:Апостол Сапунџи , Константин Д. Манче, Кочо Н/Наум епитроп/ Скопаче , Ангеле Кецкар - што значи 13 мухтари, одн.по 2 старешини од секоја маала...1830 Ристо Сапунџи , учител, поранешен ученик на Д. Миладин; гостинската одаја со џанфес миндери

1836 е роден Јаким Кочо Сапунџи, братучед на Робевци и најверен другар низ сиот живот на Григор Прличе; 1840 на прилепскиот панаѓур заедно со Димзовци заминал и Сотир Сапунџи со синот Коста и внукот Стојанчо;1841 Анастас п:Aпостол Сапунџи заминал со карван на трговија со Бр.Димзовци;1846 одборниците - ефории Јон А.Сапунџи и Хр.Манче (покрај архиерејот и игуменот го заверувале кодексот на манастирот Св.Наум );1850 , 1 ноември , независна комисија без владиката Дионисиј , направила ревизија на сметката на игуменот: членови Анастас Робе, С(нечитливо)..., Јон Сапунџи, Андроник п:Наум, Евстатиј проестос- тогашен претседател .на Охридската општина;1854 Јон Анастас Сапунџи, нoвинар во Атина ;1857 А.Робе, Ан.Зарче, Анастас Сапунџи, Насто Анастасиу, Никола Беле, С...., и ефорот на манастирот Андроник попНаум - потписници на сметката манастирска Св.Наум;

22

Во 1860 Кузман Шапкарев му пишува на уредникот на весникот `Дунавски лебед` Ѓорѓи Раковски во Белград, новости од Охрид :....фала за писмо и списание испратени по Наум Котуш ........порано многу охриѓани заминале во Атина , а г-дин Михаил Бодле , сегашен тамошен министер, има живи роднини в Охрид , а гдин Јон А. Сапунџијовски е уредник на весник во Атина....примете по Јанета Т. Чапак примероци од книгите од Маргарит Г. Димзо и од Григорие Крстович Прличе;1860 па се до 1866 Анастас Сапунџи се јавува како потписник на финсиското работење на манастирот Св.Наум;1861 година Григор Прличе, заедно со Јаким Сапунџи ќе ја почнат борбата против грцизмот!;1869 контролата на финансиското работење на богатиот манастир Св.Наум ја превзема охр.општина и така се до 1873, поставен е надзорник-епистатис Андроник Зарче а седумминатапотписници на сметката се: епитропот Григор Паунче, епитропот Петре Огнен, Коста Карадимче, Ставре Н/?/ Филипче, Георги К.Бодле, Григор М. Сапунџи;1870 попис без владиката Мелетиј, надзорник Андроник Зарче, епитропот Григор Паунче, епитроп Петре Огнен, Насто Анастасиу, Јаким К.Сапунџи. ;1871- 72 манастирски надзорник Андроник Зарче, ефорите Гр Паунче и Петре Огнен , Ангеле Групче, Илија К. Чобанов , Анастасиј Дафина, Гаврил Сапунџи и Григор С.Прличе. потпис со кирилица;1872 Охридската општина му го честита именденот на гдин Гаврил Сапунџи;1893 Наум Сапунџи назначен за учител во Вевчани;1895 година за црковни потреби направен е попис и во маала Геракомија, под реден број почнувајќи од првата куќа на улицата броејќи од десната страна, па како стопани на семејствата ги сретнуваме :1. Ламбе Нанев; 2. Јон Патче ; 3. Наум Трпејчанин ( во куќата од Ј.Патче) 4.Јаким Патче со 2 сина / куќа Григор Скопак/; 5.Климе Патче; 6.Константин А.Робе со 3 сина; 7.Темко Саввин, син Михајло; 8. Дамјан Јованов (куќа Герасимови); 9.Коста, Стефан и Александар Битрак;10.Коста Плачко Панов ...и се така од куќа до куќа од десната страна на улицата, па околу црквата Св.Софија и Сараишче , за да потоа следува попис на жителите од левата страна.... Илија Филев, Андон Филев, Наум и Георги(Џоџе) Филеви, Стефан Филев, Јон Андон Саввин, Анастас Ристо Симонче, Стефан Ристо Симонче, Климе Герман, Стефан Шенте ....и се до Серафим Р. Карадимче (сопруга Уранија Сапунџи)...или вкупно 96 венчила / фамилии ( пописот е извршен на 20 август 1895, в. фонд

Петро Ат.Димзо, Ист.оддел-Музеј Охрид) _______________________________

внатрсшноста со скалило И така во недоглед...но нас ни беше битен Гаврил Сапунџи, повозрасен соработник на Прличета при потпишување на манастирската годишна сметка во `Св.Наум` - одн .еден од сопствениците на куќата `Уранија`, како и Уранија, една од неговите ќерки, во чиј спомен и денденес куќата Сапунџијоска го носи името! Од податоците со кои располагаме може да се заклучи дека градскиот првенец Гаврил Сапунџи од татко Миле (Михаил) и дедо Григор Сапунџи, имал и двајца браќа Григор и Јонче. Григор Сапунџи им го продал својот дел од куќата на своите двајца браќа и по се изгледа се отселил, а Јонче Сапунџи немал пород и него го догледала една од внуките по име Катерина ПармакСапунџи ! Значи Гаврил Сапунџи имал три ќерки - Уранија, Елена и Катерина . Сите три биле мажени во видни охридски фамилии...ама едната од нив не била задоволна од жрепката што ја фрлиле за поделба на имотот по татковата им смрт, па во 1904 год. бидејќи на Катерина и се брзало, сакала да замине на печалба во странство, побарале повторна делба во присуство на маалскиот мухтар/старешина Пандели Петре Пирузе а за сведок го повикале нивниот роднина/зет за братучеда Наум Теодосиј, та одново го преподелиле сиот движен и недвижен имот, кој не бил мал- куќа, дуќани, магази, лозја, ниви...и пари на банка! Елена била мажена за Јон Капче (синот на пок.Илија), истиот оној кого како ученик го пуштиле на учење во Русија...- една од причините за апсењето и трагичната судбина на браќата Миладиновци. Катерина за домазет го имала земено Стефан Пармак, и тие подоцна к`сметот си го побарале на гурбет. Истата судбина ја споделила и најголемата, највозрасната од сите три: Уранија, таа се омажила за Серафима од Риста Карадимче, од

кај Долна Порта...и тргнала по стапките на сестрите на печалба, дури Влашко! Нејзината судбина била најтешка и најжалосна, првин ја изгубила единствената рожба, а потоа и сопругот, па до крајот на животот останала сама во еден дел од татковската куќа. Имала имот, кој разумно го трошела а на старост за неа се грижеле роднини...па сите поименично ги споменува во својот тестамент!

КАПЧЕВЦИ - БОРЦИ ЗА СЛОБОДА И ОБЕДИНЕТ БАЛКАН

Охридската фамилија Капчевци била во тесни роднински врски со фамилијата Робевци, ќерката на тасо Робе им била мајка на Илија и Ристо Капче, кои фамилијарното име го стекнале заради некогашниот нивни занает, а подоцна се познати како заможни ќуркчии-преработувачи на крзнена облека. Нас ни е битен Илија, кој починал во 1851 оставајќи ги зад себе сираците Параскева, мажена подоцна за Ефтим Кецкар, мајка на познатиот револуционер Андон Кецкар, чиј гроб и денес е веднаш до црквата `Св.Елена и Константин`, синовите Ѓорѓи и Јон! Ѓорѓи е оној бестрашен јунак, близок соработник на Ѓузепе Гарибалди ` таткото на Италија`, во борбата за обединување на сите градови во една заедничка земја - Италија! Во пописот на маалата Геракомија во 1895 под реден бр.72 е запишан `Јон Илија Капче и еден син`, можеби синот Јордан, што значи дека е косопственик на сегашната куќа `Уранија`, кое право го стекнал преку женачката со Елена Гаврил Сапунџи , со која имал два сина Ѓорѓи и Јордан. Првиот ги следи стапките од татка си ( учесник на ред востанија во Влашко, Бугарија и Македонија) , и секако на стрико му -славниот гарибалдиевец. Роден 1868 според едни, а 1872 според други, тој со својата работа и дело според зборовите на Д-р Фрањо Туѓман во неговото најзначајно дело стои дека токму `Георгиј Капчев е алката на македонско-хрватското пријателство`. Имено на 12 јануари 1899 година во Женева, Швајцарија, формиран е Македонскиот Конгрес, како Македонски парламент во егзил, со цел да формира Македонска влада. Македонската емиграција во


Охридски Локал легенди судска преписка за наследниците Георги Капчев и Петар Пармаков 1937 г.

Европа во времето на турското ропство пред западните сили преку Македонскиот Конгрес го афирмирала неотуѓивото право на македонскиот народ за сопствена самостојна и слободна Македонска држава. Негов прв претседател е нашиов Ѓорѓи Капчев, кој пред да замине во Швајцарија работи и твори во Хрватска, во Загреб каде го издава весникот “Македонија”... чиј последен број излегол на 24 декември 1898 година ! Таму, во Загреб со помош на видни хрвати, меѓу кои и Штросмаер, ја објавува книгата ` Македонија или гласот на робот` - три изданија, од кои две на хрватски, и ја подржува идејата за балканска федерација по угледот на САД. Немирниот дух го носи во Швајцарија, па Бугарија, Русија...пријателствува со Кртсе Мисирков и Димитрија Чуповски, па врши археолошки раскопки..за да во 1914 г. се најде во Софија, каде што го издава весникот `Балканско знаме`, а за време Првата Светска војна емигрира во Русија, заради фактот дека Бугарија застанала на страната на Централните сили. Таму зема учество во Советската армија како борец заедно со синот Иван (Јонче)! Години подцна се враќа во Софија, па оди во Берлин издава книга...за да пак се врати во Софија, но од 1923 година живее во тогашна Југославија. Умира во Земун , во 1936 г., никогаш не откажувајќи се од идејата за самопределување на македонците обединети во една севкупна држава! Толку за уште една значајна личност родена токму во куќата `Уранија`!

ФАМИЛИЈАТА ПАРМАКОВЦИ - ГОРДОСТ НА ОХРИД...НО И НА ХРВАТСКА

Катерина Сапунџи се омажила за Стефан А. Пармак, виден

охридски деец, близок пријател на Димитри Узунче, татко на револуционерот Христо-Дуле, како и на Робевци. Податоците укажуваат дека во периодот од 1882 па се до 1896 г. врши важни работи на општествено поле во Охрид, но и во Солун - член е наохридската оптина, на разноразни одбори за прослава на значајни годишнини, почитуван граѓанин на кого општината му го честита и именденот...Со семејството, заради својата учителска професија, често го менува местото на живеење низ Македонија, Бугарија...за да повторно во пописот од 1922 г. го сретнеме неговото име како косопственик на дел од куќата `Уранија`. Во бракот со Катерина Сапунџи имал два сина Анастас и Петар, како и една ќерка по Фестивал Кан 2009

Игор Мирковиќ, режисер (внук на Петар Пармак)

име Аспасија мажена за ѓаконот Јаким Мустре, подоцна протоереј и економ на егзархиската црква Св.Стефан, подигната во квартот Фенер-Цариград. Таму им е и гробнината, не оставиле пород зад себе, се зборува дека својот дел од куќата `Уранија` и го преотстапиле на македонската држава во педесеттите години од минатиот век. Само колку за потсетување дека Јаким Мустре е од она охридско семејство кое во својата куќа го отворило првото званично училиште на македонски мајчин јазик во Охрид ! Што станало со Анастас и Петар ? Според документите Анастас се населил во Бугарија, едно време работел н на железницата во

градот Враца . Петар пак едно време живеел во Пловдив, Бугарија, таму и се оженил и сиот свој подоцнежен живот го поминува во тогашна Југославија, претежно низ Хрватска како професор во тамошните гимназии. Во бракот со Рајна им се изнародиле девет деца - првото Катерина, починало на мали години, Стефан или Стјепан загинал во Втората Светска војна, Иван- немал пород, следува Катарина Шпољариќ, па Јосип Пармаковиќ, Божица Шпорер, познатата докторка Марија Мирковиќ, па Томислав Пармаковиќ и на крај Винка Пармаковиќ - доктор на науки и професор на Колумбија универзитетот во Њујорк! Бројно потомство не само во Хрватска ами распрскано и низ светот, чија дедова куќа `Уранија` и денденес претставува гордост на Охрид ! Многу, ептен многу видни личности дала оваа куќа-дворец. Таа претставува истински расадник на научници, револуционери, општественици... Во пописот што за свои а и црковни потреби го направил охриѓанецот поп Јонче Саввев ( Саотов) во 1925 год. во маала Г е р а к о м , под реден бр. 35 ги запишал жителите (сопствениците) на споменатата куќа: Стефан Пармак, роден 1850, син Петар Пармак роден 1885 - ѓакон Јаким Мустре роден 1877, (жена Аспасија, моминско Пармак родена 1890) - (празно - Капчеви биле отселени или откажани од станбеното право) - Уранија Серафимова , ( родена 1855 година), која во тоа време изгледа веќе била вдовица, па сопругот не е впишан! Уранија значи останала сама. Единственото поколение на познатиот сој Сапунџијоски на 23 декември 1935 г., во присуство на сведоците Вета Каневче и Шабан Исљам, таа чувствувајќи дека и се ближи крајот при `сосема чиста совест и здрав разум` го издиктирала својот тестамент за делот од куќата како и сиот движен и недвижен имот! Третината од сиот татков имот рамноделно ја распоредува на внукот Јордан Капчев , правник во Бугарија и на внуката од прва братучеда Ружа од Кацка, жителка на Охрид, која треба да се погрижи за достоен закоп и споменик по смртта на Уранија. Другите две третини им припаѓале на Пармаковци, кои тврделе дека го догледале и стрикото Јонче Сапунџи, па според тоа кон нивниот дел треба да се додадат

и неговите 4/9 од целиот имот. По смртта на Уранија, Охридскиот Суд пред да го озваничи судското решение според тестаментот, испраќа покани до наследниците....ама и тогаш изгледа администрацијата бавно си ја вршела работата , па работите се влечкале со години. Последните документи зборуваат за барањето на Елена Капчева во 1954-та, како и на Јордан Капчев во 1958-та...ама тоа и не е толку битно. Куќата стоела опустошена, во изминатите децени се направени две посриозни реконструкции од страна на државата, па едно време тука беа сместени прекрасни етнографски поставки на охридскиот Музеј, а во 1957 година тука беа прогласени првите македонски академици и фомирана беше МАНУ! Долги години по ред со куќата стопанисуваше споениот Завод за заштита на споменици и Народен Музеј-Охрид , како салон за повремени ликовни поставки и спомен соба на МАНУ... за да последниве години остане опустошена и празна се до повторната реконструкција и конечното преотстапување на МАНУ , пред неколку седмици. Што стана со оние бројни поколенија пра-правнуци од Гаврил Сапунџи! Пред некоја година познатиот режисер на култниот филм `Среќно дете`Игор Мирковиќ, работејќи на играниот филм `Караула`, ми изрази желба со неговата сестра, тогаш архитект во Виена Лидија Секе да ја разгледаат куќата на нивниот дедо Петар Пармак! Со љубезност на управата на Заводот и Музеј им беше позволено да направат куса посета, при што направија и неколку снимки кои и денденес ги чуваат и за овој повод ми ги преотстапија за потготвувањето на овој напис, за што неизмерно им благодарам. Игор и Лидија и денденес со љубов и топлина се сеќаваат на таа куса но неверојатно топла средбо со домот на нивните дедовци и баби. Јас , за жал се уште не сум ја имал можноста да ја разгледам сегашната внатрешност на `Уранија`, не само дворец ами и вистински храм и расадник на значајни личности што ги дала ...а сепак во мислите ми се вртат зборовите од онаа песна во заглавието : ..... столот си е секогаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, доколку во неа не живее никој!

23


Актуелно

Место за паника нема пандемискиот грип се става под контрола! специјалист д-р. Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог

Тиомексалот кој го има во пандемиските вакцини не содржи метил жива - состојка со токсични ефекти по здравјето на луѓето, туку содржи различна форма на жива (етил жива) , кој не се акумулира , се метаболизира и отстранува од телото многу побрзо отколку метил живата . Нема наоди од студиите за токсичноста кај новороденчињата, децата и возрасните, вклучувајќи ги и бремените жени, кои се изложени на тиомексал во тек на вакцинацијата Забележаните несакани ефекти по вакцинирањето се слични на тие кои се присутни кај вакцините против сезонскиот грип. Најчести реакции се болка на местото на апликацијата или треска. 24

Што претставува грипот,A- (Х1 Н1)? Новиот грип е космополитско акутно заразно заболување на респираторниот систем предизвикано од нов под тип на вирусот А - (Х1 Н1) кој претходно не е идентификуван ниту кај свињите ниту кај луѓето. Вирусот содржи сегменти од 4 различни типови на вирусот на инфлуенцата, и тоа : северно - американски свински, северно - американски птичји, северно - американски хуман и евроазиски свински вирус. Како се манифестира овој грип, кои се негови први симптоми и по што се разликува од сезонскиот грип? Симптомите на новиот грип кај луѓето се слични на симптомите на обичен грип и други акутни инфекции на горните дишни патишта. Инкубациониот период трае 2 дена (интервал 1 - 4 ). Почнува одеднаш со треска( температура над 38 0C), пратена со болки во мускули и зглобови, сува кашлица , воспалено

грло, малаксаност, главоболка. Кај некои луѓе се јавува и пролив, како и повраќање. Трае 3- 5 дена. Тежината на клиничката слика зависи од претходното искуство на пациентот со претходните варијанти на вирусот. Пријавените клинички манифестации се од широк распон, и тоа од асимптоматски инфекции до тешки воспаленија на белите дробови кои фатално завршуваат. Како и сезонскиот грип и новиот грип може да предизвика отежнување на состојбата на хронично болните лица. Кои се најризичните категории луѓе кои се мета на заболување, дали тоа е постарата или помладата популација? Невообичаено но реално оваа болест е фатална и за младите, зошто? Во оваа пандемија најпогодена популациона група се млади лица од 15 - 30 години категории, иако поради антигенските промени на ви-


Актуелно русот болеста се јавува во сите возрасни групи. Грипот како високо контагиозно заболување лесно се пренесува на луѓе кои немаат имунитет. По прележување на болеста се создава солиден долготраен имунитет , но специфичен само за тој тип на вирус. Доколку се појави нова варијанта на вирус, а антигенски не се разликува многу од варијантата која претходно го создала имунитетот, може да не дојде до инфекција или болеста да биде со лесна клиничка слика Смртноста е резултат на компликации (пнеумонии) кои се чести кај старите лица поради оптеретувањето со други хронични заболувања и децата поради слабиот имунитет. Постои ли место за паника, или таа е создадена вештачки по медиумски пат? Место за паника нема бидејќи СЗО навремено превзема мерки и здравствената заштита ја подига и унифицира на светско ниво. На секој проблем му приоѓа студиозно и навремено алармира за преземање на соодветни мерки. Кај нас е развиена мрежа и инфраструктура за справување со секаква кризна ситуација. Од страна на Министерството се превземаат потребни активности во рамките на оперативниот план која е изработен за оваа пандемија. Колку што е лошо паничарењето, уште полошо е доколку на ваков проблем му пријдеме лежерно, особено што последиците можат да бидат трагични. Апелирам до граѓаните, да не подлегнуваат кон разни дезинформации, туку да ги почитуваат превентивните активности кои секојдневно ги превземаме. Добро би било медиумите вниманието да го посветат на точно и навремено информирање. Од наша страна секојдневно се даваат потребни информации и доколку се јави потреба од преземање на некакви мерки тоа ќе се прави транспарентно преку јавните гласила. Дали можеме да се излечиме од оваа болест сами применувајќи третмани кои ни помогнале да го надминеме сезонскиот грип или мора задолжително да се јавиме на лекар? Ги молам граѓаните да не импровизираат. Доколку имаат некои од симптомите на новиот грип потребно е веднаш да се јават кај матичниот лекар, кој ќе даде натамошни препораки. Лекарот ќе одлучи дали е потребно лекување во здравствена установа или во домашни услови, во исто време ќе предложи превентивни мерки за другите членови на

тимот лекари во епидемиолошкото одделение при ЗЗЗ-Охрид, задолжен за вакцинирање против новиот грип

семејството или други лица со кои болниот контактирал. Во секој случај препорачувам да се внесуваат поголема количина течности, витамини од природно потекло, храна богата со протеини и да се избегнуваат јавни собири и стресни состојби, често проветрување на просториите. Зошто е релативно слаб одзивот кај граѓаните да се вакцинираат против болеста. За каков тип на вакцини станува збор, дали е точно дека тие содржат жива во себе и би можеле да вродат негативни последици доколку се примат? Резултатите од досегашните студии покажуваат дека пандемиските вакцини се исто толку безбедни колку и вакцините против сезонскиот грип. Не делуваат штетно на бременоста, фертилноста, развојот на ембрионот или фетусот, породувањето или поснаталниот развој. Во минатите денови се изнаслушавме различни дезинформации и тоа најчесто од нестручни лица, што кај широката популација предизвика конфузија. Бидејќи ситуацијата не е секојдневна, најдобро е да се изврши консултација со матичниот лекар, кој треба да Ви помогне во донесувањето на вакви одлуки. Јас лично се вакцинирав не поради препорака од Министерот туку поради фактот дека е подобро да се спречи отколку да се лекува. Забележаните несакани ефекти се слични на тие кои се присутни кај вакцините против сезонскиот грип. Најчести реакции се болка на местото на апликацијата или треска. Тиомексалот кој вообичаено се користи во вакцините како средство

за чување (конзерванс) за да се превенира загадувањето на вакцината со бактериска инфекцуја во текот на нивната употреба. Тиомексалот не содржи метил жива - состојка со токсични ефекти по здравјето на луѓето, туку содржи различна форма на жива (етил жива) , кој не се акумулира , се метаболизира и одстранува од телото многу побрзо отколку метил живата . Нема наоди од студиите за токсичноста кај новороденчињата, децата и возрасните, вклучувајќи ги и бремените жени, кои се изложени на тиомексал во тек на вакцинацијата. Стручњаци и доктори од земји како што се Англија и Австралија велат дека кај нив овој тип на грип не е ништо друго туку сезонски грип и велат дека кај нас се крева без потребна фама . Станува ли збор за бизнис и начин да се продадат испорачаните вакцини? Колку е ефикасен лекот тамифлу. Појава на пандемиски грип со сите негативни последици врз здравјето на луѓето е реалност која се јавува при појава на нова варијанта на вирусот на инфлуенца на кој значајна популација е не имуно население. Почнувајќи од 16 век, во просек настануваат по три пандемии на секои 100 години, во интервали од 10 до 50 години (за 400 години – 11 пандемии) .Во ХХ век се случиле три пандемии на грип: • 1918 г. предизвикана A(H1N1) т. н. Шпанска треска; • 1957 г. тип A(H2N2) т. н. Азиски грип и • 1968 г. пандемија предизвикана од A(H3N2) т. н. Хонгконгшки грип.

Користењето на антивиралните лекови како Oseltamivir (бренд име Tamiflu) и Zanamivir(бренд име Relenza) може да ја ублажи клиничката слика и да го забрза излекувањето и опоравувањето. Тие може да ја превенираат и појавата на сериозни компликации. Најдобро е со терапијата да се започне веднаш по појавата на болеста (во тек на првите два денa по појавата на симптомите). Огромниот број на заболени и хоспитализирани лица како и значителниот број на починати не ни дава за право да го деградираме проблемот во рамки на без потребна фама. За мене проблемот постои и мора да се реши, а најдобро е доколку со превенција не дозволиме да ескалира. Најефикасен, наједноставен и најекономичен начин на спречување на нејзино ширење e со имунизација. Точно ли е дека оваа болест најголема експанзија ќе има за време на новогодишните празници? Се очекува опаѓање на температурата , како и зголемениот број на меѓусебните контакти за време новогодишните празници што најверојатно ќе резултира со поголема експанзија на грипот. Вирусот на температура од 0 0C во водена средина , може да опстане и до еден месец. На крај им ја честитам Новата 2010 година на сите читатели на Охридските Новини,им посакувам многу среќа и радост, а пред се повеќе грижа за сопственото здравје.

25


Прашање-одговор Локал

Капиларите се естетски и здравствен проблем Прашање: Имам 33 години. На лицето и нозете особено на бутините последниве неколку години ми се направени голем број капилари и тоа ми претставува голем естетски проблем. Ме интересира дали оваа појава е само естетски или претставува и здравствен проблем и што треба да превземам за нивно излекување? Одговор: Капиларните мрежи на лицето и нозете се естетски и здравствен проблем на многу жени. Капиларите се најситните крвни садови кои имаат важна улога во исхраната и снабдувањето со кислород на ткивата. Доколку се појави нивно проширување на нозете тоа е знак дека постои пореметување на крвната циркулација на долните екстремитети и значи потврда дека тие самите изгубиле дел од својата функционалност. Особено се осетливи вените на нозете затоа што тие се оние кои се први изложени на негативните влијанија. Значи кога женските нозе од препоните до стапалата се “изшарени“ со мрежа од црвеникави, плави и пурпурни капилари , тогаш примариус д-р. Виолета Павлоска тоа не е само естетски проблем, иако многу жени појавата ја сметаат само како непријател на добриот изглед на нивните нозе ососпец. дерматовенебено во топлите месеци кога нозете се разголени. ролог Причините за појава на проширени капилари се повеќе од кои најважни се: -генетска предиспозиција која е прва и најважна причина за појавата на проширени капилари. Се работи за вродена слабост на ендотелот на крвните садови со што се зголемува нивната пропусливост и прскање на нивниот ѕид - втор фактор е телесната градба. При зголемена телесна маса доаѓа до зголемување и на крвниот притисок а тој секогаш ја компромитира венската циркулација - од физиолошки фактори се потенцира хиперестротенизмот во време на бременост. Тогаш заради зголемување на венскиот капацитет и хормонски условената зголеменост на еластичноста на крвниот сад доаѓа до појава на проширени капилари. Ова може да се случи дури и кај трудници кои порано го немале овој проблем. Земањето контрацепција би спаѓала во овој фактор. -сепак како фактор на ризик никако не смеат да се занемарат трендовите на современиот начин на живот како: пушење, неправилна исхрана,слабо движење, стрес, модните трендови како:високи потпетици, тесни фармерки исл. Во лекувањето на проширените капилари треба да се земат како прво сите претходно посочени фактори, кои можат да се отстранат во секојдневното живеење а алтернативни методи се: 1.електрокоагулација , погодна е за проширени капилари од мал калибар локализирани на лицето,spider- nevusi. Методот е успешен, не остава ошилци и други пигментации, е безопасен, без никакви контраиндикации. 2. склерозација е метода која се употребува кај венули од поголем калибар, претежно локализирани на нозете, безопасна е со одредени ограничувања. 3.lasero техника ,исто така е ограничена само на ефикасност на проширени капилари и венули кои имаат јасна црвена боја. Употребата на оваа метода е ограничена 4. метода со радио бранови , ограничена ефикасност, безопасна, се употребува кај сите видови проширени венули и капилари на нозете.

Се е навика, па така и носењето леќи

Прашање: Носам очила со поголем диоптер, и од естетски причини наместо нив сакам да носам леќи. Ве молам објаснете ми, дали е “ризична“оваа промена, дали е можна појава на инфекции...или други такви појави

спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар

Одговор: Идејата за контактни леќи потекнува од Леонардо да Винчи во 1508 год. Но нивна практична примена настанува по 300 год. Денес нивната употреба е многу голема и зависи од видот на контактната леќа и индикациите заради кои се препишува. Контактната леќа е тенка и лесна , изработена од посебен пластичен материјал и се поставува на рожница . Од рожницата ја дели слој од солзи. Тој е битен затоа што рожницата нема крвни садови и дише ( разменува материи) преку тенкиот слој солзи меѓу рожницата и леќата. Зависно од материјалот од кои се изработени има три врсти контактни леќи : - Тврди - Полу тврди - Меки Според нивната функција : - Корективни - Козметички и - Терапевтски Контактните леќи имаат различен рок на траење: дневни,месечни тримесечни,шест месечни, годишни и две годишни. Со корективните контактни леќи се решаваат :Миопиа (кратковидост),Хиперметропиа (далеку видост) и Астигматизам. Причини за нивно носење; - Медицински - видна острина може да се постигне со контактни леќи заради посебни состојби на рожницата, голема разлика во диоптријата во двете очи. - Естетски - кај пациенти кои не сакаат да носат очила, спортисти и други професии кај кои не е можно да се носат очила. - Тераписки - кај болести на рожницата на окото. Предноста на носење контактни леќи е тоа што се добива добра видна острина комодитет и широко видно поле. Контактните леќи треба добро да се чуваат и одржуваат бидејќи тие се во директен контакт со окото и при неправилно одржување можат да настанат инфекции ,коњуктивити, промени на епителот на рожницата,поплитки и подлабоки ранички и “црвено око”

26


Прашање-одговор Локал

Водењето здрав живот е лек за испуштени вени Прашање: По породувањето со мојот син ми се појавија испуштени вени. Од тогаш редовно користам кремови со кои настојувам колку толку да ја ублажам ситуацијата но ефектите се попусти. Во моментов сум по втор пат бремена и страхувам од помислата дека уште повеќе ќе имам испуштени вени. Зошто се појавуваат тие и како да ги излекувам истите ? Одговор: Испуштени вени или варикозни вени или проширени вени е име кое опишува зголемени, извијугани плави вени кои се јавуваат во текот на бременоста кај многу жени. Најчесто се јавуваат на потколениците или по целата должина од внатрешната страна на нозете, но исто така можат да се појават и околу анусот (како хемороиди или јамасол) или околу вулвата. Испуштените вени се јавуваат поради фактот што во текот на бременоста растечката матка заедно со бебето предизвикуваспец. д-р. Иво Захариат зголемен притисок во мрежата на крвни садови во долната половина на телото,особено во долната вена кава која е главниевски от носител на крв од долниот дел на телото кон срцето. Зголемениот притисок предизвикува забавување на циркулацијата на гинеколог крвта што комбинирано со фактот дека во бременоста постои и зголемување на вкупниот волумен на крв во телото резултира со насобирање на крв и набрекнување на вените во долниот дел од телото. За појава на испуштени вени во бременоста придонесува и зголеменото ниво на хормонот прогестерон во крвта. Тој предизвикува олабавување на ѕидот на вените и негово истенчување што пак комбинирано со зголемениот притисок резултира во нивно набрекнување. Испуштените вени обично имаат тенденција да се влошат со напредување на бременоста бидејќи притисокот од страна на матката и бебето продолжува да се зголемува. Симптомите на испуштени вени се појава на зголемени плави, извијугани поткожни вени, чувство на тежина во нозете, отечени нозе, чешање околу вените и тапа или прободна болка во нозете. Дали ќе добиете испуштени вени зависи од фамилијарната историја, од постоење на прекумерна тежина, од носење на големо бебе како и од бројот на плодови. Испуштените вени не можат во потполност да се спречат но можат да се превземаат некои чекори за олеснување на нивните тегоби, тоа се: одржување на здрава телесна тежина односно намалување на прекумерната тежина, редовни вежби за подобрување на циркулацијата, јадење на здрава храна со доста зеленчук, овошје и житарици, пиење 8 чаши вода на ден, носење на еластични чорапи кои обично треба да се стават наутро пред станување од кревет, секој ден да се одвои малку време нозете да се одморат со подигнување на столица, да се избегнуваат долги периоди на стоење на нозе, да се избегнува седење со прекрстени нозе, да се избегнува носење на високи штикли како и тесна облека околу нозете, колковите или стомакот. Како се лекуваат испуштените вени? Кај повеќето жени тие полека потполно се повлекуваат после раѓањето. Меѓутоа тие повторно ќе се појават и ќе се влошат во наредната бременост. Но повторно пак ќе се повлечат после неколку месеци од раѓањето. Ако испуштените вени предизвикуваат значителна непријатност тогаш се препишуваат еластични чорапи кои треба да се носат за цело време на бременоста бидејќи на тој начин се спречува или намалува нивната појава. Ако испуштените вени не се повлечат после раѓањето и ако тие предизвикуваат непријатност може се направи корективен хируршки зафат. Меѓутоа бидејќи тие можат повторно да се појават во наредната бременост најдобро е хируршкиот зафат да се направи кога е завршена фамилијата односно кога не се планираат наредни бремености. Дали се проширените вени штетни? Во најголем број случаи проширените вени предизвикуваат само непријатност и не се знак за посериозна болест. Поради тоа тие не се загрижувачки. Но ако нозете, зглобовите или стапалата постанат многу отечени или болни или ако забележите болни отоци покрај испуштените вени или ако кожата околу нив почне да крвави потребно е да се јавите на доктор за совет.

Состојбата на оралното здравје – огледало на личноста Прашање :Забележав дека при четкање на забите ми крвават непцата. Што е тоа?

д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија

Одговор: Резултатите од многу истражувања укажуваат на постоење на силна врска меѓу нивото на оралната хигиена и појавата на воспаление на непцето (гингивитисот). Заболувањето на непцето најчесто го предизвикуваат бактерии и нивните токсични продукти што се наоѓаат во безбојна, леплива наслага која постојано се создава на забите т.н. дентален плак (забна наслага)кој понатака се претвора во забен камен. Денталниот плак е одговорен за двете најчести орални заболувања, забниот кариес и воспалението на непцето што е застапен уште од најрана возраст. При појавата на воспаление на непцето се јавуваат промени на бојата и конзистенцијата на гингивата. Таа се зацрвенува , станува отечена и со сунѓереста конзистенција. Многу често, дури и при нежен допир на гингивата и при четкање на забите таа крвави. Раниот стадиум на гингивитот е реверзибилен и неговото излекување е релативно лесно и дава добри резултати. Треба да се спроведе ефикасна секојдневна, индивидуална, орална хигиена , со добро избрана четка и паста за воспалени непца, но и употреба на забен конец кој ќе ги исчисти и просторите меѓу забите каде останува постојано храна. Но, ако гингивитот не се лекува тој може да се развие во пародонтална болест (пародонтопатија )каде се оштетува ткивото кое го држи забот а и коската. Тогаш се забележуваат следните знаци: црвени отечени непца, крвавење, лош здив, повлекување на непцата, разделување на забите и во понапреднат стадиум доаѓа до клатење на забите. Пародонталната болест се лекува доколку не преминала во напреден стадиум. Значи превентивно, за да се спречи појавата на воспаление на непцата се почнува со едукација од најрана возраст. Со редовна орална хигиена(минимум два пати на ден), со правилна техника на четкање на забите горе- долу со мали кругови по 3 минути, при што се зафаќа и непцето,четкање на јазикот по 20 секунди, употреба на забен конец и употреба на антиплак раствор за плакнење на устата . На крај редовна посета кај стоматолог кој ќе ги отстрани наслагите и забниот камен и ќе го испира непцето.

27


Репортажа

Куба –земја со многу контрасти

пишува Антонио Ристески

Н

авистина не знам од каде да почнам бидејќи се уште сум под впечатоци под “синдромот на” преубавата Куба! Од патувањето се вратив пред неколку дена. Она што очите го видоа таму и сетилата за слух го слушнаа не може да се долови со зборови, но сепак ќе се обидам... Решив оваа зима да одам на невообичаено и несекојдневно

28

патување и уплатив летување на Куба, точно 4 ноќи во Хавана и 10 ноќи во Варадер во траење од 14 дена и 2 два дена патување преку Контики од Белград! Летав од белградскиот аеродром до парискиот Шарл де Гол а од тука до аеродромот во Хавана. Цели девет часа летање во воздух но чувството е преубаво. Кога авионот ја допре пистата во Хавана се израдував, и си реков себе си. Еве конечно стигнавме .На

аеродромот брзо ги минавме сите контроли. Аеродромските службеници ме прашуваа од каде сум и кога им велев од Македонија, ме гледаа чудно,не знаеја каде е ,дури малку знаат и за Србија, па морав да им речам Југославија а тогаш се насмевнуваа .Кога излегов од авионот , воздухот беше толку тежок, ужас,....добиваш топлотен удар. Влажноста во атмосферата е околу 98% а и температурата е висока. За нас дојденци- туристи воздухот е

тежок за дишење,а за срцето само моментен сок по кој белите дробови се привикнуваа и јас зачекорувам на преубавото тло на КУБА! Хола Куба! Кога стигнавме до Хотелот Occidental Miramar o La Habana 4**** по наше време беше околу 23 но по нивно 6 часа поназад па ,така ги доловувавме последните моменти од истиот ден. Легнуваш да спиеш и се будиш се во 4-5 часот наутро. Потребни ти се 2-3 дена да се навикнеш на промените Првиот ден значеше и промена на понесените со нивни валути. Кубанците имаат две врсти пари,Кубански песо и Конвертибилни Песо или cuc. 1 cuc= 24 нивни песоса. По реализирањето на овие формалности човек ужива во разгледувањето и прошетките првиот ден во Хавана. На почетокот нашиот водич ни раскажа дека Фидел Кастро увезол око 8 000 исти автобуси од кинеско производство YUTONG (комунистите се држат во бизнисот) .Имено на Куби има една голема транспортна компанија нормално во државна сопственост која се вика “Transtur“ и една туристичка монополистичка агенција“ Kubatur“. Просечната плата се движи од 30-60 долара месечно,значи генерал или министер земаaт по 60 долара што е смешно. Иако Куба е сиромашна земја има и многу богати луѓе иако нивниот број е доста мал. Во Хавана или како што ја викаат Кубанците Хабана, постои резиденциjален дел кој се вика Miramar. Во тој дел има неколку видови автомобили, останати од Американска доба. Значи, lada Dodge,Buick,Shevrolet,K adilak......Една прошетка со Кadilak


Репортажа

ќе ве кошта околу 15 cuc,а ако земете lada ќе заштедите 5 или 7 Cuc. Цената ја определува вредноста на избраниот автомобил а не бројот на патници кои ќе се превезуваат. Прошетката со автомобилот трае околу 15 минути. Сите тие олтајмери се приказна за себе. Кубанците не набавуваат делови за автомобилите од Америка туку импровизираат или прават нови а како не знам!? Како држава Куба е голем извозник на никел така што автомобилите сјаат со своите хромирани делови. Некои од нив изгледаат како сега да излегле од фабрика. Кога шетате чувствувате како да сте во некој филм од 50-те години. Луѓето уживаат возејќи се во автомобилите со отворени прозорци и раце извадени надвор, но без гласна турбо –фолк музика како кај нас!Тие автомобили се синоним за Куба ги има секаде, како што кај нас пред 10 години се возеа “Застави“. На Куба Православни христијани има малку ,мнозинството се Католици а има и Санaтеисти но не многу. Препознатливи се посебно жените кои често ги сретнувате по улица облечени во бели фустани слични на венчаниците што невестите ги носат на нашите свадби. Го посетивме хотелот “Riviera“ каде Естер Вилијамс ја одиграла својата претстава “Бал на вода”, квартовите Vedado и Paseo,Универзитетот,плоштадот на оружјето, хотелот “Santa Isabel “, катедрала, Музејот на револуцијата, Мemorijal Granama, Музејот на убавите уметности, зградата Bacardi,и неколку знаменитости. Преубаво е чувството да го дегустираш нивниот рум во најпознатата

фабрика за овој вид пијалак и да се запознаеш со начинот на неговата изработка. Ви ги препорачувам Havan Kluba и Legendario рум, овие два производи се точат во бочви стари над 50 години. Тврдината Moro, Плоштадот на оружјето, хотел Santa Isabel, катедралата, Музеј на револуцијата, Memorijal Granama, Музејот на убавите уметности, зградата Bacardi која е одземена од Американците, Централниот плоштад со споменикот на Хосе Марти и ликот на легендарниот Шхе Гевара,Kapitol, Paseo Мarti познат како Prado, хотелот“ Nacional“,Плоштадот Фрањо Асиског, улица “Оfisios“, стариот Плоштад ,хотелите Rakel и Ambos Мundos, Министерството за финансии, се места што задолжително мора да се посетат во Куба. Тука е и кафе бар “Floridita” каде Хемингвеј пиел Daikiri,а и ние пробавме од него и навистина беше одличен во комбинација со кубанска музика. Во престолнината Хавани, живеат преку два милиони жители. Стариот дел од градот,Ла Хавана Виеја од 1982 е под заштита на УНЕСКО. Овој дел од градот изобилува со феноменална колонијална архитектура. По неговите улички “врие“од туристи а ако скршнете лево или десно веднаш ве очекува потполна промена .Се е изронето и старо. Кубанците живеат во мизерии услови но сепак се среќни. Да бидам попрецизен ќе кажам дека тие живеат во мали станови од 30-40-50 м2 у без прозорци наместо нив имаат дрвени ролетни и железни шипки. Мештаните најчесто седат пред вратите и потпрени на столовите за нишање уживаат во вкусот на

прочуените кубански пури и цигари или само љубопитно ги анализираат минувачите. Замислете земаат плата од само 30-на $.?? На бездомниците државата им дава стан на користење,тако што станбеното прашање е решено. Луѓето од државата добиваат бонови за набавка на брашно, масло, шеќер и други прехранбени производи. Токму поради ваквата државна политика и покрај нискиот животен стандард и ниски плати гладни луѓе во Куба нема. Живот на Кубанците е опуштен,никој не брза некаде,нема расправии,се е смирено без стресови . “Нема работа,па што ако нема, важно има храна и стан“ , на ваков начин размислуваат мнозинството Кубанци. Луѓето се предобри, релаксирани, љубезни,учтиви,пријатни, да можат и срцето би го подариле. Неверојатно но вистинито, тие живеат скромно а многу се среќни и задоволни. На вакви патувања далеку од сопствената земја ние можеме да добиеме претстава за себе си. Како народ ние сме ненаситни и незадоволни од се. По малку сме и зависливи иако во однос на нив имаме и премногу! Тамошните куќи се многу мали , без кровови. Место нив има плочи на горниот дел. Ако куќата има кров, сопственикот плаќа порез за него! Сите вработени се униформирани во одела на кои има најразлични бои интересни за очи! Во центарот на градот има многу туристи а има Кубанци кои наместо со просење заработуваат на друг начин. Имено, ти приоѓаат девојки облечени во

фустани со весели бои па доколку сакаш со нив да се фотографираш ќе платиш 1 Cuc. Не само девојки ви приоѓаат и уметници кои ви прават карикатура и ви ја подаруваат но во исто време не се “одлепуваат“ од вас дури за возврат не добијат 1 Cuc. Старци со пури исто така пред некој ресторан пеат и свират а намерата им е иста, скромна заработка..Секој гледа да заработи по нешто но не со просење.. Во продавниците нивните пури држат цена и се скапи за наш стандард. Купени “под рака“ истите ќе ги имате за само 25 Cuc, зборувам за пурите Мonte Кristo а 35-40 Cuc чинат пурите Havana Еsplendidos. Другите или кратки пури во продавниците имаат цена од 430 Cuc за цела кутија. Лесно е да се дојде до луѓето кои на “црно“ продаваат пури, тие сами ти приоѓаат. Некои од нив продаваат и фалш пури, направени од листови од банани .Хавана е единство на големи контрасти. Ако се најдете на Куба,преземајте иницијатива,приоѓајте им на Кубанците. Ако сакате да осетите како вистина живеат тие, “шпартајте“ низ улиците во самиот центар на градот. Кубанците практично живеат на улица. Вратите и прозорците од нивните домови, продавници ,училишта и влезовите се широко се отворени, претставуваат еден вид излози за промовирање. Можеби ние туристите на тој начин најдобро ја доловуваме реалноста за секојдневието. Зградите и куќите се со изронети фасади, постои улично шаренило. По продавниците во главно се продава едно големо “ништо“на полиците има 10-ина

29


Репортажа

Антонио во посета на Куба

производи. Во месарниците месото е изложено на рафтовите никако во фрижидер или ладилник. Велат дека тоа месо може да стои на отворено 3-4 дена без да се расипе поради големата влага во воздухот. Пред да стигнете во градот Варадер наминете во ресторанот “La Terraza”во Кохимар, каде Хемингвеј ручал со Кастро а потоа посетете го хемингвеевиот имотот “La Vigia”. Имотот е огромен распространет на 1000 м2 со бујна вегетација а во средишниот дел се наоѓа неговата куќа денес претворена во музеј . Во куќата е забрането да се влегува внатре. Таа се посматра од надвор. Преку отворените прозорци можете да забележите дека мебелот е непроменет, секој украс, филџан, пепелник се e на местото каде ги ставил големиот писател пред да почине. Значи и пенкалото со кое тој пишувал е во онаа положба во која тој го оставил. И отворената боца со рум си седи така до ден денес. Куќната библиотека е многу голема а машината за пишување е поставена на доста високо невообичаено место за да можеш во седечка положба да пишуваш на неа. Имено Хемингвеј намерно ја имал поставено така. Сакал кога ќе добие инспирација веднаш да оди и да ја реализира во форма на текст. Пишувал стоејќи простум на нозе. Хемингвеј се оженил четири пати. Во близина на неговата се наоѓа куќата за мачки. По краткото одење низ патеката обрасната со убави дрвја и зеленило се наоѓа огромен базен со вода. Тука како експонат е изложен и бродот што го управувал неговиот пријател Грегорио Фуентес. За жал овој морнар бил со сла-

30

бо психичко здравје и се самоубил . Куба е дефинитивно земја на контрасти, премногу сиромашни и мизерни квартови од една и богати кои се помалку бројни но навистина луксузни од друга страна. Хотелот во кој бевме сместени е пример за раскош и убавина“ и е еден од синџирот шпански хотели “BARCELO SOLUMAR“. Хотелските соби се убави и големи. И едно креветните соби се со дупли лежаи , фрижидерот е постојано полн со пијалаци а хигиената е на највисоко ниво. Предворјето на хотелот е огромно со убаво средено зеленило и два базени, длабок и плиток од 60 см до 1,50м длабочина. Глетката ја разубавуваат палми ,кокосови, ореови дрвја и цветови од хибискус во различни бои и многу билки. Велат дека на Куба растат околу 3 500 врсти билки а 35% од нив можат да опстанат само во таа земја и на ниедно друго место. Хотелот е огромен и ако сакаш целиот да го прошеташ се препорачува тоа да го направиш со водич. Во него има се, базени, простории за деца и играње, сауни, џакузи, фитнес центри, италијански ресторан , “Sea Food“, Кубански и стандарден.... Изборот е ваш а за храната нема да потрошите речиси ништо. Бармените се љубезни, насмевнати луѓе секогаш расположени за муабетење и фотографирање. Од нив никогаш нема да ги чуете зборовите “почекај малку ” или “не можам сега”.Бар има и на плажа и таму се пие до бескрај! Убавината на плажите не може да се долови со зборови таа може само да се доживее. Преубаво, синило, зеленило,многу ситен бел криста-

лен песок,убави лежалки во сина боја и чадори за заштита од сонце направени од палмови листови. На плажа не ти се потребни пари освен ако сакаш да си купиш некаков сувенир .А водата!Ех таа не се заборава,океанската е толку топла што немаш волја да излезеш од неа а и надвор те чека истата таа жештина. Уживаш во водата во која нема гужва а и не стравуваш од помислата дека некој ќе те удри со лопка по глава или ќе те испрска. Плажите се плитки и ти е потребно повеќе време додека стигнеш во длабоко, но сепак чувството е преубаво. Чести посетители на плажите се аниматорите кои неколку часа ве забавуваат и засмеваат а се игра одбојка и гимнастика на песок и гимнастика во вода. Храната и начинот на служењето се приказни сами за себе. Служењето е од типот на шведски стол со 40 -50 типови храна секој ден во огромни количини. За вкусот на колачите,сладоледите, овошните јогурти и салати не треба да се зборува. Тие се најубавото и највкусното нешто на свет, ги има во различни врсти и очите не можат да ги догледаат.. По хотелските холови се продаваат сувенири ,а има и фризерски салон и разновидни продавници во кои цените се “културни “,значи приближно на наше ниво па дури и повисоки. На пр. Еден приврзок за клучеви чини 2 cuc што е нешто повеќе од 1.5 евро!Својата омраза кон Америка Кубанците ја изразуваат отворено. Ако разменувате долари ви земаат поголема провизија. Тие дури нашле замена за американската со адекватна кубанска пица. Наместо Кока Кола ви-

каат - Ну Кола а за Фанта - naranja. Ако се најдете на Куба одете на излет во “Три Града” Santa Klara“, Trinidad и Sienfuegos. Во црквата “Santa Klara“ е закопан прочуениот “ШХЕ ГЕВАРА” во близина на неговиот мавзолеј се наоѓа возот кој е симбол на пропаста на злогласните Батисти. “Тrinidad“ е преубаво место во кое имаш чувство дека ги живееш годините на 18-от век. Се е мирно и примитивно. Се возат кочии без ни една развиена индустриска гранка. Тотална сиромаштија. Таму жителите се “лепат“ за туристите и бараат помош онака како што Африканците молат на документарните филмови. И покрај сиромаштијата плоштадот во Trinidad е преубав . Музејот на Романтиката е фасцинантен со се она што внатре може да се види. Не е чудо да видите убиен човек на улица ладно крвно оставен од убиецот со цел сите да ја гледаат жртвата. На Крибската страна од островот се наоѓа градот “Sienfuegos“ ,преубав приморски град, бисер на кубанската архитектура во кој посебно се истакнува палатата “Del Valle“, што е успешна комбинација од византиско –венецијанско –маварска архитектура. На главниот


Репортажа

плоштад се наоѓа и друга триумфална капија од Куба, прочуениот театар на Тоmas Тerry во кој имаат настапувано Енрико Карузо и Сара Бернар. Со џип сафари можеш да ги шеташ Кубанските савани,да одиш на излет во етно паркот “Guama“ каде има крокодили но можеш за ручек да го вкусиш нивното месо а не смее да се изостави музејот во Cardenas. Доживување е да се плови на катамаран. Се плови неколку часа,се застанува на некој корален гребен и со добиената маска за пливање откако ќе се нурнете под вода ги гледате рибите, коралите и другиот подводен свет. Пловидбата продолжува до Kayo Blanco,преубаво тропско острово со преубави песочни плажи. Водата за капење е во тиркизно жолта боја и топла чиниш се наоѓаш во Спа Центар. По кратка пловидба ќе наидете на голем резерват со делфини, чувството да се биде во вода со овие суштества е преубаво. Доволно е да ги слушате упатствата на тренерите како да се однесувате со овие мили животни и се ќе биде во ред. Тие сами ве милуваат и играат со вас. Тој допир со делфините нема да го заборавите никогаш во животот.

Ноќниот живот е постојан секоја ноќ без паузи. Дискотеките се преполни а по хотелите најчести забавувачи се аниматори. Влезните билети за дискотеките чинат околу 10 cuc не вклучувајќи ја цената на пијалаците кои ноќта ќе ги консумирате. По дискотеките обично се пушта шпанска музика најмногу салса,маренге,cha-cha-cha а во подоцнежните часови и R 'n' B и по не-

ри. Странец не може да купи куќа во Куба, тоа законски не е дозволено. Инаку една куќа чини околу 10.ооо долара!Влезот во Вардеро е обезбеден. Не може секој да влезе посебно не секој Кубанец. Некои велат дека забраната е намерна, со цел сиромашниот народ да не види како странците живеат. За восхит е и уште еден закон . имено на автопатите има службени-

колку интернационални хитови. Во глобала музиката е шпанска. Сите се веселат и играат, во дискотеките не можеш да најдеш нерасположен човек. Кубанките се закон кога ќе се разиграат не можеш да им го следиш чекорот, вистинско лудило. Во градот Варадер има 50-ина хотели со различни стандарди. Доколку посакаш како странец да изградиш хотел мора на државата да и отстапиш 51% од хотелот. Тогаш кубанската Влада остварениот профит го инвестира во развојот на туризмот и во други општествени секто-

ци облечени во жолти униформи кои им помагаат на патниците околу превозот. Значи на Куба најмногу се патува со автостоп, службениците во жолти униформи ви помагаат околу изборот на превозното средство. Доколку во автомобилот кој се движи во правец по кој вие сте тргнале има место и за вас, шоферот е должен да ве превезе бесплатно. За оние кои не знаат, Куба веќе 49 година е под санкции од Америка, 124 земји гласале да се укинат санкциите во Куба затоа што

тие противречат на сите човекови права. Само Америка била против укинувањето и нормално санкциите останале затоа што Америка е закон! Тамошните пазари се преполни со сувенири кои се преубави и најситните детали на нив се рачно изработени. Се продаваат шапки, шешири со специфичен дизајн карактеристичен на нивната локална култура. Од Куба не заборавајте да понесете со себе маслени платна кои се навистина евтини. За околу 25-40евра може да се купи платно во поголеми размери кое кај нас би чинело околу 250-400еура. . Кубанците се добри услужливи луѓе кои се презадоволни ако им оставиш бакшиш од 1 или 2 песоси. Инаку Флорида им е далеку само 180 км, па често храбрите мештани со пливање или пловење со чамец успеваат да пребегаат во Америка.... Најверојатно пишувајќи го овој текст заслепен од мноштвото убавини сум заборавил да спомнам дел од нив. Спомените од Куба вечно ќе живеат во моите мисли а кога ќе избледнат сеќавањата ќе оживеат гледајќи ги 400-оте фотографии и бројните сувенири кои ги понесов од Куба. Значи рај постои на земјата,зависно кој како го сфатил. Можеби Куба не е рај во буквална смисла на зборот но е блиску до тоа. ВИВА КУБА! КУБА ЛИБРЕ!

31


Наша Локал гордост

Охридската пастрмка и белвица -“златните рипки“ што живеат само во Охридското Езеро

Д

вата вида пастрмка, Охридската пастрмка и белвицата се ендемични видови риби кои се населиле во водите на Охридското Езеро од неговото настанување пред неколку милиони години. Според научните истражувања познато е дека овие риби се предци на одредени други пастрмки и тука пред се се истакнува Охридската белвица. Таа се смета за предок на многу видови пастрмки но тоа е се уште во фаза на докажување бидејќи секогаш кај пастрмката постојат различни моменти. Во првите научни истражувања ( кои се први евидентирани научни записи) направени во 1892 година, австриските зоолози утврдиле дека покрај богатиот жив ендемичен свет: полжавчиња, црви и други, има и ендемични видови риба. Во тоа време белвицата била опишана како една од нај ендемичните риби..... Охридската пастрмка и белвица се единствените видови риба кои живеат само во Охридското Езеро и на ниедно друго место. Иако се правени обиди тие да заживеат и во други слатки води намерите биле попусти. Опстојувањето на овие риби во Охридското Езеро е резултат на микро -климатските услови за живот .Кружната струја- Кориолис која струи во правец об-

32

ратен од движењето на стрелките од часовникот перманентно е присутна почнувајќи од Струга до Охрид. Во текот на постоењето на Охридското Езеро во еден долг

други под видови. Така од пастрмката денес се познати четири видови а такво нешто наскоро ќе се докаже и за белвицата. Спецификите кај сите пастрмки се

Охридска пастрмка

Белвица

континуитет,константни услови за живот, географски изолации и т.н., населувајќи се во езерото пастрмката и белвицата нашле нов дом во кој почнале органски да еволуираат односно да се развиваат во

многу блиски. Често разликите меѓу нив мора да се утврдуваат и докажуваат на генетско односно молекуларно ниво. Овој балкански простор е познат по тоа што во текот на сите оро генетски промени

кои што настанувале потонување и издигнување на земјиштето се воспоставувале врски помеѓу водотеци кои сега не постојат и затоа е многу тешко да се зборува особено за разликите меѓу пастрмките и по што е препознатлива Охридската пастрмка од останатите. Ако на лаик му се покаже фотографија со неколку видови пастрмка тој тешко дека ќе ја препознае охридската и најверојатно ќе каже дека сите се исти. Тоа не е случај со белвицата. Таа воопшто не личи на ниеден друг вид риба. Од 2004 година има потполна забрана на лов на пастрмката од наша страна. Но и покрај забраната за лов оваа риба се уште се нуди во некои ресторани, иако сите угостители пред три години се согласија да ја тргнат од менито. И покрај сите напори на Хидробиолошкиот Завод да се спречи рибократството од македонска страна, намерите не се реализираа во целост. Од друга страна постои еден проблем што не е решен меѓу Република Македонија и Република Албанија. Имено не е направена таа меѓународна спогодба за хармонизација на законите за рибарство на Охридското Езеро. Од друга страна пак имаме прилив на пастрмка од албанска страна на нашиов дел и обратно.....


Наша гордост

Од 21 јануари до 21 март се врши вештачки мрест на пастрмката Со одземањето на концесијата од страна на Владата од дотогашниот концесионер во 2005 година, беа избрани две овластени институции од областа на рибарството, Јавната Научна Установа, Хидроби-

ва на 21-ви јануари. Ден пред тоа се поставуваат мрежите од страна на професионални рибари ангажирани од институтот и истите се од трите локалитети:Охридскиот залив, с. Пештани и с. Трпејца. Со поставување на мрежите, динамиката се одредува од страна на одделението за салонидна фауна, практично рибарство и аква култура во институтот. Мрежите се поставуваат на локалитетите кои ќе бидат претходно одредени. Алатот што се користи и мрежите се маркирани од страна на подрачната единица на Улов

на Хидробиолошкиот институт и 20 рибари на чамци кои се распоредени на трите локалитети учествуваат во вештачкиот мрест на пастрмката. Рибарите во секој чамец се придружувани од еден член од институтот кој е задолжен да се грижи за благосостојбата на рибите до моментот на нивно префрлање на бродот. Наложено им е на рибарите доколку треба и да се оштети риболовниот алат само рибите да останат во што е можно подобра кондиција и здравствена состојба за префрлање, бидејќи истите по

те во анестезија. “Користиме природен анестетик, масло од каранфилче кое во суштина не остава резидуи во ткивата на рибите туку истото се користи за правење колачи и торти. Се користи за исхрана на луѓето ,за разлика од други хемиски анестетици кои до 21-от ден оставаат остатоци во ткивата на рибите и поради тоа сакаме да ги избегнеме да не ни бидат нас на совест дека без разлика на тоа што станува збор за криво лом некоја од тие риби може да биде уловена и да заврши во чинијата од

Молзење на женска единка

Враќање на адултните единки во езерото помолзење на истите Маркирање на рибите

олошки завод од Охрид и Јавна Научна Установа Институт за сточарство од Скопје за изведување на вештачкиот мрест на Охридска пастрмка на Охридското Езеро. Од тогаш навака во ЈНУ “Хидробиолошки завод во Охрид“ на истиот принцип се изведува вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Со традиција од 1935 година мрестот започну-

Државниот Инспекторат при Министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство и маркер од ЈНУ Хидробиолошки завод. Рибарите се обврзани да го користат само тој алат кој им е даден за користење и кој не смее ниту да недостига ниту да има дополнување со екстра алат. На 21-ви јануари во раните утрински часови тим од пет до осум луѓе на бродот и глисерот сопственост

завршување на манипулацијата и самиот процес на молзење за мрестот се враќаат реанимирани повторно во езерото. По префрлањето во бродот, единките се поставуваат во контејнер со поголема количина вода и се оставаат неколку минути до моментот додека сите риби не се собрани од еден локалитет и потоа се врши манипулација на истите. Значи се префрлаат прво женки-

некое дете“, вели помладиот асистент истражувач при одделението за салмонидна фауна, практично рибарство и аква култура при ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид, Душица Илиќ –Боева. “По една до две минути чување во анестетик со истите риби се манипулира. Значи прво се мрестат женките и тоа во сув кобел без присуство на вода за да не дојде до затворање

33


Наша гордост Помладок

Фаза на излупување

на самите пори низ кои потоа можат да влезат сперматозоидите и да ја оплодат икрата. По молзењето секоја единка се мери по должина и тежина и се маркира зависно од годината. Секоја година се користи друг маркер за во иднина да можеме да разликуваме која од рибите што повторно ќе дојде на мрест во која година учествувала во вештачкиот мрест. На тој начин се добиваат подобри податоци од статистика и научни податоци за следење на самата популација на пастрмката “, додава Илиќ- Боева. По мерењето и маркирањето единките се стават во друг контејнер со вода во кој се додава дополнително количество кислород за побрза реанимација на единките кои се веќе третирани и по извесен период од неколку минути или по завршување на постапката со сите единки се пуштаат назад сите во езерото. “Сите адултни единки се враќаат назад во езерото на километар или два од местото каде што се уловени за да им се даде време доколку завршиле со самиот мрест, хормоните да им се смират и да немаат потреба повторно да доаѓаат на истите места кои се природни рибни ловишта. Таму ги поставуваме мрежите, таму ги ловиме а доколку се уште ги држат хормоните се случува во текот на годината одредени единки да се вратат и по два, три па дури и четири пати но не на истиот локалитет. Често пати на трите различни локалитети на ловење се уловува една единка која во една година била уловувана дури до четири пати. Тоа најчесто се случува со машки единки кои подолго време се под влијание на хормоните и се враќаат на местото каде се врши мрестењето“. По пуштањето на единките собрана-

34

Нова опрема во халата за одгледување на помладок од охридска пастрмка

та и оплодена икра која се оплодува по сувиот метод на Враски ( така наречен по името на научникот кој го вовел методот) прво се мрестат женките а потоа се молзат машките. Се додава вода,се меша икрата во водата за да се овозможи рамномерно оплодување бидејќи самиот процес на оплодување трае околу минута или минута и пол. Вишокот на вода со вишокот на сперматозоидите се излева. Икрата се префрла во алуминиумски ѓумови со вода(кои како таков вид амбалажи се користат седум децении) и се носат во институтот. До минатата година во употреба биле старите инсталации произведени во 1935 или поновите од 1954 година. “Во месец мај 2008 година ја комплетиравме внатрешната инсталација за инкубација и одгледување на икрата и оваа година прв пат истата ќе биде употребена. Ова го спомнувам од аспект што самата манипулација со единките, со икрата, одгледувањето, самото учество на човекот е за опоравување и рехабилитација на популацијата на пастрмката. Јасно

ни е дека во што и да учествува човекот во сферата на природата има и проблеми. Новата опрема помага во намалувањето на самото влијание и човечки грешки и намалување на смртноста за време на целиот процес до самото порибување на езерото. Ако претходните години ( зборувам за седум децениски период)смртноста била 5-8 %, минатата година имавме 3- 3,5 % смртност. Годинава истиот настојуваме да го намалиме на 1% односно смртноста да биде во промили. Се бориме за секое зрнце икра,од него да добиеме рипче кое ќе го пуштиме во езеро. На тој начин и самите ние, со почиста совест ќе кажеме дека процесот е изработен на онаков начин каков што треба“, истакнува Илиќ- Боева. Од поставување на икрата потребно е во првите 24 часа да се врши манипулација со икрата. Се отстрануваат неоплодените зрнца кои се бели бидејќи е коагулирана белката. После 24 часа па се до 21 ден не е дозволена никаква манипулација со икрата. Нема никакво движење ни чистење на инкубаторите бидејќи

со дополнително движење се зголемува смртноста на икрата. По 21 ден кој се нарекува и фаза на очи (затоа што очичките на ларвата се веќе формирани и се видливи) секојдневно се манипулира со икрата. Се отстрануваат погинатите икри бидејќи за жал во изворската вода (што ја користиме од Билјанини извори , покрај лагодноста што таа ја дава, константна температура од 10,5-11 степени заситена со кислород) постои сапролегнија која доведува до прилепување – атхезија на овие зрнца икра, прво на неоплодената или погинатата па околу неа да одвлекува и од здравата икра и на тој начин да ја убива. Затоа се потребни некои третмани со сол или со некои други хемикалии кои се избегнуваат доколку е можно, а доколку се неопходни тие се изведуваат. “Процесот се одвива на овој начин до 36-от односно 40-от ден. Значи овој период е доволен ларвите да се развијат и сами се излупат од лушпата од икрата. Кога ќе се излупат самите се уште не рипчиња туку ларви имаат едно торбиче кое го нарекуваме жолточно и кое ќе ги храни во наредните 30-ина дена. При искористување на две третини од тоа жолточно торбиче почнуваме да ги храниме со вештачка храна избалансирана конкретно за овој вид со одреден процент на протеини и масти за одреден период на развиток. Овие се првите стартери со најситна гранулација пелетирана како прашинка која лебди на површината на водата во инкубаторите каде ги додаваме за приучување на надворешна исхрана. Значи жолтото торбиче на ларвите им служи за внатрешна исхрана а сега веќе ги учиме за надворешна исхрана која ќе биде вовед кога при порибувањето на езерото ќе бидат


Наша гордост во природна средина. Да се хранат со онаа храна која им е омилена а тоа е зоо планктонот “ ,објаснува Илиќ – Боева. Одгледувањето на рипчињата е околу 9-10 месеци од оплодување или 6-7 месеци од прихранување и целно на есенскиот пик на зоо планктонот во езерото кога ќе имаат максимум храна а ќе бидат доволно јаки, кондиционо и здравствено за да можат да бегаат од предаторите. Кога ќе бидат пуштени во езерото тенденционо се пуштаат на она место од каде што била колекционирана икрата. Значи малите рипчиња се враќаат на местото каде се уловени нивните родители.

Во месец септември езерото ќе биде порибено со 1 милион и 750 илјади риби

езерската храна- зоопланктонот. Тоа овозможува малите риби веднаш да ја најдат храната . Кога ќе бидат пуштени сите единки во езерото, во месец септември порибувањето ќе биде извршено со 1 милион и 750 илјади риби. Бројот на единки варира од година во година и е одреден од метеролошките и материјални услови и секако од техничката подготвеност на установата која го спроведува порибувањето. Капацитетите на мрестилиштето во ЈНУ Хидробиолошки завод- Охрид е за околу 3 милиони икра. “Ние мораме да размислуваме за биолошката оправданост на вештачкиот мрест. Зависно од ситуацијата на популацијата во езерото. Не сакаме целата популација во езерото да биде покриена со вештачки мрест туку максимум до 30% проценти од неа. Настојуваме порибувањето да се врши зависно од површината на езерото. Значи ако површината е 358 километри квадратни, порибувањето да се спроведе со 100 единки на километар квадра-

Пловниот објект на ЈНУ Хидробиолошки Завод - Охрид

Порибувањето се врши во втората половина на месец септември и првата половина на месец октомври. Тенденциозно барајќи го пикот на зоо планктонот во езерото за да има најповеќе храна во моментот кога ќе се изврши порибувањето за префрлање од вештачка на природна храна. Традиција во Хидробиолошкиот завод ,е еден ден пред порибувањето да не се дава храна на рипчињата со намера тие да бидат доволно гладни и кога ќе бидат пуштени во езерото самите веднаш да ги активираат инстинктите за преживување и да ја бараат храната. Бојата на вештачката храна е црвеникава и еднаква со бојата на

на во година паричните средства се зголемуваат.

Био филтер- одгледувалиште на автохтониот крап и прочистувач на езерската вода

езерце во кое природно ќе се настане вегетација а истото ќе биде користено и за ревитализација на популацијата на крапот. Значи био филтерот ќе се користи како одгледувалиште на автохтониот крап. На тој начин крапот ќе врши извесно користење на остатоците храна и изметот од рибите кои во моментов заминуваат преку Студенчишкиот канал во езерските води. На овој начин со био филтерот во одредена мера ќе се спречи загадувањето

Халата со поглед на местото на идниот биофилтер

тен а тоа значи дека нашата обврска не е е само наша туку и обврска на мрестилиштето “Шум“од Струга и албанската страна со оглед на тоа што езерото билатерално е поделено меѓу двете земји. Значи севкупно езерото мора да биде порибено со околу 3- 3,5 милиони единки. Најголемиот процент од порибувањето го покриваме ние како институт“, вели Душица ИлиќБоева од ЈНУ Хидробиолошки завод -Охрид. Целосната финансиска конструкција за вештачкиот мрест и порибувањето е покриена од Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство. Од годи-

Нова хала во ЈНУ Хидробиолошки Завод - Охрид, донација на Владата на Кралството Норвешка Наскоро во рамки на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид ќе отпочнат градежни активности за изградба на Био филтер. Био филтерот е трета фаза на веќе двете завршени , првата- изградбата на хала, втората- опремување на халата и внатрешните инсталации. Био -филтерот ќе биде од лагунарен тип во кој наместо хемиски или технички постројки ќе има постројки од лагунарен тип. Во био филтерот ќе биде направено народски речено мало

на езерото. Био филтерот претставува дел од ревитализацијата на Студенчишкото блато кое е тенденција на ЈНУ “Хидробиолошки завод“-Охрид. Тенденција е био филтерот да биде целосно изграден и пуштен во употреба непосредно пред отпочнувањето на вештачкиот мрест (21 јануари) со цел да нема оптоварување на веќе поставената инкубирана икра во инсталациите.

35


Јавните личности за д Новата Година заедно со сопругата и пријателите ќе ја дочекам во градот на Шеќерезада,Истанбул. Овој град е светска метропола. Во периодот на Отоманската империја бил светска престолнина и навистина има што да се види во него. Денес тој е и модерна европска метропола .Не е оној Истанбул од времето на ориентот туку е мешавина на ориентот и модерниот запад. Затоа мислам дека таму убаво ќе ја дочекаме новата година со добра симболика дека ќе влеземе во една подобра година со многу поубави работи отколку во 2009-та. – Венко Шапкар, бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

Венко Шапкар - бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

Традиционално како и секогаш Новата Година ја чекам со семејството. Професионалните обврски не дозволуваат постојано да бидам дома со сопруга та и децата. Затоа Новата Година ќе ја дочекам со нив, моите најмили во за мене најубавиот домашен амбиент . Новогодишната трпеза, добрата музика и секако позитивното семејно расположение си го прават своето. Втората или третата ноќ од Новата Година можно е да отпатуваме некаде со оглед на тоа што ќе биде и викенд. Но за дочекот на Новата Година сигурно ќе бидам дома . – Венко Арнаудов, раководител на Централниот Регистар на РМ во Охрид и овластено лице за регистрација.

За дочекот на Новата Година и воопшто за Новогодишните и Божикни празници ќе бидам дома. Новата Година ќе ја дочекам во друштво на ќерката Анастасија и сопругот Душко. Поради моите професионални ангажмани често сум на релација Охрид- Скопје, или работно отсутна од државава. Празниците се добра можност јас да бидам заедно со моите најсакани во домашен амбиент. Токму така ќе биде и годинава. Сите заедно ќе славиме дома. Всушност секој слободен миг кога професионално не сум ангажирана настојувам да го поминам со семејството. –Анита Кипаризовска- Крстевска, пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Анита Кипаризовска - Крстевска, пратеник во македонското собрание

Венко Арнаудов - раководител на Централниот Регистар на РМ во Охрид и овластено лице за регистрација

Се уште не знам, не сум одлучил каде ќе ја дочекам Новата Година. Јас како и по обичај одлучувам кога часот ќе биде пет минути до дванаесет(ха, ха, ха...). Навистина не знам каде ќе славам и што е најстрашно мислам дека Новата Година ни е многу далеку. Најважно е дека ќе ја дочекам со добро друштво, впрочем тоа е најбитно а не каде се слави. Во моментов сум зафатен со снимање кадри од нов македонски филм и со тоа сум окупиран деновиве. –Дејан Лилиќ познат македонски актер кој и го позајмува својот глас за ликот на Керем во популарната ТВ серија 1001-ноќ. Дејан Лилиќ, актер

После многу скитање, односно работење дома и надвор, одвај ги чекам Новогодишните и Божикните празници. Во кругот на семејството да ги поминам тие денови затоа што сметам дека семејството е како светост. Токму затоа се и овие празници, најблиските сите заедно да бидат на едно место. – Дејан Пановски,секретар на Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро.

Дејан Пановски, секретар на Билателарниот Секретариат за Охридското Езеро

36


дочек на Нова Година Се знае, каде би бил на почетокот на Новата Година ако не со своите сограѓани. Ке бидам на градскиот плоштад во највеселата ноќ каде организираме добра забава за граганите на Охрид и нивните гости.

Александар Петрески градоначалник на Охрид Најверојатно за дочекот на Нова Година ќе бидам дома, ако не во Охрид тогаш сигурно во Скопје. На 31 декември имам лет, би требало на скопскиот аеродром да слетам во 22 часот. Тоа значи дека ни за дочекот нема да стигнам да дојдам во Охрид, па затоа најверојатно ќе останам во Скопје. Два дена подоцна летам за Холандија на неколку дневна работна обука.- Сашо Стојчески, пилот.

Сашо Стојчески, пилот

Како и секогаш така и сега за дочекот на оваа Нова Година ќе си бидам дома. Заедно со моето семејство и тоа ми е нешто најубаво на свет.- Паско Кузман, директор на Управата за Културно Историско Наследство на РМ

Паско Кузман, директор на Управата за Културно Историско Наследство на РМ Новата година ќе ја поминам планинарејќи на најголемиот активен вулкан во светот, Mauna Loa на Хаваи.

Владимир ВасилевскиЧеткар, музичар За празниците што доаѓаат, и за дочекот на Новата Година сигурно ќе бидам дома во друштво со сопругата. Децата најверојатно ќе прославуваат надвор со друштво. За мене друга опција освен дома во моментов не постои.

Томе Чинго, пратеник во македонското собрание

37


Празнувања Украсети ги празничните мигови со имагинација Откако сте поминале цело попладне осмислувајќи го празничниот декор во вашиот дом,вистинско време е да се впуштите во најслаткиот дел: ситните детали. Опуштете се со претпразничната еуфорија на украсувањето, идејата на празниците е да се чувствувате пријатно и опуштено во семејното опкружување и во друштво на оние што ви значат а топлината на атмосферата нема да зависи од раскошот на вашите украси туку од вашето расположение и безгрижноста на вашата насмевка. Затоа, ако се најдете затечени во целата таа трчаница да постигнете се навреме, и во еден миг ви доаѓа да се откажете од се,да го исклучите телефонот и да им ги препуштите главните одлуки на другите, не паничите. Искористете го тоа време за релаксирање со добра шолја чај и развијте ја малку вашата имагинација. Соберете ги украсите што сте ги користеле минатата година, пробуричкајте низ дома со какви материјали располагате и обидете се сами некои од нештата што ви недостигаат за вашиот дом да го добие комплетниот празничен изглед. На крајот ќе се изненадите колку интересни проекти може да излезат од еден таков, спонтан и наивен потфат. Задоволството ќе биде поголемо кога ќе морате да им признаете на вашите гости дека за уникатноста на вашиот празничен декор сте одговорни лично вие.

Топлината на ситните детали светкави снегулки давајќи им малку посебен блескав сјај. Особено ако се осветлени со сончеви зраци. Снегулките можете да ги обоите со сребрена боја, но и со други светкав бои кои од поголема оддалеченост подобро ќе дојдат до израз. Снегулките можете да ги нацртате директно на стакло, така што со боја за цртање линии претходно ќе ги исцртате рамките на моделот, а потоа површината на исцртаниот простор исполнете ја со течна боја , сребрена или некоја друга по ваша желба!

-лепило Во кујнските шкавчиња сигурно имате неколку вида тестенини, но ако ги немате и вложите во неколку пакетчиња тестенини, тоа дефинитивно ќе ви се исплати за-

Лампиони од тестенини Празнично сликање на прозорските стакла

Исчекувањето на Нова Година и Божик е период што сакаме да го споделиме со другите. Затоа во овој период настојуваме да ја обележиме свеченоста на сезоната и со видливи симболи како накитената елка во дворот, осветлените оголени стебла, како и прозорските стакла во нашиот дом. Сликањето на прозорците е многу

38

едноставен процес, но бара повеќе слободно време. Користејќи бои за стакло или изработка на слика на фолија, која потоа само ќе ја прилепите на стаклото, ќе се спасите од макотрпното чистење на стаклото под остатоците боја. Боите за стакло може да купите во хоби арт продавниците. За сликање на стакло ви е потребно -шишенце црна боја за исцртување линии, -сребрена боја за стакло, -блескав прелив -пластична фолија -ножици. Украсете ги вашите прозорци со

Веќе ви е смачено секоја година да ја украсувате елката со исти лампиони, но овој пат не можете да си дозволите да ги смените сите украси. Затоа можете да ја смените колоритната шема на вашите украси и да се одлучите за китење на елката со украсна сатенска лента со божикни детали, како и со сјајно златни лампиони кои лесно и со уживање ќе ги изработите сами. Потребен материјал -тестенини во различни облици(машнички, полжавчиња, спирали) -картон -ножици -молив

тоа што освен во украсите ќе уживате и во неколку пријатни оброци. Целата идеја е од картон да исечете најразлични облици –кругови, ѕвона, ангелчиња, лижавчиња и сл. Ако имате калапчиња за колачи со божикни облици можете и со нив да си помогнете во изработката на најразлични облици , или истите да ги испечатите од веќе готови шеми и да ги прецртате на картон. На исечените облици залепете ги тестенините во различни облици. Можете да ја украсите само едната страна или да ги наредите тестенините како пораб на картонот. Најдобро би било да користи-


Празнувања

те дрвофикс или супер лепило кое веднаш се суши. Штом ќе се исуши лепилото, украсите може да ги обоите со спреј во боја по желба (златна, црвена..).Спрејот не го користете во затворена просторија, а површината што планирате да ја прскате , претходно заштитете ја со хартија од весник. Украсите оставете ги добро да се исушат, а потоа со игла направете отвор низ кој ќе го провлечете украсниот конец и ќе ги закачите на елка

Свечени мигови во сребрено и златно

За да внесете свечена атмосфера во секое катче од вашиот дом нагласувајќи ја празничната атмосфера , не значи дека е доволно да имате голема елка во средината на собата. Истиот ефект можете да го постигнете со малку поинакви, а сепак гламурозни декоративни решенија. Овие блескави сребрени топки и стакленца го рефлектираат златниот сјај од светлоста на свеќата и ја комплетираат уникатноста на оваа декорација за маса. Наполнете доволно голем стаклен сад или ваза со светкави орнаменти, потоа дополнете ја декорацијата со

бели свеќи во различна големина

ките , следува делот од изработката што бара малку повеќе трпение . Вака исечените слики треба да ги врамите во рамки од чепкалки -чечкалици. Користете 3-4 чепкалки за секоја страна од рамката. Залепете ги една до друга и оставете ги да се исушат. Штом ќе направите две рамки залепете ги на двете горни страни од честитката . Довршете ја рамката во форма на куќичка на тој начин што честитката ќе биде во средината

на честитката. Штом орнаментот целосно ќе с исуши можете да ги закачите со парче светкав конец така што ќе висат од таванот, или пак ќе ги закачите на елката како лампиони. Ако ве понесе креативниот дух, можете да се обидете да ги боите чепкалките , да лепите мали панделки во аглите на рамката, или се што ќе ви падне на ум да ги претвори овие украси за елка во уникатни детали!

Стари спомени на новата елка Овие декорации за божикното дрво бараат стабилна рака и малку трпение, но крајниот резултат ќе ви покаже дека навистина се исплати. А и покрај се , навистина лесно се изработуваат. Потребен материјал -чепкалки- чечкалици -стари новогодишни честитки -светкав конец или сатенска панделка за закачување -лепило -ножици -линијар Овие новогодишни честитки ви нудат одличен изговор за средување на сите стари божикни честитки. Изберете ги најубавите слики, исечете ги во форма на квадрат 4 на 4 сантиметри. Откако ќе ги исечете саканите делови од честит-

39


Празнувања

Обичаи и традиции за зимските празници

Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си Божик е најголемиот христијански празник, зошто на тој ден се празнува раѓањето на спасителот Исус Христос. Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил тој, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање (Водици),ниту Воскресение- Велигден. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум,камен темелник за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани

40

со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Иако овие обичаи се разликуваат од регион до регион, сепак во основа се изведуваат неколку заеднички елементи како што се богатата софра што се подготвува на Бадник навечер, потоа колединиот оган заедно со дрвото Бадник како и коледицата проследена со многу коледарски песни. Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и слично според верувањата има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, а на домашните ќе им дарува здрава и бериќетна година. На Бадник софрата се става врз слама за спомен

За Бадник трпезата е исклучително посна


Празнувања Василичарските огнови ги бркаат злите духови во некрстените денови од Божик до Водици

на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе даде богат род. На Бадник во секоја куќа се меси лепче, во некои краеви во него се става паричка, кај нас во Охрид паричка не се става за Бадник туку таа се става во топеница на Василица(Стара Нова Година).Во оние краеви каде паричката се става во лебот, се мисли дека оној член од семејството што ќе ја најде ќе биде најсреќен таа година. Богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Се верува дека со овие бадникови огнови се настојувало да се изгонат сите зли духови, но и да најават раѓање на нешто ново, светло како огнот, да се навести раѓањето на спасителот Исус. Коледицата пак ја прават групи деца кои палат оган, пеат пригодни песни и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се:ореви, костени,јаболка, портокали... Со ваквото одење и пеење по куќи децата го најавуваат Христовото раѓање. Со Божиќ започнува периодот од 12-те денови, таканаречени некрстени или пагани денови што траат до Водици, период исполнет со многу активности, на негативни демони, со религиозен страв и разни магиски заштити. Дури на Водици кога се крштева водата се парализираат негативните, зли појави и нивните дејствија. Со Божик е поврзана и поговорката: “Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си“ што има значење дека убавата вест за Христовото раѓање треба да се слушне во кругот на најблиските, дома. На тој ден се приготвува, богата мрсна трпеза на која има задолжително свинско месо, со песна музика и убаво расположение се слави Христовото раѓање. Првиот ден се седи дома. Вториот ден се чекаат гости, а третиот ден се оди кај роднини и пријатели.

Православна Нова ГодинаВасилица

На 1-ви јануари според стариот односно 14-ти јануари според новиот календар се слави Православна Нова година. Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот е познат како Василица. Овој празник е во периодот на таканаречените Некрстени денови а кој како што рековме трае од Божик до Водици. Тогаш се верувало дека се доминантни зли духови, и негативни демони и затоа во овој период се избегнувало да се работат некои потешки работи. Важно е да се забележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасните Новата година ја пречекуваат со посебни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните

што се изведуваат на Бадник. И на Василица како и на Бадник, група деца најпрвин околу огнот а потоа одејќи по куќите пеат пригодни песни и добиваат подароци. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година. Децата носат дрвени прачки со кои ги удираат луѓето, особено старите и болните лица за да бидат сурови и здрави како прачката. Возрасните за овие прослави се подготвуваат од порано. Тие набавуваат прибор за маскирање, предмети за тропање и правење врева како ѕвонци,клопотарци,тенеќиња, тенџериња но и музички инструменти, гајди и тапани. Со овие реквизити ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари се создава голема врева која има цел да создаде не само весела атмосвера туку и да ги заплаши и избрка лошите духови. Таа ноќ околу Василичарските огнови се пее и игра се јадат колбаси и се пие ракија. Дента на Василица во охридските куќи се прави Топеница во која се става паричка. Значи охриѓани бараат паричка во топеница за Василица, а не за Бадник. Оној што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде најсреќен таа година.

Со празникот БогојавлениеВодици завржува циклусот зимски

празници

Празникот Водици(Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите празници зошто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само 12те некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања. Водици се празнува два дена. Првиот ден, освен Водици и Богојавление уште се вика и Војордание е и Машки Водици, а вториот ден Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. На Богојавление главен настан е фрлањето на Светиот крст во езерските или речните води. Крстот го симболизира христовото тело кое како што се капело во водите на реката Јордан се капи односно крштева кај нас во Охридското Езеро. Тој што од водата ќе го извади крстот е Благословен од Бога и за награда добива подароци од кумовите на манифестацијата и други добронамерни луѓе. Се верува дека по овој обред водата е осветена, а со тоа и лековита поради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година за лекување на разни болести како на луѓето така и на добитокот. Попладнето по коледица одат мажите предводени од фаќачот на крстот, пеат празнични песни, благословуваат и носат среќа во домовите каде ќе тропнат. На вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител именден прославуваат Јовановци. Овој ден уште се вика Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

Водици, најмасовниот зимски празник

41


Празнувања Искушенија на привлечната трпеза

Вкусете го изобилството на празниците без да си наштетите

Во пресрет на празничната сезона, секој од нас одвај чека да се ослободи од стегите и ограничувањата во секојдневните животни навики. Меѓутоа , привлечната празнична трпеза, можноста да се испие чашка повеќе и да се ужива во најискушувачките слатки задоволства како што е чоколадата, може да имаат големи последици по нашето здравје штом периодот на славење ќе заврши. Но ако научите мудро да балансирате со понуденото изобилство и разновидноста на искушенијата, можете непречено да уживате во неограниченоста на вкусовите не штетејќи му на вашето здравје....

42

В

ремето на празниците се поклопува со сезоната на грипот, а најчестата грешка што ја правиме во целата таа претпразнична еуфорија е игнорирање на симптомите. Во празничната трчаница да се завршат сите подготовки навреме , да се биде во најдобра форма за прославата, здравствената состојба неизбежно се игнорира. А да на го спомнуваме консумирањето невообичаена храна , често прескокнување оброци, консумирањето поголемо количество алкохол и недоволниот сон. Сето ова е преголем стрес за организмот, кој подеднакво е штетен како за физичката, така и за психичката состојба. Поради заслабнатиот имунитет, организмот е склон да попушти пред налетот на вирусите, а

потоа и на разни бактериски инфекции. Токму поради ова, пресудно е уште во најраната фаза да се третираат симптомите на настинката. Во спротивно,ризикувате да поминете најголем дел од празничниот пери-

од болежливи, со лошо расположение и неспособни да уживате во она

што со нетрпение сте го исчекувале. Празниците се вистински нутриционистички шок за вашето здравје, меѓутоа тоа не значи дека треба да се заветите на апстиненција од нездравата, а неодоливо вкусна празнична трпеза. Но постои голема разлика меѓу вкусување на празничните деликатеси и неумерено уживање во нив. Значи, најдобра стратегија за празниците што се однесува до трпезата е да се биде умерен. Тоа подразбира слободно уживање во храната и забавата, но меѓу прославите придржувајте се кон вообичаениот режим на исхрана. Нутриционистите сметаат дека уште подобра стратегија е одреденото количество скроб во вечерните оброци да го замените со зелен зеленчук. На тој начин, ќе го зголемите внесувањето на растителни влакна, кои се неопходни за ефикасно варење на храната,и ќе ја намалите калориската вредност на оброците. Друга значајна работа при


Празнувања внесувањето храна во организмот е бавното џвакање на секој залак. На тој начин ќе ја почувствувате вистинската арома на храната, и што е најважно – ќе изедете помалку. Ненаситното и лакомо голтање на недоволно изџваканите залачиња не само што предизвикува стомачни болки, туку и влијае врз тоа да изедете многу повеќе отколку што ви е потребно. Од друга страна, бавното џвакање овозможува подолго задржување на храната во устата , и благодарение на дејството на

плунката –подобра апсорпција на хранливите материи. Ако, сепак, се прејадете , не обидувајте се да ја поправите состојбата прескокнувајќи го утринскиот оброк и неколку други оброци во следните неколку дена. Тоа само ќе предизвика поголемо чувство на глад и зголемена потреба и желба за храна преку целиот ден.

Искушение да се проба од се

Разновидноста на храната што се нуди за време на празниците може да биде опасна- колку поразновидни специјалитети и нови вкусови има на трпезата, толку поголемо ќе биде искушението да се проба од се. Кога станува збор за послужувањето, особено од шведска маса, тогаш важи златното правило- земајте полна порција од јадењата со зеленчук и само една виљушка или лажица од другото. Ако вие сте домаќинка на новогодишната прослава,бидете пример за вашите гости така што ќе креирате мени мислејќи на квалитетот,а не на квантитетот на послуженото. Изберете квалитетни состојки, и подгответе ги според едноставни рецепти кои ќе задоволат сечиј вкус. Ограничете го внесувањето на масти и шеќери во традиционалните празнични специјалитети. И онака нема логика за неколку дена да консумирате одеднаш се што ви е достапно преку целата година. Пре-

тераните оброци знаат да направат хаос во организмот. Болки во желудникот,подуеност на стомакот, проблеми со срцето, задушување се само некои од непријатностите што можете да ги искусите во празничниот период. Мрсната храна во комбинација со алкохол може да биде непријатна и за најздравиот организам, но е особено неповолна за хроничните болни, особено оние што вее имаат проблеми со чир на желудникот или дванаесетпалечно-

то црево. Иако лекарите прават се што е во нивна моќ да ги санираат проблемите што настануваат поради неумереност, често може да дојде и до сериозни компликации. Затоа во овие празнични денови на претерување и ослободување од сите норми и ограничувања, сепак мора да се внимава на сопственото здравје, особено оние со хронични болести.

та, по што веднаш преминувате на следното. Доколку имате време направете два сета вежби

Уживајте со помош на духовити трикови

- Ако набрзина изедете неколку слатки или колачи, константното движење ќе ви помогне да уништите неколку калории. - Ако никој не ве гледа додека јадете,тогаш тоа јадење нема калории. - Ако јадете стоејќи, тоа не се смета! - Ако јадете нешто од туѓа чинија, и тоа не се смета! - Парченцата крекери и слични грицки немаат калории, затоа што самиот процес на нивно кршење бара трошење калории. - Ако јадете со некого, калориите не се сметаат , ако обајцата

нете пред искушението се огромни. Меѓутоа, за да ги преживеете новогодишните и божиќните празници и следниот ден да можете да продолжете со славење и без проблеми да се соберете со семејството на свечениот празничен ручек, следниве неколку совети ќе ви се најдат во вистинскиот миг. На пример, на оние со поголем “стаж“ познато им е дека коктел од сок од портокал и вотка “може да ве крене од мртвите“. Секако, условот е во овој микс да капнете само неколку капки вотка, затоа што во спротивно ќе бидете уште попијани. Со оглед на тоа што секоја пијанка го дехидрира организмот , добро би било да го надоместите недостигот на вода, а во тоа најмногу ќе ви помогне сокот од кајсии. За појадок се препорачува кајгана затоа што јајцата се богати со витамин Б, со кого организмот прво ја губи битката со алкохолот. Пробајте и јогурт со мед. Веројатно овој вкус ви звучи непријатно, но

Шолја чај за закрепнување

Подготовката за празниците, изборот на храната и гостењето треба да бидат само симболичен чин,кој ќе го разубави и надополни топлиот и празничен амбиент и миговите поминати во друштво со најблиските, а нема да биде главна и крајна цел на празниците. Не заборавајте дека секогаш кога ќе добиете желба малку да се одморите и да се изолирате од празничната тензија можете да пронајдете некое мирно катче во вашиот дом, каде што ќе можете да ги одморите телото и главата и ќе можете во мир и спокој да испиете една шолја чај за закрепнување. Жените кои преку целата година се грижат да одржат некаков баланс во својата телесна тежина и негуваниот изглед, не смеат во текот на празниците да го запостават својот редовен режим на физички активности и грижа за своето здравје, ќе можат да добијат доволно сила и енергија и ќе си ја смират совеста ако во текот на празничната сезона практикуваат редовни вежби за телесна кондиција. Секое од движењата треба да се изведува по една мину-

изедете иста количина Уживајте во суштинската симболика на празниците- јадењето да биде дел од заедничкото уживање со најблиските, а не главна цел

Како да го преживеете мамурлакот следниот ден

штом ќе го пробате ќе се уверите во неговата благопријатност и делотворност. Во пресрет на празниците не би било лошо дома да имате киви , овошје за кое се вели дека е прва помош за мамурлак. Кивито е вистински извор на минерали и витамини, кои ни се потребни особено во вакви ситуации. Ако веќе морате да го решите проблемот на “тешка глава“, нема подобро решение од шолја чај од нане, наместо кафе. Чајот ќе ве опушти, ќе ве освежи и ќе ја отстрани болката.

Ако во текот на годината некако и успевавте да кажете “не“ на секоја чашка вишок , празниците се критичен миг кога шансите да потклек-

43


Совети

Најсвечена е онаа фризура што најдобро ви прилега

В

о принцип, припадничките на понежниот пол кон крајот на декември веќе се во паника и недоумица за каков вечерен изглед да се одлучат на низата забави што ги очекуваат во претпразничната сезона и на вечерта на прославата на Нова Година. Ако веќе барем една недела од напред знаете што ќе облечете , и соодветно на тоа сте замислиле како ќе бидете нашминкани , она на кое последно помислувате е фризурата. Меѓутоа, постојат техники, тајни на занаетот и трикови кои можете и самите да ги примените дома, ако немате време или не чувствувате потреба да правите фризура во некој салон. Не постојат модерни и немодерни фризури, туку стилови кои најдобро се вклопуваат во вашиот личен стил, облеката што ја носите, вашето држење. Немате потреба да изгледате како некоја “здрвена“статуа, затоа што постојат многу стилови како кадрици, разбранувана коса, мазна и рамна или исплетена кои совршено одговараат на секоја празнична гала- прослава, и се на крајот зависи од вашиот личен стил. Некои жени сакаат поекстравагантни фризури, додека пак други се држат до актуелните трендови кои би можеле да вклучат и разбушавена коса за секоја пригода.

Секси изглед за вашата кратка коса

Нанесете пена за коса додека косата е уште влажна и сушете ја по деловина овој начин кратката коса ќе добие повеќе во волумен во предниот дел. Потоа, ставете големи виклери за коса во горниот дел од вашата коса за дополнително нагласен волумен. На крајот, направете цик -цак разделување на косата во средината со врвот од чешелот. На овој начин косата ќе изгледа, побујна и погуста , отколку рамниот патец затоа што на овој начин косата се волуменизира од самиот корен.

Комплетирање на изгледот со модни додатоци

-Модните додатоци се одлична опција, така што дополнувањето на вашата фризура со ленти за коса, марами, шноли и други додатоци дефинитивно само ќе го нагласи вашиот свечен изглед. - Косата полна волумен е добра опција за свечени прослави , па употребата на препарати што и даваат волумен на косата дефинитивно многу ќе ви помогне -За свечени пригоди , разлетаната коса може да ви ја уништи секоја фризура, па затоа потрудете се да користите регенератор и силиконски капки за да го спречите разлетувањето. - Не се залетувајте со гламурозни и нападни фризури, бидејќи едноставно не е вистински избор на една дама со стил на фризура за формална новогодишна прослава. - Не претерувајте во подготовките затоа што би требало да уживате во новогодишната вечер, а не цело време да ја проверувате фризурата.

44


27


Спортски таленти

Ги освои највисоките европски, а сега и највисоките светски врвови

В

о месец јануари 2010 година охриѓанецот Мишко Танески ќе биде дел од македонската планинарска експедиција која ќе го освојува највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва висок 6965 метри на Андите. Танески во неговото петгодишно планинарско искуство ги има искачено речиси сите највисоки планински врвови во Македонија а потоа ги освоил Брајтфор и Монблан. Во месец јануари минатата година го искачил Килиманџаро а оваа година ги освои Хималаите со четирите врвови:Танцерку, Покалбе, Чукунгри и Ајлан Пик. “ Последниот врв го искачувавме околу 18 дена од местото Гукла до подножјето на врвот. Гукла е гратче на височина од 2 800 метри. Потоа се минува низ градовите, Батдинг, Нанче Базар( се наоѓа на 3 440метри надморска височина и е највисок град во светот). Тука се појавува еден крем на аклиматизација до локалниот врв па се оди преку Тиен Боче каде се

46

наоѓа најголемиот будистички манастир во светот и каде е снимен филмот Малиот Буда. Овој град е често посетуван од актерот Ричард Гир. Преку Дипоче стигнавме до Чкун кри каде го имавме и третиот аклиматизационен тренинг на 5 500 метри квадратни надморска височина од каде се упативме кон базниот камп на врвот Ајлан Пик на висина од 5 100 метри надморска височина. Тука останавме три дена и извршивме неколку алпинистички тренинзи со инструктори и на 27 октомври околу 12 часот попладне тргнавме кон врвот. Прво поминавме низ стрмен и тежок за искачување кулуар, потоа влеговме во глечер полн со пукнатини па затоа моравме да одиме заедно по четворица планинари. Гребенот на врвот беше доста стрмен и замрзат па затоа искачувањето беше тешко и ризично. Последните 150 метри до врвот исто така беа тешки за искачување. Се движевме по тесна патека така наречена нож,широка околу 50 сантиметри. Во 10 часот и

36 минути по непалско односно 17 часот и 51 минута по македонско време јас бев на врвот Ајлан Пик заедно со уште четворица македонски планинари“, вака се сеќава на последното искачување на Хималаите, планинарот Мишко Танески. Деновиве Танески ги привршува подготовките и тренинзите кои ќе му овозможат побрзо искачување на врвот Аконкагва на Андите. Тој трча,вози велосипед,и тренира во теретана неколку часа на ден, а посетува и часови на јога кои ќе го одржат во психичка рамнотежа која треба да е максимална кога ќе се најде среде белилото и студот на високите планински врвови. Еднаш во неделата тој планинари на некоја од нашите планини применувајќи тренинг на издржливост. “Стрмните планини и врвови можат да ги искачуваат луѓе кои имаат желба за овој спорт и верба во себе. Но неопходна е средена психа, мора планинарот да има добра психофизичка кондиција.“, вели Танески Охриѓанецот кој ги освојува

највисоките планински врвови и гребени во светот со планинарење се занимавам пет години. “ Изборот за овој вид спорт беше случаен. Прв пат се искачив на планината Галичица заедно со пријателите: Наум Христоски,Здравко Маленко, Миле Битек. Уште при првата средба знаев дека вечно ќе се дружам со планините, тоа беше убава прошетка во која имаше убави видици кои секогаш ќе останат запечатени во мојата меморија. Планинарењето и покрај големиот напор што го бара го прави животот полесен, ми дава енергија. Тоа е модерен начин на живот и јас уживам во него.“ За своите планинарски успеси и достигнувања, Мишко Танески е добитник на повелба што Општина Охрид ја доделува на заслужни охриѓани кои дале придонес во општествениот развој а по повод патрониот празник на градов 8-ми декември.


ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

27


Спорт

32


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 117 by alan.kaou - Issuu