Skip to main content

АМАК ПРЕС 122

Page 1

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 122, Мај 2010, Бесплатен примерок

Конечно лето за охридската економија!


2


Збор на уредникот

Горда ме прави овој медиум Деновиве имам посебна причина да бидам среќна и горда што сум уредник на АМАК ПРЕС- ОХРИДСКИ НОВИНИ . Имено, според последните истражувања и анкети направени на пазарот овој месечник е најчитаниот весник во Охридско –струшкиот регион. Тоа значи дека охриѓани и стружани се одлучиле за него наместо за другите национални весници и списанија кои излегуваат во продажба. Круна на моето задоволство беше и неодамнешната информација која стигна до нашата редакција а во која се вели дека дел од содржините од овој медиум ќе бидат објавени во монографијата која ќе се издава по повод јубилејното 50-то издание на меѓународната културна манифестација “Охридско Лето“. “Одлучивме во монографијата која е подготвена по повод 50 –от роденден на“ Охридско Лето“ да учествувате и Вие. Во конкуренција влегоа сите печатени медиуми од Македонија кои известувале за оваа манифестација и одлуката падна токму на Вас, ценејќи го квалитетот на напишаното од Ваша страна“, ова се дел од зборовите напишани во образложението што го добивме од Управниот Одбор на “Охридско Лето“ од Скопје. Заслугата за постигнатиот успех не е само моја туку и на тимот од информативната и техничка редакција што работи со мене. Огромна благодарност за успехот упатуваме до основачот и издавачот на АМАК ПРЕС –Охридски Новини, господинот Венко Шапкар кој веќе седум години финансиски го поддржува овој медиум и како сопственик на истиот со својот коректен и фер однос ни овозможува објективно и слободно реализирање на новинарската професија , притоа во ниту еден момент не мешајќи се во уредувачката политика на весникот. Задоволни со постигнатиот успех Ве оставаме со најновото издание на “Охридските Новини“ ветувајќи Ви уште многу други квалитетни разработени теми за случки и настани од Охрид кои како такви се актуелни и интересни и утре и по еден месец, година, десет години затоа што се обележје на градов за на век .

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com

Редовни рубрики: Наш Охрид Наши бизнисмени Образование Репортажа Ви најавуваме... Чест ни е... Охридски легенди Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Томислав Кипријанов Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески 075/ 476-158 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3


Наш Охрид Тоне македонскиот а не охридскиот туризам

Туристите ќе протрчаат низ земјава

С

поред процените, годинава низ земјава ќе минат од 3 до 3,5 милиони транзитни туристи, но нема организирана понуда што ќе ги привлече да ги видат природните богатства Автопатот од Куманово до Гевгелија во должина од 180 километри транзитните туристи низ Македонија го минуваат за три часа. Толку време имаат да ја видат земјава низ стаклото на автомобилот или автобусот, бидејќи нема туристичка понуда за да ги задржи. Така освен издувните гасови од превозните средства и сметот што патниците го оставаат попатно, немаме никаков ќар од милионите туристи што ја претрчуваат земјава и не оставаат ниту едно евро. Напротив, трошиме повеќе за да ги исчистиме остатоците од реката гости, кои само минуваат по автопатот. Понудата за туристите да потрошат некое евро, а тоа да не биде услуга за санитарен јазол или полнење гориво, е никаква. “Возачите мора да застанат да купат бензин и тоа е единствената причина зошто тие ќе сопрат некаде. Нема организирана понуда или туристички бироа што ќе ги привлечат туристите да видат дел до природните богатства или убавини на Македонија, кои се лоцирани во близина на автопатот. За жал, така не можеме да очекуваме девизен прилив, а касата ќе остане празна“ , вели туристички работник од Велес.

4

Процените се дека оваа година низ земјава ќе минат меѓу 3 до 3,5 милиони транзитни туристи, сите тие да остават по едно евро, за толку ќе се збогати државната каса. Во споредба со лани, земјава ја посетиле 587.770 туристи, од нив, 259.204 биле странци, а забележани се вкупно 2.101.606 ноќевања. Во најголем дел автопатот се простира низ Вардарскиот регион, кој неодамна од Бирото за регионален развој доби 19 милиони денари за развој на транзитниот туризам. “ При подготовка на овој проект дојдовме до сознанија дека годинава низ Македонија ќе транзитираат 3 до 3,5 милиони туристи. Од нив остануваат издувните гасови и отпадот, кој треба сами да го исчистиме. Затоа целта на парите што ги добивме е да ја збогатиме понудата и да утврдиме 12 локации по должина на автопатот каде што ќе се постават инфо- точки. Треба да се изработат урбанистички проекти, потоа преку анимирање на приватниот сектор да се изградат тие точки. Целта е да запрат туристите, да погледнат и останат, пробаат нешто од македонската туристичка понуда“,вели Александар Бузалков, директор на Вардарски плански регион. Тој објаснува дека подготвуваат билборди, брошури, знаци за да се приближи понудата до транзитните туристи. Од обилното природно и културно- историско наследство во Вардарскиот регион, особе-

но се издвојуваат природниот резерват Тиквешко Езеро, споменикот на природата „Демир Капија“ и археолошкиот локалитет „Стоби“, а значаен ресурс за развој е винскиот туризам. Регионот има потенцијал за развивање планински туризам преку изградба на ски -центарот Кожуф. Од водените ресурси, застапени се долните теченија на реките Вардар, Црна Река, Брегалница, Бабуна и на Тополка, водните акумулации „Тиквеш“ и „Младост“. Најголем дел од гостите кои за некоја недела ќе почнат да транзитираат се Срби. По визната либерализација тие масовно ќе тргнат на годишен одмор кон Грција и Турција, но ќе нема каде попатно да ги остават парите. Новиот српски амбасадор во Македонија изрази надеж дека ќе се најде начин каде српските туристи да се одморат од долгиот пат. - Ако лани минале еден милион туристи до Србија, годинава се очекува тоа да бидат два милиони Срби. За жал, освен бензински пумпи, друга понуда нема. Затоа ќе треба да се поработи туристите да ги видат вашите убавини и богатства - вели Томислав Ѓурин, амбасадор на Србија во Македонија. Освен Срби, летово низ земјава традиционално ќе минат и туристи од Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, кои ќе летуваат на егејскиот брег. За приближување на туристите кон Кавадарци, кој е во близина на автопатот Куманово- Гевгелија, општи-

ната ќе ги промовира туристичките потенцијали, со печатење брошури за алтернативен туризам во Тиквешкиот регион. Најзначајниот споменик на оваа релација е археолошкиот локалитет Стоби. За пет месеци лани го посетиле три илјади посетители, најголем број странци кои платиле по две евра влезница. “ Но, за да се дојде до Стоби проблем е патната сигнализација“,вели директорката на културната установа, Силвана Блажевска. Слична е состојбата и со приодните патишта до велешкото езеро „Младост“. Поради ова, сопствениците на неколкуте угостителски објекти лоцирани покрај брегот апелираат да се обезбеди приод до езерото. Од локалната власт одговорот е дека за ваква инвестиција е потребно во неа да учествуваат и сопствениците, бидејќи тие ќе го соберат ќарот. Еден од капиталните објекти покрај автопатот беше хотелот „Македонија“, лоциран во средината од неговата должина и тука најчесто паузираа туристите, а кампингот покрај реката Вардар беше идеален за непланиран одмор. Но, тој иако со нов сопственик, не работи три години, толку време се реновира. И годинава хотелот нема да биде во можност да ги прими гостите бидејќи работите се' уште не се завршени.


Наш Охрид

Петрески, оптимист за претстојната туристичка сезона во однос на претходните години. Бенефит од туристичкиот промет кој ќе се оствари годинава ќе имаат најмногу граѓаните кои живеат од туристичкото стопанство, вели Петрески..

Г

радоначалникот на Охрид Александар Петрески е оптимист за претстојната летна туристичка сезона. Тој верува дека ова лето во градов ќе има многу повеќе гости

Како и секоја година, така и оваа, проблем претставуваат високите цени на угостителските услуги, поради што во Охрид секоја година се намалува туристичката посетеност. Петрески остварил повеќе средби со угостителските чинители при што апелира да се намалат цените на производите кои тие ги нудат во своите објекти. «Во рамките на нашите ингеренции, ги намаливме општинските даноци за остварување на туристичката дејност на најниско ниво, но не можеме да влијаеме врз политиката на централаната власт во однос на развојот на туризмот» - рече тој.

ции во Владата на Република Македонија под итно да преземат мерки за реконструкција на патот Охрид - Скопје, за да се олесни туристичката комуникација меѓу двата града. «Проблем претставува и авионскиот сообраќај. Владата наместо да инвестира средства во споменици, нека го финансира авионскиот сообраќајот во Охрид, за неделно да имаме по неколку слетувања од Љубљана, Загреб, Франкфурт и од останатите европски дестинации»вели градоначалникот. Туристичката сезона е на прагот. Останува да се види дали ќе се исполнат овие прогнози за уште едно успешно лето на Охридското Езеро.

Петрески упатува апел до надлежните институ-

Охрид, добитник на “Златна чаша за гостопримство”

О

хрид е добитник на наградата «Златна чаша за гостопримство» која беше доделена неодамна во Белград, во рамките на манифестацијата «Туристички Оскар - златно туристичко срце на Југоисточна Европа». Оваа награда на Охрид му ја додели меѓународното стручно жири на манифестацијата «Sacien internacional», која во текот на 2009 година вршеше оценка на туристичката дејност на земјите од регионот на Југоисточна Европа. Според градоначалникот на Охрид Александар Петрески , оваа значајна награда е признание за сите субјекти во туризмот, вклучувајќи ги локалната самоуправа и граѓаните. Наградата претставува поттик за уште подобра понатамошна

туристичка презентација и развој на оваа најзначајна стопанска гранка во Охрид. «Добивме туристички оскар за југоисточна Европа, златно туристичко сонце. Наградата се вика златна чаша на гостољубието за 2009 година. Во конкуренција за оваа награда беа повеќе држави, Турција, Романија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Австрија, Албанија, Кипар, Тунис, Малта и Грција. Членовите на здружението «SACEN», прават патроли за случувањата во градовите во текот на минатата година и за 2009 година на Охрид му припадна честа да се здобие со ваква престижна награда» - истакна Петрески

5


Наш Охрид

Ќе поскапат комуналиите за градба во Охрид на зголемувањето на производната и на продажната цена на станбениот квадрат во Охрид. “Последната програма за уредување на градежното земјиште во Охрид е донесена во 1997 година, кога производната цена беше 250 до 300 евра за квадрат. Денес просечната производна вредност е 350 до 400 евра за еден квадратен метар, а продажната цена од 800 до 1 500 евра“, нагласува Арнаудов.

И

нвеститорите и граѓаните што планираат да градат станбени или деловни објекти во Охрид од средината на мај ќе плаќаат повисоки комуналии за околу 30 отсто. Општинскиот совет треба да ја усвои Програмата за наплата на надомест за градежно земјиште, која ги предвидува овие измени.

“Зголемувањето ќе биде најголемо во првата градежна зона, во централното градско подрачје. Сега комуналиите што се плаќаат во Охрид се движат од 1 280 до 10 850 денари за квадрат“, вели началникот на Секторот за урбанизам при Општина Охрид, Бранко Арнаудов. Според Арнаудов зголемувањето на комуналиите е резултат

Градоначалникот на Охрид најави и измени во зоните на градба. “ Населбата Рача и селото Пештани се третираат како рурални населби. Овие две населени места сега се многу атрактивни за градба и треба да влезат во првата зона за комуналии. Ќе има зголемување на цените за колективна градба, а цените за комуналиите на семејните објекти најверојатно ќе останат исти“, вели градоначалникот Александар Петрески. Сегашните цени на комуналиите во центарот на Охрид се движат од 80 евра за колективни објекти, 120 евра за деловни објекти и околу 2.000 денари за индивидуални семејни објекти за квадратен метар.

Задоцнето но не заборавено

Конечно, ќе се рушат дивоградбите во Охрид

К

онечно стапува во сила одлуката со која ќе се рушат сите дивоградби во Охрид. Рушењето на нелегално подигнатите објекти беше најавено да започне во септември минатата година, но правната рамка за рушење е донесена деновиве. “Неодамна од страна на извршителите е потпишан договорот кој што беше на тендер. Тендерот беше добиен од страна на скопска фирма. Моментално се прават списоци кои објекти треба да се рушат , настојуваме да го погодиме тајмингот – времето за рушење, затоа што минатата година дел од локалните советниците беа против тоа да се руши во периодот на летната сезона. Но сега нема ништо да не попречи во намерите, ќе го срамниме до земја секој нелегално подигнат објект“, ни изјави раководителот на комуналниот инспекторат, Танас Танаскоски, додавајќи дека со рушење ќе се започне деновиве. До комуналниот инспекторат поднесени се над 100 кривични пријави за подигнати дивоградби. За сопствениците на нелегалните објекти следат 3-4 санкции и тоа : парични казни во износ над 20 000 евра, рушење на дивоградбата, затворска казна за сопственикот па дури и одземање на земјиштето. “Стариот дел на градот посебно ќе го заштитуваме и посебно ќе бидеме внимателни таму. Во тој дел од градов ќе преземеме активности по претходна координација со Заводот за заштита на спомениците. Се она што од наша и нивна страна ќе биде забележано како дивоградба ќе биде веднаш рушено“, изјави за августовското издание на Охридските новини, (а по повод најавата дека од септември ќе се рушат дивоградбите во Охрид)градоначалникот Александар Петрески. Во стариот дел на Охрид, законски највисоките објекти имаат приземје и

6

два ката (П + 2), а таму каде косината на теренот е поголема, куќите имаат само приземје и кат (П + 1). Според стариот и новиот урбанистички план има строга забрана за подигања поткровја.


Наш Охрид

7


Економија

Амбасадорот на САД, Рикер во посета на АМАК СП

А

мериканскиот амбасадор Филип Рикер неодамна ја посети реномираната компанија АМАК СП во Охрид. Тој пројави интерес одблизу да ги согледа проблемите со кои се соочува АМАК СП во последните години. «Навистина сум задоволен по посетата на реномираната компанија

АМАК СП. Бев заинтересиран да ги слушнам проблемите и предизвиците со кои се соочува компанијата, лично од генералниот директорот Венко Шапкар. Очигледно, светското производство и светската економија доведоа до пад во работата и производството во целата заедница. Затоа мора да се движиме во нови правци во производството на нови про-

‘‘Секогаш кога ќе го ставам појасот на седиштето во мојот автомобил се присетувам на АМАК СП и на квалитетните производи кои се произведуваат во овој надалеку познат производствен капацитет.‘‘ - Филип Рикер амбасадор на САД во Македонија 8

изводи. Секогаш кога ќе го ставам појасот на седиштето во моето возило се присетувам на АМАК СП и на квалитетните производи кои се произведуваат во овој надалеку познат производствен капацитет. Глобалната економија бележи раст, но македонската економија е слаба. Не морам јас тоа да го кажам, тоа го чувствува секој Македонец. Многу е важно да се гледа во иднина како да се интегрира економијата во 21от век. Секако, за тоа многу е важно зачленувањето на Македонија во Европската Унија»,истакна амбасадорот Рикер додавајќи дека АМАК СП е компанија која поседува огромен производствен капацитет, не само во автомобилската индустрија туку и во производството на други производи. Првиот човек на компанијата, Венко Шапкар, изрази големо задоволство од посетата на амбасадорот, затоа што АМАК СП и понатаму останува најголема американска инвестиција во Македонија. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се зголеми поддршката на американската амбасада и на македонско - американската стопанска комора за компанијата. «АМАК СП е се уште најголемата

американска инвестиција во Македонија, со долгогодишна традиција и во последните 2-3 години на криза, мислам дека секако беше ред американската амбасада да се заинтересира и да ги дознае проблемите и да видиме дали може на некој начин да се помогне во надминувањето на моменталната ситуација и АМАК СП повторно да се врати во помирни и побезбедни води. Должност на секој амбасадор е да се грижи за економската состојба во земјата во која се наоѓа, посебно за компаниите кои што се наоѓаат во неговиот регион. Токму затоа и беше остварена оваа посета и јас се надевам дека по сите информации кои што ги разменивме со амбасадорот во рамките на неговите можности, во иднина само ќе имаме поголема поддршка од амбасадата и од македонско - американската стопанска комора. Се договоривме за наредни средби и за преземање конкретни чекори. При посетата амбасадорот беше запознаен со новите проекти, од кои што дел веќе се надвор од автомобилската индустрија, која и покрај тоа што оваа година излезе од кризата, се уште е подрачје за работа и за правење бизнис. «


Економија

Американската делегација и раководството на компанијата во посета на фабричките хали

– рече генералниот директорот на АМАК СП, Венко Шапкар и истакна дека компанијата веќе работи на остварување на два нови проекти надвор од автомобилската индустрија кои според него имаат голема иднина. “ Едниот се однесува на топло изменувачите. Зафатот се одвива веќе трета година и мислам дека конечно оваа година ќе биде реализиран со исфрлување готов производ на пазарот за кој што има голем интерес и голема побарувачка затоа што е еколошки и се работи за производ кој што е токму од оние производи кои доведуваат до смалување на потрошувачката на енергија, а тоа е еден од правците кои што изминатиов период во Копенхаген го разгледуваа големите светски сили, како на глобално ниво да се смали потрошувачката на енергија. Другиот проект се однесува на производот за заштита на човековата околина и е исто така едно од прашањата за кое расправаат големите сили во Копенхаген. Тоа е еколошки производ којшто ќе ја штити човековата околина од загадување, односно еколошки издувни системи коишто се патентирани но во фаза на

хомологирање. Штом биде завршена таа фаза ние преминуваме во третата фаза на реализација на производната програма и мислам дека и тој производен програм годинава

исто така ќе заживее“, додаде Шапкар. Со овие два производи компанијата АМАК СП ќе биде една од првите во Европа и светот со нов тип произво-

ди кои ќе имаат своја светла иднина.

9


Бевме на... Втора конференција за меѓу религиски и меѓу цивилизациски дијалог

Македонија пример за соживот и разбирање

С

о усвојување на завршна Декларација, во Охрид заврши Втората конференција за меѓу религиски и меѓу цивилизациски дијалог. Во декларацијата претставниците на различните религии изразуваа заложби за нивно активно учество во јакнењето на мирот и соработката

преку постојан дијалог. Религиските заедници се обврза дека ќе се залагаат за подобрување на образованието, социјалните и економските можности за идните генерации, како и дека ќе ги охрабруваат меѓу културните настани со цел да се промовира толеранцијата. Исто така беа по-

здравени напорите на македонската влада и граѓаните за успешниот модел на соживот и се истакна важноста од меѓу цивилизациски и меѓу религиски дијалог за промовирање на основните човекови права. Во декларацијата се поддржува јавното покажување верски симболи и одбележување празници и се повикуваат сите влади да го зголемат учеството на жените во одлучувачките процеси. Се потенцира и потребата од постоење слободни и плуралистички медиуми кои ќе ја промовираат религиската толеранција. Исто така се укажува и на потребата од формирање Управен совет за религиите под патронат на ООН. Декларацијата за унапредување на религијата и културата како придонес кон мирот, меѓусебната почит и соживотот Охрид 2010 ќе биде дадена на Генералното собрание на ООН, УНЕСКО, ЕУ, Советот на Европа, ОБСЕ, Африканската унија, Асоцијацијата на држави на Азија и на други организации. Во завршното обраќање министерката за култура Елизабета Канческа -Милеска, изрази задоволство од успешноста на

Ви најавуваме

Боб Дилан ќе го најави 50- тото издание на “Охридско лето”

Л

егендарната музичка рок ѕвезда, Боб Дилан, на 4 јуни ќе настапи во Скопје. Неговиот концерт ќе се одржи во Метрополис арената во организација на Авалон продукција, а со подршка на фестивалот «Охридско лето» и Министерството за култура. Воедно, концертот на Дилан ќе претставува пред-

10

фестивалска активност со која ќе се најави отварањето на годинешното јубилејно, 50- то издание на « Охридско лето». Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти мај и ќе бидат со различна цена која ќе се движи од 2. 000 ден. за стоење до 4 000 ден. за ВИП ложа. Концертот на Дилан во Скопје е дел

од неговата турнеја, во чии рамки се планирани и настапи во Софија, Букурешт, Белград и Загреб.

Конференцијата за што потврда е учеството на над 300 верски мисионери од триесетина држави. “ Цврсто сум уверена дека можностите создадени и етаблирани на оваа конференција ќе трасираат многу патишта кон успехот. Владата на Р. Македонија со своето континуирано покровителство на заложбите за мир и дијалог меѓу религиите и цивилизациите на дело ја потврдува глобалноста на идиомот и делувај локално. Резултатите се веќе тука и се чувствуваат дури и во периодот кога светската рецесија се потруди да ја намали моќта на дијалогот, се разбира... безуспешно бидејќи низ дијалогот многу побрзо и посеопфатно се согледуваат сите ракурси на проблемите, а колку побрзо стануваме свесни за нештата, толку побрзо можеме да ја преземеме контролата над нив“, истакна министерката Канческа Милевска. На маргините на Конференцијата беше избран новиот состав на Меѓународниот комитет кој ќе работи на организација на Третата конференција за меѓу религиски и меѓу цивилизациски дијалог, што ќе се одржи во Охрид во 2013 година.


Наши таленти

Охриѓани најдобри кулинари на Балканот ството се смета како машка работа, но таа докажува дека тоа не е така. “На натпреварот ги подготвив коктелите менхетен, охридска тиркизна ноќ и пинајпел-тропикал. Интересно е тоа што јас бев единственото женско во оваа натпреварувачка категорија и единствената која нема практично искуство во барменството. Искрено, не очекував дека моите коктели и начинот на подготвувањето ќе бидат оценети како најдобри “ вели Ивана. Како најголем успех на училиштето на натпреварувањата е освоеното Гран при за најдобро екипно учество.

О

хридските матуранти по угостителство со своите специјалитети ги освоија вкусот на жирито и највисоките награди на Балканските гастрономски натпревари во бугарскиот приморски град Бургас, каде што другите држави ги претставувале студенти и професионалци. Угостителството може да биде перспектива за младите ако се работи со љубов - е мото на матурантите од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид кои деновиве освоија вредни меѓународни награди. Со своите специјалитети и доброто послужување тие ги освоија вкусот на жирито и речиси сите највисоки награди и признанија на Балканските гастрономски натпревари, кои деновиве се одржаа во бугарскиот приморски град Бургас. “ Конкуренцијата беше многу силна, бидејќи останатите балкански држави ги претставуваа професионалци од угостителската дејност и студенти на угостителство и кулинарство. Ние бевме единствени средношколци и најмлади, но бевме најуспешни

во повеќе категории“ велат младите угостители од Охрид. Менито што го освоило златниот медал го подготвил матурантот Илија Ангелески, а било составено од рибја салата и крем супа од грашок, како предјадење и свински медаљони во сос од печурки како главно јадење. На жирито голем впечаток им оставила и питата со јаболка подготвена од Ангелина Симоноска, која била наградена со сребрен медал во категоријата на слаткарство. Со златен медал се закитил и Маријан Томаноски за специјалитетот фламбирани шкампи, во категоријата фламбирање. Тој освоил и уште еден златен медал во категоријата послужување, а во истата категорија голем успех покажал и Агрон Асаноски, кого жирито го наградило со сребрен медал за својата умешност во послужувањето на гостите. “ Ова натпреварување, покрај тоа што е едно огромно искуство за мене, значи и голем поттик да се занимавам со угостителството. Наградата ми ги отвора вратите во иднина. Иако имам хонорарен ангажман,

веќе почнав да добивам и други понуди за работа. Секој ресторан и хотел има потреба од стручен кадар од угостителството и затоа сметам дека угостителските професии имаат перспектива, особено во туристичките центри како што се Охрид и Струга “ вели Агрон Асаносоки. Надежи за успешна кариера има и Ангелина Симоноска, која смета дека ако има љубов кон професијата, успехот е неизбежен. -“Јас себеси во иднина се гледам како успешен готвач. Многу сакам да готвам и тоа вистински ме исполнува. По освоените награди добив неколку понуди за работа. Откако ќе завршам со обврските околу матурските испити, секако дека ќе прифатам некоја од понудените. Мислам дека готвењето може да биде атрактивна професија за младите во Македонија, но треба да се променат некои стандарди во угостителството за оваа професија да се цени повеќе “ вели Ангелина. Во дисциплината златниот медал го освоила Ивана Јосифоска. Бармен-

“ Поединечните резултати се важни во угостителството, но добрата организација и тимската работа се круната на успехот. Многу е важно како функционира целиот тим, затоа што нема успех ако готвачот зготви перфектно јадење, а тоа не е добро послужено. И обратно, залудно е доброто послужување ако јадењето не е добро зготвено “, вели директорот на училиштето, Секула Баткоски. Тој нагласува дека успехот што го постигнаа учениците на балканските натпревари се должи на добрите услови за обука со кои располага училиштето, но пред се' на личната посветеност и желбата на учениците. “ Кај новите генерации се развива искрена желба да се занимаваат со угостителство. Порано не беше така. Најверојатно младите, како и нивните родители, ја разбираат потребата на угостителскиот сектор во Охрид и во другите туристички центри од млади и напредни готвачи и послужувачи, кои се специјално обучени за тоа“ -вели Баткоски. Тој нагласува дека современото угостителство во западните земји се заснова на стручни кадри, а не на сезонски и несоодветни работници. Угостителството е значајна алка од туристичкиот сектор, па затоа не може да има доба

11


Чест ни е...

12


Интервју Интервју- Зоран Стрезовски, директор на државната Агенција за промоција на туризмот ман – ликовен уметник

Охрид го гледам како Дубровник

1.Првомајските празници доведоа доста странски туристи во земјава. Хотелите во Охрид и Струга за првпат изразуваат задоволство од посетеноста и покрај песимистичките прогнози на некои туристички работници. Ќе продолжи ли трендот за да имаме успешна туристичка сезона? Како државна Агенција за промоција на туризмот рековме дека ќе ги применуваме сите современи алатки во маркетингот што ни се на располагање и што ги користат развиените туристички дестинации. И тоа ние го реализираме. Основната наша цел е етаблирање на Македонија како туристичка дестинација во странство и на тоа целосно сме посветени. Тоа веќе го препознаваат и туристичките работници. Резултатите дефинитивно ќе си дојдат сами по себе. 2.За пошироката јавност

набројте ги активностите кои до сега ги реализиравте и кои имате во план да ги реализирате? Со нашето формирање презедовме активности кои за првпат се реализираа во Македонија и тоа: учеството на меѓународните саеми во странство настапувавме преку брендиран штанд и со активности на нашиот штанд од типот организирање на прес конференција,музика и фолклор... реализирање на билборд кампања по теркот на развиените туристички дестинации комбинирано со промоција во печатени медиуми во дадената земја, координирана акција на промоција во светски печатени медиуми како SNN treveler,SNBS magazin, The Parlament magazin, поставивме туристички инфо –столбови на граничните премини и аеродромите, реализираме програма за поканување на странски туроператори и новинари во земјава, организираме презентации во главите градови на повеќе земји,

потикнуваме формирање на туристички совети во туристичките места,, ... значи сите активности кои ги преземаат и другите туристички земји. Сето тоа се реализира и оваа година. 2.Инфраструктурата не ни е на завидно ниво. Има различни мислења дека прво треба да се направи инфраструктурата па потоа да се рекламира земјата. Каков е вашиот став? Дозволете да не се сложам со таквите гледања. Имено примерите кај другите земји не е таков. Во Хрватска првите туристички спотови беа емитувани во 1996 година а инфраструктурата започна во 2000 година. Мое мислење е дека треба паралелно да се водат тие процеси и ако погледнете Владата го реализира тоа односно ги даде на концесија аеродромите каде очекуваме нивно модернизирање, дел од патиштата се даваат на концесија, инфраструктурно ќе се уредуваат Езерата

во Македонија.... така да се очекува и овој значаен сегмент од туризмот да се подобри за брзо време. 3.Како го гледате Охрид како туристички град? Дали цените на хотелско – угостителските услуги се скапи ? Јас и порано тоа го изјавив Охрид го гледам како Дубровник, изграден меѓународен туристички бренд со квалитетна туристичка понуда од сите аспекти. Цените на услугите мора да бидат во согласност со цените и понудата на земјите во регионот. Од тој аспект треба да имаме вон сезонски цени кои треба да се поефтини (како што впрочем е секаде во светот) и цени во сезона .За жал тоа кај нас се уште го нема но мислам дека тоа ќе се случи многу брзо. Имав прилика да ја видам анкетата на еден електронски медиум во кој се потврдува дека Охрид има скапи услуги – така го перципираат и граѓаните и туристите. Затоа и мојот апел е да се пра

13


Интервју 1.Првомајските празници доведоа доста странски туристи во земјава. Хотелите во Охрид и Струга за првпат изразуваат задоволство од посетеноста и покрај песимистичките прогнози на некои туристички работници. Ќе продолжи ли трендот за да имаме успешна туристичка сезона? Како државна Агенција за промоција на туризмот рековме дека ќе ги применуваме сите современи алатки во маркетингот што ни се на располагање и што ги користат развиените туристички дестинации. И тоа ние го реализираме. Основната наша цел е етаблирање на Македонија како туристичка дестинација во странство и на тоа целосно сме посветени. Тоа веќе го препознаваат и туристичките работници. Резултатите дефинитивно ќе си дојдат сами по себе. 2.За пошироката јавност набројте ги активностите кои до сега ги реализиравте и кои имате во план да ги реализирате? Со нашето формирање презедовме активности кои за првпат се реализираа во Македонија и тоа: учеството на меѓународните саеми во странство настапувавме преку брендиран штанд и со активности на нашиот штанд од типот организирање на прес конференција,музика и фолклор... реализирање на билборд кампања по теркот на развиените туристички дестинации комбинирано со промоција во печатени медиуми во дадената земја, координирана акција на промоција во свет-

14

ски печатени медиуми како SNN treveler,SNBS magazin, The Parlament magazin, поставивме туристички инфо –столбови на граничните премини и аеродромите, реализираме програма за поканување на странски туроператори и новинари во земјава, организираме презентации во главите градови на повеќе земји, потикнуваме формирање на туристички совети во туристичките места,, ... значи сите активности кои ги преземаат и другите туристички

земји. Сето тоа се реализира и оваа година. 2.Инфраструктурата не ни е на завидно ниво. Има различни мислења дека прво треба да се направи инфраструктурата па потоа да се рекламира земјата. Каков е вашиот став? Дозволете да не се сложам со таквите гледања. Имено примерите кај другите земји не е таков. Во Хрватска првите туристички спотови беа

емитувани во 1996 година а инфраструктурата започна во 2000 година. Мое мислење е дека треба паралелно да се водат тие процеси и ако погледнете Владата го реализира тоа односно ги даде на концесија аеродромите каде очекуваме нивно модернизирање, дел од патиштата се даваат на концесија, инфраструктурно ќе се уредуваат Езерата во Македонија.... така да се очекува и овој значаен сегмент од туризмот да се подобри за брзо време.


Наша гордост

Туристичка агенција ВИС

ПОЈ

КАДЕ НА ОДМОР ОВА ЛЕТО? НАША ПОНУДА ЗА ВАША ОДЛУКА Грција, Турција, Бугарија, Италија, Албанија, Шпанија, Египет, Хрватска, Србија, Црна Гора... ... и многу други!

Ваша агенција!

046 255 600 www.vispoj.com.mk

НАЈПОВОЛНИ авио билети за сите дестинации Автобуски билети за сите компании и дестинации Крстарења, билети за траект и патувања со брод Пополнување на документи за Австралиска, Америчка и Канадска виза

Организација на настани, семинари, конгреси и деловни средби, школски екскурзии, тематски екскурзии, разгледи, излети, деловни патувања, Рент а кар услуги...


На кафе Локалсо... Бранко Ѓорчев- познат македонски актер и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје

Како дете се заглавив и сеуште не се одглавив од театарот Еден од најпознатите македонски актери и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев ,за себе вели дека е едноставен човек кој ужива во сопствената професија и целосно се посветува на неа. Среќен го прават обичните работи, семејниот ручек, прошетката со најблиските низ градскиот парк во неделните пред пладниња и пиењето кафе во кафулињата на улица“ Македонија“ во Скопје. “Нормално дека успешноста кај актерите не може постојано да биде на највисоко ниво. Некогаш дури се добри паузите кога не се работи ништо со намера да се наполни “акумулаторот“ за потоа да се направи некоја поголема улога“, вели Ѓорчев кој за својот 30-годишен актерски ангажман е добитник на бројни награди и признанија. Моментално тој е актуелен и по популарната турска серија “1001 ноќ“ што е синхронизирана на македонски јазик. Во неа Бранко го позајмува својот глас за познатиот бизнисмен Онур Аксел

16

1.Кога бев дете себе си се замислував... - Ни самиот не знам зошто но кога бев дете себе си се замислував како келнер. Моите родители се смееја на тоа и стално ме прашуваа зошто сакам да сум токму тоа а јас им велев: тие се убаво облечени, во црни сакоа и бели кошули и имаат многу голем паричник полн со пари(ха, ха, ха....), тоа сум го забележал и така таа професија ми останала како една сенквенца од детството. Нормално после тоа излегоа многу други професии за да се идентификувам со актерството како моја животна професија. 2.Зошто ја избравте глумата и одлучивте на “театарските штици“ да го ситните работниот век а не избравте нешто друго? - Па одлуката првично беше поради фамилијарниот момент. Мојот покоен татко беше еден од првенците на македонскиот театар и некако покрај него татарот живееше кај нас дома. Јас уште од мали нозе додека живеевме во Куманово одев во театарот со татко ми каде тој беше режисер и актер а беше и уметнички директор на театарот. Всушност гледав каде и како работи тој, се качував на сцената кога ќе завршеше претставата. Стално раскажувам една случка дека по завршувањето на една од театарските претстави јас ја ставив главата во процепот од еден од столовите на кои седеше публиката. Си ја заглавив главата, и стално велам дека јас во суштина никогаш не сум се одглавил од тоа театарско столче. Секогаш останав заглавен во театарот. 3. Моето посериозно зачекорување во глумата беше...... - Како популарност, нормално телевизијата е медиум кој е неприкосновен во однос на побрза комуникација со публиката. Тогаш


На кафе со... театарот но и во никој случај нема да ги спречувам доколку сакаат да станат актерки.

Ми годи кога во продавница или на улица ќе го чујам коментарот: ‘‘Ене го Онур, тоа е неговиот глас...(ха ха ха...)‘‘

се прикажуваше една серија “Случки од животот“ и тука наеднаш во таа серија како студент на Факултетот за Драмски Уметности стекнав огромна популарност. Тоа како и на секој млад човек ме изненади а веднаш потоа следуваа улоги во театарот . Ја имав таа привилегија и среќа уште како млад да работам со познати имиња со Харис Пашовиќ,Вито Тауфер,Петар Вечек и со редица домашни режисери. Сето тоа си почна постепено до мојата зрела фаза на актер како што сум сега. 4. Кој период од Вашиот професионален ангажман го оценувате како најуспешен? - Секој период по себе е интересен. Нормално дека успешноста кај актерите не може постојано да биде на највисоко ниво. Некогаш дури се добри паузите кога не се работи ништо со намера да се наполни “акумулаторот“ за потоа да се направи некоја поголема улога. Меѓутоа за мене последниве 10 години се плоден период во поглед на доста награди и признанија кои за сработеното сум ги добил. Меѓу наградите ќе ги спомнам: Наградата “Војдан Чернодрински“ што ја добив за епизодна улога. Како млад актер добив награда од тогашната ревија “Екран“ и награда што ми е особено драга и е врзана за Охрид “Златна маска“ а ја добив за најдобар актер на фестивалот Охридско Лето. Последнава награда ми е драга затоа што ја добив на меѓународна културна манифестација а секогаш конкуренцијата на меѓународен

план е поголема. 5. Вие сте познат актер со долгогодишно искуство,директор на Драмски Театар во Скопје, сопруг и татко. Во која улога најдобро се снаоѓате? -(ха,ха, ха...) Па некако не знам. За тоа треба да ги прашате луѓето околу мене. Сигурно и тие прават голема жртва. И сопругата и децата знаат дека сум многу предаден на театарот. Се обидувам да стигнам, а тогаш кога не можам да ги реализирам фамилијарните обврски, членовите на потесното семејство имаат разбирање за тоа бидејќи тие знаат колку јас ја сакам оваа професија. Некогаш ако не стигнам на некоја родителска средба или сум отсутен во друга пригода тоа ми е простено поради тоа што тие знаат колку сум јас посветен на она што го работам.

да се запише на Факултетот за Драмски Уметности па таа љубов да се реализира. Сега за сега е на Правниот факултет. Помалата ќерка е втора година гимназија. Битно е дека јас ниту ќе ги мотивирам кон

7. Неодамна Драмскиот театар од Скопје гостуваше во Охрид со претставата “Умри Машки“ од Алдо Николај во режија на Коле Ангеловски. Главната ролја беше во ваши и рацете на актерите Јелена Жугиќ и Драган Спасов – Дац. Филмските критичари позитивно го оценуваат настапот на сите тројца и велат дека како актерска екипа доста сте допринеле за уште поголема популарност на оваа комедија. - Изведбата на претставата во Охрид беше 112-113 по ред. Оваа претстава ја сака публиката. Истата ја игравме во Канада, во Австралија и низ градовите на Македонија. Публиката живее и некако и ние созревавме со неа. Можеби на почетокот кога беше премиерата бевме помлади. Но така некако полека ни легнаа и самите улоги,се идентификувавме со нив и по самите реакции на публиката ќе видите дека го прифаќаат она што го работиме. 8. Се приближува 50-то јубилејно издание на фестивалот “Охрид-

6. Дали вашите деца ќе тргнат по патот на тато? Може ли да очекуваме трета генерација актери од фамилијата Ѓорчеви? - Јас имам две ќерки, Дорина и Фросина. Поголемата сега е втора година на Правниот факултет. Пред запишувањето во оваа високо образовна институција размислуваше и беше во дилема што да избере како своја животна професија.“Тато јас би сакала да бидам актерка“, ми велеше таа. Во една прилика јас и кажав дека сепак ова е една доста тешка професија која има многу падови и успони. Дека можеби за млад човек е подобро да заврши некој друг факултет па доколку остане љубовта во истиот интензитет тогаш може

17


На кафе Локалсо...

ско Лето“. Ќе ја имаме ли честа годинава во рамки на оваа манифестација да гледаме претстава од Драмскиот театар од Скопје? - Годинава за Охридско Лето ја имаме договорено претставата “Хамлет“ од Вилијам Шекспир. Да се работи Хамлет во еден театар значи дека тој театар го достигнал врвот во своето работење. Претставата е во режија на Дејан Пројковски а главната улога Хамлет ја игра Дејан Лилиќ. Јас го играм кралот. Драган Спасов- Дац го игра Полоне а Катерина Коцевска ја игра кралицата. На сцената ќе продефилира екипа од 15-ина пред се млади актери и убеден сум дека ќе биде интересна и за охриѓани, за туристите и за театарската критика. Во Охрид, Драмски театар секогаш убаво поминувал и сигурен сум дека и овој пат на јубилејното “Охридско Лето “ ќе го побудиме истиот интерес. 9. Имаат ли Македонците чувство за театар? Што вели вашето искуство,има ли доволно публика

18

која покажува интерес и сака да одгледа театарска претстава? - Мислам дека ние сме театарска нација со самото тоа што во толку градови во Македонија има театри а сепак сме ние мала земја и мала бројка на народ. На пример во големите држави и градови на два милиони жители му доаѓа еден или два театри. Ние пак имаме околу 14-15 театри што само по себе укажува дека Македонската нација е театарска. Условите за работа кај нас се одредени во зависност од местото каде претставата се случува. Некаде има подобри а некаде полоши услови за работа. Некаде публиката е повеќе навикната на театар некаде помалку, меѓутоа оваа мисија што ја правиме и таму во градовите каде што нема театар има свое значење и ќе донесе свој бенефит. 10. Во популарната турска серија “1001 ноќ“, што е синхронизирана на македонски јазик Вие го позајмувате својот глас за Онур Аксел, познатиот бизнисмен и еден од сопствениците на

компанијата “Бињапи “. Ова е прв проект на синхронизирање на странски филм на македонски јазик. За среќа публиката одлично ја прифати синхронизацијата. - Да, точно така. Познатата и доста популарна турска серија “1001 ноќ“ е првиот проект со кој преку синхронизацијата настојуваме да го негуваме македонскиот јазик. За среќа с`е заврши одлично. Публиката ги прифати нашите гласови одлично. Јас го позајмувам гласот среќен за Онур Аксел, сите ние кои зборуваме во серијата се соживувавме со филмското сиже со цел кажаното да биде сосема природно и прифатливо за сите. Народот веќе го препознава мојот глас, па често се случува во продавница или кафуле да ги слушнам коментарите од луѓето од типот на: “Еј, ова е Онур – тоа е неговиот глас“. Секако тоа ми причинува задоволство, со оглед на тоа што станува збор за современ фил во кој се разработуваат теми и проблеми карактеристични за современиот човек.

11. Работи кои Ве прават среќен? - Мене ме прават среќен навидум обичните работи. Ме прави среќен хармонијата во семејството, бидејќи сепак целата енергија што ја “црпам“ за на сцената и за решавање на проблемите што ги имам како директор и менаџер на драмски театар доаѓа од семејството, од најблиските. Тие мали нешта, еден пријатен ручек во кругот на семејството и едно пријатно шетање низ градскиот парк( обично во недела) ме чини среќен. Среќен сум и кога пијам кафе во некое од кафулињата на улица Македонија или пред Летница. Тоа се можеби ситници, но мене ме исполнуваат и ми создаваат хармоничен баланс .


Наша гордост Античкиот театар во Охрид

Беше и остана спектакуларен објект за спектакли

-Публиката и денес седи над заштитниот ѕид, висок четири метри,од времето на силниот Рим и најкрвожедните гладијаторски борби. Под седиштата се четирите кафези, поради кои се срушени осумте први редови на седишта- една од градбените пренамени на објектот- од театар во арена (за под некоја слика).

Н

ајстариот и единствен на територијата на Македонија кој се уште живее во утврденото градско јадро на жив град, како што тоа било кога се изградил е Античкиот Татар во Охрид. Објектот е презент на времето и потребите на луѓето преку кој осознаваме за економските стандарди, културниот степен и потребата за прогресивен растеж за воздигнување и начинот на живеење во други средини, цивилизации, прилагодувајќи го сето тоа според можностите во средината од каде потекнува движното материјално богатство. Античкиот театар во Охрид се гради во 3 век пред новата ера и половината на 2век пред новата ера( го задржал приматот на најстар затоа што останатите три антички театри во Македонија: Хераклејскиот, Стобскиот и Скупскиот датираат од 2 век на нашава ера). Татарот го граделе Македонците –староседелци, повратници од походите кои

на чело со Александар Македонски ги воделе на предниот исток и Мала Азија. Објектот бил наменет за прикажување на тогашните антички театарски претстави: трагедии и комедии. Познатиот охридски археолог Владо Маленко кој е главниот раководител на проектот за откривање на Античкиот театар, за најголема трагедија на објектот го смета времето кога се урнала театарската зграда и кога од објект за културни манифестации со различен жанр се адаптирал во Арена. Тој период е времето на развиениот Рим. Во тоа време престанала улогата на објектот како место за театарски претстави и се почести биле забавите со танчарски, жонглерски,циркуски игри и дошол периодот кога повремено во објектот биле присутни и венаторски борби за на крајот да се одржуваат и вистински гладијаторски борби. За сите набележани претходни фази на живот со претстави, откри-

ен е движен археолошки материјал (бронзени фигурини на танчарки со змии, фрагменти од маски и друго) “Од движниов археолошки материјал еден од позначајните на-

оди е откривањето на скоро целосно сочуван постамент со натпис над којшто била поставена статуа. Тоа е единствен натпис на кој што се споменуваат граѓаните на Лихнидос.

19


Наша гордост

“Археологијата е фактографска наука и со тоа ја коригира историјата, кој се знае дека секогаш е пишувана од позиција,опозиција и аспиранти. Археологијата носи факти и не треба ние многу да мудруваме. Треба да ги презентираме наодите , да копкаат очи и ум. Тие со своите факти од немиот сведок, земјата, ни кажуваат што треба да зборуваме и што да кажуваме. Па така, не би имале што да зборуваме со светот ако добро му го презентираме и претставиме огромното движно и недвижно богатство“ вели археологот, советник и раководител на проектот за откривање на Античкиот театар, Владо Маленко

Натписот вели: граѓаните на Лихнидос на Аурелијан( синот на Птоломеј) му го подигнуваат овој споменик во знак на голема благодарност за неговите заслуги во изучувањето на младите лихниѓани на фискултурни и воени вештини. Самото изучување на вакви вештини укажувало дека во градот постоел гимназион –школо. Има уште една интересна работа. Пронајден е еден натпис (што го открил покојниот Васил Лахтов) кој укажува дека во градот имало и стадион, а кое се поврзува со бројни наоди кои ги имаме откриено. На многу седишта има натписи од сопствениците на кои припаѓале седиштата. Тие припаѓале на позаслужни граѓани и на одредени територии бидејќи приредбите ги гледале и луѓе кои доаѓале од околните територии. За овој и за сите други натписи е важно што потекнуваат од римско време. Најголемите злодела над Македонците ги имаат направено Римјаните. Овој натпис за кој зборувам доловува еден феноменален момент за науката. Имено, Аурелијан е грчко име, тој не смеел себе си да се нарече Аурелијан Македонецот, затоа себеси се нарекувал Аурелијан синот на Птоломеј. А Птоломеј е македонско име. Со тоа автоматски се подразбира,Аурелијан синот на Македонецот Птоломеј. Со тоа се докажува дека овде живеело романизирано македонско становништво“, истакнува Маленко. Во едно од ископувањата се допот-

20

врдуваат, надополнуваат и конкретизираат фазите- градбените интервенции за пренамена на објектот од објект за културни манифестации во објект- арена за забавни игри, до вистински гладијаторски борби , за што во два наврата биле преземени најобемните разрушувања и градбени потфати. Првата фаза на пренамена на објектот од театар во арена била кога се рушела театарската зграда. Тогаш биле затрупани двата странични влеза (парадоси) заедно со оркестрата, до горното ниво од фризот од театронот, ниво од кое се издига ново соѕиданиот ѕид, со што се оформува првата фаза на арената. Во тој период публиката с`е уште влегувала од арената во објектот. Објектот претрпел уште една голема преадаптација кога биле срушени првите осум реда на седишта од долниот дел на театронот. Изграден е монументален заштитен ѕид со четири кафези за сместување на најкрволочните животни. Тогаш бил изграден и епитеронот , вториот кат на седишта, дел на кој се поставени и влезовите во театронот, по пет од југозападниот и североисточниот дел од гледалиштето. На тој начин е добиен сегашниот изглед на театарот, каде што публиката седи на четири метри од долното плато на арената во која се одвивале гладијаторските забави и борби. Од оваа фаза се камените блокови вдлабнати во средината за сто-

жерници, кои ги гледаме отстрана, а кои биле поставени во средишниот дел од арената. Пронајдени се седум такви блокови кои говорат за најжестоките борби и најкрволочните забави, кога главна атракција во арената било врзувањето на христијаните на стожерниците. Затоа, велат научниците, подоцна христијаните имале одмазнички однос кон објектот, оти овде била пролеана многу христијанска крв. Тие го разрушувале и затрупувале објектот , за што говорат слоевите чиста земја носена од полето, која е без никаков археолошки наод. Функцијата на Античкиот театар завршува со крајот на римскиот пе-

риод во 4 век од нашата ера , особено со официјалното признавање на христијанството. Научниците потсетуваат дека во 325 година Константин издал закон со кој се забранувало пролевање човечка крв на јавни места, а во 388 година Теодосиј Први издал закон со кој се забранувале секаков вид претстави (сценски, културни, циркуски, венаторски, гладијаторски). По 20 века од неговото создавање се врати животот на Античкиот театар со спектакуларната претставата “Маседоан“ прикажана во 2 000 година.


Наша гордост

-Античкиот театар во третиот век пред нашата ера бил изграден како театар за претстави. Потоа бил арена за гладијаторски борби и сега му се враќа функцијата за која и бил изграден- за спектакли.

Хронолошко презентирање на текот на хронолошките зафати

-Во крајот на 19-от и почетокот на 20-от век од повеќе учени е укажано постоењето на Античкиот театар во Охрид врз основа на бројни сполииобработени камени блокови вградени во сакрални и јавни објекти, одредувана е локацијата и хронолошката детерминација. -Во 1960 -62 година, Васил Лахтов со две сонди го повторува постоењето на Античкиот театар со тоа и ја одреди неговата локација. - Во 1977година по решавањето на неколку имотно правни и инфра -структурни работи на неколку куќи и дворни места се започна со систематско археолошко разоткривање, а преку републичкиот одбор се започна сукцесивно решавање на имотноправните односи и обезбедување на потребните финансии за археолошките истражувања. Со овој потфат се разоткри централниот дел од театронот и епитеатронот. -во 1984 година се продолжи со археолошкото разоткривање на театарот, кое се вклопи во сојузната

младинска работна акција која беше повод за манифестационо афирмирање на Античкиот театар со основна цел зголемување на интересот кај надлежните за поангажиран пристап за сукцесивна работа и целосно разоткривање на театарот. Со овој зафат се разоткри театронот на југозападниот и централниот дел под ниво од ортостатниот ѕид. Како круизитет од овој потфат ја одбележуваме одржаната претстава, прва по престанокот на функцијата на античкиот театар во втората половина на 4-от век – факирската претстава на познатиот охриѓанец Димче Главинче со својот надимак познат како Димче Чакирче. Втората одржана претстава е “Орматолос“ режирана од Бранко Ставрев, прикажана во рамките на фестивалот “Охридско Лето“. -После овој зафат започна жалниот темен период во кој разоткриениот дел од театарот и неговата околина иако се наоѓа на најфреквентното место во Стариот град, претставува простор обраснат со трње, дрвја и друга вегетација и стана депонија за фрлањеотпадни материјали и ѓубре се до 1999 година кога благодарение на екс министерот проф. Димитар Димитров се презедоа интензивни работи на расчистување на просторот и разоткривање одреде-

-Античкиот театар во Охрид е единствениот на територијата на Македонија кој с`е уште живее во утврденото градско јадро на жив град, како што тоа било кога се изградил ни делови од театарот со кои требаше да им се докаже на недобро намерниците кои ширеа информации дека не вреди да се копа Античкиот театар во Охрид бидејќи е целосно уништен и за негово обновување потребни се огромни финансиски средства. - Резултатите кои му беа познати на раководителот на стручната и истражувачка екипа,Владо Маленко, беа над сите очекувања. Се осозна дека Античкиот театар во Охрид, не само што е најстар на просторот на Македонија туку е и со најдолга егзистенција ( од 3 век пред Н.Е . до 4 –ти век од нашата ера) - Во 2000-01година се преземаат обемни зафати на театарот од археолошки разоткривања на одредени простори. Просторот од арената и конзервација со презентација на театронот . - Во 2004-05 година се продолжи со археолошките истражувања и разоткривање на арената крајниот Југоисточен дел, орхестрата, парадосите, логеионот, и југозападниот дел од театарската зграда. Се отстрани ѕидот со трите влеза од арената која припаѓаше на првата фаза а се протегаше на просторот од треатронот и орхестрата. Се отстрани и одводниот канал во средината на театронот и логеионот кој про-

должува кон југоисток и оди надвор од арената и театарското двориште кој припаѓа на втората фаза од арената кога се срушени 7- 8 редови на седишта од долниот дел на театронот и е изграден монументалниот ортостат со четири кафези со кои театарот добива и арена за прави гладијаторски борби. Со овој зафат се изврши поставување на натрупаните траветински обработени блокови на просторот од логеионот. Со овој зафат се отстранија и седумте камени блокови- сполии поставени во средината на арената, продупчени за поставување стожерници на кои биле врзувани луѓе- претежно христијани за да бидат растргнати од крволочните диви животни. - следниот зафат на Античкиот театар ќе се однесува на откривање на Југоисточниот дел од арената и откривање на најубавиот дел од театарот, зградата која за жал е потполно рушена меѓутоа театарското двориште е мошне интересно и затоа што театарот оди во каскади, го користи природниот терен од Југоисток кон Северпозапад истражувачите се надеваат дека многу од градбениот материјал којшто припаѓал на театарската зграда и други делови од објектот се затрупани токму тука.

21


Репортажа

Непал - светата земја на Буда недопрена од западниот свет

З

емјата на Буда, на духовниот мир и спокојство, се уште необоена со сивилото на цивилизираниот западен свет е Непал. Младата држава сместена на азискиот континент брои само 30 милиони жители, чија култура и начин на живот се сосема поинакви и различни од животот во европските земји па затоа се интересни и предизвикуваат восхит кај секој европеец или американец кој ја посетил оваа земја. Предизвик за секој млад човек е да се нурне во непознатото море од културни вредности што ги негува еден сосема поинаков народ од нашиот, а привилегијата да го запознаат источниот свет ја имаат само оние кои во себе го носат авантуристичкиот дух и се стремат кон нешто ново. Еден од нив е Александар Захариевски, младиот човек кој по завршувањето на средното образование одлучил да оди на невообичаено патување.

22

“Настојував да излазам од рамките на Европа па се одлучив за Азија. Сосема случајно на интернет страница најдов понуда за културна размена во Непал со можност за волонтирање. Почнав да контактирам и добив позитивни повратни одговори од таму. Ги спакував куферите и тргнав . Патувањето беше пред два месеци. Во Непал се задржав седум недели од кои четири ги поминав во волонтирање а останатите три низ патување по земјата. Од волонтерските недели имав многу позитивни искуства. Запознав многу луѓе. Ние конкретно градевме школа, превземавме различни градежни активности а исто така јас волонтирав во медицински приватен центар каде се лекуваа болните. Имаше добри работни навики. Се стануваше рано и се завршуваше со работата доцна попладне. Остатокот од денот го минувавме во пријателска атмосфера, со Непалците и со волонтерите кои ги има-

ше од цел свет. Волонтиравме околу 20-мина и бевме на различна возраст“, се сеќава Александар и вели дека на почетокот културниот шок бил многу голем со оглед на тоа што станува збор за цивилизација сосема поинаква од западната. “Тие се гостопримлив, љубезен народ и беше привилегија да се види и да се искуси таа култура. Непалците во просек се ниски луѓе, темномурасти, облечени во народните носии, долги тоги. По религија 90% од нив се хиндуисти а 10% се будисти. Непал е познат како родното место на Буда и токму затоа има голем број будисти кои патуваат таму а исто така и Тибет (земјата на будисти) на север се граничи со Непал. Хиндуистичките и будистички храмови се редовно посетувани од верниците кои по четири –пет пати во денот се молат на бога и изведуваат религиозни обреди и ритуали кои од година во година полека но сигурно се менуваат и го добиваат

“шмекот“ на западниот свет.“ Сепак овие божји светилишта и денес се исти како пред илјадници години кога биле изградени. Ѕидовите се украсени со илјадници ситни цртежи обоени со маслени бои кои го оживуваат дамнешното време. Возвишено се чувствуваат верниците но и туристите кога се поклонуваат пред големата статуа на Буда. Храмовите тонат во раскош и богатство и чиниш династијата која ги градела се уште живее во нив. Преку овие божји храмови се чувствува богатството среде секојдневието кое е сиромашно и скромно. За разлика од храмовите објектите во кои живеат свештениците се мали најчесто изработени од дрво. Свештениците се скромни луѓе облечени во бели тоги. Животот им се состои во молења кои траат по неколку часа. Животниот стандард на Непалците е низок па може да се каже и непристоен затоа што 95 % од жители-


Репортажа

те живеат во супстандардни животни услови. Нивната валута е рупија и просечната плата по бруто домашен производ е околу 200 рупија односно 2 евра. Тоа значи дека месечниот надомест за сработеното е 120 а најмногу 200 наши денари. Годишната плата во просек не е повисока од 300 евра. Токму затоа за да може да се врзува крај со крај цените на производите се многу ниски а за туристите багателни па дури и смешни. Основна стопанска дејност е земјоделството. Основен прехранбен производ е оризот а една порција ориз со вкусни миризливи зачини чини само наши 5 денари. Ручек во ресторан е 25-30 денари. “Пазарите им се богати со тропско овошје и зеленчук, но во се зготвено ќе најдете ориз. Не е и чудо трите оброци во денот да ви бидат ориз приготвен на различен начин. Другите малу бројни производи се продаваат во мали дуќани. Тамошниот народ не користи којзнае што, сами ги одгледуваат земјоделските производи. Најчесто од продавниците купуваат детергенти за одржување на хигиената во домовите и за перење на облеката“, вели Александар. И покрај нискиот животен стандард вака или онака економијата бавно но сигурно бележи развој, па дури и благ пораст. Електрична струја има само во главниот град на Непал, Катманду и тоа само 5-6 часа на ден. Реките им се основен систем за снабдување со вода. “Со помош на црева мештаните водата од речното корито ја префрлаат по куќните дворови. Улиците се хаотични, многу малку од нив се ас-

фалтирани. Низ нив ќе видите секакви возила со волани и од левата и од десната страна, зависно од каде се набавени. Возачките дозволи се евтини и се добиваат многу лесно па затоа моторните возила ги управува секој како знае и умее без почитување на пропишани сообраќајни правила и норми па не е чудо на двете коловозни ленти да видите автомобили кои се движат во ист правец.“ Наталитетот во однос на морталитетот е на значително повисоко ниво. Во едно семејство има најмалку 4-5 деца. Во просек младите склучуваат брак на 24-25 години, и до стапувањето во брак младенците не смета да си ја запознаваат својата интима. Куќите за живеење се високи најчесто имаат по четири ката и во нив живеат членовите од неколку фамилии. Иако сиромашна земја, забележителен е порастот на образовани млади луѓе- 70 % од нив одат на училиште ,за разлика од повозрасните жители од кои се образовани околу 40 %. Последниве неколку години се отвораат меѓународни училишта кои нудат различни квалификации. Државните училишта се малу бројни а се почесто се отвораат приватни училишта. Цената за школарината во приватните школи месечно изнесува од 500 до 1 000 денари што е луксуз кој родителите можат да си го дозволат за доброто на своите деца. Непал е млада држава која го прослави својот осми роденден. Владата се уште е во фаза на формулирање, се уште нема основа за референдум и донесување

стабилна законска рамка со која би се избегнале и регулирале честите народни протести. Иако полека навлегуваат се уште карактеристиките на западниот свет не го за-

зеле приматот па токму затоа болестите на современиот свет како што е сидата не допреле до нив. Опиени со духовен сок , целосно посветени на религијата Непалците веруваат дека еден од најголемите гревови е крадењето па токму поради тоа ретко некој да посегне по нешто туѓо. Алкохолот исто така противречи на нивната религија. Во Непал функционира државен систем според кој сите луѓе ќе бидат згрижени во смисла на тоа дека може да набавуваат евтини лекарства и можност болеста да биде дијагностицирана за секој бесплатно, но од друга страна посериозни лекарски интервенции можат да се направат само на пациентите кои се во можност добиената услуга да ја платат . Токму поради тоа и за здравствени проблеми луѓето практикуваат да се обратат кај врачот, месниот односно селски старешина. Понесен од впечатоците кои останале во неговата меморија по враќањето о д Непал, младиот Александар ни кажа дека пред да замине во Англија каде ќе го продолжи своето образование би сакал да реализира уште едно невообичаено и возбудливо патување.

Александар Захариевски ни ја раскажа приказната за Непал

Фотографиран на Хималаите

23


Здрав живот

Исхрана според крвните групи Крвна група О На оваа група најмногу и одговара месо и салати од зеленчук. Кон овошјето се рамнодушни. Им пречат тестенини и повеќето житарки. Имаат многу јак систем за варење. Се препорачува овчо, телешко, говедско, дивеч, џигер, јагнешко, скоро сите видови риба (бакалар, скуша, лосос, пастрмка, сардела,кострец, харинга...), маслиново масло, ленено масло, орев, тиква, зелка, луварче, магдонос, црвен кромид, брокула, рен, кел,лук, пиперка (црвена), зелена салата, компир ,(благ), морски алги, спанаќ, смокви (сушени и свежи), сливи (сушени и свежи), рогач (вид грав), кари. Може да се јаде: Сите видови домашна перната живина и дивеч (фазани, потполошки, еребици, зајачко), крап, ракови, полжави, лигни, жаби, јагула, остриги,тиквички, роквици, краставица, зелен кромид, цвекло,целер, пиперка (зелена и жолта), мирудија, домати, цикорија,зелени маслинки, бел интегрален ориз, леб од соино брашно , просо, грав,боранија, грашок, боровинки,банана, диња, лубеница, круши, праски, рибизли, јаболка, кајсии, цреши, лимон, грозје (црвено, црно)... Треба да се одбегнува Чаден лосос, харинги, кавијар,свинско, сланина, патка, авокадо, кинеска зелка, црвена и бела зелка,карфиол, пченка,печурки и (шампињони), прокел, компир (розе и бел), модар патлиџан, брашно (сите видови), теста со спанаќ, леб од цело пченично зрно, ржен леб, корнфлекс, пченични трици, фстаци, афионско семе, кикиритки, пченкарно масло, капини,портокали, мандарини, јагоди....

Крвна група А Припадниците на крвната група А се родени вегетаријанци. Најмногу им годи зелен лиснат зеленчук, спанаќ, морков,брокула,карфиол,а од зеленчук терба да одбегнуваат компир и домати. Млекото и месото им го попречуваат варењето, кое и така е проблематично и бавно. Потребни им се производи за подигнување на имунитетот. Се препорачува Растителни масла,храна од соја, ананас, зеленчук, полжави, лосос, сардела, пастрмка,крап, бакалар, скуша, штука, соино сирење, соино млеко, јајца, маслиново масло, ленено масло, кикиритки (содржат лектин, ефикасно средство против рак), путер од кикиритки, семки од тиква, соја, леќа, грав, хелда, леб од соино брашно, артичоки, зелка, глуварче, лук, рен, кел, спанаќ, тиква,магдонос, келераба, праз,тофу,морков, суви сливи, грозје и смокви, грејпфрут, лимон, ананас, цреши капини, боровинки, кајсии, свежи сливи. Може да се јаде Мисиркино месо, пилешко, туна, сабјарка, морска пастрмка, козјо сирење и млеко, солено кравјо сирење, кефир, фета, сирење, јогурт (обичен и овошен), германско сирење, масло од репа, масло од бакалар, путер и семки од сончоглед, афионско семе, бадеми, костени, сусам, ореви, грав, грашок, боранија, корнфлекс, пченкарно брашно, крем од ориз, овес, јачмен, трици и снегулки од ориз, пченкарен леб, ржен леб( без било какви други додатоци), леб од интегрален ориз, целер пченка, ротква, кромид, зелена салата, авокадо, аспарагус (шпаргли),прокел, краставици, маслинки, дињи, урми, јаболка, рибизли, малини, калинки, круши, јагоди, праски. Треба да се одбегнува Дивеч, јагнешко, овчо, говедско, шатка,патка, сланина, рак,чаден лосос, шкампи, кавијар, ослиќ, сув лист (вид риба), путер, сладолед, меко сирење, пармезан,крем сирење, едамер, ементалер, гауда, полно масно млеко, масло од сусам, масло од пченка, масло од кикиритки, бразилски орев, ф`стаци, грав, наут, пченица, компир, пченични никулци,л тестенини од остро брашно, печива од пченични трици, спанаќ, маслинки, модар патлиџан, пиперка, домати, компир, црвена, кинеска и бела зелка, шампињони, банана, мандарина, портокали, кокосов орев.

24


Здрав живот

Крвна група Б За припадниците на оваа група основната храна е составена од млеко и млечни производи со додавање на житарки. Единствено оваа група јаглените хидрати ги поднесува без последици. Затоа ретко јаде зеленчук. Крвната група Б се храни најразновидно и најдобро ги поднесува различните комбинации на производите. Се препорачува Дивеч, јагнешко,овчо, зајачко, сардела, штука, лосос, лист, ослиќ, бакалар, скуша, керња, сите видови јогурт, кефир,кравјо сирење, фета, младо сирење, одмастено млеко (2%), козјо сирење и млеко, маслиново масло, грав, соја, оризови трици, брашно од овес, просо, оризови снегулки, леб од интегрален ориз, цвекло, жолта, зелена и црвена пиперка, кел, прокел, благ компир, магдонос, зелка (црвена, кинеска, зелена и бела), морков, карфиол, модар патлиџан, грозје, сливи, ананас, банана. Може да се јаде Телешко, мисиркино, говедско, џигер, фазан, туна, крап,харинга, лигни, жолт и бел кострец, калифорниска пастрмка, езерски лосос, путер, соино сирење и млеко, крем сирење, пармезан, гауда, масло од бакалар, ленено масло, бадем ,орев,костен, зелен и бел грав, грашок, боранија, скроб од компири, леб од соино брашно, ржен леб подготвен на пареа, шпаргли, целер, краставица, зелена салата, бел и црвен компир, мирудија, глуварче, келераба, лук, кајсии, капини, јаболка, круши, праски, дињи, мандарини, манго, смокви, рибизли и грејпфрут. Треба да се одбегнува Свинско,шунка од патка, пилешко, октопод, остриги, чаден лосос, шкампи, јастог, жаби, рак, краба, школки, сладолед, германско сирење, пченкарно масло, масло од кикиритки, масло од сончоглед, масло од сусам, лешник, ф`стаци, кикиритки, семки и путер од сончоглед, афионско семе, путер од кикиритки, семе од сусам, грав, наут, леќа, пченкарно брашно, јачмен, пченични никулци и трици, печива од пченка, леб од мешани житарки, тестенини од остро брашно, артичоки,авокадо, бела пченка, маслинки (црни, зелени и грчки), тиква, ротква, домати, урми, калинка, кокосов орев.

Крвна група АБ Како и кај лицата со крвна група А, така и кај лицата со крвната група АБ посебно е изразена потребата за исхрана што ја зголемува отпорноста на организмот. Лицата кои во својот генетски материјал носат карактеристики на една од овие крвни групи, често имаат проблеми со намалена продукција на желудочен сок, па затоа добро е да внесуваат производи кои го стимулираат неговото лачење. Се препорачува Зајачко, мисиркино,овчо,јагнешко, штука, лосос,сардела, туна, скуша, бакалар,ослиќ, козјо сирење и млеко, кефир, фета, младо сирење, кисела павлака, кравјо сирење, јогурт, маслиново масло, орев, костен, кикиритки, путер од кикиритки, грав, леќа, црвена соја, просо, овес, оризови снегулки, леб од соино брашно, леб од пченични никулци, леб од интегрален ориз, лук, кел, благ компир, карфиол,зелка, краставица, цвекло, брокула, сливи, лимон, ананас, грозје, цреши, смокви, киви, грејпфрут. Може да се јаде Џигер, лист, лигни, крап,кавијар, бел и жолт кострец, одмастено млеко (2%), соино сирење и млеко, масло од бакалар, ленено масло, масло од кикиритки, бадем, ф`стаци, боранија, грашок, бел грав, леќа, јачмен, трошки од соја, пченични никулци, леб од цело пченично зрно, тестенини од остро брашно, леб од повеќе видови житарки, рен, зелка, морски алги, жолта репа, бамја, морков, џумбир, праз, маслинки, лук, зелена салата, црвен и бел компир, спанаќ, дињи, јаболка, кајсии, круши, малини, суви сливи, суво грозје, капини, киви. Треба да се одбегнува Говедско, пилешко, свинско, дивеч,патка, шатка, сланина, шкампи, жаби, остриги, ракови, јагули, јастог, чаден лосос, путер, сладолед,пармезан, полномасно млеко, печива од пченка, масло од пченка, афионско семе, лешник, семки од сончоглед, семе од сусам, бакла, наут, грав,пченкарно брашно, корнфлекс, хелда, артичоки, пченка, црни маслинки, зелена, жолта и црвена пиперка, авокадо, роткви, калинка, урми,портокали, банана, кокосов орев, манго.

25


Прашање-одговор Локал

HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА

примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог

Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на телото. Болките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бубрегот мојот матичен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми постави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи сосема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме интересира од што практично јас боледувам. Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ лекарот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа. Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживотен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на латентни вируси во организмот. Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни). Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клиничката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.

Стресот и напнатоста “непријател“ на оргазмот

спец. д-р. Иво Захариевски гинеколог

26

Прашање:Зошто понекогаш доживувам оргазам а понекогаш тоа е сосема невозможно? Прашува редовна читателка. Одговор:Човечкото тело реагира различно во различни ситуации. Скоро секоја ситуација, од обичен стрес па се до присуство на болест може да се одрази врз способноста на организмот да доживее оргазам. Ако многу се трудите да доживеете оргазам во стварност го зголемувате стресот и постигнување на оргазам во таква состојба е скоро невозможно. Зошто ? Затоа што оргазмот е реакција која е автоматски блокирана кога сте под стрес, телото го перципира стресот како опасност и испушта адреналин, со тоа се активира заштитниот механизам за борба или бегство. Ваквата реакција е обично не забележителна за вас. Но кога сте под стрес, вашето тело реагира како да е нападнато. А кога вашата свест и тело не се чувствуваат сигурни, вие не можете да се опуштите. Природните функции како спиењето и оргазмот во ваква ситуација не се возможни. Се додека можете да доживувате оргазам во најголем број случаи, нема потреба од загриженост. Денес се знае дека свеста, телото и духот се меѓусебно поврзани, така што ако во одреден ден не можете да постигнете оргазам може едноставно да значи дека не е денот. Во вакви случи најдобро е да се применуваат релаксирачки техники: топла бања, слушање музика, како и вежби со затегање и опуштање на мускулите од телото.


Прашање-одговор Локал

ЛЕЧЕЊЕТО НА ОЧНИОТ КОНЈУКТИВИТ Е КОМПЛЕКСНА РАБОТА

спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар

Прашање: Секоја година во летниот период страдам од алергии на очите кои се манифестираат со чешање и отекување на стилото за вид. Ве молам кажете ми како најлесно можам да ја надминам оваа несакана и би рекол мачна состојба и зошто истата се појавува? Одговор: Алергичен конјуктивит е воспаление на конјуктивата ( мембрана што го прекрива белиот дел од окото ) настанато како резултат на алергична реакција. Симптоми на алергичниот конјуктивитис се :црвенило,оток на конјуктивата,чешање,солзење и чувство на туѓо тело во окото. Симптомите се резултат на ослободување на хистамин и други супстанци со кои се стимулира дилатација на крвни садови,иритација на нервни завршетоци и зголемено лачење на солзи. Најчести причинители на алергичниот конјуктивитис се : поленот при цутење на дрвата , тревата, животински секрети (плунка) мириси, козметика, загадување на воздух, прашина, чад, топол воздух, јако сонце, земање на некои лекови, реакција на токсини при бактериски инфекции и др. Има повеќе видови на алергични конјуктивити: - Конјуктивитис фоллицуларис аллергица- Резултат е на преосетливост на лекови кои имаат примена во офталмологиата и општо на лекови кои пациентот редовно ги прима .Ц - Конјуктивитис верналис или пролетен катар. Тоа е алергична повторувачка болест на очите заради преосетливост кон сончевите зраци ,се јавува кај болниот секоја пролет и лето а во зима симптомите попуштаат. Оваа болест е ретка во умерена клима а во ладна ја нема. - Атопичен кератоконјуктивитс .Во историјата на овие болни е присутна некоја алергична болест(астма,поленска треска,егзем) Терапијата кај пациентите со алергични конјуктивити е многу комплексна затоа што се повторуваат штом се создадат услови за тоа. Пациентот треба да е свесен за тоа и да ги избегнува сите фактори на ризик во границите на можностите. Потребно е да носи заштитни очила со кои ќе ги ублажи тегобите. Од симптоматски лекови се користат: вазоконстриктори, антихистаминици кортикостероиди.

21 ВЕК ЌЕ БИДЕ СТОЛЕТИЕ НА АЛЕРГИСКИ БОЛЕСТИ Прашање: Иако времето се затоплува, не поминала ниту една пролет без настинки и болки во коските. Зошто се случува тоа?

д-р. Трпко Угриноски спец. по општа медицина

Одговор:Во периодот на доцна пролет кога временските промени се чести најмногу страдаат хронично болните, срцево болните и пациентите со покачен притисок. Карактеристични се и настинките како еден вид акутни заболувања. Сепак најчести се алергиите на цветен полен. Се најавуваше дека 21 век ќе биде век на алергии и тоа се случи. Алергиите се манифестираат со кашлица, секреција од нос, печење во очи, сврап по кожа, па дури и нервоза. Затоа треба да се направат алерго- тестови за лекувањето да биде најадекватно а со тоа успешно. Хронично реуматските болести се исто така карактеристични периодов. Тие се лекуваат со стандардната медикамендозна и физикална терапија и нивното лекување е подолготрајно. Реумата не се лекува туку може само да се намалуваат тегобите. Реуматските промени се иреверзибилни,не можат да се повратат. Затоа има можност да се санираат односно се лекуваат само акутните болки.

27


definitivno don.com.mk www.

28


Традиции

Ги губиме занаетите што злато вредат а со тоа и традицијата

Д

арба, љубов и желба се потребни за успех во еден занает, вели Целе Блажески од село Белчишта кој 30 години изработува изворни инструменти. Занаетот самоуко го научил и усовршил, но за жал никој во неговото семејство не го наследил и нема да го продолжи. Неговите деца и внуци не пројавиле интерес за овој специфичен занает, за кој дедо Целе вели дека злато вреди затоа што него му овозможил пристоен живот речиси половина век. “Не е лесно да се направи тапан или гајда, тоа е процес кој бара многу внимание и време“,вели овој занаетчија и им порачува на младите да не ги забораваат изворните народни инструменти и носии, воедно упати апел, да не се дозволи да изумрат занаетите, бидејќи со нив умира традицијата и културата на една земја. Изворните македонски инструменти се атракција за туристите. Народните носии, тапаните и гајдите од јагнешка кожа, но и звуците на далеку познатата македонска народна песна претставуваат вистинска мамка за гостите од странство.

29


Убавина

Раскошна коса Нахранете ја косата Третман за суви краеви: маската од сусам е идеална за закрепнување на безживотна коса, која го загубила сјајот. Приготвување:изматете две лажици масло од сусам, две лажици мед и една жолчка. Кога смесата ќе стане мазна, рамномерно нанесете ја на косата. Потоа завиткајте ја со алуминиумска фолија и сушете ја со фен 15 минути. На крај измијте ја со шампон за секојдневна нега. Победете го првутот! Доколку никако не успеавте да се ослободите од првут, маската од маслиново масло и рузмарин ви е добредојдена. Приготвување: Измешајте три лажици маслиново масло со триесет капки масло од рузмарин, па смесата втријте ја во косата, масирајќи ја кожата на главата. За подобри резултати, оставете ја маската да дејствува додека спиете. По будењето измијте ја косата. Вратете и го волуменот на косата! Со помош на оваа маска ќе постигнете бујност на косата. Приготвување: Измешајте две лажици шеќерен сируп, две лажици желатин, две лажици млеко и две лажици пиво. Добиената смеса нанесете ја на косата . Завиткајте ја во кеса, па во крпа и оставете ја да дејствува 30 минути. Потоа измијте ја со млака вода и шампон.

Перфектен тен Освежете го лицето За нормална кожа - Овозможете и хидратација! Приготвување: измешајте лажица јогурт со лажица мед и додајте неколку капки масло од ружа. Втријте ја маската во кожата на лицето, оставете ја 15 минути, а потоа измијте ја со млака вода. За сува кожа- вратете и ја влагата! Приготвување: маската направена од една лажица пченични клици и две лажици маслиново масло е совршена за нега на овој тип кожа. Рамномерно нанесете ја на лицето, оставете ја 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода. За мрсна кожа- темелно чистете ја! Приготвување: Направете маска од две лажици пире од варена тиква, и две лажички мед. Додајте неколку капки јаболков сок. Овој период од вашата кујна е идеален за чистење на лицето. За мешана кожа- подарете и свежина Приготвување измешајте лажичка јогурт и лажичка јојоба- масло и додадете неколку капки етерично масло од лаванда. Со нежни движења, втријте ја маската во лицето и по 15 минути отстранете ја со млака вода.

26


27


Спорт

32


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook