СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 123, Октомври 2010, Бесплатен примерок
Охридското Езеро на сателитот Титан на Сатурн
•Како “Титаник“ потона хотел “Палас“ •Варош небезбеден во случај на пожар!
2
Збор на уредникот
Како што најубавата ружа не расте без трња, така и на овој Свет нема совршенство и идеалност! Дали постои совршенство на овој Свет? Има ли субјект без мана, има ли објект без дамка? Одговорот секако е НЕ. Но ние како поединци или припадници на некоја општествена група мора да се стремиме кон најдоброто, кон она што е барем малку приближно до совршеното. Ако подлабоко размислувам ќе кажам дека совршени се природните појави. Сонцето и од запад да изгрева сепак е сонце, водата и кај нас и во Африка и низ целиот Свет е вода. Без сонце и вода живот нема. Без се друго може да се живее.... Всушност секој човек како и се друго на овој Свет се раѓа и умира како единка. Но тоа не значи да се живее изолирано туку напротив со другите но притоа секој да пронајде енергија за да се потпира самиот на себе си а не на другите. Недостатоци имам и јас како личност но и Вие како група затоа што ниту јас ниту Вие сме совршени. Но сите заедно треба да целиме кон најдоброто за нас. Како медиум и “Охридските Новини“ за некого се добри а за друг не. Но овој месечник е тука да го забележи се она што е важно за Охрид, да укаже на нештата кои се лоши за охриѓани па сите заедно да ги коригираме за на сите нас да ни биде подобро. Изминатиов период градов го преплавија низа настани и случки позитивни и негативни ,и тогаш секако секој вртеше грб пред негативните. Сите бегаа подалеку од одговорност па и надлежните, наместо да погледнат во очи на проблемот, заедно да го решат и сите да ја обезбедат заедничката, добра иднина. Како што кажав ништо не е најубаво но треба да го бараме приближното на него. Заедно да ги решаваме проблемите не зависно на националната , верската и политичката припадност. Затоа што сите ние и христијаните и муслиманите, и Македонците и Албанците и приврзаниците на ВМРО или СДСМ сакале или не му припаѓаме на ова секојдневие. Кога си во продавница, и јас и ти и сите ние чекаме на ред, привилегирани нема како што нема ни пред претпоставениот на работното место. А пред Бог, сите ние сме исти ете тогаш пред него нема ни Влас ни позиција ни опозиција. Всушност и кралот и питачот се раѓаат како единки и така заминуваат од овој Свет. Затоа сите заедно да се потрудиме да ни биде подобро секое наредно утро од денешново. Секако ,најдоброто- совршеното никогаш го нема но барем да се потрудиме да го обезбедиме приближното.
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
4
Правни забелешки Списанието “Охридски Новини“ излегува еднаш месечно со одобрение на сопственикот. Информациите во него имаат информативен и едукативен карактер. Точноста на информациите е проверена пред процесот на печатење. Забрането е репродуцирање и употребување на печатените содржини на “Охридските Новини“ во комерцијални цели без претходно писмено одобрување од издавачот и од Главниот и одговорен уредник на “Охридските Новини“. Уредништвото нема одговорност за ненамерните печатни грешки. “Охридските Новини“ се дел од регистрираната продукциска куќа ОH-1 продукција.
Спонзор на ‘‘Охридските Новини‘‘
Како што најубавата ружа не расте без трња, така и на овој Свет нема совршенство и идеалност!
Редовни рубрики: Наш Охрид Живи Легенди Интервју Репортажа Ви најавуваме... Чест ни е... Охридски легенди Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Хороскоп
ИЗДАВА: ОХ-1 Продукција Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува еднаш месечно Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Томислав Кипријанов Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески 075/ 476-158 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
Наш Охрид
5
Сеќавање... Никола Маневски доајен на македонското и охридското новинарство и првиот уредник на Охридските Новини
Големиот човек и новинар замина во легендите
К
олку чуден е животот. Непредвидлив, полн со изненадувања некогаш убави а другпат не. И тогаш “среде розовиот рај гром ќе те стресе“, ќе голтнеш грутка тежина кога осознаваш дека губиш нешто скапоцено и вредно. А има ли нешто повредно од човечкиот животот или од човекот кој пред се е човек ? Секако дека не! Ете тогаш кога го губиш она вистинското и највредното ги осознаваш сопствените пропусти односно, зажалуваш што не си сторил нешто токму во има на највредното. “Сум пишувала текстови за многу луѓе. Сум брзала истите да ги стигнам пред да се качат на последниот воз кој ќе ги однесе далеку од нас, а тоа не го сторив за Вас“. Мој драг, почитуван колега, Никола Маневски, ова е мислата која ме из-
6
мачува откако Вие го напушти овој Свет. Оправдување за самата себеси наоѓам во фактот дека заминавте одеднаш, неочекувано, се уште полн со ентузијазам, богат со нови идеи кои ги реализиравте на работното место каде Ве затекна смртта извршувајќи ја функцијата раководител на одделението за односи со јавноста при Локалната Самоуправа. Вашата огромна волја за живот и љубовта кон новинарската професија, Вашето присуство на секој настан или случка мене ми влеваа надеж дека за Вас има уште многу,многу време. Денес сум во медиумот каде ја имав првата средба со Вас, почитуван колега. Денес повеќе не се сомневам во сопствените способности, туку се сомневам во достоинството на овој текст. Дали тој ќе биде доволно добар, затоа што е посве-
тен за Вас- доајенот на македонското и охридското новинарство. И додека го пишувам овој текст кој ќе биде објавен во “Охридските новини“ – весникот кој заедно со Господинот Венко Шапкар го формиравте токму Вие, јас се враќам во старите добри времиња и го чувствувам Вашето присуство крај мене... Беа тоа времиња на не заборав, убави- златни времиња.... Ноемвриско дождливо утро во 2003 година. Јас како “падната од Марс“ штотуку вратена од студии, маки мачев пред компјутерот во редакцијата на Радио Охрид да напишам едноставен текст кој беше претежок за тогашните мои пишувачки способности. Важно ми беше само мојот труд да им се допадне на моите постари, искусни колеги. Вратата се отвори и тогаш насмевка се разлеа на ликовите од моите постари колеги.
“Како е “Радио Охрид“?беше прашањето што ја распара редакциската штама и ми помогна полесно да се справам со мачнината и агонијата што тогаш ме обземаа. И уште пред да сфатам што се случува, крај мене се приближи човек интересен како појава со црн кожен мантил и црвен шал од кашмир околу вратот. И додека јас се преиспитував себе си од каде ми е познат овој човек, поет ли е или можеби писател ? Тој љубезно ми подаде рака и учтиво се претстави. “ Драга госпоѓице и почитувана колешке јас сум Никола Маневски“, рече тој и откако направи шеги на сопствена сметка кажа дека го приготвува тогаш новиот број на АМАК ПРЕС- Охридски Новини. Тогаш во ниеден момент не претчувствував дека еден ден јас ќе го наследам
Сеќавање... Сопственикот на Охридски Новини г. Венко Шапкар, првиот уредник Никола Маневски и сегашниот уредник Ангела Белевска
Присутен на секој јавен настан
неговото место но се радував што еден од моите први “мачни“ текстови го прочита токму тој.“Аха..., убаво не лошо во Вас има потенцијал, образована сте и начитана, а јас сум човек што може да има симпатии кон сите, но ги почитувам оние “што се фатиле за ука“. Тоа значи дека доколку имате некоја мака со оваа работа слободно можете да ми се обратите“, рече тој тапкајќи ме по рамото и додаде, “ Не сум најпаметен но се снаоѓам некако“, Неговите комплименти за она што сум го сработила , неговото “почитувана колешке“тогаш како на секој почетник и мене ми значеа многу ми влејаа самодоверба и некако ја растргаа мојата уплашеност. Тој ми остави прекрасен впечаток уште на првата средба. Едноставен пријатен човек, со ведар мил лик. Премногу скромен за своите огром-
ни познавања, за се она што се случува околу нас. Тоа беше човек кој му подаваше рака не само на они што ги почитувал како што самиот велеше, туку и на сите други кои ја пробале среќата во новинарството. Сите настојуваше да ги исправи на нозе и насочи на правиот пат. Несебично го делеше своето знаење со другите затоа што беше премногу сигурен во сопствените способности и знаеше дека квалитетот никогаш не може да биде заменет со квантитет. А знаете ли кое е најголемото задоволство за новинар? Да се учи од најдобриот учител, да се седи крај мудриот човек кој милувајќи ја својата брада и задоволно вовлекувајќи чад од цигарата неуморно ги исправаше новинарските текстовите. Некогаш и истите ги кинеше затоа што исправките со ма-
стилото што тој ги повлекуваше често ја обземаа белината на целиот лист хартија. Честа да учам од него ја имав и јас... Се уште во мојата меморија се свежи сеќавањата од сопствениот прв работен ден во АМАК –Прес Охридски Новини. Вработувањето беше неочекувано и изненадувачко и за мене. Бев на кафе посета во редакцијата на АМАК Прес. Кога ме здогледа почитуваниот Маневски по кратко време се состана со сопственикот на медиумот, бизнисменот Венко Шапкар, и половина час подоцна озарен од среќа повторно влезе во редакцијата. Како вчера да беше сончевото мајско претпладне во таа 2006 година, кога големиот новинар влезе во просторијата и обземен од среќа и радост тој рече: “Драги колеги, од денес имате нова колешка посакајте и добредојде“.
Често размислувам, зошто тој толку искрено се израдува на моето вработување, и одговорот го наоѓам само во фактот дека тој беше исклучително голем човек кој се радуваше на сечија среќа и настојуваше да го доведе квалитетот на медиумот на највисоко можно ниво. Често ме подучуваше да работам теми кои не се дневни туку како такви ќе останат интересни за навек. “Тоа нека ти биде приоритет, запомни ние сме периодично гласило, затоа нам ни е потребна разработка на битни, важни теми кои во континуитет се интересни за Охрид. За нашиов град помалку важна е политиката од останатите случувања, пред се култура, музика и спорт“ дофрлаше тој. Но тоа не значеше дека нашиот почитуван Уредник изоставува дневни настани. Напротив, ние бевме буквално сегде па дури и на
7
Сеќавање... По заминувањето од Охридските Новини беше Потпарол во Локалната Самоуправа
банални едноставни настани. Пишувавме за секое случување иако знаевме дека помалку битните теми за Охрид нема да бидат објавени на страните од овој весник. Во такви ситуации на нашиот учител му беше важно само да научиме правилно новинарски да пишуваме и изразуваме. Денес, пишувајќи го текстот посветен токму за него, јас сфаќам дека всушност тој со таквите свои ставови влијаеше на мојот стил на пишување и на некој начин со тоа го формираше костурот на современите “Охридски новини“. ....Денови, минати, летни денови кои тогаш ми изгледаа без потребно напорни и мачни. Веќе ближеше пладне а јас и моите тогашни колеги чувствувавме како врел сач да паднал врз нас. Жештината ни удираше во глава а моравме да бидеме доволно концентрирани за да следиме што прикажува големиот Маневски. Тој пак “занесен “ во муабетот безгрижно вовлекуваше од лулето и брзаше кон печатницата “Коста Абраш“ каде како тогаш, така и сега се печати овој весник. Колку јас и моите колеги тогаш ја мразевме улицата “Кленоец“ не можам да ви доловам со зборови. Одевме пеш по неа затоа што нашиот учител ни велеше дека како новинари мораме да забележуваме буквално се. “ Што може да се види од автомобил?, ништо. Затоа ќе одиме пеш “, дофрлаше тој. А приказна сама по себе беше нашето колективно присуство во печатница. Тогаш таму технички се средуваше весникот а ние помладите со часови “висевме“ над Манески кој му покажуваше на еден од печатарите кој текст или фотографија треба да ги постави на оваа или онаа страна. Денес јас ги осознавам добрите намери од неговите постапки. На таков начин тој етапно не запознаваше со целата постапка на создавање печатен медиум.... Се уште во себе како да ја чувствувам горчината и стравот од помислата “ Што ќе биде со нас?“кога дојде време почитуваниот Никола Маневски да замине од уредувачката функција на весникот за да ја
8
извршува функцијата Портпарол во Локалната Самоуправа. Тогаш тој топло ни се насмевна и одмавна со рака,како да сакаше да каже “Без грижа, се ќе биде во ред, Вие продолжувате понатака.“ И навистина беше така. Големиот новинар замина од овој медиум кога процена дека својот колектив добро го потковал, дека истиот е способен да го гради патот чии темели тој ги постави. Неговото заминување од АМАК Прес беше само формално, зошто тој и понатака се интересираше за се што се случува во него, за секоја поединост за секоја новост. На секоја манифестација, на секоја прослава или забава врзана за “Охридските новини“ беше присутен токму тој. А колку беше интересно да се другарува со човекот Маневски знаат само оние кои што имале привилегија да бидат во негово присуство. Неуморно, со ќеф и мерак работеше како новинар и Главен и Одговорен Уредник на АМАК Прес- Охридски Новини. Несебично го делеше своето знаење на помладите новинари. Тој беше новинар од старата генерација , од времето кога не секој можел да се занимава со оваа професија. Премногу начитан и соодветно образован, новинар со реноме и како таков респектиран и почитуван од сите. Тоа беше искусен професионалец кој беше доволно вешт секогаш да ја претставува Локалната самоуправа во најубаво светло, како нејзин гласноговорник. Тоа беше човек кој не познаваше незгодни ситуации зошто беше премногу умешен да им погледне во очи и на најнезгодните проблеми. Никола Маневски засекогаш останува забележан како жива енциклопедија и вистински хроничар на Охрид последниве 40 години. Со неговата смрт, Медиумската заедница во Охрид загуби исклучително ценет колега, врвен новинар и човек. Бликаше со ведрина и енергија, зборувајки за колегијалноста и волшебството наречено Новинарство . За нас тој ќе биде запаметен како човек кој се-
когаш беше расположен да помогне, да даде совет и насока несебично делејки го своето богато искуство. Ќе го паметиме како ведар шегаџија кој многу ќе недостасува на јавната сцена во Охрид. Почитуван Никола Маневски, привршувајќи го овој текст, јас ги прелистувам пораките што Вие сте ги пратиле на мојот телефонски број а јас сум ги сочувала како значајни за мене. Тука се две драги пораки едната од 2006-та година кога Вие ми честитате за една од емисиите “Одбројување“ што тогаш се прикажуваше на еден од електронските медиуми. Втората е со содржина која се однесува на моето унапредување во “Охридските Новини“. Велам дека овие пораки ми се особено драги затоа што преку нив Вие искусен колега ја покажувате Вашата несебичност, Вашата среќа за напредокот на другите, затоа што преку нивната содржина Вие покажувате дека во континуитет ја следите работата на вашите ученици. Тоа Вам ве прави голем човек и незаменлив новинар. Вашиот лик, голем човеку беше единствен склоп на пожртвуван татко, добронамерен човек, беспрекорен професионалец и вистински пријател. А има ли смрт за големите луѓе каков што бевте Вие? Секако дека не! Вие сте физички далеку од нас, но преку Вашите дела духовно сте постојано присутни со нас. Почивај во мир голем човеку!
Кратка белешка Никола Маневски , доајенот на охридското и македонско новинарство почина ненадејно утрото на 1-ви август, во својата 60-та година од животот. Смртта го затекна во извршување на функцијата раководител на Одделението за Односи со јавност во Општина Охрид. Маневски е роден на 18.07.1950 година во Охрид. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Факултетот за поли-
тички науки во Белград, Србија. Во својата долга и плодна кариера, тој ги измина сите скалила на новинарската професија, постигнувајќи завидни резултати и поставувајќи високи критериуми во новинарскиот еснаф. Почетоците беа во тогашното општинско радио, првиот медиум на овој простор «Радио Охрид», потоа следеа «Вечерње новости» и «Борба». Тој беше и основач на информативната служба на фабриката «ОТЕКС».Подоцна заедно со бизнисменот Венко Шапкар го покрена весникот АМАК Прес –Охридски новини, најпрво како гласило за вработените во компанијата АМАК СП, но со несебична работа, успеа да формира екипа, која весникот го претвори во градско списание. Манески се смета за основоположник на охридското новинарство и извонреден советник за односи со јавноста во кабинетот на охридскиот градоначалник. Тој ќе биде запаметен како човек кој остави неизбришлива трага и печат во новинарството, човек кој во секое време беше расположен да даде вистински насоки, несебично делејки го своето знаење со другите и човек кој секогаш имаше одговор на безбројните прашања на љубопитните новинари. Романот “Чувства без наслов“од Никола Маневски ќе биде објавен постхумно «Чувства без наслов» е романот на Никола Маневски, кој ќе биде објавен постхумно . Митре Велјаноски кој беше голем пријател и соработник на Маневски, вели дека многу жали што не бил доволно упорен и не успеал да го убеди Никола ова дело да биде објавено уште пред една година. “Неговиот единствен роман ќе биде објавен постхумно како и делата на многу светски великани и тоа ќе биде направено со најголем пиетет и онака како што тој заслужи“ - додава Велјаноски.
РИБЕН РЕСТОРАН
резервации: 046/269-200
7
Живи Локал легенди Атина Бојаџи – спортист на сите времиња За неа и нејзините успеси на професионален план се зборувало и пишувало многу. Нејзиниот живот е мотив за многу документарни и еден игран филм. Жената која беше на речиси секоја насловна страна од југословенските списанија и магазини затоа што ги сруши сите светски рекорди во пливање, легендарната Атина Бојаџи, денес за охриѓани во “Охридските Новини“ ја раскажува својата животна приказна. Младата, храбра охриѓанка која е и единствената жена во Светот што го препливала Средоземното море и каналот Ламанш а со тоа и го обезбеди првото место на Македонија во светскиот спортски живот, денес живее скромно надвор од родниот град. Судбината, а не таа сакала да биде така, зошто Атина не верува дека ќе се најде Влада која ќе и подари дом во родниот Охрид. Дамата за чиј успех светот и симнува капа, жената која од либанскиот претседател е одликувана со орден на храброст денес живее во Владин стан од кој секоја Власт може да ја протера кога и да го науми тоа. Неа пак, најверојатно нема да и се исполни желбата, остатокот од животот да го помине и да умре во родниот град. Единствената во многу нешта, пожртвуваната мајка и пред се голем човек, легендарната Атина Бојаџи која е прогласена за спортист на 20-от век, за своите постигнати професионални успеси добила огромен број награди и признанија, медали и пехари кои се златни или сребрени, зошто на која и трка да учествувала го освојувала првото или второто место. “Јас не сакам бисти и споменици да ми се подигнуваат по мојата смрт. Ние Македонците треба да се научиме дека вистинските вредности треба да ги негуваме додека ги имаме а не откако ќе ги изгубиме“, вели Атина Бојаџи
10
Ламанш, предизвик за најхрабрите и авантуристите
О
ктомвриско сончево утро. Скопје се будеше од сон а јас потоната во сопствените мисли ја проверував личната меморија и движејќи се по улицата “Партизанска“ се препрашував себе си. Кое презиме стоеше зад името на познатата југословенска актерка Неда на која и припадна честа да го глуми ликот на познатата пливачка и најдобар спортист на 20 -от век Атина Бојаџи ,во култниот филм “Исправи се Делфина“ посвестен токму за неа?.... Ја решив загатката си помислив за миг, Арнериќ, беше тоа и брзајќи накај населбата Лептокарија се загледував во убаво уредените со зеленило и цвеќе паркови. Воодушевена од шаренило-
то и утринскиот мир кој му дава посебен шмек на нашиот главен град во есен, се сретнав со легендарната а сепак наша, Атина Бојаџи. Жената која ги сруши сите светски рекорди во пливање. Жената која покажа дека е похрабра и посилна од маж затоа што успеа само таа и еден Египќанец да ја препливаат патеката на маратонот во Средоземното море. Уште поголема е честа за нас, Македонците што е наша, меѓу нас е, единствената дама во Светов која го преплива застрашувачкиот канал Ламанш..... “Охриѓанка пречекува охриѓанка во Скопје“, низ насмевка прокоментира госпоѓата Бојаџи и движејќи се накај нејзиниот дом и раскажував за случувањата во нејзиниот роден и сакан Охрид а меѓу другото
и спомнав и за мојата дилема која ме мачеше во моментите пред нашата средба. “Драга моја, филмот “Исправи се Делфина“ мене во исто време ме прави поносна и горда но и несреќна и тажна. Во него реално е прикажан мојот професионален но не и приватен живот“, рече тетка Атина и замислувајќи се за миг продолжи, “ ... Мојата мајка која го носеше твоето име Ангела, а татко ми Анастас ја имаа преточено сета нивна позитивна енергија во мене. Тие беа доста добри и пожртвувани родители кои секогаш ме учеа дека јас сум доволно силна и можам да направам се што ќе наумам. Јас никогаш нема да го заборавам трепетот во гласот на мајка ми која пред иконите и запалено-
Живи легенди
то кандило во семејната куќа сместена спроти црквата Св. Софија во Охрид, се молеше за мене, да и излезе ќерката здрава и жива од вода по првата трка. Да, првиот Охридски пливачки маратон во 1962 година беше мое прво јавно сериозно зачекорување во мојата кариера. На овој маратон односно прв натпревар за мене јас ја понесов победата. Секако мајка ми беше горда и поносна што јас, нејзината мала Атина бев победник во конкуренција на 40-ина искусни пливачи од цел Свет. Но таа беше најсреќна што јас бев здрава и жива. За жал поради нејзината парализа што ја носеше од моето рано детство таа не беше меѓу тогашната бројна маса луѓе што ги пречекуваше маратонците на целта. Болеста не и дозволуваше да се прави “важна и поносна“ со сопственото чедо пред толпата насобран народ. Татко ми, почина млад и успеа да ги види моите успеси на кратки патеки и да се гордее што ете неговата ќерка стана светски првак во слатки води, но за жал не ги доживеа моите најголеми успеси на долги патеки кои ме прославија во светов, препливувањето на Средоземното море на Либанскиот маратон и испливувањето на каналот Ламанш. Атина Бојаџи во меморијата на нејзините врсници останува запаметена како живо љубопитно дете. Кога охриѓани ја коментираат велат дека најверојатно прво пропли-
вала а потоа проодела, затоа што по иницијатива на нејзиниот брат Дики кој е пет години постар од неа и кој исто така е светски познат пливач, почнала да тренира пливање. “ Имав 11 години кога заедно со брат ми Дики влегов во базенот кој се наоѓаше пред градското пристаниште во Охрид да тренирам пливање. Базенот беше импровизиран долг 50-ина метри. Ние немавме услови за работа како другите, трениравме само преку лето. Кога завршив гимназија се омажив и престанав да спортувам. Во 1962 година брат ми Дики веќе беше на Капри, пливаше таму. Велат, судбината си го прави своето. На мене извршија притисок да учествувам како што претходно спомнав на првиот Охридски пливачки маратон на кој освен мене не учествуваше ниту една жена од Југославија. Искрено, не знам ни јас каде ми беше паметот затоа што неколку години не сум тренирала пливање. Тренинзите за маратонот траеја само 2-3 месеци. На некој начин сите се смееја , новинарите пишуваа со иронија како можам да победам со толку малку подготовки. Но ете, се случи тоа што се случи, победив. Јас мислам дека мојот карактер е таков каков што е, ако се зафатам за нешто морам да го завршам. Тогаш се пливаше многу подолга патека од денешната која е долга од Св. Наум до Охрид. Тогашната маратонска патека беше од село Пештани
до Струга и од Струга до Охрид. При поминувањето на целото езеро пливавме и низ реката Црн Дрим каде има струење и поради тоа пливачката патека е многу потешка. На првиот пливачки маратон во Охрид имаше пливачи од цел свет. Стартот беше рано утрото. Верувајте дека ни јас не верував кога на таблата од чамецот што ме следеше видов дека сум прва во женска конкуренција. Нормално во пливањето има и кризи во кои треба духовно да бидете многу силни. Јас бев психички подготвена да пливам и морав да дојдам прва на целта. Јас си имав зацртано во својата глава дека не смеам да ги разочарам охриѓани и македонскиот народ. Бев прва. Чувството беше прекрасно, ни сама не верував дека ја испливав патеката и бев прва. Станав светски првак во пливање во слатки води. Бев популарна и славна. Денес ми е драго што јас како охриѓанка и Македонка постигнав светски успех што досега ниту една друга жена не го има постигнато.“ Атина Бојаџи два пати била прва на Охридскиот пливачки маратон. Всушност,таа на сите натпревари на кои учествувала освојувала или златен или сребрен медал. Во тој метеж на меѓународни натпревари во меѓувреме го раѓа синот, на дочекот на Новата 1965 Година и затоа го носи името Новак. Кога тој бил 8-9 месечно бебе Атина заминува да плива на Капри Наполи што како
натпревар се одржува до денес. Но, сепак она што Бојаџи ја возвишува и секогаш и го дава приматот во светската спортска историја е маратонот на Средоземното море во Либан и препливувањето на каналот Ламанш. “На мојата кариера белег остави маратонот на кој се пливаше од Сајда до Бејрут мислам дека се одржуваше истата година како и Охридскиот пливачки маратон 1962 година. Но ако пливачкиот маратон во Охрид се одржа во месец август тој се одржуваше во октомври или ноември. Во Бејрут отидовме цела екипа во која беа и Климе Савин и Нико Нестор. Во спортот не зависно за кој вид станува збор, 2-3 часа пред натпреварот не смеете да јадете затоа што храната треба да биде добро сварена. Ние вечеравме подоцна, јадевме покалорична храна со намера да имаме доволно енергија за натпреварот чиј старт беше закажан за утредента со почеток во 6 часот. Значи се пливаше на Средоземно Море, се стартуваше од едно пристаниште во едно мало либанско гратче и од таму требаше да се стигне до Бејрут. Вечеравме покалорично затоа што утрото пред стартот можевме да се напиеме само вода или сок. Тогаш не примавме никакви стимулации за да можеме да издржиме. Јас и денес сум на ставот дека ако си спортист докажи го тоа без никакви стимулации. Откако се подготвивме за она што не
11
Живи легенди
На првиот охридски маратон Атина ја понесе победата чекаше утредента си туривме чај, вода или сок и само што потонувавме во сонот, околу 23 часот организаторите на трката не разбудија и ни рекоа дека стартот се презакажал и ќе биде за еден час точно на полноќ. Тоа беше шок за сите учесници, стартот не беше осветлен. Имаше еден импровизиран мост од каде требаше да се скокне во вода. Сите 30 учесници скокнавме од тој мал мост а јас при скокањето си ја повредив ногата. Во таа темнина не можев убаво да го видам чамецот кој ме пратеше за време на трката а светилката која беше поставена на него често се губеше од мојот видик. Трката почна,... бевме оддалечени 4-5 километри од брегот. Јас почнав и да повраќам затоа што стартот на трката беше многу брзо по вечерата а имаше и многу бранови. Во чамецот што го следи пливачот секогаш има двајца интернационални судии, тренерот и веслач. Сите тие кои мене ме пратеа цело време ме бодреа и ми велеа ,“Ајде пливај, ништо не ти е“... Јас бев навистина во лоша состојба, пливав и повраќав, значи целосно исцрпена бев во водата која беше доста студена. Некако успеав да се средам со стомакот, ми дадоа чај и продолжив да пливам, меѓутоа во таа исцрпност не можам ни јас да се опишам во каква состојба бев. Едноставно имав чувство дека спијам а во исто време и пливав. Бев во бунило ... Наеднаш ги отворив очите и пред мене видов само огромни бранови кои најверојатно го одвеле чамецот што ме следеше, тој како да исчезна ,го снема.... Тогаш бев толку исцрпена, не го гледав брегот, не знаев во кој правец да тргнам, право, лево или десно, каде да одам.. ми се случи една конфузија во главата. Во еден момент го слушнав свирчето на тренерот. По половина или еден час меѓусебно барање
12
се најдовме. Во време на трката такво загинување ни се случи на два пати. Се раздени го дочекавме утрото а јас непрестајно пливав, не можам ни да набројам колку кризи сум имала колку пати сум плачела. Викав, дека ќе излезам, дека не можам повеќе но од чамецот ги слушав за мене познатите гласови кои ми возвраќаа “ Не, ти можеш,ќе успееш!“. Пливав, пливав до утредента односно до вечерта. Некаде околу 19.30 часот излегов од водата. Бев победник во трката и од сите 30-мина покрај јас исплива и еден Египќанец, сите други се откажаа. Таква трка повеќе никогаш не се одржа...,“ ми раскажа тетка Атина и сакајќи да ги сокрие солзите и трепетот од спомени што ја враќаше во бурното минато, стана за миг и отиде во соседната просторија да стави турско кафе. За тоа време јас ги гледав фотографиите на кои се овековечил споменот кога претседателот на Либан и доделува признание и медал за храброст на 18 годишната охриѓанка Бојаџи која успеа да ја преплива маратонската патека на Средоземното море. Всушност станува збор за медал што се става на ревер а обично го добиваат заслужни војници по завршување на некоја голема војна. Носејќи ги двата филџани со кафе тетка Атина продолжи да ја раскажува животната приказна за која многу филмски работници велат дека е привлечна за режирање филм. “Кога се вратив од Бејрут во родната Македонија и тогашната Југославија веќе бев ѕвезда. Дочекот што ми го приредија на аеродром не се опишува со зборови и во тој период бев речиси на секоја насловна страна од тогашните весници, списанија и магазини. Јас мислам дека тој успех што го постиг-
Атина со брат и Дики и преставничката од Холандија на маратонот во Капри нав тогаш не го има повторено ниту еден друг пливач, затоа што не стануваше збор за должината на пливачката патеката туку за огромното невреме кое не снајде при трката на либанскиот маратон. Тоа е една трка која и ден денес ја паметам. Тоа беше мој голем успех за моите 18-19 години кои тогаш ги имав“. Во месец септември или октомври 1965 година Атина со сопругот и синот се преселуваат во Белград. Нејзиниот сопруг кој бил воено лице а потоа завршил уште еден факултет станал професор на белградската академија. За Атина пак, спортскиот живот одлично продолжува таму. За нејзе се пишувало и зборувало низ сите тогашни медиуми и секаде се потенцирало дека таа е Македонка. Нејзините тамошни тренинзи почнуваат во спортскиот клуб “Црвена ѕвезда“ каде имала многу подобри услови за тренирање отколку во Охрид затоа што постоел летен и зимски базен. Постојано една патека била пуштена исклучиво само за Атина, другите пливачи не смееле да влегуваат во неа. “ Тогаш кај еден мој драг пријател а
Одликувана со орден за храброст од либискоит претседател
голем новинар, Драгутин Грегориќ се роди идејата да го препливам каналот Ламанш преку кој се поврзуваат Англија и Франција. “Зошто да не и Ламанш?“, ми велеше тој кога доаѓаше да се рекреира на базенот. Јас на почетокот велев, “Ма каков Ламанш не доаѓа во предвид.“ Сето тоа го кажував затоа што колку толку сум читала и знам што значи Ламанш дека водата е екстремно студена. Меѓутоа Грегориќ почна да си работи на случајот, да се распрашува ,затоа што на Ламанш поради природните тешкотиите што во него постојат не се одржуваше пливачки натпревар во форма на трка, туку таму одите индивидуално па дури и плаќате еден вид котизација за пливањето на Федерацијата, на капетанот и луѓето кои за време на трката ве следат со брод... Јас на крај попуштив пред судбината и почнав психички да се подготвувам и да тренирам за натпреварот што ме чекаше на Ламанш. Мојот сопруг како воено лице не смееше да ја напушти Југославија, затоа извади цивилен пасош и на Ламанш ме следеше како тренер. Во бродот заедно со него беа еден новинар, фото ре-
Живи легенди портер, лекар, капетан. Во Англија отидовме на почетокот од месец август 1969 година и чекавме речиси месец дена да ни закажат термин за пливање затоа што Ламанш е нешто невидено, неверојатно. Јас прв пат кога влегов во таа вода издржав пет минути а потоа брзо излегов и влегов во када. Плачев, затоа што мислев дека нема да успеам, не ќе можам да издржам. Таму ја имате таа неверојатна плима и осека,поради која во рок од 24 часа морето се повлекува. На пример, надоаѓа кон Англија и се повлекува од Франција по 300 метри. Ете, тоа е тежината на Ламанш. Ако ве фати таа осека при пливањето едноставно како правосмукалка ве враќа назад во Франција и тогаш кога вие веќе го гледате брегот. Тоа на жалост ми се случи мене. Еден ден по едномесечно чекање ни кажаа дека дента треба да бидеме во Франција затоа што утредента ни бил стартот. Наводно времето ќе било погодно за старт. Целата екипа отидовме во Франција. Утрото пред влегувањето во вода ми пристапи човек во инвалидска количка пратен од Американскиот претседател Никсон и ми рече на македонски јазик: ( тоа го научил од луѓето околу мене) “Пливаш, сигурно до Англија,....Браво Атина....ајде, можеш“, тие негови зборови секогаш ќе останат запечатени во мојата меморија. На самиот брод што ме следеше имаше поставено чамец затоа што бродот не можеше да исплови до брегот и токму затоа во чамецот беа судиите кои ми го означија стартот со цел трката да биде регуларна . Откако ме премачкаа со маст која не е кој знае каква заштита, стартот почна во 6 часот и 10 минути. Искрено да ви кажам беше доста напорно. Водата беше многу ладна и не знам од каде Господ ми даде снага и сила да успеам. Постојано во главата ми се вртеа овие мисли: “Атина, мораш тоа да го издржиш“ јас не смеев да го разочарам македонскиот и југословенскиот народ. Пред заминувањето по сите медиуми се најавуваше моето учество на Ламанш. Поради тоа јас не смеев да си дозволам никаков пораз. Добро паметам дека во тоа време атлетичарката Вера Николиќ беше прва на светското првенство во Мексико, меѓутоа на натпреварот во Лондон таа се откажа. Дали поради таа нејзина постапка или поради други причини некои луѓе и новинари не веруваа дека ќе успеам да го препливам Ламанш. Имав огромна волја да испливам и да стигнам на целта. Пливав, пливав, и на речиси два километри од брегот кога ќе ја кренев главата си велев себе си
“Еве, тука сум уште малку“, меѓутоа тогаш се случи нај непосакуваното, ...настапи таа несакана осека и едноставно почна да ме влече назад во Франција. Тоа беа најтешките моменти во мојата кариера.... Потоа откако излегов на копно ми кажуваа дека капетанот на бродот Хачинсон , велел :“Јас се ќе направам се да испливаш до целта Атина, нема шанси да излезеш надвор кога стигнавме до тука!“, и навистина тој го заврти бродот накај брегот. Јас испливав за едно 9 часа и 30 минути до тука а вкупно за 13. часа и 30 минути до целта. Значи замислете, поради осеката тие последни два километри сум ги испливала за 4 часа што во други околности без несакани појави ги препливував за неколку минути. Тоа беа психички најтешките моменти за мене, го гледам брегот а не можам да излезам. Значи тие последни часови до брегот беа пеколни . Со мака успеав да испливам до огромното англиско пристаниште во Довер кое е многу длабоко навлезено во морето поради тие осеки и на тоа пристаниште преку токи- воки, Хачинсон повика на помош неколку бродови што беа тука закотвени. Тие се поставија во таква положба што ми направија патека и полека, полека го дофатив дното. Станувам, и повторно водата како да ме влече назад. Сепак на сета мака останав присебна и почнав да одам четвороношки, затоа што според пропишаните пропозиции мора да се исправите да одите на суво за да ви важи победата. Јас успеав....., излегов од водата, се исправив ја поминав целта..... и паднав. Но го постигнав она што го имав зацртано. Го препливав Ламанш.... Настапи огромна еуфорија . Со пливањето јас и мојата екипа стигнавме од Франција во Англија. Ме качија на бродот и тргнавме да ја поминеме царината односно да се вративме во Франција. Стигнавме во хотелот, сите уморни легнаа да спијат а јас од преголем замор не можев да заспијам си слегов кај портирите и цела ноќ си разговарав со нив. Се уште не свесна од случувањата јас станав славна. Новинарот и фото- репортерот си заминаа за Југославија наредниот ден по трката а јас и докторката се вративме во Белград после два дена. Таму ни приредија величествен дочек . На аеродромот не пречека огромна маса луѓе а јас изненадена од брзината со која ми пристапуваше мојата популарност и слава, ја прашав докторката: “Весна за кого се собрале олку луѓе, кој патуваше со нас?“. Таа се насмевна и ми рече “ Тие се тука за тебе“. Пред полетувањето за Југославија, пи-
лотите на авионот ми укажаа дека им е чест да ме возат мене и ме повикаа да одам во пилотската кабина. Како што кажав дочекот во Белград беше величествен, аеродромот беше преполн со луѓе. Цела една свита од коли и пешаци се движеше зад мене. Дојдовме до нашиот дом во Белград и јас веднаш си го побарав синот Новак кој тогаш за време на моето отсуство престојуваше кај свекрва ми во Сараево. Новак тогаш немаше ни полни 4 години, тој за сето тоа време ми недостигаше најмногу од се. Ми ласкаше огромниот автомобил кој беше полн со цвеќе и букети кои беа толку на број што не знаев каде да ги ставам, но моја вистинска радост беше средбата со син ми. Се изолирав од сите и целиот ден му го посветив на Новак.
охриѓани.“ Меѓу бројните натпревари и тренинзи Атина успева да заврши Виша тренерска школа и педагогија и по завршувањето на пливачката кариера почнува да се занимава со просветителска дејност во Белград. “Еден период отидов во Америка како туриста, и по иницијатива на моите пријатели се задржав подолг период. Веројатно во мене има некој авантуристички дух, јас зедов неплатено шест месеци од работното место. Тогаш зборував добро француски и италијански јазик а англиски “чад –пат“. Отидов на курс и во прво време почнав да работам во едно многу богато еврејско семејство. Бев придружничка на старата госпоѓа и во меѓувреме толку се спријателив со членовите од
Ламанш го испливав за 13 часа и 30 минути, имам испливано 48 километри, поради силните струји и осеката што ме имаше зафатено.
По враќањето од Англија, Атина со помош на претставници од весникот “Илустрована политика“ кој целосно застанува зад неа и финансиски ги покрива трошоците за нејзиното учество на Ламанш, доаѓа во родниот Охрид. Храбрата и популарна сограѓанка охриѓани ја пречекуваат спектакуларно. “ Јас секако го зедов и Новак а мажот ми поради работните обврски не можеше да дојде во Охрид. Дочекот беше прекрасен, од селото Косел до плоштадот во центарот на Охрид имаше колони од луѓе. Јас седната во кабриолет во таа гужва го слушав гласот на син ми кој во плач викаше: “Мајко, кои се овие луѓе, што е ова?“. Јас навистина до ден денес нема да го заборавам тој дочек, беа излезени речиси сите
семејството што тие сакајќи да останам крај нив ме подучија да ја нострифицирам дипломата за тренер. Тоа го сторив и така почнав да работам во еден спортски центар. Работев на струката. Во клубот бев добро прифатена и стално примав пофалби од сопствениците. Добив зелен картон односно го легализирав својот престој во САД и само што требаше да го добијам пасошот се случи тоа што се случи, најголемата глупост на бившите југословенски простори, војната во Босна и Херцеговина ,Републиката во која живееше мојот син Новак. Во тоа време немаше тешкотии да се добиваат визи за Америка како што е тоа случај денес. Јас напишав писмо до гувернерот на Калифорнија со содржина во која велам : каква држа-
13
Живи легенди ва е таа која зборува за човековите права а реално ништо не превзема за нивна заштита. По една недела јас добив одговор на писмото односно беше повикан мојот син да оди во американската амбасада во Босна каде ќе го чека визата. Меѓутоа мојот син си е мој син, тврдоглав, одби да дојде во Америка. Јас како мајка распродадов и подарив се што имав, се спакував и во месец ноември 1991 година слетав на сараевскиот аеродром. Една година подоцна започна војната, вистинско лудило кое траеше три години. Само што го средив станот во кој живеевме јас и син ми, добивме предупредување најпрво од сосетките дека е добро да го напуштиме станот затоа што зградата се наоѓаше во муслиманскиот дел на градот и дека сигурно завојуваните страни воените пресметки ќе ги реализираат токму од него. Најопасно беше за син ми, тој премина во Ниџе а јас останав да го чувам станот. Три години ужасен пекол. Ние христијаните кои останавме во тој дел од Сараево бевме повеќе гладни отколку сити односно јадевме само кога Хуманитарната организација ќе ни доделеше храна. Немавме ни вода, истата ја набавувавме од место оддалечено околу четири километри од зградата. Немавме вода, храна и струја,... буквално немавме ништо. Тоа што сум го доживеала таму не се опишува со зборови и на никого не му го посакувам. Три годишен ужас во кој не знаев дали ми е синот жив а и тој ништо не знаеше за мене. Ете, тоа е најголемата казна за една мајка да не знае ништо за своето дете а неизвесноста ја убива мајчината психа. Затоа што немаше телефони јас на мојот девер преку црвен крст му испратив порака дека повеќе не можам да издржам. Имав изгубено многу килограми од мојата телесна тежина. Еднаш бев викната од тогашните власти на сослушување кои ми кажаа дека јас како нивно богатство односно најпознат спортист ќе бидам заштитена. Меѓутоа чувствував дека е време да го напуштам станот иако се ближеше крајот на војната. Организирано како на филм успеав да се префрлам во српскиот дел од Сараево на Ниџе каде што беше син ми. Убаво се сеќавам дека тоа беше на 13-ти јануари на дочекот на Православната Нова Година. Синот не знаеше за моето доаѓање, го изненадивме а тоа беше средба која не може со зборови да се раскаже. За жал го изгубивме огромниот стан во Сараево. Среќа во несреќа беше што јас успеав да ги спасам пехарите што сум ги добила. Односно прет-
14
седателот на клубот беше Србин а жена му Хрватка. Со нивна помош јас успеав да си ги задржам наградите кои за вложениот труд сум ги добивала. Мојот непрежален колега и пријател кој беше пред се голем човек, Климе Савин беше иницијатор да се вратам во Македонија и да работам како Генерален секретар на Охридскиот пливачки маратон. Тогаш јас привремено престојував во Македонија односно по завршувањето на работните обврски околу маратонот јас се враќав во Сараево. Ние Македонците за жал ја имаме таа нота на љубомора, за жал јас тоа го почувствував на моја кожа и тоа многу тешко го доживував па често се прашував себе си. Зошто се љубоморни на мене , па ја се сум изгубила. Во 1996 година тогашниот претседател на Р. Македонија, Киро Глигоров ме повика во Македонија, побара моето постојано место за живеење да биде во Македонија. Станов во кој престојувам а го добив со залагање на Глигоров е Владин па кој и да науми од власта може да ме избрка кога ќе посака. Ми беше ветено дека ќе добијам стан во родниот Охрид јас чекав, чекав но ништо не бидна од ветеното до денес.“ рече Атина привршувајќи го разговорот. ....Нашата гордост, живата легенда, жената со светска слава , нашиот спортски амбасадор во светот кој ни отвори врати за секој спортски настан, зошто не верувам дека
има човек на планетава Земја кој не знае за Македонката што го преплива Ламанш, денес живее скромно во едно собниот стан во населбата Лептокарија во Скопје. Со оглед на тоа што Македонците го носат
‘‘Пливаш, сигурно до Англија...Браво Атина... ајде можеш‘‘ се зборовите од човекот што ми посака среќа а беше пратен од американскиот претседател Никсон
синдромот на деградирање на вистинските вредности дури ги имаат крај себе, Атина не верува дека ќе и се исполни желбата остатокот од својот живот да го мине и да умре во родниот Охрид. Темпераментното девојче кое детството го мина трчајќи низ охридските сокаци, младата девојка со која се гордееше Охрид на првиот Охрид-
ски пливачки маратон, жената која беше одликувана со орден за храброст од либанскиот претседател затоа што го преплива Средоземното море, дамата која го преплива Ламанш а охриѓани кои таа ги промовираше со гордост кажуваа дека е
нивна сограѓанка, денес живее надвор од родниот и сакан Охрид, не по нејзина желба туку по налог на судбината. Досега не се најде ниту една Влада која ќе и подари дом во Охрид на охриѓанката која целиот свој живот го посвети за позитивно промовирање на Охрид и татковината низ целиот свет. Денес, Атина Бојаџи ретко доаѓа во Охрид во спокојството од секојдневието се враќа во деновите од својата младост, во детството на својот син, ги разгледува фотографиите кои ги меморирале нејзините професионални успеси. Тогаш кога не го прави тоа ужива во содржината од некој добар роман во кој се раскажува судбината од некои, некого, ваша или наша... Маратонска кариера на Атина Бојаџи трае цели 12 години. По многуте трки се враќала во родната земја со бројни признанија и награди, златни или сребрени медали. Имала приеми кај претседатели и државници кај претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито и многу други. Меѓу бројните награди што ги има е наградата за животно дело од Пливачката федерација на Македонија, ја добила и наградата Крсте Петков Мисирков. Од читателите на “Утрински Весник“ е избрана за спортист на 20-от век, а во 1998 година од Олимпискиот Комитет на Македонија е избрана за Великан на Македонскиот Олимписки Комитет.
11
Интервју Александар Петрески – градоначалник на охрид
Сите проблеми во Охрид се резултат на нецелосната децентрализација на власта Разговорот го започнуваме со безбедносната состојба во Охрид. Колкава одговорност на тој план носи локалната самоуправа? Сите ние сме сведоци на немилиот настан кога до смрт беше претепан српскиот турист Дејан Новаковиќ. - Ова е широка тема .Сигурно дека ако еден градоначалник зборува за безбедносната состојба и не би било толку во ред. Состојбата за безбедноста треба пред се да ја ценат Министерката за Внатрешни работи, Министерот за одбрана и Премиерот. Мислам дека сепак градоначалникот има други активности и теми на кои би требало да зборува. Безбедносната состојба во градот не е под ингеренции на Локалната Самоуправа. Според мене подобро би било тема на разговор со еден градоначалник да е јавниот ред и мир и сообраќајниот ред и мир. Сигурно дека безбедносната состојба треба да ја проценуваат други. Ако е верно она што го слушнавме пред неколку денови кога Министерката Јанкулоска кажа дека безбедносната состојба во Македонија е одлична јас нема што да додадам на тоа. Тие се меродавни за безбедноста. Штом тие ценат дека безбедноста ни е одлична јас им верувам а сигурно дека и граѓаните им веруваат, иако многу настани укажуваат дека не е така. Јас повеќе би се осврнал на актуелните теми и од каде тие доаѓаат. Главен проблем во целава наша држава е децентрализацијата па и децентрализација на полицијата. Знаеме кој ја цени безбедносната ситуација . Секаде во светот тешките криминали ги работи еден друг дел од полицијата која треба да биде под министерството за Внатрешни работи, само кај нас
16
тоа не е така. Затоа ние се повеќе и повеќе тонеме, затоа што во сите полиња на децентрализација ние убедливо сме последни во Европа. И во законот за полиција сме последни. Делот од полицијата што е за јавен ред и мир, што е за сообраќајни прекршоци секаде во Европа и Светот е под надлежност на Градоначалникот и Советот, само кај нас е под надлежност на Централната власт. Тоа предизвикува вистински проблеми, ние како охриѓани најдобро ги гледаме проблемите во градов. Секаде во Светов има градска полиција и државна која работи на потешки случаи и криминали. Крупните криминали треба да бидат под надлежност на МВР а градската полиција треба да биде под надлежност на општината. Градоначалникот да го поставува командирот во соработка со градскиот совет. Тогаш ќе може да кажеме дека сме демократско општество и да понесуваме одговорност за нашава работа. Политичките противници настојуваат да посочат дека ние бегаме од одговорност. Не, ние не бегаме од одговорност, ние бараме одговорност. Бараме ние да одговараме за овие работи. Бараме градската полиција, командирот да е под надлежност на Општината. Ете тогаш за се што е лошо ќе биде крив градоначалникот а ќе биде заслужен за се што е добро. Тогаш ќе имаме одговорност. Истото тоа го барам и за културата и другите области. На пример Охридската капетанија треба да биде под надлежност на Општината. Тогаш ние ќе бидеме одговорни за водениот сообраќај, за педалинките, глисерите, односно за се што е убаво и лошо. Значи, ние бараме одговорност а не бегаме од
неа. На Вашето прашање јас би рекол дека не можам да ја ценам безбедноста. Граѓаните гледаат што се случува. Ние правевме и правиме се да привлекуваме српски туристи во градов, но една несреќа од типот на групната тепачка каква што беше онаа во која туристот Дејан Новаковиќ го загуби својот живот, може да упропасти се. Вакви случаи на нарушување на туристичката сезона знаеме дека имало и во Египет и Турција. Темите безбедност и туризам се условени една со друга и тесно се поврзани. Експертите од Центарот за развој на туризмот и угостителството кои беа дојдени во Охрид, порачаа да се овозможи поголема безбедност како за охриѓани така и за туристите. Од друга страна пак Охрид постојано се рекламира пред Светот преку телевизиски спотови и други видови промоции. Тоа Ве наведува и Вас и другите претставници
од власта постојано да најавувате дека оваа односно наредната година се очекува поголем број туристи. Но тоа сепак не се случува, туристи нема. Според Вас каде се крие проблемот за развој на туризмот? -Главниот проблем е во непостоењето на Стратегија за развој на туризмот. Државава нема направено таква стратегија а тоа се гледа и од нејзините настапи. Таа на пример на SNN плаќа реклама за Охрид од 2 милиони евра. Тоа е промашена работа на денешно време. Со тие пари Владата можеше да го субвенционира авионскиот сообраќај, и да имаме директни линии Амстердам –Охрид, Берлин- Охрид, Истанбул- Охрид. Со сите тие пари можевме да имаме директни линии до Охрид. Еве Вие одговорете ми, дали би било подобро тие пари од реклами да ги искористиме за обновување на патната инфраструктура или не?Луѓето за да дојдат во Охрид треба некако
Интервју да стигнат. А како ќе стигнат до кај нас?Авионски превоз немаме, патот Скопје- Охрид е вистинско мачење, особено од Гостивар навака. Минативе години од домашните гости нај бројни беа скопјани. И тие повеќе не се одлучуваат за нас, лош им бил патот. Вистинско мачење е да доаѓаш во Охрид по сите кривини и да ги минуваш сите дупки. А за враќање назад не би коментирал се чека во колона од 6-7 часа. За продолжениот викенд за 8-ми септември, македонски возила за влез во Грција чекаа 5-6 часа. Буквално Македонците се “тепаа“ за влез во Грција. Не се прави кампања од типот на :“ Не одете во Грција,Грција вака, Грција така...“. Секој има право да одлучи каде ќе летува зависно од парите со кои располага. Но ете и покрај таа негативна кампања голем број Македонци заминаа за Грција. Сето тоа треба да ни биде поука за нас. Ние треба да им создадеме услови на туристите да дојдат кај нас. Треба да поставиме приоритети. Приоритетите треба да ни се патните правци кои водат кон Охрид. Да се донесат автопатски решенија. Ако на самите нас ни е тешко да се возиме по тие патишта, што станува за Словенците, Хрватите, Холанѓаните. Поминаа времињата кога со автобуси доаѓаа гости. Сега тие најчесто се превезуваат со авиони или автомобили. Железница немаме. Затоа треба најпрво да направиме автопат Охрид- Битола. Но наместо автопат, и патот што го имавме кај Битола се сруши па сега почна да се прави откако заврши туристичката сезона. Истото тоа се случи и со бродовите. Бродот “Галеб“ доби дозвола за работа откако помина туристичката сезона и тоа затоа што дипломатско лице сакало да прави свадба на брод. Јас жалам што зетот и невестата не се решиле два месеци порано да прават свадба. Најверојатно така побрзо ќе обезбедевме бродски сообраќај. Значи кај нас има два основни проблеми:комуникацијата со централната власт и инфраструктурата. Ниеден турист од Франција или Холандија нема да дојде ако за кај нас му се потребни 17-18 часа пат. Пресметајте и сами,поради таа причина колку мал број туристи ќе се одлучат да дојдат. Навистина ние како Локална самоуправа треба да ги поправиме работите. Да не изгледа градот како панаѓур. Но тоа се ситни работи што можеме веднаш да ги средиме кога ќе се средат крупните проблеми. Прво треба крупните работи да ги средиме а за ситните лесна работа. Важен фактор за туризмот е одредување на приоритетите и обезбедување без-
бедност на туристите. Мислам дека Охрид е безбеден, мирен град. Во минативе 20 години не се слушнало да има кражба на автомобил или нешто друго, што било случај со други туристички центри. Што се случува со дивоградбите. Минатиот септември Локалната самоуправа најави рушење на сите нелегално изградени објекти. Проектот се одолговлекуваше. До каде е таа работа?Покрај тоа Локалниот инспекторат пред почетокот на сезоната најави дека по кејот на езерото ќе бидат поставени само фрижидери за сладоледи и тезги за книги. Ветеното не се исполни. Зошто ? - Сигурно дека можевме да рушиме многу повеќе нелегално изградени објекти во Охрид, да подигнуваме нелегално поставени шанкови, маси или столици. Но верувајте, се уште по малце замижуваме на некои работи понесени од социјалната состојба на граѓаните. Ние сме свесни дека голем број од луѓето кои што се технолошки вишок или без работен стаж, отвораат објекти на диво во кои работат. Некои од нив возат такси, други се сопственици на шанкови или продаваат очила и сувенири на нелегално поставените тезги. Тоа им е единствениот начин за егзистенција. Охриѓани имаа замерка до Локалната во однос на поставувањето на автомобилите за деца во градскиот парк кој е прибежиште за повозрасните охриѓани. Зошто длабоките сенки ги препуштивте на ваков детски возен парк? - Сопственичката на количињата е возрасна жена. Нејзиниот син боледува од тешка неизлечлива болест. Тие детски коли за нив двајца се единствен извор на егзистенција. Токму од тие хумани причини ние не ги тргнавме детските автомобили од паркот. Неодамна Општина Охрид, беше финансиски покровител на драмската претстава “Среќни денови“. Дали тоа значи дека вие како институција конечно ќе го подигнете на нозе Професионалниот театар во Охрид, кој иако важен неколку пати пропаѓаше како проект? - Нашата стратегија е дека Охрид треба 12 а не 2 месеци културно да пулсира. Од тие причини сметаме дека охридскиот театар мора и треба да се возобнови и функционира преку цела година. Имајќи го во предвид она што го збору-
вав за децентрализацијата повторно ќе истакнам дека неа во општо ја немаме во културата. За се треба пари. Како Општина не добиваме ни најмал дел за развој на Културата. Сите тие пари одат на сметка на Министерството за култура. Ние не смееме да ги трошиме парите не наменски. Парите што ги собираме се наменети за инвестиции за инфраструктурата. Ние и покрај тоа се трудиме и даваме максимална поддршка за сите културни настани, концерти, изложби, промоции на книги или други поголеми културни манифестации. Театарот е посериозна работа, прво за него е потребен објект, зошто знаеме дека и ЦК “Григор Прличев“ и Охридско Лето се под Министерство за култура. Го баравме Домот на Армијата за тука да го сместиме охридскиот професионален театар но не го добивме. Тука, во строгиот центар на Охрид отворија факултет а касарните ќе седат празни. За факултет не е битна толку локацијата битна е програмата што се нуди. Охридскиот театар е избришан од Централната власт. Ако на тетовскиот театар му даваат 5 милиони денари за работа тогаш не знам зошто на охридскиот театар не му даваат ни денар. Ние и покрај тоа со заложба на Општината и Лајанс клубот ќе направиме се колку толку да имаме по неколку претстави годишно со цел да не изумри Охридскиот професионален театар. Локалната го започна проектот за средување на локалитетот “Воска“. Започнавте со расчистување на плажата а најавивте дека овој дел од Воска со камена патека ќе биде поврзан со плоштадот. Иако жителите на Воска се израдуваа и го поздравија вашиот став, проектот како да пропадна во вода односно беше стопиран од страна на Управата за Културно историско наследство. Ваш став за овој проблем?
- Овој проект се прекина со закани и кривични пријави. И во овој случај мојот успех Централната Власт го смета за нејзин неуспех. И додека така ги гледаме работите ништо нема да направиме. Мислам дека овие проблеми ќе се надминат. Проектот е изработен, се се прави за доброто на Охрид. Во случајов немаме никакво уништување на животната средина. И се што е добро треба да се прави и поддржува независно дали тоа добро го прави Централната или локалната власт тоа е небитно. Тој проект ќе продолжи во најскоро време да се реализира. Од друга страна, Вие неодамна дадовте согласност за отстапување на корисничкото право на градежното земјиште на Плаошник, сето тоа на барање на Завод и Музеј од Охрид. Вие одговоривте веднаш и тоа позитивно. Зошто? -Јас секогаш кажувам дека се она што е добро за Охрид ќе го поддржувам максимално. Овде не се работеше само за вербална поддршка туку поддршка со донесување конкретни одлуки на Советот и градоначалникот за тој проект да успее. Јас сакам да успее тој проект, сосема друго прашање се приоритетите. Доколку зборуваме за нив јас би рекол дека најпрво сакам да отвориме реални, стварни а не виртуелни универзитети. Меѓутоа секој добар проект што е за доброто на Охрид јас сум го поддржувал и ќе го поддржувам секогаш. Ништо што е добро за Охрид нема да го спречам. Од тие причини дадов максимална поддршка за проектот и истиот ќе го поддржам во неговата реализација. Сега само се постави камен темелникот. Допрва треба да се добие одобрение за градба.
17
Наш Охрид
Н
Како “Титаник“ потона хотел “Палас“
апуштен и оставен на заборав. Огрден со графити и непристојни пораки, некогашниот најпознат туристички бренд на Охрид , хотелот “Палас“ повеќе години е непристапен за јавноста и затворен за прием на бројните туристи. Грамадниот објектот сместен во строгиот центар на Охрид во кој се снимаа сцени на легендарното филмско дело “Долго топло лето“, денеска наместо прибежиште на гости стана собиралиште на стаорци и лилјаци. Сепак,иако забавен случајот не остана заборавен. Неодамна наследниците на семејството Доко, по мачна и долга денационализација, по Руменови, добија решение за враќање на дедовиот имот каде пред еден век бил хотелот “Турист“, со што двете парцели од 800 метри квадратни , на најатрактивниот дел од езерскиот кеј се приватна сопственост. Какви ќе бидат сега оправдувањата на сопствениците на “Палас“ и групацијата М6 на чело со Свето Јанески кои без никакви инвестиции оставија да пропадне хотелот ќе покаже времето. Но чудно е зошто државата дозволи да потоне некогаш најпознатиот охридски хотел сместен во срцето на градот. Отворено е и прашањето зошто Управата за Заштита на културното наследство го заштити објектот без можност за надворешно менување, а уште почудно е и што Локалната власт не превзема ништо за одбрана на културниот дел од Охрид. За наследниците на земјиштето апсурдно е што новиот Детален Урбанистички План кој сега се менува, не предвидува изградба на хотел на нивниот простор, за кој тие тврдат дека бил вцртан со маркичка во се уште важечкиот ДУП, за што имаат и пресуда од врховниот суд, поради што земјиштето како градежно, неизградено единствено можело да им се врати со денационализација. “Поранешните и идни сопственици со денационализацијата на земјиштето бараат на тој простор вцртување објекти, а министерствата и сопствениците на “Палас“се против никнување објекти на тој простор. Јасен е ставот на Министерствата за Транспорт и врски и за Животна средина дека не е добро тука, пред “Палас“ да има објекти“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Спротивставените ставови проблемот со хотел “Палас“ не само што не го решаваат туку го усложнуваат. Каде и да лежи одговорноста, за државата е недопустливо да дозволи да се валка една од најубавите приказни за Охрид, во која се вградени илјадници лични и колективни судбини. Жално е да се остави на заборавот на времето “скапоцениот камен“ кој има непроценлива вредност.
18
Наша Наш гордост Охрид Охрид се прослави во вселената
Охридското Езеро на сателитот Титан на Сатурн
Е
дно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Езеро, соопшти Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем. Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина. Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот систем кој има атмосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедурата за именување. Планетарумот при Македонскиот културен центар во јуни годинава до Работната група за номенклатура на планетарниот систем предложи неколку имиња кои се поврзани со културата, традицијата и природните богатства во Македонија.
Во Охрид се зголемува бројот на корисници на опојни дроги, но и на оние кои бараат помош од стручни лица
Б
ројот на корисници на опојни дроги во Охрид е значително поголем во однос на лани. Нема конкретни податоци од која населба или мала доаѓаат најбројните корисници, но со сигурност се знае дека нема населено место во градов без зависник од опојни дроги. “Според нашите податоци до овој момент регистрирани се вкупно 383 лица нарко зависници. Зборувам за бројка која што е седла, значи ги опфаќа лицата кои се официјално регистрирани како нарко зависници. Секако дека темната бројка е поголема но она што е приоритетна задача е да се продолжи со нашата активност и работа во делот на превенирањето но и на санкционирањето на овој вид криминалитет. Оваа бројка од 383 регистрирани нарко зависници е поголема во однос на онаа што беше регистрирана во текот на минатата и пред минатата година.
Имено, претходната бројка беше вкупно 370 нарко зависници. Сепак она што е посебен императив за нас тоа е дека во поглед на старосната структура на нарко зависниците кои што се регистрирани имаме видно намалување. Така до 2008 година таа бројка изнесуваше 11, додека оваа бројка сега е само 4. Во однос на видот на наркотична дрога која што е злоупотребувана би сакал да напомнам дека согласно нашите евиденции имаме регистрирано 243 нарко зависници коишто злоупотребуваат марихуана и 130 на хероин.“, изјави портпаролот на Секторот за Внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски. Не попусто се рекло дека во секое зло има и добро, зошто фактите покажуваат дека последниве неколку години се зголемува бројот на корисниците на дроги кои стануваат свесни за сопствената положба и излез од ситуацијата бараат од стручни лица.
“Бројката на корисници на нашите услуги не застанува и таа бележи прогрес“, вели Горан Поп Маров социјален работник во Дневниот центар за корисниците на дроги при Центарот за Социјални работи од Охрид. “Бројката на регистрирани лица кои од нас бараат помош е околу 200, а на членови на нивните семејства е над 100. Предност на овој центар е што непосредно во наша близина е метадонскиот центар што работи во рамки на Медицинскиот Центар. Нормално за нас е пожелно да работиме со пациенти кои веќе се под лекарска, метадонска терапија. Таквите пациенти се многу подобри за работа кога веќе се ставени под контрола и режим“, истакнува Поп Марков. На прашањето дали се размислува овој дневен центар да се премести на друго не населено место, со оглед на тоа што жителите на тој простор со пе-
тиции години наназад бараа негово преместување, Поп Марков вели. “Дневниот центар е тука каде што е, ние работиме на ова место години на назад. Проблемот со нарко зависниците е реален проблем и сите треба да се соочиме со него за да го решиме, а не да бегаме од него“, додава Поп Марков. Дневниот центар за корисници на дроги и членови на нивните семејства постои шест години. Во центарот, корисници на услугите се не само охриѓани туку и Стружани и Кичевчани. Социјалните работници апелираат до надлежните власти посериозно да размислат за отворање на вакви институции во Струга и Кичево. Со тоа би се растеретил Охридскиот центар. Поголемо внимание и време би се посветувало на секој корисник а по дадената услуга резултатите би биле далеку по позитивни.
19
Наш Охрид
Д
Варош небезбеден во случај на пожар!
а не даде Господ да избие пожар во Стариот дел од Охрид. За возилата на противпожарната служба тешко проодна е населбата “Месокастро“, но проблемот е најсериозен во Варош . Тесните скалести улички и градските сокачиња дополнително ја влошуваат состојбата во случај на опожарување на некоја куќа. Поради подигнатите тунели, улицата “Коста Абраш“ и познатиот простор кај темниците на“ Сараиште“ се ниски за минување на против пожарните возила. На листата на тешко проодни се најдоа улиците:“ Коста Абраш“, “Илинденска“,“ Аргир Маринчев“, “Петар Чаулев“, “Григор Прличе“,“ Христо Узунов“,“ Климентов Универзитет“,“ Боро Шаин“,“ Браќа Миладиновци“,“ Кочо Рацин“ и “Самуилова“. “ Целосно непристапни се три улици во градов, тие се претесни за минување на големите против пожарни возила. Во таков случај
20
пламените јазици ги гаснеме со млазови вода кои ги движиме од двете на неа најблиски паралелни улици “, вели командирот на одделението при Територијалната пожарна Единица од Охрид, Љубин Блажески, додавајќи дека најпроблематични се улиците:“Рашанец“,“Охридска Архиепископија“ и “Методиј Патче“. “ Таму не поминува ништо. Во случај на нивно опожарување интервенираме од улиците што се одма до нив. На пример во случај на пожар на улица “Рашанец“ ние дејствуваме од улицата “Климентов универзитет“од горниот дел и од “Петар Чаулев“ од долниот дел. За ваков зафат нормално ни е потребна поголема опрема и повеќе црева за вода“, додава Блажески. Улицата Кочо Рацин, е пристапна до скаличките кои надолу водат до плажите “Потпеш“ и “Канео“. Тежок за интервенција е токму тој скалест про-
стор кој води до населбата“ Канео“ како и истоимената црквата посветена на Свети Јован Богослов. Летово токму на тој простор против пожарната служба направи неколку превентивни вежби. “Самите граѓани треба да се свесни за опасноста во случај на пожар во вака тешко проодни места. Но тие наместо да помогнат ја отежнуваат ситуацијата кога од двете страни на тесните улички ги паркираат своите возила. Во таков случај на тесниот простор не поминува ни “Фиќо“ камо ли некое од нашите возила. Варошани треба да се свесни дека пожарите изненадуваат а огнот не може да ги чека, за тие во критичниот момент да ги препаркираат возилата“, истакнува пожарникарот Љубин Блажески. Пожар во последните две години не е регистриран во стариот дел од Охрид. Тешката пристапност во овој предел беше причина за три сериозни пожари кои во минатото се случиле на улицата “Самуилова“ кога до темел изгореле куќите на охриѓанецот познат како Јајчар. Веројатно од ваквите немили настани не се опаметиле ниту Охриѓани зошто и понатака ги паркираат своите автомобили од двете страни на тесните варошки улици а не се опаметиле ни надлежните зошто во Охрид има мал број хидранти. Тие се бројат буквално на една рака иако се доста полезни во случај да избие пожар на тешко проодни места. Два од вкупно петте хидранти во градов се наоѓаат пред Поштата и пред спортската сала Билјанини Извори.
Туристичка агенција ВИС
ПОЈ
КАДЕ НА ОДМОР ОВА ЛЕТО? НАША ПОНУДА ЗА ВАША ОДЛУКА Грција, Турција, Бугарија, Италија, Албанија, Шпанија, Египет, Хрватска, Србија, Црна Гора... ... и многу други!
Ваша агенција!
046 255 600 www.vispoj.com.mk
НАЈПОВОЛНИ авио билети за сите дестинации Автобуски билети за сите компании и дестинации Крстарења, билети за траект и патувања со брод Пополнување на документи за Австралиска, Америчка и Канадска виза
Организација на настани, семинари, конгреси и деловни средби, школски екскурзии, тематски екскурзии, разгледи, излети, деловни патувања, Рент а кар услуги...
Од друг агол Д-р Владо Стефаноски- пратеник во Македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Среќен ме прават мали работи, среќата на најблиските, цвеќето во мојот дом... Кога ќе го премотате филмот назад на кој момент од детството се сеќавате најчесто, што е она што никогаш нема да се избрише од Вашата меморија? Најчесто се сеќавам на Охрид од моето детство. Мирен град, со многу зеленило и прекрасно уреден градски парк надалеку познат по своите рози. Улици без автомобили, полни со разиграни палави деца. Другарство без граници, ручек кај едниот другар, вечера кај другиот другар, задолжително делење на парчето леб со мармалад на улица по системот „дај ми еден касај“. Заедничките летни одмори кога доаѓаа роднини од цела Југославија и спектакуларните семејни ручеци за 20-30 души. Плажата пред хотел „Палас“ и пред „ПТТ“, „купачите“ шиени од платно кои се врзуваа со врвки од страните. Доаѓањето на шеикот со харемот како покровител на Охридскиот пливачки маратон. Вечерните семејни прошетки до Билјанини Извори, опојниот мирис на леите со петунии засадени по целиот пат...
Оние кои лично го познаваат го оценуваат како добар, едноставен човек кој знае што сака од животот. Тој пак за себе вели дека ужива во малите работи во друштво на сопругата и двете деца Никола и Дана. Успешен е како доктор и политичар но одлично се снаоѓа и во кујна. “Можеби нема да верувате, но јас знам да зготвам речиси се, специјалност ми е италијанската кујна а омилено јадење турли-тава“, вели д-р Владо Стефаноски пратеник во Македонското Собрание.
22
Каде себе си се гледавте во младоста, што по завршувањето на средното образование? Како “падна“ одлуката да студирате медицина која подоцна стана Ваша професија? Во средношколските денови пројавував интерес за многу области. Бев одличен ученик, многу читав, еден период и пишував и бев активен член на литературниот клуб „Сердарот“. Иако добро ми „одеа“ и општествените науки (социологија, филозофија, психологија, јазици), сепак на крајот претежна интересот за природните науки и медицината, пред се заради нејзиниот хуман карактер, заради можноста да им се помогне на луѓето и заради фасцинираноста од идејата да се проникне во тајните на функционирањето на најсложениот организам -човековиот.
Зошто се одредивте за политика кога Вашата животна професија има хуман карактер? Кога прв пат сериозно запловивте во политичките води, односно како Ви се случи политиката? Како се најдовте таму? За политиката почнав да се интересирам уште од студентските денови (средината на седумдесетите години од минатиот век).Уште тогаш бев, според тогашните мерила „опозиционо“ настроен (за повеќе партиски систем, слободни избори, приватна сопственост...), што во земја со еднопартиски систем и едноумие можеше да биде и опасно. Никогаш не се зачленив во ССМ (Сојуз на социјалистичката младина) ниту во СКМ (Сојуз на Комунистите на Македонија). Со почетокот на плурализмот во деведесетите години и формирањето на ВМРО-ДПМНЕ која ја воскресна идејата за самостојна, независна, демократска Република Македонија, веднаш се определив за таа опција, најпрво како симпатизер, а покасно и како член. Два моменти беа пресудни за моето поактивно учество во политиката: формирањето на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ , летото 1998 година, во предвечерието на парламентарните избори и добронамерниот совет на тогашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Рубенс Наумовски, дека со седење по страна и академски дискусии не се придонесува во изградбата на државата како со директно учество во креирањето на политиките. Денес сте пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО –ДПМНЕ . Политичкиот ангажман како народен избраник налага Ваше често отсуство од Охрид. Колку во вакви ситуации е важна поддршката од сопругата и останатите членови од потесното семејство? Поддршката од целото семејство, а особено од сопругата, е несомнено
Од друг агол од регионов и поширко ќе се образуваат во еден неповторлив амбиентален спој на природните убавини, културата и традицијата. Јас сум еден од предлагачите на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион кој сега е во собраниска процедура и кој заедно со Законот за заштита на старото градско јадро на Охрид ќе придонесе во зачувувањето на вредностите заради кои Охрид со право е не само на листата на UNESCO, туку и во срцата на охриѓани и вљубениците во Охрид ширум светот. Како лекар и пред да станам пратеник, а особено сега, се залагам за изградба на нов,современ Здравствен дом во кој охриѓани и многубројните туристи ќе можат да добијат здравствени услуги според светски стандарди. И уште еден проект без кој Охрид и особено охридската ривиера немаат перспектива: изградба на нов регионален пат Охрид-Св. Наум.
Сопругата ми ја дава најголемата поддршка воработата
од непроценлива важност. Можеби изгледа како клише, но навистина е така. Работата во Собранието е напорна, често и стресна, потребни се долготрајни подготовки за пленарните седници и седниците на комисиите, на што се придодава напорот и стресот од постојаните патувања. Во таква ситуација, доколку не уживате постојана и безрезервна поддршка од семејството, тешко или никако нема да успеете да го зачувате семејството или функцијата. Периодов сте често на релација Охрид- Скопје и обратно. Имате ли време за семејна идила и од каде наоѓате енергија да постигнете се? Семејна идила- што беше тоа? Се шегувам (иако не е далеку од вистината), се уште остануваат заедничките семејни ручеци во недела и за празници, повремените заеднички патувања и ретките излегувања во кафеана. Вие сте доктор, пратеник, сопруг , но и татко. Каков однос градите со своите деца? Како се снаоѓате во таа улога? Синот Никола е апсолвент на Информатика на ПМФ, а ќерката Дана е втори клас во Гимназија. Иако не се на возраст кога постојано би се „дружеле“ со родителите, сепак се трудам и покрај обврските да бидам секогаш слободен за нив и нивните потреби. Со децата немам патријархален однос во кој родителот наредува и секогаш е во право. За сите работи дискутираме отворе-
но од позиција на рамноправни соговорници и доколку ме убедат со силата на аргументите дека се во право, спремен сум да ги подржам и да застанам на нивна страна. А што е со кујната, знаете ли нешто да зготвите, да пречекате гости кога сопругата е отсутна од дома? Ваше омилено јадење... Можеби ќе Ве изненадам, но знам да зготвам скоро се (освен торти и колачи). Сепак, потесна „специјалност“ ми се италијанските јадења, печењата и риба на скара. Омилено јадење ми е турли-тава.
на Плаошник и постоечкиот Факултет за туризам и угостителство, се добра основа за прераснување на Охрид во универзитетски центар со мноштво факултети на кои младите
Работи кои Ве прават среќен? Среќата често се состои од мали работи: пријатни мигови со семејството и пријателите, успешно завршена работа, цвеќињата во мојот двор, успехот на моите деца, радоста на лицата на луѓето околу мене...
Со сопругата и ќерката Дана
Вашата професија а и пратеничкиот ангажман налагаат секогаш да бидете уредно облечени. Кој се грижи за вашиот изглед? Иако претежно сам ја избирам облеката, често примам сугестии од сопругата и децата. Сопругата знае да ме изненади со по некое парче облека (кошула, вратоврска, колан, чевли), со што значајно придонесува во комплетирање на мојот изглед. Како пратеник во македонското Собрание, за што првично се залагате, а сметате дека е за доброто на родниот Охрид? Од почетокот на мандатот се залагав за враќање на сјајот на Охрид како универзитетски центар, статус кој го имал уште пред десет векови. Новооснованиот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, заедно со обновата на Свети Климентовиот Универзитет
23
На кафе Локалсо... Јелена Жугиќ – македонска актерка
Ако не бев актерка ќе бев новинарка
Неодамна Драмскиот театар од Скопје реализираше проект со кој преку одржување претстави оваа институција ротираше низ градовите ширум Македонија. Како Ви се допаѓа оваа тура, односно ваквиот начин на работа? -Ние како пракса ова многу од дамна го воведовме особено со претставата „Умри машки“. Апсолутно функционира овој концепт на работа и сега, и пред 12 години кога прв пат беше прикажана претставата. Оваа претстава, овој текст со оваа подела поминува секаде одлично. Нема каде не сме поминале добро. Значи со претставата сме биле низ сите градови во Македонија. Бевме и во Канада, Австралија. Дефинитивно овој начин на работа функционира, иако го започнавме во 1995 година и можеби некој ќе рече дека е ретро и бајато но тоа нема врска. Постојано актуелна тема се машко- женските односи. Тој љубовен триаголник
24
меѓу сопруг, сопруга и љубовник нема за кога не е возбудлив и интересен. Тој е добар и за на сцена. Што мислите за драмскиот живот во Македонија,постои ли тој? - Апсолутно да. Видете драмата односно театарот е огледало на општеството и е жив организам. Јас слушам во последниов период разни изјави од колеги- душебрижници кои се грижат за театарот и велат дека тој е во ваква или онаква криза. Јас можам да кажам дека театарот е огледало, односно во каква состојба е општеството во таква состојба е и театарот. Ние сме жив организам го отсликуваме она што се случува, апсолутно мислам дека во нашава држава се случува театар. Од лично искуство, не зборувајќи на памет, од моите патувања гледам дека можеме да се носиме со сите светски и европски трендови. Значи она што се случува како театар кај нас било
жанровски да го определам од комедиите кои што ги работиме или од сериозните драми, апсолутно сме во светски тренд. Што е со младите актери и оние кои допрва завршуваат на факултетот за Драмски уметности. Дали според Вас има услови за добра иднина за помладите колеги? Младите актери си имаат проблеми. Јас можам да кажам за себе дека сум во една средна генерација во Драмскиот театар и после мене во оваа институција се вработија уште 10-ина луѓе што е една завидна бројка и мислам дека секој оној кој е добар и квалитетен ќе најде работа на струката. Зошто секако после завршувањето на факултетот се прави уште еден филтер, значи не секој по завршувањето на соодветното високо образование станува актер. Значи, да се разбереме секоја година на ФДУ дипломираат од 10 до
Една од најпознатите македонски актерки Јелена Жугиќ која периодов е популарна по турската хит серија “1001 ноќ“, во која таа го позајмува својот глас за убавата архитектка Шехерезад вели дека со оваа серија таа и нејзините колеги ја достигнале онаа популарност што ја имале пред 15-на години кога Јелена ја имала една од главните улоги во македонската тогаш хит серија “Салон хармони“. “ Во турската серија ние само ги синхронизираме и позајмуваме своите гласови. Тоа пак е уште еден доказ дека нашата македонска публика е желна за домашно производство. Има една стара поговорка која вели: “Најдобриот светски бес целер е помалку гледан од најголемата домашна глупост“. Тоа значи дека народот повеќе си го сака своето од туѓото“, вели Жугиќ.
15 актери а ние не сме мал пазар. Сепак станува збор за народ од 2 милиони жители со 10 театри низ државава од коишто условно два или три се престижни. Во Драмски Театар има млади луѓе вработуваме онолку колку што дозволува не Министерството за култура туку за финансии. Има простор,секој може да си го најде своето место особено што сега сме во една фаза кога се прават копродукции. Не е само она поранешното кога сме биле навикнати само на конформизам односно колку ќе даде државата толку ќе сработиме туку сега сме во една фаза каде што сме ентузијасти ќе се собереме ќе направиме една претстава па ете и не е многу важно да заработиме колку што е важно да се пробиеме да не видат. Јас сум сигурна дека за секој добар актер има место особено во Драмски театар. Ние сме желни за добар кадар.
На кафе Локалсо... Ваша прва претстава, со која посериозно сте зачекориле во оваа професија? - Па еве, улогата на Ева во драмската претстава “Умри машки“.Јас до оваа претстава имав статирано во претставите на Ункоски,Љубиша Георгиовски, но претставата “Умри машки“,ме пласираше. Значи далечната 1995 година беше пресудна за мене, тогаш прв пат беше поставена оваа претстава во која јас ја играв главната улога. Ја глумев контроверзната Ева. После неа следеа ис-
Уживав кога го позајмував гласот за Шехерезад во серијата ‘‘1001 ноќ‘‘
клучиво главни улоги. Мојата кариера ја стартував со комедија иако во четиригодишното студирање комедијата многу помалку се изучува и работи а многу повеќе се задржувавме на делата создадени од Шекспир,Чехов, Ибзе, Стримберг. Меѓутоа комедијата беше таа што ме пласираше. Во сите жанрови добро пливам, го држам репертоарот на Драмски и уживам во тоа што го работам. Ако не бев актерка ќе се определев за..... -Веројатно ќе запишев некоја книжевност, тоа ми беше некоја алтернатива. Јас не бев од оние актери кои “пошто пото“ настојувале да станат тоа . Завршив средно образование, насока математика и информатика. Кога на моите најблиски им кажав дека ќе се запишам на ФДУ сите се чудеа, не им беше јасно од каде па сега тоа. Намерата ми беше ако не успеам да се запишам во јунскиот испитен рок тогаш сигурно ќе запишам нешто друго во септември. Новинарството, книжевноста, читањето е она што и ден денес ми е некое хоби. Улогата на Шехерезад во популарната турска серија “1001
ноќ“, ... се најдовте ли себе си во оваа улога со оглед на тоа што го позајмувате својот глас токму за оваа улога. Каков е Вашиот став токму за ваков вид серии? - Ма знаете што? Сите ние бевме под голем стрес кога почна синхронизацијата затоа што знаевме дека на овој народ тешко можеш да му понудиш нешто ново. Во суштина сите ние сме скептични за нови работи. Меѓутоа кога како екипа ја погледнавме серијата сфативме дека 100 % треба да застанеме зад неа. Во суштина намерата на проектот беше да се сочува и негува македонскиот јазик. Со таа мисија тргнавме сите, многу професионално и пријдовме на синхронизацијата, со гледање цедиња со однапред преведени текстови. Јас морам да Ви кажам дека лично многу уживав во Шехерезад. Целата серија како продукција како кастинг како инвестиција во серијата, и турските актери кои се фантастични беа причината јас Шехерезад уште од старт да ја засакам. Серијата е многу актуелна мислам дека стана толку голем хит затоа што секој во оваа држава си се пронајде во некој лик . Таа е многу свежа и модерна серија која се занимава со многу модерни проблеми кои ги имаат многу мажи и жени во светов.
Мило ми е што серијата помина така како што помина. Никој не очекуваше дека една синхронизација ќе не направи олку популарни, оти ние не сме актери од вчера. Еве овие денови гледам дека на програмата од еден електронски медиум репризно се прикажува серијата “Салон хармони“ во која играме јас и моите колеги. Денес со “1001 ноќ“ мене и на моите колеги ни се случува популарноста што тогаш ја имав со токму таа македонска серија “Салон Хармони“, иако во турската серија само ги синхронизираме и позајмуваме своите гласови. Тоа пак е уште еден доказ дека нашата македонска публика е желна за домашно производство. Ние едно време имавме продукција, се снимаа некои филмчиња и серии. Тоа замре на нас останува само да се надеваме дека телевизиските куќи ќе смогнат сили да почнеме да снимаме и ние, зошто има една стара поговорка која вели “Најдобриот светски бес целер е помалку гледан од најголемата домашна глупост“. Тоа значи дека народот повеќе си го сака своето од туѓото.
19
Репортажа
На пат низ Македонија
A
mor patriae nostra leh -Љубовта спрема татковината е нашиот закон, вели латинската поговорка. Само човек кој си ја познава татковината се осознал самиот себе си. Не можеш да ја презентираш пред другите сопствената земја ако самиот не ги познаваш нејзините корени. Светот не можеш да го разбереш ако не ја познаваш татковината. Човек кој не го знае своето се воодушевува од туѓото и тогаш кога тоа е погрдо и посиромашно. По летните горештини и благото разладувањето тргнавме на пат низ источниот дел од Македонија. Со намера наша прва дестинација да биде градот Демир Капија, водени од љубопитството зошто сите возила со странски регистарски таблички наместо право на автопатот Скопје- Гевгелија скршнуваат на лево и ние се придвиживме по нив и се упативме до познатиот археолошки локалитет Стоби. На огромниот локалитет кој датира од хелинистичкиот период одно-
26
сно од 2 век пред новата ера , периодов се извршуваат истражувања на тукушто откриените делови од богатото пространство кое допрва треба да се разоткрива. Многу е интересна локацијата на Стоби. Се наоѓа на стратешка позиција. Тоа е град од сите страни ограден со тврдина кој се наоѓа на пресекот меѓу две реки Вардар и Црна. Кога сте на Стоби во својата глава правите цел еден филм за животот во дамнешното време. Среде големите антички столбови ги замислувате огромните одаи во кои седнати среде раскошот полека го вкусуваат секој грозд од македонското грозје тогашните дами, а мажите пијат црвено рујно вино, затоа што тој регион од Македонија како сега така и тогаш изобилувал со винова лоза. Во една од господските палати се наоѓаат прекрасни мозаици. Во градот жителите имале јавни бањи, машка и женска. Во новиот дел што се уште не е отворен за јавност пронајдена е рано христијанска базилика со крстилница во која има
остатоци од мозаици. Пронајдени се многу камења со обележја и крстови. Во секој случај интересно е да се
оди таму а убаво е што во секое време ти стои водич на располагање. За среќа времето ни се погоди. По-
Турската бања во Банско
Репортажа
Тука се произведува најреткото вино ‘‘Станушина‘‘- винаријата Попова Кула во Демир Капија
сле тоа отидовме во Демир Капија. Патот не однесе таму. Ако мислите дека нема што да се види во Демир Капија се лажете себе си. Таму ја има најубавата винарија во Македонија ,“Попова Кула“, што навистина знае да продаде добра приказна пред се туристичка приказна. “Попова Кула“ е мала винарија и она што за нас беше воодушевување беа постапките на странските туристи кои стационирани со своите мини бусови кампуваа околу винаријата. Самата винарија се наоѓа на една височинка над градот и има прекра-
сен поглед на демиркаписката клисура, на лозјата и на пространото зеленило кое оддава посебен мир и спокојство. На самиот влез од кулата не пречека водич и откако ни посака добредојде не прошета низ целата визба ни го покажа начинот и тајните на производство на вино. Тука ќе откриете дека има многу големи разлики во производството на црвено и бело вино. На пример, осознавате дека белото вино никогаш не смее да стои подолго од 3-4 години. Значи ако за црвеното вино важи правилото, колку постаро тол-
Римјаните знаеле за Спа центар, Римската бањатерма во Банско
ку поубаво, за белото важи обратното, односно белото вино се пие најкасно до третата или четвртата година од моментот кога е флаширано. Тука ќе ја разбиете заблудата дека со риба не се пие црвено вино, напротив таму зависно од видот на рибата препорачуваат соодветен вид црно вино. Значи,постои организирана дегустација за сите нивни вина со соодветно јадење. Во винскиот подрум има и вина отстоени во буриња тоа е барик вино. При производството особено на белото вино се ослободувала толку голема количина на јаглероден диоксид што ако тогаш сте во таа просторија во период од три секунди настанува смрт. Значи кога винарите слегувале во подрумските визби до бурињата за ферментација, слегувале со свеќи, ако истата изгаснува човек не смее да слегува долу. Визбата се вика Попова Кула затоа што во турско време тука имало кула која подоцна била срушена. Во визбата меѓу другите, едно од најспецифичните е виното Станушина, сорта која е една од најстарите и најретки во Македонија. Тој вид вино бил исчезнат. Претставници од винаријата оделе по полињата и барале запустени пенушки и откако ги пронашле почнале да ги одгледуваат за да можат да го произведуваат ова вино. Во склоп на винаријата има преубави хотел и ресторан . Амбиентот на ресторанот е во дамнешен –старински стил, храната е многу вкусна, ста-
нува збор пред се за македонски специјалитети. На врвот од кулата од каде има преубав поглед кон Демир Капија е опремена просторија за забави. Собата од сите четири страни има прозорци, стилот на просторијата е ориентален, со миндариња со ниски маси- софри. Секоја соба пак во хотелот си носи име според некој вид вино. На пример соба на мерлот, на каберне совињон , на станушина. Секоја соба се разликува од другата, затоа што сите од нив носат по една боја од едно вино. Цените за сместување во хотелот се високи и се одредени зависно од местоположбата и уреденоста на собата но се движат од 50 до 130 евра за ноќевање по човек. Во винаријата се купува вино по навистина ниска- промотивна цена. Во Демир Капија има комплетно осмислена туристичка програма и понуда . Ви нудат целодневна забава и станува збор за развој на елитен туризам. Тргнавме за Струмица во моментов центарот на градот е во реконструкција. Она што за туристите е поатрактивно се наоѓа надвор од Струмица. Во Банско има два големи хотели кои за жал не се реновирани. Тука се наоѓаат термалните извори, а постои и стара турска бања. Пред 10 – 15 години по археолошките ископувања биле откриени Римски бањи- римска терма во која старите римјани имале подигнато базени. Значи она што ние го викаме современи спа центри во античко време го имале старите римјани. Во римската терма водата извира од стебло. На тоа место има стотици мали изворчиња од кои тече топла вода. Во близина на Банско има два убави водопади. Едниот е во село Смоларе а другиот во село Колешино. Двата водопади се наоѓаат во пазувите на планината Беласица. Атрактивна е целата локација преку која се стигнува до Колешинскиот водопад. Добиваш впечаток дека се наоѓаш во сосема друг дел од светот. Природата е жива,наместа чудна и интересна. Таму не важат ни законите на физиката затоа што дрвјата, до некоја висина растат вертикално нагоре а потоа стеблата се насочуваат хоризонтално, се искривуваат. Шумата е густа, украсена со бројни стебла под кои се чувствува добра ладовина и тогаш кога температурата на воздухот во градските населби е 40 *С. Колешинскиот водопад треба да се види и да се доживее, чувството на восхит што го буди, со застрашувачката вода која достоинствено паѓа надолу не се опишува со зборови. Кога си крај овој водопад имаш чувство дека си дел од
27
Репортажа
Колешинскиот водопад
некоја бајка, дека си во светот на Том Соер . Околу водопадот изградени се убаво уредени пешачки патеки кои овозможуваат посебно интересен пристап до него. Овој предел од струмичкиот регион е особено интересен за луѓе со авантуристички дух кои сакаат да планинарат по стрмните високи карпи. Долги години за Колешинскиот водопад се раскажува една легенда според која селаните од село Колешино секоја година на селската слава колеле овен, само една година ја прескокнале традицијата односно не го заклале ветеното животно. Тогаш, неочекувано реката и водопадите пресушеле. Селаните се чуделе на случувањето и само на една старица и текнало дека причина за пресушувањето било не колењето на овен. Наредната година ја повториле традицијата која не е прекината до денес, и од тогаш реката и водопадите течеле без проблем. Смоланскиот водопад е во селото Смоларе. Пределот до водопадот е доста стрмен и затоа до него се направени камени скали кои можат да ги изодат луѓе со добра кондиција. Самиот водопад е меѓу два ридови. На простор каде не очекуваш
28
Смоларскиотводопад
да видиш нешто, наеднаш како голем дијамантски камен пред очи ти блеснува Смоларскиот водопад. Кога сончевите зраци ќе се прекршат на карпата, таа станува толку мазна и се прелева во толку различни нијанси што имаш впечаток дека е стаклена. За разлика од Колешинскиот кај Смоларскиот водопад нема посебно обележана пешачка зона. Има само еден мост од кој директно може да се следи падот на водата. Попатно од село Смоларе се спуштате во село Ново Село во кое најверојатно се собрале сите штркови од нашава земја. Гнездата им се огромни а во нив тукушто се родиле малите штркови. Жално е да се биде во Струмица а да не се посетат едни од најпознатите и најстарите манастири во Македонија. Манастирот во Водоча и манастирот во Вељуса. Манастирот во село Водоча е машки и го носи името на Свети Леонтиј. Можеби овој светец не е познат за широките народни маси затоа што и самата православна црква многу подоцна има сознанија за овој светец кој бил Епископ по потекло од Струмица. Машкиот манастир е седиште на струмичката епархија и на
митрополитот струмички г. Наум. Станува збор за комплекс од водочки цркви бидејќи се пронајдени четири базилики. Едната од нив е рано христијанска и во моментов таа се истражува. Во црквите, фреско живописот е конзервиран и изложен на начин нешто слично како на Плаошник. Манастирот е затворен за јавност во делот каде се реализира активен монашки живот. Во близина на Водочкиот се наоѓа Вељушкиот манастирот сместен во село Вељуса. Тоа е женски манастир. Црквата е од 11 век и е единствена црква на Балканот што има фасада. Обоена е во црвена боја. Локацијата на која е сместена плени со природна убавина која ви дарува душевен мир и спокојство и токму од таа планинска височина како на дланка го гледате целото струмичко поле. И во овој манастир има активен црковен живот на бројните калуѓерки што живеат во него. Калуѓерките се добронамерни и љубезни и повеќе од очигледно е дека сите се високо образовани затоа што токму од тој манастир се одржува компјутерскиот систем и веб страната на Македонската Православна Црква. Калуѓерките се зани-
маваат со изработка на ракотворби, произведуваат мед од липите кои се засадени во дворниот простор од манастирот. За да стигнете од Струмица до Берово мора да минете низ преубав планински предел. Тука некаде е сместена елитната туристичка населба со убави бројни викендички. Ете тука ќе се изнадишете од најчистиот и најсвеж планински воздух, кој зачинет со ладно ветре ви удира студени шлаканици по лицето и среде лето. Тоа се планински предели на висока надморска височина од 1 000 до 1 050 метри обраснати со густа борова шума. Берово е мало гратче кое нуди исклучителен мир и спокојство. Во моментов во Берово како форма на хотел постои само еден сместувачки капацитет наречен е “Манастир“ според манастирот “Св. Архангел и Михаил“ кој се наоѓа во негова непосредна близина. Хотелот нуди занимливости и за најстарите и за најмладите гости. Убавите вкусни јадења што се нудат во хотелскиот ресторан а кои се сервирани во земјени и бакарни садови кои потекнуваат од старо време не дозволуваат да подлегнете на рестриктивен режим во исхрана-
Репортажа
Машкиот манастир Св.Леонтиј во с.Водоча, затворен за јавност во делот каде се реализираат монашките активности
та. Таму нема држење диети за витка линија. Меѓу убавите јадења не заборавајте да нарачате парче од неколкуте видови вкусни пити, надалеку познатото беровско сирење и јагнешкото месо приготвено на специфичен начин. На крај оброкот завршете го со парче од Бабината торта. Овој вкусен десерт направен е по традиционален рецепт налик на баклава но не е тоа иако и таа се прави од домашни сучени кори и ореви но не се попарува. Во хотелот има игралиште за деца, мал спа центар,базен, фитнес клуб. Дворниот простор е еден вид зоолошка градина низ која се шетаат пауни и фазани. Манастирот “Св. Архангел Михаил“ сместен непосредно до хотелот има интересна приказна. Во
Беровското Езеро
15-от век луѓето од Берово немале црква и затоа религиозните обреди ги вршеле на отворено. За да изградат црква им била потребна согласност од турскиот големец кој имал седиште во Радовиш. Кога попот Пејо отишол кај турскиот валија да побара дозвола за градба тој му рекол дека ќе даде дозвола но доколку бидат исполнети неколку услови. Прво, црквата да биде многу ниска и никој да не може да ја види од надвор, второ да биде изградена за 40 дена и последниот услов бил валијата да ја земе поповата ќерка Султана во својот сарај. Попот Пејо ги прифатил сите услови. Целото работоспособно население учествувало во изградба на црквата. Прво копале надолу со намера таа да не се
Женскиот манастир во с.Вељуша е единствениот храм на балканот со фасада
гледа од надвор, значи за да се влезе во црквата мора најпрво да се слезе надолу по скали. Градбата е само 1 метро над земја. Затоа што не можеле да ја изградат целата црква под земја градителите околу неа направиле ѕид и го исцрнеле со катран и саѓи со намера да биде неугледен. По шест неделна макотрпна работа храмот бил готов. Кога валијата видел дека црквата повторно се гледа се налутил, ја грабнал поповата ќерка и го затворил попот Пејо. Ќерката успеала да избега од сарајот и според кажувањата на старите беровци таа се омажила во угледна беровска фамилија. Попот пак, по неколку годишна затворска казна бил пуштен на слобода, добил помилување откако радовишкиот валија погинал во некоја од битките што се воделе тогаш. Најважно од се било што луѓето добиле црква што тука останува за на век. Со оглед на тоа што во Берово станува збор за развој на елитен туризам и со оглед на богатата туристичка понуда, цената од 40-50 евра за закуп на апартман за една ноќ не е висока. Но најдобрата понуда во Берово е убавата, чиста природа. Беровското Езеро е вештачка акумулација закитена со убава шума. Сместувачките капацитети кои некогаш постоеле околу езерото денес се уништени. Крај Беровското Езеро во тек е градба на голем хотелски комплекс. Објектите чиј конечен лик наскоро треба да се моделира се градени од исклучително природни материјали камен и борово дрво. Од таа височинка на која е хотелскиот комплекс пред
очи ви излегуваат, покрај Беровското Езеро и бројните бачила колиби и стада од овци растурени на зелената рамнина. На пат меѓу Берово и Кочани ќе стигнете до малото гратче Виница со прилично развиена индустрија. Тука се сместени погоните на “Мебел Ви“, на “Винчини“- фабрика за производство на кондиторски производи. Преку Виница се стигнува до Кочани. Можеби е смешно и чудно, но и охриѓани одат на риба во Кочани. Еден од највкусните крапови ќе го вкусите во рестораните сместени крај Кочанско Езеро. Ако сте биле во Кочани тогаш не одминувајте го и соседниот град Штип. Градот на познатата штипска пастрмалија .Тука во овој град, веројатно живеат најљубезните Македонци во државава зошто тие капа симнуваат и прават се особено ако сте охриѓани за престојот кај нив да ви биде пријатен и незаборавен. Во Штип постои добар ноќен живот, преполни кафулиња, ресторани и дискотеки а цените за добиените услуги во нив се багателни, ниски па дури и смешни за охриѓани. На пат за родниот Охрид не следеше силен дожд. Тој не избрка нас, но и селаните кои од нивите трчајќи бегаа накај дома со натажен израз на лицето и страв дека можниот град што го најави ужасното невреме е сериозна закана за плодовите добиени по цело годишниот вложен труд .
29
Интервју
Иван Боев - едриличар и спортски работник Во Охридскотo едрење и јавноста речиси подзаборавено е името на еден од нај трофејните едриличари од градот Иван Боев, кој не само што додека живеел во Охрид бил најдобар едриличар, туку благодарение на него по 1998 година од минатиот век повторно оживеа едрењето во Охрид. Иван Боев и покрај се што постигнал и направил за овој спорт, благодарение на молкот на луѓето кои во 2004 и 2005 година евоцираа спомени пред авторите на монографиите дури не е ни спомнат во двете монографии издадени за едриличарството во Охрид. Дали некој го премолчил неговото име од завист и љубомора или не сакал да ја отвори Пандорината кутија за матните игри кои во едриличарството се играле од 1998 до 2002 година е прашање на кое и не мора да се најде одговорот, но по интервјуто со Иван Боев некои работи дефинитивно ќе испливаат на површина.
Вие лично кон крајот на 90 тите се потрудивте и успеавте да го обновите едрењето во Охрид со тогашниот клуб Стрмец. Јавноста за жал не е запознаена со случувањата во едриличарството од тоа време. Како дојде до обнова на овој спорт во тој период ? Можам да кажам дека јавноста скоро ништо не знае за случувањата во едриличарството, од распадот на тогашна Југославиѕа, до краѕот на 90 тите год., односно до превземањето од страна на Венко Шапкар и тоа не на стариот клуб, за сите нас познат “ЕК Стрмец”, а веќе ново создадениот “Бофор”. Но, јас ќе започнам малку од порано, од почетокот на 80 тите год. Годините кога јас и луѓето кои денес го водат едрењето тргнавме, да се занимаваме, прво рекреативно, а после некои од нас и посериозно со едрењето. Започнавме како деца на 7-8 годисхна возраст и првите стапки ни беа во класата “Оптимист”. Ќе се задржам малку на ова, за да Ви стани јасно кои луге денес го водат едрењето во Охрид и дали воопшто имаме спорт едрење. На клубските трки почнав да постигнувам најдобри резултати, во класата “Оптимист”. Зад мене беа Димитар Паунчевски- Скитник и Владимир Чакаров. Клубот никогаш не разполагал со професионален тренер, основните насоки ги добивме од постарите генерации, а тактиката и правилата ги учевме од една мала книга (брошура) “Учимо једрити”. Кога велам постарите генерации, во никои случај не мислам на Љупчо Поп Стефанија, бидеќи во тоа време Љупчо располагаше со помалку од основно познавање, а не верувам дека и денес нешто повеќе знае . Само за информација, на Љупчо му требеа неколку години за да го совлада основниот курс за едрење на даска. Од постарите генерации најдобри резултати постигнуваја: Торжански Иво во класата “Европа”, а потоа и во класата “Ласер” и Владе Маленков во класата “Ласер”. Приоритет во учеството на меѓународни регати имавме ние, класата “Оптимист” и затоа успесите и афирмацијата што клубот ја доби во Охрид во тоа време се темели на моите постигнати резултати на меѓународно ниво. Клубот беше награден
30
со 7-мо Ноемвриска награда , јас бев избиран три години по ред во десетте нај добри спортисти на град Охрид. Човекот кој што нај повеќе се залагаше за развивање на едрењето во Охрид, во тоа време беше Климе Василески- Четкар. Него му го должиме и учеството на сите регати, ама буквално на сите, од локално до меѓународно ниво. Климе е нај големиот “виновник” за едрењето во Охрид, Климе ги донесе тие неколку оптимисти, европи и ласери, кои и ден денес ги гледате во езерото. Нај големата кочница во клубот беше и до ден денеска е вечниот претседател Љупчо Поп Стефаниа (ако не на клубот, на сојузот) , успешно го растури во Охрид, а последниве години е тргнат тотално да го згасне во Македонија. Во успехот не му се сомневам, му успеа во почетокот на 90тите, ќе му успее и сега, бидејќи сега има и многу помошници, луѓе од негов ранг во едрењето . Луѓе што не постигнале никакви резултати, ама баш никакви, ни како спортисти, а уште помалку како организатори или афирматори на едрењето во Охрид. Но се разбира и тие како него за некоја година ќе бидат наградени за “постигнати резултати”, пак со некоја измислена награда. Освен Љупчо за кратко време пред распадот, претседател на клубот беше Кире Наумоски (брат на поранешниот градоначалник Никола Наумоски), во тоа време Претседател на Извршен совет, а неговиот син Климент Наумоски едриличар во класата “Оптимист”. Но Климент беше далеку зад мене во резултати. На клубските трки неможеше ни на сон да ме победи, а камоли пак на меѓународните регати. За да постигни некакви резултати, мене ме префрлија во класата “Европа”, но тој беше пак доста назад со резултати. Европите беа само 3 , а од мојата генерација бевме повеќе едриличари, и се разбира и другите требеше да бидет префрлени. И јас набрзо преминав во “Ласер” и во овие две класи не заостанував со резултати. Но Климент го немаше никаде. Му се купи нов “Оптимист” и така “дотурка” до некакви резултати. Резултатите од претседателствувањето на Кире Наумоски, беа “изгубени” седум
едрилици. За да допропадни едрењето се врати наново вечниот Љупчо. Едрилиците се расфрлени на Сарајиште, еден дел од опремата ја нема никаде, една приколка “украдена”, остатокот од опремата и документацијата на клубот “грижливо” ги имаше зачувано, не дома кај него, а во старата кука (денес-Вила СВ. Софија). Едрењето беше згаснато наполно, цели 9 год. Но клубот правно не беше згаснат, двете сметки беа активни (во тоа време клубовите беа со две, буџетска и приватна), дури и секој месец клубот добиваше пари, а 9 години Љупчо, лажно претсавуваше документи, дека се води некаква активност и се организираат некакви регати, за државата да му ги исплаќа тие пари и за да е поубедлив во сето тоа, сам си свиквеше собранија и сам си се назначуваше за претседател и се разбира сам располагаше со средствата на клубот. Луѓе од вашата потесна фамилија тогаш беа на видни функции во власта. Колку тоа го употребивте за обнова на овој спорт в Охрид и што се се сработи околу тоа? Се организираа ли тогаш Илинденските регати и како се правеше сето тоа ? 1998 год стрикоми беше назначен за министер за Млади и Спорт, а татко ми за директор на спортската сала. Веднаш почнав со возобновуванѕето на овој спорт. Од министерот ни беше ветена секаква подкрепа, беше кажано лично од него на новото оснивачко собрание (оснивачкото собрание беше заради пререгистрација, за промените во законот за спорт). Од татко ми ни беше одстапена канцеларијата за да има каде да ги правиме состаноците и припремите за регатите. Едриличите беа собрани од Сараиште, опремата што им недостасуваше успеав да ја набавам од Италија и Бугарија. Ги однесов со мое возило во спортскиот центар и ги ставивме под трибините, а опремата и документацијата во спортската сала во фитнес просторијата. И покрај тешките услови почнавме да работиме со полна пара. Но целиот терет го понесов јас, ниту еден од денешните пауни со (туѓи перја) барем еднаш не дојдоа да ја закачет приколката со едрилици со нивни сопствени возила и да ја извлечкет до локацијата
каде што се денес, а камоли за некаде подалеку. Све тоа беше правено со мои возила и за учеството на регати. Се возобнови традиционалната “Илинденска Регата” и беше под покровителство на Министерот за Млади и Спорт – Георги Боев, кој лично ѕа отвараше. Целата организација беше од мене, а денешните пауни само ги пополнуваа местата во Регатниот брод и пропратните кајчиња. И од горе на сето тоа влегував во едрилица (ласер) и после пауза од толку години носев пак врвни резултати-(1 место на државно првенство во Струга и 1 место на Илинденска во Охрид). Ги искористив позициите на моите за да соберам спонзорства и донации, одделно министерот ни одобри средства за возобновувањето на Илинденската регата. Старата локација на клубот ја оспособив за чување на глисери и да може и од таму да се собираат средства, но во вид на донации.Таа не можеше да се користит за едрилиците, бидејќи е внатре во каналот и буквално нема услови за излегување со нив. Локацијата на која што се денес едриличарите, е пак благодарение на мене. Кога се изготвуваше проектот (деталниот план) на крајбрежјето и просторот околу Трудбеник, од проектантската фирма “План” од Охрид, проектантката Манева (една од изготвувачите на проектот), се согласи со моите сугестии и цврсто застана и го впиша тој простор, односно го вцарта за “Јахт клуб”. Но тогашниот главен архитект Митко Паскали, постојано не лажеше и ја одолговлекуваше постапката за доделување на просторот. Се направи школата за едрење, излегоа и првите нови кадри, пробав да го ангажирам професионално Иво Тордјански(едрилицхар со врвни резултати, во тоа време невработен), но најголема пречка ни беше локацијата. Веќе не можевме да ја користиме фитнесс просторијата во спортската сала (се спремаше европското во кошарка), едрилиците и опремата ги префрливме на локација пред Горица , на мој приватен имот. Оптимистите во летниот период беа на приколка до езерската полиција, за да може да функционира школата за едрење. Само за споредба, последните неколку години едрењето во Охрид ги имаше нај до-
Интервју брите услови, идеална локација, нови едрилици, финансии за регати и за школата за едрење. Сето тоа им го обезбеди господинот Венко Шапкар, без тие да си мрднет со малото прсте. Но повторно работата условно кажано тргна наопаку. Што се случи и зошто сето што тогаш се постигнало се уништи? Како дојде до тоа да згасне клубот Стрмец и како настана клубот Бофор ? Работата започна од истите тие луѓе кои и денес го упропастуваат едрењето, од Љупчо Поп Стефанија и Ставре(в) (ски) Стевчо - Диво (Презимето му беше“Ставрески”, како деца кога учествувавме на регати, а сега мислам дека му е променето во “Ставрев”). По инициатива на Стевчо- Диво беа собрани потписи (нелегални, затоа што не беа потврдени со членски карти на клубот), за вонредно собрание. Истите тие луге кои три години ги немаше никаде или идаа само од време на време, да си се повозет со некое бродче , да ручхаат и се друго на сметка на клубот. Односно да продефилираат како “пауни” на грбот на други кои успеале да обезбедет финансии и да ги организираат регатите. На луѓето за да се потпишат им беже кајувано дека има малверзации од моја страна со финансиското работенѕе. На вонредното собрание кое се одржа во Ривиера и траеше до 2 часот на полноќ беше разгледувано моето финансиско работење, но не беа најдени никакви сериозни грешки или малверзации. Тоа го потврди дури и тогашниот инспектор од СВР Охрид Гоце Недески (ако не се лажам, тогаш инспектор за стопански криминал), како учесник во вонредното собрание и дел од групата на Стевчо- Диво. Од него ми беше кажано буквално со овие зборови:- “Гледам дека е се во ред со финансиското работење од твоја страна, но некако треба да те смениме”. Дека тоа е вистина ќе го потврдав со фактот, што на тоа вонредно собрание јас не бев сменет. На собранието се отиде до таму да ми се каже лично од Стевчо Јованоски:- “Зошто да те држиме претседател, те искористивме дури беше стрико ти министер. Што пари донесе ти? Ние меѓу нас ќе ги собериме во секое време. Ево јас од автопералната секоја година ќе давам по 500-600 евра спонзорство”. Сигурен сум дека само тој од тогаш до денеска три пати по толку годишно имат трошено средства од клубот, а не давано. Само да појаснам, од моето нецело 3 годишно работење како претседател на клубот ЕК”Стрмец”, првите 2 години може да се кажи дека бев формално, односно немав направено примо-предавање со стариот претседател и немав депонирано потпис, во тогашната СОК Банка каде беа двете жиро сметки. Тоа го направив на нецела година пред моето напуштање или ајде да качеме смена. Потписи депониравме заедо со Стевчо- Диво, бидејќи законски беше да се двајца потписници на сметките. Фактички две години јас само носев средства, а Љупчо си продолжи да работат со сметките. Како што кжав вонредното собрание заврши со пораз на групата на Стевчо Ставрев-Диво. Но бргу измислија нова тактика и свикаа ново вонредно собрание и бидејќи лугето од неговата група беа во органите на клубот, поднесоа колективна оставка . И јас како претседател
поднесов оставка и гласав за новото раководство и за новиот претседател Стевчо- Диво. Од тој момент јас се повлеков од едрењето и покрај тоа што некои од луѓето сакаа да се превземат други мерки. Јас им кажав дека нито нема да правам. И ги посоветував да си останат во клубот, ако јас сум бил пречка, ќе се повлечам, можеби едрењето ќе има повеќе среќа понатаму, им кажав. Што се случи потоа ? Како дојде до тоа Вие лично да се најдете под обвинение ? Паралелно со овие настани се водеше притисок врз мене и од друга страна. Ми беше испратена инспекција од управата за Јавни приходи. Контролата траеше цели две недели, заради “ГОЛЕМИТЕ” стредства со кои разполагаје клубот. И од страната на Управата за ѕавни приходи не беа најдени сериозни нарушувања од моја срана за да ми се подигне некакво обвинение. Единственото нешто схто беше направено од управата за јавни приходи, односно нејзиниот инспектор, беше неприфажувањето на средствата потрошени за набавка на едро за ласер од Грција во вредност од околу 1300.00 германски марки, набавено од страна на Љубчо Поп Стефанија, бидејќи не беа платени царина и данокот. Средствата потрошени за гориво, за учество и организиранѕе на регати, бидејќи на сметките немаше наведена регистрација на возилата користени за влечење на едрилиците. И исто така не беше прифатено исплажањето со каса-прими на чуварите ангажирани за време на Илинденските регати и парите исплатени на Торжански Иво за неколкуте стручни подготовки на младите едриличари пред самите регати. За тоа следеше глоба за клубот и беше пресметан данок со затезни камати, се разбира сметките веднаш беа блокирани. Со тоа некои луѓе свесно или несвесно му ставија крај на стариот ЕК”Стрмец”. Така беше регистриран новиот клуб “Бофор”. Значии “Бофор” не можит да е наследник на едрилиците, ако е наследник на едрилиците на “Стрмец”, тогаш требит да е наследник и на долговите од “Стрмец”. Наследник на тие едрилици во ваков случај е Општина Охрид. А на локацијата предвидена за “Јахт клуб” имаат право сите клубови од Охрид што ќе го развиваат едрењето во градот. Или да се даде на концесионер кој што професионално ќе го развива едрењето како спорт, во нашиот град. А не на сегашното раководство, за кое едрењето од сегогаш било само хоби и начин на ситно профитерство. Докажувајќи го со нивната досегашна работа, за кое говорат и резултатите постигнати на домашно и меѓународно ниво. После две години од моето повлекување од едрењето јас го напуштив Охрид и се префрлив да живеам во Италија. Ова мое отсуство беше искористено од некои луѓе во Охрид, за политички и клубски реваншизам. Но за ова ќе проговорам во друга прилика, каде што ќе бидат доставени сите документи за мојот случај. Темата е поопширна и многу деликатна, бидејќи тука ќе бидат спомнати: адвокати,судии, бивши претседатели на суд, инспектори, полицајци и други луѓе. Мислите ли дека тогаш имало политика во овој процес кој се водел ?
Апсолутно тврдам дека имаше многу политика во мојот случај. Ниту еден нормален суд неможе да донеси пресуда само на базата на исказите на двајца сведоци. Од кои едниот, Љупчо Поп Стефанија е извршител на кривичното дело и тоа му се повторува наназат во неговото работење уште најмалку два пати и вториот сведок е Стевчо Ставрев- Диво, а да бидет отфрлени сите докази: вирман потпишан од Љупчо, картон за депонирани потписи во СОК банка, изводи од жиро сметките и пасош со кој се докажува дека во периодот кога е извршено кривичното дело јас престојувам во Р.Бугарија. И замислете за време дури се води случаѕот ниту една единствена покана не беше пристигната на мојата адреса во Охрид или било кој од моите родители, кои живеат на истата адреса да бидие известен. Како завршил целиот спор тогаш ? Пресудата ми беше 3(три) месеци затвор и бидеќи беше во отсуство, веднаш беше распишана потерница. За тие 3 месеци јас повеќе од 4 години не влегов во Македонија, дури не застари случајот. Молбата за повлекуванѕе на потерницата беше решена, но решението беше “загубено” во нечии фиоки, за да се забавит неговото префрлање во Охридската полиција, односно да се забавит повлекувањето на потерницата. Го следевте ли едриличарскиот спорт во Охрид годиниве од како не сте во него во Охрид и не сте во самиот град? Знаете ли што се случи во меѓувреме, за подемот и за најновите состојби кои по се изгледа се само реприза на тоа што се случило порано ? Едрењето во нашиот град го следам постојано. Во годините кога не бев во Охрид го следев преку веб порталите на клубот “Бофор”, на сојузот и преку медиумите. Контактирам со луѓе кои се таму, а и со луѓе кои денес не се повеќе во едрењето. Знам дека со лично залагање на господинот Венко Шапкар им беше доделена веќе предвидената локација. Од страната на фирмата “Амак” им беа постојано одделувани средства за учество и организирање на регати, за функционирање на школата за едрење и нај важно од се им беа купени нови едрилици со нај високи карактеристики. Како во мојот период, така и во периодот на “Амак” Илинденските регати им биле, буквално организирани од луѓе вработени во Амак, а тие си ја повторувале сликата како порано, биле само “пауни”. Дека некој друг им ја вршел работата е повеќе од очигледно, погледнете ги сајтовите на клубот и на сојузот и ќе видите од кога не се обновени. Да не зборувам пак за ново формираниот “Стрмец”, кој воопшто нема сајт, а зборуваме за спорт. На денешно време нема аматерска организациѕа (здружение), без сопствен интернет портал. Факт е дека едрењето за времето на “Амак” и Венко Шапкар ги имаше нај добрите услови и вазможности досега, но факт е и тоа, за истиот тој период имајќи предвид се што е вложено и направено, едрењето за тој периот ги има нај слабите резултати, од неговото постоење до денес. Значи не е раководството на клубот кој што треба да го променит спонзорот, туку е “Амак” на чело со Венко кој што треба да го променит раководството на клубот, бидејќи не му се оправдани средствата и
залагањата вложени во тој спорт. Моѕата желба и залагање беше и е, да се развиват едрењето во Охрид како спорт, во кој ќе учествуваат вистински професионалци. Не да се фрлаат средства во името на спортот, а тоа да е само атракција. Денешното раководство немат капацитет за повеќе, бидејќи е составено само од аматери. Тоа го имаат повеке од докажано. Таа група на ситни души и профитерчиња треба веќе еднаш за секогаш да престане да биде кочница во развивањето на едрењето како спорт, ќе повторам како СПОРТ. Ако се толку загрижени за белиот украс на езерото и сакаат да се запази, тогаш секој од нив нека купи по една едрилица со сопствени средства, ќе одвојуват по малку слободно време за едрење по езерото и ќе го имаме истиот ефект. ќе ги укотвуваат на местата каде се укотвени глисерите, ке плаќаат некаков надомест на клубот кој сериозно ќе го развиват едрењето како спорт. А не нај големите кочничари во едренѕето, да ни глумет дека се нај загрижени за неговиот развиток. Имате ли желба повторно да сте едриличар во родниот град и дали воопшто комуницирате со луѓето кои денес се во овој спорт во Охрид ? Правото да бидам едриличар не можит да ми го одземит никој. Јас бев, сум и ќе бидам едриличар. Ќе бидам во Охрид, бидејќи сум роден во Охрид и при секое мое доаѓање, слободното време ке го користам за едрење. А, ако мислите за некаков професионалне ангажман, тоа во моментов не е возможно, бидејќи не живеам во Охрид. Ви недостигаше ли Охрид низ годините додека бевте приморан да не сте во него ? Јас не познавам Охриѓанец, кој кога е надвор од Охрид, да не му недосува градот и езерото. За крај , дали ви е жал што се уништил трудот кој го постигнавте со тогашните активности и дали се чувствувате изигран и искористен по се што сте претрпеле ? Воопшто не ми е жал за трудот што го вложив, бидејќи се обнови едрењето во Охрид, старите едрилици се активни, а имат и нови. Ако не го направев тоа , тогаш ќе пропаднеше трудот вложен од страната на Климе Василески- Четкар, кој во споредба со мојот е многу, многу поголем и воопшто неможи да се мери. Сигурно и Венко Шапкар немаше да се ангажира, ако не беше запознаен со тогашната активност. А и денеска немаше да бидит тема на ова наше интервју, кое се надевам дека ќе делуват позитивно на одредени луѓе, за да помогнет да се надминат сите недоразбирања, да бидат отсранети кочниците и пијавиците во едрењето, а тоа да тргнит во вистинска насока. Ѕас не го правев тоа за себеси, за да остварам некаков профит, па да се чувствувам изигран. Изигран е градот и сите ние граѓаните на Охрид, бидејки последните неколку години толку многу се вложи во едрњето, а градот е пак без спорт едрење. И за крај нека повели кој сака од денешното раководство да ме демантират, стојам на располагање, горе кажаното (напишаното) од мене да го поткрепам со документи.
31
Здрав живот
Употреба на јаболковиот оцет и медот Хипократ вели дека секој човек во себе носи лекар и дека му треба само мала помош за да се откријат сите благодети кои се кријат во него
Кашлање
Медот го смирува кашкањето, јаболковиот оцет ги разредува сите телесни течности, па така и секретот кој се собира во белите дробови и го олеснува искашлувањето. Вообичаено земање на јаболковиот оцет и мед во чаша со вода го лекува кашлањето. - Доколку ве мачат тешки кашлици можете да направите ефикасен лек. Се ставаат 3 лажици јаболков оцет во кој се додаваат 30 гр. глицерин. Се меша во чаша со истата количина мед (пола –пола) и се мати. Се зема по 1 лажица, 4-5 пативо текот на денот. Пред земање на лекот, изматете го. - Во многу семејства се користи овој стар народен лек: една главица кромид, заедно со лушпата се сече на три дела и се става во сад, се додаваат и три чешниња лук пресечени на два дела и се става 3 дл. дестилирана вода. Се става на огин да поврие 2-3 минути. Потоа се трга по што треба да одстои 15-ина минути. Се цеди и се додава 1 лажица јаболков оцет и 2-3 лажици мед. Се препорачува кај грип и настинки , исто и кај бронхитис и астма. Во вакви случаи важно е да се користи саќе, да се џвака 2-3 пати дневно по едно парче (како локум во времетраење од 5 минути) и да се прават инхалации.
Бубрези, бешика, простата
Кај сите воспаленија на бубрезите, слузокожата, бубрежната карлица, бешиката, мочните канали, простатата, гениталните тегоби, треба да се зема три пати дневно по 1 лажица јаболков оцет и 1-2 лажици мед, разматени во чаша со малку топла вода. Кај ваквите заболувања мешавината треба да се зема половина час пред јадење . корисно е да се зема и лук.
24
Здрав живот
Чир на желудник,гастритис
Во случај на чир,гастритис и зголемена желудочна киселина, треба да се земаат по 2 лажици јаболков оцет со 2 лажици мед, разматен во половина чаша вода , двапати дневно, наутро и навечер пред јадење. Кај сите овие тегоби подобрувањето веднаш ќе се почувствува, а чирот ќе го снема за неколку недели, под услов да внимавате малку и на исхраната.
Дебелина
Јаболковиот оцет се користи и при проблеми .со тежината. Во ваквите ситуации треба да се зема 2-3 пати на ден по една лажица од јаболковиот оцет во чаша со вода пред или по јадењето. Тоа овозможува полесно разлагање на масните наслаги и ја намалува желбата за храна. За да се постигнат подобри резултати, треба и да се внимава на исхраната, но лицата треба и физички да се активни. Долготрајната употреба на јаболковиот оцет особено поволно делува кај подебелите луѓе. Тој не дава фантастични резултати, но поентата е што со него многу подобро се одржува телесната тежина и послабо качувате тежина.
Рецепти за лекување со јаболков оцет, мед и билки Облоги за болни места 1-2 лажици комова ракија, по 1 лажица оцет и мед. Овие состојки се мешаат и со газа натопена во таа смеса се превива болното место, два пати на ден. Преку облогите се става сува крпа. Терапијата се повторува. Оцет за нега на непцата и забите -една лажица нане и корени од капина поединечно се ставаат во 1 литар јаболков оцет. По екстракција од неколку часа во топол оцет, се применува разблажено. -против забен камен се препорачува раствор добиен од 3 лажици кичица (црвен кантарион) или 3 лажици корен од чичок кои се екстрахирани во топол јаболков оцет (1/2 литри). Екстрактот треба да се разреди и со него да се испере усната шуплина. Запира крвавење од рани и исеченици Повреденото место се полева со засолен, разреден јаболков оцет. Важно е разблажувањето да биде такво за третманот да биде пријатен, топол и притоа водата за разблажување да е хигиенски исправна а садот во кој се прави разблажнувањето – чист. Облоги против отоци на нозете По 50 гр. листови и пупки од бела врба, листови рузмарин, цвет кантарион и листови од коприва, се ситнат и се сипуваат во 1 литар топол јаболков оцет. По неколку дена, почнете со земање на количина која ви е потребна за тој ден. На пример, малку отсипете и разблажете со вода, во однос 1:7 и ставајте на нозете до 30 минути. Така правете 10-ина дена, или зависно од потребите. Лек против икање Доколку лицето кое ика, земе лажица јаболков оцет, икањето ќе престане.
33
Прашање-одговор Локал
HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на телото. Болките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бубрегот мојот матичен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми постави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи сосема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме интересира од што практично јас боледувам. примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог
Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ лекарот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа. Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживотен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на латентни вируси во организмот. Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни). Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клиничката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.
Дијагнозата на Кандидата само врз основа на симптомите и преглед не е секогаш најточна
спец. д-р. Иво Захариевски гинеколог
34
Прашање: Имам 26 години и имам хронична кандида. Сум правела испитувања и неколку ПАПА тестови кои се позитивни односно според нив ја немам оваа болест. Но и покрај се таа се манифестира кај мене периодично. Кога се појавува користам крем Канестен кој привремено ми помага. Ве молам кажете ми кој е најдобар начин за лекување на хроничната кандида? ОДГОВОР: Кандидата преставува габична инфекција на женскиот генитален тракт во услови кога е намалена киселоста на вагиналниот секрет било поради зголемен вагинален секрет или поради намалена продукција на млечна киселина од страна на лактобацилусите. Инфекцијата се забележува по карактеристичните симптоми: чешање, болка во вид на горење, карактеристичен габичен мирис, вагинален секрет кој е обично бел или во вид на изварка, непријатност или болка за време на мокрење и, или сексуален однос. Повторувачките габични инфекции некогаш се поврзани со ниски нивоа на железо во организмот. Железото им е потребно на белите крвни клетки за да направат хемикалии кои ја уништуваат кандидијалната инфекција. Поради тоа во случај на чести габични инфекции се проверува нивото на протеинот Феритин во крвта за да се види колку има складирано железо во организмот. Ако е ниско треба да се даде терапија со железо. Дијагнозата на Кандида само врз основа на симптомите и преглед не е секогаш најточна бидејќи и други состојби како на пример бактериска вагиноза предизвикуваат слични симптоми а се лекуваат поинаку. Ако постојат генитални симптоми, најдобро е да се посети специјалистичка гинеколошка или уролошка ординација за поставување на точна дијагноза. Постојат разни антигабични лекови кои се достапни на рецепт или без рецепт. Некои лекови како на пример клотримазол и миконазол се користат како кремови или вагиналети. Орални антигабични инфекции (флуконазол и итраконазол) се исто така достапни. Но каков и да е начинот на користење, потребни се два до три дена за да се повлечат симптомите, бидејќи болното место треба да се опорави после уништувањето на габите. Сексуалните контакти треба да се избегнуваат додека не се повлечат сите симптоми. Во случај на хронична кандидијаза после давањето на вообичаена терапија од три дена потребно е продолжено лекување во наредните три недели со земање на антибиотици на секој втор ден. Партнерот исто така треба да биде лекуван со антибиотик како и со антигабичен крем.
Нега на очи
Прашање-одговор Локал
Во пролет и лето, имам проблеми со очите. Тие се постојано црвени, ме чешаат па некогаш ми се и отечени. Како можам да го решам овој проблем Најчести заболувања на очи во пролет и лето се алергичните коњуктивити. Има неколку негови видови:атопичен ( акутен и хроничен ), контактен, микробен, алергичен и пролетен. Во основата на алергичните коњуктивити лежи алергична фамилијарна историја на болеста. Други причини за појава на алергичните коњуктивити се:контакт со козметички средства, лак за коса, креон за очи, сапун, пластични рамки од очила, чад од цигари, домашна прашина, габични и микробни инфекции. Во пролет сето ова се потенцира со цутењето на дрвата и многуте цвеќиња. Симптоми на алергичниот коњуктивит се силен јадеж и болка во очите.
спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар
СОВЕТ: ладни облоги на очите, кортизонски препарати, антихистаминици а при компликации и антибиотици под контрола на очен лекар. Постои изрека што вели дека очите се “огледало на душата“. Очите се сензорен орган од кој најмногу зависиме и затоа е потребно повеќе да се грижиме за нив и не треба да ги запоставуваме. Иако се поотпорни отколку што мислиме, потребно е да и заштитиме од прав, загадување, нечистотија, дим од сончевите зраци и секако од заостанатата шминка. Кожата околу очите е многу деликатна(чувствителна), бидејќи во овој дел не постојат масни или потни жлезди што ја хранат. Затоа ова е првото место каде се појавуваат брчки. Грижата за очите е многу едноставна, но потребно е редовно да се применува. Секогаш кога ќе ја чистите и навлажнувате кожата околу очите треба да бидете многу нежни. За чистење секогаш користете памучно топче натопено во гел за чистење. Никогаш не употребувајте, сапун бидејќи сапунот ги отстранува природните масти од кожата. Темелно исчистете ја нечистотијата и шминката. Потоа употребете навлажнувач што ја омекнува кожата и ја спречува појавата на брчки и тенки линии. Одберете крем што е богат со витамин А, алое вера и камилица, затоа што овие состојки ја обновуваат и заздравуваат кожата. Избегнувајте употреба на кремови или навлажнувачи збогатени со многу состојки бидејќи големото количество масти ја прави кожата околу очите надуена. Исто така немојте да користите средства за затегнување на кожата и кремови против пеги на овој дел на лицето. Неколку совети за тоа како да се грижите за вашите очи: -пијте од осум до десет чаши вода дневно. -јадењето овошје ја прави вашата кожа чиста и здрава. Научно е докажано дека овошјето го намалува ризикот од појава на болести на очите. -ако вашето тело ја задржува водата тогаш треба да почнете да користите и хранлив додаток што ќе ви помогне и ќе ви ги обезбеди потребните витамини и минерали потребни за вашиот организам. -за да се ослободите од надуеноста околу очите едноставно натопете две памучни топчиња во ладна вода од роза или во сок од краставица. Затворете ги очите и оставете да делува околу 10 минути. - за да имате густи и здрави трепки секоја ноќ пред спиење ставајте по една капка маслиново на коренот на трепките. По само неколку дена ќе забележите промена. - секогаш кога излегувате носете очила за сонце со 100 % заштита од UV- зраците. Кога користите крема за заштита од сонце, нежно нанесете и на очните капаци.
Есента период на настинки и грипови! Прашање: Чувствителна сум на променливото време. Во есен секогаш боледувам од настинки а некогаш и грип. Како да се заштитам од вие болести?
д-р. Трпко Угриноски спец. по општа медицина
Одговор: Есента е време на настинки и грипови. Од нив не се бега, но мора да се внимава на здравјето. Превенцијата почнува уште во летниот период. За оние со осетливо здравје препорачливо е во лето барем 5-6 дена да одат на одмор на море. Кога времето заладува добро е да се консумира многу овошје и зеленчук а доколку тоа не се прави истите да се примаат преку мулти витамински таблети. Потребно е да се пијат многу течности, многу вода и чаеви. Секако мора да се јаде здрава храна, така организмот станува поотпорен на секоја временска промена. Во случај на заболување мора да се посети матичниот лекар за да ја препише соодветната терапија.
35
definitivno don.com.mk www.
28
Факти
Факти за прељуба
Кој еднаш изневерил, пак ќе изневери! Флертувањето и не е секогаш толку наивно како што мислиме. Честото играње со оган резултира со прељуба, а последиците можат да бидат многу незгодни. Еве неколку факти што некои одбиваат да ги прифатат: познатиот психолог од Гетинген, Рагнар Бир направил истражување во кое учествувале 2 600 мажи и жени кои ги изневериле своите партнери или партнерки барем еднаш и кои биле изневерени . Меѓу другото, резултатите покажале дека повеќе од 80% од прељубниците го сакаат својот партнер/партнерка. “Екскурзиите“ главно траат Истражувањето покажало и дека прељубата која вклучува секс за една ноќ е поретка , бидејќи само 12 % жени и 15 % мажи изјавиле дека на тој начин направиле прељуба. Речиси 60 % признале дека аферата им траела повеќе од еден месец, а на преостанатите им траела повеќе од една година.
пати, а 15 отсто повеќе од три пати. А причините за неверство се... Досадата најчесто е главната причина за прељуба. Податоците покажале дека 31% од прељубничките и 25 % од прељубниците сакале да разговараат за сексуалните потреби. А само 27 проценти од жените и 17 % од мажите знаат какви се потребите на нивните партнери/ партнерки .
Прељубниците најчесто сами се откриваат 44отсто од неверните мажи и 46 отсто од неверните жени самите си ка-Речиси никој кој на 40 жале. Само 3 отсто од магодини ќе добие прво дете жите и 6 отсто од жените дознале од некој друг не се решава на уште едно дека се изневерени. А 21% мажи и 19 % жени дете . случајно откриле дека -Склучувањето брак и партнерката/ партнерот ги изневерува. создавањето семејство
веќе не се приоритети.
Неверството продолжува... Освен тоа, тие што изневериле еднаш, ќе изневерат повторно! Дури 49% неверни мажи и 55% неверни жени го сториле тоа само еднаш, додека 12 % мажи двапати, а 22% повеќе од три пати. Жените не заостануваат многу зад мажите: 20% од мажите ги изневериле два пати, 10 отсто три
Неверството не се заборава и не се простува Надежта дека неверството ќе ви биде простено и заборавено е залудна. 43% од мажите и 61% од жените ни по половина година не биле во состојба да простат и да го заборават неверството. А 11% од изневерените мажи и 20 % од изневерените жени ги замразиле партнерите по неверството.
Болна статистика Последните статистички податоци се навистина поразителни. Тие укажуваат на тоа дека младите луѓе се помалку се решаваат на брак, па со тоа го одложуваат и времето да станат родители, па затоа наталитетот е во опаѓање. Најновите податоци сведочат дека мажите прв пат се женат на 29- 30 години а жените на 26-27 години. За урбаната популација овие податоци се уште по шокантни . Со цел д се наживеат и да испробаат се што им нуди животот младите тој став го заземаат и до 40-та година. резултат се постари родители и помалку деца, бидејќи речиси никој кој на 40 години добил прво дете , не се решава на уште едно. Пораст на бројот на родени деца е забележан во 2001 и 2003 година, а од 2004 година се бележи константно опаѓање на бројот на новородени. Според последните истражувања, мажите стануваат татковци со просечни 29-30 години, а жените со 26-27.
37
Хороскоп Локал ОВЕН ( 21. 3. - 20. 4. )
Работа- Поволен период за хороскопскиот знак Овен бил меѓи 11 и 14 октомври. Може да добиете работни понуди на 26 и 31 овој месец. Јарците и Вагите ќе Ви бидат добра потпора, но не и Водолиите и Рибите затоа што нема да бидат одговорни и сигурни во заедничкото работење. Љубов - Очекувајте многу средби, а слободните Овни можат да се надеваат на познанства кои ќе се запаметат. Во љубовта ќе бидете премногу попустливи, а партнерот ќе биде тој што ќе поставува услови. Ова е прилично бурен период, затоа што две личности истовремено ќе ви се додворуваат. Неодлучни сте, бидејки интимно сакате едно, а совеста ќе Ви наложува нешто друго. Доколку сте во дилема помеѓу Вашиот постојан партнер и некој нов, добро размислете пред да донесете било каква одлука, затоа што Меркур Ви носи и погрешни одлуки, го намалува прагот на Вашата толеранција и ве прави конфузни и склони за самосожалување. Чувајте се од љубомората на некој друг Овен. Здравје - Можни се болки во стомакот и лоша дигестија.
БИК ( 21. 4. - 21. 5. )
Работа - Периодот кој следува Ви овозможува подготвени да започнете некоја ризична работа. Подобро би било да останете мудри, посебно ако се работи за некој проект кој сте го заштитиле како авторско дело или го сметате за авторски проект. Меркур во полето на креативноста може да Ви донесе одредени проблеми заради вашата наивност или претераниот ентузијазам. Вашиот оптимизам и добра волја не се доволни за да успеете во се што сте планирале, затоа што нема да ги добиете сите потребни одобренија. Може да имате среќа на лотарија во друштво на Јарец, Рак или Овен. Љубов - Прилично сте збунети и не можете да одолеете на некој кој Ви се додворува. Доколку сте помлади, ќе бидете многу наивни и неспремни да се поставите како што треба. Искреноста нема да ви биде од корист. Би требало да се пазите да не дојде до скандал, особено ако не сте во брак. Здравје- Чести главоболки и намалето го стресот.
БЛИЗНАЦИ (22. - 21. 6. )
Работа - Имате впечаток дека сите околности и случувања се свртени против Вас и ништо не ви оди од рака. Тоа особено се однесува на Близнаците кои се родени во втората половина на јуни. Не се препорачуваат патувања до средината на септември, но доколку морате да одите на некој службен пат пазете што потпишувате и немојте да им верувате на соработниците кои сакаат да ве придобијат со својата лукавост. Играјте игри на среќа особено околу 7 октомври. Љубов - Периодот Ви започнува со возбудувања и обиди да го придобиете вниманието на некој кој ве избегнува, но не без причина. Ако е во прашање тактика, тогаш Ви се враќа за нешто што сте направиле не многу одамна. Морате да ја платите цената за вашите пала-
38
вости и можно е да бидете критикувани не само од партнерот, туку и од неговата фамилија. Близнаците кои се во врска или брак можат да покажат незаинтересираност за партнерот или тоа да го демонстрираат со стил на живот кој не им одговара. Вагите, Овните, Водолиите и Стрелците остануваат ваши верни обожаватели, со уште еден Лав кој ќе се обиде да влијае на вашиот избор во врска со вашата работа или со некои ваши навики кои никако нема да ви одговараат. Здравје- Немојте да јадете на киосците.
РАК (22. 6. - 22. 7. )
Работа - Следниов период ќе биде најлош за сите оние на кои работата им е поврзана со медиумите, туристичките заедници или работа каде што многу патуваат. Би требало целосно да се ангажирате во некоја работа која ја работите од пролетта или од минатата година и која никако не можете да ја завршите. Љубов - На Вас, како и на Близнаците, ситуацијата дома не ви е убава. Морате да се прилагодите на некои нови услови кои Ви ги поставува партнерот или фамилијата. Може и новото работно место да бара од Вас да го смените начинот на живот. Жените Ракови ќе бидат спремни да преземат голема одговорност за се што се случува дома, додека машките ракови ќе бидат пасивни. Слободните Ракови ќе посакаат да влезат во брак. Здравје- Би било пожелно да држите диета.
ЛАВ(23. 7. - 22. 8. )
Работа - Претставниците на овој знак се под големи работни предизвици и искушенија. Можно е да добите две паралелни понуди за различни работни места. Доколку сте вешти со уметноста, медиумите или туризмот искористете го тоа на најдобар можен начин. Може да Ви искрсне сјајна шанса за работа во странство или работа која би Ви овозможувала често да патувате. Љубов - Доколку сте во врска, а Лавовите не сакаат да бидат сами, можни се расправии со партнерот по одредени прашања за кои никогаш не сте успевале да направите договор. Доколку партнерот е во знак или подзнак Близнаци или Девица ќе ви се противставува за секоја ситница. Лавовите кои се во врска или брак, немаат чувство дека партнерот ги разбира, затоа што добиваат впечаток дека тој/таа се во некој свој свет, окупурани со своите проблеми. Вас ќе ви изгледа дека е во прашање некој друг кој го привлекува вниманието на Вашиот партнер а всушност сами се лажете во пребрзиот заклучок. Здравје- Можна е повреда при работа.
ДЕВИЦА (23. 8. - 22. 9. )
Работа- Доколку сте млади, веројатно сте амбициозни, но немате чувство дека некој сака да Ви пружи шанса. Доколку се обидете работите да ги земете во свои раце, обидете се со приватен бизнис, може да имате среќа. Љубов- Најконтроверзниот представник на Зодијакот, истовремено фатален заводник и традиционалист, духовит шармер и намќорест индивидуалец, се се ова особини кои многу успеш-
но ќе ги пласирате на некој кој ќе посака да побегне колку го држат нозете, но нема да успее. Здравје- Пазете во сообраќајот.
ВАГА (23. 9. - 22. 10. )
Работа – Иако Венера и Марс се во Вашиот знак и вообичаено Ви помагаат одлуките да ги донесувате лесно. Ваги кои се занимаваат со адвокатура можат да очекуваат успех. Вагите кои често патуваат заради работа или работат со странци можно е да имаат проблеми. Љубов – Ако сте слободни ќе бидете во можност да влезете во врска со некој кој е многу помлад од вас и таа врска од некои причини ќе мора да биде тајна. Можно е тоа да биде Ваш избор додека не одлучите што ќе правите со својот живот. Здравје – Можна повремена малаксалост.
ШКОРПИЈА - (23. 10. - 22. 11. )
Работа – Секои две години Марс, планетата која владее во Вашиот знак и е многу моќна, ви носи засилена енергија, ентузијазам и борбеност. Што се однесува до парите, во главно стоите добро и финансиското прашање не ви е приоритетно, освен ако не сте премногу млад и не почеток на кариера или брак, па парите Ви се потребни за заеднички живот, за уредување на просторот за живеење или за започнување на свој бизнис. Љубов – Ова би можело да биде многу романтичен период за Вас доколку го искористите сето она за што другите можат само да сонуваат. Голем број претставници од овој знак имаат некој копнеж по личност која што не е слободна. Чувајте се вакви љубовни варијанти, затоа што и колку да сте вешти да се извлечете од ситуација,постојаниот партнер внимава на Вас Здравје – Добро се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ (23. 11. -21. 12.)
Работа – Би сакале да започнете некоја нова работа, но ситуацијата не Ви оди во прилог заради ретроградниот Меркур. Тоа конкретно значи дека ќе морате да се борите за своето место под сонцето и конкуренција ќе ви биде некој кој го сметате за недораснат на Вас. Љубов – Скоро цело време во овој период Марс, симболот на страста ќе биде
во коњукција со Венера, планетата на љубовта, постои можност, посебно ако сте машко, да се заљубите во исклучително атрактивна дама, а доколку сте дама Стрелец, можно е да ве заинтригира некоја Вага или Овен. Здравје - Внимавајте од можна повреда.
ЈАРЕЦ (22. 12. - 20. 1.)
Работа – Можни се мали потреси на работното место, дури и на оние рутински работи кои од секогаш во одеа од рака. Доколку Вашата работа бара мануелни вештини, музикалност или способност за добра комуникација, познавање на странски јазици, може да бидете несигурни во себе и прилично мрзоволни затоа што работите не се одвиваат како што сакате. Вашиот перфекционизам ќе Ви создаде непријатели и таму каде што тоа не е потребно. Љубов – Ова би можело да биде многу пријатен период за Вас доколку не сте многу воздржани, напротив ако бидете подготвени да се препуштите на магијата на социјалниот живот. Здравје – Рекреирајте.
ВОДОЛИЈА (21. 1. - 19. 2.)
Работа – Влегувате во период на големи случувања. Не влегувајте во сомнителни финансиски трансакции. Не само што ќе Ве нервира атмосферата на работа, туку сакале или не ќе морате да бидете дел од некој тим кој во многу нешта не ви одговара. Љубов – Подготвени сте да влезете во сериозна врска, друга врска или пак во втор брак. Сепак астролошкото поле на љубомората, посесивноста и уште многу од тоа што ви пречи да бидете среќни со партнерот, може многу да Ви го загорчи животот. Здравје – Намалете ги оброците.
РИБИ (20. 2. -20. 3.)
Работа – Полната Месечина во Вашиот знак на смаиот почетокот и на крајот на периодот ви носи одлични можности за заработка или во врска со промена на работата. Имате голема поддршка од угледни личности кои ќе сакаат да работат со Вас. Љубов – Доколку сте слободни, Ви претстои познанство со нова личност. Може да бидете многу успешни во заведување на некој Бик, Вага, Овен или Јарец. Здравје – Внимавајте во сообраќајот.
ДРАГИОТ ЛИК НА НАШИОТ ИСКРЕН ДРУГАР И ПРИЈАТЕЛ
ВЛАДИМИР ВЛАДЕ КОСТОВСКИ ОСТАНУВА ТРАЈНО ВО НАШЕТО СЕЌАВАЊЕ СЕМЕЈСТВО ПЕРИШИЌ БЕЛГРАД
Железара
Ул. Марко Цепенко бр.3
тел. 046/269-763
27
Спорт
32