СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
АМАК ПРЕС
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 120, Март 2010, Бесплатен примерок
Охрид ќе ја победи секоја непогода!
2
Збор на уредникот
Крајно време е, платете го долгот кон медиумите!
В
о еден од минатите броеви на Охридските Новини јас ви пишував за моќта на медиумите. Колку се тие моќни и имаат влијание врз широките народни маси знаел и познатиот војсководец Наполеон Бонапарта па затоа тогашните печатени медиуми ги нарекол “седмата сила“односно најдоброто оружје кое му овозможило да дојде и да се задржи на власт. Денес печатот е инструмент за контрола врз владата (checking on government) и на другите потреби на општеството. Токму поради тоа овој медиум е најдобра можност за рекламирање на физички и правни лица, претпријатија, политички партии и што ли уште не. Но секоја услуга си има своја цена. Секој долг кога тогаш мора да се врати. Ние сме тука за Вас,но нели е срамно да имате долг кон нас стар речиси четири па и повеќе години? Се с`е толерира но во граници на нормалата. Иронично и на моменти смешно е што долгот кон нас не го подмириле моќни политички партии и “јаки бизнисмени“. Но со “арно или лошо“ долгот мора да се наплати . Ние го одбираме првиот пат и јавно апелираме до сите вас кои имате обврска кон нас (а јас сум сигурна дека ќе се препознаете )да ја исполните. Знаете и самите дека е крајно време за наплата а со тоа и нам како институција ќе ни овозможите нормално да функционираме. Ние за возврат пак ќе ви пласираме поквалитетни изданија од овој медиум. Либерализмот не само што е одразен во печатот , во неговиот развој, туку и бил поттикнат и поддржан од него. Затоа не се не обични многубројните расправи за слободата на печатот низ кои всушност се бранат или се афирмираат либералните принципи. А ние водени од идеите на Џон Милтон за величествената одбрана на интелектуалната слобода во духот на слободарската теорија, не би сакале јавно да коментираме каде “пропаднале“ парите од “моќниците“ што биле наменети за медиумите. Се надеваме дека истите навремено ќе се освестат и ќе го платат долгот што го имаат кон нас. “Спротивно на вештината на прикривање и на тајното, концептот на јавното мислење повикува на отвореност која мора да обезбеди прегледност на целите. Пред судот на мнението сите работи се оправдуваат без дволичност; и убедливоста на оние на чија страна е правдата сигурно им гарантира победа“.
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
Редовни рубрики: Наш Охрид Наши бизнисмени Образование Репортажа Ви најавуваме... Чест ни е... Охридски легенди Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска
belevska.angela@gmail.com
Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Томислав Кипријанов Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески 075/ 476-158 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
3
Наш Охрид
Го губиме ли Охридск Езеро?!
Езерските води остануваат без кислород како резултат на се' поголемо присуство на фосфор, кој се влева со отпадните и фекалните води, предупредуваат експертите. 4
О
хридско Езеро останува без кислород како резултат на се' поголемото присуство на фосфор, кој влегува во водата преку фекалиите чие влевање деновиве кулминира поради незавршениот колектор. Системот за пречистување веќе не е способен да ги прими сите отпадни води од градот и околните места, кои сега непречистени се влеваат во езерото. Надлежните во општината предупредуваат дека надојдените води значително го оштетиле колекторскиот систем, кој поради огромната оптовареност секој момент може да дожи-
вее крах. Покрај ова, отпадни и фекални води се испуштаат во езерото и од повеќе населби што не се опфатени со колекторот. Екологистите упатија алармантни предупредувања откако лани беа измерени мошне високи вредности од 13 милиграми фосфор во еден кубен метар вода, што е значително зголемување во споредба со претходните години. Тие предупредија и да запре сечењето на трските, кои помагаат да се намали количеството на фосфор во езерото.
Колекторот е преоптоварен и не е во состојба во целост да го прочистува езерото од фекалии Според директор на Меѓу општинското Јавно Претпријатие „Проаква“, колекторот во целост не ја извршува планираната функција. - Покрај фекалните води, за што и е
Наш Охрид
кото
ста директно се испуштаат во езерото. Таквите испусти кај населбата Грашница, кај пумпните станици Далјан и Подмоље, низ кои отпадните и фекалните води течат во езерото, веќе предизвикаа тешки последици во езерските води во тоа подрачје. Неодамна, фекалии што доаѓаат од околните населби целосно ги загадија Билјанини Извори. Загадувањето доаѓа директно и преку сливовите на реките Сатеска, Грашница и Коселска, кои практично служат и како одводни канали за отпадни води до езерото. Жителите на охридската населба Воска стравуваат дека отпадните води ќе им донесат заразни болести. -Во населбата се шири многу непријатен мирис. Тука никој не доаѓа да се бања во текот на летната сезона, а и ние одиме на други плажи - велат тие. Експертите за заштита на животна средина предупредуваат дека во најкраток период мора да се преземат сериозни мерки со кои ќе се стопира ширењето на фосфорот во езерото кој е најштетен за неговиот живот. Фосфорот, кој доаѓа со отпадните води, се раствора, ја зголемува хранливоста на водата и со тоа се создаваат големи количества планктони . Таа органска маса троши кислород и со тоа се создаваат неповолни услови за биодиверзитетот. Колку повеќе има фосфор во водата, толку е поголем процесот на еутрофизација на водата, односно, нејзиното изумирање и претворање во мочуриште.
проектиран, тој ги обработува и отпадните и атмосферските води. Со покачувањето на нивото на водата, колекторот е преоптоварен и прашање на време е кога ќе крахира. Водите сега одат директно во езерото, а некои се враќаат и во секундарната канализација. Засега најкритична е состојбата со пречистителната станица во Враништа, а проблеми има и на други пунктови - вели Трпчески. Фосфорот го има и во детергенти а нивниот влез во езерото е неконтролиран. Колекторот за собирање на отпадните води е претесен, па тие води на неколку ме-
Според експертите забраната за користење детергенти со висока содржина на фосфор, би помогнала за забавување на процесот на загадување. Меѓутоа, тој процес воопшто не е запрен. За погубното дејство на фосфорот придонело и исчезнувањето на трската. Во големи периоди од годината содржината на фосфор надминува 10 милиграми на кубен метар. Во однос на периодот пред Втората светска војна тоа е трикратно зголемување. Трските врзуваат 67 тони фосфор во текот на годината и затоа не смеат да се уништуваат, како што се случува сега при создавањето нови плажи. Со сегашна концентрација од 13 милиграми фосфор на кубен метар вода Охридско Езеро ги надминува
границите на олиготрофноста. Тоа значи дека престанува да биде езеро со малку органски материи и големо количество кислород и навлегува во категорија на средно хранливи води.
Недовршениот колекторски систем дополнително ја влошува ситуацијата со езерото Охридските еколози предупредуваат дека истекува времето во кое може да се преземе нешто за спасување на езерото. “Колекторот веќе е несоодветен и нема доволен капацитет. За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води, треба да се отстрани бајпасот во месноста Грашница. Истиот проблем го има и кај пумпните станици Далјан и Подмоле. Треба да се реши проблемот со затворениот канал од улицата Бистрица, како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во населбата Далјан“, вели Ванчо Стојаноски од Еколошкото друштво „Грашница“. Директорот на Работната единица „Колектор“, Ваид Ајро вели дека системот за пречистување треба да се обнови и да се реконструира. “Покрај тоа што треба да се инсталираат многу помоќни пумпни станици за да може да се пречистува поголемо количество отпадна вода, најпрво треба да се направи херметичко затворање на цевководите на колекторот и точно да се знае која е фекална, а која е атмосферска канализација“, нагласува Ајро. МЈП “Проаква“ за проблемот со колекторот, ги информирале Владата и надлежните министерства, но се' уште не добиле одговор. Познатиот македонски екологист Јосиф Таневски вели дека е шокантно тоа што непречистена канализациска вода се испушта директно во езерото. “ Колекторот функционира до хотелот „Гранит“. Хотелите понатаму имаат несоодветни станици за пречистување. Населбите Лагадин и Пештани не се вклучени, а и другите населби имаат септички јами, кои индиректно ги загадуваат водите. Да не зборуваме за селото Калишта, кампот „Ливадишта“ и селото Ра-
дожда, каде што каналите за отпадни води одат директно во езерото. Ваквата состојба не може да се толерира ако се знае дека речиси 50% од водата за пиење градот Охрид ја зафаќа од езерото. Таа вода се црпи во близина на универзитетското одморалиште, а граѓаните ја пијат само по рутинско хлорирање. Колекторот мора да се заврши“, предупредува Таневски. Во општина Охрид посочуваат дека проблемот со колекторот ќе биде решен ако државата ја преземе надлежноста врз него. „Завршени се сите градежни работи за приклучување на селото Пештани на колекторот, со што ќе се реши еден од поголемите проблеми со пречистувањето на отпадните води на овој дел од Охридското крајбрежје. Целата инвестиција ја обезбеди Општина Охрид, а ја реализира МЈП „Проаква“. Сите други обврски за одржувањето и работата на колекторот паѓаат на товар на ова претпријатие, кое нема никаква парична помош, ниту бенифиции од државата“, велат од Локалната Самоуправа. На една од последните Седници на Советот на Општина Охрид е донесена одлука за повторна иницијатива за поделба на МЈП „Проаква“ на три одделни претпријатија: двете да бидат за водоводите на Охрид и Струга, а третото да биде посебно претпријатие, кое ќе го стопанисува колекторот и ќе биде под надлежност над државата. Според локалната власт заштитата на Охридско Езеро е обврска и на Албанија, така што колекторскиот систем од македонската страна треба што поскоро да се поврзе и со колекторот од Албанија.
Колекторот прочистува четири пати повеќе вода од предвиденото - Колекторскиот систем одамна ги надминал проектираните количества отпадни води за пречистување. - Тој е проектиран за 120.000 жители и со капацитет за пречистување пет милиони кубни метри фекална вода годишно. - Во 2009 година системот пречистил 16 милиони кубни метри отпадни води, што е четири пати
5
Наш Охрид повеќе од проектираниот максимум. - Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациски системи од Охрид и Струга и ги доведува до станицата за третман на отпадните води. - Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е долг околу 37 км. Последна точка на Колекторот на западната страна е пумпната станица кај Елен Камен - Струга, а на источната страна се протега се' до село Пештани. - Но, на него се' уште не се приклучени селата Пештани, Трпејца и Љубаништа. Пумпната станица во Пештани е изградена и во најскоро време оваа населба треба да се приклучи на колекторот. - Вкупната должина на брегот од македонска и албанска страна изнесува 87,5 км. - Во Охридското Езеро живеат 17 автохтони вида риба од кои 10 имаат комерцијална важност. - Некои планктонски видови во Охридското Езеро се регистрирани и на 200 метри длабочина. - Се проценува дека бројот на жителите во сливот на Охридското Езеро до 2025 година ќе се зголеми од 142.000 на 200.000 на македонскиот дел, односно на 70.000 на албан-
скиот дел.
Водата во езерото е квалитетна но неа ја уништува фосфорот Охридското Езеро има квалитетни води, но процесот на еутрофикација со збогатување со фосфор е процес што на подолг период го старее езерото, велат во Министерството за животна средина. Тие истакнуваат дека квалитетот на водата е на високо ниво во пелагијалната (отворената) зона, а одредени проблеми се случуваат таму каде што се влеваат Сатеска и Грашница. “Колекторскиот систем не е во функција од „Метропол“ до Пештани, што предизвикува проблем на тој потег поради неговата неквалитетна изведба. Не е квалитетно одржуван ни потегот Грашница - Далјан, каде и без високи води предизвикува проблеми. Менаџирањето со него е над-
лежност на МЈП „Проаква“, која со пари од граѓаните, но и со донации веќе доби и опрема за надградба. Прашање е како претпријатието менаџира и зошто системот е нефункционален и нерентабилен прашуваат од Министерството.
Миле Јанакиевски неодамна изјави дека државата е подготвена да издвои дел од кредитните пари за завршувањето на колекторскиот систем ако тоа го побара општина Охрид.
Министерот за транспорт и врски,
Конечно започна поврзувањето на Пештани на Колекторот
П
оврзувањето на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро во селото Пештани кое се соочува со проблеми поради надојдените подземни води,започна деновиве.
Од Локалната Самоуправа велат дека приклучувањето кое беше најавено за месец јануари, било пролонгирано поради неповолната хидролошка состојба која дополнително го оптоварува Колекторскиот систем. Од МЈП „Проаква“ информираа дека состојбата со колекторот и натаму е критична и дека системот е преоптоварен. Оттаму посочија дека е потребна итна санација на пречистителната станица во Враништа за да не дојде до колапс на колекторскиот систем. Во врска со мерките кои во координација ги преземаат локалната и централната власт од „Проаква“ велат дека тоа се превентивни активности за заштита од надојденото езеро и дека е потребна итна интервенција за подобрување на состојбата на колекторскиот систем. Деновиве била извршена замена на оштетените пумпи во месноста Грдано, Потпеш и кај хотелот Александрија со што според „Проаква“ е решен проблемот со отпадните води во стариот дел на градот.
6
Наш Охрид
7
Наш Охрид
Ни поплавите не ги помирија Локалната и Централната Власт
К
ако никогаш до сега има вода во Охрид. Надојденото езеро ги потопи плажите и платформите, а подземните води и понатаму ги уништуваат подрумите и приземните простории на многу куќи и објекти низ Охрид и селото Пештани. Ситуацијата стана уште полоша со излевањето на каналот Студенчишта, кој веќе поплави дел од рекреативната патека што минува покрај него. Пештанци маки мачат со надојдената вода која ја имаат во подрумите и визбите, а концесионерите на охридските плажи велат дека невремето им создало огромни штети. Се што инвестирале во средувањето на плажите е уништено. Од речното корито се излеа и реката Црн Дрим па неколку дена непрооден беше патот што од Струга води кон Дебар до Маврово. И додека природата ги надминува човековите способности наместо здружени да се справат со непогодата Локалната и Централна-
8
та власт ситуацијата ја искористија за меѓусебни препукувања и пресметки. За првите ситуацијата беше сериозна од стартот а за вторите не, па дојдоа во Охрид во “5 минути до 12 часот“. По обилните врнежи, нивото на Охридското Езеро се зголеми за неколку сантиметри и се наоѓа на 694,01м. надморска височина, што е 26 сантиметри повеќе од максималната граница. Има опасност од излевање. Ако езерото достигне висина над 695 метри надморска височина, опасноста е многу поголема. Ако не се излее езерото, тогаш од подземните води сигурно ќе има големи поплави велат хидро –инженерите според кои ситуацијата можно е да се усложни и во месец март кога како резултат на повисоките воздушни температури ќе има нагло топењето на снегот од околните планини. Според математички пресметки, еден сантиметар од нивото на езе-
рото донесува нови 3,6 милиони кубни метри вода. Во Охридско Езеро има 86,4 милиони кубици вода повеќе од дозволеното. Максималниот истек во реката Црн Дрим е 55 кубни метри вода. Ако се претпоставува дека во езерото нема да се слее ниту еден кубик вода, потребни се повеќе од 20 дена за нивото да дојде на максимално утврдената кота. Но, тоа не е можно затоа што само реката Сатеска сега го полни езерото со 20 кубни метри вода во секунда, а има и други извори. Според експерти од Охрид, регулацијата на нивото треба да го врши друг орган. ЕЛЕМ не може да биде и производител на електрична енергија и да врши контрола и регулирање на водостојот, затоа што постои опасност да се однесува субјективно и да штити сопствени интереси на сметка на нивото на водата. Како што беше и во овој случај.
Се прели и Дебарско Езеро По зголемениот дотек на вода во
изминатиов период, кој се движел и до 190 кубни метри во секунда, почна да се прелева вода преку прелевната шахта во акумулацијата Дебарско Езеро. Преку неа се прелеваат во просек по пет кубици вода во секунда. Дотекот во оваа акумулација е 150 кубици вода во секунда, од кои над 60 кубици во секунда се од реката Радика, а преостанатото од Црн Дрим. Хидроцентралата „Шпилје“ и понатаму работи под полн капацитет. Стравувања од евентуални поплави во ова подрачје нема. Максималната кота на Дебарското Езеро е 580 метри. Беше минирана карпата кај селото Рајчица, во близина на месноста Стара Гипсара. Таа претставуваше опасност на делницата Дебар -Жи-
Наш Охрид ровница. На истото место има уште две поголеми карпи, но, според експертите, засега тие не претставуваат опасност.
Предупредувања од Охрид Зголеменото ниво на Охридско-
то езеро за 26сантиметри над максималната кота се заканува и со ширење на заразни заболувања. Најкритично е во селото Пештани. Главната причина е што надојдената вода од езерото предизвика преплавување на септичките јами. На опасност од заразни заболувања предупредува директорот на охридскиот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов. „Таму каде што се користат септички јами од преголемото количество на вода се преполнија јамите и имавме истекување на јамите надвор, што создаваше непријатна слика и навистина фекалиите течеа по улица“, изјави Михаилов.“ Тој сепак смирува дека водоводниот систем не е загрозен, но ги советува локалните жители да ја превриваат водата за пиење. Анализите на водата за пиење, за среќа, до сега се сосема во ред. Одговараат и по хемиска и по микробиолошка анализа. Откако целосно ќе се смири и ќе се повлече водата, надлежните од Центарот за Јавно здравје ќе направат комплетни мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Целта на активноста ќе биде надминување на проблемите со септички јами, за да не дојде до појава на заразни заболувања.
Охридското Езеро во 1971 година имало повисок водостој од сегашниот Според графичкиот приказ што Министерството за транспорт и врски континуирано го прави од 1923 година до денес,водостојот на езерото бил највисок во 1971 година. Тогаш езерото достигнало максимално ниво од 694,51 метри надмор-
ка височина, што е за 53 сантиметри повисоко од сегашното. “Оттука, може да се заклучи дека сегашното ниво е далеку пониско од максималното кое го достигнало Охриското Езеро во 1971 година. Затоа, апелираме на разумност кај сите кои даваат свои оценки и изјави за состојбата, затоа што од овие непогоди се погодени и населени региони каде со непромислени и непотврдени проценки може да се внесе непотребна паника и страв кај граѓаните“,велат од Министерството за Транспорт и врски потенцирајќи дека состојбата е стабилна и постојано се мониторира.
превенција од природните непогоди кое е составено од претставници на сите релевантни институции и се утврдуваат потребните мерки за преземање, за што, секако, постојано ја информираме јавноста“,нагласуваат во соопштението.
“Состојбата постојано се следи од страна на Координативно тело за
Пролетва ќе пристигне споменикот на Св. Наум
П
ролетва се очекува да биде поставен споменикот на Св. Наум Охридски. По иницијатива на двајцата пратеници од ВМРО - ДПМНЕ, Цветко Грозданов и Александар Николоски, овој проект е вметнат во програмата на Министерството за култура. Споменикот на големиот македонски просветител ќе претставува едно заокружување на споменичниот комплекс на нашите просветители и заштитници Св. Кирил и Св. Климент. Предвидено е споменикот на Св. Наум да биде поставен во тревникот пред Рибниот ресторан, со што се до-
бива духовен триаголник на македонските масони, смета пратеникот Грозданов. Според него, не е спорно тоа што токму на истото место постои маркица за градба, бидејќи тоа ќе се реши во соработка со локалната самоуправа, која ја поддржа изградбата на овој споменик. Наскоро се очекува да се побара промена на ДУП на месноста наречена Табана и наместо градба ,тука е предвидено да стои споменикот на чудотворецот Св. Наум, смета Грозданов.
9
Интервју Наум Јованоски, претседател на општинската организација на Социјалдемократски Сојуз на Македонија
СДСМ е подготвена да ја преземе власта! “Членството во Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз постојано расте, тоа значи дека охриѓани ја ценат нашата заложба за нивно и доброто на Охрид. Ако според резултатите од последната презентација имаше 300 нови членови сега за неполни три месеци бројот на нови членови е зголемен за 800 до 1 000. На градов му се потреби промени и нив ги реализираме преку активностите на градоначалникот Петрески, секако онолку колку ни дозволува актуелната власт“, вели претседателот на ОК на СДСМ Наум Јованоски Последните неколку месеци во СДСМ се случија темелни промени на централно и на локално ниво. Зошто беше потребно сето тоа? Па добро, значи, се случувале и ќе се случуваат промени во секоја партија, така и во Социјалдемократскиот сојуз. Неминовно беше да се случат повеќе промени, се со една цел да се извади новото лице и да се покаже дека на крајот на краиштата на функции ќе дојдат луѓе кои што се чесни, авторитетни и кои што можат да одговорат на новото време. Сето тоа се прави за да се покаже дека СДСМ е подготвен да ја преземе власта. Колку во моментов СДСМ е консолидиран, како на централно, така и на локално ниво? Ова прашање е веќе доста во оптек. Значи, на централно ниво сите можете да ги видите случувањата, јас можам конкретно да кажам за општинската организација во Охрид. Сето на што ние веќе го имавме поставено како програма, го завршивме. До нова година заврши терминот со реорганизација на општинската
10
организација. Се завршија сите постапки, настапивме со програма која ја исполнивме во целост. Сега се спремаме за нови активности кои што ќе следат во оваа година. Владејачката ВМРО – ДПМНЕ се уште има релативно добар и силен рејтинг кај граѓаните. Го плаши ли тоа раководството на Социјалдемократскиот сојуз? Добро, сведоци сме и постојано можеме да гледаме дека има рејтинг листи од најразлични нарачатели. Јас можам конкретно да говорам за ситуацијата која што се случува во Охрид. Рејтинг листите ние не можеме да ги видиме поединечно по градови, тие се исклучиво на централно ниво. Меѓутоа, можам да кажам и секогаш сум кажувал дека рејтинг листата во Охрид е задоволителна и сигурен сум дека во било кој период во Охрид да има избори ние ќе ги поминеме. Се знае ли бројката на нови членови на СДСМ во Охрид? Па добро, ние нема што да криеме. Имавме јавно презентирање на новите членови. Нивната бројка беше
триста и еве, да откриеме една тајна, во наредниот период ќе имаме ново презентирање на нови членски книшки, значи некаде околу осумстотини до илјада нови членови за неполни шест месеци. Новото партиско раководство подразбира и нови промени. Колкави промени спроведовте вие во начинот на работење? Новините ние ги презентиравме во повеќе наврати. Една од новините е, кажав, покрај тоа што настапивме со програма, ја отворивме и партијата, која работи со полно работно време, еве вие сте сведоци на таа активност и тоа е една од големите новини. Транспарентноста е исто така новина, бидејќи се што работиме, работиме транспарентно и тука не застануваме. Нормално, направивме некои потези кои што досега никогаш не беа направени, како што е формирањето на Советот на партијата, бидејќи таа работа можеше да се заврши во повеќе наврати, меѓутоа, некој не сакал и не можел да ја направи. Ние како ново раководство ја завршивме и таа работа.
Што, според вас како претседател на општинската Организација на Социјалдемократски сојуз на Македонија, му е неопходно на Охрид? Јас можам да кажам дека, пред се, бев посветен на партиските активности во општинската организација. Инаку, ние не можеме да бегаме од одговорноста. И како општинска организација имаме и наш градоначалник. Нормално дека тој ќе ги преземе сите тие обврски кои што ќе следат. Се што ние имаме активности, ги презентираме до Советот на општината и до Градоначалникот со наши сугестии. Се она што треба да се направи во Охрид во наредниот период, сигурно дека ќе биде направено. Сето она што му фали на градот, ние ќе му го дадеме за да го добие најдобриот лик, нормално, доколку не се направи опструкција од страна на актуелната власт. Спортот некогаш беше ваша пасија, а сега ви е хоби. Како некогашен активен спортист, дали сметате дека Охрид има добар спортски живот? Одлично е прашањето. Значи, друго беше времето во минатото, друго е времето сега. Најверојатно и приватното и мешањето на луѓе кои што не им е местото во спортот, направија тој во Охрид да биде на најдолна граница, а исто така влијае и економската ситуација во која што се наоѓа моментално нашава држава. Меѓутоа, како и да е, тоа не е оправдување ние како град да немаме спортски активности. Мене ми беше желба да спонзорирам еден спорт кој што е специфичен за нашиот град, тоа е пливањето. За жал, немаме можност, немаме сала ниту пак основни услови за работа. Спонзорирам нешто, исто така во поглед на уште еден специфичен спорт, а тоа е веслањето. Најголемата моја љубов беше фудбалот, каде што сме навистина на најдолни граници. На времето имавме најдобар младински состав, меѓутоа, за жал, сега дали поради тоа што условите се такви какви што се, нема никакви резултати во поглед на спортските активности во нашиот град.
Чест Локал ни е...
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
11
Охридски легенди
Случаен патник скапоцен изворник
Пишува: Владо Жура
К
аков ќе изгледа Охрид...по некоја година- е тема која во последно време ја заскокоткува и сета наша јавност, па се даваат смели претпоставки за таа цел. Надоградување на комплексот `Летница`, нова црква на Охридскиот плоштад, нови споменици...! Не е мал бројот и на оние кои се прашуваат како изгледал Охрид пред години.... многу години наназад, кога дури не била позната ни фотографијата...и каква била тогашната живеачка- мода во облекувањето, семејното однесување, исхраната. Останале неколку песни од тие времиња, останале некои белешки од дневници на тогашни наши сограѓани, но и на учени странски патници-намерници како и на сосема случајни минувачи низ овој наш прекрасен Охрид. Останале запишани сведоштва, но не и слики... а една слика кажува повеќе и од стотина зборови! Токму на една таква личност, која сосема случајно, непланирано и без никакво предзнаење прошетала низ овие наши краишта го посветуваме овој напис. Се работи за англичанецот Едвард Лир, сестран уметник - писател, автор на бројни поетски збирки, прецизни географски мапи, илустратор, карикатурист и хуморист. Тој во Охрид се задржал само ден-два, поточно од 21-23 септември 1848 година, ама зад себе оставил бројни белешки, писма и илустрации кои кажуваат многу повеќе од било кој патеписец којшто престојувал тука па дури и го проживеал сиот свој животен век токму во Охрид. Едвард Лир бил роден 1812 година во Лондон, како дваесетто од дваесетиедно дете на Еремија и Ана Лир. Неговото воспитание го превзема неговата највозрасна сестра а веќе како 19 годишен младич веќе е вработен како илустратор на птици. Неговите илустрации спаѓаат (1832) меѓу првите отпечатени колор илустрации на птици и животни во Велика Британија. Ова е битно зара-
12
Маките се исплатија - јас брзо заборавив на моите каења за ова патување Напишал Едвард Лир при посетата на Охрид во далечната 1848
Edward Lear
ски коли, говеда, натоварени мазги, биволи и сл. Откако се ослободивме, малку од овие препреки, багажот ненадејно се настрани и, по неколку безнадежни обиди да го урамнотежиме со камења, сиот требаше одново да се реди. Јас сè уште не бев привикнат на бисаги.
Од патувањата на еден пејсажист 1848
ди натамошниот след на настаните: како илустратор добива задача да ги посети Италија и Грција за да ја слика тамошната фауна. При едно патување на островот Крф, решава да замине за Цариград. Таму, поттикнат од англискиот амбасадор сер Стратфорд Кен , кој воедно го снабдил со потребни документи, решава непланирано да ги посети Северна Грција, Македонија и Албанија, па тргнува на долго патешествие. И како што запишал на секоја своја попатна илустрација од Солун се упатил за Ениџе вардарско, па за Воден, преку Острово и Тилбели, место од кое по триипол часа јавање стигнал Битола. Тука бил примен и од главниот старешина на гарнизонот Емин сераскер паша, кој го вчудовидел со неговото течно познавање на англискиот јазик , бидејки и самиот паша бил студент на Кембриџ ! Но, нас нè интересира Охрид , па затоа одбравме повеќе цитати од неговата книга `Патувања на еден пејсажист`, кои се однесуваат на Охрид во тие дни! “Вредните коњи секогаш се подготвени пред изгрејсонце. Беше повеќе од 6 часот кога се извлековме од преполните пазари и мрачните предградски улици полни со волов-
Утринското патување не беше интересно поради тажните глетки и ниските облаци што го правеа снегот непотребно студен и ја замрачуваа долината каде безброј кози пасеа и лутаа меѓу бедната трева, под заштита на лути кучиња. Околу 5 часа скитавме по долини и патеки, меѓу високи рвдови каде, и покрај изминатото време и трпеливоста, не можевме да видиме ништо убаво и интересно. Сепак во овие предели разочарувањето не траеше долго време. Околу пладне патот, една широка, каменлива патека, што водеше кон долината, се надоврзуваше на рамнина која на југ обиколуваше едно светло езеро обиколено со високи снежни планини. Јас мислев дека е тоа езерото на Пеупли (Преспанското Езеро), но ниту водичот ни-ту суруџијата (терачот ба стоката, б.м.) не знаеја да ми кажат, а јас бесмислено заборавив да прашам некого од ова место. На запад се протегаше убаво село обиколено со чинари и костени и украсено со две-три осветлени џамии што ја оживуваа глетката со убави карактеристики на албанската(?!) земја. Тоа беше обиколено, освен од јужната страна, со најбогато пошумените висини. Но како и обично, сета убавина е
надвор. Селото Пеупли (?!) ги поседува само најнечистите анови и тешко можеше да се најде пристојно место за да се подготви ручекот. Додека скитав, успеав по големиот дожд да направам цртеж од едно возвишение каде селото, заедно со езерото и ридовите, ја даваа најубава слика: темно пурпурните планини деликатно и широко се оцртуваа меѓу облаците што се протегаа насекаде. Постоеше едно возвишено место, посадено со огромни стебла костени, едно темно и бујно лисје спроти сребреното езеро и сјајните делови на небото, додека во рамнината се протегаше селото со своите расфрлени сенки. И покрај заканувањата, дожд не падна. Затоа мислев дека е најпаметно да одам во Охрид каде сместувањето во секој случај не би било полошо од она во Пеупли, а глетките ќе бидат сигурно повредни. Во два и пол часот го напуштивме Пеупли. Неговите жители се разликуваат од оние што ги бев видел досега. Едно подиво и посурово племе отколку жителите од Македонија. Грци и Бугари има сосема малку, а повеќе се Турци и Албанци. Бугарскиот јазик овде се зборува помалку. Ако утринското патување помина само низ долини, ова од попладнево беше само низ планини. Веднаш по долината на Пеупли ние се искачивме по највисоките места следејќи еден ветровит скалест пат, иако очекувавме да биде подобар во овие места. Попладнето беше убаво и весело, со сите ефекти на облаците. Како што се симнувавме по убави букови шуми, рамнината и планините — во заднината со синото езеро на Пеупли и неговите јужни страни обиколени со светли ридови што се губеа во далечината, — ја составуваа најубавата слика. Најгоре од патот беше стражарницата (една колиба со двајца вооружени Албанци и едно многу чувствително куче кое стражареше над заинтересираните поминувачи). Пред да почнеме да се симнуваме по западната страна, пред нас се покажа најубавата па-
Охридски легенди норама што досега моето око ја видело. Од оваа висина се гледа целото езеро на Пеупли, безброј полиња и ридови а зад сето ова се гледа и синиот Олимп. Целата глетка беше како врамена во глуждовитите гранки на сребрените букови стебла што ги красеа гребените на ридот, чии страни се спуштаа над езерото, во вид на набрани дрвени платна. Оваа слика тешко можеше да се напушти и решив на било кој начин повторно да го посетам ова место. Брдото го поминувавме скоро половина час. Мојата обиколка на Албанија почна по едно темно каменливо поле посадено со закржлавени буки. Иако досега минував само низ Македонија, забележав дека источно од Охрид албанскиот јазик не е во употреба.
атмосферските ефекти од небото, земјата и водата. . . “ Тука, писателот со одбрани, само нему својствени зборови, ја воспева природната убавина околу Охрид , која го опколува на секој чекор, споредувајќи ја со волшебни предели кои веќе ги имал посетено во крајезерските краишта низ Италија. “Спрема последните кривинл на овој стрм пат се издига една чудна зграда-манастир(секако мисли на манастирот Св.Петка, б.м.) изграден во засолништето на карпите потпирајќи се на кафеавото лице на планината. Тој содржи околу 20 издвоеш ќелии. Оттука пристигнавме во едно село во подножјето, а меѓу ореовите дрвореди се гледаше убавата охридска тврдина. Потоа, преку една плодна градина, пристигнавме во Охрид околу шест и пол часот. Посредена територија од оваа на Охрид - порано викан и Ахрис на Лихнидското езеро, не може да се замисли.
Крст џамија
тата носија на населението сметајќи ги охриѓаните за припадници на гегите, впрочем и така си мислел дека по сето течение на Црни Дрим и неговата околина, вклучитело и Охрид
Охрид панорама
Набрзо нов свет почна да го восхитува моето око и кога пристигнав до работ на западната страна од ова брдо, убавото поле и Охридското Езеро неочекувано се појавија позлатени од сонцето и мирно поспани под ридовите, потоа шумите и снегот натрупан и помешан со облаците што беа на половина пат кон небото. Тешко може да се замислат поубави слики од овие. Нивната убавина е, можеби, засилена од ефектите што им даваат повеќе од обична боја и разновидност. Светло, широко и долго се протега големата водена површина — првото од грчките езера на чие крајбрежје е тврдината и градот Охрид (по форма сличен на камениот дворец во Ница во Сардинската држава) кој располага со обработливо поле што се протега од планините до бреговите на езерото. Оваа толку племенита глетка ги брише од паметење сите непријатности од патувањето, па и зачудува и воодушевува на секој чекор. Јас брзо заборавив на моите каења за ова патување. Спуштањето по полето на Охрид е доста стрмно и езерото е на видик сè додека се спуштате на неговото ниво, а перспективната убавина се намалува. Немаше време за набљудување и насладување, бидејќи спуштањето беше неудобно. Овие планини се соединуваа со
Сето езеро е обиколено со ридови, кои оставаат мал простор меѓу нив и водата, освен на северната страна каде отстапуваат на околу три милји и даваат место на едно поле над кое доминира Охридската Тврдина, врз осамена карпа , цалосно надвишувајќи ја и управувајќи со околината. Градот лежи на трите страни од ридот врз кој се извишува Тврдината и се протега западно и источно од тврдината, долж крајбрежјето, додека самата карпа вертикално стрмо се спушта на југ. Карактеристиките на овие слики беа безброј. Белите минариња и густо посадените платани (чинари) ги красеа околините на градот; и кога јас навлегов подлабоко во улиците, неколку убави џамии и пазарот, засенчани од многубројни и големи чинари, го привлекоа моето внимание. Ова е првиот град што го видов во Албанија. (Кога пристигнал во Охрид Едвард Лир погрешно сметал дека веќе дошол во Албанија, која како и цела тогашна Македонија биле во составот на отоманското царство. Останал просто фрапиран од бога-
Нивните куси палта и елеци обично се црни и нивниот целосен надворешен изглед претставува силен контраст на белите алишта на мажите на пример од Берат или пак од соседството, како на оние од Епир. Други докази и опишувања на оваа тема не се излишни додека престојував во оваа нова земја. Поминувајќи покрај потокот низ кој шлапкаа гуски (една рекичка со тротоари од двете страни, а преку неа наредени камења за преминување, претставуваше карактеристична слика на ова место) често бев мета на удирање со песок, или ситни камчиња и нечистотија. Неверничкиотот изглед со моето бело кече врз глава предизвикуваше забелешки и осуда од страна на православните Охриѓани. „Внимавајте, рече Горѓи ( неговиот гаваз даден како придружба уште од Солун, б.м.), додека не ставите фес врз главата (тогаш било задолжително за секој маж, б.м.) нема да бидете на мира, а по еден или два дена мо-
Охрид 21 септември 1848 од чаршија кон плоштад
живеат исклучиво геги, б.м.) Н е обичноста на алиштата беше фрапантна. Облеката на овој народ беше богата. Племињата од Гегерија ја опфаќаат целата територија на реката Апсус (Црни Дрим), т.е. Илирска Албанија. Скадар се смета за главен град а Охрид за нејзина најисточна точка (макаршто е познато дека охридскиот владетел вешто балансирал повремено признавајќи ја власта на скадарските паши, а едно време и на јанинските- Едвард Лир пристигнал во времето постџеладинбегово, кога Охрид ја признавал власта во Скадар! б.м.) Да им се вратиме на тогашната облека и носиите: Тие (охриѓаните) ги надминуваат сите свои соседи по убавината па дури и велечественоста на нивната облека . Тие им додаваат на своите вообичаени алишта згора една долга наметка (ќурк) украсена со сите можни нијанси црвена боја гајтани и ширити , или пак украсена со крзно, везена и опшиена со златни конци и со срма.
жете и окото да го изгубите». Шетајќи се по сликовитите улици, најпосле пристигнавме до најприкладниот ан што го поседуваше градот, зграда со ист опис како и во скоро сите останати места во овој дел од светот. Исправена и опкружена од три страни со двор. Понискиот дел одделен за штали, а повисокиот имаше околу 20 соби со широк ходник. За стаклените прозорци тука се уште не се знаеше, а и хартијата како замена беше ретка. Собите беа малку затемнати нивната предност беше во тоа што беа празни и прикладни за спиење. Со една рогозина, послана во еден агол и еден врз неа кревет неа бргу ќе се почувствуваш дома, а по шолјата чај и сонот бргу те совладува. Од повеќето денови, поминати во многу земји, со поблагородни места, јас не можам да замислам толкав раскош на различности и поимпресивни слики од овие што га
13
Охридски легенди видов. . . 21 септември 1848 , Една рана прошетка низ градот, која беше преполна со исклучителни улични глетки (ридот со тврдината, или вечните планини во заднината ) би била попријатна ако не бев непоштедно опколен од жени и деца од неочекуваните улични агли.Се извлеков од периферијата, го разгледував градот и додека цртав и сликав од едно возвишение, кога еден овчар се осмели да се доближи и да ги гледа моите цртежи. Откако откри дека цртежот го претставува Дворецот на ридот, , тој почна да бега и да вика вика „шејтан»(ѓавол)и побегна од мене како од некој нечесен маѓесник. Сонцето почна да паѓа и, откако сретнав стада од биволи иовци опколени со кучиња, го скратив патот долж езерото, преку криви патеки. Неколку примитивни и срамежливи луѓе, забележувајќи го моето присуство, почнаа да трчаат кон своите куќи викајќи и повлекувајќи се како стрела, затворајќи ги портите со најрешителна одлука пред мојата скитничка појава. Свратив во анот и се подготвив за посета кај Шерифбег, (главна и највисока личност во Охрид) до кого бешеупатено и писмото од сераскер-пашата. Тврдината се издигаше над целиот Охрид и нудеше глетка над езерото, рамнината и планините. Таа го опколуваше Сарајот (палатата на гувернерот). Неговите висечки, украсени покриви, решетките, исфрлените тркалести прозорци и групите на примитнвните чудни лица ѕиркаа и се шетаа по тесните скали и дрвените балкони / чардаци. Тие претставуваа куриозитет за оној, кој видел сосема малку од суровиот сјај и условите во Битола каде високите личности се ,високи службени лица како и во секој друг град. Така на пример, ако некој дојде во овој град, откако ќе посети попримитивни места во Албанија, истиот би му изгледал поцивилизиран, додека за оној што доаѓа од Истанбул, ефектот би бил обратно фрапантен. Собата во која седеше Шериф-бег беше квадратна , не многу голема, полна со натписи и дела од околу дванаесет истакнати уметници. Бегот, во лошо обоена долга облека, украсена со крзно, оџата со бела чалма, гегот облечен во скарлетно палто, (грчкиот секретар во пурпурен и златен брокат, војската со долги коси и сукна, блескавите албански слуги вооружени и прицврстени со појаси — сите гледаа во мене со еден рамнодушен поглед. (Турска рамнодушност и добро однесување тука не е познато.) Сето ова претста-
14
Охридска улица
вуваше една слика која сакав да ја имам нацртано. Бегот, по пушењето и пиењето на кафе, даде едно писмо за Тирана, град на самиот пат за Скадар и ги изрази своите желби да испрати стражари со мене на крајот од светот, иако изјавив дека патиштата се слабо посетени и дека се наполно заштитени. Се сетив на оружје и побарав еден гаваз да ме заштитува додека цртам во Охрид а потоа се вратив во анот на ручек. Попладнето го поминав во шетање по градот со мојот муслимански стражар, обезбеден од секаква пречка или камен упатен на мене од раката на некои вистински верници. По заоѓањето на сонцето, глетката од главната врата на тврдината стана мирна и убава слика — која никогаш не го заморува окото како во целина така и во детали. Охрид го надмина моето очекување. Стана збор и за манастирот Свети Наум на јужната страна од езерото, како значајно место на оваа околија. Но јас ја одложив таа желба за подоцна бидејќи бев во соседството на Берат, а знаев дека една посета во манастирот ќе ми одземе 2 дена. Сигурноста за преноќување не спаѓа во добрите страни на Охрид. Во една мала соба, во која престојував, се слушаше постојано гребење и мјаукање на мачки, од едната страна на мојата перница, и гракање на патки, од другата страна, што не ми овозможуваше пријатно спиење. 22 септември 1848 , Студеното утро, свежо и јасно, ме принуди да го исполнам мојот план т.е. да се вратам по истиот пат до планинскиот премин, преку кој се искачив, и одозгора можев да го видам езерото на Пеупли/Преспа Мојот вооружен придружник и коњите беа подготвени во седум часот претпдадне. На подножјето од ридовите, малиот манастир беше
исклучително прекрасно осветлен во јасните сенки од раното утро и една глетка ме занесе извесно време. Потоа почнав стрмно да се искачувам низ букова шума и по патот застанав и направив повеќе паузи за да се воодушевувам во глетката што ми ја нудеа сребреното езеро и огромните карпи . Пресретникот испратен од охридскиот управител , сјаеше во скарлетно и бело, неговата долга облека, украсена со крзно, и неговото здолниште и позлатениот колан се гледаа оддалеку како перјата на некоја тропска птица меѓу темнозелените лисја. Со него се сретнавме на половина пат во планината и кратко потоа бегот управител на Тирана со една долга колона натоварени мазги и сјајни бројни слуги го дополнаа интересниот изглед на новата и убава слика.Околу десет и пол часот ние ја поминавме малата рамнина на врвот од планината и пристигнавме до осамената стражарница.
Охридскиот чинар
23 септември 1848. Уште еден ден во Охрид, а потоа ќе се упатам на запад и север. Под самата тврдина има една плоштатка, каде величествените чинари ги посенчуваа пазарите богати со секаков вид на весело обоени стоки. Преку лисјата се гледаше светлиот врв на минарето, а под него беа насобрани група живописни и во мошне сликовити носии луѓе. За да се понесе било каква слика од сето ова, потребно беше да се потроши половина утро. Останатиот дел бев зафатен во прошетка по источниот брег на езерото, екскурзија која морав сам да ја направам бидејќи гавазот беше отиден да ги подготвува коњите за патувањето за следниот ден . Убавиот дворец доминираше над карпата и се рефлектираше во светлата и бистра вода. Но, она , што најмногу ме забавуваше беа многубројните птиПопатна чешма ци кои значајночајно ја развеселуваа атмосферата. Илјадници гузи се Бев среќен што потрошив еден ден дружеа со домашните птици: шаткиво посета на те и гуските, белите галеби кои извенајблагородна слика. Глетката на дуваа сјајни слетувања меѓу трскиезерото Пеупли/Преспа делуваше те, страчките( најбројно застапената убаво и одморно. Таа изгледаше птица во околината на Охрид), чавкако сон со нежно азурна боја ките и гулабите — го формираа тусе протегаше под убаво обликувани- кашниот орнитолошки свет. те планини, сите јасни На крајот од езерото се глешто се намалуваа и стануваа се даше бела точка, за која ми репонејасни додека контурите коа дека е манастирот СветиНаум, на Олимп не ја затворија оваа глет- иако тој сега беше далеку од мојот ка. Поблиските ридови со пат. Тргнав кон анот задржувајќи се нивната црвенкаста измазнетост, таму-ваму и гледајќи ги жените кои; беа исполнети со шуми, со везени шамии на главите и облеа близу до нив темните маси на чени во црна и црвена облека, пеукрасните буки изгледаа блескаво реа платно на езерото. Гледајќи ја од есенската боја. Поминаа доста ча- нивната работа, тие ме забележаа сови во оваа тишина и било дека не сум со придружба и чеснокаква суровост на патувањето то мноштво исчезна меѓу ѕидовите и беше заборавена поради карпите, постојано фрлајќи на мене воодушевувањето од толку мирната камење, стапови и кал. „Ке можат ли и убава глетка ... моите очила да го преживеат овој Во два и пол часот, по еден селски напад?» — си мислев во себе. Приручек со одлична ладна риба (пас- нуден да се повлечам пристигнав во трмката од Охридското Езеро е из- анот доста повреден, околу носот вонредно убава), го продолжив па- и ушите, што не беше ни најмалку тот на запад и повторно бев во анот смешно. Попладнето со мојот водач пред да падне мрак. имав можност да ги исмејувам моите непријатели додека цртав уба-
Охридски легенди ва стара црква, сега претворена во џамија, а подоцна добив поширока глетка од саат-кулата на ридот додека градот мируваше меѓу густите чинари и високите кипариси , потсетувајќи ме на некои стихови од Бајроновиот `Чајлд Харолд`!
Св. Софија 1848
Секако Охрид е убаво место. Секоја страна на ридовите под тврдината е густо украсена со муслимански гробови — мали издигнати места со груби камења што се гледаа од земјата како илјадници природни геолошки израстоци. Од понис-ките улици групи од жени, облечени во темносини фустани и покриени со бело фереџе, беа излегле на воздух, а близу до мене повеќе мажи облечени во црвена и пурпурна облека пушеа седејќи на расфрлените камења. Кога сонцето ги фрлаше своите последни црвени зраци од високите западни планини над тврдината, долги редици од црни биволи се туркаа рикајќи и чкрипејќи со нивното чудно полукрзно што личеше на пукање на стар мебел. Од сето ова произлегува дека зоолошкиот жив свет на Охрид е многу окрутен. Како можат улиците да бидат слободни кога се полни со жива природа, т.е. со кучиња, гуски, биволи, магариња, мазги, коњи, чавки, кози и овци. Што се однесу-
ва до биволите со бели очи, тие се мрзливи и брутални. Кога пристигнав, анот беше преполн. Бегот на Тирана со неговата придружба беше дојден. Едноставноста е животно правило за албанските високи личности. Тие мирно седеа на рогозина и пушеа додека нивните придружници скокаа и викаа со страшна енергија, а потоа се веселеа проследувајќи се со една од нивните мелодии до доцните часови. Навечер се завиткуваа во нивните палта и така спиеја. Отсега го прифатив фесот бидејќи, покрај овој муслимански знак на главата, не е важно што ќе ставиш друго на себе. 24 септември
Тогашна обична машка носија
Ветерот дуваше низ пукнатините на мојата соба и студот изгледа им пречеше на моите соседи патките да спијат помирно од мене. Не можам да разберам зошто овие домашни животпи беа сместени на првиот кат? Петнаесетина од нив ги пикаа нивните глави низ отворите на ѕидот и одма-рајќи се вака на мојот душек и перница, тие комично ме гледаа и како да сакаа да сум
од јачмен или леќа. Охридскиот плоштад 1848г. Иако бевме спремни во пет часот наутро, нашиот гаваз се уште не беше подготвен и веќе беше шест часот кога ни се придружи, облечени во гримизно заедно се упативме кон земјата на „си-ромаштијата, срамежливите, очајните и одвратните луѓе, без памет, без ништо» како што Горѓи ги нарена секоја тукашна провинција) нокуваше Албанците. Напуштајќи ги пространите околи- сеа бели и розови фустани, наместо ни забележавме како една група Ци- црни и црвени. Атмосферата на пагани, вработени од Шериф-бег одеа зарот беше пријатна .. « на работа. Овој народ е многуброен Целта не ни беше во Албанија и тој веднаш се разли- кува по неговата карактеристична толку да пишуваме за Охрид, ами физиономија како и по темниот тен, да обнародиме само неколку од за разлика од нивните домородци бројните илустрации што ги оставил кои повеќето се бели и со руси коси. Едвард Лир да сведочат за едно вреНашот пат водеше на запад, долж ме од долгата историја на нашата крајбрежјето на сребреното езеро, `таткојна`. Инаку Едвард Лир , и сами моментално мирно и сјајно поради се уверивте, бил исклучителен илусончевото утро. Високо во воздухот стратор со истенчен осет за цртеж леташе еден сокол, или некој орел и акварел, па затоа не е ни чудно колебајќи се над едно јато црни шат- што повремено бил ангажиран и од ки што се собираа заедно, исплаше- британскиот кралски двор да ја пони. Секоја од нив се построи во пра- дучува и самата кралица Викторија ва линија и сите истовремено се во тајните на цртежот и сликарствоспуштија во водата додека крадецот то. Тој проживеал 76 години, пресе спушташе да нападне. Видов три тежно болешливи и со нарушено вида вакви борби, но не знаев дека здравје затоа и сиот живот го мипостојаните набљудувачи, кладејќи нал како ерген. Животот го окончал во 1888 во Сан Ремо, Италија а се, печалеа доста со ваквите сцени. Околу 8 часот пристигаав- зад себе оставил голем број дневниме во Струга, сликовито гратче не- ци, патеписи, писма до пријатели...и далеку од излезот на реката Дрим безброј најразлични илустрации од и сите жени тука (со истиот каприц кои еден мал и скромен дел ви приили љубов според разновидно- кажавме и на овие страници. ста што ја карактеризира облеката Владо Жура
25
На кафе Локалсо... Драган Мијалковски - естраден уметник
Кога исчезнаа условите за професионализам јас делумно се повлеков од сцената Музика за сите времиња, композиции со душа, отпеани од моќен глас кој одлично се “снаоѓа“ и тогаш кога на широк простор озвучувањето е слабо. Токму поради овие квалитети песните што Драган Мијалковски ги отпеа а кои веќе се евергрини:“223 305“, “Кажи ми“, “Кажи нешто драга“, “Дали помниш една пролет“, “Гитаро моја“ и други, и денес ги слушаат младите по дискотеките и кафулињата, а припадниците на повозрасната генерација преку нив се враќаат во деновите на својата младост. “На естрадата се што можев да сторам во професионализмот го направив а потоа без разлика на тоа што можеби некои работи изгледаат од страна како испуштени, недоречени или неискористени сето тоа е релативно. Можете да имате непрекината кариера, постојано да вадите нови албуми, спотови,концерти, турнеи, но на крајот на краиштата која е смислата на некое битисување на некое постоење. Кога си професионалец влогот е многу голем тогаш се си подредил на тоа па дури и семејството. И, ако семејството трпи барем да трпи за нешто, да има некој друг фит- бег некоја друга сатисфакција. Во мојот случај немаше потреба од претерано експонирање“, открива за “Охридските Новини“, Драган Мијалковски. “За мене не е битно да останам како ѕвезда по секоја цена . За мене е битно да ја негувам музиката на секое место и во енормно тешки услови“, додава тој. 16
Вокал на сите времиња. Музичар со најдобри гласовни можности не само во Македонија туку и во бившите југословенски простори. Вие бевте еден од ретките Македонци кој започна и успешна интернационална кариера во 70-те години од минатиот век. И токму кога бевте на врвот , неочекувано како да се повлековте од музичката сцена. Зошто го сторивте тоа кога денес можевте да имате кариера и подобра од онаа што ја има Здравко Чолиќ? - Па да, на некаков начин може да се каже дека јас се повлеков, иако не е повлекување ако работиш на еден дел од естрадата на пример на живите настапи и свирки. Јас не сум прекинал да музицирам ниту една седмица а камо ли еден месец или година. Она што се повлеков е само исклучиво од продуцирањето нова музика. Значи прекинав да создавам нова музика. Бидејќи пазарот се стесни направив некои пресметки во кои што влогот не можеше да се ревалоризира. Значи едноставно создадов некои други свои приоритети пред се семејните. Тоа подразбираше помагањето на синот и
ќерката околу нивното школување, дошколување или определување на нивната професија, значи настојував да имам поголемо присуство околу нив. Друг мој крупен чекор што го направив беше напуштање на професионализмот и редовно вработување. Значи јас наместо професионалец како слободен уметник, се определив да се приклучам кон оние кои секој ден одат на работа односно имаат одредено работно време. Иако мојата работа е таква да и саботи и недели и празници и делници ги работиме. Имено работам во Детски Културен Центар “Карпош“, веќе 27 години така што не жалам ништо што сум испланирал, презел или реализирал во тој поглед бидејќи на некој начин на естрадата се што можев да сторам во професионализмот го направив а потоа без разлика на тоа што можеби некои работи изгледаат од страна како испуштени, недоречени или неискористени сето тоа е релативно. Можете да имате непрекината кариера постојано со албуми, со спотови, концерти, турнеи но на крајот на краиштата која е смислата на некое битисување, некое постоење. Реков, влогот е мно-
На кафе со... гу голем кога си професионалец тогаш се си подредил на тоа па дури и семејството. И ако семејството трпи барем да трпи за нешто, да има некој друг фит бег, некоја друга сатисфакција. Во мојот случај немаше потреба од претерано експонирање. Немаше потреба од премногу настојчиво останување на врвот на топ листите на естрадата и на сето тоа бидејќи на помал простор кај нас ништо не значи дури на некој начин е неблагодарно да бидеш постојано на врвот. Нека се порадуваат и другите колеги на тоа. На крајот на краиштата секоја генерација, секоја публика си создава свои идоли. Ако едно време јас бев производ на една, две или три генерации кои што во тоа време создаваа такви некои имиња како што бев јас, тоа не значи дека и наредните генерации ќе го прифатеа тоа. Можеби ќе прифатеа нешто од мојот репертоар, но сепак тие мора да имаат свои ѕвезди и идоли во кои ќе бараат своја идентификација, односно ќе им порачаат нешто тие да создадат во својот репертоар што би било поблиско на времето кое го живеат. Јас тоа многу добро го знам бидејќи работев во медиум , во Македонска Радио Телевизија во забавна програма на Радио Скопје и тоа во едно златно време на Ѓоко Георгиев кога се емитуваа “Три Гонга“, скопските и други големи ЈУ- фестивали. Како што кажавте јас многу пошироко од Македонија од бивша Југославија се експонирав. Имав и интернационални турнеи, патувања, гостувања, на тоа време настапував на светски фестивали и сразмерно на учеството имав многу високи пласмани прво, второ место...така некако котирав.
кои сега се евергрини: “223 305“, “Кажи нешто драга“, “Кажи ми“, “Гитаро моја“,му се познати на речиси секој човек. Пазарот има потреба од нешто ново создадено од Ваша страна. Зошто не можеме да слушнеме нова песна што Вие ќе ја отпеете? Ќе се согласите со мене дека народот има потреба од Ваша песна, албум или издадено CD. - Не е спорно дека на пазарот недостига нешто од мене. Јас на пример се што имав на времето, тоа беа грамофонските плочи од графитни изданија. Кога се појавија касетите во касетните продукции имаше некои планови и предлози меѓутоа не излезе ниту едно мое касетно издание. Потоа дојдоа дигиталните и CD дискови па дури и видео материјали. Јас од многу проста, едноставна причина сето тоа не го работев бидејќи како инвеститор и продуцент требаше самиот да си се појавувам а пиратеријата беше многу побрза, помоќна и побезобразна од сите тие чесни и искрени инвеститори кои што би можеле да работат на такво нешто, на тој план. Така што ме обесхрабрија. Едноставно ми покажаа дека нема потреба за нив нешто да направам па тие потоа со тоа наваму- натаму да трчаат, на некој начин да го обезвреднат некој труд , албум,CD . А јас со надеж дека тој проблем ќе се среди си ви-
кав себе си, “Ај ќе биде до година“, “Ај ќе биде до година“. Со навистина надеж дека сето тоа ќе се среди јас активно работев во Здруженијата на автори, Здруженијата за заштита на авторските права, Здруженија на естрадни работници и тоа полека, полека со време и тој кворум на интерес во смисла да се средат работите се намалуваше. Јас немав поддржувачи, немав со кого сето тоа на некој начин да го обелоденам во смисла еве да се легализираат. Сакаат луѓето да се занимаваат со продажба на музички материјали како што има легални продавници и тие можат да се легализираат на некој начин, но не дојде до тоа. Полека времето си ги покажа работите. Денеска многу ретко се појавувате на крупни културни манифестации од типот на фестивали. Неодамна на задоволство од многумина се појавивте на фестивалот на македонски евергрини што се одржа во Универзалната сала во Скопје. -Навистина, многу, многу ретко се појавувам и тоа само на некои фестивали бидејќи едноставно не се поврза тој евергрин стил во музиката. Многу малку останавме од тој тип на интерпретатори дел од нив се иселија во соседните земји. Едноставно овде останаа многу мал-
ку изведувачи кои пееја песни од тој тип. Каде лежи проблемот, во денешните изведувачи или во музиката што тие ја изведуваат? Зошто денес немаме музичари- ѕвезди како што сте биле Вие,потоа Маја Оџаклиеска, Зафир Хаџиманов. Од помладата генерација музичари го имавме само Тоше Проески но за жал го изгубивме. Зошто денес другите музичари не можат да остават белег зад себе? - Нема никаков проблем. Денес има многу повеќе музичари, многу повеќе автори, интерпретатори, студија. Денес има многу повеќе можности да се објави било што. Проблемот е во тоа што она што ќе се објави не може да биде контролирано како објавувач односно произведувач на тоа. За мене е многу заморна и непотребна трката по спонзори и други пропратни работи за објавување на некој материјал. Самиот материјал објавен со спонзори е голем проблем за тие спонзори. Тие немаат ништо повратно од тоа добиваат само многу мал маркетинг . На многу малку од нив изведувачите ќе им кажат “благодарам што ми помогнавте“. А сите решенија се наоѓаат на пазарот. Ако на пазарот успееш да продадеш карти за концертот , на пример максимум ги наполниш сите
Задоволен сум и тогаш кога добивката е помала , зошто опстојувањето е нешто далеку побитно од добивка
Кој период од Вашата кариера беше, златен, најплоден на музички план? - Тоа беше помеѓу 1972 и 80 година. Тие 7-8 години ми беа најуспешни. Практично тогаш се случи тоа со најголемите награди, турнеи, најголемите телевизиски и фестивалски настапи па и најголемиот број на снимени композиции. Јас цело време работам и како кант автор. Значи не сум исклучиво предодреден да добивам материјали или за мене да се грижат менаџери или некои групи на продуценти и автори туку со сите сум соработувал и како коавтор сум се појавувал со многу големи авторски имиња. Како некогаш така и сега публиката ве обожава. Вашата музика ја сакаат и припадниците на постарата и на помладата генерација. Песните што Вие ги отпеавте а
17
На кафе со... сали низ Македонија, ако го продадеш сиот тираж, односно се што си отпечатил секако во смисла на тоа, да продадеш во легални продавници, тогаш ќе се види реално кој навистина е хит мејкер, кој навистина е најценет и најкомерцијален и кој стил која музика луѓето најповеќе ја купуваат односно ја гледаат на концерти. Се друго е некоја мешавина. Се случуваат промотивни концерти. Никој не знае што ќе биде на тие концерти, што ќе биде изведено и на нив најчесто луѓето делат гратис билети за да соберат поголема потенцијална публика која евентуално утре би дошла повторно на концерт и би ја слушала таа музика. Но многу од луѓето кои ќе дојдат на таков промотивен концерт или ревија никогаш понатаму не се интересираат за тоа што го направил тој музичар или група. Тоа е многу непријатна ситуација. За мене промотивен концерт не значи ништо, за мене значи промотивна турнеја. Промотивна турнеја има некакво значење. Јас повторно се враќам на комерцијалата. Промотивна турнеја да, ако веруваат во тебе во она што во минатото си го создавал како квалитет па сега да речеш имам нов албум , нова музика па повелете на турнеја. Ако ги продадеш сите влезни билети без притоа да делиш гратиси тогаш станува збор за супер ѕвезда, супер екипа, супер производи. И дури некој навистина да направи нешто квалитетно и да каже дека ќе направи промотивна
турнеја многу е големо прашањето дали ќе има публика бидејќи ние на некој начин ја оддалечивме публиката од концертните сали од трката по тиражи. На пример еве , нечии обожаватели да одат во музичка продавница и да купат CD од некого во смисла на тоа не само истото да го имаат дома туку да му помогнат на музичарот да биде водечки во тиражите .Ние немаме вистинска слика на тоа што е тираж, што е концерт па дури многу е видливо дека еден добар, добар дел од публика не знае ни да се однесува на концерт. Да седне во сала и да одгледа концерт. Многумина мислат дека на концерт треба да скокаат, рипаат или џускаат и да има галама односно “гламур“од тој тип каде се и сешто ќе се претури каде нема никаква содржина, односно има се друго само музика не. Повторно ве прашувам, има ли добри вокали во Македонија денес? - Јас кажав, има и автори и вокали и музичари и студија можеби и подобри од ние какви што сме биле некогаш ,само не се доволно добро спакувани, не се добро експонирани и не можат сето тоа да го валоризираат. Не можат да се проверат. Не е ништо тоа ако видите дека е еден пејач е добро измиксан и пуштен со студиска снимка а потоа кога ќе го слушнете во живо сфаќате дека е далеку од тоа. Значи тој пејач не може односно не е
моќен, во живо не може да издржи да го отпее истото она што го отпеал во студио без да фалшира. Многу малку од групите можат да го отсвират она што во студио е снимено автентично и точно. Кога слушате нешто во живо тоа треба да биде многу верно на оригиналот. Во живо да звучи исто како што во студио е направено а кажете кој поседува таква моќ на технологија, техника, озвучувања, светла и сето тоа? За жал многу малку ,го нема . Музичката група “Леб и сол“ кога почнуваше на времето да свири во Македонија прво што бараа и замолуваа и на некој начин добија, беше да имаат квалитетен превоз и озвучување. До негде во почетокот тоа успејаа да го направат секако колку што им дозволија техничките и финансиски можности од нивните спонзори меѓутоа подоцна сето тоа на некој начин малку исчезна па имаа среќа да ја користат и техниката од земјите каде настапуваа. Зборот ми е, ние немаме фирма или фабрика или ансамбл кој го поседува сето тоа. Кај нас ниту има солист од мој тип кој го поседува сето тоа. Солисти од мој калибар од мое ниво во светот си имаат свој ансамбл, озвучување, свој превозен парк или студио. Можеби и повеќе од тоа. Јас имав намери да инвестирам и во медиум и во техника. Денес и имам некоја своја техника но сето тоа е во помала моќ и снага бидејќи не е можно сам да го направиш сето тоа .Тоа мора да бидат поголеми еки-
Јас се определив за професионализам. Кога на професионализмот не можеше да се одговори јас се повлеков 18
пи. Многу пријатели, музичари кои што ги понудив да учествуваат во нешто такво, заедно да бидеме 5, 6 -10 луѓе, за жал ни еден од нив не издржа да го направи тоа со мене. Ниту еден од нив а камо ли 5-мина или 10-мина, не влегоа со мене како соинвеститори. Јас и сам успевав колку толку да имам нешто. Имав комбе со девет седишта за ансамбл. Имам неколку озвучувања, клавијатури, синтисајзери, гитари и во живо си функционирам си работам во помали клубови. Јас никогаш немам проблем да настапам на стадион, плоштад, на големи ревии за тоа сум природно предиспониран затоа што имам моќен вокал па дури и послабо озвучување да има јас ќе се извлечам со јачината на мојот глас. Мислите ли дека годиниве наназад она што ви недостигаше беше менаџер, човек кој се умее добро да организира? - Не, не се е тоа взаемно поврзано. И менаџирање и продуцирање и авторски и менаџерски и дискофилски. Сето тоа комплетно појавување е ограничено од малиот пазар, малиот фит бег. Влогот не може да го реализирате на пазарот во оваа состојба а на поголем пазар ситуацијата е поинаква. Но, јас не се определив да опстојам и да работам на таков некаков пазар кој мене не ми беше дефиниран кога дојде и до транзиции и т н... Во која смисла дефиниран? Па не можам јас да живеам на едно место а половина од патиштата беа блокирани. Прво не можеш да патуваш а потоа ти се потребни 300 различни документи, визи. Јас имам колеги дел од нив пријатели кои имаа тешки маки со тоа. И јас сум патувал многу и сум имал ситуации кога за еден ден ако не ти полета авионот од една дестинација на друга во друг континент а пасошот твој не важи односно не го прифаќаат во некоја земја, каде ќе останеш ти? Во кој транзит ќе се најдеш? Има такви ситуации кои не се интересни, но се битни за професионализмот. Пред настапот мора да предвидиш како ќе патуваш, со кого, со какви компании , колку време и каде ќе престојуваш, кој стои зад тоа. Работата не е до менаџерите. Кој менаџер може мене да ме протне ако се појават проблематични работи, нема шанси. Практично, од она што било можно јас сум го направил максимумот. Од она што било непотребно, излишно јас сум го презел ризикот. Треба човек да жали ако навистина искрени почитувачи останале ускратени за нова музика, за нови изданија. Но, кој може
На кафе со... Репортажа
Во жанрот и во д ушата останав ка ко музичар а интерпретација та само ја надград ував.
да ги утеши сите луѓе кои што и многу други работи изгубиле? И мене ми е најбитно како екипите функционирале. Дали функционирале? Ако екипите не функционирале дали јас сум бил способен сам да опстојувам што прво е најнеблагодарно. На крај памет е човек да рече “јас сам ќе играм фудбал“. Не може мора со 11 луѓе да се игра играта. Меѓутоа, ако поради егзистенција, поради влогот што во младоста некој го жртвувал мора да си оди, да замине, тој заминува и продолжува со реализирање на своите амбиции на некој друг план. Јас се определив за професионализам. Кога на професионализмот не можеше да се одговори во вистинска смисла гледано како бизнисмен а немав потреба и намера било што да менувам, место на живеење, да го селам семејството. Зашто за мене не е битно да останам како не знам каква ѕвезда по секоја цена. За мене е битно да ја негувам музиката на секое место и во енормно најтешки услови, јас се однесувам исто како да се наоѓам на светската сцена. Одам во некое село во Македонија ,на луѓето со години не им дошол некој. Велат немаме сала, немаме средства. Јас носам со себе се што имам. Им правам концерт и забава а тие велат “многу Ви благодариме, што да Ви кажеме пресреќни сме“, и едноставно мене тоа ме прави задоволен. Исто ако сум разбрал за некоја хуманитар-
на организација или која има добра основа, поткованост, сака нешто да и се помогне со тоа што можам помагам, и навистина тоа ме прави задоволен. И тогаш кога добивката е помала јас сум задоволен, за мене е побитно опстојувањето. Има време за добивки. Дај Боже да се поправат многу работи сите ќе добијат. Кога сите добиваат такви како мене има со лопати да ги ринеш. Каде се наоѓате себе си повеќе во забавната или во народната музика. Едно е јасно, и народните песни што Вие ги отпеавте од типот на “Дојди Ленче на перниче бело“ станаа евергрини.... - Јас сум точно генерација на времето на појавата на бит музиката, тогаш така ја нарекувавме иако рокен ролот пред тоа беше. Но поврзани, бит музиката и рокен ролот создаваат еден тип на музичари, еден посебен стил на некој поп шлагер. Тоа беа групи предводени од Bitalsi, Roling stouns, Animals, Елвис Присли, Елтон Џон, Том Џонс. Во тој контекст јас се изградив во таков човек, во таква личност и забавната музика ми е специјалност. Народната е предодредена, според мене не може некој да се смета за музичар ако народното го нема во себе или не го почитува. Зошто? Затоа што најголемите вредности дури многу поголеми од она што ние го создаваме во забавната ги
имаме во народната музика. Воопшто музиката во светот преку класика, преку џез е школа од која црпиш инспирација. Јас можам да влезам и во класиката и во многу други музички жанрови затоа што учев во музичко училиште, почнав да свирам виолина како мал, свирам гитари, клавијатури тоа што пеам е она што најмалку го правам во музиката. Значи, создавам, творам цело време и во фолк и во забавна а и во музиката за деца. Сум компонирал за детските фестивали: “Златно славејче“, “Супер ѕвезда“. Значи секој ден сум комплетно опкружен со музиката. Се што е убаво ако на убав начин е донесено е музика која може да биде примена. Дури ќе ја примат и оние што не ти го разбираат јазикот. Енергијата, емоцијата на музиката ја добиваат и луѓе за кои не е разбирлив јазикот на кој таа песна е отпеана. Тоа се вика сугестивен пренос на емоциите. Значи кога создава некој автор мора на некој начин да ги вгради своите емоции, сензибилитет, енергија. И кога на тој начин ќе ја пласира, таа останува трајно во светската антологија на музиката. Од џез музиката кај нас би ги издвоил браќата Тавитијан , а од класичарите Симон Трпчески како изведувач. Сакам да кажам во светската баштина на музички план постојат веќе вградени, втемелени македонски вредности. Јас не сум во позиција тоа да го тврдам но сум
сведок дека тоа се втемелува. Секогаш велам, ако може друг, ако може во друг регион на светот да го прави, тогаш зошто да не можам и јас да го правам. Или зар не можам јас? До толку не ме бива? Не би требало, ако нешто не е во ред, дај да видам во што е работава па да го тоа совладам и во таа смисла постојано се надградувам. Значи, нештата така ги разбирам и нема повлекување. Не можете да речете добро до тука е моето и јас не можам да се мешам. Едноставно сакам и како Македонец да го имам тоа чувство дека може да се достигнат такви вредности какви што нам некои ни изгледаат недостижни. Не сум единствен со вакви ставови има луѓе и во други општествени области. Па колку нештото ќе се вреднува не е битно, битно е чувството да го имаш кај себе како такво. Кога ќе го премотате филмот назад можете ли да се сетите на моментот кога прв пат застанавте на сцена и јавно запеавте. Кој го откри вашиот талент? - Микрофонот нема блага врска со музичкото во мене. Јас бев надарен за многу уметности. Некои мислеа дека ќе се запишам на ликовна школа, бев доста по литература, бев член на литературна на драмска секција, учествував во школскиот оркестар. Јас до мојата 18-19-та година повеќе
29
На кафе со... се сметав за музичар во музика и не сум имал никаква желба или потреба како интерпретатор да се експонирам. Тоа со интерпретацијата дојде сосема случајно. Дури свирев во групи во кои што имавме пејачи- солисти а јас бев само пратечки вокал. Но полека сама по себе си дојде мојата интерпретација. Се појавив со некои мои композиции во емисиите на МТВ. Јас во жанрот и во душата останав како музичар а интерпретацијата само ја надградував. И денес исто така повеќе уживам кога се се` случува а најмалку од тоа ми е битно пеењето. Самото пеење е еден дел од една композиција. Многу нешта се случуваат во една композиција. Имаш аранжмани, хармонија, создавани текстови. Интерпретацијата е иста како еден добар музичар што ќе отсвири нешто добро, интерпретаторот тоа ќе го отпее. Јас сакам да нагласам дека важно е она што ќе го создадам или што можеме да го создадеме како тоа ќе биде инкорпорирано во сеопштото, наше, европско, светско. Нормално не сме совршени, многу пропусти се прават. Се си носи времето јас сум интерпретирал, песни наши или светски кои што биле така создадени од време па можеби не биле довршени или тогаш совршени па сега изгледаат како многу интересни. Се е тоа релативно. Во семејство на уметник сигурно дека се негува уметноста. Покажуваат ли склоност кон музиката синот Дарко и ќерката Искра? - И синот и ќерката учеа нижо музичко, свиреа и денес свират клавир. Дарко во Средно Музичко Училиште свиреше и труба. Тој повеќе се разви како телевизиски продуцент, менаџер и произведувач на емисии, повеќе ги разви тие негови организаторски способности иако во секое време може да седне да музицира. Со мене свирел на клавијатури заедно во летно време сме имале настапи покрај море. Но, самиот тој не е предодреден со музика да се занимава. Ќерка ми Искра е професорка по англиски и италијански јазик. Инаку и двајцата се исклучително надарени што не е чудно. Што е она што во моментов ве преокупира? - Ништо посебно, се е кај мене некако поврзано. Работата ми е со деца, во детска установа од нив црпам некоја енергија, инспирација. Тоа се многу генерации на дечиња кои поминуваат низ Детскиот Културен Центар во кој работам. Се кај нас е поврзано со деца и синот и ќерката
20
работат со дечиња. Практично ние сме дечари и она што на некој на чин ме преокупира е како да останам дете кога од друга страна ме притискаат да бидам многу сериозен. Најубаво ми е кога со смеа, шала и со онаа детска наивност и невиност си течат работите и кога низ игра, трудот што го вложуваме малку полесно го поднесуваме. Значи за да опстои човек вложувајќи напори во сферата за егзистенција, колку повеќе се однесува како дете толку полесно ќе го совладува тој напор. И од рано наутро до доц-
да ми дадете нешто што сте направиле ако најдам простор во него да се надгради, да се разубави, возвиши со задоволство тоа го правам. И многу надградби така сум направил па на тој начин можеби и останало нешто од тоа, така повеќе генерации да бараат кај мене уште нешто вредно.
на вечер кај мене се е поврзано со музика, претстави, манифестации, гостувања ,снимања. Јас сум и текстописец на многу композиции изведени од наши музичари. Да имавме појака индустрија тоа би го работел многу повидливо. Вака многумина немаат поим дека со тоа се занимавам, бидејќи јас и не настојувам сето тоа да го експонирам, тоа -творештвото да ми биде главна професија. Јас се однесувам како да ми е главна професија ама на сакам тоа така да го експонирам. Доволно ми е тоа јас да го надградам, еве Вие
миот човек, односно ако не се менуваме себеси. Најбитно е секој поединец да си процени дали има потреба од некакви промени и ако почнува треба да почнува од себе. Ако како изменет поминал добро со нешто тогаш се е во ред. Катастрофа би се случила доколку се би менувале околу себе а не би се промениле себе си. Тогаш би имало расчекор на нештата.
Кога би имале волшебна моќ би промениле ли нешто околу себе, во својот живот? - За менување на нештата не може да се зборува ако не се менува са-
Може ли според Вас, денес добро да се живее од музика? - Се живее од музика само на некој
начин институционално, барем во наши услови. Тоа значи покрај со музика да се занимавате и со некоја друга професија поврзана со уметност . Инаку професионално јас живеев и добро се живееше, но исклучиво по правила. Ако се нарушат правилата, кодексот и одредени севкупни односи во некоја бранша на некој пазар тогаш нема опции. Не може да се опстојува. Професионализмот бара почитување на строги правила и тој носи општа полза за сите само ако постојат такви правила во кои тие најталентираните, најупорните и најхрабрите инвеститори (оние кои се спремни да инвестираат) врз база на одредени правила може да егзистираат. Ако тие правила се нарушени , не можат музичарите да егзистираат од музиката без разлика на инвестицијата која во таков случај пропаѓа. Така талентот се топи, се губи. Имаме многу луѓе кои едноставно седат дома неискористени, неисползувани, две ноти не им се испорачани. А има и авангарда меѓу нив, значи луѓе за кои јас знам дека се авангарда во европски и светски рамки, само не се добро инкорпорирани бидејќи не е создадена индустријата на шоу бизнисот кај нас. Кај нас има само мали, овде- онде растурени светулки и “ова е шоу“, за мене тоа не е шоу, “ова е модна ревија“, јас велам дека не е модна ревија “ова е невиден спектакл “,јас кажувам жалам ама не е. Ако јас сам отпатувам некаде во ред, вака –така ќе пројдам некако. Но, како десет мина тоа да го направиме и при тоа никој од тие десет мина да не се пожали. И ако сега тргнете на пат девет мина од тие десет ќе негодуваат и кој ќе биде тој еден што ќе молчи. Тој што се зафркнал во смисла на верувал и инвестирал во нив. Реков на терен не се почитуваат правила иако има закони во одредени културни области. Постојат правила кои се уште не се доволно разработени и инкорпорирани а прифатени од мнозинството луѓе кои условно сакаат да се бават со шоу бизнис. Е па ако сакаш да се занимаваш со шоу бизнис работи го тоа, биди си слободен уметник. Ако сакаш на некаков друг начин да егзистираш, како што сум јас вработен, тогаш молчи си и терај си ја работата, тогаш си аматер. Јас сум аматер и уште 100 души се аматери, тогаш кој е професионалец? Тоа се малкумина или ги нема. Или истите работат во во земји каде професионализмот си има свој кодекс, каде сите 100- мина таму се професионалци. Во тоа е поентата.
Наша гордост
21
Наша гордост Старото Кино “Охридско Езеро“
Во старото кино се негуваше филмот доживеан како уметност !
Б
еа тоа времиња , кога празник беше да се оди на кино. Свечено облечени сите членови од семејството одеа да ја изгледаат филмската претстава да си поприкажуваат за неа и ден –два подоцна повторно да дојдат на кино за да си седнат на местата на кои по обичај си седнувале, но овој пат да гледаат нов филм. На кино се раѓале првите големи љубови кога момчето на девојката тука во “темници“и ги кажувал симпатиите што ги имал кон неа. Беа тоа времиња кога со нетрпение се чекаше во редица пред вратата на првото охридско кино“Охридско Езеро“, чичко Димче да го скине влезните билети од гледачите за тие брзо да влезат внатре, зошто од преголема гужва се случувало да нема место за сите посетители па дел од нив останувале надвор и преку звучникот поставен од надворешната страна ја слушале музиката и гласовите на актерите. Беа тоа времиња кога војниците организирано секој викенд во неделата одеа на кино. Беа тоа времиња на препородот на филмската уметност кога претставите се гледале не само за да се избегне дождот кој врне надвор или да се пошегуваш со пријателите, туку се одело на кино од љубов кон филмот доживеан како уметност. Денес нема ништо од старите времиња, денес се затворени портите на старото охридско кино а со тоа “се затвори“ и интересот да се оди на кино. Колку ќе успеат напорите на директорот на филмскиот фонд на Македонија Петар Башевски Владата не да изгради нови 35 кино сали како што изгради спортски сали туку постоечките кино сали и културни центри да ги прилагоди и оспособи за прикажување филмови ќе покаже времето. Дали неговата иницијатива за заживување на старите кино сали реално ќе се спроведе ќе видиме. Ако земеме во предвид дека минатава година во Македонија се снимени седум играни филмови прашање е каде тие филмови би се прикажале кога во државава нема доволен број кино сали за прикажување.
22
Наша гордост
Иако некои ја побиваат вистината “Однесена со виорот“ е најгледаниот филм на сите времиња
Во Скопје на пример добро работат само три кина: Рамстор , Милениум и Фросина. Во Гостивар приватно лице направил две кино сали што е преседан. Порано имаше обид во Ресен да се направи приватно кино но обидот не успеа. Некој се сетил да вложи во таа работа. Ако успее идејата на Башевски да се реставрираат 35 кино сали низ Македонија тоа би било добро. Луѓето кога тогаш мора да се вратат во киното затоа што се виде дека прикажувањето на филм на компјутер или на телевизор не е исто како на кино. За златните времиња на првото охридско кино “Охридско Езеро“ни раскажа прожекторот во старото кино и еден од последните живи мохиканци,Димче Димоски. “ Првото охридско кино “Охридско Езеро“ започна со работа непосредно по завршувањето на Втората Светска Војна. Првата кино претстава беше прикажана во 1945 година .Во 1953 година се вработив во киното и паралелно учев. Во тоа време одев на курсеви за прожектирање во Белград и Љубљана. Еден курс траеше по пет шест месеци во годината. Целото изучување на занаетот беше неколку години. Во 1957 година заминав да го отслужувам воениот рок. Од таа година до моето пензионирање во 1993 јас бев во непрекинат работен однос во киното.
По ослободувањето бев првиот ученик во Охрид што заврши курсеви за прожектирање а многу научив и од тогашниот директор Станко Паункоски. Вкупно бевме вработени пет души, значи покрај Паунковски кој беше не само директор туку и газда на киното , работеа Наум Вероски- благајник, Димче кинеше карти и чистеше, а во горниот дел од објектот работевме јас и директорот Станко Пауноски како прожектори. Киното беше “ужас“ но сите вработени се грижевме за него и секој од нас го вложуваше својот максимум тоа да работи беспрекорно и добро. Киното на тоа време вредеше злато. Ние како колегиум бевме доста сложни не се каравме меѓусебно и не настојувавме да си наштетиме едени на други. Интересен беше начинот на кој го имавме регулирано проблемот со греењето на просториите. Празните буриња од нафта ги полневме со пилевина која ја потпалувавме. На горниот дел од бурето печевме костени, правевме пуканки, па тука ќе “паднеа“ и меѓусебните мајтапи и задевања, навистина убаво живеевме. Во киното водевме строга евиденција кој филм од кога до кога игра, колку претстави се одржале, кои се главни улоги и колку посетители го виделе филмот. Врз основа на тие податоци осознававме кои филмови се најгледани .Ние немавме определе-
но работно време. Колку што имавме посетители толку претстави прикажувавме. Утрото го припремавме филмот , ги чистевме апаратите. Цел ден бевме на работа. Работевме не двократно туку трократно“, присетувајќи се на старото време раскажува Димоски. Луѓето најчесто оделе во кино во недела а претставите се прикажувале во 15, 17 и 19 часот. Од 15 до 17 часот на кино оделе и војниците обично во недела. Од нив вработените имале најголема заработувачка затоа што нивното доаѓање било групно, односно биле многумина. Филмовите кои се емитувале во 15 часот ги викале семејни. Цело семејство одело на кино и секогаш сите си седнувале на исто место. Во недела со почеток во 10 часот се прикажувало “Кино Утро“ и цртани филмови. “Киното работеше од утро до мрак и постојано беше полно со гледачи па дури и претесно за нив затоа што имаше капацитет од само 200 седишта. Кога се прикажуваа индиските филмови посетеноста беше огромна. Тогаш една камера пуштавме надвор пред киното а преку звучникот насобраниот народ гледаше филм и се радуваше на убавата музика. Во тоа време сите одеа на кино затоа што тогаш и немаше некој друг вид забава. Најгледани беа индиските филмови и од нив остварувавме најголем
профит а по нив следеа вестерн филмовите. Се прикажуваа и руски филмови. Условите за работа беа тешки. Ние работевме со електроди кои согоруваа и беа штетни за здравјето. Филмовите ги набавуваме од Белград. Беше ризично да се работи со тие филмови затоа што беа стари, таму каде беа оштетени ги лепевме со ацетон. Па кога лентата ќе се скинеше правевме паузи во емитувањето на филмот. На почетокот работевме со една апаратура со околу пет минутна пауза во прикажувањето на филмот. Во паузата се менуваше еден филм во должина од 2 800 до 3 000 метри. Филмот имаше ролни долги по 600 метри. Подоцна кога користевме два апарати тие работеа наизменично и затоа немаше пауза. Но во некои од кината ширум државата намерно се прикажуваше филм на еден апарат. Во времето од паузата додека се менуваа двете ленти гледачите се послужуваа со кафе, пуканки... Но доколку филмот се скинеше и навлезеше во горниот дел кај електродите тој беше лесно запалив. Ваков проблем со запаливост имавме претежно во летниот период. Со ваква опрема работевме најпрво во Варош на сцената кај Долни Сарај, потоа во Кино Бавчата. Условите за работа беа тешки, но ние работевме со волја и труд. Апаратурата што ја користевме беше застарена од марката “Сименс“,и таа денес се наоѓа во Музејот Македонија во Скопје. Потоа користевме опрема од “Искра“ која тогаш беше најдобра. Оваа апаратура беше доста бучна. Иако стававме слушалки сепак не можевме да се заштитиме од јачината на звукот, па затоа сите ние кои таму работевме имаме оштетен слух“, вели чичко Димче и додава дека по заминувањето на Станко Паункоски во пензија тој бил и раководител и набавувач на филмови. На почетокот сите филмови биле титлувани на српско- хрватски јазик но подоцна се донел нов закон со кој филмовите кои се прикажувале во Македонија морале да бидат преведувани на македонски јазик. На големи огласни табли поставени среде чаршија охриѓани се информирале кој филм е на репертоарот , во кој временски период ќе се прикажува и колку денови во неделата. Некогаш кога интересот за филмот бил голем се прикажувал и во 23 часот. Во 1958/9 година се изградил Домот за Кутура “Григор Прличев“ и двете кина паралелно работеле до 1989 година кога старото кино “Охридско Езеро“ било затворено за посетителите. Последен филм прикажан во старото кино бил филмот “Челичен
23
Наша гордост
Прожекторот Димче Димоски и последниот мохиканец од старото кино ни ја раскажа приказната за старите добри времиња
Триаголник “ кој на репертоарот бил од 14 до 16 септември 1989 година. Со промената на просториите се променил и системот на работа. “Ако дотогаш во старото кино ние сами си набавувавме и избиравме филмови, Домовите на Култура во југословенските републики со филмови се снабдуваа од еден добавувач назначен за таа работа. Значи ние од тогаш натака филмови почнавме да добиваме од “Македонија филм“ како што Хрватите се снабдуваа од “Кроација“. Но со претставништвата од другите републики бевме во постојан контакт и меѓусебна соработка. Во старото па и во новото кино имаше доволен избор филмови, а неделно се прикажуваа по четири филмови. Кога јас влегов во новото кино иницирав да се купи сараунд озвучување, и Домот да биде меѓу првите со такво озвучување, но за жал се разболев и работите останаа такви какви што се до денес, односно имаат само еден звучник и емитуваат моно сигнал. Во однос на техниката ние сме многу назад и тоа не ми се допаѓа. Опремата во денешното кино е доста стара датира од периодот на бивша Југославија. За жал во новото кино не се води сметка за обнова на опремата. И самиот ентериер во зградата не е обновен, теписоните откако се ставени не се променети, бината е таква каква што си беше и за жал таа кино сала никогаш не може да се затопли затоа што е многу голема“, истакнува Димоски. Според книгата за евиденција што од 1948 до 1957 година ја водел Директорот на старото кино, Станко Паункоски забележано е дека меѓу најгледаните биле вестерн филмовите, потоа филмовите со Тарзан, се мисли на повеќето негови делови “Тарзан и неговата другарка“, “Тар-
24
зан и Чита“. Според евиденцијата едни од најгледаните филмови биле “ Однесена со виорот “ со Вивиен Ли и Клер Гебал во главните улоги и филмот “Бал на вода“. Според книгата на евиденција што ја водел Пауноски а која денес е во сопственост на филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски во киното покрај другите се емитувале и филмовите: -“Големиот диктатор“ - 1948 година (иако многумина мислат дека тој не бил емитуван) -“Во планините на Југославија“1948 година (еден од првите македонски документарни филмови.) - филмскиот хит “Бал на вода“- 1951 година репризно прикажан во 1953 година... - “Горкиот ориз“ со Силвана Мангано во главните улоги- 1952 година - “Ана Каренина“ со Вивиен Ли, во главните улоги -1952 година. - “Големиот Карузо“,- 1952 година “Гола мамуза“- 1952 година. “Фросина“,првиот македонски филм во киното се прикажувал од 7 до 13 јули - 1952 година а репризно во месец октомври наредната година. “Бамби“ цртан филм -1952 година. “Дамбо “ цртан филм од Дизниленд 1953 година. “ Врати се мала Шибо“- 1954 година. - “Алиса во земјата на чудата“- 1955 година . -“Африканската кралица“ од Џон Хјустон - 1955 година. - “Далеку е сонцето“- 1955 година. “Филмот “Однесена од виорот“ се прикажуваше во два дела. Се даваа две карти залепени со лепило . Првата претстава на филмот се прикажуваше од 14 до 18 часот,а втората беше од 18 до 22 часот. На паузите гледачите излегуваа да здивнат да пуштат нозе за да продолжат да го гледаат вториот дел. Филмот беше прикажан во 50-те го-
Книгата за евиденција што ја водел Паункоски денес е сопственост на филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски
дини. Направи вистински бум, затоа се направи повторна негова редистрибуција. Оваа филмска приказна всушност се прикажуваше на секои десет години. “Однесена од виорот“ е најгледаниот филм на сите времиња. Повеќемина го оспоруваат овој факт и велат дека “Аватар“ е најгледаниот филм на сите времиња со најголема заработка. Тоа не е вистина затоа што кога ќе се пресмета инфлацијата на тоа што го има заработено “Однесена од Виорот “, тој е и понатака на првото место по гледаност . “Аватар“ според овие анализи е на третото место а на второто место по гледаност се уште е Титаник. За жал денес филмовите се ценат само по заработката а не по вистинските вредности“, вели Симјаноски. Голем пресврт во филмската индустрија направија Џорџ Лукас и Спилберк со компјутеризацијата. Денес сите снимаат пред некакво си платно каде што скокаат, пливаат и така натаму. После тоа 70 % од филмот се преработува на компјутер. Затоа филмот едноставно нема душа. Денеска филмските ѕвезди се одржуваат ако за нив се пишува најмногу во жолтиот печат, а многу малку за улогите што ги играат. Денес нема филмски ѕвезди од типот на Ава Гарнер или Елизабет Тејлор кои зрачеа со природна убавина. Денешниве се ѕвезди за една употреба. Денес е утре не. Денешниве се вештачки ѕвезди, со силикони, со скандали зад себе. Народот за жал како повеќе да се интересира за таа страна. И додека ние не знаеме буквално ништо за кино во смисла на културна институција, според еден податок во 2009 година во Германија заработката и посетеноста на кино се двојно поголеми во однос на претходната година.
Според Симјаноски на охридсково кино му фали едно убаво платно и сараунд техника односно добар звук. Секако добро би дошло и една нова опрема. Прашање е како да се врати публиката во киното секако тука се мисли на младите затоа што кај нив треба да се вроди идејата да стекнат навика да одат на кино. Тоа може да се направи со Кино Утрата на кои во недела наутро би се прикажувале само филмови за деца. Едноставно да се пројави интерес и желба за таква култура. Децата не треба да се тераат со сила да одат на кино туку да се поттикнат на тоа преку едукација, со разговори за филмот, со цел да се појави љубов кон киното. Денешното не одење на кино, многумина го оправдуваат на ваков начин “Не одиме на кино затоа што во салата за прикажување филмови е ладно“а вработените од институцијата велат “Не го пуштаме греење затоа што нема посетители“ е сега се поставува прашањето, Што е постаро, јајцето или кокошката ? Единствено решение во поглед на овој проблем е да се изградат мали сали со 100 -200 седишта максимум а филмот да се прикажува со убав сараунд , убава слика. Училиштето можеби е една од институциите која што преку едукацијата може да вроди чувство за љубов кон киното, а не со сила да се влегува во него. Младите мора да чувствуваат потреба да одат на кино, а не секое одење таму да го доживуваат како терет. За жал кај денешната младина се чувствува една голема празнина, има дупка во нивниот културен живот како последица од не посетување на киното.
Празнувања
definitivno don.com.mk www.
25
Репортажа
Венеција – бисер меѓу вода и небо!
Пишува: Антонио Ристески
К
онечно и јас ја видов и ја доживеав славната Венеција,бисер помеѓу морето и небото! Се наоѓа во прегратките на морето од сите страни,а таа самата е романтична,накитена и необична! Четири незаборавни денови во преубавата Венеција. Првиот ден кога стигнавме во Италија имавме разглед на Трст. Восхитени од убавините го издржавме ладниот ветар кој ни удираше “шлаканици од сите страни“. Трст е голем и убаво среден град. Среде зима кога навистина е ладно , Италијаните возат мотори, ги имаше стотина!Во овој град се задржавме само 2 часа и тргнавме кон следната дестинација Лидо Ди Јесоло,туристичко гратче кое живнува во летната сезона а во ова годишно време како се да заспало во него. Самото место има преку 200 хотели ако не и повеќе! Таа ноќ немавме снага за ништо друго, во 22
26
часот се препуштивме на добриот сон кој навистина ни беше потребен.. Хотелот во кој престојувавме беше мал со многу малечки соби, но привлечен објект за туристите затоа што беше подигнат на 50- тина метри од морето. Дента уживавме во кратката прошетка низ големата песочната плажата,на која во лето се случувале најлудите забави и журки организирани за бројните туристи. Јас би сакал да летувам на ова место а кога би се зела во предвид близината на Венеција, тоа би било навистина преубаво. Следното утро после појадокот беше организирана екскурзија до Фиренца, град на 280 км од Лидо ди Јесоло. Фиренца е една од најпознатите туристички локалитети во Италија и не случајно наречена град -музеј. Градот поседува неверојатни уметнички вредности како Уфици ,Понте Векио,галеријата Академија со можеби и нај импо-
зантниот Микеланџелов Давид,како и бројните пјаци – плоштади. Но за да се забележи правиот италијански дух треба да се побегне од самиот центар и да се навлезе во некоја уличка, е тогаш се е идеално кога во некое од уличните мали кафулиња ќе го почувствувате вкусот на јакото италијанско кафееспресо кое чини само 2 евра. Ако сакате истото да го платите поевтино ќе мора да го испиете стоејќи простум, “од на нога“. Тие мали локалитети можете да ги препознаете по локалните весници “растурени“на масите. Доколку се решите да седнете во некое кафуле сместено на некој од поголемите плоштади, ви препорачувам пред да нарачате нешто да погледнете во ценовникот, за потоа себе си да се поштедите од главоболки. Навистина цените за услугите на тие места се премногу високи. Градот е буквално споменик на отворено, воедно и како поголемиот дел од Италија. Катедрала-
та Санта Марија дел Фиоре е ремек дело само за себе, особено шарената фасада и куполата. Галеријата Уфици го оправдува сето тоа што се зборува за неа,сликите,статуите.... Тука е и живописниот мост Понте Векио под кој поминува жолтата река Фиуме Арно. Ни самиот не бев свесен колку Фиренца ќе ме фасцинира како град. Со водичот буквално го претрчавме центарот. И тогаш, чувствуваш дека остануваш без здив и очите широко ги отвораш посматрајќи ги монументалните градби. По обиколката имавме неколку часа слободно време па полека се вратив уште еднаш да разгледам се а добро ми дојде и пазарувањето. Утрото, после појадокот тргнавме за Венеција. Еден дел од патот го минавме со автобусот а потоа се качивме на мал брод кој не префрли до Венеција .Времето беше сончево. Не знам што да ви напишам за Венеција. Бев среќен што сум
Репортажа
Антонио во посета на Бенеција таму во тој момент. Кога слеговме од бродот прво го посетивме Мостот на Воздишките а потоа тргнавме кон плоштадот на Св. Марко. Црквата е преубава, но за жал не влеговме внатре. Плоштадот на Св. Mарко заедно со Дуждевата Палата и низата на столбови заштитници на градот се вистински предизвик за разгледување. На плоштадот неверојатна гужва со преку 200 илјади луѓе, една непрегледна река на туристи кои убавините ги “доловуваат“ со своите фото апарати, фотографираат од сите страни,...супер. Преубави маскирани луѓе насекаде околу нас,се беше толку магично. Минувавме низ разни улички полни со маркирани продавници,обични дуќанчиња,рес торани,кафетерии,цркви....На плоштадот од страната имаше бина на која се танцуваше на музиката на Штраус,Вивалди....;Луѓе чии лица се кријат зад маска насекаде,секако најповеќе на плоштадот Св. Марко. Не знам ни сам колку нивни фотографии направив,а и самите маскирани луѓе се питоми,комуникативн и,застануваат и позираат пред фото апаратот,за да ја “зачинат“ атмосферата со чудесна магија. Пред секоја палата чекаат редици туристи да влезат внатре. За жал ние не влеговме , временскиот период беше премногу краток,се задржавме тука само еден ден и не можевме истиот целосно да го потрошиме чекајќи во редот. Заедно отидовме и до мостот Риалто на кој има неверојатна гужва но кога ќе се качите погледот е неверојатен. Под вас поминуваатг гондоли со туристи и мали бродови. Тука некаде се поздравив со мојот водич и секој тргна на своја страна. Јас со неколку пријатели се “пуштив“ во шопинг но овој пат на ма-
ски. Маски во Венеција се продаваат на секој агол. Тоа е огромен бизнис. За македонски стандард Венеција па и Италија се доста скапи. Кафе стоејќи ќе испиете за 1 евро,седејќи за 2.5 до3 евра. Сендвич чини од 4 до 7 евра,пица Маргарита значи само кашкавал и кечап има цена од 8 евра па нагоре,топче сладолед е 3 евра,а да не зборувам за брендираните дуќани каде за едни женски чевли треба да издвоите 1 200евра. Кожен куфер на тркалца ќе купите за 950 евра,а цената на ракавиците се движи од 50 до 140евра....итн.....итн... По каналите има многу Гондоли кои се една врста на атракција која порано била основен вид на превоз. Гондолиерите се облечени во униформи и Гондолата ја управуваат со помош на едно весло. Возењето со Гондола во траење од 45минути по каналите низ Венеција кошта 100евра за четворица души. Во 17.30 часот се собравме на договореното место и заминавме од Венеција на пат за Македонија. Навистина ми е мило што бев таму за време на карневалот. Во Венеција би сакал да се вратам уште еднаш затоа што ме маѓепса и затоа што има да видам уште многу други работи во неа. Сепак, еден ден во Венеција не е доволен ни да се завртиш околу себе а камо ли да ги видиш сите италијански убавини.
27
Прашање-одговор Локал
Verruca seborrhoica – старечка брадавица
Прашање:Имам 70 години и на челото и слепоочниците во подолг период една по една почнаа да ми се појавуваат кружни бемки кои со тек на време потемнуваат и се зголемуваат. Се плашам да не се работи за рак на кожата а и естетски многу грдо изгледаат. Ме интересира за што се работи и како можат и со што да се отстранат.
примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог
Одговор: Значи, како и при секој одговор на вашите прашања почнувам со реченицата, да се јавите на дерматолог за да се опсервира и дијагностицира промената. Веројатно се работи за себороични брадавици на кожата или инаку познати како старечки брадавици. Тоа се промени на кожата кои спаѓаат во групата на бенигни тумори и невуси на кожата. Вашата дијагноза е verruca seborrhoica, и претставува честа појава. Се јавуваат како единечни или повеќе бројни со светло кафеава до црна боја поставени на широка основа на кожата. Можат да бидат дискретни или упадливи ако го зафатат лицето и грбот но ги има скоро кај секој човек. Се работи за ограничена старечка промена на нормална кожа која настанува независно од надворешните влијанија (светлина, хемикалии и сл.) Промените можат да бидат плоснати (ендофитичи) или егзофитични со големина на нокот а и поголеми, остро ограничени , меки а и масни на допир . Нивната кафеава пигментација со време се засилува . најчести места на појавување се: горните партии од трупот , лицето, дорзумот на дланките и подлактиците. Површината на почетокот е матирана (мазна) а со време распукува како малина со псевдокомедоничен аспект, механички може да се иритираат , лесно крвават и претставуваат влезна врата за локална инфекција. Важно е да се знае дека себороичните брадавици се бенигни и такви остануваат трајно а со тоа и вашиот став е неоправдан. Во терапијата се користи смрзнување со течен азот, јаглероден диоксид (CO2), киретажа со остра лажица или апликација на кератолитични масти. Лечењето е успешно се отстрануваат (io toto),без никакви последици и траги.
Нередовните сексуални односи не се причина за појава на тумор на матката спец. д-р. Иво Захариевски гинеколог
28
Прашање:Велат дека жените кои немаат редовен сексуален однос почесто заболуваат од тумор на матката. Колку има вистина во ова? Одговор:Туморите на матката се делат на две групи, бенигни и малигни. Од бенигните тумори најчест е миомот на матката додека најчести малигни тумори на матката се ракот на слузницата на матката и ракот на грлото на матката. Ракот на слузницата на матката најчесто се јавува кај жени од 58 - 60 години, само во 10% од случаите тој се јавува кај жени помлади од 50 години. Ризични фактори за овој тумор се не раѓањето, дебелината, хипертензијата и диабетесот. Овој рак е зависен од хормонот естроген кој кога делува врз слузницата на матката без придружба на хормонот прогестерон на подолг временски период, може да предизвика малигна промена на клетките од слузницата на матката. Другиот тип на рак , ракот на грлото на матката најчесто е поврзан со инфекција на вирусот ХПВ. Постојат околу 100 под типови на овој вирус но само околу 30 од нив можат да предизвикаат рак на грлото на матката. Четири од овие 30 под типови имаат најголем потенцијал да прават ракови промени на грлото на матката и на нив се должат околу 70% од раковите на грлото на матката. Денес од нив се штитиме со вакцината која задолжително им се дава на младите девојки пред да стапат во сексуални односи. Треба да се знае дека и покрај примањето на оваа вакцина и понатаму постои ризик од појава на овој рак поради инфекција со преостанатите под типови на вирусот ХПВ. Од бенигните тумори на матката најчести се миомите на матката. За нив се смета дека настануваат под влијание на хормоните од кои најважен е повторно хормонот естроген. Миомите се зголемуваат во текот на бременоста кога е зголемена количината на естроген а се намалуваат после менопаузата кога е намалена количината на естроген. Според тоа одговорот на прашањето, Дали немање на сексуален однос доведува до појава на тумори на матката?, е не. Појавата на бенигни или малигни тумори на матката е зависна од други фактори. Со немање на сексуални односи или со намален број на сексуални односи во стварност се намалува ризикот од добивање на ХПВ инфекција, што од друга страна значи намален ризик за добивање рак на грлото на матката.
Прашање-одговор Локал
Ако положбата на очите не се стабилизира една година по раѓањето, детето веднаш треба да се однесе на очен лекар Прашање: Моето дете боледува од разрокост - страбизам. Очниот лекар кој го направи прегледот ни кажа дека се почесто има деца кои го имаат овој проблем но кој се решава со постојано носење очила веднаш штом овој деформитет ќе биде забележан. Ве молам објаснете ми колку е важно носењето на очила во ваков случај, затоа што мојот син и покрај моите совети и настојувања да ги носи очилата тој не го прави тоа?
спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар
Одговор: Страбизам е аномалија на положбата на очите кај која двете очи не се поставени во ист правец. Едното око гледа право напред , а другото бега на страна ,најчесто во правец кон носот. Најголем број се таканаречени пропратни (конкомитантни) страбизми во детска возраст. Кај новороденче често може да се забележи дека очите не стојат паралелно туку се нестабилни или видливо бегаат. Но, очите тогаш почнуваат да учат да гледаат и да ги спојуваат сликите во мозокот. Ако положбата на очите не се стабилизира до првата година треба детето да се прегледа кај очен лекар ,за да се открие причината. Најчесто се работи за пратечки страбизам со грешка во градбата на окото; далековидост (хсперметропија), а очите се здрави. Се јавува од втората до третата година во време кога видот најинтензивно се развива па далековидост води до појава на страбизам. Младиот организам се прилагодува на кривата положба на очите на тој начин што во мозокот ја потиснува сликата на окото кое бега,а ја користи само сликата на окото кое гледа право напред. Ова е така за да ги избегне дуплите слики кои се создаваат во мозокот. Како резултат на ова настанува слабовидост (амблиопија)на окото кое бега бидејќи тоа око не се користи. Ова е многу важен проблем за иднината на детето и затоа треба што побрзо да се открие и лечи . Има три основни вида на страбизам:Есотропија- едното око бега кон внатре; Егзотропија:окото бега кон надвор ; и Хспертропија кон горе. Лечењето се состои од рано откривање,давање соодветни очила со кои се создава јасна слика, се развива видот,напорот на гледање се намалува,а се намалува и аголот на бегање. При лечењето окото што добро гледа се затвара(оклузија) за да се развива страбионото око. Се спроведува по неколку часови, денови при тоа детето треба да работи на близинацртање,гледање сликовници. Окото се исправа со хируршки зафат. Но самиот хируршки зафат не може да го реши проблемот на страбизмот ако окото нема квалитетна видна функција воспоставена со очила, вежби, затворање.
Отечените тестиси при боледување од заушки не се ризични за сите машки пациенти
д-р. Трпко Угриноски спец. по општа медицина
Прашање: Мојот син има 27 години. Пред 14 дена покачи телесна температура ,отече во пределот кај виличниот завршеток. Бевме на лекар и констатирани беа заушки. Колку заушките се опасни за релативно повозрасни луѓе со оглед на тоа што сум слушала дека сериозни компликации можат да настанат кај машките пациенти? Одговор: Вирусниот паротит како болест може да ги зафати сите возрасти почнувајќи од помладите до повозрасните односно тинејџерите и адолесцентите. Симптомите на вирусниот паротит се висока температура, оток на лицето и вратот во предел на увото (кој не опаѓа 7 до 10 дена). Паротитот се лекува онака како што се лекува секоја вирусна болест, со добра исхрана со цел да се покачи имунитетот и да се смират симптомите кои се јавуваат а тоа е болка во мускулите и висока температура. Паротитот е болест на жлездите затоа кај повозрасните машки пациенти (26-27 годишни) може да дојде и до воспаление на тестисите. Воспалението не е толку опасно колку што се очекува. Ако се забележи и почувствува оток и болка во пределот на тестисите тогаш единствен начин на нивно смирување е константно одмарање и примање на истата таа терапија што се дава и кај паротитот кај кој не се јавиле компликации. Совет: Болните од заушки треба да јадат свежо овошје и зеленчук (многу салати) со цел побрзо да им се покачи имунитетот како и чорби од пилешко месо или телешки коски. Потоа се препорачуваат пчелини продукти затоа што знаеме дека и медот и поленот и млечот се многу богати со витамини . Оваа болест и додека трае мора да се контролира и доколку покрај паротитот се појави бактериско или друго воспаление тогаш се прима соодветна терапија
29
Спорт Од 12 до 19 мај Охрид домаќин на атлетската недела
Олимпискиот првак и светски рекордер во дисциплината скок со стап, Сергеј Бубка доаѓа во Охрид Пишува: Мирко Постолоски
П
оранешниот олимписки првак и светски рекордер во дисциплината скок со стап, Украинецот Сергеј Бубка го потврди своето присуство во Охрид за време на атлетската недела која од 12 до 19 мај ќе се одржи во Охрид. Бубка кој во моментов е член на Интернационалниот Олимписки Комитет, во своето писмо изрази задоволство што ќе биде во Охрид за време на промовирањето на новата тартан патека со атлетскиот митинг на кој се очекува учество да земат бројни атлетичари од земјава и странство. • Ќе ми биде посебна чест и задоволство да дојдам во Охрид на промоцијата на митингот и промоција на атлетиката во Македонија – вели Бубка во дописот до АФМ. Првичните контакти со Украинецот од АФМ ги направиле на светското првенство минатата година во Берлин. • Уште во Берлин го инфор-
30
миравме Бубка за нашите планови за организација на атлетски митинг во 2010 година, но бидејќи тартан подлогата не беше поставена моравме да почекаме за конкретен датум. По поставувањето на патеката и разгледот на календарот одлучивме тој да се одржи во мај ,а посебно ни е драго што еден така голем великан како Бубка ке допатува во Охрид и ќе биде дел од промоцијата на митингот – вели Иван Цветкоски од АК Охрид, кој во соработка со АФМ ќе го организира митингот. Кон крајот на месец март италијанскиот МОНДО ќе допатува во Охрид за да ја означи новата тартан патека.За средината на април најавена е посета на Македонија од страна на претседателот на Европската атлетска федерација Швајцарецот Хансјорг Вирц. Охриѓани се фокусираат на мајскиот митингот, на кој очекуваат кралицата на спортовите да загосподари со Охрид, со што би се отвориле можностите за уште една
промоција на македонскиот бисер во пресрет на летната сезона. • Контактиравме со Harald Edletzberger, менџерот на хрватската скокачка во височина Бланка Влашиќ која е светски првак во оваа дисциплина, за нејзино учество на митингот. Покрај Влашиќ имаме и резервна варијанта но во моментов не сакаме да размислуваме за неа – вели Цветкоски. На ателтскиот митинг прв од ваков вид во Охрид, се очекува учество да земат околу стотина атлетичари од земјава и од регионот. Учесниците ќе се натпреваруваат во 14 дисциплини во машка и женска конкуренција. Митингот ќе биде круна на неделата на атлетиката која од 12 до 19 мај ќе се одржи во Охрид.
27
Спорт
32