Skip to main content

АМАК ПРЕС 121

Page 1

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ

Број 121, Април 2010, Бесплатен примерок

Охрид дестинација број 1 за летен одмор!


2


Збор на уредникот

Бидете оптимисти! К

олку е убаво денот да ви започне со насмевка на лицето и позитивна мисла. Тогаш ве прави среќен секој миг што следи по минатиот. Кога сте добро расположени и тмурното време и дождот што паѓа надвор и обврските кои ве чекаат на работното место ви се добредојдени и ве прават среќни. Погледот на животот проникнат со верување дека сите проблеми можат да се решат за доброто на човекот или гледање на животот од неговата најубава страна се вика оптимизам. Јас сум тотален оптимист и верувам дека сите работи кога тогаш ќе си дојдат на свое место. Одамна сум се убедила себеси дека за секој проблем има решение. Вака или онака секоја мака завршува, ништо не е бесконечно. Но важно е во тешките моменти да ве води позитивна мисла и да имате верба во себе си . Зошто да бидете песимисти, без надеж дека има подобро утре кога можете да бидете оптимисти. Не зрачете негативна енергија, заменете ја со позитивна. Лошото расположение негативно се одразува на самите вас и на луѓето што ве опкружуваат. Колку е убаво мрачното лице да го огрее насмевка, така посимпатични ќе си бидете на себе си и на другите. За да ви тргне работата на добро, верувајте дека ќе биде добро. Уживајте во малите работи за да бидете среќни. Поставете си цел во секој обичен ден и потрудете се да ја исполните. Јас сум среќна и кога го средувам домот ,и кога се убедувам за некој проблем со моите колеги на работното место. Среќна ме прави секој работен состанок и“хаосот“ од колеги и бројни текстови во редакција кога се уредува секој број на Охридските новини“. Уживам кога пијам кафе со пријателите, кога си прикажувам со нив и моите најблиски и кога сум дете со моите внуци. Уживам и кога сум сама, кога гледам добар филм и јадам сладолед. Се што ме опкружува ме прави среќна, зошто животот е еден, а како ќе пристапиме кон него и со какви очи ќе го гледаме одлучуваме самите ние.

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com

Редовни рубрики: Наш Охрид Наши бизнисмени Образование Репортажа Ви најавуваме... Чест ни е... Охридски легенди Наша гордост Актуелно Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Томислав Кипријанов Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески 075/ 476-158 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид Благодарност до Локална Самоуправа - Охрид

3


Наш Охрид

Охрид, дестинација број еден за летен одмор!

Л

етово Охрид ќе биде преполн со традиционалните гости од соседството, Срби, Бугари , Косовари, Грци и Албанци а не помал ќе биде и бројот на гостите од подалечните земји, Холандија, Италија, Франција и Германија, ова се прогнозите за престојната туристичка сезона од страна на Агенцијата за промоција, поддршка и развој на туризмот. Исто така најoмилена дестинација на Македонците, кои годинава планираат да одат на летен одмор им е Охрид. Македонците имаат желба да летуваат и во туристичките центри во Грција, Турција, Шпанија, Црна Гора, Хрватска, но и на Карибите, Бахами, Куба, Малдиви. Ова го покажале резултатите од

4

истражувањето на ГФК Скопје, спроведено овој месец, на 1. 000 испитаници во поголемите градови во Македонија. Резултатите од испитувањето покажуваат дека 73 % од македонските граѓани планираат годинава да одат на одмор. Околу една третина од граѓаните, односно 35 % планираат да го поминат одморот во некое туристичко место во Македонија, при што како летна дестинација најчесто е споменуван Охрид, а од зимските центри: Маврово и Попова Шапка. По Македонија, за 21 отсто од Македонците омилена дестинација за годишен одмор е Грција, а по неа Турција. Најголем процент од оние кои планираат да летуваат во Охрид се мла-

дите од 18 до 24 година и оние меѓу 25 и 34 години. Бројот на гости од повозрасната генерација кои се со подлабок џеб ќе биде многу мал. Тоа е резултат на немањето услови во Охрид да се развива елитен туризам. “За жал Охрид се уште го нема тоа што го заслужува и што го посакуваме, бидејќи нема ни елементарни услови за елитен туризам кој бара елитни сместувачки објекти, пропратни содржини, извонредна сообраќајна поврзаност и патна инфраструктура. Не е изграден ни еден хотелски објект од елитен карактер иако имаше неколку обиди за тоа. Државата се уште не покажува разбирање за афтопатно поврзување на Охрид со Скопје

и за изградба на патниот правец Охрид- Св. Наум со приклучок уште кај Косел и негово дислоцирање од крајбрежјето“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. На одмор планираат да заминат 86 отсто од граѓаните на Скопје, како и 66 проценти од жителите на другите урбани центри во Македонија. Резултатите покажуваат дека лани половина од граѓаните биле на одмор. Најголемиот дел од нив одморале во Македонија(59 %), а најчеста дестинација бил Охрид. Од останатите држави, Македонците најмногу оделе во Грција 16 отсто, како и во Црна Гора, Албанија и Турција.


Наш Охрид

Охрид на насловната од “State magazine“

П

од насловот “Македoнскиот бисер на Балканот“ Охрид се најде на насловната страница на априлското издание на американското списание “State magazine’’.

’’State magazine’’ се објавува секој месец од страна на американскиот Стејт департмент. Целта на списанието е да се олесни комуникацијата меѓу менаџментот и вработените дома и во странство и да ги запознае вработените со настаните кои можат да влијаат на работењето или персоналот. Списанието е исто така наменето за лица заинтересирани да работат за Стејт департмент и на општата јавност.

Туристички мапи за неколку градови

О

светлени мапи во боја, кои ќе им бидат појдовна точка на туристите како да пристигнат до некоја одредница, ќе бидат поставени наскоро низ девет македонски града. За таа цел, министерот за економија Фатмир Бесими вчера одржа работна средба со градоначалниците на Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Битола, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи.

Изработката на мапите финансиски е поддржана од Министерството за економија во насока на унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културни вредности. - Поставувањето на информативните туристички мапи ќе овозможи туристите лесно да дојдат до потребните информации за едноставно наоѓање на атрактивните туристички места, природни и културни вредности, споменици, хотели, ресторани, спортски објекти, односно сите места кои се интересни за посетителите на еден град - изјави Бесими. Тој додаде дека на овој начин Министерството за економија ги потпомага локалните власти во промоција на развојот на туризмот.

Овој месец не една туку две сметки за струја

О

д први мај годинава, ќе стартува новиот начин на пресметување на потрошената електрична енергија. Поради неопходното време од еден месец да се интегрираат податоците за потрошувачите од стариот во новиот систем, за месец април беше доставена прогнозирана сметка за електрична енергија.

Во мај ќе има порамнување на сметките за електрична енергија, така што сите потрошувачи што добиле повисока сметка во април од она што реално го потрошиле, во мај ќе платат помалку или обратно, информираат од компанијата. Оттаму објаснуваат дека новиот модел за пресметување на потрошената електрична енергија, се воведува во насока на унапредување на начинот напресметување на потрошената електрична енергија. За потрошувачите тоа ќе значи поефикасен начин за пресметување на електричната енергија.Од ЕВН уверуваат дека новиот систем овозможува и поголема флексибилност - сметките за потрошена електрична енергија граѓаните да ги добиваат на адреса на која тие ќе ја изберат, со што според ЕН, ќе се подобри евиденцијата и за потрошувачите и за компанијата. Со новиот систем потрошувачите ќе бидат поделени во 4 групи, со што секоја група почнувајќи од мај ќе добива сметка во ист период од месецот, во зависност од тоа во која група се паднал.

5


Наш Охрид

Со работа а не со реклами до странски туристи

М

акедонското гравче тавче, ѓомлезе, макало, плетени цревца и други традиционални јадења, како и нашите села ќе бидат главниот адут на Владата сезонава за туристичка промоција на земјава во странство. Маркетинг- агенција „Република“ за 200.000 евра ќе им сервира на странските гледачи два телевизиски спота за македонската храна и кујна, а „Банана филм“ за уште толку пари ќе изработи два спота за да привлече странски туристи во нашите села и планини. За туристичките работници залудно е рекламирањето во странство ако не се поправи катастрофалната инфраструктура, која треба да им ја понудиме на странските и на домашните туристи. “ Сега во Охрид може да развиваме само здравствен туризам. Да им вадиме камчиња од бубрези на странските туристи, ако го преживеат патот да стигнат дотаму. Ние имаме најлоши патишта во целиот регион “

6

вели Миле Спировски, претседател на Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ). Според него, најпрво треба да се инвестира уредување на туристичките места и да се унапреди чистотата. “ Владата го прави она што го прават и другите држави со рекламирање во странски медиуми за да привлечат туристи. Но, за разлика од нас, тие многу инвестираат во инфраструктура и уредување на туристичките места“ вели Спировски. Ревизорите и експертите забележуваа дека Владата не е транспарентна во трошењето на парите за рекламирање во странски медиуми и дека нема анализи за ефектите од кампањите. “ Никој не знае колкави суми се потрошени за закуп на медиумски простор во странските медиуми. Но, нема да не' изненади ако пак се работи за милиони евра, оти ниш-

то што прави оваа влада не чини евтино, притоа не мислам само на пари. Промоцијата на земјава како туристичка дестинација секако е добредојдена, но може да биде контрапродуктивна мерка ако така привлечените туристи затечат состојби што не се ни приближно на она што им било понудено на реклама - вели Сашо Ордановски, претседател на „Транспарентност Македонија“. Од Генералниот секретаријат на Владата не ги коментираат кампањите ниту ги откриваат сумите потрошени за спотови и за закуп на медиумски простор. На тендерот за ТВ -спотовите за промоција на македонската храна и кујна имало девет понуди, но за Владата главен критериум при изборот бил квалитетот на изработката на спотовите, за кој се добивале 70 поени, а цената учествувала само со 30 бода. Така била избрана една од најскапите понуди на „Република“, која за два спота побарала 192.000 евра, иако најевтината понуда била два и пол пати пониска - 79.000 евра. За из-

работка на спотовите за промоција на македонските села и планини, од осум понудувачи, била избрана најскапата понуда на „Банана филм“, иако други нуделе истото да го направат и за речиси три и пол пати поевтино, односно за 60.000 евра. Маркетинг -агенцијата „Република“ претходно ги изработи и владината кампања за борба против дрогата, која веќе се емитува во медиумите, како и кампањата на ЕЛЕМ, обете тешки по 600.000 евра. „Банана филм“ за 185.000 евра ги изработи двата ТВ- спота за промоција на земјава како археолошки рај. Владата досега потроши повеќе од еден милион евра за спотови за туристичка промоција на земјава во странство. Ја промовираше земјава како туристичка дестинација, археолошки рај, го промовираше Охрид, македонското вино, македонските цркви и манастири.


Наш Охрид

7


Ви најавуваме

Спектакуларно 50-то издание на Охридско Лето

С

пектакуларно фестивалско издание, досега нешто не чуено и невидено. Врвни музички и драмски уметници ќе настапат на 50-то јубилејно издание на најмасовната музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско Лето. “Два проекти се во игра за отворање на фестивалот, но кој и да го избереме, едниот или другиот нема да погрешиме , станува збор за светски ѕвезди“, ни изјави директорот на фестивалот, Тони Симоноски кој не сакаше да шпекулира со информации но ни кажа дека многу наскоро ќе “падне“ одлуката кој ќе има чест да настапи на првата фестивалска ноќ. Отворањето на фестивалот вообичаено ќе биде на Античкиот театар во кој според очекувањата ќе биде сместена 20 000 –на публика. “Дел од публиката ќе биде делегација на Бемус што е водечки фестивал за класична музика во Србија,ќе дојде делегација од Дубровник а секако и претставници на Љубљанскиот фестивал и претседателот на ЕФА господинот Дарко Брлек. Државниот секретар на Европската Федерација на Фестивали Кетрин Девентер ќе биде меѓу гледачите а уште еднаш ни е потврдено доаѓањето на госпоѓата Дорис Пак со која имавме билатерална средба на нашата неодамнешна деловна посета во Италија . Драго ќе ни биде доаѓањето на делегацијата од Мексико на чело со директорот на водечкиот фестивал за класична музика, Лидија Камачо. и многу други јавни личности од земјава и странство ќе го збогатат ова фестивалско издание“, ни изјави Симоновски. Класичните фестивалски сцени: црквата Св. Софија, Античкиот театар, и Долни Сарај веќе почнуваат да се уредуваат во ново руво специјално направено за

8

јубилејното издание а ќе биде збогатена и сцената кај Заливот на коските која минатата година се покажа како извонредна сцена затоа што прикажаната претстава ја гледаа 1 000 гледачи. Годинава за прв пат една од претставите ќе биде прикажана во Тврдината на Градиште над Заливот на коските. Од 8-ми до 11 април фестивалот Охридско Лето беше претставен на Генералното Собрание на Европската Федерација на Фестивали во Мерано- Италија. “ Таму беше доделена златната маска, симболот на градот Охрид на

дирекцијата на ЕФА а исто така златната Изида од овие простори беше доделена како подарок на организаторот Мерано и како благодарност за сето она што ни го овозможи за добро да го презентираме нашиот фестивал таму. Мене ми е драго што новинари од Италија и акредитирани новинари од опкружувањето, Германија, Швајцарија и Австрија беа присутни на прес конференцијата и се воодушевија од тоа што “Охридско Лето“ го нудело минативе 50 години почнувајќи од постарите изведувачи од 4 август 1961 година со

нашата Ана Липша- Тофовиќ преку Кобан Навара, Викторија де Лос Анџелес, Миша Мајски и многу други движејќи се кон последната етапа во која се вбројуваат Хозе Карерас, Зубин Мехта, Енио Мориконе,Џеси Норман, Сара Чанг, Брезовски и многу други врвни имиња кои настапиле на фестивалот Охридско Лето. Во Италија ја искористивме можноста за средби со претставници и од други фестивали. Беа поканети другите фестивали да присуствуваат на фестивалот“,истакна Симоновски.


Ви најавуваме

Рај, Бреговиќ и Ковач на Охридски Трубадури

И

ако времето е врнежливо и тмурно, летото започна да се планира. Охрид фест- Охридски трубадури несомнено важи за еден од најреномираните балкански музички фестивали кои го носат префиксот интернационален. На сцената на Долни Сарај фестивалските ноќи се закажани за периодот од 25- ти до 28-ми август. “ Годинава очекувам едно скалило повисок музички материјал односно подобри композиции од минатите изданија со оглед на тоа што интересот на Балканот е неверојатен и со оглед на тоа што рејтингот на фестивалот од година во година расте. Очекувам дека ќе имаме вистински спектакл“, изјави директорот на фестивалот, Гри-

гор Копров. Оваа година на фестивалот посебно место ќе заземе еден од најпознатите европски композитори Енди Рај, Горан Бреговиќ и Мишо Ковач. “Оваа година свое учество најави еден од најпознатите композитори во Европа, Енди Рај кој ќе напише песна за словенечката група “Four play“, додава Копров. Како и секоја така и оваа година во фестивалот се вклучени дебитанска како и вечери на фолк и поп музиката и интернационална ноќ. Конкурсот за нови песни е отворен до 1-ви мај а организаторите очекуваат голем број пријавувања.

Бајага на 12 и на 13 мај во Скопје

П

о повод 25 години од кариерата, познатиот рок-музичар Момчило БајагиќБајага и неговиот придружен состав „Инструктори“ наредниот месец ќе одржат два концерта во Скопје. Настапите се закажани за 12 и за 13 мај во Универзална сала, а се во рамките на турнејата по повод нивниот јубилеј.

Организаторите на концертите, „Талент Бокс“, велат дека екипата на Бајага ќе одржи специфичен концерт: - Освен пет-шест класични хита, на двата концерта Бајага ќе свири сосема различен репертоар. На овој начин ќе биде опфатен поголем дел од песните на еден од најплодните балкански автори на сите времиња. Секој посетител со купена влезница ќе добие гратис оригинал цеде од најтиражниот албум на Бајага - „Са друге стране јастука“. Во рамките на јубилејната турнеја Бајага и „Инструктори“ настапија во Белград и во Загреб, а ќе свират и во Сараево, Љубљана и во други помали градови во регионот.

Топол Културен бран 2010 година

С

о цел да се поттикнат рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и културното анимирање на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, Министерството за култура во 2010 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата ,,Топол културен бран“. Според плановите оваа манифестацијата ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2010 година. Во овој културен проект ќе може да учествуваат сите општини во Република Македонија. Неговата реализација ќе се одвива преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа како партнерство за остварување на културните потреби на сите граѓани. На јавниот конкурс за аплицирање за оваа маниестација, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

9


Интервју Атанаско Михаилов – претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид

На Охрид му недостига добар менаџмент! Последниов период во владеачката ВМРО- ДПМНЕ, настанаа внатрешно- организациски промени на локално ниво. Зошто беше потребно тоа? -Партиски промени на локално ниво навистина има. Мислам дека промените се и добра и здрава работа . Знаете промените претставуваат движечка сила . После одреден период потребно е да настане освежување во која и да било област. Потребни се нови луѓе, нови идеи, нов концепт и начин на работа се со една цел да имаме успех во работењето. ВМРО- ДПМНЕ е голема партија која што зад себе ја има централната власт, и најголема советничка група но која што во исто време нема градоначалник во Охрид. Затоа правиме организациски промени , правиме состав на луѓе кои што уште од сега ќе почнат да се подготвуваат за наредните локални и парламентарни избори. Значи во своето работење ја насочуваме својата дејност кон овие две цели. Како партија се уште имате релативно висок рејтинг , но од друга страна опозициската СДСМ на чело со Бранко Црвенковски засилено работи а со тоа веќе како да започна да ја реализира својата кампања за предвремени избори. Ве плашат ли ваквите нивни активности и нивната консолидација?

“Не, дефинитивно ништо не н`е плаши. Опозициската СДСМ може да се подготвува за избори ако си ги замислила, тоа е нејзино право. Граѓаните веруваат во нашата програма и затоа ни ја даваат довербата нам“, вели претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов и додава дека внатре партиските организациски промени кои последниов период настанаа во неговата партија се нормална, здрава работа

10

-Не , дефинитивно ништо не н`е плаши. Знаете политиката постои за тоа, опозицијата се бори да дојде на власт, позицијата пак да остане на власт -тоа што го ветила да го оствари. Преку своите проекти граѓаните да ја препознаваат како политичка структура која што си ја завршила својата работа . Значи опозицијата мисли дека ќе има и избори и нека си се подготвуваат за избори тоа е нивна работа. Ние си работиме врз база на нашата програма која ја напишавме, со неа излеговме пред граѓаните и ја добивме нивната доверба. Знаете, тоа беше програмата “Преродба во 100 чекори“ која потоа беше надградена и прошире-

на. Проектите си одат, граѓаните ја препознаваат таа програма и довербата од нив кон нас се уште е многу голема. Тоа е од една едноставна причина,тоа што го ветува ВМРО-ДПМНЕ тоа и си го исполнува. Во година на голема економска криза, голем дел од проектите беа реализирани и граѓаните тоа го почитуваат. Секогаш има проблеми, но јас мислам дека ние мошне добро и успешно се уште се справуваме со сите предизвици и проблеми. Со жалење морам да констатирам дека СДСМ се уште се држи на стариот рецепт и стариот начин на работење , постојано со напади, со лични навреди со дискредитација. Ги видов и последните нивни прес конференции и настапи и за жал мора да констатирам дека иако ние им понудивме нов начин за политичка комуникација без дискредитации и лични навреди, не наидуваме на разбирање. Јас јавно повикав на еден разговор со раководството на СДСМ на локално политичката комуникација и култура да ја подигнеме на едно повисоко ниво. Граѓаните да не н`е доживуваат како политички непријатели туку како политички противници, луѓе кои имаат различни политички ставови, различна перцепција кон практикувањето и начинот на водење на политиката, меѓутоа луѓе кои држат до своето достоинство, дигнитет до својата култура и пред се културата и дигнитетот на градот Охрид. Лошиот начин на работење на политичките партии на локално ниво му создава имиџ на град со лоша и политичка но и останат вид на култура. Од неодамна ВМРО -ДПМНЕ има нов Општински Комитет во чиј состав за разлика од минатиот има исклучиво високо образовани луѓе, магистри, доктори на науки. На кој начин ги избиравте членовите? -Овој состав на Општинскиот Комитет претставува микс на искусни луѓе долгогодишни партијци кои учествувале активно во партиските работи на локално ниво. Меѓу нив


Интервју се и луѓе кои не биле многу експонирани во партијата. Тоа се луѓе кои се членови на партијата, кои активно работат во неа но пак ќе кажам не биле многу експонирани. Мислам дека треба да им се даде шанса и на луѓето кои што според мене можат да направат повеќе. Јас верувам во овие луѓе, верувам во нивниот и интелектуален и политички капацитет да направат позитивен пресврт во смисла на нови работи, проекти, делување, поимање на политиката . Тоа подразбира нов начин на политичка култура и нов начин на политички дијалог. Во овој состав на Општинскиот Комитет има навистина луѓе со високо образование, магистри, професори, луѓе кои што имаат идеи. Луѓе кои во својата работа се веќе докажани не само како интелектуалци туку и како стручњаци. Знаете, во тој состав има луѓе кои претставуваат бренд имиња во својата професија. Јас верувам дека тоа што го работат како искусни и докажани професионалци ќе го покажат и во политиката. Јас знам дека и тука ќе го применат истиот стил на работа. Со многу труд и залагање да се покаже дека и во политиката може да се постигне успех. Новото партиско раководство подразбира и новини во начинот на работење. Што ново ќе спроведете Вие, што може да очекуваме од Вас? - Знаете, започнавме со неколку акции иако по екипирањето на Општинскиот Комитет сме во фаза на екипирање односно освежување на редовите по Месните Комитети, распишавме локални избори за промена на претседателите на месните комитети и нивните претседателства. Тоа значи дека и по Месните Комитети ќе имаме нов состав од млади луѓе кои што подолго време се во партијата и кои можат да покажат и да направат позитивни резул-

тати. По сите овие екипирања, влегуваме во една фаза на интензивна партиска активност меѓу нашето членство и меѓу граѓаните на Охрид. Што значи тоа? Значи дека почнавме неколку акции и со одржаните пресови покажавме дека ќе делуваме на друг начин. Сега ќе влеземе во фаза на интензивна посета на Месните Комитети и на Месните Заедници така што непосредно ќе се соочиме со проблемите на граѓаните. При тие посети покрај членовите од Општинскиот и Месните Комитети ќе учествуваат и дел од советничката група и функционери кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има на локално ниво а кои што можат да присуствуваат на лице место да решат нешто и да се запознаат со проблемите на граѓаните. Што сакам да кажам со ова? Да речеме во една урбана единица како што е на пример Центар ако советниците од советничката група на лице место контактираат со граѓаните а тие лично им ги пренесат нивните проблеми, значи, ќе можат на непосреден начин да се запознаат со тие проблеми и да ги пренесат. Тоа што можеме на лице место да им укажеме како да го решат истиот или пак ќе укажеме дека истиот не можеме да го решиме. Проблемот ќе го анимираме на седница на совет со цел на таков начин истиот да биде решен. Нели, затоа постојат партиите затоа ја добиваат власта за да ги решаваат проблемите на граѓаните. Токму за таа цел се користи и Локалната самоуправа, но таа не секогаш им излегува во пресрет на граѓаните. Ние ќе пробаме преку нашите функционери и советници да го направиме тој непосреден контакт со населението од урбаните заедници и спроведуваме една работа која ја практикува партијата во целост. Значи ќе остваруваме непосредни контакти со населението преку трибини. Што е она што според Вас му не-

достига на Охрид? - Ова е многу големо прашање на кое се очекува тежок одговор. На Охрид му недостасуваат многу работи. Без да бидам погрешно сфатен, лично мислам дека на Охрид прво и основно му недостасува добар менаџмент. Јас слободно тврдам дека во моментов Охрид многу лошо се менаџира во поглед на Локалната самоуправа. Јас би сакал вашите читатели да се потсетат на последен проект кој што оваа Локална самоуправа го направила во интерес на граѓаните. Всушност да кажат самите охриѓани, “оваа Локална самоуправа го направи ова и оваа“ но тоа за жал го нема. Знаете, секоја наредна туристичка сезона е се полоша и полоша. Овај менаџмент на Локалната самоуправа не само што многу лошо го претставува Охрид надвор, туку лошо го претставува и во својата земја. Се одржаа бројни прес конференции на кои се најавуваше дека езерото ќе го поплави градот па потоа дека езерото почнало да тече во реките па се повикуваа премиери на странски држави. Уште една голема несреќна изјава на градоначалникот и луѓето од локалната власт беше дека колекторот се излеал и езерото е полно со фекалии. Нема туризам, нема проекти, нема менаџирање на град којшто живее од туризам. Ако вие го претставувате на ваков начин и покажете дека градот е загаден со фекалии, тоа е non sens – изјави коишто го нагрдуваат градот. За несреќа во моментов градов има таков вид на менаџмент кој според мене тоа не го заслужува. Охриѓани знаат и можат да си го менаџираат односно да управуваат со градот многу подобро. Голем процент од луѓето во Охрид живеат од туризмот, живеат од собите кои ги издаваат. Ако ние ги избркаме туристите а оваа Локална самоуправа и менаџмент тоа на голема врата го прави , на таков

начин се загрозува егзистенцијата на голем број охриѓани. Укажував во повеќе наврати, разговарав и со градоначалникот околу тоа што ни се случува во Охрид. Но, очигледно тешко наидуваме на меѓусебно разбирање. Пред Велигденските празници ВМРО- ДПМНЕ на локално ниво спроведе хуманитарна акција. Со тоа Вие дониравте пакети прехранбени производи за семејствата кои се социјално загрозени. Ќе продолжите ли со вакви акции понатака? -Знаете како, хуманоста на луѓето е голема работа. После акцијата имавме извонредни реакции, значи најголем дел од луѓето ни рекоа “одлична работа “. Тоа го направивме на многу едноставен начин. Најпрво ние сме народна партија која е демохристијанска односно ги почитуваме нашите верски и национални традиции. Велигден е еден од најголемите верски и национални празници. Ние во тој поглед со функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ собравме сопствени средства и со нив купивме одредени намирници- артикли наменети за крајно социјално загрозените семејства. Отидовме кај нив и им помогнавме. За возврат добивме топол прием. Луѓето беа навистина благодарни. Си дадовме себе си за задача дека вакви хумани акции ќе спроведуваме почесто, барем еднаш во месецот, со цел да помогнеме колку толку, односно да им помогнеме на луѓето да се справат со проблемите полесно во даден момент. Лично јас ова го правам и како човек и како доктор и како политичар а ќе го правам и во иднина.

11


Чест ни е... Спец. д-р. Митре Милошевски- единствениот неврохирург за Охрид и поширокиот регион

И повторно да треба да избирам би бил неврохирург! Детскиот сон да стане учител како членовите од потесното семејство не му се исполнил. Одлучил негова животна професија да биде медицината но на почетокот на своите студии не ни сонувал дека неврохирургијата како доста деликатна медицинска област ќе стане негова специјалност. “Некои работи ги одредуваш сам, некои случајно се случуваат“ вели единствениот неврохирург за Охрид и западниот регион од Македонија, д-р. Митре Милошевски. Во својот десетгодишен неврохируршки стаж зад себе има оставено 460 неврохируршки операции, а за дваесет годишниот работен ангажман во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ д-р. Милошевски годинава доби и јубилејна награда. Во слободно време најголемо задоволство му причинува дружењето и планинарењето со пријателите од кои грото не се од неговата струка. “ Моите најдобри пријатели не се доктори, тоа ми причинува особено задоволство. Лошо е и приватноста да ти биде окупирана со професијата. Во слободно време се трудам да не размислувам на медицината иако тоа е многу тешко“, додава д-р. Милошевски.

Н

еодамна тим од доктори и анестезиолози под водство на спец. неврохирург, д-р. Митре Милошевски, во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо “ за прв пат самостојно извршија вградување на кејџ. Станува збор за доста сложена операција на вратен дискус при што се врши ставање на коскен графит кој се чека да зарасне, односно дискусот се заменува со кејџ кој се вградува во пршлените. Првото вградување на кејџ во “Св. Еразмо“ се изврши две недели пред неодамнешната ( од ваков тип)

12

операција. Но тогаш оперативниот зафат бил направен во соработка со неврохируршката клиника од Скопје и под асистенција на д-р. Мајкал од Германија. “Први сме на Балканот со вакви операции од две причини. Најпрво затоа што операциите ги работиме фондовски , со сини картони и обична партиципација. Втората причина поради која сме први се скапите материјали кои ги користиме и вградуваме. Има плочки чија цена се движи од 50 до 500 евра. Ние ги зедовме најскапите. Не затоа што сме најбогати туку затоа што сметавме

дека со нив компликациите ќе бидат многу помали. Понатаму со истите плочки можат да се прават и други испитувања. А доколку се ставеше евтина плочка која е магнетна од типот на челични плочки коишто привлекуваат магнет , пациентот за целиот свој живот ќе беше ограничен во снимање на една дијагностика која се вика магнетна резонанца. Значи истиот тој не би можел да направи магнетна резонанца. Има различни кејџови со метал, со графит, но најдобрите се од високо квалитетен материјал кој магнетно е неосетлив. Тоа е многу битно затоа што

пациентот може да има потреба од снимање магнет на главата, на мозокот, вратот, кичмата и други делови на организмот. Тоа е една современа метода којашто не смееш да му ја ускратиш на пациентот. Од сите тие причини се решивме да одиме со поскапи материјали иако бевме свесни дека тоа беше преоптоварување за болничкиот буџет “, појаснува д-р. Милошевски и додава дека болницата има обезбедено материјал со кој до крајот на годината може да се направат уште десет такви операции, секако доколку има потреба оперативно да се делува на пациентите. Станува збор за операции кои се деликатни и траат по 2-3 часа. Интервенцијата е на вратен рбет каде има главни магистрални крвни садови и нерви. “ Токму поради ова, зафатот бара спремна анестезиолошка служба и обучена инструментарка која добро го познава сложениот инструментариум кој брои 50 инструменти. Оваа операција во ниту еден случај не може да ја прави еден човек, за нејзе се ангажира цел тим. Ако немаш тим кој е пред се стручен, обучен и расположен да работи на ваква операција тогаш воопшто не треба да се замисли да се почне истата. “За среќа двете операции на вратен дискус од кои последната ја извршивме самостојно беа успешни. Двете пациентки се чувствуваат добро. Последната операција беше моја трета по ред од ваков тип односно на споменативе две ми претходи операција на вратен рбет која ја направив заедно со проф. Савески ,кој што донесе остео синтетички материјал од Скопје а во нашава болница ја изведовме таа операција која беше успешна. Тоа се операции каде има дискуси. На вратниот рбет има дискуси како што има и на другите делови на рбетниот столб. Кога еден од тие дискуси ќе го напушти своето лежиште односно ќе отиде во простор каде се наоѓаат нервите тогаш настануваат проблеми. Тие се манифестираат со трпки по рацете и нозете, болки кои на крај предизвикуваат парализи, “истакнува Ми-


Чест ни е... лошевски. Ваквите сложени оперативни зафати не дошле сами по себе. Тие се плод на 10 годишната неврохируршка дејност во болницата Св. Еразмо во која главен двигател е д-р Милошевски. Во почетокот се вршеле по 30 -40 интервенции на годишно ниво а само минатата година се извршиле 87 операции. Се почнало со обичните дискуси на лумбално, односно на крсно ниво каде што главниот проблем е на дискусот. Се започнало со траума што мора да се работи, значи траума на главата, разни типови на хематоми и се продолжило со операција на тумори на мозок. “Пред две години прв пат направивме операција на тумор на мозок. Туморот беше со големи димензии и ризик беше да се нафати некој да го извади. Пациентот бил на прегледи и во Германија а тамошните доктори му кажале дека ризикот од ова операција е 50- 50. Значи можеш но и не мора да значи дека ќе преживееш. Тогаш ние во соработка со проф. Лозанчев ја направивме операцијата. Од зафатот поминаа полни две години, пациентот од тогаш до денес се чувствува одлично, активен е, се движи и сосема нормално ги извршува сите работни задачи. Во меѓувреме направивме околу 10-ина операции на тумор на мозок. Пред две недели опериравме минимален тумор на мозок чиј дијаметар беше околу 1-1, 5 см. што веќе е светски тренд. Значи светски тренд не е да чекаш да порасне туморот па да го вадиш, да правиш проблеми односно туморот да зафаќа голем простор и да има дијаметар од 5, 10 или 15 см., тоа не е светски тренд. Не е во ред, да дозволиш туморот да порасне да малигнизира. Денес тренд е да се отстранува туморот кога се уште е во многу мали димензии. Како што спомнав пред две недели направивме операција со која извадивме мал тумор. Операцијата ја правеше комплетен тим од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“. Во операцијата учествуваше и д-р. Битракоски кој е специјалист по пластична хирургија. Нашата екипа извади минимален тумор од зона која е многу осетлива, каде секој допир предизвикува проблем. Оперираната пациентка за среќа се чувствува добро,“ вели Милошевски, кој никогаш не зажалил што ја избрал неврохирургијата како своја специјалност иако е ризична дејност колку што е добра толку е и лоша, затоа што имало повреди, трауми на млади луѓе и деца каде навистина немало можност да се помогне. “ Доколку се работи за тешки повре-

ди со коми во такви случаи операциите не можат да помогнат. Има повреди при падови од висини. Имаме еден куп пациенти кои се лечени кај нас, меѓутоа се работи за проблем којшто мора да се гледа од сите аспекти. Не може тој проблем да го согледаме само од аспект јас да оперирам. Што да оперирам? , ако пациентот е по глазгов кома пет или четири и во Америка да отиде на лекување тамошните експерти ќе проценат смртност од 80- 100 %. Тоа значи дека во такви случаи не може да се постигне којзнае каков резултат. Битно е пациентот да биде примен во 7 или 8 стадиум, во една добра кондиција за да оперативниот зафат даде резултати“ додава д-р Митре. Доктор Митре Милошевски е дел од тимот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ од 1989 година. Токму тогаш во оваа установа доминантни биле ортопедијата и трауматологијата. “Секој млад доктор се занесуваше да стане ортопед или трауматолог. Првите 3-4 години работев какао општ доктор. Гледав кој, што и како работи и во тој период од тогашните директори беа понудени три специјализации :ортопедија, хирургија и неврохирургија. Во прво време неврохирургијата беше замислена како помош на ортопедскиот и трауматолошкиот дел. Значи, ако се скрши една коска ќе се оштети некој нерв а неврохирургот е тука истиот да го сошие. Тогаш како млад човек специјализацијата по неврохирургија ми беше предизвик. Но и сега кога би се вратил во тоа време повторно би избрал неврохирургија. Така заминав на специјализација по неврохирургија која траеше пет години а тоа подразбираше петгодишно мое отсуство од градов. Целата специјализација беше во Скопје, затоа што во Охрид до тогаш не се работеше неврохирургијата. Со проф. Мирчески работев три години, но тој замина во пензија и за жал почина млад. Потоа мој ментор беше проф. Лозанчев и нашиот однос не беше како ученик- учител туку беше другарски и како таков го одржуваме до денес. И од аспект на соработка со мои другари од неврохируршка клиника јас немав никакви проблеми. Кога имаше тешки случаи сум повикувал мои колеги од таму и тие секогаш доаѓале на помош. Професорот Угриноски беше дел од комисијата кога го полагав специјалистичкиот испит. Од него може многу да се научи во поглед на смиреноста што ја бара нашата струка. По враќањето од Скопје почетокот ми беше како и на секој друг. Во прво време го не-

мав ни потребниот инструментариум за вршење операции. Во болницата “Св. Еразмо“ ортопедијата има 40 годишна традиција и се е полесно. Неврохирургијата дотогаш не се работеше во оваа установа и тоа значеше дека се почнува од нула. Се правиш од почеток. Прв си во нешто и сам си. Секој ден согледуваш дека ти недостига некој инструмент, а не можеш да започнеш неврохируршка операција неподготвен. Почневме со дискуси на лумбално ниво. Дискусите на лумбално ниво беа и пред тоа правени во нашава болница, доаѓале колеги од Скопје и оперирале. Токму поради тоа имаше одреден квантум на инструменти дел од нив беа од неврохируршката клиника од Скопје а постепено почна свои инструменти да набавува и нашата болница. Се наметна потреба за траума на глава. Тоа не е нешто што зависи од нас, не се поставува прашањето: Дали сакаш или не? Туку едноставно се случува во еден момент повреда, а пациентот се упатува во косната болница, затоа што се расчуло дека ете кај нас има неврохирург. Во прво време ако лечењето беше конзервативно со инфузии и лекови кои се за таа намена беше во ред , но ако беше потребна операција јас пациентите ги праќав Скопје. Меѓутоа се наведе едно мислење дека додека се припрема колата, додека се однесе пациентот Скопје ќе поминат пет часа а процедурата се издолжува и во скопските клиники. Значи не се зборува за златни денови туку се зборува за златен час, за златни петнаесет минути. Ако во првите 15 минути се пружи адекватна помош можноста за преживување е огромна. Затоа велам не е неврохирургија само неврохирургот кого ќе оперира туку важна улога има и брзата помош која на лице место ќе му пружи прва помош на повредениот , да му даде кислород и да го припрема пациентот за третман во болнички услови. За жал ние тоа го немаме на добро ниво и затоа ни е толкава смртноста од тие пред се сообраќајни трауматизми. Значи се наметна потреба од операции на глава коишто мора тука да се извршат а тоа наметнува набавка на инструмрнтариум. Така се набавија потребните инструменти за операција на мозок. Работата и тежината на операциите одредуваа какви инструменти ни се потребни. Неопходни ни беа микро -инструменти затоа што работата на неврохирургот е на мало поле. Не станува збор за отворање голема рана. Полето за работа на неврохирургот е мало,станува збор за операција на нерви и затоа истото поле мора да биде зголемено. Ние набавивме

оперативен микроскоп и се наложи потреба од набавка на оперативни лупи. Се набавија многу квалитетни оперативни лупи. Нашава болница е единствена која има оперативна лупа со која имаме увеличување од 4,9 дизајнирана специјално за мене. Како што минуваше времето така се комплетираше неврохируршката служба “, раскажува д-р. Милошевски. Доктор Митре Милошевски е единствениот неврохирург во Охрид, Дебар, Кичево и Ресен. Најверојатно поради тежината и деликатноста во неврохируршката област досега ниту еден од младите доктори не се одлучиле да го наследат и да тргнат по неговите чекори. “ Младите колеги што доаѓаа по мене гледаа дека работата со нервите е многу деликатна и е сврзана, со многу смртност, со инвалидитет. Можеби поради тоа не се убедија да станат неврохирурзи. Ако кажам дека минатата година имав 94 повици како итни можете да замислите какво е тоа оптеретување кога си сам. Иако на почетокот има млади заинтересирани, ќе влезат во сала да помагаат и асистираат на крај за жал не одлучуваат да бидат неврохирурзи. Јас сум во средна доба. Многу наскоро ќе ја раситнам 5-та деценија од животот , времето брзо минува и ќе дојде период кога ќе немам снага да одговорам на тие повици. Ќе треба млад човек да ме замени. За жал до сега немаме најдено човек кој ќе се зафати со неврохирургија. Јас не сакам по моето пензионирање да згасне неврохирургијата во Охрид и неговиот поширок регион и пак народот да биде оставен на цедило да трча низ Скопје. Многу е битно во овој град да има не еден туку минимум двајца неврохирурзи“, вели д-р. Милошевски. За девет години исклучувајќи ја првата година по неговата специјализација во болницата “Св. Еразмо“ направени се 460 неврохируршки операции. Во прво време годишно се работеле по 30- 40 зафати а само минатата година се направени 87 неврохируршки операции. Доколку би имало барем уште еден неврохирург, би се направиле можеби не дупло туку уште плус половина од направените. До денес охриѓани, стружани, дебрани и ресенчани кои имаат потреба од неврохируршка операција гравитираат кон болницата “Св. Еразмо“ каде оперативниот зафат заедно со тим од доктори го прави спец. д-р. Митре Милошевски.

13


Наша гордост Манастирскиот комплекс Св. Наум

Земски рај недопрен од секојдневното сивило

Н

а најјужната точка од Охридското Езерото во близина на македонско – албанската граница сместен е манастирскиот комплекс Св. Наум. Наумовата црква на светите Архангели Михаил и Гаврил се наоѓа на 29 км од Охрид. Првобитната црква, како своја задужбина во 900- та година, ја изградил св. Наум Охридски, современик и соработник на св. Климент Охридски и ученик на браќата Кирил и Методиј, кој во 910 година тука бил погребан. По откривањето на остатоците од првобитната црква , што била изградена во 9-от век, проф. Димче Коцо во 1955 година ја расветли загатката на Наумовиот манастир. Првобитната црква во турскиот период била урната и повторно изградена. Ископувањата овозможија да се до-

14

знаат редица интересни податоци за доградувањата и преградувањата во текот на изминатите векови. Утврдено е дека промените во изминатиот период биле од таков карактер така што наполно го измениле изгледот на Наумовата црква. Врз темелите на првобитната црква, меѓу 16-от и 17-от век била изградена денешната црква , доградувана и проширена во неколку фази. Во втората половина на 18-от век била изградена куполата над припратата на црквата , а последното значајно обновување било извршено кон крајот на 18-от век , односно во 1799 година, кога бил изграден гробот во Наумовата црква. За време на религиозно- просветителските пропаганди во Охрид во 19-от век, манастирот располагал со доста имот. Имал околу 400 овци и кози, 400 охридски кила обработ-

ливо земјиште,лозја, ливади, градини, шуми, овоштарници, куќи и друг имот во Костур и Битола, работилници во Корча и Валона кои вределе по 100 турски лири. Во 1881 година покрај Љубаништа, и селото Трпејца станало чифлик на манастирот. Имено таа година бил склучен договор со кој бегот му го отстапува селото Трпејца на манастирот во замена за манастирскиот имот во село Поѓани со додавање на 25. 000 грошови, бидејќи беговскиот имот бил поголем. Приходите од овие имоти биле големи, но многу големи биле и приходите од денот –соборот (20 јуни) на манастирот кога голема маса луѓе доаѓала тука на поклонение и оставала подароци на олтарот. Кога охриѓани во 1869 година ја отфрлиле религиозната власт на

грчката патријаршија , и манастирот кој спаѓал во доменот на Охридската епархија минал во нивни раце. За настојници на манастирот биле поставени Паунче и Огнен а за економ, Андроник Зарче кој и порано бил на таа должност. Со цел да се исплатат постојните долгови на манастирот, тие зеле на свое име 500 турски лири , со 10% камата од Евстатија Стамов (охриѓанец, живеел во Битола) и ги предале на беговите од Старово и Поградец на кои манастирот им бил должен. Инаку, манастирот , како и порано – кога бил во рацете на патријаршистите, продолжил да дава по 2 500-3 000 грошеви помош за училиштата во Охрид. Таа помош претходно одела во полза на грчките училишта во градот, а од тогаш во полза на народот. Во 1873 година охриѓани забележале како Андроник Зарче брзо се збогатува. Претпоставувајќи дека тоа е резултат на злоупотребување на манастирските имоти, тие побарале сметка од него и се обиделе да го сменат. Но,Зарче, наместо сметка , клучевите од манастирот му ги предал на грчкиот владика Мелетиј. Владиката, со помош на властите успеал да го задржи манастирот во свои раце, а заедно со тоа и големите приходи. Неколкуте обиди на охридската општина да го поврати манастирот останале без успех. Охридската општина правото над манастирот го правдала со фактот што тој бил изграден од Словен и што речиси сета околија ја отфрлила власта на грчката патријаршија а манастирот бил енориски. Патријаршистите пак,сметале дека манастирот е ставропигиален и, според тоа, со него може да управува само митрополитот , односно патријархот, кој бил според нив , единствен поглавар на сите христијани. Подоцна игумен на манастирот станал Стефан Ѓорги по потекло од Албанија со доста солидно грчко образование . Тој на тоа место останал долги години и по поделбата на Македонија. Треба да се забележи и тоа дека во манастирот Св. Наум работело и основно училиште на грчки јазик, посетувано од 20-30 ученици. Сегашната црква ги носи преправ-


Наша гордост

ките, и таа имала форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на 4 столбови. Над нартексот е додадена слична купола со висок тамбур. Гробницата на св. Наум е свртена на југ и е посебна градба со широка и ниска купола. Постои верување дека и денес во гробот чука срцето на светителотчудотворец кој ги лекувал болните од различни болести. И денес како некогаш се верува дека во манастирот постои чудесна светителска моќ со која болните ја победуваат болеста а Св. Наум ги лекува раните. Манастирските ѕидови однадвор се од делкан камен , а куполите се градени исклучиво од тули. Западната фасада на денешната црква во горниот дел има форма на калкан кој завршува со запчест венец. Запчестиот венец продолжува на јужната, односно северната страна. Податоците исто така укажуваат дека капелата со гробот на Наум не е современа со обновувањето на црквата во турскиот период. Изгледа дека отпрвин таа на јужната страна имала мало светилиште пандан на тоа од северната страна. Во црквата не се сочувани најстарите фрески од времето на Наум Охридски. Поновите археолошки истражувања не потврдија дека постои сликарство од почетокот на 10-от век. Во натписот, што се наоѓа над западниот влез однатре се споменува дека живописувањето на црквата станало за време на игуменот Стеван во 1806. Тогаш е живописана и капелата со Наумовиот гроб. Сета фреско декорација е дело на зоографот Трпо, син на зоографот Константин од Корча. Црквата има иконостас изработен во резба во 1711. Во истата

година зоографот Константин, работи иконостасни икони - престолни (Исус Христос, Богородица, собор на ангелите и др.) како и празнични меѓу кои се истакнуваат «Распетие Христово» и «Влегувањето во Ерусалим».Иконите од иконостасот на манастирската црква се вбројуваат меѓу најдобрите остварувања од

првата половина на 18 век кај нас. По пожарот од 1802 година, дел од конаците се обновени. Денес карактеристични за манастирот се и преубавите пауни кои се донесени во него, а ги има во изобилство. Мнастирскиот комплекс Св. Наум денес е вистинска туристичка атракција за бројните посетители

кои уживаат во природните убавини на ова волшебно катче кое е како “кристално ѕвоно“недопрено од сивилото на секојдневието. Се верува дека токму поради божјата убавина која царува на тој простор Св. Наум одлучил својата црква да ја подигне токму тука.


На кафе Локалсо... Милош Коџоман – ликовен уметник

Од мали нозе ја прифатив судбинската определба да бидам ликовен творец Ако го премотате филмот назад, можете ли да се сетите на вашиот прв чекор во уметноста. Зошто одлучивте да бидете сликар? Дали со тоа сакавте да покажете дека нема да дозволите да пропадне фамилијарната професија што вашиот татко легендарниот Вангел Коџоман добро ја поткова, или одлуката беше спонтана?

Некои нешта како нарација се појаки од мислата, убедувањата или какви било други сугестии да се занимавам со нешто попрагматично и практично, па дури тие да се од најблиските

-Поривот, јас така го викам, препознатлив како талент се носи од дете и тоа е судбина, велиме. Значи детерминиран бев од најмали нозе да ја прифатам таа судбинска определба да бидам ликовен творец. Како и сите други студии, така и оние на Академијата за Ликовна Уметност траат по 4-5 години. Значеше ли тоа за Вас како за вашите колеги дека завршила ликовната наобразба,или сакале или не, сте морале и понатака да учите од почитуваниот Вангел. -Имав привилегија школата од татко ми Вангел за мене да трае подолго, речиси 40 години. Има еден пресуден момент, кога откако ќе заклучите дека ги владеете сликарските техники , останувате сам со своето знаење и со она што треба да го испровоцирате во душата за навистина да видите кој сте, што сте и на кој правец ќе се приклоните, кој стилистички израз во ликовната уметност најцелисходно ќе ја изрази вашата душа, вашата концепција, вашите мисли, идеи и теми. Тоа е оној индивидуален печат во творештвото, созревање што кај мене настапи многу порано токму заради таа школа од мали нозе. Со 20 години јас веќе имав оформено свој стил.

Само во своето студио е неприкосновен господар, и естетичар оти тоа за него е негова посебна интима, почитувана од членовите на семејството. “Во душата сум традиционалист, ги почитувам вредностите базично поставени од моите родители“, вели Коџоман 16

Каков беше учителот Вангел Коџоман, што е она по што ќе го помните на професионален план покрај по врвните уметнички дела и апсолутниот ликовен талент?

-Тој беше принципиелен и многу строг човек, необично за еден уметник. Беше отворен и веднаш кажуваше што чини а што не и никому не даваше лажна надеж дека е потенцијален уметник ако не е. Од оваа дестинација целосно ги поддржувам неговите педагошки методи на родител и професор оти со текот на времето ги препознавав неговите мудрости во практиката. Како млад бунтовник честопати без причина знаев да му се спротивставувам само за да не биде по негово туку по мое. Вие ја претставувате втората генерација уметници во фамилијата Коџоман а син ви кој го носи дедовото име Вангел третата генерација. Дали денес, кога пред синот ја играте не само татковата туку и професорската улога, се гледате себе си како вашиот татко? - Може да се каже дека општата клима на педагогија не ми дозволи да ги спроведам нормативите на Вангел Коџоман, што значи јас попуштам десантно и се сообразувам со времето. За јавноста фамилијата Коџоман е уметничка династија? Ви ласка ли ваквата нота на препознатливост? - Семеен куриозитет ни е потписот на уметничките дела. Во намера да ја избегнеме монотонијата во графолошкиот потпис, јас се потпишувам со Милош II Коџоман, а мојот син Вангел кога ќе го оформи својот стил со Коџоман III. Постариот син името го доби по татко ми , а помладиот, Андон по дедото на мојата сопруга Лиле.


На кафе со...

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

17


Репортажа

Москва совршен склоп од царското и модерно време

М

ајско утро, крупни парчиња снег паѓаа додека авионот се спушташе на московскиот аеродром “ Шерметјево“. Вистинска снежна идила во мај. Снежна покривка во доцна пролет може да видите само во Русија и на ниедно друго место во светот. Москва се наоѓа на надморска височина од 150 – 200 м. па токму поради тоа не беше чудно што за ден - два снегот се стопи а воздушната температура го достигна 11 степен од Целзиусовата скала односно беше топло исто онолку кога кај нас температурата на воздухот го достигнува 21 степен па за десеттина дена шетање низ Москва добивме бакарна боја на кожата како да сме биле на одмор покрај море. И покрај ова,вообичаено снегот кој најобилно паѓа во јануари и февруари се топи кон крајот на март. Во Москва климата е континентална со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнуваат и над 30 степени а зиме паѓаат и под – 20. Просечната температура

18

во јануари е -9,3 степени а во јули изнесува 18,1 степен. Москва [m‘skva] е главниот град на Руската федерација а воедно и политички, економски, образовен и транспортен центар. Град на бајките кој претставува совршен склоп од традиционалното и модерното време. Кога си во Москва имаш чувство дека времето не се поместило па среде преубавите објекти; Црвениот Плоштад, Кремаљ, Баљшој театар или бројните цркви со златни куполи имаш чувство дека и самиот ти си дел од историјата па можеби и играш некоја улога во руски филм, во кој си цар, царица, војсководец или обичен поданик. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Руската Православна Црква исто така се наоѓа во Москва, односно во Свети- Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято- Данилов монастырь). Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Градот се наоѓа во средиштето на Источно –европската низина . Низ него тече реката Москва која со пловен канал е поврзана со Волга. Со ова (преку опсежен систем на реки , канали, природни и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат меѓу другото и со: Балтичко море, Црно Море, Азовско море, Бело море и Касписко езеро (море). Поради ова Москва ја нарекуваат и “Пристаниште на пет мориња“. Москва прв пат се споменува во пишаните записи од 1147 година како мало гратче .Во 1156 година кнезот Јуриј Долгоракиот ( Юрий Долгорукий)го изградил првиот ѕид околу градот. Во 1237 – 38 година монголската златна орда го ограбила и запалила градот , убивајќи го целото население . Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480 година , кога по Големото стоење на реката Угра (Големата битка на раката Угра), Татаро -Монголите се повлекле и засе-

когаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префрлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 година кримските Татари накратко го зазеле градот и го запалиле. Во периодот 1610- 1612 градот бил окупиран од Полско- Литванската Држава. Москва престанала да биде руска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург, но официјално продолжила да се води како главен град и останала важен центар на руската империја. Во 1812 год градот го зазел Наполеон, но претходно бил евакуиран и запален од страна на Русите, што во многу придонело за конечната победа над францускиот Император кој се нашол отсечен и без доволно залихи. Во 1905 година била воведена функцијата градски управител (Градоначалник). Првиот градоначалник на Москва бил Александар Адрианов. По успехот на Октомвриската


Репортажа Најголема туристичка атракција - Црвениот Плоштад

револуција, Ленин плашејќи се од странска интервенција Москва повторно ја направил главен град, овој пат на Советскиот Сојуз. Комунистите за кратко време го смениле лицето на градот. Денес, најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец, комплексот цркви во кој верските обреди: крштевања, венчавки и погреби ги вршеле исклучиво членовите на царските семејства. На Црвениот плоштад има и многу други мали манастири и цркви. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот “Русија“, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се одржуваа на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Приказна сама по себе на плоштадот е Мавзолејот на Ленин. И денес како некогаш ќе сретнете московјани кои се поклонуваат пред вечното живеалиште на Ленин, рускиот водач чие тело во стаклен ковчег долу во темнината деноноќно го чуваат 20-ина руски офицери. Инаку, покрај Црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (руски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад. Центарот на градот е склоп на традиционалното и модерно време. Во преубавите историски градби на навообичаен начин вметнати се најубавите и најголеми трговски центри во светот. Па по шопингот и набавувањето на некое парче брендирана облека на душа ќе ви “легне“ шолја кафе која во кафуле сместено во првиот ред од плоштадот ќе ја испиете за 12 евра.

Црквата на Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя) претставува седиште на Вселенскиот Патријарх на Православната црква. За неа е врзана долга и интересна историја. Имено црквата постоела сè до 5-ти декември 1931 година кога Лазар Каганович ја срушил со цел да изгради огромна градба - статуа на Ленин. Но, поради недостигот на фондови, а и проблемите со поплави од околната река, Никита Хрушчов го претворил местото во огромен отворен базен. Но, оригиналната скица на црквата била зачувана и во февруари 1990 година Руската Православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што во 1992 година се започнало со собирање на пари и со градење во 1994 година. Црквата конечно беше завршена на 19 август 2000 година. Ако одите во Москва немојте да го одминувате “Ломоносов“ најстариот универзитет во Европа, гнездо на илјадници студенти од целиот свет. Огромен комплекс од згради кои имаат по 40 ката а на горниот дел се сместени музејот на фосилни остатоци од праживотни, музејот на космосот и соѕвездието и музејот од втората светска војна. Во подземјето на Ломоносов се наоѓа најголемата библиотека во светот, цело богатство од стручна и белетристичка литература е сместено токму тука. Лавиринти во кои ве опкружуваат книги а за да го најдете излезот ви се потребни минимум 45 минути. Чест и задоволство е да се студира на “Ломоносов“ со оглед на тоа што студентите се избираат по одредени критериуми. Секој нема привилегија да го дофати научното волшебство во овој универзитет. Имено тука студираат најдобрите студенти од цел свет. Предавањата се во огромни амфитеатри уредени во барок стил

со примеси на длабока строгост која им дава специфична официјалност. Во Москва има огромен број на музеи и ги има од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените секако се Третјаковската галерија, Пушкинскиот музеј на убави уметности, Политехничкиот музеј и други. Третјаковската галерија е националното богатство на руската фина уметност, а воедно е и еден од најголемите музеи во светот. Збирката на галеријата се состои целосно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон историјата на руската уметност или биле блиско поврзани со неа. Колекцијата содржи повеќе од 13 0000 дела (слики, скулптури и графика) креирани низ вековите од неколку последователни генерации на руски уметници. Пушкинскиот музеј на фини уметности содржи милиони предмети и уметнички дела од Древниот Египет, Грција, Рим, Асирија и Вавилон. А во посебен дел е сместена и голема колекција од европски дела од: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други. Вистинско доживување е да се оди на опера или балет во Баљшој театар. Стара градба која фасцинира со својата убавина,од внатрешноста целата обвиткана во кадифе и злато. Уште поголемо е доживувањето да го гледате балетот “Пикова дама“ знаејќи дека сте опкружени со луѓе облечени во скапи тоалети и смокинзи. А по завршувањето на претставата меѓу публиката забележувате 100 годишен старец кој ги “нашминкал“ годините со раскошната облека и страсно ја раскажува приказната за старата Москва. И покрај големиот пад на бројот на население во Русија (над 700.000

годишно) поради мал наталитет, бројот на жители во Москва бележи голем раст. Ова најмногу се должи на големата миграција која продолжува и покрај тоа што за легален престој во градот подолг од 90 дена е потребна специјална дозвола. Емигрантите најмногу се привлечени од големиот економски пораст на економијата на Москва која во последниве години бележи годишен раст од околу 20%. Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекција-2005). Во целата метрополитенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното население на московскиот административен округ изнесува над 17 милиони. Во овие бројки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престојуваат нелегално. Овие проценки многу варираат од извор до извор, но во секој случај бројката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (најголем дел живеат во самиот град). Во Москва практично можат да се најдат припадници на скоро сите етнички групи во светот. Според пописот од 1994 најзастапени се:Руси - 90,5% ; Украинци - 2,4% ; Татари - 1,9% ; Евреи - 1,5% ; Белоруси - 0,7% ; Ерменци 0,7% ; Полјаци - 0,1% ; останати - 2,2% Москва има 5 аеродроми за цивилен авиосообраќај: Меѓународен Аеродром Шереметјево( Международный аэропорт Шереметьево); Меѓународен Аеродром Домодедово;Меѓународен Аеродром Внуково ( Аэропорт Внуково); Меѓународен Аеродром Остафиево (Аэропорт Остафьево) и Аеродром Биково (эропорт Быково) Шереметјево е најзначаен аеро-

Црквата ‘‘Св. Исус Спасител‘‘ седиште на Вселенскиот патријарх на Православната Црква

29


Репортажа Секој нема привилегија да биде студент на Ломоносов

Рај на уметнички дела Московското метро дром во Москва иако не и најголем по обем на сообраќај. Тој е најголем аеродром по обем на меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја посетуваат Москва. Пуштен е во употреба во 1960 година а терминалот Шереметјево-1 е отворен во 1964. За потребите на московската Олимпијада беше пуштен во употреба терминалот Шереметјево-2 на 1 јануари 1980. Во моментов поради преоптовареност на постојната инфраструктура, во тек е изградба на трет терминал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообраќај е далеку под нивото од времето на СССР, растот е голем и се очекува наскоро да се достигнат и надминат бројките од тоа време. Во 2005 е забележан сообраќај од 12.174.000 патници. Домодедово во моментов е најголем московски аеродром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бројот на патници во меѓународниот сообраќај заостанува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965 година. Внуково е пуштен во употреба во 1941 поради преоптовареност на дотогашниот московски аеродром на Ходинское Поле. Наскоро, со почетокот на Втората Светска Војна е претворен во воен аеродром. По војната повторно претставува главен московски аеродром сè до шеесеттите години од минатиот век кога го губи приматот. Денеска постојат амбициозни планови за обнова и проширување на аеродромот со цел до крајот на деценијава да опслужува и над 20 милиони патници годишно. Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуште-

20

но е во употреба на 15 мај 1935. Денес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 km. Дневно превезува просечно 8,8 милиони патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите

станици во центарот на градот, кои повеќе наликуваат на уметнички галерии отколку на метро -станици. Второто метро иако официјално не се признава, јавна тајна е дека во Москва постои уште една линија на подземната железница која е под воена управа и се наоѓа на значително поголема длабочина од главниот систем. Ги поврзува Кремљ, Министерството за одбрана, Љубјанка, и други важни објекти. Покрај другото се смета дека е наменето за евакуација на клучниот персонал од градот во

случај на нуклеарен напад. Покрај метрото исто така постои опсежен систем на автобуски, трамвајски и тролејбуски линии, кои го надополнуваат и обезбедуваат нормалниот сообраќаен тек и им овозможуваат на жителите од гра-

воз. Препорачливо е туристите да го избегнуваат заради честите измами од страна на таксистите. Москва претставува и главен руски железнички јазол. Меѓу бројните линии кои се шират од градот секако најпозната е Транс -сибирската линија која тргнува од Москва, оди преку Сибир (по целата должина на Азија) и заврБаљшој театар - најстариот шува во Владивосток. Должитеатар во Европа ната изнесува 9 288km. На далечниот исток има неколку гранки меѓу кој најважната е за Пекинг. Покрај нејзиното стратешко значење за Русија, таа претставува и вистински магнет за авантуристички настроени туристи. Возовите на оваа линија најмногу тргнуваат од „Јарославската станица“. Во 1980 година Москва беше домаќин на XXII летни Олимписки игри. Во 1991год во градот беше извршен обид за воен удар од страна на тврдокорните комунистички генерали против тогашниот претседател на Политбирото, Михаил Горбачов. Ударот беше неуспешен и подоцна таа година Советскиот Сојуз официјално се растури. По распадот на СССР Москва остана главен град, овој пат на Руската Федерација. Во 1993 градот повторно западна во неизвесност кога тогашниот претседател на државата Борис Елцин, во политичка борба ја злоуподот да функционираат потпирајќи треби власта и го распушти парласе исклучиво на јавниот превоз. ментот. Следеше неочекуван отпор Со предградијата и подмосковјето од народните избраници, но со поефикасна и евтина комуникација мош на нему лојални елементи во е овозможена со помош на локал- армијата кои го гранатираа и зазена железница, популарно наречена доа парламентот (московскиот Бела електричка. дом) Елцин изврши преврат и воспоМосковскиот „Монорејл“ е пуштен стави мека диктатура. По финансиво употреба за патници во 2005 го- ската криза од 1998 година Москва дина (2004 пробно). Засега има една бргу се развива и денес е еден од линија во должина од 4,7 km и 6 ста- најдинамичните градови во светот. ници. Такси превозот е на пониско ниво од останатите сегменти на јавниот пре-


Наша гордост

21


Прашање-одговор Локал

HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА

примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог

Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на телото. Болките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бубрегот мојот матичен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми постави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи сосема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме интересира од што практично јас боледувам. Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ лекарот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа. Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживотен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на латентни вируси во организмот. Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни). Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клиничката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.

ВОНМАТЕРИЧНАТА БРЕМЕНОСТ – ПОТЕНЦИЈАЛЕН МЕДИЦИНСКИ ИТЕН СЛУЧАЈ Прашање:По осум години макотрпно лекување , плаќање прескапи терапии и купување лажна надеж, останав бремена на моите 38 години. Бременоста ми е вонматерична. Ве молам кажете ми колку е ризична оваа бременост за моето дете и за мене?

спец. д-р. Иво Захариевски гинеколог

22

Одговор: Вонматеричната бременост претставува многу сериозна компликација на бременоста и потенцијален медицински итен случај. Ова е од причина што оплодената јајце клетка се всадила вон матката и може да предизвика животно загрозувачко крвавење кое мора веднаш да се спречи. Секогаш кога ќе се постави дијагноза на вонматерична бременост случајот мора брзо да се реши или по пат на мала операција или конзервативно со инјекции, се со цел да се спречи можно изненадувачко и животно загрозувачко крвавење од местото каде е вонматеричната бременост. Најчесто местото на всадување е во тубите, на јајникот, грлото на матката или во стомакот. На вонматеричната бременост отпаѓаат околу 2% од сите бремености. Најчестата причина за всадување во тубите е инфекција која ги оштетила ситните ресици на епителот од тубите а кои се задолжени да го пренесат оплоденото јајце од јајникот до матката. Во зависност каде има недостаток на ресици на тоа место во тубата ќе застане пренесувањето на јајце клетката. Најважна работа што треба да се знае е дека факторот кој довел до оштетување на едната туба може да ја оштетил и другата туба. Поради тоа секоја рана бременост во иднина треба да се проверува додека не се докаже дека бременоста е во ред.


Прашање-одговор Локал

ИНСУФИЦИЕНЦИЈА НА КОНВЕРГЕНЦИЈА Прашање: Имам 22 години а дијагностицирана ми е очната болест инсуфициенција на конвергенција, како настанува и како се лечи оваа болест?

спец. д-р. Анче Киселинова очен лекар

Одговор: За да се објасни поимот инсуфициенција на конвергенција треба да се знае што е тоа дивергентен страбизам или отклонување на окото кон надвор(темпорално).Тоа е моторна аномалија која резултира со водоравно отклонување на очното јаболко кон надвор најчесто врзано со рефракциска аномалија од помал степен ;мала миопија или хиперметропија. Видната острина најчесто е добра но некогаш постои мала слабо видност .Во најголем дел од дивергентните страбизми битен фактор е дефицитарната способност за конвергенција (инсуфициенција на конвергенција)која е изразено отежната или воопшто не постои. По правило не постои тешка слабо видност а во бинокуларниот вид присутна е нормална коресподенција на мрежницата. Ортоптичкото лечење се состои од решавање на корекцијата со очила.Ако се работи за хиперметропија се дава што помала корекција бидејќи е потребен одреден акомодациски напор за да се поттикне слабата конвергенција. Миопските грешки треба да се решат потполно. Во основа треба да се избегнува оклузија(затворање на окото)бидејќи страбизмот може да се зголеми. Треба да се прават вежби на конвергенција секој ден во домашни услови. Вежбата се состои во следното;фиксациски објект (прст,молив)се приближува од средна оддалеченост до пред врвот на носот со тоа да очите бинокуларно го фиксираат објектот односно да се појако конвергираат .Постојат и специјални конвергенциски вежби на синоптофор кои се изведуваат во ортооптички кабинет. Може да се препишуваат и призми со чија корекција се создава орто - положба и на тој начин се олеснуваат вежбите. Оперативна корекција се врши само во случај да нема способност за конвергенција, кога окото практично не ја преоѓа медијалната линија и постои многу лош козметички впечаток.

ПОВЕЌЕ ПРИЧИНИТЕЛИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА Прашање: Имам 55 години а на мојата висина од 1 метро и 70 сантиметри одржував тежина од 70 килограми. Последниве 2-3 години мојата телесна тежина константно опаѓа иако редовно јадам. Значи не сум променила ништо во начинот на исхрана, па можеби јадам и внесувам повеќе хранливи продукти од порано. Од денешен аспект, мислам дека сум многу слаба за мојата висина? Ве молам објаснете ми зошто слабеам ? д-р. Трпко Угриноски спец. по општа медицина

Одговор: Прашањето на госпоѓата дека во последните 2-3 години константно слабеела не е конкретизирано затоа што таа не посочува колку килограми точно изгубила. Слабеењето може да биде физиолошко независно што не е променет начинот на исхрана. За поголема сигурност и правилно дијагностицирање на причинителите мора да се направат комплетни анализи почнувајќи од гинеколошки преглед, па комплетна лабораториска анализа. Врз основа на резултатите може да се утврди дали станува збор за висок или низок шеќер во крвта или не балансирано лачење на тироксин во тироидната жлезда. Нашето подрачје е ендемично и познато по промените на тироидната жлезда. Неконтролираната работа на оваа жлезда се манифестира со нервоза, трпки по телото и расеаност. Некои пациенти кои имаат проблеми со тироидната жлезда губат а други накачуваат на тежина, зависно од тоа дали станува збор за хипо или хипер тироидизам, односно дали повеќе или помалку се излачуваат хормони.

23


definitivno don.com.mk www.

28


Здрав живот Дали спортот ве асоцира на мачење? Сепак, мора да се активирате за да ја средите фигурата...Постои решение!

Фитнес за мрзливците Патот до совршена фигура не секогаш не води низ фитнес – салите, спортските терени, потењето. Можете да ослабите и да го затегнете телото и додека ја чистите куќата, се возите за автобус, шопингувате... Ви откриваме неколку трикови за секојдневно вежбање без мака.

*Шопинг без грижа на совеста

О

д секогаш знаевте дека купувањето е прекрасно, но дали знаете дека со шопингувањето постигнувате фит изглед? -Носењето тешки кеси е одличен тренинг за рацете и грбните мускули. Со таквите “тегови“ веќе по 15 минути согорувањето на калориите е гарантирано. А кога ќе стигнете дома, немојте веднаш да ги спуштате, туку уште неколку пати кревајте ги горе- долу. -Купете си куче, па со него шетајте. Одењето е сосема пристоен тренинг, а со кучето ќе морате многу да се движите. -Садењето цвеќе е идеален тренинг. Купете нови садници, земја и почнете со уредување на балконот или градината. Додека работите околу цвеќето, ќе ги активирате мускулите на нозете

*Бакнежи и секс

Б

акнувајте се често! Кога се бакнуваме, согоруваме околу 15 калории во минута. Освен тоа, за време на оваа активност се активираат 30 мускули на лицето, што е одличен третман против стареење - Ако не сте расположени за трчање концентрирајте се на спортот во кревет. Половина час страствен секс согорува 550 калории.

*Сурфање во автобус Немојте да седите во автобус, подобро е да стоите и да не се држите за држачите, бидејќи така ќе бидете принудени да ја одржувате рамнотежата и да ги тренирате мускулите на нозете. - Заборавете на лифтовите и подвижните скали! Качувањето по скали ја придвижува циркулацијата , ја подобрува кондицијата и ги обликува нозете, особено листовите. Ако спаѓате во групата на ептен големи “мрзкивци“, за почеток само симнувајте се по скали, бидејќи и на тој начин ќе добиете добри резултати.

25


Здрав живот

*Домаќински работи

З

ошто да се потите на напорните тренинзи кога можете да ослабите и да го затегнете телото додека готвите, пеглате, чистите и извршувате многу други работи дома - Додека поминувате со правосмукалка, губите 200 калории и идеално ги обликувате нозете (постојано ги виткате колената и ги затегате бутовите),што е еднакво на лесно чекорење, тврди познатиот фитнес- тренер Дејвид Кирш, кој вежба со Хајди Клум. - За 45 минути готвење губите околу 100 калории. Движењето во кујната може да се спореди со трчање со пречки, бидејќи и во двата случаи телото е под напор и притисок. - 30 минути пеглање заменува вежбање на машина за раце во фитнесстудио.

*Јога во бањата

П

ослужете се со мал трик за скратен јога тренинг: наутро, додека ги миете забите, кренете ја едната нога и ставете ја на коленото на другата, а при тоа опуштено дишете. По една минута сменете ја позицијата на нозете. Ова е идеална вежба за одржување на рамнотежата, а ги тренира и мускулите н нозете - Разговарате со другарка по телефон? Додека го правите тоа, чекорете низ собата и кревајте ја едната, па другата нога, и вртете се. Едноставно,правете ги сите вежби на кои ќе помислите, додека разговарате за се и сешто. Вежбањето никогаш нема да ви биде полесно!

26


27


Спорт

32


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 121 by alan.kaou - Issuu