Охридски легенди
Докторката Елена Каваева
пишува: Владо Жура
Јас не учев и не дојдов тука да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот....
О
хрид, средиште и крстопат на овој дел од Балканот, во својата многувековна историја дал бројни бележити луѓе, во разни области од животот. Нивниот придонес ги надминал и локалните рамки , па дури некои со своите дела, се вградиле во историјата и во светското културно наследство. Но, има и такви , кои дошле од далеку , токму во Охрид и сиот свој живот го вградиле во решавањето, надминувањето и подобрувањето на севкупниот живот во Охрид и пошироката околија. -Јас не учев и не дојдов тука за да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот....ми го рече во една пригода, пред многу години познатата докторка Каваева , која повеќе од педесет години работеше како лекар во овој наш крај и остави неизбришливи траги зад себе, и се вброи меѓу основоположниците на современото здравство во Охридскиот крај, во нашата земја, а и на пошироките балкански простори.
кој не се сеќава или барем не чул за докторката Каваева, првата жена лекар во нашиот град и пошироко, која речиси сиот свој работен век до највозрасните дни го минала тука, помагајќи и дење и ноќе секому кому му била потребна лекарска помош, без разлика на народност, вера ....и материјална состојба. И мене, се уште ми се неизбришливи сомените за оваа докторка, со која имав бројни средби, најпрвин како нејзин пациент, а подоцна како млад новинар, со која во повеќе наврати водев долги разговори за нејзиниот животен пат, од кои разговори за денешниов број на `Охридските Новини` одбрав фрагменти снимени на стари магнетофонски ленти:
Домот на д-р Каваева, на чие место денес е филијалата на Охридска Банка
д-р Хелена Етингер - Каваева Тука, меѓу нас , д-р Хелена Етингер - Каваева, исклучителна жена хуманист, дојде пред повеќе од осумдесет години, од далечната Русија, придружувајќи го својот сопруг, истотака доктор Владо Кавај, напуштајќи високи општествени позиции и блескава кариераи двајцата, за да бидат од полза на обичниот човек. Не постои повозрасен жител на Охрид
14
Квечерина. Есенска , студеникава . Одајата затоплена . Пријатна домашна атмосфера со чај и бисквити . Спокојствие , напати и тишина : старицата седната од спротива пребира по мислите свои , ги средува спомените ли , датумите... или пак одново ги преживува сите мигови од пред половина век и повеќе, минати се' до нејзиното животно пристаниште - Охрид . Д- р Каваева со енергичен глас , но сепак пријатен за слушање, кажува : -На мажот ми Владо му било пишано како на Мојсеј ...Како што Мојсеј ги изведе синовите на Израел од Египет преку Црвеното Море , така од Владо се бараше , го молеа и преколнуваа ... да ги изведе балканските словени кои по случај или со некаква намера се нашле во Русија и тука ги затекнала Октомвриската Револуција и Татковинската војна....И успеа во тоа ! - Како се најдовте таму ? - прашувам и го вклучувам магнетофонот .
- Е, тоа е долга , многу долга приказна .... вели старата докторка и поместувајќи се поудобно во фотелјата продолжува : - Јас сум родена во Ченстохова , денешна Полска , од родители Јузеф и Регина Етингер . Татко ми беше инженер по хемија и шумарство, инаку фабрикант , сопственик на фабрики за хартија.....ама јас дел од детсвото и младешките години ги минав на учење во Швајцарија . Брат ми Адам , повозрасен од мене , уште во студенстките дни се занимавал со напредни револуционерни активности , па уште во почетокот на векот (дваесеттиот век, б.м) беше протеран од родниот крај , од страна на тогашните руски власти и тој замина во Берн , таму студираше а подоцна стана професор на Правниот факултет . Јас преку летото , уште од најмали нозе го посетував неговото семејство , а подоцна во Берн се школував . Во 1910 преминавме во Берлин , за да сме поблиску до родниот крај... Јас запишав студии по медицина, а кон крајот на 1913 ја одбранив и докторската дисертација . Отидов во Санкт Петерсбург да полагам државен испит за да можам да работам низ Русија, како државјанин руски , па пак назад во Берлин , кадешто нė затекна и почетокот на Првата Светска војна . Беше страшно . Период на мобилизација , јас без работа , брат ми и снаа ми со мали професорски плати , границите се затворија - материјалната помош од татко ни' не пристига....стана просто невозможен животот за руски емигранти... Со помош на пријатели сė се надминува - најдов работа како придружничка доктор на еден руски генерал во поодминати години . Тој бил затечен на бањско лекување во околината на Берлин , а како кум на царот Николај Романов , бил трампан за германски високи офицери ли , генерали... И јас тргнувам со него... почеток на јануари 1915 преку Балтикот, па Шведска , замрзнатата Финска ...и накрај во Петроград , односно се уште тогаш беше Санкт Петерсбург. Тмау, пак без работа . Талкам , лутам две недели ....само на вода топла и сув лебец . Конечно работа - на струката , лекар во 169 Воена болница...` И токму таму во тоа време невреме се запознава со Владо Кавај, инаку нејзин претпоставен доктор, кој зад себе иако млад, имал мош-