СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...
АМАК ПРЕС
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 115, 15 Октомври 2009, Бесплатен примерок
и к с е л и с а В р и Владим ткар Че дор а с а б м а и к ч зи и м ш от На т е в с во
Нагоре високо, надолу длабоко за охридскиот туризам
Збор на уредникот
Да бидеме човечни и хумани! Општеството е довршено суштинско единство на човекот со природата, вистинско воскресение на природата , остварен натурализам на човекот и остварен хуманизам на природата. Човечкиот производствен труд за разлика од животинските инстиктивни дејности, е свесен и целесообразен. Луѓето се издвоиле од животните во моментот кога почнале да произведуваат средства за живот. Човекот е единствено суштество во живиот свет (animal simbolicum ), кое својата поврзаност со другите припадници од својот род ја остварува преку симболичката комуникација, специфична моќ стекната низ долгата биолошка и културна еволуција . Говорот и јазикот, како две најважни страни на симболичката комуникација се исклучиво хумани особини. Луѓето можеме да ги разликуваме од животните според свеста, а меѓусебно се разликуваат според религијата , традицијата и обичаите што како припадници на еден народ или нација ги негуваат. Луѓето пак едни со други се слични по вредностите што во припадничката група ги создаваат . Само човек може да ги разбере вредностите на човек. Човек кој нема намера да наштети на друг и кој при тоа знае да биде хуман, знае и умее да ги осознае и почитува вредностите. Во секој миг од денот можеме да покажуваме дека сме хумани и со добра мисла. Една наша насмевка може да го разубави денот на некој друг, а подадената рака и нашата “мала“ парична помош може да спаси “голем“ човечки“ живот или културно историска вредност од непроценливо богатство за нас. Деновиве имаме можност да покажеме дека сме хумани и дека сепак постои човечкото во нас. Со вртење на телефонскиот број 143-444 и префиксите: 070 за корисниците на т- мобиле , 075 на космофон или 077 за корисниците на вип операторот, ние донираме по 100 денари и со тоа учествуваме во обновувањето на Бигорскиот Манастир. Отворената денарска жиро сметка е - МПЦ Дебарско Кичевска Епархија, Бигорски Манастир Св. Јован Крстител 500 000000-38-35-65 депонент Стопанска Банка АД Битола. Манастирскиот комплекс пред неполн месец беше опожарен. Изгореа до темел библиотеката, гостинската соба, кујната и двете трпезарии во старите конаци а штетата е проценета на 5,5 милиони евра. Да помогнеме во обновувањето на манастирскиот комплекс кој во 1020 година го основал монахот Јован. Во 16-от век манастирот бил разурнат од Турците а во 1 743 година го обновил јеромонахот Иларион. Човечкиот живот пак нема парична вредност, тој е најценет од се на светот. Да подадеме рака и да му помогнеме на охриѓанецот Лупчо Силјаноски кој минативе пет години се бори со тешка срцева болест. Тој има проширено срце, целиот отечен од килограмите вода што ги има во неговиот организам поради водата и слабото срце тешко дише и не е во можност да стане од кревет а боледува и од шеќерна болест. Радува фактот што по петгодишното барање помош зад него од неодамна застана Министерството за здравство кое случајот го презеде во свои раце. Силјаноски кој во моментов се бори за живот е татко на три малолетни деца а неговата сопруга работи од утро до мрак за да ги покрие месечните трошоци и да ги набави потребните лекови за Љупчо. Да помогнеме на оние на кои помошта им е нај потреба. Нашите мали пари можат да спасат голем човечки живот.
Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com
Редовни рубрики: Наш Охрид Интервју Образование Репортажа Ви најавуваме... Охридски легенди Економија Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт
ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска
belevska.angela@gmail.com
Технички уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска Веб уредник: Алан Каоу фото: Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Петруш Јовески Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид
3
Наш Охрид
Нагоре високо, надолу длабоко за охридскиот туризам
4
О
хрид плени со работи кои ги нема во ниеден друг дел од светот, тој може да биде привлечна дестинација за богати туристи но за нив треба да се направи богата туристичка понуда. За да се привлечат странски туристи кај нас мора да се промовираме надвор од државните граници во регионов и низ светот. Неопходно е во рамките на светски најпознатите аеродроми да има и наши маркетиншки агенции кои ќе не рекламираат и промовираат. Културното и природно богатство како и Националниот Парк “Галичица“ и одличната местоположба, се неколкуте адути кои Охрид го прават посебно место во светот. “Треба да развиваме туризам за луѓе кои веќе виделе се. Луѓе кои го виделе мас туризмот, луѓе кои ги виделе сите најубави плажи а ќе дојдат кај нас за да погледнат нешто што е недопрено, односно го нема во другиот дел на светот. Ако ја отвориме картата на УНЕСКО на која се означени светски заштитените местата (природно наследство со зелена а културно со портокалова боја) ќе видиме дека Охрид е еден од ретките европски градови во кои ги има двете бои. Наша предност е и што Стариот град е целосно заштитен. Тоа е реткост. На пример: во Полска има 12 места во кои има само неколку заштитени објекти. Редок е случајот каков што е кај нас цел град да биде заштитен. Наша конкурентна предност за туризмот е и Охридското Езеро. Во сето тоа
Наш Охрид природно и културно богатство го имаме и Националниот Парк “Гачичица“. Додека околните предели до Алпите се претежно рамничарски, кај нас покрај рамници има и планини “, вели раководителот на Секторот за Локален Економски Развој, Гоце Симоноски. Целната група на туристи се определува зависно од дефинираната туристичка понуда. “За да привлечеме “квалитетни “гости ние мора да ја подобриме постојната и да изградиме нова инфраструктура. Нашиот ударен дел во смисла на туризмот е кон селото Пештани и манастирскиот комплекс “Св. Наум“, значи лошо е што имаме проблеми со колекторскиот систем таму. Покрај тоа мора да се уредува не само централното градско подрачје туку и периферијата “, додава Симоноски. Само со соодветна промоција и маркетинг, брендирање на наши производи и подигнување на нивото на луѓето кои се инволвирани во туризмот, можеме успешно да дефинираме какви туристи сакаме да донесеме во Охрид. При тоа, треба секогаш да имаме на ум дека Охрид е мал град со легално регистрирани 10 000 легла во приватното сместување и 3 000 легла во хотелите. Треба да сме свесни дека на пример, на аеродромот во Франкфурт работат 50 000 луѓе или дека Кина очекува во 2015 година да има 100 милиони патувања кон надвор. Ако направиме споредба меѓу овие цифри и нашиот туристички потенцијал,
ќе видиме дека имаме потенцијал да донесеме туристи меѓутоа целта ни е кај нас да доаѓаат гости со подлабок џеб а не оние што ги имаме, младинци и деца. “Ако се прашаме зошто младите и посиромашните доаѓаат кај нас ќе дојдеме брзо до одговорот. Ние имаме добар инфра -структурен потенцијал го имаме аеродромот но Македонија во случајов не зависи од Охрид ниту пак од туристичките работници туку зависи од оние кои управуваат со аеродромите и од генералната политика која се прави во однос на транспортот, тука мислам не само на аеродромите туку и на железницата. Немаме современ автопат. Од Скопје до Охрид се стигнува за 3 часа. На охридскиот аеродром нема линии, скопскиот пак ги губи тие заминуваат за Косово. Поради тоа ние сме најскапа дестинација, возните билетите се со висока неприфатлива цена и за Холанѓаните и за Германците. Тешко е да се донесат “сериозни“гости во Охрид додека не се среди управувањето со аеродромите.“ За побогати гости ние треба да имаме побогата понуда. Ние можеме да се рекламираме и да ги донесеме кај нас, но можен е и контра ефект. Ако на пример донесеме Јапонци кои имаат екстремно високи мислења за хигиената и живеат во високо хигиенски услови, Охрид колку и да го чистиме за нив е нечист град. Мал е и сместувачкиот капацитет во Охрид. Поголема група
туристи нема каде да се смести. Хотел “Инекс“ има мал број легла, во хотел “Десарет“ не е подобрена инфраструктурата. Малите хотели се со мал капацитет. Лоша слика за гостите се и дивите станоиздавачи кои буквално се грабаат по гостите на автобуската станица. Не е можно да се привлечат богати гости кај нас се додека се продаваат крофни, и пченки на еден агол од езерскиот кеј а веднаш до него се нудат, сувенири, очила за сонце или играчки за деца. За да се надминат овие проблеми потребно е да се направи спрега од полицијата, Државниот пазарен инспекторат и инспекторатот на Општина Охрид. Бројот на домашни туристи во 2009 година до месец јули во однос на минатата година во истиот период е намален за 11,7 %, но е зголемен бројот на странски туристи за 32, 6% што е позитивно. По однос на остварени ноќевања, бројот на ноќевања на домашните туристи во јули 2009 година во однос на јули 2008 година е намален за 12% а бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 11 %. Бројот на туристи кои годинава престојувале во Охрид во однос на лани е намален за 5,6%, а ноќевањата се намалени за 11,3%. Годинава најбројни биле гостите од Србија а по нив се гостите од Бугарија,Полска, Израел и Албанија.
5
Наш Охрид
„Охридско лето“ - најуспешен туристички бренд
Ф
естивалот „Охридско лето“, Струшки вечери на поезијата, Вевчански карневал, манифестацијата „Крушево етно- град“ и презентацијата на Македонија на Си –ен -ен се петте манифестации што годинава најуспешно ја промовирале земјава како туристичка дестинација. Министерот за економија Фатмир Бесими, им додели признанија на организаторите на овие манифестации, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на туризмот - 27 Септември. Според Бесими, наградените манифестации успешно ја завршиле работата, со оглед на тоа дека бројот на странски туристи во првите седум месеци од годинава се зголемил за 9,7 отсто споредено со лани. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се надеваат дека бројката уште повеќе ќе се зголеми в година, кога државата ќе почне да ги субвенционира туристичките оператори што во земјава ќе носат странски гости. - Се зголемува бројот на странски туристи, но оптимист сум дека ќе расте и бројот на домашни. Тоа може да се постигне со инвентивноста на домашните туристички работници, кои со интересни понуди ќе ги задржат граѓаните да летуваат дома - вели Зоран Стрезовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Седиштето на Дебарско- кичевската епархија ќе се пресели во стар Св. Климент, за заштита на црквата донесен мега проект од 1,1милиони евра
Д
ебарско - кичевската епархија размислува да го пресели седиштето во комплексот на црквата Св. Богородица Перивлепта, меѓу охриѓани позната како стар Св. Климент. Најверојатно новото седиште на епархијата ќе биде во поранешната зграда на музејот на словенска писменост.
Епархијата која е сопственик на комплексот околу Св. Богородица Перивлепта, неодамна даде зелено светло за реализација на проектот за ревитализација на овој значаен духовен храм од византискиот период. Имено со мега проектот вреден 1,1 милиони евра ќе биде поддржана обновата на црквата. Заштитата на овој вреден споменик на културата е еден од трите проекти од Македонија кои ќе се реализираат во рамките на заедничката акција на Европската Комисија и Советот на Европа за обнова на културното наследство во Југоисточна Европа. “Со овој Проект се предвидуваат конзерваторско -реставраторски интервенции пред се поради лошата состојба на фреско- живописот во црквата Света Богородица Перивлепта. Се третираат и други градби во комплексот како северниот конак, камбанаријата и зградата на некогашниот Музеј на словенска писменост, со цел да најдат решенија за нивна конзервација - реставрација и повторна употреба, со што би се добила една нова атрактивна туристичка целина, посебно интересна од аспект на културниот туризам“, вели Антонио Балески од Секторот за Локален Економски Развој. Времетраењето на проектот кој е значаен и за Општина Охрид и за државата е 4 години, а потребните финансиски средства за негова подготовка и реализација изнесуваат 1.111.800 евра од кои 833.850 евра се очекуваат од донации, фондации и спонзорства, додека 277.950 евра ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Проектот заеднички го подготвуваа Мирка Илоска од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид и Антонио Балески од Општина Охрид, во соработка со Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Дебарско- кичевската Епархија.
6
definitivno don.com.mk www.
Економија
Туризмот лани ни донел 80 милиони долари
М
акедонскиот туризам минатата година остварил нето приход од 80 милиони долари, што е повеќе од претходната година за незначителни 0,3 проценти, соопшти Министерството за економија. Според ова министерство иако значајни приходите остварени во туризмот се’ уште имаат скромен придонес за бруто домашниот производ, а домашните туристи и натаму повеќе патуваат во странство што придонесува за зголемен одлив на девизи.
Казни од 5.000 до 10.000 евра за производителите кои не ќе го воведат ХАЦЦП стандардот
О
д неодамна инспекторите започнаа со помасовни контроли на производителите на храна од животинско потекло кои задолжително мора да работат по ХАЦЦП стандарди. Од Републичката ветеринарна инспекција најавуваат дека засега нема да има казни за компаниите кои не го завршиле имплементирањето на ХАЦЦП, но на две недели ќе се контролира дали кај нив има напредок во процесот. Доколку се утврди дека тие немаат направено исчекор во имплементацијата на стандардите, привремено ќе им биде одземена дозволата за работа се додека не го воведат ХАЦЦП. Засега 40 отсто од капацитетите за производство на храна од животинско потекло го имаат воведено ХАЦЦП- стандардот, исто толку се во фаза на имплементација, а 20 отсто го немаат започнато процесот на воведување на стандардот за безбедност на храна. Многу поалармантна е состојбата кај производителите на храна од растително потекло кај кои имплементацијата на ХАЦЦП стандардот станува задолжителен од 1 јануари 2010 година. Само 600 од вкупно 16.000 регистрирани производители на храна од растително потекло целосно го вовеле ХАЦЦП, а околу 3000 се во процедура. Компаниите кои нема да го воведат ХАЦЦП стандардот ќе се соочат со казни од 5.000 до 10.000 евра и затворање на производствените капацитети
8
Образование
Првото тримесечје од учебната година заврши без учебници
“П
аднаа“ првите оценки, а седмо одделенците и учениците од средните стручни училишта се уште се без учебници и прирачници. Состојбата станува уште похаотична ако се земе во предвид дека наместо книгите кои се нарачани пристигнуваат дупликати на не испорачани книги кои веќе ги има. “ Во основните училишта се пристигнати околу 80% од книгите. За седмо одделение имаме добиено само учебници по предметите: англиски јазик, германски јазик, историја физика и техничко образование. Учениците по остана-
тите седум предмети ја совладуваат наставата со водење забелешки на час, а професорите за предавањата се снаоѓаат како знаат и умеат. Во средните стручни училишта состојбата е на самиот почеток. Не е доставен ниту еден учебник по ниту еден наставен предмет. Тоа значи дека учениците целата наставна материја ја совладуваат со вадење белешки во тетратка “, вели раководителот на Секторот за Јавни дејности при Општина Охрид, Митре Велјаноски и додава дека одолговлекувањето со целосната набавка на учебниците ќе се рефлектираат врз квалитетот на об-
разованието. Затоа наместо позитивен можен е негативен ефект од овој проект. Со проектот се добива на социјалната страна односно од економски аспект им се помага на родителите кои се во лоша материјална состојба и не можат да обезбедат средства за книги, но сето тоа ќе биде крајно неважно и маргинално доколку ги изгубиме резултатите во квалитетот. “Ако солидни ученици од овие проблеми на крајот имаат послаби резултати тогаш целта не сме ја постигнале. Ако родителот заштедил 2000, 3000, 4000 денари а при тоа
детето во најосетливиот период од неговиот развој има послаби резултати во учењето а сето тоа може да се одрази со последици во подоцнежниот период, ништо не сме постигнале. Затоа што многу битен фактор во образовната дејност е континуитетот“, вели Велјановски. Убавата идеја за бесплатни учебници требаше многу подобро да се осмисли со добра координација меѓу Министерството за образование, Локалната самоуправа и училиштата.
9
Интервју Цветко Грозданов – пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Нема надеж за СДСМ таа нема нови лица кои би направиле радикални партиски промени Цветко Грозданов е актуелен пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е вљубеник во родниот град и вели дека во него може да се направат многу работи кои ќе помогнат во заживување на туризмот и стопанството. “Централната власт е секогаш расположена за соработка со локалната, но градоначалникот треба и е должен да иницира и бара средби со Премиерот. Таткото на градот мора во име на граѓаните пред владата да изложува развојни проекти за кои централната власт ќе издвојува финансиски средства“
Кога ќе го “вратите филмот назад“ ќе се сетите на вашите први политички ангажмани и изодениот пат кон политиката... - Со запишувањето на факултетот за физичка култура во Скопје во 1988 година станав претседател на младината на факултет и бев избран
10
во телото на претседателството на младината на Универзитетот. Учествував во тогашните демонстрации против Грците кои не ја признаваа нашата диплома. Студентите кои доаѓаа од Република Грција студира кај нас до четврта година а потоа пред самото дипломирање
се префрлаа на факултетот во Приштина за да добијат диплома која ќе биде валидна и призната во нивната држава. Тоа беа моите први почетоци во политиката. Со појавата на плурализмот во 90-те години од минатиот век мојот постар брат Кољчо Грозданов во една прилика
ми укажа дека разговарал со одредени луѓе кои сакале да ја формираат ВМРО-ДПМНЕ и дека како интелектуалец- лекар е поканет да учествува во формирањето и ми кажа дека би било добро двајцата да се зачлениме во партијата а со тоа како браќа ќе сме на една по-
Интервју литичка страна, опција. Така јас и мојот брат во 1990 година потпишавме пристапници како членови на ВМРО-ДПМНЕ. Една година подоцна при секцијата на ВМРО –ДПМНЕ потпишав уште една пристапница со која станав нејзин член. Секцијата всушност беше исто што и сегашниот така наречен Општински Комитет. Во таа 1991 година станав член на потесното партиско раководство од Охрид. Во 1993 година поради одредени партиски превирања малку се дистанцирав од случувањата и се упатив на после дипломските студии при факултетот за физичка култура во Скопје. За локалните избори во 1996 година повторно се вратив како партиски активист. На парламентарните избори во 1998 година активно учествував, се до моментот на партиските превирања. Во 2003 година конкурирав за претседател на Општинскиот Комитет но не бев избран, но поради тоа што сите години јас останав доследен на програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ , претседателот Никола Груески ме назначи за претседател на Општинскиот комитет во Охрид. Потоа следеа моите политички ангажмани како носител на листата на локалните избори. На парламентарните избори во 2006 година бев 5-ти на листата како кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2008 година завршив на 7-то место како кандидат за пратеник во македонското собрание. Како дипломиран професор по физичка култура имавте можност професионално да се реализирате и да предавате по соодветниот наставен предмет во гимназијата “Св. Климент Охридски“. Ви недостига ли “школскиот живот“ и работата со деца. - На некој начин двете работи се поврзани и допринесуваат за начинот на живеење во општеството. Она што јас го работев како професор беше мојата воспитна компонента кај младите, допринесував за здравиот начин на живеење и размислување и нормално оттргнување на младината од лошите пороци. Во даденава ситуација како пратеник мојата помош е кон она што се нарекува можноста да му се даде на младите начин како да се стекнат со одредено образование, да можат полесно да дојдат до одредени вработувања а со тоа и по квалитетен начин на живеење со многу спортување. Познат сум по моите заложби во комисијата за образование околу проектите кои ги имаше Владата, но исто така сум познат и околу проектите кои Вла-
дата ги нуди ги и ќе ги реализира во смисла на Спортскиот Центар Билјанини Извори и атлетската патека како еден издувен вентил на младите каде ќе спортуваат и ќе се рекреираат. Што друго од спортски аспект е потребно односно му недостига на Охрид? - Јас како охриѓанец кај премиерот Груевски лобирав околу можноста Охрид да добие соодветна инфраструктура во смисла на спортот а тоа се спортски игралишта од типот на фудбалските игралишта во кои се зацртаа две,едното е во селото Лескоец а другото требаше да биде во Воска на стариот стадион но поради некои размислувања на градоначалникот Петрески дека по деталното урбанистичко решение на тоа место се предвидени други објекти, зацртавме вториот стадион да се изгради на Спортскиот Центар Билјанини Извори. Потоа укажав кај премиерот Груески дека Охрид е познат по она што е пливање и ватерполо затоа што кога градов имаше пливачи и се играше ватерполо ние немавме конкуренција рамна на нас. Мислам дека Охрид треба да добие затворен базен во кој охриѓани ќе можат да се рекреираат и во зима а со тоа и да се обноват сега затворените клубови, пливачкиот и ватерполо клубот “Охридски бранови“. Исто така во Охрид е зацртана изградба на повеќе тени-
ски игралишта, кои за жал поради економската криза ќе бидат реализирани во наредните години. Заедно со сопартиецот Александар Николовски ја подржавте иницијативата на градоначалникот Александар Петрески за изградба на споменик на Св. Наум во централното градско подрачје. Зошто и кога ќе започне реализирањето на проектот? - Повеќе луѓе мислат дека таа била стара идеја. Јас пак не патам од некој комплекс кој треба прв да даде иницијатива. Но во тој временски период кога идејата била дадена таа не се реализирала, во овој временски период беше заборавена и без разлика од каде доаѓа иницијативата , дали од градоначалникот Петрески, скулпторот Томе Серафимовски или пак пратениците Цветко Грозданов или Александар Николовски дадоа свое видување за реализирање на проектот е неважно. Но јас мислам дека проектот треба да биде подржан затоа што со него на некој начин ќе му го вратиме достоинството на градов а со тоа ќе укажеме и на големата и значајна улога што Св. Наум ја имал кај нас и пошироко. Затоа сметам дека споменикот изграден во негова чест треба да го најде своето место на градскиот плоштад меѓу великаните Светите Кирил и Методиј и Св. Климент. Како што знаете од Министерството за култура проектот е
одобрен. Јас мора да се заблагодарам на Општина Охрид и на градскиот совет затоа што едногласно ја усвоија оваа иницијатива. Сметам дека со надминувањето на глобалната економска криза која очекуваме да заврши оваа или во почетокот на наредната година,споменикот ќе биде реализиран и ќе биде поставен на плоштадот во Охрид. Ако пратеникот во македонското собрание од редовите на СДСМ, Томе Чинго, во минатиот број на АМАК Прес, Охридски Новини изјави дека доколку ја има сета политичка власт во свои раце за пет минути ќе го симне од власт премиерот Никола Груевски и неговата Влада, што би направиле Вие доколку би ја имале сета власт во свои раце? - Видете, секој човек има свое видување и носи своја сопствена одговорност. Јас ќе кажам дека менувањето или идењето на власт на една или друга политичка партија го дава народот а ако јас имам пет минути целосна политичка власт , би се потрудил на граѓаните на Република Македонија да им го подобрам начинот на живеење и она што се вика социјала. Би се трудел во таа насока секој да го добие заслуженото место во општеството, секој да има можност да егзистира на ова поднебје. Луѓето да не бараат излез од лошата економска кри-
11
Интервју за со заминување во странство туку својата егзистенција да ја гледаат во Република Македонија. Би сакал да можеме да се пофалиме дека имаме добар стандард, добар живот и дека можеме пристојно да живееме тука ,на нашите простори. Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ од повторното консолидирање на опозиционата СДСМ со враќањето на Бранко Црвенковски на партиската челна позиција? -Па ако тргнеме од локално ниво не гледам дека има некое големо обединување а ако тргнеме од она што се случува на глобално –републичко ниво, социјалдемократите можеби фиктивно направија некои промени во кои што понудија одредена програма “Решение за Македонија“ која што е неиздржана и е бледа копија на нашата програма што ја имавме уште во 2006 година “Преродба во 100 чекори“. Но би се задржал на промените и би кажал дека промените кои доаѓаат во една политичка партија треба да дојдат од самиот врв. Нашиот народ има една стара поговорка која вика вака“волкот влакното го менува но наравот не“.Цели 19 години од постоењето на плурализмот во Република Македонија, СДСМ го водел Бранко Црвенкоски. Ако во тој временски период Црвенкоски укажал дека од 15-ти септември народот ќе ја земе судбината во свои раце и дека ќе има по еден вработен од секое семејство за да после две години кукавички ја напушти функцијата премиер и замине на функцијата претседател на државата. Тој со напуштањето на премиерската функција и постанувањето на претседател на државата остави еден тотален економски хаос па така наместо ветените вработувања по еден член од семејство имавме дополнителни отпуштања. Навистина не гледам надеж за СДСМ затоа што не гледам некои нови личности кои би можеле да направат одредени радикални промени во партијата . Социјалдемократијата не се состои во помагањето и правењето на олигарси туку социјалдемократијата се состои во помагањето на народот и социјалата. Јас не гледам социјален аспект или момент во програмата на СДСМ и сметам дека она што самите тие го имаат понудено за граѓаните не е доволно. Беше направена анкета на граѓаните во државава а добиените податоци покажаа дека рејтингот на СДСМ е паднат за 1% по враќањето на Бранко Црвенковски во партиските редови а не е зголемен. Добро е во Република Македонија да се појават одредени конструктивни
12
опозициски партии кои ќе допринесат не само во тоа да се критикува работењето на Владата или власта туку со одредени нивни проекти или моменти да приложат или прикажат дека имаат разбирање и дека
однесува на споменикот на Св. Наум Охридски. Не станува збор дали идејата за градба беше на градоначалникот Александар Петрески, на скулпторот Томе Серафимовски или од пратеникот Цветко Грозданов.
на Владата ќе и понудат одредено решение кое ќе го прифатат. Јас повторно ќе кажам односно ќе се вратам на мојот одговор на едно од погоре наведените прашања, што се
Идејата е добра и треба да се поддржи и затоа укажувам благодарност до Локалната самоуправа а во ниеден случај нема да кажам дека ја критикувам идејата на Петрески или
Серафимов а уште помалку ќе речам ,“сега јас ќе ја протежирам затоа што е моја“. Какви се релациите Централна- локална власт? Често локалната самоуправа знае да ја обвини Владата како виновна за не решавање некој проблем во Охрид затоа што за него Локалната не добила поддршка или помош од Централната власт. - Јас ќе одговорам на прашањево со тоа што на почетоков ќе пробам да ги цитирам зборовите на градоначалникот Петрески тој често кажуваше вака: “во кое време од ноќта да му заѕвоните на Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски тој е достапен и крева телефон“, значи со овие зборови и самиот градоначалник ја потврдува и признава транспарентната работа на Владата. Доаѓањето на премиерот Никола Груевски во Охрид и средбата со градоначалникот Александар Петрески укажува на фактот дека Владата е расположена за соработка но, но доколку таа не биде условена. Ние сакаме соработка која ќе даде подобро секојдневие за граѓаните на Охрид а не за поединци. Ќе напомнам неколку примери, ако станува збор за носењето на деталните урбанистички решенија јас ќе ви кажам дека на просторот каде сега е сместен Медицинскиот Центар и Брза помош има одвоено средства за изградба на современ Ургентен центар но промената на деталниот урбанистички план не го прави општината. Или пак ќе кажам дека по моето лобирање Премиерот Груевски се сложи дека камен темелникот за затворен базен треба да се постави во Охрид затоа што во градов има традиција и се негуваат пливачките спортови. Ние како Влада бараме локацијата да биде на Спортскиот центар Билјанини Извори но не на веќе постојниот базен затоа што Владата има донесено одлука да на веќе стари постоечки објекти не гради нови затоа што со малку финансии старите објекти можат да се адаптираат и да се преуредат или стават во функција. Со новата инвестиција градиме нова можност и нов објект во кој ќе може да се одвиваат тие спортски активности. Но локалната самоуправа за жал не сака да зацрта маркичка на тоа место каде сакаме да го изградиме пливачкиот базен затоа што тука има интерес да зацрта нешто сосема друго. На пример ќе кажам дека кога јас би бил градоначалник на Охрид и кога Централната власт би ја имала СДСМ јас би бил тој кој би иницирал средба со Премиерот, затоа што Охрид како
Интервју град е навистина вреден. Сите ние сме даночни обврзници, со плаќање на комунали или друга сметка даваме придонес во полнењето на државната каса. Тие пари се насочени кон државата а таа нас ни враќа на она што се проекти. Но доколку градоначалникот има комуникација со Власта нема да има проблеми во реализирањето на проектите. Градоначалникот е должен и мора да бара, да иницира средба и да има заеднички јазик со Власта за да во името на граѓаните предложува проекти за кои Владата ќе одобри средства . Општината не може да реализира некои крупни проекти и затоа треба да имаме разбирање и да имаме на ум дека изборите завршија. Имаме градоначалник кој треба да лобира (дали преку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ или на друг начин), враќање на што е можно поголем дел од средствата кон локалната самоуправа или Општина Охрид. Зошто плажите во Охрид не се ставаат под надлежност на Локалната самоуправа, така општинската каса би била полна а градот ќе има поголем ќар по завршувањето на секоја туристичка сезона? - Јас имам комплет документација од времето кога плажите не беа дадени под концесија до денес односно, како тие изгледаат откако се дадоа под концесија. Не станува збор за прибирањето на средствата затоа што 80 % од собраните средства ќе одат на контото на локалната самоуправа. Тоа и не се некои големи пари никој да не се залажува, локалната самоуправа не би можела да функционира или егзистира само од тие пари. Мислам дека со тие пари ни ЈП “Комуналец“ не би можело да ги подмири трошоците за чистењето на плажите. Не се големи концесиите, но еве условно ќе кажам и враќањето на плажите под локална самоуправа не е ништо страшно и треба да му се дадат плажите на локалната таа да ги стопанисува, но под оние услови кои што ги предвиде издавањето или концесионерот претходно. Ќе прашате зошто? Затоа што сведоци сме на она што се случува во Струга. Сега кога ќе направиме една споредба со плажите од Охрид ќе видите дека кај нас плажи кои беа депонии ги направивме во места кои се собиралишта на многу млади и на повозрасни луѓе кои што добар дел од денот го поминуваат во тие објекти. Такви се плажите “Куба Либре“ и “Кадмо“ каде некогаш беше „Ајван“плажа обрасната цела во трнови и шут. Потоа кај сегашна-
та плажа “Атлантик“ некогаш имаше купишта кабаст отпад тоа беше депонија во вистинска смисла на зборот. Денеска плажите се уредени, има обележано капалиште,место за чамци и скутери, има спасувачи за вода. Дојдовме дотаму да секоја плажа има интернет достапен за гостите на тоа место. Јас немам ништо против плажите да се вратат назад на Локалната самоуправа но треба трендот во уредното водење на плажите да го почитува и Локалната самоуправа. Што во моментов е приоритетно да се реши во градов, што им е најпотребно на охриѓани? - Мислам дека во Охрид има многу работи кои треба да се решат. Јас пред шест месеци укажав дека во Охрид особено во заштитениот стар дел има многу дивоградби. Знаете дека јас во еден од минатите броеви на ова списание изјавував дека е можно градов да биде избришан од листата на УНЕСКО. Мојата идеја на почетокот беше исмеана, тогаш сите кажуваа дека тоа не е можно за да после 2 месеци член од претседателството на УНЕСКО кажа дека Охрид бил на црната листа на УНЕСКО и можно е да биде избришан затоа што заштитениот дел односно, стариот град и крајбрежјето не се онакви какви што меѓународната организација предвидела. По неколку месеци беше исклучен Дрезден а потенцијален за исклучување стана и Охрид. Сега она што е актуелно и како закон ќе се донесе во Парламентот е легализацијата на дивоградбите. Јас при донесувањето на законот и амандмански ќе реагирам тоа да не важи за стариот дел на Охрид затоа што тој е заштитен дел и сите дивоградби ќе треба да бидат отстранети или да бидат преадаптирани и доколку по проектите или градежниот план можно е да се легализираат јас немам ништо против, но да ги вратат во состојба онака како што УНЕСКО предвидува. Значи предвидено е чатиите да бидат на четири води, да нема стакленици туку прозорците да се на 1метар и 20 сантиметри со 80, чатиите да немаат баџи а ѓерамидите да бидат полу кружни односно познати како стари турски ѓерамиди не од плех или шиндра и ред други работи. Мислам дека тоа е она првичното што Охрид треба да го среди. Многу дивоградби има и во новиот дел на градот и за нив треба да се преземат мерки да се рушат или да се легализираат но ќе кажам дека на градов му недостига и добра инфраструктура. Знаеме дека кога врне дожд или снег по улиците не се поминува со автомобили а камо
ли пешки. Еднаш за секогаш треба да се заземе стратегија за развојот на Охрид, колку жители би имал и која треба да биде инфраструктурата за нив. Мора да гледаме напред за наредните 50-100 години. Не можеме да размислуваме од денес за утре поставувајќи цевка за отпадни води која има одредена широчина која може да опслужува само 40 000 жители а при тоа знаеме дека само во летниот период со гостите нивниот број достигнува 80 000. Треба да размислуваме како да се развива туризмот за да паралелно со него го помагаме и стопанството. Во минатото Охрид беше познат стопански центар но и туристички. Денес не сме познати ни по стопанството а уште помалку по туризмот, затоа што носењето на детални урбанистички решенија на брзина само за да се наполни општинската каса и при тоа да се дозволи градба на 36-38 згради како што беше случај со урбана единица 6 е катастрофа. За мене такви градби се неприфатливи. Нека ми простат кратовци, но ова не Кратово ова е Охрид, не треба да градиме рударски окна, рударски населби туку наместо тоа градов треба да добие елитна населба. Јас се сложувам наместо 38 згради да има 38 хациенди кои што ќе се убави како во скопско Радишани или Злокуќани каде што луѓето со подлабок џеб ќе платат и по 3, 4 или 5 000 евра за квадратен метар. Тие ќе имаат луксуз од големи размери а ние како охриѓани кога ќе поминеме таму ќе се воодушевуваме затоа што имаме такво луксузно катче со убава инфраструктура. На таков начин привлекуваме во градов богати луѓе кои се спремни да потрошат голем дел од своите финансии по хотелите, рестораните и низ другите места во градов. Има ли според Вас услови за развој на елитен туризам во градов? Ние не треба да измислуваме топла вода туку треба само да гледаме како се развива Европа, што прават нашите соседи или каков туризам развиваат бившите југословенски републики, Хрватска или Црна Гора. Ќе наведам еден пример комплексот вили и претседателската резиденција имаат голем луксуз и приватни плажи но сепак се затворени и се за мал број посетители. Имаме хотели со претседателски апартмани кои се навистина добро средени кои претседателите и премиерите ги користат како такви. Еве како Бриони од резиденција на претседателот Јосип Броз Тито стана елитен простор и туристичко место кое сакаат да го посетат бога-
таши кои дел од своето богатство трошат таму. Но тоа е елитниот туризам. Елитниот туризам го гледам без градењето на таканаречените викенд станови затоа што Охрид во моментов има над 8 000 викенд станови кои што во летниот период се издаваат на пријателска основа без она што се нарекува надоместок а мештаните земаат кредити за да ги преадаптираат своите објекти во апартмани за издавање. На овој начин со градењето на викенд становите ние му правиме една нелојална конкуренција на нашите мештани кои што во текот на целата година треба да живеат од издавањето на апартмани Што ќе направеше за Охрид, ако Цветко Грозданов беше градоначалник? - Првично би вовел ред во угостителството и би го средил хаосот во чаршијата и на плоштадот. Не може и недопустливо е на плоштад кој има одредена цена да работат кафулиња кои ставаат столици од банбус кој е на распаѓање и доколку некој турист седне на него ќе си ги скине пантолоните. Второ, бројот на маси и столици од кафулињата на плоштад би бил значително помал,цената за услужените добра би била повисока а со тоа и квалитетот на услугата значително подобра. Пред неколку години престојував во Гете Бург, на главната улица која води кон морето има ексклузивни кафулиња со 4-5 маси. Таму една кока- кола чини 7 евра. Ако одите во споредната уличка само 50 метри погоре , цената на услугата е за 50 % пониска. Кај нас пак, цената на пијалаците во сите кафулиња е приближно иста, независно дали седите во кафуле на плоштад, во с. Трпејца,с. Пештани или пак пиете кафе во кафеана во населбата Видобишта. Тоа е недопустливо. Реонски мора да имате зголемување или намалување на цената. За развој на кафулињата не треба да биде ударна само старата чаршија или плоштадот. Доволно е да се земе во предвид она работењето на кафулињата по скопската улица “Ленинова“. Хаосот во секој случај треба да се оттргне, мора да се отстранат тезгите и препродавачите од езерскиот кеј и плоштадот и да се постават на друго соодветно место. Ужасно беше поставувањето на белиот шатор или бините кои ги имавме летово на плоштадот. Мора да се стави добар ред во угостителството и туризмот и хаосот кој е во старата чаршија.
13
Охридски легенди
Докторката Елена Каваева
пишува: Владо Жура
Јас не учев и не дојдов тука да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот....
О
хрид, средиште и крстопат на овој дел од Балканот, во својата многувековна историја дал бројни бележити луѓе, во разни области од животот. Нивниот придонес ги надминал и локалните рамки , па дури некои со своите дела, се вградиле во историјата и во светското културно наследство. Но, има и такви , кои дошле од далеку , токму во Охрид и сиот свој живот го вградиле во решавањето, надминувањето и подобрувањето на севкупниот живот во Охрид и пошироката околија. -Јас не учев и не дојдов тука за да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот....ми го рече во една пригода, пред многу години познатата докторка Каваева , која повеќе од педесет години работеше како лекар во овој наш крај и остави неизбришливи траги зад себе, и се вброи меѓу основоположниците на современото здравство во Охридскиот крај, во нашата земја, а и на пошироките балкански простори.
кој не се сеќава или барем не чул за докторката Каваева, првата жена лекар во нашиот град и пошироко, која речиси сиот свој работен век до највозрасните дни го минала тука, помагајќи и дење и ноќе секому кому му била потребна лекарска помош, без разлика на народност, вера ....и материјална состојба. И мене, се уште ми се неизбришливи сомените за оваа докторка, со која имав бројни средби, најпрвин како нејзин пациент, а подоцна како млад новинар, со која во повеќе наврати водев долги разговори за нејзиниот животен пат, од кои разговори за денешниов број на `Охридските Новини` одбрав фрагменти снимени на стари магнетофонски ленти:
Домот на д-р Каваева, на чие место денес е филијалата на Охридска Банка
д-р Хелена Етингер - Каваева Тука, меѓу нас , д-р Хелена Етингер - Каваева, исклучителна жена хуманист, дојде пред повеќе од осумдесет години, од далечната Русија, придружувајќи го својот сопруг, истотака доктор Владо Кавај, напуштајќи високи општествени позиции и блескава кариераи двајцата, за да бидат од полза на обичниот човек. Не постои повозрасен жител на Охрид
14
Квечерина. Есенска , студеникава . Одајата затоплена . Пријатна домашна атмосфера со чај и бисквити . Спокојствие , напати и тишина : старицата седната од спротива пребира по мислите свои , ги средува спомените ли , датумите... или пак одново ги преживува сите мигови од пред половина век и повеќе, минати се' до нејзиното животно пристаниште - Охрид . Д- р Каваева со енергичен глас , но сепак пријатен за слушање, кажува : -На мажот ми Владо му било пишано како на Мојсеј ...Како што Мојсеј ги изведе синовите на Израел од Египет преку Црвеното Море , така од Владо се бараше , го молеа и преколнуваа ... да ги изведе балканските словени кои по случај или со некаква намера се нашле во Русија и тука ги затекнала Октомвриската Револуција и Татковинската војна....И успеа во тоа ! - Како се најдовте таму ? - прашувам и го вклучувам магнетофонот .
- Е, тоа е долга , многу долга приказна .... вели старата докторка и поместувајќи се поудобно во фотелјата продолжува : - Јас сум родена во Ченстохова , денешна Полска , од родители Јузеф и Регина Етингер . Татко ми беше инженер по хемија и шумарство, инаку фабрикант , сопственик на фабрики за хартија.....ама јас дел од детсвото и младешките години ги минав на учење во Швајцарија . Брат ми Адам , повозрасен од мене , уште во студенстките дни се занимавал со напредни револуционерни активности , па уште во почетокот на векот (дваесеттиот век, б.м) беше протеран од родниот крај , од страна на тогашните руски власти и тој замина во Берн , таму студираше а подоцна стана професор на Правниот факултет . Јас преку летото , уште од најмали нозе го посетував неговото семејство , а подоцна во Берн се школував . Во 1910 преминавме во Берлин , за да сме поблиску до родниот крај... Јас запишав студии по медицина, а кон крајот на 1913 ја одбранив и докторската дисертација . Отидов во Санкт Петерсбург да полагам државен испит за да можам да работам низ Русија, како државјанин руски , па пак назад во Берлин , кадешто нė затекна и почетокот на Првата Светска војна . Беше страшно . Период на мобилизација , јас без работа , брат ми и снаа ми со мали професорски плати , границите се затворија - материјалната помош од татко ни' не пристига....стана просто невозможен животот за руски емигранти... Со помош на пријатели сė се надминува - најдов работа како придружничка доктор на еден руски генерал во поодминати години . Тој бил затечен на бањско лекување во околината на Берлин , а како кум на царот Николај Романов , бил трампан за германски високи офицери ли , генерали... И јас тргнувам со него... почеток на јануари 1915 преку Балтикот, па Шведска , замрзнатата Финска ...и накрај во Петроград , односно се уште тогаш беше Санкт Петерсбург. Тмау, пак без работа . Талкам , лутам две недели ....само на вода топла и сув лебец . Конечно работа - на струката , лекар во 169 Воена болница...` И токму таму во тоа време невреме се запознава со Владо Кавај, инаку нејзин претпоставен доктор, кој зад себе иако млад, имал мош-
Охридски легенди Балканци ...и грци и сите . Ленин се сложи - Владо нема каде. -Владо да нė извлечи како Мојсеј Евреите - запнаа , а ние , малку ли ни беа нашите лекарски обврски.....ама и Владо како да го влечи носталгија , родниот крај . -Истоштени до немајкаде бараме излез . А како ќе излезеш од тогашна Советска Русија која нема односи со никого , парите советски никој не ги признава... Пак Ленин помогна . Му ветуваме дека еден ден пак ќе се вратиме ! И ќе се вратевме , да беше жив тој .
Каваева со дел од персоналот на Петроградската болница не интересна животна историја. Владимир Кавај бил роден во 1889 година во Охрид, како втора рожба на Фросина од Аљчета Пенда и стружанецот Јаким Кавај, од познат попски сој чиј татко попа Јосиф Кавај бил набиен на кол од тогашните злодејци во с. Радожџа! Владо од мал бил склон кон учењето, но заради ограничените семејни материјални можности многу тешко можел да ја оствари својата неизмерна желба па превзел мошне ризичен чекор и на десетгодишна возраст, и покрај волкјата на така си, но сепак со егов благослов и една бела меџидија добиена од мајка си, тргнува низ белиот свет приклучувајќи се кон еден карван тргнат од Елбасан, преку Охрид и Битола со крајна цел Цариград. Патешествието му завршува во Битола. Во еден ан покрај Драгоро, се главил како прислужник- мијач на садови, вари кафе...и учел ! И така , тука останува речиси годинаиполовина, па го продолжува патот за Солун. Таму, по случај на околности го сретнува Јане Сандански, кој го поведува со себе си во Неврокоп, за подоцна да му препорача на егзархот Јосиф умното момче да го испрати на учење за духовник во цариградската семинарија. Бистро момче, лесно се снаоѓал во изучување на јазиците, станува полиглот и преведувач...и жнеел успеси како за време на школувањето во Охрид и Битола, и тука бидува првенец на семинаријата и за награда го упатуваат во Света Гора. Монашкиот живот не одговарал на неговиот љубопитен дух, па некако успева да запише студии по медицина во Бејрут, каде заминува заедно со Лев Огненов на Американскиот медицински институт. Но и тука немал среќа, по две години Американците го затвораат институтот па Владо кавај решен да ги заврши медицинските науки, му пишпува на својот пријател Сава Чукалов да му се најде во Петроград. Таму се запишува на Военомедицинската академија, која со успех ја завршува и добива работа во 169 петроградска болница! `- И таму ли го запозна нашиот Владо Кавај , роден во Охрид ? - Да , тоа беше 1916 година , почетокот... Дојде како млад доктор во истата болница . И тој зад себе имаше долго патешествие. Кинисал како момченце од родниот крај , стигнал дури во Стамбол , за да започне студии медицински во Бејрут и истите да ги доврши во Санкт Петерсбург . Работевме заедно , симпатија се роди... формиравме семејство во време - невреме . - Не' зафати најпрвин женската револуција во февруари седумнаесетта-
д-р Владимир Каваев, син на Фросина од Алче Пендо и Јаким Кавај, чии дедо поп Јосиф Кавај жив бил набиен на кол во село Радожда та , па доаѓањето на Ленин и Октомвриската Револуција.... а со Ленин бевме пријатели уште од Швајцарија, беше чест гостин во домот на брат ми Адам, како што беше обичај и за поголем број словенски студенти . Доаѓаше од Цирих и држеше предавања на сите студенти словени во Берн... остануваше кај нас на неделните ручеци , имаше навика мене да ме вика малиот бунтовник ! -И така со Ленин повторно се видовме по цели осум години....воопшто многу убави спомени имам за Ленин - ретко скромен , голем, ретко голем хуманист ! Што не можам да речам за оној ѕвер од човек , Сталин . Сигурно ќе не' спастреше !` Д-р Хелена Етингер - Каваева ги врти албумите , покажува слики од тоа време со Ленин, Плеханов ....Џон Рид ! -Страшно време беше , немаштија, беда сеопшта, глад ....иделизам! Па следуваа борби на фронтот , ранети безброј , со денови и ноќи неспиење... И така минуваат седмици, месеци .... Истоштеност непојмлива , до последниот дамар . А имаше и недоразбирања - наши пријатели страдаа, беа обвинувани ...и некој требаше да ги застапува пред властите . Кој !? Петиција од 5.000 потписи бара Владо мој да биде конзул за сите Јужни Словени , море за сите
Под знамето за Балканска федерација
Започнува нова одисеја - првите групи луѓе за радниот Балкан ги испративме преку Естонија ....па карантин , што да ви кажувам - немам зборови за тие времиња . И нашата патувачка одисеја траеше долго, повеќе од три години : Естонија , Берлин , Ченстохова,родната Полска ....пак Берлин. Доаѓа делегација од Карнегиевата фондација , му нудат на Владо пари , големи пари, да се врати барем извесно време да ги води низ Советскиот Сојуз. -Родниот крај и викот негов се посилни од секакви пари , титули , богатства.. и Владо реши - Македонија . А јас што да речам - местото на жената 'и е покрај мажот , и во добро , и во лошо... -Како беше тоа време во Охрид ? - прашувам љубопитно. -Ах , ах ....за Владо рај , за мене - што да ви кажам ...при пречекот се помајтапија дека доаѓам од палата во куќа од клечки / од плацки штици /. -И не се населивме веднаш во Охрид , ами најпрвин во Струга , а потоа држевме пракса во Албанија, па сетне во Охрид, дури дваесетиседмата . А Струга немаше вода за пиење , освен од Дримот , маларија царуваше, цревен тифус....болести , умирачки .... -Се зафативме најпрвин со изградба на антималарична станица , па набавивме багер /малку владата , малку татко ми Јузеф помогна со пари/ започна исушувањето на блатото , мочуриштата - леглата на комарците , па искоренување на примитивизмот , првите јавни бањи, па перални .....што да ви кажувам тоа беа години во кои преку зимата во малката Струга имаше и по 400 случаи на заболени од ендемичен тифус. -Оттука , по направените први чекори на нашата пионерска работа, тргнавме за Албанија. Јас бев живо чудо . Кој видел дотогаш таму жена доктор . Море викнаја комисија , лекари турски , па полагав државен испит , а имав веќе специјализирано во Берлин. Животот тогаш беше ептен примитивен , без електрично осветление , без вода за пиење , по селата спиеја на слама заедно со животните..... Беда невидена. -И така Д-р Етингер - Каваева дојде во Охрид . -Да ...во дваесетиседмата беше ! Добро , тука не беше како во другите места - но сепак креветот беше реткост . Луѓето, вистина, беа поздрави ,
15
Охридски легенди кот за интернирање во логорот Треблинка, каде што беа испратени над 11 илјади Евреи од Македонија. Тогаш видни охридски семејства презеле акција да ја спасат познатата лекарка и нејзината ќерка. Се собирале потписи и во Охрид и во Струга, иако тогаш струшките потписи не важеле, бидејќи тие биле под италјанска окупација. Од неколку- мина охриѓани петицијата била однесена во Софија и лично му била предадена на цар Борис. Така биле спасени. Продолжиле да живеат во Охрид.) имаше многу зеленило , многу градини , бавчи , овошје и зеленчук секаков , па риби многу ... а имаше и опитни доктори . Знаете како ....поголемо место!. Но , за жал набрзо останав вдовица , со малечко девојче...тежок е животот и неправедлив . (Владо Кавај, големиот хуманист и лекар, воедно автор на `Англо-арапски-персискотурски`речник и голем вљубеник во археологијата, кој често го среќавале кај куќата од Благуна од Ѓоргалета (денешниот Антички театар), немал среќа - животниот пат му бил краток. Заболува од рак на грлото и починал при самата операција во Загреб 1931 година.
Со малите пациенти
Уште се живи луѓето меѓу нас кои ја паметат по нејзината пожртвуваност. Секогаш и дење и ноќе беше презафатена, работеше премногу, се' за доброто на луѓето. Тогаш кога децата не можеле да ги донесат кај неа, кога била помлада со коњ патувала во планинските села за да им помогне.Се уште се памети и случајот кога D-r Кававева за да спаси болно дете во струшкото село Присовјани, со екипата заминала далеку во планината Караорман. Преминувајќи ја надојдената река од поројните дождови, за малку ќе се удавела. Сета измокрена продолжила во селото и го спасила детето.) Кажува докторката а мене ми навираат спомените како ме лекувала през моето детство , сеуште ми ѕунат во ушите нејзините благи совети упатени пред се кон родителот, како да се грижат за своите деца Времето неусетно одминува . На спомените никогаш крај .
Млада вдовица
Спомени Прв детски лекар
Таму му била и гробнината. Кога разбрал стариот Јузеф Етингер, таткото на Елена, веднаш допатувал од Полска за да ја врати дома ќерката заедно со малечката внука. Бил богат, имал сопствена фабрика за хартија. Но, таа не сакала да ја напушти Македонија. Ќерката Рења подоцна кажуваше дека мајка и`никогаш не и' кажала зошто не си заминала во Полска, никогаш не и' ја отворила душата.) -Едно време останав сама доктор во Охрид . Втората Светска војна беше . Другите доктори ги мобилизираа... јас сама . Сиромаштија голема . Луѓето горделиви - немаат пари, не можат да платат....не ме викаат ! Ама јас знам , и сама ако требаше и на полноќ и по три пати ноќе кај болните одев. Зедов обврска да лекувам болни , народ, а не да печалам пари.... ( Не ја прашувам како успеала да се спаси од окупаторските сили и да куртули од концентрационен логор. Имав разбрано дека Елена Каваева Етингер како Еврејка за време на бугарската окупација во 1941 година заедно со нејзината ќерка Регина ( Рења ) била на списо-
16
-Помина и Војната .Со сите нејзини страотии... Четириесетиседмата , зимата ....студ невиден . Нė викаат во Скопје , на курс....трае со недели . Ни огрев , ни јадење.... тогаш заработив гастритис и чир , а и некои колеги веќе идниот курс не ги видов - се разболеле , починале . А, не' имаше само девет детски лекари во цела Македонија. -Во 1948 година , на 15 март , го формирав детсткиот диспанзер во Охрид и оттогаш , па се до пензионирањетово 1966 им се посветив исклучиво на децата , нивното здравје , лекување....полни дваесет години .`
Ноќта веќе одамна настапила . Се поздравувам со старицата и 'и посакувам добро здравје. Во студеникавата есенска ноќ си размислувам каква ли сила била таа и од каде ли ја црпела сиот живот , да се откаже од богатство , удобен живот и преку огромни саможртви да му се посвети на пионерскиот живот во, за неа , непознат туѓ крај . Хуманоста , секако ! И сеуште ми ѕунат зборовите :» Јас не учев да печалам , ами да лекувам болни ,да бидам од полза на народот.....» /Репортажа емитувана наРадио Охрид, 1975 .- /
Д-р. Каваева на работното место
Д-р Елена Етингер - Каваева за жал веќе ја нема меѓу нас . Почина во 1983-та година, на 90 годишна возраст . Старата Еврејка , која цели педесет години, од својот исклучително плоден живот како лекар и хуманист , му ги подари на Охрид и
Охридски легенди Гробот на Каваеви на охридските гробишта
неговите граѓани , тивко замина . Останаа неизбришливи спомени во нас , кои од ден во ден не' има се' помалку. Спомените бледеат . Единствено заедничкиот гроб во кој се положени останките на Владимир и Елена Каваеви, на охридските гробишта, потсетуваат на грандиозното дело што го оставиле зад себеси. Останува верувањето и надеж дека еден ден некоја охридска улица ќе го понесе нејзиното име.... или барем на Детскиот диспанзер , чиј основач била токму таа,или на '' Маларичната '' во Охрид, која 1927 ја подигнале со нејзиниот Владо , ќе биде поставена плочка со нејзиното
име , како знак на наша благодарност и сеќавање за сето она што го сторила оваа племенита жена за редица генерации . Тоа е најмалкуто нешто со кое можеме да 'и оддадеме почит за нејзината несебичност, пожртвуваност , и племенита душа . Владо Жура
17
Охридски легенди
На кафе Локалсо... Владимир Василески – Четкар, естраден уметник
Охриѓанецот Владимир Василески- Четкар е еден од најдобрите и најуспешни наши музички амбасадори во светот. Тој е дипломец по модерна џез музика на најпознатиот музички конзерваториум во светот “Беркли“. Веќе десет години живее и работи во САД каде настапува во светски најпознатите џез клубови и полека но сигурно го освојува и Европскиот пазар. “Музиката е приказна. Таа не подразбира само свирење гитара,пијано или клавир, таа е начин на живот“, вели Четкар кој се воодушевува од се што е софистицирано и убаво а тоа му помага во креирањето на музиката. Тој е тотален вљубеник во родниот Охрид кој за него е синоним на убаво и оттука ја добива енергијата која му потребна за долгите музички настапи далеку од родната земја
Музичар со охридско потекло, светско реноме и слава 19
На кафе Локалсо... Владимир Василески Четкар наш музички амбасадор во светот
Денес сте еден од најпознатите музичари кај нас со светско реноме, значи ли тоа дека сте го реализирале детскиот сон? -Кога бев дете сакав да бидам Индијана Џонс. Се воодушевував од тогашната триологија. Ја обожавав музиката на Џон Вилијамс кој го напиша саунтракот на филмот. Се восхитував на тие филмски авантури и замислував дека истите и во Охрид можат да се случат. Сето тоа го поврзав со музика. Мислам дека токму преку таа филмска музика од аспект на мотивација ја засакав музиката воопшто. Така на некој начин ги поврзав моите детски сништа со
20
мојата денешна професија. Како “падна“ одлуката Владимир Василески –Четкар да стане професионален музичар. -Иако како средношколец , активно се занимавав со музика, свирев гитара, пеев во училишниот хор во гимназијата “Св. Климент Охридски, хоризонтот за професионално занимавање со музика ми се отвори подоцна. Знаев дека кај нас, на Музичката академија во Скопје нема катедра за популарна, модерна џез музика и при крајот на средното образование аплицирав на Универзитетот “Беркли“.Така зами-
нав од Македонија и почнав да се реализирам во стилот на музиката. Какви беа почетоците во далечната, дотогаш непозната Америка,среде непознати луѓе, без своите најблиски? -Пред да заминам во САД, бев на аудиција за истата таа школа во Италија. Во градот Перуџа во регионот Умбрија имаше летна школа за музика. На тамошната аудиција јас добив стипендија за Беркли. Кога стигнав во Америка имав само 18 години. Тоа беше моето прво подалечно и долго патување без најблиските. Дефинитивно почето-
кот беше стресен , но љубовта кон музиката и фактот дека сите околу мене ја делеа истата судбина (затоа што во “Беркли“ 74-75% припаѓаат на интернационалното студентско тело) некако ме смируваше. Никогаш нема да ја заборавам првата ноќ кога преспав сам во студентскиот дом на кревет без перница и постелнина , со загубени куфери, и самиот загубен во големата Америка. Но подоцна се се исполира, почнав да се фокусирам на студиите и активно вежбав свирење музика, почнав да работам. Каков е тамошниот начин на
На кафе Локалсо...
образование, има ли врска со нашиот,може ли да се направи некаква споредба или паралела? -Не знам бидејќи нема искуство со овдешните студии. Јас тука завршив средно образование. Бидејќи “Беркли “ е специфичен конзерваториум односно специфична школа претпоставувам дека не може да се направи споредба. Тоа е колеџ специјализиран за модерна –џез музика. На него предаваат дел од светските џез икони на 21 век, Херби Хенков, Стинг, Дејвид Боуви. На Беркли функционираат различни профили уметници кои заедно допринесуваат во постоењето на таа образовна заедница. Начинот на образовани е толку слоевит и поста-
пен што ти овозможува да научиш многу а и не мора да научиш ако не сакаш. Се зависи од карактерот на студентот. Станува збор за многу оригинална школа и тоа што ми остави впечаток е дека најголемите ѕвезди, најголемите музичари и најдобрите професори се многу едноставни. Некои не се, но претежно човештвото и хуманоста е извор на се, извор на целата убава музика, на целата убава енергија која постои. Ако човекот или уметникот е празен во душата ако е површен ако е дрзок тоа ќе се одрази на неговата работа дефинитивно. Ако почетокот Ви беше тежок, каква е сегашноста? Јавноста Ве
оценува како еден од најдобрите и најквалитетни музичари, капа Ви симнуваат светски познати уметници од Европа и САД, полека но сигурно Вие стигнувате кон врвот. - Јас се уште се искачувам кон врвот. Морате да забележите дека Америка е еден од најконкурентните пазари а тука некаде е и Западна Европа. Но дефинитивно Њујорк е крај на конкуренцијата. Само таму живеат над милион од светски најдобрите и познати музичари. Зборувам за продуктивната музика не за класика. Класиката е друг правец и не би ја споредувал со оваа музика бидејќи на некој начин е репро-
дуктивна уметност која има поинакви закони и правила и поинакви лимитации за изразување слобода. Ние живееме во едно урбано време. Секоја индивидуа е битна, работите не се како некогаш кога имало монархии и куп робови. Сега секој поединец е важен. Модерната ,џез, поп или рок треба да се разбере како индивидуална музика. Тука поединецот се изразува како уметник но и животот на многу индивидуи кои се идентификуваат со таа музика. Ќе се вратам сега поконкретно на прашањето самиот судир на креативна енергија во Њујорк прави пазарот да биде неверојатно тежок. Поради тоа моите свирки таму, градењето на мојот имиџ, име и по-
21
На кафе Локалсо... пуларност е еден историски момент за Македонија и за Балканот воопшто. Значи мојата кариера таму не е важна само за мене туку и за културно промовирање на нашава земја во светот. Долго време бевме аутсајдери , долго време бевме затворени во микрокосмосот: Загреб, Белград, Софија и тоа беше нашето врвно достигнување кое за жал не е реално врвно достигнување туку е слепа улица која останува тука и не ја промовира нашата душа или потенцијал за извоз. Така како што беше некогаш не успевавме да се промовираме вистински. За тоа промовирање најбитни и најодговорни се медиумите . Медиумите мора да го насочат талентот надвор. Само така можеме да бидеме вистински амбасадори на Македонија. Што се случува околу организацијата на твоите настапи, имаш ли менаџер задолжен за овие обврски? -Тоа е специфична тема. Јас самиот на себе сум најдобар менаџер. Самиот се менаџирам 99 %. Имам доста соработници, агенти, адво-
22
кати односно екипа која ми помага во градењето на мојата кариера, но крајните одлуки ги донесувам само јас. Тоа е многу битно затоа што така си ја задржувам мојата лична слобода. На мое големо задоволство почнав да градам кариера не само во Америка туку и во Европа. Настапувам во Будимпешта, Прага, Грац . Во Будимпешта сум настапувал неколку пати. Во февруари имам повторно турнеја низ Европа. Јас сум ентузијаст за мојата музичка иднина. Како што рековте од година во година поголем е бројот на земји во кои Вие настапувате, а се побројна е и публиката која присуствува на Вашите настапи. Значи ли тоа дека луѓето имаат слух за џез музика? - Јас свирам многу повеќе од џез . Не станува збор само за џез, самиот термин е многу ограничувачки. Свирам и фанк, сол и поп. Основата ми е џезерска и од тој агол им приоѓам на другите теми. Но тоа е софистициран агол кој ги направи најголемите хитови во историјата на било која популарна музика. Зна-
чи зборувам за продуцентите на Мајкл Џексон за Глорија е Стефан, за Мадона кои биле џезери негувале џез позадина. Сакам да кажам дека кариерата која ја градам не сакам да ја ограничам на еден стил. Најбитно на кое сакам да се ограничам е искреноста, секогаш да бидам искрен во мојата музика. Во моменти кога ќе престанам да бидам искрен и ќе свирам само за пари, тогаш нема да бидам тој што сум. Така би ми пропаднал детскиот сон што го имав. Станува збор за глобален проблем. Денес се е фокусирано и специјализирано и тоа е голем проблем со кој допрва ќе се соочиме. Луѓето не го користат интернетот за позитивни работи. Сакам да кажам дека иако денес имаме многу подобри услови да научиме, да бидеме во тек со случувањата, да бидеме пред се луѓе ние тоа не го правиме. Напротив се фокусираме само на евтина забава и не сакаме софистициран предизвик. Ние можеби не сме свесни за самите себе но самиот вид човек е мастер пис, самиот слух е мастер пис. Моцарт рекол: Хармонијата не е материјална но постои. Кога луѓето би ја разбра-
ле нејзината моќ ќе има мир во светот“. Хармонијата е основа на музиката. За жал луѓето ги злоупотребуваат достигнувањата на нашите предци. Човекот мора да го почитува она што е во неговата природа тој мора да биде барем малку пософистициран. Генерално како луѓе не мора да бидеме толку мрзливи. Мислам дека мора да се вратиме назад и да ги предефинираме општо прифатените вредности. Мора на тоа поле да работиме, ние како Македонија, соседите како Албанија, Србија, Грција или Бугарија. Сите заедно мора да се фокусираме на општо прифатените цивилизациски вредности. Охрид е посебен град во него не станува збор само за природните убавини . Тука има еден редок склоп на историска слоевитост со природна убавина. Тоа треба да на инспирира да го направиме нашиов град соодветно место за живеење и креација бидејќи некој пред нас го направиле, Климент, Наум, Филип Македонски, Прличев. Точно е дека со тек на време нештата се менуваат но имало нешто во ова место што ги инспирирало предците да дадат се од
На кафе Локалсо...
себе. Тие имале една создавачка енергија, ние мора да продолжиме со градењето на културата со истото нивно темпо.
свирење не ја разбираат суштината на музиката. Таа е прераскажување на животот со многу пософистициран јазик од нашиот.
Често си на релација АмерикаМакедонија, значи ли тоа дека Ви недостига родната земја и родниот град? - Имам еден баланс во патувањата, 7-8 месеци сум надвор од Македонија и четири месеци во родната земја. Јас никогаш не ја потиснувам носталгијата за родното место таа ме потиснува мене. Секогаш постои носталгија во мене и се научив да живеам со тоа.
Луѓето често знаат да Ве споредат со музичарот Лени Кравиц, како по физиономија, така и по стилот на пеење, сценски настап и начин на изведување на композициите. Значи ли тоа дека тој е еден од Вашите идоли? - Знаете, ние луѓето сме како сунѓер, раснеме и прифаќаме се околу нас. Секој човек е помалку или повеќе свој оригинален во зависност од тоа колку се потрудил да го дигестира, влијанието на овој или оној односно оваа или онаа уметност. Тоа е микс од нешта кои го дефинираат твоето битие, меѓутоа секогаш имаш и неколку проценти помалку или повеќе твои кои ќе го измаринираат тој микс на сите твои флуенции и ќе го создадат твоето , ќе го создадат Четкари или било кој друг уметник. Тогаш останува само времето да покаже колку ќе бидеш свој или туѓ. Вие го спомнавте Лени Кравиц, мора да кажам дека тој ми е еден од најголемите инспирации не толку
Како Ви започнува еден работен ден. Колку часови дневно вежбате музика? - Музиката е приказна, тоа не подразбира само да седнеш и да свириш гитара, клавир или да пееш. Музиката е начин на живот. За мене секој едноставен момент е битен затоа што јас утре истиот ќе го преточам во музика. Затоа јас мора да имам искуство, животно искуство кое ќе ми помогне да напишам музика. Луѓето кои само вежбаат
конкретно музички колку енергично. Неговата енергија е уникатна, тој старее но како да не старее. Секогаш е како вино. Тој е инспирација за сите. Не мислам само за музичарите. Да старееш на еден таков квалитетен начин е успех. Тој е толку софистициран што и во овие години е инспирација. Јас обожавам кога ќе видам убав човек. Убавината е универзална таа инспирира. Разговоров го водиме непосредно пред Вашето заминување од Македонија. Постои ли веќе работен план и организирани Ваши настапи во САД? - Пред моето пристигнување во Америка, неколку дена ќе престојувам во Прага. Имам неколку настапи таму. Во Чешка има прекрасна џез сцена и публика. Потоа заминувам за Њујорк каде (на 10-ти октомври, неколку дена пред излегувањето на интервјуто од печат) имам концерт во еден од најпрестижните клубови на Менхетен и во светот воопшто “Blue Note Jazz Club“.По втор пат настапувам таму и навистина сум возбуден бидејќи тоа е историски момент
како за мене така и за Македонија. Уметници како Луј Чарлс, Џорџ Бенсон настапуваат таму редовно, починатите уметници останале во историјата на клубот , живите до денес одржуваат живи свирки таму. Тоа е еден нов момент за мене и за сите нас. Потоа продолжувам во Хаваи, таму ќе се задржам два месеци, имам неколку закажани настапи, и неколку фото сесии за новиот албум. Потоа во февруари настапувам во Чикаго по што следи турнеја низ Европа. Се надевам дека во склоп на тие настапи низ Европа ќе најдам време и на крајот од февруари и почеток на март на неколку дена ќе дојдам во Охрид. За мене Охрид е најубавата енергија која постои на планетава и мислам дека ако не дојдам во градов барем еднаш годишно јас комплетно би овенал како човек, уметник, воопшто како се. Има една дијалектичка поврзаност меѓу мене и Охрид. Тука се ми е поубаво, храната ми е повкусна воздухот што го дишам ми е посладок. Охрид е моја слаба точка и секогаш ќе чувствувам носталгија кога сум далеку од него.
23
Репортажа Бохинјско езеро
Словенија мала земја со многу убавини пишува: Васе Врангалоска
П
атувањето низ Словенија е бездруго едно прекрасно искуство за секој деклариран зависник од туристичкиот адреналин. Без разлика дали на пат ќе ве придвижи вљубеноста во планините, езерата, реките , бањите или морето, кулинарски специјалитети, спортско доживување или само пасивното гледање низ автомобилскиот прозорец, избирајќи ја за дестинација Словенија - сте избрале вистински предизвик. Оваа земја се чини е реткост во светски размери, уникум со оглед на големината на нејзината територија од една страна и разновидноста на релјефот и убавините што ги поседува од друга. На само 25- илјадитиот дел од вкупната површина на планетата, кондензирана е природна убавина различна по форма, боја, мирис. Словенечкиот писател Иван Цанкар ова го објаснил преку легендата според која разновидноста и убавината на словенечкиот терен не е дело на привилегираноста на Словен-
24
ците кај Господ кој бил дарежлив кон различните народи, туку напротив, затоа што ги оставил последни, па кога Словенците виделе дека остануваат без ништо почнале да плачат , да го молат и проколнуваат и ним да им подари нешто, па тој притиснат од жал по нивната сиромаштија, го растурил на мало парче земја остатокот од се по малку. И така Словенците сега имаат се. Бујни планински врвови, од сплетот на Јулијски и Савински алпи, едни од највисоките и лете покриени со снег, со над илјада видови скијачки терени,густи шуми со благородни пејзажи во нежно- зелена боја од каде се простира поглед во долините, до преубави сончеви изгрејсонца со морски шмек на југозапад, каде студениот карст се спојува со топлиот и силно вибрирачки Медитеран. Низ оваа разгранета конфигурација на теренот, поминуваат многу реки, брзи, динамични и чисти, во добар дел понорници, благородни термални и минерални води со релаксирачка, ревитализирачка и исцелителна моќ, како извори на живот-
на сила и како спој на здравото и модерното претворени во современи познати wellness центри - Чатеж, Топлице, Моравке, Лашко и многу други. Многуте планински езера од глацијалната епоха се приказна за себеси. Најпознати се 7-те Триглавски езера, дестинации за страсните планинари, а за оние другите Бохињското и Бледското Езеро, најтоплото во Алпскиот регион, со незаборавната слика на островче на него и црквичка подигната во 18 век, со ѕвоно кое туристите го подигнуваат на секој час замислувајќи некоја своја љубовна желба, за која мештаните тврдат дека сигурно се остварува, и со тврдината од 11-ти век над и вкусната Бледска кремпита околу него. А под оваа надземна убавина што го плени погледот и душата се кријат 7.000 подземни пештери, различни според големината, конфигурацијата и убавината, а кои на мистичен начин го поврзуваат надземниот и подземниот свет и сведочат дека овие два света не само што добро се познаваат, туку
и постојано интензивно комуницираат. Меѓу нив и кралицата на сите пештери, Постојна јама, во која живее и феноменот на подземниот свет - човечката рипка. Во средиштето на овој разновиден словенечки релјеф, главниот град Љубљана има погодна местоположба, на не подолга од два часа оддалеченост од речиси од секоја од наброените природни атракции, но и од не помалку привлечните , а блиски центри во соседните земји Италија, Хрватска и Австрија. Градот има збиен енергетски импулс и совршен спој на старите и нови градби, на традицијата и современоста, историјата и сегашноста. Елегантната архитектура во стариот дел од градот е нечепната со децении, и се одраз на вековната историја и култура на Европа. Не е ни чудно што посетителите на градот коментираат дека Љубљана патува низ времето - таа се движи низ годините, вековите и различните култури и акумулира стари и нови богатства и знаења- Секогаш е иста, а секогаш различна, нова, предизвикувачка и привлечна. Тука
Репортажа Криковите на овие мили животни ве будат секое утро
секој може да го најде своето место и интерес, и љубителите на старите градби и мали продавници, до љубителите на модерните бизнис и шопинг центри со најпознати светски брендови. Но никој веројатно нема да го заобиколи романтичното Тромостовје, и бронзената статуа во самиот центар на Љубљана кај главната катедрала, каде Прешерн ги растурил своите љубовни чувства кон Јулија Примиц, која никогаш не станала негова жена, но останала главен протагонист во највозбудливата приказна што ја познавал овој град. Духот на Словенецот е помалку студен, одмерен, резервиран, по малку транспарентен, но само во првите контакти со непознати. По првичното стекнување доверба, Словенците се отвораат како не помалку весели, срдечни, комуникативни, подготвени за соработка и помош, за игра, шега, смеа и веселба. Ако ги прашате кои три места неизбежно да ги посетите, ќе се насмеат неодлучно. По долго размислување ќе ви речат - Триглав задолжително, ( Триглав инаку бил бог во словенската митологија, сив поглавар на крањските врвови, господар на словенечкото небо). Триглав е света словенечка планина, тоа е кралство, аџилак дестинација за Словенците. Ќе ви ја наведат и Рогашка Слатина - најпрестижното словенечко летувалиште, и монденско собиралиште во кое се челичи здравјето и бездруго се ужива. И на крај , незаобиколен е словенечкиот морски брег, кој иако е мал ( по само 20 см на секој Словенец) е незаборавен со пристаништето на розите Порторож, со многу хотели и кал со ревматско лекувачко дејство, со градот Пиран кој е исто така монденско летувалиште, на чекор од Италија.. И ќе ви набројат уште многу места, а на крај ќе ви речат дека е најдобро да ја посетите целата Словенија и од
туристичкиот разглед на бројните природни и историски знаменитости да се повлечете барем за кратко во словенечките гори! Зошто да се оди токму во Словенечките гори? И зошто да се одбере Словенија за дестинација? Не само поради лесно восприемливата Алпско -медитеранска комбинација, поради питомиот планинско- морски коктел, поради преминот од снежни врвови во бујна планинска вегетација, до винови градини и палми крај морето во само неколку часа од денот. Можеби многу повеќе заради утрата во кои заедно со есенското сонце кое блеска на росата од персиската трева, ќе здогледате срни под вашиот прозорец во недогледното зелено пространство, и ќе почувствувате хипнотички восхит и смиреност, исполнетост и хармонија. Едноставно чиста радост од постоењето, сеприсутна..И некаков страво- почит, вознес, не знаете што е, но секако е чувство кое ја повикува најсилната и најчудесната мисла и молитва истовремено: ти благодарам Господе за оваа убавина! И додека надоаѓа светлината од планините, и во вас влегува некоја необјаснива светлост и енергија. Нешто што ги надминува границите на разумот, ама стига директно во срцето. Или заради ноќите во кои не слушате ништо друго освен звукот на дивината. Ноќе портите на планините се темни и се затвораат. речиси
Васе Врангалоска во посета на Словенија ништо не гледаш освен што го чувствуваш присуството на оние кои се до тебе и го слушаш истовремено восхитувачкото и застрашувачко довикување на елените низ планинските гребени, кои се додворуваат на своите избранички, скриени во длабочината на темнината, а понекогаш на чекор до тебе. Се е некако мистично магично и почнуваш да не си веруваш на сопствените очи и уши. Почнуваш да се присетуваш колку е природата величествена и колку си се оддалечил самиот себеси од неа. И додека одминуваат минутите, со шумот на ветерот по дрвјата, почнуваш да се прашуваш дали си тоа ти на тоа место, кое е толку далеку од се што ти било твое блиско. Чудесноно е и она што тогаш се случува. Како што одминува времето, се поинтензив-
но ја чувствуваш природата околу себе, а се повеќе се оддалечуваш од оние и она што си ги носел со себе пријатели, колеги, познаници, работа и преокупации. Селекцијата опасно се изострува, не ни забележуваш дека многумина исчезнале во мракот на шумата, многумина со кои си го поминувал денот веќе не ни постојат, не се сеќаваш на нив. Остануваат само оние што најмногу ги сакаш, а се друго е далеку од тебе. Се повлекуваш во себе, сам си со себе и со оние малкумина што сега знаеш колку и како ги сакаш. И одеднаш откриваш зошто Словенците се затворени во себе и навидум ладни, незаинтересирани за другите, и сфаќаш дека доаѓањето во Словенија не било само патување низ просторот, туку пред се низ самиот себеси.
Крајнска Гора
25
Наша Локал гордост Крст џамија (Хаџи Дургут џамија) со остатоци од црковната камбанарија на запад
Единство на две религии и култури Крст џамија Единствениот муслимански објект во светов со христијански симбол
26
пишува: Гоце Жура историчар на уметност
Х
аџи Дургут џамија или попозната кај нас како Крст џамија е единствениот исламски објект во светот со христијански симбол на себе –крст. Старите жители на Охрид ја раскажуваат оваа легенда, предание за изградбата на Крст џамија.... Во непознато време се мисли околу 1466 година биле повикани мајстори – градители да изградат во Охрид џамија. Се зафатиле со денови да делкаат камен- бигор за овој исламски објект кој ќе биде пример за убавина во охридската каза. По припремата на градежниот материјал (зајрето) и по поставувањето на темелите, еден ден се започнало со изградба. Но целокупните зафати не давале резултати. Имено, се она што се градело преку ден, ноќта се срушувало. И така во недоглед. Турските власти мислеле дека некој ја руши градбата па преку ноќ поставувале стража. И самите стражари раскажувале дека градбата се рушела сама од себе , т.е. како некоја сила да ги рушела камењата. Еден ден тука поминал еден постар Турчин и кога мајсторите му ја раскажале својата мака тој им рекол: “Нашите стари, кажуваа дека на ова место имало православна црква посветена на големата маченица Св. Недела која живеела во третиот век . Во црквата, верниците доаѓале секоја недела и се молеле. Секој според своите маки. И навистина оваа маченица им помагала. Света Недела е незадоволна бидејќи е изваден нејзиниот симбол –крстот, па затоа секоја ноќ доаѓала и го рушела изграденото“ им рекол стариот Турчин и ги подучил мајсторите,“Затоа на сето она што ќе го изградите преку ден, ставете крст и така се до довршувањето на целата градба. Крстот ќе го ставате се погоре и погоре , се до врвот“. Мајсторите градители го послушале стариот Турчин и навистина од тој ден џамијата не се рушела. Кога завршиле со целосната градба, на врвот од минарето, покрај симбо-
Наша Локал гордост лот на исламот- полумесечината е ставен и христијански симбол крст кој и денес стои и се гледа . Иако од тогаш поминале повеќе од 500 години и ден денес кога ќе запрашате човек без разлика на својата вероисповед ќе ви каже дека оваа џамија се вика Крст џамија иако правото име и е Хаџи Дургут.
ската каса. Според шеријатското право, законски полномошен претставник на општините и на народните интереси пред месните турски власти биле епархиските намесници и икономи. Значи, Турците не посегнале врз автокефалноста, бидејќи биле толерантни кон охридските архиепископи кои пак биле лојални кон нивна-
Гоце Жура од научен аспект ни ја долови историјата на Крст Џамија
Многубројни патеписци минувале низ Охрид и оставале безброј свои белешки. Еден од нив бил сликар и во техника акварел ја насликал и Крст џамија , со дата од 21 септември 1848 година.
Во акварел насликана Крст џамија 21 септември 1848 г. Пресликал од оригинална книга- фонд Гоце Жура
....Со паѓањето на Македонија вклучително и Охрид под турско владеење, била зачувана автокефалноста на охридската архиепископија под чија што јуриздикција се создале нови општини. Турските власти не ја спречувале нивната дејност, иако тие се грижеле за одржувањето на редот и мирот на својата територија и иако редовно си ги собирале црковните давачки, освен еден не многу мал дел од нив што се слевал во султан-
та власт. Оваа охридска самостојна црковна организација , чии темели се поставени уште од страна на првите апостоли: Павле, Андреја потоа Тимотеј, Урвин, Еразмо Лихнидски (Охридски), возобновена во времето на солунските браќа и нивните ученици Светите Климент и Наум, својата кулминација ја доживува за време на Самуиловото царство – во ранг на патријаршија, а својот континуитет како наследничка на Јустинијана Прима го продолжува се до нејзиното неканонско укинување во 1767 година. Со конечното освојување на целиот Балкан (почетокот и средината на 15 -от век), под диецезата на Охридската архиепископија потпаѓаат не само бугарските и српските епархии, туку кон неа се приклучени, Влашко и Молдавија како и православните општини во Италија (Апулија, Калабрија, Сицилија, Венеција) како и Далмација . Како што се гледа од горе наведеното односите меѓу турските власти и Охридската архиепископија биле на коректно и завидно ниво па затоа до овој период не било посегнато по христијанските сакрални објекти, манастири и цркви да бидат претворени во џамии. Почетокот на турските интервенции над охридските цркви, пред се на Света Софија настанал во втората половина на 15-от век.
Имено, сочуван е еден документ во кој сосема накратко се зборува дека турскиот султан Мехмед ll Фатах при своето враќање од Албанија есента 1466 година, наредил прогонување во Истанбул а потоа во Мала Азија, на голем број охридски првенци и великодостојници на чело со охридскиот архиепископ Доротеј поради антитурски заговор. Но сосема е можно дека оваа казна уследила поради врските на охриѓани со Скендер беговото востание. За одбележување е што охридскиот архиепископ Доротеј (што значи Дар Божји) бил Словен и во негово време црковнословенскиот јазик бил во употреба и во охридската канцеларија. Овој настан за кој постои само кратка белешка по се изгледа дека е причината што повеќето средновековни цркви во Охрид се претворени во џамии. Пример: црквата Св. Никола- Али пашина џамија; црквата Св. Димитрија- Аџи Касм џамија; црквата Св. Недела Хаџи Дургут џамија односно позната како Крст џамија и други. Во врска со архитектурата само би се навратил и би укажал на еден феномен , уште од Климентово време. Имено, во градбите на сакралните објекти , охридскиот чудотворец воведува нова архитектура, нов вид градби. Тоа е опусот “КЛУОЗАНЕ“врамен камен или бигор со хо-
ризонтално поставени парчиња тули. Ова ќе стане главна карактеристика на македонската архитектура а најсестраниот и убедливо најцитираниот македонски византолог на сите времиња, Петар Миљковиќ – Пепек , овој опус на градба го нарекува “ ОПУС МАКЕДОНИКУМ“ бидејќи истиот останал (речиси никаде пошироко на Балканот) дури и во градбите на многу џамии низ Македонија се до 18-от век. Од многубројните патеписци кои минале низ Охрид и оставиле безброј белешки го издвојуваме познатиот англиски патеписец, Едвар Лир кој го посетил и минал низ Охрид во месец септември 1484 година. Тој освен белешки оставил и сликани сведоштва.. Лир за Охрид меѓу другото запишал.... “....Кога навлегов подлабоко во улиците на Охрид, неколкуте убави џамии и пазарот, засенчени од многубројните и големи чинари го привлекоа и моето внимание....“ “....Од повеќето денови , поминати во повеќе земји скитајќи по благородните места, не можам да замислам пораскошни и поимпресивни слики од овие што ги видов.....“ “....Еден вооружен гаваз ми беше даден како придружник додека цртам во Охрид...“ “....Охрид го надмина моето очекување...“
Чинарот го насликал англискиот патеписец Едвар Лир 1484 г. Преслика од оригинална книга-фонд Гоце Жура
27
Прашање-одговор
Целулит –најчест медицинско естетски проблем на современата жена
Прашање: Имам 32 години а во последно време забележав извесно олабавување на кожата во пределот на задникот и бутините. Забележливи се нерамнини во вид на бранови. Кожата ми е нормална по боја и не чувствувам никакви тегоби . Сум читала за целулит но мислев дека тој се јавува само кај дебели жени. Мојата тежина е во граници на нормала. Ве молам кажете ми дали кај мене станува збор за целулит , што значи тоа и што треба да превземам? Одговор: -Пред се треба да се изврши дерматолошки преглед, да се верифицира дијагнозата пред да се преземат било какви лекарско- козметички зафати. Од описот кој го дадовте, веројатно се работи за целулит. Се уште постои дилема околу тоа дали целулитот претставува заболување на кожата и поткожното ткиво или проблемот е ограничен само како козметичко- естетско видување на проблемот. Службената медицинска наука не го признава како посебно медицинпримариус д-р. ско заболување т.е. с нозолошки ентитет, но сепак дерматологот мора да го знае и препознава и го дефинира под името panikulosis Виолета Павлоска или cellulitis. Целулитот претставува воспалителен процес на масното ткиво поставено неколку милиметри под кожата. Обично се спец. дерматовенелокализира на долните делови на женско тело: колкови,задник, стомак,колена, бедра а може да се појави и на рацете и на глуждоролог вите. Прв знак за појава на целулитот е кога површината на кожата на наведените места при благ притисок меѓу два прста (палец и показалец) се собира и личи на кора од портокал. Во понатамошниот тек на заболувањето се јавуваат ниски, меки, плочести меѓусебно одвоени височинки (наслаги сало)во големина на поголема метална пара,дланка а може и поголеми. На крај целата површина на кожата во пределот на задникот или бедрата ќе биде зафатена од целулит. Бојата на кожата е непроменета или понекогаш е светло ружичеста. Субјективно при првото создавање на целулитот може да се чувствува тежина во долните екстремитети (нозете)што е знак на пречки во циркулацијата, благ јадеж или немир при седење (како трпки низ задникот). При притисок на кожата со прст се јавува вдлабнување кое не се израмнува вднаш по отстранувањето на притисокот туку останува неколку секунди. Тоа е знак дека ткивото е оштетено и исполнето со течност. Можни се болки при штипење и допир на кожата која трае неколку секунди како и грчеви во нозете во текот на денот и ноќта како резултат на лошата циркулација. Сите овие промени можат да бидат проследени и со појава на проширени капилари во облик на ѕвезда или пајак. Целулитот може да се појави во сите возрасти а редовно се јавува кај корпулентни жени по менопауза. Најновите испитувања покажуваат дека причините за појава на целулит треба да се бараат во пореметување на крвната односно венската и лимфната циркулација на нозете. При ослабен тонус на ѕидот на венските и лимфните садови нивно проширување и застој на протокот на крвта настанува пореметување на циркулацијата во венулите на масното ткиво и лоша размена на токсични материи и излевање на течност од лимфната циркулација во ткивото. Таа врши притисок на масните клетки под чие дејство прска преградниот ѕид меѓу нив и тие се спојуваат во помали или поголеми пакети. Во нормална кожа масното ткиво изгледа како пчелино саке. Полека масното ткиво се исполнува со врзувачки влакна при што се претвора во тврд и густ желатин. Овој се насобира околу клетките на масното ткиво и клинички се манифестира како помали или поголеми грутки. Кожата ја губи својата еластичност и станува брановидна и млитава. Во превентивното делување, а соодветно на тоа и во лечењето на целулитот би требало да се преземат одредени хигиенско- диететски постапки: -одбегнување на сите предизвикувачи кои доведуваат до лоша циркулација на крвта на нозете. -избегнување многу блага, мрсна, пикантна храна,алкохол, никотин и кофеин -половина до еден час секојдневно пешачење во удобни чевли(забрането е носење високи потпетици) -консумација 2-3 литри течност во текот на денот -консумација на храна богата со витамини:А, Е, Ц и К (зеленчук и овошје) - да се избегнува неудобна облека која стега: тесни гаќички, боди, тесни фармерки, ремени, градници со цврсти фиршбани и слично а потребно е да се носат еластични чорапи. -земањето контрацепција исто така му штети на системот на циркулација. Освен погоре кажаното во лечењето на целулитот се применуваат одредени процедури: -кои имаат за цел да ја подобрат лимфната циркулација, исхраната на ткивото и подобрување на размена на хранливи материи и кислород (лимфна дренажа со помош на различни апарати) -процедури кои имаат за цел да го разбијат масното ткиво, да ги размножат незаситените масни киселини во заситени и вода за ада можат полесно да се однесат преку лимфната циркулација во венскиот крвоток. Тука спаѓаат различни препарати за целулит: електро стимулација,тнуомиса- ензим со помош на јонтофореза.
Ласерската метода е најупотребуваното оперативно средство за корекција на видот
Прашање:Имам 24 години а веќе имам сериозни проблеми со очите. Носам очила за гледање со диоптер 4. Од естетски причини заради дебелината на стаклото јас не носам очила туку леќи кои бараат строга хигиена и прецизност во вадењето и редењето. Неодамна разбрав дека можам со ласерска операција на очите да го средам мојот проблем и повторно убаво да гледам. Барам Ваше мислење, дали да го направам овој хируршки зафат и што всушност претставува тој.
д-р. Анче Киселинова очен лекар
28
Одговор:Ласерската метода – Ласик е најупотребуваното оперативно средство за корекција на видот кај миопија, хиперметропија и астигматизам. Со Ласик методата трајно се менува формата на рожницата, се со цел подобрување на аголот на прекршување на влезните зраци и со тоа подобрување на квалитетот на гледање. Пред самата процедура, се врши детален офталмолошки преглед на пациентот, и се прави пресметка – колку проценти ќе се подобри видот после операцијата – односно дали после самата процедура ќе има потреба од носење очила со мал диоптер или не. Пациентите кои носат меки контактни леќи им се препорачува да престанат да ги носат 5- 21 ден пред оперативниот зафат. А за оние пациенти кои носат тврди леќи им се препорачува да не ги носат минимум 6 недели пред операцијата. Самата процедура не е болна, не е инвазивна, се прави под локална анестезија, трае по 10-15мин на едно око што е многу погодна за пациентите. После операцијата во текот на 3-6 месеци окото ќе го постигне максималниот ефект на операцијата. Во последно време оваа метода е многу популарна, а за тоа допринесе и резултатот кој таа го дава.
Прашање-одговор
Направете Папаниколау тест за да ги откриете скриените ракови промени Прашање: Што е тоа Папаниколау тест и колку често е тој позитивен?
д-р. Иво Захариевски гинеколог
Одговор: Папаниколау тестот се користи за проверка на здравјето на грлото на матката. Тој открива скриени пред ракови промени и не се користи за дијагноза на рак на грлото на матката. Најголем број жени (околу 90%) имаат негативен ПАП тест. Кај преостанатите (околу 10%) се откриваат промени во клетките кои носат мал или висок ризик за појава рак на грлото на матката. Мал број од овие 10% позитивни жени, ако не се лекуваат ќе добијат рак на грлото на матката. Статистичките податоци укажуваат дека една на сто пациентки има промени во клетките на грлото на матката од среден степен додека една на секои 200 пациентки има клеточни промени од голем степен. Ваквите пациентки ќе имаат понатамошни испитувања. Помалку од еден, на секои илјада Пап брисеви, покажуваат инвазивен рак. Овие пациентки веднаш се испраќаат во болничка установа. Тестот треба да го направат сите жени на возраст од 18-64 години. Особено треба да бидат тестирани оние кои имале сексуална активност во рана возраст, кои пушат, кои не користат кондоми и кои имаат повеќе партнери или имале сексуален партнер кој од своја страна имал повеќе партнери. Најдобро е Папаниколау тестот да се направи во втората половина на менструалниот циклус, или во периодот од 14 дена по добивање на менструација, па се до пред почетокот на следната менструација. Потребно е пациентката да се воздржи од сексуален однос во периодот од 24 часа пред земање на тестот и да не користи никакви вагинални средства. Во случај на позитивен ПАП тест пациентките ќе имаат преглед со специјален апарат кој се вика колпоскоп (еден вид на микроскоп), или пак ќе се земе брис за некои вируси (ХПВ тест) кои можат да предизвикаат рак на грлото на матката. Ако и понатаму се потврди дека наодот е навистина позитивен, тогаш ќе се преземе дефинитивно лечење на промените. Лечењето зависи од големината и местоположбата на промената. Целиот случај повторно се разгледува со докторот и се одбира најдобриот начин. Најчесто се прави таканаречено “горење“ на промената со помош на специјален апарат кој наполно ја уништува промената. Оваа процедура е безболна. За четири до шест недели лекуваното место наполно заздравува, со што е спречена појавата рак на грлото на матката. Во останатите случаи потребно е да е направи конизација на грлото на матката. Оваа процедура најчесто се изведува електродијатермиски (ЛЕТЗ процедура), со помош на ултразвучен нож или по класичен пат со скалпел.
Блескавата насмевка е наша цел
Добивме информација дека во детските градинки ќе се започне со дистрибуција на флуорирано млеко. Не интересира нешто повеќе околу таа информација.
Одговор: После направената студија за состојбата на оралното здравје на деца од 0 до 14 години во Република Македонија се дојде до катастрофални резултати. Околу 80 % деца на пет години во државава имаат кариозни млечни заби. Кај 12 годишните деца има во просек кариозни (расипани) по 7 трајни заби. Во југозападниот регион во кој спаѓа и Охрид само 9% деца на пет години имаат здрави млечни заби а кај 12 годишните деца има по 11 трајни заби кариозни (по Светската Здравствена Организација треба да бидат под 3). Поаѓајќи од овие сознанија група експерти- педодонти (специјалисти по детска и превентивна стоматологија) изработија национална стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од 0 до 14 години во Република Македонија. Оваа стратегија беше прифатена од Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство а одобрена на седница на Влада на Република Македонија на 13. 11 2007 година. Од 1-ви јануари д-р. Вера Наумовска 2008 година се започна со имплементација на стратегијата. Оваа Национална Стратегија опфаќа повеќе превентивни мерки кои се бесплатни за наспец. по детшите деца. Една од тие мерки е пиење на флуорираното на деца од 3, 4,5 годишна возраст кои посетуваат пред училишни установи во државава а со ска и превентивна цел да се превенира кариесот. Факторите кои влијаат на здравјето на забите на вашето дете се едукацијата, редовната орална хигиена, внесување стоматологија оптимална доза флуор, дисциплина при внесување шеќери и редовна посета на стоматолог. Редовната употреба на флуорот доведува до јакнење на структурата на забот, ја намалува агресивноста на бактериите, создава резервоар на флуор на површината на забот при што се намалува кариесот за 30 %. Нус појави има само ако се внесе во големи количини (пр. Ако се внесе 1 килограм сол или мед, предизвикува негативни последици). Се дошло до заклучок дека флуорот е најефикасно, најбезбедно и нај евтино средство за превенција од кариес а тоа го потврдуваат бројни научни и епидемиолошки студии. За потребите на оваа програма направено е испитување на водата во сите јавни водоводи во државава. Се дошло до сознание дека застапеноста на флуорот во водата е многу мал. Пример: Охрид -0, 05 милиграми на литар; Берово – 0,20 милиграми на литар; Градско 0,40 милиграми на литар. Флуорот може да се внесе преку флуорирана вода, флуорирано млеко , флуорните таблети и преку флуорираната сол а локално со употреба на флуорираните пасти, раствори и лакови. Млекото се користи како носител на флуорните јони поради неговата огромна хранлива вредност во исхраната на децата за правилен раст и развој и превенција од кариес. Употребата на флуорираното млеко е препорачано од Светската Здравствена Организација, Здружение на педодонти, Здружение на педијатри а финансиски поддржано од фондацијата Боров од Велика Британија. Во светот флуорираното млеко се користи повеќе од 30 години, во Велика Британија, Русија, Бугарија, Унгарија, Кина, Чиле, Перу,САД, Тајланд. Првата посета на Светската Здравствена Организација и фондацијата Боров се направи во 2001 година при што прво се направи проценка на оралното здравје на деца од 0 до 14 години во Република Македонија а потоа проценка на најефикасните методи за спречување на кариес по одредени возрасти на деца. Воедно се посетија и повеќе млекари во Република Македонија кои ги исполнуваат стандардите на СЗО. Потоа се потпиша меморандум за соработка меѓу СЗО Владата на Република Македонија и фондацијата Боров. Во програмата се вклучени 13 500 деца на возраст од 3, 4 и 5 години кои посетуваат јавни пред училишни установи во државава. Оваа програма ја спроведува Владата на Република Македонија, Министерство за здравство- сектор стоматологија, Министерство за труд и социјална политика , Министерство за локална самоуправа а на препорака од СЗО. Во оваа програма имаме и соработка со Републичкиот Завод за Здравствена Заштита кој ќе врши контрола на квалитетот на млекото со компатибилна метода во ИМБ млекара Битола, излачување флуор во урина кај децата, обработка на статистички податоци, евалуација и мониторинг. Производството и контрола на млекото ќе врши ИМБ млекара Битола, здружение на педодонти ќе врши контрола на консумација и бенефит при редукцијата на кариес, евалуација и мониторинг на процесот. Здружението на педијатри ќе врши контрола на позитивни ефекти од секојдневно консумирање млеко. Пред училишните установи ќе вршат индивидуална , дневна евиденција на консумација на млеко и мотивација на децата. Кои се карактеристиките на флуорираното млеко: Тоа е обично, свежо, пастеризирано млеко на кое е додадено флуор. Не се разликува по мирис и вкус од обичното. УХТ е стерилизирано млеко од 1 литар на кое се додадени 2,5 милиграми флуор. Млекото е термостабилно и од него можат да се прават млечни оброци:поткиселување, пудинзи. Децата ќе пијат секојдневно по 200 милилитри млеко со што ќе внесуваат по 0,5 милиграми флуор што е оптимална доза. За возраста: Евиденцијата на консумацијата ќе ја врши одговорниот воспитувач секојдневно и индивидуално за секое дете. Препораки за родителите: Доволна е една системска метода: млеко или таблети а тоа значи дека таблети не треба да се даваат кога детето ќе почне да пие флуорирано млеко. Четкањето на забите продолжува по вообичаен ред, навечер и наутро по 3 минути со вертикална и кружна метода. Децата да доаѓаат наутро потполно гладни за да можат да ја испијат чашата флуорирано млеко. Позитивно да се стимулираат децата. Се во корист на децата!
29
Здрав живот
П
Топ 10 производ спречуваат стар
остои голема поврзаност помеѓу она што јадеме и процесот на стареење. Дали знаете дека храната има огромна улога во борбата против стареењето? Многу видови храна содржат разни хранливи состојки што можат да ни помогнат да останеме млади. Затоа е многу важно да внимаваме што јадеме, бидејќи одредени видови храна можат да ни помогнат да изгледаме и да се чувствуваме младо, а други видови храна го имаат спротивниот ефект. Има многу категории храна. Можеби е изненадување за вас но постои категорија на супер храна. Која е дефиницијата за супер храна? Тоа е храна што содржи високи количества на
30
основни масни киселини, антиоксиданси и влакна. Но некои од нив може да содржат една или повеќе хранливи состојки. Истражувањата покажаа дека постојат одредени видови супер храна што можат да го намалат нивото на холестерол, да го намалат ризикот од срцеви болести и да овозможат правилна работа на органите. Покрај тоа што ја спречуваат појавата на брчки, основните масни киселини , антиоксидансите и влакната ги обезбедуваат и основните состојки потребни за обнова на клетките и одржување на дигестивниот систем. Научниците успеаа да направат список на 10 топ производи што се докажаа како значајни за нашиот организам:
-зелената храна -јачменот -acai berru бразилско овошје ) -кромидот, лукот и празот -гравот и грашокот -никулците -лутите пиперки -хелдата -јогуртот -овошјето со тврда лушпа и семето. Ова се топ 10 производи што научно беа испитани во лабораторија и кои содржат големо количество на основни масни киселини, антиоксиданси и влакна. Зелената храна го намалува ризикот од рак, го
Здрав живот
ди што го реењето на кожата
намалува нивото на холестерол и високиот крвен притисок. Јачменот е најдобар извор на влакна и помага во регулирање на шеќерот во крвта. Антиоксидансите и основните масни киселини ги има во acai. Алиум фамилијата (Allium familu),во која спаѓаат кромидот,лукот и празот содржи моќни антиоксиданси што ја подобруваат функцијата на црниот дроб. Гравот и грашокот се богати со антиоксиданси . Никулците содржат протеини и витамин Ц. Лутите пиперки покрај тоа што содржат антиоксиданси, во својот состав имаат и антиканцерогена состојка.
Хелдата не е зрнесто растение , но е многу похранлива од оризот, пченката и пченицата. Јогуртот има живи култури што промовираат добро здравје. И на крај, но подеднакво значајно е и овошјето со тврда лушпа и семето кои содржат масни киселини. Добрата страна е што овие производи се лесно достапни и добро познати за луѓето. Цената е прифатлива, а храната е од природно потекло. За да изгледате убаво и да се чувствувате младо не мора да трошите големи суми пари во купување козметички производи што се хемиски продукти. Значи не мора да консумирате отровни материи за да ја одржите вашата младост. Со природ-
ната храна можете да ги постигнете истите, а можеби и подобри резултати отколку со диеталните додатоци. Овие производи треба да бидат составен дел од вашите дневни оброци за да се чувствувате и изгледате по младо, да водите здрав живот, да имате поцврста кожа без брчки и дефинитивно никакви знаци на старост. Изберете го природниот начин за одржување на виталноста!
31
Ви најавуваме
Концерт на Трпчески во Охрид
Н
а 7-ми ноември во Центарот за Култура “Григор Прличев“ целовечерен концерт ќе одржи пијановиртуозот Симон Трпчески. Концертот во Охрид е дел од концертната турнеја со хуманитарен карактер што големиот уметник неодамна ја започна низ македонските градови. Серијата концерти се продолжение на ланските настапи на Трпчески низ државава со кои беше предизвикан голем интерес кај гледачите. Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември. Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Панде Шахов.
те во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, а под диригентската палка на Василиј Петренко.
Неодамна тој одржа и повеќе концерти низ европските центри на културата, а за неговите настапи
се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиуми-
Со овации и долги аплаузи Трпчески деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на тој град го изведе пијаноконцертот од Морис Равел. Диригент беше маестро Александар Ведерников, кој го предводеше оркестарот на театарот Бољшој на концертот во Скопје во мај годинава.
Концерт на Драгојевиќ и Грашо во Скопје
Н
а 6-ти ноември во “Универзална сала“ во Скопје, целовечерен концерт ќе одржи легендарниот Оливер Драгојевиќ а како специјален гостин е најавен сплитскиот кантавтор Петар Грашо. Драгојевиќ кој моментно е актуелен со двојното цеде “Моменти“ на кое се поместени обработки на некои од неговите најголеми хитови, уште еднаш ќе се претстави пред македонските обожаватели. Водечкиот пејач на хрватската музика сцена се загрева со серија настапи во поранешните југословенски републики пред долго очекуваниот настап во светски познатата концертна сала “Ројал Алберт хол“ во Лондон, кој ќе се случи во април следната година. И додека тој неодамна категорично изјави дека никогаш нема да пее во Србија, неговиот драг пријател и колега Петар Грашо наголемо се подготвува за “ Белградска арена“ каде што ќе се претстави кон крајот на октомври. За скопскиот концерт билетите ќе бидат пуштени во продажба на 15-ти октомври, а истите ќе може да се набават на веќе познатите продажни места: “Универзална сала“, “Југотон“ и во туристичката агенција “Гуливер Милс“која е и организатор на настапот на двајцата хрватски уметници.
32
33
Спорт
Економист и Спартак победници на ЕКК во Охрид
Р
уските екипи на Економист кај мажите и на Спартак кај жените станаа европски клупски шампиони на Европскиот клупски куп кој се играше во Охрид. Во машка конкуренција Економист освои максимални 14 бодови , а зад нив се пласира тимот на Мика Ереван, кој во последното коло со 4:2 го совлада нашиот претставник Алкалиод и го одделечи од врвот. Третата позиција им припадна на шахистите на Урал. Тимот на Алкалиод со двата пораза во последните две кола остана на 10 бодови со уште седум екипи и во рангирањето го освои 11. место. Со победите од 4,5 : 1,5 во последното коло нашите други две екипи направија скок на табелата Гамбит Пексим го освои 28. место, а Кочани 40.. Во женска конкуренција зад првакот Спартак, се пласираа Монте Карло и Тбилиси на второто, односно третото место.
Спортски новинари од земјава и регионот играа шах под вода
34
Прашање-одговор
ВИС
ПОЈ
Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.
Како?
Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.
046 255 600 www.vispoj.com.mk
31
Спорт
По петти пат Златна маска за охридските едриличари
36