Револуција магазин бр.86

Page 49

MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Всушност, Шенонгја во провинцијата Хубеи е познат по тоа што е дом на Јерен или дивите луѓе. Многу луѓе мислат дека се тоа само приказни и се верува дека не е ништо повеќе од лага. Но, таквите приказни постојат уште од средниот век во Европа и Азија. Резбите на тие суштества постојат на некои катедрали. Па, дали е реалност или фантазија, не може да се каже.

Шенонгја е можеби една од единствените шуми во светот која е недопрена. Сите планини се карстни, еден вид на вар. На многу места е многу тешко за да се оди, затоа што таквите карпи се испреплетени со густи грмушки и бамбуси. Но, за љубителите на природата, одењето во дивите шуми е неверојатно искуство, особено во изгорното лето.

Вузхен Со локација во северниот дел од провинцијата Жеџијанг, градот Вузхен е прифатен од страна на Големиот канал Пекинг-Хангжу со реките и каналите кои го опколуваат градот. Стотици години неговите жители граделе куќи по долините на реките. Вузхен има историја повеќе од 1 000 години. Античките станбени куќи, работилниците и продавниците уште стојат на бреговите на реките, останале непроменети и ја

доловуваат атмосферата од антиката. Античките докови, езерските павилјони и коридорите се протегаат со милји и прават романтична атмосфера, која е типична во водените градови во Јужна Кина. Ако пловите околу водоводната мрежа, секогаш можете да почувствувате ведрина, мир и суптилна убавина на градската вода. Опколени со вода, нема да го чувствувате неиздржливото жешко лето. Подготви: Емилија Петреска Извор: China Daily

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

49


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.