Револуција магазин бр.86

Page 1


21 Juli 2012

2

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


21 Juli 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

Sodr`ina Sozdavaweto na makedonskata dijaspora

5

Makedonija - ne, blagodaram

11

Gastarbajtersko so~uvuvawe na tradicite

14

Intervju so pretsedatelot na Evvrogrupata - @. K. Junker Toni Bler se vra}a - poopasen od porano

86

MAGAZIN REVOLUCIJA

18 25

Novi zakoni, stari {tipki

30

[okirani? Bosna ne znae poinaku!

32

Op{testvo prepolno so stepski volci

35

Evergrin na „site vremiwa“6 Kina - odmarali{ta za begstvo od realnosta

38 43

ИМПРЕСУМ OСНОВАЧ: М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: elena.pavlovska@mkrevolucija.com СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ: Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија ДИЗАЈН: Славе Ангелов МАРКЕТИНГ: Славица Ѓоргиевa Е- mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 75 63 44 94

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

3


21 Juli 2012

Zboguvawe bez zdiv „Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 АДРЕСА: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 ИЗДАВАЧ: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

4

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Sozdavaweto na makedonskata dijaspora Живееме во држава, која има богата историска подлога. Држава со богата традиција и стремеж за опстанок низ вековите. Македонија беше обесправена, потчинета под ропства од најразличен вид, сé додека не се појави на историската сцена кон средината на 20 век, како земја рамноправна со другите во големото семејство на народите и државите. Таа денес е нација на која ѝ е препуштена историската шанса да се осмислува, да опстојува врз територијата каде што многу култури и цивилизации оставиле бројни траги. Но, голем број од нас, Македонците, подлегнале на притисоците кои историјата ги носела со себе и својата егзистениција се обиделе да ја зачнат далеку од својата Tатковина.

Зачеток на иселувањето

Првите помасовни иселувања на Македонците од Македонија започнуваат во 19 век и тие, според сознанијата на француските претставници во Македонија и соседните балкански држави, се резултат на неподносливата економско-политичка и сигурноснобезбедносна положба под турскиот режим. Свирепото задушување на Илинденското востание и уривањето на Крушевската република од страна на надмоќната турска војска предизвика катастрофални последици за иднината на Македонија и македонскиот народ. Низ француската документација од тој период мошне прегледно се изнесени масовните опожарувања на населби, колежи и убиства на месното македонско население во цела Македонија.Турската

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

5


Tema Na Nedelata

војска крваво му се одмаздувала на населението за смелоста што ја поседувало да се крене на востание. Најпрво Македонците се иселувале во соседните балкански земји, а потоа, особено по Илинденското востание, и во повеќе европски и прекуокеански земји „без надеж за враќање” - како што пишува во документите на француските извори. Според француската документација, македонски колонии се воспоставени во Канада, САД, Австралија, Аргентина, Унгарија и други земји.

Иселувањето за време на војните

Иселувањето на Македонците од својата земја добило засилени димензии во периодот по поделбите на Македонија во Балканските војни и Првата светска војна, што според сознанијата на француските претставници е резултат пред сé на неподносливата политичкоекономска, социјална и безбедносна положба на македонското население.

6

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

Меѓу причините за иселувањето од Македонија, низ француската документација се нагласува и спроведуваната колонизација во сите три дела од поделена Македонија, малтретирањето и притисоците што ги имале од страна на новите „господари“. Мошне сликовито и реално е изнесена економско-социјалната положба на македонското население во извештајот на францускиот конзул во Скопје од 5 септември 1932 година под наслов „Економската ситуација во Вардарската Бановина”, при што се нагласува дека „економската состојба во Вардарска Бановина е многу сериозна. Многу фактори влијаеа за тоа, но основните се: селаните добија еден мораториум од шест месеци да ги платат своите долгови и трговците ги одбиваат новите кредити, што значи целосна стагнација на работите. Поголемиот дел од трговците ги загубија и малкуте пари што ги имаа. Цената на житариците и другите земјоделски

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

производи не само што опаѓа, туку не може да се најдат купувачи. Даноците нагло се зголемија... Пазарот целосно е замрен и никаква трговска трансакција не е можна. Селанецот, за да купи 2 килограми шеќер, е принуден да продаде 30 килограми жито“. Покрај неподносливата економскосоцијална положба во Македонија, според оценките на францускиот дипломатски претставник во Белград, Рајмон Бругер, изнесени во неговиот извештај од 16 октомври 1939 година под наслов „Реперкусиите од актуелната ситуација во Македонија” (испратен до Едуард Даладје - претседателна Советот на Министерството за надворешни работи на Франција), се нагласува дека „Македонците веднаш по војната (се мисли на Првата светска војна) беа објект на една политичка србизација“. Позасилено емигрирање во прекуокеанските земји има по Балканските војни, а особено е застапено од Егејска Македонија. И оваа појава

има главно политички причини. Овој тип на емиграција се нарекува присилна, бидејќи тоа бил единствениот начин да се преживее. Само ако заминале далеку тие ќе можеле да опстојат. Кон крајот на Војната и особено по крајот на Грчко-турската војна и силниот прилив на грчка имиграција од Мала Азија во Егејска Македонија, емигрирањето повторно се јавува во засилена форма. Овој пат се појавува нов бран на емигрирање и тоа најмногу во Канада и Австралија. Приливот на македонските иселеници во овие земји, особено се зголемува по воведувањето на Метаксасовата диктатура од 4 август 1936 година, кога се зголемува и теророт врз Македонците дури до таа мера да грчките власти го забрануваат употребувањето на македонскиот јазик и во домовите. Се зголемува и бројот на затворени и измачувани Македонци, особено поради нивните национални чувства. Овој процес македонскиот

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

на иселување на народ од Егејска

7


Tema Na Nedelata Македонија во прекуокеанските земји трае до Втората светска војна, практично до објавувањето на Грчко – италијанската војна од 28 октомври 1940 година. Кон крајот и непосредно по Втората светска војна иселувањето на Македонците продолжило со истото темпо. Како за предвоениот така и за поствоениот период, од сите три дела на Македонија најмногу се иселувале Македонците од егејскиот дел на интегрална Македонија. Според извештајот на францускиот конзул од Солун, од 27 февруари 1952 година под наслов „Грчко-македонските односи”, „подолго време е засилен процесот на напуштање на Егејска Македонија од Македонци во европските и прекуокеанските земји. Македонците немаат во Грција ниту елементарни права, затоа што не се Срби или Хрвати”. Иселувањето после Втората светска војна. Вториот бран на иселување на Македонците се случил во 70-те и 90-те години, поради економски причини. Поствоената земја и „тазе“ формираната независност, носела со себе транзициски период кој што бил економски неподнослив за голем број на Македонци. Извештајот од 1964 година наведува број на 580.000 македонски иселеници. Според некои податоци ако во периодот 1920-1940 година преку 74.000 лица го промениле местото на живеење од Македонија, во наредните 20 години 1940-1960, нивниот број е зголемен за пет пати и изнесува 363.000 лица. Додека претходно заминувале цели семејства, во овој период е зстапено иселувањето на машките членови од семејството, претежно сиромашните луѓе од руралните предели на Македонија. Печалбарите поминувале години и години во туѓите земји, испраќајќи пари

8

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

до своите домови, за да може семејството да преживее. Некои од „посреќните“, подоцна успевале и да го повлечат семејството во таа држава, а голем број од печалбарите ги оставиле и своите коски во туѓината.

Иселувањето денеска

Процесот на иселување и ден денеска е актуелен кај Македонците. Сега не станува збор за војни или присила од поробувачите, туку проблеми на економско и егзестенцијално ниво. Но, денеска профилот на иселеникот е сменет. Не станува збор само за сиромашните кои го бараат своето парче леб, денеска особено е забележано иселување на млади, способни, образовани луѓе, некои дури и експерти во својата професија, кои сметаат дека нивниот талент, труд и напор, повеќе ќе биде ценет во друга држава, отколку во својата Татковина. Денеска, голем број од населенитето, а посебно младите, сметаат дека веднаш би ја напуштиле државата, само ако им се појави можност за тоа. Ско¬ро половина од средношколците за 10 години не се гледаат во Македонија. Ако се исполнат желбите на денешните средношколци, на Македонија ѝ се заканува иселување од масовни пропорции. Ова го покажа истражувањето што го направи Младинскиот образовен фо¬рум спроведено на примерок од 3.607 средношколци од 13 градови. Најголем проблем за средношколците е економијата и недостатокот на ра¬бот¬ни места, но и алкохолизмот, наркоманијата, насилството и криминалот. Средношколците (77,1%) сметаат дека државата е водена од малкумина со големи интереси кои си гледаат само за себе, но не и за народот. Огромни 68,3% од македонските средношколци сметаат дека ништо, односно малку можат да променат во

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

државата, 15,5% сметаат дека делумно можат да променат, а само 16% дека можат да променат многу. Многу е тешко, а можеби и невозможно да се дојде до прецизна бројка на Македонци што се иселени од матичната држава. Едни бројки се пласираат од одредени македонски институции, со други бројки калкулираат некои домашни невладини организации и аналитичари, а сосема поинакви се резултатите од пописите на населението во земјите каде што претежно има иселеници од Македонија, на кои луѓето се произнесуваат како Македонци. Како и да е, јасно ни е на сите дека во периодот од 1960 до 2000 година, значаен број жители се иселија од Македонија и отидоа во Австралија, Канада, САД и во Западна Европа. Еден податок калкулира со број од 30.000 семејства што денес живеат во Австралија, 30.000 семејства во Канада, 20.000 семејства во САД и 20.000 семејства што живеат во Западна Европа. Значи, станува збор за околу 400.000 поединци, што или се имаат иселено

од Македонија или, пак, се родени надвор од Македонија, но се потомци на родители што своевремено се иселиле од државата. Но, морам да напоменам дека ова е минималниот број со кој располагаат инситуциите и здруженијата, секој од нив вели дека во реалноста бројот всушност е многу поголем. Значаен е фактот и дека околу 160 илјади семејства во Македонија живеат со пари од дијаспората, чијшто износ е околу 20 проценти од буто домашниот производ или тие покриваат барем 30 отсто од трговскиот дефицит на земјата. Ова е само официјалната сума која е евидентирана од страна на Народната банка, но реалната, разбирливо, е поголема, ако се има предвид дека многу пари се пренесуваат лично од страна на иселениците кога доаѓаат дома.

Изборот да се замине

Секој од нас има барем еден познаник кој се одлучил да си го пронајде својот пат далеку од Татковината. Не е лесна одлуката да се заминие, да се пресечат корените и да се започне некаде на друго место, далеку од дома, во непознат

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

9


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

простор, каде си туѓинецот.

неопходна постапка за преживување.

Јасно е дека во туѓината розите не цутат, но барем се наоѓа работа и се обезбедува егзистенција на најблиските и еден нормален живот. Народот е свесен дека тука ретко би се нашол некој кој би ја ценел неговата макотрпна работа.

Во општеството каде доминираат политиката, познанствата и парите, тешко да обичниот „смртник“ би го нашол своето место. Не станува збор за патриотизам или за негирање на националниот идентитет, станува збор за наоѓање на своја удобност и свое место во светот.

Учиш, студираш, а на крај дипломата единствено ти го краси ѕидот. Работиш во мизерни услови, без одмор и на крај повторно молиш за заработената плата. Во вакавата ситуација да се замине, всушност, и не е некој избор, туку

Македонија и нејзините власти мораат да се потрудат да ја понудат таа „удобност“ тука, па така да го спречат расејувањето на Македонците низ светот.

Елена Павловска

10

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Makedonija - ne, blagodaram Експертите велат дека доколку Македонија продолжи со трендот на огромна емиграција, пред сé на млади умови, еден ден ќе се доведеме до ситуација да во Македонија живеат само стари луѓе, кои нема да можат да ја движат државата. Нам не ни требаат експерти за да ни го кажат ова, гледаме и самите дека сé повеќе се зголемува бројката на млади луѓе, кои си заминуваат, за да среќата си ја пробаат во некои од западноевропските или прекуокеанските држави. Тука се поставува прашањето: зошто се случува оваа појава и кои се причините за истата? На ова прашање имаме безброј одговори. Не

само

експертите,

новинарите

и

колумнистите, туку и секој просечен граѓанин барем еднаш во животот досега споделил мислење на оваа тема, бидејќи истата ги загрижува Македонците. Сите се плашиме дека ќе дојде време кога Македонија ќе остане без денешната квалитетна младина и без успешна иднина. Дефинитивно, една од главните причини, ако не и примарна, е огромниот процент на невработеност во државата. Факт е дека околу 400 магистри на науки во Република Македонија се водат како невработени. Ова се официјалните статистики од биротo за вработување, кои велат дека нашите паметни луѓе седат дома. Зборуваме само за магистри, а дали има потреба да ги споменеме оние

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

11


Tema Na Nedelata

дипломираните, а пак, треба ли, воопшто, да се споменат младите кои се само со средно образование? Во едно истражување спроведено за емиграцијата на Македонците, се испостави дека и ние во нешто сме биле лидери - во извоз на млади умови. Истражувањето кое го спроведе Светската Банка покажа дека дури 29% од емигрантите кои си заминуваат од Македонија и ја бараат својата иднина во земјите од ЕУ, се со високо образование. Ова е огромна цифра на млада популација, која е моторот – движечката сила и иднината на секоја држава, а истата си заминува од државата. Некои од бројките, кои можат да се најдат низ медиумите, велат дека скапата интелигенција во Македонија си заминува, па дури 80.000 млади стручни кадри засекогаш заминале од својата татковина. Ова е страшно поразителна бројка, а за појавата се молчи и не се превзема буквално ништо.

12

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

Пред извесен период во Македонија постоеа поделени мислења во однос на емигрирањето од државата. Некои се повикуваа на поговорката „туѓината пуста да остане“, а други пак велеа дека тајната на успехот за подобар живот може да се најде само далеку од границите на нашата Македонија. Во последно време, пак, сé почесто можете да слушнете како луѓето се убедени дека животот на „Запад“ е далеку подобар за секој од нас. Веќе не постои она мислење дека „секогаш ќе бидеш туѓинец во странска држава“, а сé повеќе можете да слушнете како таму некаде далеку на Западот ќе бидеш многу повеќе почитуван за она во коешто си стручен. Младите кои својата среќа ја најдоа во странство не ни помислуваат во брзо време да се вратат во својата татковина. Во државите како Шведска, Германија, Америка или Австралија тие напорно работат и остваруваат огромни успеси

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

на своето поле. Многу често низ нашите медиуми се провлекуваат приказна за млади и успешни луѓе, кои се доста почитувани и одликувани во некои од западноевропските држави. Младите кои се занимаваат со технички или природни науки, многу лесно го пронајдоа патот до успехот во овие горенаведени држави. Успешни доктори, машински или електро-инженери, технолози или, пак, дизајнери, наместо да помогнат за развој и подобрување на квалитетот на македонското здравство или, пак, технологијата која е сé уште во развој во Македонија, тие тоа го прават во

странство. Но, да не заборавиме, токму во таа далечна држава тие имаат високи примања, огромна почит од колегите и самото општество, а воедно и полесен начин за унапредување и надградување. Единствено нешто, што државата може да го направи во овој момент, е да изготви една силна стратегија со која ќе се задржат квалитетните млади умови на ова тло. Сé додека невработеноста во државата е на високо ниво, како и тоа да успешните студенти не бидат наградени, односно не најдат соодветна работа која ќе им гарантира сигурна иднина, многу веројатно е дека овој тренд на одлив на млади мозоци од Македонија и понатаму ќе продолжи. Магдалена Јовановска

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

13


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Gastarbajtersko za~uvuvawe na tradiciite Заминувањето надвор од границите на нашата држава е искушение во кое паѓаат голем дел од нашите Македонци. Потрагата по подобар живот е вечен мотив да се замине во непознатото. Но што кога ќе стигнеме таму? Таму се јавуваат сите патриотски чувства за кој никој не бил ни свесен дека ги има во себе во моментот кога ја напуштал државата. Токму таму се развиоруваат нашите знамиња и се плаче на секоја вест од татковината. Таму се играат ора, се пее химната и со најголеми напори се всадува љубовта кон Македонија и на новите генерации. Деловите каде што има наши се слуша еден сосема поинаков македонски јазик,

14

BR.86 MAGAZIN

со примеси на оној на државата во која живеат, се со цел да не се заборават корените. Но сепак никој не е доволно храбар да се врати назад. Тие што останале во Татковината, иселениците ги замислуваат како некои кои се многу среќни, премногу платени за својата работа, кои живеат во големи куќи и кои постојано се дружат на разни забави, кои им помагаат да ги „зачуваат традициите“ од родниот крај . На овие забави тие го користат секој миг да „тагуваат“ по Татковината и по татковата куќа. Поголемиот број од овие „културни манифестации“ се пропатени со естрадни уметнички кои единствениот квалитет го имаат

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

сокриен длабоко во деколтето, а се во придружба на музика која ве инспирира да се качите на маса и завртите еден чочек. Нема број на одлеаните солзи на секоја песна за татковината, за името, за историјата, секоја поттикнувајќи да се даде „награда“ на пејачката за добриот репертоар. Токму поради ова омилена дестинација на нашите естрадни уметници се земјите каде има наши гастарбајтери. Давајќи им бакшиш на овие пејачки, нашите воопшто не помислуваат на тој начин не го поттикнуваат развојот на нашата култура и претставувањето на Македонија во вистинското светло. Бројот на театарски престави кои се организираат во земјите на дијаспората, е речиси смешен со гостувањата и така наречените турнеи на пејачките. А животот таму мислиш мед и млеко. Се е убаво, има работа за секој, тоа е стандардна реченица на секој наш кога ќе се врати на краток одмор во родниот крај. Тогаш веднаш започнуваат

приказните за големите месечни примања, за евтината храна, за полните фрижидери, за новата кола. Но никој ама баш никој не објаснува како макотрпно се работи во странство, како никој не ги толерира грешките. Потоа следуваат бескрајни честења, ручеци, пофални зборови за еврата кои ги носат со себе, не кажувајќи ја целосната вистина дека токму нивната плата спаѓа во рангот на најмалите во земјата каде престојуваат. Тие гледаат со потсмев и презир кон оние кои останале во Македонија и на кои ќе им треба подолго време да заработат една нивна месечна плата. Нивното постојано „луксузирање“ додека се во нашата држава, создава слика за нив како да се едни од најбогатите луѓе на светот. Нивното постојано лудување по улиците, со изнајмените автомобили со кои доаѓаат во земјата создава голема завист, посебно кај младите луѓе кои започнуваат да сонуваат за заминување од државата по секоја цена.

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

15


Tema Na Nedelata

Приказните за живот во кој нема никакви финансиски потешкотии, но и можностите за постојано посетување на други земји ги турка нашите млади во очај. Младите девојки токму поради ова „неброено богатство“ и погрешната претстава што ја имаат се мажат за гастарбајтери, а тие пак ја исполнуваат желбата на своите родители да земат брачен сопатник од стариот крај. И повторно се прави свадба, со чочеци и пејачки, свадба за паметење каде постојано летаат пари. Мораме да се запрашаме дали нашите предци ни оставија традиција на играње чочеци на маса па нашите иселеници,

MAGAZIN REVOLUCIJA

токму неа мора да ја зачуваат? Зарем бескрајните игранки, чочеците на маса се сликата која сакаме да им ја дадеме на жителите на другите земји, за крајот од кој потекнуваме? Зарем тешко заработените пари треба да се ставаат во деколтето на некоја пејачка, која нема ни претстава кои се наши изворни песни, ниту како треба да се престави нашата земја во вистинско светло? Со ваквата погрешна слика, која се создава за нашите печалбари, за која во голем дел и самите допринеле целосно се занемарува нивната улога во домашната економија, се забораваат начините на кои навистина може да помогнат на културата и на своите најблиски. Наташа Димеска

16

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

21 Juli 2012

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

17


Evropska Unija

MAGAZIN REVOLUCIJA

Intervju so pretsedatelot na Evrogrupata

- @an Klod Junker

Европа - заедно ќе успееме или заедно ќе пропаднеме Во интервју за „Шпигел“, претседателот на Еврогрупата и премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер, зборува за несогласувањата помеѓу Германија и Италија на неодамнешниот самит на ЕУ, причините поради кои смета дека Меркел не е во право за еврообрврзниците и за неговата желба да биде избран за претседател на Европската Унија. Господине Јункер, сметате ли дека има двојни верзии на самитот на ЕУ? Кога станува збор за последниот состанок во Брисел, некои велат дека германската канцеларка Ангела Меркел донела значајна одлука за јужните земји, додека, пак, други тврдат дека ништо не се решило. Кој е во право? Постигнавме добри резултати на самитот, резултати што ги развивавме

18

BR.86 MAGAZIN

заедно и за кои заедно сме одговорни. Не мислам дека канцеларот тивко даде благослов за сé што ѝ беше презентирано. Толкувањата на германскиот печат во врска со резултатите од самитот беа целосно погрешни. Не е дека г-ѓа Меркел не успеа, туку успеа соработувајќи со другите. Но, неспорно е дека Шпанија добива повеќе време за програмата за излез од кризата. Покрај тоа,

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

канцеларот за понатаму се согласи за флексибилност на Европските банки и влади, што земаат пари од Европските фондови за спас. Пред самитот не се сложуваше со тоа. Мислам дека не е паметно да се споредуваат резултатите од овој евросамит со некои претходни изјави. Факт е дека можевме со наши сили побрзо да го спасиме еврото. Исто така, факт е дека нема некое значење скратување на условите за помош на земјите што се во криза. Тоа беше особено важно за Германците, па во тој случај Меркел одлучи. Сепак, чудно е тоа што италијанскиот премиер Марио Монти се однесуваше како да извојувал победа по самитот и се фалеше дека инспекторите од „Тројката“ на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), Европската Комисија и Европската Централна Бнка (ЕЦБ), никогаш нема да бидат забележани во неговата земја. Користењето на собирите на ЕУ за да се бележат политички победи или порази е грозна навика. Важно е да се сфати дека ние во Европа или заедно ќе успееме или заедно ќе пропаднеме. Секој што е присутен на собирите претпоставува дека на Италија нема, воопшто, да и требаат фондови за спас. Но, ако спротивно на очекувањата тоа се случи, Италија ќе мора да се стави под европските процедури за набљудување. Покрај несогласувањата помеѓу Германија и Италија, на самитот не се одлучи нешто значително во врска со финансискиот пазар. По кратко одложување, каматната стапка за обрзниците на Италија и Шпанија се вратија на критично ниво. Зошто Европа не успева да најде начин за

излез од овој пакосен круг? Не сметам дека по краткотрајните проценки на финансиските пазари треба да се ставаат премногу акции. Најважниот исход од самитот беше дека европските политичари успеаја, за прв пат, да се одлучат за долготрајна структура на еврозоната: здружено банкарско надгледување и засилена соработка на фискалната и буџетната политика. Убеден сум дека оваа реализација ќе се стабилизира на пазарот порано или подоцна. По две и пол години на секакви политики за спас, на друг начин гледаме на работите. Бројот на зафатени земји расте, фондовите за спас се сé поголеми, а политичарите се поделени. Навистина ли го нарекувате ова напредок? Апсолутно. Спротивно на вашето дисторзирано претставување, европските политичари навистина докажаа дека се способни да ги преземат работите во свои раце и да донесат одлуки за време на криза, што не го очекував. 30 години сум во оваа работа и не можам да се сетам на некој период кога Европа беше способна да носи такви важни одлуки, како во последните три години. Сакате примери? Да, ве молам. Европа доби продолжени програми за помош и реформи за Грција, Ирска и Португалија, поставивме целосно нови темели за соработка во фискалната, должничката и буџетската политика и во тек сме со развивање на одржливо решение за шпанскиот банкарски проблем. Малку

ја

шминкате

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

ситуацијата.

19


Evropska Unija

Во јужните земји народот се бунтува против мерките за спас. А, во кредиторските земји, како Германија, луѓето не сакаат да го признаат постоечкиот должнички ризик од неколку стотици милијарди евра. Нели имате чувство дека го достигнавме крајот на јарболот? Јас сум страстен читател на „Шпигел“... ...а, нас ни е драго поради тоа... ...и како таков, не успеав да не забележам дека пред една година на насловната страна ставивте некролог на еврото. Затоа би сакал да го пренасочам прашањето кон вас: А, нели, пак, вие мислите дека „Шпигел“ понекогаш дава пребрзи осуди кога е во прашање еврото? Ние само предупредивме дека на

20

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

еврото му се ближи крајот, доколку политичарите конечно не се сетат да направат нешто околу тоа. Како што гледате, еврото сé уште постои. Значи, не е можно секаде да сме згрешиле. Секако, забележувам дека луѓето оправдано поставуваат некои прашања, кога станува збор за сумите ставени во прашањата. Тоа уште повеќе нé тера да им ги објасниме постапките. Германскиот претседател Јоахим Гаук кажа дека има некои маани во оваа насока, особено кога станува збор за германскиот канцелар. Го делите ли ова мислење? Нема шанси да се мешам во дијалогот помеѓу германските владини тела. Вистина е дека сите европски политичари мора да бидат поефективни при објаснувањето на луѓето што се во игра.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

Ако еврозоната колабира, очекуваните загуби ќе ги надминат планираните суми што ги споменавте неколку пати. Што се однесува до мене, несомнено е дека треба да правиме сé што е возможно за да ја зачуваме задничката валута. Не се работи само за парите. Федералниот Уставен Суд на Германија моментално расправа дали фондовите за спас ја загрозуваат демократијата со претераното скратување на опсегот на државната политика. Оправдана ли е оваа грижа? Секако дека е оправдана. Но, прашањето не се поставува само во Германија. Уставниот проблем се појавува и во другите земји од еврозоната. Врховниот суд на Естонија го ревидираше и одобри фондот за спас. Затоа не сметам дека судиите на Карлсруе ќе го спречат. Но, сигурно ќе се одложи, затоа што судот сака до есен да го спроведува ревидирањето. Може ли ова да создаде проблем? Па, секако дека не помага. Но, кој сум јас да ги критикувам судиите на германскиот Уставен суд?! Тие се експертите во процесот и мислам дека се свесни за временските стеги. Германија не беше единственото место каде луѓето беа вознемирени поради исходот од самитот. Во Португалија и Ирска, на пример, многумина се прашуваа зошто треба строго да се држат до барањата, додека многу полабави услови им беа дадени на Шпанија и Италија. Можете ли да го разберете тоа? Токму поради ова во заклучоците на самитот стои една реченица, каде

земјите во слична позиција треба да се третираат еднакво. Голема важност придавам на овој принцип. Дали ова значи дека Португалија и Ирска можат да се надеваат на истата отстапка направена за Шпанија и Италија? Португалија и Ирска ги исполнуваат европските барања на исклучителен начин. Двете земји беа многу успешни при балансирањето на буџетот. Од таа причина, треба да бидат подложени на истите правила кои што се однесуваат на другите, сé додека нивната ситуација е слична со онаа на останатите. Грција, исто така, бара повеќе време да ги спроведе планираните реформи. Би преговарале ли? „Тројката“ ќе го поднесе извештајот на Грција во септември и тогаш ќе го дефинираме проблемот. Но, заклучоците од извештајот се предвидливи. Грција заостанува од целите на реформите. Доколку и дозволите на владата во Атина уште едно одложување, нема да можете да избегнете дополнителна помош. Нема да е подобро за земјата да се повлече од еврозоната сега, барем привремено? Факт е дека грчката влада не успеа да ја спроведе програмата, онака како што беше договорено. Тоа се должи на изборите и суспензијата на програмата за приватизација. Исто така, е јасно дека би нé чинело пари, доколку и дадеме на Грција повеќе време за да ги постигне договорените цели. Од ова произлегуваат две прашања. Прво, дали Европејците се подготвени

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

21


Evropska Unija да го платат додатниот трошок? Второ, дали ММФ ќе остане на чело? Пред да се појаснат овие работи, не можам да ви одговорам на прашањето. Вашиот министер за финансии, Лук Фридрен, кажа дека мора да мислиме на „географската композиција“ на еврото. Што сака да каже? Ќе мора него да го прашате. Нема предлог за поделба на еврозоната во јужно и северно евро. Постои и идејата да се постави јадрена монетарна унија сред Европа. Не се согласувам со ова. Наместо тоа, треба да се посветиме на напорите да ја надополниме монетарната

22

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

унија со политичка унија. Вие и претседателите на клучните институции на ЕУ презентиравте релевантни предлози на самитот. Накратко: Важните власти во фискалната политика ќе се насочат кон Европа, а за возврат ќе се воведе безбедност при долг и еврообврзници. Задоволен ли сте со тоа како Европските лидери реагираа на вашите идеи? Имаше значајно согласување околу предлозите за воспоставување на Европска банкарска унија. Но, некои од останатите предлози беа

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

поконтроверзни. Можете да го повторите тоа! Германија, Финска и Холандија се страшно против здружен долг, додека, пак, Франција и останатите се ежат кога ќе чујат за трансфер на суверенитетот на европско ниво. Но, тие две работи одат заедно. Не може да има еврообврзници, без да постои врска помеѓу народните буџетски политики. Канцеларот кажа дека нема да има еврообврзници додека е жива. Вие и Меркел сте иста возраст. Би се потпишале на таа заклетва? Иднината ќе покаже кој е во право. Убеден сум дека долгорочно монетарната унија вклучува здружена должничка политика под строги, заеднички договорени услови. За таа цел, ги презентиравме нашите концепти на самитот. Вашиот предлог беше дека на владите треба да им биде дозволено да навлегуваат во нови долгови со построги лимити и сé што е над тие лимити треба да биде дозволено на Европско ниво. Прашањето останува, како мислите демократски да ја одобрите оваа промена на одлуки во Брисел? Тоа е реален проблем. Мора да ги преправите парламентарните структури на монетарната унија. Би имало смисла, доколку на Европскиот Парламент му довериме буџетска контрола. Но, не гледам волја да се направи тоа во поголем дел од главните градови во моментов. Затоа, државните парламенти мора потемелно да бидат вклучени во овој

проблем. Полесно ќе биде и да им се објасни на граѓаните, доколку нивниот директно избран претставник на областа, решава што ќе се прави со парите од данокот. Што може да се направи со Европа за повторно да им стане привлечна на луѓето? Сакам до функцијата Европски претседател, на крајот на процесот, да се дојде преку народот, претседател којшто ќе биде избран од граѓаните на ЕУ. Како прелиминарен чекор, кабинетите на претседателот на Европскиот Совет и претседател на Европската Комисија може да се комбинираат. Лисабонскиот Договор не го отфрли ова, туку го стави како предуслов за европски претседател. А, нема ли да има потреба и од европски министер за финансии? Па, би имало смисла. За ова прашање, има можности и во склоп на постоечкиот договор на ЕУ. Позицијата на комесарот за економски и монетарни работи на ЕУ може да се комбинира со кабинетот на раководителот на Еврогрупацијата. Таа работа би била предизвик за секој што би подразмислил. Од една страна, ќе мора да прави предлози. Од друга страна, ќе мора да преговара за да стигне до компромиси со останатите европски целини. Нели е тоа работа за вас? Најпосле, бевте реизбран на последниот состанок на Еврогрупата, иако сакавте да се повлечете. Никако. По изборот, веднаш соопштив дека нема да бидам на располагање

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

23


Evropska Unija целиот мандат. Се надевам дека на почетокот на 2013-та ќе се најде наследник. Според плановите на Меркел и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германскиот министер за финансии, Волфганг Шобл, се очекува да биде заменет од Пјер Московиц. Што мислите за идејата? Не знам точно што г-ѓа Меркел и г-дин Оланд зборувале. Во Европа, одлуките

MAGAZIN REVOLUCIJA

се донесуваат само доколку Германија и Франција се договорат. Ама вистина е и дека доколку работите сами, не станувате омилени меѓу останатите земји членки. Да појаснам: според мене, Шобл одговара на сите предиспозиции за да застане на чело на Еврогрупата. Г-дине премиере Јункер, благодариме за интервјуто.

ви

Подготви: Милена Петровска Извор: Spigel

24

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

Toni Bler se vra}a - poopasen od porano Поранешниот британски премиер Тони Блер се враќа дома на повеќе начини. Во вторникот навечер, тој и неговата сопруга Чери се појавија на стадионот Емирати на Арсенал, во северен Лондон како ѕвезди гости на спортската вечера на Лабуристичката партија, дозволувајќи си да се фотографираат со Ед Милибанд и неговата сопруга, Џастин.

Откако се тргна од премиерскиот трон, по ударот од поддржувачите на Гордон Браун пред пет години, односите на Блер со неговата партија видно заладија. Не е тајна дека тој сакаше Дејвид Милибанд да победи на натпреварот за лидерство, кој следуваше по поразот на изборите во 2010, ниту пак имаше сомнежи во однос на неговиот наследник.

Семејството Блер ги помина веројатно најсреќните години од нивниот живот токму во овој дел од Лондон. Живееја речиси во сенката на стариот стадион Хајбури на Арсенал, а нивните деца одеа на училиште во близина. Многу од нивните стари пријатели сè уште живеат таму.

Помалку е познато дека Блер одржуваше многу топли приватни врски со Дејвид Камерон – што им дава надеж на Ториевците дека лабористичкото крило на Блер може да го поткопа Ед Милибанд на начин на кој поддржувачите на Маргарет Тачер го уништија Џон Мејџор. Помирувањето минатата недела ја уби оваа идеја.

Уште поважно, минатата недела беше забележан моментот кога Тони Блер се врати дома – во Лабористичката партија.

Сé поостроумниот Ед Милибанд имаше обезбедено важна стратешка предност,

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

25


Politika земајќи го поранешниот премиер како консултант за да утврди како Британија и Лабористичката партија би можеле да го изградат Олимпиското наследство. Од големо значење е тоа што се зборува дека улогата на Блер во Олимпијадата може да биде една од неколкуте. Некои гледаат Блер како го додава своето искуство за да се покријат кабинетските дискусии пред изборите. Дури и тоа да изгледа претерано, тој сега делува подготвен да игра главна улога како навивач на Лабористичката партија за следните општи избори, на кои сегашен фаворит за победа е Милибанд. Но, новата алијанса на Милибанд исто така е ризична. Таа доведе до јасна промена – Милбанд сега е морално поврзан со поранешниот премиер. Ова е опасно. Во текот на последните месеци против Камерон беа поднесени обвинувања за лицемерие бидејќи активностите на некои од неговите големи бизнис поддржувачи (како поранешниот ториевски министер за финансии, Петар Крудас) ¬беа истакнати како неетички. До сега Милибанд не бил засрамен. Но не за долго – повторното пристапување значи дека тој сега е подготоврн да одговара за бизнис активностите на Блер. Еве еден мал пример. Последните пет години Блер има заработено пријавени 2 милиони фунти годишно како надворешен советник на ЏП Морган. Во меѓувреме, Ед Милибанд води војна против прекумерно платените банкари и финансиери. Неговиот најнов советник може да се смета за член на таа омразена класа. Позагрижувачки профитабилната

26

до

сега е консултациона

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

поврзаност на Блер со автократи и диктатори богати со нафта, од кои последниот е претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев – грозен човек. Политичките активисти во Казахстан рутински се измачувани, додека безбедносните сили неодамна заклаа 14 штрајкувачки нафтени работници. Кога Назарбајев го вработи Блер за некои 13 милиони долари годишно, еден од неговите официјални претставници за весникот The Daily Telegraph изјави дека советот на поранешниот премиер е бесценет, додавајќи дека „Казахстан ќе го добие најдоброто советување од него за проблеми поврзани со политиката и економијата.“ За возврат, Блер ја пофали неговата комбинација на „сила која е потребна да се донесуваат одлуки за ставање на државата на правилен пат,“ и „одредено ниво на неопходна суптилност и оригиналност кои му овозможија да маневрира во регион кој е полн со тешкотии.“ Официјалното мислење на Блер е дека неговата компанија, Tony Blair Associates, ќе му помогне на Казахстан да се стекне со поголема почит за човековите права и да изгради судство. Можеби ова е точно, но сепак зошто Блер би бил потребен за да се изврши оваа речиси невозможна задача, кога во регионот веќе постојат многу искусни организации кои се залагаат за тоа. Причините остануваат мистериозни. Во јануари, како што објави Мајк Харисон од весникот Index on Censorship, околу 52 казахстански активисти бараа од овој поранешен премиер да се повлече од работите на државата, во

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

услови на страв дека тој ја дава својата почит за нелегитимен режим. Речиси исто толку загрижувачки се и бизнис компаниите на Блер, кои кршат прифатени етички правила. Неговата интернационална империја е екстремно сложена. Како што признава Блер, потрошено е богатство на скапи сметководствени совети, кои за возврат изгледа дека ги направи неговите финансиски структури непристапни. Сепак, тоа не може да го скрие фактот дека неговата јавна улога како претставник на Квартетот на Блискиот Исток – група формирана од ОН, САД, ЕУ и Русија, за да одржува мир помеѓу Израел и Палестинците – стана катастрофално испреплетена со неговиот приватен бизнис. Во првите месеци на 2009 Блер го посети неверојатно богатиот Емир од Кувајт со

неговиот бизнис партнер и поранешен Downing Street помошник Џонатан Пауел. Блер беше присутен како претставник на Квартетот – и набргу потоа Tony Blair Associates (каде Пауел е стратешки советник) беше наградена со договор вреден милиони фунти. Ова спроведување не би било толерирано во Британија, бидејќи јасно ги нарушува Ноланските принципи за јавен живот, кои бараат ригорозна поделба на јавната должност и приватната добивка. Впрочем, Николас Ален, постар предавач по политика на Royal Holloway University, за интервјуто за Channel 4 рече дека Блер прекршува шест од седумте принципи. Порано овој месец, во интервју за Financial Times, Блер тврдеше дека оваа програма е „целосна измислица“. Мора

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Politika

MAGAZIN REVOLUCIJA

да го информирам поранешниот премиер дека секој збор од програмата беше ригорозно проверен, за утврдување на нејзината точност од првокласни адвокати и истражувачи. Од кампот на Блер не беа способни да предизвикаат сомневање во ниту збор од истата.

неговата искреност во врска со неговите намери. Изгледа дека Блер се уморил од неговото „портфолио“ постоење и веројатно е свесен дека ако Мит Ромни победи на изборите во САД, неговата улога (веќе одлучувачки нестабилна) може за брзо време да се затвори.

Некои можеби сметаат дека овие Нолански принципи за „несебичност, интегритет, објективност, одговорност, отвореност, искреност и раководство“ не му се важни на Блер, кој сега е „приватен“ граѓанин чии интереси главно лежат надвор од државата. Други сметаат дека е вознемирувачки фактот што поранешен премиер е подготвен да ги игнорира стандардите кои се јавно прифатени.

Затоа се стреми кон некоја нова поголема улога, како на пример претседател на Европската Унија, или Светската Банка. Блер неодамна дури пушти шпекулации дека може да се врати како премиер. Возможно е да се предвидат околностите каде, во ера која не е позната по нејзините политички гиганти, Блер може да се врати на место број 10.

Во секој случај, не смее да се отстапи од фактот дека Блер треба да санкционира такви конфликти, сега кога се враќа на политичката сцена. За пофалба е

28

BR.86 MAGAZIN

Дури и оние од нас кои беа гласни критичари на неговото премиерство не треба да се подбиваат. Во последните декади претседателите и премиерите обично беа избирани во нивните четириесетти, а потоа влегоа во пазарот

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Politika

на трудот пет до десет години подоцна. Пред нас постои задача да најдеме начин како да се справиме со младешките, енергетични стари државници. Ги третираме Бил Клинтон или Тони Блер (па и Дејвид Камерон) како интересни, но бескорисни орнаменти, па така, желбата за повратокот на Тони Блер во јавниот живот иако не е разбирлива, таа е за восхит, несебична и заслужува почести. Но, што е најважно, британскиот систем продолжува да ги вреднува интегритетот и високите стандарди. Овие две работи недостигаа додека поранешниот премиер направи богатство на светската сцена во текот на изминатите пет години.

Блер се обидува да седи на две столчиња. Го ужива неговиот живот на висока нога како слободен интернационален консултант, додека крои план за повраток во јавниот живот. Можеби овој стар маестро чувствува дека може да се спаси со овој љубопитен двоен идентитет. Би било многу неумно ако Милибанд му дозволи да го стори тоа. Лидерот на Лабористичката партија мора да го натера својот претставник да си го собере умот. Денес приближувањето до Емиратите може да изгледа како акт на стратешки гениј. Ако Милибанд не е внимателен, може да зажали за вршење притисок врз Блер. Подготви: Славе Ангелов Извор: Telegraph

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

29


Mladi So Stav

MAGAZIN REVOLUCIJA

Novi zakoni, stari {tipki

Рано утринава си ги пружав алиштата на балконот. Ептен домаќински, а и многу ми беше мерак, си купив некои нови блузички. Ама приметив дека штипките кои ми се стари веќе неколку години се поткршиле, па се некако ми ги закачуваа новите блузички со закана да ги скинат. Решив дефинитивно да си купам нови штипки, тие се поевтини, и онака им требаше менување, а за новиве блузички дадов доста пари. Сега можеби си мислите дека сум забегала и трескам глупости, ама ајде само за момент споредете го гореопишаното секојдневје со сегашната ситуација на

30

BR.86 MAGAZIN

законите во Република Македонија. Имаме цел еден куп нови европски закони, ама местото е исто, општеството е исто, традицијата и културата со векови се непроменети, народот си остана ист, и парите си останаа како што си беа. А овие нови закони како да се пишувани за некое друго место, различно поразвиено општество, за некоја странска традиција, некој друг народ со нешто повеќе пари... Додека насекаде во светот луѓето се борат да си ја зачуваат традицијата, бидејќи тоа е она што ги одликува како нација, ги држи заедно, а во понови времиња богами им носи и доста

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

пари од туристите, ние овде сè што е традиционално го забранивме со закон. Не зборувам за забраната за пружање гаќи на балкон, иако не ми е јасно зошто кога имаме толку посериозни проблеми, ние сме се фатиле за гаќи на виделина. Ама аналогијава со криење на гаќите некако совршено кореспондира со актуелната постава на власта, нели!?

Бог да чува. Па дури и туристите кои доаѓаат тука си го бараат гравчето во добро познатото глинено тавче.

Зборувам за новите казни, чија сума воопшто не е македонска. Многу повеќе ѝ доликува на некоја друга финансиски подобро поткована држава. А не на нашиов голтарски народ. Зборувам за ајварот, за тавче- гравчето. Најмилото чисто македонско. Законски ни забранија да си правиме ајвар на улица и тавче- гравче во земјен сад.

Не можеш да ставиш нови закони, ама штипките да ти останат исти. Ќе ти ги искинат законите. Нема да биде убаво... Елена Николовска

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

31


Mladi So Stav

MAGAZIN REVOLUCIJA

[okirani? Bosna ne znae poinaku! Пред неполн месец, „шокантна фотографија“ направена во Сараево, го обиколи светот, откако истата беше објавена во „Градови“, специјално издание на тиражниот француски весник „A Nous Paris“ (Париз за нас). За оние кои не знаат за што станува збор, мало резиме - на фотографијата се гледаат две дами кои се шетаат по сараевските улици, едната е облечена во склад со исламските прописи, додека другата носи мошне кратки панталончиња и тесна летна маица. Фотографијата на авторот Беноит Чартер е именувана „Шок-култура“ (Choc des Cultures), што некои лингвистичари тврдат дека коректен превод би бил „Конфликт на културите“, што би требало да им навести на француските

32

BR.86 MAGAZIN

читатели дека ваквата слика, во најмала рака, е шокантна. Како, се подразбира, и културата на Сараево. Меѓу многуте негодувања и осудувања на ваквото претставување на европскиот Ерусалим, најгласен беше ставот на новинарката Џана Мујаџиќ, која живее во Париз: „Фотографијата на негативен начин ја нагласува присутноста на исламот во градот, бидејќи зборот „шок“ во овој контекст е сосема неприлагоден и сугестивен. Така се зголемува јазот меѓу верите и се намалува славниот гратски космополитизам, па се навредува мултикултурниот состав на градот.“ Она што навистина ме импресионира мене лично, е реакцијата на босанското

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

цивилно општество – веќе следниот ден се покрена кампањата „Шокирани? Ние не знаеме поинаку!“, како одговор на француското претставување на сараевското секојдневје, а ја започна Центарот за едукација и истражување „Нахала“ - Сараево. Во рамки на кампањата против погореспоменатата фотографија, формирана е и Фејсбук група, која има сé поголем број на членови и на која луѓето поставуваат бројни фотографии со слична „содржина“.

Минатата година, ми се укажа можноста да ја посетам босанската метропола, место познато по својот културен и религиозен диверзитет. Дали знаевте дека Сараево уште е и нарекуван „Ерусалим во Европа“, поради фактот дека во еден округ се наоѓаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога? И замислете, тоа е прифатено како богатство на градот, а не како проклетство!

Како што објаснуваат од „Нахала“, намерата е да му се докаже на светот и на Французите дека девојките и жените облечени во склад со исламската традиција не претставуваат никаков инцидент, ниту се во некаков конфликт со тамошната цивилизација, како и дека разликите ги обединуваат. Неколку месеци подоцна, на истото место го реализирав мојот прв проект – „Не ми суди“, во чија суштина лежеше етничкиот диверзитет на Македонија и Босна и односот на младите кон истиот. Двете посети ми овозможија да сфатам колку само имаат заедничко двете земји. Само се потврди најбитното – да, во истите граници едни покрај други живеат луѓе со различни религии и убедувања,

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

33


Mladi So Stav но поделбите на етничко-религиозна основа не постојат, нив вештачки ги креира политиката. Младите (барем оние кои јас имав чест да ги запознаам) – ги боли уво за етикетата која е битна само за на попис на население. За време на мојата посета, не почувствував никаква поделба или дискриминација. По кафулињата на иста маса можеа да са видат девојки со шамии и девојки со разголени раменици, и тоа никому не му беше шокантно.

Едноставно, тоа е начин на живот. И покрај многуте негативни слики, Балканот е едно посебно европско катче, со воздух кој не може да го вдишите на друго место. Тргнете ги сите непотребни етикети – и добивате грст луѓе кои не знаат да го штедат срцето, но знаат како да се забавуваат. Прикачените фотографии на фејсбук групата „Шокирани? Ние не знаеме поинаку!“ само докажуваат дека доброто дружење не познава граници. Така, на оваа група можат да се најдат овековечени насмевки од бесценетиот кафе-муабет со најдобрата пријателка, свадби на кои се шири позитивна енергија, час по карате каде шамијата

MAGAZIN REVOLUCIJA

не е забранета, спомени од најдобрите бизнис-зделки, од најголемите летни лудувања.... Таков е животот во Босна шарен. И тоа е нормално. Скопје не е многу поразлично од Сараево. Невработеноста и сиромаштијата градат плодно тло за политичка манипулација која прави сè, освен да обединува. Доволна е искра, за ситуацијата непотребно да еруптира. Сепак во срцето на градот, во Старата скопска чаршија, сите разлики и стереотипи остануваат во сенката на позитивната енергија. Тука сите доаѓаме со иста мисија – супер забава и незаборавно дружење. Зар нешто друго е важно?!

Босна реагираше, ја искористи моќта на социјалните мрежи на најдобар можен начин, за гласно да ја пренесе пораката до Западот – РАЗЛИКИТЕ НĖ ЗБЛИЖУВААТ. Се прашувам, дали на слична ситуација во Македонија, би следувала иста реакција? Дали би се обединиле да ја покажеме неполитичката вистина, или би потклекнале на предизвикот, дозволувајќи да надвладеат пцовките, навредите и поделбите?.. Славица Ѓоргиева

34

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

Op{testvo prepolno so stepski volci Имам пријател, добар пријател, кој е среќен што живее на маргините на општеството кое го презира и гуши, се чувствува како птица во кафез меѓу правните норми и достоинственото однесување. Покажува висок степен на анимозитет кон секаков вид на организација и профитирање. Преголема спонтаност во неговото срце, живее како степски волк во неговото дувло со нему сличните, конформизам за општествените случувања до невидени рамки, а е и те како самосвесен за своето постоење како ситна алка, од немерливиот универзум. Секогаш во допир со природата, мајката му е земја, таткото му е небото, ливадите му се сестри, ноќните ѕвезди му се браќа. Вистински номад, секоја негова клетка

се ежи од постојаност, познат свет и препознатлива средина. Тој е ендемски вид на чистата човечка природа, ни тронка злоба, ни капка презир во неговите вени не тече. Сега разбирам зошто го одљуби општеството. Бидејќи овој наш виртуелен свет ги кине сите папочни врски со нашата невиност од типот на Адам и Ева, ова левијатанско општество нè изваја во сурови, безмилосни и нечувствителни суштества на темната ноќ. Додека мојот пријател стравува дека можеби ќе го нападне волк во шумите во кои живее катадневно, ние овде се плашиме од ниски удари од нашите најблиски. Живееме во бисерни школки, во нашиот таканаречен индивидуализам и уникатност, во кои копнежливо ја чуваме

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

35


Mladi So Stav

нашата несамодоверба, се отвораме еднаш во илјада години, и тоа најчесто пред погрешни луѓе, поради кои сме се каеле што сме покажале искреност, и повторно се затвораме во нашиот оклоп. Во нашите ситни универзуми, каде сме сами и празни, не е ни чудо што стануваме егоцентрични индивидуалци. Ние сме вистинските волци, не мојот пријател! Живееме сами и изолирани, подготвени да го нападнеме било кој, водејќи се од девизата „подобро повреди, отколку да те повредат.“ Колку разгалени дечишта газат по овој свет. Ве преплавуваат со интригантни зборови и длабокоумни реченици, го впиваат вашето внимание, за да го нахранат својот скриен страв – доколку бидат обични и нормални, не ќе се интересни. А ако не се интересни, ќе бидат осамени! Сеопшт натпревар од елоквентност и рафинираност. Не е чудо

36

BR.86 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

што сме сите помалку генијалци. Ах, таа пуста желба за внимание и страв од осаменост ни го краде целиот живот. Никогаш нема да дознаеме кои можеме да бидеме во таа најчиста рудиментарна форма, бидејќи секогаш остануваме прекриени со пластови и пластови облека – постои правопропорцнионален однос меѓу нашиот впечатлив надворешен оклоп и временскиот рок во кој остануваме сè уште интересни на овие штици што живот значат. Тешко е да се плива во манипулативни води, премногу се фекални за мојата кожа. Тие психолошки игри секогаш се враќаат како лоша карма. Не сакам да пловам во лицемерие, но не сакам ни да се укотвам на пуст остров. Или ќе бидеш суров играч во општеството, или ќе бидеш смирен борец надвор од него. Трета опција нема. За жал или за среќа?

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

Постои голема разлика меѓу осаменост и самотија. Осаменоста е неприродна состојба, во која сме втурнати против наша волја, која како страно тело се обидуваме да ја отфрлиме, преку толеранција, трпеливост, дозволувајќи на манипулаторните јадачи да го хранат нивното его со нашиот минимализам.

проклетство, тумор, физичка болка.

Секој од вас е осамен, доколку се наоѓа во некој садо – мазохистички однос, во кој наоѓа прибежиште под капата на супериорниот играч или пронаоѓа задоволство да врши притисок врз кревка личност.

Самотија е да седите комплетно сам, без тахикардија и страв од тишина. Сами со себе. Во оваа бучава, каде само тишината е погласна, ретко кој се осудува на овој чекор.

Мазохистот и садистот се наоѓаат во биофизичка зависност, осудени на осаменост, никогаш нема да се изградат како самостојни битија, неспособни се за живот еден без друг. Осаменоста е

Самотијата е избор, издигнување, борба против своите ниски пориви, гушење на стравот од осаменост. Се прифаќате какви што сте, без трошка глума, без трошка срам, избирате да бидете свои, а не марионети во куклен театар.

Затоа, го поддржувам мојот пријател за неговата храброст, за неговата самотија која блика со енергија и гордост, која ги привлекува вистинските луѓе, а не лажните ликови! Тамара Славеска

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

37


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Evergrin na „site vremiwa“ 6 Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“. На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20. Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

38

BR.86 MAGAZIN

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“. „Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“. Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

REVOLUCIJA


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Ако љубиш дукати – ЧАПАЈ И ВЕНКО Дал си дома абер оставила Ил си браќа по мене испратила Дал за мене си мајка оставила Ил по мене си клетва испратила Дал си моја или таму некоја... Лажи либе лажи пиле само Лажи душо кој ке лажеш Сатано Дал мене што овде сам чекам Или себе со пари што ја ги немам Ако љубиш дукати нек те друг исплати. Пушти сестро ден да зазори, Пушти срце нека прозбори Не те молам не сум таа афела Пушти служба црна птица ја однела Пред дождој, ледовини Еј Исусе помогни,помогни... Цимер - ПЕНИЦИЛИН Цимер, дек си ти бе цимер. Еј арен ли си? Шо ќе се пофалиш? Дај до први дваесет илјади, И не е лошо женска да наместиш. Цимер, дек си ти бе цимер Дај за вечер позајми фармерки Цимер, чир во стомак имам Зашто јадам урда и пиперки. Цимер!

Kaде бегаш – STRING FORCES Гледаме небиднини и вистини. Слушаме невистини и причини. Ќе сме летале, ај и јас, ај и јас. Зборуваме, но сами не се слушаме Тишината во сонот ќе не прекрие Ќе сме молчеле, ај и јас, ај и јас.

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

39


Artvizor Огништето не ти згрешило. Каде бегаш, не ли гледаш, Jас и ти во тој свет не припаѓаме. Како ќе сме ние чисти, Kапка роса таму труло се кај што е...

Лектира – Игор Џамбазов и Ружица Денес имам намера да и се обратам Директно на нашата весела млада Разиграна популација. Специјално за вас следуваат неколку Минути евтина, бесплатна музичка едукација. Можете сето ова ако сакате да го протолкувате И како една најобична провокација... Е па... не сте далеку од вистината, Јас сум таков, таков сум роден. Провокатор по вокација.

40

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor Значи... музиката не почнува со техното. Има нешто и пред тоа што треба да се респектира Кога рокенролот би се учел во средно, ова нешто сигурно би било лектира... Well she`s walkin` through the clouds, with a circus mind , that`s running round. Butterflies and Zebras and Moonbeams and Fairytales That`s all she ever thinks about, riding with the wind...

Комшивке убава – РИСТО БОМБАТА Хемиско сабајле нешто в кревет силно светна Скокнав и што ќе видиш крената ролетна. Јас го гледам мојта фаца, ти под стано зјапаш Небаре сум секси доза што сакаш да ја папаш. И рече: Шо праиш тука? И се вцрвени ко рак А срцето ти чукаше како руски саат.

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

41


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

И рече: Бегај но едно да знаеш Не сум јас од тие што салата ги праеш! Комшивке убава немој да збеснуваш Ја знаеш добро мојта тајна најскришна Сакам да бидеш лампион и јас да те обесувам Само на мојта елка новогодишна...

Подготви: Славица Ѓоргиева Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

42

BR.86 MAGAZIN

REVOLUCIJA


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Kina - odmarali{ta za begstvo od realnosta Доколку не сте љубители на долгото (пре)топло лето, плажите и морињата ви создаваат главоболка и сонувате за малку поинаков одмот, Кина е вистинското место за вас.

Одмаралиштето Ченгде Се наоѓа на северниот дел на Ченгде Сити во провинцијата Хебеј, најголемата постоечка царска градина во Кина, наведена во директориумот на културното наследство од страна на УНЕСКО.

природни предели, традиционалните дизајнерски методи од Танг, Сонг и Минг династиите и оние од јужниот дел на Кина, на тој начин подобрувајќи ја уметноста и вештината за дизајнирање градина.

Зафаќа површина од 5.640.000 квадратни метри и е двапати поголемo од Летната палата во Пекинг. Станува пример за класичните градини во Кина, не само по својата големина, но и поради распоредот и дизајнот.

Во рамките на летувалиштето, постојат 72 убави места именувани од страна на древните кинески императори Кангсји и Кианлонг. На Исток и Север, има 12 храмови и манастири во околината на одмаралиштето, кои ги изразуваат архитектонските стилови, како одраз на Хан, монголските и тибетските култури.

Дизајнерот

на

градината

употребил

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

43


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Езерото Куингаи Од античките времиња па до денес, кога луѓето ќе го споменеле езерото Кунгаи тие мислеле на „зеленото езеро”, „синото море” или „земјата на бајките”, поради чудесната природна убавина.

па изгледа како овален облик.

Езерото Куингаи е најголемото внатрешно солено езеро во Кина, со површина од 4456 квадратни километри, а периметар од 360 километри. Источната и западната страна на езерото се долги, а јужната и северната страна на езерото се тесни,

Во северозападниот дел од езерото, се наоѓа островот Птица, именуван по миграцијата на 10-тици илјади птици на островот. Кога птиците летат, небото е обвиткано во темнина, при што дава прекрасна слика од езерото.

Езерото Куингаи е поволно одмаралиште поради просечната дневна температура од 15˚C во најжешкиот период од летото.

Покраината Гуизу Покраината Гуизу е постепено вклучена во туристичкиот центар на вниманието,

44

BR.86 MAGAZIN

како најдобар град во Кина за да се избегне од летната жега.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Во 2006 година, Гуијанг, главниот град на провинцијата Гуизу, ја имал привилегијата да биде избран за најдобра летна дестинација во Кина. Негови богатства биле најголемиот водопад во Азија, најголемите варовнички пештери во Кина, обастите на исконската шума, ретките растенија и животинските видови. Светскиот познат Хангушу водопад е 137 километри од Гуијанг, најголемиот водопад во Азија со надморска височина од 500 до 1 500 метри. Сценографијата на овој водопад е прекрасна и планините

се една покрај друга. Гуизу е мултикултурна провинција со петтата по големина етничка популација во Кина. Овие етнички луѓе сé уште живеат во нивните стари куќи, ги практикуваат своите вековни обичаи и се придржуваат на едноставниот живот. Нивната култура, традиција и начинот на живот се добро сочувани и прикажани. Пејзажот на Гуизу е составен од традиционални кинески слики, деликатна убавина. Има голем потенцијал за туризам и за љубителите на природата

Планината Емеи Планината Емеи во провинцијата Сечуан е една од најпознатите летни дестинации во Кина благодарејќи на своето пријатно време, соодветната атмосфера и инспиративните природни предели. Планината се карактеризира со возвишени прастари дрвја, импресивни водопади и бројни будистички храмови. Тоа е природен „кислороден ресторан” кој може да го подобри метаболизмот кај човечкото тело, да го подобри спиењето

и да го продолжи животот. Планината не само што овозможува физички простор за патниците, но, исто така, овозможуа лична изложеност кон природата и будистичката култура во Кина. Со голем број на културни и историски мошти, остава богато и монументално наследство.

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

45


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Гуилин Гуилин се смета за најголем живописен град во Кина. Две кристално јасни реки низ градот, кои се опкружени со ридови со необични и бизарни камени формации и внатрешни пештери.

навистина наликува на слон кој пие вода од реката со својата сурла. Тоа е ремекдело на карстните предели, составен од чист варовник депониран на морското дно пред 360 милиони години.

Реката Лијанг е врвот на било кое патување до овде. Крстарењето по оваа река ви обезбедува уживање во својата шармантна сценографија.

Сребрената пештера и разните сталактити формирани во различни геолошки времиња имаат посебна убавина. Во моментов, околу 2 километри од пештерата се отворени за туристите, вклучувајќи ги и пониските пештери и горните пештери.

Ридот Слонова сурла е значаен показател за Гуилин Сити, а името го добил бидејќи

Жангјиаји Жангјиаји се наоѓа во северозападниот дел на провинцијата Хунан. Поради својата единствена геологија и

46

BR.86 MAGAZIN

површина, Жангјиаји станал еден од првите признати светски природни наследства и светските гео-паркови во

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Кина. Жангјиаји е надреален свет. Земја со песочни столбови, бистри води кои течат под густите шуми, пеењето на птиците и животните. Како главна туристичка атракција е областа Вилингјанг, која може да се пофали со бујна вегетација, уникатни песочни столбови, чистата вода и широкиот спектар на флора и фауна.

Вилингјанг има три главни знаменитости, вклучувајќи ги шумскиот парк Жангјиаји, долината Суокси и планината Тианѕи, опфаќа вкупно 396 квадратни метри. Во моментов, Жангјиаји е достапна за летови, железничкиот и автопатскиот сообраќај. Има звук на туристичка инфраструктура, особено лифтовите за разгледување, жичарниците и селото кое привлекува голем број на посетители од дома и странство.

Планината Чангбаи Планината Чангбаи е призната како најпознатата планина во североисточна Кина. Можете да видите убава шума со бреза и езерото Тианчи, најдлабокото езеро во Кина. Со налик на лист и малку елиптично,

е формирано езеро по ерупцијата на вулканот. Во средината на летото, зелената трева прави да дува ветре, што го прави идеално место за да го поминете летото.

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

47


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Стариот град Луијанг Стариот град Луијанг е добро сочуван град на етничките групи со брилијантна култура. Зафаќа површина од 4 квадратни километри и бил првиот изграден во доцната династија Сонг и почетокот на Јуан династијата, со историја на повеќе од 800 години. Тој е единствениот град изграден без ѕидови. Изгледот на градот е во слободен стил и е флексибилен, со куќи во близина

и различни, тесни сокаци. Повеќето од куќите се од дрвена структура, со гравирани живописни фигури на луѓе и животни на вратите и прозорците. Користењето на водата, создадено од страна на локалното население е многу научно. Водата се наменува за пиење, перење и хигиена. Овој град е познат како „Ориентална Венеција” и „Суджоу во Хајленд”.

Националниот природен резерват Шенонгја Тоа е ризница на флора и фауна, позната по царот Шенунг, кој ги посетил планините

48

BR.86 MAGAZIN

во потрага по тревки и со помош на скала ги собирал најскапоцените од карпите.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Всушност, Шенонгја во провинцијата Хубеи е познат по тоа што е дом на Јерен или дивите луѓе. Многу луѓе мислат дека се тоа само приказни и се верува дека не е ништо повеќе од лага. Но, таквите приказни постојат уште од средниот век во Европа и Азија. Резбите на тие суштества постојат на некои катедрали. Па, дали е реалност или фантазија, не може да се каже.

Шенонгја е можеби една од единствените шуми во светот која е недопрена. Сите планини се карстни, еден вид на вар. На многу места е многу тешко за да се оди, затоа што таквите карпи се испреплетени со густи грмушки и бамбуси. Но, за љубителите на природата, одењето во дивите шуми е неверојатно искуство, особено во изгорното лето.

Вузхен Со локација во северниот дел од провинцијата Жеџијанг, градот Вузхен е прифатен од страна на Големиот канал Пекинг-Хангжу со реките и каналите кои го опколуваат градот. Стотици години неговите жители граделе куќи по долините на реките. Вузхен има историја повеќе од 1 000 години. Античките станбени куќи, работилниците и продавниците уште стојат на бреговите на реките, останале непроменети и ја

доловуваат атмосферата од антиката. Античките докови, езерските павилјони и коридорите се протегаат со милји и прават романтична атмосфера, која е типична во водените градови во Јужна Кина. Ако пловите околу водоводната мрежа, секогаш можете да почувствувате ведрина, мир и суптилна убавина на градската вода. Опколени со вода, нема да го чувствувате неиздржливото жешко лето. Подготви: Емилија Петреска Извор: China Daily

BR.86 REVOLUCIJA MAGAZIN

49



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.