64 infomacef

Page 1

Број 64

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

јули 2008

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број: Õ Од уредникот Õ Активности на МАЦЕФ Õ МОМЕЕ новини Õ Новости од светот Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации

Активности на МАЦЕФ Јавна расправа за Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јуни требаше да помине како месец на организирање на парламентарниот живот, но изборите се оддолжија... Тоа не значи дека во секторот на енергетиката немаме возбудувања. Покрај Европското фудбалско првенство и новиот шампион на Европа, овој месец се карактеризира и со „шампионско“ зголемување на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Јасно ова се пресликува во секое домаќинство со зголемување на цените на горивото за нашите автомобили, цената на услугите на Топлификација, очекувано покачување на цената на електричната енергија? Во овој месец забележителна е активноста на Министерстството за економија со приготвувањето на Правилниците со кои се усогласува нашето законодавство со европското. Започна изработката на правилниците за транспорт на енергетски флуиди, кои ги изработува работна група во соработка со ГТЗ (0707) Правилник за потекло на електрична енергија (10.07) Правилник за обновливи извори на енергија (2207) Правилник за енергетски (25.7) Ги очекуваме Вашите ставови за различни теми поврзани со енергетиката, екологијата, економијата (како нераскинлива верига) како и информации за поедини активности и нови производи на нашиот пазар кои сакаме да ги промовираме на нашите страници. Посебно ќе се радуваме да ги презентираме успесите на нашите компании и поединци, евентуално и кусите рекламни пораки. Ве поздравуваме,

Проф. д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА - МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации. МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe 2005-2008

Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти, кој треба да придонесе за смалување на потрошувачката на енергија во комуналната сфера, е приготвен во согласност со барањата на Законот за енергетика. За таа цел беше организирана јавна дебата на кој видни експерти од енергетскиот сектор во Македонија имаа можност да дадат сугестии и да искажат ставови по разни прашања во врска со правилникот. Примената на предложените мерки ќе обезбеди помали трошоци за енергија во станбените објекти, помали давачки на државата за увоз на енергија. Суштината на Правилникот е дефинирање на максималната количина на примарна енергија која смее/треба да се троши во текот на една година, а градежните објекти да бидат обележани со посебно приготвен Сертификат, во кој се наведени енергетските карактеристики на објектот, како и емисијата на CO2. Во септември ќе се организира и втората јавна расправа. Овој Правилник е делумно усогласен со ЕУ Директивата за енергетска ефикасност на градежни објекти. Се предвидува правилникот да стапи на сила во наредните две години, што се вклопува и во енергетското сценарио за асоцијација со ЕУ на нашата земја. Ова се предлозите со кои се ограничува пропустливоста на топлина на поедините елементи на градежните објекти Градежна конструкција

Umax во [W/(m2·K)]

Надворешни ѕидови и ѕидови кон негреани простори

0,40

Надворешни ѕидови и ѕидови кон негреани простори – помали површини кои вкупно не надминуваат 10% од нетранспарентниот дел

0,60

Ѕидови помеѓу греани простори со различни грејни системи, различити корисници или сопственици

1,60

Надворешни ѕидови вкопани во терен и меѓукатна конструкција вкопана во терен

0,70

Меѓукатна конструкција помеѓу греани простори

1,35

Под на терен

0,40

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 64 Страна 2 Меѓукатна конструкција над негреан простор, подрум или над надворешен воздух (еркери)

0,35

Под на терен при панелно подно греење

0,35

Рамни или коси покриви над греан простор

0,30

Лесни градежни конструкции (под 150 kg/m2), освен покрив

0,30

Прозорци и надворешни балконски врати

2.00

Продолжение на школскиот сервис на ЕВН По успешно реализирани едукативни активности во рамки на проектот на ЕВН „Школски сервис“ во изминатата училишна година, четирите клучни реализатори – МАЦЕФ (Скопје), Младински Совет (Охрид), Планетум (Струмица) и Жетва на знаење (Прилеп) интензивно се подготвуваат стартот на новата учебна година. Се планира во новата распределба на активности да се посетат училишта од сите општини во Македонија или околу 100 нови училишта во период од две полугодија. Сосредоточено се прилагодува наставната содржина за образовните работилници со 3-то и 4-то одделенците имајќи ги предвид минатогодишните искуства со цел материјата уште повеќе да влијае во процесот на создавање на енергетско-еколошко свесни генерации. Очекуваме уште многу насмевки и згоди во продолжението на проектот, како што се гледа и на фотографијата подолу!

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ. Општина Центар поставува соларни колектори За пофалба е податокот дека Општина Центар ќе учествува во спроведување на проектот „Искористување на сончевата енергија“ преку инсталирање соларни колектори во градинката „Раде Јовчевски - Корчагин“, координиран од Македонското Здружение за заштита при работа (МЗЗПР). Повеќе... Американска компанија ќе гради ветерници во Светиниколско Градоначалникот на Свети Николе Слободан Даневски и Дејвид Браун од американската компанија „ЕИГ“ потпишаа договор за монтажа на 90 ветерници. Монтирањето на ветерниците ќе започне за шест месеци, а ќе бидат поставени во близината на четири села во светиниколско. Целиот проект е во вредност од 360 милони евра. Повеќе...

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Придружете се кон Европската недела на мобилност!

Правилник за потекло на обновливи извори на енергија Агенцијата за енергетика на Република Македонија интензивно работеше на подготовка на Правилник за потекло на енергија од обновливи извори на енергија. Беа реализирани неколку јавни дебати кои помогнаа во подготовката на правилникот како од технички така и од правен аспект.

Соработка со ThermoKay и SolarKey Се интензивира комуникацијата на МАЦЕФ со овие Италијански компании кои треба да донесат квалитетна опрема за искористување на сончевата енергија, посебно фотоволтаични системи, но и опрема од типот на геотермални топлински пумпи, опрема за користење на биомаса и сл. Набргу ќе имаме дополнителни новости!

Локалните самоуправи од цела Европа се повикани да земат учество во Неделата на мобилност од 16-22 септември 2008 под мотото „ Чист воздух за сите“. Оваа манифестација минатата година ја поддржаа 2000 локални самоуправи, а дури 6000 трајни мерки беа промовирани ширум Европа. Секоја општина/локална самоуправа има право да пријави учество со свои активности на овогодинешната манифестација на вебстраницата www.mobilityweek.eu. Градот Копривница од Хрватска, е добитник на наградата за 2008 г. за проектот „ Улиците се за луѓето “2007-2009, и „Град во движење“ со кои веќе успева да привлече голем број граѓани да користат над 150 км велосипедски и пешачки зони т.ш. да се вози велосипед во Копривница прераснува во бренд и тренд. Локалните самоуправи имаат повеќе можности за активности намалување на штетните емисии од транспортот и тоа:

-

-

Да се развие интегриран транспортен план Ограничување на пристап на автомобили и паркирање на одредени места Соработка со локални бизниси за да им се помогне да воспостават превозни планови до работното место Да се осигури дека пешаците и велосипедистите може да се движат безбедно во градот Да се спроведат информативни кампањи со цел да се стимулираат граѓаните и бизнисите да ја намалат употребата на возилата Да разменат информации со другите градови во Европа за успешни практики

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 64 Страна 3 -

Постојано следење на квалитетот на воздухот.

Доколку сте локална самоупрва, и сакате да се вклучите во манифестацијата, а Ви е потребен поискусен партнер со спроведување на активностите, МАЦЕФ со своите ресурси Ви стои на располагање.

Вести од Македонија

Поскапува природниот гас Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на природниот гас за околу 14,4%. Новата малопродажна цена која од сега ќе ја плаќаат компаниите приклучени на гасоводната мрежа ќе изнесува 25,9 денари по нормален кубен метар. Повеќе... Се означи стартот на проектот BIOMASS ENERGY EUROPE Започна реализацијата на проектот BIOMASS ENERGY EUROPE, во рамките на FP7 програмата. BEE проектот е насочен кон хармонизација на оценувањето на ресурсите на биомаса во Европа и соседните земји. Треба да ја унапреди доследноста, прецизноста и доверливоста за оценката на биомаса, што би требало да послужи за планираната транзиција на Европа кон обновливи енергии. Англиска фирма ќе гради фабрика за согорување на отпад во Штип Претставници на англиската фирма „Вирвод“ се заинтересирани за изградба на фабрика за согорување на отпад. Со изградбата на оваа фабрика Штип треба да добие централно греење, а ќе може да користи и санитарна топла вода. Повеќе... „Ларс“ од Штип вложува во опрема за штедење на енергија Штипската компанија „Ларс“ за производство на сушен зеленчук и овошје ќе купи опрема со која ќе се намали потрошувачката на енергија за 30%. Ларс за оваа намена доби грант од 20.000 долари од АгБиз програмата на УСАИД. Повеќе... Во РЕК Битола зголемено производството на јаглен и електрична енергија Во првите шест месеци од оваа година значително е зголемено производството на електрична енергија и јаглен во рударско енергетскиот комбинат „Битола“. Оваа година произведени се 400.000 тони јаглен повеќе од лани, а воедно е зголемено и производството на електрична енергија кое за првите шест месеци изнесува 2.131.156.000 мегаватчасови. Повеќе... БАЛКАН ЕНЕРЏИ КОМПАНИ доби лиценца за тргување со електрична енергија Регулаторната комисија за енергетика додели лиценца за тргување со електрична енергија на фирмата БАЛКАН ЕНЕРЏИ КОМПАНИ регистрирана во Скопје. Ова е седма компанија која доби право на трговија со електрична енергија во РМ.Повеќе... Собранието го усвои Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Собранието на Република Македонија го донесе Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Повеќе... РЕК Битола и руската компанија Енергомашиноградба потпишаа спогодба Рударско-енергетскиот комбинат РЕК од Битола и руската компанија Енергомашиноградба во Москва потпишаа спогодба за соработка со која се предвидува заедничка реализација на програмата за долгорочен развој на битолскиот рударскоенергетски комбинат. Повеќе...

Новости од светот Цената на сончевата енергија ќе се изедначи со фосилните горива до 2015 г.

Со континуираниот раст на цените на јагленот и природниот гас се претпоставува дека до 2015 г., енергијата добиена од овие ресурси ќе чини исто колку и енергијата добиена од сонцето, според студија објавена во јуни 2008 г. Повеќе... ЕУ напредуваат во складирањето на CO2 Министрите за животна средина на ЕУ ќе бидат задолжени да го забрзаат развојот на постројките за складирање на јаглероден двооксид. Повеќе... Енергетската ефикасност не е прифатена доволно сериозно Иако повеќето земји членки на ЕУ ги истакнаа своите акциони планови за подобрување на енергетската ефикасност во периодот 2008-2016, обврска според ЕУ законите, плановите значително се разликуваат меѓусебно, заради недостаток на координација. Повеќе... Националните планови за енергетска ефикасност недоволно јасни Анализите покажуваат дека земјите членки на ЕУ превземале „импресивен опсег на мерки“ за подобрување на ефикасноста, но и ги подвлекуваат недостатоците. Повеќето земји недоволно јасно објаснуваат како мерките се поврзани со ЕУ целите за заштеда на енергија за 9% помеѓу 2007 и 2016 г. Повеќе... Нуклеарната дебата предизвикува контроверзност Улогата која нуклеарната енергија треба да ја има во енергетиката во ЕУ беше тема на дебатата која се одржа на конференцијата во Брисел на 2 јули. На оваа конференција се расправаше за повеќе прашања, меѓу кои и финансирањето, безбедноста и справувањето со нуклеарниот отпад. Повеќе... ЕУ ќе ги усвои првите еколошки стандарди за stand-by енергија ЕУ земјите се подготвуваат да ги усвојат првите еколошки стандарди за апарати, во склоп на техничките регулативи за производи кои трошат енергија. Стандардите ќе ја уредуваат максималната потрошувачка на енергија за stand-by режим, за широк дијапазон на производи. Повеќе... „Зелена архитектура“ на новиот конференциски центар на РЕЦ Новиот конференциски центар на регионалниот еколошки центар е еден од неколкуте објекти во светот кои не произведуваат емисија на СО2, благодарејќи на ефикасниот проект и фотоволтаичните соларни ќелии. Повеќе... Европскиот парламент поддржува „трет пат“ за отворање на пазарот со гас Мнозинство од министрите од европскиот парламент се согласуваат со Германија и Франција и гласаа земјите членки да добијат опција да им дозволат на своите енергетски компании да ја задржат сопственоста врз инфрастуктурата за снабдување и дистрибуција на природен гас. Повеќе... Министрите бараат две милијарди годишно за чисти технологии Европскиот парламент се залага за формирање на значајни фондови за поттикнување на употребата на енергетски технологии кои помалку загадуваат, како дел од напорите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови. Повеќе... „Зелените вработувања“ во пораст Како што опаѓаат вработувањата во областа на експлоатација на фосилните горива, се повеќе луѓе наоѓаат вработување во областа на обновливи извори на енергија и професии поврзани

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 64 Страна 4 со неа. Се очекува дека ќе има зголемување на ваквите работни места во следните години. Повеќе... Повик за European Solar Prizes 2008 EUROSOLAR доделува Национални и Европски награди на локалните самоуправи, комунални претпријатија, индивидуи, инженери, архитекти, сопственици на постројки кои користат обновливи енергии и на организации кои достигнале големи придвижувања при нивното искористување. Пријавете се веднаш! Повеќе...

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Корисни web-адреси Посетете го единственото енергетско катче за деца на ЕУ адаптирано од МАЦЕФ на македонски јазик -

www.managenergy.net/kidscorner

www.energetika.com.mk – единствен портал за енергетика во Македонија www.energybusinessreports.com www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал за енергетика на ЕУ www.euractiv.com/ www.ase.org/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.rec.org

Манифестации Обновлива енергија: Автомобили на ветер 20-23 август 2008, Ден Хелдер, Германија

Повеќе

Bled Strategic Forum 2008 „Енергија и климатски промени: Синергија за иднината“ 31 август-1 септември 2008, Блед, Словенија Восокопрофилна конференција која се фокусира на стратешки предизвици за климатски промени и енергетска безбедност, 8 Mеѓународно научно-стручно советување ЕНЕРГЕТСКА И ПРОЦЕСНА ПОСТРОЈЕЊА 3 Меѓународен форум за обновливи извори на енергија 24-26 септември, Дубровник 2008 www.em.com.hr/dubrovnik Европска недела на мобилност – „Чист воздух за сите“ 16-22 септември 2008 www.mobilityweek.eu CO2 обука 18 септември, Париз, Франција Обуката е наменета за тргувачи, аналитичари, раководители со ризик или раководни лица на кои им е потребно целосно разбирање за работењето на пазарите за јаглерод. Преку овој курс, ќе имате можност да се здобиете со директни сознанија за политиката, легислативата и динамиката на пазарот Повеќе... Одржливи градови и комуни

Да создаваме позелено живеење за одржлива иднина

30 септември -1 октомври 2008, Женева , Швајцарија

Повеќе... ЗЕМАК 9-11 октомври 2008, Хотел Белви, Охрид, Република Македонија Меѓународен симпозиум со фокус на следните области:

-

Базична енергетика и екологија Обновливи извори на енергија ЕЕ и заштеда на енергија, и Менаџмент во енергетика и регулатива.

Регистрирај се...

8. Меѓународна конференција за енергија од дрво 9-10 октомври 2008, Аусбург, Германија Повеќе... RENEXPO® 2008 with IHE® WoodEnergy 2008, reCONSTRUCT® and PV-EXPO® 9-12 октомври 2008, Augsburg, Германија. Конференцијата и изложбен дел на REECO GmbH. Повеќе 4-та Меѓународна конференција за гасни турбини 15-16 октомври 2008, Брисел, Белгија Иднини технологии за гасни турбини за инженери, научници, претставници на јавни институции од светот. Претставување на последни технологии, пазарни трендови и насоки за развој на технологиите за гасни турбини од аспек на корисниците. Повеќе Финансиски форум за обновлива енергија 15-16 октомври 2008, Лондон, В. Британија КОнференцијата има за цел да ги обедини инвеститорите со развивачите на проекти и повисоките раководни структури од целиот сектор на обновлива енергија и технолошките сектори со цел да им пружи на делегатите увид во послоедните технологии како и паралелни можности за вмрежување. Повеќе... 10-то Состанок за мерење и наплата/CRM Europe 22-24 октомври 2008, Амстердам Metering, billing and CRM will all be impacted upon by meeting the May 2008 target to implement new energy end-use efficiency measures.. The deployment of smart metering, mandated in the Energy Services Directive, will enable smart grids and smart homes, which will revolutionize the management of energy from its point of generation to the point of consumption. Повеќе... MoldEco - 8-ма Меѓународна специјализирана изложба 22-26 октомври 2008, Кишињев, Молдавија Технологии и опрема за заштита на животна средина Повеќе CEE Energy 2008 Увид во растечкиот енергетски пазар 30-31 октомври 2008, Истанбул, Турција Не ја пропуштајте можноста за го надополните своето образование и да стекнете предност која ќе ви обезбеди место во се поразвиениот енергетски пазар во годините кои следат. Повеќе... Нова генерација нуклеарки Од политика до имплементација 17 – 18 ноември, 2008 Chatham House, Лондон, Велика Британија

Повеќе

Обновлива енерија SEE 2008 Директна врска со енергетскиот пазар на иднината 24-ти ноември, 2008, Букурешт, Романија

Повеќе...

3-та меѓународна конференција за складирање на обновлива енергија (IRES 2008) 24-25 ноември, 2008-08-03 Берлин Повеќе... EE Global 2009 – форум и изложба 27-29 октомври 2009, Париз, Франција EE Global 2009 ќе биде место каде што ќе можете да размените информации за политиките, последните технолошки, и комерцијални крикови, што ќе поттикне партнерства и ќе развие најдобри практики, политики и стратегии за глобална имплементација. Повеќе... Energy from Waste Economic value, Commercial Opportunities and Financing Options 24-25 November, 2008 Crowne PlazaHotel- St James, London www.smi-online.co.uk/energywaste.asp

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р Константин Димитров Редактори: м-р Македонка Димитрова- заменик гл. уредник, Игор Петрушевски дипл. маш. инж., Жарко Илиевски дипл. маш. инж.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.