Page 1

Број 39

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јуни 2006

МАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Õ Õ Õ Õ Õ Õ

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ Месецот јуни се карактеризира со две големи манифестации, ако предизборната кампања за парламентарни избори можеме така да ја наречеме. Значи предизборната кампања го окупира вниманието на администрацијата и на централната (учествува во предизборна кампања) и на локалната (голем број службеници се ангажирани во избирачките комисии). Но во исто време се реализира и Светскиот фудбалско првенство (е тоа е вистинска манифестација) така да постои можност за избор што да се следи на ТВ екраните. Овој месец не е исполнет со активности од областа на енергетската ефикасност, но затоа вниманието на родителите го привлече запишувањето во средните училишта и пријавувањето на факултетите. На Машинскиот факултет во Скопје пријавен е поголем број можни студенти од расположливите места, кои се финансирани од државата. Дел од нив сигурно ќе се насочат во областа на енергетиката, јасно и енергетската ефикасност.

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ 16.6. МФС – МАЦЕФ Тренинг центар На Машинскиот факултет се одржа манифестацијата Отворен ден на која беа презентирани активностите на факултетот во доменот на меѓународната соработка, реализирана од страна на професорите на факултетот. Соработката на МАЦЕФ со Машинскиот факултет беше претставена преку формираниот Тренинг центар за енергетска ефикасност. Беа презентирани двата проекта кои се во тек и тоа:

После тестирањето на комуникациските врски започна директното следење на далечинска обука (e-learning) во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Овој проект на УНЕСКО (DEZIRE-net) го реализира МАЦЕФ, во соработка со Машински факултет Скопје . Во соработка со компанијата ENSI од Норвешка, ќе започне втората фаза од обуката на локалната администрација во областа на изработката на планови за примена на мерки за енергетска ефикасност. Обуката ќе се реализира во Тренинг центарот за енергетска ефикасност при Машинскиот факултет во Скопје, јасно во соработка со МАЦЕФ, кој е основен носител на активноста. Од посебен интерес е да се прочита внимателно повикот за аплицирање во Европскиот програм ИЕЕ (Inteligent Energy Europe). Извонредна можност за реализација на идеи за кои нема финансиски можности во Македонија. Нашето учество во најголема мера треба да се реализира преку земјите членки на ЕУ. Членовите на МАЦЕФ активно учествуваа во повеќе манифестации организирани од повеќе институции кои делуваат на полето на енергетската ефикасност и екологијата. Поздрав од сите учесници во подготовката на овој Информатор Проф. Д-р Константин Димитров

Паното со презентираните материјали на МАЦЕФ — Обука на администрацијата на локалната самоуправа за приготвување на планови за енергетска ефикасност, во соработка со Норвешката компанија ENSI. Проектот е финансиран од страна на Норвешката влада. Втората фаза започнува на 12 јули, а ќе трае 6 месеци. — Вториот програм е далечинската обука (e-learning) во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржлив енергетски развој. Проектот е финансиран од УНЕСКО, а се вклучени 32 земји. Проектот започна на 29 мај, а е предвидено да трае 10 месеци.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 39

Страна 2

презентирани на заинтересираните, кои немале можност да ги следат предавањата од почеток.

И покрај пријавените 54 слушатели, има уште слободни места! Заинтересираните треба да стапат во контакт на нашите телефони за пријавување и дополнителни информации.

Посетителите ги разгледуваат изложените проекти 29 мај Започна обуката на далечина Проектот на УНЕСКО (DEZIRE-net) веќе функционира успешно! Носител на овој проект е ЕНЕА (Ente per le Nuove Tecnologie, Energia e l’Ambiente- Roma).

Форма на комуникациската страна Обуката не е наменета единствено за академски профили, туку е насочена и кон лицата кои се заинтересирани за купување опрема и работа во оваа дејност, проектанти и ракувачи со опремата. Предавањата се наместени за секоја група посебно. Предавањата се следат во просторијата на МАЦЕФ при Машинскиот факултет, при директна интернет визуелна и звучна комуникација со наставникот во Рим. Наставата е од 1113 часот, 2-4 пати месечно. Опфатени се следниве области: — Енергија и Одржлив развој — Напредни технологии за енергетска ефикасност во згради — Термални соларни колектори — Фотоволтаични ќелии — Биомаса — Енергија на ветер — Геотермална енергија — Мали хидроцентрали — Водород и горивни ќелии Во текот на месец јуни беа одржани воведните предавања од сите области. Наставата продолжува, со несмален интензитет и во месец јули. Во август нема да има предавања. Наставата ќе продолжи во месец септември. Корисна информација: заинтересираните може да присуствуваат на предавањата, иако ги пропуштиле првите лекции. Тие се снимени и можат дополнително да им бидат

9.6. Будимпешта – BISE Forum Во Будимпешта, во присуство на претставниците од 16 земји, се одржа дводневна работна средба на секретаријатот на БИСЕ Форумот (Building Integration for Sustainable Development). Беа разгледани достигнувањата во земјите членки, при реализацијата на зацртаните планови . Основните заклучоци се следниве: Позитивни аспекти: 1. Постои генерален интерес на ниво на сите земји 2. Нужно е да се усогласат националните енергетски приоритети со активностите на БИСЕ процесот 3. Поширока промоција силна комуникација на процесот и активностите е од суштинско значење 4. Обезбедување на финансирањето 5. Да се дефинира односот меѓу националните асоцијации и асоцијацијата на Енергетски градови 6. Потребна е лична одговорност за БИСЕ процесот на националните координатори 7. Да се продолжат националните активности 8. Дијалог и формализирање на односите (потпишување на договор) меѓу “магичниот триаголник“ 9. Корисна е базата на податоци на учесниците 10. Националните законодавства се важни и треба да се користат за поддршка на БИСЕ процесот, ако е можно 11. Процесот DISPLEY е важна и видлива активност и да се примени во БИСЕ процесот Негативни аспекти: 1. Недоволно разбирање за можните придобивки од мрежата 2. Недостаток од информирање во однос на енергетската ефикасност 3. Недостаток на финансиски средства 4. Локални избори се ризик за континуитет на процесот 5. Малата членарина (иако е многу важна за активноста на членките) 6. Не се дефинирани мотивирачките елементи 7. Јазичните бариери

Третиот БИСЕ Форум ќе се одржи во Рига во периодот од 26-28 октомври,л 2006 година. Од Македонија се очекува присуство на 5 члена делегација, составена од членови на МОМЕЕ, МАЦЕФ, ЗЕЛС и градоначалници на општините. МАЦЕФ ќе организира комплетна логистика за оваа манифестација, со дополнителна посета на локации каде се применети мерки за енергетска ефикасност, како и посета на градоначалници на градови заради размена на искуства. ЕНСИ - Продолжување на втората фаза од општините

обука на

После успешното завршување на првата фаза од обуката на општинската администрација во четирите општини: Центар, Сарај, Карпош и Гевгелија, постигната е спогодба за продолжување на втората фаза на овој проект. Норвешката влада ја оцени како успешна првата фаза од проектот и додели средства за негово продолжување. Тимот од Норвешка ќе биде во Македонија во периодот од 10 до 15 јули. Практичната работа ќе се одвива на локациите на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 39

корисниците т.е. во општините. Дел од активностите ќе се реализираат во нашиот Тренинг центар за енергетска ефикасност Фондации за финансирање на активности Една од основните пречки за реализацијата на зацртаните планови на секоја организацијата е обезбедување на финансиски средства. Во оваа “потрaга по фондови“ на повеќето ни’ недостигаат информации за местата каде може да се бараат средствата, вистинските идеи и подготовката на материјалот. Европската заедница нуди големи можности, но и подготовката на апликациите побарува исклучителен напор и професионален пристап. Овде ќе наведеме само основни насоки за можни фондации. Заинтересираните треба да ги “прочешлаат“ преку интернет, или да се обратат до нашиот секретаријат каде можат да ги добијат основните информации и помош.

The scheme of funding opportunities for the year 2006 is generally structured according to three main areas of the interest of the European Commission: - Regional policy focusing on the economic and social development in regions within the EU. Here the financial support is mainly provided through national or regional authorities; - External policies related to countries outside the EU including the help for Accession countries, Candidate Countries and third countries; - Thematic policies. Within this area, topics such as research and development, information technologies, justice, health, environment or education are supported by many specific Community Prоgrammes. Phare (2000-2006) ; SAPARD (2000-2006) ISPA (2000-2006) ; CARDS (2000-2006) MEDA (2000-2006); TACIS (2000-2006) TAIEX; SIGMA; PRINCE; INTERREG (III); EQUAL LEADER+ ; URBAN (II) EUROPEAN INVESTMENT BANK, EIB EUROPEAN INVESTMENT FUND, EIF COMMUNITY PROGRAMMES FP6 - FP7 Sixth Framework Programme on Research and Technological Development LIFE-III. IEE - Intelligent Energy for Europe: eEurope; e-Learning; eGovernment; e-Health; e-inclusion; eContentplus Safer Internet plus IDABC TEN - Trans-European Networks TEN-T: Trans-European Transport Networks TEN-E: Trans-European Energy Networks eTen Culture 2000; Leonardo da Vinci II; Socrates II. Youth 2000; Media Plus The European Bank for Reconstruction and Development, EBRD European Development Finance Institutions, EDFI Open Society Institute (OSI) and the Soros foundations network EUREKA

Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со

Страна 3

нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk

Новости од Македонија

7 јуни ТРАНСПАРЕНТНОСТ Невладината организација Транспарентност пред медиумите и заинтересираните странки и организации имаше јавна презентација на заклучоците од процесот на следење на продажбата на ЕСМ Дистрибуција.

Презентација на заклучоците

Во присуство на амбасадорот на Норвешка (финансиер на активностите) и претставникот на ЕБРД, основната теза беше дека со вклучувањето на транспарентност се подобрил процесот на информирање на јавноста за превземените потези, но сепак најважното, круцијално за овој процес не се доби – јавноста не ги доби потребните информации кои се условите под кои е продаден овој дел на електроенергетскиот систем

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 39 Новости од другите земји The 2006 call for proposals - the last under the current IEE programme - has been published. European organizations can apply for financial support for their projects before 31 October 2006. Approximately € 50 million will be made available to co-finance up to 50% of the project costs. Organizations from EU Member States, Romania, Bulgaria, Croatia, Iceland, Norway and Liechtenstein can apply. If you plan to submit a proposal for a European project, one-off event or the creation of a local/regional energy agency: ►Do not hesitate to contact the IEEA or the National Contacts of the IEE programme for any information you may need; ►read carefully the 2006 call text and the annual work programme to find out which actions may be funded, this year's priorities, the conditions to apply, the evaluation criteria, and how to submit your proposal; ►investigate the state of the art and avoid duplicating ongoing projects, which the IEE programme supports already; ►take advantage of information provided at European and National Info Days; ►send a 1-2 page outline of your proposal to an IEEA Project Officer working in the relevant area to obtain early feedback on your ideas and plans ("pre-proposal check"); ►find suitable project partners, e.g. by using the ManagEnergy Partner search facility, the Partner Search Document from the European Info Day, or by contacting the IEE National Contacts of the country in which you would like to find partners; ►organize your project, define your budget and write your proposal using the relevant application forms and following the instructions provided in the guides for proposes (to be provided soon in the call documents area); ►submit your application before the deadline (31 October 2006); ►do not hesitate to contact the IEEA or the National Contacts of the IEE programme for any additional information you may need. EU energy efficiency directive to enter force (03 May 2006) A new EU law on end-use energy efficiency and energy services will enter force on 17 May after being published in the bloc's official journal on 27 April. The directive sets an indicative target of a 9% cut in energy use over business-as-usual in the nine years 2008 to 2017. It requires member states to draw up a rolling series of energy efficiency action plans. The first must be ready by 30 June 2007, the second by 30 June 2011 and the third by 30 June 2014. Member states must transpose the directive into national law by 17 May 2008, with the exception of three sub-articles to be incorporated earlier, by 17 May 2006. These deal with information on existing practices, the submission of national action plans, and the assessment of these plans by the commission. The commission will assess and report on each plan within six months of its submission. Примената на мерките за енергетска ефикасност, со цел да се смали потрошувачката на енергија на ниво на држава во ЕУ се спроведува со закон. Потребно е и Владата на Македонија, преку подзаконски акти да нареди на сите потрошувачи да ги применат мерките за енергетска ефикасност кои се прифатени во Националната стратегија за Енергетска ефикасност во 2004 година. Корисни web-адреси http://www.newenergyfinance.com/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://europa.eu.int/

Страна 4

Манифестации Електрани 2006 Меѓународен Симпозиум Врњачка Бања (Србија и Црна Гора) од 19. до 22. септември 2006. година. повеќе... RENEXPO® 2006 Во рамките на изложбата RENEXPO® 2006 која ќе се одржи од 28.09. - 01.10.2006 во Алсбург во Германија се нуди единствена можност да ја презентирате Вашата компанија, производ, идеа, услуги или проект. повеќе... 21-23 септември АДКОМ – Меѓународна конференција Асоцијација на даватели на комунални услуги на РМ организира собир на тема: Менаџмент на загуби на вода, телеметрија и

СКАДА во водоснабдителните системи.

Скопје, Скопски саем – бизнис центар и Охрид (23.9.) 02 2461 971, 070 394 450, adkom@mt.net.mk ЗЕМАК Меѓународно советување Енергетика 2006 5-7 октомври, Охрид Котизација: 60 ЕУР, соба 1/1 45 ЕУР energetika2006@mt.net.mk 4-6 октомври, Energetika i procesna postrojenja i Forum o obnovljivim izvorima energije Меѓународно научно-стручно советување , Дубровник повеќе... 10-11 October, London Sustainable energy expo, www.energy-expo.info Саем за одржлив енергетски развој и енергетска ефикасност 18-20 October, IKK 2006 Nurnberg (Germany), www.ikk-online.com 27 стручен саем од област на греење, ладење и климатизација 25-26 October, H2EXPO Hamburg (Germany), www.hamburg-messe.de/h2expo Меѓународна конференција и стручен саем за водородна енергетика и горивни ќелии Second European Conference of Municipal Energy Managers, Warsaw (PL), 5-6 of October The National Association of Polish Counties in partnership with the Council of European Municipalities and Regions (CEMR), EnergieCités and EC-BREC/IEO will convene the Second European Conference of Municipal Energy Managers on 5-6 of October in Warsaw, Poland. The conference will underline the importance of promoting Europewide exchange of experience and encourage networking between local governments, their energy specialists and the energy agencies.

Дополнителни информации - МАЦЕФ

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com

39 infomacef  
Advertisement