Stipski Glas br 111

Page 1

Д-р Даница РАМБАБОВА, матичен доктор, специјалист по училишна медицина

Ковид 19 донесе промена во психата на луѓето Златка ИВАНОВА, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа

Во песните опеани, од властите заборавени

Рајна и Благородна Буреви, две тажни судбини

Рајна и Благородна Буреви не се во никакво сродство, тие се останати во колективната меморија на штипјани, но ниту една локална власт досега не направи ништо во нивна чест. Можеби сега е вистинското време ...

ФК Брегалница на својата 100 годишнина си го врати прволигашкиот статус

Пандемијата го зголеми бројот на баратели на гарантирана минимална помош


2

N

1

Од мој агол

Летото нема да ни биде мирно Иван Бојаџиски

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Последен пат на суд бев минатата година кога ме тужеше Петар Колев, претседател на ГДУ, партија за која проценив дека во нашата Македонија води пробугарска политика. Тоа се гледаше од настапите на Колев на бројни медиуми на кои ја изложуваше својата политика и политиката на својата партија по многу прашања од значење за држава, но секогаш држејќи бугарска страна, односно застапувајќи ставови на најтврдокорните бугарски националисти. За таквиот негов став напишав коментар во овој весник во бројот од јануари, 2019 година. Веднаш потоа лидерот на ГДУ ме тужеше за навреда, клевета и понижување. Основниот суд во Штип пресуди дека во овој текст нема ништо од она на кое Колев ја заснова својата тужба. Тужителот ја обжали пресудата пред Апелација но и повисокиот суд пресуди во корист на новинарот. Зошто го пишувам ова? Затоа што оние кои извршуваат политички функции мора да знаат дека секогаш ќе бидат следени од будното око на седмата сила. Дека нивните постапки, одлуки, решенија, нивното поведение во јавноста секогаш ќе биде подложно на критики. Впрочем, новинарството како професија е измислено и поради таквата потреба, а не само поради неопходноста јавноста насекаде во светот да биде информирана за нештата кои ги допираат нашите животи. Оваа пресуда треба да ги охрабри помладите колеги да бидат повеќе критични кон политичката елита во државата. Тоа од нив го очекува јавноста, зашто тоа е дел од нивната професија и е нивна должност. Повеќе критичност но со повеќе убедливи аргументи за напишаната критика. Од друга страна политичарите мора да сфатат дека не се недопирливи. За тоа како тие и нивната работа ќе бидат претставени во јавниот простор ќе зависи само од нив и од никој друг. Во оваа прилика чувствува морална обврска јавно да му се заблагодарам на г-дин Иван Брешковски, адвокат од Скопје, кој бесплатно ги застапува новинарите членови на ЗНМ пред нашите судови. Брешковски имаше брилијантна одбрана поради што препорачувам секој новинар кој ќе се најде во позиција да биде тужен да се обрати до ЗНМ и да го побара Како новинар најмногу во нашата држава сум бил токму Брешковски како свој бранител. на суд. Ме тужеле главно политичари, понекогаш и некој од стопанските раководители. Би рекол ништо страшно. Таква е новинарската професија. Луѓето, посебно оние „видните“ сакаат за нив да се пишуваат само убави нешта, без оглед на нивната работа. Пред точно 60 години (1961) еден од најпопуларните филмови во тогашна Југославија беше филмот Мирно лето. Беше тоа македонски филм режиран од Димитар Османли. Во филмот играа Љупка Џундева, Мери Бошкова, Дарко Дамески, Илија Џувалековски, Петре Прличко, Стојка Цекова и Слободан Перовиќ. Беше тоа првата македонска комедија во севкупноста на македонската филмска продукција. Деновиве, гледајки некои секвенци од тој филм на мојата младост, си го поставив прашањето дали ние годинава ќе имаме свое мирно лето. Дали ќе се ослободиме од короната за пак слободно да се дружиме со саканите и пријателите? Дали ќе можеме да заминеме на одмор во Охрид, како јунаците од овој филм, и таму малку да си ги полниме прилично испразнетите батериите? Анализирајќи ја целата ситуација во која денес се наоѓаме донесов заклучок дека летово баш и нема да ни биде мирно. Корона кризата можеби и ќе не ослободи од некои неметнати од неа стеги, но доаѓа време на нови локални избори, а тоа е моментот кога политичката машинерија, престроена и обновена, се става во погон, тргнува на терен и започнува да го бранува мирното море на нашите животи. Иако изборите се во месец октомври, некако сум убеден дека теренските политички работници ќе си ја започнат активност уште од овој месец. Прво божем ненаметливо, а потоа и се потворено ќе не потсетуваат, понекогаш суптилно другпат директно дека доаѓа изборниот момент и дека токму тие се најдобрата опција за народот. Oваа „битка за секој глас“ годинава станува поинтересна и поради решеноста на дел од помалите партии на изборите да одат сами наместо под закрилата на поголемите политички браќа СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Ќе биде интересно да видиме дали ЛДП, ЛП, ДОМ, Патијата на Павле Трајанов и некои други ќе освојат некое градоначалничко место или место во Општинските совети како локални парламенти. Но, летото е тука, пред нас, и нам не ни останува ништо друго освен да видиме дали оваа, од мене запишана временска политичка прогноза ќе се оствари.

2


РАЗГОВОР

Ковид 19 донесе промена во психата на луѓето К {tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Д-р Даница РАМБАБОВА, матичен доктор, специјалист по училишна медицина

орона вирусот подолго од петнаесет месеци им донесе многу работа и на матичните доктори. Со др. Даница Рамбабова, специјалист по училишна медицина, матичен доктор во приватното здравство, разговараме на сеуште актуелната тема Ковид 19, нашиот однос кон пандемијата, одразот на истата на севкупното здравје на граѓаните, и сето тоа низ призмата на нејзината работа со нејзините пациенти. -Д-р Рамбабова, како Вие гледате на Ковид 19 и што овој вирус донесе кај луѓето? -Она кое посебно треба да се нагласи е фактот дека Ковид 19 донесе промени во психата на луѓето. Кај поголем дел од народот се јави анксиозност и депресија како резултат на пандемијата. Тие појави најмногу настанаа како израз на долгото траење на пандемијата, изолацијата на луѓето од стандардите на порано востановениот социјален живот, од влошената финансиска состојба на семејствата како резултат на неодењето на работа поради тоа што нивните фирми подолг период не работеа. Што најтешко им падна на луѓето во време на пандемијата, на што вашите пациенти најмногу се жалеа и се жалат? -Најтешко на луѓето им падна тоа што не можеа да се дружат. Да си прослават датуми значајни во нивните животи. Тоа што мораа да седат затворени во своите станови поради карантините и тоа што не можеа да одат на работа. Тоа не можеше, а да не се одрази пред се на психата кај луѓето. Само на психата ли? Дали не се случија промени и во здравствената состојба кај луѓето? -Да, короната направи трајни промени и во здравјето на дел од граѓаните. Тие промени се евидентирани во малаксаноста, болестите на срце, болестите на градите и болестите во локомоторнииот апарат-

рацете и нозете. Каква беше Вашата врска, вашата конекција со вашите пациенти? Дали работното време ви беше „нормално“ или со пациентите моравте да бидете „на линија“ подолго време од вообичаеното? -Работата не само моја туку и на другите матични доктори беше драстично зголемена. За нашите пациенти бевме на отворена линија 24 часа во денот. Ако почувствуваа и најмали симптоми тие немаше на кого друг да се обратат освен на својот матичен доктор. Со голем број мои пациенти сум разговарала со часови за да дознаам во што е и кој е нивниот здравствен проблем и дали тоа има некаква врска со Ковид 19. Пациентите со потешка здравствена слика ги испраќав во болница, оние со полесна слика на домашно лекување. На овие вторите им се јавував секој ден за да видам како се во однос на нивното здравје. Моите пациенти, сите до еден, го имаат бројот на мојот мобилен телефон и тие имаат право да ме побарат во секое доба од денот и ноќта. Нормално, и јас како нивна матична докторка ги имам броевите на нивните телефони. Така остварувавме редовна комуникација зашто за секој доктор здравјето на неговите пациенти е негова светост. Ковид 19 минатата година и Ковид 19 годинава. Кога беше полошо, кога имавме повеќе смртни случаи, повеќе заболени.... -Можеби вашите читатели ќе бидат изненадени од мојот одговор но минатата година имавме помал број на смртни случаи предизвикани од Ковид 19 отколку годинава. Ист е соодносот и во поглед на заболените. Но, надежно е тоа што последниве дваесеттина дена немаме ниту еден заболен пациент па не ни било потребно тестирање на Ковид 19.

3

Каков е односот на вашите пациенти кон вакцината и вакцинирањето? Дали поголемиот број се вакцинираа или одбиваат да го направат тоа? -Од сите мои пациенти чиј број не е мал, 80 проценти се вакцинираа. Но јас на сите им велам дека тоа што се вакцинирале е одлична вест, но не е добро сега да се опуштат и да не ги почитуваат мерките на здравствените власти. Посебно од нив барам да не се собираат во поголеми групи се додека ова зло целосно не исчезне од нашите животи. Докторка сте, позната и призната во градот, луѓето ве почитуваат па и поради тоа цениме дека вашето мислење во однос на тоа која вакцина да се прими е многу значајно. Кој е вашиот одговор на ова прашање? -Секој треба да се вакцинира. Секој кој е одговорен кон себе, своето здравје, здравјето на најблиските, пријателите и заедницата. Притоа ќе речам дека секоја вакцина е добра која во моментот кога еден човек треба да се вакцинира е достапна. Очекувам дека вакцинирањето ќе стане уште помасовно зашто се друго е ставање во опасност на своето здравје и здравјето на луѓето со кои невакцинираните секојдневно доаѓаат во допир.


4

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Пандемијата значително го зголеми бројот на баратели на гарантирана минимална помош

З

Златка ИВАНОВА, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа за општините Штип и Карбинци

латка Иванова, дипломиран социјален работник, 34 години, е директорката на јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјална работа за општините Штип и Карбинци. Со оглед на значењето на социјалната политика за секое општество и за секоја локална или регионална заедница, со г-ѓа Иванова правиме интервју на најбитните теми од областа на социјалната работа. Г-ѓа Иванова, вашата Јавна установа има поширок спектар на активности кои произлегуваат од соодветната законска регулатива, а се во рамките на секторот за социјална заштита при МТСП. Кои работи ви се приоритетни... ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип работите и дејностите ги извршува на подрачјето на две општини и тоа Штип и Карбинци. Согласно јавните овластувања и активностите кои произлегуваат од постојните законски прописи во Република Северна Македонија, Центарот ги извршува следните работи и работни задачи утврдени со Закон за Социјалната заштита, дејности од областа на правата утврдени со Законот за заштита на децата, решава за правото на парична помош за лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита утврдени со Законот за азил и привремена заштита, постапува по работи со Законот за Семејството и Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство,постапува по работите утврдени со кривично-правните прописи, како и извршуваше и други работи утврдени со Закон,со програмата за работа на Владата на РСМ, Одлуки на Министерството за труд и социјална политика како и со Општите акти на Центарот. Како приоритети на работењето Во спроведувањето на социјалната превенција, од страна на Стручните тимови од соодветната проблематика се врши откривање и проучување на социјалните појави,применување соодветни облици на социјалната заштита поттикнување и превземање на превентивни дејствија за спречување на настапување на положба од социјален ризик, спроведување на вониституционални облици на социјална заштита,изготвување на планови и програми. Од областа на семејно правните прописи Центарот работи по барања на граѓаните и нивните семејства,помага во разрешувањето на животните тешкотии и проблеми во индивидуалното живеење, партнерските односи, брачните односи, односите на родители и деца, укажува помош на семејствата во остварувањето на нивната заштита ,работи од областа на семејното насилство,трговијата со луѓе, поттикнува одговорно родителство и помага во остварувањето и унапредувањето на односите во семејството. Една од вашите задачи е решавање на правата од доменот на социјалната заштита. Можете ли да ни кажете кој се има право на ваков вид заштита, кој се може да биде корисник на гарантирана минимална помош и колку луѓе/семејства во Штип и Карбинци се корисници на истата? Корисник на права од социјална заштита е секој гра-

ѓанин кој се нашол во социјален ризик согласно Законот за социјалната заштита. Со поднесување на барање за остварување на право на гарантирана минимална помош на домаќинството му се утврдува фактичката состојба согласно Законот за социјалната заштита и правилникот за начинот на остварување на правото на ГМП со утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството и потребната документација. Бројот на корисници е променлив во зависност од фактичката состојба на семејството и промените кои се случуваат поради вработување, иселување, не пријавување во АВРМ, дополнување на членови/вадење на членови... моменталната бројката се движи од околу 800 корисници. Колкавата е висината на гарантираната минимална помош и од што таа зависи? Висината на правото на гарантираната минимална помош се пресметува како основица за еден член на дома-

800 КОРИСНИЦИ Бројот на корисници на гарантирана минимална помош е променлив во зависност од фактичката состојба на семејството и промените кои се случуваат поради вработување, иселување, не пријавување во АВРМ, дополнување на членови/вадење на членови... моменталната бројката се движи околу 800 корисници.

ќинството, а таа изнесува 4.000 денари месечно, а за секој следен член (полнолетен, малолетен, самохран родител, лице неспособно за работа) на домаќинството основицата се зголемува согласно со еквивалентна скала предвидена со Законот за Социјална заштита. Домаќинство кое користи гарантирана минимална помош, остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во висина од 1.000 денари. Вие ја имате и обврската да откривате, следите и проучувате социјални појави и проблеми, таа обврска пак си бара кадровска екипираност, прашањето ни е како во тој поглед стои Центарот и дали квалитетно ги извршувате задачите по овој основ? Во Центарот за социјална работа се вработени


{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

ИНТЕРВЈУ

стручни профили, социјални работници, правници, педагози, психолози... кои се даватели на услуги како и административни лица и помошно технички персонал. Во делот на своите работни задачи сите стручно и професионално си ги извршуваат своите работи. Квалитетот на услугата се подигна на едно позавидно ниво со донесување на новиот Закон за социјална заштита и со воведување на интегрираното водење на случај. Стручните работници - водители на случај, се реонски распоредени по реони во Општина Штип и Карбинци и имаат обврска да откриват, следат и мапираат промени секојдневно. Ваша работа е и непосредно помагање на граѓани, семејства или групи на население, што практично значи тоа и како се остварува таа помош? Ако имате податок и на колку граѓани, семејства и групи сте им помогнале согласност ваквата обврска? Во работењето на Центарот за социјална работа покрај правата од паричните давања се спроведуваат и други услуги и тоа: Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од настанатите социјални проблеми на поединец и семејства и тоа: подготовка за брак, живот во семејство, родителство, планирање на семејство, брачно/партнерско советување за партнери со нарушени односи; советување при развод на брак; семејна медијација за семејства со нарушени семејни односи; психо-социјална подршка за жртви на семејно насилство, психо-социјална подршка за сторители на семејно насилство и други специјализирани видови на советувања. Сите овие советувања се одвиваат во просториите на Центарот за социјална работа како и во советувалиште за брак и семејство, советувалиште за жртви од семејно насилство и Кризниот центар за жртви од семејно насилство кој овожможува и сместување за лица-жртви на семејно насилство 24/48 часа. Услуги во домот се услуги за обебедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита, а тоа се :

5

со два дневни центри, дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост и Дневен центар за деца со Аутизам. Покрај горе наведеното постои и Организациона едница Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа кој работи и има згрижено пет малолетни деца. Дали општините Штип спаѓаат во редот на општини со изразена потреба на лица, групи и семејства кои не би можеле да опстанат во животот без таа гарантирана минимална помош? На територијата на нашата местонадлежност последната година се забележа значителен пораст на баратели на гарантирана минимална помош како последица на пандемијата од Ковид 19. Штип е град со развиена текстилна индустри но ситуацијата од пандемијата од Ковид 19 која ја зафати и нашата држава предизвика економски пад на многу фирма во кои се затвараа погони се отпуштаа работници.

Голем број на граѓани останаа без работа без основни приходи за егзистенција со што како резултат на ова се зголеми и бројката на баратели на гарантирана минимална помош. Во доменот на работите на Вашата институција е и да поттикнува, организира и координира волонтерски активности на граѓани, нивни здруженија, хуманитарни организации, организации во спроведување на програми за социјална заштита... Го правите ли тоа, со кого најчесто го правите, каков е одзивот на здруженијата на граѓани, хуманитарните организации и слично... 80 ПАКЕТИ Центарот за социјална работа со Да секако, Центарот за социјална работа со мномногубројните меморандуми на соработка како губројните меморандуми на соработка како што се со Општина Штип, Црвениот крст и многу невладини организации што се со Општина Штип, Црвениот крст и многу често спроведува хуманитарни акции за помош и подмногу невладини организации многу често дршка на корисниците. Една од последните хуманитарни спроведува хуманитарни акции за помош и акции е спроведена од организацијата „ Храна за сите Банка поддршка на корисниците. Една од последните за храна Македонија –Скопје“ , Фондацијата за развој на инхуманитарни акции е спроведена од форматичко општество и солидарен фонд Штип а во тесна организацијата „ Храна за сите Банка за храна соработа со нашата институција се поделија над 80 преМакедонија –Скопје“ , Фондацијата за развој на храмбени и хигиенски пакети за корисници во висок соинформатичко општество и солидарен фонд цијален ризик. Отворени сме за соработка и очекуваме усте Штип, а во тесна соработа со нашата многу вакви хуманитарни иницијативи во иднина. институција се поделија над 80 прехрамбени и На кој начин вашиот Центар открива,следи и проучува социјални појави и проблеми и како делува хигиенски пакети за корисници во висок врз нивното решавање... социјален ризик. Најчесто социјалните појави, проблеми и социјалните рицизи се утврдуваат преку непосредните задолжи- помош и нега во домот и лична асистенција телни увиди кои се прават на терен во домот на корисниците Услуги во заедницата кои опфаќаат услуги на дне- како и преку дирекни упатувања во Центарот, соработка со вен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација, институции, Невладини организации, дирекни јавувања од реинтеграција на корисници, одмена на семејна грижа и куќа граѓани како и по службена должност. на пола пат заради превенција, згрижување и заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее во И. Б. сопствениот дом, односно заедницата. Центарот располага


СМИЉАНОВ: Ако ДОМ оди самостојно и со кандидат за градоначалник, во Штип ќе имаме двајца советници 6

М

ПОЛИТИКА

илчо Смиљанов е активен на политичката сцена. Еден е од основачите на партијата ДОМПартија на зелените, советник е во Советот на Општина Штип, потпретседател на Општинската организација на неговата партија и е член на највисокиот орган-Централниот одбор на партијата. Со оглед на фактот дека ДОМ најави самостоен настап на есенските локални избори со Смиљнов разговараме на неколку важни политички теми. -Нашата партија е основана во јануари, 2006 година како Партија за демократска обнова на Македонија, а од пред десеттина години носи предзнак - Партија на зелените. Од пред три години сме полноправна членка на Европската партија на зелените при што од сестринските европски партии добиваме најсилна поддршка логистичка, финансиска и секаква друга, вели Смињанов. Партијата ДОМ во Штип по вторпат има советник во локалниот парламент. Во периодот 2009-2013 советник беше Ванчо Санев, кој е прв човек на Општинската организација, додека Смиљанов е советник од 2017 година. -Актино и искрено учествуваме во политичкиот живот на нашиот Штип. Во Општинскиот совет сме составен дел на коалицијата предводена од СДСМ. Од работата на Советот и од соработката со колегите советници сум исклучително задоволен. Ние имаме разлики по одредени прашања, за тоа водиме дебата на координацијата која ја имаме пред секоја седница на советот каде го изнаоѓаме најдоброто решение од значење за Штип и општината и со тоа решение настапуваме на седниците. Лично имам недозавршени идеи по однос на животната средина на кои треба да се работи, Штип има поволен амбиентален воздух но состојбата со водите во Брегалница и Отиња не е на потребното ниво и нив не ги третираме на соодветен начин што е проблем, појаснува советникот Милчо Смиљанов. Во текот на мандатот на овој Општински совет се сменија тројца градоначалници. Благој Бочварски, Јане Миланов и актуелниот д-р Сашко Николов. Од нашиот соговорник бараме да даде оценка за нивната работа. -Сите тројца квалитетно си ја извршуваа својата работа согласно програмските определби на својата партија СДСМ и на коалицијата. За д-р Николов очекувам дека ќе биде кандидат за градоначалник и на есенеските избори, дека ќе продолжи со успешните политики со кои се развива градот во урбана и во секоја друга смисла, иако тој по професија има нешто што е многу повеќе вредно и позначајно за градот, а то е не-

{tipski Glas, Maj, 2020 br. 111

говата докторска работа и специјалноста во неа, коментира Смињанов. На нашето прашање да го коментира фактот дека Советот на општина како да го нема во јавноста, дека граѓаните многу малку знаат за неговата работа, Смињанов со следниот одговор: -Советот и работата на советниците, одлуките на овој наш локален парламент мора повеќе да добиваат на јавност. На нашите медиуми речиси да нема никакви информации за тоа што и како работи советот, а граѓаните имаат право да знаат за нашата работа. Овде би сакал да кажам дека во иднина советите како институција би требало да имаат поголем опсег на работа и преку нив да се почуствува вистинската децентрлизација. На нашиот највисок орган-Централниот одбор на партијата донесена е одлука за самостоен настап на есенските локални избори. Сепак, бидејќи како партија сме отворени за соработка со сигурност не можам да потврдам дека пред изборите нема да се случи некоја предизборна коалиција, одговара Смињанов, кој очекува во Штип неговата партија да освои две советнички места.

ДОМ најави самостоен настап на локалните избори во октомври. Кои и какви се надежите на партијата во однос на крајниот резултат? -Точно е тоа дека на нашиот највисок органЦентралниот одбор на партијата донесена е таква одлука. Сепак, бидејќи како партија сме отворени за соработка со сигурност не можам да потврдам дека пред изборите нема да се случи некоја предизборна коалиција, одговара Смињанов. Ако ДОМ оди сам или во коалиција со некој друг, дали Милчо Смињанов се надева дека пак ќе биде на советничката листа? За јасен одговор по ова прашање сеуште е рано. Мојата партија планира да бидам носител на советничката листа, но за такво нешто има две опции: првата е ДОМ на изборите да настапи со свој кандидат за градоначалник и во тој случај ние сметаме на две советнички места. Втората опција е ако одиме во коалиција со некого во најмалку десет општини, меѓу кои и Штип, во тие општини да имаме по најмалку двајца советници, а во останатите општини во кои ќе немаме кандидати за градоначалник да освоиме по едно советничко место. Дали нашите анализи се во ред ќе покажат самите избори.


Штип и Конче со убав профит, Радовиш на колена

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Станува збор за концесискиот надомест од експлоатацијата на рудата во рудникот Боров Дол при што Конче и Штип добиваат, а Радовиш губи.

И

7

СОСТОЈБИ

сцрпувањето на рудното богатство на бакарна руда од коповите на рудникот Бучим кои беа на територија на општина Радовиш, и отворањето на новиот рудник Боров Дол кој е на територија на три општини-Конче, Штип и микронски дел во Радовиш, на Штип и Конче им донесе радост, а Радовиш го фрли на колена. Во прашање се парите. Парите кои рударските општини ги добиваат на име концесиски надомест од рудата која се експлоатира на нивна територија. Имено, Боров Дол со 57 проценти е на територија на малата општина Конче, со 38,6 проценти е во општина Штип а со само 4,4 проценти зафаќа територија од општина Радовиш. Согласно законските прописи секоја од општините ќе добива онолку пари од концесискиот надомест со колку проценти рудникот е на нејзина територија. Радовиш досега од рудникот Бучим добиваше 1,2 милиони евра. -Тоа е половина од основниот буџет на општината. Тоа за нас беа големи пари со кои решававме многу инфраструктурни и друБлагој Илиев, ги проблеми. Сега градоначалник на Конче наместо толку пари ќе добиваме само трошки. Не повеќе од 60.000 евра годишно што за град од форматот на Радовиш е вистинска катастрофа, вели градоначалникот Герасим Конзулов. Во Конче и во Штип поинаква атмосфера кога се во прашање парите од концесискиот надомест. Радоста во Конче е на највисоко ниво зашто се работи за мала општина со население од 3.690 лица во 13 населени места. Оваа општина како да доби седмица на американско лото. Ако рудникот продолжи со производството кое го имаше и до сега, Општина Конче годишно ќе добива по околу 600.000 евра од концесискиот надомест, а Општина Штип околу 400.000 евра со можност кај двете општини таа сума да биде нешто и поголема. Дури и за Штип како регионален центар тоа се убави пари кои општината во својот буџет досега не ги имало инкасирано. -Ова е прв случај во нашата држава еден рудник да биде на територија на три општини. Досега сите наши металични рудници како Саса, Злетово, Тораница и Бучим зафаќале територии на само една општина. И поради тоа законот

Герасим Конзулов, градоначалник на Радовиш

за минерални суровини во делот на концесискиот надомест го зема во предвид само просторот на кој се експлоатира рудата. Сега имаме сосема поинаква ситуација зашто преработувачките капацитети, флотацијата и фабриката за катоден бакар, како и големото хидројаловиште во кое се складирани милиони тони хидројаловина се на територија на нашата општина. Тоа пак сугерира дека овој закон за концесискиот надомест мора да се смени и да биде правичен, вели радовишкиот градоначалник Конзулов. Тој веќе испратил барање до надлежните владини министерства за измени на законот за концесиски надомест.-Бараме 50 проценти од надоместот да припаднат на нашата општина со оглед на капацитетите на рудникот кои

Од експлоатацијата на рудата во рудникот Боров Дол општина Конче ќе добива околу 600.000 евра годишно на име концесиски надомест, Општина Штип нешто над 400.000 евра, а Општина Радовиш која досега добиваше 1,2 милиони евра ќе спадне на само 60.000 евра годишно!

се на нашата територија и нивното значење за работата на рудникот и животната средина. Очекуваме позитивен одговор зашто таков случај на рудник кој е во седум општини има во соседна бугарија и таму сите седум општини добиваат пари од овој вид надомест, вели Конзулов. Благој Илиев, градоначалник на општина Конче го изразува своето задоволство од фактот дека годишно во основниот буџет ќе добиваат плус 600.000 евра, што е половина од сумата во основниот буџет која општината ја има како дел од сопственото финансирање. -Ние сме мала земјоделска општина со расфрлани села, потребни ни се патишта кои ќе водат до земјоделските имоти на нашите жители, потребно ни е инфраструктурно меѓусебно поврзување на селата...Имаме проекти кои педесет години се планирани, а не се реализирани, сега се создава можност за реализација на поголем дел од нив. Цениме дека со ова ќе се влијае на подобра искористеност на нашите капацитети во земјоделието и сточарството, вели Илиев. Факт е дека општина Радовиш е ставена во многу неповолна ситуација зашто ја снајде еврејската клетва „да имаш па да немаш“. Дали барањата на радовишката локална власт за промена на законот ќе им донесе некаков бенефит, останува да покаже времето. Ова посебно зашто низ годините се велеше дека ако не е Бучим на Радовиш тури му пепел.


8

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги избраа најдобрите за 2020 година ИЗБОР

♦ Признанието за животно дело му е доделено на Благој Механџиски-Зегин, од Штип добитници на признанието се Инфективното одделение при Клиничка болница во областа на здравството, Факултетот за природни и технички науки, невладината ФРЛЗ, и новинарот Столе Наумов.

Н

овинарите од регионалниот актив „Исток“ со седиште во Штип и годинава ја продолжија традицијата да ги избират и да им оддават признанија на најдобрите стопански организации, институции и поединци во петнаесеттина области од општественото живеење како што се стопанството, здравството, науката, хуманоста, спортот, животната средина, невладиниот сектор, иновациите, образованието....

Изборот на новинарите е следен:

Животно дело: Благој Механџиски-Зегин, за поминатиот пат од дете во сиромашно семејство во Русиново, беровско, до завршени два факултети и создавање на Зегин - најголемиот бренд во внатрешната и надворешна трговија со лекови и отворени 1.400 работни места

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Хуманост: Дарко Гоцевски, активист од Македонска Каменица за бројните хуманитарни организации;

Животна средина: Орце Николов-Кочани, основач на Еко Грин еколошка организација за битката против загадувањето на воздухот во Кочани;

Образование; Иле Михајлов, наставник од Свети Николе за посебен ангажман во работата со деца со посебни потреби: Новинарство: Столе Наумов, за емисијата Стадион на радио Канал 77

Иновативност: Здружение на оризопроизводители „Оризова братимка“ Чешиново за експериментите со нови оризови сорти; Невладин сектор: ФРЛЗ, Штип за бројни проекти кои имаат силно влијание на развојот на градот:

Општествена одговорност: производна фирма Брегал-Делчево, за бројните донации во и вон општината;

Стопанство: ДИК ФАГУС-Пехчево, за отворените 400 Спорт: Кире Лазаров-Свети Николе, ракометар, сеработни места во фабриката за столици во Пехчево и лектор на националната ракометна репрезентација; придонесот за социјален опстој на малиот град; Култура: Васил Маневски-Тработивиште, за поетски Здарвство: Инфективно одделение при Клиничка бол- опус во 2020 година; ница Штип, за херојската борба на вработените за спас на човечки животи во време на големата зараза од Странска амбасада: Амбасадата на Велика Британија Ковид 19: за континуираната поддршка на одделни делови од источниот регион Туризам: Општина Кочани за допринос во развојот на туристичкиот комплекс Пониква Признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на пригодна церемонија во текот на летово на отворено Наука: Факултет за природни и технички науки при УГД во туристичкиот комплекс Аурора на Беровско езеро. за придонесеот на професорите во развојот на нашите рудници;


Колку корона вирусот ви го промени животот? С

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

AНКЕТА

проведовме анкета меѓу наши сограѓани на тема од насловот. Факт е дека од месец март 2020 година па наваму живееме еден поинаков живот. Факт е дека Ковид 19, или корона вирусот, ни ги променија животите во секој поглед. Исто така факт е дека на дел од семејствата им ги одзеде најмилите,

Зоран КОСТАДИНОВ:

9

ни оневозможи дружење, ни наметна некои нови зборови како „социјална дистанца“ што во превод значи „нема дружење“, што на нас како дружељубив, славјански народ ни падна најтешко.... Еве како на ова прашање одговарат четворица штипјани.

Нема човек кого ова зло не го промени

-Јас би посакал такво зло време никогаш повеќе да не не снајде. Животот како да застана, улиците во градот беа празни, ретко кој излегуваше од дома освен ако не требаше да се оди во продавница по храна. Работам како ќелнер во Универзитетскиот ресторан, многу си ја сакам работата па најтешко ми падна кога ресторанот мораше да се затвори на извесен период. Ми недостигаа гостите, со дел од нив кои се редовни муштерии станавме и блиски пријатели, кога не ги гледав ми беше многу тешко. Се вакцинирав со Синофарм вакцината и се чувствувам безбедно и за себе и за луѓето со кои имам контакти. Го направив тоа зашто верувам во науката. Сега сите гледаме дека пандемијата попушта и дека почнуваме да си го живееме вистинскиот живот. Но ќе остане фактот дека нема човек кого ова зло го нема променето...

Сабина АСАНОВА:

Короната ни го искомплицира живот

-Ковид 19 целосно ни го комплицира животот. Од таа компликација не е поштедена ниту една генерација. Пионери, младинци, средна генерација, пензионери сите ги чувствуваме последиците, некој повеќе некој помалку. Мене лично најмногу ми недостига дружењето. Кога дома ќе речев дека ќе одам кај некоја другарка децата кои се малолетни, а посебно шестгодишниот син ми велеа „Мамо не излегувај има корона“! Последниов месец некако ми олеснува. Чувствувам дека вирусот попушта и дека животот, лека полека се враќа во некоја нормала. Кај и да е доаѓа времето кога пак ќе можам да ја посетам сестра ми во Кочани, да се видам со роднини и пријатели од Берово, Делчево, Скопје, Струмица....

Кирил ЏАЏОВ:

Пријателите не може да дојдат на погребот на мојот татко -Корона вирусот од корен ми го смени животот. Најмногу ме погоди тоа што на погребот на мојот татко Ѓорѓи Џаџов попознат како Поп Џаџо поради короната не можеа да дојдат голем број негови пријатели и почитувачи на неговото дело. Не може да го испратат до вечното почивалиште лица кои тој ги чувал. Дружењата со другарите, а имам фантастично друштво, е втората работа која ми го промени животот. Ние сме си навикнати редовно да се видуваме, но во периодот на короната таа наша братска дружба небеше можна. Покрај ова од март месец минатата година не можа да ни дојдат на гости децата на мојот брат кои се во Ѓерманија. Оекувам пандемијата летово да заврши, да го видам мојот Штип полн со луѓе во фабриките, по улиците, децата пред ОУ „Ванчо Прќе“ средношколците пред Медицинското училиште каде што е нашата куќа, прад Гимназијата,,Во однос на вакцината нека ја примат прво постарите, а потоа кога ќе дојде редот и на средната ѓенерација и јас ќе се вакцинирам.


10

П

Пишува: Ања Шифрин

Како да се спасат локалните медиуми? КОЛУМНА

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Локалните медиуми во многу делови од светот, а кај нас посебно, се во голема криза. И весникот кој го држите в раце, а кој е единствен печатен медиум лево од реката Вардар (од Куманово до Ѓевѓелија) одвај финансиски издржува да опстои како хроничар на Штип на времето кое го живееме. Ања Шифрин, истакната професорака на универзитетот Колумбија во САД, објави текст на тема како да се спасат локалните медиуми од кој ги објавуваме најважните поглавија.

окрај зголемената побарувачка, многу локални медиуми лани се соочија со намалување на приходите што го крена алармот за феноменот на „згаснување на медиумите“. За среќа, се појавија охрабрувачки иницијативи што можат да ги поддржат медиумите што се соочуваат со тешкотии во многу земји. Кризата со ковид-19 повторно ја потврди важноста за широк пристап до јасни, сигурни и точни информации. Во текот на пандемија, луѓето низ целиот свет зависеа од сигурни извори на вести за да им помогнат да го разберат не само самиот вирус туку и неговото влијание врз нивните економии и општества. Сепак, луѓето што ги собираат, проверуваат и доставуваат тие информации, се најдоа под невиден притисок што го зголеми ризикот дека, кога ќе дојде следната криза, ќе имаме малку доверливи извори на вести, пишува Ања Шифрин. За разлика од другите индустрии што настрадаа за време на пандемијата, новинарството не се соочи со пад во побарувачката. Напротив, „Нилсен“ проценува дека останувањето дома, како и во секоја криза, може да доведе до речиси 60 отсто зголемување на побарувачката на медиумите. Навистина, во САД побарувачката на медиумите достигна историски рекордно ниво во 2020 година, со тоа што програмирањето вести беше главната компонента на зголемувањето. Истиот тренд може да се види низ целиот свет. Една студија за побарувачката на медиумите во Северна Азија за време на пандемијата открила нагло зголемување на употребата на дигитални извори на вести во Јапонија како што се ширеше стравот за ковид-19. Во Тајван и во Јужна Кореја, новинските телевизиски канали беа главни причини за растот на рејтингот на телевизиите. И покрај ваквиот пораст на побарувачката, намалувањето на приходите погоди многу локални медиуми во 2020 година. Како што предупреди слободниот новинар Камил Ахмед минатата пролет, загубите се толку големи што може да се јави „феномен на згаснување на медиумите“. Тој зборуваше за земјите во развој, но ризиците се сериозни дури и во напредните економии како САД. Добрата вест е што новиот извештај нарачан од фондацијата „Конрад Аденауер“ покажува дека иницијативите што се водат во многу земји можат да помогнат за зајакнување на медиумите. Овие напори спаѓаат во четири широки категории: приватно финансирање, јавни субвенции, нови деловни модели и поддршка од технолошки платформи. Сите се корисни, иако на долг рок, некои ќе се покажат поважни од другите. Во однос на приватното финансирање, организациите како новинската иницијатива на „Гугл“, центарот „Пулицер“ и „Интерњуз“, заедно со владините агенции, формираа средства за итна помош за време на пандемијата. Но како што покажува напливот на барања за таква помош, индивидуалните грантови не се доволни. Потребна е поширока, сеопфатна и меѓународно насочена стратегија, како еден вид глобален Маршалов план за новинарство. Некои ја препознаваат оваа потреба, а докажаните експерти за развој на медиуми започнаа да ги координираат донаторите,

да го зголемуваат финансирањето и да ги поддржуваат медиумските институции и медиуми. На пример, Марк Нелсон од Центарот за меѓународна медиумска помош, заедно со Џејмс Дин и Маха Таки од медиумската акција на „Би-би-си“, промовираше меѓународен фонд за јавни интереси вреден милијарда долари, кој би распоредил владина помош за развој за поддршка на новинарството на јужната хемисфера. Но со оглед на тектонските поместувања во медиумскиот пејзаж, ниту една поединечна иницијатива, без оглед колку е голема, нема да биде доволна за да ги одржи локалните медиуми на долг рок. Како што истакнува медиумската претприемачка Ивон Лијау, исто како и технолошките компании, медиумите мора да градат посилни мрежи на инвеститори што се посветени на тоа да им помогнат на крајот да постигнат одржливост. Токму во овој дух Стив Валдман, коосновач на „Извештај за Америка“, поведе иницијатива насочена кон трансформација на приближно 6.700 американски приватни весници во финансиски независни институции втемелени во заедницата. Тој предлага создавање непрофитен фонд за прераспределба што ќе ги идентификува публикациите на кандидатите и ќе ги реорганизира нивните корпоративни структури за да ги направи финансиски независни и поодговорни на потребите на заедницата. Директното јавно финансирање исто така има улога во поддршката на локалното новинарство, па така повторно се работеше на унапредување на амбициозните предлози. Земјите како Австралија, Норвешка и Сингапур, кои новинарството го сметаат како средство од јавен интерес, обезбедија субвенции за медиумите и хонорарни преведувачи за време на пандемијата. Но овие мерки беа скромни во однос на потребата. Во САД послабо се поддржува независното новинарство. Но сега се во тек напорите за донесување закони за да се финансираат локалните медиуми и квалитетното известување. На пример, Законот за одржливост на локалното новинарство, претставен во Конгресот минатиот јули, ќе обезбеди петгодишен, неповратен даночен кредит до 250 долари за трошоците за претплати на локалните весници. Покрај тоа, основачот на организацијата „Слободен печат“, Роберт Мек Чесни, подготвуваше иницијатива за локално новинарство, со која ќе се утврди буџет од 100 долари по лице за поддршка на локалното непрофитно новинарство, а заедниците ќе гласаат кои медиуми да добијат финансиска помош. Според овој план, Владата ќе насочи средства собрани од мал данок на реклами што ќе ги плаќаат богатите технолошки компании преку американската поштенска служба. Со ваквиот пристап би се решило горливото прашање за тоа како би се принудиле големите технолошки компании да ја поддржат индустријата, која, всушност, тие самите ја поткопаа. Сепак, најголемата вест на овој фронт е предложената нова рамка на Австралија за да се намали нерамнотежата на моќта помеѓу медиумите и технолошките гиганти.


Без музика нема живот, таа емотивно ги допира сите, од пионери до пензионери

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

СЦЕНА

Нашиот сограѓанин Роберто Поп Димитров, композитор, пејач, создавач на позитивни музички вибрации за весникот говори за кариерата и значењето на музиката за секој човек.

Р

оберто Поп Димитров, дипломиран џез музичар, сопруг на Александра, татко на три деца, од неодамна на работа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, е едно од штипските „деца“ кои на најдобар начин го претставуваат својот град на јавната музичка сцена дома и надвор од државата. Музиката над 30 години е негов живот. Во разговор за Штипски Глас вели дека негов најголем успех е тоа што останал во и со музиката од која не е подготвен да се откаже ниту денес ниту во некои идни времиња. -Компонирав и создавав песни за многу домашни и странски изведувачи. За домашните Јасмин Алиевски,Јоце Пасмин, Сузана Турунџиева и многу други како и за Николас Мосху од Грција, Марјан Новина, Бригта Шулер од Словенија, Пејо Пејев од Бугарија, Миро Буљан од Хрватска и така натаму, вели Роберто. Талентот за музика го наследил од неговиот сега покоен татко Столе Поп Димитров кој долго време раководеше и со Градскиот хор. -Мојот татко беше и остана мојот идол. Штип него го познаваше како Столе Танчо Поп Димитров но тој во однос на стилот на музиката немаше влијание врз мојата работа

бидејќи татко ми ја гаеше народната музика. Сепак должен сум да кажам дека неговиот пристап кон музиката беше исполнет со огромна љубов, а тој си беше и прекрасен човек и прекрасен музичар, појаснува Робето. Своите песни ги компонира во своето студио во неговата гаража која неговиот автомобил ја има отстапено за опсесијата на својот „газда“. -Да, имам одлично опремено студио за работа. Од техника во студиото поседувам се што е потребно за созда-

11

вање на квалитетна музика, од хардверски до сите софтверски современи програми, музички инстументи, процесори, појачала, микрофони, појаснува нашиот соговорник. Неретко, за нашите медиуми, Робеето сам си создава своја музика, свои композиции кои сам ги интерпретира, а компонира и за поголем број рап, рок, поп, Р. н. Б изведувачи. -Од каде ми доаѓа инспирацијата? Хм, интересно прашање. Па пред се неа ја црпам од светската поп, рок и сиетелската грунге сцена. Тоа може да се види и слушне од моите албуми. Инаку, за мене најдобро време за создавање е ноќта, во тој период е моето идеално време за компонирање, аранжирање. Кога приквечер ќе влезам во студиото од него не излегувам до раните утрински часови, ја раскажува својата приказна Роберто Поп Димитров. Неговиот прва настап на Макфест датира од 1999 годин. Одтогаш па до ден денешен Роберто има настапувано над десетпати што како изведувач, што како автор. -И за мене Макфест е бренд на нашиот Штип, негов симбол, еден од знаците по кои градот се одделува од другите градови во нашата Македонија. Многу си го почитувам фестивалот и тој ја има целата моја поддршка, а јас најдобро знам кое е значењето на еден фестивал на забавна музика за еден град бидејќи самиот сум бил пулен, заштитно лице на повеќе меѓународни фестивали како што се Славјански Базар во Киев, Украина, Војс оф Азија, Алма Ата- Казакстан… Претпоследното прашање до Роберто е: може ли Макфест повеќе и подобро? -Секако дека може и треба, Треба да се иновира согласно модерните трендови. Да Макфест може и подобро од она кое е денес а лично сум убеден дека во иднина тоа така и ќе биде. Лека-полека дојдовме и до последното прашање за кое побаравме тој самиот да си го постави, да се стави во улогата на новинар кој поставува прашање на една музички значајна личност од типот на Роберто Поп Димитров: -Одлична работа бидејќи има едно прашање кое секогаш си го поставувам кога на ум ќе ми дојде музиката, а ми доаѓа 23 од 24 часа во денот. Прашањето е што, всушност е музиката? А мојот одговор е следниот: музиката, како врвна уметност меѓу уметностите, е нераскинлив дел од нашите животи. Со музиката секојдневно живеат сите генерации-од пионери до пензионери.Таа е вткаена во нашите секојдневни животи бидејќи дури и емотивно ги додирнува нашите чувства и кога сме среќни и кога сме тажни. Всушност, музиката силно влијае на сите нас,а јас лично не би можел да замислам ничиј живот без музика бидејќи таа ни го обојува животот со најубавите бои како силно, преубаво виножито после ситна пролетна роса.


12

МУЗИКА

ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ и годинава со изворнедна организација на Меѓународниот фестивал на млади музичари

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

О

д 10 до 14 мај годинава во ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ се одржа вториот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари во неколку дисциплини: класична музика, поп и џез музика, традициски инструменти и состави и натпревар по теоретски предмети. На овој Меѓународен фестивал зедоа учество голем број ученици од штипското основно и средно училиште, како и ученици од други музички училишта, кои во разни натпреварувачки дисциплини ги покажаа своите знаења од областа на музичката уметност и заслужено добија голем број награди, како резултат на нивната посветеност и напорна работа. Организацијата на овој фестивал беше на многу високо ниво, со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. Во комисијата, покрај голем број

музичари и професори од нашето училиште и други училишта од нашата држава, присуствуваа и реномирани професори од нашите соседни земји и пошироко, кои позитивно ги оценија младите надежи при ДМУЦ „Серѓеј

Михајлов“ и им дадоа голема поддршка во понатамошното нивно усовршување на полето на музиката. „На последниот натпреварувачки ден на овој Меѓународен фестивал во Центарот за култура ,,Ацо Шопов” во Штип се одржа завршниот концерт за најдобро рангираните учесници на натпреварот. Со овој концерт беше заокружена успешната недела во која нашето училиште, како и секогаш во

вакви прилики, вложи голем напор и енергија и заслужено доби позитивни коментари и високи оценки“, ни изјави м-р Горан Кавраков, директор на училиштето. Според Кавраков, успешната организација и самото одржување на овој Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер и тоа во услови на пандемија е голем успех не само за училиштето туку и за нашиот Штип и нашата држава. „Штип и ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов” заслужуваат овој Меѓународен фестивал и во наредните години и децении да остане традиција што постојано ќе ја негуваме и одржуваме“, коментра Кавраков. Во прилог донесуваме неколку фотографии од настанот.


Штип блесна во знакот на модата и уметноста

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Б

УНИВЕРЗИТЕТ

13

лагодарение проекти, цртежи, на Универзискулптури и слики, а тетот „Гоце Технолошко-техничДелчев“ месецов киот факултет со Штип одново заличи моден перформанс на моден центар не и изложба на модни само на нашата дрфотографии. жава туку и пошироко. Во уметничката -Поради ситуацијагалерија Безистен та со пандемијата беше приредена со Ковид 19 годишспектакуларна модната изложба се на ревија и изложодржа online, а глеба, заедничко дело дачите ја следеа на на Ликовната акадеyou tube каналот на мија, катедрата за УГД. Целта на изархитектура и диложбата е да се дозајн и Технолошко – каже и да се види техничкиот факулдека и во време на тет при нашиот унипандемија и вонредверзитет. Всушност, ни услови студеннашиот Штип блестите можат креативна во знакот на моно да творат и да дата и на уметноста. создаваат. Пандемијата може да послужи како инспиНастанот се одвиваше под наслов “Помеѓу лич- рација, но и како креативен поттик, ни изјави доц.д-р носта и просторот-(не) време”. Сања Ристески. Во време во кое светот занеме и застана пред предизвикот со Падемијата, студентите заедно со нивните ментори успеаја тој предизвик да го претворат во

На овој несекојдневен и во некогашниот град на модата одамна очекуван настан, Ликовната академија инспирација и да создадат нови дела и креации. и катедрата за архитектура и дизајн се претставија со


14

РЕКЛАМИ

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111


{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Н

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

а 60 годиншнината од големата победа над фашизмот, во Москва, Народниот театар од Штип, пристигна со претставата „Метаморфози“ од Овидије, во режија на Миха Голоб. Чествувањето на победата над фашизмот не беше причината за нашето гостување во Москва, туку учеството на Меѓународниот театарски фестивал „Славјански венец“ организиран од московската општина Перовскаја. На Фестивалот право на учество имаа театарите од славјанските земји. На големото славје станавме сведоци веднаш по слетувањето на аеродромот „Шереметјево“. Минибусот со кој се превезовме до театарот на Перовскаја, како да датиреше од времето на крвавата војна. На сонцебранот, над шоферското место се гледаа црно-бели фотографии. На едната беше насликан генералисимусот, а на другата неговиот син. Шоферот со гордост говореше за успесите на „Црвената армија“. Го слушав, немо климав со главата во знак на одобрување, одвреме-навреме, пуштајќи го погледот по осветлените московски улици од кои не ретко ќе не пресретнеа симболите на победата изразени низ националните знамиња и паролите со борбени содржини. Минибусот се движеше побргу од историјата. Пред вратите на театарот, атмосверата не беше поинаква. Пред мене, како претходница на актерскиот ансамбл, застнаа две девојки. Беа облечени во воени униформи. По салутирањето ме понудија со леб и сол. По лебот и солта,

Се срамиме или се плашиме КОЛУМНА

девојките ми подадоа лимена чаша во која наточија вотка „матарка“. Не сакав да направам отстапка од традиционалниот начин на пречек на гости, поготово во време на големо славје како што беше победата над фашизмот, па, вотката од лимената чашка ја испив на екс, или како што би рекле Русите, до дна. За седумте дена колку што бевме гости на Фестивалот, можевме да заклучиме дека Русите се ултра горди на клучната улога во окончувањето на грозоморниот чин во човековата драма - фашизмот и Втората светска војна. Морам да признам дека нивната гордост не ми беше туѓа зашто и мојата татковина, мојата Македонија, нејзините борци, беа дел од арми-

јата која ги растеруваше црните облаци од световното небо за да му овозможат на сонцето да ги најави новите утра, оние кои ќе му ја вратат на човештвото вољата за живот. Но, како што растеше гордоста така грмеше маката во мене. Денес по дваесетина години оттогаш, маката не ме напушта, поготово кога ќе го слушнам пригушениот звук на трубите кои ја разгласуваат пиобедата. Ги гледам Србите како со парадни чекори со високо кренати чела и размавтани знамиња ја слават по-

15

бедата над фашизмот, а ние како да се срамиме да викнеме, па, цел свет да разбере дека за време на фашизмот бевме на вистинската страна, на страната на слободата, на еднаквоста и братсвото меѓу народите . Како да се срамиме да се потсетиме и на сет глас викајќи како некогаш Мајаковски во Париз: „Лева! Лева! Лева! (парафразирам) Кој тоа таму не го следи нашиот чекор!“, да ги испееме стиховите од песната на Ацо Шопов „Очи“: Последната вечер в планинското село,/кај борците беа со дрипава дреа,/со пликови жешки на стапал тешки/,и смрштени чела – згасени, мразни/ко нивните пушки укочени, празни,/и нечујно, глуво, ко здушена реја/се точеше шепот од уво до уво/: “Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,/а ние сме малку, – сал неколку души…” или стиховите на Славко Јаневски од песната „Цветови“ В Тиквешко негде, в некое село,/кај в слана тивко венеше цвете,убија дете./ Последна солза од око капна.../ кога на ридот есента стапна, /в крви се изми утрото бело. /И кога в зраци челикот светна /последна мисла ко птица летна:/ “Мајка ми сама остана в село”. Како да ни срам да ги испееме стиховите на џинот на македонштината Б. Конески: Везилке, крени наведена лика, погледај небо во претпладне златно:се шари таму и чудесна блика твојата везба на синото платно. Рика маката во мене од помислита дека се срамиме, или плашиме да го известиме светот за нашите победи!


16

М

Рајна и Благородна Буреви, КУЛТУРА

две тажни судбини

ногу често во штипската историја се споменуваат две имиња од семејството Буреви од Ридарското маало во Ново Село. Едната е убавицата Рајна која штипските ергени ја опеале во песната „Рајна на порти стоеше“ а другата е Благородна позната како Блашка ,ќерка од прв братучед на Рајна, која најчесто е споменувана и како првиот оперски глас во Македонија. Праксата покажала дека многумина во Штип овие две имиња ги поистоветуваат па така опеаната убавица Рајна ја сметаат и за првиот оперски глас што Штипјани го слушнаа во операта „Палјачи“ на 28 август 1925 година што не одговара на вистината. Рајна Бурева е родена 1886 година во најстариот дел на Ново Село – Ридарското маало. Според истражувањата на Александар Донски Рајна била девојче со несекојдневна убавина поради што многу штипски ергени ја посакувале. Меѓу нив најсреќен бил Коце Марков, роден 1882 година кој успеал да ја земе за своја сопруга. Свадбата им била 1902 година. Бракот не им траел долго поради почетокот на Балканските војни кога се случила и страотната епидемија од колера од која починал нејзиниот сопруг Коце а пред тоа им починало нивното единствено дете. Така несреќно завршила нејзината среќа. Рајна била приморана да се врати кај родителите во Ново Село каде поминала 11 години како вдовица.На втор брак се одлучила кога од Скопје дошол Димче Намичев, со слична судбина како неа, да ја побара за жена.Убавата Рајна со него заминала за Скопје 1923 година, во бракот им се родило едно дете. Димче починал 1954 а Рајна 1964, почива на гробиштата во Скопје. Нејзиното име остана да живее во песната што и ја подарија штипските ергени. (Ова е куќата на Благородна Бурева семејството Буреви во (1903-1977), позната меѓу Ридарското маало во својата генерација како Ново Село, подоцна Блашка, големата оперска станала сопственост на ѕвезда на штипскиот театар семејството Прошеви. Се е родена на 23 февруари гледа портата на која 1903 година како единствено Рајна го чекала својот дете на учителката Зуица и мерак но во руини. Тажна свештеникот поп Глигор Буслика за опеаната рев од штипско Ново Село. убавица). Уште во гимназиските денови, со својата дарба за музика и глума, станала вистинска ѕвезда, особено со улогата на Неда во операта „Палјачи“, изведена на 29 август 1925 година во салата на Офицерскиот дом во Штип, со која всушност започнува и оперскиот репертоар во Македонија. За успешно одиграната машка улога на офицер, која лично ја гледал и Кралот Александар, останал одушевен од нејзината улога, па како награда за уметничкиот труд подоцна

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

лично и подарил скапоцен прстен со лична посвета. Благородна дипломирала биологија на Филозофскиот факултет во Скопје и извесно време била гимназиски професор, а потоа се омажила за Миљо Беговиќ, познат оперски пеач од Виенската опера, син на висок функционер во банската управа на Вардарска бановина. Нејзината свадба, била вистински настан за штипјани, младенците ги венчавале дури 10 владици. Кога си заминала со сопругот на пат за Виена, на пероните на железничката станица немало место каде да се застане. Присутни биле сите видни личности од политичката и административната власт во тогашен Штип. Целото црковно раководство од Штип ги придружувало младенците во возот до Велес. Никој не би поверувал, па ни таа самата, дека со тоа заминување завршил периодот на нејзиниот среќен живот, како што тоа и самата го вели во своите спомени.Овој брак траел многу кратко. Се вратила тешко болна и со години после тоа се лекувала во Скопје и Белград. Кога оздравела била испратена за учителка во Кичево. Повторно се омажила 1936 година за Црногорецот Славко Купче- виќ кој бил висок црковен службеник во Штип. Тој бил многу помлад од неа и по извесно време, кога таа навлегла во зрели години тој ја напуштил. Нејзиниот живот по два неуспешни брака заврши анонимно и тивко. Кога почина на 6 ноември 1977 година, во капелата на гробиштата во Белград, пред да пристигнат неколкуте први братуџеди од Штип, покрај нејзиниот ковчег стоеле единствено Киро Глигоров и неговата сопруга Нада. Големата оперска ѕвезда со чие име секој штипјанец се гордее, си замина од овој свет, бедна и заборавена од сите, дури и од штипјани. Ако среде Куманово, на плоштадот, кумановчани му направиле споменик на опеаниот Батко Ѓоргија зошто ние не би можеле тоа истото да го направиме на убавата Рајна. Зошто во Штип не би можело нешто да се направи во спомен на Блашка првиот оперски глас во Македонија? Елена Јосимовска


Штип и Прилеп летово ќе си разменат богатство од културни содржини В {tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

КУЛТУРА

о текот на ова лето Штип и Прилеп ќе разменат поголем број настани од културата. Ова е договорено на средбата помеѓу Горан Трајков, директор на НУЦК „Ацо Шопов“-Штип и Моника Талеска, директорка на Општинската установа библиотека „Борка Талески“-Прилеп. Во Штип, во месец јули, ќе се одржат Денови на библиотеката „Борка Талески“ од Прилеп, а во Прилеп Денови на НУЦК „Ацо Шопов“Штип. -Имаме богатство од културни содржини за кои цениме дека ќе има интерес да бидат видени и доживеани и од публиката во Штип кој е првиот град прогласен за Град на културата во независна Македонија во 2004 година. Тоа говори за нивото на културата во вашиот град кое ќе биде збогатено летово со повеќе културни содржини во организација на нашата библиотека, рече Талеска при потпишувањето на договорот за соработка со НУЦК „Ацо Шопов“. За Горан Трајков, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ соработката на двете инстутиции од областа на културата од двата града е на добробит на штипјани и прилепчани кои ќе можат да се запознаат со културното богатство на Штип и на Прилеп. Договорено е прилепската библиотека во Штип да ги има своите денови во месец јули, годинава. Штипјани ќе можат да присуствуваат на презентација на мултимедијалниот проект-промоција на книга „Старите занаети во Прилеп“ од авторката Моника Талеска, со превод на англиски јазик. Во рамките на овој настан ќе биде отворена изложбена поставка од фотографии со последните прилепски занаетчии,репрезенти на прилепскиот еснаф, кои го чинат срцето на старата прилепска чаршија, а ќе бидат изложени фотографии, носи и стари предмети кои ги користеле прилепските занаетчии. Вториот настан ќе биде изложба на раритетни книги од 19 век па се досега, на третиот настан прилепската библиотека ќе се претстави со својата издавачка дејност, а на четвртиот со изворни македонски народни песни од прилепскиот крај ќе настапи пејачката Добрила Грашеска. -Подготвени сме уште утре да настапиме пред штипјани, но се договоривме тоа да биде како дел од Штипското културно лето, односно сите настани да бидат во месец јули. Се надеваме дека тотогаш ќе се спласне и пандемијата, што ќе биде можност настаните да ги види многу народ, рече Талеска. Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ во Прилеп ќе гостува во месец август, годинава. -Првиот настап ќе ни биде со изложба на цртежи од биеналното студио на цртеж кое се одржува три децении. Пред прилепската публика нашиот Центар ќе го промовира и списанието СУМ чиј последен број е посветен на 100 годишнината од раѓањето на Блаже

17

Конески. Публиката во градот под Маркови кули ќе има можност да ја види и изложбата под наслов „Плакатиран поезија, изјави Трајче Кацаров, уметнички раководител во Центарот за култура „Ацо Шопов“ и главен и одговорен уредник на СУМ. Во рамките на оваа соработка договорено е летово во Прилеп да се одржи посебен настан во чест на Тачко Локвенец, една од легендите на македонското новинарство кој почина годинава. Во македонскиот журнализам Тачко остаува да зрачи како маркантна новинарска појава која целиот свој живот го помина како дописник на „Нова Македонија“ од Прилеп и како еден од најчитаните новинари во првиот македонски дневен весник. Честа да говори за ликот и делото на Тачко му припадна на новинарот од Штип Иван Бојаџиски кој со Тачко Локвенец повеќе децении си ја имаше меѓусебВо Штип ќе има промоција на старите прилепски занаети, ќе бидат изложени раритетните книги од 19 век наваму, ќе има изложба на издавачката дејноста на библиотеката „Борка Талески“, ќе настапи пејачката Добрила Грашеска со изворни народни песни од прилепскиот крај, Штип во Прилеп ќе се претстави со цртежи од Биеналното студио на цртеж, со промоција на списанието СУМ посветено на 100 годишнината од ражањето на Блаже Конески, а ќе биде презенирана и изложбата под наслов „Плакатирана поезија“... ната почит и соработка. До пред самата смрт Тачко работеше на новата книга на тема „Новинарството кај нас некогаш и сега“ но смртта беше побрза, а неговиот драгоцен ракопис остана во неговиот компјутер. Прилепската библиотека си ја зеде обврска книгата на Локвенец, како посебен бисер во историјата на македонското новинарство да ја издаде и да ја промовира до крајот на оваа година.


18

Проф. д-р Методи Чепреганов на библиотеката и подари 60 монографии-капитални дела за мозокот и неговата функција

Р

КУЛТУРА

аботниот век му поминува во Скопје, тој е светски патник присутен на мал милион медицински светски конгреси и симпозиуми, но каде и да оди, во кој хотел и да отседне, со кого да се сретне и да си помуабети не испушта а да не каже нешто важно, нешто интересно и значајно и за неговиот роден Штип каде му се корените. Збор ни е за проф.д-р Методи Чепреганов, кој од бројни медицински ескперти но и од луѓето кои имале потреба од негова медицинска помош е нарекуван уште и „доктор за мозок“. Деновиве проф. д-р Чепреганов,специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, на Националната установа библиотека „Гоце Делчев“ во Штип и подари 60 книги-монографии . Овие капитални трудови од областа во која д-р Чепреганов е неприкосновен и е светски признат експерт ќе им послужат пред се на идните доктори кои сега се студенти на Медицинските факултети ширум нашата држава но и надвор од неа. Монографиите се дела за мозо- кот и неговите функции. - Професорот Чепреганов во ден недела пријатно не изненади со неговата посета и одлука на нашата библиотека, на роднокорајното одделение, да и подари 60 монографии од областа на медицината. Професорот како роден штипјанец во НУБ „Гоце Делчев“ се води како роднокраен автор, а тој никогаш не заборава од секоја своја нова книга да ни подари по некој примерок. Би кажал дека со проф.д-р Чепреганов имаме константно одлична соработка која трае со години, вели Драган Ѓорѓиев, советник за информатички работи при библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Библиотеката пак во знак на благодарност на односот на проф.д-р Чепреганов кон неа му возврати со изработка на неговата персонална библиографија во рамките на едицијата „Персонални библиографии“. Оваа персонална биографија е промовирана во 2017 година и содржи 260 библиотечни единици. Во неа се опфатени оригинални дела (монографски публикации),

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

статии од професорот Чепреганов објавувани во монографски и периодични публикации, интерјуваа на поголем број разновидни медиуми, предавања на конференции и научни симпозиуми. Библиографијата уште содржи регистер на наслови и регистер на автори, живопис на проф.д-р Методи Чепреганов, фотографии, фотокопии од статии и прилози од периодични публикации. Во предговорот на библиографијата стои дека проф.д-р Методи Чепреганов е личност која дала и сеуште дава голем придонес во медицината, особено во областа на неврологијата. Во своите монографии професорот пишува за мозокот и сите проблеми кои се јавуваат кај него, за болестите на мозокот, туморот, мигрената, стресот, деструктивниот нагон, агресијата и друго. Проф. д-р Методи Чепреганов со над 130 свои трудови учестувал на голем број меѓународни конференции и научни симпозиуми. Професор Методи Чепреганов со нескриено задоволство укажува на фактот дека емотивно исклучително е поврзан со родниот град. Неговиот оптимис-

Во своите монографии професорот пишува за мозокот и сите проблеми кои се јавуваат кај него, за болестите на мозокот, туморот, мигрената, стресот, деструктивниот нагон, агресијата и друго. Проф. д-р Методи Чепреганов со над 130 свои трудови учестувал на голем број меѓународни конференции и научни симпозиуми. Поради огромното знање и силната посветеност на медицинската наука тој уште е нарекуван и „доктор за мозок“.

тичен дух, неговата секогаш позитивна природа, неговите чести посети на родниот му Штип и средбите со бројните пријатели во Гадот под Исарот, се нераскинлив дел од неговото поимање за вредностите на животот. И затоа Штип на проф.д-р Чепреганов му се оддолжи со доделување на орденот „Свети Никола“, како штипјанец кој направил големи дела од значење за доброто здравје на луѓето и со тоа на најдобар начин во нашата земја и во светот го промовирал и својот Штип и својата Македонија.


Вози фиќо од 1965 година, одбива да го продаде или замени за друго возило, дури и за џип {tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

РАРИТЕТИ

К

ој во Штип го поседува најстарото возило? Одговор на ова прашање немаме но затоа пак имаме интересен прилог за синергијата создадена помеѓу возач и возило, за љубов која трае цели 56 години Приказната е за Трајче Арсов (Роде) кој има 74 години и неговото фиќо старо „само“ 56 години. -Фиќото ми е како дел од семејството. За него се грижам секој ден зашто тоа никогаш не ми има откажано послушност. Го купив на моја 18 годишна возраст штом положив за возач и од тогаш ниту јас се делам од него ниту фиќото од мене, ја разкажува Трајче убавата приказна. На времето работел во „Украс“ – молеро фарбарско претпријатие, а потоа работниот век го продолжил во ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Како млад човек претпладне со омиленото возило одел на работа, попладне на училиште каде го надградувал своето орбазование. -Во тие години имавме посебен однос кон работата, ја градевме татковината, затоа јас со мои колеги бев испраќан на работа и во Скопје, Бања Лука, Приштина и други места во тогашна Југославија. И секогаш таму ми недостасуваше моето фиќо, па кога ќе се вратев дома веднаш проверував дали со него е се во ред, појаснува Арсов. Во некој момент директорот на фирмата каде работел му рекол: „Трајче, сега немаме пари за плата ај ти земи си едно фиќо и полека ќе го исплатуваш“. Трајче се согласил и така фиќото станало дел од неговата животна приказна, нешто што трае блису шест децении.

19

имот и мала викендица и каде е речиси секој божји ден. Не е познато на кој начин но многумина кои не се штипјани дознале за возилото на нашиот сограѓанин. Меѓу нив најголем интерес фиќото да биде нивно покажале луѓе кои собираат стари, ретки возила кои не можат да се видат многу по нашите патишта. -Доаѓаа луѓе од разни места. Го гледаа фиќото и сакаа да го купат. Највисоката понуда била 2.000 евра, но имаше радовишанец кој ми нудеше компензација со џип, штипјанец ми нудеше 2.000 евра и плус фиќо од понов тип, кумановец трипати доаѓаше и ме убедуваше да му го дадам фиќото за поубаво, поново возило. Но, си реков што ќе ми е џип кој за една недела може да потроши бензин кој ќе ми ја „изеде“ целата пензија, што ќе ми се други возила и пари ако морам да се разделам од мојот надобар другар и пријател. Но не беше тоа во прашање, кога ми нудеа пари или други возила за моето фиќо мене срцето почнуваше да ме боли. Како да се разделам од најдобриот мој другар, од најверниот пријател со кој, на времето на одмор со сега покојната ми сопруга Лилјана си патувавме до Дојран и до Јадран, со него ја прошетав цела наша Македонија и видов многу убавини во татковината, се прашува Трајче Арсов, сопственик на фиќо кое привлекува многу внимание.

Емотивно сум врзан за моето фиќо. Тоа е љубовна приказна која трае цели 56 години. И кога некој ќе дојде и ќе побара да го купи зашто собирал стари, раритетни возила мене срцето ме заболува. Како да го продадам фиќото во кое се сите мои спомени, од одење на одмор низ цела поранешна Југославија и патување до сите убавиви места во мојата Македонија. Неговото фиќо е едно од ретките преостанати во нашата држава на кое вратата му се отвора наназад, што е многу поразлично од новиот тип на ова возило па и од сите други возила. Но, на Трајче од Ново Село баш тој елемент му е заштитен знак на неговото возило. -Цели педесет години фиќото си го возев со неговиот прв и оригинален мотор. Но, пред шест години морав да го сменам зашто од многу работа и тоа си посака да оди во пензија. Ако можам јас во пензија зашто па не и мототорт на фиќото. Па и тој си има душа, вели Трајче кој денес своето омилено возило го вози најчесто на релација Ново Село-викенд населба Плуждино каде има

Тој своето возило го регистрира без проблем и денес. Води сметка на него се да биде во најдобар ред. Трајче вели дека никогаш во изминатите 56 години колку што е возач на своето единствено возило кое го имал во животот не направил никаков сообраќаен прекршок. Ги почитува сообраќајните правила и прописи и се грижи неговото фиќо секогаш да е во ред во секоја смисла. -Ќе го возам се додека може да се регистрира или се додека ја сум во состојба да возам. А потоа фиќото ќе си стои во мојот двор на викендицата, ќе си го гледам и преку него ќе ми се враќаат спомените на мојот живот, вели Трајче Арсов.


20

У

Кадетите на одбојкарскиот клуб „Штип УГД“ станаа прваци на Македонија СПОРТ

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

ште еден голем успех на штипскиот спорт. Кадетите на одбојкарскиот клуб „Штип УГД„ станаа државни прваци откако на завршниот турнир во Струмица, во финалето ја совладаа екипата на „Весна“ од Пробиштип со резултат 3:1. -Екипата ја сочинуваат играчи на возраст до 16 години. До пред една година тие се натпреваруваа во младинска конкуренција кога беа државни прваци И во оваа категорија, па откако согласно годините ја надминаа младинската категорија поминаа во кадети, конкуренција во која ќе настапуваат и во наКадетите беа примени и на успехот им честита редните две годни, ни изјави Меградоначалникот д-р Сашко Николов тоди Папаров, секретар на ОК „Штип УГД“. го донесоа пехарот кој говори дека се најдобри во Да се биде во одбојката пред Струмица, Скопје својата конкуренција во Македонија. и Тетово кои се најпознатите одбојкарски центри во -Михајло Мирасчиев е посебен талент, како родржавата навистина е извонреден успех за кој каде- ден е за овој спорт, на овие години висок е околу два тите и сите кои работат во клубот ги заслужуваат сите метри и пред него е голема иднина ако продолжи со пофалби, го заслужуваат сиот наш респект. -Играме натпревари во сениорска, младинска и кадетска конкуренција, Сениорите како и младинците годинава ги освоија шестите места во својата катего-Михајло Мирасчиев е посебен талент, рија. Вкупно во трите категории имаме околу 30 члекако роден е за овој спорт, на овие нови, тоа е поради корона кризата, кога пандемијата ќе си помине бројот на оние кои ќе ни се приклучат на години висок е околу два метри и пред тренинзите ќе биде значително поголем. Трениравме и него е голема иднина ако продолжи со игравме во салата „Јордан Мијалков“, но кога оваа одбојката. Тој влезе и на поширокиот сала беше претворена во вакцинален центар во пресписок за А репрезентацијата на срет ни излезе градоначалникот и директорот на гимМакедонија, што говори за фактот дека назијата „Славчо Стојменски“ каде моментално ги е многу ценет од стручната фела, вели одржуваме тренинзите, вели Папаров. Папаров. Тој ја истакнува одличната соработка која ОК „Штип УГД“ ја има со градоначалникот д-р Сашко Николов, со Советот на Општина Штип и комисијата за спорт. Во клубот се благодарни на поддршката која ја добиваат од локалната власт и се надеваат дека во тој стил ќе продолжи соработката. одбојката. Тој влезе и на поширокиот список за А реПретседател на клубот е Ванчо Санев, тренери презентацијата на Македонија, што говори за фактот се Љупчо Зенделов и Кристијан Ристевски, а секретар дека е многу ценет од стручната фела, коментира Пае нашиот соговорник Методи Папаров. паров и додава дека меѓу кадетите има и други многу -Михајло Мирашчиев, Давид Киров, Трајче Бар- талентирани деца кои се иднината на штипската и мабареев, Реџеп Мустафов, Филип Пуздерлиски, Филип кедонска одбојка. Трајанов, Драган Гаќев, Кире Гелев и Александар Стојчев се момчињата од кадетската екипа која на Штип и


ФК Брегалница на својата 100 годишнина си го врати прволигашкиот статус

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

Ш

СПОРТ

типскиот фудбалски миленик, ФК Брегалница, од идната сезона ќе игра во елитното прволигашко друштво на Македонија. Брегалница оствари неверојатен резултат од 23 победи, четири нерешени и ниту еден изгубен натпревар во Втората лига Исток. Ваков резултат не е остварен во ниту било која друга лига во фудбалска Македонија.

21

Во меѓувреме ќе се интензивираат работите на стадионот. Западната трибина финансирана од ФФМ која ќе има удобни места за 2.400 гледачи треба да биде завршена за 18 месеци од кои 5 месеци се веќе поминати. Ќе се гради и нова источна трибина со 2.000 седишта што е обврска на Општина Штип. Сето ова посебно добива на значење ако се има во

Капитенот Ристе Наумов со пехарот Зад овој успех стојат двајцата акционери во клубот, познатата компанија Кит Го и Општина Штип. Кит Го поседува 51 процент од акциите во клубот и со тоа е доминантен сопственик кој вложи многу пари, енергија, љубов и емоции во овој голем успех на Брегалница. Според Елмир Мандак, претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип и поранешен фудбалер на Брегалница, за успешно натпреварување во Првата фудбалска лига ќе биде потребно клубот да се поднови со 7-8 нови фудбалери од кои 4-5 ќе бидат странци. Со поголем дел од нив се преговара и сигурно е дека ФК Брегалница во Првата фудбалска лига ќе биде многу посилен клуб, а штипјани пред се ќе можат да гледаат многу поинтересен и повозбудлив фудбал. -Целта на акционерите не е само клубот да остане во Првата лига туку и да се бори за излез на европските фудбалски терени. Ако во првата година ќе се оди на поставување на темелите на клубот, во втората ќе се атакува на место кое води во Европа, вели Мандак.

На прием кај градоначалникот д-р Николов

предвид фактот дека година ФК Брегалница слави 100 години од постоењето. Раководството на клубот и Општина Штип веќе работат на организација на вистински спектакл со гостување на реномиран клуб од бивша Југославија. Во моментов се преговара со НК Хајдук-Сплит, град со кој нашиот Штип одамна е збратимен.


РАЗОНОДА

22

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

ВИЦ ПО ВИЦ

Студент уловил златна рипка. Рипката му рекла: „Пушти ме и ќе ти исполнам една желба“. Студентот зачудено ја запрашал: „Како една, нели се три желби?“ На тоа рипката одговори: „Еее, сега е по Болоњскиот систем“

Професор по хемија ги прашува студентите: „Плинот во оваа боца е смртоносен. Во случај да се ослободи, какви чекори би презеле?“ „Долги, многу долги!“, му рекол еден студент.

Студент полага испит на правен факултет. Професорот го прашува: „Која е најголемата казна за бигамија?“ Полагаат студентите усен испит. За тоа време „Две тешти“, одговора студентот. професорот се клател на столчето, па во еден момент столчето се скршило и професорот паднал на подот. Отишол богат студент на испит, па професорот го Студентот не можел да издржи и започнал да прашува: „Каде е фрлена првата атомска бомба?“ се смее. Професорот, полека станувајќи и чистејќи го Студентот немал поима, па затоа му платил на костумот му рекол: професорот за да го положи. Другиот ден доаѓа „Ех колега, денес паднавме и двата!“ сиромашен студент за полагање на истиот предмет. Професорот го прашува: „Каде е фрлена првата атомска бомба?“ „Хирошима и Нагасаки“ Му објаснува искусниот и постар студент на неговиот „Кога?“ цимер бруцош: „Знаеш, на факултет најтешки се „Во 1945 година“ првите 3 години, а тогаш кога ќе стигнеш втора „Колку луѓе загинале?“ година, се` ќе биде полесно!“ „3 милиони“ „Имиња колега, имиња!“

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 28.05.2021 година Тираж: 1.000 примероци

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


ЕНИГМАТИКА

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111

23

!

"

#

! $

% &

'

!

"

! (

!

)

#

"

* " +

( !

, ,

" $

.

/

3

- .

/

0 1 2

$

4 /

+ $ 6

+

+

/

) / 6

,8

7

- 0 !

.

-

"

!

: "

+

/

.

.

!9 1 2 ) + " !

!

6

6

+ 1 2 4

" ! 3

+ ' ,

7

" 4

) /

5 $

9

1 2 ,

.

, !

4 ,

6

5 , ! !

!

5

3 :


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Maj, 2021 br. 111


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.