Skip to main content

Stipski Glas br. 109

Page 1

Здравко КОЦЕВ, нов директор на ЈП „Исар“

Гарантирам чист град, квалитетно водоснабдување, многу зеленило, уредени Градски гробишта...

Сашко МИЛАДИНОВ, сопственик на конфекцијата Албатрос

Приказна за браќата Миланови, кои го создадоа еден од најдобрите автолакерски сервиси во државата

Текстилната индустрија на Македонија и има донесено 10 милијарди евра, оваа гранка нема да умре Најмладите бербери од најубавиот берберски салон во градот ● Точно е тоа дека поради пандемијата работите не стојат добро, но сите стабилни фирми и во овој сектор ќе го преживеат овој драматичен момент од нашата сегашност и во услови кога работите ќе се нормализираат ќе си ги вратат старите позиции и успешно ќе работат, а се наддевам и ќе ги шират своите капацитети. Јас би рекол дека оваа гранка, и покрај сите непогоди, здравствени, економски и секакви други нема да умре.


2

1

N

Од мој агол

Котење на шарлатаните Иван Бојаџиски

Од почетокот на месец март, минатата година, па се до овој миг човештвото го живее „новото време“. Иако сите предвидувања беа дека со секој нов ден животот ќе станува се поубав и се почовечен, се случи спротивното. Ковид 19 не стави во принуден „затвор“, ни ја одезеде радоста на слободата, од нас направи загрижени луѓе за себе, а уште повеќе за здравјето на најмилите но и на пријателите. Ја загрози индустријата, ги доведе во прашање стопанските фирми, а преку нивната траума од неможноста нормално да произведува и продава доведена е во прашање и егзистенцијата и социјалната сигурност на милиони семејства. Светот, во изминатите 365 дена не е ист. А дали ќе се врати во нормала, и по тоа прашање нема јасен одговор. Иако надежта е сеуште тука. Зашто надежта е таа која последна умира. Ние, а и светот чиј составен дел сме, можеби ќе можеше досега да го затвори ова лошо поглавје од својата историја и животот пак да си продолжеше во нормала ако сите ги почитувавме мерки кои дојдоа од единствено повиканите, а тоа се здравствените експерти. Но, добар дел од народот, и во вакво тешко време, ја покажа својата неодговорност. Ја отфрли науката, ги прифати „советите“ на шарлатаните и се препушти на (не)милоста на вирусот. Некои тоа го платија и со најскапоценото нешто – животот. Неверојатно е колку во ова време на пандемија се изнакотија шарлатани. Тие знаеја и знаат се: и дека вирусот не постои, и дека е тоа заговор на најбогатите во светот кои само сакале да ја „исчистат“ земјината топка од преголемиот број жители за да имаат уште пари (како милијардите да им се малкју!), дека е во прашање Трета светска војна смислена во Големата лабораторија на големите светски богаташи. Таквите советуваа да не се носат маски, да не се мијат раце, народот да си прави групировки и да не се откажува од никакви свои стекнати задоволства... Нивните совети всушност беа повик на тешка загроза на нашите животи. И токму поради ова во овој број на Штипски Глас почитувани читатели, помеѓу другите четива од значење за нашиот град и за нас самите, донесуваме анализа на сите епидемии кои го погодиле Штип низ неговата бурна историја. Нашата соработничка Елена Јосимовска на еден фантастичен начин ги опишува траумите на градот и неговите жители во периодите кога тука царувале големите зарази. Последиците од заразните болести Лепра, Колера, Големи сипаници (Вариола Вера) и други го опустошиле градот. Текстот на Јосимовска мора да се прочита и да биде сфатен како голема опомена дека со заразните болести не смее да има играчка. Дека мора да се почитува науката, а не шарлатанството. Во спротивно ќе продолжиме да ја плаќање најголемата и најскапа цена, а тоа се нашите животи и животите и здравјето на оние кои најмногу ни значат.

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

2

Кога овој весник ќе го имате в раце врeмето за попис ќе биде започнато. Попис ќе имаме по пауза од две децении. Конечно ќе дознаеме колку не има, која етничка заедница со колку луѓе е застапена што во нашите политички услови е искчучително битно прашање. Ќе го знаеме и бројот на нашите домаќинства и бројот на становите. И уште мал милион сознанија за нас самите ќе добиеме откако ќе биде завршена најважната статистичка операција за секоја држава и откако ќе бидат ставени на хартија сите податоци. Власта е за, опозицијата е против пописот. И едните и другите нудат свои аргументи. Во нашата мила Македонија-позната работа. Власта и опозицијата не успеале досега да се договорат за ниту една работа од значење за сегашноста и иднината на нашата држава. Понекогаш кај мене се создава впечаток дека инспирацијата за приказната за двата коча кои се сретнале среде мост направен од една греда па никој не сакал да попушти авторот ја нашол во нашата политика. А крајот на оваа приказна е познат: откако со часови се туркале со роговите, и двата коча паднале во реката. Договор на политичките парти и тоа не само за пописот туку и за многу други важни работи за иднината на сите нас е неопходен. Во конкретниот случај лично сметам дека квалитетен попис може да се направи и во услови на пандемија. Светот измислил начин како да се заштитиме едни од други. Попишувачи од попишани. И тука нема некоја голема тајна. Нема голема приказна. Ова со пописот е многу важна работа зашто неможноста (или неспособноста) да се договориме за било што значајно упатува на фактот дека ние попис нема да можеме никогаш да направиме. Дека ќе си останеме последната држава која не знае ништо за себе. А тоа не е добро и со таква стратегија не може да се гради иднина. Затоа да го направиме пописот зашто без сознанијата за себе нема да стасаме никаде.

3

Во Штип науката живее. Предводник на ова поле кое го менува светот е Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој работат на десеттици научници. Тие, низ секојдневието, покрај тоа што образуваат и воспитуваат генерации млади, се бават и со научна дејност. А тука се и наши инспирирани од науката стопанственици кои заедно со научниците од Универзитетот создаваат нови вредности за какви досега не сме слушнале. Преку една таква дружба на науката и стопанството се создава една нова иновативна приказна во нашиот град. Двајца вработени на Универзитетот и фирмата „Еко Солар“ работат на проект за создавање машини и опрема кои ќе овозможат производство на чипс од јаболка. Нешто што кај нас сега го нема. Експериментот е во напредна фаза, а Штипски Глас кој донесува текст за овој настан им посакува многу успех и посакуваме преку овој проект да го прослават нашиот град.


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

РАЗГОВОР

Здравко КОЦЕВ, нов директор на ЈП „Исар“

3

Гарантирам чист град, квалитетно водоснабдување, многу зеленило, уредени Градски гробишта...

З

дравко Коцев, 60 години, м-р по безбедност е новиот директор на ЈП „Исар“. На оваа функција Коцев се враќа по пауза од петнаесет години кога на 45 години возраст за првпат раководеше со најважното штипско јавно претпријатие. Одлуката за промена на најважната функција во ова јавно претпријатие, како впрочем и во ЈП „Стипион“ е на градоначалникот д-р Сашко Николов. Со Коцев го имавме првиот поголем разговор за некој медиум во нашата општина. Г-дин Коцев, седнавте на жешкото столче по пауза од петнаесет години. Дали ова не е ви предизвикува голем притисок во вршењето на одговорната функција? -Можеби е така, но јас сум навикнат да работам под притисок. Мојот начин на размислување е таков, под притисок бев и во спортот-борењето, а сега сум под притисок и на оние кои веруваат но и на оние кои не евруваат во мене. За мене светол момент е фактот дека и по 15 години најголем дел од штипјани веруваат во мене, во моите способности и квалитети да раководам со ЈП „Исар“. Некако ми импонира но и ме обврзува на успеси сознанието дека сум единствениот директор кој на двапати се враќал на оваа функција. Тоа е комплимент но и силна обврска која ми ја наметнуваат граѓаните, а која јас не смеам да ја изневерам. И преку вашиот весник ветувам дека верувањата во мене нема да бидат изневерени. Што од луѓе, кадар затекнавте денес? Дел се вработени кои овде ги „оставив“ пред 15 години но поголем дел се нови лица. Јас им верувам на сите дека си ја сакаат работата и дека одговорно ќе си ја извршуваат. Имам спремност и знаење да ги мотивирам и стимулирам на добри резултати, секој вработен е обезбеден со средства за работа, а од секого поединечно зависи дали на крајот од месецот ќе си ја добие заслужената награда. Со кого прво се сретнавте во претпријатието и за што разговаравте и се договаравте? -Поради ковид состојбата средбите ги правам парцијално. Со оние групи со кои имав средби се договоривме за начинот на работа и за она кое јас и градот од нив го очекуваме, им кажав дека ќе има голем број измени во начинот на извршување на задачите, а се поради задоволството на граѓаните. Информирав дека е пожелно секој раководител да дава свои идеи, да биде креативен зашто само така бргу ќе дојдат резултатите. Колкав е бројот на вработените во ЈП „Исар“ и каков ќе биде нивниот ангажман со оглед дека доаѓа пролетта кое е време кое предизвикува на големи остварувања? -Имаме околу 300 вработени, неопходна и е најдобра организација, секој да е на местото за кое може да даде најдобри резултати, само така ќе можеме квалитетно да ја „покриеме“ сета наша активност. Точно е, доаѓа пролетта а

по неа и летото, време во кое во делото на јавното зеленило ќе имаме значително зголемени активности, во однос на оваа дејност имам големи планови но сега не сакам да ги откривам. Во време кога активностите на терен тоа ќе го бараат ќе ангажираме и работна сила од социјално ранливи категории. Колку јавното претпријатие денес, петнаесет години по Вашето прво раководење, е пообезбедено со машини и опрема? -Мислам дека во овој сегмент има доста квалитетно подобрување. Денес ги имаме на располагање новите камиони од проектот за регионалната депонија , тука состојбата е многу подобра, но во еден друг дел, кај цистерните за миењње на улиците и други јавно прометни овршини како и канал џет (возило за чистење на канализацијата) сме „тенки“ и такви возила мора да набавиме. Има(ше) тврдења дека ЈП „Исар“ е и полигон во кој, за работно време, многу се „бистри“ политика. Вашиот одговор на една таква состојба под услов таа да е точна? -За мене сите вработени во претпријатието се исти. Одамна знам, имам големо искуство, дека на политиката не и е место во претпријатието. Секој што ќе се обиде, додека е на работа, да наметнува политички муабети под итно ќе мора да си оди дома. Сите тука мора да сватиме дека ЈП „Исар“ е претпријатие на граѓаните, дека ние сме тука поради нив, дека имаме обврска во многу сегменти градот да го одржуваме во добра состојба, чисти улици и јавни простори, миење на улиците, одржување на старото и ново зеленило, одржување на филтер станицата, рени бунарите, градските гробишта...Имаме сите ние на што да се посветиме во текот на нашето работно време, политиката не е на списокот на таквата „посветеност“. Откако дојдов за дирректор, во првите три дена, наредив улиците да се чистат од 23 часот навечер до рано наутро, а не тоа да се прави кога луѓето веќе одат на работа. Ја осознавте ли финансиската состојба? -Не, сеуште немам целосна слика за финансиите, три дена како сум овде, а ние правиме интервју, но добро знам дека една од рак раните ни е кредитот земан од многу одамна, кредит кој се провлекува со децении, кој со камати достигна вредност од 280 милиони денари. Претпоставувам дека штипјани се сеќаваат на периодот 2005-2007 година кога изготвивме санациона програма со која се планираше кредитот да се затвори во целост, да дојдеме на „0“ со продажба на дуќани кои претпријатието ги имаше, а од кои немаше многу потреба. Но, кога та програма ја презентирав пред Советот на општината тогашните советниги го одбија предлогот за по некое време, кога во ЈП „Исар“ дојде директор од ВМРО ДПМНЕ ги продадат дуќаните но со парите не се отплати кредитот туку тие беа потрошени за разни нешта. Затоа сега овие 280 милиони денари се голема тежина која треба, на некој начин, да се решава.


4

Текстилната индустрија на Македонија и има донесено 10 милијарди евра, оваа гранка нема да умре

С

ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Сашко МИЛАДИНОВ, сопственик на конфекцијата Албатрос

ашко Миладинов е сопственик на конфекцијата Албатрос. Во интервјуто кое го правиме поради зачестените, а непотврдени информации дека на текстилот во нашата држава црно му се пишува, што би значило „тури му пепел на Штип“, Миладинов говори за значењето на оваа трудоинтензивна стопанска гранка за нашата економија и за социјалниот живот на околу 35.000 семејства во државата, и посебно за значењето за Штип како град на текстилот. Во Штип во текстилните фирми денес има околу 6.000 вработени, а пред пет години ги имало 7.800. Г-дин Миладинов, првиот одговор кој го бараме од Вас како искусен стопанственик во текстилниот сектор е дали е точно тоа дека на текстилот кај нас црно му се пишува? -Мојот категоричен одговор е дека тоа не е вистина. Точно е тоа дека поради пандемијата пред се работите не стојат добро, но сите стабилни фирми и во овој сектор ќе го преживеат овој драматичен момент од нашата сегашност и во услови кога работите ќе се нормализираат ќе си ги вратат старите позиции и успешно ќе работат, а се наддевам и ќе ги шират своите капацитети. Јас би рекол дека оваа гранка, и покрај сите непогоди здравствени, економски и секакви други нема да умре. Некои анализи и истражувања говорат дека бројот на вработените за последните десет гоини во овој сектор во државата е намален од 40.000 на околу 30.000 работници. Ако тоа е така, што вам ви говори овој податок? -Албатрос пред десет години имаше околу 500 вработени, денес таа бројка е намалена на 260 лица. Како дојде до тоа? Трошоците на работа во конфекцискиот сектор за овие десет години значително се зголемија додека цената по единица производ која ни ја плаќаат странските партнери постојано се намалува. Во такви услови ние бевме присилени голем дел од работата која ни се нудеше да ја одбиеме зашто таква работа воопшто не ни беше исплатлива. Во ова меѓувреме Владата ја зголеми минималната плата за 50 проценти па на оние работници кои од разни причини заработуваа само минимална плата моравме да и

надоместуваме. Тоа пак доведе до разочарување кај добрите работници чија плата изнесуваше 17.000 денари, а која плата тие со својот труд, умеење и квалитет на работа си ја заслужуваа. Тоа разочарување кај извесен број вработени ја намали мотивацијата. Но, Албатрос е стабилна фирма која има минато, сегашност и иднина, па за да опстоиме и за вработените на време да си ја добиваат платата моравме да земаме кредити. Веќе една година на оваа појава влијание има и короната поради која имаме намален обим на работа. Јас сум сепак оптимист дека доаѓаат подобри денови и дека она за кое се задолживме кај банките навреме и ќе го вратиме, на вработените и во иднина ќе можеме да и ја исплатуваме заработената плата и другите со закон донесени принадлежности.

ПАРИ....За триесет години нашата текстилна индустрија на Македонија и има донесено 10 милијарди евра, 80 проценти од овие пари одеа на плати на вработените, со што социјална сигурност се обезбедуваше за 40.000 семејства.

Каде заминаа работниците кои си отидоа од конфекцијата? -Некои заминаа во пензија, дел напуштија во надеж дека ќе најдат подобра работа во странство или дома но на некое друго место, на дел работници поради намалена работа во услови на пандемија не бевме во можност да им ги продолжиме договорите. Сепак имаме ситуација кога дел од оние кои сами си заминаа во надеж дека некаде подобро ќе се снајдат пак се вратија и бараат одново да ги вработиме. Ние денес немаме никаков проблем во однос на обезбеденоста со работна сила, јас верувам дека кога работите ќе се вратат во нормала од апсект на пандемијата оние околу 1.000 работници кои си заминаа од конфекциите во Штип пак ќе си се вратат во нив или на нивни места ќе дојдат други, помлади лица. Говорите за плата во конфекција, бидејќи и по тоа прашање во нашата јавност има многу ин-


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

ИНТЕРВЈУ

формации и шпекулации, ќе ни откриете ли која е просечната плата во Албатрос која ја заработуваат поголемиот дел од работничките? -Просечната плата во нашата конфекција изнесува 19.000 денарии таа редовно и во полн износ се исплатува. Тоа е лесно проверливо. Кога се говори и пишува за текстилот кај нас и за проблемите во овој битен стопански сектор, многу често се споменуваат и состојбите на светско ниво. Се говореше и се говори дека вашите западни партнери го селат бизнисот во држави кои на работниците можат да им дадат пониски плати. Колку тоа и денес е актуелна тема? До пред некоја година тоа беше така но последниве години работите се менуваат. Кина економски многу напредна, Индија и Бангладеш исто, а во овие држави, поради ниските плати се селеа дел од нашите партнери. Денес и таму многу се сменети работите, во овие држави повеќе никој не работи за така ниски плати, и квалитетот на работата значително е зголемен. Во Арапските емирати е подруга ситуацијата, таму нема пензија, фирмите немаат обврски да плаќаат пензиско осигурување на работниците, да даваат годишни одмори подолги од пет дена и слично. Ние пак имаме европски сертификати кои не обврзуваат да ги почитуваме европските закони во однос на плати, придонеси, годишен одмор и слично. На нашите европски партнери тоа им е многу важно зашто тие сакаат да работат во земји во кои бизнисот го почитува законот. Од наше искуство можам да кажам дека дел од нашите деловни партнери ја продолжија соработката со Албатрос, дел ги намалија нарачките но и дојдоа нови партнери за кои денес работиме.

ПРЕВОЗ...Намален е бројот на вработени од блиските општини поради тоа што нема јавен превоз, на транспортните фирми не им се исплати наместо по 50 да возат по 25 лица во автобус, на конфекциите не им се исплати да плаќаат полупразни автобуси. Неопходен е организиран меѓуградски превоз за работници, ученици и студенти.

Дали значењето на текстилот како стопанска гранка за која се вели дека е со ниска акумулација можете да ни го доловите преку некои бројќи? -Апсолутно. Според една груба пресметка текстилниот сектор на државата годишно и носи по околу 300 милиони евра девизен прилив. За триесет години тоа е сума од импозантни околу десет милиони евра. Тој девизен прилив го создала индустрија која не е никаков потрошувач на девизи зашто се работи за лон производство во кое странскиот партнер си обезбедува сé што е протребно да се добие еден квалитетен производ. Нашите пресметки говорат дека 80 проценти од овој девизен прилив отишол за плати на вработените со што во изминатите три децении е обезбеден социјален живот за 40.000 домаќинства во државата.

5

Се доскора штипските текстилни капацитети носеа работници и од блиските општини, пред се од Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево...Каква денес е состојбата со оглед на намалениот број вработени во оваа индустрија? Добро е што го поставувате ова пршање зашто моите одговори ќе бидат упатени и кон нешто кое

И ПОКРАЈ СЕ...И покрај сите непогоди, здравствени, економски и секакви други, оваа стопанска гранка нема да умре, а Штип уште долго време ќе си биде царството на текстилот од кој социјално ќе опстојуваат најголем број семејства.

треба да го среди локалната самоуправа. Имено, дакт е дека доскора од регионот имавме многу работници кои работеа во штипските конфекции, но факт е и тоа дека нив се помалку ги имаме. Зошто е тоа така? Проблемот е во немањето организиран јавен превоз. Во услови на пандемија во еден автобу кој може да превезува 50 лица можат да се возат помалку од половина. Тоа на превозниците воопшто не им се исплатува, а не ни се исплатува ниту на нас. Иако од регионот, од населените места од други-блиски општини имаме барања за работа, ние сега не сме во состојба позитивно да одговориме, барем не се додека состојбата со пандемијата не се надмине. Проблемот е во тоа што ние немаме организиран јавен транспорт. Пробиштип, Кочани, Свети Николе од Штип се оддалечени само по 30 километри. Во Скопје од Радишани да тргнете кон центарот на градот ќе ви треба повеќе време за патување отколку од овие градови до Штип. Таков превоз ни е неопходен зашто тој ќе биде од корист и за работниците (стопанството) и за средношколците и студентите (образованието).


Општина Штип во 2020 година имала 47.796 жители и 3.205 станови повеќе од домаќинства

6

ПОПИС 2021

О

{tipski Glas, Mart, 2020 br. 109

д пети до 30 септември 2021 година во нашата држава ќе се изврши попис на населението, домакинствата и становите. Оваа статистичка операција е рентгентот на нашата националлна заедница и од неа, покрај другото, ќе се дознаат и трите најзначајни нешта, а тоа се бројот на жителите, на домаќинствата и на становите. Попис во Македонија се прави после цели две децении. Во ова меѓувреме имаше обиди да се спро-

Албанци – 12 или 0,03 проценти; Бошњаци – 11 или 00,2 проценти и Останати – 265 лица или – 0,55 проценти.

веде оваа статистичка операција без која една држава не може да планира ништо зашто не знае на што е, но тие обиди завршија неуспешно. Со овој текст-потсетување сакаме да информираме за тоа што имавме во нашиот Штип во 2002 година кога е правен последниот попис.

Протестанти – 5 и Останати – 1406 лица.

Во пописната 2002 година верската застапеност била следна: Православни христијани – 42.755 жители; Муслимани – 3.555; Католици – 75;

Општина Штип пред дваесет години имала 45 населени места заедно со градот.

Инаку, она кое друго треба да се знае за опВо таа година Општина Штип која зафаќа по- штината во која живееме е и следново: вршина од 584,24 километри квадратни имала: Средната надморска височина на општина Штип е 250 метри. Број на жители - 47.796, Општината се одликува со планински и ридски рељеф, Густината на населението на територијата на општи- а климата во 2002 година била умерено континенната била 81,95 жител на километар квадратен. тална. Просечната годишна температура тогаш била – 12,9 Тогаш нашата општина имала: целзјусови степени. 15.065 домаќинства и Во Штип дури 270 денови во годината имало воздушно 18.270 станови. струење и затоа се вели дека Штипе град во кој неТоа говори дека во општината сме имале 3.205 ста- престано дува ветер.Всушност, ветерот дува речиси нови повеќе отколку домаќинства. преку цела година.

Во таа година националната структура на населението била: Македонци-41.670 жители или во целокупната структура на населението македонците учествувале со 87,19 проценти; Роми – 2.195 или 4,59 проценти; Власи – 2.074 или 4,34 проценти; Турци – 1.272 или 2,66 проценти; Срби – 294 или 0,62 проценти;

Во Општина Карбинци во 2002 година се попишани:

Жители – 4.012 Домаќинства – 1.212 и Станови – 1.466 И во оваа општина регистрирани се 254 станови повеќе од домаќинства.


80 години од бомбардирањето на Штип

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

К

НАСТАН

ако што времето одминува така и ние се помалку знаеме за неделното утро на 6 април 1941 година, кога пред точно 80 години штипското небо го засениле германските бомбардери. Причината, за да не биде избришано сеќавањето на тој страшен ден од штипската историја, е уште поголема и поради фактот што и тие што го паметат овој трагичен настан еден по еден, полека си заминуваат. По бомбардирањето на Штип во Првата светска војна на 27 септември 1918 година ова беше второто негово огнено крштевање. Авионите во недела наутро, на тој кобен 6 април, најнапред смртоносниот товар го истуриле на кејот на реката Отиња и врз тогашната Соколана, денес зграда на Народниот театар, во која биле стационирани две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на кралска Југославија. На оваа зграда е поставено и спомен обележје каде секоја година се одбележува годишнината на 6 април 1941. Во тој прв налет на бомбардерите загинале околу 150 војници и офицери, а голем број биле ранети. Во вториот налет кој се случил половина час подоцна, авионите го бомбардирале Исарот, Горно Маало, Тузлија, Грнчарското Маало. Загинале 54 граѓани, 22 биле ранети, а десетмина се водат за исчезнати.

7

управник на оваа болница, д-р Ѓорѓи Чернев. „.... Ве известувам дека веднаш по пристигнувањето во Штип ја посетив болницата при што констатирав дека истата е целосно уништена од бомбардирањето. Од персоналот загинати се: аптекарскиот помошник Славко Манев, писарот Коце Пецков, а управителот д-р Тома Дендру е тешко ранет. По бомбардирањето, градот неколку дена бил жртва на пљачкосување, при што голем дел од инвентарот е однесен..... Интересно е сеќавањето за овој настана на нашиот 89 годишен сограѓанин Ангел Дериволов што го запишал новинарот Љупчо Шатевски ...... Имав 11 години. Кога почна бомбардирањето бев во дворот на црквата на Исарот, познатото штипско возвишение и населба каде што живеам, покрај мојот 18-годишен брат Ванчо и уште неколкумина младинци кои ракуваа со сирената за тревога. Авионите жестоко го нападнаа Исарот, бидејќи на врвот имаше воена единица со топ која пукаше по нив. Во кругот на црквата паднаа четири бомби. Загинаа брат ми и уште еден негов другар. Јас бев тешко ранет ....... Петар Веселинов на Фејс бук, на страната Штип некогаш и сега напиша ....На 6 април Штип е бомбардиран, најповеќе жртви имаше кај денешниот театар. Загинале и неколку гулабари на скалата од крајот на сегашната зграда каде изгорела и нашата куќа. Затоа

Во првиот налет на бомбардерите загинале околу 150 војници и офицери, а голем број биле ранети. Во вториот налет кој се случил половина час подоцна, авионите го бомбардирале Исарот, Горно Маало, Тузлија, Грнчарското Маало. Загинале 54 граѓани, 22 биле ранети, а десетмина се водат за исчезнати.

Не била поштедена ни штипска болница која била преполна со теши болни. По 6 април 1941 година штипската болница засекогаш престанала да постои на тоа место. Точниот број на загинатите тој ден никогаш нема да се знае зошто целокупната документација за болните што во тој момент се наоѓале на лекување речиси целосно била уништена. Слика за состојбата во својот Извештај до главната дирекција во Софија ни дава ново назначениот

едно време нашето маало се викаше изгореното маало. Во нашата куќа немало жртви но имало лесно повредени. Оваа информација ми е од тетка ми Ката која лично ми ја раскажа целата вистина. На истото место потешко била ранета баба Роза Самарџиска, која цел живот го носеше парчето метал од бомбата во својата нога. Ова е приказната за 6 април 1941 година што младата популација треба да ја знае. Историчарите велат дека оној што не ја познава сопствената историја таа постојано ќе му се повторува. Не дај Боже! Елена Јосимовска


8

Со Еко Солар работиме на проект за правење чипс од јаболка ИНОВАЦИИ

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

М-р Васко ЗЛАТКОВСКИ, советник за наука на Универзитетот „Гоце Делчев“

рање на т.н. применливи истражувања. Пред 14-15 години, при Министерството за образование и наука, Во прашање е уште еден одличен спој како и при други министерства постоеја позиции во буна науката и стопанството кој може џетот, со кои се поттикнува академските институции да во голема мерка да им помогне на соработуваат со претпријатијата во насока на примена производителите на „кралицата на на нова технологија или во изнаоѓање решенија за некои технолошки проблеми или технолошки унапреовошјето“. дувања. Согледувајќи ја технолошката заостанатост на нашето стопанство (ниско ниво на иновации и примена озитивна синергија помеѓу науката и стопан- на висока технологија), државата, преку ФИТР отвори ството е на повидок да даде уште еден одличен можност за финансирање на соработка помеѓу акарезултат. Научници од Земјоделскиот факултет демските институции и реалниот сектор, каде се созпри Универзитетот „Гоце Делчев“ и познатата фирма дава вредноста. По пат на ваучери, претпријатијата ЕкоСолар чие седиште е во Караорман, се обединија можат да им пристапат на универзитетите/факултетите на заеднички проект – производство на чипс од јабол- и да побараат решение за некој свој проблем или да ка. Васко Златковски, м-р по земјоделски науки-орган- побараат подобрување на некој свој постоечки произско земјоделско производство, советник за наука при вод. Порано, ваквите услуги на академските институции претпријатијата ги покриваа од сопствени извори. Сега, на располагање им е инструмент, преку кој можат да изберат институција и истражувачки тим, за кој сметаат дека располага со знаење и вештини да им го задоволи конкретното барање или да им го реши постоечкиот проблем. Но, да се вратам на вашето првично прашање. Идејата за правење чипс од јаболко е на „Екосолар“ ДООЕЛ од Штип, претпријатие кое долга низа на години се занимава со иновативни решенија во производство на опрема која работи на соларна енергија. Еден од нивните последни производи беше Сушница СТ200, Трајков Златковски Д-р Илиева уред кој има широк дијапазон на употреба. Суши јаболко, домати, сливи, УГД и доцент д-р Фиданка Илиевска од Земјоделскиот зеленчук, чаеви итн. Зоран Трајковски, машински инфакултет од страна на науката, а Еко Солар на Зоран женер, сопственик на ова претпријатие пристапи на Трајков, дипломиран машински инженер од страна на тим од Универзитетот „Гоце Делчев“, со интерес за стопанството се здружија на реализација на овој, од проширување на употребната вредност на сушницата, повеќе аспекти важен проект. односно опремата да може да се користи и за произЗа целиот „пакет“ на оваа идеја разговараме водство на чипс од јаболко. И така тргна приказната. со м-р Васко Златковски. Нашето прво прашање е Колку долго трае вашата сорабока со Екосокако се роди идејата за правење чипс од јаболка и лар? комплексот машини за нејзино производство? Со оваа фирма имаме соработка подолг вре-До соработка дојде како резултат на објаве- менски период. И не само во областа на земјоделстниот оглас за поднесување иновативни проекти, кои би вото. Веќе неколку години разработуваме идеи за содобиле финансиска поддршка од страна на Фондот за работка со Универзитетот и во други домени, какви се иновации и технолошки развој. Имено, долга низа на иновативните пристапи во намалувањето на трошоцигодини во државата отсуствуваше начин за финанси- те за загревање на воздух во работна и животна сре-

П


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

ИНОВАЦИИ

дина. Минатиот месец поднесовме токму таков предлог-проект, кој доколку помине, би бил финансиран од страна на проектот Smart4All, проект ко-финансиран од програмата Хоризонт 2020 на ЕУ. Кој е делот кој му припаѓа на научниот тим, а кој дел од проектот му припаѓа на Еко Солар? Мојот дел се состоеше во изработка на Водич за производство органско јаболко. Мојот магистерски труд е токму од областа на органското земјоделско производство, а со таквиот принцип на производство сум во допир уште од 2001 година, кога за прв пат стекнав информации за истото. Сепак, многу поголем удел од мене, во овој проект има доцент д-р Фиданка Илиева од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Токму таа е најзаслужна за развојот на технологијата за добивање на органски чипс, зашто изборот на сорта е во согласност со расположливите сировини, додека успехот за добивање на производ е во директна зависност од правилна примена на низа од чекори и постапки, кои доколку правилно не се изведат, производството на чипс нема да даде никакви резултати. Во светот освен од компир има чипс и од повеќе видови овошје, како во оваа смисла стои светот со производство на чипс од јаболка? Светот одамна прави истражувања на потребите на пазарот и во согласност со вкусот на потрошувачите го нудат тоа што потрошувачот го бара. Значи да, во светот постои чипс од јаболко и може да се најде на полиците од сите поголеми супер и хипер маркети. За жал, кај нас е непознат. А кога би бил, сите количества јаболко кои по завршување на периодот за чување овоштарите ги фрлаат, би биле претворени во производ со висока додадена вредност и би го подобрил ефектот од работата на земјоделското стопанство. Можно ли е производството на чипс од јаболка во нашата држава да тргне од Штип? И што тоа би значело за нашите овоштари? Токму тоа е намерата на „Екосолар“. Погоре спомнав оти раководството асортиманот на производи го раководи со следење на последните достигнувања во науката и техниката и според истражувањата на пазарот, нудат соодветен производ. Сушницата СТ200 е со нешто поголем капацитет од претходните верзии, што ја прави одлична за производство на т.н. специфични земјоделски производи. И, наменета е не само за Ресен, туку и за Малеш, Пијанец, Полог и сите други региони во нашата татковина, каде се одгледуваат јаболка. На сите им е познато дека јаболката се берат кон крајот од септември/почеток од октомври (во штипско) или касен октомври, почеток на ноември во другите региони, се разбира од сортата која се одгледува. Рокот за чување во простории без контролирана атмосфера е краток, а згора на тоа секоја недела одгледувачите мораат да вршат т.н. пробирање на плодовите. Тоа е постапка при која плодовите кои пријавуваат симптоми на намалување на квалитет се отфрлаат, за да не предизвикаат појава на складишни болести на другите плодови и да го уништат целото производство. И не само овие плодови, кои стигнале

9

до крајот на својата употребна вредност. Оние, кои нема да го најдат својот пласман на пазарите, кои имаат помала големина, неправилна форма, на кои отпаѓа скоро 30% од родот, се количеството јаболка кои може да бидат сировина за производство на јаболков чипс и од економска загуба, да носат солидна заработувачка. Кога го започнавте експериментот и до кое ниво сте стигнати? Согласно планот за динамика на одвивање на проектната активност, подготовките започнаа кон крајот од декември 2020 година. Со доцент д-р Илиева ги усогласивме основите на кои треба да почива овој проект, зашто не постои унифициран пристап за изработка на некое решение. Треба да земат предвид низа од фактори кои може да придонесат за успех/неуспех на некој проект. Потоа, секој пристапи кон својот дел од обврската. Јас, за изработка на Водич за одгледување органско јаболко, а доцент д-р Илиева ги истражуваше постоечките технолошки решенија и ги споредуваше според условите со кои ние треба да се сретнеме.

Од страна на науката во проектот се вклучени доц. д-р Фиданка Илиева, професорка на Земјоделскиот факултет и м-р Васко Златковски, советник за наука при УГД. Од стопанството на проектот работи познатата штипска фирма Еко Солар чиј сопственик е Зоран Трајков, дипломиран машински инженер.

Периодот на истражување траеше околу триесеттина дена, ги прибравме потребните сознанија и на нарачателот му претставивме како ние гледаме на можноста со неговата опрема (Сушница СТ200) да се добие чипс од јаболко. Се разбира, нарачателот имаше доста прашања, но и предлози за други постапки, за да на крај ја усогласиме методологијата/технологијата која е најдобра за неговиот вид сушница. Во текот од март, ги направивме потребните практични испитувања, прибрани се податоците за плодовите пред и после сушењето и сега, на ред е нивна систематизација и предавање на наодите од истражувањето до нарачателот. Се разбира, во форма на „Технологија за добивање јаболков чипс со Сушница СТ200“. За крај од овој разговор кога можеме да присуствувам,е на дегустација на чипсот со ознака „Создадено во Штип“? Промоцијата на производот ќе уследи откако ќе завршат сите потребни испитувања. Така, на ред се испитувања за содржина на суви материи, енергетска вредност... и сите други дополнителни истражувања кои се дел од технологијата за пакување и чување. Но, да не заборавиме дека цел на истражувањето е добивање на чипс од јаболко. Не и на негово пакување, чување и употреба. За тоа треба друг вид истражување. Можеби во некоја друга можност.


10

Повеќе пати низ историјата Штип бил главно жариште на епидемии АНАЛИЗА

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Една година живееме со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Но колку и од каков обем епидемии сме имале во Штип, и како населението се носело со нив зборува анализата на Елена Јосимовска.

В

о ова пандемско време кое ни се случува повеќе од една година, неминовно е да го свртиме погледот наназад, во историјата на Штип и да погледнеме во повеќе временски раздобја каде пандемиите биле составен дел од животот. Заразните болести биле верни сојузници на војните, на нехигиената, на сиромаштијата на незнаењето за преносливост на болеста од човек на човека, од животно на човек и обратно но и исконското верување дека болеста е казна од Бога за грешните, земале огромен број на жртви, опустувале цели градови и села па дури поради нив многу од тие населени места биле избришани од географската карта на светот. Ваквата судбина не го заобиколила и Штип, напротив неколку пати во неговата историја бил и главно жариште на епидемии кои во различен временски период само го менувале своето име.

ЛЕПРОЗОРИУМ Карактеристична пандемија во подалечното минато на Штип била тешката заразна болест Лепра. Изворите на денешната бања Кежовица биле лечилиште за нивните рани познато како Лепрозориум. Тоа место било погодно за таквите жители затоа што со реката Брегалница биле во сигурна изолација и тежок пристап до останатото население каде многу векови немало мост и контактите биле невозможни. Карактеристична пандемија во подалечното минато на Штип била тешката заразна болест Лепра. Изворите на денешната бања Кежовица биле лечилиште за нивните рани познато како Лепрозориум. Тоа место било погодно за таквите жители затоа што со реката Брегалница биле во сигурна изолација и тежок пристап до останатото население каде многу векови немало мост и контактите биле невозможни.

Гробиштата од колера во околината на Штип

Друга голема пандемија која донела голема штета на Штип била во време на Австро-Турската војна кога поради црната смрт, како што ја викале чумата, на 10 ноември 1689, со цел да се запре ширењето на болеста австриските војници го запалиле градот кој изгорел до темел. Длабока трага во историјата на Штип оставиле честите епидемии на тешката заразна болест Големи сипаници ( Variola Vera ) која била со голема смртност и тешки последици кај преживеаните. Во Штип до поновите времиња се паметат слепите, глувите и сакатите како последици на оваа болест. Штип во поновата историја преживеал неколку епидемии во времето на војните 1912-1918.

Историјата забележала дека во Втората балканска војна 1913. година, во литературата позната и како Меѓу сојузничка војна, помеѓу Бугарија и Србија, се случила епидемиолошка катастрофа со смртоносната колера што била превисоката цена на бесмислената авантура на завојуваните која неизбежно морало да ја плати и населението во Штип. „Брегалничката епидемија“ како што ја викале тогаш епидемијата од колера, станала синоним за Втората балканска војна. Оваа воено-пандемска година била големо животно искушение за Штип, болеста ја донеле бугарските трупи кои се вратиле од фронтот кај Чаталџа и предизвикале масовно умирање..Штип никогаш не заборавил на дупките со свежо гасена вар каде по наредба на санитетот, за да ја спречи епидемијата, болните ги фрлале во дупките и полу живи. За овој период постојат повеќе сведочења од Штипјани кои денес повеќе не живи.


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

АНАЛИЗА

Според сведочењето на Стојка Шуманска, родена 1906 година во Штип, умрените од колера ги носеле во „ѓубрарски коли“ накај Брегалница, по неколку одеднаш и ги фрлале во специјална дупка со свежо гасена вар. Старите штипјани често пати зборувале дека во дупките фрлале и живи луѓе болни од колера.

11

И тука не бил крајот на епидемиите зашто веќе во 1918 година се појавила Испанската болест, така го викале Штипјани Шпанскиот грип. На светско ниво починале пет милиони жители, бројката за Штип никој никогаш нема да ја знае.

Јордан Делипетров, роден 1913. год. во Штип дава сведочење дека старата штипјанка Стојка Поп Картова во повеќе наврати им раскажувала со грозење дека болните од колера ги фрлале живи во варта. Зорка Симева - Агафина, родена 1903. год. во Штип изјавила: „Во 1913 година владееше колера. Болните паѓаа по улиците. Мртвите ги закопуваа во расадникот. Се сеќавам дека тогаш почина најдобриот другар на татко ми - Ефтим Маѓаро“. Павлина Гуглова, родена 1912. год во Штип запишала: „Нашата куќа беше под црквата св. Илија, до чешмата кај куќата на Наутлисци, јас сум имала една година кога дома сите биле болни од колера. Се лекувале со лук и оцет. Мајка ми ми кажуваше дека домашната порта со денови не ја отварале и биле под клуч од страв да не ги земат, оти болните од колера ги фрлале живи во дупки со вар“.

ЗАПАЛЕН ГРАД Друга голема пандемија која донела голема штета на Штип била во време на АвстроТурската војна кога поради црната смрт, како што ја викале чумата, на 10 ноември 1689, со цел да се запре ширењето на болеста австриските војници го запалиле градот кој изгорел до темел.

Веќе во периодот 1914-1915 во Штип пристигнала новата Пандемија- дамчестиот тифус Тогаш покрај дивизиската болница сите училишта во градот биле претворени во болници, да не зборуваме дека и секоја куќа по одделно била семејна болница. Странските санитетски мисии дале огромна помош на населението кое било на прагот на истребување. Штом стивнала оваа епидемија 1916-1917 пристигнала нова ,овој пат Маларијата. Поради неа долго време биле запрени и воените операции на Македонскиот фронт.

Медицински сестри од странски мисии на главната улица во Штип, 1913 година

Маларијата по Втората светска војна , во секојдневната патологија на штипскиот регион се наоѓала на прво место, и во тоа време била една од нај распространетите болести во светот.Само во штипскиот регион биле регистрирани повеќе од 6.000 болни.

1946 година била вистинска пандемска година, најтешка во XX век со 600.000 заболени или половината жители од Македонија. Каков здравствен проблем претставувала маларијата, може да се процени и од податокот дека од 1908 – 1921 година во струмичкото поле од 500 колонизирани Бошнаци (Муаџири) преживеале само десет старци. Благодарение на современите концепции на нашиот штипјанец д-р Панчо Станчев, што подоцна Светската здравствена организација (СЗО) ги зеде за образец, маларијата денес и припаѓа на македонската историја. Последното заболување е регистрирано во 1964 година. По тој повод СЗО, на свечен начин на 19 декември 1973 година во Скопје, во знак на признание за успешната борба на здравствената служба со која раководеше д-р Панчо Станчев му предаде Сертификат за искоренувањето на маларијата од нашите простори. Елена Јосимовска


12

К

РЕПОРТАЖА

Штип ноќе како велеград

онечно нашиот Штип ја доби својата илуминација каква што одамна му беше неопходна. Ноќе (види фотографија) Штип изгледа – светски. Како никогаш претходно. Градската управа направи голема работа со прифаќање на фактот дека град не е град ако нема добро осветлување. Таков град може да се нарече само – теменград. Денес Штип, погледна од било која страна на светот, навечер заличува на Париз, Москва, Њујорк....

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Сега е само потребно тоа ниво на осветлување да се одржува во континуитет, а ако е можно дури и да се унапредува. Доброто осветлување во текот на ноќта не е само естетско туку е и безбедносно прашање. Тоа е барем јасно. Една слика – илјада зборови. Гледајте си го градот ноќе и уживајте во фотографиите кои ги најдовме на интернет а на чиј автор му ги упатуваме сите честитки за извонредноста.


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

РЕКЛАМИ

13


14

КОЛУМНА

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

Министер, актери, протест....

● Театарот има само едено време, тоа е она кое го живееме. „Ќе пукнам, како орев ќе пукнам!“ како што вели Атанас Караман, во „Печалбари“ ако не го кажам ова. Во 2002 година, значи пред дваесетина години, за ресорен министер во Владата на Р. Македонија, поточно во секторот култура, го назначија Благоја Стефановски. На министерската позиција дојде како директор на Народниот театар од Битола, нема патрон, како и повеќето наши театари. За време на неговото директорување Битолскиот театар, ги заземаше челните позиции на театарската вертикала кај нас, но не беше помалку успешен и на гостувањата во странство. Во тоа време (време сегашно) ако за некој управител на театар можеше да се каже дека е успешен, тоа беше Благоја Стефановски. На министерската позиција овој театарски трудбеник не можеше поинаку да се види, освен како ресорен министер. Партијата што го делегира на таа функција, ја остави да си ги врши партиските задачи, а тој и се посвети на оние кои произлегуваа од ресорот култура. Секој потез го оправдуваше неговиот организациски талент. Чехов за тоа што е талент во „Вујко Вања“ напишал: „талент е храброст, слободна глава и широки потези“. Пример за тоа беа назначувањата на вршителите на должноста. Откако по свое видување, или ако сакате по своја проценка, назначи вршители на должноста, им закажа средба. На средбата некои на кои хипокризијата им е „сила невидена“, почнаа да се умилкуваат фалејеќи ја него-

вата партиска опција. Министерот, ги предупреди, односно, на сите, пред се, им кажа дека никој на директорската позиција не е поставен поради припадност на владеачката партија, или на коалиционите парнери. Не знам дали ги смири, не знам дали ги окуражи, но сигурен сум дека ги натера да се свртат кон своите потенцијали, можности, кон тоа дали се токму за компетентни решенија какви бара струката.

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

треба да се сплотени, т.е. вмрежени како што и другите институции од областа на културата. За времето во кое министеруваше Благоја Стефановски, може да се каже дека беше време (време сегашно) на високи дострели на Македонската теа- тарска сцена. Она што деновиве ја бранува театарската јавност, според причинителите на бурата-само актерите од Народниот театар од Струмица, би можело да се сфати како обид на храбро малцинство, кое ќе стивне: Прво, оти нема целосна подржка од театарската фела; второ, оти партијата со коалиционите партии нема да ги напуштат своите партиски решенија зашто сите други решенија надвор од неа и се некомпетентни. Кога велам немаат широка подршка мислам на отсутноста од протестот на другите театарски реалитети: Про-

За времето во кое министеруваше Благоја Стефановски, може да се каже дека беше време (време сегашно) на високи дострели на Македонската театарска сцена. Од страната на министерот секој од вршителите на должноста, доби задача да реализира одреден број на премиерни и репризини претстави. Побара, по еднаш во месецот, сите управители на театрите да се среќаваат и на средбите да разменуваат мислења кои ќе одат во прилог на подобрување на условите за работа, во прилог на размена или позајмување на одредени реалитети. Неговите широки потези имаа обединувачка цели-театарите

фесорите од високо школските установи за лиферување театарски профили, драматурзите, режисерите ( за кои понеук директор е полесно за спровирање на своите сценски небулози), музичарите, сликарите, па и публиката која треба да се препознава како активен актант во сценскиот живот. Страв не фаќа, протестот-„уличната сценка“ да не се сфати и остане како недопишана, неизрежирана и до крај неизиграна претстава.


Приказна за браќата Миланови, кои го создадоа еден од најдобрите автолакерски сервиси во државата Љ {tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

убовта и страста кон автомобилите, ентусијазмот кон тјунинг колите, како и силната верба во себе и своите способности беше основниот мотив браќата Јосип и Ведран Миланови да го отворат еден од најдобрите автолакерски сервиси во државата кој се наоѓа во нивниот роден град Свети Николе. Иако најголем дел млади луѓе денес бараат работа во јавната администрација, сложните браќа

Миланови беа одлучни сами да си го трасираат својот пат на среќата. Со свои пари, со свој труд, со своја посветеност... Нивната преубава, успешна деловна приказна започнува во 2009 година. Бизнисот го започнуваат во мала гаража од само 18 метри квадратни во која покрај скромниот алат ги внесуваат и сета своја љубов, знаење и посветеност. Денес, единаесет години по отворањето, сервисот Миланов привлекува муштерии од сите делови на државата. -Оваа работа ја работиме со многу љуов и знаење. Сервисот го опремивме по сите светски стандарди, ја поседуваме најновата опрема како машина за извлекување на тешко хаварисани возила, најквалитетно фарбање, детајлинг, автоклима тип тјунинг, компјутерска дијагностика и се друго што ни е потребно за задоволство на оние кои ни ја поклонуваат довербата, велат Јосип и Ведран за istokpress.mk. И нивниот пат до успехот не бил послан само со рози. Бил тежок,

РЕКЛАМА

трнлив и полн со предизвици. Но, затоа пак денес Миланов Тјунинг е на површина од 320 метри квадратни, капацитетот му е десет возила истовремено во работилницата и 16 на паркинг просторот и е синоним за квалитет. -Раководењето со ваков сервис претставува и предизвик и голема одговорност. Кога нашите клиенти се задоволни, ние сме уште позадоволни од нив. Задоволните клиенти се нашиот најголем мотиватор и нашиот најголем пиар зашто тие на многумина го раскажуваат искуството кое го стекнале во однос на услугата која тука ја добиле. И поради тоа ние имаме склучено договор со најдобрите осигурителни компании во државата, а тоа се Сава, Триглав, Еуролинк, Осигурување Македонија...Сите тие си имаат свои правила и процедури кои ние мора строго да ги спазуваме и самото тоа не прави еден од десетте најдобри вакви сервиси во нашата држава, вели раководителот Јосип Миланов. Браќата Миланови за кои професионалноста и квалитетот се темелот на нивниот успех, велат дека посветено ги следат најновите достигнувања во оваа сфера, постојано инвестираат во алат и машини, и редовно посетуваат семинари и обуки. Довербата на клиентите им е на прво место, првичната комуникацијата со клиентите им е клучна зашто, како што појаснува Јосип. тие ним им се обраќаат после некое стекнато непријатно искуство со нивните автомобили. Комората за фарбање е од најдобриот светски производител, брендот број 1- Nova Verta од најновата konkuer серија наменета за бои на во-

15

дена база. Машината за извлекување на тешко хаварисани возила е од шведскиот бренд Kar O Liner заедно со мерниот иснтрумент Каr O Tronik Спотер, пункт апарат и IRT oд италијанскиот бренд Spanesi. Tука е и пиштолот за фарбање Sata Ivata I Devilvis, апарат за автоклима од најновиот Arizone 6001, миксинг румот е од Filion tehnolodies и спектрометар од истиот бренд за да нема отстапки во нијансирањето на бо-

јата. Што се однесува до брендовите на материјали Миланов Тјунинг сервисот ги користи од брендовите Glasurit, Mipa I Mobihel. Во однос на плановите за иднина, Ведран го вели следното: -Ние постојано се стремиме да бидеме во чекор со најновата технологија. Тоа е нашето Свето Писмо, нашата Библија. Ги следиме сите нови трендови во авторепаратурата и затоа постојано инвестираме во најнови машини и алати. Следејќи ги европските сервиси планираме да инвестираме во неколку возила кои ќе ги даваме на користење на нашите клиенти додека нивните возила на поправка се во нашиот сервис. Во план ни е, во некоја многу блиска иднина, да инвестираме и во поставување на фолтоволтаични панели за самостојно обезбедување на електрична енергија. Сите информации за сервисот можат да се најдат на www.milanov-tuning.mk


По крајот на пандемијата КУД „Ристо Донев-Учителот“ започнува да работи со деца до трето одделение 16

КУЛТУРА

К

УД „Ристо Донев – Учителот“, нашиот „Танец“ поради короната од лани ги замрзна своите активности. Но, иако ниту тренираат ниту настапуваат младите играорци и раководството надежта не ги напушта. Велат дека одвај чекаат да помине короната, а потоа, во рок од најмногу три месеци, одново да се вратат во форма во која се препознатлив штипски и македонски бренд насекаде каде настапуваат. -Веднаш откако ќе помине пандемијата ние ќе започнеме со работа со деца до трето одделение и тоа бесплатно, без тие да плаќаат членарина, која инаку е основа на нашата каква-таква финансиска стабилност. Планот ни е да почнеме со создавање нова генерација која ќе се вљуби во фолклорното богатство на нашата држава, богатство кое е неисцрпно. Ова бидејќи дел од повозрасните членови ќе заминат на студирање во други места, дела ќе заминат од Штип по разни поводи, а нам ни е потребен подмладок, вели Благој Донев, претседател на друштвото.

Пред половина година токму Донев ја лансира идејата тие како семејство во чија сопственост е друштвото истото да го предадат во сопственост на Општина Штип за таа понатаму да продолжи да се грижи за неговиот опстанок и натамошен развој. -Информиравме дека сакаме друштвото да биде во надлежност на општината, но притоа имаме и некои услови. Првиот услов е да не се менува името на истото бидејќи зад него стои една долгогодишна макотрпна работа на мојот татко Ристо Донев, кој беше познат учител и кој во создавањето и развојот на друштвото покрај големиот труд, истражување и знаење вложи и свои финансиски средства. Второто барање е да се вработи етнокореолог кој професионално ќе работи со децата и младите. Познат е фактот дека Здружението на етнокореолози на

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

█ За плановите за работа на нашето најдобро фолклорно друштво разговараме со сопственикот и претседател Благој Донев.

Македонија побара од Министерството за култура да се оформат шест регионални центри во кои ќе има културно уметнички друштва кои стручно и професионално ќе бидат водени од етнокореолози, појаснува Донев. Едно такво здружение би ги контролирало активностите на сите Културно-уметнички друштва во регионот. Тоа би придонело и за меѓусебна соработка, гостувања и размена на искуства. -КУД „Ристо Донев-Учителот“ финансиски опстојува од членарините на своите членови, а понекогаш и од некој проект кој го добиваме од Министерството за култура. Од тие средства купуваме народни носии кои ни недостигаат, иако во нашиот фундус имаме над 300 народни носии од разни краеви на нашата држава. Сепак, сакам да појаснам дека сите наши гостувања надвор од држават како и оние низ градовите во Македонија ни се по пат на самофинансирање. Би било добро кога општината би застанала зад нас макар и со скромни средства. Конечно, каде и да одиме, каде и да настапуваме, ние ги застапуваме нашиот град и нашата татковина, вели Благој Донев. Донев потнцира дека нивна главна цел кога ќе се замине оваа зараза е да го направат празникот Четрсе достоен на титулата – нематеријално културно богатство на УНЕСКО. -Сакаме да бидеме и еден вид академија за македонски фолклор, друштвата кои доаѓаат кај нас да ги научат нашите фолклорни традиции, обичаите, во таквиот начин на одбележување на овој празник да го анимираме целиот наш град. А тоа е посебно значајно зашто приказната и посебноста на нашиот фолклор треба да допрат до поголем број странски фолклористи во време кога нам некој се обидува да ни го негира јазикот, писмото, културата, дециден е Донев.


{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

С

КУЛТУРА

Горан ТРАЈКОВ, нов директор на Центарот за култура

Култура за сите, секој ден во неделата

о решение на Ирена Стефоска, министерка за култура, за нов директор на Центарот за култура во Штип е избран Горан Трајков, досегашен директор на Домот на млади кој аплицираше на конкурсот распишан од Министерството за култура. Со новиот директор разговараме за неговите приоритети во однос на работата на најголемата културна институција во општината која е од национален карактер. -Горан, кажете нешто за себе... Од мојата биографија би ги издвоил најдрагите години за работа од кои пет години во уметничкото образование како професор по гитара и организирање на настани, концерти и друго, две години како директор на Приватно средно музичко училиште, некаде околу 6 години работа на проекти од областа на културата и ангажираната уметност во соработка со граѓанскиот сектор,како автор се јавувам на музика за театар, издавач на три албуми, композитор на песни за фестивали, визуелен уметник и друго, и три години како директор на ОУК „Дом на млади“ Штип. Она на што сум горд е што во трите години како директор успеавме заедно со колегите да го подигнеме на едно повисоко ниво Домот на млади и да го трасираме како институција која ќе ги поддржува младите во нивното творештво и ќе им помога при реализација на нивните проекти и ќе се труди да им го покаже светот на возрасните и професионалците како изгледа тоа и вториот дел е програмата која домот ја реализираше. За моите три годјини како прв човек на Домот на млади имавме културни настани кои ги проследија над 25.000 гледачи. Мислам дека тоа говори за еден квалитетен концепткој во мое време е реализиран и тоа е мојата легитимација која ме квалификувала за новата позиција. Сепак, да се посветиме на новата функција, на Центарот за култура... -Секако. Центарот за култура е пред се за мене столбот на културата не само во Штип туку напротив тој е столб на културата и на источна Македонија. Оттука одговорноста е голема но и предзвикот да на нашите сограѓани им приредуваме културни содржини, уште поголеми и поквалитетни. Јас влегувам во оваа институција во исклучително тежок период во кој се наоѓа културата, воопшто, која е зафатена од пандемијата, а потоа и условите за работа во истиот од кадровска неекипиранос , финасиски проблеми, просторни и технички услови за работа. Се надевам дека ќе го оправдам моето дејствување и ќе ја искористам мудроста на сите етаблирани уметници во трасирање и етаблирањето на сјајот во кој некогаш работеше. Центарот Инаку сум запознат со целокупниот кадар кој работи во институцијата и со проблемите со кои се соочува Центарот. Се надевам дека за почеток имаме доволно кадар да започнеме да работиме на стратегијата за наредните четири години. Но, секогаш ќе одиме полека. Штип во 2004 беше првиот Град на културата во државата, но подолго време на овој план стагнираме, можно ли е да си го вратиме тој статус и како ти гледаш на тоа враќање? Стагнирањето на културата во нашиот град во кој најголемиот дел се должи и на центарот, ако ја минусираме пандемиската година, фокусот е изместен и е испуштена целта поради која тој постои, а тоа е да остварува национален интерес во културата. Има многу фактори кои влијаеле

17

на тоа, но да не должам многу, доколку се вратиме на оваа сентенца верувајте дека Штип може да биде секоја година град на културата и секако да не заборавиме на соработката и со останатите институции од областа на културата во градот со кои верувам дека можеме да создадеме култура за сите и секој ден во неделата за сите возрасти, генерации и вкусови. Домот на кулура има проблеми со протекнување на кровот, нема парно греење па зимно време или мрзнеш и следеш култура или не доаѓаш таму... Сеуште ја немам целата слика но, се согласувам со погоре изнесеното дека е така, за да можам да ја имам целосната слика ќе морам да имам соработка со архитекти и инжинери еден подолг период, можеби еден месец каде би сакал тие преку призмата на стручноста да ги сондираат своите мислења и тогаш би излегол со конкретни решенија што треба се да се направи и како и колку би чинело целото тоа. Вака од прв поглед од она што го видов има многу работи на кој треба да се работи, но прво од хигенските и техничката исправност на објектите ќе движиме со сите вработени од техничкиот персонал за да може на давателите од областа на културата им овозможиме пред се сигурни плодни денови за работа. Културата денес е производ како и секој друг, и таа можее да се продава на слободниот пазар на кој во регионот има ама многу малку од тој производ. Како производите на театарот и Домот да се „продадат“ и на другите градоив од регионот? Јас се надевам доколку имаме создадено културни продукти вредни за посетување и го поминале филтерот помеѓу штипјани, не гледам пречка да се престават овие продукти и во другите градови за тоа што мислам дека Минстерството за култура и Општините имат создадено услови да ги претставиме пред граѓаните од другите градови и со многу мал трошок, воедно и не би преставувало проблем на помалите градови да вкусат и тие дел од културната понуда на Штип. Мислам дека не постои пречка за остварување на тоа само ќе биде потребна добра воља од сите нас за да можат и граѓаните од другите градови да уживаат во продуктите од Националната установа. Советот на Општина Штип си има Комисија за култура, дали ќе остварите потребно ниво на соработка и каков резултат може да даде тоа? Со ова прашање се начна и делот на работењето при носење на одлуки во Националната установа и како би ја дефинирала својата програма за работа. Ако Уметничкиот совет е тука ако Уметничкиот директор или раководител или советник и на тоа го додадеме и Управниот одбор мислам дека овој дел за комисијата за култура треба да преставува градскиот совет за култура при НУКЦ или поконкретно за Штип, мислам дека би била добра симбиоза за тоа што би се работело и под кои услови и верувам дека тука лежи и клучот за успех на Центарот. Јас силно верувам дека можеме да имаме култура секој ден и за сите. Еве нека ова мото не движи низ целиот овој процес.


Со Поп Џаџо и без Поп Џаџо Штип не е истиот град

18

IN MEMORIAM

З

амина од овоземскиот свет и Ѓорѓи Џаџов, најпознат во градот, а и нешто пошироко од него како – Поп Џаџо. Замина кај својот шеф, кај Господ Бог, на кого со најсилна духовна љубов и посветеност му служеше целиот свој живот. Сега е јасно дека со Поп Џаџо и без него Штип не е истиот град. Зошто? Затоа што тој беше специјалeн и посебен. Беше личноста која секоја секунда, секоја минута, секој час ја ширеше љубовта, добрата мисла, човечноста, хуманоста меѓу нас. Беше подеднакво омилен меѓу сите старосни групи. Со децата беше дете, со младите – помлад од нив, со неговата генерација секогаш си имаше убав муабет, сладок збор, со поука, утеха ако некому нешто такво му беше потребно во определен момент. А сите, во своите животи, си имаме такви-специфични моменит. Кога ни треба утеха, добар збор, совет од мудар човек.

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Поп Џаџо никогаш не ја симна свештеничката мантија од себе. Како што никогаш не ја симна мантијата од себе, Поп Џаџо никогаш не ја симнуваше ниту преубавата, речиси заразна насмевка од своето лице. Младите го сакаа како свој другар. А и не можеше поинаку. Кога човек (било кој) ќе го сретнеше на улица задолжително следуваше познатото: „Добар ден Поп Џаџо, како здравјето“. Беше доволно само едено претпладне да се направи прошетка низ градот со омилениот поп, за ургентно да се запрашате можно ли е еден човек да има толку многу пријатели и ниту еден непријател?! Таков си беше тој. Нека почива во мир.

Во спомен на Горан Гаврилов и Драган Ристов

(и.б.)

Во последниот месец починаа две личности од медиумскиот простор – сопственикот на Националното радио „Канал 77“, Горан Гаврилов и новинарот Драган Ристов.

Г

ГОРАН ГАВРИЛОВ (54)

оран Гаврилов даде голем придонес во развојот на медиумскиот простор во Македонија, со отворањето (пред 30 години)на тогаш првото приватно радио, кое го освои и националниот простор, а со самото појавување отвори можност за конкуренција која секогаш дава квалитет. Гаврилов беше учесник и во сите збиднувања поврзани со развојот на медиумите, учествуваше во креирањето и на законски решенија, а во последниот период учествуваше и во подготовката на ново решение за доделување на финансиска помош на медиумите, „Фонд за медиумски содржини“.

Д

ДРАГАН РИСТОВ (47)

раган Ристов како новинар најголемиот дел од кариерата ја помина во радио „Канал 77“, а беше и соработник на дел од пишаните медиуми во Македонија. Во последните десетина години беше вработен во Локалната самоуправа во Штип, во секторот за односи со јавноста. Во слободното време ги реализираше и своите уметнички афинитети, преку создавање на ликовни дела. Регионален центар на новинари „Исток“


Најмладите бербери од најубавиот берберски салон во градот С {tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

МЛАДИ

19

тефан, Давор, Мичо, Аделина, Иван, Јусуф се фантастичната шесторка која работи во „Инфинити“-најубавиот берберски салон во градот. Стефан Ѓеорѓиевски е сопственикот, а целата екипа е млада, полетна и на берберскиот занает силно посветена. Сите тие, на чело со „газда“ Стефан, не барале работа во јавната администрација туку задоволството го нашле во занает кој ги разубавува луѓето. Тоа не е обичен берберски салон, тоа е академија за убав изглед на секого. Стефан има 25 години, живее во Три Чешми, а со берберскиот занает е веќе пет години. -Желбата за ова кое денес го работам ја носев во себе од мали нозе. Склон сум кон убави нешта, верувам дека можам да го препознаам квалитетот кај луѓето, па и по идеи од клиентите берберницата, тоа место кое ги остварува моите соништа, ја уредивме баш по терк на секого кој ќе ја посака нашата услуга. Мило ми е и тоа што вашиот весник ја препозна нашата приказна и што ни посветува внимание, вели Стефан.

„ Сите сме млади полни со живот и енергија и сакаме да одговориме перфектно на секое дневно искушение“, дециден е Стефан. Стефан салонот го опремил со сопствени средства. Кога ќе го погледнете сами ќе можете да донесете суд дека тоа не се мали пари. –„Работам од многу млади години, штедев и заштедив некоја пара за да го остварам својот сон. Но, во нашиот салон секојдневно инвестирам зашто технологијата бргу се менува, а јас не сакам да заостанам по тоа прашање. На дневна основа се модернизираме па набавивме машина за пареа, компресор и некои други корисни нешта“, ги појаснува работите нашиот млад соговорник. За цените на услугите Стефан не сака јавно да говори. Уверува дека секој клиент може да си дозволи било

Услугите на берберницата ги користат луѓе од сите генерации иако таа некако им е најомилена на помладите. Стефан вели дека Штип на некој начин ги диктира модните трендови во повеќе области.-„Дневно имаме троцифрен број на муштерии, секој си ја сака својата фризура, а ние сме тука секоја желба да ја исполниме на најквалитетен начин. Ние ги изведуваме најновите стилови на бради, депилација на веѓи, уши и слично. Во нашата берберница маме комплетна слика во прегледот на изгледот на лицето, изработуваме black mask. Специјално за Штипски Глас сакам да информирам дека воведуваме вип третман во кој вклучуваме еден сосема специјален третман за клиентите“, појаснува Стефан. Сите во оваа волшебна берберница која се наоѓа на почетокот од улицата „Јаким Стојков“ (стотина метри под зградата на општина Штип) сите шестмина делуваат како едно младо, посветено на работата семејство. Секој тука си ја знае задачата, а клиентот е секогаш во право. Стефан вели дека се работи за шест различни карактери при што секој е со посебен стил на работа. Најважно е што во салонот, меѓу вработените, владе идилична хармонија. Не постои препреки од типот кој, кај кого се шишал и кој кому му бил другар, пријател, брат и слично. Сите си помагаат за секогаш да се постигне најбитното, а тоа е задоволството кај клиентот.

каков третман зашто цените не се „бог знае што“, односно се прифатливи за сечиј џеб. –„Ако некој е со послаба имотна состојба тој нема да плати, а ние за неговиот изглед ќе се погрижиме како и за секој друг клиент. Во нашиот салон сакаме да глредаме само насмеани лица и доколку некој кој бесплатно бил услужен ни подари само една насмевка ние ќе бидеме бескрајноз адоволни“, уверува Стефан. Младиот сопственик има еден посебен совет до машкиот дел од светот. Советот е мажите сами да не превземаат било какви берберски зафати врз себе бидејќи понежната половина секогаш ќе го препознае тоа. За такво нешто тука е нивниот берберски салон. Во поранешните времиња во секоја берберница ги имаше сите весници. Клиентите додека чекаа во читање и коментирање на дневните настани го трошеа времето. Како е сега во салонот на Стефан? -Како што споменав погоре кај нас врвот на успехот е да клиентите се чустуваат како дома, неретко е да во салонот нудиме кафе и други различни пијалоци. Всушност во салонот имаме различни начини како да го пополниме времето на клиентот додека тој чека на редот за седнување на столицата. Во салонот имаме инсталирано playstation за играње tekken 3 во средината на салонот е поставен заеднички компјутер со бесплатно wifi за исполнување на било која музичка желба, истиот служи и за преглед на днените случувања, настани и слично. Со натрепенио сакаме да го добиваме и вашиот весник за да биде редовно читан од нашите клиенти, вели Стефан.

НАСМЕВКА Ако некој е со послаба имотна состојба тој нема да плати, а ние за неговиот изглед ќе се погрижиме како и за секој друг клиент. Во нашиот салон сакаме да глредаме само насмеани лица и доколку некој кој бесплатно бил услужен ни подари само една насмевка во салонот ќе бидат бескрајно здоволни“,


ОФК Карбинци ја „брани честа“ на Штип и Карбинци во Третата фудбалска лига П 20

СПОРТ

о неколкугодишна пауза, ОФК „Карбинци“ од истоимената општина од оваа сезона повторно е активен, со настап во Третата фудбалска лига – Исток. Тоа е практично единствениот фудбалски клуб од двете општини (Штип и Карбинци), покрај Брегалница, кој се натпреварува во официјална конкуренција под капата на ФФМ. Заслугата за тоа што Карбинци повторно има третолигаш е пред се на локалната самоуправа и градоначалникот на општината Карбинци, Јордан Насев, како и на управата на клубот, која успешно се носи со напорите за обезбедување на сите потребни услови за играчите. Финансиската конструкција комплетно е обезбедена од Локалната самоуправа, а веќе се чувствува и интересот на фирмите од општината да го поддржат клубот.

Една од првите фирми која одлучи да го помогне клубот во пролетниот дел од првенството е „НБ Петрол“, која обезбеди комплет спортска опрема, а с која плановите се во иднина соработката да се прошири и на други полиња, со можност за инвестирање во фудбалска школа. Во пресрет излегоа и неколку ресторани, кои се вклучија со обезбедување исхрана за фудбалерите („Камник“, „Паша трејд“, „Алфи“, „Ваго петрол“ и „Теа бар трејд“, сите од општината Карбинци).

Првенството во Третата фудбалска лига - Исток е на почетокот на пролетниот дел, а „Карбинци“ во есенскиот дел беше вистински хит со игрите во вториот дел од полусезоната. По лошиот старт, пет кола без победа и со само еден бод, освоен со фаворитот „Брегалница“ од Делчево, фудбалерите на Карбинци заиграа како препородени и до крајот на есенскиот дел не ја почувствуваа горчината на поразот. Без бодови остануваа екипи кои беа претенденти за врвот на табелата и дотогаш немаа порази, а во претпоследното коло на гостувањето во Берово „Карбинци“ испушти победа против „Малеш“, кој цели на влез во Втората лига. Со тоа делумно и се остварија амбициите на клубот, да се пласира во средината на табелата, што останува како приоритет и во пролетниот дел. Во клубот играат играчи од општините Штип и Карбинци, а тренер е Александар Берков. Во есенскиот дел во еден период на тренерската позиција беше и Никола Полазаров. Тренинзите и натпреварите се одвиваат на игралиштето во Карбинци (дел од проектот што своевремено го реализираше Агенцијата за млади и спорт), за жал сеуште без присуство на публика, поради мерките и протоколите за заштита од Ковид 19. Активирањето на ФК „Карбинци“ во Третата фудбалска лига предизвика интерес и е од големо значење за спортскиот живот во општината Карбинци, која има долга и богата фудбалска традиција, со екипи кои настапувале во

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

третолигашката конкуренција („Таринци“, „Балван“, „Задругар“), како и со значајно учество и во некогашната општинска лига. Несомнено, со подобрувањето на состојбата со пандемијата и дозволувањето на присуство на публика на

Трибините на стадионот во Карбинци пред почетокот на пролетниот дел од првенството беа обновени со поставување на столчиња, со што стадионот доби сосема нов лик. Во текот на оваа година, се планира и реконструкција, обновување на теренот, кој е во лоша состојба, како последица на големите поплави од пред неколку години, кога целиот терен беше под вода. За реновирање на теренот се направени првични разговори со ФФМ, и се очекува работите да започнат веднаш по завршувањето на првенството. Исто времено, во план е и реновирање на игралиштето во с.Таринци, кое со тоа би се стекнало со услови на него да се одржуваат тренинзи , а секако и да се овозможат услови да се реактивира и уште еден клуб, екипата на Таринци.

ОФК Карбинци

трибините, целата оваа убава приказна ќе добие дополнителен сјај. Во меѓувреме, клубот е активен и во промоцијата на социјалните мрежи, со тоа што сите натпревари се емитуваат во живо на фејсбук профилот на ФК „Карбинци“.


Штип добива стадион за 6.000 гледачи по стандардите на ФИФА и на УЕФА

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

С

СПОРТ

о поставување на камен темелник на Градскиот стадион започна изградбата на западната трибина која ќе добие нов сјај и поголема удобност за гледачи откако старата трибина која на вљубениците на овој спорт им служеше со децении беше срушена. За овој нов убав потег во нашиот спорт, разговараме со Елмир Мандак, претседател на комисијата са спорт при Советот на Општина Штип и поранешен фудбалер на ФК Брегалница. -Во месец декември минатата година беше потпишан договор помегу Општина Штип и Фудбалска федерација на Македонија за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Согласно договорот трибината ќе се гради со пари обезбедени од ФФМ хек-трик програмата на УЕФА. Камен темелникот го поставвивме на почетокот од овој месец, а потоа започна градежната офанзива ,годинава на поцетокот на Март беше удрен камен темелник со кој поцна градезната офанзива. Трибината ќе биде според согласно сите стандарди на ФИФА и на УЕФА, покрај удобните седишта за публиката ќе има и ВИП ложа а и ложа за новинари за кои ќе бидат обезбеденинајдобри услови за работа. Капацитето на западната трибина ќе бид 2.400 седишта, во просторот под трибините ќе бидат изградени соблекувални согласно европските стандарди, вели Мандак.

Елмир Мандак, претседател на Комисијата за спорт при Советот на општината на поставувањето камен-темелник

Фудбалската федерација на Македонија во овој потфат инвестира 1,3 милиони евра, а истата треба да биде изградена за 18 месеци. -Општина Штип ги обезбеди сите потребни документи за издавање дозвола за градба на оваа три-

21

бина,а си зема и обврска да ја изгради источната трибина за што веќе е изготвен проектот. Оваа трибина ќе биде со капацитет од 1.800 седишта, изградбата на истата е планирано да започне до крајот на годинава. По завршувањето на двете трибини ФФМ си зема за обврска дополнително да изгради две монтажни трибини зад головите и со тоа би се завршила комплето реконструкцијата на градскиот стадион кој ќе има капацитет од околу 6.000 гледачи, појаснува првиот лчовек на спортот во градот. Мандак вели дека ФК Брегалница на шест кола пред крајот на првенството со едната нога е веќе во првата лига зашто има сосема солидна предност

На двете трибини ќе има 6.000 седишта, зад головите ќе бидат поставени и монтажни трибини, а во целата оваа работа која треба да се заврши за 18 месеци ФФМ инвестира 1,3 милиони евра.

пред главниот конкурент ФК Тиквеш од Кавадарци. – „Сепак фудбалерите не смеаат да се опуштат, да помислат дека работата е веќе готова, тие мора да крај и на најквалитетен начин да ги завршат сввоите обврски за на крајот од месец Мај сите лјубители на фудбалот да го прославиме пласманот на Бегалница во првата лига“, потенцира Елмир Мандак. Уверувањата се дека по година и половина кога ќе заврши изградбата на трибините, нашиот стадион ќе ги исполнува сите услови за одигрување на мегународни натпревари, како на нашите репрезентативни селекции кои ќе можат да ги играат натпреварите на нашиот стадион исто така и на Брегалница за која сите се надеваме дека ќе можеме да ја гледаме во некој од европските купови.


22

РАЗОНОДА

TR-MR ov -Mi Re k e ~e R Ti

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Во надеж за подобро утре народот Секогаш ги избира најдобрите. А да ги избереме оние другите Подоброто утре можеби и ќе дојде.

Втеното подобро утре доцни. Веројатно патува со Македонски железници. Утре ќе биде поубав ден, Утре не чекаат победи нови Со такви ветувања ветувачите одат напред А ние? Ние сме веќе – готови. Нашата слобода е ТИЕ да одлучуваат За – нашата слобода.

Жени, штом вашиот сопруг ве опсипува Со комплименти Тоа значи дека нема пари да ви го купи Она кое ви го ветил вчера.

Razmisluva: Iv. BOJ

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 30.03.2021 година Тираж: 1.000 примероци

Едвај собрав за најосновното за денес. За пиво, спортска прогноза, пакло цигари. Лош ден- констатира просјакот.

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


ЕНИГМАТИКА

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109

Г. . Ш

Итал. фудбалер

23 Словенечка пејачка

Египет. владетел

Пражител на Италија

Амер. Золтан артист. Илин (фотос)

Метар

Ирски фашизам Апсолутен суперлатив

Карактер (разгов.) Коњ

Земја оставена за пасиште

Жител на САД

Вид стилска фигура Митолош. англиска кралица Чарлс Олсон

Технич. нокаут (скр) Северно американски сточари

Г. . Ш

СтароФранц. режисер грчки бог на темЛуј нината

Г. Ш.

Херман Унгер

Модел на Даеву

Согласка

Дијагноза Памучно предиво Азот

Сат. на Јупитер Стар словен

Лак (лат.)

Вид инсект Стар човек (раз.) Одбрано друштво

Вид горн. облека

Нулта брзина кај возилата

Келвин

Револуц. Чопела

Вид дрога Индонез. остров

Мејн

Г. Ш.

Иво Патиера

Дата Град во Германија Еден од римските ридови

Согласка Наредба заповед (мн.) Екс амер претсед. Џими Приќе (мн.)

Жената на Тиндареј Вид пита Рескир (мн.) Трагедија од Еврипид

Итал. политич. Џулијано

Орган во устата

Извештај за работа

Револуц. Гули

Две согласки Живеалиште

Алуминиум Хрв. арт. Свен Град во Судан

Килимар Еден од Битлсите Џон Река во Австрија

Грчка буква Земја од приказните Вид камен јаглен

Сврзник Грам

Град и река во Русија Коле Ангеловски Соли на сицилиувотата киселина Самогласка

Сад од една ока


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Mart, 2021 br. 109


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Stipski Glas br. 109 by Jole Boja - Issuu