Stipski Glas br. 112

Page 1

М-р Виолета АРСОВСКА, професор и сопран, штипската Марија Калас

Имаме капацитет во Штип да си ја вратиме операта Академик, проф.д-р

Блажо Боев,

ректор на Универзитетот

„Гоце Делчев“

Имаме место за 4.000 студенти

Павло КРИВИНСКИЈ, генерален директор на рудникот за бакар Боров Дол

Боров Дол е современ рударски проект важен за социо-економскиот развој на регионот

Анализа:

Како во Штип

законски и незаконски

Макфест со нови водители, Миро Кацаров ветува спектакал

се даваат имиња на улици, мостови, паркови ...


2

Од мој агол

Животното значење на ХС „Злетовица“ N

Ч

Иван Бојаџиски

овековата потрошувачка на свежа вода одамна ја има надминато стапката на обновата на водните ресурси. Истражувачите предупредуваат дека постепено го губиме овој суштински природен ресурс. Доколку сакаме да го промениме овој тренд, нашата најдобра надеж е да инвестираме во природни решенија. Ова не го пишувам јас. Јас само го пренесувам ставот на Марта Рохас Урего, генерална секретарка на Рамсарската конвенција за заштита на водните богатства на нашата планета. Го пренесувам овој став на една од најпознатите светски личности кои својот живот го имаат посветено на водните ресурси на земјината топка и која, од име на функцијата која ја има, постојано апелира на проблемот со недостиг од квалитетна вода со кој се соочува денешниот човек. Според Марта Рохас Урего помалку од еден процент од вкупната вода на Земјата е достапна или може да се употребува како свежа вода. Повеќето од неа се наоѓа во копнените водни богатства, како реките, езерата, тресетиштата и подземните резерви. Зошто сега и тука го пренесувам ова? Затоа што ние деновиве,како жители на Штип, конечно, ја примивме долго очекуваната вест дека водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“, од месец септември, пробно ќе биде пуштена кон градот од адаптираната филтер станица. На овој настан Штип чека цели десет години, зашто „Злетовица“ како регионален проект вреден околу сто милиони долари е завршен кон крајот на 2010 година. Десет години ни требаа за да дојдеме до суштината на големата инвестиција. Шест општини, меѓу кои и Штип како најголема општина меѓу нив, да можат да ја користат планинската вода акумилирана од реката Злетовица во браната „Кнежево“. Ова, споре мое мислење, е вест на деценијата. Најмногу и поради предупредувањето кое преку бројни светски медиуми го испрати генералната секретарка на Рамсарската конвенција за заштита на водните богатства. Нејзина проценка е дека квалитетните водни ресусри во светот, со секоја година се намалуваат и дека среќни ќе бидат оние земји и народи кои ќе ги зафатат сите копнени води и ќе ги стават во функција на својата иднина. Токму така. Да се зафата сите копнени води и да се стават во функција на човековата иднина. ХС „Злетовица“ е изградена за да обебзеди безгрижни триесет години во поглед на водоснабдувањето на 100.000 луѓе. Со рационално користење хидросистемот може да ни биде од корист и половина век. Се зависи од нас самите. Од тоа како ќе се поставиме кон управувањето со најдрагоцениот ресурс на нашата планета. Со водата. „Злетовица“ како проект ја следам цели 40 години. Од почеток до крај. Откако неа ја подржаа јапонците со јен кредит на Џајка од 82,5 милиони долари, „Злетовица“ стана и моја опсесија. За неа сум напишал стотици текстови во разни државни, регионални и локални медиуми (весници пред се). Го работев тоа зашто одамна го знаев она на кое денес, од една така висока светска позиција во однос на водите, предупредува Марија Рохас Урего. Од пред четири децении знаев дека свежата вода за човекова употреба како

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

највредно светско богатсво не е неисцрпна, и дека по нови извори треба постојано да се трага. Нашиот нов и најголем регионален „извор“ е токму „Злетовица“ чија брана „Кнежево“ има капацитет од 22,5 милиони кубни метри вода и во моментов е преполна до врв. Таа е проект кој ни носи спокој и безбедност во однос на водните потреби. Но, ние никако не треба да цениме дека со пуштање во употреба на водите од „Злетовица“ сме си ја завршиле нашата „домашна задача“. Наша света обврска, пред се во името на идните генерации, е да трагаме уште поупорно по нови, можни извори на свежа вода. А нив ги има. Според една студија на Светската организација за вода и храна при Обединетите нации, објавена пред околу седум години, Македонија е меѓу земјите со средни ресурси во однос на квалитетните води. Само тие треба да се истражат, да се мапираат и да се остават како златна резерва за некои идни времиња.

РОХАС УРЕГО: Помалку од еден процент од сите води на земјината топка се достапни за човекова употреба како свежа вода. Марта Рохас Урего, генерална секретарка на Рамсарската конвенција за заштита на водните богатства на нашата планета укажува дека сите земји на светот мора да ги детектираат своите извори, надземни и подземни, зашто само со таков пристап можат да си обезбедат спокојна иднина. Затоа водите од ХС „Злетовица“ се од капитално значење за Штип и регионот...

И самиот, бидејќи живеам надвор од градот, а во негова непосредна близина и имав потреба од вода, имам едно интересно искуство во поглед на водните резерви во нашиот регион. Во 1990 година, заедно со мојот сосед уметникот Љубомир Донски (сега покоен) на ТВ видовме репортажа за човек кој умее да ги детектира подземните води. Човекот беше толку зафатен што моравме три месеци да си го чекаме редот за да дојде на наш терен и да види дали тука има некакви води. Трагачот провери еден поголем терен и во таа потрага застана на една рамнина на која имаше само трња и камења. Ни се обрати со зборовите: „Ние стоиме на неисцрпно езеро со вода од кое по природен пат можат да се снабдуваат два града од големината на Штип“. Тоа што го кажа најпознатиот трагач по подземни води во годината кога Штип ја пушти во работа својата филтер станица (1990) го кажував на сите градоначалници и директори на јавни претпријатија до ден денешен, но никој не пројави интерес за да ја утврди евентуалната можност на еден рид над Штип да има огромно подземно езеро со вода. Јас го пишувам и ова за да оставам некакви траги по однос на водата кај нас, за што имам живи сведоци, зашто еден убав ден некој можеби и ќе се сети да направи неколку бушотини и да провери дали ова кое го пишувам, а кое го тврдеше експертот за подземни води е точно или не. Зашто тоа е она на кое инсистира Марија Рохас Урего. Да се истражат сите подземни води и таму каде што тие ќе се најдат да се стават во функција на луѓето.


РАЗГОВОР СО ПОВОД

Имаме капацитет во Штип да си ја вратиме операта {tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

М-р Виолета АРСОВСКА, професор и сопран, штипската Марија Калас

Ш

тип имаше преубаво отворање на Штипското културно лето 2021 во уметничката галерија Безистен каде главна ѕвезда беше м-р Виолета Арсовска, професорка во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, а нејзини гости беа етаблираната на европската оперска сцена Елена Голомеова и талентираната Сара Ефтимовска, ученичка во трета година во ДМУЦ. Голем дел од публиката забележа дека Виолета Арсовска со својот моќен глас е нашата Мрија Калас, што за на беше повод за разговор за весникот. Г-ѓа Арсовска, кои се Вашите импресии од концертот на кој, според наше мислење, го дадовте најдоброто од себе воодушевувајќи ја публиката? -Јас одсекогаш сум била многу самокритична и постојано гледам дури и на ситници кои за туѓото уво можеби и не се слушаат или не се битни, но за мене како професионалец секој детал дали е од музичка гледна точка или изглед, се е важно. Концертот на отворањето на ШКЛ за мене лично беше уште едно прекрасно доживување и прекрасно искуство со штипската публика. Да се добие покана за настап на отворање на манифестација од калибарот на ШКЛ, посебно ако се знае дека Штип е првиот град на културата во независна Македонија (2004 година) само по себе е голема работа. Очекувавте ли таква покана и таков однос на оние кои го „скроија“ ШКЛ годинава? Неколку пати имам учествувано на ШКЛ со свои солистички настапи заедно со мојата колешка пијанистката Марија Максимова. Во 2018 година имавме прекрасен концерт на кој ги промовиравме соло песните од Македонски автори, со кои го издадовме и нашето прво професионално ЦД и видео запис. Оваа година после подолга пауза, добив покана од организаторите на ШКЛ за учество и бев пријатно изненадена, бидејќи на почетокот не знаев дека ме планирале токму за отварањето на манифестацијата. Се чувствувам почестено. Импресија на добар дел од публиката беше дека вие, таа ноќ, Вие бевте нашата Марија Калас. Вашиот коментар на споредбата со

највлијателната оперска дива на 20 век. Ви благодарам многу за убавите пофалби и споредби со една од најголемите светски оперски диви на сите времиња. Сакам да кажам дека по подолга пауза поради пандемијата таа ноќ повторно се вратив на сцената. На времето, уште како студент, учествував на сите најубави концерти со Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. По моето дипломирање се вработив како наставник по соло пеење во ДМУЦ Сергеј Михајлов и до ден денес ја негувам оваа прекрасна и исклучително осетлива и специфична професија која многу ја засакав. Едно од поскорашните, за мене нови сценски искуства е нашиот фестивал Макфест на кој настапив во дует со Ристо Самарџиев. Таа вечер кога стапнав на прекрасната сцената, рамо до рамо со еден најпопуларните наши звезди, а во позадина оркестарот Биг Бенд со маестро Љупчо Мирковски заедно со моите драги колеги музичари, сите познаници од факултетските денови, доживеав прекрасни емоции, една нирвана, нешто се случи во мене и испеав онака како што знам со сета љубов и снага која ја носам со мене. Вие лично, етаблираната во тој свет Елена Голомеова и младата Сара Ефтимовска ни докажавте дека Штип заслужува да има опера. Сооглед на статусот на градот како прв град во Македонија во кој е изведена опера (Палјачи во 1925 година) цените ли дека на оваа идеја треба да се работи... Од секогаш ја имам таа желба и идеја, Зашто да не основаме опера во Штип, ние тоа го заслужуваме со оглед на тоа каква ризница на таленти произведуваме во нашето училиште и колку многу успешни музичари и оперски пејачи имаме надвор од нашата земја. Млада жена сте, имате ли идеја да настапите во некоја опера на македонска или европска сцена, или можеби сте настапувале ама јас таа информација ја немам... Јас по природа сум голем емотивец и не можам да се делам од моето семејство особено сега кога сум мајка на две прекрасни дечиња. За мене на прво место се моите две чеда и мојот сопруг, кој несебично ме бодри и моти-

3

вира за се што предстои во мојата пејачка кариера. Порано учествував на аудиции во МОБ и секогаш добивав големи честитки и пофални зборови воодушевувања, а потоа толку. Се надевам дека се смениле нештата или ќе се сменат во иднина и дека нашата опера ќе има отворена врата за мојот глас. Јас сум многу емотивна личност но и многу директна и искрена она што го кажувам и мислам. Оперското пеење не е прашање само на статичност на сцената, потребна е и глума за публиката вистински да го доживее настапот, кај Вас во безистенот видовме дека глумата е суштински поврзана со пеењето...Дарба од Бога или нешто што се учи на училиште? Можеби и тоа ми е дарба од Бога, бидејќи едно време на факултет кога учевме сценски движења и танци и актерска игра кај прекрасниот професор, покојниот Владо Цветановски го препозна мојот талент за глума. Тоа беа едни од моите најомилени часови и искуства на Драмскиот факултет. Вашиот настап на отворањето на ШКЛ, позитивно ги возбуди ситеблагородни сетила кај публиката, дали тоа е она кое е сон на уметник, посебно на опреските пејачи? Јас го живеам тој сон со секој мој концерт, со секој аплауз и овации извици и бурните ракоплескања, моето мото е кога сум на сцена да оставам свој белег и печат, за она што со години го негувам и е моја професија, а секако и да ја пренесам сета моја позитивна енергија на публиката, па можеби токму поради тоа после секој концерт луѓето се воодушевени и расплакани


4

Kaко се даваат имиња на улици, плоштади, мостови, паркови.... АКТУЕЛНО

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

▌Информираноста на граѓаните за тоа каква е постапката и кој одлучува за тоа која улица, плоштад, мост или парк па и зграда од јавен карактер кое име ќе го носи е на најниско ниво. Штипски Глас, со овој текст, се обидува да ги појасни работите зашто тоа е нешто кое не допира сите нас кои живееме во овој град и во оваа општина...

И

Штип се гради. Со секоја календарска година градот напредува, се шири, расте, се уредува. Како што му личи на град-регионален центар. На град кој има Универзитет, развиена стопанска структура, убави нови станбени и други градби, улици, тротоари, зелени површини... Отворање на нови улици, населби, мостови, паркови се нешта кои си бараат и соодветни имиња. Но, која е законската постапка и како се даваат имиња на објекти од јавен карактер? Дали е тоа ексклузивно право на градоначалникот, по што Штип беше единствен случај во државата, или на Советот на општината, или е тоа нешто што се подведува под поимот државна политика. -По ова прашање си постои Закон за именување улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти од јавен карактер кои им служат на сите граѓани. И по овој закон треба да се води постапката. Прво Општината утврдува потреба од нови имиња за објекти од јавен карактер, по што се обраќа до парципиентите во Советот на општината и до релевантните институции како националната библиотека „Гоце Делчев“, Универизтетот кој го носи истото име, Музејот, Сојузот на борци, Македонската православна црква и од нив се бараат предлози. И граѓаните имаат право да поднесуваат предлози. Но зад секој предлог на секој од предлагачите мора да стои сериозни образложение. Можам да потврдам дека најдобрите предлози сме ги добивале од библиотеката, вели Соња Китанова, секретар во Општина Штип. Откако ќе се добијат предлозите истите се испраќаат до соодветна комисија при Советот на општината, а овој орган утрврдува конечна листа која се испраќа до Владата на одобрување. –„Откако ќе се

добие согласност од Владата, од добиената и одобрена листа се прави предлог до Советот на општината во кој се опишува улицата со сите технички карактеристики од каде до каде е таа, по што Советот носи конечна одлука. Постапката е слична и за имиња на мостови, паркови, плоштади“, информира Китанова. Во Штип законитоста на процедурата се почитуваше се до доаѓањето на Илчо Захариев на функцијата градоначалник. На негов предлог и со целосно почитување на законитоста на постапката беше дадено име на улицата која од детската градинка „Астибо“ води до капијата на касарната „Јане Сандански“. Оваа улица го доби името на покојниот хирург Слободан Јовановски, иако на улицата повеќе и прилегаше името АРМ кое беше на списокот на имиња кои можеа да бидат користени. Затоа пак Захариев самоволно стана кум на плоштади паркови и мостови. Во населбата Дузлак паркот го крсти „Парк на фармацијата“, во центарот на градот мал плоштад го именува како „Плоштад на пријателството“, а пред хотелот Оаза еден простор го именува како „Парк на Макфест“, додека на мостот кој ги сврзува Исарот и Горно Маало, а кој го изработи „Актива“, Захариев му даде име „Мост на вљубените“! -Штип има само два плоштади и тоа плоштадот „Слобода“ и плоштадот „Тошо Арсов“ кај хотелот Оаза. Се друго е неофицијално и од законски аспект не постои. Ние, во моментов, имаме листа од 23 имиња кои можат, во секој момент, со одлука на Советот, да се дадат на објекти од јавен карактер. Тие имиња ја имаат поминато целата законска процедура. Во последниве години легендарниот и во песните опеан Дончо Штипјанчето доби улица во населбата Баби, малкумина штипјани знаат дека централната улица во викенд на-


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

АКТУЕЛНО

5

селбата „Плуждино“ си има име и се вика „Ристо Чепреганов“. Во населбата „Сончев град“ главната улица го доби името „Македонски бранители“, а улици добија и загинатите бранители Двојаковски и Петров, пет улици во населба Железничка, две во населба Баби и две во населба Каваклија се во процедура“, вели Соња Китанова. Штип има поголем број мостови но ниту еден од нив нема име кое ја поминало законската процедура. Неколку мостови народот сам ги има именувано. Таков е случајот со камените мостови на Отиња и на Брегалница кои се нарекуваат токму така „Камени мостови“, а ист е случајот и со новиот мост на Брегалница кој народот го вика мост „Актива“ бидејќи истиот го изработи познатата шитпска фирма. И мостот на Отиња спроти Стопанска банка граѓаните го именуваат како мостот „Брилијант“ бидејќи е подарок на градот од бизнисменот Мите Николов кој во времето на градбата на мостот ја поседуваше фабриката за масло „Брилијант“.

дека со Македонија управува Штип. Прв претседател на државата беше Киро Глигоров, прв премиер Никола Кљусев, министер за правда беше Ѓорѓи Наумов, за Внатрешни работи Јордан Мијалков, прв поглавар на МПЦ беше архиепископот Охридски и Македонски Михаил, претседател на Уставен суд беше Јордан Арсов, претседател на МАНУ Јордан Поп Јорданов.... Од сите овие имиња само спортската сала го носи името на Јордан Мијалков, а не е познато дали името на Мијалков е дадено поради тоа што беше министер во првата Влада кога и загина во сообраќајка, или е поради неговата спортска кариера како боксер за кое штипјани знаат малку. Да не беше изградбата на мултимедијалниот центар кој се „роди“ со европски пари како резултат на прегугранична соработка, ниту Киро Глигоров немаше да има име на никаков објект од јавен карактер во родниот му Штип. Цениме дека е неодговорно тоа што со ништо не е одбележано делото на првиот премиер Ни-

Интересен е фактот дека на листата на можни имиња кои можат да се дадат на објекти од јавен карактер, а кои имиња ја поминале законската процедура има и неколку имиња од црковниот свет. На листата се имињата на Архиепископот. Охридски и Македонски Доситеј, на Архиепископ Охридски и Македонски Михаил (штипјанец), на Епископ Велички Гаврил-Светогорец, но никој од нив нема добиено улица, мост, плоштад, зграда...Инаку, во 2008 година Владата има потврдено листа од 238 имиња кои можат во Штип да се користат за оваа намена, а од таа листа останати за користење се уште само 23 имиња. Штип беше доминантен во однос на личностите кои ја сочинуваа првата Влада на Македонија,а со тоа и во македонската политика во едно клучно за државата време. На почетокот од деведесеттите се велеше

кола Кљусев...Или можеби најдобра варијанта е на штипјани од првата Влада да им се направи заеднички споменик, секако заедно со Киро Глигоров како прв претседател на независна и самостојна Република Македонија, а тој споменик да се постави на локација во центарот на градот. А можеби е добро споменикот да биде и на влезот од градот кај бензиската на Лук Оил, а над споменикот да стои табла со натпис:

„Добредојдовте во градот кој ја дал првата Влада на независна Република Македонија“.

Подобра реклама за потенцијалите на Штип здравје...Ова, секако само како можност и за други размисли...


Штип доби Конзулат и на Унгарија, стануваме ли конзулски град? 6

ПОЛИТИКА

{tipski Glas, Juni, 2020 br. 112

На настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петар Сијарто, со пет конзулати Штип полека станува и Град на конзулите но сеуште е на половина пат до Битола....

Ш

тип кон крајот на овој месец доби нов, петти по ред конзулат на европска држава. Овојпат со пригодна свеченост на која присуствува Петар Сијарто, министер за надворешни работи и за трговија на Унгарија, д-р Ласло Дукс, амбасадор на оваа земја во нашата држава, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, дипломати и претставници на деловната заедница беше отворен Конзулат на Унгарија. Во рамки на настанот се одржа и билатерален бизнис форум на кој присуствуваа делегации на македонската и унгарската деловна заедница. Според двете страни, отворањето на конзулатот ќе придонесе за подобрување на билатералната соработка со фокус на интензивирање на економската активност и зголемување на трговската размена. Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто истакна дека унгарските компании до-

„Сојузот на стопански комори на Македонија има склучен меморандум за соработка со Стопанската комора на Унгарија и едновремено со претседателот на комората три години заедно делуваме како дел од раководството на Светската федерација на комори, соработка која со отворање на конзулатот ја интензивираме делувајќи кон унапредување на билатералната економската соработка.“, изјави Данела Арсовска. Во рамки на посетата се одржа и билатерален бизнис форум кој го отворија унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, министерот за економија Крешник Бектеши и Данела Арсовска како претставник на македонската деловна заедница, а учествуваа делегации кои на одвоени средби разговараа за можностите за воспоставување на деловна соработка со инвестиции и заеднички настап на трети пазари. Секторите индустриско производство, енергетика, градежништво и ИКТ индустрија беа во

бро се позиционирани во земјите од Западен Балкан. „Со отворање на конзулатот таа соработка очекуваме да се прошири и продлабочи. Најголем интерес кај унгарските компании има за инвестиции во секторот енергетика, индустриско производство и фармација. Претседателот на Сојузот на комори во својата функција конзул ќе го има во фокус економскиот сегмент“, рече Сијарто. Според Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопанските комори на Македонија која е и конзул на Унгарија во нашата држава, делегациите на деловните заедници во рамки на билатералниот форум детектирале постоење конкретен потенцијал за инвестиции во енергетиката, фармацевтската индустрија, градежништвото и туризмот, што како потенцијал треба да се искористи со цел зголемување на трговската размена.

фокус на форумот и билатералните средби. Унгарија е во групата на топ десет земји со кои имаме најголема трговска размена, која во 2020 година по обем на размена изнесува 351 милион евра. Двете држави имаат потпишано Спогодба за трговски и економски врски, како и Протокол за соработка помеѓу Царинските управи на двете земји за имплементација на Протокол 5 за взаемна административна помош по царински прашања од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕЗ и нејзините земји членки, потпишана во Луксембург на 9 април 2001 година. Инаку, Штип со овој конзулат веќе има четири конзулати на странски држави и тоа на Романија, Црна Гора, Латвија, Естонија и Унгарија. Почесни конзули се на Романија Штерјо Наков, на Латвија Зоранчо Митревски, на Естонија Сашко Миладинов, на Унгарија Даниела Арсовска, а на Црна Гора доскора почесен конзул беше Бранко Азески, но наскоро Црна Гора ќе назначи нов почесен конзул. На сите седиштето им е во нашиот град, а тоа нешто говори за значењето на Штип како политички и економски центар на Источниот регион и важна алка во националната политичка и економска стратегија.

КОНЗУЛСКИ ГРАД: Битола се титулира како „Град на конзулите“ со околу 10 конзулати, а Штип е втор во државата со пет конзулати. Кознулати имаме на Романија со Штерјо Наков (Фершпед) како почесен конзул, На Латвија, Зоранчо Митевски (Езимит), на Естонија – Сашко Миладинов од „Албатрос“, на Унгарија-Даниела Арсовска, од Стопанска комора на Македонија и на Црна Гора каде доскора почесен конзул беше Бранко Азески, а наскоро оваа држава ќе назначи ново лице на таа главно протоколарна позиција. Сите спомнати ја носат титулата почесен конзул.

СИЈАРТО: Со отворање на конзулатот очекуваме економската соработка да се прошири и продлабочи. Најголем интерес кај унгарските компании има за инвестиции во секторот енергетика, индустриско производство и фармација. Претседателот на Сојузот на комори во својата функција конзул ќе го има во фокус економскиот сегмент“, рече Сијарто.


БОЕВ: Изборот да се студира на УГД е вистинскиот избор

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

УНИВЕРЗИТЕТ

7

У

ниверзитетот „Гоце Делчев“ -Штип од првиот јулски ден отвора електронска платформа за пријавување студенти за учебната 2021/2022 година. По тој повод, ректорот на УГД, академик проф.д-р Блажо Боев имаше средба со новинарите на која средба говореше за очекувањата од уписите и ги повика идните студенти да го изберат Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој можат да добијат солидно знаење. -Ги повикувам завршените средношколци да се запишат на УГД, да одберат една од програмите за која сметаат дека може да им биде од значење во животот бидејќи нашиот универзитет обедбедува солидно знаење на она што значи високо образование кое е компетативно со она кое во животот ќе го работат не само дома туку и во државите од Европската унија, рече Боев. Ректорот порача дека со запишувањето на УГД идните студенти ќе направат вистински избор зашто сите потребни алатки кои постојат на било кој европски

интерес, при што наствата ќе биде онлајн, а вежбите ќе бидат со физичко присуство на помали групи, а на другите факултети каде има помали групи наставата ќе биде со физичко присуство на студентите и професорите. Сепак, уште еднаш сакам да напоменам дека сé ќе зависи од здравствена состојба во државата, а ако дојде до влошување на истата наставата ќе се одвива онлајн, рече ректорот Боев.

универзитет и им служат на студентите ги има и на „Гоце Делчев“ каде ги има и сите можности за квалитетно студирање. На прашањето на кој начин ќе се одвива наставата, дали онлајн или со физичко присуство на студентите со оглед на здравствената состојба предизвиканата од Ковид 19, Боев го кажа следното: -Универзитетот „Гоце Делчев“ е еден од најдобрите универзитети во државава за справување со вакви непогоди во делот на образовниот процес. Сепак, како Универзитет сеуште ја немаме донесено одлуката како од октомври месец ќе ја почнеме академската 2021/2022 година. Ние уште денес сме подговтвени за примена на хибриден систем, што значи онлајн настава на поголемите групи со физичко присуство на вежбите на помалите групи, па доколку нешто драматично не се промени во поглед на епидемолошката состојба на државата најверојатно учебната година ќе ја започнеме како хибриден систем со онлајн настава на поголемите групи како што е Медицинскиот факултет за кој отсекогаш постоел најголем

Инаку, на штипскиот Универзитет објавени се околу 4.000 слободни места на сите петнаесет единици кои го сочинуваат Универзитетот. -Ние водиме една статистика во делот на завршените средношколци во нашата држава па нашите очекувања се дека ќе можеме да пополниме половина од слободните места во прва година, а тоа е резултат на фактот дека во нашата држава има голем број високообразовни установи, коментира ректорот Блажо Боев. Ректорот истакна дека на Универзитетот е присутна популација средношколци на возраст од 18-20 години, па опфатот на вакцинација на таа популација е релативно мал, тоа е еден момент, а вториот момент е дека УГД ќе ги следи препораките на државните органи во однос на епидемолошката состојба во државата и ќе одговори на вистински начин на здравствената криза. Според Боев, УГД е установа која во поглед на информациско-комуникациските технологии р најнапредната во државата поради што на УГД и не се очекуваат некои проблеми ако треба да се продолжи со хибридниот систем доколку состојбата од здравствен аспект биде проблематична.

СТАТИСТИКА Ние водиме една статистика во делот на завршените средношколци во нашата држава па нашите очекувања се дека ќе можеме да пополниме половина од слободните места во прва година, а тоа е резултат на фактот дека во нашата држава има голем број високообразовни установи, коментира ректорот Блажо Боев.

ХИИБРИДНА НАСТАВА Нашиот Универзитет располага со сите модерни алатки потребни за изведување хибридна настава, па оттука ја имаме можноста дел од наставата да биде онлајн, а дел со физичко присуство на студентите, укажува ректорот Боев.


8

Боров Дол е современ рударски проект, важен за социо-економскиот развој на регионот ИНТЕРВЈУ

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

Павло КРИВИНСКИЈ, генерален директор на рудникот за бакар Боров Дол

▌Со отворањето на рудникот Боров Дол кој зафаќа територијат на општините Штип, Конче и Радовиш се продолжува животниот век на единствениот рудник за бакар Бучим за најмалку 10 години. Вкупната инвестиција за реализација на проектот Боров Дол изнесува 70 милиони евра, вели Павло Кривинскиј, генерален директор на единствениот рудник за бакар кај нас во интервјуто за Штипски Глас .

П

авло Кривинскиј е млад човек, има 38 години, а во 2019 година е назначен за генерален директор на рудникот за бакар Боров Дол. Кривинскиј потекнува од Украина и е магистер по индустриско инженерство и градежништво и дипломиран машински инженер. Работел во повеќе познати фабрики и индустриски комбинати во родната Украина, а од 2012 година учестува во изградбата на фабрика за производство на фероникел “Феникс” во Централна Америка, Гватемала, каде го формира и го предводи конструкторскиот оддел. Од септември 2019 година. Во интервјуто за Штипски Глас првиот човек на рудникот Боров Дол говори за иднината на рудникот, за неговото значење за социо-економската благосостојба на регионот, за соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“ и за бенефитот кој од работата на рудникот ќе го имаат општините Штип, Конче и Радовиш. -Г-дин Кривинскиј, фактите говорат дека рудникот Бучим си ја оствари својата мисија на овие наши простори и во националната економија на Северна Македонија работејќи успешно и посветено цели 40 години. Откако ресурсите на овој рудник беа целосно искористени, на среќа на вработените и општините во околината (Штип, Конче, Радовиш) компанијата „Солвеј“ донесе судбинска одлука за овој крај за отворањето на рудникот Боров Дол. За нашите читатели да ни кажете кога и во кои услови започнаа активностите на Боров Дол и колку инвестиции компанијата „Солвеј“ вложи во овој економски процес. Стратегијата на нашата матична компанија Солвеј е да создава и одржува проекти со долгорочна цел. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од групацијата Сол-

веј која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна одржлива иднина. Веќе цели 16 години, рудникот успешно работи и обезбедува сигурна егзистенција на околу 600 семејства од радовишкиот и југоисточниот регион. Поаѓајќи од фактот дека минералните суровини се исцрплив ресурс и дека животниот век на Бучим заврши во 2020 година, нашиот инвеститор навремено започна да размислува на тоа како да го продложи работењето на овој индустриски капацитет, наместо негово целосно затварање. Во 2011 година, врз основа на сознанијата од претходните истражувања на рудното наоѓалиште Боров Дол, нашата матична компанија започна со извршување на дополнителни детални геолошки доистражувања, кои докажаа дека локалитетот Боров Дол, претставува рудно наоѓалиште на бакар, кое не-

ЗЕЛЕНО РУДАРСТВО До пред само неколку години “зеленото рударство“ беше само концепт, одошто воспоставена глобална практика и беше далеку од пошироко распространета пракса, но нашата компанија веќе долги години доброволно ги следи принципите на т.н. зеленото рударство и работи согласно најнапредните стандарди во рударската индустрија.

сомнено ќе овозможи продолжување на работниот век на рудникот Бучим најмалку до 2030 година. Така што, можам да кажам дека целокупниот процес на реализација од остварувањето на идејата за инвестирање до конечното завршување на инвестицијата траеше повеќе од 10 години. На крајот од 2018 година, започнавме со фазата на реализација, т.е. активности за изведбата на инвестициониот проект


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

ИНТЕРВЈУ

Боров Дол и работевме напорно и целосно фокусирани на тоа годинава да започнеме со производство од рудното тело Боров Дол. Вкупната инвестиција за реализација на проектот Боров Дол изнесува 70 милиони евра. Уште на почетокот најавивте дека стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, притоа да се минимизираат влијаниата врз животната средина, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите на локалните општини Конче, Радовиш и Штип. Можете ли да потврдите дека тој стратешки приоритет е остварен? Апсолутно да. Нашата цел е да да ги зачуваме работните места и да одржуваме стабилно, одржливо и континуирано производство. Стратегијата на нашата компанија е заснована врз принципите на одржливиот развој. Боров Дол е современ рударски проект, развиен со оглед на постојаниот и одржлив социо-економски развој на регионот, заштита на животната средина во текот на целиот животен циклус на рудникот, јасно планирање за употребата на постојната инфраструктура и локалниот пазар на труд. Рабо-

тиме на одговорен и одржлив начин и, се водиме според целите за еколошко, општествено и корпоративно управување (ЕСГ). Успевеме да создадеме нов рударско-индустриски комплекс, без поголеми инфрастуктурни градби кои би имале дополнително влијание врз животната средина. Експлоатацијата на рудата се врши во Боров Дол, а преработка на истата се врши во веќе постоечките преработувачките капацитети на Бучим. Рудата до преработувачките капацитети на Бучим се транспортира преку транспортна лента, рудничката јаловина се одлага на надворешно одлагалиште во Боров Дол, а добиената флотациска јаловина од преработката во Бучим, се складира во постоечкото хидројаловиште на Бучим. Постигнавме врамнотежување на економските, социјалните и целите за заштита на животната средина, преку рационално планирање и користење на земјиштето, ефикасно инфраструктурно поврзување и опремување на просторот и обезбедување услови за одржлив економски развој на регионот. Изградивте најсовремена транспортна трака која ја воведовте во нашата држава. Колку е долга лентата и која е разликата во транспортот на рудата од Боров Дол до флотацијата на Бучим со трака во однос на транспортот со камиони, односно зошто се определивте за

9

пренос на рудата преку транспортна лента? Одсекогаш сме се стремиле кон тоа да ги донесуваме најдобрите еколошки решенија и да пронаоѓаме начини како да ги избегнеме потенцијалните штетни влијанија од работниот процес. Една од нашите најважни цели претставува намалување на негативните влијанија врз животната средина кои настануваат при процесот на нашето производство. Токму затоа, ги применуваме најдобрите достапни современи методи, ги следиме новитетите во областа на рударството и инвестираме во најсовремена технологија и опрема. До пред само неколку години “зеленото рударство“ беше само концепт, одошто воспоставена глобална практика и беше далеку од пошироко распространета пракса, но нашата компанија веќе долги години доброволно ги следи принципите на т.н. зеленото рударство и работи согласно најнапредните стандарди во рударската индустрија. Поаѓајќи од тоа, може да се каже дека баравме современо, иновативно и одржливо решение за транспорт на рудата, пред се водејќи се според принципите на одржливост, со цел да се справиме со предизвиците со кои сме соочени. Ги надградивме нашите, веќе постоечки, добри пракси кои до сега дале резултати и ја заменивме застарената транспортна технологија, со незагадувачка технологија. Станува збор за покриена транспортна лента, долга 7 километри, која претставува еко-пријателска современа технологија затоа што максимално ја минимизира појавата на прашина, работи на електрична енергија и е современ енергетски ефикасен систем за транспорт на руда кој што не создава бучава и вибрации во животната средина во подрачјето. Најавувате дека согласно досега утврдените рудни резерви Боров Дол ветува континуитет во работата на рудникот во наредните 10 години. Прашањето ни е дали, напоредно со работата на Боров Дол ќе се работи и на нови истражувања на можни рудни резерви со оглед на фактот дека десет години и не се некој долг период во животот на еден рудник. На пример, рудникот Злетово трае 84 години, Саса-55 години и има резерви за уште најмалку 18 години... Во далечната 1979 година, рудникот Бучим официјално започнал со работа со првобитни прогнози и очекувања дека рудникот има рудни резерви за 17 годишно работење, а всушност сведоци сме дека Бучим одбележа работење од цели 42 години и покрај фактот дека се ископуваше една од најсиромашната руда со бакар во светот со содржина на бакар во руда од само 0,12% до 0,25%. Во 2005 година, кога Солвеј го превзеде рудникот, располагаше со утврдени експлоатациони резерви во количина од 24,8 милиони тони, или поточно во тој период предвиденото време за работа на рудникот беше со помалку од шест години, но сепак Бучим работеше успешно до крајот на 2020 година. Со отворање на новиот рудник Боров Дол, всушност се продолжува животниот век на Бучим. Солвеј е компанија која цели кон долгорочно присуство со одржлив развој и постојано се разгледуваат можности за зголемување на севкупната продуктивност врз основа на зголемување на ресурсите од доистражувањето на рудните резерви. Боров Дол е совршен пример за тоа како компанијата одговори на предизвикувачката ситуација од неизбежното затварање на Бучим. Рудникот Боров Дол содржи докажани и проспективни резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,26% бакар и 0,20 г/т злато, што овозможува сигурна експлоатација во период од 10 години, а постои и можноста за проширување на површинскиот коп во што прогнозираните резерви се за дополнителна работа за нови пет до десет години. Така што, слободно можеме да кажеме дека животот


10

ИНТЕРВЈУ

на Бучим, преку отворањето на рудникот Боров Дол сеуште трае и ќе продолжи за уште најмалку 10 години и може значително многу да се продолжи и понатаму кога ќе се обележат нови резерви од рудното тело Боров Дол. Боров Дол е локација која зафаќа површина од три општини: Конче со 57,13 %, Штип со 38,43% и Радовиш со 4,44%. Колку пари ќе добиваат општините од концесискиот надомест ? Општините Конче, Штип и Радовиш, имаат удел во експлоатацијата и преработката на рудата, а со тоа секоја општина, како концедент, може да смета на финансиска добивка врз основа на концесијата, согласно процентот на територијата која Боров Дол ја зафаќа во секоја од нив. Концесијата е пресметана согласно договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини и тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини од 2020 година. Според ова, општините може да сметаат на постојан годишен бенефит од концесискиот надомест за експлоатација и тоа Општина Конче на годишен финансиски приход од 30 милиони денари, Општина Штип на годишен финансиски приход од 20 милиони денари и Општина Радовиш на годишен финансиски приход од 2 милиони денари, додека во буџетoт на РСМ ќе се слеваат

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

е според местото на живеење, туку стручноста, способноста, образованието и мотивираноста на кандидатите на кои им е обезбедена обука за сите позиции. Според планот, се очекува бројот на директни вработени во Боров Дол да изнесува околу триста луѓе. Во моментов, според динамиката на работата обезбеден е потребниот кадар, а бројот на вработени лица во Боров Дол изнесува 271, од кои 84% се од општина Радовиш, 10% од Конче и 3% од Штип. Создадени се и многу индиректни работни места, преку ангажирање на добавувачи од локалните соседни општините Конче, Штип и Радовиш, а притоа креирани се и можности за развој на нови бизниси во регионот. Со отворањето на Боров Дол, ја зголемивме и ја зајакнавме соработката со сите наши засегнати страни, продолжувајќи да градиме цврста основа за одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот не само на денешните, туку и на генерациите што доаѓаат. Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ги има дадено речиси сите кадри за нашите рудници, негови професоринаучници и денес се ангажирани во Бучим, Саса, Злетово, Тораница... Како Боров Дол ќе одговори на соработката со Универзитетот ?

ЗА УГД: Имаме одлична и успешна соработка со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а неа ќе ја продолжиме и во иднина, зашто ги делиме истите ставови во поглед на профилот на едуцираниот кадар. Научниот кадар на УГД Штип има значаен удел во развојот на рудникот Боров Дол, ги користевме и ќе ги користиме нивните знаења, а со повеќето од нив имаме и постојана соработка на сите полиња.

околу 15 милиони денари годипно, во зависност од цента на металите на Лондонската берза за метали и производителноста на рудникот. На површинскиот коп во Бучим работеа околу 250 работници. Дали сите тие сега се префрлени на работа во Боров Дол? Дали, во моментов, рудникот Боров Дол го има сиот потребен стручен кадар и дали новите работници кои ќе бидат примани на работа ќе бидат од општините согласно процентот на нивната територија која ја зафаќа Боров Дол? Отворањето на новиот рудник Боров Дол овозможи зачувување на работните места на вработените во Бучим, со тоа што со работниците од површинскиот коп на Бучим преминаа на работа во површинскиот коп на Боров Дол, а останатите вработени ги зачуваа своите работни места во постоечките капацитети на Бучим. Работните места на вработените се задржани. Воедно, се создадоа и нови работни можности за жителите на локалните општини Конче, Радовиш и Штип, со тоа што при вработувањето критериумот не

Рудникот Боров Дол има одлична и успешна соработка со факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе продолжи истата да ја остварува и во иднина. Научниот кадар на УГД Штип има значаен удел во развојот на рудникот Боров Дол, ги употребуваме нивните знаења и со повеќето од нив имаме и постојана соработка. Имаме заедничка соработка на сите полиња. Неминовна е потребата да се едуцира квалитетен кадар, кој со стекнатите знаења ќе може да одговори на реалните барањата на работодавачите. Рудникот е тесно поврзан со факултетите и со Универзитетот „Гоце Делчев“ и ги делиме истите ставови во поглед на профилот на едуцираниот кадар. Воспоставувањето на заедничката соработка е со цел да се овозможува теоретско и практично профилирање на студентите и продуцирање на кадар кој одговара на потребите на секторот. Во рудникот, повеќето вработени се дипломци на УГД Штип. Најголемата движечка сила зад постигнувањето на мисијата и визијата на нашата компанија се нашите вработени. Вработени се нашиот клучен фактор за успех и едноставно немаме дилема дека ќе продолжиме да инвестираме во квалитетни кадри.


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

БОРОВ ДОЛ

Транспортна лента

Административна зграда

Примарно дробење и склад

11


Миро КАЦАРОВ и Ведрана ЃОРЃЕВИК, водители на МАКФЕСТ ветуваат спектакал каков досега не е виден на фестивалот

12

МАКФЕСТ

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

П

ознатиот ТВ водител со штипско потекло Миро Кацаров и неговата колешка Ведрана Ѓорѓевиќ од забавната емисија Бек стејџ на Канал 5 телевизија е новиот водителски пар на Макфест 2021 година. Првпат во историјата на фестивалот во независна Македонија штипјанец ќе ја има главната-водителска улога што е улога на вешт сообраќаец кој го насочува сообраќајот од сцената кон публика. Претходно, во време на екс Југославија, на оваа позиција беше Павле Ѓорѓиев, сега покоен. По дознавањето на ваквата одлука, и откако Кацаров и Ѓорѓевиќ потпишаа договори за водителство на Макфест, водевем разговор со Кацаров на тема Макфест и што ново и квалитетно ќе ни пружи новиот водителски пар.

сето ова се случи благодарение на градоначалникот д-р Сашко Николов кај кого видов огромна желба за еден нов, поинаков, поубав и попривлечен Макфест, вели Кацаров. Нашиот соговорник вели дека е среќен што како штипјанец може да го даде својот придонес за новиот сјај на фестивалот.

-За мене Макфест е нашиот Сан Ремо. И затоа мене ми е исклучително важно да го вратиме сјајот кој Макфест го имаше во некои години и кога имаше и кога немаше пејачи од бившите ЈУ простори, укажува новиот водител на Макфест. Има некои почетни најави дека фестивалот ќе ја менува локацијата. Ако со години тој се одржуваше во големата сала при Домот на култура „Ацо Шопов“, а лани поради короната на плоштадот „Слобода“, сега се говори дека Макфест ќе има сцена на новиот „Бела ресорт“ или аква паркот. -Во разговор со градоначалникот добив некои назнаки дека фестивалот ќе биде на нова локација, но дали тоа ќе биде аква паркот или некое друго место засега не знам, а и не би сакал да шпекулирам, јасен е Миро Кацаров. -Идејата да бидам водител на Макфест дојде од градоначалникот д-р Сашко Николов уште за време на вонредните локални избори за градоначалник на Штип кога јас бев во неговиот изборен штаб. Meѓу останатото разговаравме и за Макфест, за нивото на кое денес е фестивалот и за потребата од нова енергија за фестивалот да си ја поврати старата слава. Тоа беше некој вид идеја која овие денови ја преточивме во стварност со потпишување на договорот. Значи,

Сценариото за новото издание на Макфест го прави водителскиот пар.

-Сценариот ќе понуди нешто што досега не е видено на Макфест. Фестивалот ќе го водиме преку меѓусебна конверзација, ќе има многу кореографија, ќе биде тоа празник за очите, за ушите за сите благородни сетила. Како водители гарантираме една сосема нова макфестовска приказна, ни рече нашиот соговорник.


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

РЕКЛАМИ

13


14

К

Конечно Штип доби прекрасен Aква Бела ресорт НОВО ВО ГРАДОТ

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

он средината на овој месец во Штип, на местото на стариот Градски базен беше отворен преубавиот Аква Бела ресорт (аква парк за штипјани). На свеченоста покрај Љупчо Манџуков, чија компанија „Оаза екстра скопско“ стои зад долгоочекуваниот проект, присуствуваше и штипскиот градоначалник др Сашко Николов. Се рабти за прекрасен објект во кој штипјани, а и бројни гости од блиските и нешто подалечни градови ќе можат да поминат дел од деновите во престојното жешко лето. -Аква бела ресортот може да прими до 1.500 најдобрите услуги на посетителите. Во рамките на репосетители, цените за еднодневен престој изнесуваат сортот е и прекрасниот ресторан и барот со неверојат250 денари за деца до 17 и 300 денари за возрасни над 17 години во работните денови, а за викенд деновите цените ќе изнесуваат 300 денари за деца односно 350 за возрасни. Во нашата понуда се и поголем број пакети кои ќе им стојат на располагање на семејства и групни посети, вели младата менаџерка Симона Митрева, студентка на Факултетот по туризам на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во цената се вклучени и користење на лежалки, користење на големиот базен со димензии 25 х 50 метри и длабочина од 50 до 190 сантиметри, двата тобогана за деца и возрасни, а на децата им стојат на услуга и пиратски бродчиња. Во склоп на ресортот се и две д-р Сашко Николов Симона Митрева, менаџерка тениски, едно кошаркарско и едно играно богата винска понуда и јадења од морски плодови, појаснува менаџерката Симона. Градоначалникот д-р Сашко Николов рече дека Штип добива преубав објект на кој градот чекал долги години. „Не беше во ред штипјани преку лето на капење да одат во Пробиштип или во Неготино. Штип е град кој последниве четири години забрзано се развива и урбано уредува, никнуваат прекрасни објекти како Аква Бела ресортот, а ние како локална власт секогаш сме тука да им овозможиме на инвеститорите да вложулиште за одбојка на песок. ваат зашто тоа е од интерес за сите“, рече Николов. -Во Аква Бела ресортот се вработени околу 35 Работното време е од 6-24 часот со тоа што лица, сите сме млади, ентусијастички настроени, по- први денот го отвораат пливачите кои тука ќе тренисветени на предизвикот, обучувани да ги пружиме раат.


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

Н

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

Животбездискреција КОЛУМНА

15

а една од не ретките средби животот на човекот во средни го- гласно и јасно да се слуша кој со со мојот пријател, уште од дини. Во неа успешно се третираат кого и што зборува. Каков ќе биде детските години, му реков: некои современи животни феноме- животот кога секој за секого ќе знае -Е мој пријателе годините ни, пред се, новите средства за се’? Во таков случај најпрво ќе преснеосетно си минуваат. Полека, по- комуникација (мобилните телефо- танат озборувањата зашто ќе има лека не водат кон староста. ни, социјалните мрежи, интернетот) само директни обраќања. Царот ка-Молчи, кој знае за тоа! – ме и нивното влијанието на стилот на ко што и било која друга власт, нема прекори пријателот. живеење, т.е. како тие го форми- да се пцуваат зад грб. Никој нема да -Сакаш да кажеш, ако си раат психолошкиот профил?“ На копа дупка за да ја закопа својата молчам никој нема да забележи де- крајот од експликацијата режисерот изјава - во царот Трајан ушите се ка брадата и косата ни се осланети, ги поставува прашањата: „Можна ли козји, како што и никој нема да чека дека имаме длабоки брчи под очите е дискреција? Како изгледа живо- дупката да проговори. Кражбите и и на краевите од усните, а на ра- тот без дискреција?“ убиствата нема да се докажуваат. цете ни се појавуваат темни петна? Мафијашите нема да се ословуваат -Е, мој драг пријасо„ брате“. Брачните пателе, велиш дека многу рови нема да се колнат години си натрупал на Ако навистина човекот го гледа она што ќе на верност. Ќе се укинат грбот, а сé уште не ти се му се каже, а не она што ќе го види, тогаш чиновите „швалер“ и јасни некои едноставни вистината е конструкција. Неколку пати „швалерка“. Ќе се укинат нешта. Прво, луѓето го повторуваната лага станува вистина. Во тајните, разговорите зад гледаат она што ќе им се затворени врати. Секој правото е присутна прагмата, црното да се каже, а не она што ќе го секого ќе го ословува со прави бело, белото црно. Ако вистината се ти. Луѓето ќе се гледаат видат. -Значи ако си кажува, а не се гледа, тогаш не ни останува само во очи. Е, на тоа молчиме тие нема да ја ништо друго освен да заклучиме дека можеме ли да му речевидат нашата соматска вистината е во рацете на дискрецијата, т.е. ме дека е живот. Сигурсостојба? но дека не. Затоа што дека нема живот без дискреција. -Точно така. Запобргу ја сфатиме паротоа подобро да си моллата „Да живее дискречиш. цијата!“, ако не подо-И нашата старост ќе биде Мојот пријател би рекол, во долго, посреќно ќе живееме. тајна, односно само ние ќе бидеме дискрецијата е вистината. Ако наП.С. Пред некој ден прочисоочени со неа. вистина човекот го гледа она што ќе тав дека еден наш висок функцио- Тешко ќе се открие она за му се каже, а не она што ќе го види, нер имал интимна исповед во иншто нема да говориме. тогаш вистината е конструкција. Не- тервјуто за некои од медиумите. Го рече тоа и си замина. Ме колку пати повторуваната лага ста- Мислам дека по неговиот пример остави да размислувам за животот нува вистина. Во правото е присут- треба да тргнат сите високи функво дискреција. Така размислувајќи на прагмата, црното да се прави ционери, крупни и ситни политичасе довлечкав, во мислата, до пиеса- бело, белото црно. Ако вистината ри, зашто не е лошо да се кажува та „Црна кутија“. Пиесата е адапта- се кажува, а не се гледа, тогаш не она што треба да се види, поготово ција на култниот италијански филм ни останува ништо друго освен да кога ќе се во кампања. на Паоло Ѓеновезе „Совршени стра- заклучиме дека вистината е во раНа следната средба со мојот нци“. Во режисерската експликација цете на дискрецијата, т.е. дека нема пријател, уште од детските години, на режисерот кој сака да ја инсце- живот без дискреција. ќе му кажам дека сум во цветот на нира на нашата-Штипската театарАјде да го замислиме живо- младоста. ска сцена, стои запишано: тот, односно комуникацијата преку „Приказната произлегува од мобилните телефони приклучени на современието, поточно речено, од „Спикер“. Таквата опција дозволува


16

Децата-уметнички души од ОУ „Ванчо Прќе“ на работилница за мозаици

Е

динаесет деца од Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ кои покажуваат склоност кон уметноста, учествуваа во креативната работилница под наслов „Мозаикот денес“. Организацијата на работилницата е на НУЦК „Ацо Шопов“, а со талентираните за уметност де- ца работат м-р по ликовна уметност, мозаичарката Алексан- дра Давиткова, додека изборот на децата посетители на работилницата е на наставничката во ООУ „Ванчо Прке“ – Верица Наумова.

-Работилницата траеше три дена и за ова време видов дека Штип има неверојатно талентирани деца за умет- носта, во случајов за мозаичната уметност. За три дена децата изработија дванаесет мозаици кои ќе бидат изложени на посебна изложба во рамките на Штипско културно лето, вели Димитрова.

Според нашата соговорничка идејата била изучување на процесот на создавање мозаик како посебна дисциплина во ликовнното изразување.

-Децата покажаа голем интерес за мозаикот. Цело време се виде нивната посветеност, интересот, желбата, обидот да се направи најдобар можен мозаик од разнобоен материјал. Децата користеа рециклиран материјал - глазирана керамика, а нивниот „про- извод“ штипјани ќе може да го видат на самата изложба ова лето, потенцира уметничката Димитрова.

КУЛТУРА

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112


Културата ни е метрополизирана, потребно е градовите од „внатрешноста“ почесто да соработуваме

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

КУЛТУРА

17

♦ Ова го вели проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска од Битола, чија книга „Математичка поезија“ - добитник на наградата „Ацо Шопов“ како најдобра книга поезија во 2020 година во избор на ДПМ беше промовирана во нашиот град.

В

о Домот на култура „Ацо Шопов“ месецов беше промовирана книгата „Математичка поезија“ од битолската професорка и поетеса Даниела. Андоновска-Трајковска. За ова свое поетско дело Андоновска Трајковска, која е доктор по педагогија во областа на методикато и е професор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, стана добитник на наградата „Ацо Шопов“ која од ДПМ е избрана за најдобра книга поезија во 2020 година. Промотор на „Математичка поезија“ беше писателот Трајче Кацаров, а во поговорот на истата Весна Мундишевска-Вељановска запишала: „Функциите на

достапни, разбирливи и приемчиви“... -Oваа награда ми причинува големо задоволство бидејќи таа е сатисфакција и признание не само за тоа што го работам туку и како чин на моја одговорност кон моите културни предци, кон сите кои во минатото ја добиле оваа награда и, конечно, кон моите читатели. Пишувам од мали нозе но не објавував зашто градев академска кариера, поради што првата книга ја објавив на 33 годишна возраст. Досега имам објавено девет книги од кои осум поезија, една книга за деца, а покрај нив имам објавено и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ и уште две стручни публикации, изјави за Штипски Глас проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Нашата соговорничка вели дека во Македонија пишувањето воопшто не е исплатлива работа. -Министерството за култура не доделува ниту приближно доволни финансиски средства за оваа намена, од друга страна младите се „навлечени“ на интернетот, од трета во државата имаме хиперпродукција во издаваштвото па кој има пари ќе си издаде книга, а во вакви околности естетските вредности се тотално изгубени, вели Даниела. Од штипските писатели таа најмногу го познава Трајче Кацаров, а знае и за Ацо Шопов, Михаил Ренџов и Благој Самоников. Во Битола, вели Даниела, има 18 активни писатели и сите тие се членови на ДПМ, а една деценија постои манифестација „Битолски книжевни паметења“ на која учествуваат домашни и странски писатели. -За мене настанот во Штип е од посебно значење бидејќи ми е укажана голема чест книгата „Математичка поезија да ја претставам пред штипската публика која не се има откажано од книгата. Ценам дека имаме потреба почесто да си разменуваме вакви настани, посебно ние од градовите од тнр. „внатрешност“ живеачката, креативно ставени во тригонометријата на бидејќи сé се случува во Скопје поради што имаме мепостоењето, продуцираат мисловност на динамичен трополизирана култура, посочува проф.д-р Даниела стих кој е експлозивно згуснат. Песните се отворени Андоновска-Трајковска.


18

СЦЕНА

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112


Мане Чучков не е внук на Ефрем Чучков

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

ИСТОРИЈА

Секогаш кога ќе се спомене името на Мане Чучков веднаш се прикажува како внук на војводата Ефрем Чучков, така е дури и во пишаните документи, а тоа не е точно. Бидејчи се работи за славни штипјани редно е да се знае вистината за нив

М

ногу често се случува во штипските семејства, на две или повеќе познати личности со истото презиме, погрешно да им се толкува сродството. Таков пример имаме во семејството Чучкови. Секогаш кога ќе се спомене името на Мане Чучков веднаш се прикажува како внук на војводата Ефрем Чучков, така е дури и во пишаните документи. Доволно е само да се знае податокот дека војводата Ефрем Чучков нема потомство и дека почива во Кустендил за да стане јасно дека станува збор за погрешно интерпретирање на корените. Ефрем Чучков, големиот авторитет на револуционерната организација, другар, соученик, колега и соработник на Гоце Делчев, е роден 1870 година во легендарното Ново Село. Во неговото семејство се родиле прт машки деца и две девојчиња. Тој е најстариот син, по братот Христо кој бил свештеник во Солун подоцна во Бугарија, други двајца на кои не им се знаат

Чучков говори во слободно Скопје, 1945 година

имињата, па сестрите Стефанка и Катерина кои се мажени во Софија и најмалиот од нив е Ване кој на пет години бил посинет во семејството Велкови кои биле богати а немале деца. Така неговиот најмал брат продолжил да живее како Ване Велков. Негов син е опеаниот Коле Велковјо во песната за Ленка Пингова. Ефрем Чучков по завршувањето на средното образование, работел како учител во штипско Ново Село заедно со Гоце Делчев, а потоа двајцата се за-

19

Ефрем Чучков седи прв од лево а од десно е Гоце Делчев

пишале во военото училиште во Софија кое подоцна и двајцата го напуштиле. Дипломирал на педагошкото училиште во Казанлак во 1896 година и потоа неколку години бил учител во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива дејноста на Организацијата. Во бракот немале деца. По тешката болест починал во Софиската болница 1923 година, погребан е во Кустендил. Мане (Емануел Чучков) е роден 1901 година во штипско Ново Село. Неговиот дедо Ефрем Чучков е прв братучед на таткото на војводата Ефрем Чучков кој нема свое потомство, што значи подалечен сродник. Ваквата забуна ја прави истото име и презимеЕфрем Чучков на двајцата братучеди. Инаку Мане е син на Христо и Марија. Христо по занает бил шапкар. Имале шест деца: Мане, Страхил, Перо, Драга, Киро и Елеонора. ЈОСИМОВСКА: За крај имам едно прашање до моите Штипјани, како тоа Гоце Делчев го славиме, а неговиот прв соработник, колега и другар Ефрем Чучков го забораваме?

Мане Чучков го завршува основното образование во Штип, гимназија во Скопје, а дипломира 1925 г. на Филозофскиот факултет во Белград - на фундаменталната група за географија (антропогеографија и физичка географија, етнологија и етнографија, историја и словенска филологија). Тој е и првиот штипски доктор по географски науки. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран за член на Президиумот на АСНОМ како негов втор потпретседател. Мане почина 1967 година во Скопје. Својот живот го заврши како професор на Економскиот факултет во Скопје. Зад себе остави два сина Владо и Драган. За крај имам едно прашање до моите Штипјани, како тоа Гоце Делчев го славиме, а неговиот прв соработник, колега и другар Ефрем Чучков го забораваме? Елена Јосимовска


Штипските деца Рајков, Алексовски и Димовски ќе играат во лига на УЕФА

20

ФУДБАЛ

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

Е

вропскиот фудбал годинава нема да помине без талентирани штипски деца за најубавата игра на светот. Бојан Рајков, Дарко Алексовски (Пеле) и Мартин Димовски (Робен) на 8 јули ќе настапат за ФК Силекс од Кратово против клуб од Молдавија во рамките на Конференциската лига на УЕФА. -Ние тројцата во екипата на ФК Силекс преминавме во текот на летниот период. Јас играм на позиција десен бек-стопер, Алексовски е полу шпиц, а

Рајков

Македонската екипа тренира напорно преку целото ова претопло лето. Нашите момчиња велат дека во ФК Силекс биле одлично прифатени и дека клубот функционира како големо, сложно семејство во кое секој си ја знае работата и одговорноста. Шеф на стручниот штаб е Горазд Михајлов, кој, според Рајков, има мошне коректен однос спрема сите фудбалери и кој одлично си ја врши работата. -Би било голем успех за нас да го поминеме

Алексовски

Димовски игра на позиција лев бек. Иако Силекс-Кратово испадна од Првата и се пресели во Втората лига, сепак како победник во купот на Македонија клубот излегува во Европа во рамките на Конференциската лига на УЕФА, вели Рајков. Првиот натпревар се игра на 8 јули во 16 часот на фудбалската арена „Тоше Проески“ во Скопје. Но, какви се шансите на Силекс да помине во второто коло? -На стартот играме против второпласиран клуб од Првата лига на Молдавија. Тоа е екипата Петро клуб, реваншто ќе го играме во Молдавија на 15 јули. Нема да биде лесно,. Молдавците играат убав фудбал но ние сме подготвени за двата натпревари па кој ќе биде подобар нека оди напред. Јас и моите колеги сме убедени дека тоа ќе биде нашиот клуб Силекс, вели Бобан Рајков.

Димовски

првото коло зашто во второт би не чекала средба со познатиот турски клуб Сиваспорт. Ако играме со него на арената во Скопје ќе не чека натпревар пред голема публика која знае да понесе. Но, за почеток нашите мисли се насочени кон натпреварот со клубот од Молдавија, ги појаснува Рајков работите. ФК Силекс со тројката штипјани летово тренираше во Охрид каде клубот има своја база, а условите за престој и тренинг се идеални. Единствен проблем за фудбалерите биле високите температури, но кога се мора, кога се има јасна и висока цел, тоа не било такаа напорно. -Наша главна цел е враќање на ФК Силекс во Првата фудбалска лига каде што и припаѓаме. Испаднавме поради сплет од разни непредвидливи околности. Ќе играме во Втората лига-Запад, а од идната сезона ете не пак во елитното фудбалско друштво на Македонија, убеден е Бојан Рајков.


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

Ш

Атлетиката се враќа во Штип СПОРТ

тип си ја враќа атлетиката благодарение на ентусијасти кои се вљубени во Кралицата на спортовите. Идејата е веќе од есен, кога учениците ќе се најдат во училишните клупи, да се изврши силна промоција на овој спорт кај децата и младината. Зад овој проект стои Тони Лазаров кој го оживува атлетскиот клуб „Брегалница“ дел со свои идеи и своја посветеност, дел со финансиски средства. Тој е претседател на клубот од 2005 година во кој секретар е познатиот спортски работник Томе Коцев.

21

Токио, тоа е Јован Стојовски од Охрид кој ќе настапи на 400 метри. Во Македонија веќе се рушат некои стари рекорди, доаѓа нова генерација атлетичари, а се надевам дека и во нашиот Штип ќе се јави интерес кај младите за овој спорт, посочува Тони Лазаров. Првиот човек на АК Брегалница вели дека клубот имал свои простории на Градскиот стадион каде, на времето, се одржувани голем број атлетски митинзи. -Последниве години стапив во контакт со големи светски имиња во овој спорт, како што е Лорд Себастиан

Атлетската репрезентација на Македонија

-Ние мора да си ја почитуваме традицијата која упатува на тоа дека во нашиот град атлетиката како спорт постои од 1955 година кога атлетскиот клуб го добива името Брегалница. Нас не водат емоциите од 1985 година кога токму АК Брегалница стана првак на Македонија и тоа во годината кога кокуренцијата беше огромна. Затоа лично ценам дека за атлетиката има место во семејството на спортовите во нашиот град, вели Лазаров. МОМЧИЛОВА За девојчиња од 14 до 20 години атлетиката е најлесен спорт за тренинг и за остварување поголеми успеси, посебно бидејќи се работи за индивидуален спорт во кој индивидуалните способности и можности, како и личната посветеност се пресудни за успех.

Лазаров тренерите ги нашол во имињата на Слободанка Момчилова, наставник во спорт и спортски активности во среднто медицинско учлилиште „Јане Сандански“ и познатиот спортски работник Зоран Саздов. -За девојчиња од 14 до 20 години атлетиката е најлесен спорт за тренинг и за остварување поголеми успеси, посебно бидејќи се работи за индивидуален спорт во кој индивидуалните способности и можности, како и личната посветеност се пресудни за успех. Во нашиот град има поголема група наставници по спорт и спортски активности кои би можеле да се вклучат во клубот, вели Момчилова. Тони Лазаров е член на Извршниот одбор на атлетската федерација на Македонија. -Ателтиката полека но сигурно и на голема врата се враќа во семејството на спортовите во нашата држава. Ние ќе имаме атлетичар кој ќе настапи на Олимписките игри во

Коу, освојувач на четири олимписки медали, а имав средба и со легендарниот Сергеј Бубка, повеќекратен светски рекордер во скок со стап. Тие се интеТони Лазаров ресираа за развојот на атлетиката во Македонија и ветија поддршка за развој на овој

ЛАЗАРОВ Ние мора да си ја почитуваме традицијата која упатува на тоа дека во нашиот град атлетиката како спорт постои од 1955 година кога атлетскиот клуб го добива името Брегалница. Нас не водат емоциите и од 1985 година кога токму АК Брегалница стана првак на Македонија и тоа во годината кога кокуренцијата беше огромна.

спорт кај нас, информира Лазаров. Во АК Брегалница се надеваат дека на Градскиот стадион ќе се најде адекватно место за тренинг и натпревари на атлетичарите. Штип, според Лазаров, е центар на регионот кој заслужува да добие терен за атлкетика што е услов за создавање квалитетни атлетичари кои ќе настапуваат во и вон нашата држава. -Во Србија и во Хрватска последниве години се изградени по дваесеттина стадиони специјално наменети само за атлетика. Таму важи правилото прво услови - после резултати. Бидејќи сум член на највисокиот органа на Атлетската федерација на Македонија сигурен сум дека и нашата атлетика ќе тргне по тој пат, порачува Тони Лазаров кој засега сам и преку својата фирма „Бау инженеринг“ ги финансира активностите за клубот.


РАЗОНОДА

22

{tipski Glas, Juni,, 2021 br. 112

ВИЦ ПО ВИЦ

Пензионери седат на клупа во парк. Пред нив поминува млада, атрактивна девојка. -Што би дал сега да си на 30 години, му вели едниот на другиот пензионер. -Абе ти нормален ли си, за пет минути задоволство поново да работам 40 години, одговорил вториот пензионер. Научна експедиција оди во непозната прашума и наидуве на непознато племе. -Да ве прашаме нешто, дали тука некаде има човекојадци, прашал водачот на експедицијата. -Нема, последниот го изедовме вчера,. Одговорил поглаварот на племето.

По два дена жената го носи мажот во бутик и го облекува од глава до петици. -Жено моја, од каде пак сега овие пари?-пак прашал мажот. -Нека е жива штедната книшка, пак одговорила жената. Утредента заминале на плажа. Жената влегла во вода да се капе и кога водата и дошла до колената мажот свикал по неа. -Жено, не оди понатаму во водата. -Оти бе мажу? -Ќе ја натопиш штедната книшка, рекол мажот...

Момче и девојка разговараат по мобилен: -Душо, дали ме сакаш, прашува девојката. -Премногу те сакам душо, одговара момчето. -Колку премногу?-упорна е девојката. Маж и жена одат на одмор во Грција. По два дена -Толку премногу што ако помеѓу нас има планина жената му вели на мажот: полна со лавови јас ќе ја поминам за со тебе да -Мажу, вечер те водам на вечера, јас честам. Вечерта навистина биле на богата вечера по што се бидам, ако има океан полн si ајкули ќе го препливам само со тебе да бидам. вратиле во кампот. -Па што сега не доаѓаш? -Добор ма жено од каде ти на тебе пари за така -Ти ма луда ли си, зарем не гледаш надвор колку богата вечера? врне, рекло момчето... -Нека е жива штедната книшка, рекла жената.

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 30.06.2021 година Тираж: 1.000 примероци

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112

ЕНИГМАТИКА

23


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, Juni, 2021 br. 112


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.