Stipski Glas br. 110

Page 1

Влегоа во историјата на Штип

Тодор и Милица Кожухарови, штипјани кои први ја примија вакцината против Ковид 19 25 godini Kvenberger logistik vo Makedonija

Epicentar na najsovremeni svetski logisti~ki re[enija

• Квенбергер логистик Македонија одбележува 25 години постоење и успешен раст и развој согласно највисоките светски стандарди во логистичкиот бизнис. Г-дин Трајан АНГЕЛОВ, управител, на чело на компанијата е 20 години. Тој за Штипски Глас говори за една мала идеја родена во Штип која стана голема логистичка македонска и светска стварност. (стр 12-13)

Повисоките плати ги оставија младите доктори дома Д-р Ален ЃЕОРЃИЈЕВ, директор на Клиничка болница – Штип


2

N

И

Слушајте го Мик Џегер Иван Бојаџиски

Од мој агол

маме добра вест. Науката ги победи антиваксерите. Оние кои лаички ни раскажуваат приказни преполни со теории на заговор во однос на Ковид 19 и пандемијата од оваа зараза на новото време. Антиваксерите кои „знаат“ дека Ковид 19 е творба на Бил Гејтс и успешни светски ликови како него кои со своите изуми го променија светот на подобро. Оние антиваксери кои последниве месеци се повлекоа во илегала (за добро на сите нас) кои говореа дека Гејтс и друштвото во тајни лаборатории го „изработиле“ вирусот со цел заразата да покоси добар дел од постарото население за така да се намали бројот на жители на земјината топка, а тие да можеле да заработат уште повеќе пари. Како милијардите кои ги имаат да не им се доволни. Мик Џегер, легендариот музичар, основач и пејач на група Ролинг Стоунс, како славна светска личност се најде повикан са го каже своето во однос на оваа состојба. Во изјава која ја пренесоа сите светски медиум легендата изјави дека со антиваксерите не треба да се разговара. Дека такво нешто е залудна работа. И го повика народот на „единтвениот свет кој го имаме како наш дом“ масовно да се вакцинира. Мик Џегер, очекувано од една таква умна и успешна планетарно позната личност, го повика човештвото да ја слуша науката и здравствените експерти, да се вакцинираат сите зашто само така можеме да се спасиме и себе си и нашиот свет. И да не ги есапи како живи антиваксерите зашто тие не го заслужуваат нашето внимание. Добрата вест е таа што од ден во ден, како што во нашата држава пристигнуваат вакцините, се поголем станува бројот на граѓани кои бараат што побргу да ја примат вакцината. И во нашиот Штип, во скудни просторни услови во Здравствениот дом кој отвори мал вакцинален центар, за еден месец се вакцинираа над илјада штипјани. Од трети мај се отвора салата „Јордан Мијалков“ која е уредена по сите стандарди за голем вакцинален центар во кој, на дневна основа, ќе можат да се вакцинираат од 1.500 до 1.800 лица. Овој центар нема да биде само за штипјани, тој ќе им служи на граѓаните од Источниот регион. Сосема е сигурно дека жителите на Штип, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Карбинци. Македонска Каменица, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Пробиштип ќе ја искористат шансата и ќе ја примат

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

вакцината за да бидат сигурни во своето добро здравје и во заштитата на животите свои но и на оние со кои доаѓаат во контакт. Јас лично се вакцинирав меѓу првите во Штип. Со радост го прифатив повикот од вакциналниот центар при Здравствениот дом и на 2 март ја примив првата вакцина астра/зенека. И веднаш по приемот на вакцината почуствував големо задоволство и олеснување. Задоволство од тоа што покажав одговорност кон своето здравје, своите најблиски во кои секојдневно сум во контакт, кон пријателите, познатите и помалку познатите со кои доаѓам во контакт секогаш со примена на сите здравствени протоколи. Олеснување бидејќи бев сосема свесен дека тоа е единственот начин човек да се спротивстави на злото кое сака да посегне по нашиот живот. Да не ја примев вакцината немаше да си дадам за морално право да ламентирам над оваа состојба за која секојдневно слушаме на електронските медиуми и читаме во весниците. И до ден денес одлично се чувствувам. И со посебна енергија го очекувам денот кога ќе ја примам и втората вакцина за така да бидат сосема на сигурно во однос на моето здравје оние кои со мене доаѓаат во контакт.. Во овој текст посебно сакам да го нотирам фактот дека во нашиот Штип од илјада вакцинирани никој не се пожалил на своето здравје по приемот на вакцината. Имало кај поединци мало покачување на температурата која за ден-два се вратила во нормала. И тоа е се. Заклучок: вакцините се безбедни, секоја вакцина е подобра од секакво одбивање таа да се прими. И затоа, слушајте го Мик Џегер и нему сличните славни светски личности кои, со својата појава, со своето значење, со својата работа влијаат позитивно на мал милион луѓе чиј единствен дом е нашата планета. Вакцинирајте се во првата дадена прилика и така отстранете ги сите сомнежи во своето здравје во однос на Ковид 19. Ова бидејќи секој ден во нашите животи е скапоцена драгоценост која нема замена со ништо. Големиот регионалн вакцинален центар „Јордан Мијалков“ ви дава вонредна можност тоа да го направите во најкус можен рок. Како новинар со 60 годишно искуство, кој низ животот поминал сито и решето, како човек кој има мал милион пријатели, можам да си дозволам јавно да дадам еден ваков совет. Зашто и мене вашето здравје ми е најважно. За да се гледаме, читаме, дебатираме за разни нешта во времињата кои се пред нас.


Тодор и Милица Кожухарови, штипјани кои први ја примија вакцината против Ковид 19

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

Т

ие се брачен пар за почит. Во убава брачна заедница живеат цели 61 година. Нивните имиња во големата книга на историјата на Штип ќе останат запишани со посебни букви. Зборот ни е за Тодор и Милица Кожухарови кои први се одважија да ја примат вакцината астра/зенека против Ковид 19 и големата пандемија од оваа зараза. Милица и Тодор кои со децении може да се види како секој ден, некогаш претпладне некогаш попладне, како рака под рака шетаат или по патеката покрај Брегалница или покрај Отиња, на 31 март се јавија во Здарвствениот дом за да се вакцинираат. Нивниот пример потоа го следа голем број главно постари штипјани. Но, факт е дека Кожухарови од нашата убава приказна беа првите кои покажаа највисок степен на одговорност во едно многу, од здравствен аспект ранливо време. -Кога слушнавме дека и во Штип ќе има вакцини преку матичниот доктор веднаш се пријавивме. А кога започнаа да се прават списоците ние веќе добивме повик да се јавиме во вакциналниот пункт при Здравствениот дом во градот. Беше тоа на последниот ден од месец март. Заминавме двајцата да се вакцинираме, притоа јас како постар прв ја примив вакцината, а по мене тоа го направи и мојата сопруга. Нас не вакцинираше млад доктор, кој прво не праша за нашата здравствена состојба, а од неговиот однос и пристап како и од пристапот и односот на целиот медицински персонал таму сме исклучително задоволни, вели Тодор. И Тодор и Милица спраќаат силна порака: ВАКЦИНИРАЈТЕ се луѓе. Не чекајте зашто времето во вакви околности не работи во полза на оние кои се двоумат или кои, поради својата неодговорност, не сакаат да се вакцинираат. Чекањето

ИСКУСТВО

во вакви околности може да значи загубен живот. На оној кој се двоуми н и на блиските до него. -Наш совет е секој да се вакцинира со било која вакцина која во моментот е на располагање. Луѓето треба да и веруваат на науката, на медицината не на шарлатаните... Било која вакцина е милион пати подобра од секаква апстиненција, порачува Милица. Тодор пак додава дека низ историјата на човештвото народот бил спасуван од големите епидемии само со вакцинирање. Така било и во 1372 година со појавата на чумата, така било и 1972 со појавата на Вариола вера, или големите сипаници. По вакцинирањето Тодор немал никакви нус појави, а Милица вториот ден добила малку повисока температура која за неколку часа исчезнала. Но, нивниот потег бил голем предизвик за многу нивни пријатели и познаници и тие да се вакцинираат.

3

рањето не е добра работа. Такво нешто може само да донесе штета -Вакциниран човек барем знае дека превземал се што требало да превземе за да си го заштити своето и здравјето на најмилите, пријателите и познаниците. Невакцинираниот, ако му се случи Ковид 19, постојано ќе го проколнува денот кога донел погрешна одука. Затоа, по стопати ќе повторам дека во вакцината е спасот. Вакцината може да ни ги спаси животите, да не врати во нормалата на нашето секојдневие, да ги ресетира индустријата, животот потенцира Тодор. Тодор на времето беше директор на Стопанска банка во Штип, потоа замина на работа во Скопје, неговата

Тодор и Милица порачуваат секој граѓанин да се вакцинира. Дека секоја вакцина е милион пати подобро решение од невакцинирањето. Препорачуваат да се искористи фактот дека во вакциналниот центар „Јордан Мијалков“ дневно ќе може да се вакцинираат до 1.800 пациенти. И укажуваат дека и еден месец повакцинирањето тие немаат никакви проблеми...

-Многумина не прашуваа за здравјето после вакцинирањето. Меѓу нив први беа нашите деца и нашите вуци. На сите им кажувавме дека се си е нормално, дека немаме никакви проблеми и дека максимално ги почитуваме препораките на докторите. Редовно носиме маски, не се ракуваме со никого, и кога семејството ќе се собере ние седиме на дистанца, а семејството тоа го почитува. Само тоа е начин да се решиме од оваа епидемија. Нам ни е многу мило што голем брј наши пријатели кои не прашуваа за нашето искуство не послушаа и се вакцинираа, велат Кожухарови. Според нашите соговорници двоумењето во однос на вакцини-

сопруга Милица работела во финансискиот сектор. Во пензија се веќе 28 години. Ним најважна им е поддршката од семејството но и секојдневните барања совети од познаници и пријатели како да постапат во однос на вакцината. Тие за сите имаат само еден одговор: ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ што побргу можете, искористете ја шансата што во Штип, во салата „Јордан Мијалков“ се отвора голем вакцинален центар во кој дневно може да се вакцинираат и до 1.800 лица. Се друго освен вакцината е неодговорно и самоубиствено од секој поединец, тврдат Тодор и Милица Кожухарови.


4

ИНТЕРВЈУ

Повисоките плати ги „оставија“ младите доктори дома, нашите доктори и сестри се вистинските херои во борбата против Ковид 19

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

Д-р Ален ЃЕОРЃИЈЕВ, директор на Клиничка болница – Штип

И

зминаа речиси четири години од моментот кога д-р Ален Ѓеорѓијев, специјалист по хируршки болести, од Министерто за здравство беше назначен за директор на Клиничка болни – Штип која е од регионален карактер. Со првиот човек на здравствениот систем во регионот разговараме за остварените и неостварените ветувања и проекции за развој на здравството во овој период кој го одбележа пандемија од Ковид 19. Г-дин Ѓеорѓијев, во неколку збора да дадете оценка за периодот во кој бевте и сеуште сте директор на Клиничка болница? -Основната карактеристика на овој период е дека овие четити години , за мене како директор поминаа турбулентно. Беа тоа, а и сеуште се години на трка буквално со се. Решавање на наследени проблеми, набавка на апарати, поправка на апарати, прием на кадар, упатување на спцијализации и секако проблемот над сите проблеми, злото кое го малтретира целиот свет, битката со Корона, која трае скоро 15 месеци и уште не е завршена. Велите решававте и решавате наследени проблеми. Кои од нив би ги издвоиле? -Знаете беше малку симптоматично што во периодот пред да станам директор имавме спорадични случаи на тужби од вработени (се броеја на прсти од едната рака). По моето назначување за директор, се соочив со цунами од закани за тужби, кои доколку се реализираа ќе ја кутнеа Болницата на колена. Најпрвин точно утврдив што е она што со години не е плаќано, да го исправиме, да плаќаме правилно со цел да не се повторуваат долговите, а и вработените да доживеат правда и сатисфакција. Ги замолив вработените за стрпливост, да не не тужат, да не создаваме дополнителни трошоци и во најголем дел 90 проценти од нив излегоа коректни. Направивме пресметки, се потпишаа спогодби и на две рати во месеците Јуни и Септември 2018 година, ги вративме парите на вработените. Тоа беа околу 400.000 евра, пари кои ФЗОМ ни ги даде како аванс, а ни ги сопираше до крајот на 2018. Тоа беше тој најголем проблем кој ургентно морав да го решавам за финансиската ситуација да не ни ескалира до граници кои потоа тешко се надминуваат. Премирот Зоран Заев, на почетокот од ман-

датот ветуваше достоинствени плати за докторите кои до тој момент, според негова, а и ваша оценка беа потценувачки за фелата. И Вие често на локалните медиуми говоревте за тоа. Го остваривте ли ветувањето? -Тоа ветување е речиси остварено, бидејќи денеска, некои специјалисти, со повеќе дежурства, земаат и многу повеќе од 100.0000 денари плата. Тоа постепено се направи, со неколкукратно покачување на платата, како и вредноста на дежурствата. За илустрација ќе кажам дека ако некој специјалист во Март 2017 година земал плата од 65.000 денари, во Март 2021 за ист број на дежурства зема околу 95.000 денари. Ова секако позитивно влијае на мотивацијата на кадарот и намалување на можноста за одлив на кадарот во приватни установи. Исто така и платите на средно медицинскиот и помошно техничкиот кадар се покачуваше во неколку наврати. Дали е доволно? Не, но искрено се надевам дека трендот на пораст на платите ќе продолжи и понатаму, бидејќи со оваа корона криза уште повеќе се увиде дека задоволен медицински кадар е услов за поенергична битка со секакви ситуации и болести. Постојано во овие четири години предупредувавте дека ви се неопходни специјалисти од разни области. Што отиде напред по ова крупно прашање? -Во однос на кадарот ќе кажам дека имаме релативен недостаток од анестезиолози во моментот, инфектолози, ортопедија, максило фацијална хирургија. Во моментот имаме над 50 лекари на специјализации и уште над десет на субспацијализации, па со нивното враќање ќе се доекипираме и сметам дека во овј дел сме многу понапред од многу здравствени установи ширум државата. Интернетот дава можност сам човек да биде медиум, Вие ја користевте таа алатка за јавноста да ја информирате за сите нови апарати кои ги носевте или за старите кои ги оспособувате. Задоволни од оствареното или... Слободно можам да кажам дека во овие четири години имаме набавено многу медицинска апаратура, доминантно со сопствени средства, а тоа се стотици илјади евра. Можам да потврдам дека скоро и да нема оддел каде што немаме добиено нов апарат. Лапароскопски столбови, видеоларингоскопи, респиратори,


{tipski Glas, April, 2021 br. 110

ИНТЕРВЈУ

апарати за анестазија, транспортни респиратори, оперативни столови, лепачи на крвни садови, микроскопи, Тесла апарат, повеќенаменски апарати за физикална терапија, биохемиски анализатори, индустриски машини за перење и сушење, пациент монитори, перфузори, кардиотокографи, Ехо за офталмологија, микротом, униформи за дел од вработените, оловни кецељи и штитници, автоматски поставувач на каљачи,итн. добивме и возила амбулантни од странските амбасади ( германска и јапонска ) како и ендоскоп за гастро и колоноскопија од Министерството за здравство. Добивавме и донации од општествено одговорни фирми и од Штип и од државата, посебно во време на корона кризата. Сериозен проблем и финансиско оптоварување е и сервисот на скапите апарати. Во два наврати сменета е цевка за ангиограф, сервис на плоча и ладна глава на МРИ, сменета цевка на КТ и неколку сервиси на истиот, поправен подвижен ренген, сите оперативни столови, дигитален рентген, апарат за фако метода ( за катаракта )така да скоро и да немавме поголем период со дефект на апаратите но тоа чинеше стотици илјади евра. Како што и самите кажавте овој период го одбележа пандемијата на една зараза која го потресе светот. Како Клиничка, или поточно инфективното одделение во неа се носеа со тој огромен здравствен товар? -Сакам и сега, преку Штипски Глас, јавно да искажам огромна благодарност до сите вработени на Инфективниот оддел за оваа борба, но и за сите други од сите останати Оддели кои учествуваат во неа. Нашите доктори, нашите медицински сестри, болничари и сиот друг персонал не знаеја ни за ден ни за ноќ, подолго од една година тие беа и сеуште се посветени на борбата против ова зло. Во исто време и финансисиките импликации се сериозни. Големи се трошоците за медицински кислород, заштитина опрема, лекови, реагенси кои се трошат за 2 до 3 месеци сега, а во минатото тие количини ни траеле цела година. Доплонително сите Корона пациенти се лекуваат без плаќање на партиципација , со одлука на МЗ, а само лани за 5 месеци имаме отприлика 50.000 евра неплатена партиципација. За илсутрација каков удар финансиски предизвика Короната, го споредувме периодот МартОктомври 2019 со Март - Октомври 2020 година. Поради одложени интервенции, исптивања и затворени амбуланти,во 2020 имаме помалку наплатена партиципација во висина од 210.000 евра во однос на “ нормалната “ 2019 година. Сега е во функција и модуларната болница... -Тоа а таа одлична вест зашто со Модуларната добивме дополнителни 47 кревети за борба со короната, во неа има централен довод на кислород што ја оленува работата, а перспективно ќе ја искористиме за лекување на пациенти додека се реновира зградата на Инфективниот Оддел со европски пари, фасада прозори итн. (кога ке дозволи епидемиолошката ситуација) За сето ова време вие постојано држевте прес конференции заради изворно запознавање на јавноста за состојбата со Ковид 19. Што Вам ви

5

беше полесно, провлемите со пандемијата или речиси секојдневните средби со новинарите кои неретко знаат да постават и прашања кои знаат да нервираат. Крајно сум им благодарен на медиумите што покажуваа голем интерес за нашата работа во услови на пандемија. Мое мото е дека јавноста мора да ги има сите важни информации кога станува збор за здравјето на најблиските, на нацијата. Но, се разбира дека ми беше полесна средбата со новинарите отколку проблемите со короната. Бев подготвен на 24 часовни разговори со новинарите, секој ден, само да го немаше ова зло. Но јас сум оптимист, еден ден оваа пандемија ќе заврши (побргу доколку се вакцинираме масовно) и ќе се вратиме во нормала, па ќе имаме многу пресови за убави работи и новитети.

Нов апарат за анестезија набавен во 2019 година

Неодамна кај Вас видов една надежна слика: на десеттици млади дипломирани доктори со кои Вие имавте разговори. Значи ли тоа дека наспроти сите укажувања дека младите ни бегаат во Скопје и во странство за нас сепак има надеж? -Апсолутно. Тие млади луѓе кои се определиле за една хумана професија се иднината на Клиничка Болница Штип. Тоа се нашите млади доктори, специјализанти и секундарци, кои деноноќно се на Инфективниот Оддел во борба со Короната и без нив тешко ќе се справевме со оваа епидемија. Имавме состанок со цел да ги чујам нивните сугестии, забелешки, проблеми, да ги решиме заеднички и да продолжиме натаму. Околу новата новата Клиничка болница се бијат многу политички битки. Но народот само сака да знае кога таа ќе биде готова? -Новата болница сите со големо нетрпение ја очекуваме, и ние вработените и граѓаните. Таа ќе биде круна, заверка, печат на лидерската улога на Клиничка Болница Штип во регионот и благодет за сите. Сепак одговорите за се во врска со новата болница ќе ги барате во Министерството за здравство зашто ние не сме надлежни за тој проект.


Ќе ги нахрани ли Штип сите свои гладни усти?

6

СОЛИДАРНОСТ

Во Штип постои народна кујна која храни 115 лица кои се во висок социјален ризик од нашата и од општина Карбинци, но со отворање на филијала на банката за храна сигурно е дека и некои нови, гладни усти ќе бидат нахранети, а ние ќе станеме Град без глад.

Н

епрофитната хуманитарна организациј „Банка за храна“ стигна и во Штип. Притоа е потпишан договор помеѓу оваа хуманитарна организација и Општина Штип за отворање филијала и во нашиот град на Банката за храна. Потпис на договор ставија Душко Христов од Банка за храна и градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов. -Во светот околу 30 проценти од храната завршува како отпадок, а кај нас, секој ден се фрла храна со која може да се нахранат 15 илјади луѓе во текот на цела година. Нашите истражувања ни покажаа дека во Македонија имаме од 70.000 до 80.000 лица кои се хранат само трипати во неделата. Наша визија и смислата на нашето постоење е да создадеме општество без глад, односно храната да биде достапна до сите, рече Христов. Според градоначалникот Николов, во нашата општина се регистрирани околу 80 социјално ранливи семејства и тие секојдневно ќе добиваат бесплатна

храна. Штип е градот кој прв во државата формира Солидарен фонд за собирање солидарни средства за решавање на здравствени проблеми на наши, главно млади сограѓани, а сега стануваме и општина која е дел од Банката за храна со што создаваме услови да немаме ниту едно гладно семсјство во нашата општина, рече градоначалникот. Според Христов нивната хумана работа се состои во собирање на вишоците храна од сите оператори со храна (производители, дистрибутери и трговци), нивно складирање, евиденција и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозени категории наши сограѓани, во заедништво со сите организации, социјалните установи и институции кои исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладот.

{tipski Glas, April, 2020 br. 110

Штип и досега не е настрана од грижата за луѓето кои не можат да си дозволат барем еден оброк дневно.Во градот постои Народна кујна преку која се обезбедува по еден оброк дневно за 85 граѓани од нашата општина и уште 30 граѓани од Општина Карбинци. Народната кујна е одговорност на јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа за општините Штип и Карбинци. -Корисници на социјална помош кои добиваат по еден оброк дневно од двете општини се 115 лица. Тоа се луѓе корисници на социјална заштита изложени на висок социјален ризик. Овие лица својот дневен оброк го добиваат во градинките во населбите „8 Ноемви“, „Баби“ и „Сењак“.Во склоп на овие градинки постои кујна во која се подготвува храна за овие луѓе, вели Златка Иванова, директорка на Центаот за социјална работа во Штип. До корисниците на овој вид помош од општина Карбинци храната се подготвува во интернатот во Штип, а се носи до секој од нив. Според директорката Иванова, секој од корисници својот обрк го добива во исто време, односно за ручек, а оваа хумана активност која е платена од соодветното министерство не престанала ниту во деновите на пандемија од Ковид 19. Сигурно е тоа дека оваа бројка од 115 лица кои се во висок социјален ризик не е и најточната зашто во

општините Штип и Карбинци има уште лица кои немаат средства ниту за еден дневен оброк. Таквите, според наши сознанија, водени од својата гордост, и од она што некогаш, во еден друг систем биле, се срамат од својата сиромаштија и не сакаат да се пријават како лица во висок социјален ризик. Тие под превезот на ноќта бркаат по контејнерите каде наоѓаат нешто за јадење кое некое семејство таму го оставило. Такви слики можат да се видат секоја вечер, а понекогаш и преку ден. Сепак, општина Штип, со потпишувањето на договорот со Банка за храна за создавање нејзина филијала во градот, е на добар пат да стане град без глад.


За 30 дена вакцинирани 1.000 лица, кај ниту еден од нив нема никакви здравствени проблеми

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

ЗДРАВЈЕ

Т

одор Кожухаров (87) е првиот штипјанец кој на 31 март годинава ја прими вакцината астра/зенека, а неговата сопруга Милица (82) вакцината ја прими веднаш по сопругот Тодор. Вакцинирањето во Штип започна на 31 март, а до овој момент кога весникот влегува во печат (29 април..) за вкупно 30 дена се вакцинирани вкупно 1.000. Граѓаните се вакцинираат во вакциналниот центар при Здравствениот дом „Д-р Панче Караѓозов“, а за се да помине во најдобар ред се грижат две докторки и уште осум медицински сестри. -Вакцинацијата започна за лица над 77 години, а од ден на ден бројот на граѓани кои сакаа(т) да се вакцинираат постојано расте. Ако на почетокот кај некои лица имаше некаква скепса во однос на вакцинирањето таа многу бргу исчезна. Постои термин, секој си доаѓа во закажаното време, а по интервјуто со лицето за неговата здравствена состојба кое го водат двете докторки се дава вакцината, вели д-р Дијана Коцева Миланова. Во ова меѓувреме се уреди новиот, многу поголем вакцинален центар во салата „Јордан Мијалков“ каде ќе има 25 вакцинални пунктови со што целиот процес многу ќе се забрза па наместо десет минути таму еден пациент ќе се третира за само 2,5 до најмногу пет минути. Во „Јордан Мијалков“ дневно ќе може да се вакцинираат помеѓу 1.500 и 1.800 лица.

7

Медицинската екипа е силно посветена на работата па досега не се случило поради временска некоординација да биде фрлена ниту една вакцина. Според здравствениот тим дел од пациентите кои меѓу првите дошле да се вакцинираат изразувале скептичност во однос на тоа дали да се вакцинирааат или не, а како причина ги наведувале информациите кои до нив доаѓале од медиумите за несаканите појави од вакцината астра/зенека. Но, кога оние кои ја примиле вакцината им кажале дека немаат никакви проблеми и скепсата кај скептиците изчезнала. -Имаме луѓе под 70 години кои се јавија со молба да примат вакцина но ние астра/зенека не смееме да ја даваме на луѓе под таа старосна граница. Имавме и лице на 58 години кое упорно сакаше да ја прими оваа вакцина, но му кажавме дека наскоро ќе пристигнат и други вакцини со кои тој ќе може да биде вакциниран. Кај нас се мора да биде согласно здравствените протоколи, а по ваквинирањето на лица над 77 години поминавме на вакцинирање на лица над 75, а потоа и на лица над 73 години, коментира д-р Дијана Коцева Миланова.

Вакцината астра/зенека со која се вакцинираа(т) постари лица мора да се даде најмногу во рок од 6 часа откако ќе биде извадена од фрижидер, при што 10 минути се остава на собна температура пред да биде дадена на пациентот. Медицинската екипа е силно посветена на работата па досега не се случило поради временска некоординација да биде фрлена ниту една вакцина. Персоналот од вакциналниот центар при Здравствениот дом редовно се интересира за здравјето на вакцинираните. Досега, освен на мало покачување на температурата кај дел од вакцинираните друга нус појава не е забележана. Но и кај овие лица за само еден ден температурата си дошла во нормала. „Кога нашите пациенти се задоволни, кога со нивното здравје и по примената вакцина се си е во ред задоволството на здравствениот тим е уште поголемо“, вели д-р Дијана. Вакцината астра/зенека со која се вакцинираа(т) постари лица мора да се даде најмногу во рок од 6 часа откако ќе биде извадена од фрижидер, при што 10 минути се остава на собна температура пред да биде дадена на пациентот.

Иако вакцината астра/зенека мора да се даде во време не подолго од шест часа по вадењето од фрижидер, до овој момент вакцината е употребувана најмногу до 90 минути по вадењето од фрижидер и десетминутната адаптација на собна температура. Ако некој од пациентите со закажан термин не дојде на време, преку матичните лекари се бара друг пациент, а тоа е главната причина што досега не е фрлена ниту една вакцина. Овој вакцинален центар како донација од Министерството за здравство доби специјален фрижидер за чување на вакцините од фајзер/бионтек во кој ладењето е до -80 степени целзјусови.


8

За влог од 1.500 евра Штип загуби можност да допре до фонд од 50 милијарди евра

П

ТЕКСТИЛ

ред 13 години, или поточно во месец мај 2008 година, Штип ја имаше неверојатната шанса да допре до фонд од 50 милијарди евра за поддршка на текстилната индустрија. Но, големата шанса е неповратно испуштена поради ситнеж од 1.500 евра кои пари градот требало да Панде Сарев ги уплати за да стане дел од АКТЕ. Но, што е АКТЕ? Тоа е европска асоцијација на градови со развиена текстилна индустрија. На шеснаесеттото генерално собрание на АКТЕ кое се одржа во Лоѓ, Полска, покана за членство од нашата држава доби и Штип како македонска метропола на текстилот. Тоа беше вонредно голема шанса и нашиот град да стане дел од голема европска асоцијација во која тогаш членуваа седумдесеттина градови од Европа со развиена текстилна индустрија. Штип со акламација беше примен во АКТЕ а повелбата на свеченоста му беше врачена на тогашниот градоначалник Панде Сарев. Ченството во АКТЕ не беше само обична симболика. Тоа беше вонредна можност нашите текстилни капацитети да добијат значајни инвестиции преку грантови за својот техничко-технолошки развој. Тогаш од АКТЕ објавија дека за следните пет години (2008-2013) текстилната индустрија во Европа ќе има на располагање 50 милијарди евра кои преку програмата ФП-7 ќе се вложуваат во развојот на текстилните капацитети на стариот континент. Меѓу нив и во Штип, секако. Финансиски посебно беше преддвидено да бидат поддржани истражувањата во нови технологии, во иновации како и истражувањата во нови материјали. Додека кај нас сеуште се мислеше (а и денес се мисли) дека текстилот е индустрија на сиромашните во АКТЕ упатуваа на поинаква слика: дека оваа индустрија е развиена и во економски силните држави во европа. Па така на развојот на текстилната индустрија најмногу се работело во Шпанија, Франција, Португалија, Италија, Полска. За одбележување е дека АКТЕ посебно ги поддржува проектите во кои се води сметка за развој на базното текстилно производство во кое Штип со големата „Македонка“ која во најдобрите времиња имаше 5.850 вработени беше водечки град и во екс Југославија. Интерсно е дека АКТЕ направи информативна мрежа помеѓу градовите со развиена текстилна индустрија во која мрежа беше и Штип. Но, иако еден таков дар речиси паднат од небо ни беше даден на располагање, Штип како Град на текстилот не направив ништо. Обврска на градот беше за

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

членството во АКТЕ да уплати сума од 1.500 евра, а потоа преку програми да дојде до големиот извор на европски пари. Во 2008 година градоначалник на Штип беше Панде Сарев. Го прашавме зашто се испушти една така голема шанса. -Точно е тоа дека добивме Зоран Алексов покана за наше учество во генералното собрание на АКТЕ во Лоѓ, Полска. Јас бев таму, учествува на Собранието на кое беше претставен нашиот град како центар на текстилната индустрија во Македонија. Собранието едногласно донесе одлука за прием на Штип во АКТЕ. За приемото да биде верифициран Општина Штип за членство во оваа организација требаше да уплати 1.500 евра. Ние тие пари не ги уплативме и остана таа работа да ја заврши мојот наследник, ни изјави Сарев. Наследник на Панде Сарев беше Зоран Алексов. -Не се сеќавам дека таква обврска ми била пренесена од мојот претходник. Ако воопшто такво нешто ми било презентирано битно е кој тоа ми го презентирал и на каков начин го направил тоа. Одговорно можам да тврдам дека за време на мојот мадндат општината плаќаше членарина за членство во повеќе европски институции од значење за Штип. Да сум знаел за ова секако дека таа шанса Штип немало да ја испушти, ни рече Алексов. За информација во врска со оваа работа се обративме и кај Наташа Сивевска, извршен директор на Кластерот на текстилната индустрија. Сивевска ни изјави дека тие немале ништо со АКТЕ и со целата таа приказна. „Најверојатно тоа било обврска на градот Штип, но ако општината немала пари можела да се обрати до текстилните капацитети и од таму да се собере бараната сума за членство во организацијата. Зошто тоа не е направено тоа си е штипско прашање“, ни одговори Сивевска. Иако нашата текстилна индустрија, нашите фирми за конфекциско текстилно производство во меѓувреме во техничко-технолошка смисла многу напреднаа, останува отворено прашањето како ќе изгледаше нашиот текстил денес ако на Штип му беше достапен тој фонд од 50 милијарди евра. И дали во градот немаше да се роди една нова „Македонка“ како носител на базното текстилно производство. Сепак е јасно дека одговор на едно вакво прашање никогаш нема да добиеме.


ДИК „Фагус“ му дава штипски печат на Пехчево

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

П

9

ЕКОНОМИЈА

ехчево, мало место на крајниот исток од Македонија, во бившата држава беше југословенски раритет. Градот имаше седум фабрики за кои мораше да „увезува“ работна сила и од соседните општини Берово, Делчево и Виница. Таа состојба доведуваше во малото место бројни новинарски екипи од големата држава кои направија мал милион репортажи за неговата посебност. По распадот на Југославија и во Пехчево се затврорија речиси сите фабрики. Меѓу нив и „Црн Бор“ и „Напредок“ кои беа од областа на дрвната индустрија. Но, на среќа на пехчевци, интерес за овие фирми пројави штипски „Мебел“ кој ги купи, ги осовремени, врати на работа 400 лица и донесе социјална сигурност на толкав број семејства, „Мебел“ ја формира фирмата ДИК „Фагус“ (по латинското име на дрвото кое се употребува за изработка на столици) и на Пехчево му го врати приматот на центар на дрвната индустрија во регионот, а и во државата. -ДИК „Фагус“ постои од 2005, а со редовно производство тргнавме една година потоа. Наследивме стара опрема во двете фабрики, неупотреблива, непродуктивна. Моравме се да исфрлиме од халите и во нив да донесеме машини од најновата СНС технологија. Наша среќа беше тоа што во Пехчево постоеше квалификувана работна сила за изработка на столици, а и младите кои ги примивме на работа брзо го совладуваат занаетот и од тој аспект ние сме задоволни, ни рече Перо Јорден, сопственик. Од 400 вработени во ДИК „Фагус“ 350 работат во фабриките во Пехчево а 50 лица се на работа во Штип. Оваа фирма месечно произведува од 15.000 до 20.000 столици. Само еден процент од вкупното производство оди на домашен пазар, се друго си го наоѓа својот пат до до купувачите од цела Европа, Канада, Америка, Австралија. -Старите деловни партнери-купувачи на нашите производи ги најдовме на европските и светски саеми на мебел, новите партнери ги добивме преку интернет и нашата веб страница. Но, и оние кои беа во деловни врски со ДИК „Фагус“ ја раскажуваа приказна за нас на други па така добивавме нови купувачи. Ние не работиме за магазини, целото наше производство веднаш оди кај купувачите, појаснува Јордев со кого разговорот го водевме откако ги прошетавме халите и се уверивме во се она кое денес значи СИК „Фагус“

Перо Јордев

не само за Пехчево туку и за националната економија. Ако на почетокот моделите на стоилиците ги правеа странци по нарачка на раководството на ДИК „Фагус“, веќе 6 години тоа не е така. Фирмата сега има кадар кој создава свои брендови па на секоја столица која излегува од фабриите во Пехчево се удира печат на „Фагус“. Јордев вели дека сите модели се заштитени како брендови и во нашата држава и во светот. -До овој миг во фабриките во Пехчево имаме вложено над десет милиони евра инвестиции. Тоа е влог во изминатите наши петнаесет години.Секако дека со инвестирањето нема тука да застанеме зашто нашата намера е да го шириме и зголемуваме производството, да ја унапредуваме технологијата и да вработуваме нови млади лица. Иако за овој крај се говори и пишува дека се испустува, дека младите си заминуваат, со нашите инвестиции и инвестициите на други фирми во Пехчево тој процес е запрен. Кај

До пред пет-шест години моделите на столиците ги правеа странски моделари, од тогаш наваму тие се дело на луѓе од фирмата, па секоја столица која од Пехчево тргнува кон светот го носи жигот на ДИК „Фагус“.

нас просечната плата е 25.000 денари, никогаш не сме задоцниле со неа, имаме работници кои заработуваат и од 35.000 до 60.000 денари, а тука луѓето си имаат и имоти па и со работа на нив се и обезбедуваат дополнителни семејни приходи. Не, јас не се плашам во поглед на тоа дали во иднина ќе имаме работна сила, зашто знам дека одговорот е потврден,посочува Јордев. За одбележување е дека сите вработени добиваат бесплатен оброк во фабричката менза. Поради храброста и решителноста да инвестира и отвора работни места во општина за која се говореше дека сите ја напуштаат, и така да придонесе за социјалната сигурност на бројни семејства, новинарите од регионалниот актив на новинари на ДИК „Фагус“ му го доделија признанието – најдоброто од истокот во сферата на стопанството за 2020 година.


10

Л

Пишува:

М-р Игор

Стојанов, новинар

Ништо не научивме од Груевизмот? КОЛУМНА

есно е да се зборува сега колку било голема диктатура во времето на Груевски, или колку тој бил виновен и колку ја „зафркнал“ работата. Велат лесно е да се пука на мртов германец. Тоа не е поентата на овој текст. Поентата е дали ние научивме нешто од тоа време? Дали ние сфативме дека не треба целиот свој потенцијал и верба да го вложиме во еден човек? Дали ние разбравме дека не постои еден човек кој ќе ја спаси државата. Постои систем кој треба да го изградиме, а не човек кој треба да го пронајдеме. Од времето на Груевизмот видовме дека систем кој е поставен на еден човек се распаѓа веднаш штом тој човек го нема. Тоа го видовме и во времето на Tитоизмот, но и тогаш не научивме. Во исто време и нашите лидери не научија, дека без системот кој го подредуваат на себе, без моќта се никој и ништо, дека без моќта која ја злоупотребуваат можат границите да ги минат само во гепек. Некои лекции не чинеа многу скапо, како онаа на Титоизмот, но и сегашните не се баш ефтини. Сепак оваа сегашната приказна ќе ја поврзам со медиумите и медиумскиот простор. Сигурно се сеќавате на бројните медиуми, портали и новинари кои се раѓаа во времето на Груевски. Се родија национални, регионални и локални медиуми како печурки после дожд. Со најсовремена опрема, со пари кои само тие знаеја од каде доаѓаат. Се добиваа дозволи за работа преку ноќ и почнуваа да зрачат преку ноќ. Многу работи се случуваа преку ноќ во тоа време. МРТ добиваше опрема и пари како никогаш претходно. Не вклучувајќи ги преку 30 милиони евра за МРТ, и можеби уште толку во опрема, тогашната влада интервенираше со преку 19 милиони евра (годишно) во медиумскиот пазар. Пари во сите локални, регионални и национални. Создадоа систем кој може да постои само додека постои Груевизмот. И така и беше. Падна груевизмот, преку тесен гепек отиде во странство, но во него ги однесе и медиумите и медиумскиот пазар. И ние не научивме. Ние мислиме дека било која сфера зависи од тоа дали некој има желба да работи добро. Ние мислиме дека квалитетот на медиумите зависи од тоа колку новинарите сакаат да прават добри приказни. Тоа е исто како да мислите дека Вардар може да ја победи Барселона само ако фудбалерите сакаат да играат добро. Не оди тоа така. Секоја сфера е зависна од системот во кој делува. Сега повторно создаваме култови и никако не ја учиме лекцијата дека медиумите мора да ги ослободиме од државните интервенции. Додека медиумите пропаѓаат, ние не бараме начин да создадеме систем во кој ќе делуваат, туку бараме начин како да го вратиме Груевизмот или дел

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

од него. Со години веќе, не се зафаќаме со реформите во медиумскиот сектор, три години не се мрднати од мртва точка, туку се бара начин како да се врати државното рекламирање во комерцијалните медиуми. Верувајте, да не беа малкуте упорни новинарски здруженија и силното меѓународно влијание, вие денес ќе ги гледавте истите медиуми од 2010-та кои ќе ви прикажуваа дека сме прва економска сила во Европа, втори по БДП во светот и земја од каде потекнува цивилизацијата. Колку за илустрација државно рекламирање во комерцијалните медиуми е најзастапено во : Пакистан, Уругвај, Грузија, Аргентина, Тајланд, Јужна Африка, Колумбија, Кенија, Унгарија, Молдавија... Листава е баш елитно друштво нели? За да се подобри економската состојба во медиумите, мора да го подржите пазарот на медиуми. Мора да создадете квалитетен јавен сервис по примерот на западните демократии и да поддржите квалитетно новинарство во комерцијалните медиуми. Со години имаме убедливо најлош јавен сервис (МРТ) во регионот, а реформата за него е мртва поради немањето политичка волја. И зошто нема политичка волја? За пари, власт и моќ. Истата причина поради која настана Груевизмот. Затоа што ако имате добар јавен сервис и реформирана медиумска сфера ќе имате медиуми и новинари кои можеби константно ќе посочуваат на вашите грешки, а ако имате млитави медиуми кои едвај преживуваат ќе ја имате лагодната позиција на владеење без контрола. Важно е денес да се потенцира дека и политичките и бизнис елитите очигледно немаат интерес од квалитетни медиуми, затоа што така ќе расте рејтингот на новинарите, а по природа на нештата, ќе паѓа нивниот. Истата филозофија беше и на Груевизмот, важно е да нема квалитетни медиуми. Едните со пари, другите без да мрднат со прст. Мислам дека до тука стана јасно зошто е важно сите да бидеме свесни за овие теми. Заради тоа што колку подобри медиуми толку подобра и поефикасна демократија, колку поефикасна демократија толку подобра држава. Очигледно тие промени требаше да се случат вчера, ако се случат „утре“ се плашам дека ќе е доцна. И никогаш не треба да се бара спасот во еден човек, туку треба да се бара во целовит систем. Во квалитетна МРТ која ќе служи на сите граѓани, која ќе биде страв и трепет за властодршците, во реформиран медиумски сектор и во поддршка на добро новинарство по цена на својата политичка кариера, оти сигурно ќе се согласите, дека ниту една индивидуална кариера не е поважна од иднината на демократијата.


Студенти од Техничко-технолошкиот факултет со видеозапис и фотосесија на тема Пандемизам

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

СТУДЕНТИ

В

о услови кога се забранети јавни настани и е оневозможено физичко присуство на факултетот, менторот на студентите доц. д-р Сања Ристески одлучи креативната работа на студентите да ја презентира на еден несекојдневен начин – преку атипична видеоприказна во која студентите се главни актери/протагонисти - тие се носители на целата приказна, а воедно и дизајнери на облеката која е претставена во видеото.

Целта на колекцијата е преку несекојдневен видеозапис да ја пренесеме нашата порака, нашата „борба” со невидливиот непријател – пандемијата со ковид-19, бидејќи организирање на моден настан во овие услови на пандемија и полициски час е скоро невозможно... - вели доц. д-р Ристески. Во креирање на колекцијата учествуваа 20 студенти од трета и од четврта година на насоката Дизајн на текстил и облека на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. Дизајните беа работени како завршен испит по предметите Конструкција на облека и Моделирање на облека. Идејата за оваа тема потекна уште пред една година кога студентите креираа заштитни маски наменети за донација, инспирирани од пандемијата со ковид-19 - изјави доц. д-р Сања Ристески. Темата е насловена „ПАНДЕМИЗАМ (креативна приказна на една онлајн генерација)“ или сфатена како модно движење за време на пандемијата.

Студентите заедно со својот ментор на темата работеле од почетокот на минатиот семестар (октомври 2020 г.), за денес да биде достапна до јавноста преку креативно видео кое го изработија со техничка поддршка од Универзитетската телевизија.

доц.д-р Сања Ристески

11


12

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

25 godini K en nb be er rg ge er r L Lo og gi is st ti ik k Kv ve

Н

Kомплетен логистички провајдер и специјалист за холистички индустриски решенија

а 29 март 1996 година започна со работа Квенбергер Логистикс во Македонија. Деновиве се одбележуваат 25 години од првиот ден на тргнување на првиот камион од Македонија за Германија. За почетоците, првите денови, денес и идните проекти на компанијата се осврнува управителот Трајан Ангелов, кој е дел од тимот од самиот почеток и слави истовремено јубилеј 20 години управување со компанијата. Првично компанијата на македонскиот пазар оперираше под називот Greshake Transport – Glandorf Германија, со тројца вработени со вкупно 6 возила под сопствен менаџмент. Природно, поради високата концентрација на производствени капацитети од текстилната индустрија во Штип и градовите кои гравитираат околу, фокусот беше ставен на текстилната индустрија. Првите возила имаа инсталиран систем за висечка конфекција и оперираа на релација Германија-Македонија вршејќи превоз на текстилни репроматеријали, а назад кон пазарите во Европа готов производ на најразличен вид облека. Во 2002 година, како резултат на определни аквизиции во Германија и Источна Европа и окрупнување на дел од европските логистички компании канцеларијата во Македонија стана дел од системот на логистичкиот концерн Birkart Globistik при што се ребрендира во Македонија во Биркарт Глобистик Дооел. Во тој период се воведуваат нови сервиси Царинско застапување со сопствени шпедитори и царински склад. Следната година како резултат на се поприсутната потреба од развој на сеопфатни логистички концепти се отвара и првиот логистички центар во Штип со површина од 5.000 m2 опремен со специјална технологија за лагерирање и комисионирање на висечка кон-

vo Makedonija

фекција – така наречен тролеј систем (Trolly System). Воведувањето на една ваква иновација надополнета со дополнителни сервиси со додадена вредност, скалдирање на готови текстилни производи, капути, одела, панталони, фустани, блузи, кошули и детска облека, препакување, етикетирање, создавање лотови и многу други сервиси кои на некој начин го олеснија брзиот и прецизен проток на готови текстилни производи од Македонија кон Европа. Како резултат на процесот на воведување иновации во логистиката во тоа време еден дел најголемите германски модни брендови одлучуваат да ги одстапат дел од логистичките операции на Биркарт Глобистик а во насока на оптимизација на сопствените оперативни активности. Во тој период камионскиот транспорт значително се зајакнува при што секторот за меѓународен патен транспорт успева на неделно ниво да менаџира 50 до 60 камини на релаци Македонија – Западна Европа и назад. Како дополнување на услугите и надополнување на меѓународниот транспорт се започнува и со дистрибуција на ниво на државата. Со зголемување на обемот на работа и бројот на услуги кои се нудат на домашниот пазар се зголемува и бројот на вработени кој во 2002 година достигнува и до 20 вработени. Вториот бран на окрупнување на логистичките концерни во Германија, кој се одвиваше во текот на 2007 и 2008 година доведе до создавање на нов логистички концерн Logwin Logistik со седиште во Asschafenburg Germanija. Како резултат на ваквите аквизиции кон крајот на 2008 година компанијата во Македонија се ребрендираше во LOGWIN SOLUTION MAKEDONIJA. Во тој период интересот за сеопфатни логистички решенија се зголемува при што доведува до по-


13

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

раст на бројот на нови клиенти а со тоа и бројот на вработени на 40. Со навлегување на автомобиската индустрија во Македонија, компанијата дополнително воведува нови сервиси во делот на меѓународниот транспорт со нов тип на возила (Mega trailers) , со што станува дел од глобалниот ланец во автомобилската индустрија работејќи по принципот JIT (just in time) точно на време. Поради се поголемата потреба од современи логистички концепти на македонскиот пазар, кон крајот на 2013 година компанијата одлучува да отвори канцеларија во Скопје со неколку вработени претежно фокусирани во делот на меѓународниот патен транспорт. Во мај 2014 година како резултат на неколку аквизиции на европско ниво, македонската компанија станува дел од австриската логистичка групација Quehenberger Logistics, добивајќи го називот за македонскиот пазар Квенбергер Логистик Македонија ДООЕЛ. Врз основа на се поголемата потреба од современи логистички решенија, кои веќе како тренд беа застапени на Европските и светските пазари, во јануари 2016 година Квенбергер Логистик Македонија одлучува да отвори нов логистички центар. Со површина од 8.000 м2 непосредно до меѓународниот аеродром Скопје, фокусот на новиот логистички центар беше во делот на трговијата на производи за широка потрошувачка, телекомуникации и IT индустријата. Со вкупен капацитет од 12.000 палетни места во тоа време станува најголем логистички капацитет во Македонија. Дополнително, со инсталирање на решенија од типот на софтвер за магацинско работење (WMS), се воведуваат иновации во делот на магацинското работење. Во тој период, за потребите на нашите клиенти, се воведуваат дополнителни услуги како локална дистрибуција за производи за широка потрошувачка, складирање, етикетирање, квалитативна и квантитативна контрола, cross dock. Зголемениот интерес за иновативни логистички решенија наметна потреба од проширување на логистичкиот капацитет во Скопје. Па така во август 2020 година со доолнителна површина од 8.000 м2 започнува да функционира новиот логистички капацитет, кој располага со 5.700 палетни места и 430 бин локации давајќи еден нов импулс во логистиката во Македонија.

Трајан Ангелов, управител

Денес Квенбергер Логистик брои 200 вработени и оперира вкупно 25.000 м2 логистички капацитети на четри локации низ Македонија. Во делот на меѓународниот превоз на месечно ниво се реализираат 500 превози, а во делот на царинењето месечно се изготвуваат и до 1.000 царински декларации. Што се однесува до локалната дистрибуција дневно се оперира со 50 возила вршејќи превоз на најразлични стоки на сите локации низ државата. Во насока на зголемување на постоечките логистички капацитети Квенбергер Логистик Македонија,покрај постојната логистичка инфраструктура, планира отварање на нов “state of the art “ логистички капацитет од дополнителни 11.000 м2 со 18.000 палетни места кој ке биде позициониран исто така во Мултифинционална зона Ќојлија близу Меѓународниот Аеродром Скопје. Новиот логистички центар се очекува да биде готов кон средината на следната година и би преставувал платформа за идни инвовативни решенија во делот на договорната логистика со целосно дигитализирани логистички процеси и можност за пошироко портфолио на логистички операции. Наша цел и интерес е да им помогнеме на нашите клиенти во остварување и реализација на нивните деловни цели и задачи со воведување модерни логистички технологии и иновации играјќи клучна улога во било кој дел од глобалните ланци на достава.


14

РЕКЛАМИ

{tipski Glas, April, 2021 br. 110


{tipski Glas, April, 2021 br. 109

В

Пишува: М-р Трајче КАЦАРОВ, писател

о еден од нашите дневни весници, после парламентарните избори во соседна Бугарија, беше објавена статија преземена од бугарскиот дневник „Капитал“. Во статијата се изнесени статистички податоци кои зборуваат за старосните граници, полот и образованието на гласачите. Читајќи ја статијата добиваш информации, за која партија гласале тие што имаат завршено само основно образование, тие што имаат завршено средно образование, како и тие што имаат завршено факултет, или се’ уште се студенти. Исто е и со старосните граници и со полот. Статистиката јасно и гласно истакнува колку баби и дедовци, односно колку мажи и жени ја извршиле свечената обврска. Младите гласачи исто така биле под опсервација на статистичарите. Од наведеното излегува дека бугарските статистичари завршиле добра работа. Прво, овозможиле партиите да си погледнат една на друга во очи, надвор од програмските платформи. Второ, на гласачот му овозможиле, пост-фестум, да дознае во какво друштво ги проектирал гласот даден за партијата што им е протаже. Се добива впечаток дека таквата статистичка операција помага луѓето мирно да ја прифатат промента на власта, или, пак, продолжувањето на претходната. Знаат што да очекуваат, всушност стануваат убедени дека нема да се случуваат нус појави од типот - човек кој завршил факултет за физичка култура да биде уптравител на театарска куќа и слично. Од слични статистички евиденции сум бил третиран на не-

Дa победат нашите КОЛУМНА

колку пати во животот. На првата ме изеде голем срам. Во гимназијата на почетокот на секоја учебна година класниот раководител, откако ќе седнеше на катедрата, ќе го отвореше дневникот ќе почнеше со прозивањето на учиниците. Не прози- ваше еден по еден. И на секој ни го поставуваше прашањето: Што и каде работи татко ти? На таквото прашање упатено кон мене одговорив: „Татко ми работи како службеник во поштата.“ Класниот раководител ми рече:„Нема таква професија. Ќе запишам дека татко ти е поштенски работник.“ Срамот ме изеде зашто на некои сокласници татковците им беа: учители, професори, а не работници во образова-

нието. На некои татковците им беа: директори, секретари, благајници, а не работници во стопанството. На некои им беа: водници, заставници, капетани, а не работници во вооружените сили на СФРЈ. Кога пораснав, кога тргнав по патот по кој ме водеше и се уште ме води специјалноста, струката, сфатив колку гордо звучи тоа некој да те нарече, односно да те оквалификува како работник. Татко ми беше работник во поштата – горд сум на тоа! Мајка

15

ми беше работничка во Памучната индустрија „Македонка“ – горд сум на тоа! Јас сум работник во институциите на културата – горд сум на тоа! Другата статистичка операција ја доживеав додека бев на отслужување на воениот рок во ЈНА. Бев строго убеден дека во ЈНА, освен старешините сите други се војници, војници и само тоа. Војниците не се делат по родот и породот, по образованието и струката. Чинот војник е чин за сите. Затоа ме изненади официрот одговорен за политичко образование и виоспитание, кога побара од командирот на водот во кој бев и јас на број, да изнесе податоци за војниците. Податоците требаше да покажат кој од каде е, каква му е фамилијата, колку бројна е, какво му е образованието и слично. Командирот на водот не одговори точно на прашањето на официрот. Тоа што командирот на водот се збуни, што поцрвене во фацата како пиперка за ајвар, ми влеа надеж дека ќе го преживеам срамот што почна да ми ги гори образите и да ме гуши. Имено со изјаватаа на командирот на водот ќе се откриеше дека ниту по образование, ниту по физичките предиспозиции не одговарав во инжињериската чета за минер, градител на понтонски мостови, бункери и патишта што водат кон победата. Строгоста и грдите збориви што официрот ги упати на адреса на комадирот на водот ги оправда со сентенцата: „Колку повеќе се познаваме меѓусебе толку ќе бидеме поблиски!“ Јас од сегашнава животна позиоција во која се наоѓам, би додал: не само што ќе бидеме блиски, туку ќе можеме да се обединиме и во желбата што ни се јавува кога одиме на избори. А таа е, да победат нашите !


За локалитетот Брагала и за Саат кулата 200.000 евра

16

КУЛТУРА

О

пштините Штип и Карбинци преку Центарот за развој на Источниот плански регион конкурираа пред Бирото за рамномерен регионален развој со два проекти од капитално значење за нашата култура и за развојот на туризмот. -Првиот проект се однесува на санација и реставрација на саат кулата во центарот на Штип, а вториот за осветлување, ограадување и сигналистика (поставување табли за секој објект) на археолошкиот локалитет Баргала во Општина Карбинци, а за двата проекти се одобрени 200.000 евра, вели м-р Мите Штерјов, директор на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип. Проектот за санација и реставрација на саат кулата пред медиумите го претстави градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов. -Ќе се обноват внатрешните дрвени скали кои водат до врвот на Саат кулата, ќе се отворат прозорците кои сега се соѕидани, ќе се изврши нејзина целосна реставрација и конзервација, а посебно езначајно тоа што во работна состојба ќе се доведе механизмот на часовникот па штипјани и посетителите на нашиот убав град одново ќе можат да го слушнат неговото отчукување, рече градоначалникот Николов.

Саат Кулата во Штип, како заштитено културно наоѓалиште, со утврден режим на заштита од III (трет) степен, се ноѓа во центарот на градот во почетокот на Горно Маало, или почетокот на стара чаршија од минатиот век, со екстериерна квадратна основа од 6.3 х 6.3 м. и четири катни нивоа со подрумскиот дел. Саат Кулата во Штип претставува историски културно заштитен архитектонски објект на градот, датиран од османлискиот период, т.е. во периодот од XVI –XVII век. Према начинот на градба на вакви објекти, најверојатно кулата била покриена со дрвена кровна конструкција, покриена со камени плочи, бидејќи со најновите истражувања не се констатирани остатоци од крстаст свод, кој е забележан кај некои беговски кули кои се градени на овие простори. -Вертикалната комуникација, доградена во подоцнежниот период (1934 год.) е решена со двокрако дрвено

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

степениште, со поставени газишта на гредни тетиви.. Во 1934-та година била срушена старата дрвена конструкција за саат кулата при што била изградена нова која постои и денес, појаснува директорот Штерјов. Археолошкиот локалитет Баргала влегува во групата најпознати доцноантички градови и ранохристијански центри во Македонија. Лоциран е во средишниот дел од Брегалничкиот регион, во подножјето на планината Плачковица, во месноста Горен Козјак, одалечен 18 км. североисточно од Штип. Доцноантичкиот град, од поранешен римски каструм во 4 век се развил во цивилен и епископски центар. Градот-тврдина има неправилна трапеБаргала ќе биде оградена и заштитена, ќе добие најквалитетно осветлување, во неа ќе може да се одржуваат концерти и културни настани. Саат кулата ќе биде реставрирана и конзервирана, ќе се обнови механизмот на часовникот кој одново ќе си ја врши фунцијата, и ќе станат значајна составка во севкупноста на туристичката понуда на Штип и на регионот.

зоидна форма во должина од 280 метри и широчина од 150 до 180 метри со површина во градските зидини од 4,70 хектари. Во литературните извори градот се споменува во списоците на Халкедонскиот собор 451 година и Синекдемосот на Хиероклиј од 527/528 год. Откриениот латински натпис датиран од 371/2 година не известува за изградбата на градската порта. Во рамките на утврдувањето, со досегашните истражувања откриен е северозападниот одбранбен зид со главната порта и целиот епископски комплекс во кој се смстени: епископската базилика, епископската резиденција, станбениот и економскиот комплекс, големата и малата бања, цистерна за вода, влезната партија во епископиумот, винарија, печка за стакло и централната градска базилика. Надвор од утврдувањето се наоѓа базиликата Ехтра Мурос, ранохристијанската гробница и средновековната црква од 10-11век Св.Ѓорги. -Со најновиот проект локалитетот Баргала ќе биде осветлена, истата ќе биде и оградена, во неа ќе има информативни табли за секој нејзин оддел со што ќе се создадат услови во неа да се одржуваат концерти и настани од културата, но најважно од се е што локалитетот ќе биде заштитен целосно, а за влез во него ќе се плаќа, порачува Мите Штерјов.


Штип и во услови на пандемија достојно го одбележа поетското и револуционерно дело на Ацо Шопов О

17

КУЛТУРА

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

д 1985 година наваму Штип речиси секоја година го слави револуционерното и поетско дело на Ацо Шопов. Се одбележуваат роденденот (20 декември, 1923) и денот на негоото заминување од овој свет (20 април, 1982 година). Сме сведочеле на разновидни одбележување на поетското дело на еден од најголемите поети лиричари на нашиот континент. Најчесто тоа било со вкус и согласно значењето на Шопов и како револуционер, и како поет и како општественик. Сепак, подолго време годинава, на 20 овој мессец, имавме едно сосема ново ниво на одбележување на делото на Шопов во реализација на Центарот за Минчева култура кој го носи неговото име. Прво, Горан Трајков, новиот директор на Центарот и Трајче Кацаров, уметнички раководител, во Во Домот на култура „Ацо Шопов“ се одржа мусклоп на манифестацијата „Во чест на поетот“ во Скоп- зичко-поетски перформанс. Група узичари изведоа

је им го врачија признанието за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов на издавачката куќа „Матица“ и на поетот, литературен критичар и антологичар Раде Сиљан.

Ангелов и Нашкова

Кире Денков

песни на стихови од Ацо Шопов од проектот “Младите пеат за Шопов”. Проектот беше во копродукција со ОУК „Дом на млади“ Штип. Музичката група ја сочинуваа: Кире Денов -вокал и бас гитара, Горан Кавраков-саксофон, Филип Стефановски-клавијатури, Филип Крстевски-тапани и Александар Бошков – гитара. Ангела Нашкова, Милорад Ангелов и Марија Минчева, актери при Народниот театар читаа стихови од Шопов. Целиот настан, поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, одеше преку интернет. Претходно, во организација на Боречката организација од градот, на спомен бистата на Ацо Шопов пред Домот на културата свежо цвеќе положија градоначалникот д-р Сашко Николов, претставници на Советот на Општина Штип, на АРМ, на СДСМ и на Центарот за култура... Во неколку фотографии ви донесуваме дел од атмосферата.


18

Н

НОВО СЕЛО

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

Некогаш беше јавор, денес е црква

езависно од тоа што Јаворот или Чинарот се смета за најстаро дрво на Балканот, независно што во повеќе општини во Македонија е прогласен за природна реткост и како таков е заштитен со Закон и не смее да се сече, кај нас во Штип кога му дојде редот за сечење и на последниот, најмладиот Новоселски јавор никој не постави прашање, никој не подигна глас да го заштити. Во Охрид чинарот кој потекнува од 9 век е заштитен со закон. Во Скопје избројал 800 години, во Битола 560, во Велес како знаменитост на градот и природна реткост се заштитени десетте јавори од кои едниот стар повеќе од 600 години.

Јаворот низ историјата имал особено значење во планирањето на урбаното зеленило на градовите, се сметал за привилегија на елитата и богатите слоеви. Ова дрво е национален симбол на Канада, неговиот лист се наоѓа на канадското знаме, го има на грбот во повеќе општини низ Европа. За него се пишувани стихови, испеани се многу песни, Јаворот бил инспирација за сликарски и книжевни дела. Јован Јовановиќ Змај го уредувал списанието ЈАВОР . Јаворот во штипско Ново Село низ историјата бил култно место. Под неговата кошница се случувале значајни настани, прослави, протести, седенки, игранки, музички настапи.......... Старите Новоселци со ништо не заостанувале зад другите развиени градови на Балканот. Стариот јавор-знаменитоста на Ново Село пострада кога требаше да се проширува патот кон клисура иако според кажувањата на старите Новоселци бил стар околу 400 години и било потребно да се заштити. Остана и песна за него како спомен за неговото постоење: Ој јавор, ти јавор ти дрво Новоселско Новоселци и Штипјани од срце те сакат / 2 Новосели кога играа танго Аргентино Од мерите ги гледаше Павле Аџикимо Новоселци танец кога водеа под јаворо и на друмо На тамбура им свиреше Коле Ќулумо Ој јавор, ти јавор ти дрво Новоселаско.............

Еден од јаворите на новоселскиот плоштад снимен 1926 година

Локалната самоуправа неизоставно треба да си земе во свои раце се што е знаменитост за овој град да го заштити и чува. Елена Јосимовска


Штипјани отсекогаш со голема почит кон делото на словенските апостоли ПРАЗНИК

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

За значењето на 24 мај, празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј пишува Елена Јосимовска

П

разникот Св. Кирил и Методиј, што секоја година се одбележува на 24 мај, е вистинска прилика да се потсетиме на годините и децениите што поминале во кои Штипјани го одбележувале Денот на словенската писменост и култура. Знаејќи дека почетоците на словенската писменост и најстариот книжевен јазик на сите Словени се директно поврзани со името на солунските браќа Константин филозоф (монашко име Кирил) и Методиј, ние годинава одбележуваме 1157 години од првата азбука

Градското школо

именувана како Глаголица. Името и било дадено по глаголот глаголати што значи зборува и тоа е првото словенско писмо со кое била напишана Библијата и другите богослужбени книги кои послужиле за ширење на Христијанството. Поради таквата нивна мисионерска работа христијанската црква ги канонизирала во светци. Уште во подалечното минато, во време на Отоманската империја, училишното настојателство на градското школо во Штип, на едно од своите заседанија донело одлука да се гради нова школска зграда и од почит кон ликот и делото на солунските рамноапостоли, на истото заседание било одлучено идното градското школо да го носи името Св. Кирил и Матодиј. Камен темелникот на новата школска зграда бил поставен во пролетта 1877 година во западниот двор на градската црква Св. Николај. Тоа бил големиот празник на Штип кога биле ископани темелите за новото школо. Карактеристика на тоа време било училиштата да се градат во дворовите на црквите па според тоа училиштето го носело името на црквата во чии двор се наоѓа. Во овој случај училишното настојателство не го именувало училиштето Св. Николај туку го именувало со име на основоположниците на пис-

19

меноста. Инаку во турскиот период му се давало големо значење на овој празник. На тој ден, според кажувањата на старите Штипјани, се одело на Новакова чешма и на високите брестови се врзувале лулки. Се јадело и пиело на полјаните и се пееле песни. Чалгаџиите ги навивале маанињата (маане ориентална монотона мелодија). Излетниците доаѓале со пајтони, имало продавачи на боза, алва и шеќерчиња. Овде доаѓале учениците од сите училишта заедно со своите учители.Имало и многу свештеници. Се пееле песни, најомилена била песната „каде си верна ти љубов народна“. Прославата на Св. Кирил и Методиј продолжила и во следните години по заминување на Турците од Балканот, секогаш кога ситуацијата го дозволувала тоа. Одбележувањето на овој празник продолжило и во време на Кралството Југославија. На свечениот чин во училиштата и црковните литии присуствувале сите градски структури. Веста за одбележувањето била објавувана во дневниот печат како овој пример во Илустровани Лист од 1923 година. Одбележувањето на Денот на светите рамноапостоли како ден на писменоста си продолжило во континуитет до ден денешен. Во знак на почит кон големото дело на словенските апостоли, 24 Мај е државен празник во Македонија. Во училиштата редовно се води дискусија со учениците за личноста и делото на солунските браќа кои го описмениле целиот словенски

свет, се пишуваат писмени работи или есеји на оваа тема.Во одбележувањето на овој значаен ден редовно се вклучува и локалната самоуправа. Што да се каже за крај, благодарност за нивната света мисија од кога датира нашето писмо и култура, подоцна, во чест на Св. Кирил, именувано од глаголица во кирилица од нивните ученици Климент и Наум. ЧЕСТИТ ПРАЗНИК Е. Јосимовска


20

СПОРТ

Од идната сезона штипјани сигурно ќе гледаат прволигашки фудбал Р

Ристе НАУМОВ, капитен на ФК Брегалница

исте Наумов, капитен на ФК Брегалница е апсолутно убеден дека штипјани од идната сеззона ќе гледаат прволигашки фудбал. Момчето кое со фудбал се занимава од најмала возраст кој одсекогаш играл како напаѓач својот идло го има во златната копачка Дарко Панчев. Наумов има играно во повеќе клубови како ФЦУ 55, Вардар и Брегалница (Македонија) Омониаја и Етникос Ахна (Кипар) Викториа Жижков и Славија Прага (Чешка) Спартак Трнава (Словачка) Мазија и Иглс (Малдиви) Звекапин и Ајервади (Мјанмар). Со Наумов разговараме за шансите на ФК Брегалница на крајот од оваа сезона да биде прва во својата лига и од есента да ја гледаме во елитното друштво на македонскиот фудбал. Ристе, први сте на табелата со 64 бод, 9 бода повеќе од конкурентот Тиквеш, имате импресивен скор од 20 победи и 4 ремија без пораз...Може ли некој да ве спречи на патот до влезот во елитното фудбалско друштво на Македонија? Не верувам во таков расплет на состојбата. Не верувам дека некој може да не сопре на патот до остварувањето на сонот, посебно со оглед на тоа дека остануваат уште четири кола до крајот на првенството. Нам теоретски ни е потребна само уште една победа и да ја завршиме работата на задоволство на сите: управата, фудбалерите, стручниот шат и нашата верна публика. Капитен сте на тим кој наскоро ќе биде во Првата македонска фудбалска лига каде ќе играте со најдобрите клубови во државата, Вие сте искусен фудбалер и како капитен дали во моментов имате тим за квалитетнон да се спротивставите на Шкендија, македонија Горче Петров, Работнички или треба зајакнување на определени позиции... -Мислам дека овој тим што го имаме е квалитетен за во Втора лига но за во Прва лига секако дека ке ни требаат засилувања ако сакаме да направиме нешто повеќе. Но за тоа тука си е управата која ќе ги носи клучните одлуки во однос на кадровското прашање. Мислам дека луѓето кои го водат клубот ќе го најдат најдобриот одговор на ова прашање. Која е улогата на капитенот во соблекувалната и на теренот...и како Вие ја остварувате...Имате ли разбирање меѓу фудбалерите, на теренот вие ги пренесувате инструкциите на тренерот дали тие инструкции се извршуваат добро од страна на фудбалерите? Капитенот е врската помеѓу тренерот и екипата. Тој е лидер и модел на личност и играч на кој треба да се огледуваат помладите играчи. Лично имам одлична комуникација со останитите играчи и тоа придонесува да се извршуваат сите задачи дадени од тренерот. Како е да се игра со и како е да се игра без публика? Го чекате ли моментот кога ќе може да ви даде нова енергија Фалангата но и сите други кои доаѓаат на стадионот да ја следат Брегалница? -Ова е добро и актуелно прашање. Факт е дека фудбалот се игра за навивачите, а без публика го нема оној адреналин што го има кога се игра пред публика. Нде попу-

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

сто е речено дека публиката е дванаесеттиот играч, таа знае да ја понесе екипата, да и даде нова енергика за да се остари резултатот. Желба на сите нас кои сме дел од најубавата спортска игра на светот е публиката наскоро да ни се врати за заеднички да ја делиме радоста од победите...Посебно ја очекуваме на стадионото нашата верна навивачка група Фалангата која знае да не понесе и невозможното да стане возможно па заедно да се радуваме на победите. Дали денес во ФК Брегалница ги имате сите услови без кои еден фудбалски лигаш не би можел добро да функционира? -Мислам дека вакви услови како што имаме ние можеби имаат уште само два клуба во целата нашата држава. Ние ја имаме таа среќа да имаме за спонзор (Кире Гогов) човек кој што многу вложува во спортот и кој го подигна клубот на едно повисоко ниво.Досега немаме проблеми околу исплата на она кое ни следува, сите обврски спонзорот навреме ги исполнува и сме редок клуб во Македонија во кој по ова прашање нема никаков проблем. Психолошкиот момент е еден од најважните во се па и во фудбалот, Оттука работи ли некој на тој план со фудбалерите, дали цените дека фудбалерите се психички силни личности и дека баш и поради психичката стабилност е одличниот резултат и местото на табелата? Немаме психолог во екипата меѓутоа тренерот разговара со играчите и ја има таа улога како психолог.Секако дека за првото место е заслужен и победничкиот менталитет на екипата. Можам да потврдам дека психички сме исклучително моќна спортска дружина и дека овој резултат е последица и на нашата психичка стабилност како на теренот така и надвор од него. Штип добива речиси нов стадион, се гради западната трибина која ќе биде според високи стандарди, дали и вие сте среќни поради комфорот кој публиката ќе го има на стадионот... Не само фудбалерите кои мора да имаат добар терен туку и верната публика заслужува да има удобност во следењето на натпреварите. Оттука, фудбалски Штип го заслужува новото на стадионот и со нетрпение го очекуваме тој момент.


„Полноќни ѕвона“ – мелем за секој душа

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

А

МУЗИКА

ко сакате добро расположени по напорна работа побарајте ја групата „Полноќни ѕвона“. Ако славите роденден, именден, матурска на синот или внукот, диплома за било што и било кога пак побарајте ја групата „Полноќни ѕвона“. Тие се секогаш на штрек, секогаш подготвени да одговорат на вашите барања и да направар редок амбиент на задоволства кои позитивно ги дразнат сите ваши сетила. Се работи за група од квалификувани музичари кои плус тоа што одлично свират на разни инструменти убаво и пеат. Така што секое нивно присуство, секоја нивна песна ќе ве расположи на начин што ќе заборавете и на најголемите проблеми ако такви имате. Групата ја сочинуваат: Моне Говединков, гитара и вокал, Сашо Зенделов, прим и мандолина, Ристо Јанев, гитара и бузука, Перо Христов-хармоника и Мичо Срцев-тамбура. Нивен фак се староградските, главно македонски песни иако на репертоарот имаат и српски народни песни како и песни од забавната и мексиканската музика која секогаш е популарна. - П о с то и м е веќе 15 години. Поентата на нашата група е да им направиме моменти на големи задоволства на оние кои ќе Зенделов, Говединков, Јанев не побараат да им свириме и пеење. Ние најдобро чувствуваме кога душата на луѓето за кои ги наштимуваме инструментите и грлата е полна. Тоа е моментот кога и тие ќе запеат со нас, вели доајенот на староградската и мексиканската песна во Штип моне Говединков. Моне вели дека нашиот народ најмногу ги сака староградските песни иако и добар дел од новите песни чии текстови се излезени од инспиративни пера на нивните создатели се доста барани. –„Порано најмногу ни ја бараа песната со наслов „Запеј песна мори море“, а денес некако најпопуларна е „Пусти мерак Ратке“ чиј текст и музика се создадени за масовно пеење“, посочува Говедината и ги кажува првите стихови од песната која е хит на новото време: Еднаш ерген бев и јас, сакав мома најлична, моја не стана, не ме засака, од корен ме откорна.

Пијан да бев, ќе се отрезнев, болен да бев, јас ќе оздравев, ама пусти мерак Ратке по тебе, некако да помине.....

21

Зенделов, актерот Страшко Милошевски, Говединков, Христов, Срцев И српските народни песни како и босанските севдалинки им се доста барани, но луѓето, посебно до постарите генерации си ги сакаат и мексиканските песни меѓу кои најпопуларна е „Мама Хуанита“, хит песна која трае над 60 години. -Не бараат од Штип до Берово, од Пробиштип до Кратово,од Кочани, Виница, Каменица...Свиревме и пеевме и во Србија, Хрватска, Бугарија...Најмногу сме барани во регионот како група сме многу познати. Луѓето се расположуваат дома, на викендички, во дворови, кога е во прашање добар повод и добра песна ништо не е тешко. Нашиот човек сака да се расположи, да запее и заигра, да си ја олесни душата. За такво нешто, за такво задоволство тука сме ние од „Полноќни ѕвона“. Притоа воопшто не е важно што има на трпезата, иако таа според нашето искуство секогаш е пребогата, ја продлжува Говединка приказната. Групата никогаш не се договара за пари. Го оставаат тоа на оној кој ги поканил. Се е по принципот кој колку ќе даде. Но кога луѓето ќе се орасположат тогаш паѓа и добар бакшиш. Тоа е некое непишано правило. -Сега во време на пандемија имаме многу помалку „работа“. Луѓето се некако загрижени и уплашени за своето здравје и тоа е разбирливо. Го чекаме моментот кога Ковид 19 ќе замине во историјата и кога животот ќе се врати во нормала. Ова меѓувреме го користиме за проби на нови песни кои ќе бидат на нашиот репертоар, вели Моне Говединков кој ни се пофали дека се вакцинирал и дека тоа ќе го направат и другите од групата.


РАЗОНОДА

22

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

ВИЦ ПО ВИЦ

Трпе и Трпана јадат мусака и во еден момент Трпана Онаа што седи спротив тебе е плавуша и е полицајка. се испрскала по фустанот. Оваа до мене е плавуша и е првакиња во борење. -Леле, сега изгледам како свиња, рекла Трпана. Онаа крајно што седи до вратата е плавуша и -А уште си се и испрскала, констатира Трпе... тренира бокс. И изфрлувачот од барот е плаувш. Уште ли сакаш да кажеш виц за плавуши?-праша келнерката. Французин се фали: на жена ми за роденден и купив -Не, рекол слепецот, ќе биде напорно ќе морам пет Порше кое од нула до 100 километри на час иде за 7 пати да го објаснувам... секунди. -Тоа не е ништо и јас на Перса и купи нешто кое од Трпе вози мерцедесе, во еден момент застанува и го нула до 120 оди за 1 секунда. подотворува прозорот. -Невозможно, а што и купи, прашува французинот. Некако во тоа време покрај него застанува ауди кое го -Вага, рекол македонецот. вози женска. Женската исто така го отвора прозорецот, а Трпе ја прашува: Влегува слепец по грешка во бар само за жени. -Што женска, и ти ли прдна.... Седнува на шанк и му вели на барментот: -Шефе, дај една жолта...Потоа слепецот им се обраќа Учителка ги прашува учениците: на сите во барот: ај сега ќе ви раскажам еден виц за -Ајде, кој од вас е глуп нека стане. плавуши. Никој не се јавува. Во еден миг најдобриот ученик во На тоа му приоѓа ќелнерката и му вика: ќе ти кажам класот станува, а учителката му вели: пет причини зашто не смееш да кажеш виц за -Што е Мишко, зарем ти за себе мислиш дека си глуп? плавуши: -Не учителке, само ми е жал сами да стоите... Јас сум плавуша, имам 90 килограми и црн појас во карате.

СУДОКУ

ИМПРЕСУМ

Издавач: Медиум Боја 43 – Штип Седиште на фирмата и адреса на редакцијата: Ул. „Тошо Арсов“ бр. 23 – 2000 Штип Одговорно лице: Иван Бојаџиски

Излегува еднаш месечно Првиот број излезе во месец април, 2009 година Главен и одговорен уредник: Иван Бојаџиски 078/375582 Графички уредник: Јорданчо Бојаџиски, 078/473094

Овој број е отпечатен на 29.04.2021 година Тираж: 1.000 примероци

СКРИВАЛКА

Ж-ка: 290000002136767 Едб:4029019522191 Т.Т.К. банка А.Д. Скопје Годишна претплата: 180 денари.

Печати печатница Генекс-Кочани Ул. „Тодосија Паунов“ б.б.

За Штипски глас се плаќа повластена даночна стапка од 5%

ISSN 2545-4498 Непотпишаните текстови се на Иван Бојаџиски


ЕНИГМАТИКА

{tipski Glas, April, 2021 br. 110

!

" #

$ %

& %

' (

) %

*

23

' %

+

)

" #

&

) (

" #

,

- $

* % . .

. -

0

". #

/

, % 1 " # 0

,

$ %

- )

)

2% .

* %

0

% .

2 $ .

0

$

* (

2

* % 2

5 .

, +

$

$

3

4 (

5

)

) * 6

*

-

0 %

2 , %

,

-

*

5 7% .

(

,

,

9

* % (

*

.

(

9

& 7 %

$

$ *

- 8

,


24

РЕКЛАМА

{tipski Glas, April, 2021 br. 110


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.