[tipski Glas, Fevruari, 2013 br. 40
11
КОЛУМНИ
Развигорови - семејство на учители и револуционери
М
алкумина денес во Штип знаат дека илинденецот Мише Развигора ( кој трагично заврши 1907 година, горејќи во исарското маало, во куќата што ја запалил турскиот аскер), потекнува од семејство на учители и револуционери. Браќата Развигорови: Михаил (Мише), Александар, Емануил (Мане) и Томе, поради гордиот дух и чувство за правда и борбеност биле погодени од судбината на бројните учесници во националноослободителното движење во Македонија. Поради тоа што на Мише Развигора, во еден од претходните броеви на „Штипски глас“ му посветивме напис со наслов „Кој беше Мише Развигора“, овојпат тоа го правиме за неговото семејство. Александар Спиров Развигоров , една година помалиот брат на Мише, се родил во Штип, во 1874 година. Во 1892 година завршил педагошко училиште во Ќустендил и работел како учител во Кратово, Крива Паланка, Куманово, Штип, Кочани и други места. Бил раководител на Кочанскиот околиски револуционерен комитет на ВМОРО (Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација ) во 1898 година. Пред Балканските војни бил окружен училиштен инспектор во Битола. По Балканските војни, 1913 година бил уапсен од српските власти и одлежал неколку месеци во затворот во Куршумли ан во Скопје од каде бил екстрадиран во Бугарија каде останал до крајот на својот живот, 9 ноември
1946 година. Тој е еден од издавачите на „ Албумот – алманах Македонија“,1933 година во Софија. Емануил (Мане) Развигоров , учител и револуционер, деец на ВМОРО се родил 1886 година во Штип. Во 1907 година завршил педагошко училиште во Скопје. Уште како ученикстанал член на ВМОРО. Во 1910 година бил учител во Штип и едновремено бил и раководител на околискиот комитет на ВМОРО. Починал на 17 септември 1919 година во Софија. Хипократ Томе Развигоров, син на долгогодишниот учител и револуционер Томе, се родил во Штип 1900 година. Во 1927 година тој е еден од тројцата атентатори на генерал Ковачевиќ , на 5 октомври, во Штип, поради што тој и Илија Лилинков, опколени пред пештерата на планината Плачковица, за да не паднат живи во рацете на српската војска, на 10 октомври се самоубиле. Тоа било повод за репресии и одмазда. Непосредно по атентатот бил убиен братот на Хипократ Развигоров, таткото на Илија Лилинков и таткото и братот на Иван Михајлов Гаврилски. Страхил Михаилов Развигоров, познат под псевдонимот Младен, син на Мише Развигоров, се родил во Штип 1897 година. По смртта на татко му со семејството се преселил во Бугарија. Завршил Гимназија во Ќустендил а потоа работел во воената школа во Софија. Во 1922 година дипломирал право на Софискиот универзитет. Бил член на Македонското студентско друштво „Вардар“ и активно се вклучил
во дејностите на ВМРО извршувајќи бројни задачи. Работел како адвокат во Софија и Ќустендил. По 19-то мајскиот државен удар во 1943 година и забраната на ВМРО е интерниран во град Елена. Таму во 1939 година се оженил со Пенка Халваџиева со која има ќерка Савка, родена 1940 год. и син Михаил роден 1942 год. Во 1941 година тој се враќа во Македонија и работи како адвокат во Скопје. По 1944 година го снаоѓа трагичната судбина на семејството Развигорови. Во 1946 година бил уапсен од комунистичката власт на Бугарија и однесен во затворот во Пазарџик каде 1948 година починал. Денес презимето Развигорови е само дел од историјата на овој град.Во Штип повеќе не постои ниту еден потомок со такво презиме, дури и гробовите им се срушени. Но, во Велико Трново во Бугарија, живеат две внуки на легендарниот војвода Мише. И покрај животносудбинските перипетии тие добро ја зачувале својата родословна меморија. Тоа се Савка Развигорова Копринкова, ќерка на Страхил синот на македонскиот војвода Мише Развигоров и нејзината прва братучетка Бистра Коларова, на која мајката е ќерка на Мише Развигоров. Тие единствено го чуваат споменот за судбината на нивното семејство, за која може да се каже дека е трагична приказна за една историска драма. Се друго е одамна заморавено, за жал. Елена Јосимовска
Александа Развигоров со семејството 1920 г.
Емануил Развигоров
Хипократ Развигоров
ФУДБАЛ
Брегалница го претстави новиот стручен штаб
Ш
Штипскиот прволигаш е клуб со богата фудбалска традиција, во него продефилирале многу звучни фудбалски но и тренерски имиња, клубот отсекогаш играл значајна улога во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата но пред се на штипската фудбалска јавност“, рече Илиевски на средбата со новинарите. За себе Илиевски информира дека десет години играл во Првата македонска фудбалска лига, во Ѓорче Петров, Балкан Стокомкомерц, Цементарница, Тиквеш и Осогово. Ги тренирал кадетите и Илиевски: младинците на Ѓорче Петров а „Со големо задоволст- за потоа, заедно во го прифаќам предизвикот, со Илчо ценам дека Брегалница има Горгиевски да одличен играчки кадар и спо- замине во Вардар каде му собна управа“! бил помошник. Горан стабилно финансирање и Даскалов, претседател на управа која знае што сака. ФК Брегалница вели дека типските сини добија нов стручен штаб. Управата на клубот ја прифати програмата на Добринко Илиевски, кој на оваа позиција доаѓа од местото помошник тренер на шефот на стручниот штаб на ФК Вардар од Скопје Илчо Горгиевски. Новиот стручен штаб деновиве им беше претставен на новинарите а преку нив и на штипската јавност. „Со големо задоволство го прифаќам предизвикот бидејќи ценам дека Брегалница има одличен играчки кадар,
►Нов шеф на стручниот штаб е Добринко Илиевски, прв помошник му е Никола Кузманов а втор помошник Димитар Маџунаров
и за оваа сезона клубот ќе има стабилно финансирање а целта им била да не паднат подолу од сегашното шесто место,
односно од златната средина. „Финансиски сме обезбедени од страна на локалната самоуправа но и од бизнис заедницата која се повеќе финансиски се приклучува кон проектот Брегалница – стабилен прволигаш.
враќаме во Дојран каде ќе ги продолжиме подготовките за генералната контролна средба да ја имаме на 24 овој месец со екипата на Силекс од Кратово“, вели Даскалов. Цел на клубот е оваа сезона да се биде
Идната недела одиме на подготовки во Бугарија каде ќе одиграме и неколку контролни натпревари по што се
најмалку на шестото место а екипта за во иднина да се подготвува и за место кое води во Европа.