Skip to main content

АМАК ПРЕС 111

Page 18

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 111, 15 Јуни 2009, Бесплатен примерок

Охридска мода во Европа

Европски цени во Охрид


Мирно лето со брод

Редовни тури до Св.Наум и назад. Поаѓање во 10.00 часот од градското пристаниште а враќање во 16.00 часот. Бродот “Галеб” ви стои на располагање за секакви тури.

Контакт : 070/307-303 contact@shipgaleb.com.mk www.brodgaleb.com.mk


Збор на уредникот

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот Тел:046/263-781 факс 046/263-784 E-mail: kontakt@amakpres.com.mk За издавачот: Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска

belevska.angela@gmail.com

Техничка уредник: Бранислав Силјаноски Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Веб уредник: Алан Каоу фото: Никола Танчески Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Редовни рубрики:

Ново, но со традиција

В

елат дека среќата е во малите нешта . Јас,верувам дека за Вашата среќа голем придонес има и АМАК- Прес Охридски Новини. Основан по иницијатива на господинот Венко Шапкар,единствениот печатен медиум во Охридско- струшкиот регион, пет години успешно постои на пазарот со своја читателска публика. Од гласник на едно претпријатие, подоцна прераснува во весник со дневно информативни содржини, а денес, се создадоа услови истиот да прерасне во списание- месечен магазин за Охрид. Секој, 15-ти во месецот, ќе го имате во рака списанието АМАК ПРЕС – Охридски Новини. Во него ќе бидат разработувани содржини кои не сте ги прочитале, слушнале или виделе во ниту еден од печатен или електронски медиум(радио, телевизија,интернет кои пласираат информации за дневни настани ) во Охрид. Не зависно дали сте млади или возрасни, ви нудиме содржини интересни и за едните и за другите. Во АМАК- Прес, Охридски Новини, ќе читате содржини за случувања и луѓе кои му дале белег на градов, а ние како такви мораме да ги запознаеме и запечатиме во нашата меморија за да ги прикажуваме на идните генерации . Ќе прочитате “за другата страна“ или за приватниот живот на јавните личности. Стручњаци ќе ве советуваат и во секој број ќе одговараат на ваши прашања......, другите содржини ќе ги прочитате сами кога ќе го прелистате овој месечник. Читај за да се информираш, едуцираш и забавуваш. Читај, затоа што читањето е патот до мудроста.......

Од друг агол Локал Политика Бевме на... Ви најавуваме... Охридски легенди Да подадеме рака Наша гордост На кафе со... Прашање-одговор (вие прашувате, стручњаци одговараат) Здрав живот Спорт

Ангела Белевска belevska.angela@gmail.com 3


Од друг агол Дејан Паноски -Секретар на Билатералниот Секретаријат и советник во Општинскиот совет Во колективната меморија на охриѓани, остана запомнат како Државен Секретар за животна средина. Но во име на традиционалните вредности и почитта кон блиските ја жртвува големата кариера, и создава кариера тука кај нас, крај најмилите...... Денес е актуелен советник во Општинскиот совет и Секретар на Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро. Во родниот град , ужива во друштво на сопругата и ќерката. Ја обожава кинеската кујна. Иако не е вешт кулинар нема да Ве остави гладни ако ненајавено му одите на гости. Не може да одолее на парфемот BOSS за мажи, а најпријатно се чувствува во фармерки. Убавата книга или добриот филм ги чита или гледа неколку пати и никогаш не му се здодевни. Но дефинитивно најсреќен го прави неговата ќерка со која игра, се смее и забавува додека сонот не им стежне на очите......

НЕ СУМ КАРИЕРИСТ НИТУ БОЛНО АМБИЦИОЗЕН ЧОВЕК, СЕМЕЈСТВОТО МИ Е НА ПРВ ПЛАН 4


Од друг агол те еден работен ден, има ли време за одмор и опуштање во викенд. Идилата ја создаваме ментално и сами избираме што е она што е за нас идилично. Секако дека работните денови поприлично личат на некаква шема , малку или повеќе изменувана , брканица од работни задачи , телефони , средби и сега и од задачи предизвикани од функцијата советник во општинскиот Совет но т. н. р .идила следува кога доаѓа до пост -работна или пост -училишна средба со ќеркичката . Тука се случува вистински позитивен хаос , разни игри , шетање , разговори , натпреварување, подучување ...... Нема запирање се додека не совлада сонот. И секако во таа идила и опуштање мора да ја напомнам веќе воспоставената традиција – јас и ќерката секоја сабота наутро на бурек. Нема подобро нешто. Ако на тоа се додадат и опуштање со добар фудбалски натпревар , одбрана книга , добар филм и добри пријатели ете заклучок - секој ден е идила но не знаеме да го воочиме тоа. Живеење... На што најчесто и најсвежо се сеќавате од периодот на детството? Детството , најубавиот дел од животот буди многу сеќавања и веројатно е тешко да се издвојат посебни моменти но еве како обид , може тоа да бидат опседнатоста со фудбалот и спортот воопшто, опседнатоста и со стриповите , но и со една креативна форма која ја имавме со најблиските другари каде што секој пишуваше свое списание кои меѓусебно ги разменувавме . Од денешен агол ми изгледа чудно однесување како за деца но со задоволство се потсетуваме на тоа. Но ,пред се останува споменот на една слобода , на една игра во која и оние симпатични детски тепачки имаа свој детски елемент на растење. Идила....... Каде тогаш се гледавте себе си, што сакавте да бидете? Интересно но колку што паметам ретко сум ја играл играта,“Што сакам да бидам“ . Никогаш не сум бил опседнат со нешто посебно, туку пред се опсежноста и разноликоста на знаењата од разни области ми била некаква водилка. Сепак , мора да признам во моментот кога требаше да се донесе одлука ,одлуката беше чисто моја и привлечена од авантуристичкиот дух што го носи една наука каква што е географијата. Така , да веројатно сум она што потсвесно сакав да бидам иако никогаш не било експони-

рано. Сепак јас сум по однесување професионалец и така се однесувам кон секоја една работа. Принципиелно... Што по завршувањето на образованието, развивање на кариера или создавање семеен живот? Одраснав во семејство во кое чесноста и образот било најважното нешто. Тоа како наследство го носам од татко ми, и како такво вечно ќе го почитувам. Тоа всушност значи респект кон семејството и негово првостепено значење. Кариерата , иако можеби на моменти не изгледа така, била во втор план. Всушност и кога била во зенитот била жртвувана заради семејството. Не сум кариерист , нити болно амбициозен човек. Сакам да сработам и да имам резултат од тоа , така сум се однесувал , така и ќе се однесувам. Но , како конзервативец по филозофија секако дека семејството е во прв план. Мир...

За семејството ја жртвував и т.н.р. голема кариера Долги години сте во брак, важи ли кај вас правилото дека “зад успешен маж стои успешна жена“, колку сопругата има разбирање и колку Ве поддржува во реализирање на работните обвр-

ски, со оглед на тоа што на сметка на работните ангажмани често отсуствувате од дома? Секогаш сум имал полно разбирање од семејството и сопругата. Имало периоди каде заради работни обврски,чести патувања во странство не сме се гледале со денови , имаше и еден двегодишен период кога ја извршував функцијата државен секретар во Скопје каде беше физички и емоционално претешко да се издржи оддалеченоста од семејството и тоа беше драматичен период каде требаше да се избере жртвата . Избрав да ја жртвувам т. н. р. голема кариера . И мислам дека беше тоа добар потег. Кариера во помал обем може да се гради и дома , за тој што сака да сработи секогаш има простор. Поддршка имав и за тој чекор. Тежок...

Ужибам во секое саботно утро кога кога со ќерката одам на бурек,....уште гледање на фудбалски натпревар, филм или читање книга, поубаво нешто на светов нема Имате ли време за вистинска семејна идила, како ќе ни опише-

Велат дека бог не прави најсреќни кога ни дарува деца. Вие сте родител на едно дете, како се снаоѓате во таа улога? Дали сте строг или попустлив татко? Имате ли време за дружење со своето дете? Ние семејно и јас лично сме почитувачи на верата во Бог како основен постулат на нашето постоење и пред се однесување. Без таа верба , општеството и човештвото воопшто би имало сериозни проблеми со вредностите. Има и весели и тажни мигови но во се треба да има помирување и да се остави чест. Секако најсреќното нешто се децата. Споменав веќе ,секој еден можен миг го посветувам на мојата ќерка , ја признавам приврзаноста , и секој заеднички момент ни е ритуал од одење на балет , до купување сладолед до било каков натпревар .Секако без попуштање. Всушност , среќата е во миговите . Никогаш нешто големо не ме правело среќен туку малите мигови кои се ненадминливи. Треба да се обидеме само да ги фатиме. Секогаш ... Кој период од вашето професионално ангажирање, остави белег на Вас и ве оцрта како јавна личност. Кој период од професионалното ангажирање, според Вас беше најуспешен? Професионално започнав како библиотекар во Градската библиотека во Охрид. И како немирен дух почнав таму да се изграду-

5


Од друг агол

вам со сета благодарност на луѓето таму. Веројатно тоа беше период кога бев најумно , најначитано и најелоквентно дете (ха ха ха ) при што напишав и две новели. Потоа , после 4,5 години се вратив на она што е поблиску до мојата струка екологијата и тука почна тешката борба за градење на сопствениот кредибилитет , создавањето на сликата за јавна личност. Нормално , во таа борба не ви се сите баш пријатели , ќе чуете се и сешто , злобата е човечка особина . Но, полека се навикнувате на тоа дека е нормално ако сте јавна личност дека 50 посто ве одобруваат , 50 посто ве мразат(ха ха) . Но, кредибилитетот што го стекнав посебно пред меѓународната јавност во областа на заштитата на езерата и некои од резултатите кои ги постигнавме носат голема почит низ светските кругови. Дома ионака нико-

6

гаш никој нема да ве цени(ха ха ) . И потоа следуваше оној период на функција државен секретар. Донесе уште повеќе зацврстување на кредибилитетот во странство , уште помалку ве ценат дома (ха ха ха) . Колку што можев помагав , посебно за Охрид ,за на крај како што споменав кариерата да ја жртвувам секако за семејството. Сега како секретар на Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро и како советник во општинскиот Совет ќе се обидам уште нешто да придонесам за својот град. Јас знам дека она што го работам го работам коректно и чесно а успешноста е работа на оценка на другите. Перцепција...

Во политиката секој влегува невино и

наивно, но колку повеќе политичката машина ве меле толку станувате потврди Како и кога познатиот охридски екологист заплови во политичките води? Политичкиот океан ме зафати уште пред на станам екологист во 1994 година но не во најизразена форма и претежно во изборните циклуси каде секогаш бев поблизок на десната ете конзерватива опција. Во политиката обично се влегува наивно и чисто но тешко и таков се излегува. Мојот влез во политиката беше поттикнат од наивната помисла да се биде информиран и побрзо да се помогне. Подоцна , како што

ве меле таа машина така станувате потврд. Во 2008 година чинам дека покажав како може ефектно да се води штаб, да се победи но увидов и што значи оној со кого заедно седите да ве игра. И тоа ме направи уште посилен. Јас сум бранел свои ставови на светски форуми, државна политика на разни преговори и тоа меѓународно искуство е незаменливо. Работа на политиката е да го искористи тоа искуство но јас немам никакви фрустрации од тоа дали ќе бидам погоре или подолу на некое скалило. Можам уште многу да дадам во политиката со искуството кое го стекнав но имам една гоооолема маана за која сум и сам свесен. Не газам преку луѓето , не се лактам и ги чувам моите принципи. Тоа знам дека не носи успех во политичката кариера но ви носи мир во себе. Помирување...


Од друг агол ''Без интернетот тешко да помине некој ден. Информација и комуникација, без тоа неможам''

Со ќерката Викторија ги минува најубавите мигови во денот

Во кујна не е за ‘‘машала’’, но скара ќе ви направи од убава поубава Меѓу охриѓани сте познат како човек со добар- истенчен вкус. Секогаш во топ форма, уреден и педантен. Кој се грижи за вашиот изглед, и во каква облека вие се чувствувате најпријатно. Негувате ли некој моден бренд, на кој парфем не можете да му одолеете? Јас сум пред се природен човек и човек на моментот . Како што ќе го почувствувам моментот така го имам. Спонтано , неоптоваре-

но. Овие епитети што ги дадовте во прашањето веројатно така изгледаат од страна но сигурно не се со намера правени(ха ха) . Но сепак најсреќен сум кога можам да ја тргнам вратоврската , да ги ставам фармерките и така да го доживувам денот во лежерна облека . Штета што поретко тоа се случува. Костумите ми се претежно македонски производ а парфемот БОСС го сакам не заради името (ха ха) туку заради онаа таинствена машка нота што ја содржи. Типизирано... Како се снаоѓате во кујна, што се случува кога сопругата е отсутна од дома, знаете ли нешто да зготвите и кое е ваше најомилено јадење? Хмммммм гладен веројатно не би останал ама искрено не дека нешто се туркам во кујната. Традиционалните наши јадења од типот на сарма , гравче тавче ми се најомилени

но некако низ патувањата се привикнав на кинеската кујна која ја засакав. Ако тргнам да зготвам нешто ,не сум баш сигурен на што ќе излезе па затоа што е сигурно е сигурно па јас би ве поканил на скара . Тука нема да промашам . Се надевам (ха ха).... Кој се грижи за уредувањето на вашиот дом и кое е вашето омилено катче? Дома сме секој на своето . Секој си има свое катче и одговара за него . Мене ми е најомилено она пред телевизорот заедно со најголемиот изум и другар на човекот , далечинскиот управувач (ха ха) . Секако не смеам да го заборавам ни интернетот без кој тешко да помине некој ден. Информација и комуникација и тука ми е најомиленото катче. Светоглед...

филм и омилен спорт, дали има \ време за спортување? Нема време како порано за многу читање , но останале врежани дела кои со себе носат белег , филозофија , размисла. Не е последна прочитана книга но ми е трипати прочитана книга и на македонски и на англиски и оригинал на руски , “Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков . Таква сага , таков набој , критика , драма , вечност, според мене ретко се пишува. Занемев, воедно пред филмот “Шестото сетило“ и обичај ми е добрите филмови да ги гледам по неколку пати внесувајќи се во репликите. Не сакам да пропуштам фудбалски натпревар од големо значење . За жал спортувањето ми се сведува сега на само спорт пред ТВ и на понекогаш долги пешачења. Добро би било да можам да го сменам тоа. Веднаш...

Последна прочитана книга,гледан

7


Локал

СО ПОПУСТ ЛЕТУВАЈТЕ ВО ОХРИД!!!

Научните работници се со ставот дека цените на хотелските услуги треба да се намалуваат уште повеќе. Според нив туристичките работници сериозно треба да размислат за корекција на цените, особено што поради економската криза познатите летни дестинации нудат поевтини и поатрактивни услуги. - Како човек кој теоретски го истражува туризмот, сметам дека цените се дефинитивно превисоки, а со тоа и неконкурентни доколку се има предвид производот што Македонија го нуди во целина како туристичка дестинација, вели Јован Стојаноски, продекан на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Тој смета дека независно што цените се во доменот на индивидуална деловна политика на туристичката компанија, сепак оние фактори што се занимаваат со туризмот и го регулираат како стопанска дејност, мора да најдат начини индиректно да влијаат за намалување на цените. - Туризмот како и секоја друга дејност работи според принципите на пазарната економија, што значи дека сите чинители во туризмот треба да сфатат дека со цените со кои настапуваат на пазарот не се конкурентни. Меѓутоа цело време тие се оправдуваат дека има одредени објективни фактори што влијаат врз тоа, гостите да не доаѓаат во Македонија. Сметам дека такви фактори постојат, но првенствено се субјективни, а тоа едноставно кажано е дека оние кои што го работат туризмот во Македонија не знаат да ја водат деловната политика, а за тоа се лично засегнати, додава Стојаноски.

К

аква летна туристичка сезона годинава ќе има Охрид? Во време на економска криза кога вистински финансиски товар е да се оди и до наше Скопје, хотелиерите се пред неизвесниот одговор на прашањето;бериќетно ли ќе биде ова лето или не? “Светската туристичка организација, генерално за Европскиот туристички пазар донесе одлука според која намалувањата ќе бидат до 5% во однос на минатогодишните цени. Цените за земјите кои припаѓаат на Југоисточна Европа ќе бидат пониски за 8%. Конкретно за кај нас, за Македонија, на нашето барање одговори агенцијата за промоција по што одлучивме

да реализираме една поагресивна кампања за промоција и се надеваме дека таа кампања ќе вроди со ефекти и дека ќе може да се одржи минатогодишното ниво на посетеност на регионов. Во моментов во Охрид пристигнуваат организирани туристички групи од Франција,Англија и Германија. Поединци има од сите земји и земјите од регионов исклучувајќи ги грчките туристи“, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески кој истакнува дека цените во хотелските услуги се намалени од 5до 15% во однос на минатогодишните, зависно од квалитетот на понудата.“Со пониски цени се надеваме дека бројот на туристи ќе биде приближно ист на минато годишниот“- додава Танески.

Поради светската економска криза соседна Грција веќе ги намали цените за 30 %, што според тамошните експерти ќе ги ублажи последиците од економската криза. И во соседна Црна Гора туристичките работници ги намалија цените за 10-15 % .Радува податокот што на старт од летната туристичка сезона и нашите хотелиери почнаа да размислуваат цените на услугите да ги намалат за 5 до 15%. Неодамна во главниот град на Словенија, Љубљана, беа поставени 20 билборди со кои се промовираат убавините на Македонија. Во тамошниот печатен медиум “Журнал“е нашишана статија за културно –историските знаменитости, планинските предели и туристичките дестинации на нашава земја. Проектот го реализира Агенцијата за развој на туризмот. Годинава за прв пат и Германските туристички агенции во своите програми доставуваат понуди во кои е напишано се она што заслужува и треба да биде посетено во Македонија.

9


Локал

Од 1-ви јули до 31-ви август летен режим во патниот сообраќај

ЛЕТОВО НАПЛАТНИ РАМПИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР

О

д 1-ви јули, во Охрид започнува летен режим на патниот сообраќај. Во ноќни услови низ улиците на стариот дел од градов ќе има целосна забрана за сообраќај а преку ден автомобили ќе возат само тамошните жители. Намерата е да се воспостават зони на смирен сообраќај со цел да се задоволат потребите како на варошани така и на туристите кои ги имаме во лето. Целосна забрана ќе се спроведе на градежните активности а немаа да сообраќаат ни автобусите низ центарот на Охрид. “Летниот режим на патниот сообраќај ги опфаќа сите улици почнувајќи од Горна Порта па надолу до просторот каде беше сместена НУ Библиотека, “Григор Прличев“. Најверојатно сообраќај нема да има и на улицата “Кеј Маршал Тито“, зашто знаете преку лето на дел од

10

оваа улица од кружниот тек до пресекот со улицата “Јане Сандански“, имаме голема фреквенција на пешаци. Улиците: “Партизанска“,“Димитар Влахов“, “Македонски Просветители“ и “Даме Груев“, ќе си останат со постојаниот режим на сообраќај. Планираме моменталниот опфат околу паркинг местата за наплата да го прошириме, затоа што на тој начин со редуцирање на паркинг просторот и со дефинирање на можностите за користење на истиот ќе се намали оптовареноста како по однос на паркирањето така и по однос на фреквенцијата на движење низ улиците во центарот на градот“, вели советникот за сообраќај во Локалната Самоуправа, Зоран Шикалески. Со урбанистичкиот план во Охрид предвидена е изградба на катни гаражи, но реализацијата на проектот е тесно поврзан со финансиски-

те средства. “Мое мислење е дека катните гаражи во моментов можат да се изградат на база на партнерство со приватен инвеститор. Но мислам дека сепак тие две-три гаражи нема да го решат проблемот со паркирање. Кај нас се јавува еден огромен дисконтинуитет по однос на паркинг местата. Знаете дека бројот на паркинг места е ограничен. Од прилика се знае бројот на регистрирани моторни возила во Охрид. Но во текот на летото на ден имаме по 20-30 000 нови возила. Ова значи дека и да се отвори катна гаража со 1 000 паркинг места,проблемот нема да се реши. Единствено решение е да се отворат нови паркинг простори“, додава Шикалески. “Во Полска постојат голем број градови кои имаат проблем со паркирањето на возилата како што Охрид има во летната туристичка

сезона. Таму е решен проблемот на тој начин што е дозволено да возат само жителите од “проблематичната“ населба. А туристите, посетителите низ таа населба одат пешки. На тој простор се знае колку жители има и колку регистрирани автомобили поседуваат тие, и се дава дозвола на користење само за нив“ (ДОДАТОК) Во овој период во Охрид ќе се работи на проширување на мрежата на велосипедските патеки. Во последниов период покрај велосипеди граѓаните се повеќе возат велосипеди со мотор. Во најголем број случаи во сообраќајните незгоди учесници се возачи на автомобили со луѓе кои возат велосипед со мотор. Со изградувањето и проширувањето на велосипедските патеки ќе се оствари побезбеден патен сообраќај.


Локал

КРУЖЕН ТЕК НА СООБРАЌАЈ КАЈ НОВАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА БЕНЗИНСКАТА ЌЕ СЕ ДИСЛОЦИРА

В

истински сообраќаен метеж и тотален хаос се случува на раскрсницата меѓу улиците: “Седми Ноември“, “Питу Гули“, и “Кленоец“. Раскрсницата кај новата автобуска станица стана најфреквентното место во градов а во исто време и најризичен простор за сообраќање, посебно во екот на летната туристичка сезона кога се истовараат автобуси со голем број туристи. Автомобили наи-

дуваат од лево, од десно, не се почитуваат сообраќајните правила а нема поставено ни сообраќајни знаци. Во случајов важи народната, “Господ да те варди од лошо“,и “очите отвори ги четири“. “На овој потег неизбежно е да се направи кружна раскрсница. Затоа е потребна дислокација на постојната бензинска станица на “Мак Петрол“. Истата тука е поставена пред 30-ина години кога фреквенцијата

на сообраќај и бројот на возила во Охрид бил мал“, вели советникот за сообраќај во Локалната Самоуправа, Зоран Шикалески, кој додава дека тие во повеќе наврати писмено ги известиле надлежните од “Мак Петрол“да ја дислоцираат бензинската станица но дека немаат добиено никаков повратен одговор. Со урбанистичкиот план на Охрид, предвидено е истата бензинска станица да биде преместена во непо-

средна близина на местото каде во моментов е сместена. Во моментов во Охрид постојат три кружни раскрсници кои функционираат одлично. Едната е сместена во близина на ЈЗУ Општа Болница, друга во близина на Здружение на Возачи, а третата пред почетокот на населбата “Беј бунар“.

11


Политика

КРИЗА ВО

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ!!!

Д

ушко Јаковчески ,од СДСМ е новиот претседател на Градскиот совет. За него на втората одржана седницата на Советот на Општината, гласаа 14 советници,а 9 беа воздржани. Јаковчески ги доби потребните гласови благодарение на мнозинството кое СДСМ го оствари со помош на НСДП,ВМРО-НП ,ПЕИ и од независните советници. Воздржани беа само советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Чудно, симптоматично, и загрижувачки. Поминаа два месеци од Локалните избори а советниците зад себе оставија само две неуспешно одржани седници на совет. Меѓусебни расправии, партиски препукувања,и внатре партиски превирања ги одбележаа двете заседавања. Советниците наме-

12

сто да расправаат за точките на дневен ред,расправаа односно, ги толкуваа резултатите на минатите локални избори а го оценуваа и квалитетот на минатиот совет. Првата заедничка работна средба, нашите избраници ја одржаа на почетокот од месец јуни. Но по неколку “процедурални“, и меѓусебни расправии, која треба да биде прва точка на дневен ред, дали закажаната точка(избор на претседател, по барање на ВМРО-ДПМНЕ), или прво да се расправа за составот на комисиите(барање на СДСМ), седницата беше прекината. Катастрофа, “село гори а баба се чешла“. Наместо нешто да работат и да го оправдаат нивниот избор се расправаат меѓу себе како мали деца. Но, сепак работите

тргнаа во нагорна линија. Една недела подоцна на закажаната втора седница, советот го избра својот претседател,Душко Јаковчески, кој истакна дека ќе работи во интерес и за граѓаните на Охрид. Дали во екот на туристичката сезона, на воздушна температура од 35-40 степени, ќе живне градскиот совет и советниците ќе се фатат за работа останува да видиме....

Кој е Душко Јаковчески? Душко Јаковчески роден e на 1-ви јануари 1967 година во Охрид. По професија е дипломиран правник,

вработен како секретар во Средното Училиште за Угостителство и туризам ,“Внчо Питошески“. Во својата политичка кариера тој веќе еднаш бил советник, во првиот состав на градскиот Совет од 1996 до 2000 година. Од 2003 до 2006 година бил и член на Управниот одбор на Заводот за здравствена заштита во Охрид. Член е на СДСМ.


Бевме на...

Виенски бал во Охрид!!!

Г

ламур и раскош, блесок и уредени луѓе, кои одлично играат Виенски валцер. Вака може да се опише првиот Охридски бал, кој неодамна се одржа во градов, а по повод две години од постоењето на Лајанс Клубот. Градската елита, бизнисмени, адвокати,доктори и други претставници од јавниот живот од неколку градови од Македонија, околу 3 часа се забавуваа и играа а средствата од влезните билети ќе се искористат за хуманитарни цели. “Собраните парични средства се наменети за потребите на членовите од организацијата на слепи лица во градов“, ни изјави претседателот на “Лајанс“ Клубот од Охрид,Драган Гоџо, кој додаде дека сите 180 учесници биле облечени соодветно на пригодата, жените во долги тоалети а мажите во смокинзи или свечени одела. Охридскиот бал ќе добие традиционален карактер, и понатака ќе се организира за реализирање на хумани цели.

Нова туристичка атракција во Охрид

Ѓомлезијада

О

хрид,годинава прв пат беше домаќин на културната манифестација ѓомлезијада. Централното случување беше во село Велестово, каде 20-ина домаќинки три часа го подготвуваа традиционалниот македонски специјалитет ѓомлезе. “Намерата ни е преку овие манифестации да ги промовираме културните вредности во земјава, а со тоа да допринесуваме во развојот на селскиот туризам“, изјави членот на Организациониот одбор, Ѓоко Апостолоски. За највкусно беше избрано ѓомлезето на Ратка Крстаноска која доби награда од 10.000 денари. Втората награда не беше доделена со цел третата да биде дадена на три учеснички. По 3 000 денари добија,Митра Ѓоршеска, Драгица Стојаноска и Снеже Грујоска. Сите останати учеснички добија по 1 000 денари. Организатор на манифестацијата е Секторот за Локален Економски Развој . Од таму велат дека Ѓомлезијадата ќе добие традиционален карактер. Ангела Белевска

Дворот на Деребанови најубав во Охрид

М

ногу ружи, и убаво средена зелена површина го красат дворот на Билјана и Георги Деребанови. Нивниот двор иако по површина мал е како рајска градина и е прогласен за најубаво уреден простор во Охрид. Второто место му припадна на дворниот простор од куќата, сопственост на, Абдураим Хасан, а трето награден беше дворот на станбена површина на улицата “Туристичка“ бр. 97. Манифестацијата беше организирана од страна на Здружението на Жени, “Бисера“, а по повод светскиот ден на екологијата 5-ти јуни. Сопствениците на најубаво уредените дворови добија борови, подарок од ЈП Комуналец.

14


Ви најавуваме...

Концерт на “Бело дугме” во Охрид

Н

а 18-ти јули на градскиот стадион, “Билјанини извори “во Охрид, концерт ќе одржи легендарната рок група “Бело Дугме“. Пред охридската публика и бројните гости, три часа ќе музицираат , познатите членови на групата:Жељко Бебек, Младен Воичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ. Основачот и прв член на групата,Горан Бреговиќ не доаѓа во Охрид. “Бреговиќ, во моментов има многу ангажмани како композитор, преблокиран е, и нема шанси да дојде во Македонија“, ни изјави Бранко – Бродвеј, еден од организаторите на концертот. Музичарите во Охрид, ќе пристигнат еден ден пред концертот. Се уште не е познато во кој хотел ќе бидат сместени. Ноќта на концертот ќе настапат со придружни вокали кои од Босна и Херцеговина доаѓаат со нив, а според најавите на организаторите, осветлувањето и звучноста ќе бидат на светско ниво. Пред нивниот настап на сцената ќе настапат, две од македонските рок групи или пејачи. Кружат имињата на групите:“Бастијан“,“Морал“ и на пејачките, Дани и Александра Пилева. Цената на влезните билети во пред продажба ќе биде 600 денари. Легендарната рок група “Бело Дугме“, основана е во Сараево во 1974 година. А во периодот од 1974 до 1989 година, објавиле 9 албуми. Нивни, сега рок “евергрини“ се: “Лажеш“, “Да те богдо не волим“, “Јер кад остариш“, “Ружица си била сада више ни си“,.... и многу други.

Оскаровецот Енио Мориконе ќе го отвори Охридско Лето

С

о голем концерт на филмска музика на светски познатиот композитор Енио Мориконе на 12 јули ќе биде отворена најпознатата музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско лето. На сцената на Античкиот театар, големиот маестро, музичкиот великан Мориконе ќе диригира со 200 уметници, сто оркестранти и со исто толку хористи. Вратите за публиката ќе бидат отворени во 20 часот а концертот почнува еден час подоцна. Мориконе, во Охрид ќе допатува со оркестар во чиј состав има над 100 познати музиканти- свирачи на класична музика. По инсистирање на дирекцијата на Охридско лето, договорено е хорот од стотина уметници да биде од Македонската опера и балет. Ќе ги подготвува асистентот на Мориконе, кој во Македонија ќе дојде порано, со техничката екипа. Мориконе со сопругата ќе дојде во Охрид на 10 јули и ќе биде сместен во хотелот „ Инекс -Горица“. Програмата за наредните фестивалски денови се уште целосно не е формулирана. Влезните билети за првата фестивалска ноќ се во продажба а нивната цена е 1 850, 2 500 денари, а најскапите од 3 100 денари веќе се распродадени.

15


Ви најавуваме...

48-ми Балкански фестивал

П

о 48- пат на Сцената на Долни Сарај на 6-ти јули ќе биде отворен Балканскиот Фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе биде отворен со дефилето на уметниците –учесници низ Охридската чаршија и стариот дел на градот а пред почетокот на фестивалската ноќ во Центарот за Култура “Григор Прличев“, ќе биде отворена традиционална изложба на уметнички слики. “Оваа година ни доаѓа професионалниот ансамбл “Коло“ од Србија, потоа ансамблот “Тракија“ од Бугарија, и професионалниот македонски ансамбл “Танец“.Покрај нив имаме и уметничка група која ни доаѓа од Истанбул- Турција, а ќе имаме учесници

и од Хрватска,Босна и Херцеговина, Кипар и Грција а учество ќе земат и неколку домашни ансамбли“, изјави директорот на Центарот за Култура “Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Влезот за секоја фестивалска ноќ е слободен а покровител е Министерството за култура на Република Македонија. Балканскиот фестивал на народни песни и игри е еден од најстарите фолклорни фестивали на Балканот, член е на меѓународната културна асоцијација JOV,a зад себе има традиција која доследно ја негува.

Фестивал на францускиот филм Танја Царовска ќе испее песни од Азнавур

4

О

д 28јуни до 4-ти јули Охрид ќе биде домаќин на второто издание на Фестивалот на францускиот филм. Годинава во натпреварувачкиот пет дневен период ќе бидат прикажани 12 француски филмови произведени минатата година. Меѓу нив се филмовите “Серафин“на режисерот Прувост и “Последниот ден од остатокот на твојот живот“,филм кој беше лауреат на престижната француска награда “Цезар“ , а негов творец е режисерот Безансон.

Филмсскиот критичар и член на управувачкиот одбор на фестивалот, Гоко Симјаноски истакна дека организаторите настојуваат во Охрид да го донесат и најновиот филм за познатата модна икона Коко Шанел како и дека веќе фестивалот работи на краткометражен филм во кој ќе бидат претставени убавините на Македонија. Симјаноски најави дека нареден проект ќе биде режирање на филм од типот на легендарниот филм “Мирно лето“,во кој целосно ќе биде анулирана политиката. Фестивалот на францускиот филм ќе биде отворен во Центарот за Култура, “Григор Прличев“

со прикажувањето на филмот “Западно од рајот“ од режисерот Коста Гаврас. Затворањето ќе биде на античкиот театар со настап на познатиот шансониер Шарл Азнавур кога нему ќе му биде доделена Златната Маска за животно дело за 2009 година. Две композиции на Азнавур ќе изведе музичарката Тања Царовска,која живее и работи во Англија. Буџетот на годинешното филмско издание чини 50. 000 евра а покровители се: Алкател, Сошиете Женерал и Филмскиот фонд на Република Македонија.


Охридски легенди Од културната ризница на нашиот Охрид

Варошката старозаманска песна Владо Жура публицист

'Н

ие Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата татковина не е украсена со палати и материјални споменици, но има нешто што ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на душманите и насилниците не можат да го разурнат....Таа нескршлива сила е изразена во единствениот паметник- народната песна, најбогато и најценето наследство што ни останало од минатото на Македонецот, сочувано до ден денес...' Така стои запишано во една книшка објавена во првите децении на минатото столетие во која се мелографирани дваесетина песни, претежно староградски охридски Варошки песни , кои и ден денес пленуваат со својата музикалност- игрив валс , со својата свежина и покрај напластената патина од век и половина, но и зара-

18

ди содржината на текстот - вистинска историја за живеачката тогашна со сите свои елементи : воспитанието, обичаите, поткупливоста на власта.... Кога настанале овие чудесни ариети, што ги инспирирало нивните автори....и кои биле актерите кои се опеани во нив, ќе се потрудиме да проникнеме во нивната историја, но се разбира чекор по чекор. Како типичен пример за времето и условите во кои настанале овие се уште ненадминатите напеви , вниманието ќе го насочиме кон една од нив, онаа за прекрасната мома по име Деспина , нејзиниот лик и нејзината судбина воспеана во песната

'' Голема риџа ти чинам ...'' Песната претставува вистински бесценет бисер меѓу скапоценостите во ризницата на охридската староградска песна за што е заслужна ритмиката, игривоста по тогашен европејски терк - валс , за разлика од другите чалгаџиски песни од тоа време....но своја посебна заслуга има текстот пред се, вистинска риница за поимањето на животот во едно време од многувековниот живот на нашиот Охрид. Песната за Д е с п и н а , покрај и низа песни од тоа и малку подоцнежно време, е песна врз која ниту по цело едно столетие и половина , не успеал да се напласти ни најмал слој прашина на заборавот , туку напротив и ден денешен да звучи се уште свежо и примамливо , подеднакво и за повозрасните , но и за младите наши поколенија не само во Охрид , ами и на многу поширок простор. А времето во кое блеснала оваа прекрасна песна била половината на деветнаесеттиот век, времето на подемот и потполниот економски и културен процут на Охрид , времето на себеосознавањето, народното будење, преродбенското движење, времето кога охриѓаните низ трговските врски со Дубровник, Анкона, Трст, Виена, Лајпциг, Одеса и серкако Солун и Цариград стекнувале нови поимања за животот и со тоа граделе нови односи кон секојдневната живеачка. Тоа е период кога 'ртеле чувствата за слобода, задоволство, среќа и се' поголема еманципираност на жената.(1) Ете, токму тогаш, на многумина од охридските ергени окото им се запиралона преубавата Д е с п и н а , која како повозрасна ученичка, катадневно минувала по улиците варошки , враќајќи се од училиште со своите сокласнички .... Кога стасала за мажење ја побарале од род богат, арно ама младата убавица своето срце му го ветила веќе на друг. Сторија позната, речиси банална. Но, што е она што ја прави оваа прекрасна песна мало ремек дело на охридското трубадурство ? Покрај чудесната мелодија , рековме и денесенес мошне омилен игрив валс, по западноевропејски терк, но преплетен со карактеристичен македонски мелос, вредноста е пред се' во содржината на текстот.


Охридски легенди Охрид во половината на XIX столетие Оваа песна ни го открива начинот на тогашното живеење, пресвртницата што настанала во сфаќањата кај охриѓаните , кон крајот на првата деценија од втората половина на Деветнаесеттото столетие судирот на старите чорбаџии со новата буржоазија, судирот на старите сфаќања со новите поимања за животот. Во текстот од песната се присутни и остатоци од старото , како стројништво,грабање на момата со сила....но и ново - отпор кон патријархалниот живот и наметнатата судбина, а мошне сугестивни се сликите што ни ги доловува текстот на песната за тогашната секојдневна живеачка во Охрид - високото и примерно меѓусебно уважување, етикеција, бон тон.....: '' Голема риџа, ти чинам, ти кира Саветко ! -И јас те поздравјам ! -Да ми дојдиш на визита , јас да те пречекам ! -Не можам јас да дојдам, ти кира Марие, Таџис не чини се ! Ќе ти је пратам сестра ми, кира Катерина. Кл'укна, тропна на вратата кира Катерина, отвори Деспина Је се спушчи и Деспина, је баци рåката , во рåката меџидија, нишан за Деспина - Нишан ти давам Деспино, да н'ме заборавиш ! ( Поминаја три години ти ме заборави ! ) -Појл'и горе во одаја, кира Катерино, на џамфес миндери, ти благо да си земиш, кафе да с'испиеш . -Јас благо не ти љубам, кафе не ти пијам, ти кира Марие, само је сакам Деспина за кир Ристакија ! Бог го убил тој Пармага, Пармак Димитрија Димитри чапкунот тој је мамит три години, и пак не је зеде !

Садиловци

Вака некогаш се уживало

Колку се ѕвезди на небо - пушки ке донесам , ти кира Марие, Деспина ќе је грабиме, ти не ќе је видиш, Немој Марие, не чинит ! Резил' да не бидит ! Во сабота на вечерта, на осум саати, свирит Караѓуле : « Брго направи арзоол , ти кира Марие , фрли го на Андонакија и вака речи му: - Риџата да ми поминит, кир Андонакија Деспина ќе је грабет , јас не ќе је видам !'' Ете ,таква е содржината на песната за преличната Деспина, каква што ни ја пренесуваат чалгаџиските тајфи веќе век и половина. Повозрасните паметат и поинаков крај на песната :

Во сабота на вечерта, околу три саати - свирит Караѓуле : Деспина ми је грабиле , мајка - је не виде !

Настан што ја разбранувал јавноста Авторството на текстот и музиката му го припишуваат на Ангеле Караѓуле, познат ќеманџија од сојот Караѓуле- варошко фамилијарно име кое укажува дека семејството се занимавало са астраган одн. со увоз или преработка на крзно од млади црни јагнина. Која била неговата основна намера за да ја воспее оваа куса епизода од тогашниот живот на Охрид , не е познато. Настанот, секако привлекол огромно внимание во тоа време, а и последиците кои проследиле оставиле длабока трага и долго ја бранувале чаршијата. Забележано е дека песната набрзо била општо прифатена , како заради содржината, а секако и заради прекрасната мелодиозност. Во спомените што ги оставиле бројни туѓинци намерници кои пропатувале низ нашите краишта, забележителна е тогашпната атмосфера на градско живеење во стариот дел на Охрид, за разлика од другите турски касаби во длабоката провинција . Силен впечаток оставало слободното движење на жените по улиците на градот, а посебно внимание привлекувале убавината, грациозноста, секако рубата и вкусот во облекувањето, а над се однесувањето и зборувањето во кое се чувствувала некаква необјаснива мелодичност. Силен впечаток оставал и фактот за присуството на жената при општите веселби , за разлика од другите градови, кадешто жените се веселеле одделно од мажите, во Охрид не бил тој случај

19


Охридски легенди Паско и Марија Пармак

, ами тука жените не само што земале учество при веселбите, туку и заедно пееле, а не ретко и со чаша наздравувале! (2) Да 'и се вратиме на песната за Деспина, или популарно викана '' Голема риџа ти чинам... '' (а некаде и '' Меџидија - нишан за Деспина'') . Самиот овој наслов укажува на тогашното однесување помеѓу две сограѓанки, односно госпоѓи: Г-ѓа Марија ја поздравува г-ѓа Ели/ Савета со «голема риџа ти чинам», зборови кои денес имаат еднакво значење на поканата «ќе ми направите особена чест и задоволство, доколку ме посетите во мојот дом», додека пак г-ѓа Савета ја отпоздравува со одбрани зборови , заблагодарувајќи 'и се на поканата, но заради спреченост не е во можност истата да ја прифати. Но, тука секако дека нема причина за тревожење (таџис) и беспокојување, наместо поканетата г-ѓа Савета , чест ќе 'и направи нејзината сестра г-ѓа Катерина . И настаните почнуваат да се нижат: ''Чукна, кл'укна на портата...'' и доаѓа г-ѓа Катерина во посета, а вратата ја отвора, како што е ред младата Деспина, ќерката на г-ѓа Марија, притоа бакнувајќи 'и рака на повозрасната гостинка . Притоа гостинката ја дарува момата со вредна пара, веројатно златник меџидија , но не како бакшиш , ами како нишан -знак дека би сакале младата Деспина да стане нивна невеста, за кое нешто воопшто немало расположение кај преубавата Деспина , па таа ќе го одолговлекува својот збор цели три години. Да го следиме текот на настаните според содржината на песната : веднаш штом влегла низ портата г-ѓа Катерина, на високиот чардак се појавила домаќинката г-ѓа Марија и 'и посакала добредојде на гостинката и ја поканила да се искачи во гостинската одаја, да седне на миндерите испослани со како душа меки перници, па да ја почестат со благо (можеби баклава) и потоа пиејќи кафе

20

да отворат домаќински разговор, како што налагал обичајот во тоа време. Стројничката Катерина настапува енергично, благото и кафето воопшто не 'и се важни , ами бара веднаш да преминат на разговор, односно ја бара раката на г-ца Деспина за нивниот г-дин Ристо. Притоа таа го проколнува Димитри Пармаг, чапкунот (ем женкар,ем комарџија), кој 'и го свртил умот на Деспина и цели три години 'и ветува дека ќе ја венча, а од тоа по се изгледа ништо не ќе биде. Г-ѓа Катерина поставува ултиматум или ќе им ја дадат доброволно или пак ќе ја грабнат со вооружени платеници, па ќе пукне голема брука , срам и резил и за обете фамилии. Што можела клетата мајка да направи, сопругот бил отсутен , можеби на далечен повеќемесечен пат, а можеби била и вдовица авторот на песната тоа не го открива. Загрижена за судбината на сопственото чедо, го прифатила советот на роднините и пријателите и поднела пријава (арзоол) до Андонаки, народниот претставник во власта (уќуматот), молбата да 'и биде прифатена и да биде спречен срамниот чин - грабнувањето на сила на ќерка 'и Деспина. Интервенцијата на полицијата задоцнила од непознати причини, можеби грабнувачите потплатиле рушвет - поткуп , песната укажува на фактот дека Деспина ја зеле на сила и ја мажиле за споменатиот Ристо ! Повозрасните охриѓани раскажувале дека младоженецот Ристо Грдан , кому бистрината на умот и не му била одлика, туку напротив , бил посоветуван грабената невеста да ја одведе во Битола , додека не се подзаборави на срамната случка . Сепак , нему не му било пишано век да векува со преубавата Деспина , уште првиот ден успеала да му побегне за да никогаш не ја пронајде .

Авторот на песната бил инспириран од автентичен настан, не толку редок во тоа време, но којшто посебно го разбранувал и го заинтригирал тогашното јавно мнение во Охрид. Во време кога не постоеле денешните средства за јавна комуникација /весници, радио, ТВ и сл./ токму трубадурската песна била таа која ги бележела позабележителните случувања и настани во Охрид и пошироко. За да ја сфатиме особеноста и посебноста на настанот треба да ги познаваме тогашните прилики и превирања во градот , како и споменатите протагонисти во песната . Периодот во кој се случил настанот е првата деценија од втората половина на деветнаесеттиот век - карактеристичен за Охрид и по будењето на народносната свест, појавата на млада буржоазија и судир со дотогашната чорбаџиска класа. Тоа е воедно и период кога охриѓани чинеле силни напори за обновување на Охридската Архиепископија, во училиштата и при богослужбите го воведувале народниот јазик, а за превласт , не само духовна секако, над населението се бореле и двете христијански цркви Егзархијата и Патријаршијата. Ете,токму во тој миг личната Деспина ги пленела погледите на многумина ергени. Личотијата нејзина веројатно не била единствената причина што ги поттикнувала поодделните видни охридски фамилии да ја посакуваат за невеста. Нејзиното потекло и класна, како и материјална положба претставувале и успешна зделка влегување или зацврстување , преку ородување, во деловните врски /производни и трговски / со највидните охридски фамилии .

Која била опеаната Деспина А , која била вистинската таа Деспина ? Долго време се верувало дека Деспина била од фамилијата Лимонческа , стара охридска - Варошка . Некои пак тврделе дека песната била инспирирана од судбината на Деспина , една од ќерките на Григор Прличе - што претставува анахронизам , бидејќи неговата ќерка е родена деценија и половина по грабнувањето на спомнуваната Деспина во песната . Уште помалку држи укажувањето на некои поетско вдахновени автори дека Деспина била дебрчанка , насила грабена од граѓаните Варошани , за да го облагородат својот старски сој со свежа селска крв за здрави поколенија . Големиот преродбеник, долгогодишен наш учител и сограѓанин од сојот Паскали Кузман Шапкарев, уште во далечната 1864 година запишал дека најкрасната во тоа време момичка Деспина П. Паунчева се мажила за неговиот братучед Ристо Ѓорше Грдан. Оваа верзија е секако најверодостојната , бидејќи и самиот Кузман бил современик , но заради даскалувањето по различни места и не морал да биде учесник во настанот . Деспина значи , била од фамилијата Паунчеви , единствен женски пород на Петре и Марија Паунчеви , чиј дом се издигал на


Охридски легенди

Бродвејската плоча со песната за Деспина

најсончевиот дел од Охрид и денденес викан На Па/у/нчо'н/о/ , под црквата Свети Климент - сега Св Богородица Перивлепта Куќите Паунчески важеле за најубави и најрепрезентативни зданија во стариот Охрид, едно време тука била сместена и Митрополијата со Владиката , а по опожарувањето на куќите , местото долги години се викало изгореноно ! Во дваесеттите години од минатиот век , поточно во 1923 г охридското женско друштво Свети Климент го откупило местото од наследниците за тогашни 5.500 динари во сребро и подоцна подигнало здание викано Радничка школа , во која сега е сместена дирекцијата на Охридскиот Завод за заштита на споменици на културата и Народниот музеј. Но , да 'и се вратиме на Деспина и фамилијата Паунческа . Петре, татко 'и , бил најстариот од трите синови на Константин Паунче, виден градски првенец , богат ќуркчија и борец за црковни и народни права во првите децении на Деветнаесеттиот век. И Петре Паунче го наследил татковиот занает и почесто отсуствувал од Охрид, со месеци движејќи се на релација Охрид-Виена-Лајпциг-Охрид-СолунЦариград и обратно.(7) Познато е дека сите во фамилијата имале стекнато солидно образование и во нивната семејна библиотека се наоѓале ретки примероци на книги , меѓу кои и на Дамаскин Студит и од други автори . И браќата на Петрета, Никола и Димитри Паунче , биле видни граѓани не само во родниот Охрид ами кон крајот на шеесеттите години од споменатото столетие едниот бил претсетадел , а другиот член на Солунската општина. Мајката пак на Деспина, споменуваната Марија била од фамилијата Минџовци, истотака видна охридска фамилија што се занимавала со изработка и трговија со кечиња низ целиот Ар-

наутлок - до Драч и Скадар. И Деспина, како што налагала семејната традиција, стекнала солидно образование, исто како и нејзините помлади браќа Александар и Аристотел . По се изгледа децата рано останале сираци за што грижата околу нивното старателство ја превзел нивниот вујко Никола Минџо , за што сведочи и еден документ во охридскиот Историски архив, потпишан од повеќе видни сведоци меѓу кои и од Григор Прличе.(8) Што станало со преубавата Деспина ? Му побегнала на несудениот сопруг Ристаќи Грдан, оставајќи го брачното легло исполнето со перници прекриени со јорган , прикривајќи го барем неколку часа своето неповратно исчезнување од Битола . А побегнала далеку , многу далеку ....преку две три мориња...дури во Анадол ! Документите укажуваат дека својот мир , заедно со своето семејство мајката Марија и браќата Александар и Аристотел , го нашла во прекрасниот голем и стар град Бруса / денес Бурса , Турција /, прочуен центар на свилата , прекрасно ткаените ќилими и лековитите бањи . Според еден документ (9) , тие го овластуваат Јон Паскали , делегат од маалата Пандонос при охридската општина , во нивно име да го продаде сиот недвижен имот и парите да им ги испрати во Бруса .

Видни личности од тоа време Накусо и за другите протагонисти споменати во песната : Ристаки Грдан , син на новостекнатиот богаташ Ѓорше Грдан , со оглед дека не го красела остроумност , родителите му ја свршиле работата околу женач-

ката со Деспина и веднаш по грабнувањето на невестата го испратиле на работа во Битола , во тамошното претставништво на охриѓанецот Евстатиј Стамо .(10) Братот на Ристаки е Димитри Грдан , зет на Робевци , познато е дека подоцна, во времето на Илинденското востание е ликвидиран како предавник од страна на Методиј Патче . Димитри ХристоДуле Пармак, инаку спомнуван и во една друга истотата преубава старозаманска песна , онаа за `Фанче ојде во Калишча` , бил можеби најпосакуваниот во тоа време охридски ерген , од виден род , па затоа можел да бира за идна животна сопатничка невеста од богат сој , која ќе му донесе и богат мираз ... и одбрал од најбогат - Параскевија од Кецкара , охридска фамилија со фирма мошне успешно разработена во Лајпциг .Во бракот изнародиле мноштво деца- ќерките ги измажиле у Зарчевци , Пирузевци , Малезановци , Огненовци , а од единствениот им син Паско, оженет со Марија попСтефанија, не останал пород . Андонаки - бил претставникот на христијанското население кај тогашната османлиска власт во Охрид, инаку внук на актуелниот охридски владика Мелетија , и обајцата дојденци од Цариград , поточно од квартот Арнаут Ќој населен со преселници од македонско-арнаутски краишта .

Песната не познава граници Каква била натамошната судбина на Деспина и фамилијата Паунческа засега останува непозната .... но затоа пак песната не само што го продолжила својот живот низ наредните години, децении , па еве веќе и речиси век и половина не само во нашиот Охрид , низ Македонија , Балканот , туку одамна го преминала океанот и се појавила во Америка, во Њујорк , во неговото срце на шоубизнисот Бродвеј. Во педесеттите години таму беше отпечатена голема ЛП грамофонска плоча под името Меџидија - нишан за Деспина , во незаборавната интерпретација на тогашните Охридски Трубадури на чело со Климе Садило , а во едицијата Music from the Balkans , Macedonian Folk Songs and Dances Ohridskite Trubaduri - Klime Sadilo and Orchestra (12), како трајно сведоштво за особеноста и посебноста на автентичниот охридски градски фолклор , но и како вечно потсетување на преубавата , но сепак не многу среќна судбина на личната Деспина Истата песна и ден денес се врти, не само на радио и тв станиците, туку и по кафеани, свадби, домашни веселби и во нај- различни интерпретации, понекојпат со видоизменет текст прилагоден кон времетраењто заради комерцијално емитување...но сепак останал споменот дека и на овој наш простор пред петнаесет десетлетија виреел живот, ѓивеачка не толку материјално богата, колку што била духовно исполнета...и останала незаборавена до днешниве дни. Пишува: Владо Жура - публицист

21


Да подадеме рака

СЕ БОРЕшЕ ЗА НАС, А ГО ФРЛИЈА ВО КАЛТА

К

аде има сила, правдина нема. Тие се чесни, со труд го заработуваат лебот, а сепак не можат да излезат од калта. Социјалното дно го допреле и оние кои најмалку заслужиле. Својата животна приказна ни ја раскажа еден од бранителите во конфликтот во 2001 година. Некогаш почитуван и баран од државните власти, а сега нема свој дом, нема можност, да им ги понуди основните услови за егзистенција на своите деца. „Срцето ми се крши кога ќе побараат нешто а не можам да им го дадам. Тие не се криви за ништо. Моите два синови одат на училиште и се одлични ученици а ќерката ми има две години. Повеќе се гладни отколку сити, гладни легнуваат,гладни стануваат“, вели овој бранител кој нема свој дом. Со семејството живее во куќа која се издава. Со социјалната помош од 3.500 денари, не може да ги покрие ни трошоците за кирија а што станува со месечните сметки за вода, струја, телефон. “Мене ми треба стан во кој ќе живееме јас и моето семејство, друго ништо не сакам. Доколку ми доделат социјален стан, сам ќе го исплатувам и ќе се откажам од месечната социјална помош, способен сум сам да заработам“, вели тој и воопшто не се срами од амалската работа. По 24 часа работи тешка физичка работа и е среќен кога со заработените пари може да им ги купи основните прехранбени производи на своите деца. Станот во кој седат под кирија и за кој редовно ги подмируваат месечните трошоците е обвиен со влага. Поради тоа децата му се болежливи. “Барем Центарот за социјални работи да преземе нешто за ваквите деца во периодот додека тие се на училиште. Моите деца не се хранат во училишната менза затоа што не сме во состојба да ја плаќаме месечната сметка за храна. Социјалните работници мора да се потрудат да обезбедат бесплатна храна за нив. Вели овој бранител кој во времето кога му се родил вториот син бил на војните полиња кај Танушевци и Кодра фура, се борел за нас, за нашата слобода. “Јас два месеци не знаев што се случува со мојата сопруга и новороденото синче. Со сопругата сме во брак создаден на основа на голема љубов но не задушува секојдневното сивило и маката како да врземе крај со крај во денот“, вели овој бранител кој бара од Владата да му обезбедат социјален стан кој сам ќе го исплаќа или друго место во кое има услови за живеење. ......................................................................................................... ( по молба на соговорникот во текстот не се спомнува неговото име, со цел членовите на неговото семејство да не бидат дискриминирани)

ИМАВ ЛОшО ДЕТСТВО, ИДНИНАТА ЌЕ МИ БИДЕ ПОДОБРА

А

нтонио Трпеноски е човекот што од својата 8-ма година е препуштен на себе си и Божјата помош. Во раното детство починала неговата мајка,а во наредните неколку години за него се грижеле неговите тетки и стрини во Струга. Неколку години подоцна Судот одлучил неговиот живот да продолжи со неговиот биолошки татко кој Антонио дотогаш не го имал видено. “Целиот товар падна на мене, затоа што татко ми не водеше грижа за ништо, ни за куќата ни за трошоците околу неа. Од мал работам, готвам, чистам. Во кујната на црквата Св. Ѓоргија се хранев, благодарение на сите добри луѓе се облекував во топла облека а во ладните зимски ноќи се греев по домовите на моите роднини. Јас секогаш велам дека можеби подобро беше да живеам во дом за сираци отколку со татко ми кој дури беше жив за ништо не се интересираше“, вели Трпеноски. Антонио, денес работи како магационер во една продавница за прехранбени производи и добива скромна месечна плата, но е задоволен и среќен и со толку. Единствено му е жал што никогаш не може да го види мајчиниот лик и што финансиски не е моќен да го заврши високото образование. ...............................................................................(поради чувствителната тема на разговор нема фотографии на соговорниците. )

23


Наша гордост Ејуп Сабри - Беј, пред 100 години во Охрид го изградил своето животно дело според француски проект, со куполи и со часовник

Го продал чифликот и ни направил гимназија “Јас го негувам ставот дека зградата на Охридската гимназија треба да се претвори во Национален музеј на Република Македонија, а гимназијата како научно образовна институција треба да се премести во некоја нова современа зграда“проф. д-р. Павле МитреПроф. д-р Павле Митрески ски. “Кога зборувам за гимназијалното образование треба да потенцирам дека во Охрид постоело прогимназијално образование кое датира од 1802 година, односно е основано пред 207 години. Тоа е образование кое на грчки јазик го спроведуваат тогашните грчки власти и на тој јазик се школувале: Григор Прличев, Кузман Шапкарев, браќата Миладиновци. Прогимназии во Охрид имало до 1913 година.“ 24

Г

одинава се навршуваат 100 години од подигањето на зградата во која е сместена Охридската Гимназија “Св. Климент Охридски“. Новинарската љубопитност да дознаеме нешто повеќе за градителот на објектот како и причината за негово подигање не доведоа пред куќната врата од домот на проф. д-р Павле Митрески. Откако здивнавме по подолгото талкање и потрага по домот на овој познат охридски интелектуалец ја зедовме во рака неговата монографија “Охридската гимназија расадник на интелектуалци“, а откако проф. д-р Митрески,го забележа тоа со задоволство почна да ја раскажува “животната“приказна на старата охридска гимназија... “Зградата на Охридската Гимназија почнала да се гради во 1907 година, а две години подоцна (1909) како градежен објект- карабина е завршена и покриена. Иницијатор за изградба на оваа зграда бил турчинот Ејуп Сабри, родум од Охрид. Тој бил член на Комитетот на младотурците и член на десното раководство на Младотурската револуција. Иако познат и признат професионалец,со чин мајор, немал среќа во приватниот живот, никогаш не се оженил. Воодушевен од зградата што Нијази Беј, ја изградил во Ресен посакал и тој

да изгради иста во родниот Охрид. Откако ги убедил своите браќа да му помогнат во реализирање на идејата, го продал својот имот во селото Елшани за злато во вредност од 5 700 турски лири(многу висока сума за тоа време). Со тие пари започнал да гради со јасно поставена цел, објектот да прерасне во научно образовна институција“, раскажува Митрески, и додава дека земјиштето на кое е подигната зградата било државно, и тогаш имало ред и се правела евиденција. Општинските власти му дале согласност за градба и земјиштето му го поклониле на прочуениот војсководец, Ејуп Сабри. “Местото каде се започнало со градба било блато, тука пасела стоката. Градителот се соочил со тешкотии, најпрво морал да се справи со водата која постојано извирала, изградил канал за истек на водата кон населбата “Беј бунар“.Работел со познати мајстори од село Вевчани кои граделе со големи камења, ја набивале земјата, измеѓу ставале дрва за градбата да биде цврста и никогаш да не потоне. Иако желба на Ејуп Сабри, била зградата веднаш по завршувањето на градежните активности да прерасне во училиште тоа не се исполнило затоа што низ годините 1908/9/10-та, се менувала државната политика. Во


Наша гордост Охридската гимназија пред опожарувањето во 1936

Десетгодишен судски спор

Србите му го одзеле најдрагото Со охридската гимназија е поврзан еден долг судски спор меѓу Ејуп Сабри и Министерството за просвета на Кралска Југославија. Д-р Павле Митрески, првпат ја обелоденува вистината за тој спор што траел десеттина години. Пишувајќи за образованието во Охрид меѓу двете светски војни, наишол на документите за необичната судска парница кои денес се чуваат во архивите на Белград. “Ејуп Сабри тогаш живеел во Анкара, и кога го повел спорот, бил мајор во турската армија. Во 1922 година ангажирал адвокати барајќи зградите што ги изградил да му се вратат. Во барањето навел дека помалата зграда ќе му ја подари на Охрид,а гимназијата сака да остане во негова сопственост. Постарите охриѓани раскажувале дека тие години во Охрид дошол лично тој и извадил тапија од која можело да се види дека гимназијата е негова. Меѓутоа,судот направил се да му ја оспори сопственоста за таа да му припадне на Министерството за просвета. Биле повикани стотици сведоци кои тврделе дека во изградбата доброволно помагале и охриѓани, па така Сабри -беј,останал без објектот, кој бил сиот негов живот и во кој ги вложил сите свои пари. Судскиот спор траел до 1933година,а досието имало 150 страници.

периодот на Балканските војни иако во тешки политички услови, зградата се уредувала од внатре и од надвор но прозорци немала била еден вид “хотел промаја“ како што вели народот. Во овој период, зградата служела за сместување на војниците на онаа завојувана сила под чие ропство потпаѓала Македонија. Еден вид, воена касарна гимназијата била до крајот на 1917 и почеток на 1918 година. По завршувањето на Првата Светска војна, доаѓа нов окупатор во Македонија. Доаѓа српската буржуазија која превзема мерки за отворање на училишта .Од тоа време (крај на 1918 година,)постои еден документ во кој што пишува дека во Македонија мора да се отворат средни училишта-гимназии. Тогаш во 1918 година гимназијата со решение била заснована како научно образовна институција и тогаш се запишала првата генерација ученици, и таа година за прв пат се реализирала научно образовна дејност во неа. Во прво време во гимназија се запишувале ученици кои биле на соодветна возраст а подоцна и повозрасни луѓе кои до тогаш немале можност да се образуваат. Во таа учебна година(1918)која се претпоставува дека започнала во месец декември, се запишале 350 ученици,“ вели Митрески, кој образованието во првите три години 1918, 1919 и 1920, го нарекува експресно зошто се формирале курсеви со цел за краток временски период да се образуваат што е можно повеќе луѓе. Во 1921 година се формираат правилни класни паралелки од 1-ви до 8-ми клас. “Дискутабилно е прашањето за почетокот на реализирање на образовната настава во гимназијата. Постојат документи кои укажуваат дека во неа српската власт формирала од 1-ви до 6- ти клас настава во 1912-1913 година. Интересно е што во тој период 1912/13 и 1918/19во Охрид, немало учители кои знаеле српски јазик

па окупаторите ги носеле од Србија“. Во 1925 година српскиот цар Александар, дошол во посета на местото, Св. Наум .Се воодушевил кога ја видел зградата што ја изградил Ејуп Сабри во Охрид. Откако разбрал дека турскиот војсководец ја подигнал со намера таа да стане образовен центар ја продолжил неговата мисија и финансиски помогнал целосно да биде уредена оваа зграда. Во 1927 година оваа установа прераснува во вистински образовен центар кој ги отвора вратите за сите ученици кои дотогаш се школувале во зградата на Охридската Архиепископија која одамна е срушена. Од пожарот во гимназијата ( 28 февруари 1936г.) целосно е уништен тогашниот школски интернат Зградата била онаква каква што изгледа денес (откако пред две години Општина Охрид, ја реновира)имала три ката и поткровје. На 28 февруари 1936 година, на поткровјето каде бил сместен училишниот интернат и семејството на тогашниот директорот, избувнал пожар. Целиот интернат во кој живееле 50-60 ученици бил опожарен, материјалната штета била огромна но за среќа жртви немало. Пожарот бил предизвикан од разгорениот оган кој предизвикал палење на оџакот. Децата и вработените мислеле дека оџакот сам ќе се изгасне и ноќта меѓу 27 и 28 февруари си легнале. Утрото ги пробудиле пламени јазици и чад. За среќа се добро завршило. Од тогаш до денес, во гимназијата се образувале стотици генерации ученици. Таа како некогаш така и денес е една од најквалитетните научно образовни институции во земјава. Нејзините кадри успешно го продолжуваат своето образование на Универзитетите во земјава и странство.

25


На кафе Локалсо...

Ивана Попоска - моден дизајнер

Младиот моден дизајнер од Охрид, Ивана Попоска неодамна се врати од Италија. Таа на модната недела во Фиренца одржана по повод 25 години од постоењето на академијата , “Академија Италијана“, се претстави со своја самостојна ревија. Нејзините креации беа поздравени со бурни аплаузи и овации од познатите модни икони:Карла Фенди, Розита и Оливио Мисони, Емилио Фијоручи, Ермано Сервино, Андреа Брачи, Мендини и Алеси. Таа е личен познајник на Вест Вуд и Ева Кавали. Поповска, пред публиката во Фиренца со свои модели се претставува втор пат.

Охридски модели на италијански модни писти 26


На кафе Локалсо... Инспирацијата е земена од свежината на природата . таа за мене е асоцијација на среќата. На овој начин ги насликав сувите дрва што ги поврзувам со тагата. Непрекинато циклично движење и раните што заздравуваат беа главните идеи што се кријат зад мојата креација. Фустанот е изработен од волнена машинска плетка, изгледот е дополнет со рачно изработена капа , во модели произлезени од моделот.

За млад дизајнер успех е да се докаже во сопствената земја, а престижот е во рака кога неговите креации ги преминуваат границите на Македонија. Како успеавте да стигнете со свои креации до Фиренца- Италија? - Јас сум дипломец на “Академија Италијана“, сите ние кои завршуваме во оваа високо образовна институција како прва генерација студенти правевме свои завршни колекции. Од 20 пријавени беа избрани 5 најдобри колекции , меѓу нив и мојата. Пет мината,јас,Ѓургица Алексовска,Павлинка Поповска, Емилија Давиткова и Александра Јовановска, заминавме во Италија. Модниот спектакл се одржа во театарот “Сашол“ и на него учеству-

ваа и студентите на “Академија Италијана“ од нејзините претставништвата во Фиренца,Рим,Бангкок. Како ја доживувате модата и кој беше пресудниот момент да одлучите да станете моден дизајнер? - Од мала,цртам, сликам портрети, илустрирам модни лустрации, стилизирани форми. Имам научено дизајн на текстил а сега и на облека. Од секогаш сум знаела што сум сакала. Иако моите најблиски се плашеа за мене и мислеа дека сум премлада за самостоен живот,јас се запишав во Средното Уметничко Училиште во Скопје. Општиот дизајн теоретски го совладав

на академијата “Лијана“, во Белград каде учев една година. Како изгледа еден студиски ден на “Академија Италијана“. - На факултет бевме по цел ден, цртавме, слушавме музика, пиевме кафе, се е опуштено, сами се изразуваме, нема предавања во конкретен временски период, нема класичен начин на настава, тоа не гуши, таквиот “дисциплиниран“ амбиент ја уништува нашата креативност. Се водиме според италијанскиот принцип на работа. Дали модните ревии во Италија се организираат на ист начин како во Македонија? Дефинитивно разликата е огром-

на во однос на организацијата на ревиите кај нас и во Италија. Кај нас се самиот правиш, почнувајќи од креирање на моделите до менаџирање на самата манифестација па и до канење на гостите. Во Италија за една ревија се ангажирани голем број луѓе, секој си знае што прави, дента на случувањето зад сцена има луѓе, дури ангажирано е лице што води сметка за колкаво временско растојание(секунди) треба да се појави нова девојка по онаа што веќе е на сцена. Во глобала се зависи од буџетот со кој организаторите располагаат. Што според Вас, е главен предуслов за добро формулиран стил?

27


На кафе со... Мојот стил на облекување е авангарден и колоритен како и начинот на моето креативно изразување, но се зависи од расположението некогаш сакам да носам само неутрални бои бела или црна.....

Инспирација е малолетна проституција и бездомници.

- Препознатливоста на самиот карактер на личноста, од внатре да бидеш ти, да го чуеш сопственото “јас“, да изградиш сопствен стил на изразување,само така можеш да го изградиш сопствениот идентитет. Јас како креатор сум веќе препознатлива по својот стил, користам геометриски форми и живи бои и во сите мои дизајни тој мој работен стил се повторува. Од каде ги набавуваш материјалите, како оди нивната изработка? - Материјалите ги набавувам од Скопје, Штип и другите градови од земјава, но истите никогаш не излегуваат пред јавноста ако претходно не ги имам добро изработено. На материјалот правам принт од

28

тетоважи, за мене тие се доста инспиративни. Моите парчиња облека се рачно изработени, здолништа и панталони а кошулите се од транспарентен материјал. На пример материјалот на еден мој модел е сосема бел кепер, од страните е црн а напред е рачно сликан со текстилни бои кои се трајни. Што е Ваша последна модна фасцинација? - Белгискиот дизајнер , Маркус Мартин Марџела. Имам направено истражување за него и држев предавање на факултет за него. Тој навистина ме фасцинира, сите негови креации носат некоја скриена порака, има ексцентрични дизајни. Самото негово претставување е театрално- драматично. Тој ќе ми биде

огромна инспирација за работа понатака. Каков е твојот стил на облекување? - Авангарден, колоритен, впрочем таков ми е и стилот на изразување. Некогаш знам да се облечам и во неутрални (црна, бела) или беж бои, се зависи од расположението. Успешноста на еден моден креатор се гледа во способноста да го најави она што ќе се носи оваа и наредната сезона или, да го наметне својот стил на креирање на мнозинството од народните маси. Што според Вас ќе биде модерно оваа сезона, лето –есен 2009? -Мислам дека во моментов се актуелни сите бои, јас не сум креатор

што посочува само една боја, плава или жолта па со тоа да се постигне една униформираност. Сите бои и модели се актуелни, најдобри во моментов се транспарентни и лелеави материјали. Многу боја и многу мотиви флорални , геометриски. Каде се гледате себе си во иднина, во некоја светски позната модна метропола, во Скопје или можеби во родниот Охрид? - Планирам да отворам модно студио во Скопје,би сакала да работам и во Охрид, дома си е дома, но мислам дека потрошувачката на моите производи ќе биде поголема во Скопје, а со тоа секако подобра ќе биде и мојата заработка.


Локал

ВИС

ПОЈ

Сè на едно место Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобри врски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели, со најниски трошоци.

Како?

Не губете го вашето драгоцено време во размислување! Дозволете тоа да го организираат експерти и професионалци.

046 255 600 www.vispoj.com.mk

4


Прашање-одговор

Акните на лицето и сончањето

1.Имам 18 години и на лицето и грбот имам мозолчиња. Во лето додека се сончам забележувам дека кожата ми е подобра, се сушат па дури и исчезнуваат. Меѓутоа после еден месец повторно ми се јавуваат и тоа многу повеќе и по воспалени. Ме интересира дали е потребно и пожелно да се сончам и што всушност се случува? Зошто состојбата на кожата ми се влошува?

примариус д-р. Виолета Павлоска спец. дерматовенеролог

-Акните се проблем на кожата кај младите луѓе кај кои постои предиспонираност за прекумерно лачење на маст на т.н. себороични регии (чело,нос,брада,грб,гради) под дејство на хормоните. Ако кон тоа се додаде фактот дека времето во кое живееме е време на брза зачинета храна и храна богата со јаглени хидрати и масти,газирани пијалаци,пушење и алкохол, многу е поголем бројот на младите луѓе кои го имаат проблемот:акни. За да се ублажи оваа состојба акните треба систематично и постојано во подолг временски период да се обработуваат со испразнување на лојните жлезди, употреба на соодветна медицинска козметика која има за цел да ја намали масната продукција а исто така и одреден хигиенско –диететски режим. При повисоките стадиуми на акни, (5-ти- 6-ти степен) потребна е и специфична терапија која ја одредува дерматологот. Се лажат сите оние кои мислат дека сонцето му помага на кожата. Не е точно дека по сончање лицето е почисто. Имаме една привидна состојба;Во што се состои промената? Ако за смирувањето на акните треба да се слободни каналите и отворите на лојните жлезди за да има перманентна и непречена дистрибуција на нивниот секрет- маст , при сончањето се случува спротивната ситуација. Тоа се случува затоа што еден од одбранбените механизми на кожата во однос на изложувањето на прејако и предолго UV- зрачење е:брзо множење на кератинските клетки на површинскиот слој на кожата- епидермисот и негово задебелување. Поради тоа каналите се стеснуваат а отворите на лојните жлезди се затвораат (состојба тапа во шише)со што по извесно време околу 3-4 недели , тие се преполнуваат , прскаат и настанува воспаление во околината на лојната жлезда. Тоа на површината на кожата се манифестира како црвено,болно мозолче со гнојаво меурче. СОВЕТ: Значи треба да се одбегнува директно и прекумерно сончање на проблематичните регии. Задолжителна е употребата на кремови против акни со висок заштитен фактор (SPE).

Нега на очи

Во пролет и лето, имам проблеми со очите. Тие се постојано црвени, ме чешаат па некогаш ми се и отечени. Како можам да го решам овој проблем Најчести заболувања на очи во пролет и лето се алергичните коњуктивити. Има неколку негови видови:атопичен ( акутен и хроничен ), контактен, микробен, алергичен и пролетен. Во основата на алергичните коњуктивити лежи алергична фамилијарна историја на болеста. Други причини за појава на алергичните коњуктивити се:контакт со козметички средства, лак за коса, креон за очи, сапун, пластични рамки од очила, чад од цигари, домашна прашина, габични и микробни инфекции. Во пролет сето ова се потенцира со цутењето на дрвата и многуте цвеќиња. Симптоми на алергичниот коњуктивит се силен јадеж и болка во очите.

д-р. Анче Киселинова очен лекар

СОВЕТ: ладни облоги на очите, кортизонски препарати, антихистаминици а при компликации и антибиотици под контрола на очен лекар. Постои изрека што вели дека очите се “огледало на душата“. Очите се сензорен орган од кој најмногу зависиме и затоа е потребно повеќе да се грижиме за нив и не треба да ги запоставуваме. Иако се поотпорни отколку што мислиме, потребно е да и заштитиме од прав, загадување, нечистотија, дим од сончевите зраци и секако од заостанатата шминка. Кожата околу очите е многу деликатна(чувствителна), бидејќи во овој дел не постојат масни или потни жлезди што ја хранат. Затоа ова е првото место каде се појавуваат брчки. Грижата за очите е многу едноставна, но потребно е редовно да се применува. Секогаш кога ќе ја чистите и навлажнувате кожата околу очите треба да бидете многу нежни. За чистење секогаш користете памучно топче натопено во гел за чистење. Никогаш не употребувајте, сапун бидејќи сапунот ги отстранува природните масти од кожата. Темелно исчистете ја нечистотијата и шминката. Потоа употребете навлажнувач што ја омекнува кожата и ја спречува појавата на брчки и тенки линии. Одберете крем што е богат со витамин А, алое вера и камилица, затоа што овие состојки ја обновуваат и заздравуваат кожата. Избегнувајте употреба на кремови или навлажнувачи збогатени со многу состојки бидејќи големото количество масти ја прави кожата околу очите надуена. Исто така немојте да користите средства за затегнување на кожата и кремови против пеги на овој дел на лицето. Неколку совети за тоа како да се грижите за вашите очи: -пијте од осум до десет чаши вода дневно. -јадењето овошје ја прави вашата кожа чиста и здрава. Научно е докажано дека овошјето го намалува ризикот од појава на болести на очите. -ако вашето тело ја задржува водата тогаш треба да почнете да користите и хранлив додаток што ќе ви помогне и ќе ви ги обезбеди потребните витамини и минерали потребни за вашиот организам. -за да се ослободите од надуеноста околу очите едноставно натопете две памучни топчиња во ладна вода од роза или во сок од краставица. Затворете ги очите и оставете да делува околу 10 минути. - за да имате густи и здрави трепки секоја ноќ пред спиење ставајте по една капка маслиново на коренот на трепките. По само неколку дена ќе забележите промена. - секогаш кога излегувате носете очила за сонце со 100 % заштита од UV- зраците. Кога користите крема за заштита од сонце, нежно нанесете и на очните капаци.

30


Прашање-одговор

Габичната вагинална инфекција проблем на секоја жена

Габичната вагинална инфекција претставува мој чест и непријатен проблем. Како може да ја олеснам или спречам ваквата појава?

д-р. Иво Захариевски гинеколог

Габичната инфекција е предизвикана од габата “kandida albikans“, која е нормален жител во вагината и кожата кај многу жени без да предизвикува никаков проблем. Таа се размножува со спори кои ги има широко распространети во воздухот. Кога тие ќе се спуштат на топло и влажно место како на пример околу интимните делови на телото почнуваат да се развиваат. Иако оваа инфекција не е класификувана како сексуално пренослива болест, понекогаш може да се пренесува и преку сексуален контакт ако кај машкиот партнер постојат спори на кандида кои се обично под кожинката која го покрива полниот орган. Симптомите кај жената се: чешање, болка во вид на горење, карактеристичен габичен мирис, вагинален секрет кој е обично бел или во вид на изварка, непријатност или болка за време на мокрење и/или сексуален однос. Симптомите на габична инфекција се почести во периодот пред менструација, поради промената во киселоста на вагиналниот секрет. Исто така оваа инфекција е почеста кај бремените жени, кај неконтролираниот диабет, или кај оние кои користат орална контрацепција. Кандидата често се појавува после земање антибиотици кои ги уништуваат корисните бактерии (лактобацилусите), кои се исто така жители во вагината. Ако ги нема нив настанува бактериолошки дис баланс, што овозможува кандидата несметано да се развива. Некои жени имаат повторувачки габични инфекции. Оваа појава понекогаш поврзано со ниски нивоа на железо во организмот. Железото им е потребно на белите крвни клетки за да направат хемикалии кои ја уништуваат кандидијалната инфекција. Затоа ако се јавуваат чести габични инфекции треба да се провери во крвта нивото на протеинот -феритин кој покажува колку има складирано железо во организмот. Дијагнозата на Кандида само врз основа на симптомите и преглед не е секогаш најточна бидејќи и други состојби како на пример бактериска вагиноза предизвикуваат слични симптоми а се лекуваат поинаку. Ако постојат генитални симптоми, најдобро е да се посети специјалистичка гинеколошка или уролошка ординација за комплетен скрининг и точна дијагноза. Постојат разни анти габични лекови кои се достапни на рецепт или без рецепт. Некои лекови како на пример клотримазол и миконазол се користат како кремови или вагиналети. Орални антигабични инфекции (флуконазол и итраконазол) се исто така достапни. Но каков и да е начинот на користење, потребни се два до три дена за да се повлечат симптомите, бидејќи болното место треба да се опорави после уништувањето на габите. Сексуалните контакти треба да се избегнуваат додека не се повлечат сите симптоми. СОВЕТ: Да се избегнува потењето - со користење на влошки во текот на денот, да се избегнува носење тесен долен веш, особено најлон или тесни панталони како фармерки. Најдобро е да се користат чорапи и памучен долен веш. Да се врие памучниот веш или да се пегла на висока температура. Ова е поради тоа што модерните прашоци за перење работат на пониска температура на водата која не ги уништува спорите на кандидата така што е можно повторно заразување од сопствениот веш кој бил испран на пониска температура. Да се избегнуваат разни додатоци при капењето, вагинални дезодоранси или вагинални испирања кои можат да ја нарушат природната кисела средина на вагината која спречува да се размножуваат габите и другите бактерии. Да се користи исхрана богата со железо и да се земаат мултивитамини или минерални додатоци кои користат железо. Храната која содржи витамин Ц како на пример портокалите помагаат во апсорпцијата на железо од цревата. Партнерите да користат анти -габични кремови бидејќи мажите можат да имаат спори на кандида и да ги пренесуваат на жените без тие да имаат никакви симптоми. Да се дискутира со својот матичен доктор дали има потреба од проверка на нивоата на железо во крвта за да се исклучат ниски нивоа како и да се провери да има помалку активна тироидна жлезда

Заболувања на забите Што е превентивна стоматологија?

д-р. Вера Наумовска спец. по детска и превентивна стоматологија

“Целта на медицината е болеста да ја излечи а идеал на медицината е болеста да ја спречи“, рекол Делбет. Превентивата е збир од медицински и социјални мерки со цел да се спречи заболувањето и да се одржи здравјето на човекот и неговата работоспособност. Превентивната стоматологија е дел од општата стоматологија која ги проучува причините за заболувањето на устата и забите. Се занимава со пронаоѓање, проверување и примена на поедини средства и методи за спречување на заболувањата на устата и забите. Основните задачи на превентивната стоматологија како прво е да ги користи новите научни стоматолошки достигнувања, епидемиолошки и статистички податоци и проверени стоматолошки –профилактички методи и да ги одбере оние кои се најпогодни за тој терен. Основна карактеристика на превентивната стоматологија е да се спроведува плански, систематски,континуирано да трае долго, да е масовна, организирана и финансирана. Превентивата не може да се базира само врз стоматолошката служба туку треба да се мобилизираат и други медицински и образовни гранки како Црвен Крст,училишта, градинки,средства за јавно информирање. Основните разлики во превентивното и куративното делување се во ширината на делувањето, начинот на делување, потребните средства за спроведување и резултати кои се постигнуваат. Ширината на делувањето на превентивата е голема. Ја опфаќа цела популација а во куративата во прашање е само поединецот. Постои голема разлика и во начинот на делување. Во превентивата се делува плански а во куративата по барање. Потребните средства за превентива се минимални и можат од напред точно да се одредат,додека за лечење се големи и никогаш не се доволни. Резултатот на делување на превентивата е здравје а во лечењето е санација или протезирање. Според тоа,превентивната стоматологија има здравствено, општествено и економско значење. Усната шуплина е неделив дел од организмот и се што се случува во неа има мулти факториално значење. Тоа ни зборува дека и превентивните мерки ќе одат во повеќе правци кои меѓу себе се вкрстуваат и надоврзуваат. Република Македонија, според критериумите на Светската Здравствена Организација им припаѓа на земјите со екстремно висока преваленција на оралните заболувања и важи за земја која не ќе биде во состојба да ги обезбеди потребните средства за целосно згрижување на последиците од кариесот. Тоа не наведува на заклучок дека најдобро, најекономично и најефикасно е успешно да се спротиставиме на оралните заболувања со профилактички мерки и средства.

31


Здрав живот

Прекрасно тело за само 6 недели

П

остои поговорка што вели “не суди за книгата по нејзините корици“. Но да бидеме искрени, убавиот изглед и прекрасното чувство можат да направат чудо и вашата самодоверба. Ако не се согласувате, тогаш потсетете се на последниот пат кога имавте лоша фризура. Какво беше вашето расположение тој ден. С`е што треба да направите е секојдневно да си дадете малку нажна љубов и нега. Воспитувани сме да бидеме фини и внимателни кон другите, па зошто да не бидеме и кон самите себе? Многу е грешно ако зборуваме само за надворешна убавина; обидете се да размислувате на малку поинаков начин и ќе забележите промени во вашиот изглед и чувства. Ако добро ги третирате вашите тело и разум и тие ќе ви вратат со иста мерка.

Грижа за вашето тело Она што го јадете се рефлектира на вашето тело и лице, затоа правете суптилни и постепени промени во вашата исхрана. Неколку едностав-

32

ни промени во исхраната и животните навики можат да направат чуда за вашето тело и разум. “Веднаш штом ќе се разбудите напијте се чаша вода, а во текот а денот испијте уште десет чаши. Јадете најмалку две овошја (јаболко,кива) дневно. Појадокот е најважниот оброк во денот, не го избегнувајте. Започнете го оброкот со салата . Пијте млеко по една чаша на ден. Тоа е добро за коските и ноктите. Јадете храна богата со витамин А, бидејќи овој витамин помага во чистењето на организмот и обновувањето на кожата а ја прави и посјајна. Затоа во вашите оброци користете многу моркови и папаја(секако второво,доколку имате можност да го набавувате кај нас)“, советува нутриционистот Никола Јорданоски. Пред да влезете под туш започнете го денот со протегање на мускулите, ако немате време и енергија за секојдневни вежби доволно е брзо одење по езерскиот кеј. Ако редовно се грижите за вашето тело,тогаш и неговото одржување ќе биде полесно. Грижата за телото е продолжение на грижата за кожа, но се разликува од потребите за нега на кожата на лице. Козметичарите упатуваат неколку чекори за грижа на вашето тело, тоа се

следните: Правете ексфолијација два пати неделно за да ја отстраните сувата, мртва кожа. Чистете ја потта и нечистотијата што се собира во текот на денот. Навлажнувањето на кожата на телото е од големо значење, во својот состав има помалку масни клетки од кожата на лицето и затоа побрзо се суши. Со задржување на влажноста на кожата таа останува мека и еластична .Користете гел за туширање што е богат со природни екстракти и витамини како што се алое вера, екстракт од зелен чај и добра четка. Убаво измијте се, нежно избришете го телото и нанесете соодветен лосион за вашиот тип на кожа. Ако имате сува кожа користете интензивно хидратизирачки лосион збогатен со витамин Е. На крајот од денот пред спиење нанесете на рацете крем богат со витамин Е и алое вера, овие состојки ја обновуваат кожата и ја прават мазна и мека. За уморни стапала користете лосион богат со пеперминт и алое вера, овој лосион ги негува и заштитува вашите стапала и ги освежува. Еднаш неделно правете ексфолијација на стапалата.За природна ексфолијација на вашето тело, направете пилинг: Во бебешко или маслиново мас-

ло додадете шеќер и со смесата истријте го телото , а потоа продолжете со вашата секојдневна рутина на туширање. За ексфолијација на кожа на лице користете маска за лице, кожата ќе добие сјај и здрав изглед. Секојдневно можете на лицето да нанесете од овошјето што сте го јаделе тој ден, оставете го да делува 10-15 минути и исплакнете го со вода. Користете навлажнувач за кожа и крема за сонце со соодветен SPF фактор. Пред спиење темелно исчистете ја сета шминка и нанесете крем кој може да го комбинирате со AD капки(од аптека) доколку вашата кожа е по сува.

Нега на разумот Одвојте барем 30 минути во текот на денот за да го правите она што ве релаксира и она во што уживате. Секојдневно прочитајте нешто што ќе ве насмее. На крај одберете тема за која не знаете ништо или многу малку и во текот на следните 6 недели обидете се секој ден да научите нешто ново за неа. Како на телото така и на разумот му е потребно постојано активирање.


Спорт

Охрид домаќин на Европското Кошаркарско Првенство за жени до 20 години

О

д 6-ти до 15-ти јули Охрид ,ќе биде домаќин на Женското Европско првенство од Б дивизијата за кошаркарки до 20 години. Учесници на ова Првенство ќе бидат репрезентациите на Австрија, Белгија,Велика Британија, Грција, Унгарија,Израел, Холандија,Португалија, Романија, Словачка и Македонија. Македонските кошаркарки во Охрид, ќе играат со женските супер сили: Словачка и Израел, како и со силните екипи на Холандија и Романија. “За нашите млади дами дефинитивно престои едно многу тешко натпреварување. Но,ние сме оптимисти и после се,на првенствата нема слаби екипи. Ќе се обидеме да ја искористиме предноста на домашен терен и секако нашата публика за да направиме добар резултат. Нашите селекции ќе имаат квалитетни подготовки, а овде веќе договорив неколку пријателски натпревари, настапи на турнири во странство и кај нас..“, изјави непосредно по жребувањето во Минхен, директорот на македонските репрезентации, Илија Мерџановски.

Над 1 000 гости од земјава и странство ќе го проследат спортското случување во Охрид

Пристигнувањето на екипите во Охрид, е најавено за 3, 4 и 5 јули. На 5 Јули, 11 репрезентации- учеснички, веќе ги имаат официјалните тренинзи, на 6 јули започнуваат натпреварите и траат до 15 јули, за кога е закажано финалето. “Отворањето на првенството ќе биде на 5-ти јули со свечена церемонија на градскиот плоштад (до пристаништето). Почетокот на свеченоста ќе биде во 21.30 часот. Сите учесници и гости ќе продефилираат пред охриѓани и другите гости. Се надеваме дека градоначалникот ќе ја прифати нашата покана да го отвори првенството.

Играчите, стручните штабови и официјалните лица ќе бидат сместени во трите хотели од “Метропол Резортот“, вкупната бројка на официјални гости е 230, а уште 400-500 други гости поврзани со првенството ќе бидат во Охрид во тој период. Тренинзите ќе се одвиваат во салата во средното училиште “Св. Климент Охридски“, која за таа цел ќе биде адаптирана и делумно реновирана “,ни изјави Генералниот Секретар на Кошаркарската Федерација на Македонија, Дејан Лекиќ. “Ние како организатори имаме обврска само кон официјалните го-

сти (играчи, тренери, делегации и ФИБА Европа официјални лица). За сите други асистираме само ако побараат помош, со оглед на тоа дека ова ни е веќе трето првенство по ред, вообичаено очекуваме триесетина новинари, менаџери и агенти кои редовно ги следат овие настани. Исто така, со секоја репрезентација вообичаено доаѓаат најмалку уште 15-20 пријатели на одредената федерација, родители, навивачи, кои за време на првенството ќе бидат во Охрид“, додава Лекиќ кој истакнува дека ,финансиската вредност на овој настан е најголема за општината Охрид и

33


Спорт

сите стопански субјекти во Охрид но и во Македонија. “Ние како Федерација се бориме да бидеме на “позитивна нула“, а главната вредност за нас е промоција на кошарката и нејзина популаризација, како и натпреварување за нашата репрезентација пред своја публика“, вели тој.

Овој спортски настан ќе биде бериќетен за охриѓани Ако ги сметаме само официјалните

гости, бројката од 300 гости за минимум 12 дена, тоа се 3600 полни пансиони во Охрид. Сите тие луѓе за време на првенството ќе остават во охридските кафулиња, продавници, такси, автобуски превоз, ресторани, дуќани за сувенири и антикварници, кајчиња, бродови, туристички разглед и сл. Тоа е огромна сума на пари. А ако на тоа се додаде бројката од уште 300-400 гости неофицијални, тогаш зборуваме за многу сериозна сума, веројатно приближно 700-800.000 евра, ако не и повеќе. Не смее да се заборави дека финан-

34

сиски ефект ќе добијат хотелите, нивните суплаери- добавувачи (храна, струја,вода, туристички такси,плати за вработени, други сервисни услуги...), сите тие плаќаат ДДВ и данок на државата (како и претходните услуги погоре), па и општината и државата имаат директен финансиски ефект од првенството. Првенството се одржува пред “високата сезона“ во Охрид (15 Јули – 15 Август), а надвор од тој период ретко кога се исполнети хотелите, затоа што зборуваме за гости кои се сместуваат по хотели на база полн пансион, а не за приватни соби, кревети и кампери. Гостите се од висок профил и одлично платежно способни за вон пансионски услуги. Затоа е потребно во овој голем спортски настан да се анимираат сите локални и државни субјекти да помогнат во неговата организација. Затоа што од него имаме огромна корист сите ние заедно. Ова е еден своевиден бизнис – спортски туризам – во кој се спојуваат многу стопански и општествени гранки. На крајот од краиштата, сумата може да се смета за директна странска инвестиција во малото стопанство, хотелиерството, па и во буџетот на општините и државата. Таа сума во ова кризно време е навистина респектабилна.

На крај не смее да се заборави дека сите гости ќе бидат наши маркетинг агенти во своите држави и ние мораме (а најмногу Охриѓани) да ги натераме да се вратат повторно во нашиот “Бисер“.

Познати имињата на судиите за У20 во Охрид Судии за У20 ЕП во Охрид ќе бидат: Петар Данков-

ски (Македонија),Марија Аргиру (Грција),Стелијан Баница (Романија ), Текаш Фолдхаши (Унгарија), Јарослав Јанац (Словачка), Хејден Џонс (Велс), Ерих Кретчмер (Австрија),Нуњо Монтеиро (Португалија), Поли ван Ден Хевел (Холандија), Јорон Зариф (Израел). На неутралната листа на судии се наоѓаат: Шефќет Бектеши (Албанија), Владимир Драбиковски (Украина), Мака Купатадзе (Грузија), Александар Сиритса (Белорусија). ФИБА судски инструктори ќе бидат, Жолт Хартјани (Унгарија), и Виктор Мас (Шпанија). На делегатската листа се наоѓаат: Владимир Макрески од Македонија,Георги Шунди од Албанија, а главен делегат е Емил Болчи од Турција. Паралелно со Охридските натпревари, во Скопје ќе се одржува ЕП од Б дивизија (У 20) во машка конкуренција. Нашите кошаркари ќе бидат во групата со Бугарија,Австрија и Унгарија. У20, ЕП жени, Б дивизија во Охрид ГРУПА А: Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Грција, Португалија. ГРУПА Б: Македонија, Холандија, Словачка,Израел, Романија


Локал

definitivno don.com.mk www.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
АМАК ПРЕС 111 by alan.kaou - Issuu