Партнер на Вашето здравје бр. 8

Page 1

ПАРТНЕР

НА

ВАШЕТО

Бесплатенпримерок

бр.8 • Април 2019

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ХИРУРШКИОТ ОДДЕЛ НА БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА Ексклузивно интервју со Д-р Емил Угриновски магазин на:



ПАРТНЕР

НА

ВАШЕТО

Бесплатенпримерок

СОДРЖИНА

бр.8 • Април 2019

4 | ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р УГРИНОВСКИ 10 | EКОЛОГИЈА НА ДУХОТ - MOЌТА НА ЧОВЕКОВИОТ ДЕСТРУКТИВЕН НАГОН

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ХИРУРШКИОТ ОДДЕЛ НА БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА

13 | СИНУС ПИЛОНИДАЛИС – КЛИНИЧКА СЛИКА И ТРЕТМАН

Ексклузивно интервју со Д-р Емил Угриновски

15 | БПХ - БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА

магазин на:

18 | ЗАПОЧНА СО РАБОТА ОДДЕЛОТ ЗА ХИРУРГИЈА ВО БОЛНИЦАТА НЕУРОМЕДИКА Издава: ПЗУ Неуромедика

20 | МЕНАЏЕРСКИ ПАКЕТИ

Oрганизација: Mаркетинг агенција Портал Ексклузив

22 | ГИГАНТСКИ ФРАГМЕНТ ОД ХЕРНИРАН ДИСКУС ПРОГЛАСЕН ЗА ТУМОР ВО СПИНАЛНИОТ КАНАЛ 24 | НОВ РЕКОРД НА УСПЕШНО ОБАВЕН САНИТЕТСКИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТ СО РЕЛАЦИЈА ST. PÖLTEN, АВСТРИЈА – СКОПЈЕ

Уредник: Елеонора Малиновска Стручни соработници: Спец. Д-р Емил Угриновски -Директор на Неуромедика Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Миодраг Врчаковски Прим. Д-р Воислав Кајевски Прим. Д-р Добрила Андоновска Прим. Д-р Лилјана Д. Милошевска Спец. Д-р Маринела Малинова Спец. Д-р Марија Јакимова Спец. Д-р Емилија Минова Д-р Катерина Сиљаноска Анета Начевска (психолог)

26 | ГАСТРОСКОПИЈА - ДГ МЕТОДА ЗА ОТКРИВАЊЕ БОЛЕСТИ НА ДИГЕСТИВНИОТ ТРАКТ

Лектор: Зорица Манаскова

36 | НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПАНИЧНИ НАПАДИ

Фотографија: Елеонора Малиновска

28 | НЕУРОМЕДИКА - ПАРТНЕР И МЕДИЦИНСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ФУДБАЛСКИОТ КАМП НА ФОНДАЦИЈАТА „РЕАЛ МАДРИД“ 29 | СПОНДИЛОЗА 31 | АКУТНИ И ХРОНИЧНИ ВОСПАЛЕНИЈА НА КРАЈНИЦИТЕ 34 | ХУМАН ХЕРПЕС ВИРУС - ПРИЧИНА ЗА ЧЕСТИ ДЕРМАТОЗИ

38 | ПРИЧИНИ ЗА ЛОШ ЗДИВ

Дизајн: Европа92 - Кочани Печат: Европа92 - Кочани

НЕУРОМЕДИКА Неуромедика Болница - Since 1992 Јордан Мијалков бр. 62,1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Куманово: 031/414-033 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060

www.neuromedica.com.mk


4

Ексклузивно интервју со д-р Емил Угриновски:

Неуромедика изгради бренд кој без сомнение е синоним за современо здравство и најсовремена болница во државата!

П ред 27 години се формира тим од двајца лекари и една медицинска сестра, озна-

чувајќи го на тој начин стартот на првата приватна поликлиника во Македонија – НЕУРОМЕДИКА. Денес разговараме со основачот и директор д-р Емил Угриновски, кој вели дека е оптимист за развојот на Неуромедика бидејќи ја има довербата на пациентите. Човекот кој одбил да биде и министер за здравство, иако ги има можните решенија, сепак е посветен на својата Неуромедика, во која вложува многу труд.

Каков беше патот на Неуромедика до препознатлив бренд каков што е денес? Д-р Емил Угриновски: Основањето на Неуромедика во далечната 1992 година претставуваше пионерски чекор на преземање приватна иницијатива во здравствениот сектор, во период на премин на македонското општество од социјализам кон пазарна економија. Во тоа време кога во Република Македонија сè уште не постоеше приватно здравство, кај нас имаше силна желба и голем ентузијазам да се направи нешто ново и различно, со што значително ќе се подобри квалитетот на здравствената услуга. Во таа насока, посебно сум горд што Неуромедика беше првата приватна здравствена институ-


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

ција, која благодарение на новите принципи во работењето во однос на љубезноста на персоналот, брзата и точна услуга, чистотата на објектите и сл., го понесе најголемиот товар на промените во здравството, со што значително придонесе за креирањето свесност кај пациентите за тоа дека и во Македонија може да се добие квалитетна здравствена услуга. Неуромедика е првата приватна поликлиника во Македонија. Функционирате веќе 27 години. Со кои капацитети во моментов располага новата болница Неуромедика? Д-р Емил Угриновски: Веќе сме во 27-та година од формирањето и функционирањето на Неуромедика. Во јуни 2019 ќе биде нашиот 27. роденден. Тоа е еден огромен период, ние сме и пионери во приватното здравство во Македонија. Неуромедика во моментот располага со 5 свои капацитети, два во Скопје и два во градовите низ Македонија, од кои еден во Куманово и еден во Битола, како и еден во Кукуш - Грција. Новата болница е домашна инвестиција од 8 милиони евра, од кои 3 милиони евра се инвестирани во медицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности. Новата Неуромедика болница е на 8 нивоа на вкупно 3.500 квадратни метри: 23 специјалистички ординации, современо опре-

мени болнички апартмани, хируршки сали, ургентен и дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура, специјализиран центар за трудова медицина, каде што се изработуваат сите видови лекарски уверенија, специјализирани центри за ортопедија и трауматологија, за неврологија, со најсовремена дијагностика, за пластична хирургија и општа хирургија, за орална хирургија, за нехируршка естетска медицина на лице, стоматолошки центар, биохемиска лабораторија... Неуромедика во Македонија е добро препознатлив медицински бренд. Дали пазарот е презаситен со приватни клиники или постои уште простор за инволвирање нови субјекти во овој бизнис?

Д-р Емил Угриновски: Неуромедика е бренд кој е тешко да се формира, а уште потешко да се одржи. Ние ги ангажиравме најголемите стручњаци. Пазарот не е презаситен, има можност за отворање нови болници, но Македонија има недостиг од квалитетен кадар, така што сите што отвораат нови здравствени капацитети брзо и ги затвораат, тешко е да се работи на пазарот, бидејќи кубурите со еден многу специфичен и дефицитарен кадар. Тие што работат долги години се веќе етаблирани и имаат свои пациенти. Во овој бизнис не постојат

5


6

импровизации и секој несериозен пристап и нестручност носат огромни последици. Мислам дека македонскиот пазар е искристализиран од сомнителни турски инвестиции, како и од инвестиции од Белизе, но и други даночни раеви со сомнителен капитал и затоа пациентите кристално јасно знаат кому и во чии раце да го доверат своето здравје. Дали Неуромедика има пациенти од странство?

Д-р Емил Угриновски: Ние имаме многу пациенти кои не се државјани на Македонија. Имаме огромен број пациенти од Косово, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, како и странци кои живеат тука. Тие се задоволни и ги користат услугите на Неуромедика и доаѓаат специјално за да направат прегледи. Која е таргет групата на пациенти кон кои се обраќате и за кој сегмент од вашите услуги има најголем интерес?


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

Д-р Емил Угриновски: Таргет се сите пациенти, нашата цел е да продаваме здравје. Ние се обидуваме да ги насочиме пациентите да дојдат навреме, кога немаат никаков проблем, за превентивно да искористат некои од услугите пред да биде доцна. Работиме со сите категории на луѓе, бидејќи имаме најсовремена опрема и ги имаме сите специјалности и услуги, така што може да ги сретнете сите, од најбогати до социјални случаи, од млади до стари.

жам да ѝ ги пружам на мојата компанија. Но, ако би имал можност, прво би ги изедначил правата на приватното и државното здравство така како што се според Уставот и законите на Република Македонија, би на-

Неуромедика, освен во Македонија, како медицински бренд ја има и на терироријата на ЕУ. Веќе 13 години успешно работи вашата поликлиника во Грција. Кои се вашите идни планови? Д-р Емил Угриновски: Точно, 13 години сме присутни на грчкиот пазар и задоволен сум од нашиот работен процес таму. Таму работиме со 8 здравствени фондови. Како бренд сме присутни на тлото на ЕУ, што уште еднаш потврдува дека работиме по стандардите на ЕУ. Доколку сте министер за здравство, кои се првите три работи што би ги коригирале со цел да ја подобрите бизнис климата во оваа услужна гранка? Д-р Емил Угриновски: Интересно прашање, да бидам искрен сум имал понуди да бидам министер и сум ги одбил бидејќи имам многу поодговорни работи кои мо-

правил да работат под исти услови. Второ, би ги охрабрил осигурителните компании да формираат сериозни здравствени фон-

7


8

дови за да има квалитетна дополнителна здравствена заштита. И трето, би работел на едукацијата на кадарот, кој со проблеми се соочува од самото студирање, бидејќи многу малку се вложува. Со тоа би му ја вратил насмевката на здравствениот работник кој треба да се потсети на Хипократовата заклетва, којашто секој ја има дадено, но за жал и голем број од нив ја имаат подзаборавено. Минатата година добивте признание „Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамките на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris – South-East European Film Festival 2017). Д-р Емил Угриновски: Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите на Југоисточна Европа. Веќе 27 години со многу ентузијазам и енергичност сум посветен на унапредување на здравствениот и на бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелек-

туалци, кои несомнено имаат значителен придонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширењето позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Во 2016 год. пак ги добивте наградите “The Best Manager Of The Year” и “The Best Hospital”... Д-р Емил Угриновски: Тоа е престижна награда доделена од страна на организација на Сократ – Комитетот за номинации и Европската медицинска асоцијација, кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Наградата ја добивме во Кан и претставува сериозен стимул за мене како менаџер, но и за сите вработени во Неуромедика. Таа многу ни значи и за понатамошното работење и развивање на нашата болница, бидејќи е добиена меѓу конкуренција на сериозни болници во регионот, што уште еднаш го потврдува нашиот рејтинг и услуги и како таква им ја посветувам на сите наши пациенти кои со нивната доверба ни овозможија да ја добиеме оваа престижна светска награда.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE кој со генерации наназад припаѓа на здравствениот сектор и кој многу добро ги знае проблемите на докторите и пациентите. Несериозно беше со здравството да министеруваат правници, економисти или други нелекари кои првото „М“ од медицината го запознаваат на министерската фотелја. Целосно го охрабрувам министерот што прв пат во 28 години самостојна Македонија го изедначи приватното и јавното здравство преку јавно-приватно партнерство, и како таков ја има мојата целосна поддршка и ние како Неуромедика стоиме на располагање со нашите капацитети и врвен стручен кадар за некоја идна соработка.

Како ја отценувате моменталната здравствена политика и работата на Министерството за здравство? Д-р Емил Угриновски: Добро е што на чело на Министерството за здравство дојде човек којшто е од здравствената фела и

Кои се клучните фактори за успех во бизнисот и во животот воопшто? Д-р Емил Угриновски: Како прва и дефинитивно најзначајна лична карактеристика за успех би ја издвоил желбата за работа, која, да бидеме реални и да си признаеме, не ни е баш многу силна страна на овие простори. Всушност, ова е и клучната разлика по која се разликуваат луѓето, бидејќи сите во помала или поголема мера поседуваме вродена прирoдна интелигенција, која со работа и со многу залагање може да се надгради во која било област за којашто личноста е заинтересирана.

9


10

Eкологија на духот Moќта на човековиот деструктивен нагон

Проф. д-р Методи Чепреганов специјалист по невропсихијатрија и епилептологија

Н из ситe векови и во сите цивилизации од постоењето на светот, бројни мислители

и филозофи го актуализирале прашањето на моќта на човековиот деструктивен нагон, поточно на човековата агресија во секојдневните интерперсонални односи, но и надвор од нив, но, за жал, дефинитивен одговор до денес не постои. Агресијата како интерконтакт и однос меѓу нас била и понатаму останува актуелна. Отворено е прашањето: колку, на кој начин и со каков интензитет, емотивните меѓусебни контакти во меѓучовечките односи имаат влијание врз нашиот афективен живот, врз расположение, блискост и меѓусебно разбирање, почитување, толеранција и флексибилност? Едно е вистина: родената емоција, психоемотивен наплив во нас го активира нашиот

афект во акција и движење, правејќи еден хормонален дисбаланс и активирајќи одредени невромодулатори и невромедијатори, состојба која ако е пролонгирана и хронична секогаш доведува до психосоматско заболување. Секој емотивен наплив, ние со нашата будност и внимание, во рамките на еден глобален процес, да го наречеме регуларен и крајно контролиран, го преработуваме во нас и го креираме со нашите сознателни капацитети, во склоп на таканаречената наша емоционална сознателност, која ја поседува секој од нас. Токму таа го регулира и идентификува нашиот одговор со кој се претставуваме кон соговорникот и спрема околината која нè опкружува. Експресијата на тој одговор е крајно модулирана и во сето она што ние во дадениот момент ќе го одиграме на сцената со нашиот соговорник, тоа наше актерство ќе биде дело и одраз на нашата личност, поточно нашиот изглед и целокупната наша мимика ќе бидат огледало на нашите психоемотивни напливи, креирани од нашиот емотивен мозок, поточно од фамозното амигдално јадро во лимбичниот систем, но и одговор кој дефинитивно ќе го декланшираат структурите во префронталниот лобус. Колкава ќе биде нашата самоконтрола во формата на меѓусебната регулација, нашето социјално партажирање на емоционалните напливи кон надвор, одмерено, смирено и пристојно, или хистероидно, брутално, агресивно и некритично, со голема доза на простотија и примитивизам,


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE автоконтролата ќе биде во апсолутна корелација со од порано стекнатата,социјална едукација, знаења, и инкорпорирани норми, кои ќе можат (или не) да ја контролираат експресијата на нашите емоции спрема соговорникот. Со еден збор, нашиот одговор и однесувањето се во длабока корелација со зрелоста и матурацијата на нашата личност. Токму во овој контекст ќе ми дозволите да направам една променада низ цивилизациските психо-емотивни основи на животот. Конфучиј многу одамна во своето дело УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА ТРУЛАТ ќе каже: да живееш и да постоиш значи да работиш, да твориш, да креираш, да создаваш, да умееш, да почитуваш, да те краси ЕМПАТИЈА, флексибилност и толерантност, значи да имаш СВЕСТ И СОВЕСТ. Свеста е физиолошка функција, а совеста еволутивен процес при кој на психофизичката обдареност од мајката природа, со текот на времето личноста аквирира и инкорпорира воспитание, едукација, знаења, искуство, социјални, морални, етички и духовни норми, личноста постепено созрева, матурира во милјето во кое постои, поточно во средината на фамилијата, во опкружувањето, во државата, во специфичноста на климатските услови, со начинот на исхрана и живеење. Тоа се насушните норми кои ја формираат цитоархитектурата на една личност, кои го креираат и формираат нејзиниот психопрофил.

Модерната психологија за матурирана личност вели зрелост со социјална когниција. ЛИЧНОСТА е конгломерат од 7 психички функции (памтење, мислење, внимание, нагони, перцепции, волја, афект, сите под плаштот на осмата функција, а тоа е СВЕСТА). Инкорпорирани хармонично кога личноста е зрела и умее да почитува, да има емпатија, да разговара, да биде толерабилна и флексибилна, со спремност, култура и интерперсонален однос да може да се договори и да донесе едно адекватно решение, кое е во корелација со капацитетот на нејзината емоционална интелигенција, или дисхармонично, со злоба, љубомора, завидливост, карактерни настраности, параноичност и малигна нарцисоидност - малиген нарцизам со садизам, агресивност, параноја и несоцијален модел на однесување во интерперсоналните односи. Во нашиот мозок постојат две спротивставени структури кои се во постојана спрега, од една страна амигдалното јадро, нашиот емотивен мозок и носител на емоционалната интелигенција и нашите психоемотивни напливи, значи нашите емоции и емотивен живот кај секого од нас, и структурите на префронталниот лобус, нашиот рацио, кој ја контролира амигдалата и емоциите и ја донесува децизијата, одлуката за нашиот мисловен дуктус, со каков вокабулар, но и како и на кој начин и со каква мимична гестикулација, гримаса, боја на глас и движење ќе биде нашиот однос спрема соговорникот, дома, на улица, на работа, секаде и на секое место.

Изглед на лицето при различни емоционални експресии (од лево кон десно): бес и јарост, страв, гадење и одвратност, радост, тага

11


12 Ова значи дека во нашите интерперсонални односи, или како психологијата вели КОМПОРТЕМЕНТ - ОДНЕСУВАЊЕ, ништо не е случајно, сè е предоредено и зависи од тоа колку сме ја созреале и надградиле нашата личност, со норми на воспитание и едукација, поточно богатство на знаење и искуство. Практично овие две структури се нашето ОГЛЕДАЛО КОН НАДВОР, нашата КАРАКТЕРНА ЕКСПРЕСИЈА на особините на ПСИХОПРОФИЛОТ на нашата личност, тоа сум јас, тоа сме ние со сето она што го носиме и што сме го инкорпорирале во нас како норма и параметар, социјален, морален, етички и духовен, на фон, како веќе рековме, БОГАТСТВОТО ОД ЗНАЕЊЕ, кое или го имаме или го немаме. Во овој контекст, мимичната гестикулација и експресија на емотивните состојби, обликувани од нашиот социјален мозок, креираат изглед на нашето лице со сосема различни емоционални експресии: бес и јарост, страв, гадење и одвратност, радост и тага. Денес библиографијата за социјалниот мозок и социјалната когниција е повеќе од бројна. Приодите се богати, содржајни, експериментални, емпириски и имаат

единствена цел – елаборација на сите човекови страсти и карактерни особености, и добри и лоши, во обидот секој од нас да ја најде вистинската смисла на животот. Социјалната когниција и оформувањето на социјалниот мозок е долготраен процес, кој траел, трае и ќе трае. Тоа е еволутивен процес кој е составен дел од нашето постоење. Во своето дело „Човековата потреба по смислата“ Виктор Франкл ќе каже: „Настојувањето да се пронајде смисла во животот е примарна мотивациска сила на човекот...“. Тоа е волја за смисла, наспроти Фројдовиот принцип на уживање, нарекуван како нагонска волја за уживање, и наспроти принципот од индивидуалната психологија на Адлер, нарекуван и волја за моќ... Човековата волја за смисла е примарниот двигател во секојдневието на нашиот живот, тоа во никој случај не треба да го сфатиме како една секундарна рационализација на нашите нагонски пулзии. Волјата за смисла е основна, специфична и единствена за секого од нас и треба да се трудиме да ја оствариме и исполниме, за да бидеме НИЕ, односно ЈАС, дека постоиме и дека сме постоеле.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

СИНУС ПИЛОНИДАЛИС – КЛИНИЧКА СЛИКА И ТРЕТМАН

П илонидалниот си-

нус е хронично заболување на меките ткива Прим. д-р Добрила и најчесто настанува кога Андоновска специјалист по пластична влакното ќе го промени и реконструктивна правецот на хирургија раст и ќе се вовлече под кожата. Најчесто се јавува во пределот на тртичната коска, но може да се манифестира и во други влакнести делови на телото, а кај жените многу често настанува во препонската регија. Самиот збор „пилонидалис“ значи „гнездо на влакна“, додека зборот „синус“ означува шуплина или канал, а заедно претставуваат инфициран фистулозен канал кој се протега од кожата низ поткожното ткиво и мускулатурата, понекогаш сè до тртичната коска, бидејќи најчесто се јавува во сакрококцигеалната регија. Пилонидалниот синус во сакрококцигеалната регија најчесто е проблем на младите луѓе и главно настанува на 20–40 годишна возраст, особено при професии кои се поврзани со долготрајно седење. Клиничката слика може да варира од постоење на неколку отвори во пределот на кокцигеалната коска, понатаму во вид на топчеста промена, која најчесто е црвена, мека и многу болно чувствителна при палпација, во некои случаи се манифестира со појава на голем апцес проследен со силна болка и покачена телесна температура, додека во други случаи може да постои фистулозен отвор низ кој се сецернира серо-пурулентна содржина, а при хронични состојби може да се појават и повеќе фистулозни отвори во сакрококцигеалната регија или пошироко во глутеалната регија, со ретка појава на фистулозни отвори дури и во скроталната регија. Пилонидалните синуси во препоните се манифестираат со идентична клиничка слика, а при комплицирани хронични случаи можно е фистулозните канали да се прошират и на пубичната регија и во горниот дел на натколеницата. Често доаѓа и до зголемување на регионалните лимфни жлезди во ингвиналната регија. Постојат две теории за настанувањето

на пилонидален синус во коксигеалната регија. Првата теорија е во прилог на вродена состојба и се објаснува со тоа дека во текот на развојот на плодот во матката доаѓа до задржување на еден дел од примитивниот ’рбет во вид на шуплина или канал под кожата во самиот кокцигеален дел на ’рбетот. Ова секако се потврдува со фактот дека уште при првиот неонатолошки преглед по раѓањето кај некои новороденчиња се забележува постоење на 2–3 мали дупчиња во пределот на тртичната коска. Исто така, во прилог на конгениталната теорија е и појавата на пилонидални синуси кај мали деца од училишна возраст, како и присуството на ,,снопчиња“ влакна кои се извлекуваат со хируршки инструмент од самите отвори на пилонидалниот синус. Другата теорија претпоставува враснување на влакната во пределот на тртичната коска под дејство на долготрајно седење, бидејќи тогаш постои постојано надразнување и притисок во ,,опашниот“ дел на ’рбетот. Како едни од факторите за нивното настанување се и дебелината, зголеменото потење и носењето тесна облека, додека појавата на пилонидалните синуси во ингвиналната регија кај женската популација најчесто

се поврзува со депилација и хормонални промени поврзани со менструалниот циклус. Третманот на пилонидалните синуси може да биде конзервативен и оперативен. Конзервативниот третман се состои од депилација на регијата, одржување редовна хигиена со неутрални купки за интимна нега или нега на бебиња, додека при поголема дразба или појава на болка се советува локална употреба на облоги со acidi borici, а по потреба и антибиотска терапија. При акутни состојби на абсцедирање на пилонидалниот синус се врши инцизија (засекување) со локална анес-

13


14 тезија, испирање на апцесната шуплина со соодветни препарати за третман на рани и се поставува дренажа. Постапката се повторува сè до целосно смирување на воспалителниот процес. Ваквата постапка може да доведе до трајно излекување на пилонидалниот синус, но најчесто во пракса состојбата се повторува и со текот на времето доаѓа до значително влошување на локалниот статус, проширување на фистулозните канали во околните ткива, што понатаму изнудува порадикални хируршки интервенции. Од тие причини се препорачува оперативно лекување во што порана фаза на пилонидалното заболување. Оперативната техника што се применува зависи пред сè од локалниот статус на пилонидалниот синус, а методите може да бидат затворени или отворени. Во хируршката пракса отворениот хируршки третман, како и техниката марсупијализација почесто се применуваат од страна на општите хирурзи и супспецијалистите по абдоминалната хирургија. Затворените техники се „привилегија“ на специјалистите по пластична и реконструктивна хирургија поради нивното искуство во отстранувањето на заболеното ткиво ,,до здраво“ и покривање на новонастанатиот дефект со околко ткиво со разни реконструктивни оперативни техники. Во нашата пракса најчесто се применува затворената хируршка техника, а тоа е техниката на ексцизија и затворање со W-пластика, кај пилонидални синуси со неколку синусни отвори и фистулозни канали. Кај комплицираните пилонидални синуси најчесто се применува радикална ексцизија и покри-

вање на дефектот со ротацион резен, понатаму со Z-пластика, разни видови флепови именувани по разни хирурзи (како Лимберг и Каридакис), додека кај крајно запоставени случаи или повеќекратно рецидивирачки состојби може да се примени и отворената метода, со секундарно заздравување на ексцизионата рана (со примена на антибиотски сунѓер или современи влажни преврски со микрофибер со јонско сребро, алгинати, хидроколоиди или метакрилат-пудра). Во исклучително ретки случаи дефектот се покрива со кожни автотрансплантати. При примена на сите видови затворени оперативни техники задолжително се поставува вакуум дренажа. Предоперативната припрема е рутинска: биохемиски лабораториски иследувања, ЕКГ, РТГ на бели дробови кај повозрасни пациенти и кај пушачи. Оперативниот зафат се изведува со разни видови анестезија, зависно од оперативната техника која ќе се примени: локална, интравенска потенцирана анестезија, спинална анестезија и општа-ендотрахеална анестезија. Третманот може да биде без хоспитализација, со еднодневна хоспитализација и хоспитализација од 2–3 дена. Постоперативно се вршат редовни контроли и преврски, со менување на вакуум дренажата. Сутурниот материјал се отстранува на 8–12 постоперативен ден. Враќање на секојдневните активности следува по две недели од извршениот оперативен зафат, со ретки исклучоци. Враќање на спортски активности, пак, еден месец по хируршката интервенција.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

БПХ (Бенигна хиперплазија на простата) б) како зголемено функционално барање нормална количина на одредено ткиво кое не може да ги задоволи в) како последица на пореметена хормонска регулација на ткивото.

Прим. д-р Воислав Кајевски специјалист уролог

П ростатата е жлездено-мускулен орган придодаден на семените патишта, која

го опфаќа почетниот дел на уретрата и чиј секрет влегува во состав на семената течност. Простатата се наоѓа во подперитонеалниот дел на карличната дупка, поставена под дното на мочниот меур, зад препонската симфиза, а пред ректумот, преку кој е пристапна палпација на истата. Глатките мускули и еластични влакна градат мрежеста творба – строма на простатата, во чии меѓупростори е сместено жлездестото ткиво на простатата. Главната состојка на секретот на простатата е вода, во која се наоѓаат останатите состојки, и тоа повеќе натриум, калиум, калциум, а во помали количини хлориди, бикарбонати и фосфати отколку во плазмата. Алкалната реакција на секретот на простатата е важна за фертилната способност на сперматозоидите. Во епителните клетки на простатата се создаваат и протеини – ПСА (Prostate specific antigen), ПАП (Prostatic acid phosphatase). Хиперплазија е зголемување на волуменот на некое ткиво или орган предизвикано со создавање нови келии.

Хиперплазија може да настане: а) како компензаторна реакција поради губење на ткивото

БПХ спаѓа во најчестите бенигни заболувања кај мажите. Преваленцата на БПХ прогресивно расте од четвртата деценија на животот (8%), а веќе во во осмата деценија изнесува 82%. Патогенезата на БПХ е недоволно позната иако е очигледно дека мултипли, комплементарни системи (имуни, неуроендокрини) и локални фактори се одговорни за развојот на БПХ. На простатата се разликуваат: латерални лобуси, супцервикален, суптригонален лобус и многу ретко лобус на предната комисура. Хиперпластичното ткиво на простатата настанува со хиперплазија на периуретралните жлезди кои ги потиснуваат жлездите на надворешната периферна зона кон периферијата на простатата. Помеѓу хиперпластичното ткиво и компримираното ткиво на периферната зона се развива фиброзен слој познат како хируршка капсула на простатата. БПХ предизвикува секундарни промени на уринарниот тракт. Промени на простатичната уретра, која се издолжува и се стеснува во зависност од големината на простатата и се намалува протокот на урината. Интрасфинктерниот, интрауретралниот и интравезикалниот раст го отежнува празнењето на мочниот меур, се зголемува интравезикалниот притисок, а со тоа и хипертрофија на мочниот мускул – детрузорот. Компензаторната фаза на детрузорот е ограничена, а потоа настанува фаза на декомпензација на детрузорот, која може да биде акутна или постепена со задршка на урината (рест урина). Симптоматологија на БПХ – во почетокот често и отежнато мокрење, прво ноќно мокрење 1-2 пати, потоа и повеќе пати,

15


16

изненаден итен нагон за мокрење, а отежнатото мокрење е особено изразено ноќе и наутро. Оштетувањето на бубрезите се манифестира со полиурија, хипостенурија, хиперазотемија. Процесот продолжува со хронична комплетна ретенција на урината, односно мокрење со прелевање. Процена на симптомите на простатизам – се делат на опструктивни и иритативни симптоми. Опструктивни симптоми – чекање на млазот на мочката, напнување при мокрењето, слаб млаз на урината, ретенција на урината и Ishuria paradoxa. Иритативни симптоми – дневна полакиурија, ноктурија, ургентно мокрење, ургентна инконтиненција, мокрење со мала количина урина. Испитувања при БПХ – анамнеза, физикален преглед на абдоменот, дигиторектален преглед на простата, ехотомографијa на УГТ, ТРУС на мочен меур, простата. Преглед на урина, уринокултура, спермокултура, секрет на простата, крв, тотален ПСА, слободен ПСА, КТ урографија. Лекување на БПХ – постојат апсолутни индикации за лекување на БПХ, а ако

болниот не сака оперативно лекување, а индикациите се релативни, се применува медикаментозно лекување. Експектативен став – во случај на мала простата со благи симптоми (S1-10) или отсутни симптоми. Медикаментозно лекување се применува и поради старост на болниот, општата состојба и кога не е можно оперативно лекување, се користат екстракти од билки: Caps. Prostamol uno, Prostamax и др. Примената на овие лекови не дава нус појави, но има минимални ефекти. Комбинирана примена на алфа-блокатори и инхибитори на 5-алфа редуктаза – при големи простати, кога нема индикација за оперативно лекување или кога пациентот не се согласува да подлегне под операција. При хематурија при БПХ се пласира трижилен балон катетер и се применува континуирано испирање со Ispirol (во болнички услови) и потоа следува одлука за тоа дали ќе се примени оперативно лекување. Оперативно лекување – отворена операција (супрапубична, трансвезикална простатектомија со отстранување на простатичното хиперпластично ткиво со одлични функционални резултати, но со


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

најмногу компликации. Ретко се користи. Денес се фаворизираат методи на лечење во дневни болници, кратка хоспитализација, брзо закрепнување на болниот, сè

во интерес на болниот и социјално-здравствената заштита, намален ризик од интрахоспитални инфекции со мултирезистентни слоеви на бактерии.

17


18

Започна со работа Одделот за хирургија во болницата Неуромедика Н еуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 27 години искуство поминати низ константен раст, развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Посебен акцент на работата во болницата Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура како и комплетна 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи. Во Неуромедика на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација... Од неодамна започна со работа и Одделот за Хирургија каде се изведуваат сите хируршки интервенции, од наједноставни до најсложени, благодарение на искусната хируршка екипа. Сите интервенции се вршат во добро опремени сали со најсовремена опрема и инструменти, во асептични услови и притоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција се со цел обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници. Нашата цел е на сите пациенти да им обезбедиме комплетна и беспрекорна грижа.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

19


20

Mенаџерски Mенаџерскипакет пакетзазажени жени

20.0000 1д 2е1д.0 н еа нр аи р и

Mенаџерски Mенаџерскипакет пакетза зажени жени

• Серумско • Серумско железо железо Клинички преглед Клинички преглед од од Психолошки Психолошки преглед преглед • Helicobacter • Helicobacter pylori pylori специјалист по трудова специјалист по трудова Кардиолошки Кардиолошки преглед преглед • Маркер • Маркер на воспаление на воспаление – CRP – CRP Клинички Клинички преглед преглед од од Психолошки Психолошки преглед преглед медицина медицина • Ехокардиографски • Ехокардиографски преглед преглед на на

• Калциум • Калциум специјалист попо трудова трудова • Анамнестички • специјалист Анамнестички податоци податоци срцесрце Кардиолошки Кардиолошки преглед преглед • Уреа • Уреа и креатинин и креатинин • Статус • медицина Статус по системи по системи и и • Коронарен • Коронарен стрес-тест стрес-тест медицина • Анализа • Анализа на урина напреглед урина •– ЕКГ •Ехокардиографски Ехокардиографски преглед на на антропометрија антропометрија • Електрокардиограм • Електрокардиограм – ЕКГ •Анамнестички Анамнестички податоци податоци • Спирометрија • •Спирометрија срце срце • Доплер-иследување • Доплер-иследување на периферна • Аудиометрија • •Аудиометрија •Статус Статус по по системи системи и и на периферна • •Коронарен Коронарен стрес-тест стрес-тест циркулација циркулација ОРЛ-преглед ОРЛ-преглед антропометрија антропометрија • и•Електрокардиограм Електрокардиограм – ЕКГ – ЕКГ • Ехо • Ехо на внатрешни на внатрешни органи органи и • •Спирометрија Спирометрија Офталмолошки Офталмолошки преглед преглед • •Доплер-иследување Доплер-иследување абдомен абдомен

•Серум Се •Helico He •Марк Ма •Калц Ка •Уреа Ур •Анал Ан

на на периферна периферна циркулација циркулација • Крвна • Крвна слика слика и седиментација и седиментација Ехо • ОРЛ-преглед Ехо на дојки на дојки ОРЛ-преглед • Шеќер • Шеќер во крв во крв Мамографија • Мамографија • •ЕхоЕхо на на внатрешни внатрешни органи органи и и • Триглицериди • Триглицериди и Холестерол и Холестерол - РТГ • Офталмолошки РТГ на бели на бели дробови дробови Офталмолошки преглед преглед абдомен абдомен ЛДЛ,ЛДЛ, ХДЛХДЛ

• •Аудиометрија Аудиометрија Радиолошки Радиолошки преглед преглед • • •

• • • • • •

Лабораторија Лабораторија

Гинеколошки Гинеколошки преглед преглед

• Функција • Функција на црниот на црниот дроб дроб - Лабораторија Радиолошки преглед преглед Лабораторија • Ултразвучен • Радиолошки Ултразвучен преглед преглед – Ехо – Ехо АЛТ,АЛТ, АСТАСТ • ПАП-тест • •ПАП-тест • •Крвна Крвна слика слика и седиментација и седиментација •ЕхоЕхо на на дојки дојки • Функција • Функција на тироидна на тироидна • •Колпоскопија • Колпоскопија жлезда жлезда - ТСХ, - ТСХ, ФТ4ФТ4 • • Шеќер Шеќер во во крвкрв •Мамографија Мамографија

• •Триглицериди Триглицериди и Холестерол и Холестерол - ЛДЛ, ЛДЛ, ХДЛ ХДЛ Гинеколошки Гинеколошки преглед преглед • •Функција Функција на на црниот црниот дроб дроб - д е дн еа нр аи р и • •Ултразвучен Ултразвучен преглед преглед – Ехо – Ехо АЛТ, АЛТ, АСТ АСТ • •ПАП-тест ПАП-тест • Анализа • Анализа на урина на урина Клинички Клинички преглед преглед од од Офталмолошки Офталмолошки преглед преглед • •Функција Функција на на тироидна тироидна • Протеински • Протеински статус статус специјалист специјалист по трудова по трудова • •Колпоскопија Колпоскопија Кардиолошки Кардиолошки преглед прегледжлезда жлезда ФТ4 ФТ4 •- ТСХ, Билубирин •- ТСХ, Билубирин • •РТГРТГ на на бели бели дробови дробови

VIP VIPМенаџерски Менаџерскипакет пакетзазажени жени

медицина медицина

• Анамнестички • Анамнестички податоци податоци • Статус • Статус по системи по системи и антропометрија и антропометрија• Спирометрија • Спирометрија • Аудиометрија • Аудиометрија • ОРЛ-преглед ОРЛ-преглед • • • •

Ехокардиографски • Ехокардиографски преглед преглед на срце на срце • Коронарен • Коронарен стрес-тест стрес-тест Електрокардиограм • Електрокардиограм – ЕКГ – ЕКГ • Доплер-иследување • Доплер-иследување на периферна на периферна циркулација циркулација • Ехо • Ехо на внатрешни на внатрешни органи органи и абдомен и абдомен

252.050.0000

Тумор-маркери • Тумор-маркери (ЦЕА, (ЦЕА, АФП,АФП, ЦА 19.9, ЦА 19.9, ЦА 125, ЦА 125, БХЦГ) БХЦГ) Испитувања • Испитувања на заразни на заразни болести болести ХИВХИВ и хепатит и хепатит Електролитен • Електролитен статус статус - Ca,- Na, Ca, KNa, K

VIP VIPМенаџерски Менаџерскипакет пакетза зажени жени

Лабораторија Лабораторија Психолошки Психолошки преглед преглед Клинички Клинички преглед преглед од Офталмолошки Офталмолошки преглед преглед • од Крвна • Крвна слика слика и седиментација и седиментација Радиолошки Радиолошки преглед преглед и и • Шеќер • Шеќер во крв во крв и гликолизиран и гликолизиран специјалист специјалист трудова трудова Кардиолошки Кардиолошки преглед преглед дијагностика дијагностика со MNR со MNR и по CTи по CT хемоглобин хемоглобин

• • • медицина • Триглицериди и Холестерол и Холестерол - Ехокардиографски • Магнетна • медицина Магнетна резонанција резонанција на мозок на мозок • Триглицериди • •Ехокардиографски преглед преглед на на срце срце • ЛДЛ,ЛДЛ, ХДЛХДЛ • Компјутерска • •Компјутерска томографија томографија наподатоци бели наподатоци бели •Анамнестички Анамнестички •дроб Коронарен стрес-тест стрес-тест • Функција • Функција на црниот на црниот дроб -• - Коронарен дробови дробови • • Статус Статус по по системи системи и антропометрија и антропометрија • •Електрокардиограм Електрокардиограм – ЕКГ – ЕКГ АЛТ,АЛТ, АСТ АСТ • Ехо • Ехо на дојки на дојки • •Спирометрија Спирометрија • Функција • Функција на тироидна на тироидна • Мамографија • •Мамографија • •Доплер-иследување Доплер-иследување на на периферна периферна жлезда жлезда - ТСХ, - ТСХ, ФТ4ФТ4 • •Аудиометрија Аудиометрија Гинеколошки Гинеколошки преглед преглед циркулација циркулација • • Серумско • Серумско железо железо • Ултразвучен • Ултразвучен преглед преглед – Ехо– Ехо ЕхоЕхо на на внатрешни внатрешни органи органи и абдомен и абдомен • Helicobacter • Helicobacter pylori pylori • • ОРЛ-преглед ОРЛ-преглед

•Анали Ана •Проте Про •Билуб Бил •Тумор Тум ЦАЦА 12 •Испит Исп и хепа и хе •Елект Еле

• ПАП• ПАПтесттест • Колпоскопија • Колпоскопија

• Маркер • Маркер на воспаление на воспаление – CRP – CRP Лабораторија • Уреа • Уреа и креатинин и креатинин Лабораторија Психолошки Психолошки преглед преглед • •Крвна Крвна слика слика и седиментација и седиментација Радиолошки Радиолошки преглед преглед ии • •Шеќер Шеќер во во крвкрв и гликолизиран и гликолизиран дијагностика дијагностика сосо MNR MNR и CT и CT хемоглобин хемоглобин

• •Триглицериди Триглицериди и Холестерол и Холестерол - ЛДЛ, ЛДЛ, ХДЛ ХДЛ • •Функција Функција на на црниот црниот дроб дроб - АЛТ, АЛТ, АСТ АСТ • •Функција Функција на на тироидна тироидна жлезда жлезда - ТСХ, - ТСХ, ФТ4 ФТ4 Гинеколошки Гинеколошки преглед преглед • •Серумско Серумско железо железо • •Ултразвучен Ултразвучен преглед преглед – Ехо – Ехо • •Helicobacter Helicobacter pylori pylori Poliklinika Poliklinika Neuromedica Neuromedica +389 33 13 +389 2 311 40 23 •+389 •ПАПтест neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.mk +389 +389 2 313 2 2 313 313 33 33 33 13 13 13 +389 +389 2ПАП311 22тест 311 311 40 40 40 2323 23 +389 +389 2 311 40 232–313 • •Маркер Маркер на на воспаление воспаление CRP – +389 CRP 2 313 33 13 neuromedica@neuromedica.com.mk +389 2 313 33 13 +389 2 311 40 23 • •Колпоскопија Колпоскопија • •Магнетна Магнетна резонанција резонанција на на мозок мозок • •Компјутерска Компјутерска томографија томографија на на бели бели дробови дробови • •ЕхоЕхо на на дојки дојки • •Мамографија Мамографија


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

Mенаџерски пакет за мажи

21

00 1д 0е .0 н а р и

Mенаџерски пакет за жени

• ДоплерКлинички преглед од иследување специјалист по трудова Клинички преглед одна периферна медицина

Психолошки преглед

циркулација Анамнестички податоци по трудова специјалист • Ехо на внатрешни Кардиолошки преглед Статус по системи и антропометрија органи и абдомен медицина Спирометрија • Ехокардиографски преглед на Лабораторија Аудиометрија • Анамнестички податоци срце • Крвна слика и ОРЛ-преглед • Статус по системи и • Коронарен стрес-тест седиментација Офталмолошки преглед антропометрија • Електрокардиограм – ЕКГ • Шеќер во крв • Триглицериди и • Спирометрија • Доплер-иследување Психолошки преглед холестерол - ЛДЛ, на периферна • Аудиометрија Радиолошки преглед ХДЛ циркулација • ЕхоОРЛ-преглед на простата • Функција на црниот • Helicobacter pylori • РТГ на бели дробови • Ехо на внатрешни органи–иCRP дроб - АЛТ, АСТ • Маркер на воспаление Офталмолошки преглед • Функција на тироидна жлезда - ТСХ, • Калциум Кардиолошки преглед абдомен ФТ4 • Уреа и креатинин • Ехокардиографски преглед на срце Радиолошки преглед Лабораторија • Серумско железо • Анализа на урина • Коронарен стрес-тест • Простатичен антиген - ПСА • Електрокардиограм – ЕКГ • Крвна слика и седиментација • Ехо на дојки • • • •

• • • • • •

С H М К У А

• Шеќер во крв • Триглицериди и Холестерол ЛДЛ, ХДЛ Гинеколошки преглед р и • Функција на црниот дробд -е н а • Ултразвучен преглед – Ехо АЛТ, АСТ • Доплер-иследување на периферна • Протеински статус Клинички преглед од • ПАП-тест циркулација • Билубирин • Функција на тироидна специјалист по трудова • Ехо на внатрешни органи и • Колпоскопија медицина жлезда• - Тумор ТСХ,маркери ФТ4 (ЦЕА, АФП, ЦА 19.9, • Мамографија • РТГ на бели дробови

VIP Менаџерски пакет за мажи

• • • •

Анамнестички податоци Статус по системи и антропометрија Спирометрија Аудиометрија

абдомен

Лабораторија

25.000

ЦА, БХЦГ) • Простатичен антиген - ПСА • Испитувања на заразни болести ХИВ и хепатит • Електролитен статус - Ca, Na, K

VIP Менаџерски пакет за жен

• Крвна слика и седиментација • Шеќер во крв и гликолизиран хемоглобин ОРЛ-преглед • Триглицериди и Офталмолошки преглед холестерол - ЛДЛ, Клинички преглед од Офталмолошки преглед ХДЛ Психолошки преглед • Функција на црниот специјалист Радиолошки преглед ипо трудова Кардиолошки преглед дроб - АЛТ, АСТ медицина дијагностика со MNR и CT • Функција на • Ехокардиографски преглед на срце • Магнетна резонанција на мозок • Анамнестички податоцитироидна жлезда - • Коронарен стрес-тест • Компјутерска томографија на белии антропометрија ТСХ, ФТ4 • Статус по системи • Електрокардиограм – ЕКГ дробови • Серумско железо • Спирометрија • Доплер-иследување на периферна • Ехо на простата • Helicobacter pylori • Аудиометрија циркулација • Маркер на Кардиолошки преглед воспаление – CRP • Ехо на внатрешни органи и абдомен • Ехокардиографски преглед на срце ОРЛ-преглед • Уреа и креатинин • Коронарен стрес тест Лабораторија • Анализа на урина Психолошки • Електрокардиограм – ЕКГ преглед

• • • •

А П Б Т Ц • И и • Е

• Крвна слика и седиментација • Шеќер во крв и гликолизиран хемоглобин • Триглицериди и Холестерол • Магнетна резонанција на мозок ЛДЛ, ХДЛ • Компјутерска томографија на бели • Функција на црниот дроб дробови АЛТ, АСТ • Ехо на дојки • Функција на тироидна • Мамографија жлезда - ТСХ, ФТ4 Гинеколошки преглед • Серумско железо • Ултразвучен преглед – Ехо • Helicobacter pylori Poliklinika Neuromedica • 311 тест neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.mk neuromedica@neuromedica.com.m +389 +389 +389 +389 2 313 2 2 313 313 2 33 313 33 33 13 33 13 13 13 +389 +389 +389 +389 2neuromedica@neuromedica.com.mk 22ПАП311 311 40 2 311 40 40 2340 23 2323 • Маркер на воспаление – CRP neuromedica@neuromedica.com.mk +389 2 313 33 13 +389• 2Колпоскопија 311 40 23

Радиолошки преглед и дијагностика со MNR и CT


22

Гигантски фрагмент од херниран дискус прогласен за тумор на спиналниот канал Проф. д-р Миодраг Врчаковски специјалист неврорадиолог

Нашиот живот е една голема авантура,

возбудливо патување низ времето. Бидете во секој момент подготвени да се спротивставите на неговите неочекувани предизвици и реагирајте, реагирајте веднаш! Не оставајте времето да ви го реши проблемот, зашто можеби ќе биде доцна и нема да има решение... Пред една недела за МР преглед на лумбалниот ’рбет ми дојде пациент на 62-годишна возраст со неподносливи болки во лумбалниот сегмент кои ирадираат по должината на двете нозе. Болките започнале пред 2 месеци со постепено влошување на симптомите. Три дена наназад не можел да ги испразни цревата, а од претходниот ден се јавила и инконтиненција. Пред пет дена во друга установа му бил направен нативен МР преглед на лумбосакралниот ’рбет, а во наодот стои дека се работи за менингеом во спиналниот канал лоциран на нивото Л5-S1. Советувана е постконтрастна серија. На нашиот МР преглед (Сл 1. A, Б и C) многу јасно се гледа дека дека на нивото Л5S1 постои голем централен фрагмент од дискусот, кој го исполнува речиси целиот спинален канал. Димензиите на фрагментот се 26 х 15 мм.

Сл.1

Сигурно забележувате дека интервертебралниот простор Л5-S1 е силно стеснет, колабиран. Не е тешко да се заклучи зошто е тоа така!!! Поради раскинување на фиброзниот прстен речиси целиот материјал од пулпозното јадро на дискусот е истиснат, испумпан надвор од неговите граници, „породен“ во спиналниот канал. На постконтрастните серии (Сл. 2 А, Б, C) кристално јасно се гледа дека околу промената постои значително периферно постконтрастно сигнално зголемување и дека воопшто не станува збор за туморозна формација туку за голем фрагмент од дискусот Л5-S1. Да беше во прашање тумор (менингеом) промена, хомогено ќе ги зголемеше сигналите. Туморното ткиво поседува богата мрежа од крвни садови и логично е по давањето на контрастот целосно да го зголеми сигналниот интензитет. Хернираниот дискус, односно фрагментот од херниран дискус нема васкуларизација, нема крвни садови и воопшто не реагира на даденото контрастно средство, не го зголемува сигналот. Во нашиот случај само периферијата на супстратот реагира на дадениот контраст.

Сл.2 Ова периферно сигнално зголемување се должи на создаденото гранулационо ткиво и неоваскуларизацијата по рабовите на


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE фрагментот и тоа е дефинитивен доказ за неговата вистинска природа. Дијагнозата е сосема јасна... Се работи за голем фрагмент од херниран дискус. Ве молам да запаметите! Ако кај пациент со дискус хернија постојат симтоми на ретенција или инконтиненција или пак проблеми со дефекацијата тогаш дилеми нема. Потребен е итен оперативен зафат!

му тоа. По само половина час пациентот беше хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија и како итен случај беше опериран уште истото попладне.

Што треба да направи искусен неврорадиолог во ваков случај? Да го земе телефонот и веднаш да контактира со своите колеги неврохирурзи! Јас го направив ток-

Погледнете ја Сл. 3. На неа ги гледатe парчињата што операторот ги отстранил од екструдираниот фрагмент. И тој самиот беше изненаден од наодот. Ми кажа дека прв пат во неговата кариера гледа олку голем фрагмент.

23


24

Mедицинскиот тим на Неуромедика постави нов рекорд на успешно обавен санитетски транспорт на пациент од болницата St. Pölten - Австрија до Скопје!

М

едицинскиот тим на Неуромедика постави нов рекорд на санитетски транспорт на пациент од болницата St. Pölten во градот Sankt Pölten- Австрија до Скопје со поминати 1.140 км во рок од 15 часа. Нашата медицинска екипа помина вкупно

2.280 км со релација Скопје – Sankt Pölten - Скопје, од кои Sankt Pölten – Скопје (1.140 км) поминати со пациент во екстремно ризична состојба со временски период од 15 часа.

Станува збор за политрауматизиран пациент во животно загрозувачка состојба, во хипотермија со фрактура на лева клучна коска и сериска фрактура на ребра. Со серизона градна фрактура пропратена со контузија на глава и бели дробови и повреда на колено и подколено. Целокупната горенаведена состојба на пациентот е високо ризична и бара високостручен обучен кадар за следење и реагирање при настанување на можни несакани компликации. Пациентот беше транспортиран со две централни линии, уредно мониториран со следење на витални параметри и сатурација. Во текот на транспортот еволуирана е состојбата по ABC принцип и Гласков кома скала (GSC). Во текот на 15 часовниот транспорт на пациентот му е давана соодветна терапија според протоколи. Медицинскиот тим на Неуромедика, составен од д-р. Драгана Костеска главна мед. сестра Марина Сапунџиева и возачите Ненад Златковиќ и Небојша Јовановски на високо професионално ниво го реализираа транспортот со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Р.Македонија.

Неуромедика – Партнер на Вашето здравје!


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

25


26

Гастроскопија

– ДГ метода за откривање болести на дигестивниот тракт Прим. д-р Лилјана Д. Милошевска специјалист по интерна медицина и супспецијалист по гастроентерохепатологија

O

тсекогаш постоела желба кај докторите да видат што точно се случува во органите за варење кај пациентите кои се поплакуваат на чувство на киселост, подригнување и болки во стомакот. Од тие причини, размислувајќи како да го направат тоа, дошле до идеја да влезат со метална цевка преку устата – хранопроводот, па сè до желудникот. Развојот на гастроскопијата се одвивал во 4 фази. Во втората половина на 19 век и почетокот на 20 век се употребувале ригидни ендоскопи под одреден агол. Идејата за воведување цевка во хранопроводот и желудникот се родила при набљудувањето на голтачите на мечеви на разни панаѓури. Размислиле за тоа дека ако може да влезе меч во желудник, зошто да не би можела и цевка. Адолф Кусмал, германски доктор, набљудувајќи ги голтачите на мечеви во 1868 год. изработил две специјални цевки кои биле рамни и ригидни. Преку водич кој се виткал го вовел во желудникот првиот „гастроскоп“ на професионален голтач на мечеви. Осветлувањето го решил со Десормеухова светилка (мешавина од алкохол и терпентин). Светлото се спроведувало со помош на огледало и леќа. Овој прв обид за да се направи првиот апарат за набљудување на промените во желудникот не бил прифатен, така што подоцна полскиот хирург Јохан Радецки во 1881 год. направил ендоскоп долг 65 цм, со про-

мер од 14 мм, благо подвиен на самиот врв, со пумпа за инсуфлација на воздух. Извор на светлина била платинска жица, која се активирала по електричен пат, а се ладела со вода. На преодот од 19 век во 20 век во Германија настанува најголемиот развој на ендоскопијата на Рудолф Шиндлер (18881968), кој го воведува полуфлексибилниот ендоскоп.

Ендоскопијата како дијагностичка метода има големо значење за рано откривање на разни заболувања – од обични воспаленија, чиреви, полипи, ерезии, па сè до малигни заболувања. Голема предност на оваа метода е тоа што при самиот преглед може да се земе биопсија од сомнителните делови на дигестивниот тракт за


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE нивно понатамошно патохистолошко проследување. Исто така, преку земање биопсија во текот на прегледот со КЛО-тест се добива податок за постоење на антиген на хеликобактер пилори, кој го одредува начинот на терапијата. Важноста за раното откривање на оваа бактерија и нејзиното лекување го одредува текот на болеста во желудникот и тенкото црево. Нејзино ненавремено откривање и нелекување, пак, може да предизвика од обично воспаление со чир – MALT лимфом, па сè до карцином на желудникот или на тенкото црево.

27


28

НЕУРОМЕДИКА - официјален партнер и медицинско обезбедување на фудбалскиот камп на фондацијата „Реал Мадрид“ во Македонија!

О

д 14 до 18 јануари 2019 во Охрид се одржа Фудбалскиот камп на „Реал Мадрид Фондација“, каде што компанијата „Спорт Арена“ ја доби можноста да биде нивен лиценциран партнер во Македонија. Во интервал од пет дена специјално обучени тренери од Шпанија за млади категории несебично им го пренесоа своето знаење на учесниците, кои беа на возраст од 7 до 17 години. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб, сите членови на кампот имаа максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.

НЕУРОМЕДИКА како официјален партнер на кампот уште еднаш ја докажа својата посветеност и се погрижи за сè да биде во најдобар ред, така што сите учесници им обезбеди медицинска грижа од самиот почеток па сè до завршување на кампот. Дечињата добија медицинска грижа од страна на врвни лекари специјалисти и физиотерапевти. Секојдневните тренинзи и натпревари беа под активно медицинско обезбедување на тимот на НЕУРОМЕДИКА!


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

Спондилоза С

пондилозата, или уште поконкретно кажано спондилоартрозата, претставува една од најчестите дијагнози кај воД-р Марија Јакимова зрасната попуспецијалист ортопед лација. Најчесто болеста зафаќа повеќе нивоа на ’рбетот, па во зависност од тоа на кој дел се појавува може да имаме цервикална или вратна спондилоза, торакална спондилоза и лумбална спондилоза. Најчести се лумбалната и цервикалната спондилоза. Торакалната спондилоза најчесто не предизвикаува некои посериозни симптоми. Постојат неколку медицински термини кои звучат слично и често се мешаат со спондилозата, а тие ги вклучуваат следниве состојби: Спондилитис е воспаление на еден или на повеќе пршлени, како што е кај анкилозирачки спондилитис, воспалителна форма на артритис на ’рбетот. Ова е многу различен процес од спондилоза, бидејќи спондилозата е дегенеративна, додека спондилитисот е воспалителен. Спондилолизата е нецелосен развој и формирање на поврзувачкиот дел од пршленот наречен pars interarticularis. Овој дефект предиспонира кон спондилолистеза поради спинална нестабилност. Спондилолистезата е лизгање, изместување, т.е. движење нанапред или наназад на телото на еден пршлен во однос на соседниот прешлен. Како резултат на тоа, ’рбетот обично не е усогласен, т.е. сите пршленски тела не се во нормална позиција во однос на другите. Ако поместените пршлени се поместуваат со движење на ’рбетот, ова се нарекува динамична спондилолистеза. Динамично менувањето на пршлените се визуализира со Х-зраци на ’рбетот, направени со пациент кој се свиткува (свиткување нанапред) и потоа се истегнува (се наведнува наназад) на грбот. Деформантна спондилоза е раст на коскените боцки (остеофити) или коскени мостови околу дегенерираните интервертебралени дискуси во ’рбетот.

Спинална стеноза е стеснување на ’рбетниот канал. Ова стеснување на ’рбетниот канал го ограничува и го намалува просторот за ’рбетниот мозок и нервите кои излегуваат од него. Ишиалгија е болка како последица од страдање на ишијадичниот нерв, која се протега и се движи од назад кај слабината, над задникот, по должината на ногата, од едната страна или од двете страни. Ишиалгијата е специфичен тип на компресија или иритација на нервите кои излегуваат од ’рбетниот мозок. Кои се причините и ризик-факторите за појава на оваа состојба? Спондилозата е феномен на стареење. Со возраста, коските и лигаментите во ’рбетот се оштетуваат, што доведува до коскени боцки или шилци. Исто така, интервертебралните дискови се дегенерираат и ослабуваат, што може да доведе до хернијација на дискусот или надув на дискусот. Спондилозата е многу честа на возраст од 20 до 50 години. Кои се знаците и симптомите на спондилоза? Кај некои луѓе спондилозата предизвикува болки во грбот и вратот поради нервна компресија, т.е. вклештување на нервите. Вклештените вратни нерви предизвикаат болка во вратот, рамената, рацете, па дури и главоболка. Карактеристичните наоди за спондилоза најчесто може да се видат на рендген графија на конкретниот дел од ’рбетниот столб. Овие наоди вклучуваат намалување на просторот на дискусот помеѓу пршлените, формирање коскени шилци на горните или долните делови на пршлените и таложење калциум на местата каде што пршлените се најпогодени од дегенерацијата. Ако хернираниот диск од спондилоза предизвика вклештување на нерв, болката може да се прошири и во екстремитетите. Болката во грбот поради надув на дисковите обично се влошува со продолжено стоење, седење и свиткување напред, а често се ублажува со менување на положбата или со одење. Ако нервот е многу вклештен, тој трајно се оштетува и поради тоа може да доведе до слабост на зафатениот екстремитет.

29


30 Како да се дијагностицира спондилоза? Дијагнозата на спондилоза се поставува со клинички преглед, со користење радиолошки тестови како рендген снимање, МРИ или КТ. Од клиничкото испитување значаен е тестот за цервикална компресија (Шурлинг тест), кој се изведува со странично свиткување на главата на пациентот и поставување притисок врз него. Болка во вратот или рамената на истата страна (т.е. страната до која е свиткана главата) укажува на позитивен резултат за овој тест. Се изведува и тестот со знакот на Лермит: чувство на електричен шок со флексија на вратот на пациентот. Рендген графијата како дијагностичка метода може да ги покаже коскените шилци на ’рбетните тела во ’рбетот, стеснување на фасетните зглобови и стеснување на просторите на интервертебралните дискови. КТ скенот на ’рбетот е во можност да го визуализира ’рбетот подетално и да го дијагностицира стеснувањето на ’рбетниот канал (спинална стеноза) ако е присутно. МРИ скенот е доста скап, но ги покажува и најситните детали во ’рбетниот столб, и се користи за визуелизација на сите структури во ’рбетниот столб.

Каков е третманот при спондилоза? Третманите за спондилоза се насочени кон третирање на болките во грбот и вратот што ги предизвикува спондилозата. Достапните третмани спаѓаат во неколку категории: лекови, самозаштита, вежбање и физикална терапија, дополнителна и алтернативна терапија. Физикалната терапија може да биде ефективна за враќање на опсегот на движење, флексибилноста и зајакнување на тонусот на мускулатурата. Хирургијата се вклучува како изборна терапија кај пациенти со цервикална и лумбална радикулопатија кај кои има неподнослива болка, прогресивни симптоми или слабост што не се подобрува со конзервативна терапија. Операција на декомпресија на ’рбетниот столб може да се изведе од преден и од заден пристап. Пристапот варира во зависност од местото и причината за компресија на нервниот корен. Најчесто остеофитите и деловите на интервертебралниот диск се отстрануваат. Хирургија со фузија на пршленски тела: се изведува кога постојат докази за нестабилност на ’рбетниот столб или неусогласеност на позицијата на пршленските тела.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

Акутни и хронични воспаленија на крајниците С поред времетраењето Дијагноза: Се поставува врз основа на

Д-р Маринела Малинова специјалист оториноларинголог

воспаленијата може да бидат акутни и хронични, а според причинителот – специфични и неспецифични.

Epipharyngitis acuta (Adenoiditis acuta) Станува збор за акутно воспаление на третиот крајник (tonsilae pharyngicae). Ова акутно воспаление најчесто се јавува во продолжение на акутното воспаление на слузницата на носот на коешто се надоврзува бактериска инфекција на лимфното ткиво на третиот крајник. Најчести предизвикувачи се: Streptococcus pneumoniae, Haemophylus influenzae i Moraxella catharalis. Клиничка слика: Најчесто заболуваат деца, затоа што третиот крајник е развиен во предпубертетската возраст. Околу 12-тата година од животот инволуира, односно се намалува. Кај возрасен човек ретко останува во истата големина. - Покачена телесна температура, речиси секогаш - Отежнато дишење на нос (затнат нос). Кај доенчиња ова доведува до пореметување во исхраната, бидејќи се отежнува цицањето - Слевање густ секрет од носот и епифаринкс по задниот назофарингеален sид кон грлото - Болка во уво (многу често) поради ширење на воспалителниот процес кон едното или кон двете уши - Цервикална аденопатија (оток на лимфните јазли во вратот) - Повраќање и губење на апетитот

клиничката слика. Се прави преглед на носот со предна риноскопија, фиберназофарингоскопија, преглед на грлото и на ушите. Лекување: Антибиотска терапија, најдобро според антибиограм 7-10 дена. - Деконгестивни капки или спреј во нос (5 дена) - Антипиретик по потреба (ден-два) - Аспирација на секрет од нос Vegetatio Adenoides (Хронично воспаление на третиот крајник)

Настанува како резултат на чести повторувачки акутни инфекции на третиот крајник, но се земаат во обѕир и конституционалните фактори и наследната компонента. Симптомите на хипертрофијата се следниве: - Отежнато дишење на нос, затнат нос, отежнато голтање кај доенчињата и ’рчење при спиење. - Facies аdenoideа (тесни ноздри, израмнета назолабијална бразда поради прогнатија на вилицата, подотворена уста, блед тен, уморни очи). Оваa состојба е штетна и за психичкиот развој, затоа што детето станува раздразливо, уморно и деконцентрирано. - Кондуктивна редукција на слухот, еднострано или обострано, често проследено со воспаление на ушите. Дијагноза: Се поставува врз основа на добро земена анамнеза, предна риноскопија, орофарингоскопија, отоскопски наод, фиберназофарингоскопија (златен стандард), аудиометрија и тимпанометрија. Терапија: Adenoidectomia - хируршка интервенција за отстранување трет крајник. Но пред да се одлучи за хируршка интервенција, лекарот е должен да почне со конзервативен третман со интраназален кортико спреј еднаш на ден по едно прскање во секоја ноздра (40 дена).

31


32 Tonsillitis acuta (Акутно воспаление на палатиналните тонзили)

(HTA, D. M) По 5 до 7 дена од завршувањето на терапијата да се направи контролен брис од нос и грло. По повторувачки акутни инфекции како последица може да се јави хроничен тонзилит или клицоносителство. Tonsillitis chronica (Хронично воспаление на палатиналните тонзили)

Кога зборуваме за воспаление на крајниците (палатиналните тонзили) обично станува збор за бактериска инфекција, и тоа најчесто бета хемолитичен стрептокок од групата А. Често пати е асоцирано со гнојно воспаление, односно Angina Lacunaris. Клиничка слика: Во раниот стадиум на болеста доминираат општи симптоми: висока температура, треска, општа слабост, болка во мускулите. По ден-два се јавуваат локалните симптоми: - отежнато голтање - болки во ушите - покачена температура - оток на жлездите во вратот - обложен и сув јазик (дехидратација) Дијагноза: Орофарингоскопски се разликуваат неколку типови на ангини: 1. Angina Catharalis: зголемени тонзили, црвенило и едем на слузницата. 2. Angina Lacunaris: покрај црвенилото и отокот има и појава на фибрински (гнојни) чепови во лакуните, така што тонзилата добива типичен точкест изглед. 3. Angina Confluens: кај овој тип ангини гнојот не е во лакуните туку гнојниот ексудат ја прекрива целата површина на тонзилата. 4. Angina Folicularis: покрај горенаведените симптоми има и појава на жолти проминенции на површината поради воспалените фоликули. Сите ангини се проследени со цервикална лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли во вратот). При дијагностиката треба да направиме KKS, CRP, AST-O и брис од нос и грло. Треба да ја прегледаме и кожата, бидејќи голем број осипи одат продромално со ангини (морбили, варичела, рубеола). Терапија: Антибиотска терапија во големи дози, доволно долго (10 дена), во спротивно ризикуваме појава на рецидив. По потреба и неколку дена кортико терапија доколку нема други хронични болести

Ова заболување е последица на повторувачко акутно воспаление на крајниците. Најчесто се јавува кај деца на возраст помеѓу 4 и 15 годни, но и кај возрасни. Клиничка слика: Кај голем број пациенти со хроничен тонзилит нема никаква симптоматологија. Понекогаш се жалат на оток во грлото и во вратот, што е последица на исполнување на криптите со детритус што го дистендира крајникот и создава непријатно чувство на туѓо тело. Дијагноза: Не може да биде поставена само врз еден знак, како големината на крајниците или нивните длабоки крипти исполнети со детритус. Неопходно е да се земе добра анамнеза и извесно време да се следи пациентот. Да се земе брис од нос и грло и KKS so CRP i AST-O. Терапија: Исклучиво хируршка тонзилектомија (отстранување на крајниците). Најчести индикации за тонзилектомија се: - чести рецидивирачки ангини (3 во една година) - повторувачки перитонзиларни апцеси - голема хипертрофија на тонзилите и аденоидите (која прави опструкции) - упорни микотични заболувања - клицоносителство - фокус за жаришни инфекции (нефритис, ревматска треска, алопеција) - кога е докажано дека се причина за foetor ex ore. Што се однесува до возраста кога треба да се прави тонзилектомијата или тонзилоаденоидектомијата, ставовите се дека кај деца под 3 години не треба да се оперира, освен во исклучителни случаи.


#BeEXCLUSIVE! WWW.EXCLUSIVE.MK


34

Хуман Херпес Вирус - причина за чести дерматози Д-р Емилија Минова специјалист дерматовенеролог

Херпес симплекс претставува вирусна инфекција која ја предизвикува Хуманиот херпес симплекс вирус. Досега се познати осум типови на хумани херпес вируси, и секој од нив може да даде кутани манифестации. Херпес вирусите перзистираат засекогаш во нивните домаќини, без разлика на развојот на клеточниот и хуморалниот имунитет на индивидуата. Заедничка карактеристика за оваа фамилија

на вируси е реактивноста по извесен латентен период. Херпесвирусите може да предизвикаат животно загрозувачки инфекции кај лицата со присутни конгенитални, стекнати или јатрогени имунодефициенции. Херпесвирусите се поделени во субфамилии врз основа на ПСР анализата на виралната ДНА, клеточнo култивирање и имунофлуоресцентни тестови.

Табела1. Хуман Херпес Вирус Вирус

Клиничка слика

Хуман Херпес вирус 1 (Херпес симплекс вирус 1- HSV 1)

Херпес симплекс инфекција во различни регии на телото , особено орофацијална инфекција

Хуман Херпес вирус 2 (Херпес симплекс вирус 2- HSV2 )

Херпес симплекс инфекција особено во гениталната регија

Хуман Херпес вирус 3 (Varicella- zoster вирус- VZV )

Варичела, Зостер

Хуман Херпес вирус 4 ( Epstein Barr вирус- EBV )

Инфективна мононуклеоза, Burkitt-ов лимфом, назофарингеален карцином,лимфопролиферативни болести кај имунокомпромитирани лица

Хуман Херпес вирус 5 (Cytomegalovirus -CMV)

Неонатална инфекција, атипична мононуклеоза

Хуман Херпес вирус 6

Exanthema subitum

Хуман Херпес вирус 7

Exanthema subitum, Pityriasis rosea ( Gibert) ,

Хуман Херпес вирус 8

Kaposi sarcoma , Castelman –ова болест

Херпес Симплекс Вируси Херпес симплекс вирусите ( ХСВ) се неуротропнa и епидермотропна група на вируси. Тие предизвикуваат широка палета на клинички нарушувања , во зависност од возраста и имунолошкиот статус на индивидуата како и од тоа дали вирусната инфекција е примарна или секундарна. Кај новороденчиња, ХСВ може да предизвика сепса и енцефалит , кај децата – тешка форма на примарен херпетичен гингивостоматит, кај возрасните – рекурентни орални или генитални инфекции, кај старите лица или имунокомпромитирани – дисеминирани инфекции. Честопати постои тригер , како треска , траума, изложување на интензивна сончева светлина или емотивен стрес, кој е инволвиран во рекурентната атака. Два типа на ХСВ се идентификувани. ХСВ

тип 1 (ХСВ-1) типично присутен над линијата на половината на телото ( струкот) , вообичаено на усните, оралната слузница , главата и вратот. ХСВ тип 2 ( ХСВ-2) се јавува најчесто во гениталната регија. Значајно е да се напомене дека гениталните инфекции се предизвикани многу почесто од ХСВ-1 , како резултат на орално-генитални сексуални контакти. ХСВ-2 многу ретко е одговорен за појава на орофацијални лезии. Епидемиологија Двата типа на ХСВ се доста распространети така што скоро секоја индивидуа има историја за еден или двата типови на вирусот. Секој од типовите може да се манифестира на било која регија од телото. Мали абразии или дефекти на кожата , конјуктивата, или оралната мукоза служат како влезна врата.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE Примарната ХСВ-1 инфекција вообичаено се јавува во детството. По инкубациски период од приближно 1 недела , се презентира оралната клиничка слика. Извор е вообичаено инфициран родител или брат/сестра , многу често со субклиничка рекурентна асоцирана инфекција. Во последните години , примарните инфекции се во пораст кај млади адулти, кои се манифестираат како гингивостоматитис или улцерирачки фарингитис, кои се пренесува хоризонтално. Околу 80% од возрасните имаат антитела за ХСВ-1 и може да манифестираат рекурентна инфекција. За ХСВ-2 презентацијата е помалку јаснапримарната инфекција вообичаено се јавува кај адултна популација но, инфекцијата е асимптоматска кај две-третини од инфицираните индивиуи. Првата клиничка епизода на генитален херпес, која е причина пациентот да побара медицинска помош, вообичаено не претставува примарниот настан. Многу пациенти се асимптоматски носители и пренесувачи на вирусот. Асимптоматското пренесување се јавува кај 15-20% , и е почесто за ХСВ-2 вирсот отколку за ХСВ1 . Тоа е почесто во првата година од инфекцијата и може да се манифестира на повеќе регии истовремено. Процентот на возрасни лица со антитела за ХСВ-2 расте во последните години. Се смета дека мултипли сексуални партнери и небезбеден сексуален однос се главни ризик фактори. Сознанието дека ризикот за трансмисија од маж на жена е дури пет пати повисок , е во корелација со почестата појава на инфекција кај женската популација. Стекнувањето на инфекцијата во последниот триместар од бременоста е асоциран со неонатална херпес симплекс инфекција и перинатален морбидитет. Примарната инфекција во напредна бременост е со повисок ризик за комопликации по виталноста на плодот. Сероконверзијата спроведена пред породувањето

носи понизок ризик. Гениталниот херпес го олеснува пренесувањето на ХИВ кај серопозитивните ХСВ-2 лица. Последователно , мерките кои превенираат трансмисија на ХСВ-2 можат да допринесат индиректно во превенција на ХИВ трансмисијата. Етиологија и патогенеза Клучна улога во ХСВ инфекција претставува состојбата на имуниот систем на поединецот. Оттука разликуваме примарни и рекурентни инфекции. Кај примарните инфекции, ХСВ навлегува во организмот преку локален дефект и се мултиплицира, продуцирајки локални клинички промени и виремија. Антитела се создаваат, но тоа не доведува до елиминација на вирусот. Херпесвирусите се пренесуваат од клетка на клетка како и долж нервните влакна, останувајки во латентна форма во нервните ганглии се до повторна рекативација. Рекурентните состојби често пати настануваат поради дејство на познат тригер фактор. Во регијата на главата и вратот, треска и експозиција на сончеви зраци се главни виновници. Во гениталната регија, траума ( при сексуален однос), менструален циклус и стрес се вообичаено тригер фактори. Терапија Во третманот на ХСВ инфекциите се препорачуваат превентивни мерки како и терапевтски модалитети во зависност од клиничката презентација. Се советува избегнување на контакт кожа со кожа на почетокот на кутаната ХСВ инфекција со цел да се спречи пренесувањето на инфектите . Топичната антивирусна терапија ( acyclovir 5% , Penciclovir 1% ) е избор кај локализираните клинички форми , додека кај примарните инфекции, гениталниот херпес, како и рецидивантните форми се практикува орална антивирусна терапија ( Acyclovir, Valacyclovir, Ganciclovir, Penciclovir, Brivudin , Foscarnet ) .

35


36

Начини за справување со панични напади Постојат бројни техники што можат да се применат за да се спречи развојот на паника, но немојте да очекувате дека ќе делуваат во истиот момент. Техника ,,хартиени кесички“

Анета Начевска специјалист по медицинска психологија

A нксиозноста или вознемиреноста е непријатна состојба која се карактеризи-

ра со чувство на постојан страв дека ќе се случи нешто страшно. Оваа појава е проследена со непријатна физичка напнатост на целото тело и исклучителен внатрешен немир. Oвој процес не мора секогаш да доведе до паника и може да се превенира во раните фази, пред нападот да се развие во целосна мера. Ако пронајдете начини да се совлада анскиозноста пред да ја помине границата, нема да дојде до појава на паничен напад. Тајната е во тоа што кога прв пат ќе се појави некој невообичаен симптом, би било пожелно да ги користите следниве изјави: „Знам јас што е ова, не може да ми наштети. Нема потреба да паничам, ќе помине, не е важно дали ќе добијам паничен напад, затоа што тоа веќе ми се случи и беше многу непријатно, но не ме уби“. Ваквиот мисловен процес е клучен за да се спречи развојот на паничниот напад.

Издишете целосно и ставете ја хартиената кесичка преку нос и уста. Вдишете. Пробајте да ја регулирате должината и брзината на дишењето. Најдобро е длабоко да вдишете и пополека целосно да издишете. Продолжете сè додека нападот не се смири. Кога повторно ќе го вдишете веќе издишаниот воздух од кесичката, јаглерод диоксидот се апсорбира во крвта, ги сопира симптомите и ја спречува појавата на нови. Може да почувствувате блага вртоглавица по оваа вежба, но тоа е нормално и набрзо ќе ви биде многу подобро. Техника за дишење Кога ќе почувствувате почетни знаци за напад на паника, како забрзана работа на срцето и задишување, вдишето колку што е можно подлабоко и задржето го воздухот. Може ќе почувствувате дека срцето ви прескокнува, но тоа нема да ви наштети. На тој начин срцето ќе почне побавно да работи. По 5-10 секунди издишете и продолжете нормално да дишете, 3 секунди вдишување и 3 секунди издишување. Техника вдишување-издишување Вдишете и кажете во себе „мир“ при секое вдишување. Нека секое ваше вдишување биде доволно длабоко. Задржете три секунди и издишете говорејќи во себе „опуштање“. Важно е да го издишете целиот воздух за да го одржите нивото на кислород и јаглерод диоксид во крвта. Во


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE Можете да ги практикувате и следниве техники кои се покажале како ефикасни во справувањето со паничните напади: Миење на лицето со ладна вода – ова го поттикнува вашиот мозок да му прати порака на телото за да успори. Дефокусирање на вниманието - бројте од 100 наназад и тоа повторете го што е можно побргу. Слушајте ја гласно омилената музика и пејте на глас. почетокот ќе биде тешко. Инстиктивно ќе ви дојде забрзано да дишете и ако продолжите со такво дишење, ќе почнете да хипервентилирате, што ќе доведе до тоа да се забрза нападот. Затоа продолжете да си зборувате дека ќе биде добро и пробајте да го успорите дишењето. Не се вознемирувајте доколку почувствувате несвестица или ви е тешко да се сконцентрирате. Единствено нешто за што треба да водите грижа е вашето дишење.

Кажете си:,,Ова никогаш не ме повреди и не ми наштети и никогаш нема. Знам што е ова и ова не претставува ништо“. Не гледајте се во огледало. Изберете некои активности кои вклучуваат движење за да можете да ги подобрите дишењето и циркулацијата. Нападот на паника во секој случај ќе се намали со практикувањето на овие техники и ќе увидите дека паниката и анксиозноста се само чувства и ништо повеќе.

37


38

Д-р Катерина Сиљаноска стоматолог

Причини за лош здив Oколу 80% од причините за лошиот здив доаѓаат од усната празнина, а останатите 20% се предизвикани од заболувања на желудникот, инфекции на респираторниот тракт, хроничен бронхит и дијабет. Вистината за кариесот

- Чкртањето не предизвикува кариес, но е најлошото нешто што може да му се случи на забалото, зашто создава огромен притисок врз забите, што може да предизвика пукнатини. Флуорот и забите на вашите деца Светски испитувања покажаа дека во областите каде што се користи флуорирана вода кариесот и распаѓањето на забите се намалени за 50%, а од друга страна, пак, во местата каде што водата не е флуорирана се препорачува редовна хигиена, четкање и плакнење со антисептици.

- Шеќерот е единствениот причинител на кариес. Кои било јаглехидрати што ги консумираме може да предизвикаат кариес: ориз, компир, леб, кои пак во себе содржат шеќер... - Возраста не влијае на појавата на кариес, но благодарение на флуорот всушност се превенира појавата на кариес кај лица до 20-годишна возраст. Кариесот кај постарите лица, пак, е во подем поради честото користење лекови. - Пломбите немаат рок на траење и не е неопходно да бидат заменети со нови по одреден период. - Штом кариесот е третиран, распаѓањето престанува. Откако ќе се пополни кавитетот, веројатноста за негова повторна појава е многу мала.

Дали флуорот е безбеден? Потврдено и клинички испитано е дека флуорот користен во соодветни количини е истовремено безбеден и високоефикасен. Дозволени количини за деца од 3 до 6-годишна возраст е паста колку зрно грашок 2 пати дневно, додека за деца помали од 3 години количеството треба да биде колку зрно ориз.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.